Клуб Мобилити - Февруари 2022

Page 1

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


TELEKOM MK APP ЗА БИЗНИС КОРИСНИЦИТЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА

2

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

СЛУЧУВАЊА СО НОВИ ВИЗИИ АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Новата календарска година отвора нови визии и нови надежи. Носиме многу нови одлуки, со надеж дека оваа година ќе биде подобра од претходната. Но нашата иднина ќе биде поинаква само ако применуваме работи што квалитетно ќе влијаат врз нашиот живот. А за секој нов почеток потребни се нова енергија и ентузијазам. АМСМ, имајќи ја предвид успешната соработка со своите долгогодишни верни членови, покрај досегашните услуги вклучени во АМСМ членските пакети, од 1 февруари воведе нови услуги што целосно ќе ги исполнат нивните очекувања (стр.50). Празниците и зимските одмори поминаа, но допрва доаѓа вистинското време за уживање на планина. Искористете го секој слободен ден или викенд да го поминете со вашето семејство или пријатели на скијачките терени. Најдете ја планината чии патеки најмногу ви одговараат и уживајте во снежните убавини и чистиот воздух. Годинешното издание на релито на Монте Карло ќе има посебно место во историјата на светското рели бидејќи ја крева завесата над новата и возбудлива ера на Светскиот шампионат каде што првпат ќе се натпреваруваат хибридни автомобили. На стартот на оваа јубилејна 50. сезона на Светскиот шампионат во рели ќе грмат хибридните рели-монструми и ќе ја отворат вратата на новата генерација на соперништво во шампионатот. Автомобилите ќе користат и сосема ново гориво што е 100 отсто ослободено од фосили и хидрокарбонати заради што Светскиот шампионат во рели заслужено ќе ја носи новата зелена етикета. Со нетрпение ја очекуваме новата сезона на шоуто наречено Формула 1. Не очекуваат безброј победи, пехови, пресврти во резултатите на конкурентските екипи. А тоа е убавината на Формула. За ова уживање ќе имаме цела сезона, сè до ноември. Следното издание на „АМСМ Клуб мобилити“ очекувајте го во март 2022 година, во електронска верзија на вашата е-адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 7

СОНИ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА

8

КРАЈСЛЕР И НЕГОВИТЕ АЕРОДИНАМИЧКИ МОДЕЛИ АВТО-МОТО

10

SILVERADO ВОЗИ И НА СТРУЈА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

21

10

ВОЗЕЊЕТО АВТОМОБИЛ ВО ЗИМА ПРЕТСТАВУВА СВОЕВИДЕН РИЗИК

37

СТИЛ 26

ЉУБОВТА Е КАКО ВИНОТО ПАТУВАЊЕ

30

НАЈДОБРОТО ОД ЗИМАТА ДОПРВА ДОАЃА НI-TECH

34

СОВРЕМЕН КАТАПУЛТ ИСТОРИЈА

34

ВРВ НА БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ

47

СПОРТ 37

ПУСТИНСКИТЕ ТАЛКАЧИ, 44. ИЗДАНИЕ

40

ТРЕТА СЕЗОНА ЗА ВУКОВ ВО ГТ ТРКИТЕ

42

ИДНИНАТА БАЗИРАНА НА СТАР РЕЦЕПТ ЗА ДОБРО ШОУ

47

ОСАМНУВА ЗОРА НАД WRC

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

ХРВАТСКА НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и мотоцикл од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и мотоцикл е 130 км на час. На останати патишта ограниченоста е од 90-110 км на час.

За време на возење во Хрватска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употреба на HANDS FREE. Казна 500 куни.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, освен за возачите кои управуваат со возила со носивост над 3,5 тони, професионални возачи и млади возачи до 24 год, кај кои толеранција е 0,00%.

Полиција 92 или 112; Амбуланта 94 или 112; Пожарна 93 или 112 ХАК; (инфо центар) +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0) од Хрватска 062 777 777 ХАК (помош на пат) 1987 или (од мобилен +385 1 1987).

ЦРНА ГОРА НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Во населени места за сите возлила има ограничување на брзината од 50 км на час. Надвор од населени места, за автомобили, мотоцикли, на брзи патишта - 100 км на час; на останати патишта 80 км на час; Автомобили со приколка на сите патишта - 80 км на час;

За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон, казна 60-150 евра. Дозволена е употреба на HANDS FREE.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.

Полиција 122/112; Амбуланта 124/112; Противпожарна бригада 123/112; АМСЦГ (инфо центар) +382 20 234 635; АМСЦГ (аларм центар) +382 20 19807 / 20 234 999, или 19807

АЛБАНИЈА НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час. На автопат ограничувањето е 110 км на час. На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.

Забранета употреба на мобилен телефон, казна 1.000 до 4.000 АЛЛ

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането. Дозволено ниво е 0.01 %

Полиција 129; Амбуланта 127; Пожарна 128; АЦА (помош на пат) 139; АЦА (инфо центар) +355 4 2387 017 (раб. вр. 24ч)+355 66 4001 222, +355 69 4001 222

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Во населени места има ограничување на брзината од 50 км/ч. На патишта надвор од населени места максимална дозволена брзина е 80 км/ч. На автопат максимална дозволена брзина е 100/130 км/ч.

Забрането, казна 100 до 300 БАМ.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Дозволено количество на алкохол е 0,03% ; За млади возачи и професионални 0,00%, казна 50 - 1000 БАМ.

Полиција 122; Амбуланта 124; Пожарна 123; БИХАМК (помош и информации) + 387 33 282 100 или + 387 33 1282

* Повеќе информации на: www.amsmspi.mk 6

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

SONY VISION – S 02

СОНИ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА

Е

лектронскиот гигант Сони не мирува. Кога пред две години се појави со комбилимузината „вижн - с 01“, спомна дека не е многу заинтересиран за автомобилската индустрија. Тоа се само изјави, а друго е тестирањето на истоимениот концепт низ алпските австриски предели. Некој сега ќе праша зошто токму таму Сони одбрал да го тестира новото возило? Одговорот е, Сони соработува со компанијата Магна Штаер на проектот наречен електрично возило. Тоа се случи пред две години кога концептот беше изложен на саемот ЦЕС во Лас Вегас. Сега Сони повторно го избра истото место за светска премиера на уште еден концепт на четири тркала, но овој пат не е комбилимузина, туку „сув“ возило, исто така, концепт наречено „вижн - с 02“. Сони вели концепт, но дизајнот е сосема спротивното, автомобилот е без екстравагантни линии така што не може да го оправда прекарот концепт. Уште на прва се насетува дека „сув“ возилото е речиси сериски автомобил кој само што не влегол во производство. Платформата на која е направен концептот „сони вижн - с 02“ е во сопственост на компанијата Магна Штаер, а колку за потсетување, истата платфор-

ма ја користи и „сув“ возилото на Хенрик Фискер „фискер оушн“. Откако ја утврдивме врската помеѓу Сони, Магна Штаер и Фискер, сега се префрламе на погонската единица. Зборуваме за целосно електричен погон, кој во концептот „вижн - с 01“ го имаше на двете оски по еден електромотор со поединечна силина од 272 КС или вкупно 544. Затоа конструкторите се изјасниле за забрзување од 0 до 100 км/ч за само 5,17 секунди. Концептот со седум седишта е долг 4,9 метри и тежи 2,48 тони (многу). Поседу-

ва 40 сензори, 18 камери, шест радари и 12 ултра сонични сензори. Го подготвуваат концептов за соработка со 5 г мрежата и за самостојно движење со четврто ниво. Најважно е што Сони претстави уште еден концепт автомобил кој најверојатно ќе се произведува паралелно со комбилимузината претставена пред две години. Напролет Сони ќе основа и претстави нова компанија, Сони Мобилити, која ќе се бави со производство на автомобили. Сони повторно се заканува, а конкуренцијата збунета. •

MERCEDES VISION EQXX

СОВРШЕНАТА „ЕЛЕКТРИЧНА ЅВЕЗДА“ НА МЕРЦЕДЕС

Н

ештата излегоа токму како што предвидовме. Електричен концепт на Мерцедес, навистина има ретро линија проткаена со многу современи детали, но се насетува присуството на некогашниот дизајн. Концептот „е ку икс икс“ е класична лимузина, со некласичен дизајн и се разбира четири врати. Ниската силуета најавува добар коефициент на отпор на воздухот, а според мерењата тој изнесува 0,17 Сх - фантастично обликувана школка од страна на дизајнерите. Тој ист коефициент кај моделот „е ку с“ изнесува 0,20. Сосема новата батерија заедно со придружните елементи тежи скоро 500 кг, или за 30 отсто е полесна од батеријата во „е ку с“. Капацитетот на батеријата е 100 kWh, а за секои изминати 100 км потребни се 10 kWh. Тоа точно кажува дека автомобилот може да измине 1.000 км. И 20 инчните тркала се полесни затоа што се направени од магнезиум, но и дисковите се направени од алуминиумска легура и се полесни од класичните. „Играњето“ со лесните материјали е задолжително затоа што електричните возила се далеку потешки од истите возила со ото или дизел мотор. Колку за информација автомобилот тежи 1.750 кг, бројка и не толку голема за спортска лимузина, односно бројка слична на тежината од „сув“ возилата. И за што подобро искористување на сончевата енергија, конструкторите на горниот дел од возилото

и задното ветробранско стакло вградиле сончеви панели. За крај да го спомнеме сериското производство. Сè уште не се знае точно како ќе се одвиваат работите, но можно е концептот „е ку икс икс“ да влезе во сериско производство, или Мерцедес само најавува што ќе вгради во идните сериски модели. •

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

CADILLAC HALO INNERSPACE

КАДИЛАК „ОДИ“ СМЕЛО ВО ИДНИНАТА

С

аемската манифестација што секоја година се одржува во јануари во Лас Вегас, полека но сигурно станува место каде автомобилската индустрија сè почесто ги претставува своите најнови модели. Изложбата не е наменета само за автомобилите, но во последнава деценија возилата на четири тркала „навалија“ со своето присуство. Годинава покрај другите беше присутен и Кадилак со концептот „хало инер спејс“, трето возило во низа на електричен погон, но и воедно возило способно самото да управува. Велат натаму оди развојот на автомобилската индустрија. Седнуваш во возилото и преку мобилен, таблет или лаптоп пишуваш каде сакаш да патуваш и толку, потоа компјутерот во автомобилот ги зема работите во свои раце и преку „гпс“ и мрежата поставена на патиштата, бира по кој пат ќе вози. Концептот на Кадилак, односно неговиот дизајн е повеќе од занимлив и привлечен. Купето со облик како да е извајан од природата, ветерот и водата

има голема доза на спортска нота - ниско широко, залепено за асфалт. Дизајнот воодушевува и токму таков му прилега на една марка каква што е Кадилак. Творецот на обликот го погодил во срж концептот и со право го носи заштитниот знак на Кадилак. Кога сме веќе кај дизајнот, Мерцедес пред три недели претстави концепт лимузина именувана како „е ку икс икс“ чиј дизајн е сличен на овој од кадилакот - сличен во тоа што лимузинава има ниска силуета, широка со доза на купе,

некој вид параметри кои зборуваат за спортскиот дух на концептот со четири врати. Најверојатно тој е дизајнерскиот правец на идните класични лимузини и купеа, што е задоволувачки во однос на сегашниве облици, кои рака на срце стануваат сè подосадни. А Кадилак, можно е наскоро од него да видиме напредна лимузина (или купе) од калибарот на концептот „хало инер спејс“ и тоа во сериско производство. •

CHRYSLER AIRFLOW CONCEPT

КРАЈСЛЕР И НЕГОВИТЕ АЕРОДИНАМИЧКИ МОДЕЛИ

И

ако е американска марка, Крајслер е во јатото на европскиот конгломерат Стелантис. Така стојат работите со оваа марка откако истата беше купена од Фиат. Многу марки во еден „балон“, но секоја со својот „товар“ и дизајн. „Крајслер ерфлоу концепт“ го докажува претходно напишаното. Ако буквално до вчера американскиот дизајн беше далеку зад европскиот, сега е обратно. Кросовер има повеќе од допадлив дизајн, но и „стла“ вештачка интелигенција направена во „кујната“ на Стелантис, која ќе раководи со сите операции во автомобилот. До 2028 година сите возила на Крајслер ќе добијат целосна електрификација, а првото треба да биде претставено најдоцна до 2025 година. Концеп-

8

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

тот „ерфлоу“ кажува во која насока ќе се движи Крајслер во ерата на електрификацијата. И не мора да биде само концепт, може да биде и сериски, ако главните одобрат влез во производство. Крајно време е сериските автомобили да бидат убави како концептите. „Ерфлоу“ поседува 201 КС на оска или вкупно 402 КС, уред за брзо полнење, а заедно со вештачката интелигенција концептот ќе може

самостојно да управува. Името „ерфлоу“ е позајмено од моделите кои егзистирале во '30 години од минатиот век. Всушност „ерфлоу“ било едно цело семејство од подмодели со не било каков дизајн, туку дизајн приспособен на аеродинамиката. Во тоа време Крајслер за првпат ја воведува аеродинамичката линија како важен дел од автомобилот. •


НОВОСТИ |

PEUGEOT 308

НОВИОТ ПЕЖО ДОСТАПЕН И НА НАШИОТ ПАЗАР

С

о почетокот на новата година на македонскиот пазар пристигна и најновиот адут на француската марка, а тоа е Peugeot 308. Новата генерација на популарниот модел може одблизу да се види во продажните салони на Пежо во Македонија. Првото нешто што е најзабележително кај новиот Peugeot 308 е новото лого на компанијата која ќе ги краси сите нови модели во поставата на француската марка. Новата „308-ка“ доаѓа со голем број на новитети, како од технолошки, така и од дизајнерски аспект. Кога станува збор за дизајнот на екстериерот, забележливо е дека новиот 308 драстично се разликува од својот претходник и без дилеми станува збор за впечатлив модел. Новиот 308 има и поинакви димензии, а и формите се значително изменети. Новата генерација е долга 4.367 милиметри, широка 1.852 и висока 1.441 милиметри. Забележливи се и тенките предни светлосни групи, а благодарение на подолгата хауба од претходно, 308 добива еден посебен шмек. Peugeot со новиот 308, но и со останатите свои модели, ја задржува тенденцијата да преземе дел од купувачите од премиум класата. Токму затоа новата генерација на Peugeot 308 прави голем чекор напред кога станува збор за употребените мате-

ријали во внатрешноста. Поставката со два екрани ќе биде стандардна кај новиот 308, па така, пред возачот се наоѓа 10-инчен инструмент кластер, а на средина од контролната табла се наоѓа 10-инчниот екран за инфозабавниот систем. Новата генерација на 308 доаѓа со богата агрегатска лепеза која е сочинета од 1,2-литарски PureTech, 1,5-литарски BlueHDi, или, пак, со 1,6-литарски PureTech хибридна моторизација. Бензинските агрегати од 1.2-литарскиот мотор истискуваат 110 КС или 130 КС, дизелската опција од 1.5-литарската зафатнина испорачува 130 КС, а за преносот на силата е задолжена мануелна тран-

смисија со 6 степени на пренос или автоматски менувач со осум степени на пренос. Како дел од моторната постава се две plug-in хибридни опции. Базичниот хибриден модел ја комбинира силата од бензинецот и електромоторот за вкупна моќност од 180 КС и 360 Nm. Оваа верзија нуди 60 километри погон само на струја. Помоќната хибридна верзија располага со вкупни 225 КС и 360 Nm, и 59 километри целосно електричен опсег. Засега цената за моделот 308 е непозната, се очекува генералниот импортер, Еуроимпекс, наскоро да ги комплетира ценовниците и официјално да ги објави. • Данчо Здравковски

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| АВТО-МОТО

Претставуваме Chevrolet Silverado EV

SILVERADO ВОЗИ И НА СТРУЈА КОМПАНИЈАТА CHEVROLET ВО СВОЕТО БОГАТО ПОРТФОЛИО НА КОНВЕНЦИОНАЛНИ ВОЗИЛА ПОЛЕКА ЗАПОЧНУВА ДА ДОДАВА И ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ. А ОТСЕГА ВО НЕГО СЕ ПРИКЛУЧУВА И ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ПОПУЛАРНИОТ ПИКАП SILVERADO ВО ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНА ВЕРЗИЈА.

С

о зголемената експанзија на електричните возила во изминатите неколку години речиси и да не остана сегмент во авто индустријата кој не доби свој електричен пандан. Од неодамна, авто производителите најавија дека електриката пристигнува и кај популарните пикап возила. Со зголемениот интерес за овој тип на возила, кои патем се одлични за извршување на секојдневни работни активности, но и

10

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

одлични за извршување на сите семејни дејности, создавањето на нивни потполно електрични варијанти е вистинската насока во која нè насочува иднината. Најголемата популарност пикап возилата ја уживаат во Северна Америка, токму затоа оттаму ни пристигнуваат и највеќе модели кои во иднина ќе бидат достапни на купувачите, а како најнов член кој се приклучува на овој сегмент е моделот на Chevrolet, популарниот Silverado во EV издание. Сосема различен во однос на обичната верзија, Chevrolet Silverado EV го доживеа своето деби, а станува збор за модел кој е изграден од темел и е целосно различен во однос на остатокот од опсегот на марката која е дел од General Motors. Целосно електричниот пикап пристигнува со неверојатна комбинација на способности, перформанси и разновидност. Иако не е првиот целосно електричен пикап, ниту прв кој доаѓа од семејството на GM, сепак, судејќи според бројките кои ги објави Chevrolet, има сериозни карактеристики да стане најважниот кој се појавил на пазарот досега. Silverado EV е опремен со голем број на паметни карактеристики кои фановите на овој тип возила ќе ги обожаваат.

Според Chevrolet, новиот целосно електричен Silverado има опсег на движење од 644 километри со едно полнење, благодарение на најголемата Ultium батерија направена досега. Поставката со два електромотори ги напојува сите четири тркала и испорачува 673 КС и 1.056 Nm. Со вклучен WOW режим, овој електричен пикап од 0 до 60 милји на час (096 км/ч) стигнува за помалку од 4,5 секунди. Благодарение на DC брзото полнење при 350 kW, камионетот добива 160 километри опсег на движење за само 10 минути. ВО РАБОТНА И ЛУКСУЗНА ВЕРЗИЈА Chevrolet најпрво ќе го нуди Silverado EV во базичниот Work Truck (WT) ниво на опременост, како и RST моделот кој е на врвот. Бројките кои се споменати погоре се однесуваат на највисокото ниво на опременост. Базичниот модел и понатаму добива 644 километри опсег, но моќноста е намалена на 517 КС и 834 Nm. Од друга страна, RST верзијата добива и управување на задните тркала, автоматски адаптивен воздушен систем на потпирање, Super Cruise темпомат, како и конфигурирачки товарен простор со Multi-Flex Midgate.


АВТО-МОТО |

ФУНКЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН Кога станува збор за дизајнот, треба да се истакне дека карактеристичниот изглед делува помеко и позаоблено од традиционалните пикап модели. Ова е веднаш забележливо со оглед на тоа дека Silverado EV добива аеродинамична предница која е извајана за ефикасно да го насочува воздухот под возилото, значително намалувајќи го воздушниот отпор и турбуленциите. Моделот ќе биде достапен ексклузивно со Crew Cab конфигурација, а Silverado EV се одликува и со кратко предно надвиснување и целосно затворена решетка и преден багажник. Пикапот добива и нагласени сводови над тркалата и е поставен на 24-инчни тркала, пластични заштити за каросеријата и аголни акценти на задните столбови. На задниот дел се наоѓа товарниот простор со 1.803 милиметри должина, а благодарение на Multi-Flex Midgate, истиот може да се продолжи до внатрешноста на кабината. Со затворена задна и отворена средишна врата, Silverado EV ќе може да превезува работи кои се долги над 2.743 милиметри. Ако тоа не е доволно, достапната Multi-Flex Tailgate, врата на товарниот дел може да се спушти за да овозможи 3.302 милиметри простор. Впечатливиот дизајн продолжува и во внатрешноста со оглед на тоа дека Silverado EV RST доаѓа со 11-инчен дигитален инструмент кластер и 17-инчен инфозабавен екран. Тука е и фиксираниот стаклен покрив, head-up екранот, како и двобојни кожни седишта со црвени акценти. Задните седишта добиваат греење, а од Chevrolet велат дека сите лица до 1,82 метри висина ќе имаат максимална удобност каде и да седнат. Моделот Silverado EV кај првите купувачи ќе пристигне напролет 2023 година во WT верзија, додека Silverado EV RST First Edition ќе следи наесен истата година, по што ќе следува комплетното портфолио на електричниот пикап. • Данчо Здравковски

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

Претставуваме Brabus Rocket 900 „ONE OF TEN“

РАКЕТА НА 4 ТРКАЛА ДА НЕМА ДВОЈБИ, ИМЕТО ОТКРИВА. ЧУДОВИШТЕВО КАТАПУЛТИРА ОД МЕСТО ДО 100 KM/H ЗА 2,8 СЕКУНДИ, ДО 200 KM/H ЗА 9,7 СЕКУНДИ И ДО 300 KM/H ЗА 23,9 СЕКУНДИ. А ЛИМИТИРАНИОТ МАКСИМУМ ОД 330 KM/H СТОИ САМО ЗА ДА СЕ СОЧУВААТ ГУМИТЕ.

B

rabus, префинетото тјунерско ателје од Ботроп кое 40 години ги доработува моделите на Mercedes-Benz по мера на истенчен вкус одлучи достоинствено да го прослави јубилејот. Создаде лимитирана серија од само десет примероци на својата новокреирана ракета на четири тркала BRABUS ROCKET 900 која во името добива наставка „ONE OF TEN”. За вредноста на оваа ограничена серија од десет примероци да биде поголема одлучија и читателите на највлијателниот магазин за мотоспорт во Германија: Auto Motor und Sport кои 15-ти пат по ред го изгласаа Brabus за најпопуларна тјунерска марка. Јасно е дека уметниците од Brabus одлично си ја завршиле работата и создале ексклузива која е спремна да попари со перформансите кои се плод на чудовишната моќност на прославениот V8 битурбо, погонот на четири тркала и

12

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

фино дотераната шасија. Но, и да одушеви со благородната изведба на кабината и со видно нагласениот агресивен настап. ЗАСТРАШУВАЧКИ СТАВ Веднаш паѓа в очи дека ракетата на Brabus личи како да „бришка“ со 300 km/h дури и кога стои. Возбудливиот став на ова купе со четири врати кој застрашува доаѓа пред сè од модификуваните раширени страници потребни за под нив да се сместат огромните тркала со широки гуми. Тие му додаваат дополнителни 78 mm растегнувајќи ја вкупната широчина на 2.068 mm. Страниците се изработени од карбон-фибер, а од истиот лесен и цврст материјал се и предниот браник со интегриран спојлер, и задниот со интегриран дифузор. За поголема стабилност при високи брзини поставено е и повеќеделно задно крило исто од карбон-фибер. Овие модификации придонеле

да нарасне и должината на ROCKET 900 на 5.066 mm. Секој од поставените елементи е внимателно дизајниран во воздушен тунел со што е подобрена аеродинамиката која директно влијае на перформансите на оваа ракета на четири тркала. Свој удел имаат и масивните отвори за довод на воздух на предниот браник преку кои се лади моторот и сопирачките. Во страниците од маската се вметнати цевки од вшмукувачкиот тракт кои директно водат воздух до двата турбо полначи подобрувајќи го нивниот учинок со самото зголемување на брзината. Дека се водела прецизна сметка за аеродинамиката укажуваат дури и тркалата кои се покриени со аеродинамички дискови од гол лакиран карбон-фибер за да се подобри струењето на воздухот околу нив. Водењето сметка за аеродинамиката е една од причините за вртоглавите перформанси, но главниот виновник е биковски моќниот битурбо V8. ПОВЕЌЕ ЗАФАТНИНА, ПОВЕЌЕ МОЌ Нема замена за зафатнината. Под оваа позната девиза се воделе и инженерите во Brabus кога ја модификувале енерганата која се сокрива под хаубата на оваа ракета. Создаден врз база на четири децении тјунерско искуство овој V8 битурбо е нешто посебно. Зафатнината е зго-


АВТО-МОТО |

лемена од 4.0 на 4.5 литри со проширување на дијаметарот на цилиндрите на 84 mm и со зголемување на одот на коленестото вратило на 100 mm. Тое е изработено од полно парче метал на CNC машини и прецизно избалансирано. На него преку лесни клипни лостови изработени по иста постапка се врзани ковани клипови, па со нив ја намалува инерциската маса во моторот што придонесува за полесно ловење на вртежи. Вака скроената основа носи високоперформансни турбо полначи развиени во Brabus. Тие имаат поголема компресорска комора која го зголемува притисокот на полнење на 1,4 бари. И снабдувањето со гориво е модификувано со специјални пумпи кои работат под висок притисок, а ремапирана е и управувачката електроника. За да се забрза струењето на издувните гасови поставен е спортски издув од не`рѓосувачки челик со отворен проток и активни клапни. -Сета оваа игра на инженерите од Ботроп дозволила моќноста да нарасне на чудовишни 900 КС при 6.200 min-1 со вртежен момент од 1.250 Nm при 2.900 min-1. За да се сочува погонот на четири тркала 4MATIC+, спортскиот менувач со девет степени и можност за рачно менување SPEEDSHIFT MCT9, вртежниот момент е електронски ограничен на 1.050 Nm кои сè уште се доволни да го набрчкаат асфалтот под тркалата. Чудовишни се и перформансите. Катапултирањето од место до 100 km/h е за 2,8 s, до 200 km/h за 9,7 s и до 300 km/h за 23,9 s. Mаксимумот e лимитиран на 330 km/h за да се сочуваат гумите заради релативно големата тежина од 2.120 kg.

ексклузивност дополнително е нагласена со аеродинамички дискови од гол лакиран карбон-фибер. Обуени во гуми P Zero со димензии 295/30 ZR 21 на 10,5Јх21 напред и 335/25 ЗР 22 на 12Јх22 назад покрај тоа што нудат одлична тракција задолжени се и за акцентирање на спектакуларниот лик на ROCKET 900. Зад нив, пак, се сокриваат огромни карбон-керамички вентилирани и бушени дискови со димензии 402х39 mm и со фиксни клешти напред, и со димензии 360х32 mm и со пливачки клешти назад. РЕМЕК ДЕЛО ОД ЕНТЕРИЕР Посветеноста на детали, освен кај техниката, уметниците од Ботроп силно ја истакнуваат и при креирањето на внатрешноста која во Brabus носи своја заштитена значка MASTERPIЕCE или ремек дело. Неа ја креираат искусни врвни мајстори во срцето на мануфактурата на Brabus во Ботроп, според вкусот и желбите на клиентот. Доказ за потеклото на ентериерот е благородниот беџ на BARBUS

MASTERPIECE поставен на потпирачите на седиштата. Кај +++ овој прв примерок од серијата ROCKET 900 „ONE OF TEN” сивата боја на каросеријата се пресликува во внатрешноста преку сивите шевови и нагласените рабови на прошиениот шаблон во облик на ромбоид. Тие даваат префинет контраст со црната боја на кожата и на алкантарата, а се повторуваат и кај патосниците. Акцентирањето на спортскиот дух во кабината го дополнуваат елементите од гол лакиран карбон-фибер, лакиран алуминиум и не`рѓосувачки челик, додека амбиенталното осветлување го продлабочува уживањето во оваа благородна средина. Секако уживањето во оваа ексклузива, посебно ако се знае дека серијата е ограничена на само десет примероци за цел свет, има и соодветна цена. BRABUS ROCKET 900 „ONE OF TEN” прикажан на овие фотографии чини 435.800 евра без давачки. Цената за останатите девет примероци ќе зависи од желбите на клиентите кои во Brabus со драго срце ќе ги исполнат. • Љубомир Анастасовски

ВОЗИ КАКО НА МАЧКИНИ ШЕПИ Благодарение на воздушното потпирање кое во Brabus го модификувале и го нарекле AIRMATIC SPORT овој колос вози како на мачкини шепи. Кога ќе се одбере модусот Comfort меко ги пегла нерамнините, но не на сметка на доброто држење за асфалтот. Веќе во модусот Sport кога автомобилот ќе се спушти за дополнителни 25 mm независното потпирање напред и назад во полна мера ги искажува своите квалитети на патека. Сепак, возењето не е брутално тврдо. За дополнително да се подобри тракцијата на одличниот погон на четири тркала подобреното потпирање е надополнето со новоразвиени бандажи од лесна легура кои се обуени во гуми на Pirelli. Овие Brabus Monoblock Z Platinum Edition бандажи се добиени со високотехнолошки процес на ковање кој дава лесна, а цврста конструкција. Нивната

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АМСМ

Вработени кои ја одбележаа 2021 година

УСПЕХОТ СЕКОГАШ СЕ НАГРАДУВА

Н

а крајот од годината Секторот за човечки ресурси во АМСМ помага на структуриран начин да им се оддаде признание на колегите кои ја одбележале 2021 година со своето работење, а целта е препознавање, признание и награди за успехот на посветените вработени врз база на систематизирано следење во текот на цела година. За 2021 година имаше наградување на вработените по неколку основи: • Писмено пофален колега од корисник, сите колеги кои во текот на 2021 беа пофалени од корисник со јасно назначување на нивното име од страна на корисникот, на крајот на годината им беше врачено и признание:

- МАЈА СИЉАНОСКА - МАРГАРИТА МИРЧЕВСКА - ДУШКО ТОДОРОВСКИ - АНТОНИО НИКОЛОВСКИ - ФИЛИП ДОНЕВСКИ - ТРАЈАН ДИМЧЕВСКИ - ДАНИЕЛ ГЕЛЕВСКИ - БОРЧЕ МИРКОВСКИ - НАДИЦА ПАВЛОСКА - МАРЈАН ДЕНКОВИЌ - ЛИЛЈАНА ТОДОРОВА - БЛАГОЈЧО СТОИМЕНОВ - НИКОЛЧЕ ГАВРИЛОСКИ - СУЗАНА ЃУРОВСКА - ЗЛАТКО АРСОСКИ - ДАНИЕЛА РИСТОВСКА ДОДЕВСКА - КИРИЛ КАРАНАКОВ • Програма Пофали колега, програма во која секој колега може да пофали друг колега независно од хиерархијата, а целта е оддавање на признание на колегите кои несебично се вложуваат во меѓусебната соработката и кои креираат додадена вредност:

14

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

- ЗОРАН СТАМЕНОВСКИ - ДИМИТАР НАКОВ - МАРГИТА ПОПОВСКА - МАРТИНА ПОПОВСКА • Програма Моја Идеја во системот на АМСМ,- цел на оваа програмата е да се собираат и реализираат идеите на вработените, а тие да добиваат соодветно признание за својот придонес во унапредувањето на системот. Од повеќето идеи кои што имаат пристигнато наградена беше идејата на колегата:

- ТРАЈАН ДИМЧЕВСКИ ЗЛАТКО АРСОСКИ и ЖИВКО СПАСЕСКИ им беше доделено • На колегите

Признание за Возач-механичар од Најдобра СПИ база, а на колегата БЛАГОЈЧО СТОИМЕНОВ му беше доделено Признание за Најдобар возач механичар од база исток. • Како и минатите така и оваа година им се оддава признание на колегите кои имаат најдобра продажба на Членство на АМСМ. Оваа година колегите кои се издвоија со најголем обем на продажба од Станица за технички преглед Центар е колешката НАТАША АРСОВСКА со најмногу продадени членства, од Станицата за технички преглед Велес колешката КРИСТИНА НИКОЛОВСКА додека од Станица за технички преглед Чаир е колешката ВАЛЕНТИНА МИХАЈЛОВСКА. Исто така, колегите МАЈА

СИЉАНОСКА, КИРИЛ КАРАНАКОВ И МАЈА ПЕТРОВСКА добија признание за

посебен придонес во продажбата на членството на АМСМ. Од Авто мото друштвата АМД „ЃОРЃИ НАУМОВ“ БИТОЛА имаше најголема продажба, додека СЛОБОДАН СТОЈЧЕСКИ од АМД Струга е колегата од

Авто мото друштвата која ја доби наградата за најуспешна продажба. • Изборот на Вработен на годината во системот на АМСМ има за цел на систематизиран начин да се следат перформансите на вработените за подигање на квалитетот во работењето, кон корисниците, колегите и системот на АМСМ во целина. Според годишното вреднување како најдобри вработени од секој сегмент во системот на АМСМ за наградата Најдобар вработен во системот на АМСМ, беа номинирани 8 вработени:

- СУЗАНА ЃУРОВСКА, Авто школа Мобилити Плус

- ВИОЛЕТА ПАНЧЕВСКА, Мобилити брокер

- СПИРО ВАСИЛЕВСКИ, АМСМ Услуги Центар за возила

- ДАНИЕЛ ГЕЛЕВСКИ, АМСМ Услуги Консалтинг – Членство

- ДАНИЕЛА РИСТОВСКА ДОДЕВСКА,

АМСМ Услуги Станица за технички преглед - ИРЕНА ВЕЛКОВА, АМСМ Услуги Консалтинг – Сметководство и Финансии - ЈОВИЦА МИЈОВСКИ, АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат - РУЖИЦА СТОЈКОСКА, АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат – Контакт центар. освои ДАНИЕЛА РИСТОВСКА ДОДЕВСКА од АМСМ Услуги Станица за технички преглед, со што ја понесе титулата Најдобар вработен во системот на АМСМ за 2021. Првото

место

го

Сликите на сите колеги кои ја одбележале 2021 година со својата работа ќе заземат свое место и на Ѕидот на успехот како трага која ќе им оддаде уште едно признание за посветеноста и во годините што доаѓаат. • Ана Салтирова Давидовски


АМСМ |

Маргарита Мирчевска

Душко Тодоровски

· ................................ Антонио Николовски

Трајан Димчевски

Даниел Гелевски

Надица Павлоска

Марјан Денковиќ

Лилјана Тодорова

Благојчо Стоименов

Николче Гаврилоски

Сузана Ѓуровска

Златко Арсоски

Даниела Ристовска Додевска

Кирил Каранаков

Зоран Стаменовски

Димитар Наков

Маргита Поповска

Мартина Поповска

Наташа Арсовска

Кристина Николовска

Валентина Михајловска

Маја Петровска

Слободан Стојчевски

Виолета Панчевска

Спиро Василевски

Ирена Велкова

Јовица Мијовски

Ружица Стојкоска

Филип Доневски

Борче Мирковски

Маја Сиљаноска

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АМСМ

Green NCAP

РЕГУЛАТИВАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО ВОЗИЛАТА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД БЕА НАПРАВЕНИ НОВИ ИЗМЕНИ НА РЕГУЛАТИВАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА СИСТЕМИТЕ ЗА ВРЗУВАЊЕ ДЕЦА (CRS). РЕГУЛАТИВАТА НА ОН 129 Е СЕОПФАТЕН СЕТ НА РЕГУЛАТИВИ ЗА ДЕТСКИ СЕДИШТА ВО АВТОМОБИЛ КОИ ДОАЃААТ ПО ПРЕТХОДНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ОД ЕКОНОМСКАТА КОМИСИЈА НА ОН ЗА ЕВРОПА (ECE R44).

на ОН R129 која започна во јуни 2017 година, треИвримплементацијата ба да биде пазарен стандард кој ќе го замени ECE R44 до септем2023 година. Во моментов, двете законодавства коегзистираат, но од јули 2021 година, направени се неколку амандмани за постепено укинување на ECE R44. Постојат неколку разлики помеѓу UN R129 и ECE R44. Првата разлика се однесува на промената на класификацијата на детските седишта од килограми во сантиметри. Втората фаза на UN R129 е наменета за деца високи над 105 cm, што носи некои големи промени во споредба со претходното законодавство. Бидејќи родителите често знаат колку нивното дете е високо, ова го олеснува изборот на вистинското и најбезбедно седиште. Втората разлика се однесува на тестот за безбедност на новите модели на детски седишта. Имено според UN R129 за време на тестирањето на новите модели ќе бидат потребни кукли „dummies“ од новата

16

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

генерација, кои попрецизно ќе ги прикажат вистинските ефекти од ударот врз телото на децата. Критериуми за тестирање на страничен удар се додадени на постојните тестови за преден и заден удар, со што е неопходно сите седишта да понудат добра заштита на телото и главата за да добијат одобрение. Третата разлика бара децата до 15 месеци да седат во положба свртена наназад, наместо досегашното барање до 9 месеци. Ова ќе понуди подобра заштита за развојот на главата и вратот на бебињата и малите деца. Последната разлика е категоријата „i-Size booster seat“, која осигурува дека детските седишта во оваа категорија се вклопуваат во сите позиции во возилата што имаат ознака i-Size. Дополнително, најновата регулатива гарантира дека производителите ја зголемуваат компатибилноста помеѓу новите модели на детски седишта и автомобилите. • Благица Станојевиќ Блажевски


СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

СПОДЕЛЕТЕ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ! ЕДНА КАРТИЧКА, ИСТИ УСЛУГИ, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

02/3181-181

www.amsm.mk 02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АМСМ

НЕКА ЗАПОЧНЕ ГОДИНАВА ОТВОРЕН НОВ СЕРВИС ЗА АВТОМОБИЛИ ВО АМСМ - КИЧЕВО Од февруари, во рамките на АМСМ-Кичево започна со работа новиот сервис за автомобили, кој преку висококвалитетни сервисни услуги, ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот. Во него достапни се различни сервисни услуги, меѓу кои: • Редовни сервиси на возилото, кои вклучуваат: • Контрола на палење, компресија и бензинска пумпа • Контрола и регулација на зазор на вентили • Замена на клинест, линиски и назабен каиш, пумпа за вода, термостат, систем за ладење и греење, ламела, сопирачки, манжетни/полуосовини/спони, амортизер/лежиште на тркало, свеќици, греачи и сл. • Поправка на динамо/алтернатор, сопирачки • Полнење на акумулатор • Нагодување на куплунг • On-board дијагностика (компјутерска проверка) • Промена на трепкачи и стоп светла, сијалици на фарови и нивно нивелирање.

НАПРАВЕТЕ ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ВКЛУЧЕН РИЗИК ОД КОВИД-19 Секогаш советуваме да направите патничко осигурување кога патувате надвор од земјата, но во овие услови, препорачуваме да изберете патничко осигурување кое ги покрива неопходните трошоци за лекување од Ковид-19. Преку Мобилити Брокер достапни ви се полиси за сите видови на осигурување од сите осигурителни компании во земјава, а како наши клиенти добивате бесплатно посредување при реализација на отштетни побарувања, и тоа: • Укажување на помош во текот на важење на договорот за осигурување • Подготовка на доказна документација за основа и висина на отштета • Советување во процесот на отштетно побарување. Услугите на Мобилити Брокер се бесплатни и не влијаат на цената на вашето осигурување. Повеќе информации: 02/3181-402 и 02/3181-405

18

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

СО УБАВИ НОВОСТИ! НОВА ЦЕНА ЗА ОБУКА ЗА Б КАТЕГОРИЈА Со одлука на автошколите на територијата на град Скопје, за пријавување од 01.01.2022 година, цената за оспособување на кандидати за возачи за Б категорија изнесува 24.500ден. Оваа цена се применува во сите автошколи, вклучувајќи ја и Авто Школа Мобилити Плус. Повеќе информации: 02/3181-240.

ОБУКА ЗА Ц КАТЕГОРИЈА- ИСПЛАТЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕБЕ Најдобрите инвестиции се оние кога инвестирате во самите себе, а оваа во обука за Ц категорија е убедливо инвестиција која брзо се враќа.

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

ОБУКА ЗА Ц КАТЕГОРИЈА

ИСПЛАТЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕБЕ! 02/3181-240

www.avtoskolamobiliti.mk 02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


АМСМ |

• Ме интересира дали може на возач почетник (возачка дозвола имам само 6 месеци) да му се издаде меѓународна возачка дозвола? Поздрав, Димитар АМСМ: Меѓународна возачка дозвола може да се издаде на секое лице кое има важечка национална дозвола без ограничување дали е почетник возач. • Сакам да купам осигурителна полиса со регистрација на возилото во вашата станица за технички преглед, а не во Осигурителна компанија. Ме инетересира која е разликата и дали имам некоја дополнителна бенефиција? Благодарам, Светлана АМСМ: Со купувањето на кој бил тип осигурување преку осигурителното брокерско друштво „Мобилити брокер”, не само што купувате осигурување од компанија по Ваш избор, туку бесплатно добивате консултант, посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето. „Мобилити брокер” Ве застапува пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според Вашите потреби. Се разбира, услугите на брокерот се бесплатни, а Вие ја плаќате само цената на осигурителната полиса.

• Имам неколку прашање во врска со издавање на меѓународна возачка дозвола: 1) Дали за да возам привремено во Америка ми е потребна меѓународна возачка? 2) Во моментов сум во Германија, има ли начин да аплицирам за меѓународна дозвола оттука (онлајн) или евентуално некој од моите блиски да ги поднесе потребните документи? Благодарам, Иван

Меѓународната возачка се издава со важност од три години, освен ако националната возачка дозвола истекува за пократок рок. Во тој случај се издава до важноста на националната возачка дозвола. Врз основа на законската регулатива за изработка на меѓународна возачка дозвола потребни се на увид важечка лична карта и национална возачка дозвола (оригинални документи). Со копии не е дозволено да се издаде меѓународна возачка дозвола. За издавање на меѓународната дозвола не е потребно ваше присуство.

АМСМ: Меѓународната возачка дозвола се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена на 8 ноември 1968 година во Виена. Овој документ е задолжителен при секое патување надвор од државата. Соединетите Американски Држави е потписник на оваа Конвенција што значи дека Ви е потребна меѓународна возачка дозвола (МВД). Потребни документи за издавање на Меѓународан возачка дозвола : - национална дозвола - две фотографии - лична карта

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

20

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќај

ВОЗЕЊЕТО АВТОМОБИЛ ВО ЗИМА ПРЕТСТАВУВА СВОЕВИДЕН РИЗИК СПОРЕД НАУЧНИТЕ СОЗНАНИЈА, ВОЗАЧИТЕ МНОГУ ПОБРЗО ГИ ЗАБЕЛЕЖУВААТ ПЕШАЦИТЕ ШТО НОСАТ ОБЛЕКА ВО СВЕТЛИ БОИ ОТКОЛКУ ВО ТЕМНИ. СВЕТЛИТЕ БОИ ПРЕТСТАВУВААТ УБАВА КОНТРАСТ НА ЗИМСКОТО СИВИЛО, ОТСКОКНУВААТ ОД СРЕДИНАТА И ЗАТОА СЕ ПОЗАБЕЛЕЖЛИВИ ЗА ВОЗАЧИТЕ. период носи дожд, мраз, Снитудениот снег, повеќе сивило, повеќе облачденови, денот е пократок, побрзо се

стемнува, а кога е облачно претежно владее сивилото. Сè ова мора да се сфати најсериозно затоа што ако не бидеме доволно внимателни, може да се случат несакани настани во сообраќајот. Поради тоа, возењето автомобил во зимските месеци претставува своевиден ризик. Клучен елемент во сообраќајот се децата како пешаци. Сите сме сведоци на недисциплината на возачите и на нивната дрскост, особено кога ги употребуваат мобилните телефони. За вакви возачи е мала секоја казна. ПЕШАЦИТЕ СЕ ПРВИ НА УДАР Во зимското сивило, особено наутро и доцна попладне многу потешко може да се забележат пешаците, особено ако улицата е неосветлена и ако тие носат темна облека. Тогаш возачот многу потешко може да ги видат пешаците и да

ја приспособи брзината. Многу важно за сите пешаци е да носат облека со светли бои. Кај нас речиси 90 отсто од возрасните носат облека со темни или сиви бои, а тоа го применуваат и кај децата. Всушност, децата мора да носат облека со светли тонови, топли бои. Таквите светли, јаки, топли бои претставуваат голем контраст на зимското сивило и возачите побрзо ги забележуваат. Науката вели дека возачите многу побрзо ги забележуваат пешаците што носат облека со светли бои отколку со темни. Ваквата препорака за облеката важи за сите годишни времиња, особено за зимскиот. За подобра заштита на децата препорачливо е да носат, на пример, зелени, жолти, црвени, јакни и капути. Секое учество во сообраќајот носи и ризик, но може да го сведеме на најниско ниво ако се обрне повеќе внимание на преминувањето улица, да се носи облека во светли бои, возачите да не користат мобилни телефони и да не ја надминуваат максимално дозволената брзина

од 50 км/ч во градски средини. На возачите им препорачуваме да ја почитуваат дозволената брзина и повеќе да внимаваат ако има деца во близина на улицата. Ако возите над дозволената брзина, шансите навреме да ги употребите сопирачките се многу помали, а зимското сивило придонесува за состојба со зголемен ризик. Учеството во сообраќајот мора да се сфати најсериозно за да се сведе ризикот на минимум и да се придонесе за поголема безбедност. ТРОТОАРИТЕ ПРЕТВОРЕНИ ВО ПАРКИНЗИ Во Скопје, а веројатно и во другите градови преовладува чудно „правило“ во однос на тротоарите што со децении се користат како место за паркирање на автомобилите, а пешаците се истерани на улица и се движат заедно со моторните возила. Ваквата состојба со тротоарите директно ги загрозува децата. Движењето по пешачките зони претставува посебна опасност поради тоа што таму има секакви мотоцикли, а често може да се видат и автомобили. Многу често и до оградите на кафулињата може да се видат паркирани мотоцикли. Крајно време е тротоарите и пешачките зони да им се вратат на пешаците.

• Жарко Атанасовски

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


22

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ

02/3181-108

www.amsm.mk 02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| СТИЛ

Хедонизам

ТАКА ПЕЕШЕ ОЛИВЕР ДРАГОЕВИЌ ЧИЈА ПЕСНА, ОДНОСНО НЕЈЗИНАТА ОРИГИНАЛНА ВЕРЗИЈА ГЛАСИ „ЉУБОВТА ТВОЈА Е КАКО ВИНОТО“. БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА, СИГУРНО ЌЕ СЕ СОГЛАСИТЕ СО НЕЈЗИНАТА ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА, Т.Е. ОБОПШТУВАЊЕ БИДЕЈЌИ СУШТИНАТА Е ИСТА, ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД. ФЕВРУАРИ Е МЕСЕЦ КОГА СЕ ЧЕСТВУВА И СВ. ТРИФУН И СВ. ВАЛЕНТИН, ПРАЗНИКОТ НА ВИНОТО И НА ЉУБОВТА, ВО КАТОЛИЧКАТА ВЕРА. И ПОКРАЈ ТОА ШТО ПРАЗНИЦИТЕ ИЗМИНАА, ВИНОТО И ЉУБОВТА СЕКОГАШ ГО ПРИВЛЕКУВААТ ВНИМАНИЕТО НА ЧИТАТЕЛИТЕ, ОСОБЕНО ФАКТИТЕ. НА ЉУБОВТА ЌЕ СЕ ПОСВЕТИМЕ ВО НЕКОЈА ДРУГА ПРИГОДА, ОВОЈ ПАТ ЌЕ ГОВОРИМЕ ЗА ВИНОТО..

В

о нивната поврзаност не може да се има сомневање, таа е многупати докажана и, се разбира, опеана. Виното често се опишува и со еден збор - емоција. Чувството е присутно и на трпезата, каде што се збира семејството, и меѓу виновите лози, па и во камените визби, меѓу дрвените бочви, особено меѓу прстите на винарите, за време на гмечењето, односно цедењето на грозјето. Неодоливо е кога некоја заборавена песна ќе ни го забрза пулсот, а очите ќе ни се насолзат од радост. Отворете шише вино, сипете во чашите на оние што седат на трпезата со вас и наздравете. Причината нека биде љубовта, па и животот, а спомените од таквите дружби стануваат незаборавни. Црвено, розе или бело, изборот на виното се прави согласно времето (денески,

24

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЉУБОВТА Е КАКО ВИНОТО... навечер), јадењето, па и поводот. Аромата која ни се допаѓа, исто така, влијае на изборот. Жените имаат доста чувствително сетило за вкус, од тие причини сакаат повеќе бело вино чија свежина е неодолива, додека појаките ароми се резервирани за мажите. Но, правилата можат и да се кршат, виното е прашање на вкус и не треба да се прави отстап. Вистинските љубители се раководат од „саатницата“ - ако е доцна за бело, а рано за црвено, ќе изберат розе. Патем кажано, и блиските пријатели, роднини се како виното, секој е различен, поинаков, следствено и посебен, со единствен, неповторлив карактер, исто како винските ноти. Без оглед на инаквоста, редовно се среќаваме со нив, прославуваме, ја делиме среќата. И виното, секако. А, неговата симболика е многузначна. Тоа е амблем на животворната сила, духовниот благослов, спасот, радоста, вистината, преобразбата. Големиот винопиец обично е и познавач на виното, добар се разбира. Неретко истражува додека не го избере најдоброто, а често и дебатира со другите за омилената La Carte des Vins (листа на вина). Според нив, десетте вина чија популарност не замира во ниеден момент, а причината е повеќе од јасна - заедничка им е пивкоста и, секако, вкусот, аромата итн:

10. PINOT NOIR - црвено вино, а неговата популарност ширум светот расте со немерлива брзина. Омилено е поради исклучителниот вкус на црвените овошја и цветните ноти. Истоименото грозје сака поладно време, затоа вирее најмногу во Бургундија (Франција), Нов Зеланд и Орегон, меѓу другото. 9. TREBBIANO TOSCANO - бело вино. Се прави од истоименото, а сепак не многу познато грозје. Има голема примена и во производството на оцет балсамико и француско бренди. Од него се прави коњак, исто така, но името е поинакво - Ugni Blanc. 8. SAUVIGNON BLANC - бело вино. Sauvignon значи дивјак (буквален превод) што ги означува „дивите“ лозови насади околу Бордо (Франција) и долината на Лоара. Виното е посебно, чија популаризација расте поради фактот дека истоименото грозје всушност е матично кога се работи за Cabernet Sauvignon. Такви се информациите од неодамнешните истражувања. 7. GRENACHE (Garnacha) - црвено или поточно светлоцрвено вино каде што преовладуваат нотите на темноцрвените зрнести плодови. Недоволното количество танин се компензира со киселоста и високиот процент на алкохол. Истоименото грозје може да се комбинира и со Monastrell (Mataro) и со Syrah (Shiraz).


6. SYRAH (Shiraz) - црвено вино. Се произведува во северна Рона (Франција), а неговата популарност е најголема во Австралија. Всушност, на петтиот континент е познато како Shiraz. 5. CHARDONNAY - бело вино, најпознато во светот и омилено меѓу винопијците, а потекнува од Бургундија (Франција) каде што виното зрее во дабови бочви. Таква е традицијата. Имено, дабовината влијае на неговата јачина, затоа важи за јако бело вино. 4. TEMPRANILLO - црвено вино, едно од позабележителните во Шпанија, од розови до црвени. Сепак, Tempranillo најмногу е присутно во два региона - Rioja и Ribera del Duero. 3. AIRÈN - бело вино. Без оглед на плодноста, популарноста на грозјето е мала. Најмногу расте во шпанската регија Castilla-La Mancha каде што виновите лози се посадени ретко за да ја преживеат сушата. 2. MERLOT - црвено вино. Од истоименото грозје се добиваат исклучителни, вредни вина. Интензивните ароми на црешите и префинетата структура на танинот се, всушност, неговите најбитни карактеристики. 1. CABERNET SAUVIGNON - црвено вино, а истоименото грозје од француско потекло ги популаризира вината кои се произведувале во Бордо на почетокот, иако е така и денес. Не толку одамна, Cabernet Sauvignon вирее насекаде низ целиот свет, вклучително и во Кина, па и во Либан. Апропо винопијците, енолозите, односно специјалистите за вино го избраа најдоброто за 2021 година, во светски рамки. Гласале 190.000 енолози. Конкуренцијата била огромна, се натпреварувале дури 204.675 различни вина.

Наградата ја добило 2018 Château Mouton Rothschild, црвено вино од Бордо (Франција), чиј состав е 86 % Cabernet Sauvignon, 12 % Merlot и 2 % комбинација на Cabernet Franc и Petit Verdot. Зад себе остава мирис и вкус на зачини, како и темноцрвени, модри овошја. Се избрало и најдоброто бело вино - австралиското 2018 Penfolds Yattarna Bin 144 Chardonnay. Најдобар шампањ е Rare Champagne Millèsime 2008 од француската покраина Шампањ, а меѓу пенливите вина победило Fontanafredda Alta Langa Rosè Contessa Rosa 2014. Ixsir Grande Rèserve Rosè 2018 потекнува од Либан, долината Бека, и е најдобро меѓу розе вината, додека 2018 Robert Weil Kiedrich Gräfenberg Riesling Trockenbeerenauslese од Рингау, Германија, е избрано за најдобро слатко вино, се разбира ширум светот. Со придавката најдобри се „закитија“ и 2017 Niepoort Vintage Port (порто од Дуро, Португалија), и 2015 Bond St Eden (Cabernet Sauvignon од долината Напа во САД), и 2015 Masseto (Merlot од Тоскана, Италија), и Armand Rousseau Chambertin Grand Cru (Pinot Noir од Бургундија, Франција). За најдобар производител на шампањ е избран францускиот Piper-Heidsieck, американската винарница од

долината Напа - Promontory е прогласена за најдобра во категоријата нова и, следствено, винарот Cory Empting оттаму е најдобар во светски рамки. Фактот дека виното е чувство, емоција во буквалната смисла на зборот, се потврдува и во неодамнешната продажба, односно аукција што ја организираше Christie’s, кога едно шише вино (шампањско) се купило за 57.000 долари. Не случајно велат дека чувствата, емоциите се бесценети. Наводно анонимусот е голем винопиец, а брендот Perrier-Jouët му е омилен кога се работи за шампањ. Цената ја кренала бербата од 1874 година. Производството и денес е исто како некогаш во белгиската Maison Belle Époque, а виното има вкус на батерскоч, карамел и мед. Иако се очекувале 20.000 долари, од високата цена се изненадиле и аукционаторите. Покрај шампањот, купувачот добил и ВИП третман во куќата - посета на винарницата, прошетка низ мануфактурата со еден водич и ручек во нејзината визба каде што ќе може да ги проба деликатесите на кулинарот Pierre Gagnaire со ѕвезда на „Мишелин“. • Игор Ландсберг

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


ГАСТРОНОМИЈА

КИНОА САЛАТА Состојки: • 50 грама киноа • 1/4 марула • 30 грама маслинки • 30 грама шери домати • 20 грама ротквици • 30 грама црвена зелка • 10 грама суво грозје • 10 грама лист од бадем • маслиново масло • сол • оцет

Подготовка:

Сварете киноа според инструкциите на пакувањето, а потоа исцедете ја и ставете ја во сад да се излади. На страна ситно исецкајте ја марулата, изрендајте ја зелката, шери доматите пресечете ги на половинки, а маслинките и ротквиците на помали парчиња. Во садот со киноа додадете ги сецканите производи, зачинете со маслиново масло, сол и бибер по вкус. На крајот декорирајте ја салатата со листови од бадем. Уживајте во неповторливиот вкус на оваа салата! ДОБАР АПЕТИТ! 26

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„ГЛАСОТ ВО НАШАТА ГЛАВА, ЗОШТО Е ВАЖЕН И КАКО ДА ГО КОРИСТИМЕ“ ИТАН КРОС

А

второт е наградуван психолог кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен глас и ни покажува како да го искористиме во борбата со анксиозноста, како да си го подобриме психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочиме нашите врски со другите. Итан Крос ги истражува тивките разговори што ги водиме со себе. Испреплетувајќи ги револуционерните проучувања на мозокот што ги спроведувал во неговата лабораторија со конкретни студии на случај, тој објаснува како внатрешните разговори ги обликуваат нашите животи, работа и врски. Тој предупредува дека препуштањето на негативни и дезориентирачки разговори со себе - што тој ги нарекува „брборење“ може да ни го нарушат здравјето, да ни го „спуштат“ расположението, да ни ги ограничат социјалните односи и да почнеме да попуштиме под притисок. Но, добрата вест е дека ние веќе сме опремени со алатки што ни се потребни да направиме нашиот внатрешен глас да работи во наша полза... Брилијантно аргументирана, стручно поткрепена и полна со приказни со кои секој може да се идентификува, оваа книга ни дава моќ да го смениме најважниот разговор што го водиме секој ден: оној со себеси. •

„30“ ADELE

Ч

етвртиот студиски албум на 33-годишната лондончанка, издание на Melted Stone Limited и Columbia Records, излезе минатата година (19 ноември) по шестгодишна пауза, откако во 2015-тата го издаде третиот, насловен „25“. Пејачката, односно кантавторка, и овој пат работеше со продуцентите Greg Kurstin, Max Martin и Shellback, како претходно, а започна да соработува и со Ludwig Göransson, вклучително и со Inflo, кој работи за бендот Sault. „30“ инаку е комбинација на поп-музика, соул и џез, а тематиката што ја „обработува“ е анксиозноста и разводот, т.е. проблемите со кои се соочуваше во изминатите шест години, не исклучувајќи го и уживањето во мајчинството. На промоцијата й претходеа и два сингла - „Easy on Me“ (15 октомври) и „Oh My God“ (29 ноември). Останатите десет песни се „Strangers by Nature“, „My Little Love“, „Cry Your Heart Out“, „Can I Get It“, „I Drink Wine“, „All Night Parking“ (со Erroll Garner), „Woman Like Me“, „Hold On“, „To Be Loved“ и „Love Is a Game“. Лимитираната едиција за јапонскиот и пазарот на Target Corporation вклучува и три бонус песни - „Wild Wild West“, „Can’t Be Together“ и „Easy on Me“ (со Chris Stapleton). Музичките критичари дадоа позитивна оценка, буквално сите се согласија дека „30“ е најдобриот албум на Adele Laurie Blue Adkins досега. •

„THE KING’S MAN“ (ЧОВЕКОТ НА КРАЛОТ)

Ф

илмот е снимен лани, кога се одржа и неговата премиера, во САД (22 декември) и во Британија (26 декември), благодарејќи на Walt Disney Studios Motion Pictures, неколкупати одложувана поради коронавирусот 19. Освен Matthew Vaughn, кој е и режисер, како автор на филмското сценарио е потпишан и Karl Gajdusek. Се работи за трет филм што й припаѓа на истоимената филмска серија - Kingsman: The Secret Service (од 2014-тата) и Kingsman: The Golden Circle (од 2017-тата), заснована врз познатиот стрип на Mark Millar и Dave Gibbons. Филмот се фокусира на неколку настани во текот на Првата светска војна, вклучително и раѓањето на Kingsman организацијата. Имено, еден човек мора да се трка со времето за да ги спречи најлошите тирани во историјата и криминалните наредбодавци кои се здружуваат со цел да заговараат војна што може да го уништи човештвото, убивајќи милиони луѓе. Филмските критичари се поделени, но сите се согласуваат дека филмот ќе заработи многу поради гледаноста, повеќе од седумдесет и пет милиони долари. • Жанр: акција/ комедија/ шпионажа Актери: : Ralph Fiennes, Gemma Arterton, Rhys Ifans, Matthew Goode, Tom Hollander, Harris Dickinson, Daniel Brühl, Djimon Hounsou, Charles Dance Режија: Matthew Vaughn

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| ПАТУВАЊЕ

Балкански скијачки центри

СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА Е ВО ТЕК, НО КАДЕ ДА СЕ ОДИ ОВАА ГОДИНА? СÈ ПОГОЛЕМ БРОЈ ЕНТУЗИЈАСТИ СКИЈАЧИ ОТКРИВААТ ДЕКА ВО НАШИОТ РЕГИОН ИМА ОДЛИЧНИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ, КАДЕ ШТО НЕМА ДА СЕ ПОТРОШАТ МНОГУ ПАРИ, ДУРИ И ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА. ТАКА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ СТАНУВААТ СÈ ПОПОПУЛАРНИ МЕЃУ ТУРИСТИТЕ ОД ЦЕЛА ЕВРОПА.

П

разниците и зимските одмори веќе поминаа, но допрва доаѓа вистинското време за уживање на планина. Февруари и март се месеци кога љубителите на зимските спортови го користат секој слободен ден или викенд да го поминат на скијачките терени. Зависниците од зимскиот адреналин се воодушевуваат на долги, беспрекорно уредени падини и патеки. Најдете ја планината чии патеки најмногу ви одговараат и почнете да се подготвувате.

Попова Шапка Состојбата на ски-центарот може да ја проверите на интернет-камерата.

28

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

НАЈДОБРОТО ОД ЗИМАТА ДОПРВА ДОАЃА ПОСЕБНА ЗИМСКА ПРИКАЗНА Високо над Тетово, во самото срце на масивот на Шар Планина на надморска височина од 1.700 метри, е сместен нашиот најстар и најпознат планински туристички центар Попова Шапка. Уште со самото пристигнување Шара како да ве исклучува од секојдневниот свет и ве носи во една посебна зимска приказна. Попова Шапка е рај за скијачите, еден од најстарите зимско-рекреативни и планински центри во Македонија и на Балканот. Скијачките патеки на Попова Шапка се од прва класа и почнуваат на 1.690 метри надморска височина, поврзани со жичарници и ски-лифтови. Снегот што паѓа овде е доволно стабилен и може да гарантира квалитетно скијање од декември-јануари до крајот на март. Со само 9,6 километри уредени скијачки патеки, Попова Шапка е погодна за почетници и за оние со средно ниво на скијање, но за љубителите на скијањето во слободен стил и зависниците од адреналин вистински предизвик е големата површина надвор од обележаните патеки.

УЖИВАЈТЕ ВО СНЕЖНИОТ РАЈ Копаоник е најубав кога изгрева сонцето и ги осветлува белите патеки. Со околу 200 сончеви денови и 160 дена снежна покривка годишно, тој е идеално место за љубителите на зимски спортови. Повеќе од 55 километри алпски и 18 километри нордиски патеки привлекуваат и почетници и искусни скијачи и „сноубордери“. Поради најсовремената опрема и современата механизација, 24 ски-лифтови и електронски лифтови, одличните патеки и богатата понуда на хотелско и приватно сместување, Копаоник се наоѓа на листата на 10 најдобри ски-центри во Источна Европа Копаоник


ПАТУВАЊЕ |

Системот за вештачки снег покрива 97 отсто од скијачкиот центар, должината на скијачката сезона веќе не зависи од снежните врнежи, па посетителите можат да уживаат во снегот и пет месеци годишно. Стандардите на ФИС ги исполнуваат три патеки за слалом, велеслалом и спуст, па на Копаоник се одржуваат натпревари што се бодираат за балканскиот и за европскиот куп. Во паркот Сноуборд се одржуваат домашни и меѓународни натпревари, а во ски-градинката со подвижна лента и рингишпил полесно се учат првите скијачки чекори. Во детските снежни викенди малите можат да скијаат со големи попусти. Сезонската карта за скијање ви овозможува и три дена бесплатно скијање на Јахорина. Воведена е „поединечна линија“ на жичарниците „Панчиќев врх“ и „Караман гребен“, што им овозможува на соло скијачите полесно и побрзо да минуваат на жичарницата. На популарната „Копа“ може да уживате и во лизгање, санкање, параглајдерство, а доколку сте љубители на ноќното скијање, на патеката Мало Језеро. Воведена е и автобуска кружна линија од викенд-населбата до центарот на Копаоник, а жичарниците „Бела река 1“ и „Бела река 2“ превезуваат туристи од Брзеќе до центарот на Ко-

паоник. Жичарницата „Панчиќев врх“ со четири седишта (2.017 м.н.в.), покрај скијачите и бордерите, ги превезува сите што сакаат да уживаат во панорамскиот поглед на центарот. А кога ќе се изморите, спуштете се до центарот, задолжително застанете до некое од многуте кафулиња, дискотеки, клубови или ресторани во кои забавата трае до раните утрински часови. БЕЛА УБАВИЦА Природата била дарежлива кога на Јахорина й

подарила многу снег и поволна клима, поради што оваа планинска убавина на југоистокот на Република Српска привлекува многу туристи од странство. Со повеќе од 150 дена снег годишно, но и поради поволните цени, Јахорина е еден од најпопуларните зимски спортско-рекреативни центри на Балканот. На надморска височина од 1.300 до 1.900 метри, скијачите имаат на располагање осум ски-лифтови, како и 20 километри уредени и добро поврзани алпски патеки, со различна тежина, за почет-

Крањска Гора Состојбата на ски-центарот (како и на останатите ски-центри) може да ја проверите на интернет-камерите.

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| ПАТУВАЊЕ

ници, рекреативци и врвни скијачи. Од патеките, две се црни, 14 црвени и четири сини, а има и патеки за крос скијање, како и школа за скијање. Покрај зимските спортови, може да уживате и во санкање, а најхрабрите може да уживаат и во авантура со параглајдерство. На делот од патеката долг 3.290 метри во функција е систем за вештачки снег, а ски-лифтот на патеката Пољице е достапен за љубителите на ноќното скијање. Покрај скијањето, може да пробате и некој екстремен спорт, „сноубординг“, возење со санки или едноставно да се олабавите. Посебно искуство е ноќното скијање и бордањето, но и одличната храна, на многубројните скари покрај патеката се нудат автохтони гастрономски специјалитети од овој крај.Прифатливите цени на ски-билетите и на сместувањето, одличната гастрономска понуда, гостопримството на домаќините и добриот ноќен живот се само дел од причините зошто вреди да се посети оваа бела планинска убавина. БИСЕРОТ НА СОНЧЕВАТА СТРАНА НА АЛПИТЕ Доколку сакате екстремни зимски спортови, тогаш зимскиот центар Крањска Гора во Словенија е идеално место бидејќи во текот на зимата се организираат возбудливи ски-натпревари во слалом, велеслалом, спуст, како и во скијачки скокови, кои се најинтересни за скијачите. Се наоѓа во близина на границата со Австрија и Италија, а блиску е до Националниот парк Триглав на југ. Импозантните шумски врвови на Јулијанските Алпи што се протегаат од Мојстрана до Ратеча и скијачките терени ги привлекуваат и алпинистите и скијачите. Од 20 километри извонредно уредени патеки, три се сини, пет црвени и четири црни, а има околу 40 километри пространи патеки за крос-кантри скијање и нордиско пешачење со адреналин. Покрај ноќно скијање, се организира и скијање за авантуристи, надвор од патеката, од сртот на Јулијанските Алпи. Ски-лифтовите се многу достапни бидејќи се блиску до меѓународните патишта, а поради нивната висина (најниската точка е 813 м до 1.215 м), временските услови се поволни, а снежната покривка е богата. Почетниците и рекреативците може да уживаат и во патеките на Гозд Мартуљек, а патеките на Поткорен се многу понапорни. Исто така, ски-скокалницата на Планица е една од најпопуларните и најголемите во светот. Во подножјето на ски-центарот има кафулиња, ресторани и тераси, како и десетина хотели. Ски-центарот Рогла се наоѓа во североисточ-

30

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Банско

Банско

ниот дел, на надморска височина од 1.050 м до 1.517 м. На вкупно 90 ха има скијачки патеки, уредени ски-патеки и сместувачки капацитети. Од термалните бањи Зреча е оддалечен 17 километри.Популарен меѓу туристите бидејќи има голем број спортски и други содржини, како и меѓу спортистите што тука се подготвуваат за натпревари. Најпопуларен е меѓу почетниците и скијачите со средно ниво, а има одлични услови и за оние малку поискусните скијачи. Тука има 13 скијачки патеки, две се зелени (2 км), четири сини (6 км), шест црвени (8 км) и три црни (4 км). Има и 13 ски-лифтови, два се лифтови за столови, 9 ски-лифтови и три бебешки ски-лифтови. Сите патеки се опремени со топови за вештачки снег. Ноќно скијање е можно и од четврток до недела на осветлените патеки на Кошута и Јаса. Во ски-центарот Рогла особено се популарни патеките за ски крос-кантри. Сноубордерите имаат на располагање 5 километри долг снежен парк наречен „Fun Park Rogla“ - најголема област за сноубординг во овој дел од Европа. На Рогла има и многу добра интерспортска школа за скијање, достапна за возрасни и за деца. Овде може да се најми многу квалитетна ски-опрема. Има и градинка на снег со целодневен престој. УЖИВАЈТЕ ВО СНЕГОТ ДО МАЈ Поради пристапните цени, гостопримството и добро опремените хотели, Бугарија е вистински рај за љубителите на зимски спортови, но и за оние што уживаат во снегот. Тамошните скијачки центри оправдано се сметаат за ексклузивни скијачки центри во Источна Европа. Најпознатите скијачки центри Банско и Боровец во југозападниот дел на земјава се протегаат на планините Пирин и Рила. Најмладиот бугарски скијачки центар Банско,

160 километри јужно од Софија, исто така, е национален парк со повеќе од 60 врвови над 2.700 м надморска височина. Комбинацијата на живописните пејзажи на Националниот парк Пирин и луксузот, новите хотели, модерниот систем на патеки и ски-лифтови, го претворија малото гратче Банско во најпрестижен ски-центар во Источна Европа. Поради суровата клима, сезоната на оваа планина трае шест месеци. Боровец е најстар и најпопуларен ски-центар во Бугарија, каде што скијачката сезона трае од ноември до мај бидејќи се наоѓа на северозападните падини на планината Рила и има систем за правење снег. Околу 40 километри уредени патеки одговараат за сите категории скијачи и имаат услови за ноќно скијање. Од основата (1.300 м.н.в.) до патеката на врвот (2.750 м.н.в.) има гондола (кабини за шест скијачи) и ски-лифтови. Покрај зимските спортови, може да се ужива во баровите, кафулињата и клубовите што се отворени цел ден и ноќ. Во традиционалните таверни можете да ги пробате специјалитетите од бугарската кујна и познатото црвено вино. Скијањето е можност да научите нешто ново, да запознаете нови пријатели, да истражувате нови места и да уживате во снегот со блиските. Ако сè уште не го вкусивте ова задоволство, сега е време за тоа. Никогаш не е доцна да се стекнат нови вештини и искуства. Се чини дека скијањето сè уште й се спротивставува на здравствената криза бидејќи, како што велат експертите, на најмалку две илјади метри надморска височина нема страв од нов грип. • Маргита Поповска


02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| HI TECH

Висока технологија

СОВРЕМЕН КАТАПУЛТ ВРЕМЕ Е НА СОВРЕМЕНИ НЕШТА И ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА, НО СТАРИТЕ ДОБРИ НАПРАВИ КАКО КАТАПУЛТОТ СÈ УШТЕ ДОБРО СЛУЖАТ ИСТО ОНОЛКУ КОЛКУ И НАЈСОВРЕМЕНИТЕ РАКЕТНИ СИСТЕМИ ЧИЈА ЦЕНА ВО МОМЕНТОВ СЕ МЕРИ СО ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ.

В

селенската технологија отсекогаш била достапна само за најбогатите. Истражувањата се премногу скапи, особено тие наменети за леталата, нивото правење, одржување, сето тоа се мери во милијарди долари. И не е само ракетата, леталото, туку космодромот, неговото одржување и хектолитрите вода потребни при лансирањето и трошењето преголемо количество ракетно гориво. Да не говориме за ракетни системи кои треба да пренесат човечки екипаж - тие се неколкукратно поскапи отколку ракетите кои со себе носат сателити. Денес цената за лансирање комуникациски сателит во земјината орбита изнесува 62 милиони долари. Бидејќи човекот по природа е љубопитно суштество, везден само нешто размислува, испитува, експериментира и копнее по нештата, од пред неколку децении во умот му се врти идејата да создаде летало кое ќе го напушти тлото од планетава и ќе стаса во вселената, но не со класичните ракети, туку со ракета која користи механичка сила, на пример катапулт. Изгледа малку смешно,

32

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

неостварливо, детски и чудно!? Можеби е така, но неколку компании сериозно навлегле во конструирањето машина (катапулт) со која ќе лансираат летала во вселената. Компанијата „Спинлонч“, од Калифорнија, отиде најдалеку и зад себе веќе има еден успешен експеримент постигнат минатата година во октомври кога лансираше проектил во вселената со помош на катапулт од сопствено производство. Проектилот се става во уредот (катапултот), потоа се создава вакум во тој простор и проектилот го вртат во круг со брзина за неколку пати поголема од брзината на звукот. Кога проектилот (ракетата) ќе ја постигне крајната брзина (околу 343 m/s x 4) при ротирањето, уредот го откачува проектилот и тој излегува преку една вертикално поставена цевка која игра улога на лансирна рампа. Откако сателитот ќе биде поставен во земјината орбита, проектилот со помош на падобран се враќа на земјата, го обновуваат и истиот повторно е подготвен за лансирање. Обидот се темели на центрифугалната сила која е искористена до крајни граници со уредот наречен катапулт. За понатамошните лансирања кои ќе бидат редовни, компанијата Спинлонч има намера да изгради уред (катапулт) за лансирање три пати поголем отколку сегашниот со кој е извршено успешното лансирање на 22 ок-

томври. Колку да имате претстава, сегашниот катапулт е висок 50 метри. На почетокот ја спомнавме сумата од 62 милиони долари потребна за лансирање на комуникациски сателит со класичните ракети. Со катапултот на Спинлонч цената драстично паѓа на само 500.000 долари и притоа не се потребни хектолитри вода, преголема количина посебно гориво кое откако ќе изгори остава зад себе тони од честички и штетни гасови и уште којзнае колку тони прашина од алуминиумска легура која останува во орбитата засекогаш. Тука се појавува и вселенскиот отпад. Во моментов има 6.000 сателити во орбитата над планетава од кои 3.600 се целосно неупотребливи. Откако некој ќе биде привлечен од земјината тежа, тој гори поради триење во атмосферата. Металниот космички отпад ќе изгори, но прашината од согорувањето со децении ќе се задржи во горниот дел од атмосферата и токму таа е загадувач на планетата, затоа што ракетите се направени од алуминиумски легури, а прашината за која зборуваме во себе најмногу има алуминиум. Лансирање за 500.000 долари, далеку поевтино од сегашните лансирања, ќе овозможи голем број на држави да лансираат сателити, (не само најбогатите) речиси никакво загадување на планетата. • Жарко Атанасовски


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ НА ЕДНО МЕСТО ЗЕЛЕН КАРТОН МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ

www.amsm.mk

02/3181-181 33

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


| ИСТОРИЈА

Волво, 95 години

ВРВ НА БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ ВОЛВЕРЕ - ЈАС ТРКАЛАМ, СПАЛНАТА СОБА НАРЕЧЕНА ВОЛВО, „ЕСТЕЈТ“ ОДНОСНО КАРАВАНОТ НА ВОЛВО ЕДИНИЦА МЕРКА ЗА СЕМЕЕН АВТОМОБИЛ, ТЕШКАТА СПЕЦИФИКА ОД ДИЗАЈН НА МОДЕЛОТ „480“, ПОТОА „В 40“ НАЈДОБРИОТ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО ЈАТОТО НА EURO NCAP И ЗА КРАЈ СЕТО ДОСЕГА КАЖАНО Е ПОТПИШАНО СО ЗБОРОТ БЕЗБЕДНОСТ.

Ш

том се спомне името на тие автомобили, веднаш на сите им е јасно, зад тоа име стои зборот безбедност и квалитет. Името на автомобилите и зборовите безбедност и квалитет се поврзани уште од почетокот и тоа е така сè до денешен ден. Ако некоја марка полага толку многу внимание на безбедноста на патниците, тогаш тоа е Волво. Безбедноста е нераскинлив збор од патешествието на Волво уште од првиот произведен автомобил, поточно од пред 95 години (1927). Приказната за Волво датира од почетокот на ХХ век, 1911 год. кога компанијата СКФ одлучила да создаде нова серија лежишта (лагери). Одговорните во компанијата решаваат таа нова серија лежишта да ја нарече „волво“

и воедно за таа цел основаат посебен оддел и ја формираат марката Волво. Потеклото на тој збор доаѓа од латинскиот „волвере“, а во превод значи „јас тркалам“. Новиот модел лагери влегол во производство, но челниците ја напуштиле идејата да ги именуваат со зборот „волво“, односно топчестите производи и натаму го носеле името СКФ. Така се одвивале нештата тогаш во спомнатата компанија, но зборот „волво“, ново основаниот оддел и марката Волво останале во архивата на СКФ. Сега доаѓаат годините кога еден вработен во СКФ заедно со претставник од КТХ (Кралски технолошки институт) доаѓаат на идеја да создадат домашен автомобил. Асар Габриелсон е организатор за продажба во СКФ, додека Густав Ларсон е конструктор и вработен во институтот КТХ. Нивната желба за создавање автомобил од домашно производство тлеела подолго време, а созреала на почетокот од 20 години од минатиот век, односно во 1926 год. кога конструираат десет прототипови. Тие заедно со останатите вклучени во работата најнапред сакале да направат семеен автомобил, пред сè безбеден, а потоа и квалитетен кој ќе ги издржи нерамнините на лошите патишата и да може да се справи со суровите зимски услови кои владеат во скандинавските предели. Спомнатите параметри, ако можеме така да ги наречеме, им биле темел при создавањето на автомобилот. 14 април 1927 година ќе биде запишан во историјата на компанијата како ден за паметење, затоа што на тој ден од халата лоцирана во Гетеборг, излегол првиот сериски произведен

Фиат 500 од 1957 год.

автомобил со името Волво, моделот „ов 4“. Оттогаш до денешен ден поминале 95 години, а Волво сè уште ја исполнува заветнината, пред сè безбедност, а потоа и квалитет. До крајот на првата година од производството биле направени 280 примероци од моделот „ов 4“ наречен „јакоб“. Волво не се потпрел исклучиво на автомобилите, во 1928 го претставува првиот камион именуван како „серија 1“. Занимлив е податокот што камионите имале голем успех уште со првиот модел. Производството полека, но сигурно растело иако не со посакуваното темпо, но сепак се одвивало во нагорна линија. Колку за пример ќе го наведеме податокот од 1930 година кога биле произведени 639 автомобили. Во тој предвоен период камионите биле далеку попознати од автомобилите, дури и надвор од државата. Повоениот период е ера на автомобилите. Тогаш квалитетните и безбедни чуда на четири тркала ќе го добијат потребното внимание од публиката. Успехот на Волво во предвоениот период главно се темелел на „пв 651“ и секако камионите. Добрите продажни резултати и одличната финансиска состојба довела до

Асар Габриелсон и Густав Ларсон, основачите на одделот за производство на автомобилите Волво

34

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ИСТОРИЈА |

купување на компанијата Пентаверкен која дотогаш била снабдувачот на Волво со мотори. Оттогаш Пентаверкен е во јатото на Волво и така е до денешен ден. АВТОМОБИЛ ЗА НАРОДОТ Во 1932 год. Волво ја достигнува бројката од 10.000 произведени автомобили. Сите оддели на компанијата биле задоволни од тоа како се поставени работите, но иако од финансиска гледна точка сè било во ред, сепак една карика од синџирот не била на исто мислење со останатите. Тој дел од синџирот се продавачите на автомобилите Волво кои барале од челниците и конструкторите да создадат евтин автомобил покрај скапите лимузини. Тие го нарекувале „автомобил за народот“, а одговорните им излегуваат во пресрет и во 1936 година го претставуваат моделот „пв 51“. Многу сличен по дизајн на поголемиот и поскапиот „пв 36“, но со помалку опрема. Во тој период производството почнало да се намалува се повеќе како резултат на приближувањето на Втората светска војна. Откако поминал црниот период за светот, Волво многу рано и брзо го обновува производството, затоа во неговата историја е запишано појавувањето на моделот „пв 444“ во 1944 година. Тој модел е токму наменет за народот, едноставен, практичен, рационален со скромни димензии и автомобил кој можел да одговори на сите барања на едно семејство. Моделот „пв 444“ бил молскавично прифатен и поволните финансиски движења не изостанале. Во 1949 се појавува караван изведбата именувана како „пв 445 дует“. Овој караван е првиот во семејството, каросериска изведба Првиот автомобил на Волво „ов 4“ популарно наречен „јакоб“ (1927)

која подоцна ќе стане своевиден втор заштитен знак на шведскиот производител. Во 1958 год. на моделот „пв 444“ му се придружува моделот „пв 544“ кој има сличен дизајн, но е подолг и поширок со поудобен оддел за патниците. Две години пред појавувањето на овој сличен модел, Волво пушта пробен балон со класична лимузина и современ дизајн. Класиката од лимузина е „п 1200“, односно „п 120 амазон“. Пробен балон затоа што Волво внесе сосема поинаков дизајн од дотогашниот и сакаше да види како моделот најнапред ќе се снајде на домашниот пазар. Овој сосема нов модел до пред извесно време можеше да се види и низ улиците на државава. Во тоа време, 1956 година, се појавува и кабриолетот „спорт п 1900“. Поволните финансиски движења во '50 и '60 години од минатиот век условиле компанијата да создаде стабилна основа за понатамошен развој, а водечки модели кои придонеле за благосостојбата во компанијата се: „пв 444“ заедно со караван изведбата „пв 445 дует“ и сличниот на нив, но поголем и поудобен, моделот „пв 544“. Откако е создаден современиот дизајн, се мисли на класичната лимузина со три простори, на Волво му се отворени вратите кон современите дизајнерски решенија. Новиот популарен модел „амазон“ од 1956 година добива втора генерација но со две врати, во 1961 година именувана како „п 130 амазон. Во таа 1961 година Волво го претставува купето „п 1800“ едно од најбавите во автомобилската индустрија. Речиси во исто време „амазон“ добива караван изведба, но не со име „дует“, туку „естејт“, односно „п 220 амазон естејт“. Втората половина од '60 години е позната по појавувањето на уште еден модел

Првиот краван (естејт) во семејството Волво, моделот „пв 445 дует“

Некаде во '50 години од минатиот век, за удобен автомобил се сметал тој во кој патниците може да преспијат. Кај кабриолетите важело нешто слично, односно ако може возилото да послужи како кревет тогаш таа предност ќе биде искористена при рекламирањето на моделот. Волво си прави приказна според која моделот „пв 544“ е исто толку удобен како при возењето така и при спиењето. За таа цел не само што седиштата биле прилагодени од страна на конструкторите да имаат својство на вистински кревет, туку Волво тргнал да оди уште подалеку - заедно со автомобилот продавал и ќебиња со заштитниот знак.

кој го прославил името Волво. Тоа е моделот „144“ и неговите подизведби „142“, караванот „п 145“ и луксузниот „164“. Во '70 години претставен е директниот наследник на 144, моделот „244“ и караванот „245“. Луксузот, исто така, добива наследник, моделот „264“, замена за „164“. Тука Волво прави место за соло играчите кои наместо лимузини повеќе сакаат купе, но во рангот на луксузната лимузина „264“ - во 1977 лансиран е купе моделот „262 ц“. Најмалите во семејството многу добро се снаоѓаат покрај поголемите, најнапред 140, потоа замената беше означена како 240, а потоа на ред стаса 340, за некаде по осум години да биде заменета со „четири стотките“. Тука некаде доаѓа и серијата „700“ нов чекор, поголем, кон луксузот и напад во горната средна и високата класа. Во 1985 Волво неочекувано за конкуренцијата се појавува моделот „480“, со типичен

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ИСТОРИЈА

комбилимузински заден дел, невообичаено остар и спуштен преден дел и прв Волво со погон на предните тркала. Овој дизајн на Џон де Врис под раководство на Роберт Кох тогашен прв човек во дизајнерскиот оддел во Недкар, Холандија, и за денешни услови е еден од најнапредните, а не пак тогаш во 1985 год. Тешка специфика од модел, препознатлив насекаде и отскокнуваше со дизајнот од дотогаш севкупното семејство на Волво. Посебно занимливи беа озборувањата за овој модел кој неретко беше нарекуван шведски автомобил со јапонски дизајн. Е сега имаме една „математичка непозната“, првите цртежи од моделот „480“ се појавиле во 1979 година и сè до 1981 не се знаело дали ќе влезе во сериско производство. КОЈ ОД КОГО ПРЕПИШУВАЛ? Кога сме веќе во класата погоре, во луксузната, Волво во 1991 год. го лансира моделот „850“, првиот со погон на предни тркала од високата класа, замена за „900“ односно „940“ и „960“, По него доаѓа „с 80“ и подоцна „с 70“ и „в 70“, а меѓу нив и „ц 70 купе“ преубав примерок кој беше основа за кабриолет изведбата „ц 70 конвртибл“ (1997 - 2003). Тука некаде се надзира падот на острата линија толку препознатлива за Волво. Култен дизајн, наречен од љубителите на автомобилите „волво дизајн“, но тогашните челници мислеа поинаку. Затоа многумина тоа го смеМал семеен Волво, модел „440 глт“ од 1988 год.

таат за грешка во чекори на дизајнерскиот оддел. И до денешен ден препознатливата „волво линија“ не е вратена. Сегашните модели сè повеќе се заоблени и како да се претопуваат со едноличноста на облиците со другите автомобили. Има по некоја нота на таа препознатлива линија, но не е тоа тоа што би требало да биде. Волво во соработувал со повеќе производители. Имало комбинација да биде во заедништво со домашниот ривал СААБ -

36

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Волво в 40“ автомобил со највисоки оцени откако постојат испитувањата во лабораториите на Еуроенкап.

Сканија во 1977, но ништо не се случило. Во таа деценија Волво започнува соработка со Рено, а во 1978 год. Волво Кар Корпорејшн се издвојува од Волво Груп. Тогаш Рено купува мал дел од акциите на Волво и соработката се продлабочува. Рено ќе помогне во доменот на компактните автомобили, а Волво за возврат ќе помогне во делот со лимузините. Соработката одела дотаму што двете компании одлучиле стратешки да се врзат и да продолжат заеднички. Идејата била прифатена од страна на Рено и неговите акционери, но тоа не поминало во таборот на Волво. Сепак од таа соработка Рено ги има доведено своите автомобили да бидат безбедни до крајни граници, а сведок за тоа се тестирањата извршени во Еуро НКАП и освоените пет ѕвезди на полето на безбедноста од страна на речиси сите модели на рено. Волво соработувал и со Митсубиши. Заеднички вложуваат во една фабрика од ДАФ и таму Митсубиши ја произведува „каризмата“, а Волво моделот „с 40/в 40“. Таа фабрика била именувана како Недкар.

Во 1999 Волво е купен од Форд за 6,45 милијарди долари, така што сега во јатото наречено Премиум Аутомотив Груп покрај Јагуар, Ленд Ровер и Астон Мартин се наоѓа и Волво. Денес работите се поинакви. Преголемиот развој на автомобилската индустрија во Кина услови појава на моќни компании. Една од нив е Гили која во моментов е сопственик на повеќе автомобилски марки меѓу кои и Волво. Денес Волво е еден од производителите кои прават најбезбедни автомобили, а можеби е и на врвот од тој список. Неговиот начин на работење и опстојување доволно кажува за тоа како треба да се чува традицијата и главните одлики кои го одбележале не само името Волво, туку и изминатите 95 години. Така е тоа во средините каде заветот и традицијата се чуваат љубоморно и се надоградуваат со секој изминат ден. Заветот што го оставиле Асар Габриелсон и Густав Ларсон сè уште е присутен, како вчера да е даден, а новите генерации одговорни умеат да го чуваат, негуваат и унапредуваат. Доказ за претходно напишаното е следново, втората генерација на „волво в 40“ доби највисоки оценки кои некогаш биле издадени од ЕуроНКАП. Историјата не памети некој автомобил да добил толку високи оценки за безбедност како моделот „в 40“. Од 1944 до денес Волво во своите автомобили вградил повеќе од 60 безбедносни чинители, што од свое производство, што позајмени од другите производители. Овие спомнати нешта ретко ќе ги сретнете во автомобилите од другите производители.

• Жарко Атанасоски


СПОРТ |

Рели Дакар 2022

ПУСТИНСКИТЕ ТАЛКАЧИ, 44. ДЕЛ УШТЕ ЕДНО РЕЛИ ДАКАР СЕ ВОЗЕШЕ НА АРАПСКИОТ ПОЛУОСТРОВ - ТОЈОТА БЕШЕ ГЛАВНА ВО КЛАСАТА НА АВТОМОБИЛИТЕ СО Н. АЛ АТИЈА И М. БАУМЕЛ, НО И СО ЈАЗИД АЛ РАЏИ И СОВОЗАЧОТ МАЈКЛ ОР КОЈ СЕ ПЛАСИРАШЕ НА ТРЕТОТО МЕСТО. ТАМУ КАДЕ СЕ ВОЗИ НА ДВЕ ТРКАЛА ПОБЕДИ ГАСГАС СО СЕМ САНДЕРЛЕНД, А ВО ДРУШТВОТО НА НАЈГОЛЕМИТЕ СО ГОДИНИ НАНАЗАД КАМАЗ ПРАВИ „ПЕПЕЛ“ ОД КОНКУРЕНТИТЕ, ОВОЈ ПАТ ВО ФОРМАЦИЈА 1 - 2 - 3 - 4 КАДЕ НАЈУСПЕШНО БЕШЕ ТРИОТО Д. СОТНИКОВ, Р. АКМАДЕЕВ, И. АКМЕТЗИАНОВ

А

втомобилската индустрија заедно со нејзиниот крем наречен автомобилски спорт, од 1978 го започнува своето патешествие уште од првите денови од годината со релито Дакар, претходно попознато како Париз Дакар. Во тие исти денови паралелно се одржуваше и Салонот за автомобили во Детроит, еден од големата светска петорка, но организаторите го префрлија за на лето. А што претставува релито Дакар само по себе - тоа е собир на сонувачи, собир на љубители на пустинските предели, собир на авантуристи и трагачи по возбуда, но и собир на најхрабрите, најиздржливите и најподготвени возачи, совозачи, механичари и другите членови во тимовите. Накусо кажано релито Дакар е две недели возење со големи брзини низ пустина. Годинава се возеше 44. издание од релито Дакар кое започна во првиот ден од годината, а заврши 13 денови подоцна. Стартот беше закажан на 1 јануари во 10:00 часот по локално време, а возилата тргнаа од Џеда во освојување на 8.404 км долгата рута. Релито беше поделено во 12 етапи од кои првата двојна, секој ден по една, со тоа што на 8 јануари во Ријад учесниците имаа ден за одмор. Многу тимови ги засукаа ракавите и тргаа во одлучувачка битка за освојување на драго-

цената титула. Ауди допатува со елитата од возачи, К. Саинц, С. Петерхансел и М. Екстром и возило кое ветуваше врвни резултати. Тимот одговорен за возилата од марката Мини како да беше воздржан годинава или само нас ни се чини така, а некако најмирно, но грижливо и без никаква помпа од јавните гласила, Тојота го подготвуваше својот тим заедно со стариот волк Насер ал Атија со совозачот М. Баумел. Тука беа и С. Лоеб, О. Теранова и Х. Н. Рома сите кој од кој одбрани во тимот на Продрајв. Релито почна и како што почна така и заврши - Насер Ал Атија со совозачот М. Баумел со нивното возило од марката Тојота, како што се закотвија на челната позиција уште на првиот ден од релито, така и го завршија. Ниту во еден момент нивното водство не беше доведено во прашање, посебно што совозачот Баумел математички прецизно си ја одработил навигацијата во сите денови од релито. За Н. ал Атија ова е четврта титула на релито Дакар и сега е изедначен со легендарниот Ари Ватанен, а најтрофеен возач во класата на автомобилите е С. Петерхансел, осум пати прв стигнал до целта. Првите три титули ги има освоено во 2011, 2015 и 2019, а во 2020 и 2021 беше второпласиран. Деветкратниот шампион од ВРЦ Себастијан Лоеб и совозачот Фабијан Луркин,

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


колку и да напаѓаа, колку и да настојуваа да го стопат водството на катарскиот возач, не успаја во намерата и мораше да се задоволат со второто место со задоцнување од 27 минути и 46 секунди. За многумина неочекувано, но заслужено Јазид ал Раџи и совозачот Мајкл Ор се искачија на третото место на подиумот, исто така, со возило на Тојота. Мотоциклистите, тие се најдивите и најсмелите на „патувањето“ долго скоро 8.500 км. Во оваа

класа Сем Сандерленд беше најбрз, додека Квантанила по втор пат го освојува второто место во три последователни учества на релито Дакар. Матијас Валкнер, победникот од 2018 год. го зазеде последното место на подиумот. И еден вреден „миг“ за спомнување приреден од 20 годишниот Мејсон Клеин. Првпат учествува на релито и стаса до деветтото место, со 13 секунди пред двократниот шампион Тоби Прајс. • Жарко Атанасовски

Рута Рели Дакар 2022

38

Победници во класата на мотоцикли

1 јануари 2022

Џеда - Хаил

614 km | 19 km

етапа 1A

2 јануари 2022

Хаил - Хаил

514 km | 333 km

етапа 1B

3 јануари 2022

Хаил - Ал Касума

791 km | 338 km

етапа 2

4 јануари 2022

Ал Касума - Ал Касума

636 km | 255 km

етапа 3

5 јануари 2022

Ал Касума - Ријад

707 km | 465 km

етапа 4

6 јануари 2022

Ријад - Ријад

560 km, 346 km

етапа 5

7 јануари 2022

Ријад - Ријад

620 km, 404 km

8 јануари 2022

Ријад ОДМОР

9 јануари 2022

Ријад - Ал Давадим

1.

3

Сандерленд / Гасгас Фактори Рејсинг

2.

7

П. Квинтаниља / Монстер Енерџи Хонда

3.

52

Валкнер / Ред Бул КТМ Фактори Рејсинг

Победници во класата на автомобили 1.

201

Насер ал Атија - Метју Баумел / Тојота Газу Рејсинг

етапа 6

2.

211

С. Лоеб - Ф. Луркин / Бахреин Раид Екстрим

/

/

3.

205

Јазид ал Раџи - Мајкл Ор / Оувердрајв Тојота

701 km | 402 km

етапа 7

10 јануари 2022 Ал Давадими - Вади Ал Давасир

830 km | 395 km

етапа 8

11 јануари 2022 Вади Ал Давасир - Вади Ал Давасир

491 km | 287 km

етапа 9

Победници во класата на камиони 1.

500

Д. Сотников, Р. Акмадеев, И. Акметзианов / Камаз Мастер

2.

505

Е. Николаев, Е. Јаковлев, В. Рибаков / Камаз - Мастер

12 јануари 2022 Вади Ал Давасир - Биша

759 km | 375 km

етапа 10

13 јануари 2022 Биша - Биша

501 km | 346 km

етапа 11

3.

501

А. Шибалов, Д. Никитин, Иван Татаринов / Камаз - Мастер

14 јануари 2022 Биша - Џеда

680 km | 164 km

етапа 12

4.

509

А. Каргинов, А. Мокаев, И. Малков / Камаз - Мастер

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| СПОРТ

Порше Карера Куп Италија

ПОМИНАА ДВЕ СЕЗОНИ ОД ДЕБИТО НА МАКЕДОНСКИОТ ВОЗАЧ ВО СВЕТОТ НА ТРКИТЕ СО СУПЕР СПОРТСКИ АВТОМОБИЛИ, А ГОДИНАВА ЌЕ ДОБИЕ НОВО ВОЗИЛО ПОРШЕ 992 ГТ3.

Б

ранот на новитети пред секоја сезона е веќе тренд во секој аспект на авто мото спортовите, па не ја заобиколи ниту серијата Порше Карера Куп, во чие италијанско издание настапува македонскиот возач Рико Вуков. Рико веќе две години собира искуство во ГТ трките, а минатата година во интервју за АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ најави дека сонува да биде првиот Македонец што ќе настапи на познатата трка „24 часа Ле Ман“. Тој е единствениот македонски возач кој има на располагање првокласно спортско возило со заден погон, какви што се користат во многу други брзински шампионати, како што се трките на издржливост и Формула 1. Вредноста на новото возило кое тимот „ЏДЛ Рејсинг“ го набави за новата сезона е 258 илјади евра, во текот на годината ќе биде одржувано и опремувано за трките од новата сезона во Порше Карера Куп Италија. Сопственикот на „ЏДЛ Рејсинг“ е поранешниот возач, Џанлука ди Лоренци, кој во пресрет на новата сезона лиферуваше соопштение до медиумите во кое се огласи со свое мислење за минатата сезона. – Би рекол дека беше добра, гледано генерално. Тој е единствениот возач што настапува во Карера Куп Италија, а не тестира како неговите ривали. Едноставно, неговите

40

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ТРЕТА СЕЗОНА ЗА ВУКОВ ВО ГТ ТРКИТЕ противници се многу поискусни. Ако јас се прашувам, резултатите во трката беа исклучително добри, а тоа се виде и на патеката Франчакорта, за време на Фестивалот Порше. Таму и неговите противници имаа исто познавање на таа нова патека, па тој за малку не успеа да се најде на подиумот. Единствено грешките во квалификациите беа пресудни што тој стартуваше од назад. Но тој викенд ја одушеви публиката бидејќи беше единствениот возач кој направи толку многу престигнувања на патеката наречена „малечкото Монте Карло“. За 2022 година, мојата визија е добра, имаме ново возило, несекојдневното Порше 992, кое сега сите возачи ќе го возат без АБС системот. Едноставно, сите пилоти ќе бидат на исто ниво. Вуков мора да ги направи неопходните тестирања и да инвестира одреден буџет во таа насока. Ако дојдете на патеката подготвен, со 90% завршена работа во тренинзите, тогаш викендот ќе го посветите на својот фокус за возењето,- порача тимскиот шеф. Побаравме изјава и од Вуков, кој за разлика од неговите противници, во Македонија нема услови да тренира со возилото, а првите тестови со новиот автомобил ќе ги има напролет. - Џанлука е сосема во право дека ми се потребни повеќе тестирања, повеќето од моите колеги „спијат“ по автодромите во Италија и немаат прекин од шест месеци како јас. Но, овој пат сите ќе имаме нови возила, ќе треба

да се приспособиме на нив, на новиот начин на сопирање. Затоа, очекувам да бидам за нијанса поконкурентен, но човек едноствано никогаш не знае што носи иднината. Така лани очекував да ми биде полесно отколку во првата сезона, но се случи наместо по 20 возачи да има по 35 возачи во трка и работата тргна во погрешна насока. Ова се куп натпреварувања, сите возат со исто возило, па времето поминато во тестирање е исклучително важно кога се бориш за секоја стотинка поради големата изедначеност на сите автомобили. Се одлучив да не го менувам првенството, бидејќи време е да го подигнам сопственото ниво на овие патеки што ги знам. Во 2022 година, сите ќе го учиме возилото кое најмногу ќе се разликува по фактот дека ќе нема АБС, а всушност генерира посилен воздушен потисок и поради тоа е за нијанса побавно на правците, иако


СПОРТ |

ЌЕ СЕ ПРЕПОЛОВАТ РАЗЛИКИТЕ МЕЃУ ЕКИПИТЕ Согласно пропозициите, на секој гран при викенд се возат по две трки кои траат по 25 минути плус еден круг. Специфика е што за втората трка се ротираат првите шест возачи, а другите стартуваат како што завршиле во првата.

има преку 500 коњски сили. Затоа не сакав да одам некаде што не ги знам патеките и тимот. Тука треба да поработам на себе и ако успееме да го подигнеме нивото, сигурно ќе имаме подобри резултати. Врзано за подготовките, Вуков откри уште еден куриозитет што ќе даде свој печат за оваа сезона. - Од тимот ми понудија да тестирам со болид на Формула 4. Јас одамна не сонувам за кариера во тој сегмент од авто спортот, но ќе имам можност да видам како се доживува една патека на два различни начина кога се вози со Порше наспроти со болид на Фор-

мула 4. Ценам дека тоа ќе биде добро за да се истенчат возачките чувства. ГТ возилата според своите перформанси се помоќни, со околу 500 коњски сили, но сепак болидите се уникатни како школо за возење спортски автомобил. Мојата цел е позната – да продолжам во повисоките класи од ГТ трките каде што возилата имаат исклучиво заден погон, како што е Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1, или трките на издржливост од типот „24 часа Ле Ман“. Попатно, сите искуства ги сметам за добредојдени до конечно остварување на тие соништа.

ГП Викенд 1

7-8 мај

Имола

ГП Викенд 2

7-8 мај

Мизано

ГП Викенд 3

16-17 јули

Муџело

ГП Викенд 4

17-18 септември

Валелунга

ГП Викенд 5

1-2 октомври

Франчакорта

• Александар Табаковски

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

МЕРЦЕДЕС И РЕД БУЛ КАКО ЛИДЕРИ ВО ПРЕТХОДНИОТ РАСПОРЕД НА СИЛИТЕ, МОЖАТ НАЈМНОГУ ДА ИЗГУБАТ СО ПРОМЕНАТА НА ПРАВИЛАТА.

Н

овите правила за аеродинамиката се главната приказна во пресрет на новата сезона од Светското првенство на Формула 1. За нив се зборува веќе подолго време и очекувањата се дека со нивното имплементирање ќе се постигне извесно „поедноставување“ на равенката за успех. Мерцедес и Ред Бул како лидери во претходниот распоред на силите, можат најмногу да изгубат со промената на правилата. При претходниот ваков историски момент, кога во Формула 1 беа повторно воведени турбо моторите, на почетокот од 2014 година, беше прекината доминацијата на Рено, којашто функционираше идеално четири години по ред во болидот на Ред Бул, со кој Себастијан Фетел ги освојуваше шампионските титули. Од 2014 до денес, Мерцедес е шампион во конкуренција на конструктори, а Макс Ферстапен последнава година успеа да стигне до егал позиција со Хамилтон и да ја направи трката за титулата интересна до последната трка.

42

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ИДНИНАТА БАЗИРАНА НА СТАР РЕЦЕПТ ЗА ДОБРО ШОУ Овие правила требаше да дебитираат во 2021 година, но со појавата на светската пандемија од Ковид 19 беше дадена дополнителна година за нивна имплементација, уште на почетокот во 2020 година. Уште еден важен момент кој треба да се има предвид е дека со ова се редефинираат правилата за конструирање на болидите, но ќе уследи и уште една голема промена за три до четири години, кога ќе се зборува за како ќе треба да бидат конструирани моторите по 2025 година. Организаторите веруваат дека со вака конципираниот аеродинамички пакет ќе има поголема изедначеност меѓу тимовите, а со тоа и повеќе различни победници во трките, како и повеќе кандидати за освојување на титулата. Ваквите очекувања се темелат врз основа на она што беше видено во минатото, поточно на крајот од 70-тите и почетокот од 80-тите години, кога аеродинамиката на болидите во однос на онаа денес може да се оцени како „примитивна“, при што придобивките за возачите се помали, но во исто време ги нема и споредните нус појави, како што е создавање на турбулентни воздушни

маси за болидот назад, со што се оневозможува престигнувањето и се уништува шоуто. Со новиот дизајн на болидите, кој се должи на големи промени на правилата, инженерите ќе се обидат да извадат максимум перформанси во дадената равенка. Поранешниот технички директор на Лотус, Ферари и Мерцедес, кој сè уште работи за „сребрените стрели“, Џејмс Елисон очекува дека не сите екипи ќе имаат точна интерпретација на она што е најдобро решение. - Сите членови на нашиот тим, како и сите членови на другите тимови, се имаат обидено да го дадат својот максимум и да направат дизајн кој ќе биде совршен за овој сет на правила. На почетокот од сезоната сите ние ќе започнеме да откриваме низ трките што ќе следат како точно ќе се манифестира тоа. Имајќи предвид дека возилата ќе бидат нови и различни, на една до две екипи нештата ќе им тргнат во лоша насока. Тие ќе имаат тегобна и болна година. Исто така, мислам дека сите ние во извесен степен ќе имаме оставено на маса некои работи коишто не сме ги предвиделе. А кога ќе ги погледнеме другите болиди ќе си речеме „Па, добро, зо-


СПОРТ |

што на нас не ни текна тоа“? Потоа ќе следува луда трка за да се примени некоја идеја на болидот што е можно побргу, по што сите ќе почнеме да го трасираме нашиот пат од онаму каде што ќе се најдеме по првата трка. Ако случајно сме среќни да бидеме напред, тогаш ќе треба да се чуваме од волците што ќе не напаѓаат одзади. Ќе биде голема брканица во која што е сигурно само едно, а тоа е дека нема да имаме многу време за спиење. Но, за да не биде сè премногу едноставно и да наликува на враќање во минатото, има неколку детали што ќе претставуваат извесен нов зачин во стариот рецепт. Така, на пример, од сезонава во Формула 1 дебитираат тркала со пречник од 18 инчи. Главната заднина на промената кај пневматиците е да се доближи технологијата која што се развива во спортот до онаа која се употребува на секојдневните патишта. Досега болидите користеа бандажи со пречник од 13 инчи и немаше промени по тоа прашање најмалку во последните четири декади. Се шпекулира дека во годината на промени од Пирели ќе се бара да понуди квалитетен производ кој нема сам по себе да претставува проблем во начинот на користењето, односно ќе се одликува со висока издржливост и широк работен опсег. Тоа, пак, ќе значи дека стратегиите на тимовите ќе бидат прилично еднонасочни, со што е можно помалку влегувања во боксот, наспроти она за што се

стремеше организаторот во претходните години. Подготовката на новите гуми Пирели ја започна уште кон средината на 2019 година, бидејќи и тие требаше да дебитираат во 2021, но беа одложени за оваа година поради истите причини како и другите правила. Нема да има разлики во начинот на кој што се номинираат пневматиците, па така ќе се употребува скалата со пет нивоа на тврдост, а зависно од типот на автодромот каде што се вози, ќе бидат избрани по три од можните пет смеси. - Моравме да направиме комплетен редизајн, не само на конструкцијата, на профилот, туку и на целиот ранг на смесите. Во нашите преговори со организаторите се договоривме кон што ќе целиме, а тоа значи дека има цела низа на параметри кои што се различни гледано од 2021 година. Обративме внимание на разликите меѓу смесите, како и на нивото на деградација, па во трките би требало да видиме комбинации од едно или две застанувања, - објасни Марио Изола, предводник на програмата на Пирели во Формула 1. Според фидбекот што бил добиен од возачите на тестирањата, новите гуми покажувале помали тенденции за прегревање, поради што помалку треба да бидат чувани од страна на возачите во текот на трката, што отвора можности и за нивно поагресивно користење за разлика од минатите сезони.

ЌЕ СЕ ПРЕПОЛОВАТ РАЗЛИКИТЕ МЕЃУ ЕКИПИТЕ Николас Томбазис, инженер кој во минатото работеше за Мекларен и Ред Бул, сега е дел од персоналот на ФИА, каде што се пишуваа правилата за аеродинамиката. Со цел да се избегне ситуација како во 2009 година, кога ФИА воведе промени на тогашните болиди, но дел од тимовите решение пронајдоа во таканаречените „двојни дифузери“, сега целта била такви можни двојни толкувања да се избегнат. - Постојат две-три нешта кои гледано наназад би ги направиле поинаку, но сега не можам да коментирам за тоа. Од друга страна, кога зборуваме за 2009 година, во основа многу помалку детали беа внесени, а клучните нешта што беа посакувани, беа коректни, но поради дадената слобода, по само неколку недели поминати во тестирање, придобивките од тогашните нови правила беа комплетно негирани. Сега се обидовме да научиме нешто од тоа, па правилата се многу порестриктивни, но се надеваме дека нема да има големи отстапувања. Од друга страна, сигурен сум дека можеби сме направиле грешка или дека ќе треба да направиме некое приспособување на правилата во иднина, - изјави Томбазис. Инженерот смета дека на крајот од 2021 година ситуацијата во Формула 1 била таква што најдобриот тим имал предност во просек околу 3 секунди пред најслабиот тим, зависно од автодромот. Тој очекува дека во 2022 година таа разлика ќе биде преполовена.

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| СПОРТ

КАЛЕНДАРОТ ЌЕ БРОИ 23 ТРКИ

44

20 март

ГН Бахреин, Манама

27 март 10 април

ГН Саудиска Арабија, Џеда ГН Австралија, Мелбурн

24 април 08 мај 22 мај

ГН Емилија Ромања, Имола ГН Мајами, Мајами ГН Шпанија, Барселона

29 мај 12 јуни

ГН Монако, Монтекарло ГН Азербејџан, Баку

19 јуни 03 јули 10 јули

ГН Канада, Монтреал

24 јули 31 јули

ГН Франција, Ле Кастеле ГН Унгарија, Будимпешта

ГН Велика Британија, Силверстоун ГН Австрија, Шпилберг

28 август 04 септември 11 септември

ГН Белгија, Спа ГН Холандија, Зандворт ГН Италија, Монца

25 септември 02 октомври 09 октомври

ГН Русија, Сочи ГН Сингапур, Марина Беј ГН Јапонија, Сузука

23 октомври 30 октомври

ГН САД, Остин ГН Мексико, Мексико Сити

13 ноември 20 ноември

ГН Бразил, Сао Паоло ГН Абу Даби, Јас Марина

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Тоа би требало да се должи на ефектот од аеродинамиката, каде што болидите ќе имаат помала потисна сила. Очекувањата се дека болидите ќе бидат околу половина секунда по круг побавни отколку што биле лани, но имајќи ја предвид брзината на развојот на болидите во Формула 1, соборувањето на рекордите на патеката може повторно да се случи да биде мошне набрзо. Дополнително, оваа година се планирани шест трки со спринт квалификации, какви што за првпат видовме во 2021 година. Она што се редовни квалификации се поместува за ден понапред, а в сабота се вози мини трка од 100 километри, со што ќе се дефинира стартниот поредок за главната трка в недела. На овој начин се очекува поголемо шоу за оние на трибините, како и нови содржини за тв публиката. Иако за првпат се планира одржување на 23 трки во една сезона, се планира првенството да заврши до средината на ноември, што минативе години не беше случај и последните трки беа на почетокот од декември. Тестирањето во пресрет на новата сезона е веќе закажано за периодот од 23-ти до 25-ти февруари во Барселона, а ќе има и второ полувреме во Бахреин од 10 до 12 март. Првата трка ќе се вози на 20-ти март во Бахреин.

• Александар Табаковски


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ЛУИС ХАМИЛТОН – БОРЕЦ ЗА ПРАВДА ИЛИ „ПЛАЧКО“? МОХАМЕД БИН СУЛАЈЕМ УШТЕ НА САМИОТ ПОЧЕТОК ОД СВОЈОТ МАНДАТ СЕ СООЧУВА СО ГОЛЕМ ТЕСТ, ВО КОЈ ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗАЧУВА ИНТЕГРИТЕТОТ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА КАКО ВЛАДЕЈАЧКО ТЕЛО И КОМПЕТЕНТНОСТА НА СВОЈОТ ПЕРСОНАЛ ДА РАКОВОДИ СО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО.

К

онтроверзниот крај на сезоната во Формула 1 беше навистина ретко очекувано сценарио, при што секоја од засегнатите страни го брани своето гледиште. Тото Волф и Луис Хамилтон не се појавија на гала церемонијата за да ги подигнат пехарите, при што Мерцедес е победник кај конструкторите, а возачот се најде на второто место. Мерцедес ја обжали регуларноста на трката уште по самиот крај, но откако стјуардите ја одбија, тие најавија жалба до највисоките инстанци на ФИА. Сепак, истата ја повлекоа на денот на доделување на наградите, но побараа од ФИА да го расчисти случајот, по што уследи медиумска „кампања“ дека е неизвесно дали Луис Хамилтон ќе ја продолжи кариерата ако ФИА не го казни или замени Мајкл Маси, бидејќи тој го дозволи рестартот на трката. Да потсетиме, според пропозициите, откако на патеката ќе биде аплицирано возило за безбедност, стјуардите им дозволуваат на заостанатите болиди да ги престигнат водечките. На тој начин, оние што се на врвот од трката, магично ќе се постројат еден зад друг и можат да се нападнат во продолжението, иако биле на солидна дистанца пред употребата на безбедносното возило. „Гревот“ на Маси се состои во тоа што – откако се расчистија болидите меѓу Хамилтон и Ферстапен, веднаш дозволи рестарт, а

имаше уште заостанати болиди, па така Даниел Рикиардо со задоцнување од еден круг возеше пред Карлос Саинц на третото место. Тука оштетен е Карлос Саинц, бидејќи теоретски не можел да го нападне Ферстапен, но ниту Саинц, ниту Ферари не вложија жалби. Жалбата беше вложена од Мерцедес, бидејќи нивната стратегија беше дека нема да има време за рестарт на трката и таа ќе заврши зад возилото за безбедност. Новиот претседател на ФИА, Мохамед бин Сулајем, кој беше избран на местото на Жан Тод една седмица по трката во Абу Даби, испрати смирувачка нота до Хамилтон и Мерцедес, дека ФИА ќе спроведе детална истрага. Иако до стартот на Формула 1 веќе нема многу време, и оваа колумна влегува во печат кога има помалку од еден месец до првиот претсезонски тест во Барселона, Мерцедес и Хамилтон и натаму се во „завет на молчење“ и ја префрлаат тежината на страна на ФИА и новиот претседател. Без оглед каков ќе биде конечниот расплет, се поставува прашањето, каква утеха ќе добие Хамилтон ако успее да издејствува смена на Маси? Резултатот веќе замина во историјата, Ферстапен е прогласен за светски првак, камерите регистрираа кога Луис му подаде рака на Макс, па дури и Ентони Хамилтон се ракуваше со Јос Ферстапен. На кого му годи оваа специјална војна? Мојот личен став го кажав и во претходната колумна: веројатно подобра проценка ќе се направеше ако наместо жолто, беше истакнато црвено знаме, а со тоа трката ќе беше прекината за во рестартот сите да тргнат со исти шанси и иста стратегија, без коцкање со среќата. За жал, Мајкл Маси е само чифт години на оваа позиција, откако го замени легендарниот Чарли Вајтинг, технички делегат на ФИА и долгогодишен директор на трките. Не верувам дека кој било возач, вклучувајќи го и Луис Хамилтон, ќе имаше некаква шанса ако на спротивната страна беше

авторитетниот Вајтинг. Во случајов, Маси нема таков углед, а одлуката на ФИА може да доведе до големи натамошни реакции, па дури и најавеното повлекување на Луис Хамилтон од Формула 1. Едноставно, Мохамед бин Сулајем уште на самиот почеток од својот мандат се соочува со голем тест, во кој што треба да го зачува интегритетот на федерацијата како владејачко тело и компетентноста на својот персонал да раководи со светското првенство. Што се однесува до Луис Хамилтон, лично сметам дека во секоја своја акција се внесува 100%, па така е и сега. И во дуелите со Алонсо го критикуваше Мекларен и Рон Денис за различните стратегии кога се бранеа тимски интереси, а во 2016 година кога ја загуби титулата од Розберг посочи со прст кон Мерцедес како единствен виновник. Во борбата против расизмот доби голема поддршка од организаторите на Формула 1, како и од ФИА, која што ја вклучи церемонијата за анти-расизам на старот од големиот спектакл. Тој не би бил седумкратен светски првак, да не беше голем борец. Прашањето кое се наметнува е дека е дискутабилно дали е доволно созреан да ги поднесе поразите? И неговиот идол, Аиртон Сена, имаше дуел со ФИА и претседателот Жан Мари Балестре кој беше обвинет дека ја дели правдата со наклоност кон сонародникот Ален Прост, но никогаш не го постави ултиматумот „тој или јас“. При своето неодамнешно повлекување, и легендата на мото трките, Валентино Роси, изјави дека имало ситуации во кои бил наместен да изгуби титула светски шампион, со што јасно алудираше на дуелот со Маркез, за кој беше казнет во 2015 година. Хамилтон, чинам ризикува да оди предалеку – а со тоа да добие негативен прекар како „плачко“ - што не прилега на еден таков борец и многукратен шампион.•

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

Светско првенство во Формула Е

ПРВИ СЕРИОЗНИ ПРОМЕНИ НА ПРАВИЛАТА ОСМАТА СЕЗОНА СТАРТУВА СО ТРКИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА, ОВОЈ ПАТ СО НОВ СИСТЕМ НА КВАЛИФИКАЦИИ.

С

ветското првенство во Формула Е се подготвува за својата осма сезона која што ќе започне со трка под рефлектори на една од технички најпредизвикувачките патеки во годината, поточно низ улиците на градот Дирија во Саудиска Арабија. Сезоната ќе започне со две трки возени во два дена, на кои што ќе учествуваат единаесет тимови и дваесет и два возачи. По разните прекини кои што оставија печат, а се должеа на откажувањето на трките поради пандемијата, оваа година Формула Е планира да го има најбогатиот календар досега, особено откако светската автомобилистичка федерација ФИА од лани ја призна како официјално светско првенство. Можеби Мерцедес не ја освои титулата со Луис Хамилтон во Формула 1, но затоа Ник Де Вриес им ги донесе шампионските почести во Формула Е, при што германскиот тим успеа да ја освои и конструкторската круна. Покрај Ник Де Вриес како главни фаворити за висок пласман се сметаат возачите од екипата на Јагуар, Мич Еванс и Сем Бирд, заедно со Жан Ерик Верње и Антонио Феликс да Коста во тимот на ДС Течита кои претходните години освоија неколку шампионски трофеи. За разлика од овие две екипи кои што и лани беа во врвот и немаат промени во својот состав, тимот на Пенске се засили со Антонио Џовинаци, кој помина четири сезони во Формула 1 заедно со Кими Раиконен, но од оваа сезона доби ангажман во ова светско првенство. Меѓу најсуштествените промени на правилата

46

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

спаѓа ревидираниот систем на квалификации, кој што беше многу критикуван во минатото бидејќи на оние што беа водечки во генералниот пласман им правеше неприлики со дефиницијата дека тие мора да излезат први на патеката при отворањето на квалификациската сесија. Со новиот квалификациски формат, возачите ќе бидат поделени во две групи од по 11 учесници, а ќе имаат на располагање сесија од 10 минути. Најбрзите четири од секоја група ќе го дефинираат конечниот стартен поредок со „нокаут“ елиминациски дуели, кои ќе бидат претставени како четвртфинале (А1 : Б4, А2 : Б3, А3 : Б2, А4: Б1) и полуфинале (на една страна победниците од трките каде што се А1 и А2, наспроти победниците од трките каде што се Б1 и Б2). Победникот во финалето ќе ја добие пол позицијата, финалистот ќе биде втор, поразените полуфиналисти на 3 и 4 место, а поразените четвртфиналисти од 5 до 8 место. Ако возачот на пол позиција е од Групата 1, непарните позиции од 9 до 21 се пополнуваат со возачи од таа група, а во спротивно со оние од Група 2. Со правилата е дефинирано дека времето на една трка може да биде продолжено за 10 минути доколку се случи несреќа на патеката која што ќе ја предизвика излегување на возило за безбедност или друг систем за предострожно возење. Трките се планирани да траат 45 минути плус еден круг. Што се однесува до болидите, тие би требало да бидат најбрзи од сите досега бидејќи ќе имаат моќност на електромоторите од 220 киловати, што е десет проценти повеќе од моќноста што ја имаа во минатата седма сезона. Користењето на таканаречениот „атак мод“, ќе значи дека

МАСЕРАТИ ВЛЕГУВА ВО ФОРМУЛА Е Во 2023 година ќе дебитираат болидите од таканаречената генерација три што значи дека болидите ќе станат уште помоќни и побрзи. За разлика од најавеното повлекување на БМВ и Ауди, нови производители на автомобили ќе се приклучат кон ова светско првенство. Ваквите планови прв ги објави италијанскиот конструктор Масерати, којшто најави дека целата гама на нивни автомобили ќе биде достапна, исто така, и во комплетна електрична конфигурација.

болидите во тој момент ќе имаат моќност од 250 киловати наспроти 235 киловати видени во претходната сезона. • Александар Табаковски КАЛЕНДАР ЗА 2022 ГОДИНА 28 јануари

ГМ Саудиска Арабија, Дирија

29 јануари

ГМ Саудиска Арабија, Дирија

12 февруари

ГМ Мексико, Мексико Сити

9 април

ГМ Италија, Рим

10 април

ГМ Италија, Рим

30 април

ГМ Монако, Монте Карло

14 мај

ГМ Германија, Берлин

15 мај

ГМ Германија, Берлин

4 јуни

ГМ Индонезија, Џакарта

2 јули

ГМ Канада, Ванкувер

16 јули

ГМ САД, Њујорк

17 јули

ГМ САД, Њујорк

30 јули

ГМ Велика Британија, Лондон

31 јули

ГМ Велика Британија, Лондон

13 август

ГМ Јужна Кореја, Сеул

14 август

ГМ Јужна Кореја, Сеул


СПОРТ |

| СПОРТ

WRC – Рели Монте Карло

ОСАМНУВА ЗОРА НАД WRC

ДУЕЛОТ МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВОЗАЧИ ВО ИСТОРИЈАТА НА РЕЛИТО СЕБАСТИЈАН ЛОЕБ И СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ СЕ ПОКАЖА КАКО ПОВЕЌЕ ОД СООДВЕТЕН СТАРТ ЗА ПЕДЕСЕТТАТА СЕЗОНА ОД СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ И ВЛЕГУВАЊЕТО ВО НОВАТА ХИБРИДНА ЕРА.

Г

одинешното издание на релито на Монте Карло ќе има посебно место во историјата на светското рели, бидејќи ја крева завесата над новата и возбудлива ера на Светскиот шампионат каде за првпат ќе се натпреваруваат хибридни автомобили. На планинските превои од Француските Алпи кои се надвиваат над Монте Карло се крева зора над иновативната зелена група Rally 1, во која, кон 1.6 литарскиот турбо бензинец од досегашните автомобили WRC се припојува електричен мотор од 100 kW. На стар-

тот на оваа јубилејна 50-та сезона на Светскиот шампионат во рели ќе згрмат хибридните рели-монструми со моќност од далеку преку 500 КС и ќе ја отворат вратата на новата генерација на ривалство во шампионатот. Покрај можноста за регенерација на енергијата од хибридниот „plug-in” систем, автомобилите ќе користат и сосема ново гориво кое е 100 отсто ослободено од фосили и хидрокарбонати заради што Светскиот шампионат во рели заслужено ќе ја носи својата нова зелена етикета.

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

Затоа годинешното рели на Монте Карло не е само уште еден традиционален старт на сезоната. Покрај желбата на тесните планински патеки да се видат новите автомобили на дело, со нетрпение се очекуваше и директниот дуел меѓу најуспешните возачи во историјата на релито, Себастијан Лоеб и Себастијан Ожие. Лоеб со девет титули и седум победи на ова славно рели, а Ожие со осум титули и осум победи. Ожие кој лани го освои ова рели и остана во тимот на Toyota би требало да има предност, наспроти Лоеб кој последен пат победи во 2013 година, а годинава прејде во тимот на M-Sport Ford и на Монте Карло доаѓа директно од релито Дакар каде го освои второто место. Тие за првпат ќе се фатат во костец на ова рели како возачи со делумна програма во склоп на своите тимови. Но, поважен е фактот дека и двајцата ќе седнат зад волан на сосема нови автомобили кои не ги

познаваат доволно, и двајцата имаат нови совозачи со кои, исто така, не се познаваат доволно добро. Оттука доаѓа изедначеноста на силите, настрана очекувањата на љубителите на релито за голем дуел меѓу нив. Освен делумната програма која годинава ќе ја вози Ожие, тимот на Toyota Gazoo Racing останува не сменет во поглед на составот на возачи. Во тимот се: Елфин Еванс, Кале Рованпера, Есапека Лапи и Такамото Катсута. Тимот на Hyundai Motorsport останува без Крег Брин. Неговото место го пополнува Оливие Солберг. Младиот Швеѓанец доаѓа како поддршка на востановената постава: Тиери Нувил, От Танак и Дани Сордо. Најмногу новини има во тимот на M-Sport Ford World Rally Team. Покрај новиот автомобил Ford Puma нов лидер на тимот е Крег Брин кому грбот ќе му го чуваат младите Гас Гринсмит и Ејдриен Формо кои минатата година со Fiesta покажаа солидни перформанси. Како поддршка на тимот доаѓа Себастијан Лоеб.

48

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

Релито на Монте Карло стартуваше од срцето на Монако, поточно од ново реновираниот Плоштад на казината, за првпат после 2006 година. После толку години Монако ќе биде и центарот на релито, и главно место на збиднувањата поврзани со настанот. За првпат после 2013 година во темница се вози и прославениот планински превој Кол де Турини каде илјадната публика наредена крај пат несебично ги бодри модерните гладијатори дури и при пандемија, и при температури кои задираат длабоко во минус. Стартот на релито се случи како што и доликува на едно големо отворање кога под крилја на ноќта се возеа првите два брзински испити. Под снопови светлина на дополнителните рефлектори поставени на хауба на автомобилите кои ноќта ја претвораат во ден, возачите кои сè уште ја немаа почувствувано мешавината од бензинска и електрична моќност во натпревар се обидуваа да ги контролираат своите автомобили справувајќи се со смрзнатиот асфалт. Директно во костец се фатија двајцата мајстори на Монте Карло, а честа да го добие првиот ден му припадна на Ожие кој победи на двата брзински испити и го поведе релито со 6,7 s пред Лоеб. Двајцата признаа дека биле исклучително внимателни заради мраз на асфалтот, но и заради специфичноста на хибридниот погон кој многу лесно ги прегрева гумите.

НОВ ДЕН, НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Првиот, полн натпреварувачки ден, донесе и нов рекорд: Најстариот возач којшто водел на рели од Светскиот шампионат. Рекордот му припаѓа на Себастијан Лоеб кој доминираше победувајќи на четири од вкупно шест брзински испити. Лоеб призна дека возел на лимит низ првите три утрински брзинци бидејќи се чувствувал удобно зад волан на хибридната Ford Puma. Иако вообичаено претпазлив кога седнува зад волан на нов автомобил Лоеб бил изненаден дека веднаш фатил ритам и знаел дека може да притиска. Лутиот ривал Ожие, пак, пренесе спротивна слика најмногу заради изборот на гуми кои го натерале на внимателен пристап кон возењето. После четвртиот брзински испит од денот Ожие беше трет и заостануваше 15,9 s зад Лоеб и 1,4 s зад Еванс. Сепак победата на последниот брзинец од денот му го донесе второто место со 9,9 s зад Лоеб. Еванс го заврши денот на третото место, Нувил беше четврти, Танак петти, а Брин шести. Трагичар на денот беше Формо кој на првиот брзински испит удри во карпа и одлета во бездна на другата страна од патот. Заради ултра цврстиот заштитен кафез на новите автомобили Формо и совозачот Кориa се извлекоа неповредени. Борбата меѓу Лоеб и Ожие продолжи и во текот на третиот ден од релито, а како победник од жестокиот дуел излезе Ожие. Беше најбрз на два од три брзински испити во утринската сесија соз-

давајќи предност од 5,4 s пред Лоеб. Итрината при изборот на гуми му помогна да триумфира и во попладневната сесија. Како и повеќето возачи Ожие избра микс од две меки гуми и две гуми за снег, но во последен момент, откако го забележа изборот на Лоеб, се одлучи само за меки гуми. Тоа му помогна да го зголеми водството на 21,1 s до крајот од денот. Лоеб не се снајде најдобро за разлика од претходниот ден. Призна дека сакал да го измами Ожие со изборот на гуми во последен момент, но дека трикот не успеал. Третото место му припадна на Брин, откако ривалите пред него беа десеткувани. Еванс излета и изгуби многу време додека го извлечат, Танак удри во снежен брег и го оштети ладилникот, а Нувил имаше проблеми со сопирачките. Рованпера после многу измени конечно најде соодветен сетап и победи на двата последни брзинци од денот искачувајќи се на четвртата позиција. Гринсмит заради проблеми со моторот и дупната гума заврши петти, а Нувил шести. Вистинска драма на последниот ден од релито во кој преостанаа четири брзински испити. После вториот брзинец од денот Ожие ја зголеми предноста пред Лоеб на 24,6 s и подзабави за да ја контролира ситуацијата на преостанатите два испити. Но, на претпоследниот испит Ожие дупна гума и куцајќи на три тркала не успеа да ја сочува предноста. Загуби 9,5 s во однос на Лоеб и падна на второ место. На последниот брзински испит Лоеб ја сочува ладнокрвноста, дури успеа да добие секунда и победи со 10,5 s предност пред Ожие. Брин ја задржа третата позиција, Рованпера четвртата, Гринсмит петата, а Нувил шестата. Со успехот 47 годишниот Себастијан Лоеб стана најстариот возач кој победил на рели од Светскиот шампионат, воедно е најстариот возач кој победил на релито на Монте Карло. Годинешната победа е негова осма на ова рели со што го изедначи рекордот на Себастијан Ожие. И со неа потврди дека е најуспешниот возач во историјата на релито кој го освојува подиумот низ три различни декади. Голем успех и за совозачот Изабел Гелмиш, 50 годишната учителка, која се закитува со победа на својот прв настап во врвот на релито. Воедно Гелмиш е и прва жена која победила на рели од Светскиот шампионат од 1997 година наваму. Во насока на очекувањата, дуелот меѓу најуспешните возачи во историјата на релито се покажа како повеќе од соодветен старт за педесеттата сезона од Светскиот шампионат во рели кој влегува во нова хибридна ера со која се обезбедува светла иднина на оваа крајно возбудлива гранка на мотоспортот. • Љубомир Анастасовски

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| АМСМ

НОВИ УСЛУГИ ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ Д

а ви обезбедиме квалитетни услуги и да ги надминеме вашите очекувања е наш приоритет, па затоа постојано работиме на збогатување и унапредување на услугите кои ги добивате како наши членови. Од 01.02.2022 година, како АМСМ членови, покрај досегашните услуги вклучени во вашиот членски пакет, дополнително добивате: • Три (3) интервенции за бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 40 км за донесено возило во сервисот на АМСМ во Скопје, Велес и Кичево. Новата услуга е вклучена во сите АМСМ членски пакети, и оние за физички (Classic, Europe Premium) и оние за правни лица (Business, Business Europe Premium). Новата услуга може да се користи исклучиво за пренос до АМСМ сервисот во случај на механички дефект на возило нa оддалеченoст не поголема од 40 км. Во ваков случај услугата бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 километри останува неискористена и може да се користи за подолги релации. Со оваа нова услуга, како наш член дополнително имате можност да заштедите со користење на поволностите во сервисите на АМСМ лоцирани во Скопје, Велес и Кичево, кои се однесуваат на 20% попуст на работна рака како и попустот од 5%-10% на резервни делови.

50

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

• Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена и важност од 365 дена на територија на Европа – нова услуга ексклузивно достапна со АМСМ Europe Premium членскиот пакет. Со цел да ви обезбедиме безгрижно патување, особено надвор од државата, го збогативме Европа Премиум членскиот пакет со нова бесплатна услуга –„Индивидуално здравствено патничко осигурување“, кое можете да го користите во текот на целата година, сè додека е активен Европа Премиум членскиот пакет. Со купување на Европа Премиум членски пакет, добивате бесплатно полиса за здравствено патничко осигурување која ќе се однесува на период од една година сметано од датумот на издавање и ќе биде со покритие од 20 дена кои ќе може да ги користите кумулирано во текот на целата година. За да добиете бесплатно патничко осигурување при купување на Европа Премиум членскиот пакет, неопходно е да го приложите вашиот пасош. Во случај да станете АМСМ Европа премиум член онлајн, дополнително ќе бидете контактирани за изработка на здравственото патничкото осигурување, и истото ќе ви биде испорачано бесплатно по пошта заедно со членската картичка на ваша адреса. Во однос на територијалната покриеност оваа полиса го опфаќа целиот регион на Европа, но и цела територија на Турција. Полисата за здравствено патничко осигурување имате можност да ја проширите со целосно покритие за Ковид-19 и тоа само со доплата од 54 денари.


БЕСПЛАТЕН ПРЕНОС НА ВОЗИЛО ВО СЛУЧАЈ НА ДЕФЕКТ ДО 40 КМ ЗА ДОНЕСЕНО ВОЗИЛО ВО АМСМ СЕРВИС (СКОПЈЕ, ВЕЛЕС И КИЧЕВО)

02/3181-181

www.amsm.mk 02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО! ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ПОКРИТИЕ ОД КОВИД-19

02/3181-402 | 02/3181-405 52

02.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.mobilitybroker.com.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.