Клуб Мобилити (Декември/Јануари)

Page 1

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Гоце Велески РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје

Завршува уште една година, за жал година во која цел свет се соочи со светска пандемија и одеднаш како сѐ да запре. Местата што некогаш беа преполни со живот станаа градови-духови со строги забрани - од блокади на градот, преку затворање на училиштата, до ограничувања за патувања и забрани за масовни собири. Животот како да доби нов тек и нови правила. Но некои остануваат и мора да се почитуваат. И покрај тоа што не се патува на долги релации, возачите мора да ги исполнат обврските кон своите возила. Исправното возило е гаранција дека ќе стигнете безбедно до одредиштето без оглед на неговата оддалеченост. Зимскиот период умее да манифестира изненадувања, особено за возачите на моторни возила. Многумина се нашле во незавидна ситуација, беспомошни, со возило заглавено во снег. Поради тоа, бидете внимателни и навреме погрижете се за подготовките на автомобилот за да не се случи патувањето да ви се претвори во гадно доживување. Но тука е АМСМ Службата за помош на пат и информации со својот возен парк и таа ќе го реши вашиот проблем. Во годинашните списанија ве информиравме за сите настани, бевме во тек со новините во автомобилската индустрија, со трките, со мото натпреварите, претставивме интересни и уникатни дестинации, советувавме...Темите што се неизбежни во месеците кога се менува состојбата на патиштата и настапување зимската сезона корисни се за секој што управува со моторно возило. Не ги заборавивме и најмалите учесници во сообраќајот. Го објавивме и најновиот тест на детски седишта во кој се рангирани детските седишта што се приспособливи на возраста на детето. Во последните денови од оваа година обично сите прават резиме како им поминале изминатите 365 дена, колку се исполнило од очекувањата и од планирањата. Наедно се прават и планови за следната година. Ние ќе продолжиме со нашите активности - нови членски пакети, многу акции, интересни содржини во списанието и на веб-страницата... голем број новини во системот на АМСМ. Жителите на светот отвораат нова страница. Ова е една нова историја. Ќе останеме дома и оваа најлуда ноќ ќе ја поминеме во кругот на најблиските. Времето е пред нас. СРЕЌНА НОВА 2021 година! Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во Февруари 2021 година.

ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 8 10

СВЕТОТ ДОБИ НОВА МАРКА

12

НАЈМАЛИОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО АВТО-МОТО

12

ВО ВИСТИНСКА НАСОКА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

20

НИЕ СМЕ СКЕПТИЧНИ СТИЛ

23

НОВА ГОДИНА - НОВ ПОЧЕТОК

26

ПАТУВАЊЕ 26

ОД СИБИРСКА ЗИМА ДО ЦАРСКИ ГРАДОВИ И 12 МОРИЊА HI-TECH 12

30

ОД СÈ ПО НЕШТО ИСТОРИЈА

32

ИСТОРИЈА НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА СПОРТ

35

МУЗЕЈОТ Е НЕГОВИОТ ОСТВАРЕН СОН

37

ЖОАН МИР ГО ВРАТИ СУЗУКИ НА ТРОНОТ

41

ФИНАЛНОТО ШОУ ВЕТУВА ВОЗБУДЛИВА ИДНИНА

47

СЕДМА СВЕТСКА ТИТУЛА ЗА НОВИОТ

47

ШАМПИОН

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


Употреба на ремени и детски седишта (1)

6

АЛБАНИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште.

АВСТРИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Специјални детски седишта или ремени за деца под 14 години или пониски од 1,50 м да се користат и на предните и на задните седишта. Деца под 14 години не смеат да патуваат во возила без соодветен безбедносен систем (ремен, детско седиште).

БЕЛГИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 1,35 метри треба да користат детско седиште соодветен според нивната големина и тежина. Ако нема седиште, дете на возраст од 3 и повеќе, пониско од 1,35 метри мора да се вози на задно седиште, со користење на ремен или друг безбедносен систем. Деца помали од 3 години несмеат да се возат без детско седиште.

БУГАРИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 1,35 метри треба да користат детско седиште соодветен според нивната големина и тежина. Ако нема седиште, дете на возраст од 3 и повеќе, пониско од 1,35 метри мора да се вози на задно седиште, со користење на ремен или друг безбедносен систем. Деца помали од 3 години несмеат да се возат без детско седиште.

ХРВАТСКА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото, освен деца до 2 години ако се користи детско седиште свртено назад и со деактивирано воздушно перниче. Деца од 2 до 5 години мора да бидат во соодветно детско седиште на задно седиште. Деца од 5 до 12 години мора да користат ремени за возрасни на задното седиште со додаток за прилагодување според нивната големин.

ЧЕШКА

Задолжително за патниците на сите седиште опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години и пониски од 1,50 м. мораат да користат безбедносен уред прилагодени на нивната големина кога патува ина предните и на задните седиште на возилото. Деца помеѓу 3 и 12 години мораат да се возат на задни седишта. Деца под 3 години не смеат да се возат без детско седиште.

ДАНСКА

Задолжително за патниците на сите седиште опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години мора да бидат во детско седиште соодветено на нивната големина. Деца над 3 и под 1,35 метри мора да бидат ставени во безбедносен уред (седиште) соодветни за нивната големина и тежина. Ако детето се наоѓа на преднато седиште, во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да се деактивира.

ГРЦИЈА

Задолжително за патниците на сите седиште опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години мора да бидат ставени во одобрен детско седиште соодветно за нивната тежина - стандард ЕСЕ R44/03 или понов. Деца на возраст помеѓу 3 и 11 години, пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветни детски седишта. Од 12 години, деца повисоки од 1,35 метри можат да ги користат ремените за возрасни.

УНГАРИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца пониски од 1.50 м. мораат да користат безбедносен уред (седиште) соодветен на нивната тежина. Деца под 3 години дозволено е да патуваат на предните седишта доколку детското седиште е свртено кон назад и нема воздушно перниче или е деактивирано. Деца постари од 3 години и високи 1.35 или повеќе можат да патуваат на задното седиште користејќи ги безбедносните ремени.

ИТАЛИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 36 килограми и до 150 см, кои патуваат во италијански- регистрирани возила мора да биде поставен во безбедносен систем прилагодени на нивната големина и тежина. Деца до 9 кг мора да бидат сместени во детски седишта свртени наназад. За странски регистрирани автомобили, се применуваат прописите што се во земјата на потекло.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото.

ЦРНА ГОРА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

РОМАНИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

СРБИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 3 години мораат да бидат во детско седиште. Може да биде на предното седиште на автомобилот, свртено кон задниот дел на автомобилота - воздушното перниче мора да се деактивира. Деца од 3 до 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото.

СЛОВЕНИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години, пониски од 1,50 метри, во возила регистрирани во Словенија или во странство, мора да користат специјални ремени прилагодени на нивната големина или специјални детски седишта, како во предниот така и во задниот дел од возилото. Детскиот безбедносен систем мора да одговара на ECE стандард 44/03 или 44/04. Во возилата без задни или предни ремени, децата мора да користат задни седишта.Деца под 3 години неможат да патуваат во возила каде нема детско седиште.

ШВАЈЦАРИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 12 години мора да биде во детски седишта кои се во согласност со стандардот ECE R44/03 или понов. Деца повисоки од 1,50 м мораат да користат ремени.

ТУРЦИЈА

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години несмеат да патуваат во возило без детско седиште. Доколку патуваат на предно седиште во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да е деактивирано. Деца пониски од 150 см. и до 36 Кг. Мораат да се возат на задно седиште во соодветен безбедносен систем. Деца повисоки од 150 см. можат да користат ремени за возрасни но на задното седиште.

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЗНАМ КОГА СУМ СИГУРЕН

www.insumak.mk

Несреќен случај (незгода)

Каско-осигурување на моторни возила

Домаќинство

Пожар и некои други опасности

Провална кражба и разбојништво

Машини, инсталации и апарати

Пакет за деловни субјекти

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


НОВОСТИ

NARAN HIPER COUPE

СВЕТОТ ДОБИ НОВА МАРКА

С

ветот повторно лудува по ултра луксузните автомобили или обратно? Што и да се случи светот има уште една марка автомобили и тоа не било каква туку марка која ќе произведува ултра супер брзи автомобили. За сета „гужва“ стои Амер Наран, некогашен учесник во трки, денес сопственик на компанија која изнајмува авиони, главно од тие помалите со десетина седишта наменети за одбрано друштво. Негова најголема желба била да си направи автомобил. Очигледно сонот му се остварил, а го нарекол „наран хипер купе“. Секоја чест на „типот“ кој има само 34 години. Развојот на автомобилот е започнат некаде на почетокот од 2017 година. Купе автомобил со четири седишта, поточно 2+2, мотор V8 со двоен турбо компресор, со работна зафатнина на цилиндрите од 5,0 литри. Многуте коњски сили, а ги има 1.062 заедно со максималниот вртежен момент од 1.036 Нм.

На добро „навитканиот“ мотор со неговите 1.062 КС многу му е лесно да постигне врвни брзински резултати - од 0 до 161 км/ч (100 м/ч) за 4,5 секунди, а од 0 до 322 км/ч (200 м/ч) за фантастични 16,5 секунди. Претходно спомнатото „навиткување“ на погонската единица е остварено преку соработката со германската работилница „Рејсинг динамикс“ кои како основа го имаат позајмено 4,4 литарскиот во сопственост на БМВ, односно моделот „м 8“. Тежината на купето од 1.620 килограми, кои не се така мали, сепак се губат покрај огромната силина од 1.062 коњи. Занимливо е што силината од моторот се пренесува на сите тркала преку осумстепениот автоматски менувач направен од познатата фирма ЗФ. Доколку возачот сака да нагази при совладување на свиоците, тогаш може да го исклучи погонот на сите тркала и сета силина се насочува кон задната оска.

Сепак во сета оваa гужва сопственикот Амер Наран не е единствениот кој е заслужен за „наран хипер купе“. Не случајно се повикани Стив Пег, некогаш вработен во Јагуар, Ленд Ровер, БМВ, Форд, а денес во Наран Аутомотив заедно со експертот за тркачки и супер брзи автомобили Даниел Менсе кој „занаетот го печел“ во гаражите на Светскиот шампионат во рели, Светскиот шампионат за туристички автомобили, потоа, ЦТЦР, ТЦР итн. Тој е еден од најзаслужните при развојот на електро хипер брзиот автомобил „нио еп 9“. И сега најважната информација, автомобилот „наран хипер купе“ ќе биде произведен во само 49 примероци, а цената според првичните озборувања ќе биде некаде околу еден милион евра. Тоа и не е така висока цена во споредба со крајната брзина од 370 км/ч. •

VOLKSWAGEN CADDY

ПРАКТИЧЕН СО ПРЕФИНЕТА ВНАТРЕШНОСТ

Ш

то носи со себе новата генерација од моделот „кади“? Од сè по нешто, а најмногу практичност и рационалност. Направен е на основа од платформата „м ку б“ во сопственост на групацијата Фолксваген, која е присутна и на уште неколку модели. Дизајнерски новиот „кади“ е поаеродинамичен од претходникот благодарение на испегланите линии, но и на тоа што го наследува обликот од „голфовата“ осма генерација. Голфовата линија е присутна не само однадвор, туку и во одделот за патниците кој е речиси како во лимузините. Рака на срце, фотографиите кажуваат сè. Ако се има во предвид удобноста, големиот простор и практичноста, тогаш возилово може да ви послужи за секоја пригода. Толку спомнуваните екрани осетливи на допир ги има во две димензии, 6,5 и 10 инчи со доплата (зависи за која изведба). Погонските единици, нив ги има со повеќе силини. Тука Фолксваген има избор дури и повеќе од потребното. За нив сите важат нормите „еуро 6“, а за дизел агрегатите најавуваат уште пософистицирана технологија која ќе допринесе за значајно

8

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

намалување на азотните оксиди. Иако светот се врти кон електриката, добро е што сепак некој сè уште ги унапредува дизел агрегатите и сè уште работи на нив знаејќи ја нивната полезност. Покрај дизелите кои не се заборавени и напуштени, Фолксваген најавува

вградување и на мотор кој како гориво ќе користи земјин гас, за кој велат дека е најчистото гориво, односно во издувните гасови штетните материи се во занемарливо мал процент. За подетални информации и цената, обратете се кај увозникот. •


НОВОСТИ

NISSAN X-TERRA

ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА ИЛИ САМО РЕДИЗАЈН

Т

еренското возило „икс тера“ во нисановото семејство е своевидно продолжение од веќе надалеку познатиот пикап модел „навара“. Правено e на основа од „наварата“, само што нема посебен, камионски, отворен товарен простор. Зборуваме за „сув“ со теренски особини затоа што „наварата“ користи класика од шасија, а не самоносечка каросерија. Новиот модел има дизајн кој е мешавина од нацртите на „икс треил“ кој сè уште не е претставен, потоа од сегашниот „патрол“ и има наследено дел од неодамна

претставената „навара“. Од сè по малку и на крај добивате совршен производ со погон на сите тркала наменет не само за асфалтна, туку и за сите други видови подлоги. „Нисан икс тера“ е возило конструирано и посебно наменето за сахарските и субсахарските региони. Во него се вградува 2,3 литарски реден четири цилиндричен турбо дизел мотор со повеќе од задоволувачки 190 КС, односно истиот агрегат од пикапот „навара“. Ако возилото е наменето првенствено за северниот дел од аф-

риканскиот континент, тоа не значи помалку опрема во возилото. Ги има сите безбедносни системи како и во секое друго возило. Сепак, малку е чудно што возилово не се продава насекаде во светот. Некои континенти се исклучени, како на пример американскиот и австралискиот, а не е спомнат ниту делот од американскиот наречен латински. Малку чудно за возило кое има што да понуди, а се продава само во некои региони на светов. Трета генерација или само редизајн? •

годинава со име и заштитен знак на Чанган Аутомобиле, „чанган каицене к 70“. Сега истата таа шасија ја употреби и Пежо за лансирање на исто такво возило под свое име „пежо лендтрак“. Пежоовиот пикап, според првичното планирање, е наменето за Јужна Америка и сахарскиот дел од Африка, но тоа не значи дека истото нема да стаса и на останатите континенти и држави. Сепак сето тоа ќе зависи од плановите на Пежо и интересот и побарувачката

за таквите возила. Според тоа што нуди возилото, тука нема промашување, пикап возилата отсекогаш биле и ќе бидат барани од купувачите. Во „пежо лендтрак“ ќе се вградуваат две турбо дизел погонски единици, едната со зафатнина од 1,9 литри со 150 КС, а другата е поголема по зафатнина, 2,3 литри, со 286 КС. Основниот модел има погон само на задната оска, но има и со погон на двете оски или погон на сите тркала. Еден голем плус за конструкторите е тоа што возилото има простор за сместување на шест возрасни лица – три напред и три назад. Вакво, рационално возило со погон на сите тркала плус класичен товарен отворен простор е вистинско возило за работа и секојдневна употреба. Дали „пежо лендтрак“ ќе се вози насекаде, вклучувајќи ја и нашава земја, останува да видиме. •

PEUGEOT LANDTREK

И ПЕЖО СО СВОЈ ПИКАП

А

петитите на Пежо, но и на останатите како него да имаат свој пикап во програмата, дојдоа малку подоцна. Многу од производителите имаат возило со дел наменет за патници и дел наменет за превоз на товар, но не и Пежо, барем не досега. Само Пежо знае зошто чекаше толку долго време за да конструира ваков тип возило. Присуството на Пежо во Кина е поткрепено со тамошната компанија „Чанган“ со која заедно го развиваа пикапот. Тоа возило за првпат излезе од погоните

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


НОВОСТИ

HYUNDAI BAYON

НАЈМАЛИОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Б

ајон, така Хјундаи го именуваше својот најнов концепт(?), инаку мало сув возило кое ќе биде предводник во класата на возилата за забава, односно ќе биде најмалото во семејството – најмалото, но најубавото. Списокот од „сув“ возила на Хјундаи е еден од најбогатите, но не така одамна најави нов „сув“ и тоа во сегментот „б“ кој првенствено ќе биде наменет за европскиот пазар. Успехот на Хјундаи во класата на „сув“ возила е повеќе од приметлив и воедно сака да биде присутен во сите сегменти. Затоа забрзано го подготвува моделот со име „бајон“, а името го има добиено според градот Бајоне кој се наоѓа во југозападниот дел од Франција. Новиот „сув“ е развиван на континентов, тука биле осмислени првите линии и тука ќе биде произведуван. Според првичните најави „хјундаи бајон“ ја очекува светската премиера (интернетска), некаде на пролет идната година. •

AUDI

АУДИ ВЛЕГУВА ВО РЕЛИТО ДАКАР И СЕ ВРАЌА ВО СЕРИЈАТА ЛЕМАН

К

рајот од годинава Ауди го искористи да сподели едно соопштение со јавноста. Во не толку кусото обраќање, Ауди најави излегување од Светскиот шампионат во формула е и повторно враќање во трките на издржливост, односно серијата Леман. Тоа точно значи негово видување догодина на лето за кога е закажано 89. издание од познатата трка 24 часа Леман. Колку за потсетување, Ауди со прототипот „р 18 е трон кватро“ беше непобедливо во три години една по друга. Откако го потврди своето враќање во трките на издржливост, Ауди изненади со уште една новост, а тоа е неговата најава за учество во релито Дакар. Можеби за јавноста ова е малку чудно Ауди да биде дел од пустинската прашина и 10.000 километри за околу две недели. Сепак да потсетиме на учеството на Фолксваген на релито Дакар и тоа во неколку наврати, а Ауди е дел во поширокото семејство на „народниот автомобил“ и сега имаме мат позиција. Зошто шаховски се изразуваме? Затоа што едниот од семејството си замина, а друг влегува во игра. Тоа е таканаречената рокада во шаховската игра, или поточно измена, независно дали е брза како хокеарската, или спора како во фудбалот. Планот на Ауди е во 2022 да учествува на релито Дакар, а во трките на издржливост да се врати во 2023 година. Сезоната 2020 / 2021 во формула е е последна за компанијата од Инголштад, но е прва во која во својот болид вградува електричен мотор од сопствено производство. Прва и последна сезона на Ауди со негов мотор, но тоа не значи дека производството на електромотори, за болидите од првенството со електричните болиди, ќе замре. Напротив, Ауди иако излегува од тоа друштво, сепак и натаму ќе развива погонски единици за електричните формули. •

10

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЗА НАС Семос е една од водечките Македонски ИТ компании во областите на проектирање, изработка, имплементација и одржување на комплексни информатички решенија со 35 годишна традиција. Преку Пре повеќегодишното искуство како и со внимателното осознавање на потребите на нашите клиенти се стекнавме со специфични знаења за деловното окружување и бизнис процесите со кои тие се соочуваат и тоа за возврат му овозможува на нашиот тим да испорачува врвни решенија за нивните потреби.

НАШИОТ ТИМ Нашиот мешовит тим од искусни IT и деловни експерти, остручени за мултифункционална, мултинационална и мултикултурна околина успеа да обезбеди највисоко ниво на производите и сервисите кои ги нудиме како според меѓународните стандарди така и согласно македонските законски регулативи.

НАШИТЕ РЕШЕНИЈА Софтверските и инфраструктурните решенија на Семос се одликуваат со ергономски дизајн, иновативност, извонредна функционалност, робусност, висока достапност и безбедност. Експертизата вградена во нашите решенија резултира со единствено искуство на задоволни клиенти, доверба и долгогодишни партнерства.

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


АВТО-МОТО

Тест: Toyota Yaris 1.5 Hybrid Chic BiTon

Во вистинска насока

П

рвата генерација на Toyota Yaris дебитираше во 1999 година со задача да го замени моделот Starlet. Новиот концепт имаше модерен дизајн, стилски ентериер, исклучителна практичност и забавна природа. Квалитетите што ги поседуваше му ја донесоа и наградата за Автомобил на годината за 2000 година во Европа. Во следните две децении пристигнуваа нови изведби, втората генерација на моделот додаде зрелост, а во третата првпат е воведен хибриден погон. Но како што минуваа годините, така дизајнот почна да бледнее, секоја нова генерација постепено стануваше сè помалку иновативна од онаа што ја заменуваше. Купувачите продолжија да го бараат не затоа што беше возбудливо обликуван, туку поради традиционалните предности

12

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЦЕЛОСНО НОВИОТ YARIS НАСТАПУВА СО МОДЕРЕН И ВПЕЧАТЛИВ ЕКСТЕРИЕР, МАКСИМАЛНО ПРЕЦИЗНО СКРОЕН ЕНТЕРИЕР И, СЕКАКО, ХИБРИДЕН ПОГОН СО ЗАБАВЕН КАРАКТЕР ШТО МУ ДАВА ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ВО ОДНОС НА КОНКУРЕНТИТЕ. што ги има марката. Во меѓувреме Toyota доби нов шеф, Акио Тојода, кој јасно кажа дека компанијата ќе го смени својот став и дека повеќе нема да произведува здодевни автомобили. Неговите зборови преточени во реалност целосно се рефлектираа во новата четврта генерација на Yaris. НОВ ДИЗАЈНЕРСКИ ПРИСТАП Моделот Yaris во новата инкарнација на некој начин по своите димензии е најблиску до првата генерација. Габаритите на надворешноста се намалени, висината е спуштена за неколку сантиметри, севкупната должина е задржана под границата од четири метри, а меѓуоски-

ното растојание е зголемено и со тоа е обезбедено повеќе простор во кабината. Зашилениот остар нос, големиот отвор за воздух, делот предвиден за поставување на регистарска табличка изведен во специфичен дезен, како и внатрешноста на предните светлосни групи што го следат истиот терк се елементите што му даваат спортска нишка на предниот дел. Профилот, особено во двобојна верзија, како што е тестираниот примерок, го прави трендовски соодветен. Како дополнување на предниот дел доаѓаат мускулестите набабрувања над тркалата, спуштената линија на покривот и високо поставениот спојлер. Со задниот дел доминираат изразените светлосни


АВТО-МОТО

состави поврзани со црна пластика што изгледа како втор, пониско поставен спојлер. На крајот од долниот дел е обликот на задниот браник што личи на дифузор, како што се употребува кај спортските модели. Заклучокот е дека со новиот пристап на креирање и малите возила на марката може да изгледаат многу впечатливо и пријатно за око, со што соодветно ќе можат да им парираат на европските конкуренти што до неодамна важеа за дизајнерски посупериорни во тој поглед. ВНАТРЕШНОСТ ШТО МУ ПРИЛЕГА Штом стапнавме во внатрешноста на Yaris забележавме дека при конструирањето на кабината многу се внимавало и дека поврзаноста со надворешноста игра голема улога. Предните седишта се поставени спортски ниско, имаат добра

седечка површина и солидна странична потпора. Користена е модерна ткаенина за обвивка на вратите, меката компонента е присутна над предниот дел, а остатокот од кабината е изведен во пластика што, во зависност од поставеноста, има вообичаена структура или е направена во висок сјај. Сè изгледа повеќе од солидно и, се разбира, сè е беспрекорно добро составено. Пристапот до задните седиште изгледа тесен, но штом ќе се влезе се забележува дека на задната клупа има пристоен простор каде што две возрасни лица може да се сместат без никаков проблем благодарејќи на меѓуоскиното растојание од 2.560 мм. Патниците на располагање имаат доволно простор за стапалата и колената, а главата нема да им допира на покривот ако се пониски од 190 см. Багажниот простор е во долниот дел од

класата со зафатнина од 286 литри, но правилниот облик и неговата длабочина дозволуваат да собере повеќе отколку што изгледа на прв поглед. Напредната технологија во кабината е застапена преку инфо забавниот систем со 8-инчен екран чувствителен на допир што наедно е задолжен за комуницирање со мобилните телефони што ги користат платформите на Apple и Android и други модерни ситници што се дел од денешното стандардно опкружување. ХИБРИД СО ЗАБАВНА ПРИРОДа Моделот Yaris нуди неколку моторни опции, а најинтересна од сите е токму хибридната. Значи, штом е хибрид, автоматскиот менувач (е-CVT) е стандард и споен е со нов 1,5-литарски трицилиндричен мотор што по традиција во Toyota работи по Аткинсонов циклус и користи

12.2020 /01.2021 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ТРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО БЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

1.490 СМ3

МОЌНОСТ:

92 КС при 5.500 врт./мин. + ел. мотор: вкупно 116 КС

МЕНУВАЧ:

CVT-БЕССТЕПЕНА ТРАНСМИСИЈА

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ТОРЗИОНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 185/65 R15, ОДЗАДИ 185/65 R15

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.125 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 3.940X1.745 X1.500 ММ

технологија што обезбедува значително поголема ефикасност од обичен бензински мотор. Исто така, новиот систем е од четвртата генерација, користи нова и помоќна литиум-јонска батерија. Бензинецот располага со 92 КС и максимална влечна сила од 120 Нм при 3.600-4.800 врт./мин., а електромоторот испорачува 80 КС и 141 Нм и по комплицирана пресметка овој хибриден состав заемно произведува системска моќност еднаква на 116 КС. На располагање се три начини на работа и тоа: EV, Eco и Power. Режимот EV се обидува да го задржи автомобилот колку што е можно подолго користејќи само електрична енергија. Начинот Eco е насочен кон максимална 14

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

штедливост, а моделот Power ја користи максималната моќ од двата система со цел да се постигнат колку што е можно подобри перформанси. Постигнувањата од 9,7 секунди до 100 км/ч и максимални 175 км/ч се во корист на Yaris затоа што за време на нашето дружење бевме во средина на декларираниот просек, постигнавме просечна потрошувачка од 4,5 литри на 100 км, а притоа не бевме нежни со педалот за забрзување. Релативно малата тежина, ниско поставениот центар на гравитација и софистицираната архитектура прават новиот Yaris да се чувствува како автомобил со многу робустен интегритет што тешко се исфрла од зацртаната линија. Градскиот

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

9,7 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

3.8-4.9 Л/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

175 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

19.790 €

сообраќаен хаос е на негова природна територија, хибридниот систем работи беспрекорно и од возачот не бара големи залагања. Во меѓувреме, при брзина на автопатот изгледа цврсто поставен и стабилен и тоа влева дополнителна доверба кај возачот кога се патува и со поголема брзина. Новиот Yaris Hybrid успешно се враќа во игра, повторно има комбинација што добива, поседува повеќе квалитетни атрибути што се потребни за директна пресметка со досегашните лидери во сегментот. • ДанчоЗдравковски


НОВОСТИ

ALFA ROMEO 4C

ПОСЛЕДНИОТ „МОХИКАНЕЦ“

Уште еден автомобил годинава, за жал, ја завршува својата „кариера“. Ако судиме според возните особини и според дизајнот Алфа Ромео во изминатава деценија го имаше еден од најзанимливите модели, „4 ц“. Кога пред седум години го претставуваа, челниците на компанијата очекуваа многу повеќе отколку што во стварност излегоа работите со продажбата и заработувачката. И покрај сè автомобилот и неговите особини беа на највисоко можно ниво. Сите сопственици, но и специјализирани новинари имаа позитивно мислење и беа задоволни од автомобилот. Е сега, каде нештата останаа да „шкрипат“ и продажбата да оди послабо од таа во предвидувањата на експер-

тите во компанијата? Основниот модел се продаваше за 54.000 евра. Моделот е двосед, типичен роудстер чија основа е правена од карбонски влакна, лесна конструкција, 895 кг, со централно сместен мотор (веднаш зад седиштата), со погон на задните тркала и мотор со зафатнина од 1,75 литри. Тоа е тој легендарниот со кој Алфа Ромео со децении наназад „сее страв и трепет“ на тркачките патеки. Турбо компресорот истиснува 240 КС доволни за забрзување од 0 до 100 км/ч за фантастични 4,5 секунди. Велат цената била малку повисока од очекуваната, барем така велат заинтересираните за купување. Како и да било, сега веќе сето тоа е минато и „алфа ромео 4ц“ излегува од производство. За крај на својот

животен век, конструкторите нудат посебна серија од овој модел со ограничен број, само 33. Таа бројка „33“ се темели на моделот од 1967 година именуван како „33 страдале“. Затоа последните примероци од моделот „4ц“ наречени „алфа ромео 4ц спајдер 33 страдале трибуто едиционе“ ќе бидат произведени во само 33 примероци и секој од нив ќе чини 67.000 евра. Штета што Алфа Ромео не нуди замена за моделот. Сигурно ќе треба да помине многу време и дури потоа да видиме нешто слично на овој пред сè успешен модел за тие што знаат што бараат од еден спортски друмски автомобил.

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


АМСМ

КОМПЛЕТНА И ПРОФЕСИОНАЛНА ГРИЖА ЗА ВАШЕТО ВОЗИЛО Редовното сервисирање и соодветната грижа за техничката исправност на вашето возило се најважни за вашата и за безбедноста на вашето семејство во сообраќајот. Водејќи грижа за вашето време, труд и пари, АМСМ сервисот за автомобили ви овозможува комплетна и професионална грижа за вашето возило во текот на цела година. Стручниот и професионален кадар со долгогодишно искуство е гаранција за високиот квалитет на сервисните услуги: • Компјутерска дијагностика на електронските уреди на возилото; • Редовни сервиси што вклучуваат промена на масло и филтер за масло, промена на филтер за гориво, филтер за воздух и сл.; • Дополнителни сервисни услуги, како контрола на палење, контрола на компресија, замена на бензинска пумпа, замена на пумпа за вода, замена на термостат и системи за ладење и греење, замена на ламела, куплунг, поправка на сопирачки итн.; • Отстранување на различни случајни дефекти на сите брендови и модели на возила. Искористете ја предноста што сте наш член и заштедете! Како наши членови добивате 20 % попуст на компјутерска дијагностика и за работна рака при сервисирање, како и до 10 % попуст на резервни делови за вашето возило. Повеќе информации на тел. 02/3181-133.

ГРИЖА ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ Поквалитетната здравствена заштита е ваше право бидејќи вашето здравје е најважно. Уште поважно е што ваквата дополнителна здравствена заштита сега е достапна за сите, со месечен надоместок што не ги оптоварува вашите приходи. Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци: • Здравствена заштита во приватни клиники; • Избор на лекар и на клиника; • Користење здравствени услуги без упат од матичен лекар; • Договарање термин што вам ви одговара; • Специјалистички прегледи; • Лекови на розов рецепт; • Хируршки зафати (операции); • Дијагностички анализи и лабораторски испитувања и • Дијагностика и лекување на малигни заболувања. Дополнително, а во зависност од вашите потреби, во приватното здравствено осигурување може да се вклучат и гинеколошки, стоматолошки и офталмолошки услуги. Приватното здравствено осигурување важи на територијата на нашата земја и во странство. Повеќе информации на тел. 02/3181-402. 16

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ

БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ НА 196 Не можете да го стартувате возилото наутро, замрзнати ви се бравите на автомобилот... Сезоната на ниски температури ја прогласуваме за отворена. Во вакви и слични ситуации поврзани со дефекти на автомобилот што може да се отстранат на самото место, повикајте АМСМ помош на пат, 24/7 на 196. Како наши членови услугата за помош на пат ја добивате бесплатно на целата територија на нашата земја.

КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА 10% попуст Накит и часовници „OXÉTTE“

Стилско парче накит или елегантен рачен часовник се секогаш добра инвестиција. Притоа искористете ја привилегијата што сте наш член, покажете ја вашата валидна АМСМ членска картичка и добивате 10% попуст. Локација: City Mall, ГТЦ и Рамстор-Скопје

20% попуст Оптика „OTTICA ITALIANA“

Очилата, без оглед дали за сонце или со диоптрија, се дел од имиџот, а вие можете да изберете нови во „Ottica Italiana“со 20% попуст на целиот асортиман. Како наши членови добивате и бесплатна проверка на диоптрија. Локација: ТЦ Веро Центар-Скопје

10% попуст 6% попуст Спортска опрема и обувки „SPORT VISION“ Продавница за апарати за Nike, Adidas, Reebok, Champion, Converse… Најдобрите светски домаќинство „АГРОТЕХНА“ брендови на спортска опрема и обувки, за вас достапни со 10% попуст во „Sport Vision“. Само покажете ја вашата АМСМ членската картичка и заштедите. Локација: Сити Мол, 2 кат, ул. „Љубљанска“- Скопје

Сè што ви треба за вашиот дом, од апарати за домаќинство, бела техника, аудио и видео опрема, купете го со 6% попуст во „Агротехна“ и веднаш заштедете многу со својата АМСМ членска картичка Локација: Центар, Аеродром, Ѓорче Петров, Маџари-Скопје

АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ. 12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

18

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


CLASSIC

EUROPE PREMIUM

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

П

очитуван члену, ова го предвидовме уште на почетокот: овој тест завршува без високи, но и без премногу ниски поени, нема први места, но, исто така, нема ни четврти, па дури ни петти места. Наместо тоа, исклучително втори и трети места. Со мали ограничувања, дури може да зборуваме и за убав резултат. Штефан Кербл, техничарот на ÖAMTC, го наведе следниов заклучок: „Некои модели, како што се, на пример, Cybex Aton B или Joie i-Spin Safe, за малку не го добија првото место. Други, пак, блескаат во одделни дисциплини, но не успеваат на друго место - видете ги Besafe iZi Modular и Maxi-Cosi Morion. Особено бевме задоволни што овој пат немаше негативни вредности во однос на содржината на штетни материи. Со исклучок на Recaro Salia, сите модели добија дури и оценка многу добар. Очигледно, производителите ја зедоа предвид нашата постојана критика и сега повеќе внимаваат при изборот на навлаки за седиштата.“

НИЕ СМЕ СКЕПТИЧНИ ÖAMTC ТЕСТИРАШЕ 13 ДЕТСКИ СЕДИШТА – РЕЗУЛТАТ: НЕМА ОЦЕНКА МНОГУ ДОБАР, НЕМА НЕДОВОЛЕН. ВО ФОКУСОТ: СЕДИШТА ШТО СЕ ПРИСПОСОБЛИВИ НА ВОЗРАСТА НА ДЕТЕТО. ОД АЛЕКСАНДЕР ФИШЕР

Марка

Cybex

Cybex

ABC Design

ABC Design

Joie

Nuna

Aton B i-Size + Base M

Aton B i-Size

Tulip

Tulip + Isofix base Tulip

i-Spin Safe

Prym

Насока на поставување*

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

нанапред и наназад

ЕCE-класа

45-87 cm

45-87 cm

45-85 cm

45-85 cm

40-105 cm

40-105 cm

Тежина седиште/ основа во kg

4,3 / 6,4

4,3

4,1

4,1 / 7,2

14,3

14,9

338,-

169,-

169,9

328,9

409,-

459,95

Безбедност

1,6

1,5

2,1

2,0

1,2

1,8

Употребливост

1,7

2,2

2,5

3,5

2,1

2,6

Ергономија

1,7

1,7

1,6

1,8

1,9

1,9

Контрола на штетни материи

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

Добар

Добар

Добар

Задоволителен

Добар

Добар

Ознака за тип

Цена [€]

Препорака од клубот

20

ВТОР ТЕСТ, 2020 ГОДИНА. Фактот дека детските седишта се тестираат двапати годишно поради големиот број нови производи стана сосема нормален за техничарите на клубот, па дури и обичај, исто како и проверката на новите летни и зимски пневматици. Оттаму, процедурата секогаш следи иста шема: безбедноста, содржината на штетни материи, ергономијата и употребливоста се основните критериуми

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ Т

што треба да ги проверат техничарите на ÖAMTC при тестот за детски седишта. Со други зборови, за секој модел се симулира сообраќајна незгода, моделот се расекува и се оштетува и повеќепати се монтира и демонтира. Притоа постојано се експериментира, се критизира, а потоа и се внесува во протоколи. Основата на процената ја формираат стандардизирани норми и упатства, тие се однесуваат на сите модели, од седишта за бебиња до подигнати седишта со потпирач за грб. Звучи како да е многу напорно - и така е: Ваквиот тест за детско седиште трае и по неколку недели. Но (дури и ако тоа звучи како клише): безбедноста на децата има најголем приоритет во клубот, а тоа го оправдува напорот. Позитивен придружен ефект на оваа стандардизирана постапка е дека резултатите од тестовите што се стари неколку години се споредливи со актуелните. Оценката многу добар останува многу добар, а добриот модел останува добар модел. Сите тестови може да се најдат на веб-страницата на ÖAMTC. Превземено од OAMTC

www.oeamtc.at/kindersitz www.oeamtc.at/kindersitzests За целокупната оценка важи следново: 0,6-1,5 многу добар 1,6-2,5 добар 2,6-3,5 задоволителен 3,6-4,5 доволен 4,6-5,5 недоволен

Recaro

Maxi-Cosi

Коментар од Штефан Кербл, техничар на ÖAMTC

Дали е разумна употребата на седишта што се приспособливи на возраста на детето? Детското седиште што може да го користат седишта обично не се справуваат полошо мали деца со висина од околу 75 сантиме- од вообичаените детски седишта. Од друтри до речиси адолесценти високи околу га страна, Avova Sperling-Fix i-Size, покажа 150 сантиметри, честопати производи- уште послаб резултат во фронталниот телите го нарекуваат седиште што расте удар, вклучително и во речиси сите критезаедно со детето. риуми за употребливост. На крајот излезе Во актуелниот тест се претставени два од со оценка задоволителен. овие производи: Avova Sperling-Fix i-Size Како и да е: Детските седишта што се прис(нов производ од релативно нова фирма) пособливи на возраста на детето во пои Britax Römer Advansafix i-Size (производ следниве години станаа многу побезбедни од реномиран производител на детски и полесни за ракување како резултат на седишта што континуирано се усовршува). два фактора. 1) Тие се поврзани со автомоАко ги погледнете деталните резултати, билот само преку држачи Isofix. 2) Појасот станува јасно дека е голем предизвикот за затегнување останува на детското седа се постигне добар резултат од тестот со диште дури и кога повеќе не е потребен детско седиште што е приспособливо на (едноставно е скриен). Ова драстично го возраста на детето. Зошто? Бидејќи произ- намали ризикот од погрешна употреба. водителот треба да направи компромиси Детските седишта што се приспособуваат со овие седишта. Школките на седиштата, на возраста се алтернатива за луѓето што на пример, може да се нагодат во висина, ретко превезуваат деца и на кои им треба но не и во ширина - околност што може уште едно место за седење или сакаат да да влијае врз вредностите на страничните патуваат поевтино. удари. Оној, пак, што сака оптимална безбедност Многу е лесно да се забележи дека произ- и удобност за своите деца, не може да изводителите, ако обрнат внимание на секој бегне овој производ да го менува повеќедетаљ во конструкцијата, сепак, може да пати. постигнат беспрекорност на тестот. На пример, Britax Römer Advansafix i-Size за малку не ја доби оценката добар, а ја изгуби токму при фронтален удар, со кој овие детски

Recaro

Besafe

Britax Römer

Avova

Maxi-Cosi

Advansafix i-Size

Sperling-Fix i-Size

Morion

Salia

Mica

Salia Elite

iZi Modular X1 + iZi Modular i-Size Base

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред и наназад

нанапред

нанапред

нанапред

40-105 cm

40-105 cm

40-105 cm

61-105 cm

76-150 cm

76-150 cm

100-150 cm

15,8

15,1

15,8/3,0

8,6 / 6,7

11,0

13,7

5,8

479,-

449,-

599,-

618,-

299,-

349,95

179,-

2,0

3,0

2,0

1,7

2,7

3,2

2,5

2,5

2,2

3,0

2,6

2,6

3,1

1,5

2,4

2,0

2,5

1,9

2,0

2,1

1,9

1,7

1,0

1,7

1,0

1,0

1,0

1,0

Добар

Задоволителен

Задоволителен

Добар

Задоволителен

Задоволителен

Добар

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


АМСМ

• Во јануари за првпат ќе регистрирам возило, па ме интересира што сè опфаќа техничкиот преглед. АМСМ: Технички преглед на возила е преглед со кој се утврдува исправноста на пропишаните системи, составни делови, самостојни технички единици, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, уредите за осветлување на патот и на возилото и за испуштање на согорените гасови и исполнетоста на пропишаните барања во поглед на заштитата на животната средина, дали идентификационите броеви на возилото се совпаѓаат со броевите запишани во сообраќајната дозвола, како и дали возилото ги исполнува и другите пропишани услови за учество во сообраќајот. За да се прогласат за технички исправни возилата треба да ги исполнуваат следните барања:

• Дали можам возилото да го регистрирам порано од датумот на регистрација кој е наведен во сообраќајната дозвола (20 јануари)? АМСМ: Возилото можете да го регистрирате 30 дена порано, значи во вашиот случај на 20 декември можете да го регистрирате. • Каде можам да добијам информација за стари регистарски таблички. Станува збор за олдтајмер возило и ми требаат податоци за сопоственикот. АМСМ: За возило олдтајмер информација ќе добиете во Министерство за внатрешни работи во Македонска Телевизија, во Одделот за сообраќај.

- исправна возна постројка и каросерија односно самоносечка конструкција; - исправен мотор и погонски уреди; - исправен уред за управување; - исправен уред за сопирање; - исправни светлосни и светло-сигнални уреди; - исправни контролни и сигнални уреди; - исправни уреди што овозможуваат нормална видливост; - исправни оски, тркала, пневматици; - исправен уред за давање звучни сигнали; - исправен уред за движење на возилото назад; - исправен уред за испуштање на согорени гасови; - исправна емисија на издувни гасови; - исправен влечен уред за спојување на влечно и приклучно возило; - исправни останати уреди, делови и ознака на возилата и нивната опрема; Оваа година при регистрација на возилото за првпат ќе купам и полиса во АМСМ, конкретно преку вашето брокерско друштво Мобилити Брокер. Која е разликата во купување на осигурителната полиса преку брокерското друштво, а не директно од осигурителната компанија? АМСМ: Со купувањето на кој бил тип осигурување преку осигурителното брокерско друштво „Мобилити брокер”, не купувате само осигурување, туку бесплатно добивате консултант, посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето. „Мобилити брокер” Ве застапува пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според Вашите потреби и Ве застапува при отштетни побарувања. Се разбира, услугите на брокерот се бесплатни, а Вие ја плаќате само цената на осигурителната полиса.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

22

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


СТИЛ

Семеен бизнис

Нова година П

очетокот на новата година се врзува со нов почеток во животот, со нов почеток во бизнисот, со нови оптимистички верувања за тоа дека новиот почеток овозможува нов успех. Од денешен агол, кога ќе споменеме бизнисмен, првата слика што ни доаѓа пред очи, како физичка појава, е среден, стокмен, млад, секако, со неизбежен привлечен костум, врвца за кошула и акт-чанта. Но, шегата настрана, сепак, овој маж - новиот бизнисмен мора да поседува и одредени атрибути што мора да ги имаат сите успешни бизнисмени. Тие треба да имаат контакт, интелигенција, храброст, визија, имагинација и способност за организирање. Ако сте лице што е во центарот на вниманието, ако имате смисла за време, прецизност и точност, бидејќи тие се од суштинско значење за успешен бизнис, добро сте балансирани и имате конзистентен пристап, пријателски сте настро-

СОНОТ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО МАЛ СЕМЕЕН БИЗНИС МОЖЕ ДА СТАНЕ РЕАЛНОСТ. МАЖИТЕ, КАКО СТОЛБ НА СЕМЕЈСТВОТО, СПОРЕД ТРАДИЦИЈАТА, СЕ ТИЕ ШТО БЕЗ КОЛЕБАЊЕ ОВАА ГОДИНА МОЖАТ ДА СЕ ОДЛУЧАТ НА ВАКОВ ЧЕКОР УШТЕ НА САМИОТ ПОЧЕТОК НА НОВАТА ГОДИНА.

нов почеток ени кон вработените и клиентите, исполнети сте со општествен интерес, покажувате дека токму вие сте подготвени за основање нов семеен бизнис. Покрај тоа, исто така, постојат одредени особини или карактеристики дека повеќето бизнисмени поседуваат иницијатива и капацитет да донесат итна одлука. Во светот на бизнисот сите промени се одвиваат со брзо темпо. Брзите одлуки ќе треба да бидат ваш начин на водење на бизнисот, комуникацијата и умешноста за преговарање во текот на самиот бизнис, одредувањето, храброста и истрајноста. Мора да имате силна моќ, волја и решеност во водењето на семејниот бизнис, како и храброст да го заштитите бизнисот на компанијата во непредвидени околности. Интелигенцијата што ја поседувате искористете ја максимално во однос на сите можности што ви ги нуди бизнисот.

Како идеален лидер треба да бидете и модел за другите бидејќи денешниот бизнис бара лојалност и соработка со сите вработени. Ако барем еден дел од вас што го прочитале овој текст пронајдете некоја од претходно наведените карактеристики, нашата новогодшна желба за 2021 година ќе биде сите вие, кои сонувате да успеете, да основате семеен бизнис, да верувате во себе и да не се откажувате на првата препрека на која ќе наидете, да бидете упорни и издржливи бидејќи патот до успехот е тежок, но кога ќе дојдете до него, кога ќе ги вкусите вкусот на успехот и моќта на зборот бизнисмен, дури тогаш ќе знаете дека навистина сте успеале. Сега сте подготвени за нов предизвик во бизнисот, подготвени за нови успеси. • Игор Ландсберг

Семејниот бизнис, сам по себе, претставува интересна, но наедно и компактна област. Во светот веќе одамна малите семејни бизниси се претворија во големи семејни компании од кои зависат пазарот, берзата и целокупниот индустриски и трговски развој. Секоја промена на бизнисот во која било компанија, па дури и семејните компании можат да донесат вистински турбуленции во нивниот развој. Сега водечките компании лесно и за миг можат својот успех да го претворат во голем крах. Кај нас, во Република Северна Македонија, долго време немаше семејни бизниси. Тоа, пред сè, се должи на долгото владеење на комунистичкиот режим во кој беа забранети. Со осамостојувањето на нашата земја државните фирми почнаа да се приватизираат, проследени со помали или поголеми афери. Денес сè повеќе тежнеат да постигнат голем, дури и светски успех, па во некое идно време можеби ќе се случи тоа, но, секако, ќе биде потребно првенствено да се надмине емоционалноста во водењето на семејните бизниси. Се разбира, не можат да се занемарат многу наши домашни семејни бизниси што, исто така, почнале со малку вработени, а денес се водечки компании во земјата. Нивниот успех несомнено се должи на сè поголемото образование и едуцирање на младите, веќе и во состав на самите бизниси, во различен облик како тренинзи, обуки, семинари итн. Семејните бизниси од своето основање, развојот, па сè до опстојувањето, претрпуваат повеќе форми на промени, предизвикани од претходно наведеното или, пак, од некои интерни, меѓучовечки односи во самата компанија. Само по себе, семеен бизнис укажува дека овој бизнис е основан барем од два члена во семејството, кои мора да изберат лидер, менаџмент, кадар и други вработени. Со самото основање сето ова изгледа лесно, но дури подоцна доаѓаат конфликтните ситуации, предизвикани од една или од друга страна, од една или од друга причина. Поради тоа, како непишано правило е тоа дека повеќето семејни бизниси или пропаѓаат или се продаваат и успеваат, но не како семејни бизниси. Имајќи предвид дека кај нас оваа област не е многу истражувана, особено што сè повеќе предизвикува интерес, несомнено може да се каже дека допрва ќе се доаѓа до нови, попрецизни и поопширни резултати. 12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk 23


ГАСТРОНОМИЈА

СВИНСКО ФИЛЕ

идеално за новогодишните празници

Состојки

• Свинско филе • Путер • Сол • Бибер • Праз • Суви пиперки

Подготовка:

Парче свинско филе (220 гр.) се запржува на путер, се зачинува со сол, бибер и се додава сецкан праз и суви пиперки. Сето ова се зачинува убаво, се пропржува сè заедно и се сервира. Добар апетит!

24

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ|

„TAFTALIDZE SHUFFLE“ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ

„ОЧИ НА ТЕМНИНАТА“ ДИН КУНЦ

Р

оманот е објавен во 1981-та, но годинава предизвика реакции на социјалните мрежи откако читатели од цел свет објавија делови од книгата кои се чинат дури и предвидувачки. Се разбира, станува збор за фиктивна приказна, но е интересна коинциденција што во делото се споменува вирусот наречен Вухан-400. Секако, мора да се спомене дека постојат и големи разлики меѓу вистинскиот вирус со кои се соочуваме и оној кој е опишан во романот. Авторот Дин Кунц е познат по брилијантните трилери во кои често вметнува и елементи на хорор, фантазија, научна фантастика, мистерија и сатира. Многубројни негови книги се имаат појавено на листата на најпродавани на „Њујорк тајмс“, има објавено повеќе од сто и пет романи, новели и збирки на кратки раскази кои се имаат продадено во повеќе од 450 милиони коипии. •

С

о новиот албум, Влатко Стефановски ја продолжува успешната соработка со најголемата дискографска куќа во регионот - Croatia Records. Станува збор за едно од најисчекуваните музички изданија во 2020 година, не само во Македонија, туку и во целиот регион, кое со синглот „Огледало“, објавен минатиот месец, и тоа како ја заинтригира јавноста на овие простори. На новиот албум Влатко го придружува подмладеното „Трио“. Албумот е сниман во неговото домашно студио „Езотерија“, додека миксот и мастерингот се работеше во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски. На албумот има и многубројни гости, како Дамир Имери, Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ и Васил Хаџиманов. По успешниот акустичен албум „Мајчин јазик“, Влатко му се враќа на звукот и атмосферата од 70тите години на минатиот век, а новиот албум ,,Taftalidze shuffle”, содржи сè што ги направи 70-тите посебни. •

„HAPPIEST SEASON“ (НАЈСРЕЌНА СЕЗОНА)

Ф

илмот, снимен во продукција на TriStar Pictures, беше промовиран во САД, на 25 ноември, од страна на Hulu, додека, пак, на меѓународно ниво промоцијата се одржа еден ден подоцна, на 26-ти, од страна на Sony Pictures и Entertainment One. Романтичната комедија доби позитивни критики од критичарите, и го препорачуваат да се гледа за време на новогодишните и божикните празници. Во филмот станува збор за жена која оди да го прослави Божиќ со семејството на девојка и. Таа планира да ја запроси додека е таму, без да сфати дека нејзината девојка сè уште не им кажала на родителите дека е хомосексуалец. •

Жанр: романтична комедија Актери: : Kristen Stewart, Mackenzie Davis, Alison Brie, Aubrey Plaza, Dan Levy, Mary Holand, Victor Garber и Mary Steenburgen Режија: Clea DuVall

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


ПАТУВАЊЕ

Светско богатство на УНЕСКО во РУСИЈА

ОД СИБИРСКА ЗИМА ДО ЦАРСКИ ГРАДОВИ И 12 МОРИЊА

Московскиот кремљ има ѕидови долги 2,5 км и 20 кули

РУСИЈА Е ЗЕМЈА НА СПРОТИВНОСТИ И КРАЈНОСТИ... МИСТИЧНА И ЕДИНСТВЕНА ВО СÈ. СО ВЕКОВИ БИЛА ЗЕМЈА НА ИМПЕРАТОРИ, ПА ДУРИ И ДЕНЕС ПРЕКРАСНИТЕ И РАСКОШНИ ПАЛАТИ НА ПОРАНЕШНИТЕ АРИСТОКРАТИ НИ РАСКАЖУВААТ ЗА НЕЈЗИНАТА БОГАТА И ЧЕСТО БУРНА ИСТОРИЈА. БЛАГОДАРЕНИЕ НА ИСТОРИСКОТО, КУЛТУРНОТО И ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО, ЗАПИШАНО ВО СПИСОКОТ НА УНЕСКО, РУСИЈА ИМ НУДИ НА СВОИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ МОЖНОСТ ЗА НЕЗАБОРАВНО ИСКУСТВО.

М

осква е град сличен на книга со бесконечен број страници - полн со историја и интересни приказни. Ова е град што не смеете да го пропуштите да го посетите. Првпат се споменува во 1147 година, а од петнаесеттиот век станува главен град на руската држава. Москва го имаше тој статус сè до 1712 година, кога главниот град се пресели во Санкт Петербург. Важноста на градот не се намали и Москва стана центар на голем број значајни настани за рускиот народ. Во 20-тите години од минатиот век, Москва стана главен град на Советскиот Сојуз и оттогаш не го изгуби тој статус. Денес тоа е модерна светска метропола, центар на руската држава, култура, економија, спорт. Москва е специфична, преубава, полна со историја. Поинаква од која било друга дестинација во Европа. Атракциите и знаменитостите во Москва што вреди да се видат е тешко да се наведат зашто ги има толку многу, така што едноставно треба да се прошета низ

26

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

овој огромен град и да се ужива. Сепак, многубројните културно-историски споменици ја потврдуваат важноста на овој прекрасен град. Црвениот плоштад - срцето на Москва, вообичаено е почетна точка за обиколка на градот. Тука се мавзолејот на Ленин, црквата Свети Василиј и еден од sидовите на тврдината Кремљ. Плоштадот има долга историја и првпат беше споменат во петнаесеттиот век, кога на него беше основан пазар. Црвениот плоштад е една од најинтересните туристички локации во Москва. Во мавзолејот на Ленин се чува телото на славниот советски револуционер Владимир Илич Ленин. Црквата Свети Василиј е подарок на рускиот цар Иван Грозни, изградена е во периодот од 1555 до 1561 година. Оваа прекрасна зграда е еден од симболите на градот Москва, а овде денес се наоѓа музеj.

ФАСЦИНАНТНИОТ МОСКОВСКИ КРЕМЉ Кремљ се појави како симбол на сталинизмот за време на комунизмот и со текот на времето стана една од заштитените знаци на руската престолнина. Денешна Москва е модерен индустриски и капиталистички град, а Кремљ е центарот на тој модерен град и една од најпосетуваните локации во Европа. Московскиот Кремљ бил изграден меѓу 12 и 15 век и претставувал центар на моќта на Русија. Почнувајќи од регионалниот владетел, па преку подемот на Русија и Руската Империја, потоа советската ера и денешна Русија, Кремљ беше симбол на силата на рускиот главен град. Секоја епоха донела одредена новина и цел на Кремљ, а за време на постоењето на Советскиот Сојуз, седиштето на советската влада било во Кремљ, денешната влада е на друго место, но тука е канцеларијата на претседателот на Русија и неговата официјална резиденција. Повторно, на вистински начин, симболизирајќи ја таа сила и упориште што е главната цел на Кремљ во руските утврдувања. Кремљ се наоѓа во центарот на Москва на истоимената река, каде што е опкружен со Црвениот плоштад, од една страна, и Александарската градина, од друга страна. Кремљ има четири палати, четири катедрали, Кремаљскиот ѕид и познати кули. Во 14 век Кремљ станал центар на Руската православна црква и во текот на наредните векови биле изгра-


ПАТУВАЊЕ

дени три прекрасни цркви. Православните од цел свет доаѓаат да му се восхитуваат на познатиот иконостас во црквата Благовештение, тврдината на Јован Велики со две златни куполи што може да се видат од растојание од 30 км, најголемото црковно ѕвоно познато како Ѕвоно на Кремљ. Покрај сакралните згради, во Кремљ се наоѓа и Палатата на оружјето полна со кралски скапоцености итн.

Ова уникатно парче од прекрасниот град беше вклучено во Списокот на УНЕСКО за светско културно наследство во 1991 година. Сепак, интересно е да се каже дека светски познатиот плоштад всушност не го носи името „Црвен плоштад“ поради бојата на зградите или тротоарите, туку зборот „црвено“ е буквален превод од руски јазик, бидејќи зборот што значи „убаво“ значи „црвено“ на руски јазик. Овој плоштад Русите го нарекуваат Красни трг.

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД Ова е најпознатиот градски плоштад во Москва. Во него се сместени некои од најпознатите обележја на Москва, исто така, тоа е централно место за средби на московјаните и посетителите на овој волшебен град. Постојат многу причини за тоа, а главна е неговиот централен карактер и положбата од која понатаму се градат сите главни улици во Москва и даваат можност да се обиколи градот. Некогаш ова место, познато по зградите што го опкружуваат, не изгледал така до крајот на 15 век, кога било наредено целосно да се урнат дрвените конструкции подложни на пожари и постепено да се обновуваат! Црвениот плоштад, долг 700 метри, го краси катедралата Св. Василиј, симболот на Москва и најпозната зграда во цела Русија. Изградена е по наредба на Иван Грозни за да го одбележат заробувањето на Казан во 1552 година. Катедралата Свети Василиј му била доверена на архитектот Иван Барма, попознат како Постник. Според легендата, по завршувањето на катедралата Постник бил ослепен, со цел да се осигури дека нема повторно да планира изградба на слична убавина. Од левата страна е Спаскаја кула, на чиј врв е главниот часовник во Русија, наречен „Куранти“. Кулата е синоним за прославата на новогодишната ноќ во Москва бидејќи нејзиниот часовник се покажува на секој телевизор во земјата кога неговиот удар означува точно на полноќ. Тука е и Кулата Спаскаја, која е еден од влезовите во Кремљ. Се смета за главен од дваесетте кули и единствен влез што директно гледа накај Црвениот плоштад. На западната страна на Црвениот плоштад е црвената некропола на ѕидот на Кремљ. Во неа се наоѓаат гробовите на поранешните советски лидери со доминантна необична атракција - мавзолејот на Ленин. Почивалиштето на мумифицираното тело на лидерот е отворен за јавноста и тоа е моќен потсетник дека Ленин, исто како и социјализмот, е мртов, но не е заборавен. Прекрасната градба на Историскиот музеј, кој се наоѓа на север од Црвениот плоштад, е уште едно од обележјата на Москава Тоа е најголемиот музеј на руската историја, со огромна колекција на артефакти од античко време до денес.

СЕРГЕЕВ ПОСАД Ако сакате да ја запознаете националната кутура и традиција на Русија задолжително посетете го Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Тука се наоѓа еден од најстарите и најголемите руски манастири, центарот на руското православие и духовноста и бисер на античката руска уметност и архитектура. Тоа е манастирот Троица на свети Сергиј Лавра, кој се наоѓа на Списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1993 година. Манастир го основал Сергије Радоњешки во првата половина на 14 век. Како богат феудален имот, тој играл важна улога во политичкиот и во економскиот живот на Северна Русија, поддржувајќи ја централистичката политика на Големите војводи. Од 14 до 17 век бил најистакнат руски културен центар, каде што се пишувале, препишувале и собирале книги, а се собирале уметници (иконописци, копаничари, златари итн.). Од 11 век во него се наоѓа Московската теолошка академија, а од 1920 година, историскиот и уметничкиот музеј. Вредно за спомнување е и Манастирот Новодевичи кој, исто така, е вклучен во Списокот на УНЕСКО, и претставувал една од одбранбените структури на

Лена Столбови

Москва од 1524 година. Во 1926 година на местото на манастирот е основан историски-домаќинствен и историски музеј, а во 1980 година тој бил резиденција на митрополитот Крутитски и Коломенски.

ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР НА САНКТ ПЕТЕРБУРГ Една од посебните карактеристики на овој величенствен град е неговата способност да ги поттикне имагинацијата и творештвото на човекот. Не случајно го нарекуваат град на музи, поети, сликари, уметници и музичари. Во „Питер“, како што жителите на Санкт Петерсбург од милост го нарекуваат својот град, секоја куќа има своја приказна. Тука живееле Пушкин, Достоевски, Романов... И рускиот композирот Чајковски го сакал овој град. Во зима неговите опери се изведуваат во театарот Маријански. Музејот Ермитаж има осум илјади слики, дела на Рубенс, Моне, Пикасо и речиси три милиони најубави украсни предмети во светот: Фабержеови јајца, царски кочии, чизни и облека на Петар Велики и различни примери на применетата уметност. Позлатените куполи на Вознесенската црква се воздигнуваат до небото. Ќе ве воодушеви огромната коњичка статуа на основачот на градот Петар Велики, позната како бронзениот коњаник. Од спротивната страна се издигнува импозантната купола опкружена со ѕвониците на Исакиевската соборна црква, најголем религиозен споменик во градот што може да прими четиринаесет илјади верници. По Москва, Санкт Петербург е најголем економски, научен и културен центар на Русија. Има неколку универзитети (најстариот е основан во 1724 година, реорганизиран во 1819 година), многу научноистражувачки институти, повеќе од 80 театри (познатиот Маријански театар), голем број библиотеки (Руска

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


ПАТУВАЊЕ

национална библиотека, Универзитетска библиотека итн.); од 250 музеи во и околу градот, се издвојуваат Ермитаж, Рускиот музеј, Музејот на Руската академија на уметностите, музеите на А. С. Пушкин и Ф. М. Достоевски, Поморскиот музеј; Филхармонијата... Санкт Петербург е основан од Петар Велики во 1703 година, со цел да биде негов прозорец кон Европа, односно да обезбеди руско присуство на Балтикот. За време на Големата северна војна Петар Велики ја освоил шведската тврдина на реката Нева. Неколку недели подоцна, на островот Зајаци, 5 км од вливот на реката во Финскиот Залив, тој ја започнал изградбата на тврдината Петар и Павле, која станала првата зграда од тули на новиот град. Тогаш градот бил официјално именуван според неговиот покровител апостол Свети Петар, но многумина веруваат дека неговиот основач го именувал градот според него. Многу архитекти, инженери и градители од цела Европа биле поканети да го исцедат мочуриштето и да изградат еден од најмодерните градови во тоа време. Петар Велики го ценел изгледот на Париз, особено на Версај, така што многу згради биле изградени според парискиот модел. За разлика од Москва, архитектурата на центарот на градот, која се состои претежно од барокни и неокласични згради од 18 и 19 век, е во голема мера зачувана, иако голем број згради се урнати за време на Втората светска војна. Покрај тврдината Петар и Павле, тука се и Катедралата на Свети Изак од 1770 година, Поради културните и архитектонските знаменитости, тој е значаен туристички центар со околу од 3 милиони странски и повеќе од 1.000.000 домашни туристи годишно. Архитектонските споменици (впишани на Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1990 година) претежно биле изградени во западноевропски стилови во 18 и 19 век; покрај десниот брег на Нева се наоѓаат најпознатите тврдината Петар и Павле (сега музеј) со истоимената катедрала и палата Меншиков, зградата Дванаесет курсеви (сега Универзитет), по должината на левиот брег на Нева - Зимскиот замок,

Сант Петерсбург

28

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Летниот замок, Мермерниот замок, Адмиралитетот и Академијата на уметностите на островот Васиjeевски. Во делот на градот јужно од Нева, околу главната градска авенија се наоѓа Невски Проспект со палати (Строганова, Анишкова), палатите Тауриде, Јусупов и Воронцов, црквите Св. Исак, Свети Никола, Казан, комплексите на манастирот Александар Невски и манастирот Смолни. Позначајни се историските споменици и статуата на Петар Велики (бронзен коњаник) на плоштадот Декабрист и крстосувачот Аурора. Санкт Петербург е важен сообраќаен центар и главното руско балтичко пристаниште. Една од посебностите на Санкт Петербург се и мистериозните бели ноќи, сивиот превез што ги обвиткува контурите на дворците во облак и на градот на Нева загадочен и мистичен карактер, поради што понекогаш остава впечаток дека му дава е престолнина на облаци, сништа, исчезнати сенки. Петербург е единствена метропола во која тој феномен се јавува секое лето. Феноменот на белите ноќи, всушност, е време кога сонцето „стои“ на хоризонтот и ја одржува светлината во градот иако ноќта одамна почнала. Белите ноќи обично траат од 11 јуни до 2 јули и градoт се претвора во место на славење, романтика и на поезија...

КИЖИ ПОГОСТ Уникатниот архитектонски комплекс на дрвена архитектура од 18-19 век бил вклучен во Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1990 година и се состои од две дрвени цркви и камбанарија во Карелија. Кижи е олицетворение на руската архитектура. Во него се наоѓа Државниот историски и архитектонски музеј Кижи со разновидни предмети од дрвена религиозна архитектура, вклучително и ветерницата со осум крила од 1929 година и Преображенската црква, изградена без ниеден клинец. Две години подоцна во 1992 година во Списокот на УНЕСКО се внесени и Архитектонските комплекси на Велики Новгород и неговата околина. Меѓу културните објекти, вклучени се и

важни православни градби, како што се манастирите Знаменски, Антониев, Јуријев, Зверин, како и црквата на Рождеството Христово, Спасителот на Нередита, Кремљ и пустината Новгород.

БАЈКАЛСКО ЕЗЕРО Бајкалското Езеро, единствен природен споменик на Источен Сибир, е запишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1996 година. Езерото е најдлабоко во светот и содржи 19% од светските резерви на слатководни води. Кога се гледа од височина, езерото личи на полумесечина, зафаќа површина од над три милиони хектари и се храни од повеќе од 300 реки и потоци. Максималната длабочина на езерото е 1.642 метри. Акумулација на најголемото езеро во Русија - скоро 19% од светската свежа вода. Водата во Бајкалското Езеро е толку чиста што некои карпи на дното се видливи дури и на длабочина од 40 метри. Чистотата на водата е обезбедена од Епишура - уникатен воден езерски рак што консумира органска материја. Бајкалското Езеро е дом на околу 2.600 животни воопшто, од кои повеќе од половина се ендемични. Најпозната од нив е бајкалската фока, единствен вид на слатководна фока во светот. Посебен феномен и вистинска атракција на Бајкалското Езеро е мразот. На крајот на зимата во заливите неговата дебелина достигнува два метра. Замрзнува на различни делови од површината на различни начини: покриен е со мрежа од пукнатини, потоа е распукан со меурчиња, изгледа како огледало, па како замрзнато стакло.

УНИКАТНИОТ СПОМЕНИК „ЛЕНА СТОЛБОВИ“ И ВУЛКАНИТЕ НА КАМЧАТКА Во Русија има прекрасно место за кое не знаат многу луѓе. Тоа е природниот резерват Лена столбови, комплекс од вертикално издолжени карпи, кои се протегаат со километри по должината на бреговите на реката Лена во Јакутија. Овие геолошки формации


ПАТУВАЊЕ

Тврдината Петар и Павле

се воведуваат во системот на посебно заштитени природни територии како национален природен парк. Во 2012 година се обележани како светско културно наследство на УНЕСКО, во кои се откриени непроценливи наоди од кембрискиот период. Паркот се наоѓа во центарот на Република Саха (Јакутија) во близина на брегот на реката Лена, а зафаќа 1,27 милиони хектари. Вулканите на Камчатка се сметаат за дел од огнениот вулкански прстен на планетата и се заштитени од УНЕСКО од 1996 година. 30 активни и три стотини угасени вулкани со својата магнетска сила го привлекуваат погледот на секој посетител. Околните пејзажи се особено импресивни.

ОСТРОВИТЕ ВРАНГЕЛ И ХЕРАЛД На север на Русија, каде што морето Чукчи се среќава со Арктичкиот Океан, се наоѓаат мрачните планински острови Врангел (7,6 илјади км²) и Хералд (11 км²). Во

суровата околина каде што напорниот живот изгледа невозможен, се наоѓаат стотици растителни видови - повеќе отколку на кој било друг арктички остров. Меѓу црните камења, моржовите се сместиле на најголемата ракавица на Арктикот, а илјадници птици направиле гнезда. Сивите китови пливаат во водите за време на нивните миграции. Островот Врагнел се нарекува и „остров на поларни мечки“. Куронска плунка е познатото песочно место, сместено меѓу Балтичко Море и Курониската лагуна, се протега на 98 км со максимална ширина од 3,8 км. Ова природното обележје беше вклучено во Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2000 година и е интересно поради уникатниот антропоген пејзаж претставен со разни релјефи - од пустини до мочурлива тундра. Шумата Коми која е, исто така, под заштита на УНЕСКО од 1995 година се карактеризира со разновидна флора и фауна, а многу растителни видови, за жал, се пред истребување.

Локалитетите на светското наследство што се наоѓаат на посебна листа на УНЕСКО се од голем интерес за целото население на планетата. Овие природни и културни места овозможуваат да се зачуваат карактеристични значајни делови на природата, како споменици што го демонстрираат нејзиното богатство. Од друга страна се можностите на човечкиот ум кој со помош на рацете создал дела што го одземаат здивот. Списокот на УНЕСКО е богатството на светот за кој треба да се грижиме да го зачуваме затоа што тоа треба да биде дел од животот и на идните генерации. Во изминатава година нашето списание „Клуб Мобилити“ на своите страници ви претстави голем дел од нив. Ако веќе бевме ограничени во можноста со свои очи да ги видиме, се надеваме дека успеавме со збор и слика да ви доловиме дел од тоа. Ќе продолжиме таму каде што застанавме и идната година, така што веќе од првиот број во Новата 2021 година очекувајте прекрасно изненадување со нова дестинација... • МаргитаПоповска

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


|HI TECH

Превозни средства

Од сè по нешто Л

амборџини автомобил, се разбира, купе, модел „хуракан“ или „авентадор“, може и едното и другото, потоа мотоцикл изработен од производителот Дукати и посветен на Ламборџини и кругот се затвора со мини јахта направена во соработка и заеднички сили со компанијата „Италијанска Поморска Група“. Сепак, нешто недостасува во целиот овој круг од производи со заштитниот знак на Ламборџини. Ќе одиме од почеток. Најнапред тука се надалеку познатите купе автомобили со „сликичка“ на разлутен бик. Изборот е ваш, дали ќе биде „хуракан“ или „авентадор“ е исто, важно е дека на „носот“ има залепено бик. Од недамна има и „сув“ во семејството, „урус“, може и тој да биде во игра или сите заедно. Нема да ситничариме и да нагаѓаме и запнуваме кое купе да се купи или некоја од нивните изведби. Купете го тоа што ви се допаѓа. Возите купе од марката Ламборџини, но за летните месеци ви е потребно нешто за брзо приспособување на високите температури, а тоа нешто е на две тркала во тандем, односно мотоцикл. Да се разбереме, тука нема мотоцикл по желба, туку мотоцикл од марката Дукати строго од изведбата со бикот (диавел), друга изведба не доаѓа предвид. Ламборџини го купи Дукати пред осум години и дури сега направија нешто заедничко. Нема да ви се верува ако ви

30

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

АВТОМОБИЛ, МОТОЦИКЛ, ПЛОВИЛО, ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА. А КАДЕ Е ЛЕТАЛОТО, ГО ЗАБОРАВИВТЕ ВО НЕКОЈ ХАНГАР ИЛИ ВООПШТО НЕ ПОСТОИ? ЗА ДА БИДЕ ГЛЕТКАТА ЦЕЛОСНА И ВО НЕГО ДА ИМА СÈ ПОКРАЈ ТРИТЕ НЕШТА, МОРА И ЧЕТВРТОТО ДА БИДЕ ПРИСУТНО. ПРОЧИТАЈТЕ ЗОШТО Е ТАКА. кажеме дека нивните работилници се речиси една до друга, први соседи, но зошто чекаа осум години за да направат нешто со здружени сили, сè уште не е познато. Направија заеднички производ врз основа на моделот „диавел“, за кој во рубриката новости напишавме малку повеќе за него, така што нема повторно да го опишуваме. Целта им била мотоциклот да потсетува на некој од моделите и размислувајќи на таа тема бил прифатен предлогот реткиот „сион“ да биде вмешан во благородната мисија. Исто како „сион“, така и „дукати диавел“ ќе биде изработен во ограничен број примероци, односно во 630. На него, покрај „бикот“, од двете страни ја има бројката „63“. Зошто токму таа бројка, а не некоја друга? Затоа што првиот автомобил со името Ламборџини бил направен во 1963 година, да потсетува на почетоците. Мотоциклот „дукати а ла ламборџини“ чини скромни 30.000 долари во однос на 230.000 евра за основниот „хуракан“. Беше споменато летото и мотоциклот е како создаден за тоа годишно време, но ако човек

сака и да се прошета по морската шир и да посети други места, острови, идилични рибарски села. На остров не се оди со купе или со мотоцикл, потребно е пловило. Летоска Ламборџини се пофали со сопствена јахта направена од „Ламборџини Центро Стиле“ и „Италијанската Поморска Група“. Пловилото е правено да потсетува на автомобилите создадени од Феручо Ламборџини, најновото хипер купе со хибриден погон „сиан фкп 37“, но наедно да потсетува и на легендарните „каунтач“ и „мјура“. Текномар е името на пловилото што е земено како основа за развој на ламборџиниевата јахта и затоа името на јахтата е „ламборџини текномар фор ламборџини ‘63“. Ете има и јахта долга точно 19,2 метри и тешка 24 тони, придвижувана од два V12 мотора направени од МАН, секој со по 2.000 КС. Кога двете погонски единици работат истовремено, јахтата плови со брзина од фантастични 110 км/ч, односно точно 111 км/ч. За префинетата внатрешност воопшто да не зборуваме, а висококвалитетните материјали си го нашле


|HI TECH

местото во кабината и насекаде низ повилото. Тоа задоволство чини „само“ 3.000.000 долари. Мотоцикл 30.000 долари за 159 КС при 9.000 врт/мин. и уште 230.000 евра за едно „ламбо“ купе. Убава збирка од играчки за возрасни, зар не!? Сега ни недостасува уште нешто, но сè уште не знаеме што тоа. Автомобил, мотоцикл и пловило. Сето тоа звучи многу убаво, но уште едно недостасува за да биде затворен кругот. Дали човек треба да биде малку и како птица?

Треба ли да се заокружи уживањето со уште една играчка? Треба, летало со знак на бик. „Чизмата“ има и фабрика за авиони, Текнам. Таа е една од водечките во светот за производство на мали авиони, а соработува и со големите, како што е, на пример, Боинг. Нарачката може да биде нешто како во духот на јахтата, но може да биде и како мотоциклот. Нешто мало, двосед, брз и лут. Зошто не? Ако сопственикот на автомобилот, мотоциклот и јахтата сака да појаду-

ва во некоја подалечна дестинација, нема да го пали „хураканот“ или „дукатито“. Со авионче нештата ќе изгледаат многу поинаку, додека сте трепнале и се воодушевувате од пејзажите набљудувани од птичја перспектива, леталото веќе се одмора во некој хангар н, а сопственикот ги пробува школките натопени во вкусниот сос. • ЖаркоАтанасоски

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


|ИСТОРИЈА

50 години ЛАДА

ИСТОРИЈА НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

ИСТОРИЈАТА ПОМНИ МНОГУ ИНТЕРЕСНИ МОМЕНТИ, НО ЕДЕН ОД НИВ СИГУРНО Е ФОРМИРАЊЕТО НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЛАДА, НАЈКУЛТНАТА МАРКА МЕЃУ КУЛТНИТЕ. РУСКАТА КОМПАНИЈА ОСТАВИЛА БЕЛЕГ ВО СВЕТОТ КАКО НИЕДНА ДРУГА КОМПАНИЈА И НАВИСТИНА Е ШТЕТА ШТО СВЕТОТ УШТЕ ЈА ПРЕПОЗНАВА САМО ПО ЛЕГЕНДАРНОТО ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО „НИВА“ (ИЛИ 4Х4).

Е

ден многу познат производител на автомобили годинава слави 50-годишнина од своето постоење. Не само што е познат туку е еден од најпопуларните и најинтересните на посебен начин. Многу возачи беа дел од тоа преголемо семејство, а некои сè уште се. Некогаш беа премногу застапени на нашите патишта, а денес ги има сè поретко. Таквите негативни движења на нашиве простори се резултат на тоа што денешните модели се поскапи од нивните претходници, но затоа теренското возило е стандардно застапено, сите го почитуваат и посакуваат да бидат сопственици на еден примерок. Раскажуваме за моделите и за теренското возило, а сè уште не го споменуваме името на нашиот славеник. Приказната почнува на 19 април 1970 година. Да тргнеме по стапките на историјата и да ви пренесеме што се случувало во тоа време. Текстов ù го посветуваме на Лада, марка што годинава наврши 50 години. Почетоците на овој познат производител датираат од шеесеттите години од минатиот век кога тогашниот Советски Сојуз решил да се вклучи во автомобилската индустрија со свое моторно возило и тоа

32

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

не какво било туку од оние што масовно ќе се произведуваат. Тоа е нешто како милионски тираж. Тимот одговорен за поставување на темелите на севкупната работа одлучил производството да биде на некој начин поврзано со некој веќе познат светски производител. Прашањето било со кого да се воспостави соработка на здрави нозе и да тече работата. Најсуштинско било кој автомобил да се избере за производство и со која компанија да се соработува. За таа цел биле избрани повеќе модели: „москвич 408“, „фиат 124“, „форд таунус 12м“ „морис 1100“, „пежо 204“, „рено р 16“, „шкода мб 1000“ и „заз“. Сите наведени модели внимателно се испитувале во 1965 и 1966 година, односно се возеле на најразлична подлога и според добиените резултати Рено и неговиот модел „р 16“ бил сериозен кандидат да биде избран за производство, но тука бил и фиатовиот модел „124“. На едната страна се вршеле тестирањата, а на другата фабриката била во завршна фаза на изградба. Ова се случувало на крајот од првата половина од шеесеттите години. Во тоа време комунизмот во Италија котирал високо и врските со Советскиот Сојуз

биле на пријателско ниво. Велат дека тоа било суштинско зошто СССР се одлучил да соработува со Фиат, а не со Рено. Сепак, има и друга страна, а тоа е удобноста на моделот „р 16“ наспроти рационалноста и употребливоста на „124“. СССР сакал да произведе квалитетно возило што ќе ги издржи руските зими, нерамните патишта, како во градската средина, така и надвор од неа. При тестирањата во 1966 година било одлучено „фиат 124“ да биде автомобилот што ќе го произведуваат, поради неговите солидни особини, но и поради тоа што бил сосема нов како модел. Преговорите започнале една година претходно, на највисоко ниво, од една страна, Џовани Ањели, внукот на основачот на Фиат, заедно со претседателот на компанијата Виторио Валета, а од друга страна првите луѓе на СССР од одделот за надворешна трговија. Првиот преддоговор бил потпишан на 1 јули 1965 година, а една година подоцна на 4 мај бил потпишан договор за научна и техничка соработка меѓу Фиат и тогашното Министерство за индустрија на СССР. Договорот го потпишале Александар Тарасов, советскиот министер за автомобилска ин-


ИСТОРИЈА|

дустрија, и Виторио Валета, претседателот на Фиат. Конечниот договор што водел до производството, бил потпишан на 15 август 1966 година. Откако бил потпишан договорот за производство на моделот „124“, советските конструктори повторно почнале да го тестираат фиатовиот автомобил со цел да ги видат сите негови мани и добри страни. Ригорозните тестови покажале неколку слаби точки кај моделот „124“, на пример, задните диск сопирачки, потоа предните зглобови и други работи. Кога на крајот биле сумирани резултатите од тестирањата, советските конструктори направиле список во кој барале да бидат направени стотици измени. Така и се случило. Заедно со италијанските конструктори направиле 800 измени. Поради тоа, тежината на автомобилот била зголемена за 90 килограми. Биле вградени поиздржливи делови, возилото имало засилена каросерија и шасија, поинакво обесување на предните и на задните тркала. Генерално автомобилот е зајакнат речиси на секоја педа. Севкупната каросерија била подигната во однос на подлогата за околу 3,2 сантиметри, а моторот бил заменет со сосема нов што имал повеќе простор за доработка. Измените забрзано се вградувале во моделот „124 р“ - тоа „р“ било за Русија. Дотераниот агрегат бил дури и посовремен од тогашните фиатови што се вградувале во постојните модели, но до денешен ден останало необјаснето зошто Фиат го држел овој мотор настрана иако бил супериорен во неговата класа. Сепак, италијанските инженери биле многу задоволни од преправките на агреагатот, така што ги користеле при конструирањето на идните мотори. Моделот

124 претрпел 800 измени со цел да биде поиздржлив. Фабриката веќе била готова, организацијата при работењето веќе била утврдена, машините на свое место и призводството можело да започне. Тогашната фабрика Ауто ВАЗ била една од најголемите во светот и вработувала над 35.000 работници. Се наоѓала на реката Волга на 1.000 километри на југ од Москва, во малото место наречено Тољати, по презимето на големиот италијански комунист и водач Палмиро Тољати. Сигурно не можеме да си замислиме каква била радоста на вработените и на тимот италијански механичари и конструктори кога од производната линија излегол првиот автомобил. Тоа бил настан над настаните. Поголем настан од овој бил само лансирањето на „спутник“ во 1957 година и летовите на Јуриј Гагарин во 1961 година и подоцна во 1963 година на Валентина Терешкова, прв човек во вселената и права дама во вселената. Првиот автомобил излегол од производната лента на 19 април 1970 година – автомобил со име „жигули ваз 2101“. Слободно може да напишеме дека тоа е првиот современ руски автомобил. Тој

ден биле произведени вкупно шест автомобили, првите два биле сини, а четири во боја на вишна. Во наредниот период производството постојано се зголемувало. Во 1971 година биле извезени повеќе од 57.000 автомобили или над една третина од вкупно извезените возила од СССР. Првите извезени примероци од моделот „2101“ пристигнале во четири држави: Југославија, Белгија, Холандија и Финска. Класична современа лимузина, со мноштво подобрувања, поточно зајакнувања, со посебен третман против корозија, солиден нов мотор и сето тоа за скромни пари во однос на автомобилите што доаѓале од западните производители. Уште на почетокот на извозот се појавила една невообичаена пречка, името. Тоа „жигули“ многу потсетувало на „жиголо“ и во 1973 година се појавува името Лада. За домашниот пазар си останало името „жигули“, но за извоз го употребувале името „лада“, а се појавил и новиот заштитен знак, мал речен едреник на црвена основа. Моделот „2101“ бил интересен и за автомобилскиот спорт. Со мали преправки моторот многу лесно добивал околу 100 КС, силина доволна за учество на кружни, ридски и рели натпревари. Веднаш по појавувањето на тркачките патеки следувале и успесите, што било големо изненадување и за конструкторите. Моделот „2101“ станал своевидна икона. И покрај тоа што фабриката во Тољати имала огромен капацитет, побарувањата од купувачите не можеле да бидат задоволени, не само на домашниот туку и на странскиот пазар. Се чекало со недели, месеци, а понекогаш дури и со години. Едноставноста на автомобилот и можноста дури и сопствениците да си ги поправаат без некое посебно умеење и посебен алат придонесувало за големата популарност и придобивањето на уште поголем број потенцијални купувачи. Семеен автомобил, лимузина, со наједноставни решенија,

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


|ИСТОРИЈА

евтин за одржување, но и издржлив, си го направиле своето. Речиси целиот западен дел од континентов бил заинтересиран за купување на новата руска компактна лимузина. Историјата помни производство од над 2,71 милион „лада 2101“. Тоа е првичниот пробив на Лада, на домашниот и на странскиот пазар. Пробивот продолжува со моделите „2106“, „2107“ и „4х4“, односно популарната „нива“. Овие модели оставиле траен белег со милионско производство. Првоспомнатиот модел бил продаден во 4,3 милиони примероци, вториот во 2,8 и третиот во 2,5 милиони. Имало автомобили и за извоз и за домашниот пазар, интересот не се намалувал, но како конструкторите да не сакале да направат нешто повеќе. Тоа што некогаш било направено заедно со Фиат, само е доработувано и освежувано, но никако од корен осовременето и заменето со нешто ново. Како времето да застанало. Извозот почнал да се намалува бидејќи новите клиенти барале покомпактен автомобил со преден погон, а Лада го немала тоа, односно го немала затоа што не тргнала во нови „авантури“ – сама да создаде современо возило еднакво на тие од западниот свет. Тука е направена грешката што не оделе напред рака под рака со другата автомобилска индустрија. Тогаш се појавил моделот „самара“ што, исто така, почнал да се продава и дома и во странство, но новиот автомобил со преден погон не донел нешто посовремено. Од сите споменати модели, до денешен ден најинтересен и најбаран е тој со погон на сите тркала. Владее постојан интерес и од домашните и од странските купувачи. Зборуваме за најпопуларниот ладин модел „нива“ што стандардно се произведува со погон на сите тркала. Чиста шасија со строго теренски особини и возило што ги има сите способности да се бори со најскапите и најгласните на саемските манифестации. Безброј пати „лада нива“ е прогласувана за супер теренско возило од голем број тест и професионални возачи. Нема да погрешиме ако напишеме дека голем број од нив во дворот или на паркингот имаат токму „лада нива“. Споменатото возило се извезуваше и во Италија и во 34

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Германија, земји што ја издигнаа автомобилската индустрија до највисоки можни граници. Дури и во такви земји со толку напредна технологија Лада успеа да се најде на нивниот пазар. Никој не спори за возните карактеристики, но пред да пристигаат во продажните салони, примероците биле наново проверувани и доправани и дури потоа пуштани во продажба. Значи биле отстранувани ситните недостатоци. Ако тие таму симнуваат капа за успешно - врвно направеното теренско возило, тогаш нешто „чкрипи“ кај организаторите на работата. Таму каде што „лада нива“ може да се искачи, „ренџ ровер“ и сличните на него можат само да сонуваат за таков успех. Ова го потврдува следново, руската

машинерија умее да направи врвно теренско возило со особини што не можат да се сретнат кај другите од класата, но како што работите се одвивале претходно, но и сега, тамошните конструктори и дизајнери не сакаат да се „заморуваат“ со автомобилската индустрија. Имаше најави за пробив на Лада со моделот „самара“, а потоа и со „калина“, но сето тоа остана само на зборови. И едниот и другиот модел не успеаја да влезе во класата со другите - купувачите не го почувствуваа првичниот „допир“ како што беше случај со „2101“. Во моментов семејството на Лада има четири модели: „веста“, „гранта“, „ларгус“ и класиката од теренско возило „лада нива“ - сув во денешниов свет, но сув со способности од кои „боли глава“. Во списокот на возила недостасува моделот „ока“. Тоа е модел од ниска класа, типичен градски, кој некогаш се произведуваше, но не и денес. Од сите сегашни наброени модели само „нива“ е присутна на нашиот пазар, а за

другите не владее некој поголем интерес. Сепак, Лада и натаму е водечка во производството на автомобили на домашен терен. Нејзиното учество во вкупното производство на автомобили е над 30 отсто. Саемските манифестации се мегдан каде што сите производители ги претставуваат своите најнови достигнувања. Понекогаш и Лада ќе претстави некој интересен концепт, но никако да влезе во сериско производство. На пример „лада ц концепт“ од 2007 година остана концепт и покрај тоа што автомобилот има сосема солиден, впечатлив и современ дизајн. Ист е случајот со теренското возило „4х4 вижн“, кое настојува да биде наследник на класиката „лада нива“. Сè е убаво, но и покрај настојувањата концептот сè уште не преминал во сериско производство. Можеби концептот што се појави во 2018 година е наследник на „нива“, но дизајнерите на Лада треба да водат поголема грижа за изгледот на новиот модел. Не е доволно возилото да изгледа модерно и да ги има сите модни детали. За да се наследи легенда, тоа треба да биде изведено на соодветен начин со уште посоодветен дизајн што веднаш ќе потсетува на легендата, но сега тие линии и облици да бидат во согласност со сегашноста. Не треба целосно да се изгуби ликот на легендарното теренско возило. Токму тоа ù е потребно на Лада во моментов, да ја продолжи традицијата преку дизајнот, нешто што е наједноставно, но најефектно. Лада беше популарна во Јужна Америка, на Карипските Острови, во Канада, Нов Зеланд, а за континентов и да не зборуваме затоа што автомобилите од оваа марка направија вистинска поплава дури и во земјите од западниот дел. Конструкторите на Лада соработуваа со: Фиат, Порше, Генерал Моторс и многу други. Денес Лада е во составот на групацијата Рено, односно од јануари 2017 година. Останува само да чекаме и да видиме што ќе понуди во иднина најголемиот руски производител на моторни возила. • Жарко Атанасоски


ОЛД ТАЈМЕРИ |

Дионис Пашлаков

МУЗЕЈОТ Е НЕГОВИОТ ОСТВАРЕН СОН СИ ЗАМИНА, НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕКЦИОНЕР НА ОЛДТАЈМЕРИ, КОЈ ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ ГО ОТВОРИ ПРВИОТ МУЗЕЈ НА ОЛДТАЈМЕРИ.

Н

а 15 ноември 2020 година, по неколкумесечна битка со тешката болест, почина Дионис Пашлаков од Неготино, родум од Свети Николе, најголемиот македонски колекционер на олдтајмери, пензиониран професор по биологија во неготинската гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Имаше 71 година. Во 2015 година го оствари долгогодишниот сон – со напорна работа и скромни средства го отвори првиот музеј на олдтајмери во земјава. Најголема желба му беше да ги реставрира своите вредни олдтајмери и музејот да го прошири со голема хала за која одамна имаше готов проект и одобрение за градба. Но му требаа средства и затоа апелираше до надлежните да му помогнат да ја изгради и во неа да собера шеесетина олдтајмери од неговата вредна збирка во која има 120. Има и колекција од 62 мотоцикли, едрилица, змеј за летање, трактор и булдожер. Дионис имаше голема желба да набави и авион и тенк, но не успеа. На своите три сина, Никола, Димитар и Кирил, Дионис им остави аманет да ја чуваат и да се грижат за вредната збика на олдатјмери. За музејот најмногу ќе се грижи синот Кирил, но во работата ќе му помагаат и браќата. Нивна заедничка цел е да ја из-

градат халата, но и да направат работилница и сами да ги реставрираат вредните олдтајмери. Во план е да има и мал амфитеатар во кој ќе се прикажува и докуметарниот филм за колекционерството на Дионис и за нивната мајка Грозданка, насловен „Avec L amour“ или во превод „Со љубов“, во режија на неговиот ученик Илија Цветковски. Филмот со успех беше прикажан на повеќе фестивали и освои трето место од публиката на Сараевскиот филмски фестивал. Документарецот беше номиниран и во потесен избор за ОСКАР, но не влезе во последната трка за највисоката филмска наградата. ДВОЈНО ПРОШИРЕН ПОСТОЈНИОТ МУЗЕЈ Сложните браќа продолжуваат по пат на таткото. Пред неговата смрт го доградија музејот, кој сега има два ката, па се зголеми и бројот на изложени експонати. На горниот кат се сместени „фолксваген“, „белата буба“ со црвена панделка што му ја подарија за пензионирањето неговите ученици од последната генерација, седум опели, една „симка“, едрилицата „делфин“, макети на едрилици, 24 мотоцикли. Има и велосипеди. Најстариот му припаѓал на неговиот татко, велосипед со помошен мотор, произведен во 1963 година во

Ваљево, Србија. Во вториот дел од музејот има 12 возила и 15 мотоцикли закачени на ѕидот. Има и „змај“ делтаплан „делтавинк“ со кој Дионис аматерски летал. - Поради болеста мораше да оди во болница, но постојано се слушавме и ни даваше инструкции и правевме како што ќе ни кажеше. Ни пишуваше и кои обврските ни останале, па ги извршувавме. Знаевме дека тоа го исполнува и сите интензивно работевме на музејот со задоволство. Кога беа завршени градежните работи, татко ми направи скица каде кој експонат да биде поставен. Внимателно ги наместивме според неговите упатства. Се врати дома меѓу две терапии, но не можеше да дојде во музејот. Тогаш се сетивме и снимивме видео за да види. Беше многу среќен. Вие тројца заедно го направивте и ова како што треба и како што ми беше желба. Среќен сум зашто знам дека ќе продолжите по мојот пат како мене, раскажува со многу емоции синот Кирил. ЗА ГОЛЕМАТА ЉУБОВ КОН ОЛДТАЈМЕРИТЕ И РАДИОАМАТЕРСТВОТО Додека бил студент Дионис редовно го купувал списанието „Автомагазин“. Со парите што ги заштедил го купил првиот мотоцикл „јава“ 175 кубици од Хајле од Велес. 12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ОЛД ТАЈМЕРИ

ваме дека пандемијата наскоро ќе заврши и животот повторно ќе ни се врати во нормала, а со тоа и музејот ќе биде посетуван како претходно. Училиштата ќе можат организирано да го посетуваат и учениците да научат за историјата на македонскиот автомобилизам и да се запознаат со изложените експонати во музејот на Дионис Пашлаков во Неготино. Ќе настојуваме да ја продолжиме работата на нашиот татко и ако наидеме на вреден и интересен олдтајмер се разбира дека ќе го купиме, вели неговиот син Кирил. Во 1969 година положил за А категорија за мотоцикл и тогаш навлегол во суштината на мотористиката. Во 1971 година купил „фиќо“ и положил за Б категорија. Потоа во 1975 година купил нова „застава 101“ и популарниот „стојадин“ го возел до 2012 година кога се пензионирал. Во 2003 година купил стар „трабант“ и тоа, како што раскажуваше за „АМСМ Мобилити“, е прв купен олдтајмер. Така започнало. Купил и автомобил „олимпија“ од Неготино, потоа и други од Царев Двор, а најстарото возило во неговата колекција е „опел олимпија“, црвен караван од 1950 година. Автомобилот „опел капитен“, произведен во 1956 година, го купил од Лозово. Овие вредни автомобили, за жал, останаа нереставрирани. Во својата богата колекција од 120 автомобили Дионис имаше автомобили од 50-тите, 60-тите и 70-тите години од 20 век. Тој ни раскажуваше дека првично планирал да собере десетина автомобили и десетина мотоцикли и да ги има како лична колекција. Но потоа продолжил и дошол до 120 олдтајмери. До 2017 година имаше 62 мотоцикла и во изминативе три години, како што нè информира син му Кирил, купил уште неколку и сега во збирката има седумдесет. Најстар е „хофман“, многу ретка марка, 175 кубици, од 1952 година. Во збирката има и мотоцикл БМВ 25/3 од 1955 година, како и француски мотоцикл. Го има и неговиот мотор „јава“, 175 кубици, произведен во 1960 година, кој не е во возна состојба, „јава“ од 1982 година, кој го купил нов и го возел 10 илјади километри и сега се наоѓа во музејот. Во збирката на Дионис има и 20 мотоцикли од марката „томос“ од југословенско производство. Во колекцијата на Дионис во музејот има и 20 стари радија, пегли, автомобилски таблички од возила од повеќе земји и повеќе макети на едрилици. Тој водел и курс за едриличари, а летал и со својот „змај“ 36

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

делтаплан. Дваесет години водел и курс по моделарство во Клубот на народна техника во Неготино. Дионис посебно беше горд на своите шест аматерски радиостаници што со гордост ни ги покажа при последната посета за „АМСМ Мобилити“. Особено му беше значајна Благодарницата што во 2017 година ја добил од Радиоаматерскиот сојуз на Македонија за неговото долгогодишно обучување на младите за аматерските радиостаници и комуникацијата со нив. За „АМСМ Мобилити“ раскажа дека во војната во 90-тите години во поранешна Југославија преку овие аматерски радиостаници успеал да оствари контакт и да поврзе многу разделени семејства од Сараево и од други градови со семејствата во земјава. ПРАВИЧЕН КОН УЧЕНИЦИТЕ, КОЛЕГИЈАЛЕН СО КОЛЕГИТЕ Тој секогаш беше правичен, педагог и бараше знаење од ученикот, никогаш не прогледуваше „низ прсти“. Има многу негови ученици што се успешни во кариерата и во животот, лекари, хирурзи, инженери, режисери. Во гимназијата секогаш беше колегијален со колегите, го сакаа и го почитуваа. Ги сакаше луѓето што имаат смисла во животот, појаснува Грозданка. Таа потенцира дека бил принципиелен и сакал да направи нешто што ќе остане по него, па музејот е сон што го оствари. МУЗЕЈОТ НА ОЛДТАЈМЕРИ ПОСЕТЕН И ВО ВРМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА КОВИД-19 Кирил Пашлаков нè информира дека и во текот на пандемијата нивниот музеј бил посетуван секако со почитување на протоколите за заштита, најчесто за време на викендите. - Поради здравствената состојба, за жал, годинава ги нема странските посетители што во изминативе години беа најбројни. Сепак, да бидеме оптимисти и да се наде-

• Антоанела Димитриевска


СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

ЖОАН МИР ГО ВРАТИ СУЗУКИ

НА ТРОНОТ

ШПАНСКИОТ МОТОЦИКЛИСТ ЈА ПОТВРДИ ПРВАТА ТИТУЛА ВО „КРАЛСКАТА КЛАСА“ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО НА ЕДНА ТРКА ПРЕД КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА.

П

оследните два гран при викенди од турбулентата сезона во 2020 година го дадоа конечниот расплет во борбата за шампионската титула. Големата награда на Валенсија и Големата награда на Португалија беа последните станици од принудно „стеснетиот“ календар (поради глобалната пандемија на Ковид-19). Иако првата трка од сезоната одржана во Катар се брои како дел од ова првенство, сепак на неа не настапија возачите од најсилната конкуренција, па така шампионот всушност беше решен во тринаесет трки, односно од рестартот на сезоната во Херез на 19 јули до претпоследната трка во Валенсија на 15 ноември. На првата титула за Жоан Мир „кумуваа“ неколку случки, при што сека-

ко меѓу најзначајните е повредата на актуелниот шампион Марк Маркез, како и неубедливите перформанси на ривалите од фабричките тимови во сопственост на Јамаха и Дукати. Во финишот на сезоната Мир влезе со убедливо водство пред Фабио Квартараро од сателитскиот тим на Јамаха и тимскиот колега Алекс Ринс, при што обајцата имаа 37 бода помалку. Благодарение на тоа што во Валенсија се возеа две трки, (прва беше онаа за Големата награда на Европа за која пишувавме во претходното издание, а во којашто Жоан Мир ја забележа првата победа), неговите противници сега беа соочени со ултиматум да мораат да јуришаат на победа за да не бидат рано елиминирани од трката за ти-

тулата. Шареноликоста на резултатите и овојпат беше одлика на првите слободни тренинзи, но во пресрет на саботните квалификации имаше најава дека возачите од тимовите на Јамаха во најмала рака би требало да бидат со идентични перформанси како и возачите на Сузуки. Франко Морбидели ја освои пол позицијата, но зад него се најдоа големите изненадувања од сателитските тимови на Дукати и Хонда, Џек Милер, Таки Накагами и Јохан Зарко. Дури и Пол Еспаргаро со КТМ беше подобар од најдобропласираниот возач на фабричките тимови, Маверик Вињалес на шестата позиција. За големиот контраст во постигнувањата доволно е да се каже дека тимскиот колега на Морбидели беше единаесетти со седум десетинки задоцнување, а повратникот Валентино Роси, кој претходно отсуствуваше две трки поради позитивен наод од Ковид 19 тестирањето, стартува12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


ше од шеснаесеттото место. Жоан Мир, исто така, не се прослави во квалификациите, освојувајќи ја дванаесеттата стартна позиција, но потоа во трката успеа да напредува до седмото место. Во борбата за врвот Франко Морбидели немаше вистински конкурент и успеа да победи со водство од самиот почеток. Ова беше негова трета победа сезонава, па само може да жали за осцилациите во формата, како и во перформансите, бидејќи се покажа дека Жоан Мир ја освои титулата благодарение на континуираните пласмани во првата половина од поредокот. Џек Милер по четврти пат стартуваше како втор, но за првпат успеа да заврши на оваа позиција од тие четири трки, со што го сврте вниманието кон себе како уште еден возач кој имаше стабилни последователни пласмани во горниот дел од табелата. Трет финишираше Пол Еспаргаро, додека Накагами и Зарко не ја завршија трката. Алекс Ринс напредуваше од четиринаесетото место до четвртата позиција на крајот, но тоа не беше доволно за да остане во борба за титулата бидејќи беше само три позиции пред Мир и не успеа да ја надополни предноста. Морбидели со победата излезе на табелата за четири поени повисоко од него, но сепак и двајцата имаа преголемо заостанување на табелата (29 односно 33 поени), кое што не можеше да биде надоместено во последната трка. Фабио Квартараро, исто така, не ја заврши оваа трка со што му ја олесни работата на Мир, иако пред почетокот важеше за негов најголем конкурент. И последниот гран при викенд на пате38

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ката Алгарве во Португалија ја истакна непостојаноста на Квартараро наспроти доцниот подем на Морбидели, кој со уште еден сензационален пласман на крајот го презеде второто место во конечната табела. Имено, Мигел Оливеира при првата посета на ова светско првенство во неговата татковина успеа да направи сензација и запознаеноста со тајните на патеката да ја претвори во втора победа во кариерата откако ова лето направи изненадување и на трката за Големата награда на Штаерска, возена на патеката „Ред Бул ринг“. Оливеира најпрво ја освои пол позицијата, а потоа доминираше и во трката, додека борбата за второто место се одвиваше меѓу првите двајца од претходната трка во Валенсија. Џек Милер стартуваше како трет и по четврт пат сезонава стигна до пласман на подиумот, победувајќи го Морбидели, кој беше подобар во квалификациите, но во оваа трка се најде зад инспирираниот Австралиец. Четвртото место му припадна на Пол Еспаргар, а петтото на Таки Накагами. Најдобар возач од фабричките тимови беше Андреа Довициозо со Дукати на шестото место. „Докторот“ Роси и на оваа трка, како и на претходната, заврши дванаесетти. Благодарение на тоа што собра 171 поен, но вкупно седум пати оваа сезона се најде на пиедесталот, Жоан Мир ја освои светската титула со што стана првиот возач по Кени Робертс Џуниор којшто до ваков успех стигнал во седиштето на Сузуки. На крајот тој имаше 23 бода повеќе од Морбидели, односно 32 од тимскиот колега Алекс Ринс. Притоа во текот на сезоната

Мир немаше освоено ниту една пол позиција, ниту еднаш не поставил најбрз круг во трката, а како првопласиран во текот на целата сезона минал само 11 круга и тоа на онаа трка во Валенсија каде што славеше. Најмногу километри во водство имаат двајцата возачи на сателитскиот тим Петронас Јамаха, при што Морбидели во 97 наврати извозел кругови како лидер во трката, додека за Квартараро тоа постигнување изнесува 58 круга. - Со нетрпение ги очекувам дуелите со Маркез идната година. Вистината е дека ние мора да поработиме на брзината и да ја подобриме. Нашиот мотор има добар баланс, но со сигурност не е најбрз, а за да го победиме Марк, мора да бидеме најбрзи. Тоа е важно! Оваа титула ја освоивме бидејќи бевме итри, а не бидејќи бевме најбрзи. Ако успевав да се справам со притисокот со овој мотор што не е најдобар, тогаш доколку добиеме во брзина би можеле да се бориме за пол позиции и победи на секоја трка. Тогаш ќе можеме да му се спротивставиме на Марк, сигурно. Мислам дека ние имаме најголеми маргини за подобрување, особено што јас не сум почетник. Имам искуство, но имам и за учење, веројатно повеќе од другите,- гласеше филозофскиот одговор на новиот светски првак во едно од интервјуата кои ги даде за специјализираните медиуми. Со оглед на тоа што Жоан Мир има само 23 години, а неговиот тимски колега Алекс Ринс 24, може да се очекува тие да прераснат во големи ѕвезди на овој спорт и да го имаат главниот збор во дуелите што ни претстојат следните сезони. На хартија, младоста е на страна и кај возачите под закрила на Јамаха, па 21-годишниот Французин Квартараро со трансферот во фабричката екипа ќе има шанса да се подобри возејќи во пар со Вињалес (25). Наспроти ова ѕвездата од финишот на сезоната, Франко Морбидели, во Петронас Јамаха го дочекува својот идол, деветкратниот светски шампион Валентино Роси (41), па двајцата Италијани ќе се обидат да им ги замрсат сметките на возачите од големите фабрички тимови. Според провизорниот календар за 2021 година планирани се дваесет трки, при


што ќе се задржи традиционалниот почеток на сезоната со ноќната трка под рефлектори во Катар, најверојатно во еден од последните мартовски викенди. Воедно, во календарот се вметнати прекуокеанските трки коишто недостигаа оваа година и на 11 и 18 април се зака-

жани гран при викендите во Аргентина и САД. Во финишот на сезоната би требало да ги видиме трките во Јапонија, Тајланд, Австралија и Малезија, додека за првпат во календарот треба да дебитира трката во Финска. Сепак, организаторите оставија и три трки надвор од распоредот за

2021 година (Португалија, Индонезија и Русија), прогласувајќи ги како резерви, а најавувајќи дека имаат еден слободен слот во провизорниот календар според сегашниот план. • Александар Табаковски

Довициозо нема да вози во 2021!? Уште една голема ѕвезда на МотоГП се најде на маргините во сезоната која беше одбележана со појавата на коронавирусот. Андреа Довициозо помина осум сезони во Дукати, при што во последните три (2017, 2018 и 2019) беше второпласиран, зад Маркез. Оваа одлука беше соопштена уште летоска за време на австрискиот гран при викенд, но неизвесноста траеше (и сè уште трае), а решение не се најде. КТМ и Сузуки беа првите две шпекулирани дестинации, но се испостави дека најдобра опција е тест ролјата во Јамаха благодарение на закрилата од Валентино Роси. Откако Довициозо ја одби оваа понуда, станува јасно дека работата е „или Хонда, или ништо“. Простор за сензација можеби има, но сето тоа, де факто, ќе зависи од закрепнувањето на Маркез. Постои голема веројатност дека Довициозо ќе ја пропушти оваа сезона, по што ќе се сконцентрира на ангажман за 2022 година. Имајќи предвид дека тој има 34 години, доколку не му успее планот со Хонда, тој или ќе треба да се насочи кон Јамаха (каде што може да го добие местото на Роси), или, пак, да се сврти кон својата втора страст, мотокросот, па во стилот на славниот „Доктор“, да се испроба со своја академија за млади таленти.

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


Маркез и третпат „под нож“ Светскиот првак Марк Маркез поради повреда ја пропушти целата сезона во 2020 година, но иако се очекуваше негова рехабилитација и евентуално враќање во трките пред зимската пауза, стигна изненадувачка вест дека тој ќе оди на трета операција, што ќе го забави неговото враќање на асфалтните патеки за дополнителни шест месеци. Членот на Репсол Хонда со сигурност ќе ги пропушти сите тестирања пред 2021 година, а под прашалник е и неговиот настап на првите три трки кои се возат надвор од Европа. - Како и секој друг возач, кога првпат се оперирав, веднаш прашав кога повторно ќе можам да се качам на моторот. Во ваквите ситуации докторот е тој што треба да пресече, кој мора да биде реален и да ме запре. Мене ми беше дозволено да се вратам во Херез, но не бев информиран за евентуалните последици од нов инцидент, којшто за несреќа се случи. Враќањето беше избрзано и тоа е факт. Се скрши плочката на повредената рака и од оваа грешка научив многу. Според одредени прогнози, би можел да се вратам на стартот од сезоната, но овојпат нема да го направам тоа додека не бидам максимално подготвен. Ќе се вратам кога ќе бидам оној стариот, а не само колку да се вратам, рече 27-годишниот Шпанец во интервју за магазинот „Дазн“. Во интервјуто Маркез потенцираше дека титулата на Жоан Мир е наполно заслужена и дека тој благодарение на постојаноста успеал да стигне до големиот успех.

40

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ФИНАЛНОТО ШОУ ВЕТУВА ВОЗБУДЛИВА ИДНИНА ИАКО СЕЗОНАТА ПОМИНА ВО НЕОСПОРНА ДОМИНАЦИЈА НА МЕРЦЕДЕС И ЛУИС ХАМИЛТОН, ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ТРКИ ДОНЕСОА ФАНТАСТИЧНИ ВОЗБУДУВАЊА И ПОБЕДНИЦИ ВО ЛИКОВИТЕ НА СЕРХИО ПЕРЕЗ И МАКС ФЕРСТАПЕН.

И

ако Хамилтон и Мерцедес ги имаа освоено титулите на неколку трки пред крајот, во финишот на сезоната се случи најголемата драма во поглед на борбата за местата на пиедесталот. Најпрво, по триумфот на трката за Големата награда на Бахреин, Хамилтон беше дијагностициран

со Ковид-19 и позитивен тест, по што мораше да се најде негова замена за трката која следеше седум дена подоцна како Голема награда на Сахир, што исто така се одржа на патеката во Бахреин, но на поинаква конфигурација од претходно. Џорџ Расел од Вилијамс беше избран како

заменик за седиштето на Хамилтон, при што понуди одличен отпор во тренинзите и квалификациите, завршувајќи само 26 илјадити делови од секундата зад Ботас во квалификациите. Во трката тој се впушти во наттркување со Ботас по што излезе во водство сè до последната четвртина

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


|СПОРТ

од натпреварот. Тогаш, поради инцидент на Еиткен со Вилијамс, кој се изврте на последниот свиок и „го остави“ носот од болидот на патеката, беше воведено возило за безбедност. Иако немаше потреба за тоа, Мерцедес се одлучи да игра „на сигурно“ и да влезе во бокс со двата болида, но тука ја изгуби победата. Дел од механичарите не ја добиле пораката да ги подготват пневматиците, па така, Расел ги доби гумите кои биле наменети за Ботас, а Финецот откако „отстои“ десетина секунди во гаражата, беше вратен на патеката со старите гуми. По сето ова, тие мораа уште еднаш во бокс за да се исправи грешката. И кога Расел заблеска во продолжението престигнувајќи многумина од ривалите, стигна до Перез и да го предизвика на борба за првото место, му се дупна една од новите гуми и тој повторно мораше во бокс. Перез славеше пред Окон со Рено и Строл во вториот болид на Рејсинг поинт. Хамилтон се врати во седиштето по 14 дена, иако се жалеше на физички замор, но сепак имаше негативен тест. Мерцедес како единствен приоритет го имаше Валетри Ботас, кој со финиш меѓу првите тројца ја обезбедуваше вицешампионската позиција. Од тимот беше лиферувана и информација дека е

можно да ја намалат моќноста на моторите со цел да се избегне ризикот некој да откаже во финишот (според правилата целата сезона ја возат со три мотори). Во такви услови, Ферстапен ја освои и пол позицијата и имаше доминација низ целата трка, непредизвикан од никого, додека Ботас и Хамилтон возеа резервирано. – Уништен сум, не се чувствувам добро. Сепак, благодарен сум што сум жив, а на крајот обезбедив и место на пиедесталот. Ковид не е шега, знаев дека во еден момент ќе ми биде тешко, бидејќи луѓе умираат од вирусот. Ми беше чудно кога некои државници се потсмеваа со вирусот, – изјави Британецот. Со фактот што се врати во седиштето на Вилијамс, Расел повторно беше неконкурен-

ФЕТЕЛ СЕ ПРОСТИ ОД ФЕРАРИ, САИНЦ ДОЈДЕ ВО МАРАНЕЛО

тен, а Перез се откажа поради дефект уште на почетокот. Со таков расплет, Албон го освои четвртото место, додека Норис и Саинц беа зад нив. Не само што се етаблираа како трета екипа според перформансите, со ова возачите му го донесоа на Мекларен и третото место во генералниот поредок, пред Рејсинг Поинт. Бодови освоија уште Рикардо, Гасло, Окон и Строл. Хамилтон со 347 бода е убедливо прв, а само неговите поени му се доволни на Мерцедес за конструкторскиот трон. Ботас со 223 е втор, Ферстапен со 214 е трет пред Серхио Перез и Даниел Рикардо. Новата сезона е предвидена да стартува со трката за Големата награда на Австралија на 21 март. • Александар Табаковски

Со трката во Абу Даби, Себастијан Фетел стави крај на својата етапа во редовите на Ферари, а истата ја заокружи на начин како што му доликува, односно доби посебен третман од сите вработени во тимот и по крајот на трката во Абу Даби изрежираа навистина убави сцени. Германецот е познат како голем спортски џентлмен имаше само зборови за благодарност до сите вработени и за сето она што го доживеа во 118-те трки како возач на Ферари, но сепак, во фокусот се најде неговата блискост со Шарл Леклер со кого имаа и неколку недоразбирања во изминатите две сезони. – Ти си возачот со најголем талент од сите оние кои ги имам сретнато во овие 15 години. Немој да го потрошиш и биди сигурен дека ќе бидеш среќен и насмеан во сето она што го правиш, – гласи оригиналната порака од Фетел, напишана на кацигата што му ја подари на Моначанецот. Дополнително, Себастијан направи шоу пеејќи еден италијански хит преку радио врската, но со изменети зборови, во знак на збогување со момците кои беа дел од неговата кампања со Ферари, пред да се случат разидувањата со менаџментот. Ферари му подари трофеј во форма на титулата од фудбалската Лига на шампионите, со потсетник за 14 победи, 12 пол позиции и 14 најбрзи кругови кои ги остварија заедно. Веднаш по трката во Абу Даби, Ферари организираше пречек за Карлос Саинц, пилот што ќе го замени Фетел во Ферари, но не доби дозвола за тестирање со новиот тим, па ќе мора да се приспособува во симулаторот во Маранело.

42

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

ПЕРЕЗ ПОТВРДЕН ОД РЕД БУЛ, ХАМИЛТОН СÈ УШТЕ ТАКТИЗИРА

Мексиканецот Серхио Перез ќе биде возачот што ќе седне во второто седиште на Ред Бул Хонда, заменувајќи го Алекс Албон кој не успеа да држи чекор со тимскиот колега. На ова претходеше отказот што Рејсинг поинт предвреме му го даде на 30-годишниот Перез, откако ги обезбеди услугите на Фетел. – Со сета почит кон Алекс и останатите возачи, оваа година во трките бевме само јас, Валтери и Макс Ферстапен. Кога претходно се боревме со Ферари, тие знаеја да ја користат стратегијата со два болида, а овој трансфер ќе го направи Ред Бул посилен, особено со начинот на кој вози Перез. Возеше извонредно оваа сезона и го заслужува воланот во Ред Бул, среќен сум што добива ваква шанса. Мислам дека работите ќе бидат доста потешки за нас со него во болидот на Ред Бул, ќе мора да бидеме подобри, – изјави Хамилтон, кој сè уште нема официјално потврден договор за 2021 година, но од сите страни се зборува дека тоа е само формалност. Мерцедес веќе го потврди Тото Волф како тимски шеф за следните три сезони, што беше едно од барањата на Луис Хамилтон. – Не сме почнале да зборуваме со Тото, но очекуваме заедно да почнеме наредните денови. Среќен сум и горд што видов дека тој постигна договор и што останува на чело на тимот. Тој е важна личност и тимот ќе биде уште подобар со продолжувањето на договорот. Вистинските луѓе се на вистинското место во Мерцедес, иднината на овој тим е брилијантна, – заврши Хамилтон кој го доби признанието „личност на годината“ од страна на акредитираните новинари во ФИА за известување од Формула 1. Според англискиот „Дејли Мејл“, Хамилтон се согласил на продолжување на договорот на една сезона и сега 35 годишниот пилот ќе заработи 40 милиони фунти годишно, наспроти 35-те милиони кои ги заработуваше досега.

НОВА АКЦИОНЕРСКА СИТУАЦИЈА ВО МЕРЦЕДЕС

Компанијата ИНЕОС која досега беше комерцијален партнер во Ф1 екипата на Мерцедес, сега прераснува во косопственик. Овој гигант од областа на хемиската индустрија ќе биде рамноправен партнер со компанијата Дајмлер (во чија сопственост е Мерецедес) и Тото Волф. Досега Дајмлер поседуваше 60% од тимот, а Волф 30%, по што тој ги презема и преостанатите 10% кои беа удел на Ники Лауда. Со новата прераспределба, сите имаат по една идеална третина, но екипата продолжува да се смета за фабрички тим на Мерцедес. - Кога влеговме во Формула 1 на почеток од оваа година, го избравме Мерцедес кој имаше поставено нови цели. Оттогаш сме во дискусии како да го зголемиме нашето учество. Ова е уникатна можност за финансиска инвестиција во екипа која е на врвот, а има потенцијал да порасне уште поголема во иднина,- гласи изјавата Сир Џејмс Ретклиф од Инеос. • АлександарТабаковски

43

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


СПОРТ

Формула E

СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА ПОМЕСТЕН ЗА ФЕВРУАРИ ЛОГИСТИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ГИ ПРИНУДИЈА ОРГАНИЗАТОРИТЕ ДА ЈА ОТКАЖАТ ПРВАТА ПЛАНИРАНА ТРКА ЗА 2021 ГОДИНА.

С

едмата сезона на трките со електрични болиди, која за првпат го понесува епитетот официјално светско првенство под капата на ФИА, сепак нема да започне со предвидените трки за 16 и 17 јануари во Сантијаго, Чиле. Иако организаторите не наведоа причина во своето официјално известување, во кулоарите се пренесува информацијата дека логистичките проблеми за транспорт на опремата и возилата од Европа во Јужна Америка се испречиле како непремостливи, поради пандемијата од Ковид 19 којашто повторно зема замав низ повеќе земји. Поради тоа што трките во Формула Е претежно се возат во период декември - јуни, со цел да не се конфронтираат со популарните натпреварувања како Формула 1 или Мото ГП, пандемијата од Ковид 19 ја уништи веќе сезоната за 2019-2020, па организаторите, откако откажаа десетина трки, на крајот ја финишираа 2020 година организирајќи шест рунди во девет дена на патеката во Берлин.

44

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Ова соопштение за откажувањето на трките во Чиле беше лиферувано откако екипите се собраа за официјален тест на патеката „Рикардо Тормо“, лоцирана на југот од Шпанија, во Валенсија. Според календарот, втората рунда е предвидена за крајот на февруари во Саудиска Арабија, а тоа е веќе дестинација кадешто веќе видовме неколку светски настани на Блискиот Исток (Формула 1 во Бахреин и ОАЕ), а исто така во март се очекува стартот на Мото ГП во Катар. Во овој момент не постои најава дали организаторите ќе понудат алтернатива за откажаните трки, или повторно е можен крај на сезоната со финале по рецептот од 2020 година. Меѓутоа, ова не е единствен проблем којшто му се заканува на првенството со брзорастечка популарност. Две респектабилни фабрики ја објавија својата интенција да ја напуштат Формула Е на крајот од сезоната во 2021 година. Први со ваква непопуларна одлука се јавија од Ауди. Во нивното соопштение е наведено дека ќе се фокусираат на сегашноста. - Електромобилноста не е повеќе сон за иднината, туку сегашност. Ауди ќе ги искористи своите ресурси и ќе се рефокусира да подготви електричен автомобил што ќе се

натпреварува на релито Дакар, како и други хибридни решенија кои ќе бидат прикажани во трките на издржливост, како што е легендарната „24 часа Ле Ман“. Во соопштението, пак, на БМВ владее истата реторика и електрификацијата на возилата е наречена „новата нормалност“ и не се навестени други планови во светот на мото спортот. - Стратешкиот фокус на БМВ групацијата се менува, но останува во полето на електричната мобилност. Сите решенија во иднина ќе бидат понудени во комплетната гама и на глобално ниво. Според најавите, третата генерација на болиди од Формула Е требаше да стартуваат во 2022, а досега само од индиската фабрика Махиндра го имаат потврдено учеството во шампионатот. Со заедничка одлука на сите инволвирани, поради ефектите од пандемијата воведувањето на „генерација 3“ беше поместено за една година подоцна. Ауди заедно со Нисан беше еден од двата тима кои имаа советодавна улога во ФИА во насока на развивањето на електромобилноста, но тимскиот шеф на Ауди и поранешен Ф1 возач Ален Мекниш изјави дека повлекувањето не е инспирирано од


грижите за третата генерација на болиди во Формула Е. Дека можеби станува збор за извесни заеднички одлуки (или договор) меѓу двете германски фирми кои се во сенка на доминацијата на Мерцедес во Формула 1, може да послужи и одлуката истите две фабрики на крајот од 2020 година да го објават своето повлекување од туринг шампионатот ДТМ. Организаторите на Формула Е сметаат дека нема простор за паника и дека многу скоро ќе се појават други фабрики коишто ќе ги заменат досегашните, при што шпекулациите

најмногу се однесуваат за јужнокорејските Хјундаи и Киа. Исто така, Ф1 тимот Мекларен којшто подготви своја екипа за настап во Индикар, најави дека го разгледува можното учество во Формула Е, но со почеток од 2023 година. - Ни беше забрането да учествуваме во Формула Е затоа што бевме добавувачи на акумулатори за сите тимови. Со тој тендер на ФИА ние немавме дозвола да се натпреваруваме како тим. Новата генерација на болиди во Формула Е воедно носи и ситуација кадешто ние не сме ексклузивни снабдувачи

со акумулатори, па поради тоа ние започнуваме да ја анализираме ситуацијата, бидејќи таа тркачка серија е мошне интересна. Се разбира, треба да се прашаме и зошто другите напуштаат, - изјави извршниот директор на Мекларен, Зак Браун. Според него Ауди е во право што оди во други сфери на спортот, но во исто време вели дека Формула Е станува атрактивна поради лимитирањето на трошоците од страна на организаторите. - Започнаа како мошне ефтина серија, но потоа трошоците се искачија до баснословно ниво. Вообичаено тоа се случува, но сега се чини дека ќе бидат донесени прописи за воспоставување на лимити пред трошоците да продолжат да растат. Воедно, Мекларен потврди дека освен за Формула Е, исто така, се интересираат и за трките на издржливост, бидејќи веруваат дека во двете серии можат да бидат конкурентни и дека тие ќе имаат позитивна рефлексија на нивниот бренд, како и дека се комерцијално одржливи. Шпекулациите сугерираат дека и Хонда, по објавата за напуштање на Формула 1, можеби ќе има интерес да се вклучи во Формула Е, но јапонската фабрика ги сосредоточи своите интереси исклучиво кон Индикар првенството коешто е најбитно за пробив на јапонската фабрика на американскиот пазар. • Александар Табаковски

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


СПОРТ

Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

РЕДЕФИНИРАЊЕ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО СЛЕДНАТА 2021 ГОДИНА РЕЧИСИ СИТЕ ПРОМИНЕНТНИ ТИМОВИ ВО ФОРМУЛА 1 ЌЕ ИМААТ ПРОМЕНИ ВО ВОЗАЧКАТА ПОСТАВА, НО НЕ И МЕРЦЕДЕС. КАКО ПО ПРАВИЛО, ДО ВАКВИТЕ ПРОМЕНИ СЕ СТИГНУВА ПРЕКУ ЛАНЧАНА РЕАКЦИЈА, ОТКАКО ЕДЕН ВОЗАЧ ЌЕ НАПРАВИ ТРАНСФЕР ВО ДРУГ ТИМ.

П

риказната за големата преселба започна со објавувањето на отказот за Фетел во Ферари, проследено со ангажманот на Карлос Саинц Јуниор. Тешко е да се претпостави што точно беше иницијалната каписла за ваквиот чин, но факт е дека Ферари западна во длабока резултатска криза од која не може да го извлечат ни најдобрите пилоти. Едноставно е да се мисли дека прекинот на соработката доаѓа само поради тоа што во Ферари се свесни за сопствената мизерија и решија барем да скратат на трошоците за скапите возачи. Од друга страна, тука е се посилниот Леклер, кој покажува голем талент и брзина, иако видливо е дека му недостига искуство и сè уште прави грешки во клучни моменти како при престигнувањето на Перез во Истанбул. Дополнително, за седиште во Ферари чекаат и други млади возачи, кои во моментов се „на пракса“ во други тимови, еден од нив е и Мик Шумахер, синот на поранешниот шампион со Ферари, Михаел Шумахер. Веројатно никогаш нема да дознаеме дали отказот што му го врачија практично пред рестартот на сезоната беше со причина да му помог-

46

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

нат на Фетел да си најде нов ангажман или затоа што му замерија за грешките од минатата година, како судирот со Леклер во Тексас. Ферари го избра Саинц за негов наследник, при што го префрли товарот на Мекларен да најде замена за него. Според изјавата на Зак Браун од Мекларен, уште во меѓусезоната тие „знаеле дека или ќе го задржат Саинц или ќе го донесат Рикардо“. Претходно, во 2018 година, не успеаја да го донесат Австралиецот, но со именувањето на Андреас Зајдл како тимски шеф, нештата добија поинаков тек. Ангажманот на Рикардо беше објавен само неколку дена по комплетирањето на зделката на Ферари, додека објаснувањето беше во насока дека барале возач со поголемо педигре кој ќе „испровоцира“ поголем напредок кај Ландо Норис, кој останува нивен пилот на долг рок. И додека сите чекаа Фетел евентуално да се насочи кон Рено, се случи дополнителна компликација при што Рејсинг Поинт го раскина договорот на Серхио Перез. Тие од идната година ќе го променат името во соработка со фабриката Астон Мартин и ќе имаат третман на фабричка екипа. Со други зборови, видоа погоден момент да поработат на поткревање на рејтингот и да соберат сопствени навивачи со тоа што ќе го ангажираат Фетел како поранешен четирикратен шампион, но за тоа да се случи мораше да се исполнат повеќе услови. Изборот на Фетел, де факто, беше меѓу Рено и Астон Мартин, но со мислите беше „во Мерцедес“. Откако стана јасно дека таму Ботас останува во тимот, Фетел го потврди трансферот. За да може приказната да прерасне во вистинска сага, се погрижија од Рено со тоа што го ангажираа поранешниот

светски првак Фернандо Алонсо. Шпанецот освои две титули во 2005 и 2006, но иако беше две години надвор од Формула 1 со учество во Индикар трките, како и релито Дакар, го прифати предизвикот. Тимскиот шеф Сирил Абитебу нагласи дека и Алонсо и Рено со мислите се во 2022 година, кога треба да се сменат дел од сегашните правила, по што би можело да има и нов распоред на силите меѓу екипите. Тоа е она што го привлекло Шпанецот да се врати, со цел да освои уште една титула. Се чинеше дека клопчето ќе се одмота до крај, а решение за продолжение на кариерата на Перез нема да видиме оваа година, бидејќи и самиот тој најави дека „во најмала рака ќе биде трет и тест возач во еден топ тим“. На крајот и тој потпиша за Ред Бул, каде што Ферстапен без рикардо очигледно не може сам против Мерцедес. Ова партнерство може да донесе и други промени во светот на Ф1, како што се спонзорствата од мексиканските компании да добијат друг тек, а младите возачи од оваа земја наместо во Академијата на Ферари да завршат во Ред Бул, но сето тоа е второстепено. Факт е дека Мерцедес остана сам и изолиран по прашање на трансферите, па оттука „штих-пробата“ со Џорџ Расел во Бахреин не беше случајна. Тој дефинитивно е еден од новите таленти, но прашање е дали има трпение да чека уште долго возејќи на опашката од колоната. Мерцедес мора прво да го заврши процесот со Хамилтон , кој се чини дека неминовно ќе се комплетира за 2021 година, а потоа да размислува за возачите кои ќе ја градат нивната иднина, бидејќи во овој момент изгледа дека сите други заземаа стабилна позиција за сезоните кои следуваат. •


АВТО-МОТО

WRC – РЕЛИ МОНЦА

СЕДМА СВЕТСКА ТИТУЛА ЗА НОВИОТ ШАМПИОН СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ И СОВОЗАЧОТ ЖУЛИЕН ИНГРАСИЈА ЈА ОСВОИЈА СЕДМАТА ТИТУЛА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО РЕЛИ ОТКАКО МАШКИ ГО ИЗВОЗИЈА НЕПРЕДВИДЛИВОТО РЕЛИ НА МОНЦА ПОБЕДУВАЈЌИ НА ПОСЛЕДНИОТ НАСТАН ОД СЕЗОНАТА.

Н

епредвидливата сезона од Светскиот шампионат во рели, погодена од пандемијата на Ковид-19, донесе и непредвидлив крај на последното рели од сезоната, релито на Монца, каде што се одлучуваше за шампионската круна. На релито во игра за освојување на титулата беа двајца главни играчи Елфин Еванс, водечки во шампионатот и второпласираниот Себастијан Ожие, и двајцата од тимот на Toyota. Водечката двојка ја делеа 14 бода пред стартот на релито. Зад нив некакви шанси имаа и двајцата возачи на Hyundai, Тиери Нувил со 24 бода помалку во однос на Еванс и Танак со помалку 28 бода, кој, доколку се наредеа коцките на среќата, ќе можеше дури и да ја одбрани својата титула. Битка за титула во Монца се водеше и меѓу производителите. Во релито Hyundai влезе како лидер со предност од 7 бода во однос на Toyota, а M-Sport Ford со 91 бод помалку беше премногу далеку за да сонува за што било. Крајниот исход за производителите не зависеше само до победникот на ова рели, туку кој ќе има

повеќе екипажи пласирани на повисока позиција на крајот од релито. Така, секој од возачите и од производителите стартуваше со одредена тактика и калкулација за тоа што би требало да се случи за да се дојде до титула. Меѓутоа, никој не можеше да предвиди што ќе му донесе ова рели што првпат е дел од Светскиот шампионат и кое покажа дека е исклучително непредвидлив настан што претставува голем предизвик за возачите, како за возилата, така и за тимовите. Дел од релито се возеше на легендарната тркачка патека Монца и на пристапните земјени патеки околу неа, а дел на околните планински патишта околу езерото Комо. Така релито претставува микс од земја, чакал и асфалт што, само по себе, е голем предизвик: возачки и тактички во однос на правилниот избор на пневматици. Релито стартуваше со брзински испит во четврток попладне на кој екипажите колку толку можеа да си ги одмерат силите и да претпостават што ги чека. На овој брзинец Ожие го поведе релито, а Нувил

заврши тесно зад него. Се чинеше дека битката ќе се води меѓу нив бидејќи стана евидентно дека водечкиот Еванс ќе вози внимателно чувајќи ја предноста во генерален пласман. Но никој не можеше да ги подготви за пеколот што се случи. Поројниот дожд и снег на планините во текот на ноќта ги сменија плановите и очекувањата. Лизгави патеки полни со кал и длабоки вирови околу патеката, снег и мраз на планините ги дочекаа екипите во петок наутро. Драмата можеше да почне. Заради лошите услови возачите избираа длабоко назабени пневматици за снег за да можат да дојдат до малку тракција што е потребна за да се совлада калливиот хаос. Во една ваква мешаница Даниел Сордо го поведе релито. Како и на Сардинија, тој покажа дека е експерт за комбинирана подлога. Оствари одлични времиња и заврши како лидер на крајот од денот. Есапека Лапи беше прв возач што се коцкаше со снежна комбинација на гуми и профитираше од својот избор. Незапирлив Лапи оствари најдобри времиња на сите брзински испити, освен на последниот кога ги погоди шикана и загуби драгоцени секунди препуштајќи му го водството на Сордо. Најблиску до водечката двојка беше Ожие. Неколкупати не ги погоди шиканите удирајќи во балите сено од кои беа формирани и заостана 12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


СПОРТ

11 секунди зад водечката двојка. Еванс со внимателен пристап заврши четврти, односно 5 секунди зад Ожие. Дебакл доживеа Нувил. Тој, исто како Ожие, не ги погоди шиканите, а по едно влегување во вир го наполни моторот со вода и мораше да се откаже. На стартот од третиот ден се стопи предноста на Сордо и Лапи. Двајцата добија казна од 10 секунди за претходниот ден бидејќи според согледувањата на судиите не погодиле иста шикана прекршувајќи ги правилата на релито. Така започна фуриозната битка меѓу Сордо и Ожие на планинските патеки во близина на езерото Комо. Прекриени со снег и на места мраз покажаа дека се вистински предизвик кој бара исклучително внимание. Лапи неможеше да држи чекор со водечките возачи

48

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

и падна на петтата позиција, а битката за лидер на релито ја доби Ожие. Со Сордо постојано се менуваа на водечката позиција добивајќи брзинец, по брзинец. Но по несреќата на Еванс, Сордо се одлучи за повнимателен пристап и го заврши денот зад Ожие. Еванс беше трагичар на релито, но и на сезоната воопшто. Увидувајќи дека безбедниот пристап нема да му ја донесе титулата го забрза темпото приближувајќи се до водечката двојка. Но наиде на мраз и излета во ендек уништувајќи ги шансите за титула. Во спортски дух веднаш излезе од автомобилот и истрча на патеката за да го предупреди тимскиот другар на опасноста што демнее. Ожие го поздрави пристојниот гест на Еванс и знаеше дека може да диши полесно откако главниот соперник за титула

го напушти релито. Сепак, му беше јасно дека релито на Монца може да изненади на кој било свијок. Само три брзински испити од последниот ден го делеа Ожие од седмата титула. Екипите повторно се вратија на тркачката патека во Монца и на лизгавите патеки околу неа. И покрај неколку страшни моменти што ги доживеаја, кога на автомобилот прекриен со кал престанаа да работат бришачите и му се замагли предното стакло, Ожие истраја и заедно со совозачот Жулиен Инграсија пристигнаа до седмата светска титула во осум сезони. Втор релито го заврши От Танак, а трет Сордо, што беше доволно Hyundai да ја освои титулата за производители со пет бода предност пред Toyota. По оваа проблематична сезона Ожие, кој сакаше да се повлече од релито на крајот на 2020 година, одлучи да го продолжи ангажманот и да остане во тимот на Toyota. Французинот истакна дека е задоволен од атмосферата во тимот и од односот со тимскиот другар Еванс. Доволно големи причини за да продолжи да вози. Интересно, француските возачи, поточно Себастијан Лоеб и Себастијан Ожие меѓу себе делат 16 титули во последните 17 сезони од светското рели. Танак е единствениот што минатата сезона го наруши овој континуитет. Останува да видиме дали Ожие можеби со продолжувањето на ангажманот сака да го достигне сонародникот по број на титули. Како и да е, сведоци сме на една тешка иако скратена сезона, со многу предизвици и неизвесности. Ќе видиме што ќе донесе следната и како ќе се одвива. • Љубомир Анастасовски


12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


ПОДАРЕТЕ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА СО НЕКОЛКУ КЛИКА Празниците се вистински момент да покажете внимание. Брзо, лесно и целосно онлајн, подарете им ја вашата омилена членска картичка на своите најблиски. Како наши членови сигурно веќе знаете дека подарувајќи АМСМ членска картичка, подарувате грижа на пат 24/7 и многу други привилегии во текот на цела година. За да го олесниме начинот на подарување на членските картички, ви овозможивме членска картичка да подарите онлајн, со само неколку клика. Еве што треба да направите: • Отворете ја нашата веб-страница - www.amsm.mk • На почетната страница веднаш ќе го најдете делот АМСМ Членство - кликнете на копчето „Зачлени се!“ за да пристапите до можноста за онлајн-зачленување • Изберете го типот на АМСМ членска картичка за физички лица (Europe Premium, Classic или Light) што сакате да ја подарите и одете на копчето „Подари“ • Внесете ја вашата лична порака и посакајте среќни празници, имајќи предвид дека оваа порака ќе пристигне на електронската адреса на оној на кој му подарувате, а потоа одете „Понатаму“ • Внесете ги вашите основни податоци и податоците на оној на кој му подарувате и одете „Понатаму“ • Изберете начин на доставка „По пошта“ и извршете го плаќањето со 10 % попуст што ги добивате заради користење на онлајн-каналот. Оној на кој му подарувате ќе ја добие вашата порака на својата електронска адреса, а по телефонската потврда на податоците ќе ја добие и својата АМСМ членска картичка по пошта, како подарок од вас. 50

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


52

12.2020 /01.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2020


FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”

2

02.2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

02.2020

3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

02.2020


МОМЕНТ МАЛ

02.2020

5


6

02.2020


02.2020

7


“

8

02.2020


02.2020

9


02.2020


02.2020


%

02.2020

10


2008

02.2020


15%

02.2020


02.2020


02.2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.