AMSM Klub Mobiliti Mart 2020 elektronsko br.43

Page 1

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


МИСЛЕТЕ НА ВАШЕТО ВОЗИЛО

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Бојан Димитријевиќ РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

Одржувањето на автомобилот што не се вози неколку недели е сериозен проблем, без оглед колку звучи парадоксално. Слободно може да направиме директна споредба меѓу нас и нашите миленици на четири тркала. Добар одмор е од суштинско значење за секого. Сепак, откако ќе поминете три недели в кревет, ќе немате сила да трчате - мускулите ќе ја изгубат речиси целата своја сила. Покрај другите негативни ефекти, секој мускул што не се користи почнува да атрофира. Возилата немаат мускулатура, но имаат различни течности и подвижни елементи чии карактеристики можат да бидат под влијание на долгорочен застој. Разни подвижни и неподвижни компоненти страдаат од корозија и лепење, корозија на дисковите на сопирачките, оштетување на пумпата за вода, климатизацијата, амортизерите, исто така, не траат долго, горивото и маслото ги губат своите својства... Се разбира, ако автомобилот е на место еден или два месеца, генерално нема да има посериозни последици освен ако батеријата веќе не започнала да покажува знаци на слабост. Во случај на подолг одмор, неопходно е да се преземат разни мерки за да се спречат проблеми следниот пат кога ќе седнеме зад воланот. Наш совет е да најдете некој на кого му верувате и да му ги дадете клучевите од автомобилот. Свесни сме колку е тешко денес да се има доверба во некој, особено ако возилото е скапо или, пак, емотивно сте врзани за него. Затоа, за да ги избегнете овие проблеми обратете се во нашиот АМСМ сервис каде што ќе ја добиете вистинската услуга и грижа за вашето возило. Но претходно уште еднаш проверете дали вашето членство е активно и ако тоа не е случај искористете ја можноста АМСМ Онлајн за да го обновите. Почитувани членови, во ова време на светска пандемија на коронавирус, кога светот секојдневно е во исчекување на позитивни вести, да бидеме одговорни и да дадеме заеднички допринос во надминување на оваа криза. Грижете се за вашето и здравјето на вашите најблиски, ОСТАНЕТЕ ДОМА! Задржите го ведриот дух, уживајте во слободното време... Посетете ја нашата веб страница www.amsmklubmobiliti.mk и дружете се со Клуб Мобилити. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во aприл 2020 година, во електронска верзија на вашата емаил адреса и на веб страницата на www.amsmklubmobiliti.mk

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Маргита ПОПОВСКА

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


8 10

12 16 20

28

34

НОВОСТИ ИСКЛУЧИВО ЗА СПОРТСКИ НАСТРОЕНИТЕ НОВАТА „ПОЛАРНА ЅВЕЗДА“ АВТО-МОТО ПОГОЛЕМ ОТКОЛКУ ШТО ИЗГЛЕДА ХИПЕРАВТОМОБИЛ ЗА 21-ОТ ВЕК УСПЕШНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА 70 ГОДИНИ СТАРАТА ПРИКАЗНА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ ПРИКАЗ НА ПРОФИЛ ПАТУВАЊЕ МОЖЕБИ ЛАДНА И НЕДОСТАПНА, НО СИГУРНО ЌЕ ВИ ГИ ЗГРЕЕ СРЦАТА

40

СТИЛ КАКО ГИ КРЕИРАМЕ НАШИТЕ ВРСКИ И ОДНОСИ

44

HI-TECH ИДНИНАТА Е ВО УЛТРА БРЗИТЕ АВИОНИ

46

50 52 54 58

12

Најмалиот автомобил SUV од Volkswagen е наедно и најнов модел во гамата на концернот. Како и неговите постари...

26

Кај тестот за гуми на ÖAMTC и неговите соработници секогаш на располагање има, . ..

Исто како во минатите години, така и во оваа ќе продолжиме со историските моменти врзани зат...

ИСТОРИЈА АЛФИНИОТ 110. РОДЕНДЕН СПОРТ ТЦР ЕВРОПА ГО ПОМЕСТИ СТАРТОТ ЗАПЛЕТ ВО МЕКСИКО СИТИ ДРАМАТА ВО АВСТРАЛИЈА ГО ОТКАЖА СПЕКТАКЛОТ БРИТАНЕЦ ЈА ОСВОИ ШВЕДСКА

46

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ВОЗИЛАТА ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ УПОТРЕБА НА СРЕДНИ СВЕТЛА ДЕЊЕ

ДРЖАВА АЛБАНИЈА

АВСТРИЈА

БЕЛГИЈА

БУГАРИЈА

ГЕРМАНИЈА

ГРЦИЈА

ДАНСКА

ЕСТОНИЈА

6

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ДЕТСКИ СЕДИШТА

ЗИМСКА ОПРЕМА

НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕТСКИ СЕДИШТА СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗА ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ НА ПРЕДНО СЕДИШТЕ И ЗА ДЕЦА ПОД 4 ГОДИНИ НА ЗАДНО СЕДИШТЕ.

НЕМА ЗАКОН ЗА ЗИМСКИ ГУМИ, НО ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ПОСЕДУВАЊЕ НА СИНЏИРИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 1-ВИ НОЕМВРИ ДО 30-ТИ АПРИЛ. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗИМСКИ ГУМИ НА 4 ТРКАЛА ОД 1-ВИ НОЕМВРИ ДО 15-ТИ АПРИЛ ИЛИ ЛЕТНИ ГУМИ СО СИНЏИРИ.

НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

СПЕЦИЈАЛНИ ДЕТСКИ СЕДИШТА ИЛИ РЕМЕНИ ЗА ДЕЦА ПОД 14 ГОДИНИ ИЛИ ПОНИСКИ ОД 1,50 М ДА СЕ КОРИСТАТ И НА ПРЕДНИТЕ И НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА. ДЕЦА ПОД 1,35 М НЕ СМЕАТ ДА ПАТУВААТ ВО ВОЗИЛА БЕЗ СООДВЕТЕН БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ (РЕМЕН, ДЕТСКО СЕДИШТЕ).

НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО, УПОТРЕБА СПОРЕД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ.

НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕЦА ПОД 1,35 МЕТРИ ТРЕБА ДА КОРИСТАТ ДЕТСКО СЕДИШТЕ СООДВЕТНО СПОРЕД НИВНАТА ГОЛЕМИНА И ТЕЖИНА. АКО НЕМА СЕДИШТЕ, ДЕТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 3 И ПОВЕЌЕ, ПОНИСКО ОД 1,35 МЕТРИ МОРА ДА СЕ ВОЗИ НА ЗАДНО СЕДИШТЕ, СО КОРИСТЕЊЕ НА РЕМЕН ИЛИ ДРУГ БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ. ДЕЦА ПОМАЛИ ОД 3 ГОДИНИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ВОЗАТ БЕЗ ДЕТСКО СЕДИШТЕ.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ПОД 3 НЕ СМЕАТ ДА СЕ ТРАНСПОРТИРАAT ВО ВОЗИЛА КОИ НЕ СЕ ОПРЕМЕНИ СО ДЕТСКИ СЕДИШТА. ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ИЛИ ПОВЕЌЕ, ПОНИСКИ ОД 150 СМ, МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ВОЗИЛО БЕЗ ДЕТСКИ СЕДИШТА, НО ТИЕ МОРА ДА СЕДАТ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА.

НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ ЗИМСКИ ГУМИ НА 4 ТРКАЛА, А ВО ПЛАНИНИТЕ СИНЏИРИ НА ПОГОНСКИ ТРКАЛА. УПОТРЕБА СПОРЕД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ СЕ ЗИМСКИ ГУМИ НА 4 ТРКАЛА.

НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО, НО СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ

ДЕТЕ ДО 12 ГОДИНИ ВОЗРАСТ И ПОНИСКИ ОД 1,50 М МОРА ДА БИДАТ ВО ДЕТСКО СЕДИШТЕ ИЛИ ДА КОРИСТАТ БЕЗБЕДНОСЕН УРЕД. КОГА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ НЕ Е ДОСТАПНО, ДЕТЕ ОД 3 ГОДИНИ И ПОВЕЌЕ МОРА ДА КОРИСТИ РЕМЕН ИЛИ ДРУГ ОДОБРЕН БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА НА ВОЗИЛА. ДЕЦА ПОД 3 ГОДИНИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ТРАНСПОРТИРАНИ ВО ВОЗИЛО БЕЗ ДЕТСКО СЕДИШТЕ.

НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО, УПОТРЕБА ОД НОЕМВРИ ДО МАРТ.

НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕЦА ПОД 3 ГОДИНИ МОРА ДА БИДАТ СТАВЕНИ ВО ОДОБРЕНО ДЕТСКО СЕДИШТЕ, СООДВЕТНО ЗА НИВНАТА ТЕЖИНА. ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ПОМЕЃУ 3 И 11 ГОДИНИ, ПОНИСКИ ОД 1,35 МЕТРИ МОРА ДА БИДАТ СМЕСТЕНИ ВО СООДВЕТНИ ДЕТСКИ СЕДИШТА. ДЕЦА ОД 12 ГОДИНИ, ПОВИСОКИ ОД 1,35 МЕТРИ МОЖАТ ДА ГИ КОРИСТАТ РЕМЕНИТЕ ЗА ВОЗРАСНИ. БЕБИЊАТА И ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ МОРААТ ДА ПАТУВААТ ВО ДЕТСКО СЕДИШТЕ (УРЕД) СООДВЕТЕН ЗА НИВНАТА ГОЛЕМИНА.

ЗИМСКИ ГУМИ НА 4 ТРКАЛА, УПОТРЕБА СПОРЕД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ.

ДЕЦА ДО 36 КИЛОГРАМИ И ДО 1,50 СМ, КОИ ПАТУВААТ ВО ИТАЛИЈАНСКИРЕГИСТРИРАНИ ВОЗИЛА МОРА ДА БИДАТ ПОСТАВЕНИ ВО БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ ПРИЛАГОДЕНИ НА НИВНАТА ГОЛЕМИНА И ТЕЖИНА. ДЕЦА ДО 9 КГ МОРА ДА БИДАТ СМЕСТЕНИ ВО ДЕТСКИ СЕДИШТА СВРТЕНИ НАНАЗАД. ЗА СТРАНСКИ РЕГИСТРИРАНИ АВТОМОБИЛИ, СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРОПИСИТЕ ШТО СЕ ВО ЗЕМЈАТА НА ПОТЕКЛОТО.

ЗИМСКИ ГУМИ, УПОТРЕБА ОД 1-ВИ ДЕКЕМВРИ ДО 1-ВИ МАРТ.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ЗАДОЛЖИТЕЛНО


ДЕЦА ПОНИСКИ ОД 1,50 М МОРА ДА КОРИСТАТ СПЕЦИЈАЛНО СЕДИШТЕ ИЛИ ЛЕНТА ЗА ВО СКУТ (ПРЕКУ СТОМАК) КАКО ДОДАТОК НА РЕМЕНОТ ЗА ВОЗРАСНИ.

ЗИМСКИ ГУМИ НА 4 ТРКАЛА, УПОТРЕБА 15-ТИ НОЕМВРИ ДО 15-ТИ АПРИЛ. ВО ПОДРАЧЈЕТО НА VAL D'AOSTA УПОТРЕБА ОД 15-ТИ ОКТОМВРИ ДО 15- АПРИЛ.

ЗИМСКИ ГУМИ НА 4 ТРКАЛА, УПОТРЕБА 1-ВИ ДЕКЕМВРИ ДО 1-ВИ МАРТ.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ВОЗАТ НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА НА АВТОМОБИЛИ, ОСВЕН АКО НЕ КОРИСТАТ БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ СООДВЕТЕН НА НИВНАТА ГОЛЕМИНА. ДЕЦА ПОД 3 ГОДИНИ МОРА ПАТУВААТ НА ПРЕДНО СЕДИШТЕ СМЕСТЕНИ ВО СООДВЕТНО ДЕТСКО СЕДИШТЕ И ДОКОЛКУ Е СВРТЕНО НАНАЗАД ВОЗДУШНОТО ПЕРНИЧЕ МОРА ДА Е ДЕАКТИВИРАНО.

ЗИМСКИ ГУМИ, УПОТРЕБА ОД 10-ВИ НОЕМВРИ ДО 1-ВИ АПРИЛ.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕЦА ПОД 3 ГОДИНИ МОРА ДА БИДЕ ПОСТАВЕН ВО ЛИЦЕНЦИРАНО ДЕТСКО СЕДИШТЕ (ОСВЕН АКО СЕ ВО АВТОБУСОТ). ДЕЦА ОД 3 ДО 17 ГОДИНИ, ДО 1.50 М МОРА ДА СЕДАТ СО СООДВЕТЕН БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ ЗА ВРЗУВАЊЕ. АКО Е НИВНАТА ТЕЖИНА НАД 36 КИЛОГРАМИ МОЖАТ ДА ГИ КОРИСТАТ СИГУРНОСНИТЕ РЕМЕНИ ИЛИ СТОМАЧНИ РЕМЕНИ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА.

ЗИМСКИ ГУМИ НА 4 ТРКАЛА, УПОТРЕБА СПОРЕД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ.

НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО, НО СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ

ДЕЦА ПОНИСКИ ОД 135 СМ МОРААТ ДА БИДАТ СМЕСТЕНИ ВО СООДВЕТНО СЕДИШТЕ. ДОКОЛКУ Е СВРТЕНО КОН НАЗАТ ВОЗДУШНОТО ПЕРНИЧЕ МОРА ДА Е ДЕАКТИВИРАНО. СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДЕЦА ПОД 4 ГОДИНИ ДА СЕ СМЕСТАТ ВО СЕДИШТА СВРТЕНИ КОН НАЗАД ИЛИ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА ОД ВОЗИЛОТО. ДЕЦА ВИСОКИ ПОМЕЃУ 135 СМ И 150 СМ МОЖАТ ДА КОРИСТАТ РЕМЕНИ ЗА ВОЗРАСНИ СО СООДВЕТНИ СЕДИШТА (A BOOSTER SEAT)

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ И ПОНИСКИ ОД 1,50 М ТРЕБА ДА СЕ ВРЗАТ СО РЕМЕН СООДВЕТЕН НА НИВНАТА ГОЛЕМИНА ИЛИ ДА СЕДАТ ВО ПОСЕБНО ЛИЦЕНЦИРАНО СЕДИШТЕ. АКО АВТОМОБИЛОТ Е ОПРЕМЕН СО ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА, ЗАБРАНЕТО Е ДА СЕ ПОСТАВИ ДЕТЕ НА СОВОЗАЧКОТО СЕДИШТЕ ВО ДЕТСКО СЕДИШТЕ СВРТЕНО КОН НАЗАД.

ЗИМСКИ ГУМИ НЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, НО КОГА СЕ КОРИСТАТ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОСТАВЕНИ НА СИТЕ 4 ТРКАЛА. ВОЗИЛА СО ЛЕТНИ ГУМИ МОРААТ ДА КОРИСТАТ СИНЏИРИ КОГА ИМА СНЕГ ИЛИ МРАЗ НА КОЛОВОЗ. ТОВАРНИ ВОЗИЛА МОРААТ ДА КОРИСТАТ ЗИМСКА ОПРЕМА ОД 15-ТИ НОЕМВРИ ДО 31-ВИ МАРТ.

НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО, УПОТРЕБА СПОРЕД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА ПАТУВААТ НА ПРЕДНОТО СЕДИШТЕ НА ВОЗИЛОТО. ДЕЦА ПОД 3 ГОДИНИ МОРА ДА БИДАТ ВО ДЕТСКО СЕДИШТЕ СООДВЕТНО НА НИВНАТА ГОЛЕМИНА. ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ И ПОНИСКИ ОД 1,50 МЕТРИ МОРА ДА БИДАТ СТАВЕНИ ВО БЕЗБЕДНОСЕН УРЕД (СЕДИШТЕ) СООДВЕТНИ ЗА НИВНАТА ГОЛЕМИНА И ТЕЖИНА. ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ (И ПОНИСКИ ОД 1,50 МЕТРИ) НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА ПАТУВААТ НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА НА ВОЗИЛА. ДЕТСКИ СЕДИШТА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗА ДЕЦА ПОД 36 КГ.

НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО, УПОТРЕБА СПОРЕД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ.

ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ, ПОНИСКИ ОД 1,50 МЕТРИ, ВО ВОЗИЛА РЕГИСТРИРАНИ ВО СЛОВЕНИЈА ИЛИ ВО СТРАНСТВО, МОРА ДА КОРИСТАТ СПЕЦИЈАЛНИ РЕМЕНИ ПРИЛАГОДЕНИ НА НИВНАТА ГОЛЕМИНА ИЛИ СПЕЦИЈАЛНИ ДЕТСКИ СЕДИШТА, КАКО ВО ПРЕДНИОТ ТАКА И ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ ОД ВОЗИЛОТО. ДЕТСКИОТ БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ МОРА ДА ОДГОВАРА НА ECE СТАНДАРД 44/03 ИЛИ 44/04. ВО ВОЗИЛАТА БЕЗ ЗАДНИ ИЛИ ПРЕДНИ РЕМЕНИ, ДЕЦАТА МОРА ДА КОРИСТАТ ЗАДНИ СЕДИШТА. ДЕЦА ПОД 3 ГОДИНИ НЕ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ВОЗИЛА КАДЕ НЕМА ДЕТСКО СЕДИШТЕ.

ЗИМСКИ ГУМИ НА СИТЕ 4 ТРКАЛА ЗА ПАТИШТА ПОКРИВЕНИ СО СНЕГ ИЛИ МРАЗ.ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА ЗИМСКА ОПРЕМА ОД 15-ТИ НОЕМВРИ ДО 31–ВИ МАРТ.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА ПАТИШТА ИТАЛИЈА НАДВОР ОД НАСЕЛЕНИ МЕСТА

ЛАТВИЈА

ЛИТВАНИЈА

ЛУКСЕМБУРГ

НОРВЕШКА

ПОЛСКА

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА ПАТИШТА РОМАНИЈА НАДВОР ОД НАСЕЛЕНИ МЕСТА

СЛОВАЧКА

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


HONDA TYPE-R

ИСКЛУЧИВО ЗА СПОРТСКИ НАСТРОЕНИТЕ

Н

ајжешката изведба од Хондиниот модел „тип р“ наскоро ќе ја видиме со наставката „ограничено издание“ (лимитед едишн) во која покрај 311 коњски сили има делови изработени од карбон, поточно конструкторите оделе кон намалување на килограмите. Кога сме веќе кај нив да спомнеме дека за разлика од обичната „тип р“, новава изведба има 47 килограми помалку. Успехот не се должи на намалување на удобноста, туку напротив, Хонда ја има удобноста на еден спортски хечбек за разлика од конкуренцијата која првенствено посветува внимание на тркачките особини, но не и на онака малата удобност и секојдневната употреба на возилото. Во одделот за патниците присутна е алкантарата и природната кожа, детали кои говорат за таа спортска удобност, иако

8

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

истата не е како во обичните туристички модели. Максималниот вртежен момент брои 400 Нм и во соработка со добро вклопениот шестстепениот обичен менувач претставуваат речиси идеална комбинација. Затоа течно и лесно постигнува 100 км/ч за време од 5,7 секунди. Димензијата на тркалата е 20 инчи, „облечени“ во нископрофилни пневматици. Покрај изведбата „лимитед едишн“ Хонда, исто така, паралелно нуди и „спорт лајн“ изведба со 19 инчни тркала и пневматици со помеки странични ѕидови, а од марката „мишелин“ со поиспеглана аеродинамика и различен заден спојлер. „Тип р лимитед едишн“ и „тип р спорт лајн“ претставуват добар потег од производителот и воедно збогатување на гамата „тип р“, автомобили наменети исклучиво за спортски настроените. •


FIAT 500

МНОГУ ШАРМ, ВИСОКА МОДА И СТИЛ

М

одата во светот вели направи електричен автомобил. Меѓу другите кои го почитуваат гласот на модата, несомнено е и ФИАТ со моделот „500“. Електро „петстотката “ се разликува од досегашната генерација, но сè уште нема да ја замени, барем уште две години, а можеби и повеќе. Третата генерација од популарниот „петстотини“ требаше да биде премиерно претставена на Салнот за автомобили во Женева, но од добро познати причини јубилејната 90. манифестација е откажана и светските премиери сега се одржуваат претежно на домашен терен. Како пример веднаш ќе ја наведеме третата генерација на „фиат 500“ која беше претставена во Милано. Благо изменетиот дизајн не е единственото приметливо на прв поглед, туку и димензиите. Шест сантиметри во должина и уште шест во ширина. Тоа изразено во бројки е 3,61 м должина и 1,69 м ширина. Има уште два сантиметри во плус сместени меѓу оските (2320 мм). Токму во спомнатиот дел

место им нашле на батериите. Како што велат првите информации за автомобилот, со помош на тие батерии може да измине 320 км. Има максимална брзина од 150 км/ч, но таа и не е толку битна бидејќи зборуваме за градски автомобил, а најважно од сè е забрзувањето од 0 до 50 км/ч кое изнесува симпатични 3,1 секунда. Има можност за штедливо возење кое ја ограничува брзината на 80 км/ч, но затоа растојанието кое може да го измине е поголемо за речиси 50 отсто. Фиатовци не би биле тоа што се, ако „забавата“ не е филувана со некој моден „трик“ потпишани од: Армани, Картел и Булгари. На пример изведбата кабриолет со име „ла прима“, доколку некој сака да ја купи ќе треба да издвои скоро 38.000 евра. „Ла прима“, „картел концепт“ и „маи тропо концерт“, се трите изведби со кои Фиат го претстави доаѓањето на третата генерација од светски популарниот модел „петстотини“. Стандардните, односно обичните изведби, допрва ќе бидат претставувани. •

BENTLEY

БРЕИТЛИНГ И БЕНТЛИ СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ

1

7. годишната соработка помеѓу Бентли и Бреитлинг, овој месец е крунисана со претставување на посебен рачен часовник. Историјата на автомобилите не памети подолга соработка од оваа, на компанија производител на часовници од една страна и производител на автомобили од друга страна. Куќиштето од часовникот изработено од високолегиран челик и неговиот дијаметар изнесува 42, а висината 13,65 мм. Вообичаено, внатре во часовникот го пишува името на производителот, а името на автомобилите Бентли е испишано странично,

спротивно од положбата на круната. Ремчето изработено од алигаторска кожа е обоено во сино. Одзади куќиштето е прозирно (сафир стакло) и на него во круг е испишано „мулинер издание - бреитлинг – еден од 1000“. Часовникот именуван како „бреитлинг премиер бентли мулинер лимитед едишн“ ќе биде изработен во серија од 1.000 примероци и воедно е заведен како хронометар со сертификат од „ЦОСЦ“. Некои на планетава ја негуваат историјата и традицијата иако периодот е само 17 години, но сепак тие имаат голема почит кон претходно спомнатите поими, историјата и традицијата. •

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


CITROËN DS9

ДЕВЕТКАТА И НЕЈЗИНОТО ЕГЗОТИЧНО ИЗДАНИЕ

Ц

итроен отсекогаш ја чувствувал Женевската манифестација за автомобили како свој дом, а за возврат приредувал убави моменти на својот штанд. Годинава тоа требаше да се случи со луксузната дивизија ДС, но од оправдани причини изложбата е откажана и сега секој производител на свој начин ги претставува најновите модели. ДС ја претстави лимузината „9“ која плени на прв поглед со својата елеганција. Навистина штета што елеганцијата не заблеска под рефлекторите на закажаната манифестација. Погонската единица поседува завидни 360 коњски сили кои се пренесуваат на сите тркала, а тоа Ѝ овозможува на лимузината да се движи безбедно дури и при нагли влегувања во

свиоците или изненадни заобиколувања на патот. Луксузната лимузина во својата внатрешност крие најквалитетни материјали, почнувајќи од природната кожа, алкантарата и сето тоа со нота на високата завршна доработка. Егзотичната лимузина со нејзините 4,95 метри и неповторливиот дизајн, сигурно ќе предизвика големи пореметувања во класата на која ѝ припаѓа. Љубителите на лимузините отсега натаму имаат прилика да бидат сопственици на нешто егзотично и и над сè несекојдневно издание на четири тркала. Сепак, си го поставуваме прашањето зошто серискиов модел не е идентичен со преубавиот концепт „цитроен дс 9“ за првпат прикажан во 2012 година на Салонот за автомобили во Пекинг? •

POLESTAR PRECEPT CONCEPT

НОВАТА „ПОЛАРНА ЅВЕЗДА“

Л

уксузната дивизија на Волво подготви купе лимузина во концепт изведба со намера првично да ја претстави на 3 март на Салонот за автомобили во Женева. Концептот „полстар персепт“ е погонуван од електромотори, но засега производителот молчи за тоа колкав е бројот на моторите и нивната силина, не објавува нишно за тоа каде се пренесува силината, на предната, на задната или и на двете оски. Заедно со првите фотографии стигна и кус текст во кој се нагласува уредот „лидар“ преку кој ласерски се скенира

10 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

патот и сите ситуации на него, а потоа компјутерскиот систем ги усогласува сите маневри на возилото. Сето тоа се прави во служба на безбедноста. Автомобилот располага со четири седишта, петта врата поради купе линијата, стаклен покрив, два монитори за возачот и совозачот осетливи на допир со дијагонала од 15 и 12 инчи и раскошен дизајн. Според првичните реакции од фотографиите, гласините го велат следново: „полстар персепт“ не треба да биде концепт, туку сериски автомобил. •


PEUGEOT

ПЕЖО ПО ВТОР ПАТ ВЛЕГУВА ВО ЈАТОТО НА ПИКАПИТЕ

П

опуларно наречените „пикап“ возила се популарни низ светот поради нивната голема употребливост. Денес јапонските пикапи бијат битка со тие од преку „Големата Вода“ и како што велат статистиките со години наназад и децении, пикапите од Далечниот Исток успешно се справуваат не само со американските туку и со останатите. Пежо е еден од последните производители кои се фрлија во пикап водите. Зошто толку доцна се приклучува во ова категорија возила само тој си знае. Возилото кое Пежо го нуди е направено на основа од „чанган каиченг ф 70“ пикап кој се продава во Кина и од-

делни земји од тој регион. Пежо со компанијата Чанган имаат заеднички вложувања и како дел од тоа заедништво е развивано спомнатиот пикап модел. Производителот нагласува дека новиот пикап нема никаква врска со тој лансиран во 2017, наменет за продажба исклучиво во Африка. Возилото е именувано како „лендтрек“ и во каросериска изведба со единечна кабина има должина од 5.390, а со двојна кабина 5.330 мм. Ширината од 1920 мм делува импресивно и вели дека во патничкиот оддел има добра удобност. Меѓуоскиното растојание е во рамките на класата и изнесува 3.180 мм. •

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


Volkswagen T-Cross Life 1.0 TSI 115 PS

ПОГОЛЕМ ОТКОЛКУ ШТО ИЗГЛЕДА

ОД НЕОДАМНА ГЕРМАНСКИОТ VOLKSWAGEN ЈА ПРОШИРИ СВОЈАТА ГАМА НА МОДЕЛИ SUV СО ИЗВЕДБА ШТО НАСТАПУВА ВО УРБАНИОТ СЕГМЕНТ. НИВНИОТ НАЈМАЛ ПРЕТСТАВНИК, МОДЕЛОТ T-CROSS, ГО ИСТАКНУВА СВОЈОТ КАРАКТЕР ПРЕКУ ВПЕЧАТЛИВИОТ ИЗГЛЕД НА ЕКСТЕРИЕРОТ, ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРОСТРАНАТА ВНАТРЕШНОСТ И НАЈСОВРЕМЕНАТА МОТОРИЗАЦИЈА.

Н

ајмалиот автомобил SUV од Volkswagen е наедно и најнов модел во гамата на концернот. Како и неговите постари и поголеми „браќа“, името започнува со буквата Т. Неговата изведба

12 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

се базира врз моделот Polo, но од него е подолг и повисок, димензиите на T-Cross се со речиси иста големина како кај Golf од петтата генерација, така што иако најмал, воопшто не е скромен во габаритите.

ТРЕНДОВСКИ ЕЛЕМЕНТИ На многу интересен начин надворешниот изглед ги спојува прецизните германски линии и младешките идеи. Отстапка со која дизајнерски конзервативно ориентираната компанија се обидува да ѝ се додвори


на помладата популација. На предниот дел кај T-Cross се забележуваат затегнати светлосни елементи што навлегуваат во маската на ладилникот и големи браници. Со овој потег се обезбедува контрастен акцент и робусна појава. Во профилот се забележува цврстата карактерна линија што е втисната високо над половината и го истакнува прилично исправениот Ц-столб. Секако, тука се и пластичните облоги околу тркалата и долниот дел од каросеријата со кои се дополнува приказната за „градски SUV“ автомобил. Од дизајнерска гледна точка, највпечатливиот агол се наоѓа на задниот дел.

Таму е светлосната лента поставена по целата должина што ги спојува задните фарови, во моментов овој елемент е најтрендовски аксесоар, а инспирацијата ја црпи од премиум моделите во концернот. Како додаток на надворешниот дизајн е несекојдневната тиркизна нијанса во која беше обоен тестираниот модел што дополнително влијае врз неговиот атрактивен изглед. ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРОСТРАН Внатрешниот простор е организиран на беспрекорен начин, речиси е невозможно да се каже дека и лица со поголеми пропорции не може да

ја пронајдат идеалната позиција за седење и тоа не само на предните две седишта резервирани за возачот и совозачот. Како ретко некој автомобил што е со должина малку над 4 метри T-Cross може да манипулира со просторот во внатрешноста. Имено, задната клупа претставува волшебно место што е поставено на шини надолж што дозволуваат таа да се придвижува за над 10 сантиметри. Комбинациите што може да се направат со задните седишта директно влијаат врз волуменот што го има багажниот простор. Неговата изведба, во основната конфигурација, располага со солиден основен

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


капацитет од 385 литри, а ако и тоа не е доволно, втората опција нуди 455 литри, доколку имате потреба за превоз на долги предмети, вториот ред седишта може да се преклопи, со што ќе се добие волумен од максимални 1.281 литри. Материјалите за изработка се со висок квалитет, на места од потврда компонента, но со гарантирана долговечност. Од дизајнерски агол, забележливи се острите агли на централната конзола што ги спојува инфо-дисплејот и инструмент таблата пред возачот, со сјаен декоративен елемент што ја разигрува атмосферата во кабината. ВО СОГЛАСНОСТ СО КАРАКТЕРОТ Моторната опција што го движеше тестираниот примерок во последнава година имавме можност да ја пробаме во повеќе модели што доаѓаат од групацијата. Станува збор за бензински агрегат со три цилиндри и турбополнач, неговата зафатнина изнесува 999 cm3 и испорачува соодветно подготвени 115 КС достапни на 5.500 врт/мин. Изведбата на T-Cross во оваа моторна конфигурација потегнува без тешкотии, за што е одговорна влечната сила од 200 Нм што е на располагање од 2.000 врт/мин до 3.500 врт/мин. Во состав на агрегатот, секогаш подготвен за акција, работи 6-брзинска мануелна трансмисија што одлично го пресликува нејзиниот карактер, исклу-

14 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

чителна прецизност и релативно краток од при промена на степените се за пофалба. Забрзувањето до 100 км/ч трае 10,2 секунди и е во согласност со нормите за класата во која настапува. Максималните 193 км/ч во денешно време не се никаков проблем за агрегат од еднолитарска зафатнина, особено ако автомобилот е изграден од лесни и цврсти материјали. Економичноста на T-Cross доаѓа до израз кога ќе се земе просекот на потрошувачката, а таа се движеше во зоната под 7 литри за време на нашето неколкудневно дружење. Надворешниот дизајн во себе носи доза на спортски изглед, а за да биде во склоп со него се грижи подвозјето кое е сетирано на начин што ќе овозможи поагилно однесување на автомобилот, така што T-Cross дејствува многу софистицирано зад воланот влевајќи голема доза на доверба во секојдневниот градски режим, а уверливо се вози и на патиштата што се преплетени со свијоци, како и на отворен пат, каде што до израз доаѓа рафинираноста на потпирањето. Моделот T-Cross се наметнува како еден од главните играчи во класата на „градски SUV“ алтернативи. За тоа се заслужни лесното управување и комодитет што го овозможува, како и неговата практична природа што го прави одличен партнер за секое модерно семејство. • Данчо Здравковски

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ МОТОР:

Трицилиндричен Турбо Бензинец

ЗАФАТНИНА:

999 СМ3

МОЌНОСТ:

115 КС При 5.500 врт/мин.

МЕНУВАЧ:

6 Степен Мануелен

ПОГОН:

На предните тркала

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ПОЛУЗАВИСЕН АИАТЕМ

СОПИРАЧКИ:

Напред: Вентилирачки дискови Назад: Дискови

ГУМИ:

напред 205/55 R17, позади 205/55 R17

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.259 кг

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:

4.108X1.760 X1.584 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

10.2 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5.1 лит/100 км

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

193 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

20.500 EU


03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


Претставуваме CZINGER 21C

ХИПЕРАВТОМОБИЛ ЗА 21-ОТ ВЕК

ДОАЃА ОД ЛОС АНЃЕЛЕС СО 1250 КОЊСКИ СИЛИ ПОД КАРОСЕРИЈА, ХИБРИДЕН ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА, ТЕЖИНА ОД 1250 KG, СООДНОС НА МОЌНОСТ-ТЕЖИНА ОД 1:1 И РЕВОЛУЦИОНЕРЕН НАЧИН НА ГРАДБА, CZINGER 21C Е ВИСТИНСКИ ХИПЕРАВТОМБИЛ ЗА ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ ВЕК.

16 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


С

оздавањето на хиперавтомобилот Czinger 21C е остварување на сонот за Кевин Цзингер. Пред сè иноватор и пионер во производство на електрични автомобили и батерии Цзингер развил технологија која ќе го револуционализира и поедностави производството автомобили преку нов произвoдствен систем кој вклучува компјутерски инженеринг, користење на напредни материјали, целосна автоматизација на производството и најважното печатење во 3D. Сета оваа силна технологија на Кевин Цзингер го создала револуционерниот хиперавтомобил подготвен да вози во дваесет и првиот век со својот хибриден погон, вртоглавите перформанси и лимитираната серија од само 80 примероци. ПРВ НА СВЕТОТ СОЗДАДЕН СО 3D ПЕЧАТЕЊЕ Патентираниот производствен процес на 3D печатење е основата за создавање на Czinger 21C. Всушност тој е првиот хиперавтомобил на светот кој е произведен со 3D печатење. Низ овој процес се создава тридимензионален објект, односно предмет, или дел, од компјутерски конструиран модел со додавање на материјал слој, по слој сè до конечно оформување на делот. Така секоја компонента која е произведена со оваа технологија е оптимизирана да нуди соодветни параметри со минимална тежина. Воедно произведените делови да не бидат само уште еден машински елемент, туку само по себе да личат на уметничка скулптура како што е на пример носачот на управувачкиот столб и воланот. Токму оваа револуционерна технологија им помогнала на дизајнерите и инженерите да ја материјализираат уметноста на 21-от век во дизајн, конструкција и перформанси. Тие претставуваат пионери во процесот на градба на автомобили, каде автомобилот не е само уште еден конструктивен склоп, туку еден вид уметничка креација. Затоа уметници работат на склопувањето на 21С. Од склопувањето и финиширањето на секој поединечен дел како компонентите на суспензијата, до седиштата и рачно изработените панели од карбон-фибер во кабината и повеќеслојното лакирање на каросеријата со квалитет како за на изложба. СОЗДАДЕН ЗА ПАТ, А СПРЕМЕН ЗА ПИСТА Креирањето на Czinger 21C од бел лист им дало слобода на дизајнерите да ги насочат своите идеи кон размислувањето за како ќе изгледаат автомобилите од новата генерација. Воедно идејата била да се создаде моќно чудовиште кое подеднакво ќе одушевува и на пат, и на писта. Затоа во опција се две изведби: една цивилна, и една тркачка со помала тежина. За да ги постигнат посакуваните цели како што се оптимална распределба на тежината и полесно управување на автомобилот кога се вози на писта се одлучиле за идеална седечка позиција на возачот и совозачот. Тие место еден, до друг како во класичен автомобил седат еден, зад друг. Ова е само еден сегмент каде дизајнерите го искористиле концептот на функционална уметност. Секој отвор, засек, испуст покрај визуелна има и функционална намена. Така е добиен агресивен настап, кој сепак не е груб, туку напротив, делува силно, а атлетски складно. Тесната кабина овозможила да се постигнат врвни резултати во поглед на аеродинамиката и негативниот потисок кој го држи Czinger 21C залепен за асфалтот при високи брзини. Колку за пример се наведува т.н. „downforce” од 790 kg при брзина од 250 km/h кај тркачката верзија, додека цивилната генерира 250 kg. Со куси превиси, кабина како купола на борбен авион, масивни отвори за довод и одвод на воздух, уникатен задник и сето тоа

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk 11.2019 | www.amsmklubmobiliti.mk

17 17


спакувано во складно обликувано тело Czinger 21C личи како ниту еден друг автомобил на светот. НА ГРАНИЦА СО НЕВЕРОЈАТНОТО Перформансите на Czinger 21C граничат со неверојатното. Не само во поглед на остварувањето при возење, туку и моќноста која е спакувана под каросеријата. Изграден околу шасија од лесни легури и карбон-фибер, Czinger 21C одушевува со бројките кои ја претставуваат неговата моќ и неговите перформанси. Во средина на шасијата дивее 2.88 литарски V8, развиен од инженерите на Czinger со рамно коленесто вратило кое дозволува повисок број на вртежи и подобра звучна кулиса. Поставени под агол од 80 степени цилиндрите ги хранат два турбо полначи со дијаметар на цевката од 73 mm и му помагаат на 2.88 литарецот да се врти до вртоглави 11.000 min-1 каде започнува црвеното поле на бројачот на вртежи. При полно оптоварување овој V8 остварува масивни 329 КС по литар зафатнина, или околу 950 КС, кон кои се додава и моќноста од по 150 kW на двата електромотори поставени на предните тркала за вкупна моќност од 1250 КС. Со оглед на тежинатa од 1250 Kg кај Czinger 21C е постигнат идеален сооднос на моќност и тежина од 1:1. Електромоторите се напојуваат од пакет на литиум-титанат батерии кои се полнат многу побрзо од литиум-јонските батерии, а се произведени по технологија развиена од Czinger. Моторот е спарен со седум степен секвенцијален менувач преку кого вртежниот момент се испраќа кон задните тркала. Уште една ексклузива врзана за Czinger 21C е неговиот издув кој дозволува гасовите од двата реда цилиндри да се вкрстуваат на излезот од издувната цевка во форма на Х што дополнително влијае врз моќната звучна кулиса која на 11.000 min-1 се претвора во вриштечки крешендо кој маѓепсува и наежува. Од вртоглавата моќност произлегуваат и вртоглавите перформанси на Czinger 21C. Катапултирањето од место до 100 km/h се случува во само 1,9 секунди. Ловот на 160 km/h трае 3,5 секунди, на 300 km/h трае 15 секунди, а до 400 km/h се стигнува за 29 секунди. Од место Czinger 21C четвртина милја или 402 метри ги пегла за 8,1 секунди и достигнува максимална брзина од 432 km/h во цивилната варијанта. Тркачката со 380 km/h е малку поспора заради аеродинамиката која е поставена така за да генерира поголем негативен потисок. Сето ова личи неверојатно, но е реално. Czinger 21С не е само уште еден во низата хиперавтомобили со вртоглава цена од 1,7 милиони долари. Напротив. Czinger е во мисија да го смени погледот кон производство на автомобили. Од компанијата наведуваат дека 21С е само вовед во оваа револуција. Всушност 21С е првиот од серијата ексклузивни модели кои ќе ја користат револуционерната технологија за да ги поместат границите на креативноста и перформансите. Се очекува тоа да бидат возила за слободно време со кои ќе може да се истражуваат неоткриени предели во стил со врвен дизајн и високи перформанси. • Љубомир Анастасовски

18 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


АВТО-МОТО

Претставуваме MORGAN PLUS FOUR

УСПЕШНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА 70 ГОДИНИ СТАРАТА ПРИКАЗНА

РАЗВИЕН ОД ОДДЕЛОТ ЗА МОТОСПОРТ НА PORSCHE НОВИОТ 718 CAYMAN GT4 НУДИ СПОЈ НА СИРОВО НЕФИЛТРИРАНО ВОЗАЧКО ЗАДОВОЛСТВО И ПЕРФОРМАНСИ ПРИМЕРНИ ЗА ТРКАЧКА ПАТЕКА, ВО ДО СЕГА НАЈМОЌНАТА ИЗВЕДБА ВО ИСТОРИЈАТА НА МОДЕЛОТ.

БРИТАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА МАНУФАКТУРА „MORGAN MOTOR COMPANY“, ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА СВОЈОТ НАЈУСПЕШЕН МОДЕЛ ВО ИСТОРИЈАТА „PLUS FOUR“ КОЈ ЗАПИШУВА УСПЕШНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА НАСЛЕДСТВОТО ДОЛГО 70 ГОДИНИ.

20 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


И

нтересна е приказната за „Morgan Plus 4“, модел кој влезе во производство во далечната 1950 година и оттогаш претставува столб на успехот на фирмата која и по 111 години постоење останува верна на своето наследство, рачна изработка на спортски автомобили. Можеби изгледа чудно во време на врвна технологија и роботи, но факт е дека Morgan рачно произведува спортски автомобили од 1909 година, што значи дека 111 години неговите креации нудат уникатна мешавина од харизма, врвни материјали, изработка и перформанси. Со крајно лимитирана понуда која се сведува на само три модели, Morgan Plus 4, односно Morgan Plus Four како што официјално гласи името на новиот модел, го носи столбот на продажбите и на успехот на марката низ неговите 70 години производство. Покрај малиот тритркалец 3 Wheeler кој е вистински бунтовник против модерното поимање на автомобилите со V2 поставен на отворено пред предната оска, и моќниот Plus Six со 335 КС под хауба кој претставува врв во понудата на Morgan, новата генерација на Plus Four ќе продолжи да го носи товарот на ексклузивната британска марка и за таа цел соодветно е поткован. НОВА ПЛАТФОРМА ЗА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА Morgan не го менува само името од Plus 4 во Plus Four туку создава сосема нова генерација поставена на сосема нова платформа. Додека Plus 4 беше поставен врз челична шасија која за последната платинеста серија беше лакирана во златна боја и нумерирана, новакот Plus Four е поставен на платформа од алуминиум. Платформата ја носи ознаката CX, римски бројки кои го сочинуваат бројот 110, бидејќи беше претставена на 110. годишнината од постоењето на Morgan како компанија. Составена од лепени алуминиумски профили и панели платформата СХ е многу поцврста од претходната просторна челична рамка и што е поважно полесна е за 97 килограми. Повисоката цврстина и отпорност на усукување значително ги подобруваат возните карактеристики на Morgan Plus Four кој сега лесно вози пред модерните ривали. Згора на тоа, агилноста, одзивот на управувањето и на моторот и балансот го ставаат рамо до рамо со суперспортските модели. При возење Plus Four буквално се чувствува како да возите картинг. Одговорот и на најмало свртување на волан се случува на миг. Како возачот да е едно со автомобилот. КЛАСИЧНИ ФОРМИ ВО МОДЕРНО ИЗДАНИЕ Всушност Plus Four ја дели платформата СХ со поголемиот Plus Six, но кај него е за нијанса помала што одговара со димензиите на моделот со четирицилиндричен мотор под хауба. Plus Four e потесен од Plus Six за 78 mm, а во делот на кабината е потесен за 104 mm. Сепак, новата шасија дозволува многу повеќе простор во кабината од претходникот. Полесно се влегува и излегува од спортски скроената кабина што знае да биде проблем, а поголем е и багажникот кој за волја на вистината и не е од голема важност кога станува збор за еден Morgan. Важен е неговиот настап кој иако сличен со претходникот има уникатно скроени предни крила кои флуидно преоѓаат во прагови, и преку кои се препознава дека станува збор за еден Morgan. Задникот е спуштен и украсен со четири одвоени светла, а предницата ја краси исправената заоблена маска со вертикални решетки која преоѓа во тесниот, а долг капак на моторот на кого е поставена хромираната рамка со предното стакло. Одвоените тркалезни светла напред само го надополнуваат класичниот настап на Morgan Plus Four. Класичните тркала со жици од 15 инчи кои го красат Plus Four ја потполнуваат сликата за овој класик меѓу спортистите.

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


МОЌНА КУЛИСА ЗА ВРТОГЛАВИ ПЕРФОРМАНСИ Morgan е мала компанија која нема доволно ресурси и капацитет за да создава свои мотори. Во минатото користеа мотори од останатите британски марки како Rover, Тriumph, подоцна и од Ford за во 2000 година да почне соработката со BMW заради проектот Morgan Aero 8 во кого работеше моќен V8 на баварската компанија. Во Morgan Plus Four работи бензинец од два литри со четири цилиндри од каде доаѓа и ознаката во името. Потпомогнати со твинтурбо натполнење тие остваруваат максимална моќност од 255 КС при 5500 min-1 и максимален вртежен момент од 350 Nm кои стојат на располагање меѓу 1000 – 5000 min-1. Овие вредности важат за изведбата со мануелен менувач со шест степени на пренос која со тежина од 1013 kg му дозволува на возачот да се катапултира од место до 100 km/h за 5,2 секунди и да достигне максимални 240 km/h. Истиот мотор за во изведбата со автоматски менувач со осум степени на пренос и четири модуси на работа: comfort, sport, sport plus и manual, има поинакви карактеристики заради природата на автоматикот. Остварува моќност од 255 КС, но при 4000 min-1, и максимален вртежен момент од 400 Nm кои стојат на располагање меѓу 1000 – 4300 min-1. И додека максималната брзина е иста автоматикот заради за нијанса помалата тежина од 1009 kg темпо „100” лови за 4,8 секунди. Перформанси кои и во двете изведби се на ниво со спортските автомобили. ВИСТИНСКАТА ВРЕДНОСТ НА РАЧНАТА ИЗРАБОТКА Без оглед што создаде шасија за 21-от век, на која почива модел кој подеднакво гледа кон иднината, Morgan не се откажува од рачната изработка и врвната мајсторија на своите искусни мајстори кои се с`рж на опстанокот на марката. На пример рамката околу која е скроена кабината сè уште рачно се изработува од јасен. Рачно се обликуваат и алуминиумските панели на каросеријата, рачно се составува шасијата и се уредува кабината. Уредувањето на кабината оди на рака со спортската нота на Plus Four. Би рекле спартански скrоена без непотребни елементи кои само би го одвлекувале вниманието на возачот сепак обилува со благородни материјали и врвна обработка. Преслечена е во рачно штавена кожа која во комбинација со дрвениот фурнир и деталите од вистински алуминиум и дава безвременски шарм. Долгиот список на опции дополнително го облагородува престојот во Morgan Plus Four и ги исполнува желбите на клиентите. Секако сето ова има своја цена, а Plus Four не е евтин. Изведбата со рачен менувач во Велика Британија стартува со цена од 62.995 фунти, а автоматикот чини од 64.995 фунти. Она што е карактеристично за Morgan, а го нема никаде на друго место е можноста да се присуствува при правење на автомобилот. Посебно скроените тури им овозможуваат на посетителите да изградат блиска врска со својот миленик уште од самиот старт на производството. • Љубомир Анастасовски

22 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Прашања и одговори Дали може да се извади со полномоштво (направено кај адвокат) од сопственикот на возилото? Благодарам, Зоран

• Ме интересира дали за влез во Р. Србија со возило треба зелен картон? Поздрав, Владо АМСМ: Зелен картон е задолжителен за секое излегување од границата на Нашата држава, што значи и за Р. Србија. • Кои документи се потребни за издавање одобрение за управување со туѓо моторно возило.

од до 30 дена сметано од денот на купувањето на картичката Класик сметате дека имате потреба да го смените пакетот, односно од пакетот Класик, кој содржи услуги за помош на пат само за во нашата држава, да користите пакет Европа премиум кој содржи услуги за помош на пат во нашата држава и во Европа или, пак, • По официјална цена доколку одлучите да користите членски пакет Европа Премиум по 30 дена од денот на купувањето на картичката Класик.

АМСМ: За да го извадите документот одобрение за управување со туѓо моторно возило потребно е да бидат присутни сопственикот на возилото и корисникот на возилото. Потребни документи: • Сообраќајна дозвола • Лична карта на сопственикот на возилото • Пасош на корисникот на возилото • Цената изнесува 600,00 ден. Документот се издава веднаш. • Дали може да извадам меѓународна возачка дозвола без национална. За • Имам Класик членство жал, нашата дозвола ми во АМСМ, ме интересира е изгубена, а набрзо мора дали би имало некаков по- да одам во странство. пуст доколку сакам да куБлагодарам, Мирко пам Eвропа Премиум членство? АМСМ: Меѓународна воПоздрав, Андријана зачка дозвола се издава АМСМ: Како корисник на само врз основа на нацичленскиот пакет АМСМ оналната возачка дозвоКласик Вие може да купи- ла, значи доколку не ви те пакет Европа премиум е важечка македонскаи тоа: та возачка не можете да • Со доплата од 1.710,00 извадите меѓународна. денари доколку во пери-

ВАШИТЕ ПРАШАЊА ИСПРАЌАЈТЕ ГИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА: contact@amsm.com.mk

*сите наведени телефонски броеви важат за повик од фиксен и од мобилен телефон 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

ПРОЛЕТНИ АКЦИИ СТАНЕТЕ АМСМ ЧЛЕН ON-LINE И НЕ ГИ ПРОПУШТАЈТЕ ПОПУСТИТЕ И ПОГОДНОСТИТЕ ЗА ДАМИ 30% попуст на картичките АМСМ и ексклузивни погодности за сите жени што ќе се зачленат во март Класик картичка со услуги на територијата на државата - 690 ден. Картичка Европа Премиум со услуги на територијата на државата и каде било во Европа - 1.890 ден. Дополнително, само со зачленување во март добивате: 30% попуст на технички преглед на вашето возило и подарок со полиса за Автоодговорност во АМСМ Станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир) и во Велес 30% попуст при купување нови автомобилски гуми во АМСМ сервисот за автомобили 50% попуст на балансирање и демонтирање на гуми Бесплатна замена на комплет сет зимски со летни гуми АМСМ сервисот за автомобили е лоциран во рамките на објектот на АМСМ во Скопје-Центар, а сервисните услуги може да ги искористите со претходно закажување на АМСМ Инфо линија 02/3181-181. Акцијата трае од 1 до 31.3.2020 година. *Промоцијата „Подарок со полиса за автоодговорност“ трае до исцрпување на количините.

СО ОБУКАТА ЗА КАТЕГОРИЈА А ПОЧНУВА ПРОЛЕТТА Фатете го редот за обука за категорија А и пријавете се навреме. Притоа не заборавајте дека за обука за категорија А неопходно е да ги исполнувате следнив услови: - Да имате навршени 24 години и - Да поседувате возачка дозвола за категорија А. Обуката за категорија А вклучува: - теоретска настава од 4 наставни часа - реализација на 16 моточасови. ЗА ПОВЕКЕ ИНФОРМАЦИИ - 02/3181-240 24 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

И И ПОГОДНОСТИ НАВИСТИНА Е ЛЕСНО, НАВИСТИНА ДОБИВАТЕ СÈ НА ЕДНО МЕСТО Покрај сите услуги што ви се достапни на едно место, сега единствено на шалтерите во АМСМ Станицата за технички преглед во Скопје - Центар, дополнително ги добивате и следниве услуги: - Издавање на тековна состојба за правни лица, - Фотографирање за меѓународна возачка дозвола, - Издавање упат за атест на возилото во овластена техничка служба.

ПОДГОТВЕТЕ ГИ МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО Доколку се подготвувате за пролетно патување надвор од земјата со автомобил, не заборавајте да ја проверите валидноста на вашите меѓународни документи што задолжително треба да ги поседувате. За да дојдете подготвени, еве кои документи ви се потребни за издавање на: 1. МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА - 2 фотографии (45мм x 35 мм) - Лично присуство со документ за идентификација (лична карта или пасош) - Национална возачка дозвола - Потврда од Министерството за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од МВР во АМСМ) 2. ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО - Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош) - Лично присуство на корисникот на возилото со пасош Доколку ги поседувате сите потребни документи, горенаведените меѓународни документи може да ги извадите 24/7 во АМСМ Скопје-Центар.

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


Тест на летни гуми на ÖAMTC

Приказ на профил Сега е време да се размислува за летото. Со тоа и за соодветни летни гуми. Тестот за летни гуми на ÖAMTC би можел да ви послужи како помош при вашата одлука. И тоа, пред сѐ, во две димензии. Првата за спортски, а втората за комбиња и за средна класа - СУВ-модели.

К

ај тестот за гуми на ÖAMTC и неговите соработници секогаш на располагање има две димензии за проверка, како за летни, така и за зимски гуми. Изборот е по најразлични критериуми, како и релевантноста на пазарот и бројките на продажба. Пред неколку години беа тестирани транспортните гуми за автобус Фолксваген, Рено Мастер или Опел Виваро; овие летни гуми се покажаа како најиздржливи, но голем дел од нив потфрлија на влажен коловоз. Од 16 модели на гуми, девет мораа да бидат оценети со „непрепорачливи“ -најлош резултат во историјата на тестови на ÖAMTC. Денес се појавува една алтернативна големина на гуми за комбиња и средна класа на СУВ. Доколку целата папирологија ја дозволува оваа димензија, тие би можеле да се употребуваат за транспортни возила. Во прва линија станува збор за товар на носивост на една гума што мора да биде исполнет. Кај втората тестирана димензија под лупа беа ставени таканаречените гуми

03.2020| |www.amsmklubmobiliti.mk www.amsmklubmobiliti.mk 26 03.2020

UHP. Скратеницата стои за „ултрависоки перформанси“, исто така, за голем број спортски гуми, чија основна конструкција е раководена од мотоспортот. Други забелешки што се споменуваат; „ултрависоките перформанси“ се приспособени за брзини од 240 км/ч, тоа се гуми со низок профил, чија страничност не е поголема од 45 проценти од ширината на самите гуми. Сепак, секоја петта купена гума спаѓа во оваа категорија. ДИМЕНЗИИ 225/40 R 18 ЗА КОМПАКТНА КЛАСА Во категоријата „компактна класа“ спаѓаат вообичаено добро моторизираните возила. Најдобар пример за тоа е Фолксваген Голф ГТИ. Во првата генерација на Голф во 1976 година за исклучително добри возни перформанси уште важеа 110 ПС. Актуелниот ГТИ на седмата генерација на Голф има 245 ПС. Во групата на овие спортски модели се 16 модели на гуми. Има гуми од „премиум марки“, па сѐ до поволни гуми. Четири кандидати се во категоријата

„многу препорачливи“, има едно големо поле со 11 гуми што се оценети како „препорачливи“ и еден модел беше оценет како „условно препорачливи“. Четирите гуми што се на врвот може да се оценат како гуми за сѐ. Нудат перформанси за сув и за влажен коловоз; прецизно држење на управувачот, големи безбедносни услови. Во категоријата абење се многу уверливи, тоа значи дека возните перформанси се значително високи. Целосно може да се каже дека Континентал и Мишелин се за нијанса пред Гудиар и Максис. Интересно е кај Континентал; при влажен коловоз се на врв со своите перформанси, но во полето на предизвикување на звук се на крајот. Во средната класа се вбројуваат три типа гуми што ја имаат титулата „многу препорачливи“. Нексен, Сава и Вредестеин блескаат со одлични резултати во полето на сув коловоз и во категоријата абење. Малку потфрлуваат при тестот на влажен коловоз, но, сепак, се во групата „препорачливи“. Сепак, Нексен покажаа многу слаб резултат при аквапла-


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

нингот на кривини и тоа, пред сѐ, најслаб резултат од сите тестирани гуми. Посебен случај се Пирели. Овие гуми нудат најдобри перформанси на сув коловоз и се втори во групата при резултати на влажен коловоз од сите тестирани модели. Но, сепак, имаат недостатоци при потрошувачката на гориво и абење. Гудиар се едни од најдобрите и имаат нормална потрошувачка и се задржуваат на околу 40.000 км, а Пирели на околу 25.000 км. Сепак, може да бидат добар избор за возачите што не поминуваат долги километражи. „Условно препорачливи“ се Ротала, кои на влажен коловоз воопшто не се убедливи и паднаа на тестот на сопирање и маневрирање. ДИМЕНЗИИ 235/55 R17 ЗА СРЕДНА КЛАСА СУВ И КОМБИЊА Алтернативата за транспортни гуми, која при последното тестирање на летни гуми падна многу лошо, им припаѓа на гумите за комбиња и средна класа СУВ. На пример, автобус на Фолксваген (Т16) што е опремен со гуми од оваа димензија. Вкупната слика се добива преку тестот на Форд Куга, кој е многу подобар од оној на транспортните гуми што беа тестирани минатата година на Фолксваген Т6. Четири модели ја добија оценката „многу препорачливи“, седум „препорачливи“, а еден производ мораше да биде оценет со „непрепорачлив“. Актуелната димензија има подобри перформанси на влажен коловоз. Тестот беше пресуден за најлошиот кандидат и тоа при сопирање на влажен коловоз (од 80 на 20 км/ч) со 41 метар подобро од најдобрите транспортни

Тестирани возила; (Спортските гуми со „ултрависоки перформанси“ беа ставени гуми од изминатата и тестирани на еден Фолксваген Голф ГТИ. Форд Куга беше избран како класичен година. претставник на средната класа возила од втора категорија.) Вкупниот резултат го испорачува Мишелин, кој во полето на „многу препорачливи“ гуми води во абењето и е оценет со најдобра ГОЛЕМА РАЗЛИКА. оцена. Прогнозите кај неговите перформанси се околу 48.000 км. Бриџстон и Уочлива е потрошувачката на гориво. Максис имаат околу 41.000 км и 37.000 Меѓу најдобрите гуми Континентал и км, а Пирели, пак, е во групата што до- Јокохама лежат повеќе од 7%, што укастигнува 35.000 км. жува на разлика од 0,7 л/100 км. Сепак, Петте „препорачливи“ марки на гуми кога ќе се земе целосно, кај оваа диимаат слични перформанси; Ханкок, мензија има и нешто позитивно. Со исСемперит, Јокохама, Континентал и клучоци на некои модели, речиси сите Еса+Текар. Семперит, Еса+Текар и Конти- кандидати нудат јасно подобри резулнентал се оценети со добри перформан- тати од транспортните гуми во споредси на сув коловоз и слаби перформанси ба со тестот што се правеше минатата на влажен коловоз. Има и уште една за- година. За комбињата што се користат белешка за Континентал; кај потрошу- во приватниот сектор важи една преповачката на гориво и категоријата абење рака; доколку фабрички се монтирани ја имаат најдобрата оценка. Доколку ги транспортни гуми, тогаш би требало немале слабостите на влажен коловоз тие да бидат заменети со побезбедни би ја добиле и најдобрата оцена. Но, димензии 235/55 R17 ако се соодветни сепак, и тоа вреднување има големо за возилото. влијание. Еден аспект на кој треба да се обрне вниКумхо имаат слаби перформанси на сув мание при купувањето; прогнозираните коловоз, Клебер, исто така, е воопшто перформанси на должина на возење се неубедливи на влажен коловоз. јасно пониски од транспортните гуми Лауфен ја имаат оцената „непрепорач- што се тестирани изминатата година. ливи“. На сув коловоз покажуваат добра Но кај „многу препорачливи“ Мишелин прецизност и резерви на безбедност, немаат само безбедносни перформанно при влажност се многу слаби. При си туку и траат долго. Гумите Мишелин маневрирање покажуваат слаб баланс, може да поминат околу 47.000 км. Со а трагите од сопирање на влажен коло- тоа тој ги истурка неколкуте транспортвоз се најдолги во полето на тестот. На ни гуми кај тестот на абење. пример; на влажен бетон намалување Превземено од ÖAMTC на брзината од 80 км на 20 км, на Лауфен им е потребна патека за повеќе од 42 метра. Најдобри во оваа дисциплина се Мишелин, а на нив им требаат помалку од 35 метри.

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ ГРАНИЦИ НА ОЦЕНУВАЊЕ Препорака Сув, влажен коловоз, потрошувачка на гориво, абење

*****

****

***

**

*

0,5 - 1,5

1,6 - 2,5

2,6 - 3,5

3,6 - 4,5

4,6 - 5,5

положено со ограничување

не е положено

3,6 - 4,5

4,6 - 5,5

Брзина Вкупна оценка

положено

0,5 - 1,5

1,6 - 2,5

2,6 - 3,5

ПРЕПОРАКА НА ÖAMTC: ***** - извонредни **** - многу препорачливи *** - препорачливи ** - условно препорачливи * - непрепорачливи

ЛЕТНИ ГУМИ 2020 ДИМЕНЗИИ; 225/40 R18 92Y

Индекс на преоптовареност Индекс на брзина Ознаки на етикетата на производителот

Continental Premium Contact 6

Michelin Pilot Sport 4

Goodyear Eagle F1 Asymetric 5

Maxxis Victra Sport 5

Nexen N Fera Sport

Sava Intensa UHP 2

Vredestein Ultrac Vorti

92

92

92

92

92

92

92

Y

Y

Y

Y

Y

Y

Y

C/A/72

C/A/71

E/A/71

E/A/72

E/A/71

C/A/67

E/B/70

Сув терен 20%

2,4

1,9

1,7

2,0

2,2

1,8

2,5

Влажност 40%

1,7

2,0

2,3

2,2

2,6

2,7

2,7

Звук 10%

3,6

2,9

3,1

2,8

3,1

3,1

2,9

Потрошувачка на гориво 10%

2,1

1,9

1,9

2,4

1,9

1,6

2,4

Абење 20%

2,0

2,0

2,0

2,0

2,0

2,0

2,0

Вкупна оцена 100% Препорака на ÖAMTC

2,1

2,1

2,2

2,2

2,6

2,7

2,7

****

****

****

****

***

***

***

(+) добри при влажност, најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз

(+) најдобра оцена при абење, многу добри на сув коловоз и при потрошувачка, добри при влажност

(+) најдобра оцена при абење, мн.добри на сув коловоз и потрошувачка, добри при влажност

(+) најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз и при влажност

(+) најдобра оцена при абење, мн.добри при потрошувачка, добри на сув коловоз (-) лесни слабости при влажност

(+) најдобра оцена при абење и потрошувачка, добри за сув коловоз (-) лесни слабости при влажност

(+) најдобра оцена при абење, добри на сув (-) лесни слабости при влажност

ЛЕТНИ ГУМИ 2020 ДИМЕНЗИИ; 235/55 R17 103 W/Y

Michelin Primacy 4

Bridgeston Turanza T005

Maxxis Premitra 5

Pirelli Cinturato P7

Hankook Ventus Prime 3

Индекс на преоптовареност

103

103

103

103

103

Индекс на брзина

W

Y

W

Y

W

B/A/70

A/A/72

B/A/70

C/A/71

C/A/72

Ознаки на етикетата на производителот Сув терен 20%

2,0

1,9

1,9

1,7

2,7

Влажност 40%

2,2

2,3

2,4

2,4

2,4

Звук 10%

2,3

2,6

2,7

2,7

2,6

Потрошувачка на гориво 10%

2,0

1,4

2,3

2,3

2,0

Абење 20%

1,0

2,0

2,0

2,5

2,0

Вкупна оцена 100%

1,9

2,1

2,3

2,3

2,7

****

****

****

****

***

Препорака на ÖAMTC

(+) најдобра оцена при влажност и абење, добри на сув коловоз

28 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

(+) мн. добри на сув коловоз и при потрошувачка, добри при влажност

(+) мн.добри на сув коловоз и добри при влажност

(+) најдобри на сув коловоз, добри при влажност

(+) добри при влажност (-) лесни слабости на сув коловоз

( н а п з ( п


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оценка што се пресметува од уделот на поединечните критериуми. Ако врз основа на неговите оценки за критериумите: сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, триење и брзо возење некој модел веќе не е „многу препорачлив“ (оценка полоша од 2,5), тогаш како вкупна оценка се зема најлошата оценка од наведените испитувања. При иста оценка редоследот е според азбучен ред и тоа според називот на производителот.

Falken Azenis FK510

Bridgestone Potenza S001

Kumho Ecsta PS71

Nokian Powerproof

Pirelli P Zero

Toyo Proxes Sport

Hankook Ventus S1 evo3 1)

Cooper Zeon CS-Sport 2)

Rotalla Setulla S-Pace RU01

92

92

92

92

92

92

92

92

92

Y

Y

Y

Y

Y

Y

Y

Y

Y

E/A/69

E/A72

E/A/72

C/A/69

E/A/72

E/A/71

C/A/72

E/A/70

C/B/69

2,9

1,7

2,4

2,4

1,3

2,0

2,0

2,0

2,9

2,4

3,0

2,3

2,4

1,8

2,8

3,1

3,3

3,6 2,8

3,0

3,5

3,3

2,8

2,9

2,9

3,4

3,2

2,0

2,1

2,0

2,0

2,7

2,0

1,8

2,5

1,6

2,0

2,5

3,0

3,0

3,0

3,0

2,5

2,0

2,0 3,6

2,9

3,0

3,0

3,0

3,0

3,0

3,1

3,3

***

***

***

***

***

***

***

***

**

(+) најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз (-) слабости при влажност

(+) најдобра оцена при потрошувачка и абење (-) слаби при влажност, лесни слабости на сув коловоз

(+) најдобра оцена при абење, добри при влажност (-) лесни слабости на сув коловоз

(+) мн.добри на сув коловоз (-) слабости при влажност

(+) добри на сув коловоз и при влажност (-) слабости при абење

(+) добри на сув коловоз и при влажност (-)слабости при абење

(+)најдобри на сув коловоз, мн.добри при влажност (-) слабости при абење, лесни слабости при потрошувачка

(+) добри на сув коловоз (-) слабости при абење, лесни слабости при влажност

(+) мн.добри при потрошувачка, добри на сув коловоз (-) слабости при влажност

Semperit SpeedLife 2 SUV

Yokohama BluEarth RV-02

Continental EcoContact 6

Esa+Tecar Sprint Pro

Kumho Ecsta HS51

Kleber Dynaxer HP3 1)

Laufenn S-Fit EQ 2)

103

103

103

103

103

103

103

Y

W

Y

W

W

W

W

C/C/42

C/A/70

A/A/72

C/B/72

C/C/69

C/B/72

C/B/72

2,5

2,6

2,0

2,4

3,0

2,4

2,1

2,7

2,7

2,8

2,8

2,2

3,3

5,0

2,6

2,1

2,3

2,5

2,5

3,3

2,3

1,9

2,6

1,2

2,1

2,5

1,8

2,5

1,0

2,0

1,0

1,0

2,5

2,0

2,0

2,7

2,7

2,8

2,8

3,0

3,3

5,0

***

***

***

***

***

***

(+) најдобра оцена при абење, мн.добри при потрошувачка, добри за сув коловоз (-) лесни слабости при влажност

(-) лесни слабости на сув коловоз, при влажност и потрошувачка

(+) најмала потрошувачка, најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз (-) лесни слабости при влажност

(+) најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз (-) лесни слабости при влажност

(+) најдобра оцена при влажност (-) слабости на сув коловоз

*

(+) мн.добри при потрошувачка, добри на сув коловоз (-) слабости при влажност

(+) добри на сув коловоз (-) многу слаби при влажност

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


30 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


Безбедност на пат

БАРА И ПОПЛАВЕН АСФАЛТ ВНИМАТЕЛНО СО ВОЗИЛАТА КОГА НАИДУВАТЕ НА БАРА И ПОПЛАВЕНИ ДЕЛОВИ НА АСФАЛТОТ. АКО ВОДАТА НЕ ДОПРЕ ДО МОТОРОТ, ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СТЕ СЕ СПАСИЛЕ, МОЖНО Е ВОДАТА ПОД СЕБЕ ДА СКРИЕ СЕКАКВИ НЕРАМНИНИ НА ПАТОТ И ДЛАБОКИ ДУПКИ.

С

ите возачи барем еднаш се на- тогаш видете до кое ниво е водата во од автомобилот. Зошто? Затоа што нишле во ситуација да возат кога однос на тркалата. вото на водата е високо и автомобилот патот бил целосно прекриен со Кога нивото на водата е веднаш под би можел да плови, но ако ја отворите вода, односно поплавен. Нагло- шрафовите од тркалото, тогаш дви- вратата и водата навлезе во него, во то топење на мразот и снегот, жењето е безбедно, но под еден услов, тој случај шансите автомобилот да обилните дождови, излевањето на ре- брзината да биде колку што е можно плови се речиси никакви. Ако моторот ките или друга причина, доведува до помала, а со тоа и бранувањето на во- сè уште работи, но работењето е непоплавување и на цели региони. дата ќе биде помало. Тоа приближно рамномерно, тогаш веднаш изгаснете Ако не сите, тогаш дел од возачите наи- кажува да внимавате со која брзина го и побарајте исклучително стручно Внимателно со возилата когана наидувате навобара и поплавени делови на што асфалтот. Акопроблемот. водата не шле на своевидни водени базени влегувате барите на патот, затоа лице ќе го реши Совепатиштата. тие темносиви водени дека штосте во спротивно е можно брануванаги“скрие такви какви што се. допре до Кога моторот, тоа не значи се спасиле, можно е водатативе под„земете себе да секакви маси ќе се спојат со облачното сивило та вода да допре до моторот и да се Ве предупредуваме да не влегувате нерамнини на патотможе и длабоки од денот и околината, да станатдупки. јави нерамномерно работење. во авантури со возилата во поплавени незабележливи на прв поглед. Затоа во Затоа кога ќе наидете на поплавен пат патишта. секој момент сите возачи мора да би- и откако ќе се уверите дека нивото не Пролетниов период се карактеризира дат концентрирани при управувањето е над шрафовите на тркалата, тогаш со почести врнежи од дожд и ниските со возилото. влезете бавно и внимателно, никако делови од патот може лесно да бидат Ненадејното наидување на водена брзо. Доколку нивото на водата е до поплавени. Затоа внимавајте да не наповршина и ако во неа влезете со иста средина на тркалата и повеќе, тогаш летате на некоја бара, не за друго, туку брзина со која сте се движеле по суви- е препорачливо да не влегувате во може да ви направи сериозни проблеот коловоз, автомобилот може многу поплавениот дел. Најдобро е да се вра- ми. Можеби водата нема да предизвилесно да изгуби контакт со подлогата тите и да побарате друг пат. Ако нема ка никакви проблеми, но затоа некоја и да почне со пловење, а тоа воопшто друг пат, тогаш одложете го патување- поголема дупка може да го искине не е убаво. Најнапред треба да ја нама- то за да не дојдете во ситуација да му пневматикот, да го искриви тркалото и лите брзината на автомобилот и пред нанесете „тешки повреди“ на моторот да го фрли автомобилот настрана. да влезете во поплавениот дел од па- што ќе ве чинат еден куп пари. За крај ќе повториме уште еднаш, најтот, ќе мора веднаш да си одговорите Сега имаме една друга состојба – вле- добар и 100 отсто успешен лек е да се сами на себе колку е длабока водена- зени сте во вода и моторот се изгас- вратите и да најдете друг пат или да го та површина. Ако нема други возила нал. Ни случајно не обидувајте се да го откажете патувањето, затоа што аваншто веќе навлегле во водата, тогаш со стартувате. Моторот изгаснал поради туристичките потфати можат скапо да поглед барајте некој „нишан“ што ќе ви водата. Повторното стартување само ве чинат. Сепак, ако имате толку голем овозможи да дознаете на колку сан- ќе ја влоши и така веќе лошата состојба авантуристички дух, тогаш за вас не тиметри под вода се наоѓа асфалтот. – тоа значи влегување поголемо коли- е обично моторно возило, туку строго Најчесто тротоарите, доколку ги има, чество вода во него и таквата состојба наменско и тоа теренско со посебен можат да послужат како нишани за мајсторите ја нарекуваат блокирање. всисник за воздух чиј крај завршува длабочината на поплавениот дел. Ако Кога веќе сте во вода и моторот се изга- речиси на покривот од возилото. има други возила пред вас и веќе се на- снал, следно што треба да направите е • Жарко Атанасоски влезени во поплавениот дел од патот, да ја отворите вратата и да излезете

32 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


Светско наследство на УНЕСКО во Скандинавија

МОЖЕБИ Е ЛАДНА И НЕДОСТАПНА, НО СИГУРНО ЌЕ ВИ ГИ ЗГРЕЕ СРЦАТА Скандинавија има голем број локации што се вклучени во светското наследство на УНЕСКО и тоа е регион со многубројни културни и природни места. Главна туристичка мамка на Скандинавија се познатите норвешки фјордови и античките градови со историските и архитектонските знаменитости. Покрај тоа, речиси секоја скандинавска земја има национални паркови со убава природа и добри ски-центри, но и огромни водопади, гејзери и џиновски глечери. Скандинавските локации што УНЕСКО ги стави на својот список претставуваат голема атракција и ако некогаш имате можност и се најдете

КРАЛСКАТА КУЌА НА ДРОТНИНГХОЛМ

Во Скандинавија, како културно-историски регион во Северна Европа, влегуваат три држави: Данска, Норвешка и Шведска, но, исто така, дел од овој регион се Финска, оддалечените Исланд и Фарските Острови. Ќе се обидеме со едно „патување“ да им се спротивставиме на предрасудите што можеби ги имате за овој дел од континентот, за кој мислите дека е ладен, недостапен и неинтересен.

УБАВИНИТЕ НА ДАНСКА

ЈЕЛИНГШКИ КАМЕЊА, ГРОБНИЦИ И ЈЕЛИНСКАТА ЦРКВА, Јелинг (Jelling) е село во Данска, во општината Вејле, Централен Јутланд, на околу 10 км северозападно од градот Вејле. Населбата

34 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

е најпозната по т.н. Јелингшки камења, т.е. камени руни, гробници и Јелинската црква, кои беа запишани во списокот на УНЕСКО на светско наследство во Европа во 1994 година. Јелингшките камења се два масивни камена со руни (стари писмени знаци на северните скандинавски племиња) од 10 век. Постариот и помал камен е подигнат од последниот пагански дански крал Горм во спомен на неговата сопруга Тира. Вториот поголем камен е во форма на тристрана пирамида со врежани релјефи од двете страни, а на третата има рунен натпис. Каменот го подигнал Харалд I во спомен на своите родители. Релјефите прикажуваат украсни (орнаментални)

животински форми, змија завиткана околу лав, но и христијанска тема на Распетието. Јелингшкиот брод од камен (Yelling Stone) е светилиште од 9 век, исправен камен поставен на земја во форма на брод, меѓу двете кралски гробници што Харалд I ги подигнал за своите родители. Првично бил долг 170 метри, што го прави најголем камен брод, но денес е значително уништен. Јелингшката камена црква датира од 1100 година, изградена е на местото на постара камена црква што ја подигнал Харалд I Дански во 10 век. КАТЕДРАЛА РОСКИЛДА, КРАЛСКА ЦРКВА Овој монументален и грациозен


Замокот Кронборг - Данска

храм е неверојатен пример на готската уметност. Се наоѓа во градот Роскилде на островот Зеланд во данската провинција Зеланд. Катедралата Роскилде е изградена во текот на 12 и 13 век и тоа е прва готска катедрала што била изградена од тули на територијата на цела Скандинавија. Објектот има двојни кули и полукружна галерија во внатрешноста. Катедралата Роскилде е главна данска црква и наедно гробница на кралското семејство. Во мавзолејот и на територијата на катедралата биле погребани 39 кралеви и кралици. Некои од гробовите се многу древни, на пример, саркофагот на Маргареј I, кој владеел до 1396 година. Во катедралата се наоѓа и музеј каде што се чуваат и се изложени облеката на монархот, личните предмети и оружјето.

вал еден од најважните ренесансни замоци во Северна Европа, поради што во 2000 година е вметнат во списокот на светското наследство на УНЕСКО во Европа. Тврдината од 15 век се состоела од повеќе згради опкружени со ѕидови, но денешниот изглед, како и името Кронборг, го добила во време на кралот Фредерик Втори кој ја обновил во 1585 година. Во 1816 година во замокот војниците ја одиграле претставата „Хамлет“ на Шекспир, одбележувајќи ја 200-годишнината од смртта на славниот писател. Оттогаш драмата е изведена повеќепати во различни делови на замокот, а улогата на Хамлет ја играле познатите актери Лоренс Оливие, Џон Гилгуд, Кристофер Пламер, а Џад Ло во 2009 година.

ЗАМОКОТ КРОНБОРГ Хелсингер е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на Престолнинскиот Регион и познат е по замокот Кронборг, место каде што Вилијам Шекспир ја сместил својата трагедија „Хамлет“. Со векови Кронборг претставу-

СТЕВНС КЛИНТ (STEVNS KLINT) Стевнс Клинт e на списокот на светското наследство на УНЕСКО од 2014 година и всушност е природна област. Се наоѓа на островот Зеланд во данската провинција Зеланд, на околу 3,7 км југоисточно од градот Серџ Хединген. Стевнс Клинт е бела крајбрежна карпа дол-

га 9,32 милји и достигнува до 40 метри на највисоките места. Исклучително е богата со фосили. Видливите фосилни записи претставуваат неверојатен доказ за влијанието на метеоритот за кој се верува дека ги убил диносаурусите и многу други животни на Земјата пред околу 65 милиони години. ЛЕДЕН ФЈОРД ИЛУЛИСАТ, Фјордот Илулисат (кој движи 19 метри на ден) се наоѓа на западниот дел на Гренланд и се протега на 40 км западно од Гренландскиот залив до заливот Диско. Во неговиот источен дел се наоѓа глечерот Jakobshavn Isbræ (гренландски: Sermeq Kujalleq), кој е најпродуктивниот глечер на северната хемисфера. Се движи од 20 до 30 метри на ден во текот на летото, при што од глечерот се одделуваат 20 милијарди тони санти мраз што секоја година лебдат и излегуваат надвор од фјордот. Некои од овие ледени брегови се екстремно големи (високи до 1.000 метри) и со години лебдат покрај фјордот додека глечерот не ги распарчи на помали парчиња и носени од морската струја пливаат на север сè додека

ЈЕЛИНГШКИ КАМЕЊА

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


ЦРКВАТА УРНЕС СТАВЕ (URNES STAVE)

не свртат јужно кон Атлантскиот Океан. Повеќето санти не се топат додека не дојдат до паралелата од 45°-40° (паралелата на која се наоѓа Њујорк, јужно од Лондон).

НОРВЕШКА - ЗЕМЈА НА ФЈОРДОВИ, МРАЗ И АУРОРА

Овде живеат луѓе чија љубов кон природата е безусловна и практично вметната во националниот карактер. Норвежаните се посебен народ, а најдобро ги опишал нивниот голем син Хенри Ибзен: „Тие што сакаат да ги разберат Норвежаните, прво мора да ја разберат чудната, но и опасна природна околина на Норвешка. Луѓето што живеат тука, пред сѐ, се луѓе на земјата, можеби повеќе од кој било европски народ.“ Најегзотичен дел за посета на Норвешка е нејзината северна територија. Во тој дел се јавува северната светлина, аурора буреалис, што претставува еден од најспектакуларните природни феномени, кога светлината си поигрува на ноќното небо и притоа создава прекрасни илузии. Но,Фјордовите се типичен географски поим што се поврзува со Норвешка. Тие се длабоки вдлабнатини во копното поплавени од морето уште од ледената доба. Тесни, кривулести заливи што навлегуваат длабоко во копното, сместени меѓу остри карпи што може да достигнат до 1.000 метри висина, потопени долини на поранешните масивни ледници, вистинско уметничко дело од природата, како што некои велат ремек-дело на Господ. GEIRANGERFJORDEN И NAROYFJORD, НАЈВАЖНО ОБЕЛЕЖЈЕ НА НОРВЕШКА. Geirangerfjord е мал залив што не се одликува со големина, должина

36 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО, ROCK ART OF ALTA и длабочина, но поради убавината се здоби со статус на една од најпопуларните туристички дестинации во Норвешка. Крстосувајќи со брод ќе имате можност да ги посетите најживописните места на фјордот. Тоа се мали села што нудат активна забава: возење со кајак, пловење, риболов... Најспектакуларните фотографии на фјордот се добиваат од карпата Фридралсувет (Friedalsyuvet). Во близина има водопади и музеј посветен на убавината на заливот. Naroyfjord е најтесниот фјорд на оваа земја. Долг е 17 километри, а во најтесниот дел е широк само 300 метри. Други важни карактеристики на овој фјорд се стрмните карпи што се издигнуваат над 1.400 метри над Норвешкото Море. ПРИСТАНИШТЕ БРИГЕН Малите, но многу интересни населби се полни со историски докази. Една од нив е Бриген или Тискберигген (Bryggen или Tyskebryggen „Германско пристаниште“), всушност низа од ханзеатски трговски згради на источната страна на фјордот на влезот во градот што датира од 14 век. Неколкупати биле уништени во пожар, така што се останати само шест оригинални дрвени згради што датираат од 20тите години од 18 век. Денес ова маало е туристичка атракција со продавници за сувенири, ресторани, кафулиња и музејот Бриген со археолошки остатоци од постарите згради. Најстариот дел од Бриген е областа околу заливот Виген (Vågen) во средина на градот, каде што е сместена црквата Св. Марија (Mariakirken) од 12 век, и Бергенхус, една од најстарите и најдобро зачуваните

тврдини во Норвешка. Од жичарницата Флајбан (Fløibanen), која води кон Бергенската Флејненска Планина, има фантастичен поглед на градот и на фјордот. Тоа е најголема туристичка атракција во градот, но и една од најпосетуваните во Норвешка со повеќе од еден милион посетители годишно. ЦРКВАТА УРНЕС СТАВЕ (URNES STAVE) Ова е една од најстарите скандинавски цркви што постојат и денес, а датира од времето на Викинзите. Се наоѓа веднаш до фјордот Лустрафјорд (најдлабокиот дел на фјордот Сонгфејорд), во Општина Лустер, околу 5 км источно од селото Хафсло. Изградена е околу 1130 година и се верува дека е најстара зачувана дрвена црква што се наоѓа на првобитната локација. Стилот Урнес во кој е изградена ги поврзува традиционалното викиншко украсување на животински плетерски мотиви со традиционалната христијанската архитектура. Под неа биле откриени темелите на уште две постари градби, но најинтересен е северниот портал, на кој има викиншки релјефи што прикажуваат раскошен плетер во кој лавот се бори со змии (симболична глетка на борба на Исус против сатаната). МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО, ROCK ART OF ALTA Светското наследство Петроглифите на Алта (Хелиристинген и Алта) се откриени во 1972 година, а оттогаш се пронајдени околу 5.000 камења со врежани цртежи. Најголемо место е Jiepmaluokta, на околу 4 км од центарот на Алта, каде што се пронајдени околу 3.000 посебни петроглифи и направен е музеј под


отворено небо (музеј Алта). Најстарите цртежи датираат од околу 4200 година пр.н.е., а последните се од околу 500 година пр.н.е. Тие ја прикажуваат праисториската култура на ловци што ги собирале стадата ирваси, правеле чамци, ловеле риби и практикувале шамански ритуали. Овие петроглифи се единствени споменици од кои може да се научи за културата комса, за која се верува дека е далечен предок на луѓето од Саами. ИСТОРИСКИ РИБОЛОВЕН РЕГИОН, АРХИПЕЛАГОТ ВЕГАЖАН / ВЕГА, Вега (норвешки Vegaøyan) е составен од приближно 6.500 мали острови во Нордленд, веднаш под северниот поларен круг, чија површина од 1.037 км² ѝ припаѓа на Општина Вега, именувана по најголемиот остров во овој архипелаг. Од поголемите острови се издвојуваат Лананите и Скогшолмен, Хисвар и Сола, кои формираат природен резерват и засолништа за морските птици на островите Ланан, Фловир, Скјервар и Мудлварет. Откриени се докази дека овие острови биле населени уште во камено време, пред 10.000 години, што ги прави најстари населби во Северна Норвешка. Праисториските населби се сведоштво за способноста на луѓето да преживеат во најтешки услови, како што се нордиските. Рибарите и земјоделците можеле да преживеат во студената клима во последните 1500 години благодарејќи на единствената практика за користење на пердувите на северните патки. Поради оваа причина архипелагот е наведен како светско наследство во Европа во 2004 година. СТРУВЕОВ ГЕОДЕТСКИ ЛАК Струвеов геодетски лак е синџир

на геодетски ознаки за триангулација, кој се протега од Хамерфест во Норвешка до Црно Море, минува низ десет држави во должина од 2.820 км. Лакот го основал Фридрих Георг Вилхелм, руски научник со германско потекло, од 1816 до 1855 година, за да ја утврди точната големина и облик на Земјата.Во 2005 година лакот бил вклучен во списокот за светско наследство на УНЕСКО. Лакот првично се состоел од 258 триаголници и 265 оригинални точки. Списокот на веб-страници за светско наследство содржи 34 оригинални точки со нивни различни ознаки, како што се ознаки во камен, железни крстови, обелиси и др.

БОГАТСТВОТО НА ШВЕДСКА

Шведска има 13 страници за светското наследство на УНЕСКО. Дванаесет културни, едно природно и едно мешано наследство. Тука се кралската палата Дротнингхолм (Drottningholma) во Стокхолм, театар стар 300 години, Лапонскиот исклучителен биолошки систем со два сосема различни пејзажи што заземаат иста област, Црковно село во Gammelstadu, Luleå, Поморското пристаниште Karlskrona што се наоѓа во Југоисточна Шведска, Земјоделскиот пејзаж на Јужен Öland, Рударската област на Големата бакарна планина, во Фалун,Радиската станица Varberg датира од раните години на 20 век, 70 км јужно од Гетеборг...прекрасни места што на Шведска ѝ даваат посебен белег. КРАЛСКАТА ПАЛАТА ДРОТНИНГХОЛМ, Палатата Дротнингхолм (Drottningholm - кралска резиденција во Стокхолм), изградена во 1580 година како кралска палата во Шведска, е на списокот на светско

наследство на УНЕСКО од 1991 година. Во 1661 година, кога власта ја имала вдовицата кралица, замокот бил запален и изгорел до темел, а следната година била почната неговата реконструкција. Во текот на изминатите 400 години палатата многупати била реновирана, а последен пат на почетокот на 21 век. Во црквата, која е дел од палатата, сѐ уште се чуваат оргулите на Кахман од 1730 година и традиционалната црковна таписерија направена од Густаф V. Други значајни споменици се театарот Палас, Павилјонот на кинески чардаци, барокната и англиската градина... ЖЕЛЕЗАРНИЦАТА ЕНГЕЛСБЕРГ Во 12 век локалното население во централниот дел на шведскиот регион Норберг, освен што се занимавало со земјоделски активности, се обидело и почнало да производува квалитетно железо, а со тоа два века Шведска била стопански лидер. Енгелсберговата железарница која се наоѓа во близина на Стокхолм е речиси совршено зачувана и дава прекрасен увид во раното индустриско минато на Шведска. КАМЕНИ РЕЗБИ ВО ТАНУМ Во II милениум пр.н.е. почнало т.н. скандинавско бронзено време (1700-500 пр.н.е.), а карактеристично сведоштво за тоа се наодите на карпеста уметност во Бохуслен. Во текот на големата преселба на народите (300-700 г.) и викиншката ера (700-1000) ова подрачје било дел од Викен, поделено на две целини: Ранрике на север и Елфсисел на југ. На културните остатоци во карпестата уметност се прикажани сцени од секојдневниот живот и од верските обреди. Карпестите цртежи

GEIRANGERFJORDEN

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


СТАРИОТ ДЕЛ НА СТОКХОЛМ кај Танум, кои се стари 2.500-3.000 години, се заштитени како светско наследство на УНЕСКО. Во покраината има и карпести резби на кои се овековечени земјоделските активности на населението, обредите, бродовите, куќните предмети, стапките, животните и симболите на плодност како фалуси. Танум има повеќе од 400 уникатни камени резби со исклучителен квалитет од бронзеното време и се смета за уникатно уметничко достигнување за различните начини на претставување на луѓе, животни, оружје, бродови и други предмети,

38 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

како и за нивниот културен развој. Резбите го претставуваат уникатниот живот и верба кај луѓето од бронзеното време и се добро зачувани. ЛАПОНСКА ОБЛАСТ Делови од Лапонија наречени „Лапонска област“ се прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Во покраината се наоѓа Сарек, еден од најстарите и највпечатливите национални паркови во Европа, основан во 1909 година. Лапонија зафаќа површина од 109.702 км², речиси колку Португалија.

Во средиот век Лапонија се сметала за ничија земја. Всушност, тука живееле номадските Лапонци (Сами), а подоцна им се придружиле шведски, фински и норвешки доселеници (особено во крајбрежните предели и покрај големите реки). Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и да ја христијанизираат областа. Дури и денес локалните малцинства ги имаат задржано својата култура и обичаи. • Маргита Поповска


ЌЕ ПАТУВАМ ВО ГЕРМАНИЈА И ВО ДАНСКА, КАДЕ МОЖАМ ДА ЗАШТЕДАМ СО МОЈАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА? СО ПРОГРАМАТА SHOW YOUR CARD! КАКО АМСМ ЧЛЕНОВИ ШТЕДИТЕ КАДЕ И ДА ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА, НО И ВО НАШАТА ДРЖАВА. ШТО ЗНАЧИ ТОА? ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СО ПОКАЖУВАЊЕ НА ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ВО ПРОДАЖНОТО МЕСТО SYC! КАДЕ ШТО ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ НАЛЕПНИЦАТА СО ЛОГОТО SHOW YOUR CARD! НА САМИОТ ВЛЕЗ, ВИЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ ОД 10% ДО 50% ПОПУСТ. ГЕРМАНИЈА DEUTSCHES THEATER MÜNCHEN Еден од најстарите театри во Германија. Со приложување на АМСМ членската картичка која е дел од Show Your Card ! програмата добивате 10 % попуст на билетот MADAME TUSSAUD BERLIN Музеј на восочни фигури кој фасцинираат со својот изглед и изработка. Со приложување на АМСМ членската картичка која е дел од Show Your Card! програмата добивате два билета по цена за еден. Marché® International Интернационален ланец ресторани за здрава храна каде оброците се приготвуваат пред пред гостите. Секогаш свежа храна по домашни рецепти. Со приложување на АМСМ членската картичка која е дел од Show Your Card! програмата добивате 10 % попуст. BEST WESTERN HOTELS EUROPE Со 1.300 хотели распространити во Европа , Азија и Америка Best Western хотелите претставуваат еден од најголемите ланци во светот кој ви гарантираат универзални стандарди на квалитет. Со приложување на АМСМ членската картичка која е дел од Show Your Card! програмата можете да добиете до 20 % попуст. ДАНСКА Копенхаген TIVOLI (туристичка атракција) Оваа локација која е пронајдена во 1843 за туристите нуди микс од спектакуларна, егзотична архитектура и прекрасни градини и предели. Градините во центарот на Копенхаген претставуваат склоп на забавен парк, место за јадење и одржување на различни настани и перформанси. На ова место голем број од Данците се опуштаат и релаксираат и притоа се навраќаат на убавите спомени од нивната младост. WALLMANS (Театар и шоу) Шоуто „Revival“ претставува уникатно шоу кое со своите интерпретации, но со доследноста на оригиналите, вдахнува нов живот во познатите фамилијарни класици и ве носи на пријатно музичко и визуелно патување низ најголемите хитови. Можете да уживате во прекрасниот оброк , додека присуствувате на претстава на англиски јазик, која содржи безброј моменти за паметење. CABINN HOTELS Овие хотели нудат услуги за сите оние со помал буџет и сместени се во Копенхаген, Есбјерг Оденсе, Алборг и Архус. BEST WESTERN HOTELS Со повеќе од 1.300 хотели лоцирани во Европа, 2.100 лоцирани во Америка и Азија, можете да ги пронајдете овие хотели каде и да патувате. Големиот број на различни услуги придонесува за комбинација на хотелски услуги со универзални гарантирани стандарди. HARD ROCK CAFÉ Повеќе од 40 години, HARD ROCK CAFÉ го отелотворува духот на музиката. Како основоположник на концептот на тематски ресторан , гостите можат да уживаат во свежа, високо-квалитетна храна, рок продавници кои нудат Rock ‘n’ Roll инспирирани предмети, како и колекционерски HARD ROCK CAFÉ предмети. Хард Рок ја поседува најголемата колекција на музички сувенири, која е прикажана низ локациите во целиот свет. Со 174 места, во 54 земји , таа е една од најпознатите светски признати компании.

1

2

3

Секаде каде што ќе го забележите логото

Покажете ја Вашата АМСМ - ЧЛЕНСКА картичка

и ПОПУСТОТ

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе! 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


Психологија

КАКО ГИ КРЕИРАМЕ НАШИТЕ ВРСКИ И ОДНОСИ

КОГА СЕ ЗБОРУВА ЗА ВРСКИТЕ, НИКОЈ НЕ ОСТАНУВА РАМНОДУШЕН. ЧОВЕКОТ Е ДРУШТВЕНО СУШТЕСТВО И, СПОРЕД ТОА, ВРСКИТЕ ОД СЕКАКОВ ТИП МУ СЕ ПОТРЕБНИ ВО НЕГОВОТО СЕКОЈДНЕВИЕ, ЗА ДА МОЖЕ ДА ГИ ПОСТИГНЕ И ДОСТИГНЕ СВОИТЕ ЦЕЛИ, ДА СЕ ЧУВСТВУВА УБАВО И САКАНО, ДА СПОДЕЛУВА МОМЕНТИ НА СРЕЌА, РАДОСТ И УСПЕХ.

03.2020| www.amsmklubmobiliti.mk | www.amsmklubmobiliti.mk 40 11.2019


П

остојат повеќе типови врски - пријателски, фамилијарни, бизнис-врски, врски со колеги и шефови и интимни. Секој заслужува безусловна љубов, меѓутоа могумина не веруваат во тоа и своето верување го изразуваат во своите врски. Првенствено погледнете го својот однос спрема себеси. Тој однос отсликува како вашите родители се однесувале спрема вас и на тој начин вие се однесувате спрема себеси, се критикувате, понижувате, прекорувате, не се одобрувате. Обично децата се врзуваат за еден од родителите. Машките деца својот однос го градат спрема однесувањето на мајката. Доколку имате проблем во врска со односот спрема себеси, запрашајте се каков бил вашиот однос со еден од родителите додека сте биле дете, што ве научиле за почитувањето, за заслугите, за изразувањето на емоциите, дали ви викале „немој да плачеш, ти си машко, срамота е“... Скриените пораки што ги добиваме во детството ги обликуваат односите и врските што ги создаваме кога ќе пораснеме. Нема да ги обвинуваме родителите бидејќи ни го пренеле сето тоа, едноставно тие пренесуваат нешто што им е познато и воспитуваат на начинот на кој и тие биле воспитувани, тие не знаат подобро од тоа. Врските се нашето огледало. Секој однос во нашиот живот отсликува некој дел од нас. Секоја личност во нашиот живот е тука за да направиме или пополниме некој дел од себеси, можеби тоа е некоја празнина или неправда од детството што постојано ја исправаме и оправдуваме преку односите со околината. Сето она што не го сакаме кај другите личности е отсликување и препознавање на некои наши особини и на тој начин ние бараме личности што ќе ни го потврдат тоа, иако не се согласуваме со нив. Гледањето на негативните особини кај другите личности е знак дека нешто се случува внатрешно со нас и дека е време да ја провериме љубовта спрема себеси. Критиката и навредата на друга личност се исто и критика и навреда спрема самите нас. Ако имате пријатели што ве извисуваат, запрашајте се дали и вие сте личност што извисила некого. Ако вашата партнерка не ви обрнува внимание и не ви покажува емоции, запрашајте се како вие ги изразувате вашите емоции и кога бевте дете што добивавте од родителите кога ќе побаравте љубов. Ако вашето дете има лоши навики и вам ви пречи тоа, запрашајте се од кого ги научило и зошто го идентификувате тоа како познато. За да се измени односот на другите спрема вас постои само еден начин,

да се смените вие. Немојте да ги обвинувате другите личности во вашиот живот бидејќи не можете да остварите стабилни и здрави врски, запрашајте се кој дел од себеси не можете да го прифатите, па затоа постојано барате некој сличен на вас, кој може да ви го потврди вашиот став. Вашите интимни врски се повторување на врските од вашето детство. Кога бевте дете дававте љубов и за таа љубов добивавте невнимание, забелешки, критикување, тепање, омаловажување, а некој добивал и љубов. Доколку не ви оди во интимните врски со жените, погледнете го вашиот однос со вашата мајка и сѐ ќе ви биде јасно. Најважната работа во исправањето на шаблоните што ги имаме добиено како деца е прифаќањето и реалното согледување на ситуацијата, колку и да е болна. Тој период од нашето детство, кој нѐ научил како да реагираме сега, кога се во прашање нашите врски, е дел од нас и нашиот живот, и сето тоа е во ред. Прифатете се себеси и секој дел од вашето минато и на тој начин издигнете ја вашата свест на поголемо ниво, каде што ќе можете единствено вие да имате моќ над вашите случувања во животот. НА КОЈ НАЧИН ДА ЈА ПРИВЛЕЧЕТЕ ЉУБОВТА? Ако сакате партнерка, а не можете да ја најдете, не обидувајте се да го сторите тоа на сила и да западнете во врска по секоја цена. Не е погрешно да се биде сам, можеби во одреден период ви одговара тоа и можеби сѐ уште не сте достигнале ниво на свесност за да прифатите љубов каква што би сакале. Кога ќе се прашувате зошто немате љубов, запрашајте се дали некогаш сте направиле список на квалитети какви што би сакале да има вашата партнерка. Можеби не знаете што барате. Каков вид врска би сакале? Какви стандарди имате? Можеби се превисоки во однос на тоа колку вие самите се цените себеси. Најчесто љубовта не можеме да ја доживееме бидејќи не сме подготвени да ја дадеме. За да дадеме љубов треба да ја имаме, првенствено спрема себеси. Колку се сакате себеси и колку си давате внимение и важност? Што ви е побитно: да бидете во право или да имате мир, да се докажете пред другите личности или да уживате во тоа што сте го постигнале, да дадете критика или да подарите убав збор, да се фокусирате на себеси или да се споредувате со други личности? Ова се некои показатели што укажуваат дека имате недостиг од љубов спрема себеси. Засакајте се себеси и на тој начин бидете подготвени и отворени за да дадете и да примите љубов. Бидете личност што го сака светот и вие ќе бидете сакани. На денот на вашето раѓање заслуживте да имате сѐ најдобро во вашиот живот, прифатете го тоа добро, не отфрлајте се себеси. • Игор Ландсберг

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


Препорачано од ресторан „БАРБАКАН“

ЊОКИ СО ТАРТУФ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Црн тартуф Шампињони Масло од тартуф Хопла Лук Сол Бело вино

Најпрвин њоќите се варат во вода додека не испливаат на површина. За тоа време, во тавче на масло од тартуф, се пропржуваат ситно сецкани шампињони, во кој се додава ситно сецкан црн тартуф. Дополнително се додава сол по вкус, ситно сецкано лук, малку хопла и бело вино. Сето ова се спојува со претходно сварените њоки и се сервира. На крајот се додава рендан пармезан и рендан свеж црн тартуф.

ГАРНИР: Свеж тартуф Пармезан

42 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Добар апетит!


„МАШИНИ КАКО МЕНЕ“ ИЈАН МЕКЈУАН

Д

ејството на овој извонреден роман се одвива во алтернативна историја и е сместено во Лондон во осумдесеттите годи на минатиот век. Чарли, интелигентен, но мрзелив млад човек, го избегнува вработувањето со полно работно време, наследството го вложува во ситни ризични инвестиции на берзите и е вљубен во сосетката Миранда. Кога ќе дојде до поголема сума пари, купува човеколик робот, Адам. Следејќи го упатството за употреба, самиот го обликува карактерот на Адам според сопствените желби, но тоа ќе резултира со љубовен триаголник меѓу него, Миранда и роботот Адам. Овој остроумно напишан роман отвора тешки прашања за замислениот однос помеѓу луѓето и интелигентните машини. Како таков, претставува неизоставно четиво како за љубителите на добриот роман, така и за оние што барем некогаш се прашале дали машините можат да се однесуваат како луѓе.

„MUSIC TO BE MURDERED BY“ EMINEM

М

usic to Be Murdered By“ е единаесеттиот студиски албум на американскиот рапер Еминем, кој излезе на 17 јануари, продуциран од „Aftermath Entertainment“, „Interscope Records“ и „Shady Records“. Фотографијата на стандардната обвивка е инспирирана од албумот на Jeff Alexander од 1958 година - „Alfred Hitchcock Presents Music to Be Murdered By“, со лопата во раката, додека, пак, на алтернативниот „ковер“ држи секира и пиштол вперени кон главата. На 64:22-минутното цеде има дваесетина музички нумери: „Premonition“, „Unaccommodating“ (заедно со Young M.A), „You Gon’ Learn“ (со Royce da 5’9” и White Gold), „Alfred“, „Those Kinda Nights“ (заедно со Ed Sheeran), „In Too Deep“, „Godzilla“ (со Juice Wrld), „Darkness“, „Leaving Heaven“ (заедно со Skular Grey), „Yah Yah“ (со Royce da 5’9”, Black Thought, Q-Tip и Mr. Porter), „Stepdad“, „Marsh“, „Never Love Again“, „Little Engine“, „Lock It Up“ (заедно со Anderson Paak), „Farewell“, „No Regrets“ (со Don Toliver), „I Will“ (заедно со Kxng Crooked, Royce da 5’9” и Joell Ortiz) и „Alfred“.

„THE CALL OF THE WILD“ (ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА)

Ф

илмот, чија премиера се одржа на 21 февруари во САД, се базира на истоимената легендарна новела од 1903 година на Џек Лондон и на филмската адаптација од 1935 година на „Twentieth Century Pictures“. Во стоминутната авантуристичка драма се зборува за кучето со големо срце, Бак, чиј блажен живот ќе се преврти наопаку откако изненадно ќе го земат од неговиот дом во Калифорнија и ќе го транспортираат во егзотичната дивина на Алјаска, во 1890-тите години. Како новајлија во тимот за испраќање пошта со кучиња, Бак се снаоѓа извонредно и доживува такви авантури што конечно ќе го пронајде вистинското место во светот. Дистрибутер е 20th Century Studios. Жанр: авантуристичка драма Глумци: Harrison Ford, Omar Sy, Dan Stevens, Karen Gillan, Bradley Whitford, Colin Woodell, Cara Gee и Scott MacDonald Режија: Chris Sanders

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


HI-TECH

Суперсоничните летала и карбон неутралното гориво

ИДНИНАТА Е ВО УЛТРА БРЗИТЕ АВИОНИ КОМБИНАЦИЈАТА ОД ГОРИВО КОЕ НЕ ГО ЗГОЛЕМУВА КОЛИЧЕСТВОТО НА СО2 ВО АТМОСФЕРАТА И НАДЗВУЧНА БРЗИНА Е НЕШТО СОСЕМА НОВО. КОМПАНИЈАТА „БУМ СУПЕРСОНИК“ ОВА ЛЕТО ЌЕ ИЗВРШИ ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЛЕТ СО АВИОНОТ „ИКС Б – 1“ СО ЦЕЛ ДА ГИ ОБЕДИНИ ГОРИВОТО И НАДЗВУЧНАТА БРЗИНА.

С

упераоничните летала за превоз на патници и материјални добра, денес не постојат, ги нема. Некогаш, пред повеќе од четири децении, постоеја Тупољев („ту 144“ прв лет 31 декември 1968) и Конкорд (прв лет 2 март 1969) кои летаа со надзвучни брзини, но толку од нив. 44 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Нивната ера заврши најмногу поради големите трошоци околу одржувањето, преголемата потрошувачка на гориво, големата бучава од моторите и повеќекратното загадување во однос на обичните авиони. Тоа беа неколкуте причини поради кои тогашниот технолошки свет престана да ги произведува суперсонични-

те летала за секојдневна употреба, а дотогаш произведените ги спушти на земја поради трагедијата која се случи со еден од нив и откриените дефекти кај другите летала. Си го поставувате прашањето, зошто суперсонични летала, што им фали на овие класичниве? Денешните авиони не располагаат со којзнае


HI-TECH

каков комодитет. Веќе знаете како е да се патува неколку часови, а да не зборуваме за прекуокеански летови. Земјите од Далечниот Исток претставуваат голем предизвик - 20 и повеќе часови лет. Вкочанетост, очите ви се потечени од гледање филмови и од играње компјутерски игри, а авионот премногу споро ги совладува километрите. И кога ќе заврши летот не сте способни за ништо, односно во наредните 24 часа гледате само кревет и ништо друго не ве интересира. Тргнувате од кај нас за, да речеме Хаваи. Тоа со директен лет е некаде околу 20 часа. Што ќе кажете, ако летот трае само неколку часови, на пример не повеќе од пет часа? Или лет од Скопје до Токио, полетувањето е закажано во 9 часот наутро, а слетувањето во 14:30 според средноевропско време. Токму за „ручек“ сте таму. Малку временските зони ќе го пореметат ручекот кој сигурно ќе биде доцна вечера, но најбитно од сè е што летот трае само пет и пол часа. Такви се суперсоничните летала, а денешниве се, веќе си знаете, споровозечки. Неколку компании, „Аерион“, „Бум Суперсоник“ и „Локид“ повторно се задлабочени во производство на суперсонични авиони и според кон-

структорите нивните авиони нема да го зголемуваат нивото на јаглеродниот диоксид (СО2) затоа што ќе користат карбонско неутрално гориво. Да појасниме. Карбон неутралните горива во основа се карбонски, впрочем нивното име го кажува истото, кои во моментот на палењето не го зголемуваат јаглеродниот диоксид во атмосферата. Сепак, горивово не допринесува за намалување на количеството на СО2, но добрата страна е што нема да го зголемува нивото. Тоа гориво најчесто се добива од отпадоци од органско потекло или од: пченка, шеќерна трска, компир и останати култури, а се спомнуваат и некои видови алги. Горивото направено од спомнатите растенија при согорувањето ќе испушти онолку СО2 колку што растението примило од природата при растењето, созревањето. Најдалеку од сите има отидено компанијата „Бум Суперсоник“ која најавува прв лет на своето суперсонично патничко летало со спомнатото гориво. „Бум суперсоник“ икс б-1 ќе полета ова лето и како гориво ќе го користи карбон неутралното. Подготовката и снабдувањето со горивото е доверено на фирмата „Прометеус

Фјуелс“, која ги дава сите гаранции за течната супстанца и нејзината исправност за користење во авионскиот сообраќај. Засега никој не го потврдува точниот датум на експерименталниот лет, туку го најавуваат првиот лет во летниот период и толку. Две нешта се битни во најавава за експерименталниот лет, необичното гориво и суперсоничната брзина, односно брзина поголема од таа на звукот. Ако сè мине во најдобар ред и без никакви проблеми, тогаш компанијата „Бум Суперсоник“ ќе биде далеку, многу далеку пред сите и најверојатно ќе го собере кајмакот како што вели нашиот народ. И Кинезите не се далеку од оваа многу занимлива комбинација. Тие имаат отидено малку понапред со тоа што на надворшната страна од леталото имаат ставено посебна керамичка обвивка која без никаков проблем издржува загревања при брзини од 5 до 7 маха (од 6115 до 8640 km/h) и притоа нема никакви изобличувања. • Жарко Атанасоски

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


Alfa Romeo

АЛФИНИОТ 110. РОДЕНДЕН

РЕТКО КОЈА МАРКА ОД АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ИМА ТОЛКУ ТРОФЕЈНА ИСТОРИЈА КАКО АЛФА РОМЕО. ЗАТОА НЕЈЗИНИТЕ АВТОМОБИЛИ СЕ РАЗЛИКУВААТ ОД ОСТАНАТИТЕ БИДЕЈЌИ ВО СЕКОЈ ДЕЛ ОД НИВ СЕ КРИЕ ПО НЕШТО ОД ТАА ИСТОРИЈА ИСПИШАНА НА ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ И ТРОФЕИ НАКИТЕНИ СО ЛОВОРОВИ ВЕНЦИ. СИТЕ АВТОМОБИЛИ ИМААТ СВОЈА КЛАСА, ПРИПАЃААТ НА НЕКОЈА ОД НИВ, НО ИМА ЕДЕН МОМЕНТ КОЈ ВЕЛИ, „АЛФА РОМЕО Е КЛАСА ЗА СЕБЕ“. ИМЕТО НА ОВАА МАРКА Е ПРЕМНОГУ ТЕШКО И ПРЕГОЛЕМО ЗАТОА ШТО Е „КОВАНО“ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК ИСКЛУЧИВО НА ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ, А ПОТОА СЕТО ТОА ИСКУСТВО Е ВГРАДУВАНО ВО СЕРИСКИТЕ АВТОМОБИЛИ.

И

сто како во минатите години, така и во оваа ќе продолжиме со историските моменти врзани за автомобилската индустрија. Годинава покрај другите, една марка слави 110. години од своето постоење. Почетоците на компанијата датираат од 1910 година кога аристократот Уго Стела ги купува акциите и со тоа станува доминантен сопственик на Автомобили Дарак, француска фабрика лоцирна во Милано. Потоа грофот У. Стела истата година на 24 јуни ја преименува фабриката во „Анонима Ломбарда Фабрика Аутомобили“, скратено А.Л.Ф.А. Приказната продолжува со младиот технички директор Џузепе Мероси кој на почетокот од својата кариера продавал велосипеди, а подоцна работел како конструктор на автомобили во ФИАТ и мотоцикли во Бјанчи. Откако оди во АЛФА, таму го конструира првиот автомобил со мотор од 4,1 литри со една брегаста, кој постигнувал брзина од 100 км/ч. Значи, Џузепе Мероси е првиот кој направил автомобил во АЛФА и воедно го носел истото име како фабриката, А.Л.Ф.А. Тој ист конструктор во

46 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1914 година ќе го конструира првит тркачки автомобил „алфа гран при“, на основа од туристичкиот „40 – 60 хп“. Моторот со 4,5 литри работна зафатнина бил способен да го понесе автомобилот до крајни 140 км/ч. Тука треба да се напомне следново, во тој мотор за прв пат било вградено двојното палење на смесата во цилиндрите, односно „твин спарк“ (двојна искра) како што пишува на задниот дел од „алфите“. Првата светска војна веќе била во полн ек. Таквата состојба ги испревртела Алфините планови. Компанијата била речиси пред распаѓање затоа што производството престанало, но еден електро инжeнер од Неапол, Никола Ромео, ја купува фабриката и почнал да произведува авионски мотори и мали компресори за државата. Тоа се случува во 1915 година и воедно ја преименува фабриката во „Сосиета Анонима Италијана Никола Ромео“, а на новиот заштитен знак било испишано „Алфа Ромео Милано“. Подоцна, некаде на крајот од војната, главните вложувачи решиле да го поедностават името. Новото име, Алфа Ромео било регистрирано на 3 февруари во 1918 и оттогаш

до денешен ден го носи тоа име. Потоа почнува ерата на повторно производство на автомобили и секако, учество на трките. На домашно тло главните трки се возеле на патекaта Мугело, Парма Баркето и Бреша, а Алфа Ромео со своите болиди била неодвоив дел од тој „циркус“. На сцена повторно стапува Мероси, кога во 1922 год. го создава моделот „рл“. Автомобилот имал мотор со шест цилиндри во линија и сопирачки на сите тркала. Со тој автомобил Алфа Ромео постигнува врвни резултати, а делото, тркачкиот автомобил, често бил нарекуван „чудото на Џузепе Мероси“. Победите на трките ја зголемило побарувачката, а нарачките стигнувале од секаде. Биле произведени дури 2640 примероци од „алфа ромео рл“. За овој модел е врзана една мега голема случка, од која ќе се роди легендата за симпатичен ситен детал што веднаш потоа ќе го имаат сите Алфини тркачки автомобили. Возачот Уго Сивоки со намера да го тргне „малерот“ со тие негови втори места на трките. Додека траеле последните подготовки за трката Тарга Флорио на Сицилија, Сивоки


ИСТОРИЈА

со бела боја нацртал квадрат на неговиот автомобил и во него детелина со четири чиста. Таа детелина требало да му носи среќа за време на трката, а сето тоа го сторил затоа што бил многу суеверен. Квадратот го симболизирал бројот на тркачите кои возеле во тимот на Алфа Ромео – по еден агол за секој тркач. Уго Сивоки победува на трката и на неговата радост Ѝ немало крај. Втор на целта стигнал Аскари, а на четвртото Масерати. На првите четири места. три „рл“. Тоа се случило во 1923 година. Неколку недели подоцна Уго Сивоки тестирал нов тркачки автомобил на патеката Монца, моделот „п 1“, но како за чудо на тој автомобил го немало белиот квадрат со зелена четирилисна детелина. Тој ден за време на тестирањето Уго Сивоки трагично го завршува својот живот. Оттогаш сите тркачки авомобили од Алфа Ромео имаат на себе зелена четирилисна детелина во бел триаголник, а не четириаголник - недостасува еден агол затоа што тој ја симболизира загубата на Уго Сивоки. На тој начин е родена легендата за „квадривољо верде“, симболот на достојни вредности и секако, на добра среќа. Покрај тркачките, денес „детелината“ ја имаат најснажните во Алфа Ромео. Втората половина од ’20 години е позната по времето на големиот конструктор Виторио Јано и неговиот

осум цилиндричен мотор вграден во моделот „грн премио типо п2“. Овој тркачки модел бил многу понадмоќен од останатите и затоа денес претставува одбележје на деценијата. Во 1925 год. Гастон Брили Пери го освојува првиот Светски Шампионат за Алфа Ромео, а на целта сите четири болиди „гран премио типо п2“ стигнуваат еден по друг, а петтопласираниот стигнува на целта дури 45 минути подоцна. Крајот на деценијата Алфа Ромео го дочекува со излегување од трките. Тоа се случува во 1929. Тогаш Енцо Ферари кој дотогаш бил еден од главните во тркачкиот оддел на Алфа Ромео, го раскинува работниот однос со компанијата и формира своја и постигнува договор да ги земе сите тркачки автомобили со кои би продолжил да се трка. Тимот Скудерија Ферари на Енцо кој брои 40 возачи, односно ги собрал сите најдобри во тоа време, и Аскари, и Нуволари, и Кампари. Скудерија Ферари ги вози Алфините болиди на кои имало уште еден заштитен знак, односно знакот на новоформираниот тркачки тим Скудерија Ферари – стилизиран жолт штит со италијанската тробојка на горниот дел и во средина вознемиреното црно коњче (ил кавалино рампанте). Алфа се откажува од трките, но не може без нив. Во 1929 повторно Виториот Јано прави најдобар автомобил „ 6C 1750“. Со него Нуволари и Гуидоти победуваат на Миле Миља со рекордна просечна брзина од 100 км/ч – на првите четири места, четири Алфи „6C 1750“. По две години, 1931 Алфа Ромео за првпат победува на трката 24 часа Ле Ман со болидот „8 ц 2300“ на Виторио Јано, со просечна брзина од 125,4 км/ч изминувајќи 3015 километри за 24 часа. Следната година Алфа Ромео повторно има супериорен болид „типо б“, попознат како „п 3“, најдобриот едносед кој В. Јано го направил. Тацио Нуволари со него победил на сите трки во 1932 година: Монако, Тарга Флорио, ГП на Италија, ГП на Франција, Куо Џијано и Куп Акербо. Потоа во Алфа Ромео доаѓа нов директор. Во 1933 Алфа Ромео е купена од ИРИ, италијански Институт за Индустриски Реконструкции. Трките му се препуштени на Енцо Ферари и детелината со четири листа е замнета со знакот на Скудерија Ферари. И по којзнае кој пат Алфа се враќа на патеките, овој пат во Германија на Нирбургринг каде Нуволари ги победува сите германски болиди. Неговиот стар Алфин тркачки „п 3“ беше доволен да му признаат дека е најдобриот возач во светот. Годината 1937 е резервирана за преубавиот „8 ц 2900“ чија тркачка изведба во 1938 ги има првите три места на трката Миле Миља. По овој болид следи моделот „158“ најтенкиот и најлутиот едносед што излегол од Алфа Ромео. 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


И Енцо Ферари потекнува од „школата“ на Алфа Ромео. Тука го „ковал“ и усовршувал тркачкиот и конструкторскиот занает. Оттаму и црвената боја на неговите автомобили и болиди, исто како кај Алфа. Ако Алфа Ромео не постоела, тешко дека ќе постоел Ферари. Продолжувањето на традицијата и постојаното производство на супериорни направи на четири тркала ја доведува Алфа Ромео да слави шампионска титула во првата официјална сезона од трките во Формула 1 со Џузепе Нино Фарина. Наредната сезона, 1951, Хуан Мануел Фанџо е светски шампион во формула еден со болидот на Алфа Ромео модел „159 алфета“. По овој бум во шампионатот од формула 1 настапува период на затишје во најбрзиот циркус и доаѓа до смена во врвот. Оттогаш на чело е Џузепе Лураџи. Според постигнатите резултати се приметува неговото залагање во делот за туристичките автомобили. Алфа Ромео бележи постојан раст на капацитетите и производството. Во тој период Бертоне го дизајнира популарниот модел „џулиета“ во 1954. Најнапред беше претставена изведбата „спринт“, а потоа сите останати: „берлина“, „ти“, „спринт“ и „спајдер“ во изведба „велоче“, спринт спешл и спринт загато. Автомобилот веднаш стана најпосакуваниот и претставуваше симбол на италијанската крeативност. Карло Абарт соработувал со Алфа Ромео за спортскиот модел „алфа ромео 750“, а „џулиетата“ стасала кај него на дополнителни подесувања (засилувања) за потребите на тркачките тимови во класата гран туризмо. На ред е моделот „џулија“, во 1962, рeволуционерен со неговата екстремна аеродинамика за тоа време (0,34 cW), но и со останатите техничко технолошки иновации и сигурносни елементи. Враќањето на Алфа Ромео на тркачките патеки е поврзано со Карло Чити и неговиот тим Аутоделта во 1963 година. Бертоне и Џуџаро ги засукуваат ракавите и ја создаваат „џулиа спринт гт“ со алуминиумски елементи и 1,6 литарски мотор. Туристичкиот болид три 48 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

години по ред ја земаше титулата во Европскиот Шампионат за Туристички Автомобили. Друг модел по кој се памети Алфа Ромео е „дуето“, 1966, прекрасен отворен двосед наменет строго за уживање, а во 1967 на сцена стапува „трента тре“, односно „33“. Од овој модел е црпена инспирацијата за сегашниот „4 ц“. Потоа се нижат моделите: „монтреал“, „алфета“ со повеќе изведби и мотори. Изведбите од „алфа ромео гта“, „гта јуниор“ и „гта 1600“, направија пореметување во Шампионатот за туристички автомобили во Европа. Во 1972 победи на сите трки и обезбедува двојна титула, за возач и за конструктори. По којзнае кој пат кога Алфа Ромео ќе се појави со ново тркачко возило предизвикува паника кај конкурентите. И со право е така – во 1975 Карло Чити го создава моделот „33 тт 12“. Боксер моторот со 12 цилиндри и 500 КС беше сосема „солиден“ да го освои Шампионатот на светот за спортски автомобили со седум победи од осум трки. Следната година Алфа се враќа во формула 1 во тимот на Бребем. Без поголем успех болидите беа возени од Ники Лауда и Џон Вотсон, но затоа во Светскиот Шампионатот за спортски автомобили со моделот „33 сц 12“ победувајќи на осум трки од осум настапи. ’80 години беа запаметени по отворањето на сопствениот дизајнерски центар под водство на Валтер де Силва, но и по одењето под капата на Фиат

во 1986 година. За ваша информација сè уште е таму. Првиот модел откако Алфа Ромео е под Фиат е „164“, елеганција до совршенство, дело на Пининфарина, лимузина со префинет и чист дизајн, автомобил кој беше прифатен и на континентот преку „големата вода“. Се појавува и наследникот на популарниот „75“, моделот „155“ кој со V6 моторот дотеран за трки направи „пепел“ во земјата на: Ауди, БМВ, Мерцедес и Опел. „155 V6 ти“ дебитира на трката во германскиот шампионат за туристички автомобили. Патека Нирбургринг, зад управувачот Никола Ларини. Тој вози 11 наjбрзи кругови и ја победува сета домашна машинерија на спектакуларен начин. Тоа се случило во 1993 година. Една од најдобрите лимузини покрај 164, секако е и „156“ претставена во 1997. Нејзините технолошки напредни решенија и дизајн со „арома“ на ретро, ја понесе титулата Автомобил на годината во 1998 на континентов. Малку подоцна излегува и најсилната изведба со наставка „гта“. Фабрицио Џованарди две години по ред, 1998 и 1999 го освојуваше првото место во италијанскиот супертуризмо шампионат. Време е за смена на моделите. Се појавува „159“ и купето „брера“ во 2005, а во 2007 ограничената серија од моделот „8 ц компетиционе“, луксузно купе со V8 мотор кој ja испишуваше алфината тркачка историја во ’30. За тие кои обожуваат класичен спајдер Алфа во 2015 претстави модел „4 ц“ во две изведби, купе и спајдер – модел наменет исклучиво за уживање. Денес ги имаме моделите „џулија“ и помалата „џулиета“ затоа е џулиета, нејзиното име кажува дека е помала, сув моделот „стелвио“ и помалиот сув „тонале“ сè уште концепт, а мистичниот „мито“ не е веќе во производство. Алфа Ромео не е само фабрика за автомобили. Тоа е еден вид болест, завидливост (љубомора) во смисла на возењето. Сè е во чувствата, во страста и сè друго што може повеќе да се направи со срцето отколку со главата. (Орацио Сата Пулига). • Жарко Атанасоски


03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


Европско првенство со туринг автомобили

ТЦР ЕВРОПА ГО ПОМЕСТИ СТАРТОТ ЗА КРАЈОТ НА ЈУНИ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО СО ТУРИНГ АВТОМОБИЛИ (ТЦР ЕВРОПА) ВО СВОЈАТА ОФИЦИЈАЛНА КОМУНИКАЦИЈА ГИ ИЗВЕСТИ ТИМОВИТЕ И ВОЗАЧИТЕ ДЕКА „НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ СЛЕПИ И ДА ОЧЕКУВААТ ДЕКА СÈ ЌЕ СЕ СРЕДИ ДО ПРВИОТ ВИКЕНД ВО МАЈ“, РЕФЕРИРАЈЌИ НА РАЗНИТЕ МЕРКИ ОКОЛУ ГЛОБАЛНАТА ХИСТЕРИЈА ПО ПОЈАВАТА НА КОРОНАВИРУСОТ.

С

поред планираното, сезоната требаше да има две трки на почетокот од мај, во Белгија (Спа) и Австрија (Ред Бул Ринг), но македонските возачи кои се подготвуваат за нова кампања во овој шампионат, предводени од Игор Стефановски – Иџе, ќе мора да ги приспособат своите планови. - Присилени сме да реагираме поради пандемијата со „Ковид – 19“ која ја зафати и Европа, но и остатокот на светот, па поради тоа сакаме да ве информираме дека и покрај различните мерки донесени од владите, ние не можеме да бидеме слепи и да очеку-

50 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ваме дека сè ќе биде во ред до првиот викенд во мај. Здравјето е и останува приоритет број еден за секој од нас. Поради оваа причина, правиме провизионален календар доколку трките не можат да бидат одржани пред јуни и имаме план Б за да гарантираме 7 трки во ова првенство. Ваквиот потенцијален план може да не донесе до старт на 28 јуни во Ошерслебен, додека трките во Белгија и Австрија ќе бидат поместени за втората половина на годината. Во моментов соработуваме со автодромите и штом ги фиксираме датумите, ќе ве информираме. Дотогаш, останува на

сила актуелниот календар. Очекуваме официјалната потврда да биде во рок од 20 дена,- се вели во пораката од организаторите. Со ова се навестува дека официјалните информации ќе бидат споделени во првите десет дена од април, по што ќе следуваат сите други информации околу организацијата. Она што не е познато во моментов е дали ќе бидат забранети приватните тестирања кои беа во полн ек пред стартот на новата сезона, како и гаранциите за слободно патување меѓу земјите во Европа.

Александар Табаковски


03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


Светско првенство во Формула E

ЗАПЛЕТ ВО МЕКСИКО СИТИ ПО ВОЗБУДЛИВАТА ТРКА ВО САНТИЈАГО, КАРВАНОТ НА ФОРМУЛА Е КАМПУВАШЕ ВО МЕКСИКО СИТИ КАДЕ ШТО ВОЗАЧИТЕ ЈА ИМАА НАЈБРЗАТА ПАТЕКА ВО КАЛЕНДАРОТ, ВОЕДНО ВОЗЕЈЌИ НА НАДМОРСКА ВИСОЧИНА ОД 2.250 МЕТРИ.

Т

рката во главниот град на Мексико е стандардна во календарот на Формула Е од 2016 година и претставува можност на дело да се види брзината на овие конструкции со електричен погон на патека која е мешавина од градските улици и автодромот „Херманос Родригез“. Оваа станица од календарот на Формула Е дојде непосредно по трката во Сантијаго (Чиле), а надополнето со тоа дека Мексиканците секогаш прават феноменална атмосфера на трибините однапред навестуваше дека ќе биде вистински спектакл. Изедначеноста во перформансите е видлива, па акцент се става на менаџментот со енергијата, за да се избегнат ситуации како таа на Феликс да Коста во последниот круг во Чиле, кога мораше да се откаже од првото место до кое стигна по стартот од средината на колоната. Долгата стартно-целна рамнина и овој пат беше посочена како место за голем број престигнувања, особено при сопирање, но за 2020 година организаторите додадоа и нова дел-

52 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ница, обележана од свиокот број 4 до свиокот број 7. Во средината, од свиоците 9 до 13 се вози покрај трибините на бејзбол-стадионот Форо Сол, за во финишот да излезат низ Пералтада, последниот свиок кој е дел од Формула 1 патеката „Херманос Родригез“. Сето ова се наоѓа во олимпиското село од 1968 година, лоцирано во паркот Марија Миксака, која во традицијата на Ацтеките е позната како бабица, а локалното население ја прославува и како заштитничка на земјоделците кои и се молат за дожд. Ланскиот победник од Ауди, Лукас ди Граси, кој сè уште нема триумф оваа сезона, а тука има славено два пати, токму во оваа трка гледаше можност да се издигне, откако во Сантијаго поради старт од опашката на колоната стигна само до 7 место. Тој беше шести на првиот тренинг, а деветти на вториот тренинг, кога беше шест десетинки зад најбрзите. Но, квалификациите повторно беа потоп за него и за неговиот колега Даниел Абт (двајцата заедно ги имаат последните три победи во Мексико): Бразилецот заврши на 15-то место, додека Абт имаше

инцидент во кој се заби во заштитната ограда уште во тренинзите и ги пропушти квалификациите. - Ова беше најтешкиот судир во мојата кариера, - рече Абт кој беше однесен со хеликоптер во болница поради мерки на претпазливост. - Драго ми е дека возилата се безбедни и дека преживеав без повреда. Беше огромно постигнување од мојата екипа да направи нов болид за трката. Но, јасно беше дека од опашката на колоната не можев да направам ништо,рече Абт. На крилја на резултатите од Сантијаго, најбрзиот во квалификациите повторно се истакна и во Мексико Сити. Мич Еванс со Јагуар имаше време од 1:08.174, при што четири пилоти му беа зад петици со задоцнување од една до две десетинки, а големата изедначеност може да се види и низ фактот дека десеттиот Феликс да Коста беше на 0,366 секунди од него. Првите шестмина имаа дополнителна шанса во „супер-пол“ возењето да постават подобри времиња, а тогаш се случи изненадување, па Андре Лотерер со Порше постави време


1:07.922 со кое го истисна Еванс од првото место за 63 илјадити делови од секундата. Најблиску до нив беа Паскал Верлаин и Ник де Вријс со нецели три десетинки задоцнување, додека Себастијан Буеми и Сем Бирд беа на дистанца од четири односно пет десетинки. Согласно правилата, трката трае 45 минути плус еден круг, но прашањето на победникот беше решено на стартот, кога Еванс не му дозволи на Лотерер да избега и се втурна во бескомпромисен дуел од внатрешната страна на првиот свиок. Со тоа Еванс успеа да го врати водството, а Лотерер имаше лоша среќа и потоа беше инволвиран во друг инцидент каде што потешко го оштети болидот. Со перфектна егезкуција на планираното, Еванс не им дозволи на конкурентите да го загрозат, а зад неговиот грб – се одвиваше голема драма со излетувањата на Нико Мулер и Фелипе Маса. - Не ме сфаќајте погрешно, среќен сум што победив, но нема да се возбудувам поради тоа! Навистина е убаво чувството, бидејќи на претходниот настан во Сантијаго имавме проблеми со менаџменот на трката, а денеска покажавме дека тоа сме го надминале. Сакам да му се заблагодарам на тимот за работата меѓу двете трки,рече австралискиот пилот. Освен Лотерер, проблеми имаше и третиот на стартот, Ник Де Вријс, кој исто така, не ја заврши трката со болидот на Мерцедес. Пред 40-илјадната публика во Мексико тој на почето-

кот беше втор за Еванс, но потоа беше престигнат од другите и при еден таков момент се допре со сонародникот Роберт Фријнс. - За несреќа, мојата трка заврши во ѕидот. По инцидентот бев кај стјуардите, за мене чувството беше дека сум само патник и дека не можам да направам ништо. Сепак, сакав да се извинам за она што се случи, бидејќи не можав да го запрам болидот. Слично како во Чиле, возачите на ДС Течита имаа продуктивен ден, па стартувајќи од 8 и 9 место, Жан Ерик Верње и Антонио Феликс да Коста имаа уште славни моменти за радост на публиката. По набројаните откажувања, пред нив се најдоа Бирд и Буеми. По трката беше соопштено дека комуницирале со тимот за да изготват заедничка стратегија за финишот, но откако не успеале во тоа, Антонио Феликс да Коста го престигна Буеми и тргна во соло трка кон подиумот. На пет минути пред крајот, Бирд направи грешка додека беше под притисок, па Шпанецот го презема второто место, а Буеми веднаш по него како трет. Со таквиот распоред на крајот, Мич Еванс воедно го презема и првото место во генералниот пласман. - Не знаев дека сум предводник на табелата. Убаво е да си таму, но сè уште е рано, нештата можат брзо да се сменат на секоја од следните трки,скромно изјави Еванс.

Александар Табаковски

СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА Е ПРОДОЛЖИ СО ТРКАТА ВО МАРАКЕШ, КОЈА СЕ СЛУЧИ ПРЕД OБЈАВУВАЊЕ НА ОВОЈ БРОЈ НА КЛУБ МОБИЛИТИ. СЕПАК, СО ФОКУСОТ КОН СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА ОКОЛУ КОРОНАВИРУСОТ, ОРГАНИЗАТОРИТЕ НАЈАВИЈА ДЕКА ВОСПОСТАВУВААТ СУСПЕНЗИЈА НА ЦЕЛОТО ПРВЕНСТВО ВО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД ДВА МЕСЕЦА. СО НЕА, ОПФАТЕНИ СЕ И ПЛАНИРАНИТЕ ТРКИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА (СЕУЛ), ИНДОНЕЗИЈА (ЏАКАРТА), ИТАЛИЈА (РИМ) И ФРАНЦИЈА (ПАРИЗ). УШТЕ ВО ЈАНУАРИ БЕШЕ ОТКАЖАНА ТРКАТА ВО КИНА, ПА ТАКА, СО ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРИНУДНОТО МИРУВАЊЕ НЕШТАТА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРНО ЕВАЛУИРАНИ КОГА ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕНСТВОТО.

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


Светско првенство во Формула 1

ДРАМАТА ВО АВСТРАЛИЈА ГО ОТКАЖА СПЕКТАКЛОТ САМИОТ ФАКТ ШТО ОВОЈ ТЕКСТ ДОЖИВЕА ДЕСЕТИНА ПРОМЕНИ ОД МОМЕНТОТ КОГА БЕШЕ НАПИШАН, ДОВОЛНО ГОВОРИ ЗА ПОСТОЈАНОТО МЕНУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА И НЕМОЖНОСТА ДА СЕ СОПРЕ ХИСТЕРИЈАТА ОКОЛУ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ.

54 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Ф

ормула 1 беше меѓу последните кои реагираа со откажување на активностите и спортските настани, најавувајќи дека трката во Австралија ќе биде организирана според планот. На ова му одеше во прилог фактот дека оваа земја не беше зафатена од светската пандемија и дека жариштата низ светот беа далеку од Мелбурн. Сепак, ширењето низ Европа, континентот од каде што доаѓаат речиси сите екипи што учествуваат во Формула 1, беше доволно за да ги ничкоса плановите на организаторите. Притоа, сите мошне внимателно ги следат правните упатства, бидејќи самите трки се бизнис во кој се вртат големи пари и секој чекор мора да биде два пати проверен во поглед на својата легитимност. Угледниот британски магазин „Аутоспорт“ објави сторија дека во лавиринтот на правни одлуки сите инволвирани во организацијата се штителе не сакајќи да бидат подоцна обвинети за прекршување на договорите и да ја сносат вината за откажување на трката. Додека во најголемиот дел од светот локалните власти забранија собирања и одржување на спортски настани, Формула 1 ја уживаше поддршката од локалната власт во Австралија и привлече голем број туристи. Драмата во преговорите добила своја разрешница откако Мекларен се повлече од трката во четврток пред гран при викендот, поради објавата дека еден нивен член е позитивен и 14 кои биле во контакт со него мора да бидат во карантин. На последниот состанок во четврток навечер, по откажувањето на Мекларен, присуствувале сите тимски шефови, Рос Браун во името на компанијата која што го менаџира спортот, како и претседателот на ФИА, Жан Тод преку телефон. Согласно изворите на „Аутоспорт“, Ферари прв се приклучил кон Мекларен и најавил дека нема да учествува во трката без оглед на тоа дали таа ќе се одржи. Тимовите Хаас и Вилијамс, се дистанцирале од носење свои одлуки и афирмирале став дека ќе се приклонат кон

мнозинството. Согласно член 5.7 од Спортскиот правилник, било посочено дека една гран при трка може да се одложи доколку на неа има помалку од 12 болиди. На гласањето својот негативен став за одржување на Големата награда на Австралија го изнеле и Рено и Алфа Ромео, додека во насока на одржување на трката биле двете екипи на Ред Бул, Рејсинг Поинт и Мерцедес. Во такви услови на изедначеност, со 4 гласа „за“, наспроти 4 „против“ и 2 „воздржани“, било договорено последниот збор да го има Рос Браун. Се пренесува дека неговиот предлог бил да се одржат петочните тестирања, а потоа повторно да се сублимира ситуацијата. Но, драматичниот состанок во хотелот „Круна“ отишол во поинаква насока, откако тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, се консултирал со своите претпоставени во Германија. Наводно, тој не добил сугестија како да гласа, туку му било посочено дека ситуацијата во Европа ескалира и дека е оставено на него да одлучи. Тогаш Волф го известил Браун дека и Мерцедес ќе се повлече, со што вкупно 10 болиди останале со можност за настап, па организаторите де факто биле приморани да го откажат настанот. По ова следуваше официјално одложување и на трките во Бахреин и Виетнам од страна на ФИА во договор со организаторите кои го исчекуваа исходот од Австралија. Претходно Кина веќе беше официјално поместена за подоцна во сезоната. Веќе се шпекулира дека Шпанија е на чекор од одложување на трката во Барселона а Холандија, исто така, е во паника дали има шанса за смирување на ситуацијата со коронавирусот до 3 мај и веќе преговара за нов датум подоцна во годината. Во последниот медиумски настап, Рос Браун за „Скај спортс“ изјави дека сезоната ќе започне подоцна и нема да ја има августовската пауза, а можеби и ќе заврши подоцна. – Можеби ќе имаме принудна пауза, па ќе искористиме да речеме дека нема да има трки на почетокот од годината и ќе настојуваме да ги релоцираме подоцна во сезоната. Со ослободување на августовската пауза ќе добиеме неколку викенди во кои можеме да имаме трки. Сметам дека можеме да имаме сосема пристоен календар до крајот на годината,рекол Браун. – Мислам дека можеме да ги стиснеме сите, но прашање е кога ќе започне сезоната. Оптимист сум дека ќе имаме 17-18 трки или повеќе,- навел Англичанецот. Дополнително, во официјалното соопштение на Формула 1, се вели дека сега се очекува старт на крајот од мај, што би значело трка во Монако (24 мај или 31 мај) или дури во Азербејџан (7 јуни). Ако претходно се откажат шест трки (оние пред Монако) или седум (доколку нема трка ни во кнежевството на Азурниот Брег), а во августовската пауза има вкупно четири викенди, тоа значи дека барем две трки ќе се

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


возат во летни услови за сезоната да би имала навистина 17 или 18 трки. Ако на одложените трки им се најде нова дата попатно во календарот или подоцна во годината, тој број ќе биде и поголем. Формула 1 не е единственото големо спортско натпреварување кое е под закана од коронавирусот. На „тапет“ се завршниците во многу европски фудбалски првенства, како и самото европско првенство во фудбал, па дури и Олимписките игри во Токио. Целата планета е во исчекување на подобри вести за човечката раса која е на удар на „Ковид-19“, при што се затвораат границите и домашниот карантин е препорачан како најдобра превенција.

56 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Неофицијално, се заговараат откажување на интернационалните собири со цел да им се даде предност на локалните настани во спортови како фудбалот, бидејќи ако не се прогласат шампиони ќе биде на удар и целата агенда на европско ниво која треба да следува. Наспроти ова, спортовите како Формула 1 каде што само интернационалната агенда е во преден план, мора да мирува и да најде соодветен момент за рестарт со нов календар. Во медиумите беше лиферуван можен неофицијален календар, но сепак тој може да претрпи уште многу измени и поради тоа не треба да се земе предвид како веродостоен. Сепак, логиката

имплементирана во него укажува дека најсигурни се датумите на оние трки кои ќе бидат на почетокот од вака организираното првенство. Со други зборови, ако се остварат прогнозите за смирување на ситуацијата до крајот на мај, првите пет трки во Монако, Азербејџан, Канада, Франција и Австрија ќе останат според планираното, а со сите други ќе се разговара за нов термин. Полошото сценарио е дека по вестите за ширење на пандемијата во Канада, оваа трка или би можела да биде изземена, или сезоната да стартува на крајот од јуни во Франција.

Александар Табаковски


ИСТОРИЈАТА ГИ ПАМЕТИ ПОБЕДНИЦИТЕ НА ТРКИТЕ И ШАМПИОНИТЕ, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ ВОЗЕЛЕ 7 ТРКИ КАКО ВО ПРВАТА СЕЗОНА НА Ф1, ИЛИ 21 ТРКА ВО ИСТОТО ПРВЕНСТВО 70 ГОДИНИ ПОДОЦНА. СО МЕНАЏМЕНТ НА ПРИОРИТЕТИТЕ, НАЈПРВИН МОРА СИТЕ ДА ЈА ПРЕЖИВЕАТ ЕПИДЕМИЈАТА ВО НАЈДОБРО МОЖНО СЦЕНАРИО, КАКО И ДА ДОБИЈАТ ПОМОШ ДА ГИ САНИРААТ ШТЕТИТЕ ОТКАКО ЌЕ ПОМИНЕ.

Н

аспроти трагедијата што и се случи на Кина со коронавирусот, најголем дел од Европа живееше во убедување дека ќе може да се продолжи по нормалниот пат, можеби со забавено темпо и попатни пречки. Оттука, распламтената криза во почетокот на март ги остави неподготвени оние кои се во бизнисот со организација на трките и кои ќе претрпат големи финансиски штети од недостатокот на тркачки активности. Иако од бизнис агол може да се разбере нивната заинтересираност трките да се одржат, сепак се чини дека самите не се заштитија од можноста да им биде повлијаено. Кога зборуваме за Формула 1, испадна дека и еден заразен е доволно да прекине цел спектакл од таков ков, обезбеден со правни договори кои имаат „поцвртси темели“ од Бакингамската палата. Токму едниот механичар од Мекларен, повлече карантин за 14 луѓе, и откажување на тимот од трката. Теоретски, доколку тој не појдеше на пат, или самите организатори да успееја да направат поинакви рестрикции, желбата за одржување на трката пред публиката беше силна и се чини дека трка ќе имаше. Она што е непознато се сведува на тоа дали

австралиската држава по такво масовно собирање ќе имаше проблеми со ширењето на епидемијата. Голем број туристи дојдоа во Мелбурн, а откако се случија непопуларните одлуки на откажување, тие се соочија со проблеми околу враќањето дома. Од друга страна, некои настани, продолжија иако со намален интензитет. Така, Kатар организираше трка со мотоцикли, но таму ги немаше главните ѕвезди од Мото ГП класата. Во светот меѓу другите настани кои се случија беше и Европското првенство во снукер и билијард кое се играше во Албуфеира, Португалија, како и „Турнирот на кандидатите“ кој започна во Екатеринбург (на 1.600 км од Москва), затоа што Русија реши дека може да ја фарантира безбедноста поради фактот што има само 93 случаи на „ковид-19“. Сепак, и на двата настани беа забележани лица кои недостигаа, едноставно преку ноќ се откажаа од своите настапи. Во фудбалот на пример, УЕФА им остави на националните федерации „слобода да дишат“ откако принудната пауза ги загрози сите слободни термини. Летово беше резервирано за Европско првенство, па беше најдено елегантно решение со поместување на ЕП за летото во 2021 година. Дотогаш, фудбалските федерации ќе имаат можност да го планираат завршетокот на оваа сезона, финалните натпревари од клупските натпреварувања, како и почетокот на новите сезони. Повторно, целината е нарушена, но овој пат само со поместување на

дат и т е бидејќи ваквата манифестација може да си го дозволи тоа кога се игра еднаш на четири години. Авто трките и другите натпреварувања кои се возат како посебни сезони секоја сезона, ќе имаат најголема штета. Во најголем број случаи, таа штета нема да може да се надомести – времето ќе истече, ќе се извозат минимален број на трки, а заработките ќе опаднат по сите основи. Ако се размислува трезвено, треба да се бара начин да се санираат големите штети со цел да не се случи тоа да се одрази на иднината (на пример некоја промотерска куќа или автодром, или тркачки тим, да банкротира поради влијание од ваквите случки. На крајот на денот, ова е само спорт. Бизнисот мора да биде во втор план, бидејќи историјата ги памети победниците на трките и шампионите, без оглед дали возеле 7 трки како во првата сезона на Ф1, или 21 трка во истото првенство 70 години подоцна. Со менаџмент на приоритетите, најпрвин мора сите да ја преживеат епидемијата во најдобро можно сценарио, како и да добијат помош да ги санираат штетите откако ќе помине. Спортот сигурно ќе преживее, за дел од бизнисите тоа едноставно не може да се каже. •

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


WRC – Рели Шведска

БРИТАНЕЦ ЈА ОСВОИ ШВЕДСКА

EЛФИН ЕВАНС ЗАД ВОЛАН НА TOYOTA YARIS WRC Е ПРВИОТ РЕЛИ ВОЗАЧ ОД БРИТАНИЈА КОМУ МУ ПОЈДЕ ОД РАКА ДА ГО ОСВОИ РЕЛИТО НА ШВЕДСКА. ВОЕДНО ПОБЕДАТА ГО ПРАТИ НА ВРВОТ ВО ШАМПИОНАТОТ ЗА ВОЗАЧИ КАДЕ ГО ДЕЛИ ПРВОТО МЕСТО СО ТИЕРИ НУВИЛ.

58 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


С

о многу проблеми стартуваше годинешното рели на Шведска. Мекото време и невообичаено високите температури за овој период од годината им предизвикаа многу главоболки на организаторите. Беше јасно дека годинава релито нема да биде исклучиво снежен настан и дека екипажите ќе мора да се соочат со микс од чакал, мраз и снег на патеките. Затоа организаторите се одлучија за скратен итинерер, а дел од брзинските испити беа префрлени и водеа и низ шумите на Норвешка. Во едни прикрпени услови релито сепак приреди многу возбуда и сосема неочекувано го доби својот прв победник кој доаѓа од Велика Британија. Елфин Еванс кој годинава мина во тимот на Toyota Gazoo Racing успеа да ги надвози своите ривали и зад волан на својата Toyota Yaris WRC стана првиот Британец во историјата кој победил на релито на Шведска. Рели кое датира од далечната 1950-та година и е дел од Светскиот шампионат во рели од неговото основање во 1973 година. Ова е втор пат Еванс да слави на едно светско рели, првата дојде во 2017 на домашното рели на В. Британија. Еванс брилиираше во Шведска и буквално ги смете своите ривали од патеките. И сосема очекувано со оглед на одличните перформанси и на првото рели од сезоната Монте Карло каде му дишеше во врат на својот тимски другар и шесткратен шампион Себастијан Ожие и за влакно не успеа да го престигне и да го освои второто место. Раното водство како да го претскажа конечниот исход на релито. Еванс поведе уште во петок, на првиот ден од релито. На двапати ги сменија позициите со актуелниот шампион От Танак кој прејде во тимот на Hyundai Motorsport и во Монта Карло доживеа страшен инцидент. Сепак брзината на Танак не беше доволна за да се загрози налетот на Еванс. Тој го заврши денот на највисокото скалило следен од Танак и од тимскиот другар тинејџерската сензација Кале Рованпера кој зад волан на Yaris WRC, исто така, е вистинско изненадување годинава. Единствено Ожие не успеваше да најде соодветен ритам на своите сотимци иако успеа на крајот од денот да го доведе својот Yaris WRC на четвртата позиција. Жалејќи се на сетапот кој не одговара за условите во Шведска Ожие го заврши денот со ветување за позначајни измени во текот

на ноќта. Еванс не дозволи да го најде изненадување ниту во сабота, вториот ден од релито. Напротив го засили темпото и успеа да ја зголеми предноста во однос на Танак. Естониецот никако не можеше да најде одговор за налетот на Еванс и затоа одлучи да вози мудро и да ја сочува позицијата. Вистинската битка се водеше меѓу тимските другари Ожие и Рованпера. Младиот Финец на кого ова му е втор настап во WRC покажа завидна брзина на непредвидливите патеки чија подлога се менуваше буквално од метар, во метар, од чакал, во мраз и снег и обратно. Сепак, не успеа да се одбрани од налетот на искусниот Ожие и на крајот од денот мораше да го предаде третото место за минорни 0,5 секунди. На последниот ден од релито, во недела, се очекуваше ситуацијата на теренот да се искристализира. Еванс уживајќи во големата предност мирно го однесе своето возило во победа која ја искуси и неговиот совозач Скот Мартин. Танак мораше да се задоволи со второто место, додека за третото битката повторно беше најголема. Сензационално Кале Рованпера буквално на последниот брзински испит од релито го надвози Ожие и му го украде третото место. Ожие не можеше да им верува на своите очи дека е победен од еден почетник, но сепак го призна поразот и беше полн со пофални зборови за возењето на Рованпера. Со своите 19 години Рованпера стана најмладиот возач во историјата на WRC кој се качил на победничкиот подиум. Подеднакво голема борба се водеше и за петата позиција меѓу Есапека Лапи со Ford Fiesta WRC и победникот од Монте Карло Тиери Нувил. На крајот од денот Лапи успеа да биде подобар и да го победи Нувил за петтото место. Одушевен од успехот на своите возачи директорот на тимот на Toyota, искусниот лисец Томи Макинен најави атак на титулата и меѓу производителите, и меѓу возачите, како од Ожие, така и од Еванс. Малку разочаран бидејќи го загуби третото место Ожие најави целосен напад на следното рели на Мексико кое важи за првото вистинско рели од сезоната што се вози на чакал. Еванс и Нувил со по 42 бода водат во шампионатот за возачи. Ожие е трет со 37 бодови, а четврти е Рованпера со 30 бодови. Меѓу производителите Toyota води со 73 бодови пред Hyundai со 63 и M-Ford со 40 бодови. • Љубомир Атанасовски

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА АМСМ Освен бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ Членство ви нуди специјални попусти во над 250 АМСМ Партнер продажни места! Од туристички агенции, ресторани, здравје и убавина, бутици, продавници за спортска опрема, автоделови, кафулиња, оптики и уште многу други места, каде што попустот може да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна членска картичка АМСМ. Во прилог само дел од нив:

Накит и часовници „OXÉTTE“ Подарете стилско парче накит или елегантен рачен часовник и нема да погрешите со подарокот. Притоа искористете ја привилегијата што сте наш член, покажете ја вашата валидна членска картичка АМСМ и добивате 10% попуст. Локација: Сити Мол, ГТЦ и Рамстор - Скопје

Центар за слабеење, фризерки и козметички услуги „SILHOUETTE“ Направете промена на бојата на косата или на фризурата. Резервирајте си специјален третман на лицето или на телото. Разгалете се сами себе во „Silhoutte“ и како наши членови заштедете 10% на сите услуги. Локација: ул.„Васил Главинов“ бр.7б и Сити Мол - Скопје

Продавница за велосипеди и опрема „BIKE MARKET“ Пролетта е на прагот, па дочекајте ја подготвени. Само покажете валидна АМСМ членска картичка и заштедете 15% на велосипед SCOTT или изберете друг бренд со 22% попуст. Резервните делови ги добивате со 25% попуст. Локација: бул.„Илинден“ бр.69 - Скопје

Кафе ресторан „КОЛЕКТИВ“ Ако сте бургер и точено пиво, послужени во џез-атмосфера, тогаш соберете ги пријателите и задолжително посетете го „Колектив“. Покажете ја вашата членска картичка АМСМ и заштедете со 10% попуст на износот на сметката. Локација: Плоштад „Македонија“ - Скопје

АМСМ Партнер попустите не може да ги користите за производи и услуги што се на акциска цена. Сите други АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив може да најдете во брошурата во прилог, на веб-страницата на АМСМ, како и на бесплатната мобилна апликација АМСМ наменета за Android и iOS базирани мобилни телефони. 60 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2020


FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”

2

02.2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

02.2020

3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

02.2020


МОМЕНТ МАЛ

02.2020

5


6

02.2020


02.2020

7


“

8

02.2020


02.2020

9


02.2020


02.2020


%

02.2020

10


2008

02.2020


15%

02.2020


02.2020


02.2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.