AMSM Klub Mobiliti Juli-Avgust 2020 elektronsko br.47

Page 1

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


СРЕЌЕН ПАТ И ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Бојан Димитријевиќ РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

Сезоната на годишни одмори е пред нас, а планот за посета на саканата дестинација е веќе подготвен... За жал, оваа година нашите планови за добар годишен одмор ќе завршат во рамките на нашата држава. Нѐ очекуваат прекрасни езера, преубави планини, развиен селски туризам, туристички гратчиња што пленат со својата историја и убавина, приватни објекти што речиси се на исто ниво со тие на соседите... места што навистина заслужуваат да се посетат и каде што може во одморот да ужива секој домашен турист. Помалите или поголеми детали околу подготовката за патување ќе ги завршите... сè е подготвено за тргнување на пат. Но веројатно од големата збрка околу подготвувањето забораваме дека во сезоната на годишните одмори треба да се потсетиме на голем број опасности што ги носат патувањата. Мал е бројот на возачи што пред тргнување на пат ја проверуваат проодноста на патиштата што водат до одредена дестинација. Ова особено се однесува на фреквенцијата на возила на пат. Сообраќајниот хаос ќе биде зголемен особено на патните правци кон туристичките и излетничките места, особено за време на викендите и на претсојните празници. Оваа информација можете да ја добиете многу лесно со еден телефонски повик во Контакт центарот (15-555), на веб-страницата на АМСМ СПИ www.amsmspi.mk и во бесплатната мобилна апликација АМСМ наменета за ајфон и андроид во иконата Состојба на патишта. Не треба да се заборави и на малите подготовки на вашиот автомобил. И наместо да одите од мајстор до мајстор на овие високи температури најсигурно е да го посетите нашиот АМСМ сервис каде што можете да направите проверка на возилото, односно комплетна техничка дијагностика и безгрижно да тргнете на пат. Јулскиот број на Клуб Мобилити е исполнет со многу интересни информации и совети. Во него има за секого нешто, така што сигурно ќе го исполните слободното време запознавајќи се со интересни содржини... СРЕЌЕН ПАТ И ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ! Приспособете ја брзината на условите на патот и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, не само заради лична безбедност туку и заради безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во септември 2020 година, во електронска верзија на вашата емаил адреса и на веб страницата на www.amsmklubmobiliti.mk

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Маргита ПОПОВСКА

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


9 10

14 18

26

30

32

НОВОСТИ ЈУБИЛЕЕН МОДЕЛ ВО ЧЕСТ НА ПОБЕДАТА НОВАТА, ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА АВТО-МОТО УРБАНИОТ ШАРМЕР ВОЗИ НА СТРУЈА МАЧКА КОЈА ДОАЃА ДИРЕКТНО ОД ПЕКОЛОТ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ РЕЧИСИ СИТЕ СЕ ДОБРИ СТИЛ МЕДИТЕРАНСКА ИСХРАНА, ЕМ ВКУСНА ЕМ ЗДРАВА

38

40

ИСТОРИЈА КУТИВЧЕТО НАРЕЧЕНО ПАНДА

48 50

Моделот 208 уште од самиот почеток е дизајниран да биде електрифициран, па така како резултат...

38

ПАТУВАЊЕ УЖИВАЈТЕ ВО МЕСТАТА КАДЕ ШТО СÈ Е МИСТИЧНО, ВОЛШЕБНО И РАЗЛИЧНО HI-TECH ГРАДСКИ СОКОЛ НА СТРУЈА

44

14

СПОРТ ХАМИЛТОН И МЕРЦЕДЕС „ИМУНИ“ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВРАЌАЊЕТО НА ОСАМЕНИОТ ВОИН ЦЕЛ НИ Е ДА НАПРАВИМЕ ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ПАТЕКИ ВО ЗЕМЈАВА И ПОШИРОКИОТ РЕГИОН

Летало кое ќе полетува и слетува по вертикала и како погонско гориво ќе користи водород...

Да се гледа едно рели низ око на механичарите е ретко и несекојдневно искуство кое го доживува оваа мала група на искусни и ентузијастички....

56

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


АВСТРИЈА / ДОПОЛНИТЕЛНА ПАТАРИНА ПАТАРИНИТЕ СЕ НАПЛАТУВААТ НА НЕКОИ ПЛАНИНСКИ ПАТИШТА И ТУНЕЛИ, ЗА ВОЗИЛА НАД 3,5 Т ВАРИРААТ СПОРЕД БРОЈОТ НА ОСКИТЕ И КАТЕГОРИЈАТА НА ЕМИСИИ НА ЕУРО. ARLBERG TUNNEL МЕЃУ TYROL И VORARLBERG И ОД ST. ANTON ДО LANGEN

моторно возило што не надминува 3,5 тони (мотоцикл, автомобил со или без караван, минибус, комбе)

10.50 €

камион, автобус, комбе над 3,5 тони до 2 оски

од 9.83 до 10.62

камион, автобус, кампер комбе над 3,5 тони до 3 оски

од 13.78 до 14.89

камион, автобус над 3,5 тони со 4 оски или повеќе *

од 20.58 до 21.94

* без оска за приколка на автобуси BRENNER MOTORWAY (МЕЃУ ТИРОЛ И ИТАЛИЈА)

(Innsbruck до граница со моторно возило што не надминува 3,5 тони (мотоцикл, Италија) автомобил со или без караван, минибус, комбе) Innsbruck Wilten - Brenner

Innsbruck Amras - Brenner

камион, автобус, комбе над 3,5 тони до 2 оски

од 25.21 до 25.60

од 26.02 до 26.41

камион, автобус, кампер комбе над 3,5 тони со повеќе од 3 оски *

од 35.30 до 35.84

од 36.42 до 36.98

камион, автобус над 3,5 тони со 4 оски или повеќе *

од 52.94 до 53.76 ** ноќна стапка: од 105.88 до107.5

од 54.63 до 55.46 ** ноќна стапка: од 109.27 до 110.94

10.00 €

* без оска за приколки за автобуси ** Се применува општа ноќна тарифа од 22:00 до 05:00 часот за возила со 4 оски или повеќе FELBERTAUERN ROAD (САЛЦБУРГ И ИСТОЧЕН ТИРОЛ)

Тунелот Felbertauern е отворен во текот на цела година. Ја поврзува областа Kitzbühel со Источен Тирол, со што се обезбедува брза север-југ маршрута преку Австрија од Минхен до Италија и Словенија. мотоцикл

10.00 €

приватен автомобил (со или без приколка), кампер комбе, минибус со најмногу 9 седишта

11.00 €

камион до 3,5 т

11.00 €

камион над 3,5 тони - со 2 оски

30.00 €

камион над 3,5 тони - со 3 оски

45.00 €

камион над 3,5 тони - со 4 или повеќе оски

60.00 €

автобус

30.00 €

GERLOS ROAD (МЕЃУ САЛЦБУРГ И ТИРОЛ)

6

мотоцикл

7.00 €

приватен автомобил со или без приколка, кампер комбе, минибус до 9 седишта

10.00 €

кампер комбе, минибус до 9 седишта

1.90 €

камион до 3,5 тони

17.50 €

камион над 3,5 тони

26.00 €

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


GROSSGLOCKNER ВИСОК ПАТ НА АЛПИ (ЗАТВОРЕН ВО ЗИМА ОД НОЕМВРИ ДО СРЕДИНАТА ИЛИ КРАЈОТ НА АПРИЛ )

мотоцикл

27.00 €

приватен автомобил, минибус до 9 места

37.00 €

автомобил со приколка, камперско комбе, 3,5 т максимум

37.00 €

автобус - по лице

5.80 €

* без оска за приколки за автобуси ** Се применува општа ноќна тарифа од 22:00 до 05:00 часот за возила со 4 оски или повеќе АВТОПАТ INNTAL

моторно возило што не надминува 3,5 тони (мотоцикл, автомобил со или без приколка минибус, комбе)

Покриено со вињет

камион, автобус, камперско комбе над 3,5 тони со најмногу 2 оски

од 21.22 до 21.53

камион, автобус, камперско комбе над 3,5 тони со најмногу 3 оски

од 26.69 до 30.16

камион, автобус над 3,5 тони со 4 оски или повеќе *

од 44.53 до 45.22

* без оска за приколки за автобуси ТУНЕЛ KARAWANKEN ТУНЕЛОТ КАРАВАНКЕН ЈА ПОВРЗУВА АВСТРИЈА СО СЛОВЕНИЈА МЕЃУ СВЕТИ ЈАКОВ И ЈЕСЕНИЦЕ.

моторно возило што не надминува 3,5 тони (мотоцикл, автомобил со или без приколка, минибус, комбе)

7.50 EUR

камион, автобус, камперско комбе над 3,5 тони со најмногу 2 оски

од 9.88 до 10.42

камион, автобус, камперско комбе над 3,5 тони до 3 оски

од 13.82 до 14.59

камион, автобус над 3,5 тони со 4 оски или повеќе *

од 20.70 до 21.65

* без оска за приколки за автобуси Тунелот е забранет за комерцијални возила за стока над 7,5 тони, во лето, во сабота од 05:00 до 12:00 часот. АВТОПАТ PYHRN (STYRIA) (ТУНЕЛИ GLEINALM И BOSRUCK )

Тунели

Gleinalm

Bosruck

моторно возило што не надминува 3,5 тони (мотоцикл, автомобил со или без караван, минибус, комбе)

9.50 EUR

5.50 EUR

камион, автобус, камперско комбе над 3,5 тони до 2 оски

од 12.73 до 13.91

од 5.23 до 5.71

камион, автобус, камперско комбе над 3,5 тони до 3 оски

од 17.84 до 19.51

од 7.33 до 8.00

камион, автобус над 3,5 тони со 4 оски или повеќе *

од 20.70 до 21.65

од 10.94 до 11.76

Автопат

Целиот пат *

Делумно *

моторно возило што не надминува 3,5 тони (мотоцикл, автомобил со или без караван, минибус, комбе)

12.50 EUR

6.50 EUR

камион, автобус, камперско комбе над 3,5 тони до 2 оски

од 22.38 до 25.59 од 5.23 до 5.71

камион, автобус, кампер комбе над 3,5 тони до 3 оски

од 31.37 до 34.48

камион, автобус над 3,5 тони со 4 оски или повеќе

од 46.84 до 50.57 од 10.94 до 11.76

* без оска за приколки за автобуси TAUERN (SALZBURG И CARINTHIA) (ГОРЕН ДЕЛ)

од 7.33 до 8.00

* ПОКРИЕНО РАСТОЈАНИЕ 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


BMW

НОВИТЕ МОТОРСПОРТ „ТРОЈКА“ И „ЧЕТВОРКА“

Б

аварскиот производител на патнички моторни возила од премиум класата, најави светска премиера на моделите, лимузината „м 3“ и нејзиното купе „м 4“. Тоа „м“ во ергелата на баварската работилница значи моторспорт, а штом е така тогаш во овие два модели ќе има не многу туку премногу коњски сили. Податоков за многуте коњски сили доаѓа директно од врвот на компанијата која најавува многу поснажни погонски единици од претходната серија. Според распоредот и планот, новитетите треба да бидат прикажани пред светската јавност годинава

во септември. Стандардните модели ќе носат линијски шестцилиндричен мотор со зафатнина од 3,0 литри и двојна турбина со чија помош моторот ќе биде способен да произведе фантастични 480 КС и сето тоа со шестстепен обичен менувач. Ова со обичниот менувач е на барање од клиентите ширум светот, на нивно настојување популарниот менувач сè уште е во игра. Моделите со наставка „компетишн“ во себе ќе носат агрегати со зголемена силина, односно 510 КС во комбинација со автоматски осум степен „м стептроник“ менувач. •

VOLVO

ТЕХНИЧКИ НЕДОСТАТОК ВО СИГУРНОСНИТЕ РЕМЕНИ

З

амислете си ја ситуацијава, компанијата која на голема врата ги внесе сигурносните ремени во автомобилите на чело со нивниот иноватор Нилс Бохлин, денес е загрижена поради дефект на тие исти ремени. Сета збрка е околу затегнувачите кои во одредени услови и под одреден режим на работа не ги исполнуваат своите обврски, односно затегнувачите откажуваат послушност. И сега Волво ќе отповика околу 2,1 милиони возила произведени во периодот од 2006 до 2019 година. Како што изјави производителот проблем со затегнувачите на сигурносните ремени имаат следниве модели: „с 60“,

8

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

„с 60 л“, „с 60 цц“, „в 60“, „в 60 цц“, „икс ц 60“ , „в 70“, „икс ц 70“, „с 80“ и „с 80 л“. Оваа одлука со себе носи и зголемени трошоци, но главните во компанијата ниту спомнаа нешто за и околу финансиите, а не пак да даваат објаснување што и колку ќе чини сета операција – тоа е одлика исклучиво на вистинската господа, а не на самонаречените. Колку за ваша информација, Волво се откажа од парите што останатите компании се должни да му платат за користење на неговиот изум и сето тоа во служба на хуманоста и човештвото. Значи вистинската господа, а не самонаречената. •


САЕМ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ЖЕНЕВА

ПОВТОРНО ОДЛОЖУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ

O

ва се само почетоци, инаку допрва ќе трпиме последици од пандемијата која ни се случува, а повторното одложување на најголемиот меѓу најголемите, Саемот за автомобили во Женева е само уште еден доказ за претходно напишаното. Најнапред беше откажано годинашново шоу, а сега се најавува второ откажување. „Сликата“ која се надвиснала над оваа манифестација не е воопшто за гледање, а уште помалку за спомнување, но ред е да бидат известени големите љубители на автомобилите, дека најважниот годишен саем во светот за автомобили повторно е откажан. Едно од пандемијата, а друго поради финансиските потешкотии и недореченостите за и околу кредитот во вредност од 16,8 милиони швајцарски франци кој му е одобрен на организаторот од страна на кантонот Женева. Сепак, тие недоречености во кредитирањето го натераа организаторот на

саемската манифестација повторно да ги затвори вратите. Што сега? Некои велат дека организаторот го отстапува своето место на некој друг организатор за соодветна сума пари. Колку што може да се прочита меѓу редови, Салонот за автомобили во Женева заедно со организацијата е на продажба. Треба да се има во предвид едно нешто, а тоа е дека овој саем е најголемиот во светот и е еден и единствен по многу нешта. Затоа сите производители без исклучок сакаат да дојдат во Женева и токму таму да бидат претставени нивните нови автомобили. Сета продажна конструкција, саемска манифестација плус организација, се заокружува со сума од 200 милиони швајцарски франци, барем така велат дека толку вреди сето тоа. Колку за утеха вработените во управата на Палекспо во чија сопственост се саемските хали, најтопло препорачуваат новинарите и посетителите да се подготват за мартовското издание во 2022 година. •

MCLAREN

ЈУБИЛЕЕН МОДЕЛ ВО ЧЕСТ НА ПОБЕДАТА

K

омпанијата „Мекларен“ е една од ретките чии автомобили за првпат учествувале на легендарната трка 24 часа Леман и воедно победиле. Таквата комбинација е премногу ендемична и затоа во компанијата се посебно горди на овој успех на патеката Сарте. Редно е да го спомнеме победничкиот автомобил „мекларен ф 1 гтр“ кој во 1995 година за време од 24 часа извозел најмногу кругови, а тоа значи искачување на првото место на подиумот и титулата во џеб. Во чест на 25. годишнината од победата, Мекларен подготви 50 јубилејни автомобили модел „720 с леман спе-

шл едишн“. Во понуда се две бои, меклареновата портокалова, неговиот заштен знак од боја и сива „сарте“. Моторот кој ќе биде вграден во автомобилот има осум цилиндри распоредени во V со вкупна работна зафатнина од 4,0 литри. Со помош на двоен турбо компресор, механичкиот сколоп располага со 720 КС доволни за крајни + 340 км/ч и од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди. Само 50 купувачи ќе имаат привилегија да го поседуваат овој јубилеен примерок и сигурно тие купувачи се веќе познати и долгогодишни клиенти на Мекларен. Цената на еден примерок изнесува скоро 300.000 евра, односно точно 284.771 евро. • 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


ŠKODA OCTAVIA

НОВАТА, ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

Ц

ели 60 години моделот Octavia е столб на портфолиото на возила од чешкиот бренд. Големиот број на клиенти е доказ за тоа колку се ценат неговиот просторен ентериер, безвременски дизајн и одличната вредност за вложените пари. Комплетно новата генерација на Octavia зрачи со надворешниот дел кој иако со целосно нов изглед поседува многу детали кои јасно и непогрешливо говорат дека доаѓа од куќата на Skoda. Елементите како кристалниот дизајн кој зрачи со прецизен и безвременски финиш се отсликуваат на надворешноста. Исто така, на предниот дел се наоѓа новата решетка со хромиран финиш во форма на шестоаголник, а покрај неа се наоѓаат комплетно новите full LED светла со остар изглед. Дизајнот на предниот дел се пренесува по должината на целото возило преку препознатливата т.н. Торнадо линија и завршува на задниот дел, на кој јасно се забележува движењeтo коe го нагласува класичниот и елегантен изглед на Octavia. Димензиите се зголемени и сега Octavia има должина од 4.689 мм и ширина од 1.829 мм, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.686 мм. Поголемите габарити на надворешноста прават разлика во внатрешниот дел, каде просторот е максимално искористен за врвен комфор на патниците. Дизајнот на внатрешноста е целосно променет, а пред возачот е поставен управувач со два краци и дигиталниот кокпит со избор помеѓу четири прикази на информации. На централната конзола се наоѓа инфозабавен систем кој доаѓа во две големини, од 8,25 до 10 инчи. Во зависност од изведбата функциите на системот можат да бидат контролирани со гестикулации, или во комуникација со Лаура, вашиот личен Skoda виртуелен асистент. Комфорни патувања ветуваат седиштата во сите нивоа на опрема, благодарение на одличната лумбарна поддршка и функцијата за масажа кај повисоко опремените примероци. Сите материјали во внатрешноста се меки на допир, обложени со кожа, или квалитетна ткаенина кои даваат севкупно премиум чувство. Оставите во вратите се големи, просторот во наслонот за рака е одличен, а во оставата за телефон е интегриран безжичен полнач кој доаѓа во повисоко ниво на опременост. Дополнително, за патниците се достапни 5 USB приклучоци. Во задниот дел, веднаш се забележуваат зголемените пропорции во однос на претходната генерација. Сега патниците имаат уште поголем простор за максимален комфор при долги патувања. Кога станува збор за практичноста, Octavia отсекогаш е лидер во класата. Низ целата внатрешност интегрирани се многу детали кои секако ќе ви бидат од корист, како џебовите за телефон на страничните делови од предните седишта. Веќе познатите Simply Clever решенија продолжуваат и во новата генерација на Octavia. Како што

10 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

се гребалката за мраз која се наоѓа под капакот за полнење гориво со која, исто така, можете да ја измерите длабочината на шарите на вашите пневматици. Тука се и држачите за таблет на задните страни од седиштата, чадор во предните врати, како и штипка за паркинг тикет на ветробранското стакло. Големината на багажниот простор изнесува 600 литри, што е речиси двојно повеќе од некои возила во класата. Со спуштени седишта, просторот се зголемува на неверојатни 1.740 литри. Во багажниот простор паметно интегрирани се повеќе закачалки, дополнителни прегради за организирање на багажот, двоен под со гумена и страна од ткаенина. Новата Octavia стандардно доаѓа со системот за итно сопирање, систем за одржување на коловозна лента, како и функцијата за итен повик во случај на незгода. Дополнително достапни се системите за набљудување на слепа точка, систем за спречување на незгода, предупредување при напуштање на возилото и системот за сообраќаен метеж. Интелигентниот адаптивен темпомат врвно го олеснува патувањето, додека сензорите и задната камера се секогаш корисни при паркирање. Понудата за Octavia започнува со 1.0 и 1.5 литарски турбо бензински мотори со мануелен, или автоматски DSG менувач со двојна спојка и моќност од 115 и 150 КС. Дизел верзиите емитуваат 80% помалку NOx гасови од порано, благодарение на двата секвенцијални катализатори. Моќноста на два литарскиот дизел мотор е, исто така, поделена на две верзии и изнесува 115 КС или 150 коњски сили. Цените за новата Octavia стартуваат од 19.700 евра колку што треба да се издвои за бензинскиот 1.5 литарски мотор со 150 КС и се искачуваат до 27.910 евра за кои се добива најопремената 2.0 литарска дизелска верзија со 150 КС. •


07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2020 ГОДИНА И ПРИЗНАНИЕТО СУВ НА ГОДИНАТА

ВРАЧЕНА НАЈПРЕСТИЖНАТА И НАЈПОСАКУВАНА НАГРАДА

Н

ационалното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“, на 13 јули 2020 година во Скопје, по 25. пат ги врачи најпрестижната и најпосакуваната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата. Победникот, моделот Opel Corsa беше прогласен уште во февруари, но поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено. Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците. За победникот Opel Corsa е врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година, а признанието СУВ на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4. „Во специфични услови за сите нас го заокружуваме овој 25-ти Национален избор на Автомобил на годината во Македонија. Горди сме што најстарата манифестацијата од ваков вид останува препознатлива, а наградите што ги доделува примамливи за секој производител. Заедно со импортерите на возила го подигнавме изборот на повисоко ниво и со транспарентни правила и критериуми ја продолжуваме традицијата почната уште од 1995 година. Верувам дека и следниот период заеднички ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“. Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои се оценуваа според следниве шест критериуми: - адекватност и понуда на домашниот пазар - економичност и еколошка прифатливост - безбедност и примена на технолошки достигнувања - возни својства - дизајн - комфор и опременост Секој член на Жирито имаше на располагање 120 бодови што требаше да ги распредели на моделите финалисти. Победничкото возило Opel Corsa доби 110 бодови од жирито (4 гласа), пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV 4 модел што доби 81 бод. Гласот од финалистите, импортерите кои учествуваа со сопствени автомобили во изборот, годинава го доби моделот MAZDA 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласаа

12 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

три (3) со што овој модел доби еден рамноправен глас при гласањето. „Благодарни сме за ова, за нас многу важно признание, кое годинава и припадна на новата Opel Corsa. Изборот на Автомобил на годината во Македонија е награда која нам исклучително многу ни значи, особено во ова време на неизвесност, кога сите на некој начин се одвикнавме од убави работи. Иако во една од најтешките години во автоиндустријата, со ова признание ставивме шлаг на тортата од сите награди кои ги доби новата Opel Corsa од својата премиера на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт во септември лани. Со најразличните награди и признанија кои таа ги доби, шестата генерација на Opel Corsa докажа дека е вистински автомобил за секого и уште еднаш покажа зошто е бестселер на брендот Opel уште од далечната 1982 година. Во новата Corsa, сега Opel нуди технологии и системи за асистенција кои на купувачите вообичаено им се познати од повисоките класи на возила. Очигледно дека членовите на жиријата ширум светот тоа добро го препознале. Ја користам можноста уште еднаш да ви се заблагодарам што и вие направивте ваков избор“, вели Александар Мешков, регионалниот претставника на Opel за Македонија, Албанија и Косово. •

Признанието за СУВ на годината годинава го доби моделот Toyota RAV4. -Компанијата „Toyota Авто Центар“ како генерален застапник за Toyota во нашата земја изразува голема благодарност до националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија што ги препозна и ги потврди квалитетите на петтата генерација на RAV4 преку доделување на наградата „SUV на годината“. Оваа награда ќе биде уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во нашата земја, но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а сè уште не ја донеле својата одлука на избор, -вели Ана Трајковска, маркетинг менаџерот на Toyota Авто Центар.


Софтвер за онлајн нарачки Едноставно и брзо извршување на нарачки Безбеден систем за наплата

Софтвер за онлајн работење Лесна комуникација помеѓу вработени Креирање и поврзување на проектни комуникациски канали

Софтвер за онлајн следење на проекти и рекламации Онлајн пријавување на дефекти и рекламации Следење на проекти и работни задачи

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


Возевме – Peugeot e-208 Allure 50 kWh

УРБАНИОТ ШАРМЕР ВОЗИ НА СТРУЈА ФРАНЦУСКАТА КОМПАНИЈАТА ГО КОМБИНИРА МИНАТОТО СО СЕГАШНОСТА ВО МОДЕЛОТ Е-208, A КАКО РЕЗУЛТАТ СЕ ДОБИВА НАДВОРЕШЕН СТАЈЛИНГ КОЈ ГО ПРАВИ ЕСТЕТСКИ ЛИДЕР ВО КЛАСАТА, ВНАТРЕШНОСТ КОЈА Е УНИКАТНА НА ПОСЕБЕН, ФРАНЦУСКИ НАЧИН, А ПОД ПОКЛОПЕЦОТ СМЕСТУВА ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР.

14 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ФУТУРИЗАМ ИНСПИРИРАН ОД МИНАТОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЕЛЕКТРО МОТОР

ЗАФАТНИНА:

50 KWH

МОЌНОСТ:

100 kW - 136 КС

МЕНУВАЧ:

ДИРЕКТЕН МЕНУВАЧ

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ТОРЗИОНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 195/55 R16, ПОЗАДИ 195/55 R16

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

КГ 1.430 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:

4.055X1.745 X1.430 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

8.1 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5.1 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

150 КМ/Ч

АВТОНОМИЈА НА ДВИЖЕЊЕ

340 КМ (WLTP)

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

36.060 EU

Дизајнерите при обликувањето на екстериерот кај 208та користеле елементи кои асоцираат на неговиот далечен предок, моделот 205, а во исто време совршено го имплементирале дизајнерскиот јазик применет кај големиот 508 сега во компактна средина. Темната лента над задната врата и ознаката потекнува од познатата 205-ка, што покажува дека во предниот дел Peugeot го комбинираше минатото со сегашноста. Нумеричката ознака е поставена на предниот поклопец а логото на лавот во решетката датира од седумдесеттите години на минатиот век, додека, пак, „забите“ што навлегуваат во браникот се детали од новото време. Јасно влечените линии и речиси совршените пропорции со одлично одмерен карактер го прават 208 посебен, речиси да нема конкурент во оваа класа што може да го победи кога стајлингот е во прашање, едноставно моделот 208 е естетски лидер во оваа класа. Одлуката електричните изведби да не се разликуваат од остатокот на моделите е правецот по кој реши да се движи Peugeot. Буквално сè се сведува на неколку детали, сјајните обраби над отворите на тркалата, „е“ значките поставени во С столбовите, предната решетка во бојата на каросеријата, а препознатливото лого „лавот“ ја менува бојата во зависност од светлината што паѓа на него.

ВОНСТАНДАРДНО ЧУВСТВО

Како и на надворешноста, Peugeot нема потреба да ги менува работите и во внатрешниот простор, впрочем тука дигитализацијата е присутна во сите моделски изведби, останува да кажеме дека кабината на е-208, е како и кај неговите браќа кои користат фосилни горива и е нешто сосема различно од она што сме навикнати да го сретнеме во овој сегмент. Распоредот и амбиентот создаваат чувство кое е на врвот на класата, ова е навистина квалитетно место каде што времето поминато зад управувачот носи насмевка на лицето. Сето тоа се должи на најновата генерација на i-Cockpit системот во 3D изведба со што сите најважни информаци се прикажани во прв план како холограм и невообичаено малиот управувач, идејата е да ги следите информациите од него преку воланот, а не како што е вообичаено низ него. Целиот процес бара мало привикнување, но штом ја пронајдете позицијата претставува вистинско задоволство. Во склоп со новото време имплементиран е и инфозабавен систем, кој лесно се поврзува со системите од типот на Android Auto и Apple Car Play. Управувањето со функциите е изведено преку клавирските типки кои се логички поставени и имаат предодредена улога за брз пристап до една од функциите. Лицата кои се сместени на предните седишта уживаат максимален комфор, додека оние што се наоѓаат во задниот дел имаат релативно ограничен простор, особено во делот на колената. Сепак, соодветно големите задни прозорци на 208 не го прават тој дел клаустрофобичен и темен, така што лицата сместени на задната клупа ќе немаат многу поплаки. Просторот кој е на располагање во транспортниот дел е со габарити од 311 литри што е еднаков како и кај не електрифицираните 208-ци.

КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ПОЧИТ

Моделот 208 уште од самиот почеток е дизајниран да биде електрифициран, па така како резултат се добива

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


целосно пакување сместено на платформа која е внимателно осмислена како во себе би можела да имплементира електричен мотор и голем сет од батерии без да има потреба од дополнителни инженерски интервенции. Пакетот со литиум јонски акумулатори се сместени во подот на автомобилот во „H“ распоред, поставени под предните и задните седишта и нудат бруто капацитет на складирање од 50kWh. За погонот на предните тркала кај Peugeot е-208 е задолжен синхрон електричен мотор со постојан магнет од 100 kW (136 КС), што го прави овој модел засега најмоќен од сите верзии на 208, со вртежен момент од 260 Nm достапен од нула вртежи. Aвтомобилот има три режими на работа Eco, Normal, Sport, а целиот погон може да биде префрлен и во „B“ мод на работа преку кој штом се отпушти педалот за гас веднаш го менува поларитетот на моторот и започнува регенеративен ефект, a енергијата која се ослободува во овој процес ги дополнува батебрз полнач со моќ од 100 kWh, (во моментов недостапно во МК) што ja полни батеријата од 0 до 80% за 30 минути. Полнењето преку 22 kWh јавни полначи кои се присутни кај нас се одвива во период од околу 3 часа. Додека за полнење во домашни услови со проток од 1,8 kWh се потребни „цели“ 29 часа, a како имате можност и се приклучите на 3,2 kWh тогаш времето на полнење се сведува на 12 часа. Постојат и опции за поставување на посебни полначи во домот кои овозможуваат полнење со 7,4 kWh и 11 kWh, на кои им е потребно 7 односно 5 часа да ја наполнат батеријата во целост. Секако, дека покрај времето на полнење сама по себе доаѓа и цената на потрошената електрична енергија, па затоа ако малку се внимава и се полни преку ноќ на евтина тарифа, целосната автономија од 340 километри се добива по цена на чинење на 3 литри 95 октански бензин!

риските ќелии, овој начин на работа воедно овозможува и возење со една педала. Во град се истакнува стартноста која ја поседува и брзината на реакција, подвозјето е исклучително способно да се фати во коштец и со поспортските аспирации на возачите, тоа најдобро го осетивме на локалните патишта каде што свијоците ги нижевме како да седиме зад воланот на картинг со одлична управливост и подвозје спремно да реагира на брзите промени на правец. На отворен пат се откриваат вториот дел од приказната, е-208 го покажува комфорот што е на ниво над очекувањата, леснотијата со која се движи и стабилноста при повисоки брзини нема да ве остави рамнодушни. Кога станува збор за електричен погон секогаш се наметнува прашањето за неговото полнење. Кај моделот е-208 тоа може да се изведе преку

За крај ќе додадеме дека е-208 нема движечки делови, масло и филтри за гориво кои треба да се менуваат на одредено време со што ветува дека трошоците за одржување се сведени на минимум за време на неговата долгорочна експлоатација, а производителот дополнително дава гаранција на батеријата од 8 години или изминати 160.000km, по чие изминување истата ќе има капацитет не помал од 70%. •Данчо Здравковски

16 05.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЗНАМ КОГА СУМ СИГУРЕН

www.insumak.mk

Несреќен случај (незгода)

Каско-осигурување на моторни возила

Домаќинство

Пожар и некои други опасности

Провална кражба и разбојништво

Машини, инсталации и апарати

Пакет за деловни субјекти

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


Претставуваме DODGE DURANGO SRT HELLCAT

МАЧКА КОЈА ДОАЃА ДИРЕКТНО ОД ПЕКОЛОТ

ПРШТИ ОД БЕСНОТИЛАК НА СИТЕ СТРАНИ. ОВОЈ DODGE DURANGO SRT HELLCAT СО 710 КС ПОД ХАУБА Е НАЈМОЌНИОТ СЕРИСКИ SUV НА СВЕТОТ. ПЛЕНИ КАКО СО СВОЈАТА МОЌ, ТАКА И СО СВОЈОТ СТАС И ФРЛА СЕНКА НАД РАЗВИКАНИТЕ ЕВРОПСКИ КОНКУРЕНТИ.

К

ога ќе се спомене американски „маслкар“ обично стои слика на некое набилдано купе од чија хауба штрчи масивен хрoмиран механички компресор кој дува зголемено количество воздух директно во цилиндрите за тие да истиснат што поголема моќност. Меѓутоа денес претставата за „маслкар“ американците ја носат на едно сосема поразлично место. На пример, во светот на спортските теренци. Зошто еден SUV не би можел да биде маслкар? На зададената тема инженерите на SRT даваат соодветен одговор во облик на пет метарскиот SUV Dodge Durango, кому, за оваа прилика под хауба му е напикан монструмот од мотор прославениот 6.2 литарски V8 HEMI кој благодарение на механичкиот компресор истискува 710 КС и 875 Nm и со право го заслужува името Hellcat, кое, пак, се префрла и на теренецот Durango SRT Hellcat. Оваа мачка која доаѓа директно од пеколот со своите 710 КС во моментот важи за најмоќниот сериски SUV на светот. ПЕРФОРМАНСИ НА ТРКАЧ Колосот на Dodge, долг над пет метри, широк скоро два метри и тежок над 2,5 тони спринтува како прав тркач. Вчудоневидувачки е да се види олкава грдосија предвидена да влече товар од 4 тони како од место лови 60 mph, или 96 km/h во 3,5 секунди, или, пак, достигнува максимална брзина од сериозни 290 km/h. Но, уште поневеројатно делува официјалниот податок од Националната Хот Род Асоцијација на САД, (NHRA) кој вели дека Durango SRT Hellcat совла18 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

дува четвртина милја, или 402 метри за 11,5 секудни. Во однос на Durango SRT 392 кој носи атмосферски 6.4 литарски V8 HEMI и се води како едно ниво подолу, Hellcat е побрз за 1,5 секунди на затворена писта од 3,4 километри. Можеби оваа разлика не личи многу, но секундите претворени во должина покажуваат разлика од девет должини на автомобил во само еден круг. Уште поимпресивно е и мерењето на патот на сопирање ако се има на ум тежината од преку 2,5 тони. Залетан од 60 mph овој Durango сопира во само 35 метри, резултат кој е на ниво на спортски автомобил. Сопирачкиот апарат одговорен за голтање на брзината е дело на специјалистот Brembo. Напред се поставени дводелни вентилирачки дискови со алуминиумска капа 400 х 36 mm кои ги зафаќаат фиксни шестклипни сопирачки клешти. Одзади, исто така, работат вентилирани дискови 350 х 28 mm кои ги зафаќаат фиксни четириклипни сопирачки клешти. СРЦЕТО НА ПЕКОЛНАТА МАЧКА Го навестивме срцето на пеколната мачка, но подетално да откриеме какви тајни сокрива 6.2 литарскиот V8 HEMI за да може да ги испумпа бесните коњи. Во SRT најмногу внимание посветиле на ладењето. Со одржување на температурите во понизок опсег моторот работи поефикасно и испорачува поголема моќност. Затоа блокот на моторот има водови меѓу цилиндрите низ кои струи течноста за ладење, а кованите клипови од лесна легура директно ги запрскува масло од млазници. Механичкиот компресор има посебен систем за ладење интегриран во куќиштето со сопствена пумпа, резервоар за течност и ладил-


ник. Целиот систем работи прилично ефикасно и успева да ја држи температурата на компримираниот воздух под 60 степени целзиусови пред да биде вшмукан во цилиндрите. Компресорот има зафатнина од 2.38 литри и максимален притисок од 0.8 бари кој се одржува со помош на бајпас вентил и се врти со максимални 14.600 вртежи во минута. Покрај кованите клипови овој HEMI користи ковано коленесто вратило термички обработено, ковани клипни лостови и термички обработени вентили сместени во главата од кована алуминиумска легура. Вака спремен подготвен е да испорача 710 КС при 6100 min-1 и максимален вртежен момент од 875 Nm при 4300 min-1. Моќност од која не би се посрамотил ниту еден суперспортски автомобил. Истото важи и за агресивната грлена звучна кулиса на осмакот. Со додавање на издувна цевка како буквата Х која ги вкрстува двете издувни гранки се мешаат издувните гасови со што е постигнат посакуваниот звук кој наежува дури и во лер. МАСИВЕН ПРЕНОСЕН АПАРАТ Погонот е постојан на четири тркала што било нужно за да се пренесе огромниот вртежен момент рамномерно врз подлогата која во случајот на Durango SRT Hellcat не е нужно да биде асфалт. Секако масл-теренецот е способен да игра и надвор од асфалт и тоа прилично успешно. Менувачот е автоматски со осум степени на пренос и опција за мануелно одбирање на степените преку палки на волан. Централниот диференцијал кој е електронски управуван дозволува варијабилна распределба на вртежниот момент. Во нормални услови кога е избран автоматскиот модус Auto распределбата предна/задна оска оди 40/60. На терен, при влечење и на снег во модусот Snow and Tow 50/50, во спортскиот модус Sport 35/65, а во ултимативниот модус Track 30/70. Тогаш Hellcat вози како вистински тркач и дозволува полесна контрола во свијоци и нуди неизмерно задоволство кога како воопшто да не се чувствуваат оние над 2,5 тони тежина. За да се доживее во целост како ултимативна возачка машина се грижи и подвозјето кое е стегнато, но не на сметка на комфорот и управувањето со електрично серво со селективно менување на параметрите. На возачот му стојат на располагање три модуси Street, Sport and Track и Custom преку кои се подобрува тракцијата, возната динамика и чувството зад волан. Се менува и брзината на менување на степените кај менувачот, цврстината на потпирањето и одзивот на управувањето. И додека Street и Sport and Track се предодредени сетирања, во модусот Custom возачот буквално може да ги нагоди параметрите спрема своите афинитети за уште поголемо уживање додека е зад волан. АГРЕСИВЕН СТАЈЛИНГ Без оглед на масивната конструкција Durango SRT Hellcat плени со агресивниот стајлинг недвојбено покажувајќи кој е шефот на улица. Огромните отвори за довод на воздух надополнети со мачкестите светла со LED технологија, отворот на хаубата и неизбежната двојна полна линија лакирана преку каросеријата јасно ставаат на знаење дека со него нема игра. Посебно ако лутиот лик го здогледате во ретровизор спремен буквално да ве проголта. Стои на масивни тркала од 20 инчи кои се обуени во гуми на Pirelli P Zero со димензии 295/45. Ентериерот е ориентиран кон возачот со огромен екран од 10,1 инчи поставен централно на арматурата преку кого се управува со сите параметри на возилото. Инструментите ги красат двојни црвени кругови кои дополнително го креваат адреналинот кога преку нив проаѓаат стрелките од бројачите. Ентериерот е преслечен во кожа и внимателно дотеран за да понуди врвен луксуз кој годи како во секојдневието така и при долги патувања. Можеби овој мускул од теренец на европјаните им делува грубо, но факт е дека привлекува со својот настап и плени со својата моќ. Не залудно го носи приматот на најмоќниот сериски SUV на светот. Можеби е бучен, растрошен и нуди сирова сила, но сето тоа си има свои поклоници. Посебно во САД за каде е првенствено и скроен. Продажбите стартуваат на почетокот на 2021 година, а цената се очекува да почнува малку над 80.000 долари. Интересно е што Durango SRT Hellcat ќе се произведува само една година. Причина се построгите еколошки норми кои САД ги воведуваат од 2022 година. Се очекува да бидат произведени околу 2.000 примероци што само по себе ќе ја направи оваа мачка од пеколот ретка ѕверка. •Љубомир Атанасовски

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

ПРЕЦИЗНА ДИЈАГНОСТИКА НА ВОЗИЛ ЗАПОЧНА СО РАБОТА ПРВИОТ КОМПЛЕТЕН ТЕХНИЧКО-ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА Во јуни започна со работа новоотворениот техничко-дијагностички центар за возила на АМСМ кој, според обемот на своите активности, е прв комплетен центар за техничка дијагностика на возила во земјата. Техничко-дијагностичкиот центар е опремен со најсовремена опрема за дијагностика на сите брендови и модели на возила. Располага со тим на вработени со долгогодишно искуство и експертиза во дијагностиката на возилата, специјализирани за отстранување на „грешки“ или на дефекти во електронските системи на возилата. Услугите што се извршуваат во техничко-дијагностичкиот центар имаат цел да го подобрат квалитетот на сервисирање на возилата преку: • Компјутерска дијагностика на електронските уреди во возилата – современите дијагностички уреди со кои располага центарот ни овозможуваат компјутерски да се поврземе со кој било бренд и модел на возило, да ги уочиме „грешките“ и да ги дијагностицираме причините за нивната појава; • Поправка на сите електронски уреди во возилата – како резултат на специјализираната опрема и експертскиот тим на вработени, во можност сме да ги поправиме дефектите на сите електронски уреди во возилата, со што трошокот за поправка е неспоредливо помал од трошокот за нивна замена што вообичаено се препорачува. • Адаптација и репрограмирање на електронските уреди во моторните возила – софтверска адаптација, промена и надградба на софтверите на компјутерот на моторот и на сите други електронски уреди во возилото; • Тјунинг – ре-мапа (ECU re-maps) со доживотна гаранција на секој фајл – корекција, ре-мапа, на веќе вградениот софтвер во моторното возило што обезбедува подобрени перформанси на возилото, намалена потрошувачка на гориво, зголемена моќност и подобро управување; и • Комплетна проверка и поправка на системот за ладење и за греење во возилото – проверка на квалитетот на ладење, дополнување на системот со гас, т.е. фреон, проверка и поправка на целата инсталација од клима-уредот и поправка на електронските делови на клима-уредот. Како наши членови добивате 20% попуст на сите услуги во центарот. АМСМ техничко-дијагностичкиот центар работи како дел од АМСМ Службата за помош и информации на пат, а лоциран е во рамките на објектот на АМСМ во Скопје – Центар. Повеќе информации за услугите на тел. 02/3181-181.

20 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

ЛАТА ЗА ВАША ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ Само во август, специјална понуда за нашите членови! Специјалната понуда ги вклучува следните услуги, попусти и привилегии: • Бесплатна дијагностика на возило, со извештај за идентификуваните потенцијални „грешки“ во возилото, технички совети и најповолна понуда за сервисирање на евентуалниот проблем; • Во случај на дефект на возилото, можност за бесплатно шлепување до АМСМ сервисот за возила или 40км во двата правца; • Бесплатна проверка на алтернатор и акумулатор и извештај од проверените параметри; • Бесплатна проверка на сигнализација и замена на сијалички, како и дополнување на масло, антифриз и др. • Ексклузивен попуст од 35% на: – Бактериолошко прочистување на возило по цена од 1.300ден наместо редовна цена од 2.000ден – Озонирање на кабинскиот простор по цена од 650ден наместо редовна цена од 1.000ден. Специјалната понуда важи од 01-31.08.2020 год., а можете да ја искористите само со претходно закажување: • од понеделник до петок во АМСМ сервисот за автомобили, лоциран во рамките на објектот на АМСМ во Скопје-Центар, или • за време на викенд (сабота-недела) на ваша домашна адреса. Повеќе информации и закажување на 02/3181-181.

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


ФИА

КОВИД-19 ГИ СМЕНИ НАВИКИТЕ ВО МОБИЛНОСТА ТРАНСПОРТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА (Т & Е) ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА ЗА СТАВОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ВРСКА СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО ЕРАТА КОВИД-19. ИСТРАЖУВАЊЕТО БЕШЕ НАРАЧАНО ВО МАЈ 2020 ГОДИНА И СЕ РЕАЛИЗИРА ВО 21 ЕВРОПСКИ ГРАД. СПОРЕД ГЛАСАЊЕТО, ЈАСНО МНОЗИНСТВО (64%) ОД УРБАНИТЕ ЖИТЕЛИ ШИРУМ ЕВРОПА НЕ САКААТ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ДА СЕ ВРАТИ НА НИВОАТА ПРЕД КОВИД-19 И ПОДДРЖУВА ДЛАБОКИ ПРОМЕНИ ВО ТРАНСПОРТОТ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.

П

одатоците покажуваат дека 68% од 7.545 испитаници (63% од нив биле возачи) сакаат да видат одржливи политики за намалување на загадувањето на воздухот - вклучително и ограничувања за пристапот на загадувачки автомобили до градските центри. Покрај тоа, околу три четвртини (74%) од испитаниците рекле дека градовите мора да преземат ефикасни мерки за заштита на граѓаните од загадување на воздухот, дури и ако тоа бара пренамена на јавниот простор за пешачење, возење велосипед и јавен превоз. Покрај тоа, иако сѐ уште не постои подготвеност да се користи јавен превоз заради потенцијалниот ризик од зараза, редовните корисници на автобуси и возови велат дека хигиената е клучна. Четири од пет лица (81%) што првенствено користеле јавен превоз пред пандемијата се подготвени повторно да користат: 54% изјавиле дека повторно ќе почнат да се возат

22 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

со автобуси, трамваи и возови ако се преземат доволно хигиенски мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19; а другите 27% се решени да се вратат без оглед на ризикот. Според извршниот директор на Т & Е, „Европејците бараат повеќе ленти за велосипеди, побезбеден јавен превоз и помалку загадувачки автомобили. И градоначалниците на Париз, Брисел и Лондон ги прошируваат велосипедските ленти и ги враќаат зоните со ниска емисија, базирајќи се врз оваа огромна јавна поддршка“, бидејќи еден од пет (21%) испитаници планираат повеќе да возат велосипед, а еден од три испитаници (35%) повеќе да пешачи. Од друга страна, АМЗС (Авто-мото Сојузот на Словенија) спроведе истражување со цел да ги испита промените во мобилноста на словенечкото население за време на кризата со Ковид-19. Како што се очекува, луѓето помалку користеле возила отколку пред кри-

зата: две третини од испитаниците го потврдија ова, а 23% од испитаниците изјавиле дека нивната употреба на возилото е иста како порано. Само 3% од испитаниците го користеле својот автомобил за време на епидемијата почесто отколку порано - веројатно оние што морале да одат на работа и не можеле да патуваат освен со автомобил заради нефункционирањето на јавниот превоз. Околу 18% од испитаниците користеле велосипед почесто отколку порано. Во однос на мобилноста по кризата, приближно 21% од учесниците веројатно ќе го ограничат користењето на јавниот превоз. Сепак, 74% имаат намера да ги користат своите лични возила исто толку често како порано. Словенците се многу несигурни кога станува збор за патување во странство: 22% од испитаниците веруваат дека поретко би патувале со авион и само 2% потврдиле дека ќе летаат повеќе. •Благица С. Блажевски


ФИА

ДАЛИ АВТОМАТИЗАЦИЈАТА НА ВОЗИЛАТА МОЖЕ ДА ЈА ЗАГРОЗИ ОКОЛИНАТА? STRIEKWOLD И WANG СПРОВЕДОА НОВА СТУДИЈА ЗА НЕКОИ НЕЗГОДНИ АСПЕКТИ НА АВТОМАТИЗАЦИЈАТА НА ВОЗИЛАТА. АВТОМАТИЗАЦИЈАТА НА ВОЗИЛОТО Е НАЧИН ДА СЕ ПОДОБРИ БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТИШТАТА, МОБИЛНОСТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. ТВРДЕЊАТА ВО ПРИЛОГ НА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА СЕ ЗАСНОВААТ ВРЗ ПОЕФИКАСНО ВОЗЕЊЕ И ПОСЛОБОДНИ СООБРАЌАЈНИ ТЕКОВИ.

С

епак, според авторите, тоа што се игнорира е зголемувањето на потребните податоци за да се овозможи автоматизација, соодветниот трошок за енергија за обработка на овие податоци и стакленичките гасови (GHG) што се произведуваат како последица на тоа. Доколку ова барање за податоци биде вклучено и преведено во дополнително производство на енергија и емисии на стакленички гасови, автоматизацијата на возилото може да ја загрози животната средина, предизвикувајќи значителни количини на дополнителни емисии на CO2 и честички. За да се процени вкупната потрошувачка на енергија за автоматизација на возилото, авторите направија пре-

сметка под претпоставка дека целата холандска флота на патнички автомобили ќе биде целосно автоматизирана (ниво на САЕ 5). За повисоките нивоа на САЕ (3-5) се проценува дека потребниот број на електронски уреди е најмалку 20 за патничките автомобили. Потрошувачката на енергија кај овие уреди се движи од 1W (едноставна употреба) до 80W (ECU, активирање на прекинувачи). Пресметаната потрошувачка на енергија за опремата со минимална конфигурација на возилото е приближно 200W по патнички автомобил. Во Холандија, просечниот број на часови поминати во возење за патнички автомобил е 440 часа годишно. Со приближно 8,1 милиони патнички автомобили на патот во моментов, тоа би резулти-

рало со годишна потрошувачка на енергија од 713GWh за целата флота на патнички автомобили. Ова е еквивалентна годишна потрошувачка на енергија на 113.000 холандски домаќинства (извор worlddata.info). Притоа, треба да се има предвид дека оваа студија се заснова врз теоретски случај и конзервативни претпоставки. Авторите препорачуваат проширување на ова истражување во длабочина, при што ќе се вклучат примери од реалниот свет. Покрај тоа, треба внимателно да се разгледа потребата за автоматизација и особено развојот на законодавството за да се направи задолжителна ваквата автоматизација, земајќи ги предвид пошироките последици споменати во студијата. •Благица С. Блажевски

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


24 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


Тест на детски седишта за 2020 година

РЕЧИСИ СИТЕ СЕ ДОБРИ

Прв тест за детски седишта во 2020 година. Грижливо се тестирани 23 модели – билансот покажува позитивни резултати. Три четвртини од сите модели добија добра оценка.

О

ваа година резултатите се добри кај голем дел од детските седишта. И покрај многуте строги услови за оценување голем дел од седиштата се оценети со „многу добри“.

Критериуми за тестот. Веќе се познати критериумите за оценување, а тоа се: безбедноста (однесувањето на седиштето при удар), услугата (вградувањето и вадењето), ергономијата (просторот за движење на детето) и тестот за штетни материјали од кои е изработено седиштето. Помалку е познато дека критериумите што се тестираат се менуваат на пет години. Тоа е неопходно бидејќи во изминатите неколку години седиштата се прават сѐ потешки. Производителите, пак, имаат секогаш аргументи во однос на ова прашање што има недостатоци; при удар тежината на седиштето е голем минус и овој недостаток ја отежнува манипулацијата со седиштето при вградување и вадење. Резултати од тестот. Како што напоменавме, три четвртини од седиштата имаат солидна оценка. Само еден модел, Оссан Флукс Плус, има лоша

Марка

Maxi–Cosi

Joie

Maxi–Cosi

Joie

Britax Römer

Nuna

Nuna

Besafe

Pipa Next

iZi Twist B

Duaflix 2R

Joie

Maxi-Cosi

Besafe

Име на типот на седиштето

Coral+Family Fix3

I Snug+ i-Base Advance

Coral

i-Snug

Pipa Next+ Pipa Next Base

Поставеност

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад

наназад/ наназад/ наназад/ наназад нанапред нанапред нанапред

Класа ECE

40-75cm

40-75 cm

40-75 cm

40-75 cm

40-83 cm

40-83 cm

40-105cm

0+/I

40-105cm

0+/I/II

61-105cm

Тежина на седиште/во кг

5,3/7,4

3,2/7,5

5,3

3,2

3,2/6,7

3,2

16,0

14,3

6,7/7,5

8,2/7,0

14,6

Цена во евра

518

240

299

120

451

220

699

350

180

399

599

Безбедност

1,5

1,5

1,5

1,5

1,2

1,7

1,5

2,1

2,0

2,8

1,5

Услужливост

1,7

2,0

2,5

2,5

1,9

2,3

3,1

2,7

2,8

3,6

2,9

Ергономија

1,9

2,0

1,8

2,0

2,2

2,1

2,0

2,4

2,1

2,6

2,1

Тест на штетни материи

1,7

1,6

1,7

1,6

1,6

1,6

1,0

1,0

1,0

1,6

1,0

Препорака

мн.добро

мн.добро

мн.добро

мн добро

мн.добро

мн.добро

мн.добро

мн. добро мн.добро

добро

мн.добро

26 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

i-Venture

Beryul

IZi Twist


Ние ви помагаме за заштедените пари

оценка во категоријата безбедност. Сепак, тоа се резултати што радуваат и кои покажуваат дека производителите на детски седишта ги следат препораките на техничарите на ÖAMTC и ги применуваат при изработката на нови модели. Со голем интерес се следат седиштата Чико и Мифолд. Во практика тие се многу практични бидејќи лесно се вклопуваат во секој автомобил.

Доколку веќе сте купиле седиште кај нас и имате потреба од ново, но поголемо ви гарантираме попуст од 10% за новото.

Ние го менуваме детското седиште што е уништено поради удар за ново, за модел со иста вредност и тоа го добивате гратис

Нашиот клуб го менува вашето старо седиште уништено од удар за нов модел со иста вредност. Голема предност, нема потреба да чекате да ви се вратат пари или, пак, нов модел што би требало да го нарачате. Не може да биде поедноставно.

5 причини да се купи или да се најми детско седиште од ÖAMTC Ние даваме сеопфатни совети

Соработниците на ÖAMTC ве информираат за сите кратенки во врска со темата детско седиште (на пример, Isofix, Reboarder, Top tether, iSize...), но се грижат и за тоа да бидат усогласени сите три работи, вашето дете, седиште и автомобил. Наше мото е: „ Ние го продаваме само тоа што одговара и што е тестирано од нашите техничари“. Бидејќи секое седиште не одговара за секое дете и секое седиште не одговара за секој автомобил.

Ние најмуваме бебешки школки

За многу мал износ нашите членови може да најмат бебешка школка/седиште и тоа за период од 14 месеци. Указ: Се остава кауција за овој период, во случај седиштето да се уништи или, пак, да се врати неисчистено. За другите детали околу оваа услуга може да се информирате во нашиот центар за поддршка. За деталите може да видите на: www.oeamtc.at/kindersitz | www.oeamtc.at/kindersitzestests

Ние ви помагаме при вградување на седиштетио

Ние правиме процена кое седиште за кој автомобил одговара. Факт е дека секое седиште не може да одговара за секој автомобил. Секое седиште има свои карактеристики што ни се добро познати. Сето ова може да се провери во пунктот за поддршка на самото место на нашиот паркинг, каде што сѐ тоа може да се стави на контрола. Овој таканаречен сервис на „самото место“ ви штеди време, пари и нерви. Сите услуги и одговори на прашањата за детските седишта може да ги добиете тука. Исто така, ви помагаме при нарачката и рекламацијата.

Inglesina

CBX

Cybex

Pallas

Osann

Osann

Cybex

Flux Isofix

Flux Plus

Solution Z –Fix

нанапред

нанапред

Превeмено од OAMTC

0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5

CBX

одлично мн.добро добро задоволува не задоволува

Cybex

Maxi-Cosi

0 0+ I II III

Maxi-Cosi

Yari

Solution B-Fix

Kore

нанапред

нанапред

нанапред

нанапред нанапред

Chicco Fold & Go i-Size

Mifold Hifold Fit and Fold Booster

i-Size

Xelo

наназад

нанапред

-105 cm

I/II/III

I/II/III

I/II/III

I/II/III

100-150cm

II/III

II/III

100150cm

100-150cm 100-150cm II/III

2,1/7,4

4,9

4,9

7,9

5,5

7,1

3,8

3,8

6,0

6,0

6,2

4,4

k.A.

170

170

k.A.

100

210

140

140

239

269

199

199

2,6

2,4

2,4

3,0

3,7

1,8

2,3

2,3

2,5

2,5

2,5

3,5

2,7

2,5

5,5

5,4

3,7

1,9

2,0

2,0

1,6

1,6

3,0

2,1

2,5

1,9

1,9

2,1

2,1

2,1

1,9

1,9

2,0

2,0

1,4

1,7

1,6

0,0

2,0

1,0

1,0

1,6

0,0

2,0

1,0

1,0

1,0

1,6

добро

мн.добро

мн.добро добро

мн.добро

мн.добро

мн.добро

мн.добро

добро

добро

задоволува мн.добро

Kore Pro

0-9 kg 0-13 kg 9-18 kg 15-25 kg 22-36 kg

нанапред

нанапред

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


Безбедност во сообраќајот

ГИ КОРИСТИМЕ ЛИ ПРАВИЛНО ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ? ИМАМЕ, НО НЕ ГИ КОРИСТИМЕ КАКО ШТО ТРЕБА И НЕ ГИ ОДРЖУВАМЕ. НАЈЧЕСТО НА НИВ СЕ ПАРКИРААТ АВТОМОБИЛИТЕ ИЛИ СЕ ПОСТАВУВААТ КОНТЕЈНЕРИ, А НАЈЛОШО Е КОГА СЕ ВОЗИ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ.

К

лиматските услови во нашава земја овозможуваат да има подолг период со температури подносливи за возење велосипед, од средина на март до крајот на октомври, а понекогаш и до средина на ноември. Околу седум месеци се идеални за возење велосипед. Повеќето од градовите во земјава се наоѓаат во рамничарски предели и жално е ако не се користи оваа предност. Сите добиваме од тоа, а со нас и животната средина. Вистинското користење на велосипедите, односно нивна масовност подразбира и соодветни услови, од-

28 07.08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

носно посебни велосипедски патеки, но во Македонија ги нема доволно и сосема оправдано голем број велосипедисти реагираат за тоа. И сега ќе се најде некој што ќе отиде во друга држава, а таму има што да види, убаво уредени велосипедски патеки. Кога таквите ќе се вратат дома, полни со впечатоци од земјата каде што биле, почнуваат да раскажуваат како таму има толку многу патеки, како таму велосипедиститe дисциплинирано возеле по нив итн. Таму е така затоа што тамошните жители умеат да изградат, а потоа да ги одржуваат патеките и умеат пра-


По земјотресот во Скопје, архитектите подготвија план за современа изградба и обновување на градот, а за тоа многу придонесе светски познатиот архитект Кензо Танге. Тој даде идеја како треба да изгледаат најсовремените решенија за градот. При обновувањето на главниот град во доцните шеесетти и на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век во планот за најголемите булевари паралелно, покрај пешачките, биле предвидени и велосипедски патеки.

вилно да ги користат. Но, да се вратиме ние на велосипедските патеки кај нас. Да тргнеме од мостот на реката Вардар во Сарај до крајот на булеварот „Партизански одреди“ по чија должина има пешачка и велосипедска патека. Потоа од центарот на главниот град, преку мостот „Гоце Делчев“, „возиме“ во правец на некогашната стоковна куќа „Мост“, минуваме покрај Универзитетската библиотека кон Скопски саем (кој веќе не постои). Оттаму се влегува во кружниот тек и се вози кон населбата Автокоманда и последна „двојка“, а во близина е излезот на Скопје. Колку километри се вози - 20, 25? Пред 50 години Скопје имало велосипедска и пешачка патека од едниот до другиот крај со вкупна должина од околу 20 километри, можеби и повеќе. Велосипедска патека имало и на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во должина од четири-пет километри, почнувајќи од студентскиот дом „Гоце Делчев“ до некогашната зграда на НИП „Нова Македонија“. Дали тие што велеа дека немаме велосипедски патеки знаеја за ова? Педесет години Скопје има велосипедски патки. Но прашањето е колку тие патеки правилно се употребуваат и се одржуваат? Се возеше и сѐ уште се вози насекаде, но најмалку на наведените патеки. Во светов се почитуваат правилата за возење велосипеди, односно строго се вози по тие патеки и затоа однесувањето на велосипедистите предизвикува воодушевување. Но тука не се вози по велосипедски патеки, ниту се почитуваат редот и непишаните правила. Нам ни недостасува дисциплина. Ние имаме проблем со непочитувањето на сообраќајните знаци и со неодржувањето на велосипедските и на пешачките патеки што најчесто служат за паркирање автомобили, изложување артикли и за поставување контејнери за отпад. И не сме дисциплинирани велосипедисти. Тоа се гледа од фотографиите. Секоја чест на исклучоците. И уште нешто за крај. Неодамна беше отворен најновиот автопат од Скопје до Штип, направен според најсовремени стандарди. Зошто покрај него не изградија и велосипедска патека? Има луѓе што би сакале тоа растојание да го поминат со велосипед. Тоа се однесува и на другите патишта низ државава. Зошто нема велосипедски патеки надвор од населените места? Некој сака од град во град, од село во село да патува со велосипед, а во сегашнава ситуација тоа е невозможно. А има ли „лек“ за настанатата ситуација? Да, да се расчистат велосипедските и пешачките патеки, а потоа прекршителите на правилата да се казнат во согласност со законот. .•Жарко Атанасовски

07.08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk 29


Гастрономија

Медитеранска исхрана, ем вкусна ем здравна Медитеранската исхрана ги вклучува традиционалните животни навики на Грците, Италијанците, Французите и Шпанците. Самата исхрана има повеќе дефиниции бидејќи варира во зависност од земјата и регионот. Но, генерално, станува збор за исхрана која се базира на поголемо количество зеленчук и овошје, мешунки (боранија, грашок, грав), јаткасти плодови, житарици, риби и маслиново масло. Обично вклучува ниско ниво на месо и млечни производи. Медитеранската исхрана е поврзана со доброто здравје, вклучувајќи го и здравјето на срцето.

П

остојат многу теории за тоа која исхрана е најдобра за човековиот организам, а таквите теории се менувале низ времето во голема мера. Сепак, треба да им веруваме на научните факти, а тие се дека медитеранските народи, како на пр. Грците, Италијанците, Французите и Шпанците живеат најдолго. Овој феномен се следи од Втората светска војна до денес. Спроведени се бројни истражувања од страна на реномирани истражувачи, а резултатите се восхитувачки. Списанието за медицина „The New England Journal of Medicine“ направило повеќе истражувања на оваа тема, а неодамна објави студија работена со 22.000 Грци, чија исхрана се базира на медитеранското готвење. Резултатите покажаа дека тие Грци живеат подолго од останатите. Исто така, списанието направило и истражување кое покажало како медитеранската исхрана влијае врз превенцијата од кардиоваскуларните болести. Резултатите покажале дека луѓето кои ја користат медитеранската исхрана 30 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

многу поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести во споредба со оние што се хранат поинаку. Оваа студија, а и многу други, покажала дека медитеранската исхрана е најјака во одбраната против коронарните болести. „British Journal of Cancer“, пак, објавило неколку студии за тоа како медитеранската исхрана влијае врз превенцијата од рак. Покажале дека жените кои се хранат со медитеранска исхрана имаат 57% помалку шанси да заболат од рак на матката. Истражувањата на италијанските научници покажале дека го намалуваат ризикот од појава на малиген меланом, најсмртоносниот рак на кожата и слузокожата. Испитувањето спроведено на 8.000 Италијанци покажало дека оние што јаделе пица (со тенка кора, помалку сирење, а повеќе сос од домати и босилек) биле дури 59% помалку подложни да заболат од рак на јајниците и имале 26% помалку шанса да добијат рак на дебелото црево. „JAMA: The Journal of the American Medical Association“ објави извештај за користа од медитеранската исхрана. Студијата опфатила 2.000 мажи и жени на возраст од 70


до 90 години во 11 европски земји, кои биле следени повеќе од десет години. Веројатноста да починат во текот на истражувањето била 50% помала кај оние што се придржувале кон медитеранската исхрана. Безброј студии ја покажуваат нејзината добробит. Всушност, медитеранската исхрана е единствената исхрана на која Светската здравствена организација не и нашла мана и која ја препорачува како најздрава исхрана за човекот. УМЕРЕНОСТА Е ПАТОТ ДО ЗДРАВЈЕТО Покрај тоа што е здрава, медитеранската исхрана се смета и за многу вкусна. Во 1993 година, „Oldways“ во соработка со Harward School of Public Health и Светската здравствена организација креирале пирамида на медитеранската исхрана, која се смета за најздрава исхрана на светот. Таа се одликува со големо количество зеленчук, што значи дека во секое јадење треба да се најде понекој плод од зеленчук, како на пр. домат, кељ, брокола, спанаќ, морков, кромид... Сите видови зеленчук имаат благотворно дејство на здравјето. Овошјето, исто така, се наоѓа на дното од пирамидата на медитеранската исхрана, што значи дека треба често да се консумира. Се разбира, тоа не значи дека треба да се јаде само овошје, туку дека може да се користи во сите оброци. Тоа може да биде добра замена на слаткото кај оние што го сакаат. Свежото овошје, како на пример бананите, смоквите, грозјето, дињите итн. имаат благотворно дејство за организмот. Медитеранската исхрана подразбира и консумирање на мешунки (боранија, грашок, грав) и јаткасти плодови. Добрата работа кај нив е што брзо заситуваат, ситоста држи долго, така што мала порција е доволна за здрав оброк. Интегралните житарици како што се целите зрна од пченица, зоб, јачмен и хелда влијаат позитивно на здравјето. Тука спаѓа и консумирањето на пченката и кафеавиот ориз, а може да се направат и тестенини од брашното на овие здрави житарици. Се разбира, не треба да се консумираат многу често, во секој оброк, туку да се консумираат на здрав начин. Малиновото масло е најпознато меѓу здравите масла и ја сочинува сржта на медитеранската исхрана. Познато е дека жителите околу Средоземното Море, кои го користат маслиновото масло, помалку заболуваат од кардиоваскуларни болести. Најздраво е ако се користи во динстувани јадења или како прелив за салата. Се препорачува девствено маслиново масло, од проверени производители. Тоа е паметно вложување бидејќи мало количество маслиново масло чини чуда, особено кога во прашање се тестенините. Може да се одбере и органско или маслиново масло со лук, пиперчиња, рузмарин, со тартуфи. Исто така, во медитеранската исхрана благодат по здравјето имаат и авокадото и маслото од авокадо. Медитеранските

сирења се познати по својот вкус, но и по здравјето. Медитеранската исхрана изобилува со сирења, јогурт (најпознат е грчкиот јогурт) и друга млечна храна. Не треба да се јадат пречесто. Умереноста е патот до здравјето. Рибата како лососот, сардината, туната и сл. имаат голема благодат по органзимот. И морските плодови се многу вкусни специјалитети, кои претставуваат порција здравје. Јајцата и белото месо се извори на протеини, што значи дека претставуваат важен фактор во исхраната. Но, сепак, не треба да се јадат многу често. Еднаш неделно е сосема доволно. Тука спаѓа белото месо, како што е пилешкото, од патка, мисирка, а од јајца се препорачуваат кокошкини, од препелица, патка. Нашиот народ е познат по љубовта кон црвеното место, што е спротивно од „правилата“ на медитеранската исхрана, според која треба да се консумира еднаш неделно, дури и поретко. Доколку се јаде често, штетно влијае врз здравјето. Во мали количества е здраво. Шеќерот е најголемиот непријател на човековиот организам. Се препорачува дури и целосно да се исфрли од исхраната доколку е можно. Овошјето е добра замена за шеќерот, но доколку не се може без слатки, сепак нека не се претерува, еднаш неделно е сосем доволно. Водата е главниот напиток во медитеранската исхрана. Ова е очекувано имајќи во предвид дека таа е најздрав напиток за човекот и дека 75% од човековиот организам и припаѓаат на водата. Треба да се избегнуваат газирани и засладени пијалаци. Виното може и треба да се пие во мали количества и тоа задолжително со јадење. Се препорачува со вечерата да се испие 1 дл вино. Најдобро е да се избере квалитетно вино за од него да се извлече најдоброто за здравјето. Клучниот дел од медитеранската исхрана е јадењето во друштво и делењето здрави, хранливи оброци. Со поддршката од семејството и блиските пријатели може да се смени комплетно начинот на исхрана, а истовремено и начинот на живеење. Па така, со низа активности, вклучувајќи ја и медитеранскаат исхрана, ќе му се спротивстави на американскиот начин. Многумина сметаат дека медитеранската исхрана е скапа, но нашето поднебје изобилува со овошје и зеленчук, особено во летниот период, што значи дека сè е евтинио, а рибата и маслиновото масло не се голема инвестиција бидејќи не се консумираат во големи количества. Некои истражувања покажуваат дека исхраната што ја практикуваат повеќето луѓе е многу поскапа, според пресметките на истражувачите. •Игор Ландсберг

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


Унеско светско богатсво - Балкан 2 дел

УЖИВАЈТЕ ВО МЕСТАТА КАДЕ ШТО СÈ Е МИСТИЧНО, ВОЛШЕБНО И РАЗЛИЧНО ОД ПАМТИВЕК ЛУЃЕТО СО СВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ И ГЕНИЈАЛНОСТ ГРАДЕЛЕ ГРАНДИОЗНИ ХРАМОВИ, ПИРАМИДИ, ТВРДИНИ И ГРОБНИЦИ. БЛАГОДАРЕЈЌИ НА НИВНАТА КРЕАТИВНОСТ ВО ДАЛЕЧНОТО МИНАТО, СЕГАШНОСТА Е БОГАТА СО КУЛТУРНИ СПОМЕНИЦИ СО НЕПРОЦЕНЛИВА ВРЕДНОСТ. ТОКМУ ВАКВИТЕ СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА СО НЕПРОЦЕНЛИВА ВРЕДНОСТ СО СВОЈАТА ПОСТОЈАНОСТ НÈ ОСТАВААТ БЕЗ ЗДИВ.

ГРЦИЈА

Трагите од вековната долга и значајна историја се врежани во секој дел од грчката земја. Грција е вистински рај за културниот туризам, возбудливо патување низ историјата и уметноста. Историјата, развојот и културата на Грција значително влијаеле врз светот. Археолошкото истражување во Грција никогаш не запира. Оваа земја е полна со антички урнатини и споменици што даваат преглед на неговото минато, помагајќи им на луѓето насекаде да ја разберат нејзината важна улога во обликувањето на светот. За да го заштити културното наследство на многу од овие места, Грција има запишано 18 најзначајни места за светско наследство на УНЕСКО, 16 се културни знаменитости и две се културни и природни. Нејзиниот главен град Атина, како историски скапоцен камен на Европа во кој се наоѓаат некои од најзначајните културни и историски знаменитости, е јадро на цела Грција. Лоцирана во срцето на Медитеранот таа е еден од најстарите населени градови во светот, каде што животот постоел уште пред 3.000 години. Секоја улица и секој чекор ве носат до фасцинантни споменици или остатоци од грандиозното наследство и трансформацијата низ која градот поминал низ своето време. Тоа е лулка на западната цивилизација, пријатна туристичка атракција каде што се родиле филозофијата, демократијата и театарот. Тука имате можност да шетате по улиците по кои некогаш одел Софокле, да застанете на местата каде што подучувал Сократ. Не треба да ја про32 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

учувате историјата или филозофијата за да го разберете значењето на овој град и во вас да предизвика прекрасно чувство. Кога сте на такво место е како да стоите токму таму каде што се создавала историјата. Атина не е забележителна само по старите градби, таа едноставно претставува беспрекорна фузија на старото и новото. Тука е Акрополис кој се издигнува над бетонската џунгла, античките храмови се во непосредна близина на ноќните клубови, урнатините се појавуваат покрај модерните кафулиња... Акропол во Атина Акропол е првата дестинација што треба да ја посетите кога ќе пристигнете во Атина. Прекрасниот храм познат како Партенон е изграден меѓу 447 и 432 година пр.н.е. и ѝ бил посветен на божицата Атена, чувар на градот. Тој не е само симбол на градот, туку на цела грчка цивилизација. Се наоѓа на 150 метри надморска височина во грчката престолнина Атина. Акрополот бил изграден во време на микенската цивилизација и се смета дека бил резиденција на царскиот дворец. Многумина и денес ги збунуваат Акропол и Партенон. Поточно, Акропол е тврдина на карпест рид среде Атина, а Партенон е најпознат споменик на Акропол. Името Акропол значи „горниот град“, кој бил населен 5000 години пр.н.е. и поради својата позиција служел како природна одбрана од непријателите. Шетајќи низ Акропол, можете да ги видите структурата на зградите и деталите што ги покажуваат вештините на уметниците од тоа

време што воодушевуваат дури и денес. Партенон е најфотографираната зграда на Акропол и таа го отсликува величината на Атина и на Грција. Тука најзначајни градби се: Партенон, Пропилаеја, Ерихтеон, Храмот на Атена Најк и влезот во Акропол. Оваа локација е значајна како родно место на филозофијата, драмата и слободата на говорот - сите концепти што влијаат врз развојот на светот. Акрополата во Атина потсетува на достигнувањата на античкото грчко општество. На самиот влез во градот се наоѓа храмот на божицата на победата - Ники, монументалниот пристап кон Пропилеја, најпознатиот светски храм Партенон (изграден меѓу 447 и 432 година пр.н.е.), посветен на божицата Атена, каде што се наоѓала 12-метарската статуа на Атена направена од злато и слонова коска. Статуата ја изработил познатиот скулптор Фидија. Во подножјето на Акрополис се наоѓа и Музејот Нов Акропол, во кој ќе имате можност да ги видите предметите од најбрилијантниот период на грчката историја. Аполоновиот храм кај Басаи и Делфи Првиот локалитет што е запишан во Списокот за светско наследство на УНЕСКО е Аполоновиот храм Епикуриус во Басаи. Храмот се наоѓа на 3.710 метри надморска височина. Изграден е во средината на 5 век пр.н.е. и посветен му е на Аполон, богот на сонцето и заздравувањето. Многумина сметаат дека тоа е една од најубавите и најдобро зачуваните архитектонски урнатини во Грција. Овој храм е единствен по тоа што е поставен од


Акропол

север кон југ, а сите други грчки храмови се лоцирани исток-запад. Во него се користени три архитектонски стила - дорски, јонски и коринтински. Поради далечната локација Епикуриус не бил откриен сѐ до 1765 година и тоа го заштитило од воено оштетување и претворање во христијански храм. Денес владата се обидува да ја зачува структурата така што има поставено шатор за да го заштити од ветер и дожд, поточно од кисел дожд. Делфи е археолошки објект и град во Грција, лоциран на падините на планината Парнас во долината Фокида. Во периодот на антиката овој град бил еден од водечките религиозни центри бидејќи таму се наоѓал прочуениот чудотворец на богот Аполон, чие светилиште било многу почитувано од страна на Старите грци. Во наоѓалиштето има стадион, театар и други објекти. Од 6 век пр.н.е. на ова место се одржувале Питиските игри. Во денешно време остатоците на Делфи претставуваат туристичка атракција. Денешниот град Делфи се наоѓа на околу еден километар од стариот. Големите Манастири „Метеори“ Во близина на реката Пенеус во Грција, во подножјето на планината Пинд, над рамнината Тесалија, се наоѓаат геолошки чуда што излегуваат од земјата, огромни, асиметрични прекрасни. Нивното име е Метеора, што во превод значи лебдечки карпи или карпи што висат од небото. Ветрот, водата и суровата клима издлабиле огромни столбови од песочник, високи неколку стотици метри. Уште од 15 век на овие столбови се гра-

деле православни манастири. Изградени се вкупно 24, а до денес опстанале само шест - пет машки и еден женски. Денес во најголемиот манастир Голем Метеорон се наоѓа музеј за туристите. Во 1988 година манастирскиот комплекс Метеори беше запишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Во оваа област првите монаси се појавиле во 11 век, но на вакви недостапни локации манастирите почнале да се градат дури во 1453 година поради загриженост за османлиското освојување на регионот. Првично до манастирите се пристапувало преку огромни скалила или долги мрежи направени од јажиња што се заменувале само кога, според монасите, „Господ ги скршил“. Денес, до манастирите може да се пристапи преку скали врежани во карпата или преку мостовите што водат до нив од блиските карпи. Манастирите се градени така што изгледа како да се природно „продолжение“ на карпите, односно нема јасна граница каде завршува карпата и почнува ѕид - што ги прави уште повеќе посебни. Постојат многу приказни и легенди поврзани со ова место, а тоа не е невообичаено ако се има предвид дека Грција е полна со митови и легенди. Според еден од нив, основачот на првиот манастир не дошол сам на планината, туку го донел орел. И ако не сте поддржувач на легенди или во потрага по духовност, сепак оваа комбинација на природна убавина и човечка градба е секако место за секој авантурист. Филипи Археолошкиот локалитет Филипи е најнов додаток на страницата за светско наследство на УНЕСКО од Грција. Некогаш Филипи бил просперитетен град во Североисточна Грција. Основан е во 3456 година пр.н.е., а до 42 година пр.н.е. бил дел од Римската Империја. Помеѓу 49 и 50 година градот станал христијански центар. Историјата на оваа област може да се види во оригиналниот грчки театар,

римските тераси и храмови и христијанските базилики. Тој е споменик на глобализацијата и сведок на постојаното менување на светот. Стариот град во Крф Крф е втор по големина јонски остров и, како што велат многумина, еден од најубавите. Прекрасни плажи, природа, историја, архитектура, ноќен живот. Овде сигурно ќе бидат задоволни и најпребирливите туристи затоа што секој ќе најде нешто со што ќе ги исполни своите желби и потреби. Овој остров треба да го доживеете на вистински начин и при посетата на знаменитостите задолжително впуштете се во истражување на стариот град Крф. Најстариот дел од градот е наречен Кампиело и во него доминира венецијанската архитектура. Градот има значајна улога уште од 8 век. Познат е и како Кастропол (град на тврдините) затоа што има три. Тоа е добро позната туристичка дестинација во тој дел на Грција. Овој културно-историски локалитет се наоѓа меѓу плоштадот Спиниада и Новата тврдина, а заради големото значење доби своето место во Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Стариот град на Крф, всушност, е живописен лавиринт од тесни улици со калдрма, кои се нарекуваат „кантоунија“, како и мали скриени плоштади што ви го одземаат здивот со убавината и прекрасните примероци на архитектура. Средновековен дел од градот Родос Родос е важен туристички центар лоциран во југоисточниот дел на Егејското Море во близина на југозападниот брег на Мала Азија. Тој бил под влијание на многу култури и цивилизации. Стариот град е изграден во времето на витезите што зад себе оставиле брилијантна архитектура, па затоа УНЕСКО го прогласи Родос за културен споменик. Сите знаменитости на островот се наоѓаат во стариот дел на градот: ископини, ар-

Метеори

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


Кападокиjа

хеолошкиот музеј, болницата на витезите изградена во готски стил (напуштена на почетокот на 16 век поради битките водени против османлиските освојувачи). Големата Олимпија Олимпија, античко грчко културно место посветено на Зевс и Хера, се наоѓа во Елис во северозападниот дел на Пелопонез. Археолошките наоди (гробници и населби од микенската ера) сведочат дека таму веќе од 11 век пр.н. е. биле востановени култови на локални херои, обожавани од големото женско божество Гаја, Теми. Според Страбо, во прво време Олимпија било пророштво за разни воени работи, а подоцна станало и место на култот на Зевс и Хера. Почнувајќи од 776 година пр.н.е. на секои четири години се одржувале Олимписки игри. Најстарите камени згради во Олимпија датираат од 6 век пр.н.е. Централниот дел на светилиштето е простор опколен со ѕидови во чии рамки се наоѓал Храмот на Зевс, Доринскиот перифер (64,10 м × 27,66 м), изграден околу 460 година пр.н.е. Во храмот се наоѓала хриселфантинската статуа на Фидија, богот Зевс. Скулптурите ја прикажуваат битката на Лапита и кентаурот и подготовките за трката со кочии пред Зевс и релјефите на метопите (дела на Херкулес), кои се меѓу врвните достигнувања на грчката скулптура од класичниот период. Тука се наоѓаат и гробницата на херојот Пелоп и Храмот на божицата Хера од средината на 7 век пр.н.е, еден од најстарите храмови во Грција. Недалеку од храмот е статуата на крилестиот Најк, дело на Пеони (околу 420 пр.н.е.). Во него се наоѓа Пермицелискиот Хермес, кој бил откриен при ископувањата. Остров Делос Долго време овој мал остров (5 км) од архипелагот Киклада за Стара Грција претставувал едно од најважните светилишта. Тука ќе најдете голем број ископини, храмовите на Аполон и Артемида, римска Агора, надгробни споменици и древни гробници... 34 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Според една од многуте грчки легенди, островот се појавил на површината на морето за да може божицата Лета тука да најде тајно место каде што ќе се родат децата на Зевс Аполон и Артемида, криејќи се од љубоморната Хера. Моќната Микена Микена била еден од најважните центри на грчката цивилизација. Нејзината уметност се развивала во исто време со критската култура. Едно време била најголема воена и трговска сила на Егејското Море. Колку е значајна Микена во Античка Грција најдобро покажува фактот дека периодот од 1600 година пр.н.е. до 1100 година пр.н.е. се нарекува микенски период. Терминот Микена веројатно не е грчки. Веројатно потекнува од јазикот што е претходник на грчкиот и сè уште е непознат за нас денес, а кој античките Елени го наследиле од своите претходници. Микена била воено утврдување изградено од Елените и доминирало во поголем дел од Јужна Грција. Нејзината политичка, воена и економска моќ се проширила до Крит, Пила во западниот дел на Пелопонез, Атина и Теба. Сепак, потоа нејзината моќ почнала да се намалува и во 12 век пр.н.е. таа целосно се распаднала. Според легендата, Микена била престолнина на кралот Агамемнон. Неговата кралска палата, која се наоѓала на ридот на Арголидската рамнина, била опкружена со дебели шестметарски sидови, а во градот се влегувало преку таканаречената „Лавовска порта“. Таа е најпознат споменика во Микена што и ден-денес го маѓепсува секој посетител. Изградена е во 1250 година пр.н.е. во времето кога Микена била на врвот на својата моќ. На портата се наоѓа необичен камен релјеф со два лава што потсетуваат на чувари на портата во асирската архитектура. За жал, главите на лавовите не се зачувани, но се претпоставува дека биле железни и украдени се уште во древно време. Грчкиот археолог Киријакос Питакис, кој го вршел првото ископување на Микена во 1841 година, ја пронашол и ја обновил Лавовската порта.

ТУРЦИЈА,

Mистичната убавина на Ориентот, место каде што се спојуваат културите, каде што некогаш се среќавале цивилизациите и војувале, место каде што се допираат Истокот и Западот, каде што сè е мистично, волшебно и различно. Турција е медитеранска земја со беспрекорна природна убавина, културно и духовно богатство, традиција, гостопримливи домаќини и луксузна туристичка инфраструктура… Географски Турција се наоѓа на два континента, Европа и Азија. Иако во најголем дел е азиска и муслиманска земја, повеќе личи на Европа и на Медитеранот. Ако досега не сте биле во Турција, веднаш заборавете ги стереотипите и почувствувајте го духот на Ориентот што ќе го пронајдете толку колку што ќе посакате. Интересно е дека присуството на античката грчка култура е поинтензивно на бреговите на Турција отколку во Грција. Тука има различни култури и културни влијанија почнувајќи од античко и византиско време преку арапската и современата европска култура и цивилизација. Во Турција се наоѓа и најголемата балканска метропола царскиот Истанбул - гордост и радост на Балканскиот Полуостров. Мултимилионски град на Босфорот. Единствениот град на два континента. Знаменитостите во Истанбул, како што се Аја Софија, Сината џамија, Капали чаршија, Фенербахче, Топкапи, никако не смеете да ги пропуштите. Турција има најголем број места што се запишани во Списокот на УНЕСКО за културно и природно светско наследство. Во 2013 година традиционалното турско кафе, карактеристично по единствената техника за подготовка, е заштитено од УНЕСКО и запишано е на неговата репрезентативна листа за нематеријалното културно наследство на човештвото. Од 15 век турското кафе е повеќе од напивка за Турците. Тој е симбол на пријателство, алатка за богатство и изговор за разговор. „Филџан кафе се памети за четириесет години“, вели една стара турска поговорка. Културата и традицијата на турското кафе датира од 15 век кога кафе-


то почнало да се служи во Истанбул. Турското кафе се подготвува со специјални техники. Тоа е една од најстарите методи за правење кафе што сè уште се користи. Традиционалните техники што се користат при подготовката на кафето доведоа до развој на специјални алатки и сребрени садови, како што се тенџере што врие (ѓезве), чаша за кафе (филџан). Напијте се турско кафе и ќе го запомните по вкусот што ќе го почувствувате на непцето, поароматичен и поконцентриран од другите видови кафе. Историските делови на Истанбул Аја Софија е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан. Едно од најголемите архитектонски достигнувања во историјата на човештвото е изградено за само пет години: од 532 до 537 година. Црквата му била посветена на Христос како персонификација на Светата мудрост. Изградена е од камен и тула, висока е 55 метри, а дијаметарот на куполата е 31 метар. Палатата Топкапи – Поранешната царска палата, денес музеј на минатото и османлиското владеење, денес е најпосетуван музеј не само во Истанбул туку и во цела Турција. Изградена е на местото на некогашните рампати и порти на антички Цариград, всушност, била град во рамките на градот и во неа живееле дури 4.000 луѓе. Четиристотини години палатата Топкапи била резиденција на турските султани, а потоа во 19 век била заменета со палатата Долмабахче. Сината џамија или Султан Ахмед џамија е турска државна џамија. Таа е позната и како Сина џамија поради сината керамика што ги украсува површините на надворешните sидови. Изградена е во периодот од 1609 до 1616 година, за време на владеењето на Ахмед I. Како и во другите џамии, тука се наоѓа гробницата на основачот, а има и медреса и предворје. Кападокија и националнит парк Гореме (Göreme) Кападокија е редок геолошки предел лоциран во Централна Анадолија. Овој планински регион, кој во своите карпи криел подземни градови, пештерски манастири и цркви, има големо историско значење и поради тоа е запишан во Списокот на наследство на УНЕСКО. Првите населби во длабочините на Кападокија се појавија во 3 милениум пр.н.е., а со доаѓањето на христијаните нејзините планини станале место каде што се создале голем број храмови, ќелии и крипти. Единственоста на теренските предели е во нивното природно потекло: овие феноменални форми на градба не се создадени од човекот, туку од природата во текот на десетици милиони години. Многу одамна територијата на модерна Кападокија била покриена со лавата и пепелта што излегле од активниот вулкански синџир. Со текот на времето

површината на земјата се издигнала на двесте метри, а пепелта и лавата се претвориле во вулкански туф - порозна карпа. Неколку милиони години ветерот и дождот го уништувале кршливиот карпест материјал и се создавале сложени фигури и карпи, пирамиди и кањони. Денес Кападокија е една од најпосетуваните атракции во Турција, а најдобар начин туристите добро да ја разгледаат е да се качат на балон и од височина да уживаат во виртуозната рака на природата. Националниот парк Гореме претставува музеј под отворено небо и тука има голем број камени скулптури и пештерски светилишта. До паркот е селото Гореме, кое располага со хотели, ресторани и продавници и тука задолжително застанува секој што ќе дојде во Кападокија. Паркот зафаќа површина од повеќе од 300 км² и го претставува целиот манастирски комплекс: десетици цркви и параклиси. Од 6 до 9 век Гореме се сметало за еден од најголемите христијански центри, област каде што имало повеќе од 400 светилишта. До денес опстанале многу манастири и во нив делумно се зачувани ѕидни слики од раното христијанство, како и византиски фрески. Најпознат музеј е Црквата Свети Василиј, каде што можат да се видат слики на светци и сцени од евангелијата. Вреди да се посетат црквата Света Барбара, насликана со светли обрасци, како и црквата Јабука со четири столба и грчки крст. Античкиот град Хиераполис на терасите на Памуккале Ова волшебно место се наоѓа во јужниот централен егејски регион во Турција. Оддалечено е деветнаесет километри од Денизли и 620 километри од Истанбул. Поради својата бајка честопати се споредува со замрзнати водопади или снежни тераси. Се состои од топли извори и травертин варовник што има необичен облик на плитки терасовидни базени, формирани

од прелевањето на минералната вода и наталожувањето на минералите.Овие неверојатни геолошки формации се нарекуваат „памучен замок“ или Памук кале.Небесно синиот замок е долг околу 2.000 метри, широк 600 метри и висок околу 160 метри. Постојат 17 извори во кои водата достигнува температура од 35°C до 100°C. Постојаноста на Памуккале се проценува на неколку илјади години. Додека внимателно одите по карпестата површина ќе ви се чини дека овде времето застанало многу одамна. Навистина, Памуккале грациозно му се спротивставува на минливоста на времето и станува симбол на вечноста. На само неколку стотици метри од белите варовнички тераси се наоѓаат импресивните остатоци од античкиот град Хиераполис. Всушност, извонредноста на комплексот Памуккале - Хиераполис го поттикна УНЕСКО во 1988 година да го запише на својот Списокот за светско наследство. Од античко време местото било познато по своите лековити извори. Топлата вода се користела и за обработка на волната, а тоа го овозможило просперитетот на градот. Во 2 век пр.н.е. Хиераполис бил повторно изграден од кралевите на Пергам, а подоцна, заедно со сите територии на кралството Пергам, станале дел од Римската Империја. Не е сигурно од каде потекнува името на градот: според некои името го добил по Хиера - сопруга на митскиот крал што ја основал Пергам, според други името „хиера-полис“ (свет град) е избрано заради многуте светилишта што се наоѓаат тука. Сепак, многубројните храмови не успеале да ги смират боговите. Во 1 век од нашата ера градот бил двапати уништен од силни земјотреси. Подоцна бил изграден Хиераполис, овој пат со финансиска поддршка од римската ризница. Така почнала златната доба за градот. Градот пораснал во импресивна големина - бил дом на околу 100.000 луѓе. Биле изградени минерални бањи,

Памуккале

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


средно училиште, храмови, главна улица со колонада, фонтана. Театарот, специјално дизајниран за посетата на императорот Хадријан, сега е најдобро зачуван римски театар во Турција. Пред античкиот театар посетителите прво може да ја забележат „портата на пеколот“, која е откриена во 2013 година, а која во старите извори е наречена и „порта на мртвата земја“. Базенот на Клеопатра во Хиераполис (во кој се бањала египетската кралица Клеопатра) е природно формиран по урнувањето на неколку столба во земјотресот во 692 година пр.н.е., што предизвикало акумулирање на термалната вода. Пливањето во овој базен нуди навистина единствено искуство, возбудливо пливање при што сте опкружени со столбови и урнатини од мермер стари 2.000 години. Водата има константна температура од 36 степени Целзиусови, без оглед на сезоната, а се верува дека лековито влијае во случај на кардиоваскуларни болести, ревматизам, кожни и нервни заболувања, како и за цревни проблеми доколку се пие. Археолошки ископини на Троја и Ефез Троја, стара 4000 години, е еден од најпознатите археолошки локалитети на планетата. Првите ископувања ги спровел германскиот археолог Хајнрих Шлиман во седумдесеттите години на 19 век. Оние што го следеле откриле неколку градови од различни периоди од историјата, а еден од најстарите, наречен Троја VIIa, се смета за Хомерска Троја, односно место на конфликт меѓу Ахаите и Троја, во 12 век. Според легендата, градот Троја го основал внукот на Дардан Трос, но војната меѓу Грците и Тројанците, која почнала заради убавата Елена и алчноста на Агамемнон, ќе остане најпознат период за тројанскиот град. Најпознатиот грчки

херој Ахил секако е централна фигура на оваа војна, која била модел за создавање нови митови. Покрај Ахил, тука е и големиот тројански херој Хектор, но и итриот Одисеј, кој го направил тројанскиот коњ и на тој начин на Грците им ја донел долго очекуваната победа. Приказната за Тројанската војна ни е позната од Хомеровата „Илијада и Одисеја“ и како ниеден друг настан таа влијаела врз создавањето митови за непобедливи херои, голема љубов, одмазда, алчност од античко време до денес. Археолошкиот локалитет Троја е повеќеслоен локалитет што се состои од девет градови. Најстарата населба потекнува од бронзено време, а потоа следуваат грчкиот град, хеленистичката Троја и римскиот град. Според достапните податоци, Троја VI и уште поблискиот Троја VII одговараат на времето на Тројанската војна (1300-1100 пр.н.е.). Луѓето што доаѓаат во Троја се здобиваат со чувство за вредноста на ова волшебно место, за некои тоа е само куп камења на кои е тешко да им се сфати редот и крајот, за познавачите на „Илијада“, пак, тоа е место на силно емотивно полнење, а за археолозите и љубителите на историјата претставува неисцрпно богатство што дел по дел открива од оваа никогаш претходно раскажана приказна. Една од најважните туристички атракции во Турција е археолошкиот локалитет Ефес. Некогаш градот бил центар на Медитеранот, комбинација од култура и разновидност, вистински пример за класична метропола. Со многубројните откриени архитектонски структури, денес Ефес е неизбежна дестинација за љубителите на културата и на археологијата. Несомнено најпозната зграда во Ефес е Храмот на Артемис, наречен и Храмот на Дајана, дел од грчката архитектура, кој некогаш бил познат како едно од се-

Лавовска врата во Микена

думте антички чуда на светот. Храмот, во свое време најголем на планетата, покажувал колку бил важен градот Ефес. За жал, храмот во голема мера бил уништен околу петтиот век. Неодамна се ископани и други атракции во Ефес и најпопуларните се „Терасирани куќи“. Ниеден пат до Ефес не би бил целосен без да се види познатата библиотека на Целсус, изградена во 123 година од н.е. Библиотеката била најголема библиотека во античкиот свет и се рангирала на трето место зад библиотеките на Александрија и Пергам. Импресивни со својата убавина и историја се и најстариот храм во светот Гопекли Тепе, стариот дел на градот Сафранболуа, Тврдината на Дијарбакир и градините на Хисел, Бергам, урнатините на Ксантос и уште многу други. • Маргита Поповска


„ПАНДЕМИЈА! КОВИД 19 ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ“ СЛАВОЈ ЖИЖЕК

„PICK ME UP OFF THE FLOOR“ NORAH JONES

„TOP GUN: MAVERICK “ (ТОП ГАН: МАВЕРИК)

ако што пандемијата го обиколува светот, Жижек на изненадувачки јасен и лесно читлив начин ни го открива нејзиното подлабоко значење, притоа презентирајќи парадокси што воодушевуваат, а можните последици по светот се претставени толку јасно, што читателот ќе го облее пот. Живееме во време во кое врвен облик на внимание е физичката оддалеченост, а луѓето се зближуваат изолирани во своите домови. Владите кои до вчера систематски кратеа од фондовите за инфраструктура, здравство и образование - преку ноќ наоѓаат илјадници милијарди. Тоалетната хартија станува вредна и барана стока, а до вчера славните пејачи и глумци тонат во безначајност. Кој е можниот излез? Дури и ако одговорот не ви се допадне - како што нè уверува Жижек - неговата нужност се наметнува. Ова е само генерална проба за огромните промени што следуваат допрва. Оваа извонредна мала книга гарантирано ќе ве направи многу поупатени во тековната криза и ќе ви овозможи да ја гледате надвор од површноста и лажливоста на секојдневната медиумска какофонија.•

ick Me Up Off the Floor“ е осмиот студиски албум на четириесет и едн о год и ш н ат а американската поп-пејачка (кантавторка), промовиран на 12 јуни од Blue Note Records. На Metacritic, каде што се оценува до 100, врз основа на критики, „Pick Me Up Off the Floor“ доби 83 бода од 7 критики, а тоа значи дека има „универзално одобрување“, додека, пак, музичкиот новинар Роб Шеферд во PostGenre напиша дека најновиот албум на Нора Џонс е своевидна надградба на нејзината кариера, кохезивно дело со кое ги надмина своите претходници, окарактеризирајќи го како најзрел албум досега. „Pick Me Up Off the Floor“ брои единаесет песни и два бонуса: „How I Weep“, „Flame Twin“, „Hurts to Be Alone“, „Heartbroken, Day After“, „Say No More“, „This Life“, „To Live“, „I’m Alive“, „Were You Watching?“, „Stunble On My Way“, „Heaven Above“, „Street Stranger“ и „Tryin’ to Keep It Together“. Како коавтори на четири песни се потпишуваат и Сара Ода, Џеф Твиди и Емили Фискио. •

о цели 34 години, педесет и осумгодишниот Том Круз се враќа на филмското платно во улогата на пилотот Маверик во „Топ ган: Маверик“, каде што се соочува со дронови и со петтата генерација борбени авиони, опишувајќи го филмот како „љубовно писмо за авијацијата“. Ајсмен повторно го игра Вал Килмер, а настапуваат и Мајлс Телер, Џенифер Конели, Џон Хем, Глен Пауел, Луис Пулмен и Ед Харис. Проектот беше најавен во 2010 година, во режија на Џозеф Козински. Оригиналниот „Топ ган“, режиран од Тони Скот, беше синоним на 1980-тите и заработи 350 милиони долари на светско ниво. Премиерата се одложи поради пандемијата. Наместо во јуни, ќе се одржи во декември.

K „P П

Жанр: акција/авантура Глумци: Tom Cruise, Miles Teller, Jennifer Connelly, Jon Hamm, Glen Powell, Lewis Pullman, Ed Harris и Val Kilmer Режија: Joseph Kosinski 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


HI-TECH

CityHawk

Градски сокол на струја СВЕТОТ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ТРИ ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ Е ПРЕОКУПИРАН СО ИДЕЈАТА ДА НАПРАВИ ЛЕТАЛО СО ГОЛЕМИНА НА ЛИМУЗИНА КОЕ ВЕРТИКАЛНО ЌЕ ПОЛЕТУВА И СЛЕТУВА. КАКО ШТО ВРЕМЕТО ОДМИНУВА БРОЈОТ НА КОМПАНИИТЕ КОИ ВРШАТ ЕКСПЕРИМЕНТИ Е СÈ ПОГОЛЕМ. НЕМА ДА БИДЕ ЧУДНО АКО НАСКОРО НЕКОЈ ОТПОЧНЕ СО СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО.

Л

етало кое ќе полетува и слетува по вертикала и како погонско гориво ќе користи водород. Tака накусо се опишува производот направен од конструкторите во компанијата „Урбан Аеродинамикс“, а е наречен „ситихок“, во превод „градски сокол“. Водородот ќе се користи за добивање електрична енергија, а таа ќе биде „гориво“ за електромоторите. Oд согорувањето на водородот ќе имаме само водена пареа, односно вода, Н2О. Горивните ќелии во кои водородот ќе се претвора во електрична енергија имаат релативно долг век на експлоатација со 100% искористеност, односно со полн капацитет, а тоа се солидни 20.000 часови и што е најважно времето потрошено за дотур на 38 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

водород во резервоарите се мери во две до три минути, а не со часови за полнење на батериите. Затоа конструкторите на леталово ги одбраа горивните ќелии како производител на електрична енергија отколку истата да биде добивана од батерии. За разлика од батериите кои имаат век на траење, горивните ќелии речиси и да немаат или е премногу долг. По завршување на работниот век батериите, ако може, треба да бидат рециклирани, или да се складираат на соодветни места за кои се потребни дополнителни вложувања. А кај горивните ќелии нема ништо од тоа како рок на траење, потоа посебно складирање итн. Затоа водородот и горивните ќелии се тие врз кои светот треба да се потпре, ако сака целосно чиста планета. Со едно полнење на двата резерво-

ари со водород, леталото може да стигне од една до друга точка со максимална брзина од околу 200 км/ч во радиус од 160 километри. Како што велат од компанијата „Урбан Аеродинамикс“, леталото пред сè ќе се користи како такси превоз и како спасувачко летало. Може да полета и да слета на секаква рамна површина и тоа го прави многу употребливо несамо во градската средина туку и надвор од неа. Ако нешто тргне „наопаку“ и леталото се однесува неконтролирано, тука е посебниот падобран кој се отвора со помош на ракетен систем, односно тој систем го испалува падобранот во спротивна насока од падот на леталото и приказната е завршена со меко падобранско слетување. Секој од двата електромотори имаат по 952 КС, солидна силина за петте патници за колку што е на-


HI-TECH

менето леталото. Во моментов нема проширување на експериментирањето во однос на зголемување на капацитетот со патници. Засега ќе се работи на ова летало способно да понесе петмина возрасни, но компанијата паралелно работи на уште едно летало наречено „фалкон икс п“ наменето за превоз на вкупно 16 лица вклучувајќи ги и пилотите. Според одговорните во компанијата леталото „ситихок“ целосно ќе биде подготвено за употреба некаде на крајот од деценијава. Првичните податоците можеби се оскудни, но редакцијата на „АМСМ Клуб Мобилити“ ќе ги следи настаните и навремено ќе ги пренесе новостите за „градскиот сокол“. Компанијата „Терафуџа“ која, исто така, експериментираше со свое летало и кое во неколку наврати има успешни летови, сега е во сопственост на кинеската автомобилска компанија „Гили“, која е сопственик на: Волво, Лотус, Протон, Линк & Ко. и Јуанг Ченг Ауто. Според статистиката производителот на автомобили Гили во 2018 продал 1,5 милиони возила. Засега оваа кинеска компанија се смета за една од најсериозните во светот да почне со сериско производство на аеромобил. •Жарко Атанасовски

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


40 години „ FIAT PANDA“

КУТИВЧЕТО НАРЕЧЕНО ПАНДА

ОВА Е ТЕКСТ ЗА МОДЕЛОТ „ПАНДА“ ЗА НЕГОВИТЕ ПОЧЕТОЦИ, ЗА НЕГОВИТЕ УСПЕСИ, ЗА НЕГОВИТЕ БРИЛИЈАНТНИ ОСОБИНИ, ЗА НЕГОВАТА ГОЛЕМА УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ, ЗА НЕГОВАТА ДО СОВРШЕНСТВО ИЗВЕДЕНА КОНСТРУКЦИЈА И ЗА НЕГОВИОТ НЕПОВТОРЛИВ ДИЗАЈН.

К

рајот на ’70 години и почетокот на ’80 години од минатиот век ќе бидат запишани во Фиатовата историја како еден од најзначајните периоди од постоењето на компанијата. Моделот „126“со години бил во продажба и раководството веќе мислело за негова замена, или да се изведе нешто кое би застанало помеѓу моделите „126“ и „127“. „Фиат 126“ бил ценовно заедно со автомобилите од соседството кои имале енормно голем продажен успех и затоа тогашниот главен на Фиат, Карло де Бенедети, посакувал автомобил од класата како „цитрон цв 2“ и „рено 4“, а со слични ставови биле и останатите челници. Некаде на другата страна од низината (Ломбардија), во речиси исто време со разговорите за нов автомобил во семејството, била формирана компанијата „Италдизајн“ од страна на познатиот Џорџето Џуџаро и виртуозот во конструкциите Алдо Мантовани. Тие двајцата биле основачи и главните конструктори на автомобилите, за дизајнот се грижел Џуџаро, а Мантовани за техничкиот дел. Фиат посакувал автомобил за секојдневна употреба, ненаметлив, практичен и воедно посебен во секоја ситуација, евтин и ед-

40 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ноставен за производство и уште поедноставен за одржување. Потребите на Фиат и способноста од Италдизајн наидуваат на заеднички „линии“ и сега двете страни се наоѓаат во идеите и потребите, Фиат одговара позитивно на понудата од Италдизајн, но и Италдизајн се сложува и го прифаќа Фиатовиот предизвик и работата може да започне. Ова е време некаде 1975 – 1976, поточно летото 1976 год. Џуџаро и Мантовани се некаде на островот Сардинија и работат забрзано подготвувајќи го автомобилот наречен „зеро“, а подоцна „проект 141“. Сè требало да биде завршено до 7 август истата година. Така и се случило, работата сработена, но тогаш дознаваат дека првиот човек на Фиат К. Де Бенедети не работи веќе во компанијата. Проектот го прикажуваат пред останатите одговорни и сега се бира име. Крајно едноставен, со чисти линии, како кибрит, сè на свое место, без никакви фантазии и луксузирања, туку секојдневен практичен рационален дизајн, две врати, пет места за седење и багажник со солиден простор. Сето тоа е спакувано во должина 338, висина 145 и ширина 146 сантиметри. Ова е првпат севкупната работа при конструирање автомобил да се случи надвор од Фиат, односно друга компанија

целосно да ја заврши работата. Макотрпната работа на „проектот 141“ продолжила и во наредната година така што во тој период компанијата Италдизајн изработила дури 20 шасии, 20 модели повеќе, или помалку слични еден на друг. Работата полека се комплетирала и некаде по година и пол завршниот прототип бил подготвен. Фиат во февруари 1978 година подготвил еден вид прием за докажаните продавачи на неговите возила и свои блиски пријатели и клиенти. Приемот се одржал во Милано и тоа само за потесен круг гости. Малубројните присутни биле пријатно изненадени од прототипот кој Џуџаро го нарекол „рустика“. На присутните им било нагласено дека со соборена задна клупа багажниот просторот за товар ќе нарасне до крајни 650 литри, а цената ќе биде околу 2,8 милиони лири (2.800 западногермански марки). Дури и за тоа време цената била многу смела, но тука некаде со цената од конкуренцијата „рено 4“ и „цитрон цв2“. Откако биле сумирани впечатоците од јавноста, Фиат веќе го гледал автомобилот во производство. Подготовките веќе се разгледувале во ситници, но тогаш синдикатите почнале со штрајкови и производството морало да се одложи неколку пати. По речиси


нешто повеќе од година и пол од претставувањето во Милано, Фиат ја вклучува фабричката лента на крајот од 1979 год. и воедно најавува светска премиера на Салонот за автомобили во Женева во 1980 година. Малиот допадлив и коцкасто дизајниран автомобил или уште поедноставно како кутивче, стасал до првите купувачи во декември 1979 година, но само на домашниот пазар. Во тој кус период од околу два месеци, од почетокот на продажбата во матичната земја до Салонот за автомобили во Женева, Фиат добил над 70.000 нарачки. Вакво чудо никогаш не се случило во компанијата, а не ни е познато дали нешто слично се има случено со друг производител. Како автомобилот го добил името „панда“? Енпанда или накусо Панда е римска божица на тие што бараат спас и заштитничка на патниците. Името не е дадено, како што многумина мислат, по кинеската црно бела мечка, симпатичната панда. Продажбата тргнала со сите сили напред, но цената вртоглаво отишла нагоре поради инфлацијата во тој период. Изведбата „панда 30“ се продавала по цена од 3.970.000 лири, а изведбата „панда 45“ за 4.700.000 лири. Ако цената вртоглаво се покачила, уште повртоглаво се покачил успехот на Фиат со „кутифчето“ од автомобил, веќе спомнавме, над 70.000 нарачки во период од два месеци. Според врвни познавачи на автомобилската индустрија, аналитичари и останатите стручни лица, „фиат панда“ ја поставуваат на врвот кога се зборува за типичен градски автомобил со сите нишани. Според нив без конкуренција „фиат панда“ е најдобриот градски автомобил на сите времиња - несекојдневен по својот изглед, но толку практичен и употреблив за секоја прилика. Не било едноставно да се создаде автомобил со иста тежина како малиот „126“, а да

биде приметливо поголем од него со простор искористен до крајни граници. Оттука почнале сите едноставни решенија. Немало заоблување туку враќање на правото ветробранско стакло. Сите површини биле рамни, а тоа носело брзо и евтино производство. Додека Џуџаро работел и размислувал за тоа како да го уреди просторот за патниците, во еден миг го погледнал столчето на кое седел, наједноставен предмет за седење со челична рамка и мек дел изработен во вид на штепувана перница. Веднаш идејата ја претворил во цртеж, а потоа истата идеја ја материјализирал во сериското производство. Внимателно погледнете ги седиштата и ќе приметите нивна сличност со обичните перници, всушност такво слично било работничкото столче на Џуџаро. Автомобилот морал да биде практичен, токму затоа дизајнерот додал едноставен и многу употреблив дел во внатрешноста. Долниот дел од таблата со инструментите, по сета своја должина, всушност е аголен простор за одлагање на сè и сешто. На пример, вашиот чадор што ве штити од дожд, тоа место е како створено за него. Има такво нешто во некој друг автомобил? Не, нема и не се трудете да најдете бидејќи такво нешто поседува единствено „фиат панда“ и ниту еден друг автомобил во светот. Не било доволно што седиштата се склопуваат во седум позиции, посебно задната клупа, затоа Џуџаро отишол чекор понапред и подалеку. На совет од дизајнерот биле создадени такви механизми кои овозможувале седиштата целосно да се отворат и автомобилот да го претворат во своевидна спална соба, а седиштата во кревет. Кога го прашале Џ. Џуџаро како е да се создаде практичен, спартански опремен мал автомобил, големиот мајстор на својот занает проектот го нарекол преголем предизвик

– да се почне од тежината и колку ќе чини, потоа да биде повеќе наменски, да биде поголем и со иста тежина како моделот „126“. Затоа веднаш следело отстранување на облините, а наместо дотогашната класична задна клупа, била поставена обична на која се седи подисправено. Поучен од купувачите и нивните потреби во 1983 год. Фиат создава изведба со погон на сите тркала и го прави моделот „панда“ уште попривлечен за купувачите. Зимно време се оди на скијање – зимски пневматици, погон на сите тркала, скиите одозгора врзани на багажникот и тоа е сè, патувате без да помислувате дека ќе заглавите во снег или во кал. За оваа изведба Фиат соработува со австриската компанија „Штајер – Пух“. Оваа фабрика комплетно го изработува системот „4х4“, а потоа Фиат во халите на Сицилија го комплетира возилото. Возилото имало вкупна тежина од 740 кг, мотор со 48 КС и работна зафатнина од 965 ссм, позајмен од „аутобјанки а 112“. Со тој мотор „панда 4х4“ постигнувала крајна брзина од 135 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 18,1 секунда. Меѓутоа никој не ги гледал овие бројки, туку способноста на возилото да оди по секакви терени и да има неверојатно добар контакт со секаков вид подлога независно од тоа дали пневматиците биле теренски или зимски. Несамо што „панда 4х4“ е првиот мал автомобил со погон на сите тркала, туку сиот тој систем работел беспрекорно благодарение на урамнотежените сили, балансот и ускладеноста на шасијата менувачот и распоредот на тежината во однос на оските. Сè било на свое место, безмалку совршенство, направа со идеални технички особини и способности по која трагале и најголемите светски производители на теренски возила. Со конструирањето на изведбата „4х4“ по којзнае кој пат Фиат повторно и повторно ја

Фиат Панда 1980г.

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


изненадува конкуренцијата, а задоволство е на сопствениците и тие што љубат да бидат во природа. И сега на ред е подмладувањето, односно редизајн, ситни исправки кои треба да го продолжат векот на траење на моделот. Официјално автомобилот е именуван како „панда супернова“, а тоа се случува во 1986 со нов преден дел, нешто сличен како во моделот „4х4“, но даден е еден изглед кој ги зачувал оштрите генерални линии и додадени се многу ситни современи детали. Тоа е од дизајнерска страна, а од страна на техничките особини, моторите со 652 cm³ и 903 cm³ работна зафатнина се заменети со мотори од новата генерација бензински мотори со работна зафатнина од 769 cm³ и 999 cm³ со силиона од 34 кс и 45 (или 50 КС во изведбата 4x4). Обата агрегати се од „фајр“ генерацијата, (fire – fully integrated robotised engine), или во превод мотори целосно создадени (направени) од роботи. Тоа се мотори посебно конструирани за Фиат од компанијата „Родолфо Бонето“, мали по работна зафатнина, но многу ефикасни и штедливи, со брегаста во глава, четири цилиндри во линија и водено ладење. Заедно со нив новина е и дизел моторот со зафатнина од 1301 cm³ и 37 КС. Задоволните сопственици, најмногу стопанствениците, барале повеќе од својот омилен автомобил. Тие побарале да се направи товарна изведба, која Фиат ја нарече „ван“, односно „панда ван“. Ваквата изведба била како донесена од рајот за доставувачите на најразновидна роба во малите продавнички сместени во старите градски јадра каде улиците не се улици, ами тесни улички. Тоа се случило во април 1986 година. Во меѓувреме биле претставени изведби како „јанг“ и „денс“ со некој детаљ однадвор и во внатрешноста. Годината 1991 носи уште еден редизајн каде маската го добива лицето од новонаправениот „типо“. Во тој период актуелни се новите правила за издувните гасови „еуро 1“, така што некои мотори се исфрлени и заменети Фиат Панда 1991г. со нови, поточно од семејството „фајр“. По42 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

тоа како одминуваат годините така моделот добива нови материјали во внатрешноста, по некој нов детаљ како на пример управувачко тркало со четири пречки, видоизменети седишта, всушност производителот се определил за внесување не на луксуз, туку еден вид побогата опрема. Оваа „панда“, кутивчето, останува во производство до 5 септември 2003 год. кога последниот примерок ја напушта фабриката. Продажбата се одвива до крајот на август наредната 2004 година. Дури и тогаш „панда“ котирала високо при врвот и по бројот на продадени примероци на домашниот пазар била втора. Ако треба уште да зборуваме за „фиат панда“ тогаш да ја спомнеме изведбата на електричен погон „фиат панда електра“ која се појави во 1990 година и беше произведувана скоро до крајот од 1998 год. На тоа време Фиат имал и електромобил, така што тој е еден од пионерите во екологијата и зачувување на животната средина. 40 години постоење, а само три генерации На таков принцип оди развојот на најполупарниот автомобил. Втората генерација доаѓа во 2003 година, но со дизајн далеку поинаков од првичниот, препознатливиот, посебниот. Малку чуден потег на Фиат. Автомобилот требало да го носи името „џинго“ и на неколку денови пред официјалното претставување автомобилот го добива името „панда“, за неколку месеци подоцна да биде прогласен за Автомобил на годинава за 2004. Тогаш дизајнот му бил доверен на Џулијано Биасио кој во тоа време работел за дизајнерската куќа Бертоне. Третата генерација се појави во септември 2011 година на Салонот за автомобили во Франкфурт. И оваа генерација го носи само името додека од дизајнерска гледна точка има само два – три детали кои малку од малку потсетуваат на првата панда и толку. Дизајнирана е со сопствени сили во одделот на Фиат наречен Фиат Центро Стило под раководство на Роберто Џиолито. Сè уште нема објаснување или коментар

зошто Фиат направи толку радикален дизајнерски чекор при создавањето на втората генерација. Како да не ги увиде до крај големите позитивни реакции од јавноста и продажните резултати од првата генерација. Како поддршка на овие коментари сведочи следниов податок. Вкупно се произведени над 7,6 милиони примероци во период од четири децении, но 4,5 милиони примероци се во рацете на првата генерација, таа која ги освои срцата на многумина во светот, генерација која го зацврсти името Фиат во автомобилската индустрија и историја. Двете генерации по неа, немаат заедно продадено толку примероци. Затоа не е јасно што направи Фиат со неговите потези во дизајнот на оригиналната, првичната „панда“. Создавањето мал градски автомобил со сите претходно спомнати особини, не е воопшто едноставна и лесна работа. Затоа Фиат овој проект му го доделил на Џ. Џуџаро, во тој период еден од клучните ликови во светот на дизајнот. Ако не сте знаеле, негови се „лотус есприт“, потоа „гибли“, „бора“ и „мерак“, модели од Масерати, фолксвагеновиот „голф“ и многу други. Една година по претставувањето на моделот „панда“, односно во 1981, Џ. Џуџаро е одликуван со признанието Компасо д‘Оро, највисокото признание од областа на индустрискиот дизајн. Автомобилот „фиат панда“ бил многу почитуван и од младата популација возачи и од возрасните, луѓе кои умееле да ги препознаат квалитетите и употребливата вредност на автомобилот. Едноставно, „кутивчето“ наречено панда, било, е и ќе остане автомобил за сите генерации и икона во светската автомобилска индустрија и историја. • Жарко Атанасоски

„Дизајнот на пандата беше многу едоставен, но и модерен за тоа време“, и самиот Џуџаро вели дека е неговото најдобро дело и продолжува, „Тоа беше храбра идеја. Автомобилот да биде подеднакво добар за сите, двопросторен со три врати и 338 см должина, 146 см ширина и 145 висина, со пропорции изградени врз потребните димензии, со строго рамни површини за намалување на трошоците на производство, но има и футуристички решенија кога класичната рачка од вратите беше заменета со таа вдлабнатата во врата, решение кое подоцна ќе биде вградено во „уното“ со три врати.


Говедски бифтек Состојки

Говедски бифтек Маслиново масло Путер Сол Бибер Рузмарин Компир Морков Брокула

Подготовка

Говедскиот бифтек, од 220 гр, се маринира со маслиново масло и се остава во фрижидер да одлежи 24 часа. Потоа бифтекот се зачинува и се готви со путер и рузмарин. Бифтекот се сервира со варен зеленчук приготвен, исто така, на путер. Добар апетит!

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН И МЕРЦЕДЕС „ИМУНИ“ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА 1 УСПЕА ДА ОПСТОИ НА ПЛАНОТ ЗА РЕСТАРТ НА ТРКИТЕ БЕЗ ПУБЛИКА, ПРИ ШТО ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АВСТРИЈА БЕШЕ ПОЧЕТНАТА ТОЧКА, А ПОТОА НА ИСТАТА ПАТЕКА „РЕД БУЛ РИНГ“ СЕ ОДРЖА И ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ШТАЕРСКА, ЗА СПЕКТАКЛОТ ДА КУЛМИНИРА ВО СОСЕДНАТА УНГАРИЈА СО ЈУБИЛЕЈНОТО 35. ИЗДАНИЕ НА Ф1 ТРКИТЕ ВО ОВАА ЗЕМЈА.

44 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


С

езоната на која многумина и се радуваа поради фактот дека се одбележува 70-годишнината од почетокот на Светското првенство во Формула 1 (Голема награда на Британија на 13 мај 1950 година) со ревидиран и интензивен распоред се враќа на светската сцена. Три трки во три викенди едноподруго беше таканаречениот „јулски дел“ од новиот календар, а веќе од први август следува уште едно такво поглавје. Она што беше забележливо на сите три трки од почетокот на оваа сезона е дека Мерцедес и натаму е убедливо најдобриот конструктор и го има најбрзиот болид. Во Австрија, Валтери Ботас беше човекот со најголема инспирација, освојувајќи ја пол позицијата и победата, додека Хамилтон поради контакт со Албон беше казнет со додавање време на неговиот резултат, поради што падна од второ на четврто место. Наспроти ова, веќе следната недела видовме сосема поинаков распоред на силите на истата патека, при што дождот беше обележје на квалификациите, па Хамилтон се наметна како најбрз и тоа го повтори и во трката.

За разлика од нив, конкуренцијата покажа дека не ја искористила соодветно големата пауза, па така Ферари во двата наврати имаше болид кој испаѓаше во втората сесија од квалификациите, додека Рено и Мекларен „паднаа во сенка“ на болидите обоени во розева нијанса, кои им припаѓаат на Рејсинг Поинт. Нивниот подем е оценет дека се должи на „копирање“ на болидот на Мерцедес од 2019 година, поради што Рено на втората трка во Штаерска вложи протест и ќе ја бара правдата пред техничката комисија на ФИА. Предмет на жалбата се интелектуалните права за конструкција на болидите, бидејќи со пропозициите е предвидено секоја екипа да конструира сопствен болид и да ги поседува интелектуалните права за тоа. Во случајот, од страна на Рено се обжалени делови од системот на сопирачките, што визуелно имаат идентичен изглед со ланскиот на Мерцедес. Стјуардите ја прифатија жалбата велејќи дека таа е поднесена согласно од Член 13 на Спортскиот правилник, но дека не може да биде донесена одлука веднаш бидејќи за постапувањето по оваа жалба имаат потреба од повеќе време. Поради тоа, болидите со број 11 и број 18 се пломбирани, а побарано е Мерцедес да достави примероци од делови на системот користен во 2019 година. Прашањето натаму ќе биде предмет на истражување од страна на техничкиот оддел на ФИА, по што ќе се комуницира решението преку стјуардите од трката во Штаерска. По првите две трки, Строл и Перез веќе му донесоа 22 бодови на Рејсинг Поинт, па овој тим се најде на четвртото место меѓу конструкторите. За споредба, Рено има две осми места и 8 бодови во генералниот пласман. Третата трка во Унгарија беше најавена како голема пресвртница за Ферари, во смисла на тоа дека тимот од почетокот на сезоната увидел дека концептот за 2020 година не е конкурентен, па започнал со подготвување нов болид, кој требало да дебитира токму на Хунгароринг. Сепак, од големите најави немаше ништо спектакуларно, освен дека Фетел и Леклер конечно стартуваа во првата десетка, зад болидите на Мерцедес и Рејсинг Поинт. Тоа ни од далеку не ги задоволи критериумите во поглед на нивните перформанси, бидејќи повторно беа на ниво на Мекларен и Рено, со задоцнување поголемо од една секунда зад времето на пол позицијата на Хамилтон. Тој, пак, имаше причина за поголемо славје, првото стартно место во Унгарија е број 90 во неговата кариера, издвојувајќи се на вечната листа пред Шумахер со 68 и Сена со 64. – Морав да се штипнам за да поверувам во ова. Деведесет пол – позиции, навистина се многу! Доволно сум понизен за да кажам дека им должам многу на повеќе луѓе, болидот е извонреден. Како и да е, Валтери Ботас секогаш прави да биде многу тешко за мене и повторно беше доста тесно, – изјави Хамилтон по неверојатниот подвиг. Најголемите возбудувања во трката беа нанижани пред стартот: најпрво Ферстапен излета во ѕидот додека возеше од гаражата кон стартната позиција, а откако неговите механичари одлично се снајдоа во ваквата ненадејна тревога, сите стратегии се сведоа на изборот на пневматици. Речиси сите стартуваа со интермедија, освен болидите на Хаас кои влегоа во бокс по загревачкиот круг и стартуваа од последните места. И покрај тоа, веќе по пет круга тие се најдоа меѓу првите пет кога останатите влегоа да менуваат гуми.

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


За разлика од Мерцедес и Рејсинг Поинт, кои извозеа два стинта на „медиум“, останатите предводени од Ферстапен и Леклер, пробаа стратегија со „меки“ и „тврди“ гуми. Тоа донесе до мала драма на крјот во која Ботас го бркаше второто место на Ферстапен, но не успеа да го престигне бидејќи загуби многу време заобиколувајќи задоцнети болиди (меѓу кои беа и оние на Ферари со цел круг зад победниците). Со осмата победа во Унгарија го израмни рекордот на Михаел Шумахер за бројот на победи на едно гран-при. Воедно, ова е негова шеста победа заедно со пол позиција (во низа), а со триумфот во Штаерска и Унгарија

го надмина и рекордот од 19 гран при успеси на Аиртон Сена за победи остварени со тотална доминација: пол позиција и целосно водство во трка. Зад тројката Хамилтон-Ферстапен-Ботас се најдоа Строл и Албон. Ферари имаше уште една потпросечна трка во која Фетел го освои шестото место пред Перез, додека Рикиардо по трет пат се најде на осмото место оставајќи го зад себе Кевин Магнусен. Карлос Саинц со Мекларен во последните кругови го престигна идниот тимски колега Леклер во трка за последниот бод наменет за десеттото место. • Александар Табаковски

ЖАН ТОД ГО НАЈАВИ ШУМАХЕР НАСКОРО ВО ЈАВНОСТА

Жан Тод во последно време се издвои како најрелевантен извор за здравствената состојба на Михаел Шумахер, а непосредно пред денешната трка за Големата награда на Унгарија, легендарниот Французин излезе со нови детали, но и оптимистичка прогноза за цела јавност. Поранешниот шеф на Ферари редовно го посетува Германецот во неговиот дом, а додека семејството Шумахер цврсто ги чува во тајност сите детали за состојбата на Михаел, иако е доста резервиран, Тод е единствениот кој дава било какви точни информации за прославениот Ф1 шампион. – Го видов Михаел минатата недела. Ќе ви кажам дека се бори. Бев во неговиот дом и повторно го видов, се надевам дека брзо ќе може да го види и цел свет. Тоа е она на кое работат тој и цело негово семејство, – откри Тод во ексклузивното интервју за „Дејли меил“. Во истото, Тод беше запрашан дали Шумахер е и најдобриот Ф1 возач на сите времиња, по што легендарниот Французин даде објективен одговор, нагласувајќи дека неправедно е да се избира само еден од повеќе шампионски ери. – Јас го сакам Михаел, но невозможно е да кажете кој е најдобар на сите времиња. Тука е Хуан Мануел Фанџо, Џим Кларк, Аиртон Сена и секако Михаел. Може само да се каже кој е најдобар во својата ера, во својата генерација, – порача Тод.

46 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ НАТПРЕВАРУВАЊА КАКО ФОРМУЛА 1 И МОТО ГП ГИ РЕСТАРТИРАА СВОИТЕ ПРВЕНСТВА И ДАДОА ЈАСЕН ПРИМЕР ВО КОЈА НАСОКА ЌЕ СЕ ДВИЖИ СПОРТОТ ЗА ВРЕМЕ НА СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА СО КОРОНАВИРУСОТ.

П

ротоколите и прописите кои се на сила предвидуваат да се направи сè што е можно во насока на спречување на ширење на заразата, при што трибините остануваат без навивачи до некоја подобра ситуација во иднина. Колку се строги законите, веројатно може да се заклучи и од изјавите дадени од Хамилтон и Хорнер за време на унгарското гран при, каде што се цитираат затворски казни за нив доколку е прекршен строгиот режим. Истовремено, во пониските категории се прават обиди да бидат рестартирани трките, но во различни форми, проблемите сè уште се присутни. Најголемиот и најизразениот проблем се патувањата и минувањето на границите бидејќи повеќе земји воведуваат сопствен режим согласно бројките на заболени во една држава. Тоа се рефлектира и на логистиката и транспортот на возилата, а не само на луѓето. Парадокс е дека оние кои се натпреваруваат во повисоки форми на првенства, светски или ев-

47 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ропски, поради тоа што мораат да минат повеќе граници и да се соочат со повеќе тестови, имаат потешка задача. Притоа, надлежните служби го ценат еден клуб или тркач согласно државата која го издала пасошот, а не каде бил и каде престојувал извесен тим до тој момент. На овој начин, се става сопка на сите оние кои сакаат да возат во европски натпреварувања и да патуваат на трките согласно новите ревидирани календари. Но, од друга страна, има и чесни исклучоци: оние натпреварувања кои се одржуваат во една земја, како што е тоа случај со Италија и Порше Карера Куп трките каде што настапува Ристо Вуков, не се оптоварени со истите транспортно-логистички проблеми како оние кои настапуваат во ТЦР Европа. Вуков се чини дека е предодреден да има најмалку вакви проблеми, па потенцијално ќе може најмногу да се фокусира на своето возење. Овој проблем е парадоксален и мора да има извесна интервенција од ФИА за сметка на другите натпреварувања како што се континенталните собири. Конкретно, календарот на ТЦР Европа почнува со првата трка во втората половина на август и со „редовно темпо“ тера сè до ноември низ различни земји, а исто е и со календарот на ТЦР за Источна Европа. Дури и македонското првенство кое има трки што се бодуваат во околните земји е оптоварено од ваквиот проблем.

Да не се залажуваме: спортските настани знаат да бидат големи собири на луѓе и со тоа претставуваат потенцијална опасност. Примерот со фудбалскиот натпревар меѓу Интер и Валенсија често се цитира дека бил вистинска „бомба“ за ширењето на коронавирусот во Италија: десетици илјади луѓе кои го користеле јавниот превоз за да допатуваат на стадионот во еден ден ја пренесоа кобната зараза низ регионот, а дури и гостинскиот тим по враќањето во својата земја посочи дека десетици фудбалери биле заразени за време на гостувањето. Мерките на претпазливост мора да се сфатат сериозно, па секој пропис во нивна заштита е во ред. Тркачите сами по себе одамна имаат расчистено со стравовите, но сега се во улога и да се борат за заштита на туѓото здравје, како и да ги спасат своите кариери, бидејќи за многумина трките се професионална определба, а дури за механичарите и инженерите основен извор на приходи за преживување. Поради тоа и на ова поле, мора да се научиме да се справуваме со новата реалност и на таков начин да им се вратиме на трките како на возбуда која ретко се гледа. • 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


Фернандо Алонсо

ВРАЌАЊЕТО НА ОСАМЕНИОТ ВОИН ВЕРОЈАТНО НАЈЛОШО ЧУВАНАТА ТАЈНА ОВА ЛЕТО БЕШЕ ПОВТОРНОТО ДОАЃАЊЕ НА ФЕРНАНДО АЛОНСО ВО РЕНО, ОТКАКО СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД-19 ОСТАВИ ТРАГА ВО СВЕТОТ НА ТРКИТЕ И МОЖНОСТА ВО ТОЈ СВЕТ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО НАТПРЕВАР, ЗАБАВА И ЗАРАБОТКА.


O

ткако дебитираше со Минарди на почетокот од новиот милениум, Фернандо Алонсо целиот свој талент го избруси во професионална кариера за каква многумина сонуваат префрлувајќи се во Рено, каде што освои две титули светски шампион, притоа симнувајќи го од тронот тогашниот седумкратен првак, Михаел Шумахер. Двата наслови светски шампион во 2005 и 2006 го однесоа во Мекларен за 2007 година, но два момента беа пресудни неговиот договор со тој тим да заврши истата сезона: скандалот во кој неговиот нов тим беше обвинет за поседување на недозволени информации од конкурентски тим (Ферари) по што следеше и драконска казна, како и доаѓањето на Луис Хамилтон за тимски колега. Алонсо се врати во Рено за сезоните 2008 и 2009 година, но уште еден скандал му пресуди на тогашниот менаџмент, поради аферата „Крешгејт“ (која се случи на трката за ГН Сингапур во 2008 година, а беше публикувана следното лето). Следуваа годините на посветеност на големиот сон со Ферари и двете вицешампионски титули во 2010 и 2012 година кои покажаа дека сè уште е возач кој „пали и гаси“ кога има вистинска машина. Но, Ферари ги изневери неговите очекувања со болидите кои не можеа да се носат со Ред Бул, а во турбо ерата ни со Мерцедес. Последната етапа за него во Формула 1 беше онаа со Мекларен и Хонда, од 2015 до 2018 година, но сите соништа дека славната комбинација со која Аиртон Сена некогаш владееше во светот на трките ќе се регенерира со неговото доаѓање, всушност се покажаа како преоптимистички. Токму конструкторските проблеми од страна на јапонската фабрика се покажаа како слабата алка во тој синџир, па во последната година од неговите досегашни настапи во Мекларен добија мотор од Рено. Сите церемонии на испраќањето во Абу Даби 2018 година укажуваа дека Алонсо оди во светот на трките за да го брка предизвикот за триумф на „24 часа Ле Ман“ и „500 милји на Индијанаполис“, откако претходно има освоено победа во Монте Карло со Формула 1. Што се однесува до победата на „Ле Ман“, истата беше освоена во првиот обид во 2018 година со Тојота, а повторена и во 2019 година. Обидите за успех на трката во САД се искомплицираа, откако не толку добриот раскин на односите со Хонда му се испречи на патот кон добивање шанса со некој квалитетен тим. Поради поместувањето на трката од традиционалната мајска дата во август, Алонсо ќе може да атакува на „500 милји Индијанаполис“ веќе на 13 август оваа година, со болид именуван како Ероуз Мекларен, а со погон на Шевролет. Во меѓувреме, Формула 1 ги помести новите правила за 2022 година, што значи дека истиот сет на регулативата што е на сила сега, ќе биде и во 2021 година. Тоа не ветува многу за шансите да се направи сериозен пресврт со Рено, но од оваа екипа заминува Даниел Рикиардо, кој оди во Мекларен. Тоа креираше огромна празнина во францускиот тим, поради што ангажманот на искусен возач беше приоритет, а изборот падна на Алонсо. Алонсо ќе наполни 39 години на крајот од јули, а во Рено договорот го обврзува на две сезони (две плус една опционална), но сепак му е дадено право во секое време да го раскине истиот доколку смета дека работите не одат во посакуван правец. – Рено тимот е презадоволен што може да потврди дека Фернандо Алонсо заедно со Естебан Окон ќе го сочинува нашиот стартен двоец за сезоната во 2021-ва година. Набрзо по потврдувањето на зделката, Алонсо излезе и со прва изјава како нов член на тимот, порачувајќи дека неверојатните спомени од Рено го натерале да се одлучи за ваков чекор во кариерата.

– Рено е мое семејство, најдобрите спомени од Формула 1 се од тука. Добро знаете што направив тука, двете шампионски титули ги освоив со Рено и едвај чекам да влезам во болидот. Горд сум и почестен што се враќам во тимот, – рече Шпанецот, кој минатава зима за првпат настапуваше на легендарното рели „Дакар“ со тимот на Тојота. На хартија, неговото учество на Дакар ќе биде „замрзнато“ иако беше речиси сигурен дека ќе вози и оваа зима на трката која овој пат се организира во Саудиска Арабија. – Ќе се обидам со моето искуство да им помогнам на младите таленти. Ќе се обидам да бидам важен дел во конструкцијата на шампионски тим. Навистина сум подготвен. Ќе почнам со подготовките за Формула 1 од септември, ќе имам специфични тренинзи. Многу сум мотивиран и подобар од било кога, – додава Алонсо. Од друга страна, тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебо, изјави дека влогот на Алонсо всушност е да биде во совршена форма за 2022 година. Правилата за 2021 имаат само мали разлики во извесни рестрикции кај аеродинамиката, додека сетот на правила за новите болиди треба да значи мошне поголеми промени, а со тоа надеж и во нов распоред на силите. - Тој има голема мотивација, имајќи предвид дека отсуствуваше две сезони од спортот што го сака. Во спортот има многу примери за камбек, се надевам дека ќе биде позитивен. Разговаравме чесно, и знам со сигурност дека нема погрешни очекувања за следната година, туку дека проектот за 2022 година е она што е интересно за спортот, за тимот и за него. Абитебо смета дека нема потреба да се плаши од нарушување на атмосферата во тимот, бидејќи Алонсо го следи таков глас, туку повеќе е насочен кон да ја набљудува неговата мотивација. Сепак, прецизен е по прашање на тоа дека Шпанецот заслужува болид за победи и тоа е она што ги спојува. - Фернандо ја знае Формула 1 како од внатре на патеката, така и надвор од неа. Само како идеја, тој има капацитет на градење план, на градење стратегија. Не само за тркачкиот тим, туку и за целиот програм фокусиран на Формула од страна на фабриката. За него, сè се движи околу 2022 година. Тој речиси нема интерес за 2021 година, но ќе се трка за нас и така што ќе има интерес да не натера да бидеме конкурентни колку што е тоа возможно. Но, во пракса, тој ни вели „заборавете на 2021“. Не дека нема да бидеме пристојни, туку затоа што сè е во знакот на 2022 година. Таа филозофија ја носи тој, а за мене како менаџер на тимот тоа е од огромна помош. Исто така, тоа ќе ги смири и луѓето во екипата,- вели тимскиот шеф на Рено. • Александар Табаковски КОЈ Е ПОДОБАР, ШУМАХЕР ИЛИ АЛОНСО? Флавио Бриаторе е човекот кој ги „откри“ Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо како млади возачи, им даде шанса во неговиот тим и стигна со обајцата до шампионски титули. Одговарајќи во интервју за официјалната веб страна на првенството, на Бриаторе му беше поставено прашањето кој од овие двајца возачи е подобар? - Тоа е како да прашате дали е подобар Меси или Роналдо! За мене, Фернандо иако е Шпанец, е помалку емотивен отколку Михаел. Додека Михаел беше можеби подобар во мотивирањето на тимот, Алонсо е оној што никогаш не се откажува. Ми текнува на трката во Имола 2005 година, буквално 15 круга Михаел беше залепен до болидот на Фернандо. Ни едниот ни другиот не направија ни најмала грешка. Фернандо во последната година од Формула 1 беше несреќен, а сега е среќен бидејќи е слободен. Тој е тркач, сака да се трка во сè што се движи! Тој е подготвен за следната година, 100%. Опасен возач!

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


Ендуро шампионат за 2020 година

ЦЕЛ НИ Е ДА НАПРАВИМЕ ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ПАТЕКИ ВО ЗЕМЈАВА И ПОШИРОКИОТ РЕГИОН МОТОСПОРТОТ Е ВО ЕКСПАНЗИЈА И НАШАТА ЗЕМЈА ЈА ФАЌА ПОСЛЕДНАТА МОЖНОСТ ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СВЕТСКИТЕ СПОРТСКИ ТРЕНДОВИ. ВО ТАА НАСОКА МК „МОТО ВЕЛЕС“ И ДРУГИТЕ МОТОКЛУБОВИ ВО ЗЕМЈАВА ВЕЌЕ ИМААТ ИСКУСНИ И ВРВНИ ВОЗАЧИ ШТО УЧЕСТВУВАЛЕ НА МНОГУ ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ МОТОТРКИ.

50 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


M

ото клубот „Мото Велес“, под покровителство на Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес, на својата патека ендуро над велешкото езеро Младост на 21 јуни ја организираше првата трка од годинашниот Ендуро шампионат за 2020 година. По нерамен терен педесетината учесници возеа четири круга по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде што се мереше времето. Драган Ванов од Мото клубот „Мото Велес“ беше прв во класата Е-1 од 250 кубици, втор беше Денис Гареј од СРТ „Куманово“ и трет Елвир Мемедов од Мото клубот „Мото Велес“. Во класата Е-2 до 450 кубици прв беше Синиша Николоски од МК „Мото Велес“, втор Самет Имеров од МК „Мото Велес“ и трет Марко Златановски од Ендуро тим „Водно“. Во класата Е-3 над 450 кубици прв беше Дејан Маркоски од МК „Драпачи“, втор Давид Ристов од МК „Мото Велес“ и трет Ангелче Стојковски од Ендуро тим „Водно“. Во класата Off Road без лиценци прв беше Дардан Дехари, втор Наунче Чулчески и трет Никола Маркоски и двајцата од МК „Кај Антените“ од Охрид. Инаку првопласираниот во најтешката класа до 250 кубици Драган Ванов е државен ендуро шампион во изминатите две првенства во 2018 и во 2019 година, а ако и годинава биде прв ќе го освои и златниот шлем, велат организаторите. Сашко Ванов посочи дека на трката ги почитувале сите препораки на Агенцијата за млади и спорт во услови на пандемија на Ковид-19 и се натпреваруваа без публика, а бидејќи станува збор за индивидуален спорт натпреварувачите немале никаков непосреден контакт. Сите учесници на ендуро натпреварот за АМСМ Клуб Мобилити изјавија дека оваа патека ендуро е најдобра во земјава и во поширокиот регион и дека се задоволни од организацијата и од натпреварот. ПАТЕКАТА ЕНДУРО НАД ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО СТАНУВА ЕНДУРО ЦЕНТАР ВО ЗЕМЈАВА И ВО РЕГИОНОТ Како што истакна Сашко Ванов од Мото клубот „Мото Велес“, на патеката ендуро напорно работеле четири дена за да ја оспособат, а за нејзино чистење имале на располагање и два булдожера, еден го обезбедиле со свои финансиски средства и еден од Општина Велес. Тој појаснува дека патеката насловена „MOTO VELES MH TRACK“ ја проектирал неговиот пријател битолчанецот Христијан Илиоски, познат мистер „Мотокрос“, кој ги водел работите со механизацијата на тимот на МК „Мото Велес“: Драган, Виктор, Мартин CRF, Мартин FMX, багеристите Боби, Аце и Марјан Манче, кои четири дена по жештина напорно работеле од утро до вечер за да ја завршат работата. Тој искажа посебна благодарност до Томас и Стеве без чија помош патеката не ќе можела да се реализира. Голема благодарност упати и до фирмата „Делта пром“, Општина Велес и до градоначалникот Аце Коцевски.

Драган Ванов, ендуро државниот шампион за 2018 и за 2019 година, победи во класата Е-1, а во класата Е-2 неговиот колега од МК „Мото Велес“, кичевчанецот Синиша Николоски

Ванов потенцира дека освен од Општината и лично тој вложил големи финансиски средства за реализација на оваа патека. Тој воедно информира дека промотивната МХ трка за отворањето на мото крос патеката, која е непосредно и паралелно со патеката ендуро над велешкото езеро Младост ќе биде наесен. МХ Тrack MOTO VELES над велешкото езеро ја финиширал со помош на Христијан Илиоски, Драган Ванов, Марјан Петровски, Томас Семпре Варналиев, Виктор Караколов и Мартин Димовски. НИ БЕА ПОТРЕБНИ 16 ГОДИНИ ОД ПРОЕКТ ДА РЕАЛИЗИРАМЕ ПАТЕКА ЕНДУРО Ванов вели дека МК „Мото Велес“ проектот за патеката ендуро го изработил во 2004 година во првиот мандат на тогашниот и сега актуелниот градоначалник Аце Коцевски. -Имавме голем интерес, но немаше можност да се реализира тој проект, кој за реализација продолжи и со другите градоначалници, Горан Петров и Славчо Чадиев, кој направи напор да се отстапи тој простор за патеката на МК „Мото Велес“, што беше прифатено од Советот на Општина Велес. Имам сознанија и дека државата тој простор ѝ го дала на Општина Велес и ние од МК „Мото Велес“ сега ги очекуваме докумен-

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


тите. Значи проектот го започнавме во првиот мандат на градоначалникот Аце Коцевски и по 16 години повторно со него го завршуваме, потенцира Ванов. Тој информира дека проектот за да се реализира до патека е важна и поддршката со механизација, но и со големо залагање на фирмата, пријателите и колегите. Голема заслуга, како што веќе напомна, има и нивниот пријател Христијан Илиоски од Битола, кој ја проектирал патеката. -Инаку, Илиоски е најдобар мотокрос возач на Балканот и во Источна Европа и точно знае како треба да се трасира врвна патека, појаснува Ванов. Тој вели дека освен багерот од Општина Велес, за да се завршат работите побрзо ангажирале уште еден багер на свој трошок и напорно работеле четири дена за да ја подготват целосно патеката. -Ваква патека се прави за еден месец, а ние ја направивме за само четири дена, секако има простор за нејзина доработка и нови вложувања. Треба да се постави систем за наводнување, за поливање на патеката, треба вода и струја и ограда и на тоа ќе работиме во наредниот период. За да се реализира тоа ќе бараат помош и поддршка од државните институции, од Агенцијата за млади и спорт и од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес, најави Ванев. ПАТЕКАТА ЕНДУРО И МОТО КРОС НАД МЛАДОСТ ЌЕ СТАНЕ ЦЕНТАР ЗА ВРВНИ БАЛКАНСКИ И ИСТОЧНОЕВРОПСКИ МОТОТРКИ -Цел ни е да направиме една од најдобрите патеки во земјава и поширокиот регион бидејќи условите за трки се феноменални, со оглед на местоположбата над езерото. Ако добиеме можност да изградиме придружни 52 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

елементи што ги бара Светската мото организација, на оваа патека ќе може да организираме трки од балкански ранг, па источноевропски и нагоре, се надева и планира Ванов. Тој вели дека иако доцниме како држава, сепак оваа патека е приклучок кон светскиот мотоспорт. -Мотоспортот е во експанзија и нашата земја ја фаќа последната можност да се вклучи во светските спортски трендови. Во таа насока МК „Мото Велес“ и другите мотоклубови во земјава веќе имаат искусни и врвни возачи, а меѓу нив се и нашите членови што учествувале на многу европски и светски мототрки, потенцира Ванов. Најавува дека оваа мотокрос патека што оди паралелно со патеката ендуро над Младост ќе биде отворена наесен. Појаснува дека за да се реализира тоа ќе треба да набават систем за наводнување за да нема прав и стартна рампа, за што треба да обезбедат средства. Затоа и ги повикува надлежните институции и приватните фирми да ги спонзорираат и да им помогнат за отворање на мото патеката. -Мото крос патеката е паралелна со патеката ендуро и сега е во должина од 1.450 метри, а според стандардите треба да биде минимум 1.600 метри. Затоа во наредните месеци планираме да ја доградиме и да направиме систем за наводнување и стартна рампа и наесен да ја отвориме со мото крос трка, најавува Сашко Ванов. •Антоанела Димитриевска


Прашања и одговори

• Дали постои можност возилото да го регистрирам 15 дена пред истекот на регистрацијата? Поздрав, Виолета АМСМ: Законски возилото може да се регистрира триесет дена пред истекот на важноста на регистрацијата. • Планирам да вградам плински уред во возилото. Ме интересира колку чини атестирањето и дали целата постапка може да се изврши кај вас? Благодарам, Андреј АМСМ: Постапката за одобрување на преправено возило со дополнително вграден уред за погон на возилото на течен нафтен гас

(ТНГ) се состои од неколку чекори што може да се спроведат во службите во АМСМ. Откако ќе се изврши вградување на уредот за ТНГ во возилото во Станицата за технички преглед се пристапува кон постапката да се констатира преправката на возилото, се прави записник со кој од службите од МВР се добива упатница за одобрување на преправката во овластена техничка служба. Со така добиената упатница во техничката служба на АМСМ – Центар за возила се извршува преглед на возилото и се издава документ – Потврда за сообразност. Последниот чекор е промена на сообраќајната дозвола и во неа се впишува соодветната промена. Цената на одобрувањето на преправката е 3.000,00 денари, а останатите трошоци што се плаќаат во Станицата за технички преглед и промената на сообраќајната дозвола изнесуваат околу 900,00 денари. • Ме интересира дали може да се регистрира возило купено во странство со потврда од царинска пошта за вратени регистарски таблички? Поздрав, Владо

се врши повеќе во царинската пошта. Регистарските таблички треба да се одјават во странство, таму каде што е регистрирано возилото, а при регистрацијата ќе треба да се приложат поништената и одјавената собраќајна дозвола и доказ дека се одјавени и вратени регистарските таблички. • Дали може да ми дадете информации во врска со цената на зелената карта (месечна и годишна). Поздрав, Славица АМСМ: Зелена карта се издава за два временски периода: годишна и месечна. Годишната зелена карта важи од денот на издавањето до датумот на регистрацијата на возилото и чини: - За возила со моќност на моторот до 66 KW - 3.690,00 денари - За возила со моќност на моторот над 66 KW - 5.536,00 денари Зелена карта со важност од еден месец од денот на издавање: - За возила со моќност на моторот до 66 KW - 1.850,00 денари - За возила со моќност на моторот над 66 KW - 3.075,00 денари

АМСМ: Одјавата на регистарските таблички за возило купено од странство, т.е. со странски регистарски таблички според незваничното известување од МВР не

ВАШИТЕ ПРАШАЊА ИСПРАЌАЈТЕ ГИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА: contact@amsm.com.mk

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

53 05.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МОТО ГП

КВАРТАРАРО Е НОВ ЛИДЕР КАЈ МОТОЦИКЛИСТИТЕ ИАКО Е ПОЗНАТО ДЕКА ЌЕ ОДИ ВО ФАБРИЧКИОТ ТИМ НА ЈАМАХА ДУРИ СЛЕДНАТА ГОДИНА, ФАБИО КВАРТАРАРО ВЕЌЕ ВО ПРВАТА ТРКА ОД НОВАТА СЕЗОНА СО САТЕЛИТСКИОТ ТИМ СПОНЗОРИРАН ОД ПЕТРОНАС, УСПЕА ДА СТИГНЕ ДО ТРИУМФ КОЈ БЕШЕ ИЗРАЗЕН СО ПОЛ ПОЗИЦИЈА И ПОБЕДА ВО ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ШПАНИЈА.

П

о долго чекање, во Шпанија стартуваа возбудувањата од светското првенство во Мото ГП, при што ревидираниот календар за оваа сезона предвидува седум трки во оваа земја во текот на 2020 година. На добро познатата патека во Херез насловена во чест на поранешниот светски првак Анхел Нието, а која вообичаено е старт на европскиот дел од сезоната во текот на пролетта, квалификациите донесоа фантастичен спектакл при што младиот Фабио Квартараро уште еднаш го демонстрираше неверојатниот потенцијал. Доминирајќи во квалификациите, тој постави апсолутен рекорд на патеката (1:36.705) за да стигне до втората пол позиција во кариерата. Тоа беше вовед во неговиот прв триумф и во трка од „кралската класа“, откако минатата сезо-

54 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

на во неколку наврати заврши „во опашот“ на Марк Маркез. Иако стартуваше прв, Квартараро имаше лош почеток и падна на четвртото место, но сепак успеа да се стабилизира и да дојде до првото место. Французинот самостојно ги мина Милер и Вињалес, додека немаше потреба да го прави тоа со Маркез кој приреди спектакл, но залудно, бидејќи имаше страшен пад по неверојатниот кам-бек. Имено, Маркез најпрво излета кога беше прв и падна на 16-то место, но потоа следеше неверојатно возење од негова страна, кое го доведе на третото место. На четири круга пред крајот, Маркез сакаше да го мине и Вињалес, но сепак префорсира во еден свиок и претрпе страшен пад, поради кој беше брзо испратен во болница. Од таборот на „Репсол Хонда“ по-

тврдија дека актуелниот светски шампион заработил фрактура на горниот дел на раката, нешто што било утврдено со првите снимања во болницата каде беше префрлен Маркез, а тоа може да се одрази на неговите амбиции за нова шампионска титула. Операцијата е закажана два дена по одржувањето на трката, но камбекот е неизвесен. – Докторите утврдија фрактура на раката и тоа во нејзиниот горен дел. Сè останато ќе биде детално проверено во болницата. Засега не можеме да кажеме ништо за периодот на рехабилитација, – изјави Алберто Пуч, директор на Репсол Хонда. – Понекогаш работите не изглегуваат според очекувањата, но најважно е да се вратиш и продолжиш. Се надевам дека уживавте во враќањето на трките, сега ме очекува операција за да ја санирам фрактурата


на десната надлактица. Ви ветувам дека ќе се вратам најбрзо што можам и ќе бидат уште посилен, – напиша Маркез на социјалните мрежи. Се очекува операцијата да биде изведена во вторник, со што Маркез нема да биде во можност да вози на втората трка во Херез, закажана по само седум дена. Втор на крајот заврши Маверик Вињалес, а подиумот го комплетираше Андреа Довициозо за кого ова е голем успех ако се знае дека пред неполн месец направи операција на клучната коска. Валентино Роси го комплетираше лошиот викенд со откажување, а во првите 10 завршија уште Милер, Морбидели, Еспаргаро, Бањаја, Оливеира, Петручи и Накагами. Поредокот во трката воедно е поредок и во генералниот пласман бидејќи со ова гран при се отвори сезоната. •Александар Табаковски

УШТЕ НЕИСПРОБАН, А ЗАМЕНЕТ!

По крајот на минатата натпреварувачка сезона, Хонда испорача „бомба“ во јавноста и ги спои браќата Маркез во ист тим, но во ситуација кога новата сезона беше одлoжена поради коронавирусот, Јапонците подготвија нов план за 2021-ва година. Сега Хонда соопшти дека Пол Еспаргаро ќе биде тимски колега на светскиот првак Марк во 2021-ва година, додека Алекс Маркез од Репсол Хонда, ќе се префрли во сателитскиот тим, ЛЦР Хонда. Двата договори се во времетраење од две години, што значи дека Пол Еспаргаро по крајот на оваа година го напушта КТМ и се сели во Репсол Хонда, тим со кој на секоја трка ќе има највисоки цели. – Во 2021-ва година ќе ја претставувам Репсол Хонда и ќе се обидам да докажам дека сум подготвен да се жртвувам за тимот. Знам дека ќе биде уште поинтензивно. Имам уште цела сезона во КТМ и ќе се обидам да бидам на нивото на кое фабриката заслужува, – порача Пол Еспаргаро. – Горд сум што продолжувам во Хонда и што ја продолжуваме соработката. По крајот на оваа сезона, ќе му се приклучам на ЛЦР Хонда тимот и тоа ќе биде одлично искуство за мене. Благодарен сум за довербата која ја има Хонда во мене, – порача Алекс Маркез кој очигледно не е разочаран што своето место во фабричката Хонда мора брзо да го отстапи.

ДУКАТИ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО КУПИ МАРКЕЗ!

Долгорочните договори се вистинска реткост во МОТО ГП зошто во спорт во кој секоја година има многу модификации не може да се даде никаква гаранција, но за нешто сосема спротивно на стартот на годината се одлучи Марк Маркез кој потпиша четиригодишен договор со Хонда. Оваа зделка изненади многумина во мото спортот, но од друга страна, пак, ни откри дека двете страни имаат огромна меѓусебна доверба која на Јапонците им го осигура светскиот шампион до 2024-та година. Договорот на Маркез пристигна во ситуација и кога се зборуваше за негова можна бомбастична преселба во Дукати, тимот кој во изминатите три сезони не дојде до светската титула токму поради извонредниот шпански возач кој доминира со својата Хонда. – Не е вистина дека не го контактиравме Маркез. Реалноста е дека ние го исконтактиравме, а тој брзо ни порача дека негов приоритет е да остане во Хонда, – вели директорот на Дукати, Паоло Чиабати. – Јапонците го блиндираа со цифра, која ако не е 20 милиони евра, тогаш е 15 милиони евра годишно. Не може да се направи против оваа економска понуда ништо од наша страна, – додаде Чиабати.

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


WRC – Зад сцена на Светскиот шампионат во рели

СВЕТСКОТО РЕЛИ НИЗ ОКО НА МЕХАНИЧАРИТЕ КАКО ВО СЕКОЈ МОТОСПОРТ ТАКА И ВО РЕЛИТО ВНИМАНИЕТО Е НАСОЧЕНО КОН ВОЗАЧИТЕ И СКОРО И ДА НЕ СЕ СПОМЕНУВААТ ХЕРОИТЕ ШТО РАБОТАТ ЗАД СЦЕНА И СЕ ОДГОВОРНИ ЗА НЕВЕРОЈАТНИТЕ ПОПРАВКИ КОИ ГИ ВРАЌААТ АВТОМОБИЛИТЕ ВО ИГРА.


Д

а се гледа едно рели низ око на механичарите е ретко и несекојдневно искуство кое го доживува оваа мала група на искусни и ентузијастички настроени „типчиња” на кои подготовката на автомобилите за рели им е душевна храна. Ова искуство несебично со љубителите на релито го споделува Марк Грифитс од тимот на Toyota Gazoo Racing. Воедно Грифитс е личен техничар на шесткратниот светски шампион во рели Себастијан Ожие и ја истакнува важноста на улогата која ја имаат механичарите во Светскиот шампионат во рели. „Кога ќе им раскажеш на луѓето дека си бил на места како Чиле, или Аргентина, реакцијата скоро секогаш е иста. Но, помислата на одмор за нас е непознаница дури и ако сте го свртеле светот неколку пати,” вели Грифитс. „Вистината е дека ретко сум имал прилика да искористам одмор, и тоа е скоро невозможно ако знаете дека мора да бидете будни пред 5 часот наутро, и дека најверојатно нема да ја видите перницата пред полноќ. И тоа е доколку сѐ оди по планот. Да се работи како механичар во Светскиот шампионат во рели не е професија доколку сте љубител на сонот. Но, затоа е апсолутна ултимативна професија за секој љу-

бител на автомобилите и на релито. Како јас на пример. Отсекогаш сум го сакал овој спорт и шансата да работам во WRC не ја испуштив бидејќи тоа е нешто кое сум сакал да го работам отсекогаш. Сум работел за повеќе различни тимови, но сега сум во Toyota Gazoo Racing и сум техничарот „број еден” на автомобилот на Себастијан Ожие. Да се работи со возачи како Себ е прекрасно искуство. Тој точно знае што сака, директен е, и е навистина добар човек. Во колку часот станувам зависи од тоа каде е хотелот во однос на сервисниот парк. Некаде како на пример во Мексико хотелот е многу блиску и пешачиме до сервисот, што е одлично. На овие настани, вообичаено појадувам околу 06.30 часот и одам директно на работа. Но, на релијата каде сме сместени далеку од сервисната зона заминуваме организирано околу 5 часот и доручкуваме заедно со тимот откако ќе го завршиме утринскиот сервис на автомобилите. Прва задача наутро е сервис од 15 минути пред стартот на брзинските испити. Тоа е прилика да завршиме некоја работа што

05.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


останала од претходната вечер, моќност да ставиме нови гуми, да се исчисти ветробранот и евентуално да се дотера сетапот според барањето на возачот. Попладневните и вечерните сервиси се далеку понапорни. Доколку возачот имал проблем на патеките, не информира или преку телефон, или преку радио врска и објаснува што се случило. Често сме многу добро информирани за збиднувањата додека го гледаме преносот во живо на WRC+. Овој ТВ сервис е нешто што навистина ја смени природата на нашата професија. Пред ова се потпиравме само на описот на проблемот што го даваше екипажот. Понекогаш ќе испратеа фотографија од скршениот дел од суспензијата или ќе се обидеа да бидат подетални во објаснувањето колку да се разбере што не очекува кога автомобилот ќе пристигне во сервис. Но, сега со ТВ камерите кои постојано ги следат автомобилите се добива многу појасна слика, не само за оштетувањето на автомобилит, туку и за тоа како дошло до оштетување, што е многу корисно за полесно санирање на проблемот. Кога автомобилот ќе пристигне во сервис имаме 40 минути време за работа на ручек, и 45 минути навечер. Во олку ограничен временски период за сервис нема многу што може да поправиме кај автомобилот доколку повредата е голема. Но, такви се правилата. Сепак, и во олку кусо време можеме да го смениме комплетно преносниот систем,

односно трансмисијата. Ја менуваме суспензијата, и скоро сето она кое го дозволуваат правилата. Станува комплицирано само кога има оштетување на самиот автомобил. Доколку автомобилот удрил, или се превртел потребна е поправка на каросеријата, менување на менувачката кутија и поставување нова суспензија на сите четири тркала. Е тогаш сме презафатени и брзаме да направиме што повеќе поправки. Не постои ништо налик напливот на адреналин во тие моменти. Очекувањето додека автомобилот влегува во сервис е прекрасно чувство. Пред да пристигне имаме состанок со сите што работат на автомобилот и секој механичар прецизно знае што треба да направи и кога. Се планира буквално секој потег. Најголемата промена во поглед на нашата работа е воведувањето на централна сервисна зона, нешто што го немаше пред повеќе од дваесет години. Сепак среќен сум што ја уловив и таа ера од релито. Влегов

07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk | www.amsmklubmobiliti.mk 58 05.2020


во шампионатот во 1998 година со Subaru и доживеав такви моменти од кои ми останаа мемоари за големи авантуристички поправки на автомобилите во пустелии каде ретко стапнува човечка нога. Сѐ уште постои елемент од ваква авантура на некои настани каде се предвидени истурени зони за монтирање гуми. Убаво е кога ќе се напушти сервисниот парк и ќе се запознае дел од државата каде сте дошле да се натпреварувате. За жал овие моменти стануваат се поретки. Меѓу сервисите работиме на подготовка на нови делови, анализираме податоци и поправаме делови кои можат да се поправат. Но, никогаш не се исклучуваме од релито и будно го следиме секој брзински испит. Еден од најкомпликуваните сервиси е во петок навечер на релито на Шпанија. Всушност тоа е и најдолгиот сервис во сезоната и трае 75 минути. На овој сервис комплетно го менуваме автомобилот и од спецификација за чакал го претвораме во спецификација за асфалт. Вообичаено за да се направи сето ова ни се потребни неколку дена во фабричката работилни-

ца, но за време на релито имаме само 1 час и 15 минути да ја завршиме работата што е многу исцрпувачки. Да се работи интензивно по цела ноќ сѐ уште е редовна појава во Светскиот шампионат. Правилата дозволуваат автомобилите кои се откажале да можат да стартуваат повторно следниот ден. Доколку вашиот автомобил се откажал на последниот брзинец од денот најчесто не пристигнува во сервисот пред полноќ, и тогаш имате прозорец од само три часа да работите на него и да го поправите. Се губи време и додека ги подготвувате сите делови кои се потребни за да се поправи. Така понекогаш почнувате да работите на автомобилот во 1, или во 2 часот по полноќ и го користите целото време кое ви стои на располагање. Не сум сигурен дека на повеќето сето ова им е пример за како треба да изгледа еден одмор!” • Љубомир Атанасовски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


БРЗО И ЛЕСНО ДО ВАШЕТО АМСМ ЧЛЕНСТВО! Дел од АМСМ членовите повеќе години го користат оnline-каналот за купување или за обновување на членството со погодностите што ги нуди. АМСМ направи измени и приспособување на својот оnline-канал и воведе новини што се однесуваат и за физички и за правни лица. Сега многу лесно и брзо, без најава и без регистрација на каналот за електронска продажба, само со неколку чекори може да станете АМСМ член и да имате 24/7 поддршка на пат, но и можност за купување со попуст. Доколку аплицирате оnline, АМСМ картичката ја добивате бесплатно на домашна адреса или на адреса што вие ќе ја наведете за доставување во апликативна форма.

ПОДАРЕТЕ АМСМ ЧЛЕНСТВО Online-каналот го дополнивме со уште една привилегија, а тоа e можноста да им подарите АМСМ членска картичка на блиските пријатели доколку сакате да одбележите нешто важно или само да покажете внимание. Во согласност со предностите и со придобивките што ги нуди оnline-каналот за зачленување ве поттикнуваме да ја искористите можноста да се зачлените електронски БРЗО И ЛЕСНО. На овој начин заштедувате време и пари бидејќи добивате 10% попуст.

ПРОЦЕСОТ НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ Е СЛЕДЕН: • Отворете ја нашата веб-страница - www.amsm.mk; • На почетната страница, движејќи се надолу, без многу да барате, веднаш ќе го најдете делот АМСМ Членство кликнете на копчето „Зачлени се!“ за да пристапите до можноста за online-зачленување; • Изберете го типот на АМСМ членска картичка - за физички лица (Europe Premium, Classic или Light) или за правни лица (Business или Business Europe Premium) и одете на копчето „Купи“; • Внесете ги вашите лични податоци и податоците за вашето возило; •

Изберете го начинот на доставување на вашата картичка - по пошта или лично; и

• Внесете ги податоците од вашата платежна картичка за да го направите плаќањето online, за што добивате 10% попуст на цената на членската картичка.

По успешно извршеното плаќање добивате потврда, а вашето членство е продолжено до следната година. Патувајте БЕЗГРИЖНО! 60 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62 07-08.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2020


FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”

2

05.2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

05.2020

3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

05.2020


МОМЕНТ МАЛ

05.2020

5


6

05.2020


02.2020

7


“

8

05.2020


05.2020

9


05.2020


05.2020


%

05.2020

10


2008

05.2020


15%

02.2020


02.2020


02.2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.