Klub Mobiliti (Noemvri 2020)

Page 1

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


Промотивниот интернет е достапен за сите нови и за сите постојни корисници кои ќе склучат договор за Фамилијарен буџет или Доверба 24 на тарифниот модел Magenta 1 мобилни услуги М во промотивниот период и важи 24 месеци со активна е-сметка. Понудата е промотивна и трае ограничен временски период.

11.2020 www.amsmklubmobiliti.mk 2 важи Пакетот 30 |дена од денот на активирањето на услугата. Откако ќе се потроши сообраќајот вклучен во пакетот, интернет пристапот се блокира со што сте комплетно заштитени од непредвидени трошоци. Активирањето на пакетот е возможно само преку Телеком МК апликацијата.


ВОВЕД

БЕЗБЕДНИ НА ПАТ!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Гоце Велески РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

Пред почетокот на зимската сезона се зголемува ангажираноста на сите учесници во сообраќајот во однос на безбедноста и потребата за информираност. Една од главните теми е законската употреба на зимска опрема. Возачите во прв план ја ставаат безбедноста и ги користат зимските пневматици, без оглед дали постои законска регулатива за задолжителна употреба. Кога купувате пневматици секогаш сте пред тешка задача бидејќи не можете веднаш да го утврдите нивниот квалитет, кои се слабите својства и сл. Дури и ознаката за влажна подлога, единствениот критериум што го дефинира нивниот квалитет, не може многу да каже. Затоа внимателно треба да се пристапи на изборот на пневматици и да се информирате за сите нивни карактеристики и својства. Токму затоа во овој број го објавуваме најновиот тест на зимските пневматици во две димензии за 2020 година на австрискиот клуб ÖАМТЦ, во кој се објавени силните и слабите страни на актуелните модели. Но и при внимателното разгледување на понудата, можеби нема да ги изберете вистинските зимски пневматици за вашиот автомобил. Решението е во АМСМ, поточно во сервисот на АМСМ каде што ќе добиете соодветен совет. Во светот на спортот, особено во натпреварите WRC, и покрај пандемијата со Ковид-19 која сè уште владее во светот, сепак ќе има случувања. Љубителите на рели трките ќе уживаат во девет релија во рамките на Европа и три надвор од неа, а Хрватска првпат ќе биде домаќин на рели од Светскиот шампионат. А во Формула 1 повторно изненадување... Луис Хамилтон успеа да стигне до победа во трката за Големата награда на Турција со што ја потврди седмата шампионска титула. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во декември 2020 година.

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 8 10

12

СЕКОГАШ ПОДГОТВЕН ЗА ТРКИ ЛУКСУЗ ВИСОК ДВА И ДОЛГ ШЕСТ МЕТРИ АВТО-МОТО

12

КАБРИОЛЕТ СО МОТОСПОРТ ГЕНИ

16

СВЕТЕЦОТ Е ПОВТОРНО МЕЃУ НАС ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

25

ВНИМАНИЕ, ОПАСНОСТ ОД ЛИЗГАЊЕ

30

ЕСЕН, СУВИ ЛИСЈА, ДОЖД И АСФАЛТ СТИЛ

34

Неговото подигнување или спуштање е процес...

36

ДА СЕ ДОБИЕ СÈ ШТО ЌЕ СЕ ПОСАКА ПАТУВАЊЕ

36

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВИНИТЕ НА „НЕБЕСНОТО ЦАРСТВО“ HI-TECH

42

Од 1985 година Кина е вклучена во Конвенцијата на УНЕСКО за зачувување на светското културно наследство...

КРАЛОТ, СОКОЛОТ, ПОРШЕ И МОРЕТО ИСТОРИЈА

46

ОД ЛЕГЕНДАТА „СЕАТ 600“ ДО УРЕДИ ЗА ДИШЕЊЕ СПОРТ

50

СО ШАМПИОНСКО ИЗДАНИЕ ДО СЕДМА ТИТУЛА И СОЛЗИ

56

ПРВА ПОБЕДА ЗА ЖОАН МИР, МУ СЕ

Судот во Лозана му ја зголеми суспензијата на Андреа Јаноне...

57

НАСМЕВНУВА ТИТУЛАТА 58

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА НОВА ВОЗБУДЛИВА СЕЗОНА 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


АМСМ

МАКЕДОНИЈА РАБОТИ НА ПАТ: А2 Кичево - Охрид

Од 30.10.2020 година, поради изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево - Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани - с. Мешеишта, има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае сè до завршувањето на градежните работи.

А2 Кичево - Охрид

Од 30.10.2020 година на патниот правец А2 Кичево - Охрид, на делницата Пресека - Песочан, кај с. Врбјани, поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање на риголи), има изменет времен режим на сообраќај. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Р1303 Кичево - Македонски Брод

Од 28.9.2020 година започната е рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево - Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.7.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. При изведување на работите сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента и ќе се регулира со координирано пропуштање на возилата со знаменца.

А2 Крива Паланка - ГП Деве Баир

Во согласност со издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкцијата и рехабилитацијата на државниот пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.5.2020 година до 2.2022 година, во текот на работното време регулирањето ќе се изведува со работници, а по завршувањето на работното време со светлосна сигнализација - семафори (од Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир). Во претстојниот период на овој патен правец ќе се интензивираат работите на пат и препорачуваме приспособена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.

Р1202 (р409) Маврови Анови - Жировница

Од 21.9.2020 година започнаа да се изведуваат градежни активности при рехабилитација на државниот пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови - Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 90 дена.

Р1202 Жировница - Бошков Мост

Oд 16.9.2020 година Вијадукт трејд започна со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиштето на регионалниот пат Р1202, делница Жировница - Бошков Мост кај с. Скудриње , каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена, регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00 до 14:00 часот комплетно ќе се затвори сообраќајот за што ќе има промена на режимот на сообраќај во временски период од 45 дена.

Р1205 Крупиште - Пробиштип

Од 21.8.2020 година се изведува рехабилитација и реконструкција на регионалниот пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионалниот пат Р2230 до влезот во Пробиштип. Сообраќајот се пренасочува од мостот на р. Киселица кај клучката за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова пренасочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи. 6

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ

MERCEDES MAYBACH C CLASS

ЛУКСУЗНА „ЛАЃА“ НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

ајбах, некогашен производител на луксузни М лимузини, компанија формирана од големиот конструктор Вилхелм Мајбах и неговиот

син. Во 1960 година компанијата потпаѓа под Дајмлер Бенц. Требаше да поминат точно 42 години за името Мајбах повторно да биде присутно во автомобилската индустрија овој пат како засебна марка на Дајмлер Бенц. Неговите модели ја користат основата од „с класата“ почнувајќи во 2002 година. Поради спората продажба во 2013 година Мајбах престанува да биде самостојна марка и од 2015 е подмодел на „с класата“, но со луксузот и останатиот раскош далеку пред неа, рамо до рамо со „Бентли“, „Ролс Ројс“ и останатите од класата. Накусо, тоа е историјата на Мајбах. Новиот автомобил со името Мајбах се појави за

првпат пред светската јавност на 19 ноември, односно името на лимузината е „мерцедес мајбах с класа“, како што нагласивме, сега како подмодел на „с класата“. Лимузината е долга 5.469 мм, односно има за 180 мм (вкупно 3.396) поголемо меѓуоскино растојание од најдолгата „с класа“. Ширината поседува 1.921 мм, додека висината 1.510 мм – вистински џин во споредба со „обичните лимузини“. Сето тоа е во служба на одделот за патнците за што поголем простор и нивната удобност. Првичните извештаи не даваат информации за погонската единица, но според тоа што моделот „с 580“ носи во себе, 4,0 литарски V8 со двоен турбо полнач со хибридна технологија („најмалата“) со деветстепен автоматски менувач и погон на сите тркала, најверојатно истите елементи ќе ги поседува и „мерцедес мајбах с класа“, но

каде и да е и познатата V12 погонска единица ќе влезе во комбинација за вградување. Автомобилот нема цена како останатите во продажните салони затоа што секој примерок е приказна за себе. Заинтересираните кои ќе одлучат да купат „мајбах“, си бираат материјали, боја, дополнителна опрема итн. Всушност, нема сериски „мајбах“, а вонсериски има, сè е препуштено на имагинацијата и желбите на купувачите, а таму нема што нема, од најприродни исконски материјали, до ултра модерни електронски детали контролирани од компјутери. Тоа што го сакате може и да го добиете, внимателно ќе ве ислушаат и ќе се советуваат со вас за секој следен чекор во производството. Таков е врвниот луксуз на четири тркала наречен „мерцедес мајбах с класа“. •

MINI VISION URBANAUT CONCEPT

ДРУГА ДИМЕНЗИЈА И ПРИОД

ве ја новата креација на Адријан Ван Хојдонк, ЕНовото главниот и одговорниот за дизајн во БМВ. возило е всушност концепт кој ги покажува идните линии на моделите кои допрва ќе бидат создавани. Си го поставуваме прашањето дали ова е новиот „мини“ наследник на малото возило кое за првпат продефилира во јавноста во далечната 1959 година? Концепт моделот е создаден

во XXI век и воопшто не наликува на некогашната легенда, но затоа го носи неговото име „мини“ и додадено е „вижн урбанаут“. Друг приод кон нештата, друга филозофија, друго време - со овие зборови би можеле да го опишеме „мини вижн урбанаут“ кој со себе носи повеќе во внатрешноста отколку однадвор. Еднопросторното возило наликува на класично комбе, само што е малку повеќе стилизирано со испеглани рабови и позаоблени површини и „зачинети“ со ретро линии. Надворешниот облик не е нешто невидено досега, напротив, тоа е веќе многу пати видена линија, но тоа што досега не е видено е внатрешниот простор и неговата можност да жонглирате и да го менувате по ваша желба. Тука

дизајнерите ја нагласиле својата раскошна умешност во организирањето на просторот и додавање функционалност. Зарем легендата добива сосема друга улога во XXI век? Да возите и да живеете во тој мал простор, а сепак да задоволи голем дел од потребите. Тоа во дизајнерскиот оддел го нарекле „паметно и креативно искористување на просторот“. Како што тргнале работите, „мини“ веќе нема да биде автомобил за поединци, кои постојано ја истакнуваат самостојноста, туку ќе се претвори во возило за, на пример, социјализирање. Со своите 4,46 метри го докажува претходно напишаното. Сепак „мини вижн урбанаут“ го подготвуваат да биде еден од моделите на „мини“, односно дали е тоа неговата шеста изведба. Збогатување на гамата, поинаку не може да се протумачи појавувањето на овој концепт. Како и да е, Мини со концептот „вижн урбанаут“ покажа во кој правец ќе се движат неговите идни планови. • 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


НОВОСТИ

BUGATTI BOLIDE CONCEPT

СЕКОГАШ ПОДГОТВЕН ЗА ТРКИ

Т

рката меѓу производителите на супер брзи автомобили продолжува на неколку полиња, од кои е најприметлива трката за што поголема крајна брзина и трката за што помала тежина на возилото. Тие исти производители сега одат подалеку – секој од нив оди кон тркачките патеки и конструирање автомобил посебно наменет за трки или со сосема мали доработки. И конструкторите од Бугати тргнаa кон истата филозофија, да создадат тркачки автомобил по примерот на Мекларен и неговиот модел „сена гтр“ и останатите кои веќе имаат улични болиди, односно се чека единствено на тие малите доправки за возилото да носи стартен број и да се појави на асфалтот наменет исклучиво за натпреварување. Инспирацијата за создавање на концептот „болид“ е црпена од првиот авион кој го „срушил“ звучниот ѕид, а тоа е „бел икс 1“ управуван од пилотот над пилотите, Чак Јегер. Основата за

развој на концептот е позајмена од моделот „чирон“ со неговите масивни 1.996 килограми. За тркачките болиди важи едно пишано непишано правило, а тоа е возилото да има што помала тежина. Од 1.996 на 1.240 килограми, односно 756 килограми помалку. Веќе добро познатиот W16 мотор со зафатнина од 8,0 литри е сопственик на 1.601 коњски сили („чирон супер спорт“). Сепак и тие не биле доволни за конструкторите, затоа решиле да ги заменат постоечките четири со нови турбо компресори. Како резултат од тие доработки, силината оди по нагорна линија сè до 1.851. Сепак најбитниот чинител е горивото. Со обично 98 октанско не е можно „будење“ на тие 1.851, за нив е потребно 110 октанско познато меѓу натпреварувачите како тркачко гориво. При создавањето на „бугати болид концепт“ неизбежна е употребата од лесни материјали кои ги користат космичките летала, така што посебните, карбонските, влакна и титаниумот се како

„добро утро“ и ја претставуваат основата на супер автомобилот. Во ваквите возила сè треба да биде испеглано до најситен детал. Таков е случајот и со аеродинамиката. Тешко некое возило од тркачките писти да постигне врвни резултати без посебно дотерана аеродинамика. Токму оваа наука овозможува (или создава) подпритисок од огромни 1,8 тони при брзина од 320 км/ч, од кои 800 килограми вршат притисок одозгора надолу (вршат притисок) на предната оска. Сето досега спомнато е во служба на брзинските способности од „бугати болид концепт“. Неговата крајна брзина е далеку над 500 км/ч и според производителот концепт болидот ќе биде способен да постигне врвни резултати на патеките Сарт и Нирбургринг нордшлајфе. Нештата се такви затоа што конструкторите користеле и позајмиле мноштво „досетки“ од болидите во формула 1 и прототиповите од серијата Леман. Концетот „бугати болид“ е правен според сите регулативи на ФИА, а тоа значи можност да влезе во карванот на трките на издржливост во класата „хипер автомобили“ замена за „леман прототипови“ (лмп) и да учествува од следната или сезоната по неа. Ако тоа се случи, тогаш ќе имаме супер занимлива и привлечна за гледање сезона во трките на издржливост каде ќе се соберат најмалку 10 производители, односно најверојатно 15 веќе ги подготвуваат своите хипер возила. Ако Бугати влезе во трките на издржливост од серијата Леман, тогаш ќе треба да направи најмалку 20 примероци за слободна продажба, но за „секојдневна“ употреба, со регистрација. Такви се правилата на ФИА. •

GENESIS GV70

ВТОР „СУВ“ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Ч

есто пати спомнуваме за напливот од луксузни чуда на четири тркала. Се чини луксузот е најисплатлив и најдоходовен во време на кризи, посебно во време при голем пад на продажбата во автомобилската индустрија. Не така одамна бевме сведоци на вистинска експанзија во продажбата на луксузните возила за време на големиот финансиски пад во автомобилската индустрија. Сите луксузни марки бележеа астрономски пораст во продажбата. ега на ред е да го спомнеме корејскиот луксуз на четири тркала зад кој стои Хјундаи. По примерот на јапонската автомобилска индустрија, Хјундаи формираше своја луксузна дивизија и ја нарече Генезис, како што Хонда ја има марката Акура, Нисан е сопственик на Инфинити, а Тојота на Лексус. Денес во светот најбарани и најбрзо продавани возила се тие за забава, таканаречените „сув“ (спорт јутилити виклс) и затоа сите производители почнаа да конструираат вакви возила. И Хјундаи, односно Генезис не остана имун на светските движења. Во своето семејство го има најголемиот сув „гв80“ и сега е ред на малку помалиот „гв70“ кој беше претставен пред околу три недели. Според нештата во премиум класата, сите нејзини претставници (Ауди, БМВ, Лексус, Мерцедес

С

8

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

и останатите), си добија сериозен конкурент. Тука не треба да се спомнуваат материјалите од кои е изработена внатрешноста, затоа што во премиум класата квалитетните материјали се подразбираат заедно со завршната доработка и врвниот дизајн. „Генезис гв70“ ќе биде задвижуван од бензински 2,0 литарски четирицилиндричен мотор и 3,3 литарскиот V6 наследен од лимузината „г70“. Тука се во игра и новите 3,5 литарскиот V6 како и 2,5 литарскиот кои сега се вградуваат во „г80“. Покрај овие агрегати се спомнува

и новиот турбо дизел линијски шестцилиндричен со 3,0 литри зафатнина што се вградува во поголемиот сув, „гв80“. Покрај овој модел Генезис најавува уште еден сув кој треба да биде претставен следната година на есен и како најмал ќе биде сместен под „гв 80“ и „гв 70“. Конструкторите најавуваат електричен погон, но сигурно нема да бидат изоставени хибридните изведби и класичните со внатрешно согорување. Така Генезис целосно „наоружан“ ќе може полесно да ù се спротивстави на претходно спомнатата конкуренцијата. •


НОВОСТИ

VOLKSWAGEN GOLF R

НАЈМОЌНИОТ МЕЃУ НАЈМОЌНИТЕ

Д

еновиве светот ја доби најмоќната изведба од новиот „голф“ која уште од првата генерација ја носи ознаката „р“. Тоа „р“ кој како сака нека го протумачи, а најсимпатично е „рејсинг“. Посебно претставување за спомнатиов модел не е потребно. На сите ни е повеќе од добро познат и затоа веднаш ќе минеме на „случајот“ наречен „голф р“. Моторот со четири цилиндри во линија и со вкупна работна зафатнина од 2,0 литри е засилен со турбо компресор. Токму поради ова засилување, од моторот се „извадени“ 315 коњски сили. Крајната брзина е ограничена на 250 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч е одлично, само 4,6 секунди – убава бројка. Пониското тежиште

и силуетата за два сантиметри, го прават автомобилот малку позалепен за подлогата, а кон ова се надоврзува и погонот на сите тркала. И повторно нешто убаво – комбинација која сосема одговара на тие 315 КС спакувани во ниско тежиште и погон на сите тркала. Повеќе од јасно е што конкуренцијата му дише во врат. Со своите најбрзи модели од истата класа претходно се појавија моделите од следниве производители: Хонда, Рено, Форд, а тука некаде е и Алфа Ромео со моделот „џулиета“ со четирите детелинки, само што нејзиниот турбо мотор има зафатнина од 1,75 литри, додека претходно набројаните сите се со мотори од 2,0 литри.

Најбрзиот меѓу најбрзите се справува со силината преку шестстепен обичен менувач, или, пак, седумстепен автоматски од семејството „дсг“ (со двојна спојка). Идните сопственици можат да бираат, помеѓу овие два менувачи, кој од нив да биде вграден во нивниот автомобил, но не можат да го бираат погонот. Тој сериски се вградува. Е сега за цената - петтата генерација од моделот „голф р“ ценовно е највисока во однос на останатите од семејството, а за колку тоа го знае само увозникот. •

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


НОВОСТИ

AZNOM PALLADIUM

ЛУКСУЗ ВИСОК ДВА И ДОЛГ ШЕСТ МЕТРИ

доби светот на тацна – лимузина висоЕна,векатукушто скоро два метри и долга шест, но не обичсо погон на сите тркала и шасија од која

најразличните терени имаат уплав. Лимузина со теренски особини која може да ја возите речиси на исти места каде би возеле на пример со „лада нива“. Со точна тежина од 2,65 тони ова е малку повеќе од теренско возило, но и од класична лимузина. Конструкторите ја правеле лимузинава на основа од пикапот „рам 1500“. Погонската единица е американска класика, V8 со работна зафатнина од 5,7 литри и двоен турбо компресор со чија помош се добиваат 710 КС кои се пренесуваат преку осумстепен автоматски менувач до сите тркала, максималниот вртежен момент изнесува завидни 900 Нм, додека крајната брзина е 210 км/ч. Секако брзинските

способности се повеќе од задоволителни, посебно со забрзувањето од 0 до 100 км/ч за само 4,5 секунди. Основачот на италијанската работилница Азном, Марсело Марегали, според неговите изјави, сакал да направи нешто посебно, грубо и воедно суптилно со многу осет за луксуз и беспрекорна рачна изработка. Џиновската лимузина ќе биде наменета исклучиво за одбрани купувачи, затоа што ќе биде произведена во само 10 примероци. Добрите познавачи на состојбите во светската автомобилска индустрија и побарувачката на вакви возила е преголема и би требало лимузината „азном паладиум“ да биде произведена во далеку поголем број отколку во само десет примероци. На луксузот му нема крај. Употребена е најква-

литетната кожа која постои во моментов, а ист е случајот и со останатите материјали. Тие што ќе го поседуваат ова возило, се надеваме ќе умеат да уживаат во сè и со сè што е на располагање. •

LAND ROVER

НАСКОРО МАЛО „СУВ“ ВОЗИЛО Гладот за сув возилата и сличните на нив, но и за чистите теренски возила, не стивнува со години наназад. Пазарот се повеќе се ориентира кон овој тип возила и не е чудо што производителите го „бркаат“ тој правец во денешниот живот. Еден од тие производители кои со години наназад вредно работи е Ленд Ровер и неговиот нов сопственик, индиската компанија Тата Моторс. Нивните планови се големи и тоа е видливо според динамиката на претставување нови модели. Во моментов конструкторите забрзано работат на најмалото тренско возило односно, од постоечкиот ќе прават „дефендер“ во смалени димензии и

10

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

новинарите веднаш му „залепија“ соодветно име, „бејби“. Најнапред ќе биде претставен обичниот само со погон на предните тркала, а дури потоа ќе следат електрифицираниот и тој со погон на сите тркала. Треба да го нагласиме следново, ова мало возило со теренски особини, всушност е само „сув“ возило, но никако исклучиво теренско. Според првичните податоци, моделот ќе користи трицилиндричен мотор со зафатнина од 1,5 литри кој веќе се вградува во некои модели. Големите планови на Ленд Ровер заедно со Тата Моторс со новото сув возило треба да почнат во 2021 година за кога е закажано првото прикажување пред светската јавност. На фотографиите е прикажан маскираниот модел кој допрва трбе да излезе пред рефлекторите и фотографските блицеви, а ќе биде сличен со концептот кој беше прикажан во Лос Ангелес во 2012 година наречен „дефендер дц 100 концепт“. Најверојатно Ленд Ровер подготвува конкурент на веќе добро познатиот „сузуки џимни“, некогашниот „самурај“. •


11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


АВТО-МОТО

Премиера: Ferrari SF90 Spider

Кабриолет со мотоспорт гени

ИТАЛИЈАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА МАРКА СО СЕДИШТЕ ВО МОДЕНА ГО ЛАНСИРАШЕ НОВИОТ SF90 SPIDER И ТОЈ ВЕДНАШ ЈА ПРЕЗЕДЕ ТИТУЛАТА НАЈМОЌЕН СЕРИСКИ КАБРИОЛЕТ ВО СВЕТОТ, ОПРЕМЕН СО КОМБИНАЦИЈА ОД БЕНЗИНСКИ АГРЕГАТ V8 И ТРИ ЕЛЕКТРОМОТОРИ ШТО ЗАЕДНО ПРОИЗВЕДУВААТ 1.000 КОЊСКИ СИЛИ.

Н

е треба да изненади дека 18 месеци по премиерата на купе верзијата Ferrari го откри кабрио дериватот на моделот SF90 Stradale, придвижуван со ист страшен погон што испорачува импресивна моќност од 1.000 КС. Тој вклучува можност за возење само на електрична енергија. Како што Stradale беше првиот plug-in хибрид купе на марката, така ова е првото Ferrari „спајдер“ од ваков вид. Изведбата SF90 Spider е опремена со тврд покрив што може да се повлече и работи

12

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

на ист принцип како оној што е вграден во F8 Spider, направен е од алуминиум и тежи 40 кг помалку од вообичаениот покрив од ткаенина. Неговото подигнување или спуштање е процес за кој се потребни само 14 секунди. Иако со 1.670 кг, SF90 Spider е 100 кг потежок од купе изведбата. Осумдесет проценти од зголемувањето на тежината им се припишуваат на покривот на автомобилот, а останатите дваесет проценти се должат на модификациите направени во шасијата

на автомобилот за да му се овозможи на „спајдерот“ да има исто ниво на цврстина како и купето. Измените во конструкцијата не го прават SF90 Spider побавен, со забрзување од 2,5 секунди до 100 км/ч и максимална брзина од 340 км/ч. Тој е еден од најбрзите модели во класата на ексклузивни спортисти без покрив. Јадро на целиот погон е 4-литарскиот агрегат V8 со два турбо полначи, кој е споен со осумбрзински менувач со двојна спојка што ја упатува моќта кон задната оска. Со


АВТО-МОТО

780 КС и 800 Нм вртежен момент овој агрегат испорачува повеќе од доволно сила, но ова не го спречи Ferrari да развие дополнителни два електрични мотора наменети да ја движат предната оска и уште еден за задната. Во комбинација, ова електрично трио произведува дополнителни 220 КС со кои SF90 Spider испорачува комбинирана моќност од околу 1.000 КС. Секако, како и кај секој plug-in хибрид, електричната енергија може да се искористи на повеќе начини. Кога работат предните електромотори што ја придвижуваат само предната оска, автомобилот црпи енергија од батеријата со капацитет од 7,9 kWh што му овозможува радиус на движење од 25 километри само на електричен погон. Втората опција е хибриден режим на работа што во исто време ги користи агрегатот V8 и електромоторот на задната оска, а хибридниот режим со погон на сите четири тркала ги додава електромоторите задолжени за движење на предната оска. Голем дел од фокусот на развојот на SF90’s Spider е насочен кон аеродинамиката на автомобилот. Од клучна важност е системот на задната страна што го контролира нивото на силата на задната оска. Под предниот дел на автомобилот е изграден систем од елементи што се состои од два дела: еден фиксен и еден активен за да се создаде фронтална област со клин форма, реагирајќи на брзината, забрзувањето, аголот на воланот и притисокот врз педалот на сопирачката, негова цел е да управува со силниот притисок во моменти кога и каде што е најпотребно. Инженерите на Ferrari работеле и на управување со протокот на воздух и над кабината на SF90 Spider, а тука главна улога игра централното вдлабување помеѓу возачот и патникот што е задолжено за канализирање на воздухот што минува над главата на возачот и сопатникот. Кабината е идентична со онаа на купето, располага со кластер изведен преку дигитален дисплеј со големина од 16,0 инчи, кој прикажува телеметрија во живо и индикатор за полнење на батеријата, систем head-up и управувач инспириран од мотоспорт со низа контроли чувствителни на допир. 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


АВТО-МОТО

SF90 Spider, како и Stradale, ќе биде достапен со пакетот перформанси Assetto Fiorano. Ваквата едиција поседува изменети амортизери развиени по примерот на тркачките автомобили во класата GT на компанијата, потоа тука е и серијата делови од карбонски влакна и титаниум што ја намалуваат тежината на автомобилот за 21 килограм, вклучително и новиот заден спојлер од карбонски влакна и комплет гуми Michelin Pilot Sport Cup 14

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

2 R со уникатно соединение специјално развиено за овој модел. Дополнително, достапни се и посебни начини на боење на каросеријата што црпат инспирација од богатата натпреварувачка историја на компанијата. Иако во моментов има официјална презентација на моделот, верните клиенти на компанијата што претпремиерно имале можност да добијат „слот“, речиси педесет проценти од своите автомобили ги

опремиле со пакетот Assetto Fiorano што чини дополнителни 43.750 евра. Како и SF90 Stradale, количината на новиот Spider нема да биде ограничена, туку бројот на единици што ќе бидат направени ќе биде ограничен од производните можности на Ferrari за време на предвидениот циклус. Првите испораки до клиентите во Европа се очекува да почнат во втората половина на наредната година по почетна цена повисока од 470.000 евра. • Данчо Здравковски


НОВОСТИ

HYUNDAI KONA ELECTRIC

И ТАА НА „СТРУЈА“ Е ОБНОВЕНА

И

електричната „кона“ доби редизајн, но зошто дури сега, а не во септември заедно со останатите од семејството. Тогаш беше претставен моделот што „чади“, а овој еколошкиот сигурно е многу посебен штом дури сега го гледа светот. Редизајнот вели измени на предниот дел (нов браник и нови лед светла) и на задниот, нови се и алуминиумските тркала, изборот на боите сега е вкупно 10 и секако без тој фамозен екран осетлив на допир со дијагонала од 10,25 инчи не може сето тоа да мине и без да заземе централно место во официјалниот допис при претставувањето на „хјундаи кона електрик“.

Производителот го нуди редизајнираниот електричен модел во две изведби. Основната има 39,2 kWh батерија, 136 коњски сили и со едно полнење изминува 305 километри. Оваа изведба постигнува максимални 155 км/ч. Поснажната изведба располага со 64 киловатна батерија и располага со силина од 204 КС. Батеријата која се полни преку брз полнач до 80 отсто за време од 47 минути, способна е да го снабдува возилото со енергија за изминување на 484 километри и притоа да постигне крајна брзина од 167 км/ч.

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


АВТО-МОТО

ПРЕТСТАВУВАМЕ VOLVO P1800 CYAN

СВЕТЕЦОТ Е ПОВТОРНО МЕЃУ НАС СО 420 КОЊСКИ СИЛИ НА 990 KG, МОДЕРНА ШАСИЈА ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА И ЦЕЛОСНО ПРИЛАГОДЛИВА СУСПЕНЗИЈА „СВЕТЕЦОТ” ПОВТОРНО Е СПРЕМЕН ЗА АКЦИЈА. НО, МЕСТО ДА ГО СПАСУВА СВЕТОТ, НУДИ НЕИЗМЕРЛИВО ЗАДОВОЛСТВО ЗАД ВОЛАН, ПОДЕДНАКВО НА ПАТ И НА ПИСТА.

С

игурни сме дека љубителите на автомобили, посебно оние од постарата генерација, ќе претпостават дека станува збор за главното транспортно средство на јунакот од ТВ серијата „Светецот” која се прикажуваше во 1960-те години со славниот актер Роџер Мур во главна ролја. Се чини дека на Мур, улогата на „Светецот” подеднакво му се залепи како и таа на најславниот таен агент на светот Џејмс Бонд 007. Но, исто како и „Aгентот 007”, и „Светецот” не би бил ништо без неговиот автомобил коj на телевизиските екрани се прослави подеднакво како и неговиот возач. Станува збор за купето Volvo P1800 кое стана заштитен знак на „Светецот”, но и на сите плејбои и џетсетери во тоа време. И не само тогаш. Со внимание скроениот дизајн не му дозволува да замине во автомобилската историја и го прави актуелен дури и денес. Не само како посакуван олдтајмер, туку и како инспирација за нешто побесно, попредизвикувачко и подеднакво посакувано. За тоа беа свесни и инженерите на Cyan Racing, ново име за поранешниот спортски оддел на Volvo кој постои од 1996

16

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

година. Cyan Racing како бренд беше воведен во 2015 година од сопственикот на Volvo, кинескиот гигант Geely. Новиот бренд се прослави во Светскиот куп за сериски модификувани автомобили WTCR каде три години по ред освојува титула. Техничкото умеење и љубовта кон вредните модели од минатото им овозможи, и ги охрабри да се зафатат со создавање на современо издание на култниот P1800. Каков е крајниот резултат на нивните напори следи во редовите подолу. ВРАЌАЊЕ КОН ОСНОВИТЕ Минаа точно 60 години откако оригиналниот Volvo P1800 беше претставен на публиката. Во 1960-та година модерното купе тргна да ги освојува купувачите цела година пред Jaguar E-Type, две години пред Ferrari 250 GTO и три години пред Porsche 911. Иако бил подеднакво пркосен како и оваа легендарна тројка неговото производство запрело, а со тоа запрел и континуитетот кого го има легендарната тројка. Токму овие причини биле појдовна точка за инженерите на Cyan Racing. Едноставно сакале да покажат што ќе

се случело доколку Volvo го продолжел континуитетот на градба на спортски автомобили и каков спортист би бил Р1800 денес. Затоа во ера кога технологијата ги преплавува автомобилите: електрификација, автономно возење, поврзаност со интернет, алатки без кои не се може, Cyan Racing одлучува да се врати кон корените. При создавањето на Volvo P1800 Cyan внимателно е пристапено кон дизајнот и инженерингот, прилагодувајќи ги за во денешни услови, но притоа задржувајќи ги основите. Отфрлено е сè што ја спречува директната поврзаност на возачот со патот и што го изобличува возачкото доживување. Модерниот Р1800 нема контрола на стабилноста, нема ABS, нема серво на волан, па ниту серво на сопирачки. ДА СЕ СОЧУВА КАРАКТЕРОТ Volvo P1800 Cyan го започнува животот како оригинал Volvo P1800 од 1964 година на чија шасија се направени соодветни модификации за да се добие крутост потребна за напрегањата кои го очекува-


АВТО-МОТО

ат автомобилот на писта. Да се вметне модерна технологија без да се загуби карактерот на оригиналниот Р1800 воопшто не била лесна задача. Факт е дека автомобилите од 1960-те години имаат многу слаби точки и се направени од челик со послаб квалитет кој е подложен на свиткување. Затоа било потребно да се зацврстат слабите точки со цевки и профили од високолегиран челик кон кого е интегрирана каросеријата од карбонски влакна и заштитен кафез од титаниум, со што е добиена шасија со уште поголема структурна крутост. Така е создадена основа за прецизно и интуитивно возачко доживување. Бидејќи каросеријата е целосно израбо-

нема двојби за кого станува збор.

тена од карбонски влакна направени се одредени измени во интерес на балансот и возната динамика. Како на пример зголемена ширина за поширока трага на тркалата, и отвори за да се постават поголеми тркала. Благо е поместена и кабината со цел постигнување подобар баланс меѓу оските. Сепак, дизајнерите се помачиле да го сочуваат карактерот, па така кога ќе се фрли поглед на P1800 Cyan

способен да истурка 420 КС при 7000 min1 и 455 Nm при 6000 min-1, додека електрониката го ограничува максималниот број на вртежи на 7.700 во минута. Иако моторот има турбо полнач создаден е линерано да ја испорачува моќноста и вртежниот момент како кај атмосферски мотор. Bез силни удари на моќност кои делуваат неприродно, посебно кога се вози на писта. Моторот е конструиран за

ДОНЕСЕН ДИРЕКТНО ОД ТРКА Користењето на високолегиран челик во комбинација со карбонски влакна за шасијата и каросеријата допринело тежината на P1800 Cyan да застане на 990 kg. Доволно ниска тежина за постигнување на брутални перформанси поттикнати од навиениот четирицилиндарец донесен директно од трка. Моторот кој надолжно е поставен под хаубата на P1800 Cyan, и ги задвижува задните тркала, е дериват на истиот мотор кој во тркачкиот автомобил Volvo S60 TCI на Cyan Racing му донесе Светската титула во WTCR. Станува збор за 2.0 литарец со турбо натполнење кој е

високи вртежи, со вртежен момент кој е интуитивно линеарен со притискањето на педалот за гас. Сето ова води корени од трка каде возачите сакаат да имаат совршена контрола над вртежниот момент. Така се зголемува прецизноста при водење низ свијоци, а со прецизноста и возачкото задоволство. МЕК НА ПАТ, БЕСЕН НА ПИСТА Вртежниот момент од моќниот дволитарец се пренесува кон задната оска преку петстепен менувач на специјалистот Holinger и карданско вратило од карбонски влакна. Изборот на петстепен менувач паднал намерно за буквално да се доживее механичкото чувство кое го

пружал оригиналниот Р1800, но со далеку подобра прецизност при менување и можност за менување на преносните односи зависно од пистата каде се вози. За таа намена целосно е преработена и задната суспензија. Исфрлена е крутата оска на оригиналот и воведено е независно потпирање и диференцијал со ограничено пролизгување со можност за менување на крајниот преносен однос завис11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


АВТО-МОТО

но од потребите. На овој начин направен е успешен микс од врвни перформанси на патека со цивилизирано однесување на пат при секојдневно користење. ШАСИЈА ЗА ЧИСТО ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ Комплетно прилагодливата суспензија, и напред и назад, користи компоненти од лесни метали. Тука се двојните водилки од алуминиумска легура и двонасочните амортизери со хидраулика специјално

18

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

направена од инженерите на Cyan, и со можност за поддесување на компресијата и истегнувањето. Навалувањето на каросеријата го контролираат тубуларните стабилизатори од кои задниот дозволува местење на крутоста во зависност од афинитетите на возачот и патеката каде вози. Се менува дури и соодносот на преносот кај управувањето со што дополнително се влијае на прецизноста при водење низ свијоци. Едноставно Р1800 Cyan како мисла сврту-

ва таму каде што ќе го насочи возачот. Со него може брутално да се влезе во свијок, а сепак да се пронајде апексот и излезот од свијок во рамки на милиметри. Високото ниво на тракција и прецизност во комбинација со брзиот одзив на управувањето се должи и на контактот со подлогата за кого се задолжени гумите на Pirelli, P Zero, со димензии 245/40 напред и 265/35 назад. Гумите се поставени на ковани бандажи од лесен метал со дијаметар од 18 инчи и централна навртка, како што доликува на спортист. Контролата врз брзината ја превземаат челичните вентилирани и бушени дискови од 362х32 mm напред и 330х25,4 mm назад. Нив ги зафаќаат четириклипни сопирачки клешти кои ги испорачува AP Racing. Бидејќи не е тркач, туку автомобил наменет за уживање, инженерите ја дотерале шасијата не да постигнува најдобро време по круг, туку да испорача задоволство и возбуда при возење. Секако сето ова има соодветна цена за која во Cyan Racing велат дека се формира според индивидуалните спецификации на клиентот. Па кој милува нека повели.

• Љубомир Атанасовски


ЗНАМ КОГА СУМ СИГУРЕН

www.insumak.mk

Несреќен случај (незгода)

Каско-осигурување на моторни возила

Домаќинство

Пожар и некои други опасности

Провална кражба и разбојништво

Машини, инсталации и апарати

Пакет за деловни субјекти

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


АМСМ

ОВА Е МОЈА УЛИЦА!

ДА ИЗГРАДИМЕ ПОДОБАР СВЕТ ЗА СИТЕ СЕКОЈА ГОДИНА, ПРИБЛИЖНО 250.000 ДЕЦА И МЛАДИ ЛУЃЕ СЕ ЖРТВИ НА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ. СЛИЧЕН БРОЈ УМИРААТ И КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЕФЕКТИТЕ ОД УРБАНОТО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ, ЗА ШТО СООБРАЌАЈОТ Е ЗНАЧАЕН ФАКТОР. СООБРАЌАЈОТ НА ГЛОБАЛНО НИВО Е ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА СМРТ НА ДЕЦА НАД ПЕТГОДИШНА ВОЗРАСТ И АДОЛЕСЦЕНТИ.

С

екој изгубен живот е трагедија која може да се спречи. Новите генерации бараат акција. Акција за справување со ризиците на патиштата и загадувањето на воздухот. Акција за дизајнирање на градови за живеење. КОВИД-19 го трансформираше светот, но среде пандемијата имаме шанса да ја направиме иднината подобра. Пандемијата го насочи политичкото внимание кон потребата за безбедни и здрави улици;

20

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

за споделување патишта меѓу различни групи учесници во сообраќајот; поттикнување на пешачењето и возењето велосипед; за безбедноста на младите на патот до училиште и факултет. Можеме да влијаеме на начинот на кој се дизајнираат и користат улиците, за да ги заштитиме децата, младите и да го намалиме загадувањето.


АМСМ

МАНИФЕСТ 2030

Со поддршка на оваа кампања, давате поддршка на „Манифестот 2030“ за транформирање на нашите улици: Секое дете и адолесцент очекува безбеден пат до училиште; На улиците на кои децата се главни учесници во сообраќајот најголема дозволена брзина е 30км/ч; Секоја урбана улица има функционална пешачка патека и безбедни пешачки премини;

Секој град има амбициозни цели за заштита на велосипедските патеки; и Светски самит за адолесценти заради приоритет на акцијата за адолесцентно здравје и права. Ова е моја улица! Во овој критичен момент, да не ја трошиме оваа шанса да изградиме подобар свет за сите. Да почнеме со улиците. Поддржете го Манифестот и кампањата на тука. Повеќе информации за кампањата можете да прочитате на www.mystreet.org

АМСМ

АМСМ е единствена членка на FIA (Светската автомобилистичка федерација) од земјава и е одговорна за локална реализација на сите глобални кампањи иницирани од FIA. АМСМ подготви и едукативно видео кое ќе ги мотивира сите учесници во сообраќајот да размислат и да започнат со менување на сообраќајната култура и да се спаси еден живот повеќе: h t t p s : // w w w.y o u t u b e.c o m / watch?v=YeTQh64bA44

• Росана Петреска

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


АМСМ

FIA

МУЛТИКОПТЕРИ ВО СЛУЖБА НА СПАСУВАЊЕ МУЛТИКОПТЕРИТЕ СЕ НОВИ АВИОНИ СО ВЕРТИКАЛНО ПОЛЕТУВАЊЕ, СО ПОВЕЌЕ РОТОРИ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН, ДОСЕГА РАЗВИЕНИ КАКО ЛЕТАЧКИ ТАКСИ ВО ЦИВИЛНИОТ СЕКТОР. СЕПАК, ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ИСТРАЖУВАЊЕ, СЕГА ТЕОРЕТСКИ МОЖЕ ДА СЕ ДОКАЖЕ ТАКТИЧКАТА ПРЕДНОСТ НА МУЛТИКОПТЕРИТЕ ВО СЛУЖБАТА ЗА СПАСУВАЊЕ.

В

о 2018 година ADAC Luftrettung, 100% подружница на Фондацијата ADAC посветена на воздушно спасување, ја започна првата светска студија за изводливост за употреба на мултикоптери со екипаж во спасувачките служби. Сега се објавени резултатите од студијата и се потврди дека спасувањето од воздух со мултикоптери со екипаж е можно, разумно и ја подобрува итната медицинска помош. Мултикоптерот не е наменет експресно да го замени спасувачкиот хеликоптер, туку да ја дополни брзата помош од воздух. Екипажот се состои од пилот и лекар за итни случаи, при што пилотот треба да го поддржува лекарот и затоа има потреба од итна медицинска обука. Првично не е планиран превоз на пациенти. Со соодветни мултикоптери, лекарите за итни случаи не само што можат да бидат на самото место и побрзи туку и да достиг-

22

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

нат значително повеќе пациенти во поголема зона за спасување. Работата на лекарот ќе биде поефикасна и мултикоптерот станува соодветно средство во борбата против недостигот на лекари во итни ситуации на многу места. По доставувањето на студијата треба да почне спроведувањето на оперативните тестови. Пилот-проектите се планираат од 2023 година во партнерство со компанијата „Волокоптер“, а ќе се спроведуваат во Баварија и во Рајнска област Пфалц. Дотогаш дополнителни тест - технички летови ќе се реализираат на нејавни места за истражување на компанијата „Волокоптер“, каде што ќе се тестираат авионите со екипаж за посебни услови во службата за спасување од воздух. Ова вклучува полетувања и слетувања на падините, при слаба видливост, во темница или во зима. • Фросина Ангеловска-Ивановиќ


11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


ПОБАРАЈТЕ ТЕКОВНА СОСТОЈБА ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА Отсега само во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје во Центар и во Чаир може да извадите тековна состојба за правни лица што е потребна при регистрација на службени возила. Со ова постапката за регистрација на службени возила е поедноставена, побрза и во согласност со потребите на нашите бизнис-корисници. Повеќе информации за услугите на тел. 02/3181-181.

ПОПУСТ НА КОМПЈУТЕРСКА ДИЈАГНОСТИКА ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ Нашите членови секогаш добиваат повеќе, па така е и со услугите на техничко-дијагностичкиот центар за возила на АМСМ, кој според обемот на своите активности е прв комплетен центар за техничка дијагностика на возила во земјата. Една од услугите на техничко-дијагностичкиот центар, компјутерска дијагностика на електронските уреди во возилата, е гаранција дека сервисот на вашето возило е според највисоки и најсовремени стандарди. Редовните компјутерски дијагностички тестови може да откријат проблеми со вашето моторно возило пред да станат скапи поправки или, уште полошо, да бидат причина за дефект. Современите дијагностички уреди со кои располага центарот овозможуваат преку компјутерско поврзување со вашето возило од кој било бренд и модел, да ги уочиме „грешките“ и да ги дијагностицираме причините за нивната појава. На овој начин компјутерската дијагностика сериозно придонесува за вашата безбедност на пат. Искористете го попустот од 20% што го добивате како наши членови и закажете бесплатна компјутерска дијагностика на вашето возило. АМСМ техничко-дијагностичкиот центар е лоциран во рамките на објектот на АМСМ во Скопје – Центар. Повеќе информации за услугите на тел. 02/3181-181.

24

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Тест на зимски гуми 2020

Внимание, опасност од лизгање Н

ЕОЧЕКУВАНОТО ЧЕСТО СЕ СЛУЧУВА – особено се однесува на зимата и на нејзините непредвидливи временски услови. Иако во последните години на многу места немаше студена сезона, секогаш мора да се земе предвид дека ќе има снег. Па дури и ако патот не е бел, зимските пневматици во споредба со летните овозможуваат подобро прилепување при ниски температури, особено на влажни коловози. Први ноември (во Република Северна Македонија 15 ноември) е ден кога во сила стапува „обврската за зимска опрема во зависност од ситуацијата“ (да, токму така стои во Законот за патен сообраќај). Тоа значи дека при зимски услови за возење –

Добро опремени во пресрет на зимата: нашиот тест за зимски пневматици во две димензии ги покажува силните и слабите страни на актуелните модели на пневматици. од Гинтер Рауекер

ова, исто така, вклучува и утринска голомразица – дозволено е да се биде на пат само со зимски гуми. Нивна алтернатива (што и не се препорачува) се синџири за снег на летни пневматици. Во секој случај, за зимските пневматици не е доволно да ги имаат буквите m + s или симболот на снегулката на страничниот дел од гумата. Ако длабочината на профилот е помала од четири милиметри, тогаш пневматикот повеќе не се смета за зимски. Патем, двата симбола имаат различни објаснувања: за симболот m + s нема пропишано посебни карактеристики и тој едноставно е доделен од производителот на

пневматици, за снегулката мора да се докаже минимална соодветност за во зима. Ова се одредува со споредување со даден референтен пневматик. Уште еден поглед отстрана: И во Германија постои обврска за зимски пневматици, но таа не важи само за одреден временски период (во Австрија од 1 ноември до 15 април), туку секогаш кога постојат зимски услови за возење. И бидете внимателни, во Германија зимскиот пневматик (со преоден период), мора да биде обележан со снегулка, не е доволно само m + s. Ако често возите сопствено возило во Германија, кога купувате пневматици обрнете внимание и на овој детаљ. 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Димензија 205/55 R16 за компактната и за подолната средна класа Класичен пример за оваа големина на возилото е VW Golf. Затоа ова возило служеше како тест-возило за тестот на ÖAMTC и за неговите европски партнерски клубови. Од 15 тестирани модели, најмалку пет успеаја да ја добијат оценката на ÖAMTC „многу препорачливи“. На врвот на тест-листата се најде Bridgestone, кој убедливо води на влажни коловози, но покажува и највисоко ниво на абење. Ова е помалку релевантно за возачите што ретко се на пат, па затоа за нив претставува добар избор.

Возачите што често се на пат треба да обрнат внимание: од пневматици што се „многу препорачливи“, Michelin ја постигна највисоката предвидена километража со околу 43.000 километри. Добри резултати како Michelin постигнаа и Dunlop и Hankook во врвната група на суви коловози, но може да се соодветни и на влажни или на коловози завеани со снег. Maxxis постигна добри оценки на снег и на тестот за абење. „Препорачливите“ модели покажуваат постојано мали недостатоци на суви коловози, Falken дополнително не е многу успешен на снег, а Sava и Giti при влажни коловози.

Semperit се „условно препорачливи“. Неговите недостатоци се преголеми на суви коловози. Штета бидејќи Semperit се убедливи на влажни коловози. На снег се меѓу првите три на тестот. Оваа година на тестот за зимски пневматици со King Meiler беше претставен целосно вулканизиран пневматик. Вулканизиран значи дека шарата на употребениот пневматик е целосно отстранета и потоа на преостанатата структура со помош на посебен процес се става нова шара со летен или зимски профил. Еколошкиот аспект и поволната цена зборуваат во корист на купувањето вулканизиран

Тест на зимски пневматици 2020: Димензија 205/55 R16 91H за компактни возила и за подолната средна класа

Bridgestone Blizzak LM005

Michelin Alpin 6

Dunlop Winter Sport 5

Hankook i*cept RS2

Maxxis Premitra Snow WP6

Falken Eurowinter HS01

Continental WinterContact TS860

Goodyear UltraGrip 9+

Sava Eskimo HP2

C/A/71

C/B/69

C/B/69

E/B/72

E/B/70

C/A/67

E/B/70

C/B/71

C/C/71

сув терен 15%

2,1

2,5

2,5

2,5

2,0

2,9

3,0

3,0

3,1

влажност 30%

1,3

2,0

2,3

2,0

2,3

2,3

1,8

2,0

3,1

снег 20%

2,1

2,1

2,0

2,1

2,5

2,7

2,0

1,8

2,5

мраз 10%

2,4

2,2

2,3

2,4

2,3

2,4

2,2

2,5

2,3

звук 5%

2,9

2,6

3,0

3,2

2,5

3,0

2,5

2,8

3,0

потрошувачка на гориво 10%

2,0

2,1

1,8

1,9

2,2

2,4

2,2

1,9

1,9

абење 10%

2,5

1,5

1,5

2,0

2,5

2,0

2,5

2,5

2,0

Вкупна оцена 100%

2,0

2,1

2,2

2,2

2,4

2,9

3,0

3,0

3,1

Евалуација на критериуми Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук

Препорака на ÖAMTC

**** (+) најдобри при влажност, добри на сув коловоз и на снег

****

****

(+) многу добри при абење, добри на сув коловоз при влажност и на снег

(+) најниска потрошувачка, многу добри при абење, добри на сув коловоз, при влажност и на снег

**** (+) многу добри во потрошувачка, добри на сув коловоз, при влажност и на снег

****

***

(+) најдобри на сув коловоз, добри при влажност и на снег

(+) добри при влажност (-) мали недостатоци на сув коловоз и на снег

*** (+) многу добри при влажност, добри на снег (-) недостатоци на сув коловоз

*** (+) најдобри при влажност, добри на сув коловоз и на снег (-) недостатоци на сув коловоз

*** (+) многу добри при абење, добри на сув коловоз при влажност и на снег (-) недостатоци на сув коловоз

Тест на зимски пневматици 2020: Димензија 235/55 R17 91H за СУВ-возила и комбиња

Michelin Pilot Alpin 5

Esa+Tecar Supergrip Pro

Goodyear UltraGrip Performance +

Dunlop Winter Sport 5 SUV

Vredestein Wintrac Pro

Nokian WR Snowproof*)

Bridgestone Blizzak LM005

Kleber Krisalp HP3

Pirelli Winter Sottozero 3

C/B/68

C/C/72

C/C/71

C/B/69

C/B/72

C/B/69

B/A/72

C/B/69

C/B/72

сув терен 15%

1,9

2,7

2,7

2,2

2,2

2,5

3,0

3,0

3,0

влажност 30%

2,3

2,6

2,2

2,5

2,3

2,9

1,5

2,4

2,3

снег 20%

1,8

2,2

2,3

2,8

2,8

2,5

2,2

2,0

2,6

мраз 10%

2,4

2,3

2,4

2,5

2,4

2,7

2,4

2,4

2,7

звук 5%

3,0

3,5

2,9

3,3

3,2

2,7

3,0

2,9

3,4

потрошувачка на гориво 10%

2,1

2,3

1,8

2,2

2,1

2,1

1,8

2,0

2,3

абење 10%

1,5

0,8

1,5

1,5

2,0

2,0

2,0

2,5

2,5

Вкупна оцена 100%

2,1

2.7

2,7

2,8

2,8

2,9

3,0

3,0

3,0

Евалуација на критериуми Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук

Препорака на ÖAMTC

****

(+) најдобри при влажност, добри на сув коловоз и на снег

***

***

(+) многу добри при абење, добри на сув коловоз при влажност и на снег (-) мали недостатоци на сув

(+) најниска потрошувачка, многу добри при абење, добри на сув коловоз, при влажност и на снег (-) мали недостатоци на

коловоз и влажност

сув коловоз

26

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

*** (+) многу добри во потрошувачка, добри на сув коловоз, при влажност и на снег (-) мали недостатоци на снег

***

***

(+) најдобри на сув коловоз, добри при влажност и на снег (-) мали недостатоци на снег

(+) добри при влажност (-) мали недостатоци на сув коловоз и на снег

*** (+) многу добри при влажност, добри на снег (-) недостатоци на сув коловоз

***

***

(+) добри при влажност и на снег

(+) добри на сув коловоз и при влажност (-) слабости при абење


TEСТОВИ И СОВЕТИ

*****

****

***

**

*

Сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење

0,6-1,5

1,6-2,5

2,6-3,5

3,6-4,5

4,6-5,5

Вкупна оценка

0,6-1,5

1,6-2,5

2,6-3,5

3,6-4,5

4,6-5,5

Типични претставници на тестираните димензии: VW Golf (лево) и Ford Kuga.

пневматик. Сепак, нема препорака за King Meiler. Фридрих Епел, експерт за гуми на ÖAMTC, вели: „Пневматикот е многу слаб при влажни услови и не може да се покаже ниту на суви коловози. Тоа е штета бидејќи одлич-

ните вредности на абење зборуваат во прилог на овој модел од гледна точка на одржливост.“ Од почетокот на годинава King Meiler се произведува со нова мешавина на шарите, но пробниот пневматик беше произведен во

Toyo Observe S944

Pirelli Cinturato Winter

Giti GitiWinter W1

Semperit SpeedGrip 3

King-Meiler Winter Tact WT81

Tristar Snowpower HP

E/B/69

E/B/66

E/B/70

C/B/72

C/B/71

C/C/70

3,2

3,3

3,4

3,7

3,7

2,2

2,5

2,2

3,3

2,1

5,4

5,5

2,3

1,8

2,0

1,9

2,9

4,3

2,1

2,2

2,3

2,4

2,5

2,5

2,5

2,5

3,0

2,5

3,4

2,9

1,9

2,2

2,1

2,0

2,1

2,0

2,5

2,5

2,0

2,5

1,0

2,5

3,2

3,3

3,4

3,7

5,4

5,5

*** (+) најниска потрошувачка, многу добри при абење, добри на сув коловоз, при влажност и на снег

*** (+) многу добри во потрошувачка, добри на сув коловоз, при влажност и на снег

*** (+) најдобри на сув коловоз, добри при влажност и на снег

** (+) добри при влажност (-) мали недостатоци на сув коловоз и на снег

* (+) многу добри при влажност, добри на снег (-) недостатоци на сув коловоз

* (+) најдобра оцена при абење, добри при влажност (-) лесни слабости на сув коловоз

Индекс на брзина: H: до 210 км на час, V: до 240 км на час Индекс на оптоварување: 91 = 615 кг, 103 = 875 кг

Cooper Discoverer Winter

Fulda Kristall Control SUV

Continental WinterContact TS850P

Semperit Speed-Grip 3 SUV

C/C/69

C/C/70

C/C/72

E/C/72

3,1

3,1

3,4

3,9

3,1

3,1

1,9

2,7

2,2

2,6

2,7

2,6

2,4

2,4

2,5

2,3

3,0

2,6

3,1

3,1

1,9

2,0

2,1

1,9

2,5

2,0

1,5

0,8

3,1

3,1

3,4

3,9

***

***

***

(+) добри на сув коловоз и при влажност (-)слабости при абење

(+)најдобри на сув коловоз, мн.добри при влажност (-) слабости при абење, лесни слабости при потрошувачка

(+) добри на сув коловоз (-) слабости при абење, лесни слабости при влажност

Препорака на ÖAMTC: Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оценка што се пресметува од евалуацијата на поединечните критериуми. Доколку некој модел врз основа на неговите оценки за критериумите сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење не е веќе „многу препорачлив“ (оценка помала од 2,5), тогаш како вкупна оценка се зема најмалата оценка од наведените испитувања. При иста оценка, редоследот е азбучен според називот на производителот. Учество на критериуми: Сув терен 15% (однесување при возење 40%, безбедност при возење 40%, сопирање 20%), влажност 30% (сопирање 30%, аквапланинг надолжно 20%/, аквапланинг попречно 10%, управување 30%, странично водење 10%), снег 20% (сопирање 40%, тргнување 20%, управување 40%), мраз 10% (сопирање 60%, странично водење 40%), звук 5% (надворешен звук 50%, внатрешен звук 50%), потрошувачка на гориво 10%, абење 10%.

Препорака на ÖAMTC

*** = препорачливи ***** = извонредни **** = многу препорачливи ** = условно препорачливи * = непрепорачливи

2019 година. Tristar, исто така, е „непрепорачлив“. Особено е разочарувачки на влажни коловози, но дури ни на снег не го постигнува тоа што би го очекувале од зимски пневматик. Димензија 235/55 R17 за SUV-возила од средна класа и комбиња Зимските пневматици се задолжителни, особено за SUV-возила со четири погонски тркала. Нагоре по планината, на снежни коловози, погонот на сите тркала ги обелува недостатоците на пневматици, но најдоцна (а често и нешто порано) при возење по удолница почнува лизгањето. Дури и пневматиците за сите сезони со симболот m + ѕ не може да се докажат во зимски услови, како што покажа тестот со иста големина на пневматици во септемвриското издание на Аuto Touring. Меѓу тестираните 13 зимски пневматици, особено Michelin беше убедлив и постигна оценка „многу препорачливи“. Тој е единствен модел што успеа да добие многу добар, па дури и одличен рејтинг според сите главни критериуми. Тест-автомобилот, Ford Kuga, може прецизно да се управува по суви коловози и нуди добри безбедносни граници, дури и ако дојде до сложен маневар на избегнување. Дури и на влажни коловози е особено убедлив при управување, но изгуби поени при аквапланинг на свијоци. Тој триумфираше на снег и со тоа си го обезбеди најдобриот резултат од сите тестирани кандидати. Единаесет модели добија оценка „препорач-

** (+) мн.добри при потрошувачка, добри на сув коловоз (-) слабости при влажност

Превземено од OAMTC 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


TEСТОВИ И СОВЕТИ

ливи“ и грубо може да се поделат во три групи. Goodyear, Kleber и Bridgestone се девалвираат поради малите недостатоци на суви коловози и помалку можат да ги воодушеват чувствителните возачи што често се на суви автопатишта, дури и ако можат да убедат во сите други главни категории. Goodyear и Kleber даваат добри резултати на влажни и на снежни коловози, а Bridgestone импресионира на влажни коловози и со тоа си обезбеди најдобар резултат од сите тестирани гуми. Втората група „препорачливи“ пневматици е идеална за региони со помалку снег: Dunlop и Vredestein покажуваат добри резултати на

28

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

суви и на влажни патишта, но на снег послабо се контролираат и не можат оптимално да ги комбинираат влечењето и контролата на правецот. Во третата група се наоѓаат шест модели на пневматици што покажуваат мали недостатоци во најмалку два главни критериума: Esa+Tecar и Cooper на суви и на влажни коловози, Nokian на влажни и на мраз, Continental не може да постигне ниедна препорачлива оценка на суво и на снег. Pirelli лесно ослабува на суви коловози, на снег и на мраз, Fulda на суви, на влажни коловози и на снег. Моделите од оваа трета група, може да бидат задоволителна варијанта, но треба да

се прифатат некои помали недостатоци во неколку главни критериуми. Во димензијата на SUV Semperit е само „условно препорачлив“. Експертот за пневматици Епел објаснува: „Малите недостатоци би биле доволни за оценката ‘препорачливи’ на влажни коловози и на снег. Но моделот покажува поголеми недостатоци на суви коловози, кои го ставија на место на крајот на табелата.“ Повеќе не помага дури ни врвната вредност при абење. Повеќе информации на www.oeamtc.at/tests


• Сакам да го регистрирам автомобилот во вашата станица за технички преглед. Дали може регистрацијата да ја платам на рати и на колку? Поздрав, Светломира АМСМ: Само во случај ако плаќате со картичка достапна е можноста за плаќање на рати, т.е. банката ви го дели износот на рати. • Во текот на минатата недела нa градските улици ми падна едната табличка од автомобилот. Што треба да направам за да добијам две регистарски таблички? Благодарам, Радмила АМСМ: Кога едната табличка не е оригинална тогаш не е валидна и другата. Потребно е да дојдете во АМСМ Станица за технички преглед, каде што ќе ви се изготват следниве барања: 1. барање за промена на таблички 260 денари; 2. уплатница од 1.400 денари (на сметка на МВР) за нови таблички; 3. 150 денари на шалтерот на МВР. Со ова е комплетирана процедурата за новите таблички што ќе бидат поставени во нашата станица и новата сообраќајна дозвола.

• Ми треба информација кои мотоцикли се регистрираат еднократно, а кои секоја година (како автомобилите) и кои се цените за: 50цц; 125цц; 250цц. Дали во условите за регистрација влегува како параметар и брзината што може да ја развие моторот/скутерот или само кубиците? Поздрав, Ратко АМСМ: Мотоциклите што се во групата до 50 ццм3 се регистрираат само еднаш и регистрацијата трае сè додека мотоциклот е ваша сопственост, но при продажба новиот сопственик е должен повторно да го регистрира. Мотоциклите со над 50 ццм3 се регистрираат секоја година. Во условите за регистрација како параметар влегува кубиците на мотоциклот. Сегашните цени за регистрација се: 50 ццм3 – 1.545,50 ден, 125 ццм3 – 1.565,50 ден, 250 ццм3 – 1.676,50 ден.

• Ме интересира што значи кратенката ЕМБГ и полиса АО. Поздрав, Ксенија АМСМ: ЕМБГ значи единствен матичен број на граѓанинот. Полиса АО (автомобилска одговорност) значи осигурување на возилото и со неа се покриваат штетите предизвикани спрема трети лица во сообраќајот. Тоа значи дека ако со Вашето возило предизвикате штета, Вашата полиса АО ќе ја надомести штетата на тоа возило. Оштетувањето на Вашето возило може да се покрие со Полиса за каско осигурување доколку е каско осигурено. За да ја добиете цената за полисата АО потребно е да ни пратите податоци за возилото, а може и скенирана сообраќајна дозвола. Во сите осигурителни компании цената е иста. • Кои документи се потребни за пренос на сопственост на возило од родител на дете. Ме интересира и дали се плаќа данокот на промет и дали сето тоа може да се заврши во АМСМ? Благодарам, Бојан АМСМ: За промена на сопственост е потребен договор за подарок или купопродажен договор, двата договора не подлежат на данок. Потребно е договорот да биде заверен на нотар. Откако ќе го заверите договорот, треба да дојдете во АМСМ СТП Центар или Чаир и да ви се изготват следниве документи: листа за промена на сопственост што чини 150 денари, добивате уплатница за таксени марки од 60 денари, уплатница за сообраќајна дозвола од 200 денари и 150 денари во готово за изработка на сообраќајна дозвола. Со овие документи лично новиот сопственик со важечка лична карта добива сообраќајна дозвола на свое име.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедни на пат

ЕСЕН, СУВИ ЛИСЈА, ДОЖД И АСФАЛТ П

очетокот на студениот период од годината со себе носи многу сув материјал, главно, од растителниот свет. Како што заладува, така вегетацијата венее, се суши и се распаѓа. Дел од тој материјал, најмногу суви лисја, доаѓа и до асфалтните површини. Сето тоа заедно со правта што кај нас ја има во изобилие, прават една „убава“ прекривка. Мешавината од прав и суви лисја и друг сув материјал од природно потекло претставува одреден вид препрека за движење на моторните возила. Ако тој материјал прими влага преку маглата, ниската облачност или ако заврне, тогаш добиваме лизгави коловози. Прекриениот асфалт со споменатиот материјал не дозволува пневматиците од моторните возила да имаат директен контакт со подлогата – асфалтот. Губењето контакт со асфалтот придонесува за неконтролирано движење на возилата. „Лек“ за оваа ситуација е намалување на брзината и внимателно возење. Почнавме со сувиот материјал што ги прекрива улиците и патиштата, а продолжуваме со есенските дождови, појава што, исто така, негативно влијае врз безбедноста во сообраќајот. Влажниот асфалт е втора причина да се вози со помала брзина и крајно внимателно затоа што се лизгави сите површини прекриени со вода. Сушењето на асфалтот оди многу побавно поради ниските температури, така што влагата е присутна во подолг временски период, со денови. Да кажеме асфалтот е веќе сув и сега возењето е многу побезбедно, но тоа не е причина да возите олабавено. Во природата има места каде што движењата на воздушните маси се намалени и каде што дневната светлина, односно сонцето е присутно многу краток период од денот или воопшто го нема. Токму таму влагата се задржува подолго време. Ако на тие места е присутен асфалтот, тогаш тој задолжително ќе биде влажен, а тоа не е

30

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ПНЕВМАТИЦИТЕ ОСТВАРУВААТ НАЈДОБАР КОНТАКТ СО АСФАЛТОТ КОГА И ЕДНАТА И ДРУГАТА ПОВРШИНА СЕ ЧИСТИ. ТАКВИ МИГОВИ ИМА, НО ТОА СЕ САМО МИГОВИ, А НАМ ПОСТОЈАНО НИ СЕ ПОТРЕБНИ ДОБРИ УСЛОВИ ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ. АКО Е ТАКА, ТОГАШ ТАА БЕЗБЕДНОСТ МОРА ДА ЈА СОЗДАДЕМЕ СО ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ И НАМАЛЕНА БРЗИНА. добро. Замислете возите по сув асфалт, времето сончево и во наредниот свијок изненадување, одеднаш патот е влажен. Тоа е осојница и при влегување во такви места со поголема брзина нештата може да бидат придружени со несакани последици, но и со катастрофални. Осојници најчесто се сретнуваат во планинските предели и поретко на други места. Кога влегувате во автомобил, сите проблеми се зад вас и вашето внимание е концентрирано исклучително на возењето. Ако вие сте концентрирани и внимателни, возењето по влажен коловоз нема да претставува никаков проблем, но во случај на олабавеност и невнимание можни се сите сценарија. Влажниот коловоз може да биде уште поопасен доколку температурите се ниски, а во такви услови водата од течна минува во друга агрегатна

состојба, односно мраз. При добри временски услови со ведро небо и многу сонце, но со ниски температури, осојниците се претвораат во спуст патеки најпогодни за скијачите, а не за автомобилите, возачите и патниците. Можеби патната сигнализација покажува максимално дозволена брзина е 80 км/ч, но тоа не значи дека вие секогаш треба да возите точно со 80 км/ч. Условите на патот ја диктираат безбедната брзина. На места каде што условите на патот не се оптимални потребно е да ја намалите брзината, а тоа да го направите и при влегување во свијоци. Тие услови на патот во планинските предели не се секојпат оптимални. Дури и среде лето планинските патишта кријат многу непредвидливи ситуации, особено кога е во прашање влажноста. Патот во близина на извори, поточиња и потоци „знае“ да биде влажен и затоа


TEСТОВИ И СОВЕТИ

од возачите се бара да бидат присутни со умот, а не да сонуваат будни и да се караат во себе со мислите и со проблемите од секојдневјето. Вашиот автомобил, колку и да е подготвен за секакви предизвици, сепак науката не отишла дотаму да измисли пневматик што успешно воспоставува контакт со асфалтот и кога е прекриен со вода или прав и суви лисја. Имајте го предвид овој детаљ затоа што вие, возачите, сте најодговорни за новонастанатите ситуации во кои најчесто вашето возило излетува од патот и тоа поради возење со поголема брзина на влажен или подмрзнат коловоз. Ништо не менува тоа дали ќе пристигнете 20 минути порано или 20 минути подоцна, но затоа менува многу нешта ако возите брзо на валкан асфалт. Во тие мигови преземате голем ризик да се најдете во некој ендек или нива крај патот. За да бидете сигурни дека влажниот коловоз е навистина лизгав, може многу едноставно да

проверите. Обидете се да одите со побрз чекор на влажен тротоар прекриен со лисја. Плоштадите ни се прекриени со убаво измазнети плочки, потрчајте малку кога ќе почне да врне. Влажниот асфалт е понесигурен ако возите со поголема брзина, но што ќе се случи ако наидете на замрзнато место? Мостовите се најризични места, исто како осојниците. Поради постојаното струење на воздухот, влагата на асфалтот многу лесно може да се претвори во мраз, особено кога температурите се ниски. Штом се приближувате до мост, намалете ја брзината и возете внимателно. Таквиот начин на возење го намалува ризикот од извртување, неконтролирано движење и излизгување од патот. Покрај внимателното возење и приспособувањето на брзината според условите на патот, има уште еден детаљ од суштинско значење, а тоа е да не се садат дрвја во близина на пат, но ако веќе треба да бидат засадени, тогаш треба да се на соодветно растојание од патот, со цел нивните суви листови

да не паѓаат на асфалтот. Секако дека патиштата мора да бидат направени со соодветен пад и со странични бразди, за да може водата побрзо да истекува од асфалтот заедно со правта и материјалот. И уште едно – без оглед на годишното време, возете побавно кога ќе почне да врне. Во првите минути асфалтот сè уште не е измиен, односно правта заедно со првите капки дожд формираат супер лизгава подлога. Особено внимавајте на ситниот дожд бидејќи тој не е во состојба да го измие асфалтот од нечистотии, туку заедно со правта, сувиот материјал и сувите лисја учествува во создавањето на таа супер лизгава подлога. А кога зборуваме за снежната покривка, тогаш зимските пневматици ќе ви бидат од голема помош, но понесете и синџири и една мала вреќичка со песок за да ви се најдат ако случајно заглавите.

• Жарко Атанасоски

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

32

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


CLASSIC

EUROPE PREMIUM

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


СТИЛ

Закон за привлечност

ДА СЕ ДОБИЕ Ч

овекот е тоа што го мисли. Сето тоа што е некој денес, претходно го видел - замислил - визуализирал. Прецизноста на овој закон е толку голема што и да се случи нешто непредвидливо, тоа е последица на однапред добро смислена активност. Погледнете ги луѓето околу вас. Тие денес се резултат на нивните претходни мисли, а утре ќе бидат тоа што го мислат денес. Мислите се најдобриот уметник што некогаш постоел и тие располагаат со најголема прецизност на обликување, а тоа е познато како закон за привлечност на мислите. Овој закон е апсолутно прецизен и тука нема лаги. Ниеден човек не е случајно тоа што е. Богатиот е богат затоа што мислел на богатство и имал дефинирана цел во мислите. Сиромашниот е сиромашен затоа што мисли и зборува само за сиромаштија. Секој е тоа што мисли дека е. Позитивниот човек мисли на конструктивни работи, а негативниот мисли на деструктивни. Малку луѓе го работат тоа што навистина го сакаат. Тоа се оние луѓе што знаеле што сакаат од животот, го побарале, мислеле на тоа и така го

34

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

СÈ

ШТО ЌЕ СЕ ПОСАКА...

ЗАКОНОТ ЗА ПРИВЛЕЧНОСТ СЕ СПОМЕНУВА ВО ДЕЛАТА НА ГОЛЕМИТЕ ФИЛОЗОФИ, НА ПРИМЕР, СОКРАТ, ПЛАТОН, АРИСТОТЕЛ, ПИТАГОРА, А НЕГОВОТО ПОСТОЕЊЕ ДЕНЕС ГО ПОТВРДУВА И НАУКАТА. СЕКОЈА МИСЛА Е ЕНЕРГИЈА СО СВОЈА ФРЕКВЕНЦИЈА. СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ПРИВЛЕЧНОСТ, СЛИЧНОСТИТЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ СО МИСЛИТЕ привлекле. Луѓето што работат со љубов се успешни во нивните професии. Ниеден успешен или неуспешен човек на овој свет не е случајно тоа што е. Тоа е состојба на претходните мисли и ништо друго. Човекот е најголемата ѕверка од сите живи суштества. Тој може да создава војни, но и хармонија, со помош на неговите мисли и со законот за привлечност. Но позитивната мисла е значително помоќна од негативната и ако еднаш се научи да се користи, нема враќање назад. Тешко е од лош човек да направите добар, но од добар човек што поседува високо духовно ниво никогаш нема да создадете лош човек. Тој е таков какво што е неговото опкружување. Сè што му се случува на секој човек нема никаква врска со

надворешниот свет затоа што неговите мисли ја отсликуваат неговата состојба и сето она што му се случува. Законот за привлечност на мислите постоел уште при создавањето на првата мисла за создавање на светот. Тоа го потврдуваат и науката и религијата. Внимавајте со мислите! Праќајте чисти и позитивни мисли за да се оплодат и да ги остварат вашите копнежи. Секогаш кога негативните мисли ќе ја преземат контролата во размислувањето, се губи рамнотежата. Тогаш, за разлика од позитивните, негативните мисли се помногубројни. Во вакви моменти ние сме на фреквенција на негативноста и веднаш ја повикуваме. Ако сме свесни што правиме, нема да дозволиме емоциите и стравот


СТИЛ |

да управуваат со нас, туку веднаш ќе пратиме војска од позитивни мисли што ќе ја уништат војската од негативни мисли. Секоја позитивна мисла е посилна од негативната. Негативните мисли секогаш водат кон уништување, а позитивните кон создавање успех. Негативниот принцип се помирува со поразот, а позитивниот се бори за победа. Секогаш кога го програмирате вашиот ум со одреден ментален позитивен став, тој ќе го создаде и невозможното. Потребно е само доволно долго да се задржи оптимизмот при размислувањето за да се оствари тоа што го барате како крајна цел. Секоја мисла има своја фрек вен ција. Од моментот кога ќе се помисли на нешто, потсвеста се впушта во потрага по бесконечен број мисли со иста или слична фрек вен ција за да ја реализира посакуваната цел. Тоа значи дека кога имате мисла за точно определена цел, вие правите линк со сите што се на иста или слична фреквенција со вас. Во секојдневниот живот, кога помислувате на некого со силна желба и потреба да размените информации, тогаш се случува да заѕвони телефонот и да ви се јави токму таа личност. Тоа е интуиција, односно истовремено поврзување на свесни активности, без директна врска. Но поинтерено е тоа што во тој момент, пред да ви каже зошто ве бара, вие веќе ја имате неговата мисла и тој ќе ви го каже тоа што вас ве интересира. Речиси секогаш помислувате на некој што го знаете, правите телепатски линк преку мислите од вашата свест со неговата потсвест и кај него иницирате да ви се јави или, пак, директно ја добивате ин-

формацијата што ви е потребна, правејќи го тоа што тој би го сторил. Задржувањето на една мисла во свеста подолго од 10 секунди создава закон за привлечност. Првата мисла на слика задржана подолго од 10 секунди, со намерно насочено внимание, секогаш повикува втора слика од слична мисла, потоа трета итн. Ваквата ситуација ја принудува свеста добар дел од времето да го троши за огнената желба и таа прераснува во остварлива идеја. Секогаш кога во текот на денот, свеста ќе поверува дека тоа е остварливо, се појавуваат силни емоции. Тие го менуваат хемискиот состав во телото и

праќаат електрични сигнали во мозокот, до потсвеста, за иницирање на уште посилна наредба за барање сè повеќе комбинации на информации за остварување на целта, а вие несвесно станувате зависни од потребата за нејзино реализирање. Потсвеста е таа што е прва активирана да најде безброј комбинации за да ви понуди многу идеи како да дојдете до замислената цел. Секогаш го добиваме само тоа што навистина силно го чувствуваме со нашите емоции. Не може да добиеме нешто кога имаме енергетски отпор кон тоа што нè привлекува. Доколку не можеме да поверуваме дека нешто можеме да имаме, тогаш сигурно нема ни да го привлечеме. При состојба на огнена желба, кога со сигурност и со силни чувства точно знаете што сакате, која е вашата желба и крајна

цел, законот за привлечност реагира веднаш или по некое време, со ваше свесно насочување на визуализацијата. Пријатните чувства секогаш создаваат позитивни вибрации што зрачат во околината и го привлекуваат сето она што има слична хемија. Законот за привлечност дејствува преку насочување на мисловната енергија, при што доаѓа до привлекување и поврзување на личности што имаат мисли и копнежи, слични како нашите, и ова влијание доведува до тоа да се сретнеме со тие личности. Сè што ви се случува во животот е последица токму на она што го гледаме во нашиот внатрешен свет за да го привлечеме несвесно. Така, ние привлекуваме луѓе, настани и околности, во хармонија со нашите доминантни мисли. Ова чувство на привлекување што тие луѓе го предизвикуваат во нас се нарекува закон за привлечност на сè што е од иста или различна природа, закон што секој може да го прифати и да го користи како упатство за животот. Само доколку верувате во тоа ќе бидете пријатно изненадени од способноста за справување со критичните ситуации во вашиот живот. Учете ги правилата за да знаете да ги прифатите и да ги примените. Со оглед на тоа што законот за привлечност е толку едноставен за користење, нормално е да биде комплициран за објаснување за широка примена кај луѓето. Овој закон навистина е толку едноставен и луѓето го носат во себе, иако не знаат како да го доведат до совршенство и како да ги користат придобивките од него. • Игор Ландсберг

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


ПАТУВАЊЕ

Светско богатство на УНЕСКО во КИНА

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВИНИТЕ НА „НЕБЕСНОТО ЦАРСТВО“ КИНА - ЛУЛКА НА ЧОВЕЧКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА И ЗЕМЈА СО ИЛЈАДНИЦИ ГОДИНИ НАПИШАНА ИСТОРИЈА, ЧИИ ОТКРИТИЈА, ПРОНАЈДОЦИ И ФИЛОЗОФИЈА ГО ОБЛИКУВАА СВЕТОТ. ПРИ ПОСЕТАТА НА КИНА СЕ ДОБИВА ЕДИНСТВЕНО И НЕПОВТОРЛИВО ИСКУСТВО. ГОЛЕМИ МОДЕРНИ ГРАДОВИ, КАКО ПЕКИНГ, ШАНГАЈ, ХОНГ КОНГ, НО И ДЕСЕТИЦИ НОВИ МЕТРОПОЛИ ШТО СЕ РАЗВИВААТ СО ЗАБРЗАНО ТЕМПО, БЛАГОДАРЕЈЌИ НА НЕЗАПИРЛИВИОТ РАЗВОЈ НА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА. ОТКРИЈТЕ ЗОШТО ОВАА ФАСЦИНАНТНА ЗЕМЈА Е ДЕСТИНАЦИЈА ШТО АКО ЕДНАШ ЈА ПОСЕТИТЕ, СЕКОГАШ ЌЕ САКАТЕ ДА СЕ ВРАТИТЕ ЗА ДА ЈА ИСТРАЖУВАТЕ ДО НЕДОГЛЕД.

З

а Кинезите, Кина е центар на светот. За оние, пак, што не ја посетиле и доживеале таа е голема мистерија. Долго време Кина се криела од остатокот на светот со Големиот кинески ѕид, кој внимателно го чувал спокојството на величествената империја и на цивилизацијата за чии вредности само се претпоставувало. Кина е една од земјите во светот што може да биде горда на својата стара цивилизација. Станува збор за споменици на културата и за исклучително природно наследство. Во 21 век пр.н.е. во Кина е забележана првата династија Ксиа и уште оттогаш кинеската историја може да се

36

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

најде во аналите. Во 221 година пр.н.е. царот Чин Шихуанг под свое владеење ставил различни, завојувани кралства и ја создал првата обединета, мултинационална централизирана држава во историјата на Кина. Потоа, сè до почетокот на нашиот век, династиите Чин, Хан, Веи, Јинин, Суи, Танг, Сонг, Јуан, Минг и Кинг владееле со Кина илјадници години. Историјата зачувала остатоци од големи богатства – прекрасни палати, споменици со античка архитектура, непроценливи културни раритети. Вистински сведоштва за проучување на историјата и на културата на Кина.

Паркот Jiuzhaigou

Кина се наоѓа во источниот дел на азиското копно, на западниот брег на Тихиот Океан. Зафаќа површина од 9,6 милиони квадратни километри, каде што егзистира исклучителен спектар на флора и фауна, со што Кина е сопственик на најголемото и најразновидното природно наследство. Античката историја ù ги остави на кинеската нација највредните културни и природни атракции што сега му припаѓаат на целиот свет. Денес голем број културни вредности на земјата се соочуваат со закана од постепено уништување и Кина и светот имаат неодложна задача да ги зачуваат. Од 1985 година Кина е вклучена во Конвенцијата на УНЕСКО за зачувување на светското културно наследство. Станува збор за 15 објекти на културата и архитектурата: Кинескиот ѕид, царската палата Гугонг, камените пештери Могао, гробницата Чин Шихуанг и нејзините гробни статуи на воини и коњи, Куфу, родното место на Конфучиј, античките архитектонски градби во планините Ван, палатата Потала, планините Лушан, античкиот град Пингјао, градините Сужоу, античкиот град


ПАТУВАЊЕ

Кинески Ѕид Лиџијанг, летната царска палата Јихејуан, Небесниот храм во Пекинг… Сето ова рефлектира цивилизациски развој што е дел од целокупното богатство создадено на планетата. БОГАТА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА Историјата на Кина е фасцинантна и зафаќа милениумски периоди. На пример, само за главниот град Пекинг се резервирани седум места во Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Би го споменале Небесниот храм, кој претставува комплекс од таоистички згради лоцирани во југоисточниот дел на Пекинг. Храмот зафаќа површина од 270 хектари и е околу три пати поголем од Забранетиот град. Главните згради во паркот биле изградени во 1420 година, од династијата Минг, поточно за време на царот Јонгл, кој го изградил и Забранетиот град. Во состав на Небесниот храм има три големи групи згради, изградени во согласност со строгиот филозофски план. Во кинеската митологија кругот е симбол на „небото“, плоштадот е симбол на „земјата“, а целиот комплекс, со сите кружни градби покриени со темни плочки и квадратни дворови, е замислен како врска меѓу нив. Во 1998 година Небесниот храм

Национален геопарк Zhangye

е ставен на Списокот на светско наследство на УНЕСКО. КИНЕСКИОТ ЅИД И ЗАБРАНЕТИОТ ГРАД Кинескиот ѕид е една од најголемите и најпосетуваните атракции во Кина. Се протега на 6.700 километри кон запад и поминува низ девет провинции. Големиот ѕид се состои од sидишта, премини, караули, замоци и утврдувања. Тој претставува еден од највеличествените антички одбранбени системи, висок 10 метри и широк 9 метри. Неверојатната изградба на Кинескиот ѕид започнала во 3 век пр.н.е. за време на владеењето на првиот кинески император Чин Шихуанг. Во време на изградбата, кога на власт бил Чин Шихуанг, ѕидот го граделе околу 2.000.000 луѓе. Изградбата на ѕидот траела 20 века, односно била завршена во 17 век од нашата ера. Погрешно е да се мисли дека Кинескиот ѕид е непрекинат бедем за одбрана од остатокот на светот затоа што главна цел за неговата изградба била одбраната од нападите од север. Поради тоа, прво биле изградени деловите во Северна Кина. Тие ги заштитувале селаните во плодните полиња во Централна Кина од честите упади на номадските

племиња од север кои барале пасишта за својот добиток. На секои 100-200 метри има набљудувачници, вкупно околу 20.000. Се користеле сигнали од чад или знамиња за да се предупредат другите војници стационирани покрај ѕидот за доаѓањето на непријателот за да можат војниците да ги заземат своите позиции. По овој пат армијата можела да се движи многу побрзо од непријателите. И покрај ѕидот, монголскиот војсководец Џингис Кан и неговата коњица успеале да влезат во Кина во 1211 година. Поголем дел од ѕидот што постои денес потекнува од династијата Минг. Најдобро е зачуван делот во Бадалинг, во Пекинг. Кога американските астронаути биле на Месечината, констатирале дека тоа е единственото нешто направено од човечки раце што може да се види оттаму. Кинескиот ѕид стана симбол на националното единство и најголема кинеска туристичка атракција. Во 1987 година Големиот ѕид е запишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Забранетиот град претставува една од најфасцинантните атракции на Кина од периодот на првиот кинески император Чин Ши Хуанг, пред 2.200 години. Осум илјади глинени воини во природна големина требало да послужат како војска на императорот во задгробниот живот. Интересно е дека секоја статуа има уникатни карактеристики на лицето и нема две исти. Некои делови сè уште не се ископани, а тие се само дел од мавзолејот на царот Чин, кој зафаќа површина од околу 56 км2 и сè уште не е истражен. Откритијата од местото каде што се ископани фигурите од теракота денес се изложени во Музејот на првиот император на династијата Чин во Сиена, во провинцијата Шанкси. Мавзолејот е откриен сосема случајно во март 1974 година кога селаните од селото Ксијанг се обиделе да ископаат бунар за да се спасат од сушата. На длабочина од

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


ПАТУВАЊЕ

4 метри пронашле фрула, под од тули и бронзен лак со стрели. Набрзо започнале археолошките ископувања, а Музејот на првиот император на династијата Чин бил поставен на урнатините и бил отворен за јавноста во 1979 година. Во 1980 година биле откриени две насликани бронзени кочии, половина од реалната големина, 20 метри западно од гробот на императорот. Секоја била составена од 3.000 различни парчиња (во 1.720 парчиња накит имало 3.033 грама злато и 4.342 грама сребро). Во 1987 година Мавзолејот на првиот кинески император е запишан во Списокот на УНЕСКО за светско културно наследство во Азија и Океанија. Уште една фасцинантна дестинација се пештерите Могао, познати како Илјада пештери на Буда, југоисточно од Дунхуанг. Во системот од 492 пештери вдлабени во источните падини на планината Мингша се наоѓаат некои од најголемите будистички уметнички богатства. Покрај нив, денес многу мали или заборавени места на поранешниот Пат на свилата, сведочат за раскошот, моќта и величественоста на Кинеското Царство. Задолжително треба да се посетат гробниците Минг што се наоѓаат во подножјето на планината Тјаншу, околу 50 километри северозападно од Пекинг. Тука се закопани 13 од 16 императори од династијата Минг, така што гробниците се познати и како Тринаесет гробници. Гробниците зафаќаат површина од 40 квадратни километри и во 2003 година се внесени во Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Летната палата се наоѓа во северозападните предградија на Пекинг, на околу 5 километри северозападно од Универзитетот во Пекинг. Зафаќа површина од 290 хектари и претставува еден од најубавите примери на кинеската архитектура. Во 1998 година летната палата е внесена во Списокот на светско наследство на УНЕСКО. „Пекиншки човек“ е назив за голем број фосилизирани коски пронајдени во Кина во 20-тите години од минатиот век. Се смета дека откритијата се стари приближно 500.000 години, иако се претпоставува дека некои нови откритија се стари околу 680.000-780.000 години. Тие биле од голе38

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Забранетиот град ма важност затоа што содржеле клучни информации за животот на хомо сапиенс. Во 1941 година додека Пекинг бил под јапонска окупација, фосилите на пекиншкиот човек биле земени за да се пренесат во САД. Но тие никогаш не пристигнале во САД. Постојат шпекулации дека бродот потонал, дека војниците ги продале за лекови или, пак, биле уништени. Овој археолошки локалитет е запишан во Списокот на светско наследство во Азија и во Океанија во 1987 година, а ископувањата на ова место продолжуваат. Локалитетот е извонреден доказ за чо-

Забранетиот град

вечката заедница на азискиот континент за време на праисторијата и еволуцијата на хоминидите; откритието на пекиншкиот човек го потврди континуитетот во развојот на хоминидите. Тешко е да се наведе што сè може да понуди Пекинг. Ова е уникатен главен град на културата, традицијата и историјата. Пекинг крие богато архитектонско наследство. И не само тоа. Ова е град на големи луѓе, добра храна и забава. Пекинг е град во кој се гарантира совршен одмор и затоа е една од најдобрите дестинации за незаборавно патување.


ПАТУВАЊЕ

красните скулптури, мурали, будистички споменици и религиозен накит.

ПЕШТЕРАТА ЈУНГАН И ПАЛАТАТА ПОТАЛА

Пештерите Јунган се антички будистички храмови изградени во пештери во близина на градот Датонг во денешната кинеска провинција Шанкси. Тие се сметаат за еден од најдобрите примери на архитектурата врежани во карпа и претставуваат едно од трите најпознати места на скулпторска уметност во Кина, а другите се Лонгмен и Могао. Местото се наоѓа на околу 16 километри југозападно од градот, во долината на реката Ши Ли и во подножјето на планините Вужу Шан. Пештерите биле врежани во

периодот од 460 до 525 година за време на владеењето на династијата Северна Веи. Тие претставуваат најдобар пример на кинеската уметност за сечење камења од 5 и 6 век. Има вкупно 252 пештери со повеќе од 51.000 статуи на Буда. Во 2001 година УНЕСКО ги прогласи пештерите Јунганга за светско наследство. Палатата Потола е симбол на Тибет. Во 1994 година официјално е заштитена од УНЕСКО како светско културно наследство. Претставува богатство од антиквитети од тибетската историја, религија, култура и уметност. Позната е по пре-

ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ НА КИНА Колку и да им се воодушевуваме на човечките креации, уметнички дела и прастари артефакти, чија намена одамна е заборавена, чистата и недопрена природа е во состојба да ги создаде најголемите и најубавите творби. Токму затоа неверојатната природа на Кина секоја година ја посетуваат стотици милиони туристи затоа што овде навистина може да се видат такви предели, по што долго ќе ви недостасува „небесното царство“. Можеби не можете да ги посетите сите национални паркови во Кина, но за неколку од нив задолжително одделете време затоа што се вбројуваат во најпопуларните туристички дестинации. Националниот геопарк Zhangye стана познат во целиот свет по шарените разнобојни карпи и се смета за еден од најубавите и најнеобичните во цела Кина. Како и повеќето вакви места во Кина, така и овој геопарк е светско наследство на УНЕСКО. Националниот парк шума Zhangjiajie, исто така, светско наследство на УНЕСКО, се наоѓа во градскиот округ Zhangjiajie. Паркот се состои од повеќе од три илјади планински врвови, а највисоката точка е 1.890 метри надморска височина. Ова место било инспирација за многу големи луѓе. Тука се наоѓа и највисокиот лифт на отворено во светот, кој се издигнува до 360 метри. Паркот Jiuzhaigou на прв поглед збунува со комплицираното име што значи долината на девет села и се наоѓа на северот од кинеската провинција Сечуан. Познато е по убавината на плитките езера што меѓусебно се поврзани, така што изгледаат како водопади. За важноста и вредноста на овој парк сведочи и фактот дека од 1992 година се наоѓа на Списокот на УНЕСКО. Исто така, паркот е вклучен во Списокот на 100 најубави места на Земјата. Светот е полн со убавина, шарм и авантура. Патувајте, сонувајте и уживајте во животот, во откривањето на непознатите различни обичаи, култура, начинот на живот, излезете од сопствената зона на удобност и доживејте автентично искуство. А Кина ви го нуди токму тоа. • Маргита Поповска 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


Свинска кременадла Состојки

• Парче Кременадла • Компири • Вргањ • Бело вино • Хопла • Сол • Бибер • Зачини

Подготовка:

Едно парче свинска кременадла (350-400гр) се пропржува од двете страни на загреана тава. Се додаваат сол, црн бибер и зачини и се пече од 10 до 12 минути на 200 степени. Додека се пече кременадлата се приготвува сосот. Се пржи вргањ (40гр.) се зачинува и се деглазира со бело вино, а потоа се додава малку хопла за да се згусне. Вака подготвениот сос се става врз испечената кременадла. Послужете ја со зачинет компир и уживајте во добриот вкус. Добар апетит!

40

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ|

„POSITIONS“ ARIANA GRANDE

„ПАРИЗ НЕ ВЕ ОСТАВА“ ЕЛЕН ФЕЛДМАН

К

ако комбинација од животот во окупираниот Париз и во Њујорк од педесеттите години, книгата „Париз не ве остава“ од писателката Елен Фелдман е неверојатна приказна за издржливоста, љубовта и невозможните одлуки, и проникнува во тоа дека опстанокот никогаш не се случува без одредена цена. Откако ја преживеала Втората светска војна со ќеркичката Виви, работејќи во книжарница во Париз и борејќи се за својот живот, Шарлот не е жртва, туку борец за гол живот. Но, може ли да го преживее следното поглавје од животот? Длабок, раскошен и живописен свет на занимливи ликови и емотивни и морални кризи, е коментарот за книгата на Фред Ален, главен уредник на „Форбс“.

Ш

естиот студиски албум на американската пејачка го издаде Republic Records, на 30 октомври. Таа соработуваше со неколку продуценти, како Tommy Brown, Anthony M. Jones, London on da Track, Murda Beatz, The Rascals, Scott Storch, Shea Taylor и Charles Anderson. Албумот е своевидно проширување на R&B и трап-поп звукот на неговите претходници, Sweetener (2018) и Thank U, Next (2019), вклучувајќи елементи на хип-хоп, нео соул и фанк. Лирски, песните говорат за романтичната љубов и за сексот. Критиките се позитивни, за вокалот на пејачката, но и остри, за текстовите и продукцијата. На албумот му претходеа два сингла, насловната нумера и „34+35“, како негова поддршка. Останатите дванаесет песни се „Shut Up“, „Motive“ (со Doja Cat), „Just like Magic“, „Off the Table“ (со the Weeknd), „Six Thirty“, „Safety Net“ (со Ty Dolla Sign), „My Hair“, „Nasty“, „West Side“, „Love Language“, „Obvious“ и „POV“.

„THE INVISIBLE MAN“ (НЕВИДЛИВИОТ ЧОВЕК)

С

танува збор за научнофантастичен, психолошки хорор филм, снимен во австралиско-американска копродукција, кој се базира на истоимената новела од 1897 год. на H. G. Wells. Го следи животот на жената, која верува дека ја малтретира нејзиното насилно и богато момче, дури и по неговото самоубиство. На крајот заклучува дека тој стекнал способност да стане невидлив. Премиерата на филмот се случи во САД, на 23 февруари, но поради пандемијата, само четири седмици подоцна, стана достапен и дигитално. Критиките се позитивни, со пофалби за глумата на Moss. Заработката на филмот е 134 милиони долари, наспроти буџетот од 7 милиони долари. Жанр: хорор/трилер Актери: Elisabeth Moss, Aldis Hodge, Storm Reid, Harriet Dyer, Michael Dorman и Oliver Jackson-Cohen Режија: Leigh Whannell

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


|HI TECH

Пловила

КРАЛОТ, СОКОЛОТ, ПОРШЕ И МОРЕТO Н

езависно од големината и од обликот, пловилата отсекогаш предизвикувале големо внимание уште од дамнешни времиња. Посебно восхитувала нивната намена и умешноста да се справат со големите водни површини. Таа нивна привлечност останала и до денешен ден. Во некој момент од патувањата сите сме виделе најразновидни пловила и секогаш нашите очи се вперувале во нив. Најобично дрвено пловило, односно чамец, гумен или метален, едреник, рибарски мал или голем, трговски или патнички, луксузен или можеби екстра луксузен, сите се дел од човековото секојдневје. Затоа и денес конструирањето пловила е предизвик за секој градител и тоа е некој вид вечна тема, кој ќе направи поубаво, понеобично, побрзо, со помалку или повеќе современа технологија или со погон на сончева енергија. Пред неколку години еден таков примерок, користејќи ги сонцето и ветровите, ја обиколи планетава. Овој текст му го посветуваме на супер пловилото обликувано од австриската дизајнерска куќа Студио Ф. А. Порше, фирма што е во дел од светски познатата компанија Порше, производител на спортски купе автомобили, а во поново време и на СУВ и купе лимузина. Компанијата Ројал Фалкон Флит со се-

42

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ПОРШЕ ВО УЛОГА НА ДИЗАЈНЕР, НИШТО ЧУДНО. НО АКО ЈА СПОМЕНЕМЕ НЕГОВАТА ПОВРЗАНОСТ СО ДИЗАЈНИРАЊЕТО ПЛОВИЛА, ТОГАШ ЌЕ СЕ ПРАШАМЕ ДА НЕ СМЕ ПОГРЕШИЛЕ ИЛИ СМЕ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ. диште во Сингапур, која меѓу другото се занимава и со најмување пловила и нивно производство, добила нарачка од клиент да направи супер јахта. Нејзината визија, а сигурно и визијата на нарачателот, била пловилото да не биде исто или слично на другите, туку да биде посебно, да се издвојува. Компанијата од Сингапур ја поврзала таа необичност со Студио Ф. А. Порше и почнале преговорите. Целата работа била прецизирана пред точно 10 години кога биле обелоденети првите нацрти од супер луксузното пловило. Долниот дел од јахтата и двете пловни површини се произведени во сингапурската компанија, а потоа се избрани две компании, Кокумс АБ и Навал архитектс Инкат Краутер, да го завршат започнатото. Сето тоа се реализирало на шведското крајбрежје во малото место Нинешам. Севкупната работа траела една деценија и, како што велат, „крајот го краси делото“ – јахтата е повеќе од посебна и се издвојува од другите по обликот и деталите. Најзаслужни за тоа се дизајнерите од

Студио Ф. А. Порше. Според М. А. Заман, главниот од компанијата Ројал Фалкон Флит, насекаде може да се видат слични или исти пловила, Сент Тропе или Форт Лаудердеил, мега јахтите како да личат една на друга сè додека не го прочитате нејзиното име, не можете да ја видите и да ја забележите различноста. Затоа М. А. Заман одлучил да создаде нешто навис-


HI TECH|

тина посебно, да конструира пловило што ќе се разликува од другите. Така се случило. Денес мега јахтата „ројал фалкон 1“ е една и единствена, со катамаран труп, со три посебни палуби, повеќе од 15 соби, џакузи бар на отворено на врвот на јахтата и сето тоа сместено во должина од 41,3 метри. Творците велат дека на неа може кралски да уживаат 10 лица, се разбира

под постојан надзор од 10-члениот персонал. Вкупно 20 лица на вкупен простор од околу 650 квадратни метри. Мега јахтата ја придвижуваат две погонски V16 турбо дизел единици што вкупно имаат 9.230 КС или секоја по 4.615 од марката „мту“ и двоен млазен погон на вода од марката „ролс ројс камева“. Вториот пар мотори се користи доколку

патниците сакаат да уживаат во тишината на морската шир или при влегувањето и излегувањето од пристаништата. Тоа е тивок погон што го користат подморниците. Оптималната брзина на пловење со најголема заштеда на гориво е 15 јазли, а со сите впрегнати коњи пловилото може да плови со најмногу 35 јазли на час. Радиусот на пловење изнесува 3.200 километри што ја класифицира јахтата во групата на средно крстосувачки и затоа овие јахти не се наменети за пловидба по светот. Не би се согласиле со ова групирање затоа што со мали корекции во тежината на пловилото, радиусот на движење може да се зголеми на двојно повеќе километри, дури и над тоа. Сè што треба да се направи е да се употребат лесни материјали и пловилото веднаш ќе биде сместено во категоријата на светски патници, обиколувачи на планетава. Има едно непишано правило кога се прават мега супер јахтите, а тоа е употреба на сè и сешто кога се во прашање раскошот и луксузот. Токму тука, јахтите добиваат 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


|HI TECH

тежина и потоа немаат доволно гориво да поминат повеќе километри. Всушност претераната употреба на најразновидните скапи, а нерационални и над сè тешки материјали, прави мега јахтите да добијат многу повеќе килограми. Ако тие материјали се заменат со лесни, јахтата ќе може полесно да „дише“. Лесните легури врз основа на магнезиум, карбонските влакна и другите од тоа семејство, се тие што треба да преовладуваат. Внатрешноста на јахтата претставува елеганција, сè е во бела, сива, сина и во природни нијанси на кафеава боја. Нема нешто драстично поинакво од останатиот дизајн, сè е усогласено, речиси исто како

44

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

кај легендарниот поршеов модел „911“. Сè е заоблено, преовладуваат чисти линии проткаени со едноставност, со таканаречениот минимализам. Таа чистина содејствува со природната ширина на водната и небесната површина и се преточува во смиреност што се пренесува кај патниците. Мноштво фактори се преплетуваат еден во друг, така што дизајнот не е само идеја туку сплет од повеќе битни нешта што се важни во нашето секојдневје, но несвесно сме ги заборавиле и изгубиле. Внатрешниот дизајн не е сувопарен и слепо не ги следи тековните светски случувања, туку е претерано добро обмислен,

односно оди во друга насока, насока во духот на заедништвото со ергономијата. Цена? Цената ја соопштуваат при правењето нарачка – тоа се моменти кога вие ги избирате материјалите и од сето тоа произлегува колку чини пловилото. Ова не е првпат марката Порше да биде поврзана со дизајнирање јахти. Не така одамна беше дизајнирано пловилото „кинео“, кое во тоа време беше значително понапредно од другите во секој поглед. Тоа важи и за „ројал фалкон 1“.

• Жарко Атанасоски


11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


|ИСТОРИЈА

70 години СЕАТ

ОД ЛЕГЕНДАТА „СЕАТ 600“ ДО УРЕДИ ЗА ДИШЕЊЕ ТРНЛИВ БИЛ ПАТОТ НА СЕАТ ДО ОВА ШТО Е ДЕНЕС. МНОГУМИНА НЕ МУ ПРЕДВИДУВАЛЕ СВЕТЛА ИДНИНА, НО СЕАТ, КАКО ШТО ЗАБЕЛЕЖУВАТЕ, СÈ УШТЕ ПОСТОИ, ЗАД СЕБЕ ИМА 19 МИЛИОНИ АВТОМОБИЛИ, ПОВЕЌЕ ОД 100.000 ВРАБОТЕНИ ЗАЕДНО СО НАБАВУВАЧИТЕ И СОПСТВЕНИК Е НА ВКУПНО ПЕТ СВЕТСКИ ТИТУЛИ, ТРИ ВО РЕЛИ И ДВЕ НА КРУЖНИ ПАТЕКИ.

Н

ајголемиот шпански производител на автомобили СЕАТ годинава слави 70годишен јубилеј и во соодветната рубрика му посветуваме должно внимание. Во текстов ќе откриеме неколку интересни моменти од историјата на оваа марка. Приказната за Сеат не е слична или иста како на другите производители. Тука има некоја специфичност, некоја посебност во случувањата, пред и од самиот почеток на постоењето. Првите докази за формирањето на фабриката датираат уште пред Втората светска војна и треба да се напомене дека Сеат го започнал својот пат поради желбата на повеќе банки и компании да основаат фабрика за производство на автомобили. Сите земји во опкружувањето имале своја автомобилска индустрија, со исклучок на Португалија, а Шпанија, земја со голем потенцијал, сè уште немала. Неколку фабрики произведувале моторни возила, но тоа се сведувало на многу мал број примероци наменети за потесен круг купувачи. Во тоа време се издвојувале неколку компании,

46

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

а меѓу нив најпозната и најголема била Хиспано Суиза, компанија што произведувала, пред сè, луксузни автомобили, а Шпанија и шпанскиот народ имале потреба од автомобил што ќе ги задоволи потребите на обичното шпанско семејство. Соседните земји ги имале: Фиат, Алфа Ромео, Ланча, Цитроен, Рено, Симка, Ровер и други. Тоа се производители од поблиското соседство, без луксузните марки. Тогашното шпанско општество посакувало нешто слично, односно Шпанија имала потреба од моторизирање и се барал „јунакот“ што ќе го спроведе сето тоа. Состојбата за вложување во автомобилската индистрија дополнително била усложнета по четиригодишната граѓанска

војна, а тие што сакале да бидат дел од неа тешко работеле во повоениот период. Сепак, на 22 јуни 1940 година Банко Уркихо, со уште неколку компании (Хиспано Суиза, Басконија, Дуро-Фелгуера, С.Е. де Конструкцион Навал, Еускалдуна, С.Е. де Конструкцион Металикас, Фундиционес Болуета, Ечеварија и уште неколку), ја формира компанијата Сосиедад Иберика де Аутомобилес де Турисмо (С. И. А. Т.). Оттука започнува историјата на шпанската автомобилска индустрија наменета за масовно производство. Се појавил и друг проблем - севкупна индустрија не била подготвена за новите случувања. За автомобилската индустрија се потребни соодветен кадар, врвна организација


ИСТОРИЈА|

и долгогодишно искуство, а тогашното шпанско општество немало ништо. Кога компанијата тргнала да се справува со проблемите, државата, односно Националниот институт за индустрија одлучил новосоздадената С.И.А.Т. да ја стави под своја капа. Тоа се случило на почетокот на 1942 година. Бидејќи немале сопствен стручен кадар во оваа индустрија, челниците, заедно со државата, одлучуваат да склучат договор со некој познат производител. Одлучиле тоа да биде Фиат или Волксваген. На крајот договор за соработка склучиле со Фиат затоа што за краток временски период веќе имал фабрика за автомобили на шпанска територија, Фиат Хиспаниа, но, за жал, била разурната во текот на војната. Вториот фактор што влијаел да биде избран Фиат е неговата соработка со Симка. Фиат важел за компанија што успешно ја организира работата и во меѓународни текови, а не само на домашен терен. Поточно кажано, победило искуството. Во периодот до 1950 година компанијата презела низа организациски мерки со цел да го канализира почетокот на производството. На 9 мај 1950 година името СИАТ станало СЕАТ, односно Иберика била заменета со Еспањола. Оттогаш поминаа седум децении, време во кое Сеат застана на нозе и вработи илјадници луѓе,

со што стана најголемиот работодавец во државата. Сепак, државата и компанијата сè уште имале проблем со стручниот кадар кој постојано недостасувал. Во тоа време Шпанија се потпирала на земјоделието, на руралната економија. Но со текот на времето била создадена солидна екипа од експерти и работници, а резултат од тоа бил првиот автомобил со името Сеат. Емоциите го достигнале својот врв на 13 ноември 1953 година кога од фабричката лента излегол првиот автомобил „сеат 1400“. Овој момент значел многу за тамошната индустрија и воопшто за државата. Со производството на моделот „1400“ се развивала и придружната индустрија, се отвориле многу мали погони што вршеле голема работа за гигантот Сеат. Со тоа се остварила целта на основачите, така што сега шпанското општество имало фабрика за производство на моторни возила и мноштво новосоздадени мали компании, добавувачи на најразлични делови за потребите на Сеат. Следниов податок, кој е повеќе од вреден да се спомене, е во врска со економијата на земјата. Само една година по појавувањето на „сеат 1400“, економијата забележела мал раст, но со силна порака од Сеат што гласела, „домашните делови во ‘сеат 1400’ учествуваат со 93 отсто во вкупно вградените

делови“. Сигурно можете да замислите што значи еден автомобил да биде произведен со 93 отсто домашни делови. Само во еден детаљ нивната економската логика не била целосно усогласена, а тоа е автомобилот со кој фабриката го почнала производството. За тоа време моделот бил луксузен и неговата цена не дозволувала големи продажни резултати. Зошто и како Сеат избрал да произведе луксузен наместо мал, евтин, употреблив модел, со цена што ќе биде достапна за широк круг купувачи, мора да одговори Сеат. Четири години подоцна се појавил моделот „600“, со кој работите нагло се смениле, шпанските семејства добиле практичен економичен автомобил, со кој се задоволувале основните потреби за моторизација на општеството. Моделот „600“ бил повеќе од моторно возило на четири тркала, станал симбол на Шпанија и за шпанскиот народ, чудо на векот. Десет години по претставувањето на првиот модел, Сеат на пазарот го исфрлил моделот „800“, целосно развиен со сопствени сили и за него не се користела основа од некој фиатов модел. Всушност, моделот „800“ бил еден вид истегната изведба од претходникот „600“. Тридецениската соработка со Фиат веќе била при крај. Сеат барал нови вложувања за кои Фиат не бил подготвен од повеќе причини. Толку од Фиат и Сеат и лиценцираните модели со поедноставена суспензија и погонски единици со помала зафатнина и силина отколку соодветните модели на Фиат. Откако Сеат останал сам, го сменил логото и во 1982 година лансирал нов модел со името „ронда“ што го имал новиот заштитен знак. Комби лимузината дизајнирана од Рејтон Фисоре станала тема за расправија меѓу Фиат и Сеат затоа што новиот модел многу потсетувал на „фиат ритмо“. Работата дошла и до судските органи каде што Сеат ја докажувал различноста на неговата „ронда“ во однос на фиатовото „ритмо“. Непотврдени извори кажуваат една приказна во која јасно се прецизира сличноста на редизајнираното „ритмо“ со „рондата“. Тоа потсетува на индустриска шпионажа – некој ги пренел нацртите од Фиат во Сеат и затоа италијанскиот производител никогаш потоа 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


|ИСТОРИЈА

не го обновил (рестилизира) моделот, туку по кратка постапка го прекинал производството. Можеби еден ден ќе дознаеме што се случувало во тоа време. По прекинувањето на соработката со Фиат, одговорните во Сеат преговарале со Фолксваген. Долгите анализи и преговори довеле до заедничка соработка, односно Фолксваген купил еден дел од Сеат, прво 51 отсто, а веднаш потоа процентот се зголемил на 75, а во декември 1990 година корпорацијата ВАГ купила 99,99 отсто од акциите и станала целосен сопственик на Сеат. Но да се вратиме на Сеат и неговите автомобили. Покрај легендарниот „сеат 600“, треба да се спомене и моделот „ибица“ кој името го добил по еден остров од групата Балеарски Острови. Симпатичниот мал автомобил се појавил во 1984 година, дизајниран од Џорџето Џуџаро, развиен со сопствени сили, но во заедништво со Порше и Карман, користејќи мали конструкциски решенија од „фиат ритмо / страда“. Моделот „ибица“ се произведува и денес и, според статистичките податоци од пред две години, тој учествува во вкупната продажба со над 70 отсто, што е премногу една марка целата заработка да ја темели на еден модел. Покрај супериорниот модел „ибица“ во вкупната заработувачка придонесува и „леон“, модел од сегментот „ц“ што успешно ја врши работата во продажба48

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

та, но по резултатот сè уште е далеку од „ибица“. Сепак, нешто се менува во гамата, особено откако доби три „сув“ возила, „атека“, „арона“ и „тарако“. Пред тоа е воведена уште една класа што била присутна децении наназад, но не била обновена од засега неразбирливи причини. Сеат отиде чекор понапред кога реши името од најспортските модели да го одвои како посебна марка. Ако некои производители имаат создадено луксузна марка, за сеатовата „купра“ може да се каже дека не е чисто луксузна, туку спортска затоа што пред сè мора да се нагласат спортските особини на автомобилот. Покрај луксузната марка Сеат има и електричен автомобил „ми електрик“. Во моментов Сеат произведува шест модели, плус одделението Купра. СЕАТ ВО СВЕТОТ НА МОПЕДИТЕ И ТРКИТЕ

Бидејќи Шпанија климатски се одликува со долги и топли лета и благи зими, Сеат почна со една друга димензија во производството, а тоа се моторните возила на две тркала што може да се возат речиси цела година. За нештата да бидат уште поповолни тие машини на две тркала се идеални за брз превоз во градските средини каде што има долги редици од возила и неколкуминутно чекање на раскрсниците. За таа цел Сеат го формира одделот наречен „Сеат урбан мобилити“. Од

тој оддел излезе првото концепт возило на две тркала на електричен погон „ескутер“, а по него и концептите „екикскутер“ и „еексескикскутер“. Овие експериментирања со мопедите, скутерите, односно кај нас популарно наречените моторчиња, најверојатно одат во насока на сериско производство. Тоа е друга гранка во која влегува Сеат и на некој начин потсетува на јапонските производители што во својот „двор“ произведуваат од сè по нешто што е на тркала. Колку е голем Сеат за татковината говорат следниве податоци. Во моментов Сеат вработува повеќе од 15.000 луѓе и дополнителни 85.000 што се вработени во фирми набавувачи на разновидни делови. Сите тие мали компании набавувачи заедно со Сеат се извозници број еден во Шпанија. Од нивното севкупно производство дури 82 отсто е наменето за извоз. Затоа тамошните велат дека Сеат е најголема и финансиски најдобра компанија во земјата. Имало периоди кога на Сеат не му цутеле рози, но секогаш наоѓал сили да се извади од состојбата и да продолжи. Пред 70 години и сега, од „сеат 600“ до „купра“, од шампионски титули во рели натпреварите до „машини за дишење“. Повлечете линија долга седум децении низ која минувала марката Сеат почнувајќи од моделот „1400“ и легендата што ја моторизираше Шпанија до спасување животи од вирусот што ја зафати


ИСТОРИЈА|

цела планета. Го споменавме релито и успесите на Сеат во тие натпревари. Да не заборавиме дека Сеат има нанижано три титули во рели натпреварите и тоа едноподруго во 1996, 1997 и 1998 година со возилото „сеат ибица кит кар“ во Светкиот рели шампионат во класата ФИА 2Л. Што се однесува до спортот, денес Сеат најмногу е присутен на кружните патеки во класата на туристичките автомобили, дури и нашиот најголем македонски автомобилски ас Игор Стефановски Иџе има таков автомобил наменет строго за трки, со кој учествуваше во натпреварите за туристички автомобили на континентов и постигна врвни резултати, на пример, победата во Имола, една од двете легендарни

патеки, лулката на италијанските асови, а Иџе успеа да ги покори со „сеат леон тцр“. Ваквата успешност на Сеат на кружните патеки се должи на неговото долгогодишно учество во трките на кружни патеки и тоа не било каде, туку во Светскиот шампионат за туристички автомобили каде што има освоено две последователни титули со моделот „леон“ во 2008 и во 2009 година. И покрај сè, во денешно време Сеат оди напред. Многупати правел падни-стани, но никогаш не се откажал од зацртаното, а тоа е земјата да има своја автомобилска индустрија. Тоа се нарекува упорност, можеби имало и претешки моменти во кои многумина гледале пропаст на компанијата. Истрајноста да не се потклекне

и во најлошите времиња го носи Сеат во осмата деценија од животот и зад себе има 19 милиони возила ширум светот. Сè почнало во 1965 година кога од Шпанија биле извезени првите автомобили и тоа на друг континент, во Колумбија. Денес може да се купи автомобил преку интернет – трошите неколку минути на изборот на бојата и алуминиумските тркала, потоа уште пет до шест кликнувања и автомобилот ќе биде ваш за помалку од три недели. Така е сега, а некогаш се чекало и по две години за легендарната „600“. И треба да се чека кога е во прашање легенда затоа што токму тие ја пишуваат историјата, а не обичните примероци во автомобилската индустрија. • Жарко Атанасоски

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

СО ШАМПИОНСКО ИЗДАНИЕ ДО СЕДМА ТИТУЛА И СОЛЗИ ЛУИС ХАМИЛТОН УСПЕА ДА СТИГНЕ ДО ПОБЕДА ВО ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ТУРЦИЈА ИАКО ВО ЦЕЛИОТ ГРАН ПРИ ВИКЕНД ИГРАШЕ „САМО“ ЕПИЗОДНА УЛОГА.

Л

уис Хамилтон имаше кошмарен почеток на гран при викендот, за време на враќањето на Формула 1 во Истанбул за првата Голема награда на Турција по пауза од девет години, но во финишот на трката успеа да се трансформира во победник, а со тоа и да ја потврди седмата шампионска титула. Макс Ферстапен заедно со Александар Албон покажаа вонсериски перформанси доминирајќи во сите тренинзи во Истанбул, додека Хамилтон беше најгласен во критиките за новата асфалтна подлога која правеше пневматиците на Пирели да не можат да остварат добар контакт, па болидот на Мерцедес не можеше да го покаже потенцијалот. Саботните квалификации донесоа уште поголем „хорор“ бидејќи се случи „поплава“ па целата сесија беше стопирана за речиси цел час. Во услови додека патеката се сушеше и условите за возење се менуваа, Ферстапен и Албон повторно започнаа како лидери, но во 50

финалната трета сесија беа изненадени од пилотите на Рејсинг Поинт. Ланс Строл ја освои пол-позицијата станувајќи првиот Канаѓанец по Жак Вилнев од 1997 година со такво постигнување, а Серхио Перез дојде до третото место, раздвојувајќи ги пилотите на Ред Бул. На овој начин беше исценирана феноменална приказна за стартот на трката, во кој повторно пилотите тргнаа на влажна подлога, при што сите употребија гуми со најсилна дождлива спецификација, освен двата болида на Вилијамс кои стартуваа од гаражата со интермедија. Се очекуваше дека патеката целосно ќе се исуши, па возачите постепено се префрлуваа на интермедија, но кога чукна часот за префрлување на гуми за суво, половина од патеката сè уште беше опасно влажна и почнаа проблемите. Строл на таков начин го загуби водството, и два пати ги менуваше интермедија гумите, како и пилотите на Ред Бул. За разлика од нив, оние кои

останаа на првиот интермедија сет и имаа мошне изабени гуми кои и покрај профилот изгледаа целосно мазни во финишот – ја добија трката. Имено, Хамилтон до 34 круг не беше меѓу првите тројца, возејќи најголем дел како шести, но кога ривалите по втор пат влегоа во бокс, тој го презема водството од Перез и создаде недостижна предност, а беше следен само од Мексиканецот. Во голема драма која се одигра во последниот круг, Шарл Леклер го нападна Перез за второто место, но притоа не успеа да го искронтролира болидот, па беше престигнат од Перез и Фетел кој му го „украде“ третото место. Пласман до десеттото место и поени обезбедија и Саинц, Ферстапен, Албон, Норис, Строл и Рикардо. Седмата титула за Хамилтон значи негово израмнување со рекордерот Михаел Шумахер, додека зад нив останува Хуан Мануел Фанџо со пет Ф1 трофеи. Возејќи кон боксот, гледачите на ТВ преност го слушнаа


СПОРТ |

неговиот емотивен момент кога низ солзи радосници им порача на младите да веруваат во себе и во своите соништа. Видно возбуден тој уште долго не можеше да излезе од сребрениот болид, по што му пристапи четирикратниот првак Себастијан Фетел и му честиташе на постигнувањето. - Сведочиме како правиш историја човеку,- беа зборовите на Германецот кои се слушнаа во ТВ преносот. Подоцна, тој ги повтори комплиментите и на официјалната прес конференција. – Хамилтон уште еднаш докажа дека е најдобар во оваа ера, во тоа веќе нема

сомнеж. Тешко е да го споредувате со Фанџо, тоа нема логика. Секоја ера има свои пилоти, а Хамилтон е најбрз и најдобар во нашата. За мене Михаел Шумахер е специјален, но Хамилтон на крајот оствари подобри резултати од него. Бројките го велат тоа, Хамилтон го заслужува сето ова, – нагласи Германецот. Старо-новиот првак, на крајот се почувствува прозван да даде одговор на сите кои велат дека неговиот доминантен болид му ги овозможил сите успеси, со што побара повеќе почит за неговото дело во мото спортот.

– Би сакал да има повеќе комплицирани трки како оваа последната во Турција, во тешки услови како што возевме. Колку повеќе пати има такви трки, толку повеќе ќе можам да докажам за што сум способен. Заслужувам повеќе респект, ова беше многу тежок викенд во кој не зависиш од болидот. Има уште еден одличен пилот кој вози ист болид како мојот и очигледно не остварува исти резултати како мене. Слушам интересни коментари од големи пилоти од минатото. Секако дека ви е потребен добар тим и одличен болид, никој нема освоено Ф1 титула на друг начин,рече Хамилтон. За да го илустрира својот став, тој даде и еден пример од минатото. - Не беше сè така лесно во мојот пат. Кога бев дел од картинг трките возев стар болид „од петта рака,“ со срање мотор! Во мојата прва сезона, момчето кое победуваше, имаше одлични мотори кои ги правеше таткото на Џенсон Батон. Кога тоа момче отиде ниво погоре, се сеќавам дека мојот татко мораше да направи нова хипотека на нашиот дом, за да ми купи таков мотор од 2.500 фунти. Кога го ставија во мојот картинг, постојано бев напред. Во овој спорт секогаш е потребен добар материјал, но исто така, многу е важно да знаете како да го користите, како што покажав јас во Турција, – додаде Британецот. До крајот на сезоната има уште три трки, од кои две во Бахреин (со менување на конфигурацијата на патеката) и финалето во Абу Даби закажано за 13 декември.

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


|СПОРТ

Саудиска Арабија влегува во Формула 1

Саудиска Арабија ќе стане 33-та земја која ќе биде домаќин на една Ф1 трка, откако одговорните луѓе денеска и официјално ја додадоа патеката во Џеда во предлог - календарот за следната натпреварувачка сезона во 2021-ва година. Станува збор за уште една улична трка во 3,5 милионски град во Саудиска Арабија, а планот на Формула 1 е гран при викендот да се одвива во вечерни услови за дополнително збогатување на спетаклот. – Планот е најдобрите светски возачи во Формула 1 да имаат битка во улиците низ градот во спектакуларна трка која ќе се вози навечер. Трката ќе се вози во Џеда крај брегот на Црвеното Море, со што ќе се обезбеди зачудувачка крајбрежна позадина за целосен викенд на уживање во мотоспортот во вториот град по големина во Саудиска Арабија,- објавија од менаџментот на првенството.

Фетел го откри рецептот на Ферари

Чудесниот резултат со освојување на третото и четвртото место од страна на црвените болиди на трката во Турција воедно е најдобриот пласман за тимот од Маранело во 2020 година. Себастијан Фетел, користејќи го отсуството на тимскиот шеф Матија Биното, направи шега на сметка на лидерот. – Освоивме повеќе бодови од било која трка, а Матија не е тука. Ако следниот пат не освоиме волку бодови, после тоа повторно ќе го оставиме да седи дома,- заклучи Германецот. • Александар Табаковски 52

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ОДИМЕ НА „ЕВРОПСКО“! НЕСОМНЕНО СПОРТИСТИТЕ СЕ СВОЕВИДНА НАЦИОНАЛНА ГОРДОСТ И СО НИВНИТЕ УСПЕСИ СИТЕ САКААТ ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ, ПА ВО СЛУЧАЈОТ СО ФУДБАЛЕРИТЕ СЕ ИЗНАГЛЕДАВМЕ НА ЕУФОРИЈА И ОБЛЕКУВАЊЕ ДРЕСОВИ КАКО ДА Е ПРВОАПРИЛСКИ МАСКЕНБАЛ.

Г

орчлив е лебот на професионалните спортисти. Ретко кој гледа да им помогне пред да направат резултат, а откако ќе направат, сите сакаат да го споделат за свој, што не е случај со поразите. Тие се само нивни, на спортистите, на тренерите... Но, исто така, не е исто и кога се во прашање различни спортови. За фудбал, кошарка и ракомет, владее национална еуфорија, небаре во тие спортови сме светски шампиони и лебот што го јадеме ни зависи на сите токму од нив. Да, радоста е голема, емоциите се убави, и нема потреба за тоа да се каже лош збор. Но, има ли подобра шанса од оваа да се спомене какви сè натчовечки напори се вложуваат во помалите спортови за достојно репрезентирање на државата? Сакам да нагласам: кога велам „натчовечки“ мислам на натчовечки напори и не го употребувам тој збор само заради шминка. Имаме спортови кои се сметаат како „базични“ меѓу кои спаѓаат пливање-

то, гимнастиката, и атлетиката. Во нив не само што ретко се исполнуваат норми за учество на европско, туку и кога ќе ги исполнат, спортистите се оставени сами на сопствената снаодливост да го најдат патот до големите спортски манифестации. Федерации со блокирани сметки, проблеми со обезбедување средства за патување, сместување и исхрана, немање услови за современи тренажни процеси и дополнителна работа за унапредување на телесните перформанси преку витаминска суплементација или други сродни третмани... Во таквата реалност, се издвојуваат неколку имиња на автомобилистичката сцена. Пред сè, неоспорен е фактот дека Игор Стефановски – Иџе самиот се одважи и карирата од националните првенства ја замени со меѓународните. Најпрво со возење ФИА ЦЕЗ во шампионатот на ридски патеки, а потоа и во европскиот. По две титули, се одважи да влезе во рингот и меѓу големите ѕверки кои возат на круг, каде што има ТВ преноси и каде што парите за учество се неколкукратно повисоки, што поради котизации, што поради големите трошоци за подготовки на возилото по секоја трка, по секој контакт итн. Иџе докажа дека е можно, донесе победи од трки кои се бодуваа за „европско“, дури во 2017 година беше во директен дуел со Петр Фулин. Неговиот пример ги охрабри и останатите, како Давидовски, а потоа и Рико Вуков, кој младинските успеси со картингот сега ги возобнови низ учествата во

туринг трките. Кај мотоциклистите е слично, со тоа што Слободан Ивчевски – Цобо веќе со години настапува само на меѓународните трки – бидејќи домашно првенство нема! И кога ќе дојде на ред ваквите имиња да добијат поддршка од државата, тогаш се поставуваат прашања зошто и по кои критериуми, па зошто да не им се дадат парите на некои локални таленти кои ,исто така, би сакале да станат славни. За разлика од споменатите фудбалери, кошаркари и ракометари, автомобилистите и мотоциклистите немаат богати федерации кои можат да ги поддржат, па видени се и ситуации кога во такви моменти се наоѓаат и повикани да го бараат својот интерес за издавање меѓународни лиценци итн. Оттука, на државните пари нема кој не би им се израдувал, но приватните не смеат да бидат пред националните интереси. За жал, скапиот авто мото спорт е „бунар без дно“, така што без симболичната поддршка од државата не би го имале ни ова. Уште подобро би било кога би имале своевидна официјална „репрезентација“ наместо поединци, но за жал тоа е тешко изведливо. Сепак, свеста за успесите на малите спортови мора да продолжи да еволуира и тие да бидат сфатени многу посериозно, а ултимативно и народот и државата да се обединат. •

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

НИЗ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИТЕ МЕДИУМИ СЕ ПОДИГНА „ГАЛАМА“ БИДЕЈЌИ РЕЧИСИ Е НЕВЕРОЈАТНО ВО НОЕМВРИ ДА СЕ НЕМААТ ОБЕЗБЕДЕНИ ВОЗАЧИ (СО ДОГОВОР) ЗА ИДНАТА СЕЗОНА, А ТОКМУ ТОА СЕ СЛУЧУВА ВО МЕРЦЕДЕС.

А

ко претходно Луис Хамилтон и Тото Волф тврдеа дека поради набиениот распоред не можат да најдат време за преговори, сега контекстот е многу поинаков. Аферите започнаа со фактот дека Волф како акционер го поддржа Лоренс Строл во купувањето на фабриката Астон Мартин, а бидејќи истиот е сопственик и на тимот „Рејсинг поинт“ (кој од догодина ќе биде ребрендиран), првичните шпекулации го поврзуваа Волф со напуштање на Мерцедес. – Јас сè уште не знам дали ќе бидам во тимот, па затоа и останувањето на Тото Волф воопшто не е моја најголема грижа, – изјавил Хамилтон во Имола на прашањето дали очекува Волф да биде тимски шеф на Мерцедес и следната сезона. Тимскиот шеф откри дека работат на прецизирањето на условите за новиот договор, но дека настојуваат да ја избегнат опцијата „само уште една година“ како резервна варијанта, доколку не пронајдат заеднички јазик како да продолжат.

54

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ДАЛИ ПРВЕНСТВОТО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ШАМПИОНОТ? – Претпоставувам дека доколку тој реши да се повлече од Формула 1, што не верувам и се надевам дека нема да се случи, ќе има навистина „луд“ пазар по нови пилоти. Сепак мислам дека тоа што го кажа е само момент, емоции. Сите сме среќни, но во исто време и многу уморни,- рече Волф по Имола. Одговорот за тоа дали останувањето на Волф е поврзано со новиот договор, или станува збор за две посебни работи, тимскиот шеф го елаборираше во посебни интервју за „Скај Спортс“. – Мојата ситуација е нешто поинаква, бидејќи јас сум косопственик на екипата, па никогаш нема да ја напуштам. Тоа е она што јас сакам да го правам. Има ли нешто подобро од тоа да си дел од една спортска екипа, да си дел од ваква фантастична група на луѓе? Едноставно верувам дека секој има „рок на траење“ во некоја улога, а јас сè уште не сум дошол до крајот на мојата. Мислам дека сè уште можам да придонесам. Но, мора да размислувам за иднината, да донесам некого, да му помогнам да се развие во оваа ролја, а тоа е фантасти-

чен предизвик за мене и тоа дефинитивно ќе биде едно од следните поглавја. Но, ќе ме гледате наоколу уште долго,- порача тимскиот шеф на Мерцедес. Но, тој не откри на кого гледа како свој наследник, велејќи дека не може да го соопшти неговото име. Во сопственичката структура на Мерцедес тој има 30% од тимот, додека 10% беше учеството на Ники Лауда. Главниот удел од 60% е во сопственост на компанијата Дајмлер. Иако Волф беше јасен дека посакува продолжување на договорот со Луис Хамилтон, новата реалност, исто така, сугерира дека буџетите на тимовите се намалуваат, што поради корона кризата, што поради барањата за порамнување на трошоците и лимитирање на средствата што се инвестираат. Тоа секако дека не е тренд што би му се допаднал на кој било шампион, доколку тоа значи помала плата во иднина отколку пред да ја освои титулата, па голема е веројатноста дека на ова тема ќе има несогласувања меѓу двете страни.


СПОРТ

Рекордите на седумкратниот шампион

Со победата во Турција, Луис Хамилтон стекна недостижна предност во однос на најблиските конкуренти (Валтери Ботас и Макс Ферстапен), па ја обезбеди седмата титула во својата кариера која трае 14 сезони (дебитираше во 2007 година). Тој има најголем број на поединечни победи во Ф1 трките (оваа во Турција беше со реден број 93), притоа 73 од нив се со актуелната екипа, што исто така е рекорд за еден возач и една екипа. Дури и пред овој гран при викенд, тој имаше повеќе победи отколку втори и трети места заедно (90). Пласманот во бодови за Хамилтон е 47 во низа, а на последните 81 трка, 80 пати освоил поени. Со триумфите на патеките Алгарве и Имола, тој има освоено победи на 29 различни патеки, а на трките има извозено над 5.000 кругови како првопласиран. • Александар Табаковски

Табела возачи во 2020 година (без последните три трки) Луис Хамилтон 307 бода Валтери Ботас 197 бода Макс Фестапен 170 бода Серхио Перез 100 бода Шарл Леклер 97 бода Табела конструктори во 2020 година (без последните три трки) Мерцедес 504 бода Ред Бул 240 бода Рејсинг Поинт 154 бода Мекларен 149 бода Рено 136 бода Ферари 130 бода 11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

ПРВА ПОБЕДА ЗА ЖОАН МИР, МУ СЕ НАСМЕВНУВА ТИТУЛАТА Ж

оан Мир беше лидер во генералниот пласман и покрај тоа што немаше остварено ниту една Мото ГП победа оваа сезона, но сега на две трки пред крајот на сезоната, му се насмевна и среќата па тој излезе како победник од трката за Големата награда на Европа возена на патеката во Валенсија. Блесокот на Мир беше забележлив уште на претходните две трки во Арагон кога во два наврати беше трет, додека претходно во Барселона и Римини беше два пати втор. Во услови кога светскиот првак Маркез е отсутен поради повреда, а возачите на Јамаха имаат ужасно променливи перформанси и нестабилен мотоцикл, Мир дојде до пол позиција за освојување на титулата. Во квалификациите за трката се наметна Пол Еспаргаро, кој ја предводеше групата од петмина мотоциклисти со постигнувања кои беа до толку изедначени, што разликата меѓу првиот и петтиот беше само една десетинка. Зад Еспаргаро беше Ринс (Сузуки), а потоа Накагами, Зарко и Мир. Тоа беше првата индикација дека ривалите ќе имаат тежок викенд, но старата мудрост со право укажува дека бодови се добиваат за пласманот во неделната трка, при што конкурентите добро ја

56

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

МЛАДИОТ ВОЗАЧ НА СУЗУКИ ГИ ИСКОРИСТИ ОСЦИЛАЦИИТЕ НА ФАВОРИТИТЕ ВО СЕЗОНАТА ЗА 2020 ГОДИНА, ПА СО КОНТИНУИРАНИ ВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ СЕ ИЗБОРИ ЗА ВОДСТВО ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН, А СЕГА СТИГНА И ДО ПРВИОТ ЛИЧЕН ТРИУМФ ВО ТРКА! познаваат патеката „Рикардо Тормо“ во Валенсија. Но, сепак до промена во распоредот на силите не дојде, бидејќи возачите на Јамаха не беа среќни со подготвеноста на нивниот мотоцикл. Шпанецот како најголем конкурент во трката го имаше својот сонародник и тимски колега Алекс Ринс, кој уште во вториот круг го презема водството, а потоа и Мир го престигна Еспаргаро, па така тие двајца за нијанса се издвоија. По 16 извозени кругови, Мир го престигна Ринс и успеа да ја задржи лидерската позиција до крајот на 27 круг. Зад нив Еспаргаро беше под притисок од Накагами кој му се доближи на една секунда, откако првата половина од трката ја возеше зад Оливеира, но и тој слично како Мир во втората половина беше подобар и се залепи до водечката тројка. На трката за Големата награда на Европа неговите конкуренти како Морбидели (Петронас) Вињалес (Јамаха) и Квартараро (Петронас), завршија на 11, 13 и 14 место. Легендарниот „доктор“, Валентино Роси,

кој паузираше поради позитивни наоди за Ковид-19, поради проблеми со моторот не ја доврши трката. На овој начин Мир во своја корист го реши тимскиот дуел, бидејќи Сузуки немаше чиста ситуација зад кој од двајцата возачи да застане, особено откако Ринс на претходните две трки во Арагон имаше една победа и едно второ место. На овој начин Мир стигна до 162 бода, додека Ринс се изедначи со Квартараро на второто место со по 125 бода. До крајот има две трки, односно 50 бода за освојување, што значи дека на Мир му се потребни само 14 бода за да ја завери титулата. Во пракса, тоа значи дека нему му е потребно едно трето место, додека еден од неговите двајца конкуренти треба да победи два пати во низа! До крајот на сезоната има уште две трки, и тоа уште една на истиот автодром „Рикардо Тормо“ која овој пат ќе се вика Голема награда на Валенсија, додека сезоната ќе заврши со инаугурација на новата патека во Португалија, Алгарве.


СПОРТ

Судот во Лозана му ја зголеми суспензијата на Андреа Јаноне Поранешниот мотоциклист на Дукати и победник на една трка во 2016 година, Андреа Јаноне, доби четиригодишна суспензија од Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Претходно, Јаноне беше суспендиран поради позитивен допинг тест за наводно користење на стероиди и првично заработи казна од 18 месеци, но во новата постапка пред судот во Лозана сега наместо скратување, тој доби зголемена казна од 48 месеци. – Андреа Јаноне е санкциониран со забрана за настап во траење од четири години, а за почеток на истиот се смета 17 декември 2019 година, стои во соопштението на највисоката судска инстанца. Италијанската Мото ГП ѕвезда имаше позитивен тест по трката за ГН на Малезија минатата година. Тој тврдеше дека јадел месо преку кое ги внел стероидите, но не успеа да го докаже своето тврдење.

Казни за екипите на Јамаха, возачите куртулија! За време на Големата награда на Европа во Валенсија беше соопштено дека светската мотоциклистичка федерација (ФИМ) има започнато истрага против Јамаха, откако биле доставени докази дека јапонската фабрика извела неколку недозволени промени на моторот на трката во Херез. Претходно, мотоциклите на Јамаха имаа одредени проблеми со вентилите, но во обидот да ги надминат истите не ги испочитувале протоколите на асоцијацијата на конструкторите, кои биле должни да добијат информација за тоа и едногласно да им дозволат да работат на поправката. Поради оваа сериозна истрага, се стравуаваше дека сериозни казни ќе добијат и возачите, а бидејќи Квартараро беше во игра за шампионската титула со три победи оваа сезона, неговата ситуација придонесе за компромисно решение. Штетата ќе ја претрпи само Јамаха, на која ќе и бидат одземени 50 бодови во битката за титула во конструктори, Монстер Енерџи Јамаха како тим ќе остане без 20 поени, додека сателитскиот тим Петронас Јамаха без 37 бода.

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


АВТО-МОТО

WRC – КАЛЕНДАР ЗА СЕЗОНА 2021

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА НОВА ВОЗБУДЛИВА СЕЗОНА ХРВАТСКА, ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА РЕЛИ ОД СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ. ЕСТОНИЈА ОСТАНУВА ВО КАЛЕНДАРОТ, А ПОВТОРНО МУ СЕ ДАВА ШАНСА И НА ЛЕГЕНДАРНОТО РЕЛИ НА КЕНИЈА ПОСЛЕ ПАУЗА ОД СКОРО ДВЕ ДЕЦЕНИИ.

Н

е беше лесно да се донесе сосема нов календар за следната 2021 сезона за Светскиот шампионат во рели кој ќе функционира во постоечките услови на пандемија од Ковид-19. Посебно ако се земе предвид преполовувањето на сè уште актуелната сезона и измените кои се правеа во од, а сè со цел да се одржи светското рели во кондиција во едни исклучително тешки услови. Дури и календарот за следната сезона е стратешки формиран за да се компензира ударот од пандемијата Ковид-19 врз светскиот шампионат. Затоа календарот пакува 9 релија во рамките на Европа, и 3 релија надвор од Европа, воедно повеќето настани се закажани после месец јуни. Голема новина е воведувањето на Хрватска во календарот на светското рели за 2021 година. Хрватска за првпат во историјата ќе биде домаќин на настан од Светскиот шампионат во рели. Долго очекувано е и враќањето на легендарното Сафари рели кое се вози во Кенија, како и релито на Јапонија. Но, да почнеме со ред и накусо да ги претставиме сите настани во шампионатот за следната сезона.

58

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1. Рели Монте Карло, 21 – 24 јануари Традиционално сезоната во Светскиот шампионат во рели започнува со иконата меѓу релијата, релито на Монте Карло кое се вози низ пределите и патеките полни свијоци на Француските Алпи. За следната сезона релито ќе доживее одредени измени кои се последица на енормните дождови кои го зафатија регионот. Бурата Алекс која ја зафати Југо-Источна Франција со врнежи од преку 450 mm воден столб во текот на 24 часа ги принуди организаторите да го исфрлат од итинерерот легендарниот брзински испит Кол де Турини кој нема да се вози за првпат во 89. годишната историја на релито. 2. Рели Шведска, 11 – 14 февруари Единственото снежно рели во календарот на Светскиот шампионат следната година оди уште подалеку на Север. Имено, климатските промени проследени со благи зими ги принуди организаторите да одат подалеку на Север како би нашле соодветна подлога на која треба да се вози ова специјалистичко рели. Јасно е дека годинешното рели на Шведска повеќе наликуваше на настан кој

се вози на чакал, отколку на настан којшто треба да се вози на снег. Затоа организаторот за следната сезона ветува целосно снежно рели. 3. Рели Хрватска, 22 - 25 април После пауза од повеќе од два месеци по релито на Шведска, следи стартот на релито на Хрватска кое се вози за прв пат во историјата на светското рели. Долгата пауза е со цел да се добие на време и да се почека ефектите од пандемијата да попуштат во тек на пролетта. Релито на Хрватска ќе биде исклучиво асфалтен настан и ќе биде базирано во главниот град Загреб. 4. Рели Португалија, 20 – 23 мај По еден месец пауза по релито во Хрватска, следи релито на Португалија. Традиционално ова рели се вози на чакал и следната година ќе биде првиот од трите исклучително жешки настани кои се возат во топлите месеци од годината. Планираниот настан годинава беше откажан заради Ковид-19, па се очекува в година ова традиционално рели да го оправда ептитетот како еден од повозбудливите настани во сезоната.


5. Рели Италија, 03 – 06 јуни Се вози на медитеранскиот остров Сардинија и претставува рели со мешани патеки, чакал и асфалт. Подеднакво како и релито на Португалија се смета за еден жежок, но возбудлив настан кој знае да ги десеткува екипажите со својата специфична тежина. Годинава релито на Сардинија и покрај пандемијата се одржа, па се очекува да се вози и в година. Фаворит повторно е Дани Сордо кој се смета за ексклузивен познавач на ова рели. 6. Сафари Рели Кенија, 24 – 27 јуни После пауза од 18 години, или од едно полнолетство, на сцена повторно пристигнува легендарното рели на Кенија. Единствен настан од Светскиот шампионат кој се вози на африканскиот континент. Релито на Кенија како и други настани доживеа тажна судбина. Иако се очекуваше дека паузата од 2002 година ќе биде прекината токму годинава тоа не се случи. Затоа организаторите и FIA очeкуваат дека следната сезона релито на Кенија ќе засјае во полн сјај. Со него воедно завршува првиот дел од сезоната. 7. Рели Естонија, 15 – 18 јули. Брзите правливи патеки на Естонија ќе ја отворат втората половина од сезоната 2021. Релито заслужи да биде дел од Светскиот шампионат откако неговите организатори годинава успеаја во исклучително куса временска рамка да организираат еден прилично успешен настан кого го фалеа и возачите,

и одговорните лица на Светската автомобилистичка организација. 8. Рели Финска, 29 јули – 01 август Познато по своите мазни и брзи патеки легендарното рели на Финска останува да биде дел од календарот како уште едно традиционално рели од Светскиот шампионат. Едноставно, светското рели не може да се замисли без релито на Финска. Годинава овој настан беше откажан на жалење на учесниците и публиката, но за в година се очекува повторно да блесно во полн сјај. 9. Рели Велика Британија, 19 – 22 август Со преместување на датумот се очекува релито на Велика Британија да се покаже во едно сосема ново издание. Овој настан кој традиционално се вози доцна на есен и е препознатлив по своите калливи и исклучително лизгави патеки кои не простуваат грешки, за во 2021 ќе има еден сосема поинаков карактер. Се очекуваат суви патеки кои ќе им овозможат на учесниците да го истражуваат својот лимит, но и лимитот на машините. 10. Рели Чиле, 09 – 12 септември. Релито на Чиле ќе биде еден исклучително тежок настан кој буквално ќе ги десеткува екипажите од светската рели сцена. Но, неговиот специфичен карактер се очекува да ја продолжи неизвесноста во завршницата на сезоната.

11. Рели Шпанија, 14 – 17 октомври Претпоследното рели на сезоната релито на Шпанија од своите асфалтни патеки ќе ги испрати тимовите на пат кон далечниот исток. Како и секогаш брзите и мазни асфалтни брзински испити во Шпанија ќе бидат домаќински восхитувачки и бравурозни потези зад волан на големите возачки мајстори на релито. 12. Рели Јапонија, 11 – 14 ноември После пауза од 11 години релито на Јапонија се враќа на големата светска рели сцена. После 11 години ова е прво рели кое се одржува на азискиот континент, а е дел од Светскиот шампионат. Традиционално добри организатори, јапонците веруваат дека токму на патеките низ нивните острови, ќе се крши борбата по светската титула и меѓу возачите, но и меѓу производителите. Секако заради пандемијата од Ковид-19, Светската федерација - FIA, и промоторот на Светското рели – WRC имаат резерва во ракавот и подготвени се да го менуваат календарот во од, доколку тоа од нив го бараат условите кои ќе произлезат од ширењето на пандемијата. Очекувањата се дека сезоната ќе мине во најдобар ред, а предвидените релија ќе бидат одвозени во полн формат. Останува само да се надеваме дека пандемијата во 2021 година нема да ги разочара искрените љубители на релито.

• Љубомир Атанасовски

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


АМСМ Програма за лојални членови

Дополнителни услуги, сребрена и златна картичка за нашите најлојални членови! Драги наши членови, Живееме тешки времиња, кога патувањата се сведени на патување до работа и по некој викенд во земјава, за оние посреќните. Но, дури и во вакви околности, останувате наши лојални членови, затоа што на кратки или долги релации, чувството дека не сте сами на пат, нема цена. Токму за вас нашите лојални АМСМ членови, постои АМСМ Програмата за лојалност, која подразбира: • Доколку 4 (четири) последователни години сте АМСМ член, без оглед дали имате користено услуги „Помош на пат“ или „Пренос на возило“, при следното зачленување добивате сребрена АМСМ Classic или Europe Premium членска картичка, која вклучува дополнителна услуга „Помош на пат“ во Македонија или и во Европа, зависно од типот на членскиот пакет • Како постојани членови кои се зачленуваат од десетта до четиринаеста година последователно, добивате златна АМСМ картичка со тоа што услугата бесплатно шлепување во случај на дефект до 200км во двата правци може да ја користите без ограничување во километри на територија на Македонија Притоа, ве потсетуваме вашата АМСМ членска картичка да ја обновите најдоцна во рок од 30 дена од датум на истек, со цел да го задржите правото на користење на услугите „Помош на пат“ или „Пренос на возило“, кои како АМСМ членови ги добивате бесплатно. Во спротивно, бесплатните услуги „Помош на пат“ или „Пренос на возило“ можете да ги користите по одминување на 7 дена од датумот на зачленување. Ви благодариме на Вашата лојалност и доверба! 60

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62

11.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2020


FRESH EXPRES ” FRAN ” ” ” OTTICA ITALIANA ”

2

0 .2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

0 .2020

3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

0 .2020


МОМЕНТ МАЛ

0 .2020

5


6

0 .2020


02.2020

7


“

8

0 .2020


05.2020

9


0 .2020


0 .2020


%

0 .2020

10


2008

0 .2020


15%

0 .2020


0 .2020


02.2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.