Клуб Мобилити - Декември 2021 - Јануари 2022

Page 1

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА! АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

ад нас останува уште една година во која З човештвото, поради светската пандемија со коронавирусот, се соочи со многу-

бројни здравствени, економски и социјални премрежиња, со ограничувања и забрани, а животот како да доби нов тек и нови правила. Вообичаено на крајот на годината секој прави ретроспектива на изминатиот период, при што се прави обид секоја поука сериозно да се примени во следната за лично и општо добро. Секој период се карактеризира со добри и лоши моменти, подеми и падови. Често се донесуваат заклучоци и одлуки само врз основа на добрите искуства, избегнувајќи да се примени сѐ што може да учи неуспехот. Секако ова се однесува и на деловната област. Деловните потфати подразбираат детално анализирање на лошите чекори за помудро донесување на наредните одлуки. Откако ќе видиме што сме направиле добро во годинита зад нас, да се осврнеме на работите што остануваат наш предизвик. Да размислиме што сме можеле да направме поинаку, дали треба да го смениме нашиот пристап, методите со кои се работи или нешто друго. Да бидеме јасни и реални во поставувањето нови цели и да бидеме уште подобри следната година. Да се фокусираме на параметрите врз кои ќе можеме да влијаеме, а надворешните фактори да ги ублажиме колку што е можно повеќе. Ова е време кога треба да сме посветени на нашиот тим, на луѓето со кои работиме, создаваме, креираме успеси, донесуваме одлуки… да не заборавиме да ги наградиме за довербата што ни ја дале, за лојалноста што ни ја укажуваат, за добрите идеи и успешно реализираните проекти, за енергијата и посветеноста што ја покажуваат. Страниците на нашето списание за нас се евидентен предизик, со цел на нив да сместиме што повеќе живот, што повеќе потребни информации, наменски содржини и новини од областа на сообраќајот кај нас и во Европа, податоци од светот на автомото спортот, од сцената на различните модели автомобили, од меѓународните настани врзани со нашата куќа. Бидете сигурни дека и натаму тоа ќе бидат содржини што ќе ги задоволат вашите очекувања, потреби и високи критериуми. Наша одговорност е да ги прошируваме хоризонтите и да воспоставуваме колку што е можно поблиска комуникација со вас. Многумина ќе тргнат на пат за новогодишните и за божикните празници. Бидете внимателни, приспособете ја брзината на условите на пат, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи.. И секогаш имајте на ум дека безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во декември 2021 на вашата домашна адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk.

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 8

МАЗДА И НЕЈЗИНИОТ ХИБРИДЕН

10

МОДЕЛ „2“ 9

ОСВЕЖУВАЊЕ НА СЕГМЕНТОР АВТО-МОТО

10

ДОПОЛНИТЕЛНА БУСТЕР ДОЗА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

24

ДОБРА ПОДДРШКА СТИЛ

26

СИНОНИМ НА ЛУКСУЗНИОТ ФРАНЦУСКИ ШОПИНГ

30

34

ПАТУВАЊЕ ВЕЛНЕС, ФИЛОЗОФИЈА НА ЖИВЕЕЊЕ НI-TECH

34

ИДНИНАТА НА АВИОТАКСИ ПРЕВОЗОТ ИСТОРИЈА

36

РАЃАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА „500“ СПОРТ

40

44. ИЗДАНИЕ НА РЕЛИТО ДАКАР

41

ВРЕМЕ Е ЗА ПОВИСОКИ ЦЕЛИ

42

ЅВЕЗДЕНАТА ПРАШИНА ОД ФЕРСТАПЕН

42

ЗАВРШИ ВО ЛИЦЕТО НА ХАМИЛТОН 46

ПОСЛЕДНОТО ШОУ НА „ДОКТОРОТ“

48

ТРИУМФАЛНАТА КАРИЕРА ЗАВРШИ СО ТРИУМФ

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

БУГАРИЈА НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. (на означени места и 140 Км/ч). На останати патишта ограничувањето е 90 км на час. За мотоцикл ограничувањата се: 50 км на час во населени места, 100 км на час на автопат, 80 км на час на останати патишта.

За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 25 ЕУР.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол. Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на крвта, или на крвта и урината, или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0.50 g/kg, или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми од 0.50 g/kg, или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со стручен преглед ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност. Не смее да управува со возило, односно да започне управување со возило, ако во организмот има алкохол повеќе од 0,09 g/kg, или ако покажува знаци на алкохолна растроеност: - возач-почетник, - возач на моторно возило од категориите: ,,БЕ“, „Ц1“, „Ц1Е“, „Ц“, ,,ЦЕ“, ,,Д1“, ,,Д1Е“, „Д“ и ,,ДЕ“ - додека управува со возило од таа категорија.

- возач на возило со кое се врши јавен превоз - додека со тоа возило врши јавен превоз, - возач на возило на кого управувањето со возило му е основно занимање - додека управува со возилото вршејќи ги работите од ова занимање, - возач инструктор и кандида за возач - за време на оспособување во практичното управување со возило и - претседател и членови на испитната комисија - додека спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ Полиција 166 или 112; Амбуланта 150 или 112; Пожарна 160 или 112; УАБ (помош на пат) +359 2 91 146 +359 2 980 3308. Наведените телефонски броеви (на полиција, амбуланта и помош на пат), може да се бираат и од поставените СОС телефонски говорници, кои ги има само на автопат и се поставени на секои 2 километри.

ГРЦИЈА НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За мотоцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места; 90 км на час на автопат; и 70 км на час на останати патишта.

За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР.

ДОЗВОЛНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

Полиција 100/112; Амбуланта 166; во Атина/ 112; Пожарна 199/112; Специјален број на туристичка полиција 171; ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600; ЕЛПА (аларм центар) 10400

СЛОВЕНИЈА НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Во населени места - сите возила 50 км на час . Надвор од населени места -Автомобили, мотоцикли, возила до 3,5 тони - Автопат 130 км на час; Останати патишта 90-110 км на час; Автомобили со приколка до 7,5 тони; Автопат 80 км на час; Останати патишта 80 км на час; Минимум дозволена брзина на автопат и на брзи патишта е 60 км на час.

За време на возење во Словенија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE, казна 120 евра.

ДОЗВОЛНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05% (казна 600-1200 евра); за професионални возачи, нови возачи (до 2 години искуство) и лица до 21 година - 0%.

Полиција 113 / 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; АМЗС (инфо центар) +386 1 530 53 00; АМЗС (аларм центар) +386 1 530 53 53

* Повеќе информации на: www.amsmspi.mk

6

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

СПОДЕЛЕТЕ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ! ЕДНА КАРТИЧКА, ИСТИ УСЛУГИ, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

02/3181-181

www.amsm.mk 12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

MAZDA 2 HYBRID

МАЗДА И НЕЈЗИНИОТ ХИБРИДЕН МОДЕЛ „2“

П

роизводителот Мазда за наредната година најави претставување на моделот „2“ во хибридно издание. Строгите правила условуваат електрификација на моторните возила, и затоа производителот се одлучи на овој чекор. Потегот е малку чуден затоа што Мазда воопшто не нуди ништо ново, односно ништо свое, туку нуди тоа што го позајмила од Тојота. Моделот „јарис“ со хибриден погон е позајмен и сега наместо името „јарис“ ја ставаат бројката „2“, а наместо заштитниот знак на Тојота, комбилимузината го носи знакот на Мазда. Погонската единица составена од 1,5 литарски бензински турбо мотор со три цилиндри во линија и електромотор. Оваа комбинација вкупно произведува 116 КС со кои автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 9,7 секунди. Потрошувачката на гориво според „влтп“ циклусот е само 3,3 л/100 km додека испуштањето на CO2 е некаде околу 90 грама или поточно од 93 до 87 g/km. И сега начинот на кој се дополнува батеријата е

јасен, при успорување и при сопирање. Доколку автомобилот го возите на кусо растојание со мала брзина тогаш автоматиката нема да го вклучи клипниот мотор во погон. Одделот за товар располага со 286 литри, додека растојанието меѓу оските изнесува веќе познати 2,56 метри. Тоа е накусо за новиот хибрид во комбилимузина изведба од сегментот „б“. Зошто Мазда се одлучила на ваков чекор, одговорните велат поради строгите правила на континентов во врска со загадувањето на воздухот. Затоа го позајмиле моделот „јарис“ од Тојота да биде „мазда 2“. Но да не заборавиме дека и Тојота има нешто слично направено пред не повеќе од три години за американскиот пазар. Тогаш Тојота наместо да го подготвува „јарисот“ за тамошниот пазар, ја позајми Маздината „двојка“ и ја преименува во „тојота јарис“. Добро е кога има разбирање и почит меѓу луѓето, а токму тоа го имаат Мазда и Тојота. •

NISSAN

КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ВО ЗНАКОТ НА „ЧЕТВОРКА“ обично својство, внатрешноста на концептот е во вид на театар за да можат патниците да гледаат нешто по желба во минути на одмор, или додека патуваат. Сите спомнати концепти се правени строго наменски. Веќе ја нема филозофијата, едно возило за сè. Едното е за забава, другото за патувања, третото е за тие што сакат вистински да возат - директно управување, вешто и енергично совладување на свиоците, таквите нешта ги може автомобил кој пресликал особини од тркачките. Да видиме дали оваа „кватро формула“ ќе му успее на Нисан, односно колку конструкторите ќе можат да ги внесат спомнатите особини од концептите во сериските автомобили кои допрва треба да се појават. •

П

рвата половина од месец декември беше во знакот на Нисан. Сега некој ќе праша зошто. Затоа што производителот претстави дури четири концепти и сите на електричен погон, покажувајќи ги неговите идни планови. Концептите воопшто не се наивни, напротив, ветуваат многу и доколку Нисан е подготвен да исполни сè што е зацртано во концептите, тогаш ќе биде далеку напред заедно со најуспешните. „Нисан сурф аут концепт“ е возило наменето за патување по секакви терени, а неговиот голем оддел за товар дозволува патниците да понесат со нив многу нешта и секако даските за сурфање. Електричното возило има погон на сите тркала, поседува врвни теренски способности и располага со зголемен товарен простор. „Нисан макс аут концепт“ е отворен двосед со ниско тежиште и директно управување, особини кои ги сретнуваме само во тркачките автомобили. Производителот ги нагласува динамичките способности на овој концепт и ветува врвни возни

8

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

својства. Главни својства на овој концепт се, лесната конструкција и ниското тежиште. „Чил аут“ е концепт со кој Нисан го претвора патувањето во рај. Неговите врвни возни својства се темелат на исклучителната безбедност и префинетата удобност. Затоа производителот го нагласува комфорот и способноста на возилото при совладување големи растојанија без да ги почувствувате тешкотиите од долгите патувања. Ултра современиот купе дизајн е голем плус за тие што бараат посебна линија која ќе се разликува од линијата на другите возила. „Нисан хенг аут концепт“ е возило со кое конструкторите се надминале себеси. Што всушност направиле - тие ја пренеле удобноста од дневната и работната соба во подвижна изведба. Има лица кои не можат да работат додека патуваат, затоа што од патувањето им се слошува. Концептов е правен токму за таквите патници, има способност да ги впие сите вибрации и намали причините кои го прават патувањето непријатно. Покрај ова не-


НОВОСТИ |

НОВАТА SEAT ARONA ДОСТАПНА И НА НАШИОТ ПАЗАР

ОСВЕЖУВАЊЕ НА СЕГМЕНТОР

О

д претставувањето во 2017 година, Seat Arona е успешен модел создаден во близу 400.000 примероци со што е поставен како клучен столб во понудата на брендот. Сега, новата Seat Arona е подготвена да го продолжи успехот на овој модел во време кога пазарот на SUV возила уште повеќе се шири. Посилниот, поцврстиот, сигурниот и побезбедниот став и изглед е само почеток; кабината на урбаниот SUV е комплетно трансформирана додека новите нивоа на поврзување и системи за помош на возачот ја прават новата Seat Arona уште покомплетен пакет. Seat Arona е подготвена да ги внесе поврзаните животи на клиентите во кабината, на целосно интуитивен начин, додавајќи огромен опсег на функционалност, а во комбинација со револуцијата во дизајнот на внатрешноста, внесува зголемено чувство за квалитет, како и просторност благодарение на новиот, ревидиран дизајнерски јазик. Додадете ја на ова употребата на технологија за осветлување со што се дополнува амбиентот во кабината и вклучувањето на најновите системи за прикажување на информации, се добива јасно чувство за карактер на автомобилот. Надворешниот дизајн на Seat Arona еволуира за да го подобри карактерот и да додаде нов пресврт во личноста на урбаниот SUV: обновената естетика додава нова робусност, поголема перцепција за безбедност и надворешен карактер. Интегрирање

на 100% LED технологија на предните светла како стандард, нуди подобра видливост со помала потрошувачка на енергија. Обновената Arona добива посилен изглед; освежен лик со новодизајниран преден браник вклучувајќи нови светла за магла нагласувајќи го моќниот изглед, нов заден спојлер и дифузер го истакнуваат спортското чувство, додека изборот на нови дизајни на алуминиумски тркала и името на моделот со рачно испишан фонт на задниот дел заедно со новото лого на Seat во двобојна хромирана завршница ја заокружуваат силуетата. Во внатрешноста, дизајнерската револуција генерира ново чувство во кабината. Целосно нова мека контролна табла со поголем (за 20%), лебдечки централен инфозабавен систем - сега сместен во покачена положба за подобрување на ергономијата - како и новиот, ергономски мултифункционален волан во Nappa кожа го истакнуваат новиот дизајнерски јазик во внатрешноста со што се заживува кабината додавајќи нов слој на нејзиниот карактер. Тој карактер е дополнително зајакнат со употреба на технологија за осветлување на новодизајнираните отвори за климатизирање. Моделот Arona е целосно вмрежен со in-car и out-car конективност. Воедно вклучува систем за безжична, целосна врска што ги внесува Android Auto и CarPlay во кабината; поврзувањето надвор од автомобилот е подобрено со системот

SEAT CONNECT. Корисниците можат да комуницираат со новиот инфозабавен систем од 9,2 инчи користејќи природен говор преку искажување на фразата „Hola Hola“. Новите системи за помош на возачот, како што е Travel Assist, обезбедуваат полуавтоматско возење низ целиот опсег на брзината. Lane Assist системот, заедно со Side Assist, Traffic Sign Recognition и системот за регулирање на светата High Beam Assist, новата Arona e опременa со најновите технологии во поглед на безбедносните системи. Без да се изостави Park Assist системот, кој автоматски го паркира автомобилот без напор. Освежената Seat Arona е модел што е 100% создаден во Барселона: дизајниран, развиен и произведен во Барселона во производните капацитети на погонот во Марторел. Новата Arona е веќе достапна во салоните на Seat во нашата земја во спортски настроената верзија FR опремена со моќниот 1.5 ТЅI бензинец што располага со 150 КС и 7 степен автоматски DSG менувач, истата може да се добие по цена од 26.000 евра. •

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| АВТО-МОТО

Peugeot 3008 GT Pack Hybrid4 300 AWD e-EAT8

ДОПОЛНИТЕЛНА БУСТЕР ДОЗА БЕЗПОШТЕДНАТА БОРБА КОЈА СÈ ПОВЕЌЕ СЕ РАЗГОРУВА ВО АВТОМОБИЛСКИОТ СВЕТ НЕ ДОЗВОЛУВА ДОЦНЕЊЕ, ОСОБЕНО КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИ И НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ПОЛЕТО НА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈАТА. ВО PEUGEOT ТОА ГО СФАЌААТ ДОСТА СЕРИОЗНО, ЗАТОА НА СВОЈОТ ИСКЛУЧИТЕЛНО ПОПУЛАРЕН МОДЕЛ ПОКРАЈ ЕСТЕТСКИТЕ ПОДОБРУВАЊА ОТСЕГА МУ ВГРАДУВААТ И ХИБРИДНО „СРЦЕ“ СО КОЕ САКААТ 3008 ДА СЕ ИСТАКНЕ ВО ОПКРУЖУВАЊЕТО КАКО SUV ШТО ЈА ПОДИГА ЛЕТВИЧКАТА ЗА СТЕПЕН ПОВИСОКО.

С

о фејслифт на актуелната генерација на моделот 3008, компанијата Peugeot го збогати опсегот и со две електрифицирани изведби кои претходно не можеа да се добијат во понудата на моделот. Ние имавме прилика да поминеме неколку дена со Peugeot 3008 GT Pack Hybrid4 300 AWD e-EAT8, верзијата со која е поставен највисоко на скалата во понудата. ВИСТИНСКА ПЕРЈАНИЦА Примерокот кој ни беше отстапен на неколкудневно дружење претставува вистинска перјаница во гамата на SUV модели од француската марка, т.е. моделот 3008 GT Pack Hybrid4

10

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

300 AWD e-EAT8. Но, што тоа конкретно значи во пракса? Во оваа прилика нема да се задржуваме на надворешниот дизајн, бидејќи ретко кој ќе може да го разликува од конвенционалните модели (французите играат на картата, електрифицираните модели да поседуваат идентичен изглед со нивните ICE верзии), и да даде било каква замерка на стајлингот. Истото важи и за внатрешноста која од техничка гледна точка има добиено дополнувања поврзани за управување со модовите на работа и приказот на екранот пред возачот. Остатокот од внатрешноста е збогатен со врвни материјали од најфина „штепувана“ црвена кожа и дрвени елементи како и голем панорамски кров.

Од таа причина ќе се фокусираме на она што не може да се види со голо око и е скриено длабоко под каросериските облини. ВРВНО ДОСТИГНУВАЊЕ Основата ја сочинува 1.6 литарскиот турбо PureTech бензинец што испорачува завидно ниво на моќ, еднакво на 200 КС. Тука се и електро моторите, оној на предната осовина располага со 108 КС (81 kW), а вториот што ги движи задните тркала има моќност од 111 КС (83 kW). Иако на прва бројката изгледа далеку поголема, сложена математичка пресметка производителот декларира вкупна излезна моќ еднаква на 300 КС, што секако е повеќе од доволно. Изборот како ќе се користи расположливата


АВТО-МОТО |

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

1598 СМ3

МОЌНОСТ:

Максимална моќ: 147kW/200КС(бензински мотор) + 81kW/108КС(ел.мотор-напред) + 83kW/111КС(ел.мотор-назад) Вкупно: 300 КС

МЕНУВАЧ:

8 СТЕПЕНА АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

ПОГОН:

НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: НЕЗАВИСНО ПОТПИРАЊЕ СО ДВОЈНИ НОСАЧИ

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД205/55 R19, ПОЗАДИ 205/55 R19

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.840 КГ.

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.447/1.841/1.624ММ

енергија е оставена на возачот, понудени се четири модови на работа, hybrid се вклучува како „дифолт“ при стартување на возилото, потоа electric начинот на возење во кој тотално е анулирана употребата на бензинскиот агрегат, преку sport опцијата се истиснува максималната сила од сите три мотори и 4x4 режимот кој акцентот го става на теренските способности преку паметно вклучување на задниот електро мотор и начин на испорака на неговата сила. СЕКОГАШ ПОДГОТВЕН НА СÈ На почетокот се обидовме да возиме само на електро погон, според декларираниот опсег со полна батерија може да се изминат максимални 59 километри, во реални услови на температури кои беа 10-на степени над 0-та, батеријата од 13,2 kWh jа испразнивме во целост после поминати 44 километри. Од друга страна, пак, значи дека дневните обврски низ град може да завршите без воопшто да користите фосилно гориво. Полнењето зависи од моќноста за трансфер на ел. енергија на полначот кој се користи, така што дополнување на празната

батерија може да трае од максимални 6 часа и 30 минути до минимални 100 минути. Со второто полнење стартувавме во хибридниот режим кој на хибридниот 3008 му остава можност да одлучува сам дали да користи електрична енергија, или да го користи бензинскиот мотор, или, пак, да ги комбинира и двете. Исто така, понудена е функција „e-SAVE“ која му овозможува на возачот да го сочува остатокот на електрична енергија за да ја користи по желба за време на неговото патување. Оваа одлика е особено корисна кога ќе влезете во урбана област. А, фактот што имате електричен мотор прикачен на задната осовина значи дека добивате и соодветен погон на четирите тркала кој е секогаш добредојден вон асфалтниот терен. За крај остана да го испробаме и спортскиот режим на работа со кој речиси 1.9 тони тешкиот 3008 се претвора во „ѕвер“ на патот. Забрзува до 100 км/ч за 5.9 секунди и незапирливо галопира кон законските ограничувања на брзината, во овој случај се користат сите расположливи средства да се постигне посакуваното, затоа и батеријата се троши побргу, а потрошувачката

на гориво се искачува далеку повеќе од де-

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

5.9 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

1.7 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

235 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:

69.820 ЕВРА

кларираното. Она што секако оди во прилог е дека доколку 3008 се користи на вообичаен начин во хибриден мод на работа може да испорача потрошувачка која во просек се движи околу 4,5 литри на секои 100 изминати километри, како што пишуваше на патниот компјутер кога го вративме возилото. Француската марка во последните неколку години активно работи на електрификација на својата гама. Дел од моделите добија целосно електрични верзии, а останатите, како што е и случај со 3008 ја дополнија понудата со приклучни хибриди, потег кој наиде на одличен одзив и поддршка од страна на купувачите. Правецот по кој во моментов е насочен Peugeot го лансира брендот во самиот врв како една од водечките автомобилски компании кои се најактивни на темата транзиција, што јасно покажува дека лавот во иднина сè повеќе ќе се „храни“ со електрична енергија отколку со фосилно гориво. • Данчо Здравковски

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АМСМ

Станица за технички преглед Кичево

АМСМ СО СВОЈА СТАНИЦА И ВО КИЧЕВО 12

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

По преземањето на авто-мото друштвото „Контролори“ - Кичево, АМСМ со сопствена станица за технички преглед, покрај во Скопје и во Велес, отсега е присутен и во Кичево. Во рамките на АМСМ-Кичево, достапни се следните услуги: • Технички преглед на возила • Меѓународни документи • Осигурителни полиси од сите осигурителни компании • Членски картички за физички и правни лица • 24/7 помош на пат и шлепување Гарантирајќи висок квалитет на услугите и професионалност во работењето, искрено се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на нашите членови и корисници и во Кичево. •

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АМСМ

Green NCAP

GREEN NCAP ГИ ОБЈАВИ ПОСЛЕДНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА НАЈДОБРИТЕ МОДЕЛИ, ИСТОВРЕМЕНО НАЈАВУВАЈЌИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОДОБРУВАЊА ВО 2022 GREEN NCAP ЈА ЗАВРШИ ГОДИНАТА СО ФИНАЛЕН ПАКЕТ ОД ПЕТ ВОЗИЛА, ПРЕД ГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ ВО ТЕСТОВИТЕ НАЈАВЕНИ ЗА 2022 ГОДИНА. ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИОТ LEXUS UX 300E И NISSAN LEAF E+ ДОБИЈА МАКСИМАЛНИ 5 ЅВЕЗДИ. ДВАТА ХИБРИДА PLUG – IN, RENAULT CAPTUR E-TECH I И VOLKSWAGEN GOLF 8 GTE, СЕ НАГРАДЕНИ СО ТРИ И ПОЛ ЅВЕЗДИ, А ЕДИНСТВЕНОТО ВОЗИЛО СО МОТОР НА ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ AUDI A3 SPORTSBACK 35 TDI СÈ УШТЕ ДОБИВА КРЕДИБИЛНИ ТРИ ЅВЕЗДИ.

G

reen NCAP сè уште ги оценува возилата според емисијата на гасови од задниот издув, па електричните возила, кои немаат заден издув, имаат предност од самиот старт. И Nissan и Lexus имаат целосна предност во достигнувањето на пет ѕвезди во оценувањето, базирано врз перформансите за чист воздух, емисија на стакленички гасови и енергетска ефикасност. Само во последната категорија овие електрични возила губат процентен поен, односно Lexus поради енергијата искористена за греење на внатрешноста на возилото во тест за ладен амбиент (-7C). Green NCAP, исто така, го измери возачкиот опсег како помал од тој што го промовира Lexus, а тоа е резултат на пореалните тестови во споредба со регулативата.

Двете хибридни возила Plug In, Golf 8 GTE и CAPTUR E-TECH Plug In 160, заедно се на второ место со освоени по три и пол ѕвезди. Како и сите хибридни возила Plug In, така и овие постигнуваат најдобри резултати кога батеријата е редовно полнета, но, исто така, двата модела поседуваат ефикасна постгрижа на издувните гасови што резултира со ниски емисии кога возилото се движи на бензин.

Во 2022 година Green NCAP ќе ги базира своите процени врз емисијата на стакленички гасови врз основа на анализа тркало до тркало, што подразбира вклучување на импактот за околината што произлегува од производството на енергетскиот извор. Ова ќе понуди подобра индикација до корисниците за вистинскиот климатски отпечаток што го оставаат возилата врз средината, посебно електричните возила. Alex Damyanov, следниот технички менаџер на Green NCAP, објаснува: „Гледајќи само на емисиите од задниот издув на возилата, а игнорирајќи ја консумираната енергија во производството на електрична енергија што ја користат, добиваме чиста слика. Ние го знаеме тоа и работиме да ја допрецизираме нашата шема за оценување за да го рефлектираме и тој факт. Следната година планираме да им понудиме на корисниците целосна анализа на животниот процес на возилата (LCA) што ќе им дозволи сами да увидат и да одлучат кое возило нуди најчист модел на транспорт, во зависност од тоа како го употребуваат возилото, од каде доаѓа нивната електична енергија, каде е произведено возилото и како евентуално се заштитува при уништување.”

14

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Најпосле, дизел-агрегатот на Audi A3 Sportsback 35 TDI постигна одличен резултат за чист воздух и енергетска ефикасност, но имаше и скромен ефект во намалувањето на стакленичките гасови. Сеедно, постигнувањето на три ѕвезди Green NCAP е солиден перформанс за традиционално дизел-возило.

• Мирко Гигов


12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АМСМ

Euro NCAP

EURO NCAP ГО ОБЈАВИ НОВИОТ ПАКЕТ РЕЗУЛТАТИ ЗА АСИСТЕНЦИЈА НА ПАТ EURO NCAP ГИ ОБЈАВИ (25 НОЕМВРИ) ОЦЕНУВАЊАТА ЗА СЕДУМ ВОЗИЛА ОПРЕМЕНИ СО АСИСТЕНЦИЈА НА ПАТ. НАЈДОБАР РЕЗУЛТАТ ВО ОВАА ГРУПА НА ВОЗИЛА ИМА BMW IX3 ОЦЕНЕТО КАКО „МНОГУ ДОБРО“. ДВЕ ДРУГИ – FORD MUSTANG MACH-E, И CUPRA FORMENTOR ДОБИЈА „ДОБАР“. СИСТЕМИТЕ ЗА АСИСТЕНЦИЈА НА POLESTAR 2 И HYUNDAI IONIUQ 5 СЕ ОЦЕНЕТИ „СРЕДНО” ДОДЕКА TOYOTA YARIS И MOKKA-E НУДАТ „ПОЧЕТНИЧКО” НИВО НА СИСТЕМ. за Асистенција на Пат му помагаат на возачот да одржуСпредистемите ва стабилна брзина, да одржува безбедна дистанца од возилата него и да го одржува возилото по средината на патната лента

преку комбинација на Адаптивната Контрола на управувањето (ACC) и Центрирањето на патната лента (LC). Системите за Асистенција на Пат се дизајнирани да му асистираат на возачот, но не и да преземаат контрола, и се очекува од возачот да ги држи рацете зад управувачот и очите кон патот за целото време на патување. За оваа цел Euro NCAP ги тестира не само способностите на возилото да асистира и промовира безбедно возење, туку истовремено врши евалуација како системот кореспондира со возачот, и ако нешто непредвидено се случи, каква безбедносна поддршка е понудена од страна на возилото. Технологијата, првенствено понудена во премиум возилата, во минативе години стана достапна на повеќето модели во сите категории, иако со различни нивоа на софистицираност и со различни ценовни поени. Во претходните рунди тестови за Асистенција на Пат во 2018 и 2020 година, Euro NCAP забележа дека некои возила ветуваат повеќе од тоа што можат да понудат, тврдејќи дека нудат повеќе автоматизација од тоа што всушност е реално искуство. Сите возила тестирани во оваа рунда нудат баланс помеѓу Компетенција на Асистенцијата -

16

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ниво до кое системот може да му помогне на возачот, и Вклученост на возачот – ниво до кое возачот чувствува дека мора да остане во контрола и да не се исклучи од управувањето со возилото. Михаел ван Ратинген, Генералниот Секретар на Euro NCAP изјави „Овој баланс помеѓу асистенцијата и вклученост е круцијален. Возилата сè уште не се способни за целосно автоматизирано возење и возачите не треба да бидат ставени во заблуда дека тие се. Извештаите од Америка потенцираат сериозни проблеми што се случуваат во ситуации каде луѓето имаат нереално високи очекувања од тоа што нудат овие системи и кога возилото со кое управуваат не успева активно да ги врати во посакуваната позиција. Задоволни сме бидејќи во оваа рунда на тестови производителите презентираа јасно кое ниво на поддршка возилата можат да обезбедат.” BMW iX3, иако варијанта на X3 моделот има нов сет на сензори, сè уште недостапни на моделите со мотори со внатрешно согорување и оценувањето на нивниот систем за асистенција, се однесува само на целосно електричната верзија. Сите тестирани возила демонстрираа растечка присутност на Асистенцијата на Пат во широк спектар на категории на возила. „Почетничките” нивоа на системи, иако нудат помалку функционалности отколку пософистицираните, сепак нудат корисно ниво на поддршка за возачот, и самиот факт дека се понудени на возила со висок волумен на продажба јасно ја покажува насоката кон која се движи автоматизираното возење. Euro NCAP тестовите се изведуваат во време на рапидно менување на легислативниот амбиент. Технологијата се развива сè побрзо, и нивото на автоматизација кое е дозволено и која акција треба да ја преземе возилото кога треба да му ја предаде повторно контролата на недостапен возач е под постојана ревизија. Идните тестови на Euro NCAP ќе ги имаат во предвид овие регулаторни промени. Двете хибридни возила Plug In, Golf 8 GTE и CAPTUR E-TECH Plug In 160, заедно се на второ место со освоени по три и пол ѕвезди. Како и сите хибридни возила Plug In, така и овие постигнуваат најдобри резултати кога батеријата е редовно полнета, но, исто така, двата модела поседуваат ефикасна постгрижа на издувните гасови што резултира со ниски емисии кога возилото се движи на бензин. • Мирко Гигов


12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АМСМ

СЕКАДЕ СО ВАС И ВО Н СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО - СПОДЕЛЕТЕ ГИ ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ СО НАЈБЛИСКИТЕ Отсега со семејното членство, членските услуги можете да ги споделите и со Вашите најблиски. АМСМ семејното членство ви овозможува услугите од Вашата АМСМ членска картичка да ги споделите со членовите на вашето потесно семејство т.е маж (татко/сопруг), жена (мајка/сопруга) и деца до 26 години кои живеат под ист покрив и се водат на иста адреса во лична карта, или партнери кои живеат на иста адреса. Притоа, својата членска картичка можете да ја споделите со максимум 4 (четири) члена на вашето потесно семејство. Секој член од семејството добива дополнителна персонализирана картичка. Kорисникот на дополнителната членска картичка е, исто така, член на АМСМ и има право да ги користи сите услуги кои произлегуваат од вашиот основен членски пакет, било да станува збор за АМСМ Classic или АМСМ Europe Premium. Кога корисник на семејна членска картичка користи услуга, истата се евидентира како искористена во вашиот основен членски пакет. Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна сè додека Ви е активна Вашата АМСМ членска картичка. Времетраењето на дополнителната членска картичка е еднаква со времетраењето на вашата основна картичка, односно дополнителната картичка истекува на ист датум кога истекува и вашиот основен членски пакет. Дополнителна Classic семејна членска картичка чини 390,00ден, а дополнителна семејна Europe Premium членска картичка чини 690,00ден. Семејна членска картичка можете да извадите и онлајн на www.amsm.mk. Споделете ги услугите и патувајте БЕЗГРИЖНО! Повеќе информации 02/3181-108

ПОДАРЕТЕ АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Ако на своите најблиски им посакувате повеќе насмевки, помалку грижи и по некој денар повеќе, тогаш подарете им АМСМ членска картичка и направете ги овие желби реалност. Подарувајќи АМСМ членска картичка, вие подарувате: - БЕЗГРИЖНО ПАТУВАЊЕ 365 дена во годината - Бесплатна помош на пат и шлепување во секое време на целата територија на нашата држава или и надвор од неа - Професионална грижа за возилото преку бесплатни сервисни акции во АМСМ - Сигурна заштеда со АМСМ Партнер попусти во внимателно избрани продажни места во земјава и странство Подарувајќи АМСМ членска картичка, новата 2022 година на своите најблиски навистина можете да им ја направите безгрижна, барем на пат. АМСМ членска картичка можете да подарите и онлајн преку нашата веб страница (www.amsm.mk), така што оној на кој му подарувате, ќе ја добие вашата порака на својата електронска адреса, а по телефонска потврда на податоците, ќе ја добие и својата АМСМ членска картичка по пошта, како подарок од Вас. Повеќе информации 02/3181-108

18

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

НОВАТА 2022 ГОДИНА ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ 24/7 Доколку оваа зима патувате со автомобил надвор од земјата, не заборавајте да ја проверите валидноста на меѓународните документи кои задолжително треба да ги поседувате. • Меѓународна возачка дозвола, за која ви се потребни следните документи: - 2 фотографии (45мм x 35 мм) - Лично присуство со документ за идентификација (лична карта или пасош) - Национална возачка дозвола - Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ) • Овластување за управување со туѓо моторно возило, за кое ви се потребни следните документи: - Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош) - Лично присуство на корисникот на возилото со пасош Доколку не поседувате зелен картон, имајте ја во предвид цената која ќе треба да ја платите, а која зависи од моќноста на вашето возило и колку често патувате надвор од земјата: Возило

Период на важност

Цена

Патничко возило до 66KW

Годишен

3.690,00

Патничко возило над 66KW

Годишен

5.536,00

Патничко возило до 66KW

Месечен

1.850,00

Патничко возило над 66KW

Месечен

3.075,00

За патување надвор од земјата ви препорачуваме да обезбедите патничко осигурување, без франшиза и со вклучено покритие од Ковид-19. Сите меѓународни документи можете да ги извадите 24/7 во АМСМ во Скопје-Центар, освен меѓународната возачка дозвола, која можете да ја извадите во работно време на шалтерот на МВР во АМСМ. Повеќе информации 02/3181-181.

ПРОВЕРЕТЕ ЈА СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА Секогаш, но посебно во зима, каде и да патувате, задолжително проверете ја состојбата на патиштата и на граничните премини на страната на нашата земја: - на телефонскиот број 15 555 или - на нашата веб страница (www.amsm.mk) Само со најнови информации за состојбата на патиштата и граничните премини вашите патувања ќе бидат безгрижни од почеток до крај.

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АМСМ

Моторни возила

БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ Е ВО НАШИ РАЦЕ ВО ПОСЛЕДНИВЕ СТОТИНА ГОДИНИ ВОЗИЛАТА ДОЖИВУВААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ, СТАНУВААТ ПОСИЛНИ, ПОКОМФОРНИ, ПОЛЕСНО СЕ УПРАВУВА СО НИВ И РАЗВИВААТ ГОЛЕМИ БРЗИНИ. ПАРАЛЕЛНО СО ТОА СЕ ЗГОЛЕМУВА И БРОЈОТ НА МОТОРНИ И ТРАНСПОРТНИ ВОЗИЛАТА, ОД НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ НА ПОЧЕТОКОТ НА ДВАЕСЕТТИОТ ВЕК, ДО СТОТИЦИ МИЛИОНИ ДЕНЕС. БРЗИНАТА ОД 30 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС СЕ ЗГОЛЕМУВА НА ПОВЕЌЕ СТОТИНИ КИЛОМЕТРИ. ОВОЈ РАЗВОЈ, НО НЕ СЕКАДЕ, ГО СЛЕДИ И МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА ПАТНАТА МРЕЖА.

С

о зголемувањето на бројот на возилата и нивното усовршување се гради нова патна мрежа со патна сигнализација, со многубројни известувања и забрани. Меѓутоа, за разлика од големиот број технички промени и усовршувања на возилата и изградбата на патиштата, физиолошките можности на човекот остануваат непроменети во однос на потребите на брзиот и динамичен сообраќај. Моторизацијата во Република Северна Македонија доживува забрзан развој, што е проследен со модернизација на патната мрежа. Како резултат на зголемувањето на бројот на моторните возила и несоодветниот развој на патната и на уличната мрежа, се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди. Врз сообраќајните незгоди влијаат повеќе фактори. Една од основните причини е зголемената фрекфенција во сообраќајот, недисциплината на возачите и отсуството на превентивни мерки. Пребрзото возење, непрописното престигнување, непочитувањето предност, консумирањето алкохол и грешките на пешаците се петте основни причини за сообраќајните незгоди со потешки последици. Најмногу сообраќајни незгоди се резултат на пребрзо возење. Втора, исто толку значајна причина за настану-

20

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

вање на сообраќајните незгоди е управувањето со моторно возила под дејство на алкохол. Меѓутоа, заморот, лошата психофизичка состојба на возачите, непрописното престигнување, непочитувањето предност за минување, како и неприспособувањето на условите на патот, се причини да се случат голем број незгоди, во кои често има загинати и повредени лица. Исто така, и ниските надворешни температури и почетокот на зимата значително ги менуваат условите во кои се одвива патниот сообраќај. Таа промена е во насока на отежнување на условите за одвивање на патниот сообраќај, предизвикани од временските промени што доведуваат до промени на состојбите на патот. Коловозите на патиштата се влажни, покриени со снег и голомразица и лизгави. Врнежите од дожд и од снег, како и маглата, ја намалуваат видливоста во сообраќајот, се зголемуваат лизгавицата на коловозот и тие директно влијаат врз безбедноста во патниот сообраќај. Според статистички податоци, безбедноста во сообраќајот,несамокајнастукуивосветот,нее на високо ниво, напротив, многу ниско котираме. Ги споменавме алкохолизираните возачи како главен предизвикувач на незгоди во сообраќајот, а зад нив се посочуваат,

брзото возење и неисправните возила. Често во извештаите од сообраќајните незгоди се наведени следниве зборови: „од засега непозната причина автомобилот излетал од патот и завршил во ридот, амбисот, во нивата итн.“. Сè е можно кога се седнува зад управувач на неисправно моторно возило. НЕИСПРАВНОТО ВОЗИЛО Е ИЗВОР НА ОПАСНОСТИ ВО СООБРАЌАЈОТ Техничката исправност на елементите и уредите е основен предуслов за безбедно учество на возилата во сообраќајот. Старосната структура на возилата што учествуваат во јавниот превоз наметнува потреба методолошки и технички внимателно да се пристапи кон проблемот со техничката состојба на возилата, при редовни и вонредни технички прегледи по сообраќајна незгода. Технички преглед на возила е преглед со кој се утврдува исправноста на пропишаните системи, составните делови, самостојните технички единици, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, уредите за осветлување на патот и на возилото и за испуштање на согорените гасови и исполнувањето на пропишаните барања во поглед на заштитата на


АМСМ |

животната средина, дали идентификационите броеви на возилото се совпаѓаат со броевите запишани во сообраќајната дозвола, како и дали возилото ги исполнува и другите пропишани услови за учество во сообраќајот. Во Законот за безбедност на сообраќајот се предвидува еднаш годишно да се врши редовен технички преглед на возилата. За да се прогласат за технички исправни, возилата треба да ги исполнуваат следниве барања: - исправна возна постројка и каросерија, односно самоносечка конструкција; - исправен мотор и погонски уреди; - исправен уред за управување; - исправен уред за сопирање; - исправни светлосни и светлосно-сигнални уреди; - исправни контролни и сигнални уреди; - исправни уреди што овозможуваат нормална видливост; - исправни оски, тркала, пневматици; - исправен уред за давање звучни сигнали; - исправен уред за движење на возилото назад; - исправен уред за испуштање на согорени гасови; - исправна емисија на издувни гасови; - исправен влечен уред за спојување на влечно и приклучно возило; и - исправни други уреди, делови и ознака на возилата и нивната опрема. Кога станува збор за возила увезени од странство, без разлика дали се нови или половни, задолжително мора да поминат низ некои од следниве постапки пред да се регистрираат во Република Северна Македонија: - поединечно одобрување на возилото; - идентификација на возилото - идентификација и оцена на техничката состојба на возилото. Доколку успешно се помине низ овие постапки, органот за одобрување (Биро за метрологија) во име на Министерството за економија, дава согласност за поединечно прегледаното возило да започне постапка на регистрација. ЗДРАВСТВЕНА СЕЛЕКЦИЈА НА ВОЗАЧИТЕ Здравствената селекција на возачите е потребна првенствено затоа што тоа е законска обврска. Законодавецот поаѓа од фактот дека не може секој да управува со возило, односно дека за безбедно управување со возило е потребен минимум здравствен стандард што се разликува од држава до држава, но постои секаде во светот.

Постапките за извршување на работите на технички преглед за кои се овластува правното лице за технички преглед претставуваат постапки за: прегледи на возилата по посебни барања и периодични и вонрeдни технички прегледи. Моторните возила и приколките што вршат јавен превоз или превоз на опасни материи, како и возилата што ги обучуваат кандидатите за возачи подлежат на технички преглед на секои шест месеци, што вклучува; - преглед на возната постројка и на каросеријата, односно самоносечката конструкција; - преглед на моторот и на погонските уреди; - преглед на уредот за управување; - преглед на уредот за сопирање; - преглед на светлосните и светлосно-сигналните уреди;

- преглед на контролните и на сигналните уреди; - преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост; - преглед на оските, тркалата и на пневматиците; - преглед на уредот за давање звучни сигнали; - преглед на уредот за испуштање согорени гасови; - преглед на уредот за спојување на влечно и приклучно возило; - преглед на другите уреди, делови и ознаки на возилото; - преглед на опремата во возилото; - преглед со мерење на чадливоста (опацитет) на емисијата на издувните гасови од возилата со дизел-мотори и мерење на емисиите на издувните гасови на бензинските мотори; и - преглед на бучавата што ја емитува возилото.

Човекот, без оглед во кое својство учествува во патниот сообраќај, најчесто како пешак или возач, освен познавањето и почитувањето на сообраќајните правила и прописи и етичкото однесување, потребно е да биде и психофи-

зички здрав. Поради наведеното, пред започнувањето на практичната обука за возач, секој кандидат за возач треба да помине на здравствен преглед за да се констатира неговата психофизичка и општа здравствена состојба и

Со стапувањето во сила на Законот за возила во 2008 година („Сл. весник на РМ“ бр. 140/08), во Република Македонија започна процес на усогласување на прописите со прописите на Европската Унија што се однесуваат на возилата. Во подзаконските акти што произлегуваат од Законот за возила се дефинирани категориите возила што во документите за регистрација на возилата долго време пред донесувањето на наведените прописи се дефинирани согласно стандардите што важеле дотогаш, а кои се со постар датум. Накратко, категоризацијата на возила во Република Северна Македонија е следна: Категоријата М е категорија моторни возила со најмалку четири тркала што се наменети за превоз на патници. Поделбата на категоријата М е следна: Категорија M1: Возила за превоз на патници со најмногу осум седишта, не вклучувајќи го седиштето на возачот.

Категорија M2: Возила за превоз на патници со повеќе од осум седишта, не вклучувајќи го седиштето на возачот и со максимална маса до најмногу пет тони. Категорија M3: Возило за превоз на патници со повеќе од осум седишта, не вклучувајќи го седиштето на возачот и со максимална маса повеќе од пет тони. Категоријата N е категорија моторни возила со најмалку четири тркала што се наменети за превоз на стока. Поделбата на категоријата N е следна: Категорија N1: Возила за превоз на стоки со максимална маса до 3,5 тони. Категорија N2: Возила за превоз на стоки со максимална маса повеќе од 3,5 тони, меѓутоа до најмногу 12 тони. Категорија N3: Возила за превоз на стоки со максимална маса повеќе од 12 тони.

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АМСМ

да добие лекарско уверение за способност за управување со моторно возило. На здравствен преглед подлежат и возачите на автобусите. Возачот треба да биде искусен, психофизички здрав, одморен, да поседува возачка дозвола од категорија Д и да вози внимателно почитувајќи ги сообраќајните правила и прописи. Согласно законските одредби за превоз на лица со автобус, возачот мора да поседува документ со кој му е одобрено вршење дејност јавен превоз во патниот сообраќај, односно лиценца. Тој не смее во автобусот да превезува повеќе лица од бројот на седишта, односно толку колку што е означено во сообраќајната дозвола. Возачот не смее да започне со возење додека патниците не се седнати и сместени, а вратите не се затворени и не смее да ги отвора за време на возењето. Во услови на магла задолжително треба да ги има запалено соборените светла за осветлување на патот или светлата за магла или двете истовремено. Автобусот треба да биде регистриран и технички исправен (исправни уреди за запирање, светлосно-сигнални уреди, исправно парно греење, бришачи и друго.) Да поседува зимскa и друга опрема. Во зимска опрема за автобус спаѓаат зимски пневматици со минимална длабочина на шарата на слојот што гази од 6 мм. Доколку на погонските тркала на автобусот може да се постават синџири, автобусот треба да има и синџири за снег и лопата. Автобусот треба да поседува два противпожарни апарата, еден од три и еден од шест килограми... Без разлика за каков тип на возило станува збор, сервисирањето и соодветната проверка на возилото е во текот на целата година е исклучително важна за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. • Маргита Поповска

22

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

АВТОБУСИТЕ, БЕЗБЕДНО СРЕДСТВО ЗА ПАТЕН ПРЕВОЗ

Според Сојузната канцеларија за статистика, патувањето со автобус е најбезбеден начин за патување по европските патишта. На сопствениците на автобуси што превезуваат патници треба да им биде врвен приоритет безбедноста на патниците. Треба да ги применуваат најновите безбедносни карактеристики, како во автобусите, така и при обука на возачите. Дозволено е да се пренесува багаж и дополнителен багаж на патниците, а не смее да се пренесува оружје, високо запаливи, експлозивни, отровни и други опасни материи предмети што можат да го загрозат животот, здравјето на патниците и возачкиот персонал. Секој професионален возач што вози патничко или товарно моторно возило што со користи за комерцијални потреби и со кое се врши јавен превоз на патници и на стока во меѓународниот и во внатрешниот патен сообраќај мора да ги почитува правилата што се однесуваат на времето што може да го помине во возење и мини-

малното време на паузи што мора да ги направи за време на возачкиот ден, како и дневните и неделните периоди на одмор. Професионалниот возач мора да направи пауза по 4,5 часа непрекинато возење. Секоја пауза по овие 4,5 часа возење мора да биде најмалку 45 минути. Дозволеното дневно време на возење во период од 24 часа е 9 часа по што мора да се направи дневен одмор. Сите возачи што учествуваат во јавниот превоз на патници и на стока во меѓународниот патен сообраќај мора да поседуваат и сертификат за професионална компетентност на возачот. Фирмите превозници што вршат јавен превоз на патници и на стока во меѓународниот и во внатрешниот патен сообраќај мора да поседуваат лиценца (одобрение), а за секое моторно возило одделно мора да поседуваат извод од лиценца што се издава од Министерството за транспорт и врски.


АМСМ |

• Кои документи се потребни за вадење на меѓународна дозвола и за полномоштво, дали може лична карта од родител или мора лично да дојде при нивно вадење и дали АМСМ центар работи во сабота? АМСМ: Потребни документи за меѓународна возачка дозвола: - две фотографии (45 мм x 35 мм) - Лично присуство со документ за идентификација (лична карта или пасош) и национална возачка дозвола - Потврда од Министерството за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (ја издава МВР во АМСМ) Потребни документи за Одобрение за управување со туѓо моторно возило: - Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош) - Лично присуство на корисникот на возилото со пасош Работното време во сабота е од 08:00 до 15:00 часот.

• Ме интересира дали за патување во Република Албанија се потребни зелена карта и меѓународна возачка дозвола? • Дали во земјава се признаваат зелени карта печатени на бела хартија, купени онлајн и печатени во црно-бел формат? АМСМ: Во нашата држава зелена карта се печати на претходно заштитен образец во зелена боја и само лица со лиценца може да го изготват и не е можно негово онлајн купување. Во некои странски држави е овозможено онлајн купување на зелена карта и таа е валидна, без оглед дали е печатена на бела хартија или, пак, се приложува на увид во електронска форма.

АМСМ: Задолжително е да се поседува зелена карта. Во согласност со потпишаниот договор, на носителите на македонска возачка дозвола што престојуваат на територијата на Република Албанија не им е потребна меѓународна возачка дозвола. • Дали положени тестови за возачка важат и по три-четири години? АМСМ: Во рок од една година откако сте ги положиле тестовите треба да положите и градска, во спротивно ви пропаѓаат тестовите и полигонот, односно ќе треба повторно да ги полагате.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Тест на детски седишта 2021

ДОБРА ПОДДРШКА ОД 17 ДЕТСКИ СЕДИШТА КОИ БЕА ТЕСТИРАНИ ВО ТЕСТОТ - ДВАНАЕСЕТ МОДЕЛИ БЕА ОЦЕНЕТИ КАКО „ДОБРИ“, А САМО ЕДНО СЕДИШТЕ НЕ БЕШЕ ВООПШТО ДОБРО. ГЛЕДАНО ОД ТОЈ АСПЕКТ, РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ МНОГУ ДОБРИ. ОД АЛЕКСАНДАР ФИШЕР

Марка Ознака за тип

Graco

Graco

Snugessentials

Snugessentials+ Snugride i-Size Base

Maxi-Cosi

Maxi-Cosi

Peble 360

Peble 360 +FamilyFix 360 Base

Britax Römer

Britax Römer

Baby-Safe 3 i-Size

Baby-Safe 3 i-Size + Flex Base iSense

Britax Römer

Baby-Safe i-Size

Baby-Safe 3 i-Size+ Flex Base iSense

Насока на поставување*

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

ЕCE-класа

45-75 cm

45-75 cm

40-83 cm

40-83 cm

40-83 cm

40-83 cm

40-83 cm

40-83 cm

3,7

3,7/5,4

4,6

4,6/7,9

4,7

4,7/9,7

4,7

4,7/9,7

Тежина седиште/ основа во kg Цена [€]

110,-

110,-100,-

269,-

269,-/239,-

249,-

249,-/255,-

289,-

290,-/255.-

Безбедност

1,6

1,6

1,3

1,6

1,6

1,7

1,6

1,7

Употребливост

3,0

2,0

2,2

2,0

2,5

3,1

2,5

3,1

Ергономија

1,7

1,9

2,0

2,2

1,7

1,9

1,7

1,9

Контрола на штетни материи

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

Добар

Добар

Добар

Добар

Добар

Добар

Добар

Добар

Препорака од клубот

*) Податок во врска со правецот на возење, поставено кон напред (нанапред), поставено кон назад (наназад) односно накосо 24

Britax Römer

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


TEСТОВИ И СОВЕТИ

КОЕ ДЕТСКО СЕДИШТЕ – Експертот Стефан

Кербл прашан за Заклучок од извршените тестирања, наведе дека може да постојат само две причини: Или да се мери кои недостатоци имаат најголемо влијание и во кој модел, или пак, а тоа ретко се случува, поголемиот дел од моделите да се одвојуваат речиси без никакви проблеми. За жал, и овој пат ниту во ова тестирање не беше вклучено ниту едно седиште оценето како „многу добро“. Детските седишта традиционално се оценети како добри. Од една страна, ова се должи на дизајнот на седиштата во облик на школка, кој нуди многу заштита, а од друга страна, и позиционирањето на детските седишта во возилото, кое што може да се постави само спротивно на насоката на движење (и затоа се многу побезбедни). Разликите помеѓу секој од поединечните модели на Graco, Maxi-Cosi, Britax Römer и Swandoo, може да се види дека се релативно мали - и во однос на безбедноста, како и во однос на функционирањето и ергономијата. Многу е поважно кога се купува едно од овие седишта тоа да биде соодветно за вашиот автомобил и за удобноста и благосостојбата на детето. Бидејќи овие два

критериуми не можат доволно често и секогаш да се задоволат - не секое седиште се вклопува во секој автомобил и не секое дете се чувствува удобно на секое седиште. Затоа почитувани родители, кога купувате детско седиште, можете да ги користите овие два критериуми. ГЕНЕРАЦИСКИТЕ СЕДИШТА сè повеќе го наоѓаат своето место во малопродажбата. Што се подразбира под овој термин, или под овој тип на седишта ќе објасниме сега: имено поради нивниот дизајн, во текот на животот на детето, овие седишта можат да се користат подолго од конвенционалните модели. Со други зборови: едно дете, едно седиште. Ако сакате да ја следите класичната шема, ќе треба да купите две до три седишта. Во овој тест, Nuna Tres LX и двата модели на Chicco Seat4Fix спаѓаат помеѓу генерациските седишта. Штефан Кребл: „Цените се фер и достапни, идејата

и намената е добронамерна и доста амбициозна, но во пракса сè уште се појавуваат неколку проблематични области. Овде се вклучуваат слабостите, но пред сè безбедноста. Особено овде е многу важно да се спомене дека, генерациските седишта обично функционираат полошо од класичните модели. СРЕЌНАТА ВЕСТ на крајот гласи: Недостатоците кај седиштата едвај беа откриени во тековниот тест. Само кај еден модел (Osann Oreo 360) беа надминати границите на тестот до тој степен што на крајот како резултат на целото тестирање, седиштето беше оценето „недоволно“. Врвен пример за тоа како да се справиме со оправданата критика, е компанијата Swandoo. По претерано високите вредности на недостатоци на првиот тест за детско седиште оваа година, во ова тестирање резултатот беше подобрен: нема недостатоци во сегашниот модел. •

Пријатно сме изненадени што премногу недостатоци и оштетувања се јавуваат како проблем само кај едно седиште.

Превземено од OAMTC

Штефан Кребл, ÖAMTC техничар

Kласа според тежината:

0: 0-9 kg. 0+: 0-13 kg. I: 9-18 kg. II: 15-25 kg. III: 22-36 kg. Swandoo

Avova

Marie III

Sporber-Fix i-Size

Osann

Nuna

Chicco

Oreo 360

Tres LX

Seat4Fix

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред и наназад

40-105 cm

40-105 cm

40-105 cm

40-105 cm

15,8

12,6

14,1

539,-

450,-

2,0

Chicco

Cybex

Britax Römer

Joie

Seat4Fix Air

Sirona SX2 i-Size

Dualfix iSense+ Flex Base iSense

i - Trillo LX

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред

0+/I/II/III

0+/I/II/III

61-105 cm

61-105 cm

100-150 cm

10,0

13,5

13,5

14,0

5,6/9,7

4,4

330,-

360,-

320,-

k.A.

400,-

340,-/260,-

129,-

2,6

2,4

1,7

4,2

4,2

1,8

2,0

2,1

0,6-1,5 многу добар

2,7

2,5

2,8

2,6

3,3

3,3

2,4

2,7

2,1

1,6-2,5 добар

2,0

1,9

2,4

1,9

2,3

2,3

2,1

2,3

2,2

2.6-3.5 задоволителен

1,0

2,0

5,2

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

3,6-4,5 доволен

Добар

Задоволителен

Недоволен

Доволен

Доволен

Доволен

Добар

Добар

Добар

За целокупната оценка важи следново:

4.6-5.5 недоволен

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| СТИЛ

Галерија Лафајет (Galeries Lafayette Paris Haussmann)

СТОКОВНАТА КУЌА НА БУЛЕВАРОТ HAUSSMANN ВО ДEВЕТТИОТ ПАРИСКИ АРОНДИСМАН (ОБЛАСТ) Е ДЕЛ ОД СИНЏИРОТ GALERIES LAFAYETTE, ПРИСУТЕН ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ, А БРОЈКАТА Е ВОСХИТУВАЧКА - ПЕДЕСЕТИНА ШОПИНГ-ЦЕНТРИ ЧИЈА ПРИВЛЕЧНОСТ Е НЕСОМНЕНА ПОРАДИ ЛУКСУЗОТ КАКО НИВЕН ЗАШТИТЕН СИМБОЛ. БОЖИЌНАТА (НОВОГОДИШНАТА) ДЕКОРАЦИЈА Е НЕШТО ПОСЕБНО И ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА ПОТЕНЦИРА УБАВИНАТА НА ЕНТЕРИЕРОТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И СТАКЛЕНАТА КУПОЛА СО ЧЕЛИЧНИ ПРИМЕСИ.

П

ариз отсекогаш е модна престолнина, крајна дестинација на дизајнерите отсекаде, а настапот во рамките на Paris Fashion Week е борба за престиж. Таму, во градот на светлината, Марија Антоанета го купувала најголемиот дел од гардеробата и најубавиот, се разбира, додека Коко Шанел го лансирала малиот црн фустан, задолжителното парче облека на секоја жена. Galeries Lafayette на булеварот Haussmann во дeветтиот арондисман од 1912 година, кога официјално е и отворен, важи за стоковна куќа со педигре, како што ја нарекуваат парижаните и парижанките, а нејзината ексклузивност поради луксузот придонесува за „галеријата“ да ја поистовету-

26

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

СИНОНИМ НА ЛУКСУЗНИОТ ФРАНЦУСКИ ШОПИНГ ваат со другите париски обележја. й припаѓа на истоимената групација која од 1960-тата е членка на Меѓународната асоцијација на стоковни куќи. Таа е прва, најстара „галерија“ во синџирот. Иако зградата каде што се наоѓа денес постои цели сто и девет години, нејзината приказна е уште подолга и датира од 1894 год. Оттогаш е идејата на Théophile Bader и братучед му Alphonse Kahn за отворање на продавница за облека во која сите купувачи ќе се чувствуваат како дома. Тоа е мотото и денес. Во наредната година ја отвориле својата галантерија на ќошот меѓу Rue La Fayette и Rue de la Chausséed’Antin во Париз. Наскоро ја купиле и целата зграда каде што се наоѓала продавницата со цел да се шират и понатаму. Така, во 1905-тата ги зеле објектите на булеварот Haussmann, бр. 38, 40 и 42, како и зградата на Rue de la Chausséed’Antin, бр.15. Го ангажирале познатиот архитект Georges Chedanne да ја уреди внатрешноста, која била готова во 1907 г., а неговиот чирак Ferdinand Chanut ја дизајнирал стаклената купола со челични примеси, висока четириесет и три метри, во Арт Нуво стил. Такви биле и скалите. Официјално, стоковната куќа ја отвориле во октомври 1912-тата, со голема помпа. Дваесет години подоцна е реновирана во Арт Деко стил. Замислата била на познатиот архитект Pierre Patou.

Развојниот пат на Galeries Lafayette Paris Haussmann е достоен за почит, од почеток до крај. Најпрво се продавала женската облека која се произведувала во нејзината работилница, вклучително и дизајнерската што се изработувала во неа. Потоа се отворил и машки оддел, за мебел, играчки, садови, а се организирале и хепенинзи со цел да се привлечат многу посетители, купувачи. На пример, во 1919 год. се чекало ред за да се види Jules Védrines, пилотот кој слетувал на покривот. Три години подоцна се отворила и работилница каде што се изработувал мебел, а се произведувале и штофови, тапети, килими, керамички предмети, садови на чии етикети се потпишувал декоратерот Maurice Dufrène. Стоковната куќа веднаш по завршувањето на Втората светска војна се изменила во смисла на организација, намена и слично. Во 1950-тите се правеле изложби, претставувајќи го најдоброто од соседните и другите земји во Европа и светот, а десет години потоа се лансирале колекциите на младите, нови дизајнери. Така, во 1962 г. се претставила и Laura, моден креатор, денес позната како Sonia Rykiel. Меѓу 1980-тата и 2000 година и реномираните дизајнери почнале да ги отвораат своите продавници, а сега е престижно место за прикажување на последните, најнови колекции. Имено, секој петок во 15:00,


СТИЛ |

на четвртиот кат се одржуваат ревии на брендовите чии продавници се таму, во Galeries Lafayette Paris Haussmann, а резервацијата е задолжителна. Кога се работи за трговските марки, бројката е импресивна - околу две илјади брендови се присутни во стоковната куќа на површина од седумдесет илјади квадратни метри, вклучително и дваесет и петте ресторани. Според информациите за нејзината посетеност, годишно се избројуваат околу триесет и седум милиони купувачи. Секако, за време на празниците и деновите пред нив е најмногу посетена, не само заради шопинг, туку и поради одбележувањето на соодветен, убав начин со настани, случувања што ги организираат продавниците, секоја посебно и восхитувачката декорација, незаобиколно. Така е и сега, во пресрет на Божиќ и Нова година. Украсувањето започнува во ноември, а елката е дел од нејзиниот декор. Обично се закачува на куполата. Дедо Мраз й е верен придружник. Оваа традиција е установена во 1976 год., како и поволностите што се нудат со цел да се прослават божиќните и новогодишните празници на шармантен, париски начин, исполнет со мала доза на луксуз, раскош. Во знакот на Божиќ и Нова година е буквално сè, па и доброто расположение, среќата која е забележлива на човечките лица, во нивните очи. Посетата на Galeries Lafayette Paris Haussmann се споредува со авантура, вклучително и шопингот. Продавниците за гардероба, машка и женска, трендовска и класична, за модни додатоци, односно аксесоари (од накит до часовници), за козметички средства (природни, органски), за кожени производи, чевли, како и за детска облека, играчки.., се распоредени тематски,

наменски, на седум катови, а купувањето може да се комбинира и со други активности, занимации, од разгледување на уметнички дела во изложбениот простор Galerie des Galeries до пиење кафе, алкохолен пијалак или јадење во еден од неколкуте ресторани каде што може и да се научи како се приготвуваат макаронс-колачи на пример. Готвачот Julien Sebbag ја менаџира гостилницата на покривот со поглед на Opéra Garnier, Les Invalides, Tour Montparnasse и Ајфеловата кула. Во Créatures се послужуваат медитерански деликатеси, вегетаријански, а тревките кои се користат за мирудии, заедно со јагодите, малините и јадливите цвеќиња се одгледуваат на површина од илјада квадратни метри на терасата. „Куполата“ е прекарот, другото име на Galeries Lafayette Paris Haussmann. Така ја викаат жителите на француската метропола. Иновативноста е нејзина одлика, меѓу другото. Перманентно се воведува нешто ново, како урбаното земјоделие во 2015 г., вклучително и Go For Good во 2018-тата, со цел да се зголеми одговорноста, да се подобри во смисла на одр-

жливиот развој. Кампањата опфаќа дванаесет илјади производи од седумстотини брендови, нејзини партнери. Стоковната куќа за која се вели дека е париски трејд-марк е, всушност, добро смислен проект за театарска драматургија на модата, како што ја нарекувале основачите, а нејзиното иконично значење може да се забележи во милионската посета на парижаните и парижанките, домашните и странските туристи - купувачите со развиено чувство за убавото, смислата за него и задоволството, уживањето во луксузот, раскошниот начин на живот. Некогаш е доволна и прошетката до Galeries Lafayette Paris Haussmann, во неа, да се разгледаат излозите, новите модни колекции на дизајнерите кои делуваат инспиративно, да се испие кафе на раат и да се осознае вистината за животот, дека неговата убавина ја чинат исклучиво малите нешта. Празниците како Нова година и Божиќ нè потсетуваат на тоа, нема сомневање. Во француската метропола, светската престолнина кога е модата во прашање или не, новиот почетокот секогаш е добредојден. • Игор Ландсберг

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


ГАСТРОНОМИЈА

ЊОКИ СО ТАРТУФ Состојки • Црн тартуф • Шампињони • Масло од тартуф • Хопла • Лук • Бело вино • Сол

Гарнир: • Свеж тартуф • Пармезан

Подготовка:

Најпрвин њоќите се варат во вода додека не испливаат на површина. За тоа време, во тавче на масло од тартуф, се пропржуваат ситно сецкани шампињони, во кој се додава ситно сецкан црн тартуф. Дополнително се додава сол по вкус, ситно сецкано лук, малку хопла и бело вино. Сето ова се спојува со претходно сварените њоки и се сервира. На крајот се додава рендан пармезан и рендан свеж црн тартуф. ДОБАР АПЕТИТ!

28

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„УМЕТНОСТА НА СОЗДАВАЊЕ СПОМЕНИ“ МАЈК ВИКИНГ

О

д авторот на меѓународниот бестселер „Мала книга за хиге“, Мајк Викинг, од печат излезе книгата „Уметноста на создавање спомени“. Викинг, кој е истражувач на среќата и најпродаван автор на „Њујорк тајмс“, во оваа книга открива како да создавате и да помните среќни моменти, кои го прават животот посладок. Секоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи зад себе никаква трага, а некои ги помниме засекогаш. Дали го паметиш првиот бакнеж? Или највкусниот оброк? Или мирисот на свежо потстрижената трева на совршен летен ден? Кога нашите сетила се стимулирани, кога ќе ја искористиме моќта на првите искуства и кога сме свесни за сопствените чувства и емоции, полесно ќе ги зачуваме нашите среќни спомени. Повикувајќи се на научни истражувања на среќата, Мајк Викинг нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме. Користејќи податоци и дневници, прашалници, глобални анкети и истражувања, научни осврти на однесувањето и експерименти со среќата, Уметноста на создавање спомени ќе ни објасни како да создадеме совршени моменти. Моменти што ќе ги запаметиме засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат нашата личност. •

„THE DREAM OF CHRISTMAS“ GARY BARLOW

Н

екогашниот член (главен пејач) на британската поп-група Take That - Gary Barlow чија соло кариера е завидна, и како пејач, но и како текстописец, продуцент, личност од телевизијата и актер, на 26-ти минатиот месец го издаде својот шести студиски албум. The Dream of Christmas е, всушност, негово прво божиќно цеде кое се пушти во продажба во пресрет на празничните денови, во соработка со Polydor Records Ltd., а Sheridan Smith (англиска глумица, пејачка и презентерка - телевизиска), The Puppini Sisters (англиско вокално трио), Sheku Kanneh-Mason (британски челист) и Aled Jones (велшки пејач и презентер - радио и телевизиски) се негови гости. Подготовките за овој албум почнале минатата година кога Божиќ се прослави дома заради вирусната пандемија. Како што е вообичаено, и на овој албум му претходеа неколку промоции на синглови, поточно три - „The Dream of Christmas“ и „Sleigh Ride“ на 29 октомври, а „How Christmas Is Supposed To Be“ со Sheridan Smith се промовираше на 24 ноември. Другите осум песни се: „Wonderful Christmastime“, „This Christmas“, „Come on Christmas“, „My Dear Acquaintance“, „Winter Wonderland“ (со The Puppini Sisters), „The Colder It Feels“ (со Sheku Kanneh-Mason), „Merry Christmas Everyone“ и „A Child’s Christmas in Wales“ (со Aled Jones). Делукс едицијата има пет бонуси - „I’ve Got My Love to Keep Me Warm“, „I Believe in Father Christmas“, „In the Bleak Midwinter“, „It’s the Most Wonderful Time of the Year“ и „Christmas Sweater“. •

„A CASTLE FOR CHRISTMAS“ (ЗАМОК ЗА БОЖИЌ)

К

ако што се ближат новогодишните и божиќните празници, така се интензивираат препораките на продукциските куќи за филмовите кои сметаат дека треба да ги гледате во деновите кога се пречекува Новата година и се прославува Рождеството Христово. Минатиот месец, на 26-ти, се одржа премиерата на романтичната комедија A Castle for Christmas, снимена по сценарио на Ally Carter, Kim BeyerJohnson, Neal H. и Tippi Dobrofsky. Филмот на Netflix ја раскажува приказната за американската писателка, авторка на бестселери - Sophie Brown која патува во Шкотска за да избега од скандалот што го предизвика нејзината последна книга. Додека е таму, писателката се заљубува во замокот Dun Dunbar, но мора да се соочи со лошото расположение на војводата кој е, всушност, негов сопственик. Инаку, романтичната комедија е снимена во реставрираниот Dalmeny House, готски дворец во северозападниот дел на Единбург, но и замокот Tantallon се користел за снимање, како сцена. Музиката во филмот ја содржи песната „Келтско срце“ на бендот Starsky & The Fox од Глазгов. • Жанр: романтична комедија Актери: JBrooke Shields, Cary Elwes, Lee Ross, Vanessa Grasse Режија: Мary Lambert

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| ПАТУВАЊЕ

Наш предлог, ваш избор Галичник

СТРЕСОТ НА РАБОТА, ОБВРСКИТЕ И МАЛКУТО ВРЕМЕ ШТО СИ ГО ПОСВЕТУВАМЕ НА СЕБЕ И НА НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ДЕЛУВААТ ИСЦРПУВАЧКИ ВРЗ НАС. ЗА СРЕЌА, ПОСТОИ НАЧИН ДА ГИ НАПОЛНИТЕ БАТЕРИИТЕ, ДА ЈА ВРАТИТЕ ХАРМОНИЈАТА И ДА СЕ ОПУШТИТЕ ВО ДРУШТВО НА САКАНАТА ЛИЧНОСТ. ПОЧЕСТЕТЕ СЕ СО ВИКЕНД ВО ЕДЕН ОД МНОГУТЕ СПА ЦЕНТРИ И РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ СО НИВНИТЕ ПОНУДИ. ПРОВЕРЕТЕ, УЖИВАЊЕТО Е ЗАГАРАНТИРАНО, А ПО САМО ЕДЕН ВИКЕНД ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО ДЕСЕТ ДЕНА ДА СТЕ НА ОДМОР.

В

о последнава деценија-две сè повеќе се зборува за ,,убаво живеење’’ – идеја која подразбира грижа за сопственото тело и ум, негување на вредности кои влијаат позитивни на нас самите, но и на нашата средина и луѓето околу нас. Денес, се внимава на штетните последици од модерното живеење, се зборува за здрава храна и правилен начин на исхрана, на одржување на физичкото здравје на телото. Веќе не зборуваме за здравјето единствено како отсуство од болести, туку како позитивно, органско чувство кое произлегува од нашата ангажираност да се постигне баланс меѓу умот, духот и телото. За овие факти сигурно била свесна и постарата генерација, но била свесна и човечката цивилизација, бидејќи луѓето од памти век оделе во бањи, се мачкале

30

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ВЕЛНЕС, ФИЛОЗОФИЈА НА ЖИВЕЕЊЕ со кал и користеле разни третмани од познати билкари… Позитивните енергетски својства на минералните води и на земјата која тие ја наводнувале, квалитетниот планински воздух, ефектите на џакузито им биле познати и на старите Грци и Римјани, Јапонци и на нашите баби и дедовци. Античките народи и Јапонците особено, ги одбирале најубавите места во Европа и поробените земји за нивни велнес дестинации; „нашите“ оделе во Катланово, Негорци, Врњачка Бања или Бања Лука. Бањата и поминувањето време во базени со топла вода е, исто така, поврзано со здравје и терапија, практика која очигледно никогаш не излегла и нема да излезе од мода. Во овој број, решивме да ве орасположиме со понудата за бањи во нашиот регион, но и да ви предочиме некои бањи, или велнес центри надвор од нашето поблиско соседство. Вистинскиот избор направете го вие и поминете убав викенд, а зошто да не и

новогодишни или божиќни празници и уживајте во благодет што ви го нуди природата. ИЗБЕРЕТО ГО НАЈДОБРОТО ЗА ВАС Порано луксузните хотели не можеа да се замислат без велнес понуда и бања, денес бањите се натпреваруваат со хотелите па во склоп на нивните комплекси додаваат приватни апартмани, јапонски кади, специјални тушеви и сè поегзотични третмани, терапии и фитнес програм кои се под влијание на денешното брзо живеење и невиден потрошувачки порив. Сега терапиите вклучуваат методи од заборавени култури и далечни места но и најнова медицинска технологија, сè со цел да се разликуваат на огромниот пазар на подобро живеење. Во принцип, секаде во светот, па дури и Бугарија или Словенија, можете да добиете шведска масажа и бања вредна колку употребените соли. Врњачка Бања


ПАТУВАЊЕ |

ВРЊАЧКА БАЊА КРАЛИЦА НА БАЊСКИОТ ТУРИЗАМ Доколку сакате да поминете романтичен викенд со вашиот партнер или со вашето семејство на навистина посебен начин и да имате незаборавно искуство, престојот во некој од спа центрите во Врњачка Бања е вистинскиот избор за вас. Покрај тоа што е позната по лековитите извори и здравствениот туризам, Врњачка Бања има што да понуди. Со својата содржина и богата понуда, претставува атрактивен туристички центар за оние кои сакаат забава и нови искуства. Куриозитет на ова место е што тука се наоѓа единствениот топол извор чија температура е исто толку висока колку и температурата на човековото тело, или 36, 5 степени Целзиусови. Самото гратче е симпатично, сместено околу голем парк, а во неговата околина се наоѓаат средновековни згради заштитени од УНЕСКО. Ако и тоа не е доволно да се посети овој град на термални бањи, тогаш можеби ќе ве привлечат двата манастири од тринаесеттиот и дванаесеттиот век. Природни извори можат да се најдат на пет различни места во познатиот парк, чија топла вода (36 степени) е иделна за масажа, а ладната (17 степени) е доволно енергетизирана и служи за подмладување и закрепнување. Од седумте минерални извори во Врњачка Бања, четири се користат во медицински третмани. Во гратчето има бројни хотели, најчесто со базени. Рестораните најчесто се наоѓаат покрај некој поток или извор има имаат многу пријатни тераси под парковите дрва. ПостојатмногупричинизоштоВрњачкаБања е идеална дестинација за одмор, без разлика дали патувате сами, во парови или со деца. БИСЕРОТ НА ЧЕШКА Во Европа, едно од попознатите дестинации кои постојат благодарение на свесноста за убавиот изглед и здравото тело, е чешкото гратче Карлови Вари, кое се наоѓа 81 км западно од Прага, во покраината Бохемија. На бреговите на реката Тепла, тоа е место во чија убавина уживале европски императори, уметници, писатели, како Гете и Бетовен. Станува збор за планинско место кое имате впечаток дека намерно е изградено во срцето на густа шума само за да личи на место од бајките. Атмосферата на главното шеталиште е мирна и спокојна и покрај многуте туристи кои итаат да се напијат од лековита-

та вода. Секоја услуга се прави сталожено и со достоинство па дури имате впечаток дека се враќата назад во времето, кога богатите европејци уживале во чипкасти фасади на хотелите, свежиот воздух и здравиот живот. Името во буквален превод значи ,,бањите на Карло’’ а Карло е кралот на овој регион и Свети Римски Император Карло Четврти, основано во 1370 год. Топлите извори исфрлаат топла минерална вода која служи во различни терапевтски цели, а најголемата температура на водата може да достигне и 73 целзиусови степени. Во Чешката република, најголемиот дел од третманите во бањите мора да бидат препишани од страна на лекар (физикални терапии, или лечење некои посериозни заболувања како артритис), но некои им се достапни на сите и без никаков рецепт, а тоа се минералните бањи и масажи каде може да уфрлите и некоја лековита бања или третман. Тука, посетата во некоја од бањите треба да се резервира ден, два однапред. Во гратчето има неколку клинички бањи кои имаат точно определен распоред и работат многу дисциплинирано кога станува збор за пациенти и луѓе со болка. Ваквиот вид потрошено викенд време е примамливо за скоро секоја старосна група. А доколку навистина полагате сметка на вашето целокупно, ментално и физичко здравје, на вашата добросостојба и правилно функционирање, тогаш секако ќе успеете да се најдете во можност да си дозволите такво нешто. И соседна Бугарија не заостанува во своите понуди кога станува збор за спа центрите и тоа на неполни 100 километри од Скопје. Ќустендил е прогласен за бањско одмора-

Некои бањи, или велнес центри нудат Абајанга (Abhayanga), масажа на цело тело која потекнува од древната индиска ајурведска медицина извршувана од два терапевти. Оваа лековита индиска масажа претставува симултано масирање на телото и лицето од четири раце, а задоволството започнува со бања и педикир на стапалата а завршува со масажа на скалпот. Уште еден познат спа третман е така наречениот ,,кралски третман’’. Ова разгалување на духот и сетилата содржи бања во латици од роза и потопување на телото во есенцијални масла. Потоа следи масажа и пилинг на тело со оригинално италијанско црвено вино, па следи масажа со 4 раце, па мотање во лаванда за телото да ,,олади’’ од виното. На самиот крај следува 90 минутна масажа на лице, па замислите во која состојба ќе ви биде телото по вакво искуство!

лиште од страна на Бугарското министерство за култура, а самиот град нуди и воздушна бања, пријатни шеталишта, ресторани... Античкиот град Пауталија кој се наоѓал на местото на овој денешен бугарски град, бил познат по посебните лековити извори и бањскиот потенцијал, па уште од тоа време бил омилено место за наоѓање внатрешен мир само на високите граѓани на римската Карлови Вари

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| ПАТУВАЊЕ

империја. Некои од хотелите нудат услуги проследени со посебни подготовки на телото и умот. Тие сметаат дека телото мора да биде соодветно спремно пред да се земе третман во сауна бидејќи ефикасноста на процедурата од престојот во загреана просторија зависи од тоа. Пред влегувањето во сауна не треба да се користат продукти кои би довеле до негативна реакција со комбинацијата од продукти која ја нудат таму. Минералната вода во бањите може и да се пие бидејќи е хемиски стабилна и збогатена со минерали. Оваа вода има широка употреба и во различните третмани поврзани со здравствени проблеми. СЛЕДЕТЕ ГИ ПРАВИЛАТА НА ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ Словенија ќе ве воодушевува со својата обемна велнес понуда, која вклучува вкупно 15 природни бањи. Без разлика дали сте во Панонската низина, во карстниот регион на Алпите или во Средоземното Море, насекаде има термални минерални извори. Во лекувалиштето Рогашка Слатина извира дури и минерална вода, која по својот состав е најбогата со магнезиум во целиот свет. Повеќето бањи се наоѓаат на североистокот на земјата недалеку од Марибор и во близина на Австрија. Без разлика кој од велнес центрите ќе изберете ќе наидете на одлична атмосфера која опушта, a гостопримството, традиционалната и иновативна понуда, и велнес третманите се гаранција дека сигурно ќе се вратите освежени, подмладени и добро одморени. Во овие центри сè потклекнува на концептот на здрав животен стил. Одговорните сметаат дека велнес е филозофија на живеење која го зајакнува телото и умот на различни начини. Зачувувањето на здравјето и добросостој-

32

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Термалното езеро Хевиз

бата, и чувството на задоволство со себе и во себе е подеднакво важно како и самиот стандард или квалитет на живот. Почитта кон нашето тело, релаксирањето и ослободувањето од стресот и зајакнувањето на физичката рамнотежа се сметаат за правила во здравото живеење. Свесноста за сопствените витални способности и добрата кондиција се цели кои се остваруваат по престојот во овој хотел. И Унгарија е позната по бројните термални извори, велат ги има повеќе од илјада. Особено во западниот дел на земјата, во Панонија, постои традиција на благосостојба која се развива со векови. Овој дел од Унгарија е познат и како „регион кој дава сила“. Во „унгарската улица на бањи“ има места со термални бањи како што се Бад Бук, Бад Хевиз или Бад Сарвар, од чии извори извира вода со температура од 43 степени Целзиусови, а во некој и до 83 степени. И Македонија не заостанува зад Европа во бројните минерални и термоминерални извори кои постојат во земјава, лоцирани во пејзажните и живописни шумски предели, отсекогаш биле свртувалиште на голем број случајни минувачи, но и на оние кои барале спас во лековитата моќ на водата. Околу нив не случајно отсекогаш се граделе лекувалишта, бањски објекти и спортски терени, сè со цел да се привлечат што поголем број посетители. Во Македонија има околу 64 извори со различна температура на водата која се движи меѓу 20 до 72 степени целзиусови. Тие се богати со сулфур, фосфор, арсен, јод, бром и други елементи, кои имаат лековити терапевтски својства. Во земјава постојат осум бањи: Бања Банско-Струмица, Бања Кежовица-Штип, Бања Негорци-Гевгелија, Бања Бања-Кочани, Проевска бања-Куманово, Бања Бањиште-Дебар, Бања Косоврасти -Дебар и Катлановска Бања-Скопје. Во нивна непосредна близина или во рамките на комплексот се наоѓаат хотели, мотели и други сместувачки капацитети.

Бања Банско претставува римска бања, која е термоминерално лекувалиште од античко време. Овој објект е оддалечен околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица . Откриен е во 1978 година, при копањето на темелите на хотелот „Цар Самоил“. На површина од 1.000 м2 се откриени десет простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри. Термата (бања) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла, ладна и млака вода итн. Бањата ги користела термоминералните води од изворот „Парило“, што се наоѓа 50 метри јужно од бањата. Термата најверојатно потекнува од III век, од времето на римскиот император Каракала (211- 217), кој подигал и обновувал терми низ империјата. Бања Банско има забележителен капацитет како основа за развој на спа и бањскиот туризам. Водата на Банско спаѓа во групата на сулфурни, алкални и азотни води кои во себе содржат ретки минерали . Таа доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија. Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување. Викенд патувањата стануваат сè попопуларни кај нас, а многуте ресорт хотели подготвуваат специјални пакети со две и три ноќевања. Дали тоа ќе биде пристојна бања во нашата најнепосредна близина, или, пак, некоја „екстраваганција“, за што и да се одлучите, тоа го правите за вас самите. Прочистено, ревитализирано тело полно со енергија се постигнува со спокоен, балансиран ум, а токму тоа е целта на ваквите престои. • Маргита Поповска


12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| HI TECH

„Е флаер 800“

Bye Aerospace eFlyer 800

ИДНИНАТА НА АВИОТАКСИ ПРЕВОЗОТ СÈ УШТЕ СЕ ВО ФАЗА НА ИСПИТУВАЊА, НО НАСКОРО ЌЕ ГИ ВИДИМЕ СЕРТИФИЦИРАНИ И ДОСТАПНИ ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ШТО НЕ ЈА ПОДНЕСУВААТ БУЧАВАТА ОД АВИОНИТЕ СО КЛИПНИ И МЛАЗНИ МОТОРИ. ВЕЛАТ ДЕКА СЕ МНОГУ ПОТИВКИ, ВИБРАЦИИТЕ СЕ СВЕДЕНИ РЕЧИСИ НА НУЛА, ПОЕВТИНИ СЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ, ИМААТ ПОМАЛКУ ДЕЛОВИ, А БРЗИНСКИТЕ ОСОБИНИ СЕ СЛИЧНИ КАКО КАЈ НИВНИТЕ „РОДНИНИ“ ШТО ЧАДАТ.

С

ветот настојува целиот превоз да го пренасочи кон електричната енергија, така што речиси секој ден се појавува голем број превозни средства на кои заедничко им е ваквиот начин на придвижување. Најново од оваа висока технологија е авион, осмосед, две + шест седишта, за кое конструкторите велат дека може да прими двајца пилоти и седум лица во одделот за патници. Конфигурациите ќе зависат од нарачателот, а според производителот „Бај Аероспејс“, купувачите

34

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ќе можат да избираат неколку изведби, патничка, карго, полупатничка, полукарго. Нема да биде чудно ако внатрешноста на леталото биде приспособена како летачка брза помош. Леталото „бај аероспејс е-флаер 800“ најмногу ќе се употребува како воздушен такси-превоз, на кратки релации. Кога веќе сме кај растојанијата што може да ги совлада новото летало, да го споменеме и неговиот лет од 926 километри со едно полнење на батериите. Во тие километри не се вклучени и резервните 45 минути лет според правилата за инструментално летање („ифр“ - инструмент флајт рулс). Од приложените бројки може да се забележи изненадувачки големиот радиус на летање - приближно тоа би бил лет од Охрид до Торино. Леталото „е-флаер 800“ има два мотора поставени на крилата, еквивалент на класичните (зборуваме за мотори што во моментов најчесто се користат за овој тип летала, таканаречените „турбопроп“). Фотографиите откриваат летало класика, на него нема нешто револуционерно, но забележителна е исклучителната аеродинамика. Овој дел од конструкцијата, аеродинамиката, се разликува многу во однос на сите досегашни летала. Но едно нешто е јасно, на

сите - и на леталата со клипни мотори и на тие со турбопроп мотори и на тие со млазни мотори - им е потребна аеродинамика. Како леталата на погон со електромотори имаат толку многу потреба од супериорна аеродинамика? И „старите“ летала и новите, електричните, летаат со слични или исти брзини и имаат потреба од врвна аеродинамика. Но не е јасен сегашниов потег на конструкторите аеродинамичари што токму во моментов целосно се насочени кон супер „испеглани“ облици и линии. Поради компресираната кабина „бај Аероспејс е флаер 800“ може да лета над облаците, односно до максимални сертифицирани (потврдени од соодветната институција за летање) 10.668 метри висина. Неговата нормална крстосувачка брзина е 518,6 км/ч и со максимален товар од 698,5 кг авионот прелетува 926 км. Овие цифри се официјални. Затоа три компании: Џет Ит, Џетклуб и Ренланд Ер Сервис имаат нарачки за ова летало. Според последните извештаи од компанијата, во производните хали сè е подготвено за почеток на производството, единствено се чекаат завршните испитувања и сертификатите, а потоа следува испораката. Велат дека пристигнатите нарачки достигнуваат стотици примероци.


HI TECH |

Четвороседот „е флаер 4“ располага со супериорна аеродинамика и со ширина на кабина од 120 сантиметри што е врв во класата. Иста димензија има и двоседот.

Двоседот (не тандем, туку еден до друг) „е флаер 2“ првпат е претставен во 2016 година

„E флаер 800“

Компанијата „Бај Аероспејс“ не се претставува на авионскиот светски пазар само со ова летало, туку со уште две што треба да ги заменат леталата што служат за тренинг за летање и рекреација - „е флаер 2“ и „е флаер 4“. Првото летало е двосед, а второто четворосед. „Е флаер 2“ е претставен во 2016 година и сè уште е во фаза на испитување. Една година подоцна, во 2017 година, компанијата го претстави четвороседот на ае-

ромитингот што се одржува секоја година во Ошкош. И ова летало е во фаза на испитување. Покрај супериорна аеродинамика на фуселажот (трупот на леталото) и крилата, двата авиона располагаат со ширина на кабината од 120 сантиметри што е своевиден врв во класата. Колку за потсетување, годинава во септември авиокомпанијата КЛМ нарача 14 примероци од двоседот („е флаер 2“).

Станува збор за денови кога овие две летала ќе добијат финален сертификат за летање и продажба. Велат дека трошоците за летање со авионите за тренинг и обука се намалуваат за помалку од 30 отсто. И како што тврдат официјалните извори, наскоро „Бај Аероспејс“ ќе нуди три летала. За почетокот на продажбата и за првите испорачани авиони детално ќе информираме. • Жарко Атанасовски

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ИСТОРИЈА

Fiat 500

РАЃАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА „500“ ПРЕД ТОЧНО 85 ГОДИНИ ФИАТ ГО ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ „500“ И ГО ОДРЖА ДО ДЕНЕШЕН ДЕН. ПРЕСУДНО ЗА ОВОЈ МОДЕЛ Е 1957 ГОДИНА, КОГА ДАНТЕ ЏИЈАКОЗА ГИ ПРЕЗЕМА РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ И ГО СОЗДАВА МОЖЕБИ НАЈУБАВИОТ ДИЗАЈН ЗА МАЛ АВТОМОБИЛ. НЕ САМО ШТО ДИЗАЈНОТ Е НЕГОВ, ТУКУ И СЕВКУПНАТА КОНСТРУКЦИЈА Е НЕГОВО ДЕЛО – ВЕЛЕМАЈСТОР.

А

втомобилската индустрија во својата статистика има изброени повеќе од 350.000 модели, големи, мали, спортски, семејни, теренски и уште какви нè. Сите тие некаде се изгубени со текот на времето, но затоа некои од нив светот сè уште ги памети. „Форд модел т“, „фолксваген тип 1“ (кафер односно бубачка), „фиат 500“, „цитроен 2 цв“, „рено 4“, тоа се тие модели кои оставиле голем печат како во секојдневниот живот, така и во светската автомобилска историја. Идејата за создавање мал автомобил, практичен, рационален, евтин и достапен речиси за секого, потекнува од посетата на Џовани

36

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

(Џани) Ањели на неговиот колега Хенри Форд. Ањели, откако се враќа дома, во 1922 година, гради грандиозна фабрика, најголемата што дотогаш ја видел континентов. Била лоцирана во месноста Лингото на само неколку километри од центарот на Торино. Ултра современата фабрика не само што располагала со врвни машини и алати, туку имала и своја патека за тестирање на автомобилите, но не било каде туку на врвот од фабриката. Тоа бил добар потег затоа што конкуренцијата не можела да гледа што Фиат тестира и подготвува. Најнапред фабрика, потоа производството на лента и на крај евтин автомобил и сето тоа по примерот на Хенри Форд. Годината 1936 ќе биде запишана во историјата на Фиат како година во која ќе се роди легендарниот мал, типично градски автомобил, првиот меѓу првите со таков епитет. Автомобилот бил наречен „500“, а народот го именувал како тополино“ (глувче), поради малите димензии. Моторизацијата на полуостровот во облик на чизма била успешна и Фиат го произведувал овој модел сè до 1955 година. Две врати, две седишта, мотор со четири цилиндри во линија со зафатнина од 569 ццм способни да произведат 13 КС, додека максималниот вртежен момент изнесувал 27 Нм. „Глувче“, но се покажало дека е брзо откако Џорџо Џусти конструкторот на „теста д'ор“ (златна глава) со која „чиквеченто“ покажало заби.

Фиат 500 од 1957 год.

Во 1949 година на познатата трка Тарга Флорио неговата „петстотка“ именувана како Даниела, по името на ќерка му, победува на трката во својата класа. Првата „петстотка“ постигнала солидни продажни резултати, но биле под очекуваните. „Авокато“ Ањели не успеал до крај во идејата за масовна моторизација во својата земја. Производството на првата генерација престанува во 1955 год. со над 520.000 произведени примероци. Подоцна во 1957 година на сцена стапува „нуово чинквеченто“, направено од талентираниот и млад конструктор Данте Џијакоза. Кога супер малиот автомобил се појавил во јавноста сите мислеле дека тоа возило е развиено на основа од мотоцикл, но мајсторот на својот занает Д. Џиакоза направил автомобил кој има сè што имале и двојно поголемите од него, цврста шасија и каросерија како да е правена за поголем автомобил, мотор со два цилиндри во линија и зафатнина од 479, 499 и 594 ццм, сместен назад и синхронизиран четири степен обичен менувач преку кој се пренесува силината на задните тркала, потоа независно обесени предни тркала и полуелиптични пружини на задната оска. Фиат 500 (тополино) од 1936 год.


ИСТОРИЈА |

Новата „петстотка“ имала две седишта и зад нив простор за пренос на товар не повеќе од 50 кг. Сето тоа било сместено во должина од 2.970 мм, висина и ширина 1.320 мм, а пресметано во килограми најмалку 499 кг. Подоцна се појавиле повеќе изведби чија тежина е нешто повисока. Неповторливиот дизајн, еден и единствен, љубителите на автомобили „паѓале на нос“ по симпатичното мало возило. Тука драмата не завршува туку продолжува со изведбите преработени од Џианини и Абарт. Од 1957 до 1975 година биле произведени близу 3,9 милиони примероци, а легендата била произведувана дури и во Нов Зеланд од Торино Моторс. Таму „фиат 500“ го нарекле „фиат бамбина“ (девојче). 2007 година и „фиат петстотини“ повторно е во мода и не само тоа туку беше прогласен и за Автомобил на годината за 2008. Линијата на мајсторот на дизајнот Данте Џиакоза е повеќе од забележителна и така треба да биде, само што сега димензиите се поинакви во согласност со барањата на современиот свет. И како што е редот, од „петстотката“ конструкторите повторно претставија повеќе изведби „500 л“ (лунго - долго), „500 икс“, нешто како „сув“ во-

Фиат 500 абарт посветен на Ферари

зило, а да не зборуваме за „абарт“ изведбите кои се присутни во неколку подвидови со различна силина почнувајќи од солидни 140 коњи и нагоре „извадени“ од 1,4 литарски турбо мотор составен од четири цилиндри во линија. Светот насети дека легендарниот модел „500“ се враќа со концептот „фиат трепјуно“ (фиат три во едно) претставен во 2004 год. Концептот го содржеше најважното од сè, а тоа е дизајнот и тука завршува приказната, јавноста беше убедена за намерите на торинската компанија и враќањето на преубавиот автомобил. А за духот на Данте Џијакоза говори денешни-

от „фиат 500“. За името на Д. Џијакоза се врзува и случката со студентот по ликовна уметност, подоцна дизајнер, Џорџето Џуџаро. Младиот и талентиран Џ. Џуџаро бил ученик на Џијакоза. Откако учителот откри дека од Џуџаро може да биде добар дизајнер, го советувал да тргне по патот на дизајнерите, а со ликовната уметност да се бави во слободно време. Џуџаро ги послушал советите од големиот учител Д. Џијакоза и денес е врвен дизајнер. Колку за информација, Џ. Џуџаро е творец на легендарниот Фиатов модел „панда“.

• Андријан Трипунов

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| ОЛДТАЈМЕРИ

Renault 10: 1965-1971 ЛИТОСТРОЈ

ФРАНЦУСКИ ДИЗАЈН, НЕОДОЛИВА УДОБНОСТ МИРОСЛАВ ЗАТАРАКОВСКИ Е ПАСИОНИРАН ЉУБИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ, ОСОБЕНО НА ПЕРИОДОТ НАРЕЧЕН МЕХАНИЧКА ЕРА НА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД ФРАНЦУСКАТА АВТОМОБИЛСКА СЦЕНА.

рено 10, со впечатлива тиркизно сина боја, беспрекорна состојба, како и карактеристичната линија на дизајнот специфичен за таа автомобилска епоха... Се јавил и сопственикот на возилото го информирал дека веќе има договорено средба со неколку потенцијални купувачи за следното утро, но Мирослав инсистирал и успеал да го убеди вечерта да се сретнат за да го види автомобилот.

И

стражувајки ја автомобилската историја од 50-тите до 90-тите години Затараковски посебно бил фасциниран од француските и од италијанските авангардни дизајни и завидливи перформанси, наспроти германските стандарди за квалитет, едноставност и прецизност. Неговото прво искуство како сопственик на возило од таа епоха било Peugeot 205GTI, возило што му овозможило незаборавно задоволство и искуство во тој период од животот и наедно го инспирирало да се наврати неколку децении наназад во француската автомобилска историја. Но како почнала потрагата по возило од таа епоха... Рутински разгледувајќи ги огласите вниманието му го привлекол еден штотуку објавен оглас. Особено се заинтересирал за моделот

38

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Веднаш се договориле за купопродажбата, а до доцна во ноќта се раскажувале приказни за реното (на првиот сопственик ова му било прво и последно возило во животот, многу се грижел за него, го возеле само во посебни пригоди, со поминати само 75.000 км...). Возилото било во возна состојба и се користело за секојдневни потреби од 1971 до 2017 година, по што следувале обновување на бојата, на седиштата и замена на сите потрошни делови.

Шевролет Корвета - 1957

Процесот на реставрација траел две години. Само по неколку направени круга со автомобилот рено 10, произведен во поранешна Југославија, поточно во словенскиот Литострој, со зафатнина на моторот од 1,3cm3, како и 53 КС, се вративме во далечната 1971 година кога е произведен овој автомобил...

• Андријан Трипунов


12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| СПОРТ

Рели Дакар 2022

44. ИЗДАНИЕ НА РЕЛИТО ДАКАР ВО СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛИТЕ ЈАНУАРИ Е ПОЗНАТ ПО РЕЛИТО ДАКАР, НЕКОГАШНО ПАРИЗ ДАКАР, НО И ПО САЛОНОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ДЕТРОИТ. РЕЛИТО ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ЈАНУАРИ, НО ЗАТОА САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА Е ПОМЕСТЕНА ЗА НА ЛЕТО.

Р

елито Дакар е најтешкото и драматично од било кое друго рели на планетава. Секоја година сведоци сме на вистински драми кои се случуваат среде пустинските, полупустинските или други тешко проодни предели. Годинава натпреварувачите, авантуристите, по трет пат ќе тргнат да ги освојуваат непрегледните песочни пространства на Саудиска Арабија. Стартот е закажан на 1 јануари со развозување, а потоа следи талкање низ пустините до 14 истиот месец. За време од две недели учесниците (возачите на автомобили, камиони, квадрицикли и мотоцикли) ќе изминат скоро 8.500 км, односно 8.375 км од кои 4.258 км се специјални испити и токму во нив се мери времето на минување и сето тоа со само еден ден одмор, 8 јануари. Трасирана патека, всушност не е патека туку случајно избран правец по кој ќе се движат возилата. И на таков „пат“, а пат

40

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

нема, возачите кои ќе посегнат по титулата ќе мора да возат и над 200 км/ч за да стигнат први на целта. На асфалт таа брзина ни изгледа преголема, а замислете како е да возите теренско возило низ пустина со над 200 км/ч. Ауди, и оваа година повторно со желба за победа. Има електрично возило кое може да измине околу 800 км со едно полнење на батеријата, но за тоа има заслуга и малиот клипен мотор кој служи како агрегат и ја дополнува батеријата. Тимот на Ауди е оставен од 14 кратниот победник С. Петерхансел со совозачот Е. Булангер, потоа рели легендата К. Саинц со Лукас Круз и М. Екстром ќе вози со Е. Бергквист. Ќе биде „густо“, но тука има и други „лавови“ како на пример Себастијан Лоеб најтрофејниот возач во историјата на Светскиот шампионат во рели кој ќе вози во тимот на Продрајв со автомобил правен на основа од Фордов модел. Во истиот тим се и „ѕверките“ О. Теранова и Хуан Нани Рома. Следни на списокот се возачите и совозачите од Тојота Газу Рејсинг на чело со Насер ал Атија и Жињел де Виларс, а во другите две возила од вкупно четирите, ќе бидат возени од Хенк Летеген и Шамир Вариава. А кога сме кај камионите тука Русите со Камаз се неприкосновени и засега единствени кои можат нешто да направат се Де Рој и легендата над легендите 80 годишниот Терухито Сугавара со Хино. Засега списокот содржи 750 возачи и совозачи, а меѓу нив има дури 130 учесници кои учест-

вуваат по десетти пат и повеќе од 60 дами кои ќе се борат за место на победничкиот подиум. Ако бројките ги гледаме според возилата кои ќе учествуваат, тогаш вкупно се 587 од кои 149 се мотоцикли, 21 квадрицикли, 97 автомобили, лесни возила од типот на баги 44 + 61 и 58 камиони. Покрај овие присутна е и класиката 128 автомобили и 20 камиони. • Жарко Атанасоски


СПОРТ |

Петар Богатиновски

МАКЕДОНСКИОТ КАРТИНГ ВОЗАЧ ПЕТАР БОГАТИНОВСКИ ГО СВРТЕ ВНИМАНИЕТО НА ЈАВНОСТА СО ПЛАСМАНОТ НА ЗАВРШНИЦАТА ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРТИНГ, А ТАМУ МЕЃУ 72 ВОЗАЧИ УСПЕА ДА СТИГНЕ ДО 13. МЕСТО ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ.

И

ако има само 12 години, Петар Богатиновски има извозено илјадници километри, и тоа не какви било туку – тркачки. Љубовта кон трките ја наследил од татко му Игор, кој во годините по осамостојувањето на Македонија активно се натпреваруваше во трките од автомобилистичкото првенство кои се возеа на ридски и кружни патеки. Популарниот цртан филм „Карс“ и главниот лик Молњата МекКвин биле негови омилени ликови, па оттаму и бројот 95 што го има на своето возило. Во биографијата на Петар е запишано дека со картинг почнал на седум годишна возраст возејќи трки во Србија. Оттогаш, освоил пет шампионски титули, од кои две во Македонија, а три во Србија. Лани беше вицешампион во Централно-европската зона на ФИА, каде што членуваат 14 земји, односно државите од поранешна Југославија, плус Албанија, Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Италија. Годинава стигна до шампионската титула во категоријата „125 Мини Макс“ и со тоа го завери билетот за настап на светското првенство во Бахреин. - Ова беше остварување на сонот, нешто за што одамна посакував да се случи. И минатата година дојдов блиску, но само до второто место.

ВРЕМЕ Е ЗА ПОВИСОКИ ЦЕЛИ Откако дознав дека шампионската титула во ова првенство ми овозможува влез во трката за светско, само тоа ми беше во мислите. Организаторите со многу искуство и зрелост пристапија кон целата манифестација, сè одеше по некаков план и кога конечно успеавме да собереме буџет да отпатуваме за Бахреин, се радував на секој момент поминат таму. Согласно пропозициите, организаторите им овозможиле на младите таленти неколку тренинзи, а самите картинзи биле распределени со ждрепка. - Мојот механичар Љубо Недимовиќ го подготвуваше возилото за трката. Имавме неколку тренинзи, а потоа бевме поделени во четири дивизии, А, Б, Ц и Д. Ни правеа мини трки мешајќи ги дивизиите, прво А+ Б во една трка, а Ц+Д во друга, потоа А+Ц и Б + Д, за на крај да се случи и А+Д и Б+Ц. Сите тие настапи се бодуваа и врз основа на тоа се одбираа 36 возачи за големото финале. Ние имавме проблематичен почеток, најпрво една мала подготвителна грешка во квалификациите, а потоа и неколку судири во текот на трките каде што загубив многу позиции. На крајот, бевме потиштени бидејќи не бевме сигурни дека влегуваме во финалето. Кога видовме дека сме на 32 место, одеднаш не огреа сонце. Целта беше постигната, сонот беше остварен! И покрај упатстваата на татко му дека треба да биде внимателен и дека не треба да ризикува многу, Петар одлучил да си ја испроба среќата и да даде сè од себе.

- Кога стартуваш од последните позиции во таква конкуренција каде што нема слаб возач, сите се шампиони на некое силно првенство, тогаш не можеш да се надеваш дека ќе направиш добар резултат. Но јас знаев дека во претходните трки имав слабости и многу изгубени позиции поради судирите и извртувањата. Му реков на татко ми дека ќе им покажам на сите. Од 32 место во 14 круга стигнав до 15 место, а подоцна разбрав дека двајца возачи пред мене добиле казна со додавање на казнени секунди на нивното време, поради што официјално сум 13. место во финалната трка од светското првенство. Заостанувањето од 11 секунди зад победникот укажува дека ова беше нашиот најдобар настап во целиот викенд и дека ако стартувавме од подобра позиција, можевме да бидеме уште подобро пласирани. Ова беше моја последна година во оваа класа, па добро е што сонот го остварив во неа. Сега е време за нови цели и за нови соништа во новата класа. Искрено се надевам дека во неа ќе постигнам уште поголеми успеси. Најголем проблем е што немаме наша патека и наше првенство каде што би можел да тренирам, па многу средства се потребни за сето тоа да го правам во странство. Недостатокот на средства е постојан проблем за многумина во овој спорт, па и за мене. Посакувам да имаме средства да се тркаме во 2022 година и да дојдам идната година повторно во финалето, за да се борам за подиумот. • Александар Табаковски

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ЅВЕЗДЕНАТА ПРАШИНА ОД ФЕРСТЕПЕН ЗАВРШИ ВО ЛИЦЕТО НА ХАМИЛТОН РОДЕНА Е НОВА ЅВЕЗДА! МАКС ФЕРСТАПЕН СТИГНА ДО ПРВАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ВО ФОРМУЛА 1, А НЕГОВИОТ ПРОБИВ ВО НЕБЕСНИТЕ ВИСОЧИНИ НА ВЕЧНОСТА БЕШЕ ПРОСЛЕДЕН СО ЕКСПЛОЗИЈА НА ПОПЛАКИ.

П

о 10 месеци тркање насекаде по планетата Земја, „хороскопот“ сакаше титулата да биде одлучена во последниот круг од гран при викендот во Абу Даби. Сезоната беше исполнета со многу тензични дуели, два големи судири меѓу Хамилтон и Ферстапен во Силверстоун и Монца, уште низа други збиднувања кои имаа влијание на конечниот редослед, но тежината на последниот момент го направи своето. Главниот човек задолжен за спроведувањето на регуларноста од страна на ФИА, Мајкл Маси, дозволи рестарт на трката која се спроведуваше во услови со безбедносно возило на патеката поради излетувањето на Николас Латифи. Правилата налагаа за рестарт најпрво да им се дозволи на оние болиди кои се веќе заобиколени за цел круг, да излезат пред возилото за безбедност и да одат напред со идеја да стигнат на опашката од колоната, а водечките да останат сами. Во такви услови се брише претходната разлика меѓу два болида, а Хамилтон беше десетина секунди пред Ферстапен. Во Мерцедес проценија

42

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

дека трката нема услови да биде рестартирана на време и не го повикаа возачот во бокс, па Хамилтон како водечки се најде зад возилото за безбедност. Наспроти ова, Ферстапен влезе кај механичарите, монтираше нови меки и свежи гуми, и се построи зад ривалот. Од вкупно осум болиди кои требаше да го престигнат возилото за безбедност, тоа успеаја да го направат само оние кои беа меѓу првите двајца. Мајкл Маси свесно даде зелено светло за рестарт, со идеја прашањето за титулата да се реши на патеката, бидејќи во спротивно ќе завршеа возејќи зад безбедносното возило, и спектаклот ќе изостанеше. На овој начин, Ферстапен со леснотија го престигна Хамилтон и со победа стигна до шампионската титула. Тоа не им се допадна на челниците на Мерцедес и тие вложија протест, но стјуардите ги одбија, по што најавија и судска разврска преку Вишиот апелациски суд на ФИА. Сепак, неколку дена подоцна, а точно на денот на церемонијата на доделување на наградите, Мерцедес ја повлече жалбата. Во соопштението издадено во име на тимот, но без потпис или наведување на име, стои дека си заминале од тркачката патека со неверица, иако поразот е составен дел од трките. – Заедно со Луис се обидовме да одговориме внимателно на настаните од финалето во Формула 1. Отсекогаш сме се воделе од љубовта кон спортот и веруваме дека секое натпреварување треба да биде заслужено

освоено. Како што се одвиваа настаните, многумина почувствуваа (а и ние бевме меѓу нив), дека нештата не се развија правилно. Причината зошто вложивме протест е бидејќи правилата за безбедносното возило беа применети на поинаков начин од досега виденото, а тоа влијаеше на конечниот резултат,- се вели во првиот дел од соопштението на Мерцедес АМГ. Таквата жалба до стјуардите требала да биде во интерес на фер плејот и сите натпреварувачи да ги знаат правила под кои настапуваат. – ФИА именуваше комисија за да согледа што се случило во Абу Даби, а со идеја да ги зацврсти правилата, при што ги покани и тимовите да учествуваат. Ние активно ќе соработуваме со комисијата за да изградиме подобра Формула 1, за секој тим и за секој навивач што го сака овој спорт како и ние. Ќе ја сметаме ФИА за одговорна во овој процес и поради тоа ја повлекуваме нашата жалба,- се вели на крајот. Иако името на Тото Волф од крајот на трката во Абу Даби не беше веќе споменато, а тимскиот шеф не беше потпишан ниту на ова соопштение, циркулираат гласини дека истото можеби е под притисок од централата. Таквиот впечаток е засилен и со бурната реакција на Сузи Волф, поранешен возач, а сега сопруга на Тото Волф и тимски шеф на Вентури Мерцедес во Формула Е. – Влегувајќи во последниот тркачки викенд верував дека и двата тима и двајцата возачи


СПОРТ |

ХАКИНЕН НЕ САКА ФИНИШ СО БЕЗБЕДНОСНО ВОЗИЛО

заслужија да станат шампиони. Требаше да биде спектакл, трка за историја, сите се надевавме дека ќе нема контроверзи. Тоа не се случи. Она што бидна е сè уште тешко да се прифати. Тоа не е бидејќи загубивме, Макс и Ред Бул заслужија да победат и ние знаевме дека има шанса да бидеме поразени, но начинот на кој Луис беше ограбен ме остави со длабока внатрешна неверица,- пишува Сузи Волф. Таа целата вина ја свали врз грбот на техничкиот делегат на ФИА, Мајкл Маси, кој „спровел правило на начин на кој што никогаш претходно не било спроведено“. – Луис Хамилтон, ти покажа неверојатен интегритет и дигнитет и покрај неправдата. Ти си најголемиот на сите времиња. Расплетот на последните кругови во неделата? Тие што знаат, си знаат, дури и оние кои што не можат да си признаат сами на себе. Честитки за Макс, но честитки и за секој член на Мерцедес АМГ за рекордната осма шампионска титула. Се надевам дека до март следната година ќе има владејачко тело со спортски интегритет и фер плеј во својата суштина, за да можам повторно да се вљубам во Формула 1,- поентира сопругата на Тото. Одговорот стигна од официјалната говор-

ница каде што Ферстапен ја доби титулата, а каде што Тото Волф и Луис Хамилтон не се појавија. – Светски шампион, звучи многу добро. Испив неколку пијачки во неделата вечерта и се разбудив во понеделник попладне некаде околу 2 часот. Имав голема болка во главата и сфатив дека сум станал светски првак. Сега, потребен ми е одмор, ова беше исцрпувачка сезона. Можам да сфатам дека Хамилтон е разочаран, од трката минаа само неколку дена. Но, треба да се знае дека ова е тркање и вакви работи се случуваат. Треба да погледне на сè она што го има остварено во кариерата, тоа сигурно ќе му даде голема утеха. Не верувам дека ќе се повлече, тој и натаму сака да ја освои осмата титула и сигурно ќе биде конкурентен и наредната година. Не гледам причина зошто би ставил крај на кариерата. Не го сожалувам, но сфаќам дека е болно да се загуби титулата на таков начин. Но, и тој освои титула на таков начин, во последниот круг. Првите денови нема да биде задоволен, но ќе ја сфати ситуацијата, – изјавил Ферстапен. На свеченоста на ФИА, конструкторската шампионска титула во име на Мерцедес ќе ја подигне Џејмс Алисон. Од друга страна, јавноста виде и слушна две ЖАН ТОД ЈАВНО ГО ПРАША ХАМИЛТОН, различни лица од Луис Хамилтон. Откако бил престигнат и не успеа да го возврати ударот, ДАЛИ МАКС БЕШЕ СРЕЌКО? Претседателот на ФИА, Жан Тод, на свечената на Хамилтон му стана јасно дека ќе заврши церемонија и доделувањето на пехарите упати втор, по што огорчено им се обратил на луѓејавна критики до оние кои сметаат дека моментот то во Мерцедес преку радио врска. во Абу Даби треба да се набљудува како изолиран – Ова беше изманипулирано, – рече огорчениот Хамилтон преку радио врската, но тој пример. – Макс имаше среќа во Абу Даби, тоа е точно. Но, момент не се слушна во директниот пренос,

Двократниот шампион Мика Хакинен, во неговата последна колумна за медиумите смета дека директорот на трката не погрешил со одлуката да им дозволи на Макс Ферстапен и Луис Хамилтон да имаат уште еден натпреварувачки круг во завршницата, потенцирајќи го и квалитетот на двајцата возачи кои според него се вистински шампиони. – Неверојатно е што најдолгата сезона на Светското првенство во Формула 1 беше решена во последната трка. Тешко е да се објасни што се случуваше во неделата и сигурен сум дека е ова е момент за кој фановите ќе зборуваат уште долго. Мислам дека ќе беше полошо ако трката завршеше со безбедносно возило, тоа ќе беше негативна реклама за првенството. Директорот на трката мора да балансира меѓу безбедноста и тркањето, а тоа е тешка задача, иако видовме дека стјуардите ги поддржаа неговите одлуки. Не верувам дека ќе има промени на резултатите, а Макс и Луис покажаа дека се големи шампиони и амбасадори на овој спорт.

односно излезе на виделина во следните денови. Надвор од болидот, Луис му честиташе на својот ривал и „се одјави“ со достоинствена порака. - Прво честитки за Макс и неговиот тим. Мислам дека направивме неверојатна работа оваа година, мојот тим, сите во тимот, сите мажи и жени, работевме напорно цела година. Ова беше тешка сезона. Горд сум на нив, благодарен што беа со мене на ова патување. Дадовме сè од себе, не се откажавме, тоа е најважно. Се чувствував одлично во болидот во изминатите месеци, особено при крајот. Сè уште сме во пандемија, внимавајте, на сите им посакувам среќни празници. Се гледаме следната година! • Александар Табаковски

дали имаше среќа и на Силверстоун? Дали имаше среќа во Баку и Унгарија? Макс победи на десет трки и тоа е важно, посебно што против себе имаше голем шампион како Луис Хамилтон и импресивен болид на Мерцедес. Од друга страна, Мерцедес сигурно заслужува поголеми признанија за оваа сезона, но и самата осма конструкторска титула по ред е неверојатен успех. Најдобар тим беше Мерцедес, а најдобар возач Макс и на тој начин треба да ја заокружиме сезоната, – изјави Тод.

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ПОДОБРО ТРКАЧКА, ОТКОЛКУ СУДСКА ПРАВДА ПОСЛЕДНАТА ТРКА ВО ФОРМУЛА 1 ИМАШЕ ФИЛМСКА ЗАВРШНИЦА СО РЕТКО ВИДЕН ЗАПЛЕТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ КРУГА, А ПОРАДИ ИЗЕДНАЧЕНАТА ПОЗИЦИЈА НА ДВАЈЦАТА ГЛАВНИ КАНДИДАТИ ЗА ТИТУЛАТА, ЛУИС ХАМИЛТОН И МАКС ФЕРСТАПЕН, КОИ ИМАА ИДЕНТИЧЕН БРОЈ НА ПОЕНИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЛЕДНОТО ШОУ, ТИЕ ПЕТ КРУГА СЕ ПОКАЖАА ПРЕСУДНИ ВО БОРБАТА ЗА ТИТУЛАТА.

Н

авивачите на двете страни имаат дијаметрално спротивни мислења и според оние коишто го фаворизираат Ред Бул и Макс Ферстапен немаше спорни моменти, па освоената титула од нивните пулени е регуларна. Истото гледано низ очите на Луис Хамилтон и Мерцедес не оди во насока на почитување на правилата, при што главната вина се акцентира кај техничкиот делегат на ФИА, Мајкл Маси, којшто дозволил рестарт во ситуација кога заостанатите болиди не излегле во комплетен број пред возилото за безбедност. Имено, кога на пет круга пред крајот болидот на Николас Латифи од Вилијамс, заврши во заштитната ограда, беше аплицирано возило за безбедност. На пет круга пред крајот стјуардите решија трката да се одвива зад возилото за безбедност, додека оштетениот болид биде отстранет. За таа операција им беа потребни три круга и потоа согласно правилата оние болиди коишто заостанувале цел круг требаа да

44

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

излезат напред пред возилото за безбедност, со цел во рестартот еден зад друг да се најдат првопласираните возачи. Мерцедес одлучи да не го повика Хамилтон во боксот, за разлика од тоа, Ферстапен доби свежи гуми и се „крстеше“ во рестарт. Имаше вкупно осум болиди кои требаше да излезат напред, но откако дирекцијата на трката сфати дека нема да има време сите заостанати болиди да го направат тоа, дозволи рестарт на трката со само еден круг до крајот во ситуација кога беа исчистени заостанатите болиди меѓу Хамилтон и Ферстапен. Со тоа де факто не беа повредени никакви права на возачот на Мерцедес, но на нивната стратегија повеќе ќе им конвенираше ако трката завршеше зад возилото за безбедност и не беше дозволен рестарт. Во вакви услови Ферстапен го престигна Хамилтон и му ја „украде“ титулата, а поплаките на Мерцедес не одат во насока на тоа дека тие биле оштетени, туку дека дирекцијата на трката за првпат ги применила правилата за рестарт на нов и поинаков начин. Ако се гледа формално правно, оштетен во ситуацијата е возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој беше третопласиран, а поради заостанати болиди во рестартот не се најде зад Макс Ферстапен. Но, од Ферари не се жалеа дека се оштетени. Своето незадоволство од ваквиот расплет Мерцедес го искажа на тој начин што на гала церемонијата за доделување на наградите не беа присутни ниту Луис Хамилтон, ниту шефот на екипата Тото Волф. Нивното повлекување на жалбата беше најавено како акт на добра волја од нивната страна по најавата на ФИА дека ќе формира комисија за испитување на целиот случај. Мое лично мислење е дека Мерцедес има право да се лути, но не и да ја оспорува шампионската титула на Макс Ферстапен.

Ако се набљудува само ситуацијата на чело од трката, истиот исход ќе беше добиен и доколку трката беше стартувана еден круг подоцна, под услов да имаше уште да се вози. Мерцедес се надеваше дека нема да има рестарт и погреши во проценката. Расплетот во борбата за шампионската титула едноставно беше искомплициран од судирот на Латифи (којшто вози со мотор на Мерцедес) и тука никој не може да ја обвини спротивната страна, бидејќи едноставно судбината вмеша прсти. Дали имаше подобро и поелегантно решение? Мислам дека одговорот е позитивен. Во услови кога се одлучуваше шампионската титула најчисто ќе беше да биде истакнато црвено знаме наместо жолто, трката да биде стопирана и болидите да бидат упатени во бокс. На тој начин сите ќе добиеја свежи пневматици и ќе беа подредени за рестарт од стоечки позиции, наместени според пласманот во трката, и веројатно ќе имаа на располагање три-четири круга во финишот за да го решат прашањето на победникот, а со тоа и на шампионот. За жал, такво решение не беше предложено од ниедна страна и сега само можеме да жалиме дека сме виделе онаква завршница на шампионатот каква што видовме. Од сето ова треба да се извлечат поуки, но ако зборуваме чесно, правдата којашто беше поделена на тркачката патека секогаш треба да е порелевантна од некоја идеална правдина којашто е можно да се избори на зелената маса. Кој и да победеше од двајцата возачи ќе беше достоен шампион, но во услови на фантастична изедначеност, можеше да се предвиди дека едниот ќе има повеќе среќа и дека оној вториот ќе има за што да тагува бидејќи бил премногу блиску. •


ЧЛЕНСТВО

ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ

02/3181-108

www.amsm.mk 12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

Валентино Роси

ПОСЛЕДНОТО ШОУ НА „ДОКТОРОТ“ ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ВАЛЕНСИЈА СО КОЈАШТО БЕШЕ „СПУШТЕНА ЗАВЕСАТА“ ВО СВЕТСКОТО МОТОЦИКЛИСТИЧКО ПРВЕНСТВО, ВОЕДНО ДОНЕСЕ НЕСЕКОЈДНЕВЕН МОМЕНТ, КОГА НА КРАЈОТ ОД ТРКАТА НАМЕСТО ДА ПОИТААТ ДА ИМ ЧЕСТИТААТ НА ПОБЕДНИЦИТЕ, СИТЕ ВОЗАЧИ И ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА ЗАСТАНАА ДА ГО ПОЗДРАВАТ ДЕВЕТКРАТНИОТ СВЕТСКИ ПРВАК ВАЛЕНТИНО РОСИ, КОЈ СТАВИ ТОЧКА НА СВОЈАТА БЛЕСКАВА КАРИЕРА.

М

инативе сезони бевме сведоци дека од светското првенство во мотоциклизам се пензионираа повеќе успешни возачи, како Кејси Стонер, Дани Педроса, Хорхе Лоренцо и трагично загинатиот Ники Хајден. Сепак, овој пат се беше поинаку. Преполните трибини на автодромот „Рикардо Тормо“ во Валенсија како никогаш претходно беа обоени во жолто, препознатливата боја во

46

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

имиџот на Валентино Роси. На возраст од 42 години тој порача дека е подготвен да се повлече од активното занимавање со овој спорт, во којшто дебитираше пред нецели 26 години. Љубителите на статистиката ќе бидат задоволни ако знаат дека во тоа време тој извозе 432 трки, почнувајќи од најниските категории во 1996 година, а по освојувањето на титулите во нив, се вклучи во „кралската класа“ на средината од 2000 година. Оттогаш наваму успеа да го направи славен препознатливиот стартен број 46, којшто всушност го презеде од неговиот татко Грацијано, кој немал толку успешна кариера. Она што малкумина ќе поверуваат дека е коинциденција е фактот дека последната трка на Валентино Роси се случи на14.11.21, при што ако се соберат сите овие цифри се добива збир 46 и сето тоа да нема никаква врска со нумерологијата. Она што ќе влезе во историјата се неговите победи, вкупно 115, при што не успеа да го достигне рекордот на Џакомо Агостини, кој останува водечки со 122 триумфа. Сепак, Роси е рекордер според времето изминато

од неговата прва до неговата последна победа, при што разликата меѓу нив е 20 години и 311 денови. Неговите спектакуларни прослави на шампионските титули му донесоа имиџ на вонсериски забавувач, во чија ера гледаноста на мото трките неколкукратно се зголеми. - Штета е што не ја освоив десеттата титула, бидејќи „десетката“ е убава бројка. Неколку пати бев блиску да ја освојам „десетката“ и сметам дека ја заслужив со мојата брзина и со моето возење, но за несреќа, излезе вака и не можам да се жалам со девет титули, -изјави Роси којшто потсети на неславниот судир од 2015 година кога беше казнет поради дуелот со Марк Маркез, па трофејот му припадна на Хорхе Лоренцо. -Тоа е можеби најлошиот момент во мојата кариера. Цела сезона имав одлична борба со Хорхе Лоренцо, кој беше мој тимски колега во Јамаха, за на крајот сосема друг возач да одлучи дека јас не треба да ја освојам титулата, а со тоа и да не станам светски шампион по десетти пат,- изјави Роси за медиумите. Според зборовите на денес 42-годишниот Италијанец негово најголемо ривалство


СПОРТ |

ЈАС ГИ УБЕДУВАВ ДРУГИТЕ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАМ Роси укажува дека иако се повлече во сателитскиот тим на Јамаха, откако во 2020 година шампионатот беше на удар на пандемијата и донесе чуден расплет со триумф на Жоан Мир од Сузуки, сепак имал отворени врати за да продолжи. - Ова е тажен момент, тешко е бидејќи ставам крај на мојата кариера, но од друга страна сум среќен бидејќи секогаш уживав до максимум. Помина навистина многу време, имав долга кариера со одлични резултати, беше интересно патешествие. Возењето мотоцикли и трките во Мото ГП беа моја страст уште додека бев дете. Ако помислев на ваков момент пред 2-3 години, станував очајен. Сега сум подготвен, време е! Доволно беше. Ми беше најтешко да им кажам на мајка ми и татко ми, на моите блиски пријатели, бидејќи сите тие ме охрабруваа да продолжам. Но, јас бев подготвен, јас ги убедив нив.

било она со сонародникот Макс Бјаџи на почетокот од неговото пробивање во „кралската класа“. Потоа дојдоа Стонер и Лоренцо, па оцената на Роси е дека со овие тројца конкуренти трките му биле најинтересни. - Понекогаш јас ќе победев, понекогаш ќе изгубев, но секогаш имавме одлични дуели,- наведува Италијанецот кој и во оваа прилика одбегнува да го спомне името на Марк Маркез. Социјалните мрежи еруптираа и многумина го поздравија „Докторот“ на денот на неговата последна трка, користејќи го хаштагот „#GrazieVale“. Меѓу нив беа Том Круз, Кијану Ривс, Луис Хамилтон и Андреа Пирло, додека „феноменот“ Роналдо Назарио се појави во Валенсија за лично да му честита на големиот шампион. Блиската иднина ќе донесе две нови поглавја во животот на Валентино Роси: едната е трки со ГТ автомобили, и тоа најмногу во првенствата на издржливост во Европа, додека вториот новитет е исчекувањето на првото дете од бракот со неговата партнерка Франческа Софија Новело. - Секогаш сум возел тркачки автомобили, тие се, исто така, моја страст. Почнав со картинг и забавно е да се возат овие коли. Бидејќи сега сум повозрасен, физички ми е полесено. Сакам да останам на патеката, сакам да бидам возач, но да сочекаме. Морам да го согледам мојот потенцијал, ќе мора да се сочека следната година. • Александар Табаковски

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

WRC – Рели Монца

ТРИУМФАЛНАТА КАРИЕРА ЗАВРШИ СО ТРИУМФ ПОБЕДАТА НА РЕЛИТО НА МОНЦА МУ ЈА ДОНЕСЕ ОСМАТА КРУНА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО РЕЛИ НА СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ, А ВОЕДНО СТАВИ КРАЈ НА ПЛОДНАТА КАРИЕРА КОЈА ГО ПРЕТВОРИ ВО ЕДЕН ОД НАЈУСПЕШНИТЕ РЕЛИ ВОЗАЧИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА.

С

овршен крај на една грандиозна кариера. Не можеше да заврши подобро за Себастијан Ожие. Годината во која одлучи да се повлече од релито како постојано ангажиран возач ја освои осмата титула Светски шампион во рели, и, титулата ја понесе со победа на последното рели од една исклучително непредвидлива сезона. Ожие триумфираше на релито во Монца, триумфираше и во шампионатот за возачи, и се запиша во историјата како втор најуспешен рели возач на сите времиња. Секако во целост нема да ја напушти својата најголема љубов, релито. Ќе вози со ограничена програма за да има време да му се посвети на семејството. Најзначајното нешто на светот кое е тешко остварливо кога се живее животот на еден рели возач кој поголемиот дел од времето го минува во бркотница по аеродроми и хотели. И додека Ожие не се повлекува во целост неговиот совозач Жулиен Инграсија засекогаш си заминува од светот на релито. Неговото повлекување е конечно. Разделбата е тешка признаваат и двајцата кои 15 години седат еден до друг и ги делат и најубавите, и најтажните, но и најстрашните моменти во животот. Сепак, богатството од сеќавања ќе продолжи да ги врзува големите другари во приватниот живот. Голема неизвесност лебдеше над кампот на Toyota пред почетокот на релито на Монца каде домуваа и двата претенденти за титула. Себастијан Ожие и Елфин Еванс.

48

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

Ситуацијата навидум наликуваше на онаа од минатата година, кога токму на релито на Монца се одлучуваше за титулата. Но, само навидум. Лани, Еванс, релито го започна со предност од 1 бод пред Ожие, а годинава со дефицит од 17 бода. На калкулациите од типот: што би било, кога би било, пред почетокот на релито им немаше крај. Сепак, едно беше јасно. Ожие немаше намера, туку-така, да ја испушти титулата од раце. Дури и да не победеше, во најлош случај му беше доволно да заврши шести и да си замине дома со титула. А за искусен лисец како Ожие ова ниту оддалеку не беше неостварливо. Меѓутоа никој не го очекуваше нивото на перформанси кое тој и Инграсија им го приредија на љубителите на релито низ цел свет. Генералниот впечаток беше дека Ожие ќе вози резервирано, без ризик само за да стигне до титулата. Но, на терен нештата се сменија, а љубителите на релито можеа да уживаат во вистинска борба на титани која се одвиваше до самиот крај на релито, односно до самиот крај на сезоната. Бркајќи ја осмата круна во девет сезони и охрабрен од конечно добриот сетап на својaта Toyota Yaris WRC, Ожие уште на стартот покажа од каков материјал е направен. Доминираше на утринските брзински испити по самиот почеток на релито, меѓутоа до крајот на денот силите со Еванс се израмнија. Велшанинот почна да притиска и успеа во петочното попладне да избие на чело, додека Ожие се справуваше со проблеми со сопирачките. Накрајотод денот разликата меѓу нив беше 1,4 секунди. Зад нив возеше Нувилсо21,6сек.заостаток.

Белгиецот ги надмина проблемите со сетапот и со менувачот на своето Hyundai i20 Coupe WRC дури успеа и да победи на претпоследниот брзинец од денот. Неговиотi тимски другар Даниел победи и го заврши денот точно 3 сек. зад Нувил. Петти беше третиот возач на Hyundai Оливер Солберг, а шести Такамото Катсута со Toyota. Големата борба меѓу Ожие и Еванс продолжи и во сабота, вториот ден од релито. Двоецот Toyota повторно ги менуваше местата на водечката позиција скоро после секој извозен брзински испит. Фокусот насочен кон победа беше подеднаков и кај двајцата иако во случај на грешка Ожие беше тој што ќе изгубеше многу повеќе отколку Еванс. Велшанинот дури и да победи титулата не му беше загарантирана во колку тимскиот другар го заврши релито зад него. Сепак, жарот на борбата не згаснуваше. Доказ беа постигнатите времиња кои велеа дека на крајот од денот Ожие е во предност од 0,5 секунди. И додека водечките беа фатени во костец останатите водеа битка за себе. Посебно Сордо и Нувил кои покрај тоа што се бореа за својот пласман на ум го имаа и пласманот на тимот на Hyundai. Нувил, како и лани повторно направи грешка удирајќи во бариера на патот и остана без предниот дел од автомобилот. Со откорнати пластики неговиот i20 делуваше далеку позастрашувачки, но нарушената аеродинамика го успоруваше. Затоа до крајот на денот загуби драгоцени секунди и му го отстапи третото место на Сордо. Солберг и Катсута ги задржаа позициите од претходниот ден.

Само три брзински испити од последниот ден од релито ги делеа Ожие и Еванс од решавачкиот исход. Но, Ожие повеќе не беше спремен да форсира. Возеше претпазливо контролирајќи ја ситуацијата од врвот. Искуството му велеше дека од преголема желба за победа грешки лесно се прават. Токму тоа го искуси на своја кожа Еванс. Се изврте на претпоследниот брзински испит и загуби 16,8 секунди кои можеби го чинеа победа. Најбрз на трите брзинци беше Нувил кој доцна влезе во ритам. Сепак, резултатот беше доволен само за лична сатисфакција на Белгиецот. Победата отиде во рацете на Ожие, Еванс заврши втор, а Сордо беше трет. За жал Нувил не можеше подалеку од четвртото место. Солберг остана доследен на петтото место, додека Катсута не успеа да го задржи шестото кое му припадна на Сунинен и заврши седми. Гас Гринсмит осми, а Кале Рованпера девети. Младиот Финец остана доследен на тимските наредби: да вози внимателно и доколку им се случи пех или на Ожие, или на Еванс да освои доволно бодови за Toyota да стане шампион меѓу производителите. Така Ожие по осми пат стана шампион меѓу возачите, а Toyota по петти пат меѓу производителите. Шампионската титула на Toyota воедно беше голем личен успех за шефот на тимот Јари-Мати Латвала. Ова е прва негова сезона како шеф на тим и веднаш ја круниса со титула. Всушност Латвала како шеф на тим успеа да го достигне она што не успеа како возач, а тоа е да стане светски шампион. Ожие го доби шампионатот со 230 освоени бодови, додека Еванс мораше да се задоволи со 207 бода. Нувил остана далеку на третото место со 176 бода, додека Рованпера како вистинско изненадување годинава го освои четвртото место во шампионатот со 142 бода. Меѓу производителите Toyota ја покажа својата надмоќ со 520 освоени бодови, додека второпласираниот Hyundai освои 462 бода. Третопласираниот M-Sport Ford заврши со 199 бода, а приватниот тим Hyundai 2C Competition со освоени 68 бодови следствено се пласираше четврти. Со завршување на релито на Монца заврши и сезоната 2021, но и 25 годишната кариера на Светскиот рели автомобил, или WRC. Од в година нивното место ќе го пополнат хибридните рели автомобили од новата група Rally 1. Што ќе покажат и како ќе се носат со тешките патеки ширум светот останува да видиме. Истото важи и за возачите. Но, едно е извесно. Сега кога Ожие се повлекува од релито се отвораат вратите за Еванс кој две години по ред е на прагот од освојувањето на титулата, но никако да го пречекори. И в година сезоната ќе биде долга и неизвесна, па ни останува да ја проследиме и да видиме како ќе тече и како ќе заврши.

• Љубомир Атанасовски

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА!

Покрај бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ членската картичка ви овозможува специјални попусти во внимателно избрани АМСМ Партнер продажни места! Попустот можете да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Outdoor shop „SCOUT“

Нема лоша сезона за добра прошетка во природа. Но, потребна е добра опрема. Кога станува збор за ваква облека и обувки, ние ви ја препорачуваме специјализираната продавница „SCOUT“, каде достапни ви се најдобрите светски брендови, Jack Wolfskin, Salewa, La Sportiva, Campagnolo, Regatta... Само покажете ја вашата АМСМ членска картичка и добивате 10% попуст. Локација: ул.„Кирил и Методиј“ бр.20 - Скопје

Хемиско чистење „FRESH EXPRESS“

На почетокот на зимската сезона, останува да се погрижиме за облеката од претходната, па ве потсетуваме дека секогаш можете да заштедите на хемиско чистење во „FRESH EXPRESS“, каде како АМСМ членови добивате 10% попуст само со покажување на валидна АМСМ членска картичка и веднаш заштедувате. Локација: ТЦ „Веро Центар“- Скопје

Книжарници „АЛБИ“

Ако не знаете кој е идеалниот подарок за дете, препорачуваме да ги посетите книжарниците „АЛБИ“. Од друштвени игри, преку модни аксесоари и кукли од колекциите на Santoro London и модниот бренд Anekke, до избрана детска литература, во книжарниците на „АЛБИ“ сигурно ќе го најдете совршениот подарок. Покажете ја вашата членска картичка и добивате 10% попуст. Локација: ул. „Варшавска“ бр. 1/приземје и ул. „Даме Груев“ бр. 1/001 приземје-Скопје

Накит и часовници „OXÉTTE“

Оние со префинет вкус секогаш избираат безвременско парче накит или рачен часовник, за себе или за некој друг. А кога сте наши членови секогаш можете да си го дозволите најдоброто, бидејќи само со покажување на вашата членска картичка во „Oxètte“ добивате 10% попуст и веднаш заштедувате. Локација: City Mall, ГТЦ и ТЦ „Рамстор“ – Скопје

АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете на веб страницата на АМСМ.

www.amsm.mk 50

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЗАТОА ШТО НЕ ТИ ПАЛИ КОЛАТА, ТИ ПОДАРУВАМ АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА

www.amsm.mk

02/3181-181 12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


ВО ВАШЕ ЗДРАВЈЕ!

Приватно здравствено осигурување за најдобри здравствени услуги.

Полиси достапни од:

Подружница ТЦ Бисер 52

12.2021 / 01.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

02/5512-705

www.mobilitybroker.com.mk

Центар

02/3181-405


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.