AMSM Klub Mobiliti Septemvri 2020 br. 48

Page 1

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

75 ГОДИНИ АМСМ!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Бојан Димитријевиќ РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

Септември е месец кога вообичаено ги сумираме впечатоците од летниот одмор, некои од нас се подготвуваат за почеток на школската година или размислуваат како ќе ги поминат претстојните празници...Но, за АМСМ септември е месец кога го слави својот 75. јубилеен роденден, 75 години долга историја. А историјата на АМСМ ги памети формирањето на првите автомото друштва, првите сектори, Автошколата, Одделението за запленети возила, Службата за помош на патишта, Информативниот центар, Хелио службата за итна медицинска помош...Некои од нив веќе не постојат, но беа одлична база за проширување на дејностите, за создавање нови служби и сектори, за креирање нови идеи, планови и активности што секогаш се во интерес на моторизираните граѓани, особено на членовите на АМСМ. Во годините што поминаа се бележи и зачленувањето на АМСМ во неколку најголеми светски организации, најпрвин во ФИА, а потоа и во АРЦ Еуропе, ЕуроРАП, иРАП, ЕКМА... Последните неколку години се обележани со низа структурални и организациски промени, со цел да остане поблиску до постарите, но и да се приближи до новите генерации, што резултира со континуирано зголемување на бројот на членовите за кои АМСМ секогаш обезбедува разновидни привилегии и придобивки, попусти. Општествената одговорност е суштина на постоењето на АМСМ, а тоа го потврдуваат и многубројните активности насочени кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста во сообраќајот. Сите реализирани настани и активности се само уште еден доказ дека АМСМ е докажана институција во сферата на сообраќајот и безбедноста. По седум и пол децении постоење приказната за АМСМ продолжува. Настојуваме да се соочиме и да ги победиме сите предизвици и кризи за кои можеби не знаеме кога ќе завршат, но сепак со уште поголем ентузијазам целиме кон реализирање на амбициозни проекти, пред сѐ, насочени кон членовите на АМСМ и корисниците на услугите на системот, но и кон сите активни учесници во сообраќајот. Среќен роденден, АМСМ! Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во октомври 2020 година, во електронска верзија на вашата емаил адреса и на веб страницата на www.amsmklubmobiliti.mk

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

НОВОСТИ 7 10

12

ПОЛСКА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА „БОДЕЖОТ“ НЕ МИРУВА АВТО-МОТО

12

СЕКОГАШ ЧЕКОР ПОНАПРЕД

16

ИМПРЕСИВНО СТОКМЕН ЛУКСУЗ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

Тоа што на другите им е тешко на Чесите им поаѓа од рака...

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 20

ЗА МНОГУ КИЛОМЕТРИ СТИЛ

24

НОВИТЕ СААТИ - СИНОНИМ НА

34

ЛУКСУЗОТ ПАТУВАЊЕ 26

ЗЕМЈА НА НЕОБИЧНА УБАВИНА Компанијата што годинава слави 100 години од своето постоење најмногу е позната по мотоциклите, но има...

HI-TECH 30

КАКО ДО „ПОЧИСТА“ ЕНЕРГИЈА ИСТОРИЈА

34

ЕДНАШ СУЗУКИ, СЕКОГАШ СУЗУКИ

МотоГП не се одржа, организаторите го водат настанот во Катар како прв во сезоната поради трките....

СПОРТ 38

ОД РЕИНКАРНИРАНАТА СЕЗОНА ДО НОВА ИСТОРИЈА

42

МАРАТОНСКО ФИНАЛЕ СО ШЕСТ ТРКИ

46

ШЕСТ ПОБЕДНИЦИ ВО СЕДУМ ТРКИ

48

ЕКСПРЕСЕН ЛЕТ ДО ЦЕЛТА

46

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


ДРЖАВА

БЕНЗИН БМБ-95

Албанија

169,00 ALL (1,36 EUR)

Австрија

1,01 EUR

Белгија

БЕНЗИН БМБ-98/100

ДИЗЕЛ

ПРОМЕНА

170,00 ALL (1,37 EUR)

08.09. 2020

1,17 EUR

0,98 EUR

08.09. 2020

1,33 EUR

1,42 EUR

1,34 EUR

08.09. 2020

БИХ

1,70 BAM (0,87 EUR)

1,93 BAM (0,99 EUR)

1,70 BAM (0,87 EUR)

08.09. 2020

Бугарија

1,69 BGN (0,86 EUR)

2,10 BGN (1,07 EUR)

1,74 BGN (0,89 EUR)

08.09. 2020

Чешка

25,90 CZK (0,97 EUR)

28,36 CZK (1,06 EUR)

25,69 CZK (0,96 EUR)

08.09. 2020

Црна Гора

1,08 EUR

1,12 EUR

0,96 EUR

08.09. 2020

Данска

9,79 DKK (1,31 EUR)

10,78 DKK (1,45 EUR)

8,19 DKK (1,10 EUR)

08.09. 2020

Естонија

1,20 EUR

1,25 EUR

1,00 EUR

08.09. 2020

Финска

1,33 EUR

1,41 EUR

1,16 EUR

08.09. 2020

Франција

1,32 EUR

1,40 EUR

1,23 EUR

08.09. 2020

Грција

1,38 EUR

1,60 EUR

1,12 EUR

08.09. 2020

Хрватска

8,65 HRK (1,14 EUR)

9,25 HRK (1,22 EUR)

8,25 HRK (1,09 EUR)

08.09. 2020

Ирска

1,21 EUR

1,13 EUR

08.09. 2020

Италија

1,41 EUR

1,77 EUR

1,29 EUR

08.09. 2020

Летонија

1,06 EUR

1,11 EUR

0,98 EUR

08.09. 2020

Литванија

0,97 EUR

1,07 EUR

0,89 EUR

08.09. 2020

Луксембург

1,06 EUR

1,14 EUR

0,94 EUR

08.09. 2020

Унгарија

344,80 HUF (0,98 EUR)

364,30 HUF (1,03 EUR)

354,10 HUF (1,00 EUR)

08.09. 2020

Северна Македонија

60,50 MKD (0,95 EUR)

62,50 MKD (0,99 EUR)

49,50 MKD (0,83 EUR)

22.09. 2020

Германија

1,27 EUR

1,39 EUR

1,10 EUR

08.09. 2020

Холандија

1,65 EUR

1,72 EUR

1,30 EUR

08.09. 2020

Норвешка

16,20 NOK (1,53 EUR)

17,19 NOK (1,62 EUR)

15,26 NOK (1,44 EUR)

08.09. 2020

Полска

4,13 PLN (0,92 EUR)

4,37 PLN (0,98 EUR)

4,16 PLN (0,93 EUR)

08.09. 2020

Португалија

1,46 EUR

1,58 EUR

1,25 EUR

08.09. 2020

Романија

4,11 RON (0,85 EUR)

4,66 RON (0,96 EUR)

4,29 RON (0,89 EUR)

08.09. 2020

Русија

47,08 RUB (0,58 EUR)

54,80 RUB (0,67 EUR)

47,49 RUB (0,58 EUR)

08.09. 2020

Словачка

1,11 EUR

1,21 EUR

1,01 EUR

08.09. 2020

Словенија

1,00 EUR

1,14 EUR

1,00 EUR

08.09. 2020

Шпанија

1,12 EUR

1,27 EUR

1,02 EUR

08.09. 2020

Србија

123,40 RSD (1,05 EUR)

132,90 RSD (1,13 EUR)

131,90 RSD (1,12 EUR)

08.09. 2020

Шведска

13,98 SEK (1,33 EUR)

14,58 SEK (1,39 EUR)

14,03 SEK (1,34 EUR)

08.09. 2020

Швајцарија

1,41 CHF (1,33 EUR)

1,48 CHF (1,39 EUR)

1,50 CHF (1,41 EUR)

08.09. 2020

Турција

6,12 TRY (0,79 EUR)

6,17 TRY (0,79 EUR)

5,66 TRY (0,73 EUR)

08.09. 2020

В. Британиja

1,05 GBP (1,16 EUR)

1,37 GBP (1,52 EUR)

1,11 GBP (1,23 EUR)

08.09. 2020

6

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ

IZERA

ПОЛСКА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

И

Полска влегува во автомобилската индустрија и тоа на голема врата со електромобили. „Изера сув“ и „изера хечбек“ ќе бидат првите полски автомобили кои официјално ќе бидат претставени во 2023 година. Пред четири години, поточно во 2016 година четири големи полски компании ги здружуваат силите со цел да направат туристичко возило од сопствено производство. Новоформираната компанија „ЕлектроМобилити Полска“ на крајот од месец јули претстави две концепт возила, едното „сув“, а другото комбилимузина (хечбек). Овие два концепти кои набрзо ќе бидат сериски произведувани ќе бидат првите електромобили од домашно производство. Новоименуваната марка

„Изера“ носи име од планинскиот венец Изера што се наоѓа во југозападниот дел од државата. Засега концептите се во развојна фаза и носат кодирани имиња, возилото за забава (сув) го водат како „з 100“, а комбилимузината од сегментот „ц“ е именувана како „т 100“. Полска не е од вчера во автомобилската индустрија, напротив, тамошните се во таа бранша еден век, а да не зборуваме за тоа дека повеќе производители имаат фабрики речиси половина век, на пример Фиат. Им посакуваме многу среќа и во очекување дека електромобилите ќе стасаат во 2023 година и на македонскиот автомобилски пазар. •

AC COBRA

АВТОМОБИЛ ЗА ПОСЕБНИ ПРИЛИКИ И УЖИВАЊЕ

Л

етово сопственикот на компанијата „А Ц Карс“ Алан Лубински најави повторно производство на легендарната „а ц кобра“, поточно на „а ц кобра 378 суперблоувр мк IV“. Претходното појавување, повторното производство, беше во 1998 и оттогаш штама. Класиката од роудстер ќе биде задвижувана од V8 мотор од 6,2 литри зафатнина, односно громогласен и здрав звук од издувниот систем. Така од прилика се изјаснуваат сите што го имаат слушнато работењето на моторот од спомнатиот роудстер. Бројката на произведени примероци сè уште не

се открива, но затоа цената е обелоденета веднаш бидејќи навалија присутните да поставуваат прашање за цената – само 170.000 долари и еден примерок од овој супер класичен двосед ќе биде ваш. Целосна рачна изработка, од најситен детаљ до моторот кој се подготвува со посебно внимание, а внатрешноста е посебна приказна каде ќе доминира високо квалитетна црно обоена кожа и како што претходно напишавме, сето тоа рачно скроено и сошиено. Ова е несекојдневна прилика да се купи автомобил во кој има толку многу слава и посебности. •

* ПОКРИЕНО РАСТОЈАНИЕ 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


OPEL ПРОДОЛЖУВА СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТРАТЕГИСКИОТ ПЛАН PACE!

ЕУРОИМПЕКС ИЗБРАН ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК ЗА 5 БАЛКАНСКИ ДРЖАВИ

K

омпанијата „Опел“ со цел за подобар развој на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, поточно на дел од Балканскиот полуостров, го објави новиот соработник и увозник за 5 земји од овој регион. Македонската компанија „Еуроимпекс“ која од 1992 година соработува со францускиот Peugeot станува новиот официјален генерален увозник на возилата од брендот Opel за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија која за трите децении на своето постоење остварува сериозно голем развој, каде покрај Peugeot го превзема работењето и на Opel, а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата PSA. Инаку, Еуроимпекс веќе 5 години е генерален увозник за возилата на Peugeot за горе наведените балкански држави.

8

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата. „Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде: „длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“ Во 2019 година, на наведените простори Opel пласирал 2.500 возила врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат. •


НОВОСТИ

DELAGE

ВИСТИНСКАТА РЕТКОСТ СЕ ВРАЌА НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ

M

арката Делаж не е многу или воопшто не е позната кај поширокиот дел од автомобилската јавност, но сепак летово нејзиниото име повеќе пати е спомнато. Колку и да е често спомнувана, заслужува поголемо внимание од сегашново, затоа што фирмата била „под клуч“ цели седум децении. И сега кога електромобилите се во некој налет, но и мода, компанијата „Делаж“ продефилира со концепт автомобил, кoј многу наликува на болидите од формула 1. Официјално автомобилот е концепт, но уште при светската премиера производителот нагласи дека токму тоа што што е изложено наскоро ќе може и да се купи, а не само да се гледа. Многу смел потез на малата компанија која нагласи дека нивниот супер автомобил е најбрзиот хибриден на светот кој може да се регистрира. Сега ќе видиме зошто е тоа така како што велат конструкторите на „делаж д 12“. Инспирација е добиена од претходно спомнатите болиди, а потоа и од суперсоничните авиони, затоа оттаму потекнуваат двете седишта, но во тандем, еден зад друг и додаваат: управувањето ќе биде со џојстик како во авионите ловци, а седиштата строго карбонски со сигурносни ремени во четири точки „Н“. Погонските единици се следниве, една со внатрешно согорување од француско производство со 12 цилиндри во V чија работна зафатнина изнесува 7,6 литри, обичен без турбо компресор, но со осумстепен автоматски менувач. Од него „излегуваат“ 1004 КС и заедно со силината од електромоторот има вкупно 1115 КС. Има уште еден електромотор со 20 КС, но тој е помошен и за употреба при паркирање и возење во „затнатите“ со автомобили градски средини. Автомобилот „делаж д 12“ е развиван од тим на луѓе кои се сопственици на 16 светски шампионски титули во класата на автомобили. Да спомнеме неколку имиња, Жак Вилнев, свет-

ски шампион во формула 1 и Бенои Багур двоен светски шампион во туристичката класа. Ако сè оди според планот и сите работи течат како што е зацртано, испораката на првиот „делаж д 12“ ќе се случи наредната година, а ќе бидат произведени само 30 примероци. Цената за еден примерок изнесува скромни или не, 2,3 милиони долари. Конструкторите и одговорните лица имаат желба со автомобилот да постават нов рекорд на патеката Нирбургринг, вклучувајќи ја и „нордшлајфе“. Кога пред петнаесетина години се „појави“ една од најголемите економски падови во автомобилската индустрија и кога обичните, секојдневните автомобили најмногу настрадаа, тогаш во светот најмногу се продаваа луксузните автомобили. Верувале или не, во тие години Ферари, а посебно Ролс Ројс и останатите од класата бележеа врвни продажни резултати. Такви бројки директорите и одговорните не гледале ни на сон, а не, пак, на јаве. Сепак, се случи најголемото изненадување, рекордните продажби и натаму се присутни во тој дел од индустријата на четири тркала. Затоа враќањето на Делаж не е ништо чудно. Имаат тим од врвни стручни лица и прекрасна марка која повторно треба да заживее по седум децении пауза. Делаж е француска марка основана од Луи Делаж во 1905 година. Произведувала луксузни лимузини и спортски купе автомобили. Поради финансиски проблеми компанијата ја купува Делхае во 1935 година. Во повоените години производството не било којзнае какво, а интересот за такви автомобили опаднал, така што одговорните ја затвораат фабриката и марката во 1953 година. Инаку марката во тоа време била често учесник на трките и една од водечките во автомобилскиот спорт. •

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


НОВОСТИ

KIA SINGER

„БОДЕЖОТ“ НЕ МИРУВА

K

ога корејскиот производител на автомобили го претстави моделот „стингер“ во 2017 година, ги откри картите, а со тоа и желбите да се има автомобил во средната класа со моќни погонски единици. Според досегашната статистика продадени се над 40.000 примероци, но Киа верува во моделот и во неговата иднина и затоа на почетокот од месец август на светскиот пазар ја лансираше обновената изведба. Веднаш на прв поглед ќе помислите, автомобилов нема никакви измени, но откако внимателно ќе се загледате, обновувањето на надворешниот дизајн е приметливо, поинакви светла и маска, поголеми отвори за воздух, додека одзади измените се поуочливи каде доминира задната светлосна групација и издувите кои сега се со поголем дијметар. Да не одиме во детали што е дизајнерски направено, бидејќи сето тоа ќе го видите од фотографиите. Да го спомнеме и следново, направени се голем број измени и во одделот за патниците, една од тие е новиот 10,25 инчен екран осетлив на допир – стариот беше со скромна дијагонала од 8,0 инчи. Зголемен е и бројот на дезените и на боите од школката, така што сега купувачите ќе имаат на располагање поголем број комбинации, да бираат кој дезен од внатрешноста ќе им одговара на омилената боја. Во понуда ќе биде и изведба во која ќе можете да го менувате светлосниот амбиент. Сопствениците ќе имаат на располагање дури 64 бои. Оваа изведба од рестилизираниот „стингер“ на почетокот ќе се нуди само на домашниот пазар. Можно е , но не е со сигурност потврдено, погонските едини-

10 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ци да варираат од пазар до пазар, но генерално во понуда ќе има два мотори, бензински, едниот реден четирицилиндричен со зафатнина од 2,5 литри со турбо компресор со чија помош „излегуваат“ 304 коњски сили со максимален вртежен момент од 422 Нм и поголемата, поснажна единица, таа има шест цилиндри во V чија работна зафатнина изнесува 3,5 литри и со двоен турбо компресор постигнува големи 380 коњски сили. Третата турбо бензинска единица, најмалата по зафатнина, 2,0 литри со 262 КС, исто така, е во комбинација, најверојатно само за одделни пазари. Неизвесно е вградувањето на турбо дизел агрегатот, четири цилиндри во линија со зафатнина од 2,2 литри и неговите 220 КС. Претходникот со дизел мотор на европскиов пазар се продададе со над 3.000 примероци, а на северноамериканскиот пазар таа изведба воопшто не се нудеше – едноставно, тамошните не ги почитуваат автомобилите со дизел мотори. Според најавите, за преносот на силината од моторите ќе биде задолжен еден менувач, автоматски со осум брзини. Димензиите на автомобилот и снажните мотори доволно говорат за апетитите на производителот да биде ако не со нив, тогаш да биде веднаш до нив, се мисли на премиум класата. Тоа го потврдува со погонските единици позајмени од „генезис г 80“. Ако групацијата го има „генезис“ кој е во јатото на премиум класата, зошто Киа оди кон таа класа со моделов за кој пишуваме? Обновениот „киа стингер“ ќе стаса во продажните места на почетокот од есента, најнапред на домашниот пазар, а подоцна и низ цел свет. •


09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


АВТО-МОТО

Возевме – Škoda Octavia Style 2.0 TDI EVO DSG 150

СЕКОГАШ ЧЕКОР ПОНАПРЕД

СО НОВАТА, ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА НА OCTAVIA ЧЕШКАТА МАРКА ОTСЕГА РАМНОТЕЖАТА ЈА БАРА ПОМЕЃУ СТИЛОТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТА, А ЗА СÈ ДА БИДЕ КАКО ШТО НАЛАГААТ АКТУЕЛНИТЕ ТРЕНДОВИ УПОТРЕБЕНА Е НАЈМОДЕРНАТА ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА ГО НОСИ ОВОЈ МОДЕЛ ДАЛЕКУ ПРЕД ДИРЕКТНИТЕ РИВАЛИ. Нова дизајнерска патека Тоа што на другите им е тешко на Чесите им поаѓа од рака. Од своето појавување во 1996 година Octavia е неприкосновен владетел на просторот и комфор, а особено јак играч во односот на вложено-добиено. Со појавувањето на четвртата генерација 12 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

тој опсег се проширува кон стилот и функционалноста. Токму поради тоа при првата средба може да се заклучи дека Octavia цели многу повисоко. Предниот дел изгледа доста софистицирано и врти нова страница во дизајнот на марката. Долгиот преден поклопец се спушта ниско, а под него е поставе-

на решетката на ладилникот која се движи до светлосните групи со нов светлосен печат. Отсега сите верзии стандардно доаѓаат со светла опремени во LED технологија како на предниот, така и на задниот дел. Ако добро го погледнете страничниот профил на Octavia ќе забележите дека се оддалечува од дизајнот на


АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО ДИЗЕЛ

ЗАФАТНИНА:

1.968 СМ3

МОЌНОСТ:

150 КС При 3.000 врт/мин.

МЕНУВАЧ:

7 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ЛИНИСКА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 225/45 R18, ПОЗАДИ 225/45 R18

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

КГ 1.465 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:

4.689 X 1.994 X 1.470 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

8.7 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

3.7 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

227 КМ/Ч

АВТОНОМИЈА НА ДВИЖЕЊЕ

/

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

31.940 ЕU

класична троволуменска лимузина и сега повеќе наликува на купе-седан изведба. Кога станува збор за задната страна забележлив е обликот на поклопецот од багажниот дел кој ненаметливо се претвара во мал спојлер, на неговата средина производителот гордо го става своето име. Задните светла се со 3D дизајн и длабоко се врежани во каросеријата. Целиот крај завршува со соодветно обликуван браник кој ја дополнува целината на задниот дел. Присуството на хромирани детали е забележлив на целата надворешност со што Octavia го подигнува имиџот и создава далеку поконкретна слика за автомобилот.

Škoda од новото време Новата генерација на Octavia се збогува со минатото и директно оди во иднината, слободно може да се каже дека ова е досега најдобро изведениот ентериер на чешката марка. Организирањето на предна арматура е наклонета кон новото време, тука екраните и минималната употреба на физички команди создаваат слика на софистициран автомобил со модерен пристап во креирањето. Опремен со виртуелен асистент кој се одзива на командата „Оkay Laura!“, што секогаш стои во позадина подготвена за вас. Па така ако посакате може да ја подеси температурата во кабината, избере омилената радио станица, напише и испрати СМС порака. Ова се само дел од активностите кои ги извршу-

ва без поговор. Копчињата и прекинувачите се сведени на минимум и речиси со сѐ се командува преку системот за инфотејмент, а ако сакате да го намалите или зголемите гласот на аудио системот во подножјето е поставен т.н „слајдер“ преку кој само нежно треба да поминете со прст. Материјалите кои се користени за изработка на кабината се исклучително квалитетни и меки во делот каде што секојдневно се допира, завршната обработка создава удобно чувство и сѐ наликува како од класата погоре. Како доказ дека Octavia се збогува со минатото е управувачот, тој е изведен во несекојдневен облик со два крака на кој се поставени ротирачки команди со високосјаен хромиран финиш. Предниот дел од кабината нуди седишта со одлични пропорции во кои се седи многу удобно и нудат добра потпора во сите правци. Заднитe пар врати ја скриваат тајната со која Octavia ја плени публиката. Меѓуоскиното растојание од 2.686 мм овозможува сериозна количина на простор со која располага задната клупа. На неа комотно може да се сместат лица чија што висина е над 180 см без да допрат со коленатa во предните седишта, или да допираат со главата на горниот дел од кабината. Конфигурацијата на каросеријата иако по обликот наликува на класичен седан, сепак пристапот до багажниот простор е изведен преку петта врата. Награда за ваквото решение доаѓа во вид на искористив

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


АВТО-МОТО

волумен од 600 литри во основната конфигурација, а доколку и тоа не е доволно со соборувањето на задната клупа волуменот на багажникот расте до несекојдневни 1.550 литри.

Проверен склоп со типичен карактер Тестираниот примерок под предниот поклопец ја поседува најновата инкарнација на добро познатиот TDI агрегат со додаток EVO, кој од сега доаѓа со двојно филтрирање на издувните гасови со што поентира на еколошките тестови. Станува збор за мотор од 2 литри со common rail технологија и Еуро 6 рација во просек троши под 8 литри дизел гориво во градски услови на користење, додека на автопат со почитување на максималната брзина потрошувачката се спушта под 6 литри на секои 100 километри. Во однос на потпирањето нема поголеми замерки, поставените задачи Octavia ги извршувa послушно, нејзиното сетирање е подесено на конфорната страна, што од друга страна, пак, не значи дека не може да одговори и на поагресивни барања на возачот. Новата Octavia ги задржува своите типични карактеристики и истите ги користи на умешен начин како стандард кој испорачува 150 КС и 360 Nm влечна сила, истата е на располагање во распон од 1.750 до 2.750 вртежи во минута, а моќта ја испраќа на предната осовина. Оваа работна единица се одликува со тивко работење, силата ја испорачува линеарно и без најмал проблем го движи автомобилот тежок речиси 1.5 тони. Како идеален партнер на агрегатот доаѓа 7 степен DSG автоматски менувач со двојна спојка кој се одликува со извонредна прецизност во работењето. Моделот Octavia во оваа конфигу-

главни состојки со кои се наметнува пред конкуренцијата и несрамежливо покажува дека е може да им парира и на оние од повисоката класа. • Данчо Здравковски

14 05.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЗНАМ КОГА СУМ СИГУРЕН

www.insumak.mk

Несреќен случај (незгода)

Каско-осигурување на моторни возила

Домаќинство

Пожар и некои други опасности

Провална кражба и разбојништво

Машини, инсталации и апарати

Пакет за деловни субјекти

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


АВТО-МОТО

Претставуваме LUCID AIR DREAM EDITION

ИМПРЕСИВНО СТОКМЕН ЛУКСУЗ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН ДОЛГО ОЧЕКУВАНАТА СЕРИСКА ИЗВЕДБА НА СУПЕРЛУКСУЗНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЛИМУЗИНА LUCID AIR ПЛЕНИ СО СВОЈОТ НАСТАП И СЕ РАСФРЛА СО ИМПРЕСИВНИ БРОЈКИ ОКОЛУ МОЌНОСТА, ПЕРФОРМАНСИТЕ, АВТОНОМИЈАТА И БРЗИНАТА НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИИТЕ.

И

мето Lucid Motors сигурно не им е непознаница на љубителите на мотоспортот. Имено марката која потекнува, од каде ако не од Калифорнија, САД, со батерии ги снабдува болидите од шампионатот на Формула Е. И додека конкурентскиот Tesla Motors веќе е етаблиран како производител на електрични автомобили, Lucid туку ја започнува својата електрична приказна, но на еден сосема поинаков начин. Неговата лимузина Air не само што претставува врв во поглед на користењето на модерните електрични технологии, таа претставува врв и во луксузниот настап и благородничкото доживување на внатрешноста. Сепак, бидејќи станува збор за електромобил акцентот при рекламирањето е ставен на импресивните бројки кои се однесуваат на моќноста, перформансите, автономијата и брзината на полнење на батериите. Техничките детаљи се само поткрепа на комплетното доживување на Lucid Air како лимузина од најфин ков.

НАПРЕДНА ЕЛЕКТРОТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВРТОГЛАВИ ПЕРФОРМАНСИ

При создавањето на лимузината Air, Lucid Motors ја користи најнапредната технологија на полето на електричните автомобили. Основата на која почива целата високотехнолошка приказна на Lucid Air се компактните електрични мотори, врвниот пакет на батерии и екстремно брзото полнење. Што значи сето ова претворено во бројки? Двата електромотори испорачуваат вкупна моќност од 1080 КС, батериите дозволуваат автономија од 517 милји, или 832 километри, а брзината на полнење оди со рата од 300 милји, или 482 километри за

16 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

20 минути. Сето ова претворено во бројки кои ги изразуваат перформансите завршува со способноста за спринт од место до 60 mph, или 96 km/h за 2,5 секудни. Понатаму ловот на четвртина милја или 402 метри од место за 9,9 секунди што е на ниво на тркачки автомобил и максималната брзина од 168 mph, или 270 km/h. Електричниот мотор на Lucid е најкомпактниот двигател од овој вид на светот. Има димензии кои без проблем го сместуваат во корпата за одредување на рачен багаж на аеродромите. Тежината од само 74 килограми го претвора во најмоќниот електромотор на светот за својата големина. Секој од двата електрични мотори кои го задвижуваат Lucid Air испорачува по 670 КС, а комбинираната моќност им е пресметана на 1080 КС. Напредниот MOSFET со силикон и карбид во инвертерот на моторот му помагаат да ја зголеми ефикасноста преку минимизирање на загубите. За испораката на енергија Lucid Air се потпира на докажаната во трки технологија на батерии кои имаат капацитет од 113 kWh и напон од 900 V. Распоредени во подот на автомобилот со оптимизиран систем на ладење батериите дозволуваат неверојатно висока брзина на полнење. Полнењето оди преку т.н Wunderbox, патентирана единица за полнење на батериите проектирана во Lucid Motors. Wunderbox ја зголемува брзината на полнење и воедно е компатибилен со сите јавни станици за полнење на батерии. Wunbderbox автоматски го мести влезниот напон на потребната вредност, а овозможува и двосмерен проток на енергијата. Односно во случај да снема електрична енергија преку него Lucid Air може да го напојува домот на сопственикот.


АВТО-МОТО

НАЈАЕРОДИНАМИЧНАТА ЛИМУЗИНА НА СВЕТОТ

Голем дел од заслугата за неверојатно големата автономија на Lucid Air и неговите перформанси оди на сметка на извонредната аеродинамика која ја има оваа лимузина. Станува збор за коефициент на отпор на воздух Cd со вредност од 0,21. Колку за споредба директниот конкурент Tesla Model S има коефициент Cd од 0,24. Дури и досега најаеродинамичниот модел на светот Mercedes A-Class Sedan со Cd 0,22 губи во однос на Lucid Air. Луксузниот електромобил е поставен на платформа конструирана од сопствените инженери на Lucid Motors. Носи кодна ознака (LEAP) Lucid Electric Advanced Platform и ги комбинира пакетот од во трки на Формула Е докажаните батерии кои се распоредени во подот на платформата, двата електрични мотори со погонските мостови и адаптибилната суспензија. На неа е поставена каросеријата Lucid Space Concept која повеќе делува на скулптура од современа уметност отколку на уште еден автомобил. Во неа е спакувана исклучително просторната кабина која благодарение на минијатурните мотори и погонски спреги нуди изобилие од комфор. Од Lucid се фалат дека оваа платформа ја претставува најнапредната архитектура на електричен автомобил која отвора нова ера во поглед на просторнота, ефикасноста и комфорот.

СОЗДАДЕН ДА ВООДУШЕВУВА

Без оглед на сериозните димензии од 4975 mm должина, 1663 mm ширина, 1410 mm висина и меѓуоскино растојание од 2960 mm, Lucid Air е создаден подеднакво да ги воодушеви и патниците со својот комфор, но и возачот со својата возна динамика. Благодарение на адаптибилната распределба на вртежниот момент меѓу тркалата на една оска, полуактивната суспензија, модусите кои го менуваат однесувањето на автомобилот спрема желбите на возачот Lucid Air се претвора во бескомпромисен возачки настроен автомобил. Способноста на полуактивната суспензија и мултилинк, водењето на тркалата да се прилагодуваат на структурата на патот дозволува остро управување комбинирано со рафинирано возење. Во милисекудни суспензијата омекнува за да ги апсорбира нерамнините, и потоа веднаш отврднува за да го контролира нишањето. Воедно управувањето може да се дотера според желбите на возачот, односно да нуди острина и поврзани информации на спортски автомобил, или комфор на луксузна лимузина.

АВТОНОМНО УПРАВУВАЊЕ

Опремен со систем LIDAR од најновата генерација кој користи пулсирање на ласерски зраци за да создаде тридимензионална слика на околината околу автомобилот, Lucid Air е подготвен за автономно управување кое во голема мерка му ја олеснува работата на возачот посебно кога подолго време е зад волан. Наречен DreamDrive автономниот систем на Lucid користи LIDAR со 124 ласерски зраци со висока резолуција, радар кој скенира 360˚ околу возилото и 32 сензори и камери. Овие високотехнолошки технички досетки во комбинација со напредниот систем за асистенција на возачот (ADAS) Advanced Driver Assistance System и системот за набљудување на возачот создаден да го задржи неговото внимание на патот го претвораат Lucid Air во еден од најбезбедните електромобили на светот.

ВНАТРЕШНОСТА СЕ СРЕЌАВА СО НАДВОРЕШНОСТА

Стаклената купола, место класичен кров, го претвора доживувањето при патување како во отворен автомобил со чист поглед кон небото. Оваа дизајнерска одлука создава екстравагантно чувство на просторност во и бездруго исклучително просторната кабина. Рамниот под во задниот дел, широката клупа и во класата ненадминатиот простор за нозе нудат комфорно патување на тројца возрасни патници како да се сместени во отворен салон. Благородните материјали во комбинација на кожа Nappa, дрвo: еукалиптус, американски орев и црвен даб, алуминиум, алкантара со текстура на превртена кожа, волнена ткаенина од алпака во комбинација со минималистички дизајн го подигнуваат доживувањето на луксуз на едно сосема поинакво рамниште. Оваа благородничка нота е дополнително нагласена со стаклениот кокпит сочинет од интегриран дисплеј кој претставува техничко чудо со 5K резолуција. На располагање стои уште еден дисплеј кој се вовлекува во арматурата, а извлечен ја покрива сокриената полица на централниот гребен. Сета врвна технологија која како да доаѓа од иднината, современиот дизајн, скапите материјали, благородната внатрешност повлекуваат и соодветна цена. Ултимативниот модел Lucid Air Dream Edition кој прв стартува со продажба во САД ќе чини 169.000 долари, додека основниот модел Lucid Air Base кој доаѓа на пазарот дури во 2022 година ќе чини 80.000 долари. Меѓу нив влегуваат моделите Lucid Air Touring со цена од 95.000 долари и Lucid Air Grand Touring со цена од 139.000 долари. Првите примероци на Lucid Air Dream Edition ќе бидат испорачани на купувачите на пролет следната година. •Љубомир Атанасовски 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

18 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


CLASSIC

EUROPE PREMIUM

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/ акциска цена.

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Тест на електрични скутери

За многу километри На тестот: пет електрични скутери, сите побрзи од класичните мопеди. Победник на тестот со практичен детаљ Производство Niu и Trinity потекнуваат од Кина, Swalbe од Полска, Vespa од Италија и Silence од Шпанија.

Досег/опфат Овие три модели достигнуваат околу 90 километри: Niu NQI GТ, Silence SO1 и Trinity Uranus. Со растојание за почит зад нив: Piaggio Vespa Elettrica 70 (60 км), Govecs Swalbe L3e (67 км).

Максимален капацитет на акумулаторот 5,6 кВтч - Silence SO1 4,8 кВтч - Govecs Swalbe L3e 4,2 кВтч - Niu NQI GТ, Piaggio Vespa Elettrica 70, Trinity Uranus Најголема брзина Најбрз модел на тестот е Silence со 95 км/ч, јасно побавна е Vespa со само 67 км/ч. Со тоа, тој е најбавен во оваа споредба.

П

о велосипедот, тротинетот и мопедот, „125“ станува сегмент на четвртата категорија возила на две тркала во која електричниот погон се етаблира како алтернатива. Веќе постојат првите разумни забрани. Тука спаѓаат петте тестирани кандидати. Различни се и техничките пристапи што се избрани. Додека Swalbe и Vespa имаат цврсто вградени акумулатори, кај другите тие се вадат, при што практичното решение кај Trolley des Silence заслужува дополнителна пофалба (акумулаторот од 5,6 кВтч може да се стави назад како мал куфер). Големи се разликите и во однос на перформансите на возење. Додека Niu и Vespa работат како мопеди (врвна брзина до речиси 70 км/ч), Swalbe и Silence личат на вистински 125. Заклучок на техничарот на ОАМТЦ, Стефан Кербл: „ Silence SO1 се истакна во сите категории и заради тоа заслужено

победи. Меѓу другото, покажа и што треба да очекуваме во иднина од овој сегмент на тркала - уредни возни перформанси со истовремено прифатливи опфати. Лоша вест практично кај сите испитани беше цената што се наоѓа над секоја споредлива „125“ со традиционален мотор со внатрешно согорување.“ Повеќе информации, како и технички детали за овие скутери ќе најдете на www.oeamtc.at/tests Споредба на е-ролери 2020 година Превзeмено од OAMTC

0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5

одлично мн. добро добро задоволува не задоволува

Производител/тип

Silence SO1

Govecs Schwaibe L3 s

Piaggio Vespa Elettrica 70

Niu NOI GT

Trinity Uranus R (1)

Цена во евра

6740,oo

6990,oo

7890,oo

5199,oo

од 4349,oo

Секојдневна употреба

2,2

2,7

2,3

2,5

3,2

Ергономичност

2,1

2,3

2,2

3,0

3,5

Погон

2,0

2,5

3,3

2,4

3,3

Возни карактеристики

2,3

2,5

2,2

2,8

3,1

Оценка на ОАМТЦ

2,2

2,5

2,7

2,7

3,3

20 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Тест на електрични тротинети

За последните метри Девет електрични тротинети се најдоа под лупа на ОАМТЦ. Убаво однадвор, грдо однатре и едно клише Ценовна рамка Најевтиниот модел на тестирањето (Maginon Street One) чини 279 евра, а најскапиот модел (Go! Mate Steap ER2 Plus) чини 1.849 евра.

Досег/опфат Разлика од 34 километри го дели најслабиот модел (Maginon Street One, 12 км) од најиздржливиот модел (Segway Ninebot Max G30 D, 46 км).

Оддалеченост на запирање Од 20 км/час до застанувањето. На тестот најдобро сопирање покажа Go! Mate Steap ER2 Plus (2,7 метри). По дури 3,8 метри застануваат SXT Light Plus V еKFV и So Flow SO 6.

Одобрена тежина на возачот До 100 килограми кај сите модели сосема коректно. Само 97 килограми кај моделот My Tier ES200G, додека кај Velix E-Kick 20 E дури 120 килограми.

П

очнуваме со клишето. Збор има техничарот на ОАМТЦ, Стефан Кербл: „За најевтиниот модел на тестот, Maginon Street One, за жал, целосно важи реченицата: „'Кој купува евтино, купува поскапо.’ Сопирањето беше слабо, механизмот за затворање имаше проблем, па затоа рамката се скина при тестот за постојано оптоварување. Тоа, секако, не смее да се случи.“ Да останеме уште малку кај слабостите. My Tier (со тежина од 23,5 кг), Ninebot (19,6 кг) и Velix (18,5 кг) дефинитивно се премногу тешки за да може лесно да ги носите на грб. За споредба: повеќето тротинети тежат околу 12 кг. Испитувачите имаат позитивна забелешка во однос на поврзаноста: My Tier, So Flow, Ninebot и Velix можат преку

апликација да се поврзат со смартфон. Досегот, состојбата на акумулаторот итн. може лесно да се прочитаат. Исто така, радува дека ниеден модел, вклучително и Maginon, не покажува груби грешки при изработката. Заклучок на Стефан Кербл: „Последните три најевтини модели завршија на трите последни места на тестот, но спротивно на тоа двата најскапи модела добија само една оценка „доволен“. Трите модели што чинат меѓу 700 и 800 евра добија оценка „добар“. Значи, во средниот ценовен режим се добива најдобра услуга.“ Технички детали за овие тротинети ќе најдете на www. oeamtc.at/tests Превзeмено од OAMTC Споредба на е-ролери 2020 година

Марка/модел

Segway Velix ninebot E-kick Max G30 D 20 E

So Flow SO 6

Gol Mate SteapER2Plus

My Tier ES200G

SXT Doc green LightESA 1919 plusVeKFV

Iconbit IK-1971K

Maginon Street one

Цена во евра

799,oo

798,oo

704,oo

1849,oo

699,oo

1186,oo

379,oo

399,oo

279,oo

Опрема

2,6

2,4

2,4

3,1

2,9

2,5

2,9

2,8

3,5

Користење/ управување

2,2

2,4

2,5

2,8

3,4

2,5

2,6

2,9

3,0

Карактеристики на возењето

1,7

2,5

2,5

2,5

2,4

2,8

3,4

3,8

3,9

Сигурност, издржливост

2,4

2,3

2,7

2,3

2,2

3,1

2,8

2,7

4,5(1)

Оценка на ОАМТЦ

2,2

2,4

2,6

2,6

2,6

2,8

3,0

3,1

4,5

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Тест на шлемови

Цврсти, модерни и сигурни ОАМТЦ тестираше десет цврсти шлемови за млади - паметни сезнајковци што се подеднакво соодветни за возење велосипед и скејтборд. Сигурност Вториот шлем со поволна цена на тестот ја нуди најдобрата заштита од незгоди. Во однос на ова: аплауз за моделот на Prophete.

Тежина 190 грама - Толку е голема разликата меѓу најлесниот (Alpine Airtime) и најтешкиот (Nutcase Street Gen 3 ) шлем на тестот.

Цена 57 евра - толкава е разликата меѓу најповолниот (Btwin Teen) и најскапиот (Nutcase Street Gen 3) шлем на тестот.

Ш

то недвосмислено покажа овој тест: добро е што ОАМТЦ врши повторни тестови. Зошто? Бидејќи објективните резултати секогаш се најдобри советодавци. Со целосно убедување за овие шлемови за млади може да

кажеме дека поскапото не значи автоматски и посигурно. Моделите на Nutcase (чинат околу 77 евра) и на Aplina (чинат околу 60 евра) во однос на заштитата од несреќи се наоѓаат на самиот крај на тестираните модели. Наспроти тоа, во оваа категорија најдобар резултат покажа шлем што

е втор по поволна цена. Секогаш напнато, за среќа во овој случај без оптоварување: тестот за штетни материи покажа дека сите модели добиваат одлична оценка. Конечен победник на тестот беше Uvex Hlmt lmt cc. Во категоријата употреба и удобност тој не покажа слабости и затоа ја доби апсолутно најдобрата оценка и токму поради овој поединечен успех ја доби најдобрата вкупна оценка.

Заклучок на техничарот на ОАМТЦ, Стефан Кербл: „Ниеден од кандидатите не падна на тестот. При силен удар на шлемот најслабиот производ на тестот покажа задоволителна заштита. Сепак, со секој од тестираните производи се добива добра услуга. Најголемата негативна карактеристика кај речиси сите шлемови вклучени во ова тестирање е препознатливоста во темнина. Тука постои потреба од подобрување.“ Совети за купување шлемови – уште повеќе тестови и важни податоци на темата велосипеди ќе најдете на www.oeamtc.at/ tests. Шлемови за велосипед за млади 2020 година

Превзeмено од OAMTC

Марка

Uvex

Prophete Giro

Nutcase

Alpina

Abus

Btwin

KED

Bell

Fischer

Модел

Hlmt

Artikel Nr.0424

Quarter FS

Street Gen 3

Airtime

Scraper 3.0

Teen 520

5forty

Local

Modell

Цена во евра

60,oo

25,oo

41,oo

77,oo

60,oo

49,oo

20,oo

46,oo

45,oo

29,oo

Употреба и удобност 40%

1,8

2,6

2,5

2,4

2,2

2,8

2,6

2,6

2,6

2,7

Заштита од несреќи 50%

2,8

2,5

2,7

3,0

3,2

2,9

3,1

3,1

3,2

3,2

Постојаност на топлина 10%

1,5

1,5

1,5

1,5

2,0

2,1

2,5

2,5

2,2

2,8

Штетни материи 0%

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

1,0

Оценка на ОАМТЦ

2,3

2,4

2,5

2,6

2,7

2,8

2,8

2,8

2,9

3,0

22 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

СЕКОЈА НОВА СЕЗОНА ЗАПОЧНУВА СО АМСМ ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК ПО ВАША ЖЕЛБА При техничкиот преглед на возилото во АМСМ Станицата во Скопје (Центар) имате можност да изберете еден од понудените подароци: - Патна торба; - Термос чаша; - Шрафцигер со сет клучеви и - Приврзок за клучеви. Освен горенаведените подароци, кои ги добивате со купена полиса за автоодговорност, постои можност и сами да изберете подарок од АМСМ продавницата за автогалантерија: - во вредност од 250 ден. со полиса за автоодговорност и - во вредност од 350 ден. со полиса за автоодговорност и зелен картон. Повеќе информации директно на продажното место или на тел. 02/3181-181.

ПРЕЦИЗНА ДИЈАГНОСТИКА НА ВОЗИЛАТА ЗА ВАША ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ Редовните компјутерски дијагностички тестови можат да ги откријат проблемите во вашето моторно возило пред тие да станат скапи поправки или, уште полошо, да бидат причина за дефект. И, најважно, сериозно придонесува за вашата безбедност на пат. Една од предностите на компјутерската дијагностика е што не одзема многу време, а овозможува увид во целокупниот систем на возилото, детектирајќи ги проблемите пред да направат посериозен дефект. По обемот на своите активности техничко-дијагностичкиот центар за возила на АМСМ е прв комплетен центар за техничка дијагностика на возила во земјата. Техничко-дијагностичкиот центар е опремен со најсовремена опрема за дијагностика на сите брендови и модели на возила. Располага со тим на вработени со долгогодишно искуство и експертиза во дијагностика на возила, специјализирани за отстранување на „грешки“ или дефекти во електронските системи на возилата. Услугите што се извршуваат во техничко-дијагностичкиот центар имаат цел да го зголемат квалитетот на сервисирање на возилата преку: • Компјутерска дијагностика на електронските уреди во возилата • Поправка на сите електронски уреди во возилата • Адаптација и репрограмирање на електронските уреди во моторните возила • Тјунинг - ремапа (ECU re-maps) со доживотна гаранција на секој фајл • Комплетна проверка и поправка на системот за ладење и греење во возилото Како наши членови добивате 20% попуст на сите услуги во центарот. АМСМ техничко-дијагностичкиот центар работи како дел од АМСМ Службата за помош и информации на пат, лоциран е во рамките на објектот на АМСМ во Скопје-Центар. Повеќе информации за услугите на тел. 02/3181-181. 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


СТИЛ

Аксесоари

НОВИТЕ СААТИ СИНОНИМ НА ЛУКСУЗОТ Рачниот часовник, како и автомобилот е статусен симбол, кој говори за (над)моќта на неговиот сопственик. Новите саати, кои припаѓаат на познатите светски марки, го олицетворуваат луксузот, но и елеганцијата, бидејќи се меѓусебно поврзани. Часовничарите не се штедат кога е мајсторијата во прашање. Напротив, даваат сè од себе за неговата убавина да блесне на раката на тој што го носи. Ви ги претставуваме новите пет саати кои изобилуваат со раскош, отменост, префинетост.

Н

Cosmos Infinity Edition на Girard - Perregaux

овиот саат претставува своевидна еволуција на Cosmos - моделот лансиран минатата година. Темата е астрономија, која ги комбинира куќиштето од титан и елементите од црн оникс, вклучително и рачно нанесените акценти од розово злато. Употребата на црниот оникс ја симболизира длабочината на универзумот и неговата бесконечна мистерија. Приказот на времето се наоѓа на дванаесеттата позиција, а граничи со два глобуса од двете страни, на третата и деветтата позиција, изработени од црн оникс и насликани со розово злато, кои можат да бидат и персонализирани. На шестата позиција се наоѓа Neo Bridge, кој подржува турбин, а целиот часовник го придвижува Caliber GP09320-1440, кој, пак, како и сѐ останато е рачно изработен. За бројчаникот и глобусите да добијат тридимензионален изглед, саатот е опремен со сафирен кристал, во форма на купола. Исто така, има и иновативен систем на подесување и навивање, кој ја заменува традиционалната корона. Рачниот часовник чини 274.000 швајцарски франци, а ќе се произведаат само осум.

Д Jaeger-LeCoultre 101

24 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ва вида рачни часовници опточени со дијаманти, кои наликуваат на гривни, се лансираа неодамна. Механизмите со лилипутански пропорции не се новина во часовничарството, но т.н. 101 механизам е толку мал што неговите делови изгледаат како честички од прав. Првпат е произведен во 1929 година, со должина од 14 мм и ширина од 5 мм. Истите димензии ги има и денес, но, сепак, јавноста дозна за него во 1953 год. кога францускиот претседател ѝ подари таков часовник на кралицата Елизабета II, која го носеше на своето крунисување. Неодамна се произведоа два вида, во облик на Snowflake гривни. Едниот е инспириран од ѕвонесто цвеќе, опточен со 904 дијаманти, со 20.9 карати. Дијамантите се поставуваат со линеарна техника, која вклучува мали златни куглици што се извлекуваат од површината на металот, за потоа секој дијамант да се става посебно, рачно, за да може максимална светлина да поминува низ нив. Моделот е подинамичен, благодарение на инспирацијата од арт деко ерата. Другиот модел е поедноставен, тркалезен.


СТИЛ

R RM 11-05 Automatic Flyback Chronograph GMT

ichard Mille неодамна се збогати со уште еден часовник од најпродаваната линија - RM 011…, а првпат излезе на пазарот во 2007 година, кој го карактеризираа необични, лесни материјали. RM 11-05 Automatic Flyback Chronograph GMT ги помести границите кога се спортските часовници во прашање. Главниот акцент е ставен на куќиштето, кое изгледа перфектно. Ја комбинира леснотијата на титанот и цврстината на дијамантите, направен од керамика и синтеруван метал. Исклучително е издржлив и отпорен на гребаници. Средишниот дел е направен од TPT карбон, додека заднината е произведен од титан. Работи благодарение на RMAC3 механизмот, кој е дело на брендот Vaucher. Покрај тоа, моделот поседува и годишен календар. Механизмот има резерва на енергија од 55 часа. Неговото сиво куќиште како совршен контраст доби светлосини и портокалови акценти на бројчаникот, короната, копчињата и ремчето. Ќе бидат произведени само 140 парчиња, по цена од 215.000 долари.

П

Roger Dubuis Excalibur Essenza SCV12

о повод лансирањето на хиперавтомобилот Lamborghini Essenza SCV12, кој е наменет исклучиво за тркачки патеки, Roger Dubuis го претстави часовникот во ограничено издание, инспириран од него. Excalibur Essenza SCV12 е дизајниран во соработка со екипата на Lamborghini. Базиран на часовникот Excalibur Aventador S, новиот модел доби преработена верзија на Roger Dubuis Duotor механизмот. Како хиперавтомобилот, кој е наменет исклучиво за трки, ексклузивниот Roger Dubuis механизам е оголен до својата суштина, а доби и дизајнерски елементи што се директно инспирирани од Essenza SCV12 моделот, вклучувајќи го и скелетинизираниот мод. Часовникот, исто така, доби и лимета зелени акценти, кои се совршен контраст на карбонската конструкција. Сега за сега датумот на официјалното лансирање и цената на часовникот сé уште не се познати, но сосем сигурно е дека нема да биде поевтин од 185.000 долари, колку што всушност чинеше Excalibur Aventador S.

К Bulgari Gérald Genta Arena Bi-Retro Sport

ога Bulgari го купи Gérald Genta пред дваесетина години, идејата беше овој „haute horlogerie“ бренд да придонесе за кредибилитетот во светот на луксузните часовници. Инаку, Gérald Genta е основан во 1969 година од страна на истоимениот дизајнер, кој е одговорен за 1972 Audemars Piguet Royal Oak и 1976 Patek Philippe Nautilus. Неодамна Bulgari го претстави новото поглавје во Gérald Genta сагата - моделот Arena Bi-Retro Sport, кој доби куќиште со пречник од 43 мм, од брусен титан, со широка, заоблена база. Саатот е прикажан во прозорчето што се наоѓа на дванаесеттата позиција, додека минутите се прикажани во сводеста форма на горната половина од црниот атрацитен бројчаник. На секои шеесет минути стрелката се враќа на нула. Истото се случува и со датумот, кој е прикажан во малиот лак, на шестата позиција. Саатот има самонавивачки механизам, со резерва на енергија во траење од 42 часа. Акцентиран со црно алигаторско ремче, овој модел се продава по цена од 14.800 долари. • Игор Ландсберг 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


ПАТУВАЊЕ

Унеско светско богатсво - Израел

ЗЕМЈА НА НЕОБИЧНА УБАВИНА

ВО РЕТКО КОЈА ЗЕМЈА КАКО ВО ИЗРАЕЛ ЌЕ НАИДЕТЕ НА ТОЛКУ РАЗНОВИДНОСТ НА ТОЛКУ МАЛ ПРОСТОР. ТОА Е ЗЕМЈА ШТО СО СВОЈАТА ИСТОРИЈА ДАТИРА ОД АНТИЧКО ВРЕМЕ И Е СВЕДОК НА НЕОБИЧНИ СЛУЧУВАЊА ПОРАДИ КОИ ПРИПАДНИЦИТЕ НА ТРИТЕ ЗАПАДНИ РЕЛИГИИ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО, ИСЛАМОТ И ЈУДАИЗМОТ ЈА ДОЖИВУВААТ КАКО СВЕТА ЗЕМЈА. ИЗРАЕЛ ИМА ШТО ДА ПОНУДИ. ПРИ ИЗБОРОТ ШТО ДА ПОСЕТИТЕ, ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ПРОПУШТИТЕ НЕКОИ ОД МЕСТАТА ШТО СЕ НА СПИСОКОТ НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО.

П

остојат неколку причини зошто светското наследство на Израел во УНЕСКО е важно и за земјата и за целиот свет. Очигледно, овие места ја помагаат економијата затоа што туристите, археолозите, историчарите аматери и сите други брзаат кон нив, но тие, сепак, имаат поголема вредност од парите што можат да ги донесат. Овие места претставуваат прозорец кон минатото на областите, луѓето и културите што илјадници години имигрирале во и од Израел. Тие покажуваат како луѓето, настаните и културата, и покрај тоа што доаѓаат и си одат, сепак, имаат отворен прозорец што понекогаш може да помине низ искуството од минатото и она што било. СТАРИОТ ГРАД НА ЕРУСАЛИМ Ерусалим е град на вечни убавини и свети места. Низ милениуми населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ… На ниедно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Никаде толку жестоко не се воделе борби, никаде толку гневно не се мразело и напаѓало како во овој свет град сместен на студените и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски рели-

26 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

гии, еврејската, христијанската и муслиманската, од градот направиле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим. Стариот дел на Ерусалим е централна точка на градот. Според израелскиот закон, сите фасади во Ерусалим мора да бидат направени од камен, а Стариот град на Ерусалим е целосно изграден од камен со високи и дебели sидини низ кои може да се помине само низ неколку големи порти. Овој дел од Ерусалим, заграден со камени ѕидови, е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Централниот дел на Стариот град е брдото Храм, на која некогаш се наоѓал славниот Соломонски храм, кој го уништиле Римјаните во 70 година од нашата ера. На платото каде што бил Храмот, сега има две џамии - џамијата со златна купола и џамијата Ел Акса. Храмот на куполата на карпата (Ерусалим) не е случајно наречен така - тука е каменот од кој Господ го започнал создавањето на светот. Тоа е комплекс со џамијата Ел Акса, која се наоѓа многу близу до него. Но Куполата на карпата го надминува соседниот храм по големина и импресивна златна купола, видлива дури и оддалеку. Џамијата Ел Акса е едно од најпознатите муслимански светилишта. Ел Акса се наоѓа на местото на некогашниот храм каде што, според Библијата, Аврам го донел

Исак со цел да го жртвува за да ја покаже својата верност кон Бога. Таа карпа сѐ уште се наоѓа во средина на Ел Акса. Но муслиманите го негираат тоа. Исто така, од Ел Акса може да се види и Златната порта, која некогаш се нарекувала и источна. Тоа е портата низ која поминал Исус Христос при влегувањето во Ерусалим. Западниот дел од темелот на ова брдо, кој излегува од земјата, формира висок ѕид што Евреите го нарекуваат Западен ѕид или Ѕид на плачот. Секој ден пред тој голем ѕид доаѓаат илјадници луѓе за да му се молат на Бога - во два одделни дела - поголемиот за мажите и помалиот за жените, според упатствата на локалните рабини што го надгледуваат Ѕидот на плачот, симбол на секојдневната средба на Евреите од целиот свет со својата судбина. Се смета за последен остаток од најголемото светилиште во јудеизмот. Тоа е храмот што на едно брдо во Ерусалим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години. Во близина на Ѕидот на плачот има шалтер за влез во посебен дел од Ерусалим, каде што заинтересираните можат да ги посетат тунелите под Храм. Тоа е неверојатно искуство што на посетителите им ја открива неверојатната архитектура од античко време, почнувајќи од најниските темели изградени за време на владеењето на царот Соломон, па сè до оние што биле


ПАТУВАЊЕ

Стариот град Ерусалим

изградени откако бил обновен Храмот по уривањето од Вавилонците во 6 век пр.н.е. и Римјаните во првиот век од нашата ера. Едноставно е неверојатно каков сплет на тунели има под Храм, изградени за безбедносни цели. Некои истражувачи претпоставуваат дека во една од овие подземни одаи е познатиот Ковчег на заветот со десетте божји заповеди. Во тунелите може да се видат некои од најголемите подвижни камења во светот, како оној што тежи 600 тони, кој бил поставен во темелот на Храмот. За научниците сè уште е голема мистерија како е донесен на ова место. Црквата на воскресението во Ерусалим е едно од најзначајните свети места на христијанството. Зад ѕидините на црквата се наоѓа Голгота, местото

каде што бил распнат Исус Христос, а најверојатно и погребан. Во ниедна, како во Црквата на Светиот гроб во Ерусалим, го нема тој мистицизам. Иако однадвор многу не потсетува на класична црква, чувството на возбуда можеби најдобро го објаснува адреналинот кога низ ум ви поминува мислата дека пред вас е местото каде што бил распнат Исус Христос и каде што е сместена малата т.н. Едикула, камена плоча во која, според преданијата, било положено неговото мртво тело од каде што воскреснал. Плочата речиси и нема рабови. Мазна е. Од допирите на стотина, илјадници… милиони аџии што се молат и ја кажуваат својата болка.

МАСАДА И СТАРИОТ ГРАД АКРА Масада, древна тврдина во јужниот дел на Израел, се наоѓа на врвот на изолирана карпа во форма на плато, на источниот дел од Јудејската Пустина, крај Мртво Море, 20 километри источно од Арад. На планината Ирод I Големиот изградил палати за себе и ја утврдил Масада меѓу 37 и 31 година пр.н.е. Според Јосиф Флавиј, опсадата на Масада од трупите на Римското Царство, која се случила кон крајот на Првата еврејско-римска војна, завршила со масовно самоубиство на 960 луѓе – сикариски бунтовници и нивните семејства што се криеле таму. Денес Масада е едно од најпопуларните туристички места во Израел. До тврдината Масада може да се стиг-

Тел Авив

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


ПАТУВАЊЕ

Масада

не со жичарница или со долга прошетка по патеката до врвот на ридот. Таа претставува вистинско чудо на архитектурата, опстанала во исклучително неповолни пустински услови, без вода и со високи дневни температури. Тука се наоѓа и огромна цистерна за собирање дождовница, ископана во земјата. Погледот од Масада открива необични структури покрај Мртво Море, а според геолошкиот состав изгледаат многу поразлично од околниот терен. Некои истражувачи веруваат дека ова се остатоци од уништените градови Содом и Гомора. Денес урнатините на Масада стојат како симбол на античкото кралство на Израел и неговиот насилен крај. Археолозите имаат можност да ја проучуваат извонредната палата и како пример за римските опсади во светот. Акра (Ако) е град во Израел, лоциран 18 км северно од Хаифа. Сместен е на брегот на Средоземно Море. Во 2001 година стариот град Акра е запишан

Ѕидот на плачот, Ерусалим

28 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

во Списокот на светско наследство на УНЕСКО, како пример за антички град што постојано бил населуван од времето на Феникијците, па сè до Отоманската Империја во 19 век. НЕКРОПОЛАТА БЕТ ШЕАРИМ Некропола Бет Шеарим е изградена во 2 век како главна гробница за Евреите надвор од Ерусалим по бунтот на Бар Кохба (132-136 г. н.е.) против Римската Империја (27 пр.н.е. - 476 г. н.е.). Во катакомбите се наоѓа ризница на уметнички дела и иконографски мотиви од античкиот јудаизам, како и натписи на неколку различни јазици, како хебрејски, грчки и арамејски. Исто така, во голема мера местото е поврзано со рабинот Јуда Патријархот (135-217 г. н.е.), кој придонел во развојот на оваа локација и бил водач што помогнал во поттикнувањето на еврејската обнова по неуспешниот бунт. Местото е важно и денес бидејќи го покажува влијанието на класичната римска уметност, меѓукултурната

интеракција и еврејската култура и религија од тој период. ПАТОТ НА ТЕМЈАНОТ И ГРАДОВИТЕ ВО ПУСТИНАТА НЕГЕВ Градовите на патот на темјанот во пустината Негев се археолошки места во Јужен Израел. Четирите града Авдат, Халуза, Мамшит и Шивта ги поврзува патот на темјанот, но и патот на зачините со Медитеранот. Тие биле изградени од Набатејците, античко арапско племе на Хашемитското Кралство со главен град во Петра (исто така, светско наследство од 1985 година). Секој град е повеќекратна тврдина со земјоделско земјиште во изразито пустински предел, со системи за наводнување и карвани. Заедно ги претставуваат значењето и важноста на значителната трговија со темјан и мирта што се одвивала од Јужна Арабија. Плодовите од оваа трговија се највидливи во урнатините на градовите во пустината Негев што во овој негостољубив предел можеле да се


ПАТУВАЊЕ

развијат само благодарејќи на развиената трговија. МЕТРОПОЛА НА ПЕСОЧНИТЕ ДИНИ, ТЕЛ АВИВ Тел Авив, познат и како Белиот град, е запишан во Списокот на УНЕСКО за светски културни наследства во Азија и Океанија како „извонреден пример за урбанистичко планирање на нов град и неговата архитектура на поче-

токот на 20 век“. Со повеќе од 4.000 модерни згради претставува најголем музеј на модерната архитектура. Тел Авив има најголем број вакви градби во споредба со кој било друг град во светот. Тие биле изградени во периодот од 30-тите до 50-тите години од минатиот век, претежно од еврејски архитекти што избегале од нацистичкиот прогон во Европа, но и од нивните студенти. Овие згради се изградени во духот на европскиот функционалистички стил, без украси, од армиран бетон со природна бела боја (поради што е наречен Белиот град), со најмногу од три до пет ката со парк. Исто така, градот имал урбанистички план, кој го направил Патрик Гедес, во кој модерните згради се поврзани со паркови каде што жителите одгледувале свои растенија и се поврзувале во заедница. Наместо град во кој ќе доминираат парковите, идеја што тогаш била клучна во урбанизмот, Гедс замислил град заснован врз физичките, економските и социјалните потреби на неговите жители.Тогаш биле создадени три населби: Лев Хир, авенијата Ротшилд и областа Биалик, опкружени со прстен од зелени зони.

Градот се ширел и наскоро го опфатил тогаш претежно арапскиот антички пристаништен град Јафа, а во 1950 година биле споени во единствена административна единица. Тел Авив од тоа време денес е најголем музеј на архитектура на отворено, во светот познат како Белиот град. Неговите иновативни згради и смелиот урбанистички план имаат силно влијание врз развојот на урбанизмот и архитектурата ширум светот. Израел е горд на осумте места што се запишани во Списокот на Унеско, вклучително и пештерите Беит Гуврин – Мареша, познати под името Град под град. Тие претставуваат мрежа на пештери, направени од човечка рака, стари повеќе од 2000 години. Со години пештерите се користеле како погребни места, магацини, засолништа, каменоломи и голубарници. Тука се и Библиските натписи Мегида, Хазора и Беер Шебе, како и планината Кармел... Тоа се места кои заслужуваат да бидат посетени затоа што таму ќе го почувствувате духот на верата и ќе бидете сведоци на минатото и на историјата, со што ќе го збогатите своето постоење. • Маргита Поповска

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


HI-TECH

Технологија

Како до „почиста струја“? СОНЧЕВИ ПАНЕЛИ СО ФОТОВОЛТАИЧНИ ЌЕЛИИ, ВОДОРОД И ГОРИВНИ ЌЕЛИИ, КЛАСИЧНАТА БАТЕРИЈА И ДЕНЕС ПОЗНАТИТЕ КЛАСИЧНИ „ИЗВОРИ“ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ОД ЕДНА СТРАНА, И ЧУДЕСНИОТ ГРАФЕН, ОД ДРУГА СТРАНА. СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО ШТО ЌЕ ИЗБЕРЕ СВЕТОТ И ЗОШТО НЕ ГО ИЗБРА ПРОНАЈДОКОТ НА НИКОЛА ТЕСЛА?

Г

оривните ќелии и водородот како гориво се одлична комбинација. Водородот се наоѓа насекаде во атмосферата само што е врзан со други елементи, на пример, со кислород. Во природата нема слободен водород, односно нема извор од кој може да се зема и директно да се употребува. Тоа му е единствена „мана“. Ако електричната енергија се произведе од обновливи извори на енергија, ќе бидеме во плус, но ако се произведува од јаглен и од други фосилни горива, ќе се најдеме во голем минус. Имено, водородот го нема како слободен елемент, треба да се произведе, но при неговото производство се зголемува количеството јаглерод оксид. Откако ќе се произведе, мора да се пренесе до соодветните станици каде што ќе го купуваат сопствениците на возила со горивни ќелии. Како што минува времето, така во светот се појавуваат поединци што сакаат да го изменат досегашниот начин на производство на електрична енергија -

30 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

со термоелектрани, со хидроцентрали и со атомски централи. Термоелектраните испуштаат големи количества чад, хидроцентралите го менуваат релјефот, ги уништуваат постојните екосистеми и создаваат нови, атомските централи се премногу скапи за одржување и создаваат радиоактивен отпад што потоа мора некаде да се складира, при што се загадува околината. Ветерниците, исто така, се производители на електрична енергија, но и тие оставаат траги врз животната средина. Најчесто од ветерниците страдаат птиците, а наедно се нарушуваат животната средина и пејзажот. Последиците од хидроелектраните ги чувствуваат оние што живеат во непосредна близина и често своето незадоволство го изразуваат со протести. А за термоелектраните сè е кажано. Од сите споменати „производители“ на електрична енергија најмалку штета има од поставувањето сончеви панели. Големите пространства каде што има сонце речиси во текот на цела година се како создадени за по-

ставување сончеви панели. Дел од тие области ќе „видат“ сенка, нешто што е од суштинско значење за нив, односно животинскиот и растителниот свет ќе имаат можност малку да здивнат. Ако сончевите панели, односно фотоволтаичните ќелии се најчист производител на електрична енергија, каде застана приказната? Научниот свет вели дека денес не постојат фотоволтаични ќелии што ќе бидат максимално ефикасни во „собирањето“ на светлината и нејзино целосно искористување - преминување во електрична енергија. Официјалниот извештај на компанијата „Хиперион“ беше инспирација да се напише текстов. Нејзините конструктори претставија ултра брз купе автомобил што користи водород како гориво. Со едно полнење на резервоарите купето минува 1.600 километри, а за повторно полнење потребни се околу четири-пет минути. Полнењето на батериите трае со часови. Замислете ситуација, чекате да се наполнат батериите, седите во ресторан, јадете, пи-


HI-TECH

ете, спиете, а по неколку часа ве будат за да продолжите со патувањето. Од безбедносна гледна точка долгиот одмор е добредојден. На 400 извозени километри треба да се направи одмор од три-четири часа и потоа да се продолжи патувањето и така додека не се дојде до крајното одредиште. Тука е купето пред кое има 1.600 км или патување од Скопје до Варшава во еден здив. Секоја технологија за производство на електрична енергија има свои предности и мани. За батериите сè најдобро додека им трае животниот век, но откако ќе помине рокот за употреба, станува опасно нивното складирање и рециклирање затоа што елементите од кои се составени ѝ штетат на животната средина. Нивниот втор недостаток е долгото време за полнење. Тие што ја кројат економијата ќе го изберат тоа што за најкратко време носи најголем профит, а вложувањата и трошоците за производство се најмали. Така размислува „економската логика“ затоа што во прашање е заработката и тука нема место за зачувување на животната средина. Да се искористат постојните технологии, да се доискористат разните енергенси во природата, да се вложи колку што е можно помалку и заработката да биде неколкупати поголема. Многу експерти ги поддржуваат водородот како гориво и употребата на горивни ќелии, но каква корист ако при неговото производство се појавува големо количество јаглерод диоксид. Досегашното производство на електрична енергија е познато и јасно е колкаво е загадувањето. Електромобили се движат со помош на струја што треба да се произведе. Ако сите автомобили во светот преминат на „електрично гориво“, ќе треба да се зголеми производството на електрична енергија. И што сме направиле со тоа? КОЈ Е ПРАВИОТ ИЗВОР? Кога човек ќе ги разгледа сите опции за добивање најчиста електрична енергија, веднаш се споменуваат фотоволтаичните ќелии, а на второ место се водородот и горивните ќелии. Сепак, светот полека се врти кон класичните батерии, но не отстапува од водородот. „Хонда“, „Хиперион“, „Мерцедес“, „Хјундаи“ и други развиваат возила на водород, а не е мал бројот ни на компаниите што ќе употребат водород во авионите, посебно во малите. Конструкторите на авионот „смартфиш“ ја гледаат иднината во водородот. Ќе видиме до каде ќе дојдат со нивниот план. Денес во светот постојат мал број станици каде што може да се купи водород, но затоа има многу станици каде што може да се купи веќе произведена електрична енергија. Застанувате, го вклучувате кабелот и чекате три-четири часа.

Денес практично и нема производител што во својата флота нема електрично возило со класична батерија. Тоа значи светот се насочил кон развојот и усовршувањето на батериите. Во моментов мал број научници се преокупирани со развојот на графенот и графенските батерии. Минатата година пишувавме за графенот, што е и каква е неговата улога во секојдневниот живот. Графенот е производ што е извлечен од графитот (црно-сивото „срце“ на моливите). Aко светот е доволно умен да тргне да го развива, тој ќе предизвика преголема еволуција, слично како најлонот и пластиката кога најдоа употреба на секој чекор. Тоа ќе се случи со графенот и ќе биде милион пати пополезен од пластиката или од кој било друг материјал. Парче графен оставен на балкон да се вее произведува електрична енергија. Графенските батерии се полнат за де09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


HI-TECH

сетина секунди и можат да акумулираат многу повеќе енергија од обичните. Споменатите полезности од графенот се само капка во морето од тоа што „крие“ овој материјал. За пример ќе го споменеме податокот дека денешните најефикасни и најдобри прочистителни станици за преработка на морска вода во пивка ја прочистуваат два-трипати, а графенот, исто како да процедувате чај, ја процедувате морската вода и во чашата веднаш има пивка вода од прва класа. Информатичарите ќе му палат свеќа на графенот затоа што процесорите со графенски јадра се ракети во однос на денешните најбрзи. Факт е дека светот и човештвото би имале најголема полза од графенот. Не само што се добива најдобра батерија што се полни за помалку од десет

32 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

секунди, туку таа е крајно ефикасна и штедра. Графенот е многу лесен и денешниве автомобили би биле 15 пати полесни, односно тоа е материјалот од кој ќе се градат идните континентални и вселенски летала, но и пловила. СЕГА СЕ ПРАШУВАМЕ ДО КАДЕ СТАСАВМЕ, ШТО НАПРАВИВМЕ И ЗОШТО ЗАСТАНАВМЕ? Не сме стасале никаде и ништо не сме направиле. Секој си развива своја технологија со која ќе произведува електрична енергија, со назнака за крајно добра заработка. Според денешните правила за живот и напредок во општеството, најбитен фактор во приказната наречена струја е заработката, односно профитот. Развојот на нештата во светот ќе се движи во насока каде што е најголема заработувачката, а не во правец што

е најполезен за планетата и за сѐ што живо на неа. Па, парите го вртат светот. Зошто застанавме? Затоа што на некои од планетава не им се допаѓа графенот и неговата надмоќ над другите материјали. Исто така, не им се допаѓаше ни најголемиот меѓу научниците - Никола Тесла. Десетина дена тој возел автомобил без батерија. Имал навика со својот внук да се вози во автомобилот и притоа да ги поздравува соперниците со поздравот: „Гледајте, без батерија.“ Да, без батерија, само со една антена свиткана на врвот и цилиндар со должина од над еден метар и со дијаметар не повеќе од 20-25 сантиметри поставен во автомобилот. Сето тоа било совршено само што користената електрична енергија била бесплатна, а нема профит кога нештата се бесплатни, што е неприфатливо за денешниов свет. Приказната за автомобилот марка „пирс ероу“ на Никола Тесла и сеќавањата на неговиот внук ги објавивме во 2017 година. Сигурно ја знаете приказната за газдата Вестингхаус и Никола Тесла. Таа приказна кажува буквално сѐ. Затоа и натаму ќе возиме автомобили што, посредно или непосредно, ја загадуваат животната средина. Тоа важи и за индустриските машини што неколкупати повеќе загадуваат, но не можат да се споредат со депониите што се светски и олимписки рекордери во загадувањето. Највисоката технологија ни е пред нос, но не сакаме ни да помислиме да ја употребиме. Најважна е заработувачката, а не здравјето. •Жарко Атанасовски


„СОЛУНСКА 28 - ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО И ЗА ПРЕДАВСТВОТО“ Д-Р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ

„WHOOSH!“ DEEP PURPLE

ден од наjпознатите музичари од екс ЈУ сцената Неле Карајлиќ, покрај успесите во сатиричните комедии како „Топ листа надреалиста“ и учеството во бендовите „Но смокинг оркестра“ и „Забрањено пушење“, се обиде и успеа како автор на романи. Неговото најново дело е вториот дел на „Солунска 28“ со поднаслов „За пријателството и за предавството“. Вториот дел од оваа трилогија е посветен на луѓето и случувањата што минувааат низ куќата на самото пристаниште на Дунав. Д-р Карајлиќ не знам по кој пат, докажува дека има неисцрпна енергија која успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Зборува за сето она што ги снашло станарите на Солунска 28 во тек на германската окупација на Белград во Втората светска војна. Д-р Карајлиќ нуди еднакво читачко уживање и на оние што го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние кои сега се вклучуваат во армијата - се вели во предговорот на ова дело.•

нглискиот рок-бенд, формиран во 1968 година, кој важи за пионер во „хеви металот“ и модерниот „хард рок“, минатиот месец го издаде својот дваесет и први студиски албум насловен „Whoosh!“, снимен во студијата во Нешвил, Торонто и Холивуд. На албумот му претходеа сингловите „Throw My Bones“ (март), „Man Alive“ (април) и „Nothing at All“ (јули). Останатите десет песни се „Drop the Weapon“, „We’re All the Same in the Dark“, „No Need to Shout“, „Step by Step“, „What the What“, „The Long Way Round“, „The Power of the Moon“, „Remission Possible“ (инструментал), „And the Address“ (инструментал) и „Dancing in My Sleep“. Сите се компонирани од Deep Purple и Bob Ezrin, освен дванаесеттата (And the Address), која е на Ritchie Blackmore и Jon Lord. MSH-едицијата има и три бонуси, како „Uncommon Man“, „Knocking at Your Back Door“ и „Black Night“, сите снимени во живо Рио, во 2017 год. Албумот излезе по тригодишна пауза, откако во 2017 г. го објавија „Infinite“. •

„TENET“ (ПРИНЦИП)

Е A Н

ајновиот шпионски филм е копродукциски, помеѓу Велика Британија и САД, а како продуцент се потпишува Emma Thomas. Неговата премиера се одржа на 26 август во Велика Британија и на 3 септември во САД. Тајниот агент оди во мисија, која е исклучително опасна, временски преплетена, за да го спречи почетокот на Третата светска војна. Вооружен само со еден збор - „принцип“ и борејќи се за опстанокот на човештвото, главниот протагонист во филмот патува низ мрачниот свет на меѓународната шпионажа, чија задача од историско значење ја извршува во надреално време. Жанр: акција/трилер Глумци: John David Washington, Robert Pattinson, Elizabeth Debicki, Dimple Kapadia, Michael Caine и Kenneth Branagh Режија: Christopher Nolan

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


ИСТОРИЈА

Сузуки и неговите 100 години

EДНАШ СУЗУКИ, СЕКОГАШ СУЗУКИ „МОЖЕМЕ СÈ ДА НАПРАВИМЕ, АКО НАПОРНО РАБОТИМЕ“ - УБАВА МИСЛА ИСКАЖАНА ОД ЧОВЕК ШТО НЕШТО ЗНАЧИ ВО СВЕТОТ. НЕМА ЗЕМЈА НА ПЛАНЕТАВА ШТО НЕМА НЕКОЈ НЕГОВ ПРОИЗВОД. ТОА Е МИЧИО СУЗУКИ, ОСНОВАЧОТ НА КОМПАНИЈАТА „СУЗУКИ“ ЗАД КОЈА СТОЈАТ ИМИЊАТА „КАТАНА“, „ГИКСЕР“, „САМУРАЈ“, „ВИТАРА“, „СВИФТ“ И МНОГУ ДРУГИ.

К

ога ќе се спомене името Сузуки, прво што ни „паѓа“ на ум се мотоциклите и трките. Овој јапонски производител има куп мотоцикли по кои светот го памети неговото име. Легендата „гиксер“ (г с икс р) или танкерот меѓу мотоциклите, моделот „хајабуса“. Не се паметат само тие мотоцикли, „Сузуки“ има цела дузина крос мотоцикли. Тие што возеле мотоцикл „сузуки“, многу добро знаат што претставува оваа марка во светот на две тркала. Компанијата што годинава слави 100 години од своето постоење најмногу е позната по мотоциклите, но има и еден друг дел по кој се памети - автомобилите. Во тој чуден свет на четири тркала „Сузуки“ дејствувал на полето мали автомобили, градски, компактни и речиси никогаш не пројавил интерес за погорните класи, на пример, класичната средна, а уште помалку за високата класа. „Сузуки самурај“ е класа теренско возило, еден од моделите што светот многу добро го памети. Малото теренско возило предизвика голем интерес и кај нас, а тие што имале среќа да го поседуваат добро знаат какви терени може да совлада малото возило како играчка. Според изгледот, никој нема да каже дека „сузуки самурај“ е подготвен да се соочи со непредвидливи терени. Но ако прашате некој од сопствениците, ќе ви одговори дека гo „згазил“ од возење и би сакал повторно да купи исто возило. Неговото заминување од светската сцена е малку чуден потег на одговорните во „Сузуки“. Одредено време продолжило да се произведува во Индија, под името „марути самурај“. Неговата замена наречена „џимни“ и натаму опстанува, но за него нема толкав интерес како за „самурајот“. Штета што едно брилијантно возило е тргнато од сцената и не доби поголем редизајн за да се најде повторно во продажба. Така некако „завршува“ приказната за малото, но многу способно, практично и неуништливо теренско возило со име „самурај“, произведено од „Сузуки. Ќе видиме како ќе се снајде новата генерација од моделот „џимни“, наследникот на „самурајот“. Претходната генерација од моделот „џимни“ не ја доби самурајската слава. На некои пазари малото возило со погон на сите тркала и редуктор се продаваше под име „џимни“, а некаде како „самурај“. За таа генерација велиме дека е најуспешна и затоа ја одвојуваме и ја нагласуваме како посебен „самурај“. Кога зборуваме за оние со погон 4х4, треба да ја споменеме и „витарата“, модел што стандардно добро поминува со продажбата. „Гиксерките“ веќе се влезени во одделот наречен легенди. Овој модел на мотоцикл значи многу за „Сузуки“, но поважни се за мотоциклистите што се вљубени во трите букви „г с икс“

34 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ИСТОРИЈА

со наставка „р“. За способностите на овој модел и за неговите возни својства говорат задоволните сопственици, а тоа е повеќе од доволно од милион реклами. Појавувањето на „хајабусата“ беше како капак на сè. Ако Сузуки нема интерес во средната и во високата класа на четири тркала, тогаш ја има највисоката класа, која не е ни класа затоа што е надвор од конкуренција. „Сузуки хајабуса“ е мотоцикл крстосувач со погонска единица од автомобил, најголем меѓу најголемите во царството на две тркала. Автомобилите од марката „Сузуки“ се беспрекорни за градски средини. Конструкторите строго работат на тоа поле и многу успешно се снаоѓаат. Моделите „алто“, „ињис“ и „свифт“ успешно ги совладуваат уличните хаоси веќе со децении. Времето на еднопросторните возила го натера „Сузуки“ да размислува во тој правец и гамата доби проширување со „с икс 4 с крос“. И ниската висока класа е цел на конструкторите на „Сузуки“, каде што моделот „балено“ им се спротивставува на веќе добро познатите играчи, како што се „опел астра“, „форд фокус“, „фолксваген голф“, „пежо 308“, „хјундаи и 30“, „киа сид“ и другите од таа класа, односно сегментот „ц“ каде што конкуренцијата е најголема. На почетокот текстов им го посветивме на моделите по кои „Сузуки“ е препознатлив во светот, но сè е во служба на 100-годишнината на оваа марка што е на 11. место во светот по број на произведени автомобили, а на трето на домашен терен. „Сузуки“ не произведува само автомобили и мотоцикли туку и вонбродски мотори, квадрицикли (квадови, возила за секакви терени) и други направи во

кои вградува двотактни и четиритактни погонски единици. Ако се бројат производите со името „Сузуки“, може да се заклучи дека јапонската марка произведува од сè по нешто, а најмногу мотоцикли. ИСТОРИЈА ДОЛГА ЕДЕН ВЕК Компанијата „Сузуки“ постои од почетокот на минатиот век, поточно од 1909 година кога Мичио Сузуки основал компанија за производство на разбои во малото крајбрежно место Хамаматсу. Компанијата била наречена „Сузуки работилница за разбои“, а во 1920 година, оттогаш се смета едновековниот јубилеј, компанијата била реорганизирана и преименувана во „Сузуки производител на разбои“. Во 1929 година „Сузуки“ го конструирал најсовремениот механички склоп за ткаење. Откако светот, односно компаниите ја увиделе супериорноста на оваа направа поитале да нарачаат. Но Мичио Сузуки не застанал тука, иако растот на компанијата бил повеќе од добар. Своето внимание го насочил кон автомобилите. Во 1937 година започнал со планот за развој и производство на мали автомобили и набрзо се појавиле неколку прототипови, но наредните години не биле во прилог ни на Сузуки ни на кој било друг производител. Тогашните челници на државата забранила развој и производство на автомобили со изговор дека „автомобилите се непотребен комодитет“. Потоа војната го направила своето и автомобилите биле заборавени. Првото возило што го направил Сузуки во повоениот период е велосипедот со помошен мотор наречен „паувр фрее“, придвижуван од двотактен мотор со зафатнина од 36 кубни сантиметри што развивал една коњска сила. Интересно е да се спомене досетливоста на конструкторите. Велосипедот можел да се вози додека работи моторот, а во исто време велосипедистот да врти со педалите, да се вози исклучително со помош на малата погонска единица, но бил во возна состојба и кога ќе снемало гориво. За велосипедот на две тркала со помошен мотор Сузуки добил скромен износ од државата за понатамошен развој на идејата затоа што во тоа време јапонскиот народ имал голема потреба од индивидуално превозно средство што ќе биде лесно за одржување, практично и едноставно за ракување и евтино за да може да го купат поголем број луѓе. Тоа се случило во 1952 година. Времето одело во прилог на компанијата и производството напредувало – во 1954 година „Сузуки“ месечно произведувал шест илјади велосипеди со помошен мотор. Таа година името на компанијата било сменето во „Сузуки Мотор Компани“. Успехот со моторизираниот велосипед бил крунисан и со конструирање на првиот автомобил што во индустрискиот свет бил еден од најсовремените. „Сузуки сузулајт“ бил претставен во 1955 година. Имал агрегат со зафатнина од 360 ссм и погон на предната оска, со целосно независно обесени тркала и посебно развиен систем за управување, детали што не биле вообичаени кај другите автомобили. Дури три децении подоцна автомобилскиот свет ги применил новитетите што „Сузуки“ ги вградил во своето прво возило. Не е мала работа да се биде 30 години пред другите, пред конкуренцијата и тоа не со кое било возило, туку со првенецот. Таа година „Сузуки“ претставил и два мотоцикла, четиритактниот со еден цилиндар „коледа кокс 125 ссм“ и двотактниот едноцилиндричен „коледа ст 125 ссм“. Името „Сузуки“ го краси посебната карактеристична буква „с“. Таа специфично обликувана буква е „родена“ во 1958 година и оттогаш стои во името, но и како амблем на сите возила што излегуваат од погоните на компанијата. По успехот со возилото „сузулајт“, конструкторите решиле од него да направат товарна изведба и во 1961 година го лансирале под името „сузулајт кери“ со ист мотор од 360 ссм. Покрај работењето во фабриката, Сузуки паралелно работел и на тркачките патеки. Годината 1962 ќе биде запаметена по првата победа и тоа во неговата прва сезона од натпреварувањето. „Сузуки“ победил во класата до 50 ссм по тешка битка со „Хонда“ и „Креидлер“. Победничкиот мотоцикл со погонска единица „р м 62“ го возел Ернст Дегнер, кој една година претходно возел за тимот на „МЗ“. Една година подоцна, во 1963 година, Митсуо Ито е првиот јапонски возач што победил на трката Ман класа ТТ. Победил

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


ИСТОРИЈА

во последниот круг кога неговиот тимски колега Дегнер излетал од патеката. Таа година „Сузуки“ победил и во Светскиот шампионат за возачи и во Шампионатот за производители и тоа во две класи, до 50 и до 125 ссм, што значи дека царувал на тркачките патеки. Сознанијата и искуствата стекнати на тркачките патеки производителот ги пренел во туристичките модели. Во 1965 година во САД „Сузуки“ го претставил најбрзиот туристички мотоцикл во класата до 250 ссм и веднаш станал хит секаде во светот. Хронолошки следен настан било појавувањето на моделот „фронте“, изведба од „фронте 800“. Новото мало возило имало двотактен мотор од 360 ссм. Тоа се случило во 1967 година, кога „Сузуки“ бил крунисан како победник во Светскиот шампионат во мотоциклизам, но се повлекол од трките поради неповолните измени во новиот правилник донесен од ФИМ. И додека „Сузуки“ напорно работел на спортската програма, дел од конструкторите работеле на сосема нов производ, вонбродски мотор. Првиот мотор наменет за малите пловила бил прикажан во 1965 година, а неговото име било „д 55“. Во 1970 година „Сузуки“ го лансирал моделот „џимни л ј 10“, прво возило со погон на сите тркала придвижувано од веќе познатата воздушно разладувана двотактна погонска единица со работна зафатнина од 360 ссм. Да се биде успешен на две полиња одеднаш не е воопшто лесно, но на „Сузуки“ тоа му пошло од рака. Автомобили и мотоцикли во еден здив е премногу макотрпно, напорно. Тоа било првото 4х4 возило, а неколку месеци подоцна во 1971 година освоил две титули во Светскиот мотокрос шампионат во класите 250 и 500 ссм. Во тој период „Сузуки“ веќе ја освоил цела планета, насекаде се граделе производни погони, сервиси, претставништва, а бројот на вработените значително се зголемувал. Тогаш „Сузуки“ го претставил мотоциклот во кој бил вграден ротационен агрегат. Мотоцикл бил именуван како „р е 5“ и наедно тоа бил прв во светот со толку специфична механичка погонска направа. „Сузуки“ доживеал мал пад во времето кога од производителите се барало да ги воведат новите правила за намалување на испуштањето на штетни гасови од моторите. Додека се средувале регулативите за издувни гасови, посебно за Австралија „Сузуки“ го претставил моделот „л ј 50“, поснажна изведба од возилото со погон на сите тркала, со двотактен реден трицилиндричен водено разладуван мотор со зафатнина од 550 ссм. Погонот на сите тркала бил клучен за оваа посебна испорака затоа што Австралија изобилува со терени што се вообичаени за ова возило, но се ноќна мора за класичните туристички. Мора да се спомене и периодот од 10 години во кој „Сузуки“ царувал во Светскиот шампионат во мотокрос во класата до 125 ссм. Од 1975 до 1984 „Сузуки“ 10 пати ја освоил титулата со возачите: Гастон Рахер, Акира Ватанабе, Хари Евертс, Ерик Геборс и Микеле Риналди. Во мотокрос „Сузуки“ не ја добил титулата доктор, туку гуру. Успесите не завршиле со натпреварите во мотокросот. Победите се нижеле и со секојдневните возила. Конструкторите забрзано работеле на малото современо градско возило наречено „алто“. По појавувањето во 1979 година јавноста одговорила многу позитивно и профитот се зголемувал, а „Сузуки“ застанал на уште поцврсти нозе. Имено, во тоа време моделот „алто“ станал најпродаван производ на „Сузуки“. Во 1981 година Сузуки ја обелоденил соработката со „Џенерал Моторс“ и „Исузу“ за мали автомобили. Тогаш „ЏМ“ купил 5,3 отсто од акциите на „Сузуки“. Таа година бил претставен мотоциклот „р 36 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

г гама“ и се појавил на ГП трките за светското првенство. Со оваа „машина“ „Сузуки“ освоил седум титули една по друга во класата на конструктори, а во 1981 година возачот Марко Лучинели и во 1982 година Роберто Галина станале шампиони во кралската класа. Истовремено е создаден и мит од мотоцикл, моделот „катана“, дизајниран од Ханс Мут, за кој како мотив бил земен самурајскиот меч за да се создаде „г с икс 1100 с катана“. Овој мотор уште повеќе го нагласил името „Сузуки“ во светот, а мотоциклот „катана“ станал име што веднаш потсетува на „Сузуки“. Годината 1981 била значајна и по појавувањето на втората генерација од популарното мало теренско возило со погон на сите тркала, познато како „сј 410“ со 1,0-литарски мотор. За канадскиот пазар се продал под името „самурај“, но и во некои други земји и на континентов, а за останатите пазари бил „јимни 1000“. Една година подоцна била лансирана новата генерација од успешниот модел „алто“ и првиот квадрицикл „квадранер 125“, возило наменето за совладување секакви терени, возило што ќе стане пример за другите какви треба да бидат тие што се движат по секаков терен. Дојдовме до редизајнот и надградбата на моделот „сј 4х4“, односно „самурајот“. Добил 1,3 - литарски реден четирицилиндричен мотор со петстепен обичен менувач. Симпатичното возило станало хит насекаде во светот и се продавало во повеќе од 100 земји на планетава. Покрај „самурајот“, Сузуки го пуштил во погон сосема новиот модел „витара (ескудо)“, исто така, со погон на сите тркала. Но ова теренско возило било поголемо од „самурајот“ и се нудело во две каросериски изведби, со три и пет врати. И овој модел го „окупирал“ светот, така што „Сузуки“ станал еден од попознатите во светот по производство на возилата со погон 4х4. На почетокот на 90-тите години од минатиот век „Сузуки“ отворил фабрика во Унгарија, во Езтергом. Производството и продажбата на автомобилите направени во унгарската фабрика почнале во 1992 година. Поголем дел од континентов и пошироко оттаму се снабдувал со дел од возилата „Сузуки“. Една година подоцна се појавило чудното мало возило „вагон р“ што личело на мало комбе само малку повисоко. Во последниов век се појавиле нови модели, на пример, камионетот „екватор“, прво возило на „Сузуки“ од таков вид (пикап). Светската премиера била одржана во 2008 година на Салонот за автомобили во Чикаго. Денес „Сузуки“ продава возила насекаде во светот, со исклучок на северноамериканскиот пазар од каде што се повлече пред извесно време. Моментно своевиден хит на светскиот автомобилски пазар се најновата генерација од моделот „џимни“, потоа новата „витара“, а „свифтот“ е посебно привлечен со изведбата „спорт“ што најмногу е посакувана од младата популација возачи и од поклониците на динамичното возење. • Жарко Атанасоски


Прашања и одговори

• Сакам да аплицирам за регистарска табличка за патничко возило (Ауди) со 4 исти бројки, или со моето име. Која е процедурата и дали воопшто постои можност за вадење на ваков вид на таблички. Благодарам, Слободан АМСМ: За постапката за издавање на регистарски таблички со исти броеви ќе се обратите во Одделот за сообраќај на МВР во МРТВ. Исто така, и за сите останати информации во врска со вонстандардни регистраски таблички (име или надимак), можете да добиете исклучиво во Одделот за сообраќај во МРТВ.

• Јас и сопругата возиме ист автомобил кој е на мое име. Ме интересира дали во случај на дефект мојата сопруга треба да има сопствено членство или може да го користи моето (доколку јас не сум со неа во автомобилот)? И доколку треба да има сопствено членство ќе имаме некој попуст? Однапред Благодарам, Ангел АМСМ: AМСМ членствата што се однесуваат на физички лица, важат и може да ги користи само тоа физичко лице кое е активен АМСМ член, независно во чие возило (сопственост на некое физичко лице) се наоѓа како управувач или патник. Во спротивно, не може да важат членските услуги за друго физичко лице што е во возилото, а не е активен АМСМ член. АМСМ членските пакети имаат одредена цена, а како попуст од 10% на одредената цена е оn-line зачленувањето. • Јас сум ваш долгогодишен член и поседувам Европа премиум членство кое ми е активно до крајот на годината. Ме интересира дали во случај на дефект или пренос на моето возило можам да ги искористам ставките од ова членство или морам да имам Класик членство кое важи во нашата дрѓава? Благодарам, Борче

АМСМ: АМСМ Еurope Premium членството има услуги кои важат во нашата држава и услуги кои важат во секоја држава во Европа, така што не мора да се поседува истовремено и АМСМ Classic членство. • При вадење на Класик членството ме информираа дека во вашиот Контак центар можам да извадам Травел-Инфо Сет за патување за определена дестинација. Ме интересира за каква услуга е Травел-Инфо Сет? Благодарам, Љиљана АМСМ: Травел-Инфо Сет претставува екслузивна услуга за членовите на АМСМ и содржи: 1. Патна карта - актуелна патна карта на државата или на регионот 2. Информатор - сообраќајни и туринг информации за секоја државa 3. Рутер - компјутерски подготвена патна рута за соодветниот патен правец (почетна, крајна точка и транзитни точки од планираното патување на членот на АМСМ, информации за насоката и за износот на километри, вкупниот износ на патарини и други гранични такси, како и многу други туринг информации неопходни за секое патување надвор од државата)

ВАШИТЕ ПРАШАЊА ИСПРАЌАЈТЕ ГИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА: contact@amsm.com.mk

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


СПОРТ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА 1

ОД РЕИНКАРНИРАНАТА СЕЗОНА ДО НОВА ИСТОРИЈА ДЕЛ ОД ТРКИТЕ КОИ ВЛЕГОА ВО КАЛЕНДАРОТ НА ФОРМУЛА 1 ЗА СПАС НА СЕЗОНАТА ВО 2020 ГОДИНА, ДОНЕСОА МОМЕНТИ КОИ ЌЕ ОСТАНАТ ЗАПИШАНИ ВО ХРОНОЛОГИЈАТА НА СПОРТОТ.

РЕНЕСАНСА НА ФЕРАРИ ВО КОЛЕВКАТА НА РЕНЕСАНСАТА

Ферари е на шесто место во генералниот пласман кај конструкторите, а откако на оваа тема повеќе пати тимскиот шеф и главен инженер Матија Биното даде одговор дека нивните усилби се насочени кон идните сезони, за време на јубилејната прослава од 1000 настапи на ГН Тоскана своја изјава даде и извршниот директор на Ферари, Луј Камилери. – Во бездна сме, сите го знаеме тоа. Повеќе фактори влијаеја на таквото нешто, но сè што сега би кажал ќе звучи како изговор, а ние во Ферари не го сакаме тоа. Важно е да се фокусираме на проблемите кои ги имаме и да се обидеме да најдеме решение. Реално, ќе ни биде многу тешко. Во Формула 1 секогаш има време за борба на патеката и кога станува збор за развојот на возилата, но не постои магично копче, дефинитивно ќе ни биде потребно време, - изјави Камилери, ставајќи акцент дека ренесансата ја очекува во 2022, а не во 2021 година. Тој потоа упати и пофални зборови до нивните конкуренти. – На ривалите од Мерцедес им симнуваме капа, сработија фантастично, но ќе видиме како ќе изгледа се во 2022 година со новите правила, - заврши Камилери.

38 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

Д

одека Луис Хамилтон незапирливо ниже пол позиции и победи со кои испишува нови страници во историјата на Формула 1, во најбрзиот „циркус на тркала“ беа одбележани и други моменти за време на трките во Монца и Муџело кои го одбележаа почетокот на септември. Така, во трката за Големата награда на Италија во легендарната Монца, откако Хамилтон дојде до рекордна 94. пол позиција во кариерата, во трката направи грешка влегувајќи во бокс во време кога влезот за тоа беше забранет. Тој мораше да отслужи казна од 10 секунди стоење во боксот, што на останатите им даде шанса да се борат за врвот. За несреќа, во таквиот расплет неговите конкуренти во борбата за титулата не се снајдоа најдобро: Леклер имаше инцидент (поради кој и настана целата збрка) и ја измести заштитната ограда која мораше да биде поправена, а Ферстапен и Фетел се откажаа. Единствено Ботас остана во игра, но не успеа да стигне до подиумот. Поради сплет на околности, во моментите на прекинот, на челната позиција се најдоа болидите на Пјер Гасли од Алфа Таури и Карлос Саинц од Мекларен. Французинот успеа да ја мине целта прв, со што стана првиот возач од оваа земја кој триумфирал на Ф1 трка од 1996 година, односно од победата на Оливие Пани во Монако, а бонус во сета таа статистика е дека Гасли е роден токму во таа 1996 година. Карлос Саинц му се доближуваше од круг во круг, па со право може да жали што испушти победа, едноставно трката беше круг или два пократка од неговите потреби за победа во неа. Дел од тие кругови беа загубени возејќи зад безбедносно возило, или, пак, во формациски круг пред рестартот од стоечки старт, но овој пат „хороскопот“ му беше наклонет на неговиот ривал. Уште еден возач со идеален „хороскоп“ беше Ленс Строл, кој немаше направено пит стоп и во прекинот на трката доби дозвола да ги смени пневматиците, па се одржа на високото трето место и го освои првиот подиум во кариерата. Ландо Норис го комплетира убавиот ден за Мекларен одбранувајќи ја четвртата позиција од Валтери Ботас. Големите тимови како Мерцедес, Ред Бул и Ферари имаа низа од 146 победи (по триумфот на Кими Раиконен со Лотус во Австралија 2013 година), а последен подиум без ниту еден возач од овие три тима е трката за Големата награда на Унгарија во 2012 година (победа на Хамилтон со Мекларен).

На следната трка возена како Голема награда на Тоскана, за првпат под тоа име и за првпат на патеката Муџело (поседувана од Ферари), главна вест беше одбележувањето на јубилејот од 1000 настапи на италијанскиот тим, основан од Енцо Ферари, кој во овој спорт е од неговата прва сезона во 1950 година. Формула 1 го одбележа јубилејот од 1000 трки лани во Шангај, а разликата од околу 25 трки меѓу двата јубилеја се должи на фактот дека Италијаните не учествувале на некои од раните прекуокеански трки, вклучувајќи тука и десетина трки од легендарната „500 милји на Индијанаполис“ кои во периодот 1950-1960 се бодувале и за Формула 1. Со новата пол позиција, број 95 во кариерата, Луис Хамилтон се одвои на врвот и повторно се етаблираше како супериорен пилот со уште посупериорен болид. Во трката со еден летечки рестарт и два стоечки, Хамилтон и Ботас во еден од стартовите ги сменија позициите, но Британецот потоа му се реваншираше на тимскиот колега и тоа беше се што се однесуваше до прашањето за победник во трката. Со триумфот, Хамилтон дојде до бројка од 90 победи, односно на една помалку од рекордот на Шумахер, со кого најверојатно и ќе се изедначи по бројот на титули на крајот од сезоната. За разлика од Ботас кој со освојувањето на второто место се зацврсти и како втор во генералниот пласман, Ферстапен имаше дефект на моторот уште на старот, а потоа беше удрен одзади. Овој пат за Ред Бул имаше втора шанса со Алекс Албон кој стартуваше од вториот ред заедно со славниот тимски колега. Останатите занимливости беа во борбата за другите позиции, особено оној на Рикардо кој најпрвин се избори за третата позиција со ривалите, а потоа во последната етапа беше престигнат од Албон, па заврши четврти. Бодови освоија уште Перез, Норис, Квијат, Леклер, Раиконен и Фетел. Во генералниот пласман води Хамилтон со 190 бода, Ботас има 135, а Ферстапен со 110 е на третата позиција. Мерцедес како конструктор е прв со 325 бода, Ред Бул има 173 поени, додека во борбата за третото место засега учествуваат три екипи: Мекларен со 106, Рејсинг поинт со 92 и Рено со 83 бода, додека Ферари е на шеста позиција. На 27 септември закажана е трката за Големата награда на Русија, а во текот на октомври планирани се уште две трки во Германија и Португалија. • Александар Табаковски

ФЕТЕЛ ОСТАНУВА ВО ФОРМУЛА 1 СО НОВИОТ ТИМ НА АСТОН МАРТИН

Во 2021 година сегашниот тим „Рејсинг Поинт“ ќе биде ребрендиран како Астон Мартин, проект во кој лидер ќе биде четирикратниот светски првак Себастијан Фетел. Тој беше на работ од пензија поради тоа што пред најновиот расплет на настаните, не можеше да пронајде атрактивна средина. – Вистина е, бев блиску до пензионирање. Многу размислував, се прашував што е најдобро за мене и пензионирањето секако беше опција пред да се случи ова. Бев дефокусиран, многу размислував со седмици, месеци, но она што го одлучив сега, мислам дека е најдобро за мене. Со нетрпение чекам да се докажам на патеката. Реков дека ќе останам во Формула 1 ако има нешто што навистина ќе ме предизвика. Јасно е дека перформансите на „Рејсинг Поинт“ оваа сезона се сè повеќе за запазување. Покрај тоа, со новите правила, трките ќе бидат доста поизедначени и ќе има шанса за многумина. Ќе треба да докажеме на што се сме способни, – изјави Фетел по потврдата на ангажманот за наредната сезона.

09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


СПОРТ

Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

СВЕТИОТ ГРАЛ НА ТРКИТЕ

САМО ЕДЕН ВОЗАЧ ГО ИМА ОСВОЕНО НАЈРЕСПЕКТИРАНОТО ПРИЗНАНИЕ ВО СВЕТОТ НА ТРКИТЕ, КОЕ ОБЕДИНУВА ПОБЕДИ НА ТРИ НАЈСЛАВНИ ТРКИ ВО ИСТОРИЈАТА – ГРЕМ ХИЛ!

Ф

амозната трка „500 милји на Индијанаполис“ се одржува уште од 1911 година и поради својата уникатност во побарувањата за брзина и издржливост е дел од предизвиците за кои сонуваат многу возачи. Речиси истото може да се рече и за „24 часа Ле Ман“ за првпат одржана во 1923 година, која е неколку чекори понапред во смисла на издржливоста, но не ја занемарува ниту брзината. Уште една славна манифестација од светот на трките е уличната трка низ Монте Карло, позната и како Голема награда на Монако, за првпат возена во 1929 година, која е еден од столбовите на денес најпопуларното тркачко првенство на светот наречено Формула 1. Сите три трки се извор на легенди за големите асови кои доминирале во

40 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

својата ера, но она што ги поврзува ,исто така, е дека љубителите на трките го сметаат овој триумвират на предизвици како ултимативен дострел за еден возач. Со еден збор, трите победи остварени од еден возач се постигнување кое метафорично се нарекува „Светиот грал на трките“, а тоа не е нешто што се случува „секој ден“. Еве на пример, ако ја земеме како пример само Формула 1, таму кон крајот на осумдесеттите години од 20. век со појавата на Аиртон Сена се испиша нова историја, со која беа „збришани“ дотогашните постигнувања на тркачите, а потоа процесот го повтори Михаел Шумахер некои 10 години подоцна. Сега, на истекот од 15-годишнината од последната победа на Германецот во Кина 2006 година, сведоци сме на тоа како Луис Хамилтон ги соборува неговите рекорди. Оттука, не би требало да ве изненади фактот дека во досегашната историја на трките, само еден возач успеал да ги обедини овие три триумфи, што е секако постигнување кое отскокнува само по себе. Упатените во тркачката историја ќе се сетат на великанот од шеесетите години на минатиот век, Грем Хил, чиј син Дејмон тргна по неговите стапки и успеа да стигне до титула во Формула 1 во 1996 година. Англискиот џентлемен е еден од вкупно 19 возачи во историјата кои се обиделе да стигнат до „тројната круна“, во смисла на тоа дека учествувале на сите три настани низ светот, а притоа победиле барем на еден од нив. Успесите на Грем Хил се крунисани со

две титули во Формула 1, во 1962 и 1968 година, а дополнително зачинети со неговите пет победи во Монако. Со настапот на Индијанаполис во 1966 година и победата во таа трка, тој си го отвора патот кон „Тројна круна“, а истата ја освојува во 1972 година со триумфот на Ле Ман. На листата на возачи има уште осум други шампиони од светот на Формула 1, како и други легенди на овој спорт како предвоениот херој Тацио Нуволари, американската легенда А. Џ. Фојт, како и човекот чие име денес сè уште го носи и тим во Ф1 – Брус Мекларен. Во последните 50 години, односно од посмртниот шампион во Формула 1, Јохен Ринт, кој победи на Монако 1970 и не успеа да го дочека крајот на првенството за да и се израдува на титулата, тројца светски прваци од Ф1 славеле и на „500 милји Индијанаполис“, при што Марио Андрети и Жак Вилнев прво победиле во САД, а Емерсон Фитипалди во Ф1. Но, ниту еден од нив нема победа во Монако. Од друга страна, Хуан Пабло Монтоја нема титула во Ф1, но има победи во Монако 2003 година и два пати на Индијанаполис (2000 и 2015 година), додека кај Фернандо Алонсо сè е во духот на бројот „два“: две титули во Ф1, две победи во Монако, два триумфа во Ле Ман, како и две учества на Индијанаполис (имаше неуспешна трета проба, но не се квалификуваше). Последниот обид беше во август 2020 година, кога успеа да влезе во трката, но не и да победи. Предизвикот останува предизвик! •


09.2020 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk | www.amsmklubmobiliti.mk

41


СПОРТ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА E

МАРАТОНСКО ФИНАЛЕ СО ШЕСТ ТРКИ СЕЗОНАТА НА ФОРМУЛА Е ЗАПОЧНА ВО ДЕКЕМВРИ СО ДВЕТЕ ТРКИ ВО РИЈАД, А ПОТОА СЛЕДЕА ОНИЕ НИЗ МЕКСИКО СИТИ, САНТИЈАГО И МАРАКЕШ, ПО ШТО УСЛЕДИ ПРЕКИНОТ ЗАРАДИ ПАНДЕМИЈАТА, НО СЕЗОНАТА СЕПАК ИМАШЕ ДОСТОИНСТВЕН КРАЈ СО ГОЛЕМ НАСТАН ВО БЕРЛИН, КАДЕ ШТО ВО ТЕК НА 9 ДЕНА СЕ ИЗВОЗЕА ДУРИ ШЕСТ ТРКИ!


СПОРТ

З

а вака осмисленото финале беше користен аеродромот Темплхоф крај Берлин, а всушност беа симулирани 3 гран при викенда во само осум дена! Тоа значи дека беше задржан духот да се возат две трки во еден гран при викенд, со почитување на правилата кои ja диктираат стартната листа во втората трка да биде според пласманот на првата трка (а не според квалификациите како во настанот број 1). Но, за да се стекне комплетен впечаток дека всушност има три различни гран при викенди, беа направени и три варијанти на патеката, па така за секој чифт на трки – имаше нова конфигурација! Првиот гран при викенд се возеше на познатата традиционална патека која е присутна во Формула Е од 2015 година, но во обратна насока! Втората трка беше враќање во нормалата, додека на третата трка беа направени интервенции на дел од средишниот дел на патеката. Водечкиот во генералниот пласман, Антонио Феликс да Коста, зад воланот на ДС Течита кој имаше само 11 поени пред Мич Еванс од Јагуар, започна со пол позиција и две победи во низа на првите две трки – покажувајќи доминација и посветеност како ништо да не се случило од неговиот последен триумф во Маракеш. Максимилијан Гинтер со БМВ Андрети успеа да ја прекине неговата серија со победа во третата трка (кога Антонио беше четврти), но веќе на следната трка возчката двојка на Течита имаше еден-два победа, но овој пат со Жан Ерик Верње пред Антонио Феликс да Коста. Имајќи предвид дека ривалите во борбата за тронот немаа соодветен одговор, Португалецот во последните две трки возени во Берлин влезе како шампион, па другите возачи како да добија поттик да покажат колку вредат. Оливер Роуланд го предводеше Нисан до победа во претпоследната трка, додека на последната рунда со 1-2 победа се закити тимот на Мерцедес, Стофел Вандорн и Ник Де Вријс, додека третопласиран беше Себастијан Буеми од Нисан. На овој начин, Антонио Феликс да Коста со 158 бода беше крунисан како нов шампион на Формула Е, додека Стофел Вандорн со последниот триумф му го „украде“ второто место на табелата на Верње за само еден поен: 87:86! Буеми и Роуланд со 84 и 83 бода го вратија Нисан на пиедесталот кај конструкторите, додека Лукас ди Граси со Ауди, исто така, се врати меѓу водечките со вкупно 77 бода, за разлика од индиспонираниот Мич Еванс кој од конкурент за титулата, по берлинскиот „маратон“ заврши седми во генералниот пласман со 71 бод. Тимот на ДС Течита со 244 бода ја освои титулата кај конструкторите, пред Нисан со 167 и Мерцедес со 147 бода. Зад нив се повеќе изедначени тимови, при што Вирџин е најдобар со 121 бод, пред БМВ Андрети со 118 бода и Ауди со 114 бода. Идната седма сезона на Формула Е, која првпат ќе биде насловена како Светско првенство под закрила на ФИА, планирана е да започне на 16 јануари во Сантијаго, Чиле, и да има 14 трки во текот на 2021 година. 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


СПОРТ

ЛУДА СТАТИСТИКА

На шесте трки во Берлин беа извозени вкупно 218 круга, а половина од возачите – дури 12, ги извозеа сите предвидени километри! Единствено екипата на Махиндра ги имаше двата болида во оваа група. Сепак, ниту еден возач не успеа да освои бодови на сите шест трки, а само четири пилоти освоија поени на пет трки: Антонио Феликс да Коста, Себастијан Буеми, Андре Лотерер и Лукас ди Граси. Нисан и Ауди беа два тима кои беа во бодови на секоја трка во Берлин. Бразилецот Лукас ди Граси стана првиот возач на Формула Е кој направил 2.500 кругови во трка. Оваа сезона дури 10 возачи направија најбрзи кругови во 11 трки од Формула Е, што е рекорд во една сезона. Само на шампионот Антонио Феликс да Коста му успеа да биде два пати најбрз во трките (трка број 2 во Саудиска Арабија и во првата трка од маратонското финале во Берлин) за што си освои по еден поен.

ЛУКАС ДИ ГРАСИ – ЈУНАК НА „КОРОНА ПАУЗАТА“

Бразилскиот автомобилист Лукас ди Граси, кој е поранешен шампион во Формула Е со Ауди, беше истакнат како еден од јунаците што несебично се залагаше за подобри услови во Бразил за време на пролетната пауза предизвикана од пандемијата на Ковид-19. За потфатите на Лукас ди Граси за првпат се проговори во видео-блоговите подготвени од поранешниот Ф1 шампион Нико Розберг. Тогаш светот дозна дека Лукас ди Граси по разни канали собрал донации за помош на ризичните групи од населението во Бразил, при што свотата е опишана како „150 минимални плати“. Со овие средства биле помогнати неколку проекти, при што во фавелите каде што се најсиромашните жители и најчесто нема вода, биле однесени средства за дезинфекција, како би можела да се запази хигиената и да се спречи ширењето на вирусот. Потоа, со помош на фабрика од 3-Д печатари биле изготвени заштитни визири, а последниот потфат е околу дезинфекција на возилата во јавниот транспорт. Имено, технологија за дезинфекција со УВ-зраци која се користи во болници и слични средини, е приспособена за употреба во големите превозни средства, а идејата наводно потекнала од кинеските авио компании, при што буткајќи своевидна „супермаркет количка“ на која е монтирана потребната опрема, еден авион се дезинфецира за десетина минути наместо да се трошат неколку часа мануелен труд, бидејќи тие зраци убиваат широк спектар на бактерии и вируси. Оваа идеја Лукас ди Граси ја пренел во Бразил, ги набавил потребните елементи и заедно со надлежните служби започнале со тестирање на стерилноста на така дезинфицираните возила!

44 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Пилешки стек марсала Состојки

• Таљатели • Парче пилешки стек • Путер • Свежи шампињони • Вино марсала • Крем за готвење • Пармезан

Подготовка

Таљателите се варат во солена вода и масло. Парче пилешко се посолува и се пече 20 минути на тавче со путер на 180 степени. Откако ќе се испече, пилешкиот стек се сервира врз таљателите. Во тавчето каде што се печеше стекот се додаваат ситно сечкани свежи шампињони, малку се пропржуваат и се зачинуваат со сол, црн пипер и лук. Во сосот се додаваат вино марсала, крем за готвење и малку рендан пармезан. Со сосот се прелива пилешкиот стек сервиран врз таљателите. Пријатен апетит! 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


СПОРТ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МОТО ГП

ШЕСТ ПОБЕДНИЦИ ВО СЕДУМ ТРКИ! ПОВРЕДАТА НА МАРК МАРКЕЗ ВО ПРВАТА ТРКА ОД СЕЗОНАТА, ПО КОЈА АКТУЕЛНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН МОРАШЕ НА ОПЕРАЦИЈА, А ПОТОА И НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, ДОНЕСЕ СЕЗОНА ВО КОЈА МЛАДИТЕ НАДЕЖИ ДОБИЈА ВИСТИНСКА ШАНСА ДА ПОКАЖАТ КОЛКУ ВРЕДАТ.

И

ако трката во МотоГП не се одржа, организаторите го водат настанот во Катар како прв во сезоната поради трките од пониските категории. Кога се гледа само МотоГП класата, во 2020 година почнувајќи од 18 јули се извозеа седум трки, од кои две во Херез, една во Брно, две на австрискиот Ред Бул Ринг и две на италијанската ривиера крај Римини. Незгодниот старт на сезоната за Маркез значеше дека ривaлите ќе добијат шанса, но првично се очекуваше тој да се врати за трките во Италија, по што беше лиферувана веста дека рехабилитацијата ќе трае подолго и тој нема да брза со камбекот. Фабио Квартараро освои две победи на стартот во Херез, но потоа расплетот на нештата им дозволи на ривалите да го стигнат, а некои од нив како Брат Биндер со триумфот на КТМ во Брно, да испишат и нова историја во Мото ГП. Драматичната сезона донесе и некол-

46 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ку трки во кои оние кои финишираа со право би можеле да се наречат и среќни, поради другите инциденти кои се случија попатно. Така, првата австриска трка го донесе фамозниот судир на Морбидели и Зарко, по што мотоцикли летаа низ воздухот како проектили, а сантиметри беа во прашање кога на видео снимките беше откриено дека тие би можеле да ги усмртат Валентино Роси и Маверик Вињалес. Во рестартот славеше Андреа Довициозо, додека Жоан Зарко кој беше обвинет за инцидентот, беше казнет со старт од бокс на следната трка без оглед на пласманот во квалификациите. Зарко истовремено заработи и фрактура на раката, па по направениот оперативен зафат јасно е дека ќе ги пропушти тренинзите во петок. Подоцна ќе биде решено дали ќе учествува во квалификациите и на трката. Втората трка на Ред Бул беше насловена како Голема награда на Штаерска, а, исто така, беше одбележана од еден

инцидент на Маверик Вињалес, поради кој имаше прекин по 16 круга, а потоа рестарт за да се доврши предвидената должина од 28 круга. Во таквиот формат, на крај најдобро се снајде Мигуел Оливеира кој освои уште една победа за КТМ пред Милер и Еспаргаро, додека фаворитите „потонаа“. Доаѓањето на МотоГП во Италија, на познатата патека крај Римини, насловена по трагично загинатиот ас Марко Симончели, му донесе среќа и прва победа на Франко Морбидели од сателитскиот тим на Јамаха. Италијанецот со убедливи перформанси стигна до победaта, а големи беа шансите за комплетен подиум на домашните возачи со Франческо Бањаја на Дукати како втор и Валентино Роси на третото место, што ќе значеше 200-ти подиум во кариерата на „докторот“. Сепак, во последниот круг Шпанецот Жоан Мир наплати за пропуштеното во втората австриска трка (каде што водеше во моментот на прекинот), па го престигна Роси за тре-


СПОРТ

тата позиција. Уште двајца Шпанци се најдоа зад нив, односно Ринс и Вињалес, а до десеттото место се пласираа Довициозо, Накагами, Милер и П. Еспаргаро. За комплетна драма на втората трка во Римини, овој пат возена како трка за Големата награда на Емилија Ромања, повторно се погрижија италијанските возачи. Франческо Бањаја водеше и излета, додека Фабио Куартараро беше казнет со три секунди. Тројца шпански мотоциклисти се најдоа на подиумот предводени од Маверик Вињалес, додека Жоан Мир уште еднаш докажа дека добрите перформанси на Сузуки не се случајни, па го остави Пол Еспаргаро со КТМ на третото место. Трагичар и на оваа трка во Римини беше Валентино Роси, кој го прославуваше својот 250

настап, но наместо славенички резултат имаше рано излетување. - На тренинзите имав лошо чувство за моторот, но ситуацијата ни даде можност да се подобриме кога дојдовме до штелување на моторот за трката. Гледано наназад, среќен сум за тие маки во петокот, бидејќи многу напредувавме со штелувањето за следните два дена. Мора да останеме со нозете на земја и да разбереме дека сѐ уште треба да се подобруваме, на секоја трка! Овој пат го менувавме балансот, па чувството беше сосема поинакво при силно сопирање, па така можев да извадам повеќе од потенцијалот на конструкцијата особено при сопирање и со брзината низ свиоците. Засега не размислувам многу за титулата, гледам да ми биде забавно и да го развиваме

максимумот на моторот. Треба добро да се подготвиме за следната година, а оваа сезона на секоја трка учиме по нешто, па ќе биде многу важно така да продолжиме и на останатите, - изјави победникот Маверик Вињалес, кој и на двете трки во Римини ја освојуваше пол позицијата. Пласманот на Куартараро на четвртото место, а на Довициозо како осми, донесе нивно повторно изедначување на врвот од табелата, каде што сега им се приклучи Маверик Вињалес. Имено, Довициозо со Дукати е прв со 84 бода, но Квартараро и Вињалес со по 83 се веднаш до него. Жоан Мир со неколкуте добри пласмани во низа стигна до 80 бода и ја заокружува листата на возачи со шанси за шампионската титула. •Александар Табаковски

МАРКЕЗ ГО ТЕМПИРА ВРАЌАЊЕТО ЗА АРАГОН?

Актуелниот Мото ГП шампион Марк Маркез беше најголем фаворит за титулата и оваа сезона, но падот уште на првата трка во Херез очигледно ги елиминираше шансите за негов нов триумф во најелитната класа. Првично, неговиот камбек се очекуваше во Римини, но потоа беше лиферувана вест за негова подолготрајна рехабилитација. Со оглед на тоа што трката во Барселона е закажана веднаш по Римини (на 27 септември), доколку возачот на Хонда не направи изненадувачка појава, таму, се верува дека тој ќе биде назад во седлото за двете трки во Арагон кои се закажни во октомври. Шпанецот веќе години наназад доминира на оваа патека и се очекува тој ако е целосно закрепнат, да биде главен фаворит за победите во двете трки на Арагон!

РОСИ ЌЕ ПОТПИШЕ НОВ ДОГОВОР ВО БАРСЕЛОНА?

Иако првата во Римини донесе возбуда за навивачите на деветкратниот светски шампион Валентино Роси, втората беше комплетно разочарување. Сепак, „докторот“ во свој стил повторно ги освои насловите споредувајќи се самиот со она што го прикажал на претходните две трки во Австрија. – Во Австрија се чувствував како да имам 50 години, а денеска 20 помалку! Ситуацијата за догодина е иста како пред две-три седмици. Не се брзаме, најголемиот дел од работата е завршен, остана уште нешто да прецизираме со Јамаха. Мислам дека 99 проценти ќе се тркам и наредната сезона, оној еден е само поради тоа што договорот не е потпишан. Можеби тоа ќе се случи за две седмици во Барселона, – изјави Валентино. Коментирајќи ги пишувањата дека можеби ќе се пензионира, тој демантираше такво сценарио. – Моето пензионирање би било голема вест, сигурен сум дека многумина ја кликнале веста за моето повлекување. Многупати порачав дека ќе се тркам наредната сезона и ништо не е променето, но сигурно поинтересно е да се напише дека се повлекувам, – порача Роси. 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


СПОРТ

WRC – РЕЛИ ЕСТОНИЈА

ЕКСПРЕСЕН ЛЕТ ДО ЦЕЛТА АКТУЕЛНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО РЕЛИ, ОТ ТАНАК, ГО ОСВОИ 600-ТО РЕЛИ ЗАБЕЛЕЖАНО ОД ПОЧЕТОЦИТЕ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ КРЕВАЈЌИ ГИ ДОМАШНИТЕ ФАНОВИ НА НОЗЕ КОИ ВООДУШЕВЕНО ГО БОДРЕА СВОЈОТ ХЕРОЈ.

Г

олема чест е за Естонија да ја отвори сезоната во Светскиот шапионат во рели после шестмесечната пауза предизвикана од глобалната закана на пандемијата Ковид-19. Отворањето на оваа преполовена сезона токму на релито на Естонија има уште поголема важност за оваа Балтичка држава бидејќи годинава таа за првпат во историјата на релито организира настан кој е дел од Светскиот шампионат во рели. Воедно, релито на Естонија беше точно 600-от настан во Светскиот шампионат во рели од неговите почетоци во далечната 1973 година. И веднаш големи пофалби за организаторите кои успеаја да му го вратат полниот сјај на релито и да го претворат во суператрактивен настан и покрај рестрикциите кои мораа да бидат воведени за време на одржувањето на тридневниот настан. Како во поглед на поставувањето на публиката, така и во поглед на поставување на сервисниот парк и спроведувањето

на активностите на официјалните лица на релито. Затоа раководното тело на FIA даде оцена чиста петка за Естонскиот организациски тим, кој успеа ова ултра брзо рели да го изнесе во полно светло. Во таа насока одеа и очекувањата на домашната публика која навиваше за победа на домашниот херој и актуелен светски шампион во рели От Танак. Естониецот ги оправда очекувањата и на своите верни фанови им приреди единствено доживување на овој исклучително брз настан кој по составот на патеките лесно се идентификува со легендарното рели на Финска. Тој беше фаворит број еден уште пред почетокот на релито бидејќи одлично ги познава домашните патеки. Секако ова познавање на подлогата му одеше во прилог. Го поведе релито и после тридневна прошетка заврши на врвот од пиедесталот. Секако не одеше сè така мазно за Танак, иако за волја на вистината Eстониецот не виде ниту некои посериозни проблеми. После


СПОРТ

страшната несреќа на релито на Монте Карло, Танак како да не можеше да го пронајде вистинскиот ритам ниту на релито на Шведска, ниту на релито на Мексико. На двапати заврши на второто место, зад Еванс во Шведска, и зад Ожие во Мексико. Факт е дека на актуелниот шампион очајнички му требаше победа за да остане во борба за одбрана на титулата. А таа дојде во вистинско време на релито во Естонија. Се чини дека Танак буквално прелета од стартот до целта и ја освои првата победа за својот нов тим, тимот на Hyundai. Проблемите за него на ова рели беа целосна непознаница, освен претрпениот страв на претпоследниот брзински испит кога од брег го потчеша задникот на својот i20 Coupe. Но, за среќа излезе дека автомобилот претрпел само козметичка повреда која не влијаеше врз перформансите. Ова беше доволно да го потсети Танак дека победата му е во рака и дека треба малку да попушти на последниот телевизиски брзинец каде го освои третото место и дополнителни три поени кои беа доволни да го кренат на третото место во генерален пласман со 13 поени зад водечкиот Ожие. Втор заврши тимскиот другар на Танак, Крег Брин докажувајќи дека тимот на Hyundai работел напорно низ шестмесечната пауза. Брин не беше доволно брз да го предизвика Танак, но сепак успеа да се одбрани од притисокот на Ожие и да го победи во битката за втората позиција. Како Танак, и Брин не сакаше да ризикува на телевизискиот брзинец и заврши петти освојувајќи само еден поен плус. Тука Ожие се покажа поуспешен и заврши четврти со два поени, кои беа додадени на петнаесетте за освоеното трето место. Се чини како да му недостасуваше брзината која ја прикажа на релито во Мексико каде извојуваше јасна победа. Ожие призна дека неговиот Yaris едноставно немал доволно тракција за да може да го достигне темпото на Танак. Сепак, освоените поени му помогнаа да ја задржи водечката позиција во шампионатот. Зад Ожие заврши победникот од Шведска Елфин Еванс. Тимскиот другар на Ожие беше брз, но дупната гума му одзеде доволно секунди за да заврши на четвртата позиција. Меѓутоа дополнителните четири поени освоени од второто место на телевизискиот брзинец му овозможија да држи чекор со Ожие во генерален пласман. Интересно, единствениот што можеше да го предизвика Танак според брзината беше младиот Кале Рованпера, но дупната гума и казна од една минута заради техничка грешка го вратија младиот Финец безмалку минута и половина зад победникот и четири места подолу. Сепак, Рованпера имаше прилика да ја докаже својата брзина зад волан победувајќи на последниот телевизиски брзинец и освојувајќи ги заслужените дополнителни пет поени. Воедно Рованпера остана забележан во аналите на релито како најмладиот возач кој водел на едно рели на возраст од 19 години. Тој имаше прилика да биде најбрз на вториот брзинец кога на кратко го поведе релито. Иако се чинеше дека ќе продолжи со силното темпо, дупнатата гума на третиот брзинец ги расипа шансите за нешто поголемо. Но, Рованпера нема за што да жали. На ова рели успеа да освои, односно да биде најбрз на дури пет брзински испити од вкупно 17 колку што го сочинуваа релито на Естонија. Иако завршија на третото, четвртото и петтото место екипажите на Toyota освоија доволно бодови за да ја задржат лидерската позиција меѓу производителите. Но, второрангираниот Hyundai им дише во врат. Toyota има 137 бодови, а Hyundai 132 бодови. Додека Ford со 83 бодови е далеку на третото место. Разликите се тесни и во шампионатот за возачи. Ожие со 79 бодови води пред Еванс со 70 и Танак со 66 бодови. Следи релито на Турција каде се очекува повторно мерење на силите меѓу Hyundai и Toyota, и меѓу возачките шампиони Танак и Ожие. • Љубомир Атанасовски

09.2020 05.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk | www.amsmklubmobiliti.mk

49


РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА АМСМ BUSINESS ЧЛЕНСКИТЕ ПАКЕТИ СЕ НАМЕНЕТИ ИСКЛУЧИВО ЗА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА (ВОЗИЛА КОИ ГЛАСАТ НА ПРАВНО ЛИЦЕ) И ИСТИТЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ПАТНИЧКИ И ЛЕСНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА СО МАСА ДО 3,5 ТОНА. Услугите кои се вклучени во Бизнис членскиот пакет може да ги користи само едно возило за кое е издадена членска картичка при што Ви напоменуваме дека истите неможе да се користат за друго возило за кое нема издадено АМСМ членска картичка. Од таа причина согласно потребата и големината на возниот парк, правното лице одлучува за колку возила ќе купи бизнис членски картички (за секое возило од возниот парк, или, пак, само за одреден број возила). АМСМ Business членските пакети им нудат на правните лица бесплатна грижа за возниот парк со цел да им излезат во пресрет при решавање голем број проблеми во врска со возилата и при тоа да им заштедат драгоцено време. Со користењето на АМСМ сервисната книшка се овозможува евиденција и редовно одржување и сервисирање на возилата, бесплатен превентивен технички преглед и два пати во текот на годината бесплатна сервисна проверка на возилото. Посебен акцент во пакетите е ставен на бесплатната помош на пат без оглед дали станува збор за пренос на возило или отстранување на дефект на лице место. Поддршката е уште поголема кога може да ја добиете 24/7. Постојат два типа на бизнис членски пакети, оние кои во себе имаат вклучено услуги кои може да се користат исклучиво на територија на нашата држава, и оние кои содржат услуги кои може да се користат во државата и во Европа. Подетално за услугите и нивното користење може да се запознaете на нашата веб страна www.amsm.mk Со цел да заштедите време, зачленувањето може да го направите електронски многу брзо и едноставно, а ние картичките Ви ги испраќаме на адреса која ќе ја наведете во апликативната форма. Да станете АМСМ Business член е мудра деловна одлука со која ќе ги решите секојдневните проблеми со вашите службени возила брзо, едноставно и со пониски трошоци.

50 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


52 09.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2020


FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”

2

09.2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

09.2020

3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

09.2020


МОМЕНТ МАЛ

09.2020

5


6

09.2020


02.2020

7


“

8

09.2020


05.2020

9


09.2020


09.2020


%

09.2020

10


2008

09.2020


15%

09.2020


09.2020


02.2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.