AMSM Klub Mobiliti April 2020 br.44 elektronsko

Page 1

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЗАДРЖЕТЕ ГО ПРОПИШАНОТО РАСТОЈАНИЕ

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Бојан Димитријевиќ РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

Денес светот живее во едно ново време, едноставно како целосно да запре. Веројатно кога човештвото ќе ја надмине пандемијата, за времето ќе се зборува како пред и по коронавирусот. Нема земја каде што не се воведени строги мерки за заштита на здравјето – од блокада на градови, затворање на училишта, до ограничување на патување и забрани за масовни собири. Во оваа вонредната состојба со ограничувања за движење, кога примарна препорака е физичката дистанцa, луѓето внимателно планираат како да ги завршат своите обврски надвор од домот, при што многу често за тоа го користат своето возило како најбезбеден начин за превоз. Можеби велосипедот е едно од најдобрите безбедни превозни средства со кое може да се избегне близок контакт со други лица, но не е можно секогаш да се користи. Во случај кога имате реална потреба да користите автомобил, нормално е да си го поставите и прашањето како безбедно да се возите ако во него има и други лица? За да се спречи ширење на вирусот и во случај на превоз со здравствените мерки е предвидено лицата во едно возило да бидат оддалечени еден метар едно од друго. И веднаш помислувате дали е тоа можно и како да го спроведете. Поради ова, возењето на повеќе луѓе во еден автомобил станува сериозен проблем за да се обезбеди безбедно растојание. Не постојат ограничувања ако во автомобилот се возат членови на семејство што живеат заедно. Меѓутоа, во секој друг случај мора да се почитува растојанието од еден метар меѓу сите патници. Ова практично значи дека покрај возачот во возилото може безбедно да се вози само уште едно лице што ќе седи дијагонално од возачот, односно на спротивната (десна) страна на задното седиште. На мотоцикл или скутер може да се вози само едно лице затоа што не може да се одржи пропишаното растојание меѓу возачот и сопатникот. Евентуален исклучок е ако сопатникот е брачен другар или близок член на семејството од заедничко домаќинство, но само ако за тоа постои неопходна потреба. Се надеваме дека многу брзо ќе заврши корона агонијата и животот ќе се врати во нормала. Почитувани членови, придржувајте се кон препораките на релевантните институции и задолжително внимавајте да одржувате растојание од еден метар ако се возите во автомобил. Поради моментната состојба со светската пандемија, од разбирливи причини следниот број на „Клуб Мобилити“ ќе го добиете во електронско издание, на вашата е-адреса.

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


8 10

12 20 22

30

НОВОСТИ ЛАНИ ЕКСТРАВАГАНТНА ЛИМУЗИНА, ГОДИНАВА КУПЕ СТИЛ КЛАСИКА И ЛУКСУЗ АВТО-МОТО КУЛТНИОТ ФИАТ 500 ВО ТЕК СО СОВРЕМЕНИТЕ ТРЕНДОВИ НАЈДОБРИТЕ СЕКОГАШ ПОБЕДУВААТ ПОМЕСТУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА ВОЗМОЖНОТО

Компанијата „Fiat“ го покажа новиот член од семејството на својот култен модел 500 со електричен погон, а зад ознаката...

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ КАКО ДО ПОБЕЗБЕДНО И БЕЗГРИЖНО ВОЗЕЊЕ

32

ПАТУВАЊЕ ПРЕПУШТЕТЕ Ѝ СЕ НА СТРАСТА НА ОВАА УБАВИНА

36

СТИЛ ОРАЛНАТА ХИГИЕНА, ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ НА ЗАБИТЕ

40

12

Покрај Дакар, учесниците возат уште неколку други што се влезени во натпреварувачкиот ...

42

HI-TECH КОЛКУ НИ Е ПОТРЕБНА ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ? Сезоната на трки во 2020 година всушност не ни почна...

42

55 58

ИСТОРИЈА ПРЕДИЗВИК ЗА УЧЕСНИЦИТЕ И СОН ЗА ДРУГИТЕ СПОРТ РЕЛИ ТРКИТЕ СЕ МОЈ ГОЛЕМ СОН! ШЕСТКРАТНИОТ ШАМПИОН СЕ ВРАЌА ВО ИГРА

54

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


ДРЖАВА

БЕНЗИН БМБ-95

Албанија

169,00 ALL (1,37 EUR)

Австрија

1,07 EUR

Белгија

БЕНЗИН БМБ-98/100

ДИЗЕЛ

ПРОМЕНА

169,00 ALL (1,37 EUR)

24. 3. 2020

1,23 EUR

1,05 EUR

24. 3. 2020

1,18 EUR

1,26 EUR

1,30 EUR

24. 3. 2020

БИХ

2,21 BAM (1,13 EUR)

2,35 BAM (1,20 EUR)

2,21 BAM (1,13 EUR)

24. 3. 2020

Бугарија

2,11 BGN (1,08 EUR)

2,48 BGN (1,27 EUR)

2,15 BGN (1,10 EUR)

24. 3. 2020

Чешка

28,54 CZK (1,04 EUR)

29,08 CZK (1,06 EUR)

28,33 CZK (1,04 EUR)

24. 3. 2020

Црна Гора

1,14 EUR

1,18 EUR

1,05 EUR

24. 3. 2020

Данска

9,29 DKK (1,24 EUR)

10,18 DKK (1,36 EUR)

8,69 DKK (1,16 EUR)

24. 3. 2020

Естонија

1,30 EUR

1,35 EUR

1,28 EUR

24. 3. 2020

Финска

1,38 EUR

1,46 EUR

1,25 EUR

24. 3. 2020

Франција

1,33 EUR

1,46 EUR

1,27 EUR

24. 3. 2020

Грција

1,46 EUR

1,73 EUR

1,24 EUR

24. 3. 2020

Хрватска

8,71 HRK (1,14 EUR)

9,35 HRK (1,23 EUR)

8,48 HRK (1,11 EUR)

24. 3. 2020

Ирска

1,46 EUR

1,34 EUR

24. 3. 2020

Италија

1,54 EUR

1,64 EUR

1,42 EUR

24. 3. 2020

Летонија

1,15 EUR

1,22 EUR

1,02 EUR

24. 3. 2020

Литванија

1,06 EUR

1,13 EUR

0,96 EUR

24. 3. 2020

Луксембург

0,96 EUR

1,03 EUR

0,91 EUR

24. 3. 2020

Унгарија

322,70 HUF (0,90 EUR)

339,20 HUF (0,95 EUR)

337,00 HUF (0,94 EUR)

24. 3. 2020

Германија

1,30 EUR

1,48 EUR

1,15 EUR

24. 3. 2020

Холандија

1,66 EUR

1,74 EUR

1,34 EUR

24. 3. 2020

Норвешка

15,95 NOK (1,36 EUR)

16,94 NOK (1,45 EUR)

15,22 NOK (1,30 EUR)

24. 3. 2020

Полска

4,37 PLN (0,96 EUR)

4,59 PLN (1,01 EUR)

4,58 PLN (1,01 EUR)

24. 3. 2020

Португалија

1,39 EUR

1,53 EUR

1,34 EUR

24. 3. 2020

Романија

4,47 RON (0,93 EUR)

4,94 RON (1,02 EUR)

4,67 RON (0,97 EUR)

24. 3. 2020

Русија

46,78 RUB (0,53 EUR)

54,19 RUB (0,61 EUR)

47,38 RUB (0,54 EUR)

24. 3. 2020

Северна Македонија

52,00 MKD (0,84 EUR)

54,00 MKD (0,87 EUR)

46,50 MKD (0,75 EUR)

22. 4. 2020

Словачка

1,22 EUR

1,31 EUR

1,12 EUR

24. 3. 2020

Словенија

1,03 EUR

1,16 EUR

1,02 EUR

24. 3. 2020

Шпанија

1,17 EUR

1,31 EUR

1,08 EUR

24. 3. 2020

Србија

143,90 RSD (1,22 EUR)

153,90 RSD (1,31 EUR)

153,40 RSD (1,30 EUR)

24. 3. 2020

Шведска

12,98 SEK (1,18 EUR)

13,58 SEK (1,23 EUR)

14,28 SEK (1,29 EUR)

24. 3. 2020

Швајцарија

1,53 CHF (1,44 EUR)

1,60 CHF (1,51 EUR)

1,62 CHF (1,53 EUR)

24. 3. 2020

Турција

5,24 TRY (0,72 EUR)

5,69 TRY (0,79 EUR)

5,33 TRY (0,74 EUR)

24. 3. 2020

В.Британија

1,20 GBP (1,35 EUR)

1,42 GBP (1,60 EUR)

1,23 GBP (1,39 EUR)

24. 3. 2020

6

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


HR.NET како интегрирано решение овозможува да се соберат и поврзат податоци за целиот работен циклус на еден вработен, од моментот кога вработениот е само кандидат за вработување, селекција, воведување, развој, евалуација и промоција.

Автоматизација на административните процеси со вграден систем на нотификации

Единствено досие на вработениот и лесен пристап до потребните информации

Фокусирање на вистински предизвици како управување со таленти

Усогласеност со законска регулатива

Елиминација на повторувачки внес на податоци

Собирање и поврзување на податоците за целиот работен циклус на вработените на едно место

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


HISPANO-SUIZA

ЛАНИ ЕКСТРАВАГАНТНА ЛУМУЗИНА, ГОДИНАВА КУПЕ

Х

испано Суиза најретка марка од најретките, една од многуте кои го изгубија чекорот со останатите производители на автомобили, но имајте го во предвид предзнакот со опис на луксуз. Хиспано Суиза секогаш правеле посебни автомобили кои се многу далеку од „конфекциските“. Оваа шпанска марка на автомобили со седиште во Барселона, умее од време на време да понуди нешто спектакуларно како што стори на крајот од зимата подготвувајќи купе двосед автомобил за една од петте најголеми автомобилски манифестации во годината, за таа што требаше да се одржи во Женева на почетокот од март. Купе автомобилот со две седишта ќе биде произведен во само пет примероци, а е наречен „кармен булоњ“. Супер автомобилот користи електрична енергија како гориво, а е задвижуван од два електромотори, по еден за секое тркало на задната оска. Вкупната силина од електромоторите изнесува вртоглави 1114 коњски сили доволни автомобилот да постигне брзина од 100 км/ч за скоро 2,6 секунди. Електроку-

пето со вкупна тежина од скоро 1,8 тони развива 250 км/ч и да напомнеме тие се електронски ограничени, сè во служба на безбедноста. Можеби марката е понепозната од конкуренцијата, но тоа воопшто не ја намалува способноста на конструкторите и аеродинамичарите. Коефициентот на отпор на воздух изнесува 0,32 и е подобар од надалеку познатите како: „ферари ф 12“, „ламборџини авентадор“, „кенигсег агера“, и „порше 918 спајдер“. Конкуренцијата е финансиски далеку подобра, но со аеродинамика послаба од таа на „хиспано суиза кармен булоњ“. Моделот „кармен булоњ“ е продолжение на минатогодишната лимузина „кармен“ од која се направени само 14 примероци, а заедно со купето ќе бидат вкупно 19. Ако лимузината е направена пред сè за удобни патувања со многу простор, купето е направено да потсети на спортскиот дух на марката чии автомобили на почетокот од ’20 години од минатиот век победувале на трките. Сето тоа задоволство ќе биде испорачано во 2022 за цена од 1,8 милиони долари. •

ŠKODA

СТУДЕНТИТЕ ПО СЕДМИ ПАТ ЗАЕДНО СО ДИЗАЈНЕРИТЕ

Ч

ешкиот производител на автомобили пред околу шест или седум години отпочна една идеја во која ги вклучи студентите. Нивна задача е од некој постоечки модел да осмислат негова изведба, независно дали тоа ќе биде спајдер, караван, пик ап, сув, барчета или купе. За седмото издание од оваа веќе традиционална „изложба“, студентите подготвија спајдер изведба од новиот модел „скала“. Премиерното прикажување на цртежите и објаснувањата како е правен автомобилот ќе се случи годинава во јуни и секако нивниот „скала спајдер концепт“ ќе биде под рефлекторите во изложбениот простор. Со оваа своевидна изложба, Шкода заедно со дизајнер-

8

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

скиот оддел ги поттикнува младите дизајнери да створат нешто свое и со тоа да ја заскокоткаат нивната желба за истражување за време на создавањето на нивното дело. Добрата страна на средбата со студентите е тоа што имаат прилика да бидат во директна линија со шефот Оливер Стефани на дизајнерскиот оддел во Шкода и во секое време додека работат можат да разговараат за секоја новосоздадена линија. Шкода во својот поширок состав, не само што има производни погони, туку има и центар за обука, школо, оддел во кој заинтересираните директно се вклучуваат во автомобилскатa индустрија и сè што им е потребно имаат на дланка, имаат сè во школско фабричкиот двор. Тоа школо на Шкода постои точно 90 години. •


CUPRA FORMENTOR

НОВ ЧЛЕН ВО СЕМЕЈСТВОТО

Ш

панскиот производител СЕАТ не така одамна, „отвори“ спортска дивизија на веќе постоечката марка и ја нарече Купра на која засега добро Ѝ оди. Годинава на Салонот за автомобили во Женева требаше премиерно да биде претставен моделот „форментор“ – кросовер сув во купе изведба. Дизајнерски има од сè по нешто, а најмногу лута спортска линија и оштри рабови. Ако некој ве прашува дали „форментор“ ја има спортската агресивност во дизајнот, вие одговорете потврдно. Возилото e долго 4,45 метри, што значи е наменето за семејства иако неговата форма е купе. Сега треба да го спомнеме и товарниот простор со неговите 450 литри. Погонските единици, две на број, располагаат со 310 и 159 КС. Тие силини потекнуваат од редни четирицилин-

дрични бензински мотори со зафатнина од 2,0 и 1,4 литри. Втората погонска единица всушност е хибридна („плаг ин“) и заедно со силината од електричниот мотор, возилото поседува 245 КС. „Купра форментор“ може да се вози и на исклучиво електричен погон со тоа што може да измине само 50 км. Новото возило ги има сите електронски благодети, од кои вреди да се спомне динамичката контрола на шасијата, сензорите го снимаат теренот (подлогата) и начинот на кој возачот го управува возилото, а компјутерската единица сето тоа го канализира и врз база на податоците од сензорите соодветно ги подесуваат амортизерите. „Купра форментор“ треба да влезе во продажните места на крајот од годинава •

KOENIGSEGG GEMERA

И КЕНИГСЕГ СО КУПЕ ЛИМУЗИНА

С

онот на Кристијан фон Кенигсег бил да направи супер брз автомобил, најбрз меѓу најбрзите. Во неколку наврати му успевало тоа, но секогаш ќе се најде некој да му ги помати сметките, да направи побрз автомобил и затоа сега од неговата работилница излегува моделот „гемера“. Тоа „гемера“ е всушност кованица од швeдските зборови „ге“ дава и „мера“ повеќе, или да се даде повеќе. Името е дадено за да соодвејствува со автомобилот. „Кенигсег

гемера“ е супер спортски купе автомобил со сите нишани, но за разлика од останатите кои имаат по две седишта, овој модел има четири, но неговото подвозје и натаму останува безмалку како кај тркачките автомбили. Нема компромиси, автомобилот е за сопственикот и за неговите блиски со удобност и сите привилегии што ги има една лимузина, но се разликува од останатите купе спортски лимузини затоа што нуди ултра брзински особини. •

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


FIAT STRADA

ВО БРАЗИЛ ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ „ПИКАП“

A

ко на светов му дошло до супер брз луксуз спакуван во купе каросерија, како на пример: „пининфарина батиста“, „ферари рома“, „кенигсег регера“, „апекс ап 0“, „мекларен елва“, „мекларен 620 р“, „нисан гт р 50 италдизјн“ и останатите слични на нив, во земјата на самбата, фудбалот и кафето, конструкторите мислат на нешто многу домаќинско и крајно употребливо – „фиат страда“. Теренско возило со единечен или двоен патнички оддел и се разбира отворен товарен простор. Овој тип возила ги именуваат како „пикап“ наменети и за патување и уживање, но и за сериозна работа. Некаде во непосредна близина на песокливите плажи, а можно е дејствието да се одвивало и некаде во џунглите, на крајот на краиштата не е важно каде, туку најважно е тоа што Фиат го претстави претходно опишуваниот модел „страда“. Со единечен

патнички оддел, носивоста изнесува 720 кг, а со двоен 650 кг. Должината на камионетот изнесува 4480 мм (двојна кабина), а товарниот простор е со димензии 1173 мм на 1059 мм. Најниската точка од возилото до подлогата е солидна, 208 мм, бидејќи аголот на приод кон стрмен предел изнесува 24 степени, што е повеќе од прифатливо. Во зависност од пазарите каде ќе се продава „фиат страда“ производителот ќе вградува соодветни мотори. Бензинските ќе бидат веднаш вградувани, тоа се 1,4 литарскиот со 89 КС и новиот 1,3 со 110 КС и сигурно за некои пазари камионетот ќе биде испорачуван и со дизелските погонски единици. Интересно, практично и многу употребливо возило за секојдневно вршење на работите, но и за уживање – да се појде на сурфање, скијање или прошетка по планините надвор од асфалтот. •

GENESIS G80

СТИЛ, КЛАСИКА И ЛУКСУЗ

O

д Далечниот Исток ни доаѓа нешто класично во вистинска смисла на зборот, нешто добро изработено, нешто повеќе од луксуз, нешто од премиум класата во лимузинска изведба. Луксузната дивизија на Хјундаи именувана како Генезис ја претстави новата, трета, генерација од нивната лимузина „г 80“. Лимузина но сo апетит да истакне купе облик, така што сега лимузината е купе лимузина. Како и да е, сепак, ќе се сложите дека Генезис тргнал сериозно во поход на европските производители од премиум класата. И рака на срце, добиле конкуренција која наскоро може да предизвика потреси како што сега малку по малку тоа го прави на американскиот пазар, а тоа не е било кој туку најголемиот. Сериозноста на производителот се огледува во завршната обработка на материјалите кои се со врвен квалитет. Велат дека не штеделе на ништо, но

10 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

и дека не се расфрлале. Сè е во знакот на класиката и луксузот, а тој е одмерен и не нападен туку онолку колку што треба. Новиот модел има три погонски единици, две бензински и една дизел. Бензинските се со зафатнина од 2.5 литри со турбо компресор и со четири цилиндри во линија и развива 304 КС, а пак другата, поголемата по зафатнина, 3.5 литри и шест цилиндри во V, поседува 380 КС извлечени со помош на турбо компресор. Покрај овие две како што спомнавме има и четирицилиндричен дизел чија работна зафатнина изнесува 2,2 литри со 210 КС. Добар избор на мотори, за сечиј вкус, но и за сите меридијани има подготвено по нешто. Ако автомобилот тргне да се продава и на континентов, сигурно најпродавана ќе биде изведбата со дизел агрегат. Новата лимузина од Генезис нуди стил, препознатлива класика и не нападен луксуз. •


ZENVO TSR-S

ОД ТИЕ НАЈБРЗИТЕ, АКО МОЖЕ

Н

ешто на брзата трака од пистата, невообичаено и несекојдневно но вистинито и сето тоа од данската кујна. Кој би рекол дека и таму автомобилската индустрија фаќа корени. Сепак не се чудете толку многу, затоа што Хенрик Фискер е од таа земја, а покрај него и „мистер ле ман“ односно Том Кристенсен, човекот со најмногу победи на легендарната трка на издржливост 24 часа Ле ман. Автомобилот „зенво тср – с“ е молскавично брз. Моделот „тср“ е тркачка изведба, но конструкторите со мали измени и секако соодветна хомологација направиле изведба наменета за секојдневна употреба, а тоа „с“ на крајот значи улица од англиски „стрит“ (или суперфаст - супербрзо). Купето е речиси целосно

направено од карбон фибер и воедно прв автомобил со тркала направени од претходно спомнатиот материјал и тоа од „домашно“ производство. Резултатот е минус 15 килограми во однос на алуминиумските тркала. Неговиот 5,8 литарски V8 мотор со двоен супер полнач (не турбо) развива неверојатни 1177 КС со кои автомобилот постигнува 100 км/ч тргнувајќи од место, за 2,8 секунди. Крајната брзина е електронски ограничена на 325 км/ч. Засега толку за оваа улична „ѕверка“ која можете да ја купите за 1,5 милиони евра, а во следното издание од „АМСМ Клуб Мобилити“ ќе го „разгледаме“ во детали, од најмал до најголем затоа што заслужува. •

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


Претставуваме FIAT 500е

КУЛТНИОТ FIAT 500 ВО ТЕК СО СОВРЕМЕНИТЕ ТРЕНДОВИ

ИТАЛИЈАНСКАТА МАРКА FIAT ГО ПОКАЖА НАЧИНОТ ЗА КОЈ СМЕТА ДЕКА ТРЕБА ДА БИДЕ ВИСТИНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ГРАДСКАТА МОБИЛНОСТ. ПРЕПОЗНАТЛИВ, УНИКАТЕН ИЗГЛЕД И НУЛТА ЕМИСИЈА НА ШТЕТНИ ГАСОВИ СЕ ДВЕТЕ ОСНОВИ ВРЗ КОИ СЕ ПОТПИРА ПРВИОТ ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ 500Е. 12 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


БЕЗВРЕМЕНСКИ ИЗГЛЕД Компанијата „Fiat“ го покажа новиот член од семејството на својот култен модел 500 со електричен погон, а зад ознаката 500e се крие познатиот популарен безвременски облик кој доби благо редизајнирана каросерија поради потребите за сместување на батериите и електричниот мотор. Во најновото издание моделот е шест сантиметри подолг од верзијата која е придвижувана од агрегати со внатрешно согорување, а меѓуосовинското растојание е зголемено за 20 милиметри и сега изнесува 2.320 милиметри. Ревидираната внатрешност на Fiat 500e како најголема промена ја смета имплементацијата на 10,25-инчен екран чувствителен на допир кој е одговорен за инфозабавниот систем. Останатиот дел од внатрешноста има претрпено минимални промени во дизајнот, а како еден од поважните елементи се смета подигање на квалитетот на вградените материјали. СО ЕДНО ПОЛНЕЊЕ ДО 320 КИЛОМЕТРИ ВОЗЕЊЕ Двигателот на 500е е електромотор кој развива 118 КС, со чија помош градскиот автомобил стигнува од нула до 100 км/ч за девет секунди, додека максималната брзина е електронски лимитирана на 150 километри на час. Од компанијата соопштуваат дека според WLTP стандардите, батеријата има капацитет 42 kWh што е доволно да се минат 320 километри со едно полнење. За полнење на батерија преку обичен домашен приклучок потребни се 14 часа, а со полнење преку 85-киловатниот полнач целата процедура трае далеку пократко, па така за 80 проценти од капацитетот се потребни 35 минути. Со помош на овој брз полнач, се овозможува полнење на батеријата за минување на 50 километри за само пет минути, колку што е просечната дневна дистанца која урбаните возачи ја минуваат. Пореалнa опција за сопствениците е почесто да го користат приклучокот Easy Wallbox кој поседува 7,4 kW. Со неговата употреба, батеријата во целост се дополнува за шест часа, што го прави идеален за користење во домашни услови и полнење преку ноќ. ПОДГОТВЕН ЗА СИТЕ СЦЕНАРИЈА Малиот градски Fiat нуди три режими на возење. Покрај стандардниот кој е наречен Normal, а кој овозможува возење на она кое го нуди конвенционалниот автомобил, тука се и режимите Range 500 и Sherpa. Првиот режим Normal, нуди возење со употреба само на педалата за гас, додека секое тргнување на ногата од гаста предизвикува полнење на батеријата. На кочницата се смета само во екстремни ситуации. Sherpa режимот е замислен на тој начин на возачот да му ја олесни мачната ситуација со недостатокот на енергија во батериите, со цел да стигне до станицата за полнење. Во овој режим е минимизирана потрошувачката на струја, а брзината е ограничена на 80 километри, а притоа се оневозможува вклучувањето на греење на седиштата и уредот за климатизација. ПРВОТО ИЗДАНИЕ ЕДИНСТВЕНО СО МЕК КРОВ И НАЈВИСОКА ОПРЕМА Италијанците, првото издание на 500e (La Prima) ќе го понудат со збогатено ниво на опрема и тоа

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


по цена од 37.900 евра, оваа цена се однесува на засега единствената каросериска изведба која е во кабриолет форма. Во оваа најпрестижна верзија ќе бидат првите 500 примероци кои ќе го носат овој назив и ќе пристигнат стандардно опремени со LED светла, кожни седишта, 17-инчни алуминиумски тркала, хромирани детали на каросеријата и сите расположливи системи за асистенција на возачот. По почетниот период, на купувачите ќе им бидат достапни и регуларните варијанти, а многу брзо во гамата ќе се приклучат и примероците со цврст покрив. Во исто време актуелната генерација на конвенционално погонуваниот Fiat 500 ќе остане во понудата и во следните неколку години, со што преодот кон целосна електрификација ќе се одвива постепено, најпрво со додавање на хибридна верзија која своето деби го имаше непосредно пред претставувањето на 500е. МОДНИТЕ МАЈСТОРИ СО СВОЕ ВИДУВАЊЕ ЗА ИКОНАТА НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ Со цел да се прослави лансирањето на новиот модел, три познати италијански компании – „Giorgio Armani“, „Bvlgari“ и „Kartell“ – дизајнираа уникатни верзии на возилото. Многумина се воодушевени што италијанците уште еднаш успеаја да направат убав и безвременски автомобил. Влегувањето во ерата на електричните автомобили не украде ниту еден детал од шармот на популарниот 500. Fiat е очигледно свесен за тоа бидејќи за премиерата подготви три уникатни верзии на 500е, настанати со некои од најголемите модни куќи на Апенините. Тука фокусот е ставен исклучиво на интересниот дизајн. Дизајнерските куќи подготвија само по еден примерок од 500е кои по промоцијата ќе се најдат на аукција, а средствата од нивната продажба ќе бидат донирани во добротворни цели. • Данчо Здравковски

14 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


Светот денес

ЗДОДЕВЕН КАКО СТЕНИЦА СВЕТОВ КАКО ДА СЕ „РАСТРОИ“ СО КОРОНАВИРУСОТ, А ЗАЕДНО СО НЕГО И АВТОМОБИЛСКАТА И ПРИДРУЖНАТА ИНДУСТРИЈА. НАСТАНА ХАОС, СИТЕ ФАБРИКИ СЕ ЗАТВОРЕНИ, ТРКИТЕ СЕ ОТКАЖАНИ, САЕМИТЕ СЕ ОДЛОЖЕНИ, НО ДОБРАТА СТРАНА Е ТОА ШТО ПСА И ДОНГФЕНГ ЈА ОТВОРИЈА СВОЈАТА ФАБРИКА ВО ВУХАН.

Н

епријатново чудо што ни се случува во моментов навистина го претера и веќе преминува во досада. Ја помните нашана изрека „здодевен си како стеница“? Е токму така вирусов е здодевен и, што е уште пострашно, многу е упорен. Да не одиме подалеку, ќе си го гледаме нашиот двор, а во него веќе сѐ е одложено или откажано. Еден куп трки се одложени за друг датум, уште поголем куп манифестации се откажани, родендени и разни други собири каде што автомобилите и придружната индустрија имаат главна улога. Легендарната трка Инди 500 е поместена за 23 август, но прашање е дали и тогаш ќе се одржи. Фестивалот на брзината во Гудвуд ќе биде поместен за крајот на летото или за почетокот на есента. Според изјавите на одговорните во Форд, оваа компанија сѐ уште ќе ги држи под клуч производните капацитети на територијата на Северна Америка. Фабриките на овој автомобилски гигант се затворени уште од март и засега нема најава за нивно повторно отворање. Последните известувања навестуваат мали шанси за отворање на дел од капацитетите на крајот на април. Да видиме што ќе се случи.

16 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

Манифестацијата „Конкурс на елеганцијата“, која секогаш се одржува во мај на едно од езерата во Италија во месноста наречена Вила де Есте, е одложена за средината на октомври. Егзотичната марка „Бугати“ во моментов е на „одмор“ – компанијата ги затвори погоните во Франција. Луксузната егзотика и конфекцијата никогаш не оделе заедно, но овој пат е поинаку и се дружат – „КИА“ ги затвори вратите од фабриката во Џорџија, САД. Истиот чекор го следи и „Волво“, привремено ќе ги затвори производните погони во САД и дома во Шведска. „Бентли“, „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ веќе ги затворија домашните фабрики, а сѐ уште е рано да се каже кога ќе ги отворат. И новакот „Тесла“ на 23 март ја затвори фабриката во Калифорнија и засега не најавува датум за повторно пуштање во погон. И „Тојота“ најави затворање на сите фабрики што се наоѓаат на северноамериканскиот континент. Таму некаде преку големата бара „Фолксваген“ најави затворање на фабриката Чатануга во државата Тенеси во САД, но само во период од една недела. Според најавеното и стореното се чини најупорен меѓу производителите е „Фолксваген“. Сепак, според светските епидемиолози, вирусот допрва ќе земе

замав во Северна Америка, така што „тактиката“ на фолксвагеновци нема да успее. Согледувајќи како се движат работите во светот, организаторот на најпознатата трка од шампионатот во Формула 1 што се вози на улиците на Монте Карло, трката за Големата награда на Монако се откажува без да биде најавен дополнителен датум, односно термин. Ако се има предвид дека вирусот пристигнал и во тамошната палата, а заразениот е никој друг туку принцот Рение Јуниор и сите други во палатата, тогаш е повеќе од јасно што се случува во кнежевството. Всушност, целата организација на трките на Формула 1 се презакажани, така што отворањето на сезоната е најавено за крајот на мај. Додека ФИА беше зафатена со Формула 1, Светскиот шампионат во рели почна, но е прекинат на неодредено време, односно откажано е релито во Аргентина. Покрај нив откажани се трките и Мото ГП. И „Субару“ тргна по примерот на „Фолксваген“, односно сакаше да биде упорен и нескршлив со известувањето дека неговата фабрика во Индијана, САД, ќе биде затворена само една недела, но ја повлече одлуката со најава за затворање


на остатокот од капацитетите на подолг период. „ФИАТ Крајслер Автомобили“, „Џенерал Моторс“, „Форд“, „Акура“, „Хонда“, „Нисан“ и другите донесоа одлуки за затворање на фабриките и за нивно повторно стартување во првата недела во април. Оваа одлука веќе не важи зашто фабриките и натаму ќе останат затворени. Не е прецизиран датум кога повторно ќе бидат отворени. Нема нешто што не е затворено, одложено или откажано во светов. Колку и да си голем во вакви и слични услови некој друг го диктира темпото и начинот на животот. Дури и славната, прочуена и легендарна трка 24 часа Ле Ман е одложена. Оваа трка на издржливост требаше да се вози на 13 и 14 јуни, а одложена е за крајот од летото, за 19 и 20 септември. Сепак, велат дека се можни понатамошни презакажувања и одложувања во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата. „Ролс Ројс“ направи иста грешка со затворање на производството во времетраење од две недели, но најверојатно неделите ќе се претворат во месеци, а можеби и повеќе од тоа. За да не остане покусо и групацијата „Даимлер“ тргна по умот на „Ролс Ројс“ и најави две недели прекин на производството. И кај него неделите ќе се претворат во месеци. „Рено“ ги затвори фабриките на одредено време, но Групацијата „ПСА“ тргна со оптимистичко соопштение: „Фабриките ќе се затворат, но ќе бидат отворени на 27 април.“ Ќе видиме што ќе се случи. А големиот „Ферари“ ги затвори халите во Модена и во Маранело и не најави кога

повторно ќе почнат со работа, но затоа во меѓувреме ќе помагаат во планирањето, подготовката и изработката на апарати за дишење. Нивниот лут противник „Ламборџини“ ја затвори фабриката во Санта Агата Болоњезе и толку од соопштението. Кратко и јасно. Откажани се тестирањата што требаше да се одржат од 16 до 19 март на патеката Хокенхајм за потребите на трките од германскиот шампионат за туристички автомобили ДТМ, се вели во извештајот на организаторот. И НАСКАР и Индикар ги поместуваат датумите за почетокот на сезоната и се презакажуваат во април. Колку ќе биде тоа изводливо, ќе видиме што ќе каже април. Еден од најголемите саеми посветени на автомобилите, кој секоја година се одржува во Њујорк во април, сега е поместен за крајот на август. И премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд што требаше да се одржи на 10 април е презакажана за 25 ноември. Меѓу првите што откажаа манифестација од светски размери е организацијата на Салонот за автомобили што секоја година се одржува на почетокот на март во Женева. Додека текстот беше во фаза на пишување, пристигна вест дека корпорацијата „Пежо СА“ на 27 март ја рестартира фабриката токму во провинцијата Вухан, жариштето на коронавирусот. Таа фабрика, колку што е на „ПСА“, толку е и на компанијата „Донгфенг“ и според првичните извештаи сега се оди според планот. Инаку оваа фабика беше прва затворена од појавувањето на пандемијата. Се вртат работите, но времето ќе каже до каде ќе стасаат. •Жарко Атанасоски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


Alfa Romeo Giulia GTA

УБАВИНАТА И СПОРТСКИОТ ДУХ НА „ГТА“

AR Giulia Sprint GTA 1965

И ДОЛГА ТРКАЧКА ИСТОРИЈА, И ТРАДИЦИЈА, И УМЕШНОСТ И УШТЕ ЕДНО НЕШТО КОЕ ОСТАНАТИТЕ ГО НЕМААТ, А ШТО Е ТОА? ТОА Е НЕПОЗНАТАТА ВЕЛИЧИНА ВО „ЦРВЕНАТА РАВЕНКА“. МНОГУМИНА СЕ НАФАТИЛЕ ДА ЈА РЕШАТ РАВЕНКАТА, НО НЕ ИМ УСПЕАЛО И НЕМА НИ ДА УСПЕАТ, ЗАТОА ШТО...


Н

е така одамна марката од која многумина од конкуренцијата и го имаат стравот, ја претстави својата лимузина „џулија“ во издание со четирилисна детелина, односно „ку в“ кратенка од „квадривољо“. Кај Алфа Ромео детелината со четири листа значи врвот во гамата, но кога кон кратенката „ку в“ ќе се додаде друга кратенка од три букви, „гта“, тогаш нештата добиваат друга димензија и го надминуваат врвот. Сето ова спомнатово оди во прилог на брзината, на изоштрениот спортски дух и секако на лесните материјали за намалување на тежината. Тука „играл“ карбонфиберот и сега лимузината со ознака „гта“ е полесна од таа со ознака „ку в“. Сепак, конструкторите сакале да направат нешто повеќе кога ја подготвувале најспортската изведба во семејството Алфа Ромео. Покрај изведбата „гта“, подготвиле уште една наречена „ГТАм“. Ова малово „м“ заедно со големото „А“, тоа е нешто како класата „гте ам“ наменета исклучиво за возачите кои не се професионалци, но сакаат да учествуваат на 24 часовната трка на издржливост на патеката Сарт во Леман. Затоа оваа брутално импресивна изведба „гтам“ ги има сите особини на натпреварувачко возило. Како доказ за претходно напишаното сведочат: намалената тежина за 100 кг во однос на изведбата „ку в“ или вкупно 1520 кг, потоа дополнително засилување на патничкиот оддел за поголема безбедност на возачот и останатите, место за одлагање на кацигата, поинакво подесување и засилување на подвозјето заедно со новите амортизери, сигурносни ремени во пет точки, тркачки седишта и уште мал милион други детали кои значат многу за тие што умеат да ја разберат тркачката филозофија на Алфа Ромео. Ако имате среќа да купите примерок од „гтам“, да си знаете кацигата, тркачкиот костим, патиките и ракавиците, сето тоа е подарок за долго сеќавање и со љубов од Алфа Ромео. И сега каде застанавме? Кај спортските особини на лимузината „гта“ и „гтам“, ако не се лажам. Тука главна „фаца“ е моторот, 2,9 литри, шест цилиндри во V и двоен турбо полнач. Од него „излегуваат“ 503 за „гта“, односно 540 коњски сили за „гтам“, а финалето се 3,6 секунди од 0 до 100 км/ч. Молскавичното забрзување е пропратено и со благопријатен звук кој посебно е створен од конструкторите во соработка со компанијата „Акраповиќ“, надалеку позната во светот по врвните издувни системи. Колку ќе чини ова богатство, засега производителот официјално не се изјаснил, но добрите познавачи на приликите во автомобилската индустрија велат цената ќе биде шестоцифрена, за почеток 100.000 фунти стерлинзи и нагоре. Цената мора да биде таа за која се „шушка“, сепак имајте на ум дека тука замешале прсти и конструкторите од тимот Алфа Ромео Формула 1 заедно со Заубер. Нивна е аеродинамиката, поточно спојлерите напред заедно со крилцата и тој спојлерот одзади. Ознаката „гта“ својствена исклучиво за врвот во гамата значи „гран туризмо алеџерита“, односно гран туризмо автомобил со олеснета каросерија и за првпат е испишана во 1965 година на лимузината „џулиа спринт гта“. Засега ќе бидат произведени само 500 примероци од изведбата „гта“. Не си играјте со Алфа Ромео затоа што оваа марка има зад себе спортска историја колку сите други марки заедно и таа традиција крајно љубоморно се чува и се негува веќе 11 децении, односно 110 години. Ако некому не му е јасно за што говориме во текстов, му препрачуваме да ја земе папката во која се наоѓаат историјата на Алфа Ромео, на Ферари и на Формула 1 и убаво да ја прочита за да запомни еднаш и засекогаш со кого си има работа. • Жарко Атанасовски 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

19 19


Автомобил на годината во светот за 2020

НАЈДОБРИТЕ СЕКОГАШ ПОБЕДУВААТ Carlos Tavares

ИЗБОРОТ МИНА ВО ЗНАКОТ НА КИА И ПОРШЕ, ЕДНОСТАВНО ДОМИНИРАА, А ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНОАМЕРИКАНСКИОТ БЛОК НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОСТАНАА СО ПРАЗНИ РАЦЕ. И НАМЕСТО ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ ДА СЕ СЛУЧИ ВО ЊУЈОРК, СЕТО ОВА ОДЕШЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА.

Н

а почетокот на годината, односно на крајот на зимата и почетокот на пролетта се избира Автомобил на годината во светот. Жирито составено од 87 специјализирани новинари за автомобилската индустрија од 24 земји избраа 10 финалисти за највисокото признание, тоа се: „хјундаи соната“, „КИА соул ев“, „КИА телјурајд“, „ренџ ровер евок“, „мазда 3“, „мазда ц икс 30“, „мерцедес бенз ц л а“, „мерцедес бенц г л б“, „фолксваген голф“ и „фолксваген т крос“. Во поткатегоријата Градски автомобил во светот, жирито ги изгласа следниве кандидати: „КИА соул е в“, „мини купер с е“, „пежо 208“, „рено клио“ и „фолксваген т крос“. Познато е како и колку све-

20 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

тот е зависен од луксузот, па затоа ова жири го состави следниов список: „БМВ икс 5“, „БМВ икс 7“, „мерцедес бенц е ку ц“, „порше 911„ и „порше тајкан“. Третата поткатегорија е Спортски автомобил на годината во светот каде што кандидати беа: „БМВ 8“, „порше 718 спајдер / кајман гт 4“, „порше 911“, „порше тајкан“ и „тојота гр супра“, а во категоријата „Најдобро дизајниран автомобил во светот за 2020 година жирито им даде предност на следниве кандидати: „алпина 110 с“, „мазда 3“, „мазда ц икс 30“, „пежо 208“ и „порше тајкан“. Шеснаесеттиот избор за Автомобил на годината во светот мина во знакот на недоделување на наградата Зелен (еколошки) автомобил на годината во светот. На светот му здодеа да се зани-

мава со екологијата и со мотото зачувајте ја животната средина. Ова директно ја докажува неговата неспособност да се справи со предизвикот наречен отпад, ѓубре. За ова најново движење (назадно) ќе пишуваме во некоја друга пригода, но секако од гледна точка на автомобилската индустрија што често се споменува како еден од главните загадувачи на животната средина во светот. Од овие кандидати жирито имаше задача да го стесни кругот на финалистите со тоа што во секоја категорија ќе останат по три кандидати. Од трите кандидати „КИА телјурајд“, „мазда 3“ и „мазда ц икс 30“, титулата „Автомобил на годината во светот за 2020“ ја доби „КИА телјурајд“. Иако


Mazda 3

Kia Soul

Porsche Taycan

Мазда имаше два од трите кандидати, сепак, ова не треба да се сфати како пораз, туку како голем успех на конструкторите и на дизајнерите со освојувањето на второто и на третото место од вкупно 29 автомобили. Луксузот отиде во рацете на „порше тајкан“, електрична комбилимузина со четири седишта. Познатата фабрика, која насекаде е позната по спортските купе автомобили со две или 2 + 2 седишта, ја претстави својата втора лимузина и таа веднаш се закити со престижното признание „Луксузен автомобил на годината во светот“. По него на второ место е „порше 911“, а на трето „мерцедес - бенз е ку ц“. Наградата „Спортски автомобил на годината во светот“ ја освои „порше тајкан“ или вкупно две титули годинава одат во рацете на штутгардскиот производител. Ова е шеста титула за Порше кога се зборува за спортските карактеристики, претходните пет ги

освои во: 2017, 2014, 2013, 2012 и 2006 година. Покрај моделот „тајкан“ во трката за наградата беа неговите „роднини“ „порше 718 спајдер / кајман гт 4“, и „порше 911“. Првите три места за Порше. Спектакуларна надмоќ, 1 – 2 – 3 победа. Во категоријата Градски автомобил на годината во светот најчесто преовладуваат европските автомбили, а тие од преку „големата бара“ како да не ги обожаваат типичните градски автомобили затоа што се премногу мали. Еден од тамошните новинари во неофицијален разговор се изјасни дека малите автомобили го потсетувале на гајби. Најдобро е тој да објасни како се справува со 5,5 или 6,0 метри автомобил во градскиот хаос. Тука наградата ја освои „КИА соул е в“, а зад неа се пласираа „мини електрик“ и „фолксваген и т крос“. Покрај луксузот и брзината, светот е многу заинтересиран и за убавите нешта, односно за дизајнот. Најдобро

дизајниран автомобил во светот за 2020 година е „мазда 3“, а конкурентите „пежо 208“ и „порше тајкан“ мораа да се задоволат со второто, односно третото место. Во севкупниов избор се избира и лице што има оставено посебен белег во автомобилската индустрија. Карлос Таварес, главниот во корпорацијата ПСА, беше одликуван со признанието „Личност на годината во светот во автомобилската индустрија“. Прогласувањето на победниците и доделувањето на признанијата требаше да се случи на 8 април во Њујорк за време на одржувањето на тамошниот Салон за автомобили, но поради пандемијата сето ова се случуваше по електронски пат. Според првичните сознанија и планот на организаторот на оваа манифестација, свечена церемонија ќе има на 30 септември во Лондон, се разбира ако дотогаш се смират работите со пандемијата. • Жарко Атанасоски

03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


Претставуваме McLaren 765 LT

ПОМЕСТУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА ВОЗМОЖНОТО

РАЗВИЕН ОД ОДДЕЛОТ ЗА МОТОСПОРТ НА PORSCHE НОВИОТ 718 CAYMAN GT4 НУДИ СПОЈ НА СИРОВО НЕФИЛТРИРАНО ВОЗАЧКО ЗАДОВОЛСТВО И ПЕРФОРМАНСИ ПРИМЕРНИ ЗА ТРКАЧКА ПАТЕКА, ВО ДО СЕГА НАЈМОЌНАТА ИЗВЕДБА ВО ИСТОРИЈАТА НА МОДЕЛОТ.

НАЈКОМПЛЕТНИОТ И НАЈВОЗБУДЛИВИОТ MCLAREN, 765LT ИЛИ „LONGTAIL“, СТАПНУВА НА ПАТ, ИЛИ АКО МИЛУВАТЕ НА ПИСТА, MAЃЕПСУВАЈЌИ СО МАСИВНАТА МОЌНОСТ, НЕВЕРОЈАТНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ, И СО, ДОСЕГА НЕВИДЕНОТО НИВО НА ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ.

22 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


М

ногумина името McLaren го поврзуваат со Формула 1. Има и зошто. Малата Британска мануфактура својот пробив во светот на автомобилите го направи токму преку врвното натпреварување во светот на мотоспортот, Формула 1. Основачот е Брус Мекларен кој своите идеи за влез во Формула 1 ги претвори во јаве во далечната 1965 година. Оттогаш до денес McLaren како тим се наоѓа во врвот на Формула 1. Заслужената слава во светот на мотоспортот McLaren ја преточува меѓу суперспортските автомобили со низа модели кои маѓепсуваат со перформансите, возната динамика, доживувањето зад волан, квалитетот и луксузот. Минатата година на овие страници го претставивме тогаш врвот во понудата на McLaren, на моделот 720S кој тогаш важеше за успешен спој меѓу екстремните перформанси, луксузот и возачкото доживување. Но, сега McLaren оди чекор подалеку и со новиот 765LT фрла сенка врз, и бездруго извонредниот 720S. Тој е полесен и помоќен од 720S и што е најважно нуди за нијанса повисоко возачко доживување зад волан. Или на кусо, 765LT е ултимативната алатка за врвно возачко доживување. АЕРОДИНАМИЧКА СКУЛПТУРА ОД КАРБОН-ФИБЕР Името „longtail” не е случајно избрано за најновиот модел од серијата супер на McLaren. Издолжената мазна каросерија без непотребни додатоци кои би го нагрдувале флуидниот облик наликува на скулптура извајана од карбон-фибер чија врвна аеродинамика е скроена за да сече низ воздухот како врeл нож низ путер, и воедно да го подобри негативниот потисок (downforce) и ладењето потребни за на патека. Несакајќи да го нарушат ова совршенство на мазни линии дизајнерите и инженерите во McLaren морале да смислат иновативни решенија како да го задржат автомобилот залепен за подлогата. Така е создаден долгиот нос со интегриран сплитер кој го распределува воздухот во повеќе насоки, а сè со цел да се намали отпорот и да се постигне подобрено ладење на сопирачките и моторот при екстремни напрегања. Предните светла буквално се интегрирани во отвори за воздух преку кои се храни моторот. Издолжениот задник наречен „longtail” или долг опаш сокрива активно крило кое лежи при забрзување за да се намали отпорот на воздух, а се поткрева кога ќе се постигне зададената брзина за да го залепи задникот за подлога и да ја подобри тракцијата. Крилото се отвора максимално во услови на сопирање и делува како воздушна сопирачка за покуса сопирачка патека на 765LT. Севкупно благодарение и на ревидираниот вентуриев тунел во подот од карбон-фибер, продолжениот заден дифузор и уникатните крилца поставени околу арките на тркалата и праговите 765LT нуди 25% подобар (downforce) од 720S и е полесен за 80 kg. ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА СПОРТСКИ ЛУКСУЗ Куполата на кабината е интегрален дел од монококот околу кој е изграден 765LT. Изненадувачки за ваков тип на автомобили кабината на 765LT е просторна и нуди единствено доживување и како во спортист, но и како во луксузен Грантурисмо. Проткаена со спортски-луксуз кабината на McLaren 765LT e предмет на врвна рачна изработка. Изборот на карбон-фибер и аклкантара, лесни а благородни материјали е нужен за намалување на тежината. Тркачките кади на пример се комбинација на карбон-фибер и алкантара и се за 18 kg полесни од оние во 720S. Нудат доволно потпора за на писта, но и ниво на комфор за возење на долги рути. Врвната технологија се огледува преку низа детали како на пример секвенцата од настани кои следат при отклучување на автомобилот. Тогаш ретровизорите се отвораат, трепкачите трепкаат, се палат светлата и осветлувањето на кабината и моторот кое е глетка само по себе. Со отворање на врата излегува дисплеј пред возачот и се подигнува оперативниот систем на двата екрани. Кому прикажаните информации му се многу може да го затвори дисплејот пред себе. Погледот тогаш паѓа на една лента од информации што годи кога се форсира на патека. Сепак, во еден вака скроен суперспортист најважно е што се случува кога ќе се притисне копчето „Engine Start”. БУДЕЊЕ НА ГАЛОПИРАЧКА КОЊАНИЦА Тогаш се буди галопирачка коњаница од масивни 765 КС, бројка која не случајно соодвејствува со ознаката на моделот. Како кај сите модели на McLaren таа ја означува моќноста. Едноставно и практично. Моторот е истиот кој работи во 720S, но е дополнително навиен. Станува збор за познатиот V8 од 4.0 литри со

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


два твинскрол турбополначи кој за во 765LT е дополнително доработен. Моторот носи специфични за LT клипови од кован алуминиум, заптивка на глава на мотор во три слоја како кај тркачот McLaren Senna, ултраефикасни подигнувачи на вентили обложени со карбон, дополнителна пумпа за гориво, ревидирана пумпа за масло и издув комплетно изработен од титаниум кој завршува во четири издувни цевки задолжени за „парачкиот“ звук на моторот. Сето ова заедно со рекалибрираниот управувачки систем за контрола на моторот ја подигнува моќноста на 765 КС при 7500 min-1 и максимален вртежен момент од 800 Nm при 5500 min-1. Поставен централно во шасијата и спарен со седум степен секвенцијален менувач преку кого се задвижуваат задните тркала, моторот е способен да го катапултира 1339 kg тешкиот автомобил од место до 100 km/h за 2,8 секунди, а до 200 km/h за 7,2 секунди. Од место четвртина милја, или 400 метри лови за помалку од 10 секунди, а максималната брзина запира на 330 km/h. ЗАВИДНО НИВО НА ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ Прочуената шасија на 720S која секој одвозен метар го претвора во максимално задоволство е подобрена за да понуди уште поголемо возачко доживување. Управувањето е дополнително изострено со нова управувачка летва кој има побрз сооднос и поцврст стабилизатор со што се добиени уште побрз одзив на волан и почисти повратни информации. Менувачот менува за 15% побрзо од 720S, а проактивната контрола на шасијата има нови алгоритми кои овозможуваат уште подобра контрола и прецизност при водењето. Затоа секој одзив на автомобилот на командите од возачот е непосреден, директен прецизен и брз како мисла. Сè што возачот ќе посака да направи се случува во истиот миг, како автомобилот да ги чита мислите и постапува соодветно дури пред моторните функции на возачот да реагираат на командата од мозокот. Тракцијата е масивна заради полесните двојни пружини кај потпирањето кои реагираат побрзо држејќи ги тркалата цврсто залепени за подлогата, a варијабилната контрола на пролизгување му дозволува на возачот да избере дали со 765LT ќе лови совршена линија низ свијок, или ќе се впушти во ултимативна забава и ќе дрифта низ свијоци. ЛОВЕЊЕ СОВРШЕНА ЛИНИЈА ПРЕКУ СОПИРАЊЕ Тежнеејќи кон пониска маса McLaren ги трга настрана помагалата како скапи и тешки самозаклучувачки диференцијали и виско-спојки. Место нив McLaren користи управување преку сопирање. Идејата е едноставна, барем што се однесува до принципот на работа. Преку незабележливо сопирање на задното внатрешно тркало во свијок се намалува нагонот за подуправување и со префрлање на моќноста кон задното надворешно тркало се подобрува тракцијата. Така се влијае и врз нагонот да се нападне свијок, да се задржи совршената линија низ свијок и да се подобри забрзувањето при напуштање на свијок што директно се одразува на чувството зад волан. Покрај што служи за управување масивниот сопирачки апарт му помага на 765LT во импресивно голтање на брзината сè до потполно сопирање. Карбон-керамичките вентилирани и бушени дискови од 390 mm напред кои ги зафаќаат шестклипни сопирачки клешти и од 380 mm назад кои ги зафаќаат четири клипни сопирачки клешти имаат иновативен начин на ладење инспириран од Формула 1. Насочувањето на воздухот кон сопирачките клешти и дисковите нуди за 50 степени пониска температура на плочките при возење на патека, а новата технологија на изработка на дисковите ги прави за 60% поцврсти во однос на конвенционалните дискови од ваков тип. Затоа на 765LT од 100 km/h до целосно запирање му се потребни само 29,5 m, а од 200 km/h помалку од 110 m. Импресивни бројки кои го надминуваат досегашниот шампион во оваа категорија 720S за 0,2 m од 100 km/h до 0, и за повеќе од 7 m од 200 km/h до 0. Нема двојби дека со 765LT McLaren создал екстремен автомобил избрусен до совршенство како најфин дијамант. Од 720S како основа, идејата за ултимативно возачко доживување ја подигнал на ниво кое ги поместува границите на возможното. • Љубомир Анастасовски

24 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Прашања и одговори носно метан, со исклучок на само една која не е за јавна употреба и сместена е во Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, каде ја користат автобусите за градски превоз. • Дали со мојата членска картичка ми следува попуст само на техничкиот преглед на возилото. Исто така, ме интересира како се пресметува цената на техничкиот преглед. Поздрав, Светозар АМСМ: Да, ви следува попуст од 10% само на ставката технички преглед. Цената на технички преглед на возилото се пресметува врз основа на видот на возилото, киловатите и кубатурата. • Дали постојат пумпи во нашата држава за точење на компресиран природен гас (ЦНГ или метан) за автомобили? Марко, Скопје

• Дали ќе морам да платам некаква казна доколку регистрацијата на моето моторно возило ја одложам за 2 месеци, бидејќи нема да бидам во Македонија. Благодара, Атила

гистрирате вашето возило до датумот кога му истекува важноста, нема да платите казна. Единствено, кога ќе доаѓате на регистрација може да ве запре полиција и да ве казни, бидејќи возите нерегистрирано возило. • Ме интересира дали со новите возачки дозволи може да се вози надвор од границите на нашата држава, без да се поседува меѓународна возачка дозвола? Поздрав, Радица АМСМ: Возачката дозвола која се користи во СР. Македонија не е валиден документ за надвор од границите. Потребно е да дојдете во АМСМ и да извадите меѓународна возачка дозвола која ќе ја користите надвор од границите на државава. Потребни документи за дозволата Ви се 2 фотографии (45мм х 35 мм) и националната возачка дозвола (македонската).

АМСМ: Во нашата држава нема пумпи за ЦНГ, од- АМСМ: Доколку не го ре-

ВАШИТЕ ПРАШАЊА ИСПРАЌАЈТЕ ГИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА: contact@amsm.com.mk

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

АМСМ УСЛУГИТЕ ДОСТАП НАПРАВЕТЕ СЕРВИС НА ВОЗИЛОТО ОД ДОМА Со цел да се заштити вашето здравје во услови на коронавирус, АМСМ сервисот за автомобили ви овозможува да направите сервис или поправка на вашето возило од удобноста на вашиот дом, така што: - бесплатно со наш камион за шлепување го преземаме вашето возило од домашната адреса или од вашето работно место, - го сервисираме возилото или ја вршиме потребната поправка, - комплетно го дезинфицираме возилото и - го враќаме на вашата домашна адреса или на работното место. Услугата за преземање на возилото е комплетно бесплатна и може да ја користите само со претходно закажување на АМСМ инфо-линијата на 02/3181-181.

ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК ОД ПРОДАВНИЦАТА ЗА АВТОГАЛАНТЕРИЈА При технички преглед на возилото во АМСМ Станицата во Скопје (Центар) имате можност да изберете подарок од продавницата за автогалантерија, и тоа: - подарок во вредност од 250 ден. со полиса за автоодговорност и - подарок во вредност од 350 ден. со полиса за автоодговорност и зелен картон. Продавницата на АМСМ за автогалантерија е лоцирана во рамките на АМСМ Центар, а подарокот го избирате сами. Повеќе информации на тел. 02/3181-181 26 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

ПНИ И ОД ВАШИОТ ДОМ ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ Во насока на поддршка на оние што се на првата линија на одбрана на нашето колективно здравје, а во рамките на својата дејност, АМСМ на сите здравствени работници што се директно вклучени во борбата со коронавирусот во овој период им овозможува бесплатна помош на пат и бесплатна работна рака при редовен сервис на возилото. • Бесплатната помош на пат и бесплатната работна рака при редовен сервис ќе можат да ја користат сите медицински лица што работат во јавниот здравствен сектор, како и здравствените работници од приватните клиники, кои се вклучија во колективниот напор за заштита од коронавирусот. • Услугата помош на пат, која се однесува на отстранување на дефектот на возилото на самото место (стартување на возилото, замена на дупната гума и дотур на гориво), на наведените здравствени работници ќе им биде достапна со повик на телефонскиот број 196, при што задолжително е приложување на здравствена легитимација и одобрение за движење, доколку станува збор за дефект за време на полицискиот час. • Со цел да се обезбеди 24/7 поддршка на посочените здравствени работници, АМСМ Службата за помош на пат и во услови на вонредна состојба ќе работи со полн капацитет. Повеќе информации на тел. 02/3181-181

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


28 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


Безбедност во сообраќајот

КАКО ДО ПОБЕЗБЕДНО И БЕЗГРИЖНО ВОЗЕЊЕ ДЕТАЛНАТА ПРОВЕРКА НА АВТОМОБИЛОТ ТРЕБА ДА СЕ ВРШИ ДВА ПАТИ ВО ГОДИНАТА, ЕДНАШ НА ПРОЛЕТ И ЕДНАШ НА ЕСЕН. АВТОМОБИЛОТ Е „РАЗГАЛЕНОТО ДЕТЕ“ НА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО, ТАКА ШТО АКО НЕ ГО ПРОВЕРУВАТЕ И СЕРВИСИРАТЕ РЕДОВНО, ЌЕ НАПРАВИ НЕКОЈА БЕЉА. ЗАТОА ВНИМАВАЈТЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ СОВЕТИТЕ.

Н

астапи топлиот период од годината и некако патувањата ни се зачестени, а и летните одмори наближуваат, затоа автомобилите треба да ни бидат во исправна, возна состојба. • Прво што треба да направите е детално миење на автомобилот. Преку зима на улиците и патиштата се фрла сол која се напластува на каросеријата. Сета таа сол, но и прашина мора да биде отстранета, затоа што солта го нагризува металот и за многу пати ја забрзува корозијата. Налепената прашина на каросеријата умее многу добро да ја чува влагата подолго време.

30 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

И влагата негативно влијае врз автомобилите и препорачливо е по зимскиот период автомобилот да биде комплетно исчистен, посебно долниот дел од возилото, да не останат било какви траги од солта и најфината прашина. Моторот, исто така, да се измие со соодветно средство и потоа детално да се провери, најдобро да биде компјутерски проверен во сервис. • Посебно внимание посветете му на патничкиот оддел, таму треба да се отстранат сите миризби и убаво ќе биде да се изврши длабинско чистење на седиштата на тапацирите,

подот и сè друго што е внатре. На некој начин автомобилот ни е втор дом. • Следно е менувањето на пневматиците. Зимските заменете ги со летните, потоа избалансирајте ги тркалата и проверете го предниот дел од возилото, да не влече на некоја страна или тресе, а штом тука некаде е и системот за управување и него проверете го. Зимските пневматици чувајте ги подалеку од сончева светлина и топлина, односно во просторија каде температурите не варираат толку како на отворено. Најчесто место се подрумите и визбите. На темно и не ставајте на нив тешки предмети, да


не дојде до деформирање на пневматиците. Најдобро е да имате тркала и за летните и за зимските пневматици, бидејќи така најбрзо и најлесно ќе извршите замена. Внимавајте пневматиците да бидат прописно напумпани како што налага производителот на автомобилот. Колку атмосфери треба да бидат напумпани пишува на „визит картата“ која производителот ја има залепено на рамките од вратите или на внатрешниот раб од вратите. • Откако сме завршиле со замената на пневматиците, сега додека сме кај тркалата потребна е проверка на системот за сопирање заедно со нивото на течноста и целосна проверка на системот за управување. Следно за проверка е моторот и неговата работа. Проверката на специфичните неш-

та на автомобилот ќе ја направите во овластените сервиси. • На крај од проверката останува светлосната групација. Таму внимавајте предните светла да бидат убаво центрирани за потоа да го фрлаат снопот од светлина на асфалтот како што треба, а не едниот фар да „мава“ на два метри пред автомобилот, а другиот некаде горе во облаци. • И сега кога сте завршиле со проверката, на ред е школката и бојата на неа. Заштитата на бојата се врши со квалитетна паста за полирање. Тоа можете да го направите самите или во сервис. Ако одлучите вие да го полирате автомобилот тогаш измијте го надворшниот дел колку што можете подобро, потоа пребришете го со посебната крпа и полирањето може да започне, но никако на сонце. Најдобро време за полирање е кога надвор е облачно или доцна попладне кога сонцето е веќе на залез, но можете и рано наутро. Сега автомобилот е подготвен за возење и да не беше ова досадниов вирус, ќе беше уште поубаво, но останува да се надеваме на негово скорашно исчезнување, а потоа слободно и без оптеретувања ќе се „фрлиме“ на летните шеми без дилеми.

Сето ова да се направи лично за вас, за вашата безбедност, но и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Не е препорачливо да тргнете некаде, а да не извршите проверка на автомобилот. Сè може да се случи. И најситен дефект може да ве остави некаде на пат. Затоа работата е да тргнете на пат без да размислувате дали нешто му фали на автомобилот. Почитувани возачи, среќен пат и убаво да поминете каде и да одите и не заборавајте да ги ставите сигурносните ремени – ова важи и за патниците од задните седишта. •Жарко Атанасовски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


Светско богатство на УНЕСКО, Јужна Америка прв дел ( Аргентина и Чиле)

ПРЕПУШТЕТЕ Ѝ СЕ НА СТРАСТА НА ОВАА УБАВИЦА

ЈУЖНА АМЕРИКА НА СВОИТЕ 18 МИЛИОНИ КВАДРАТНИ МИЛЈИ РАСПОЛАГА СО МНОГУ НЕВЕРОЈАТНИ ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ. ИАКО ГИ НЕМА АЈФЕЛОВАТА КУЛА И СТАТУАТА НА СЛОБОДАТА, ОВОЈ КОНТИНЕНТ Е ДЕСТИНАЦИЈА ПОЛНА СО ИЗНЕНАДУВАЊА. ОД ЖЕШКИТЕ ПЛАЖИ И ДОЖДОВНИТЕ ШУМИ НА БРАЗИЛ, ПА СÈ ДО СНЕЖНИТЕ АНДИ НА ЧИЛЕ. ОД СТРАСНИТЕ ТАНГO ТАНЧАРКИ ДО ЗЛАТНИТЕ ЦРКВИ ШТО ГИ УКРАСУВААТ УЛИЦИТЕ. ГИ ОБЕДИНУВА ГОЛЕМАТА ЉУБОВ КОН УБАВИНАТА И СТРАСТА КОН ЖИВОТОТ. ЈУЖНА АМЕРИКА Е ИСКУСТВО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ДОЖИВЕЕ СО СИТЕ СЕТИЛА, ЗАТОА ПРЕПУШТЕТЕ Ѝ СЕ НА НЕЈЗИНАТА СМЕЛОСТ И ЖИВОПИСНА КУЛТУРА, КАКО И НА ДИВАТА И ИМПРЕСИВНА ПРИРОДА.

АРГЕНТИНА

Ако не сте ги виделе Аргентина и нејзините природни богатства, тешко дека сте ги виделе вистинските убавини на нашата планета. Никаде нема да видите толку раскошна флора и фауна: прекрасна природа, многу виножита над безброј водопади, неподнослива влажност на воздухот, суптропска клима, дождовни шуми, но и интересна култура и историја и богат ноќен живот. Национален парк Лос Глацијарeс Во 1981 година Националниот парк Глечери (Los Glaciares шпански за „глечери“), кој се наоѓа во аргентинската провинција Санта Круз, е вклучен во светското наследство на УНЕСКО. Глацијалните активности во паркот, главно, се видливи околу двете езера Аргентино и Видема. Во овие езера може да се видат спектакуларните прикази на глечерите што фрлаат парчиња мраз во ледените води. Паркот се наоѓа во област позната како Австралиски Анди во Аргентина, на границата на Чиле. Со површина од 4.459 км² тоа е втор парк по големина во Аргентина. Неговото име потекнува од 47 големи и околу 200 помали глечери, од кои 13 пловат кон Атлантскиот Океан. Заедно претставуваат најголема ледена покривка надвор од Антарктикот и од Гренланд, на површина од околу 14.000 32 03.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

км², а околу половина од нив се наоѓаат во паркот. Дури 30 проценти од паркот се покриени со мраз. Паркот е поделен на два дела: на југ e Аргентинско Езеро долго 160 км, во кое се сливаат глечерите Перито Морено, Упсала и Спeгазини, а на север се езерото Видема и планините Фиц Рој и Церо Торе. Од деветте глечери најголем е Упсала, долг 48 километри, кој се спушта кон езерото Аргентино и постојано кон него исфрла огромни сини ледени плочи. Перито Морено е уште еден од деветте големи глечери и многу лесно може да се следи неговата прогресија и повлекување. Лос Глечирес ги привлекува алпинистите на врвот Фицрој, висок 3.375 метри, кој се издигнува на северот на овој парк и оттаму има прекрасен поглед на глечерот Морено. Национален парк Игуасу (Iguazú) Националниот парк Игуасу (67.620 акри) е создаден во 1934 година и во 1984 година е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Во паркот се наоѓа една од најголемите природни убавини на Аргентина. Сместен е на североисток, во суптропското шумско подрачје, на границата со Бразил. На границата со густите шуми реката Игуаси се влева во 275 водопади, спуштајќи се повеќе од 70 метри со заглушувачка бучава. Водопадите Игуасу се дел од најпопуларните ту-

ристички места во Аргентина и тоа од добра причина. Посетителите можат да уживаат во инспиративните погледи на водопадите, во излетничките области, патеките и во спортовите на вода. Кога ќе го видите овој регион, сфаќате колку навистина сме мали наспроти овие природни сили и нивнaтa големина. На јазикoт гуарaни Игуасу значи голема вода, а оваа река заедно со реката Парана ги поврзуваат три земји: Бразил, Аргентина и Парагвај. Има околу 300 водопади и, покрај водопадите Викторија во Африка, тие се најголеми во светот. Животните, како што се пумата, леопардите, игуаните и безброј убави птици, исто така, му даваат свој шарм на ова суптропско дождовно природно богатство. Исусовите мисии на Гуарана На следниот излет посетете го Мисионес, дел од Аргентина каде што сè уште живеат жителите Гуарани. Таму температурите на воздухот достигнуваат и до 40°C, а влажноста е околу 95 проценти. Луѓето од племето Гуарани сè уште живеат како порано. Нема асфалт, нема покриви, туку тераси и палмини гранки. Облечени само со парче кожа или мала прекривка, со грст украси и накит, овие домородци секогаш се насмеaни. Во тоа прекрасно подрачје можете да ги посетите и рудниците каде што сe ископуваат скапоцени камења


стил, а во неколку случаи моралните вредности довеле до „бунт“, односно до напуштање на мисиите и востаниците повторно останале да живеат во шумата. Треба да се нагласи дека во целина и во контекст на времето односите на језуитите со домородците биле исклучително добри и релативно демократски. Првично, језуитите изградиле 30 села Гуарани во покраината Мисионес, кои тогаш соодветствувале на денешната гранична област помеѓу Парагвај, Аргентина и Бразил. Денес 15 села се наоѓаат во Аргентина, седум во Бразил и осум во Парагвај. Сите се изградени по ист план, околу центарот се наоѓале црквата, свештеничкиот дом и училиштето, како и занаетчиските работилници. Домовите на Гуараните се наоѓале „под“ и „над“ центарот. Се темелеле на големите традиционални долги колиби со една просторија каде што можеле да се соберат сите членови на семејството. Подоцна, кога Гуарани го прифатиле моделот на моногамно семејство, биле додадени прегради со кои се формирале соби во колибата.

Игуасу

(кварц, лапис или аметист). Накитот со скапоцени камења овде не е воопшто скап и никаде не е толку убав како во Аргентина. Мисиите на језуитите Гуарана (Misiones jesuíticas Guaraníes) е заедничко име за светско наследство на УНЕСКО, кое се состои од пет манастирски мисии изградени од језуитите во текот на 17 и на 18 век, со цел да се покрстат Индијанците во Гуарана во срцето на тропската дождовна шума на Аргентина во провинцијата Мисиес и во северозападниот дел од јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул. Тие се запишани во списокот на светското наследство на УНЕСКО во Америка во 1983 година затоа што се модел на населби за покрстување на Индијанците кои во голема мера се инспирирани од хуманистичката филозофија на идеален град. Мисиите биле изградени откако некои началници на Гуарана (касики) му се заколнале на верност на кралот на Шпанија за да избегаат од опсадата на бандерените, португалските ловци на робови. Карактеристика на овие мисии е тоа што Гуаранците биле слободни, а тоа може најдобро да се види од извештаите за конфликтите меѓу језуитите и Гуаранците. Поточно, Гуаранците не ги поддржувале секогаш населените места направени за нив и културниот шок од промената на животниот

Полуостровoт Валдес Полуостровот Валдес (Península Valdés) се наоѓа на атлантскиот брег на североисточниот дел на аргентинската провинција Чубут (Патагонија). Полуостровот, кој се протега на околу 100 км источно кон океанот, има површина од 3.625 км² и 400 км крајбрежје полно со карпести заливи, плитки заливи, лагуни, песочни плажи, калливи брегови и островчиња. Тој е целосно трансформиран во природен резерват, основан за да ја заштити својата единствена светска популација на морски цицачи. Поради оваа причина во 1999 година полуостровот Валдес е ставен на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Најчести видови морски цицачи се јужниот морски лав, јужниот морски слон и крзнениот тулјан. Неговите северни брегови се дом на најсеверната популација на јужните морски слонови, а има повеќе од 1.000 единки. Но полуостровот Валдес, исто така, е важен терен за размножување на загрозените видови, како што е јужниот мазен кит. Исто така, во неговите води китовите орки развилe единствена стратегија за лов што ја приспособиле на локалните крајбрежни услови. Поточно, орките се фрлаат во плитките води на плажата Валдесто за да ги зграбат младите морски лавови и морските слонови, а честопати нивните тела ги исфрлаат на брегот. Пештерски цртежи во Куева де лас Манос, Рио Пинтурас Пинтурас (шпански: Рио Пинтурас) е

река во Аргентина во провинцијата Санта Круз. Реката извира во Андите, во планината Зебалос, на надморска височина од 2.743 метри и тече 150 км до устието на реката Десеадо. Дел од реката тече низ клисура (Cañadón Río Pinturas), во која се наоѓа пештерскиот систем Куева де лас Манос, кој содржи пештерски цртежи од пред 13.000 до 9.500 години. Има многу насликани карпи со прекрасни иконограми. Опкружен е со извонреден пејзаж со река што тече низ длабок кањон и ставен е на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1999 година. Најпознат е по неговите предисториски слики со раце, стари од 13000 до 9000 години, поради кои го добил името Куева де лас Манос, т.е. Пештерата на раката. Околу влезот на пештерата се насликани прикази на човечки раце што на поголема оддалеченост изгледаат како тантела во портокалова, црвена и жолта боја над неколку метри. Податоците за староста на цртежите се добиени со радиојаглени датирања, односно со одредување на староста на радиоактивниот јаглерод изотоп 14С во тубуларните коски што сe користени за боја на ѕидовите. Во најголем дел тоа се прикази на левата рака, поради што се претпоставува дека сликарите во десната рака ја држеле цевката за прскање на бојата. Повеќето од нацртаните раце одговараат на големината на раката на тринаесетгодишно дете, поради што се поврзуваат со церемониите за иницијација (свеченост со која младите преку обреди стануваат рамноправни членови на заедница). Во внатрешноста на карпата има пет групи пештерска уметност. Подоцнежните слики честопати се правеле на оние од претходните периоди. Боите биле изработени од природни минерални пигменти: фериум оксид за црвена и виолетова, а бел каолин, жолт

Пештерата на раката

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


Лос Глациарес

јарозит и црн манган оксид се мешале со некое непознато сврзливо средство. Покрај рацете, има и слики на човечки суштества, животни, птици (ламата гуанако, птицата нанду...), геометриски форми, слики на сонцето и на ловење. На сликите се прикажани обичаите на најстарите патагонски ловци и нивните техники на лов, како што се лов на опкружени животни, лов од заседа и употреба на оружје. Во овие сцени човечките и животинските карактери се прикажани како крајно динамични и природни. Најраните слики прикажуваат ловци-собирачи, а помалите апстрактни цртежи биле направени подоцна. Слични слики, иако помалку по број, може да се најдат и во блиските пештери. Луѓето што ги насликале веројатно се предци на народите на културата Техуелче, на ловци собирачи што датираат од околу 700 години, a со доаѓањето на Европејците оваа нација практично била истребена. Пештерата на рацете е исклучителна по својот временски континуитет и убавина. Поволните атмосферски услови, како што се исклучително малата влажност и стабилните камени sидови каде што не навлегува вода, придонеле за извонредна конзервација на цртежите. Автентичноста на цртежите е неоспорна. Досега не се направени никакви санации и археолошките ископувања биле минимални, главно со цел да се датира локацијата. Куева де лас Манос е наведен на списокот на светското наследство на УНЕСКО во 1999 година како „доказ за првите човечки општества во Јужна Америка“. Провинцискиот парк Ишигуаласто и Националниот парк Талампаја Националниот парк Талампaја (именуван е по пресушеното корито на реката Талампаја) се наоѓа во северозападната аргентинска провинција Ла Риоха, на крајниот запад на пампарските брда, меѓу планините Серо Лос Колорадос на запад и Сиера де Сажагастана на исток, на надморска височина од 1.500 метри, 34 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

а зафаќа површина од 2.150 км². Основан е во 1997 година за да се заштитат важните археолошки и палеонтолошки места, како и природната средина на типичната пустинско-планинска флора и фауна. Заедно со северниот соседен провинциски парк Ишигуаласто (Санта Круз, Аргентина), спаѓа во иста геолошка формација каде што се пронајдени повеќе фосили од растенија, диносауруси и од предци на цицачи, со што се откриваат еволуцијата на ‘рбетниците и природната средина од триазискиот период. Како резултат на тоа, овие две заштитени области, се ставени во списокот на светско наследство на УНЕСКО во Америка во 2000 година. Неговиот пејзаж на црвен песочник во голема мера е обликуван од ерозијата на водата и ветровите во влажната клима со големи варијации на ноќните и на дневните температури, сезонските врнежи во лето и силните ветрови во пролетта. Клисурата Талампаја има карпи високи од 80 до 143 метри. Во вакви услови зачувани се наоѓалишта на фосили од доцниот тријасик (карник), стари од 231,4 до 225,9 милиони години. Пронајдени се и остатоци од домородни населби со петроглифи, како што е населбата Пуера дел Канon (Puerta del Cañón). Полуномадските ловци-собирачи биле под влијанијата на доцните Инки, а со тоа Талапај станал најјужна област на ова влијание. Долината на Квебрада де Хумахуака (Quebrada de Humahuaca) Квебрада де Хумахуака го носи името на шпанскиот термин за планинскиот венец Квебрада („скршен“). Oвој планински венец отсекогаш служел како крстопат на економските, социјалните и културните размени во овој дел од Јужна Америка. Како резултат на тоа, 172.116 хектари на Квебрада де Хумахуака се ставени на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Америка во 2003 година. Таа била населена од полуномадски ловци-собирачи пред 10.000 години за што има значајни археолошки наоди. Низ долината се расфрлани остатоци

од последователните населби чии жители создале и користеле многу патеки што ги поврзуваат шумските области на север со долините на југ. Првите населби биле на праисториски ловџиски и раноземјоделски заедници (9000 г. пр.н.е. - 400), а во планинските засолништа и пештери досега се пронајдени 26 археолошки локалитети. Најзначајни се остатоците од камени земјоделски терасовидни полиња близу Коктака, за кои се верува дека се стари околу 1500 години и сè уште се во употреба. Тие се поврзани со утврдени населби (pucaras) и заедно формираат драматичен незаменлив пејзаж во Јужна Америка.

ЧИЛЕ

Таму каде што се среќаваат Тихиот Океан, пустината Атакама и Андите започнува приказната за оваа магична јужноамериканска земја. Чиле е најдолга земја во светот, со крајбрежје од 6.500 км, со драматични и контрастни природни пејзажи што ќе ви го „украдат“ срцето. Сепак, исто така, таа е една од најтесните земји во светот со ширина од само 200 км. Овде може да го пронајдете најсушното место на светот, пустината Атакама, да се изгубите во величественоста на Патагонија со нејзините висоВалпарисо


ки врвови и глечери... вистинска оаза за вљубениците во природата. Ако сакате да одите во Чиле, ќе ви помогнеме да одлучите што да видите, во зависност од вашите вкусови и време. Се обидовме детално да опишеме некои од местата за да не го пропуштите најдобро што има да го понуди Чиле и да можете сами да процените што е интересно за вас. Дрвените цркви на Чилое Островот Чилое е најголем остров на архипелагот Чилое во Јужен Чиле. Познат е по 150 иконски дрвени цркви од 17 и од 18 век, а 16 од нив се места на светското наследство на УНЕСКО. Во нив се отелотворени богатствата на островот и сведочат за спојот меѓу автохтоната индијанска и европската култура на доселениците. Историскиот кварт на пристанишниот град Валпарисо На еден и пол час возење од Сантијаго, главниот град на Чиле, покрај морето се наоѓа Валпараизо. Прекрасниот град на шарени фасади се протега на 42 рида. Валпараизо е најважен културен центар во Чиле и се вбројува во најубавите градови во светот. Изграден е на падините на планините што се спуштаат кон океанот. Познат е по лавиринтот на стари улици од калдрма и жичани железници. Историскиот центар на градот, изграден во стилот на колонијалната архитектура, е прогласен за место на светското наследство на УНЕСКО. Во градот се родени поранешниот чилеански претседател Салвадор Аленде и генералот и диктатор Августо Пиноче, а таму живеел и поетот Пабло Неруда. Пабло Неруда го нарекол Валпараизо „невестата на океанот“. Хумбарстон и Санта Лаура Хамбертон и Санта Лаура се две поранешни рафинерии на шалитра (бела кристална сол што најмногу се употребува како вештачко ѓубриво, за производство на барут, како конзерванс за месо, компонента во ракетните горива, во производството на стакло и емајл, за пасти за заби и др.) во пустината Атакама. Овие рафинерии се ставени на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Америка во 2005 година, а на списокот на загрозени места на светско наследство се најдоа истата година заради влошената состојба на зградите поради четириесет години небрежност, вандалски оштетувања и грабежи. Благодарејќи на низата владини мерки за подобрување на состојбата во последните 15 години, УНЕСКО ги отстрани од списокот на загрозени места во јули 2019 година. Со своето големо производство двете рафинерии влијаеле врз развојот на земјоделските области во Северна и во Јужна Америка, како и во Европа, а притоа му донеле и големо богатство

на Чиле. Но големата економска криза во 1929 година и вештачкиот процес на синтеза на амонијак, кој го развиле Фриц Хабер и Карл Бош и започнале со производство на ѓубриво, ги довеле овие две рафинерии до банкрот. Двете рафинерии биле напуштени во 60тите години на 20 век и oткако нивните градови станале „градови на духови“ во 70-тите години од минатиот век, тие биле прогласени за национални споменици и биле отворени за туристите. Во 2005 година се ставени на списокот на светско наследство на УНЕСКО како место на единствената пампинос, култура на работниците од Чиле, Перу и од Боливија. Имено, нивната култура била богата со јазици, креативност, солидарност и, пред сè, со борба за социјална правда што влијаело врз нејзиниот развој ширум светот. Сивел, град на рудникот за бакар Сивел е ненаселен рударски град на падините на Андите. Компанијата „Braden Cooper Co“ ја основала оваа населба во 1904 година, со цел тука да живеат рударите што ваделе бакар од рудникот Ел Тениенте, најголемиот подземен рудник во светот. Во 1998 година чилеанската Влада го прогласила рударскиот град Сивел за национален споменик, а во 2006 година УНЕСКО го запиша како светско богатство. Во 1990 година била спроведена политика за заштита на местото. Најистакнати атрибути се индустриските постројки, електричната инфраструктура и системите за вода за пиење и канализација. Некои згради се реновирани и одвреме-навреме се спроведува нивно одржување. Во моментов градот Сивел е сведоштво за античката ера во рударската индустрија во Чиле, но, пред сè, тоа е сведоштво за техничкиот и културниот напредок што оваа важна индустрија го имала во Америка. Националниот парк Рапа Нуи Националниот парк Рапа Нуи се наоѓа на Велигденски Остров. Паркот е географски изолиран и зафаќа површина од 6.800 акри. Државата Чиле го презела островот во 1888 година и во 1995 година е прогласен за место за светско наследство на УНЕСКО. Познат е по своите 887 камени статуи создадени од жителите на Рапи Нуи, кои го населиле островот во 300 г. од н.е. Статутите се високи од шест до 70 инчи, изработени од карактеристични жолто-кафени вулкански карпи. Во периодот од 1837 до 1864 година статуите биле урнати, но со минимална штета и подоцна повторно биле обновени со меѓународна помош. Островот има висока биолошка разновидност и висок степен на ендемизам заради изолираната позиција. Главна закана за паркот се шумските пожари и ерозијата поради големиот

број туристи. Владата на Чиле, заедно со Националниот совет за споменици, обезбеди финансиска поддршка за нивно зачувување. Патот на Инките (Qhapaq Ñan) Патот на Инките (шпански: Camino Inca) или „големиот пат“ претставувал најсеопфатен и наjнапреден систем на комуникација на претколумбиска Америка. Овој широк систем на трговија и одбрана на Инките се состои од мрежа на патишта што опфаќаат 30.000 км. Инките го граделе во текот на неколку века, а делумно е заснован на инфраструктурата на претходниците на Инките, особено на културата Вари. Оваа извонредна мрежа на патеки минува низ еден од најекстремните географски терени на светот, поврзувајќи ги снежните врвови на Андите на надморска височина од повеќе од 6.000 метри и врелата дождовна шума на брегот, но и плодните долини и суровите пустини. Патеката ја достигнала својата максимална експанзија во 15 век, кога се протегала низ целиот пат низ Андите. За изградбата на патот биле потребни многу време и напор, а фактот дека многу делови сè уште се во добра состојба и по повеќе од 400 години употреба, укажува на квалитетот на градбата. За време на шпанското владеење на делови од патот им бил даден статус на „Кралски пат“. Денес Патот на Инките (Qhapac Nan), систем на патеки на Андите, има 273 дела што се зачувани во опсег од повеќе од 6.000 км. Патот на Инките е ставен на списокот на светското наследство на УНЕСКО во Америка во 2014 година бидејќи претставува општествено, социјално, политичко, архитектонско и инженерско достигнување на Инките. Во следниот број ќе ве запознаеме со прекрасните и не помалку важни убавини на Бразил, Перу... • Маргита Поповска

Рапа нуи


Медицина

ОРАЛНАТА ХИГИЕНА, ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ НА ЗАБИТЕ ЗДРАВИТЕ НЕПЦА СЕ ВАЖЕН ФАКТОР ШТО ВЛИЈАЕ КАКО ВРЗ ОРАЛНОТО, ТАКА И ВРЗ ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ НА ЧОВЕКОТ. ЗАТОА ГРИЖАТА И НЕГАТА НА ГИНГИВИТЕ СЕ НЕИЗОСТАВЕН ДЕЛ И СЕКОЈДНЕВНО ИМ ПОСВЕТУВАМЕ ВНИМАНИЕ. ВСУШНОСТ, ЗДРАВИТЕ НЕПЦА СЕ УСЛОВ ЗА ЗДРАВИ ЗАБИ.

Н

епцата или гингивите се дел од потпорната структура што ги држи забите на своето место. Нивното значење е пресудно бидејќи кога се здрави, имаат цврстина и не крвават, односно цврсто се припиени за забите, со што ги заштитуваат. Оттаму и важноста на здравите непца за здрави заби. Многу луѓе се соочуваат со болести на гингивите, на пример, гингивитис, односно воспаление. Причинител на ова заболување е бактерискиот плак. Се формира на рабовите на непцата, по нивната должина и меѓу забите. Крвавењето, односно воспалението значи дека гингивите се борат против денталниот плак. За среќа, гингивитисот се повлекува со нега што мора да биде соодветна и

36 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

со контрола на забниот плак. Навременото лекување може да ги спречи натамошните оштетувања што полека ја намалуваат способноста на непцата да ја заштитуваат потпорната структура на забите. Најдобро е сами да се грижите за денталниот плак и да не дозволувате да се собира. Се препорачува редовно да одите кај стоматолог и тој да ве информира како да го спречите формирањето на денталниот плак и на забниот камен. Доколку веќе настанале, стоматологот ќе се погрижи за професионалното чистење. Во исто време ќе ве советува и како да ја одржувате хигиената на забите. Сигурно знаете дека забите се мијат барем двапати во текот на денот, по две минути, со забна паста што спре-

чува формирање на дентален плак, а треба се користи и соодветна четка, дизајнирана за ефикасно отстранување на наслојките од бактерии. Хигиената е услов за добро здравје, вклучително и на устата. Секојдневното миење на забите не смее да се избегнува од која било причина. Мора да се употребува конец и повремено да се чисти забниот камен. Редовната посета на стоматолошка ординација е задолжителна заради превенција. Еден расипан заб може да ја влоши состојбата на друг, на трет... а тоа може да предизвика нивно делумно или целосно губење. Доколку не се третира акутниот гингивитис, тој преминува во хроничен облик за кој е потребно макотрпно третирање што некогаш не ги дава


посакуваните резултати. Една од низата компликации е настанувањето на пародонтален џеб што, освен непријатниот мирис и чувство, може да резултира со силна болка. Стоматологот може да го излекува гингивитисот, непцата да оздрават, но со напомена дека при некаква промена на здравјето на пациентот, може да се повтори. Пародонтозата, пак, не може да се излекува целосно, но со примена на соодветни третмани може да се подобри состојбата и да се зачуваат преостанатите заби. По лекувањето задолжителна е редовна контрола. КАД-КАМ - ТРЕНД ВО ЗАБНАТА ПРОТЕТИКА Порано стоматологијата се занимаваше со лекување на болестите на усната празнина, забите... Приоритет ѝ се даваше на болката, но во исто време и да се спасат забите да не се вадат. Пломбирањето, како и вештачките вилици, мостовите и сл. беа големо достигнување. Денес ѝ се обрнува посебно внимание и на естетиката. Целта на стоматологијата е да ги задоволи желбите на пациентите што се стремат кон перфекција. Од тие причини им се дава приоритет на квалитетот и на естетиката. Природните заби се нешто најубаво, но не очајувајте ако ги загубите. Има решение. Најголем проблем е кога недостигаат повеќе заби, некогаш и сите. Имплантите и мостовите ја дополнуваат загубата. На прво место е ортодонцијата, за превентива, лекување. Сепак, доколку не успее тоа, протетиката е неизбежна за пристоен, попривлечен изглед и функционалност. До неодамна метал-керамиката беше врв на стоматологијата кога е во прашање убавината. Но денес и таа е напредната, во смисла на користење неметал-керамика без каков било страв за нејзино распукување во која било регија на вилицата и во индикациите за кои била потребна употреба на метал-керамиката. Во поново време се користи техниката кад-кам што важи за многу успешна. Се употребуваат готови фабрички синтерувани блокови, чија цврстина, транспарентност и сл. е различна. Метал-керамичките заби немаат длабочина, без оглед на изработката што технички е добра, но се забележува дека се вештачки. Неметал-керамичките заби, доколку се изработени добро, тешко може да се познаат дека се вештачки, т.е. дека не се природни. •Игор Ландсберг

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


38 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


„УМЕТНОСТА НА ЕДНОСТАВНОТО ЖИВЕЕЊЕ“ ШУНМИО МАСУНО

„HOTSPOT“ PET SHOP BOYS

реку јасни и практични лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење. Станува збор за новата книга „Уметноста на едноставното живеење: 100 секојдневни вежби од јапонски зен-монах за живот исполнет со мир и радост“ од Шунмио Масуно. Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта... Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо. Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој. •

етиринаесеттиот студиски албум на англискиот синтисајзер-поп дует излезе во јануари (24-ти) годинава, а го издаде Kobalt Label Services. На „Hotspot“ му претходеа сингловите „Dreamlend“, заедно со Years & Years (11 септември 2019), „Burning the Heather“ (14 ноември 2019) и „Monkey Business“ (2 јануари 2020). Поголемиот дел од албумот е снимен во Берлин, во Hansa Studios, со исклучок на една песна („Burning the Heather“), која се снимаше во Лондон, во RAK Studios. Автори на повеќето музички нумери се Neil Tennant и Chris Lowe, членовите на дуетот што го формираа во 1981 година. Освен горенаведените песни, на цедето се наоѓаат и „Will-o-the-Wisp“, „You Are the One“, „Happy People“, „Hoping for a Miracle“, „I Don’t Wanna“, „Only the Dark“ и „Wedding in Berlin“. Промотивната европска турнеја беше закажана за средината на 2020-та, но поради корона-вирусот, кој зазеде пандемски размери, се одложи за некои подобри времиња. „Hotspot“ се котира високо на топ-листите во Велика Британија, Германија и Шпанија. •

„RESISTANCE“ (ОТПОР)

П Ч Ф

илмот е копродукциски, во неговата реализација учествуваа САД, Германија и Велика Британија. Станува збор за биографска драма, заснована врз животот на Marcel Marceau, амбициозен пантомимичар што му се придружува на францускиот отпор за да ги спаси животите на илјадниците сирачиња од нацистите. Неговиот лик го толкува американскиот актер Jesse Eisenberg. Филмот е возбудлив, потресен, исполнет со нужна сериозност. Премиерата на филмот се одржа минатиот месец, а веќе е достапен за гледачите на интернет-каналите за филмови. Како дистрибутери се јавуваат „IFC Films“ за САД и „Warner Bros Pictures“ за Германија. Жанр: биографска драма Глумци: Jesse Eisenberg, Clémence Poésy, Matthias Schweighöfer, Félix Moati, Géza Röhrig, Karla Markovics, Vica Kerekes, Bella Ramsey, Ed Harris, Édgar Ramírez и Alicia von Rittberg Режија: Jonathan Jakubowics 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


HI-TECH

Висока технологија

?

Колку ни е потребна во секојдневниот живот? НЕКОИ СОВРШЕНИ АЛАТКИ НИ СЕ ПРЕД ОЧИ, НО НЕ ГИ УПОТРЕБУВАМЕ. СИ ГО ПОСТАВУВАМЕ ПРАШАЊЕТО - ЗОШТО? ИАКО НЕКОИ УРЕДИ СЕ СТАРИ И НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ, СЕПАК, ТИЕ СЕ ПОСОВРШЕНИ ОД ДЕНЕШНИВЕ ШТО СЕ ИЗРАБОТЕНИ СО НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА.

С

екојдневно се сретнуваме со поимот висока технологија, а во неа наоѓаме нешта како поткатегории, на пример, нанотехнологија, композитни материјали, се споменува и графенот, како нешто најново, тридимензионална технологија и сето ова е поврзано со некакви сензори, електроники во кои повторно се појавува нанотехнологијата и да не набројуваме до недоглед. Сето ова е убаво, корисно, но често и прескапо за производство. Треба да се одговори на едно прашање, а тоа е колку човекот успеал сите тие современи технологии да ги усогласи како што треба за да биде производот совршен? Трчаме по високата технологија, а сè уште не сме способни да ја приспособиме до крајни граници, односно сето

40 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

тоа да се комбинира и да работи речиси како човечкиот организам. Ќе наведеме еден пример во кој сите технологии ќе бидат разобличени и не ќе можат да дадат одговор на поставеното прашање за усогласувањето на едни со други, за нивната комбинација и дополнувањето на едни со други за подобро отстранување на недостатоците. Некаде на крајот на 50-тите и на почетокот на 60-тите години од минатиот век во една фабрика за производство на мали авиони во Тексас бил произведен новиот модел „м 20“. Конструкторите и аеродинамичарите толку добро го усогласиле костурот (своевидна шасија) со школката и авионот веднаш станал хит во авионската индустрија. Неговата беспрекорна аеродинамика му дозволила да лета со брзина од над 200 милји на час, односно со повеќе од 320 км/ч. Рекордот е запишан за класата на мали авиони со четири седишта и со мотор

од 200 КС. И по речиси шест децении сѐ до денес тој рекорд не е надминат, а авионот „муни м 20“ сè уште е најдобар на пазарот, односно нема подобар од него. Познавачите на оваа индустрија го сметаат за врв во авијацијата според неговите технички особини. До денес ниеден друг производител на оваа класа авиони не успеал толку добро да ја „испегла“ аеродинамиката заедно со конструкцијата и да се пофали со производ што е посовршен од претходно споменатиот. Во моментов во светот има повеќе од 50 фабрики за производство на авиони со четири седишта, со еден мотор, но сè уште никој не се појавил да каже дека го има најдобриот авион во класата, кој е најбрз и кој најмалку троши гориво. Има нешто нејасно, така? Леталото што е направено пред околу шест децении, кога денешнава технологија била сосема непозната и со тоа неупотреблива,


?

HI-TECH

од тогашните мајстори на овој занает сè уште е најдоброто во класата. Леталото е беспрекорно направено благодарејќи на усогласеноста на тогашните техничко-технолошки решенија и сето тоа во комбинација со перфектно изработената аеродинамика го прави производот да биде непобедлив до моментов. Да напомнеме дека моторот со 200 КС, не е од „муни“, туку е купен во слободна продажба, значи не е некој посебен мотор, туку мотор што може секој да го купи. Денес технологијата отиде толку многу напред што дури не може ни да се следи, но побрз авион од „муни м 20“, четворосед со еден мотор (200 КС) сè уште не е направен. Зошто е така ќе ви оставиме вие, читателите, сами да пресудите, да откриете. Од авионската индустрија се префрламе во автомобилската кај производител што умее да прави чуда од квалитетни возила. Тоа е „Даихатсу“, најпознат во светот по малите градски автомобили. Во 1999 година на Салонот за автомобили во Франкфурт премиерно го претставил малиот двотактен дизел-мотор со директно внесување со работна зафатнина од 1,0 литри распоредени во три цилиндри во линија. На штандот биле претставени моторот и моделот „сирион“ со таков вграден мотор. Со овој мотор околу 800 кг тешкиот „даихатсу сирион“ троши 3,1 литри дизел-гориво на 100 км и притоа работи поурамнотежено

и потивко од кој било друг мотор, но не само во неговата каса, туку и надвор од неа. И што се случи потоа? Ништо. Од засега неразјаснети причини, ненаведени и необјавени, моторот со ознака „е 202“ со „дввт“ и со технологија „комон реил“, со турбокомпресор и 60 КС при 3.500 врт/мин. никогаш не беше вграден во ниеден автомобил од „Даихатсу“. За него велеа дека е најсовршен мотор на планетава, како што велат „стејт од арт“. Дали овие негови врвни особини беа причина за невградувањето и за негово складирање во некое музејско депо? Оставаме читателите сами да најдат одговор бидејќи нам не ни е познат. Сега повторно одиме во индустријата на летала, односно во индустријата задолжена за погонските агрегати. Татко и син од Германија направиле ѕвездест двотактен мотор со осум, четири и со два цилиндра, со 300, 150 и 70 коњски сили, а нивната работна зафатнина изнесува 5,33; 2,66 и 1,33 литри. За овој мотор конструкторите добиле награда во 1992 година од Фондацијата на светскиот тутунски магнат „Малборо“. Сегашните авионски клипни мотори користат бензин и тоа најскапиот познат како „ав гас“, односно авионски бензин - еден литар чини повеќе од две евра. Моторите од марката „Цохе“ користат дизел-гориво и во замена може да ги користат овие видови дизел-горива: џет фјуел јп 4, јп5 јп8 и џет а. Чисто авионско

гориво не се наоѓа во секоја држава, а за овие мотори постојат дури пет вида гориво што ги има во 214 држави во светот. Предноста на овие мотори е тоа што трошат од 35 до 40 отсто помалку гориво од сегашниве бензински и со тоа авионот може да прелета поголеми растојанија без дополнување гориво и наедно може да лета повисоко благодарејќи на турбокомпресорот. Кај нив речиси и нема вибрации, а бучавата е сведена на минимум и неговата тежина е намалена благодарејќи на едноставната конструкција. За жал, моторите сѐ уште „дремат“ некаде, но не во авионите и сѐ уште не ја виделе светлината на денот. Имаме стари, но совршени производи и по неколку децении, кои имаат речиси совршен спој со другите елементи и затоа се толку добри при експлоатацијата и во нив не е вградена современата висока технологија, но подобри се од кој било нивни нов наследник. Зошто тие не се ставени во употреба? Како светов да не сака воопшто да ги искористи. Чудна работа. Трчаме по графенот, композитните материјали, сакаме автомобилите да бидат направени од материјали како тие што се употребени во вселенските летала, а старите и совршени направи ги занемаруваме и воопшто не ги пуштаме во производство. Зошто? • Жарко Атанасовски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


40 години Рели Дакар

ПРЕДИЗВИК ПРЕДИЗВИК ЗА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ УЧЕСНИЦИТЕ ИИ СОН СОН ЗА ЗА ДРУГИТЕ ДРУГИТЕ ПРЕУБАВИ ПУСТИНСКИ ПЕЈЗАЖИ, НЕПРЕГЛЕДНИ ПРОСТРАНСТВА, НЕПРЕДВИДЛИВА ПРИРОДА, ГОЛЕМИ БРЗИНИ, ИСЦРПУВАЧКИ ЕТАПИ И МНОГУ КИЛОМЕТРИ ЗА ВОЗЕЊЕ, А МАЛКУ ВРЕМЕ. СЕТО ОВА Е ЕДНАКВО НА РЕЛИ ДАКАР И НЕГОВИТЕ 40 ГОДИНИ.

Ш Ш

то го прави човекот да биде толку многу жеден за авантура, предизвик и пат во непознатото? Како што нештата се запишани во историјата, во природата на човекот е да истражува, да открива и да оди во неизвесност. Сето тоа добило свое име, авантура. Ова го споменуваме затоа што Релито Дакар е една од тие авантури, но со натпреварувачки особини, што го прави настанот уште понапорен и потежок. Релито е внесено во календарот на спортските случувања со моторни возила, попознато како Рели на издржливост. Покрај Дакар, учесниците возат уште неколку други што се влезени во натпреварувачкиот календар. Сепак, Релито Дакар е прво меѓу нив и слави 40 години од своето постоење. Создавањето на Релито Дакар и митот за и околу него водат потекло од едно друго рели што, исто така, се возело во Сахарска Африка од градот Абиџан преку Средоземното Море до Ница. Токму ова рели ќе биде основа за создавањето на денес најпознатото, нејтешкото, најисцрпувачкото, најдолгото и рели што покрај авантурата влева и доза на страв и почит кон непредвидливата природа и нејзините предели. Континент домаќин на релито е Африка,

42 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

поточно нејзиниот пустински предел Сахара, најголемата меѓу најголемите, со непрегледни пространства чија површина е приближно четирипати поголема од таа на претходно споменатото море. Токму на тој континент во третата третина од минатиот век се одржало необично рели со старт во Абиџан и цел во Ница. Необично затоа што маршрутата била премногу долга и се возело низ пустина, предел од кој застанува здивот. Во 1977 година во една етапа учесникот Тери Сабин се изгубил во пустинската рамнина. Ненамерно скршнал од утврдената маршрута и потоа ја изгубил ориентацијата. Во тие мигови, часови, тој имал можност да седне на пустинскиот песок и да здивне, да погледне наоколу и да види каде се наоѓа, да ги почувствува самотијата и бескрајната тишина на пејзажот. По неколку часа минати сам со себе и со околината, Тери Сабин поинаку гледал на целото опкружување. Подоцна организаторот го нашол натпреварувачот, но едно нешто останало во него, односно добил идеја тоа исто пустинско опкружување и пејзажите да бидат видени од поголем број натпреварувачи, да организира рели чија маршрута ќе минува низ недопрените песокливи пејзажи со сите нијанси на жолтата и на црвената

боја. Идејата за релито веднаш почнал да ја обмислува. Веќе наредната 1978 година, локација Париз, сега во улога на организатор, тој седел на стартната линија во очекување на моментот да го означи почетокот на релиото. Стартот во Париз, а целта во главниот град на Сенегал, Дакар. Франција, Алжир, Нигер, Мали, Горна Волта и Сенегал – некаде на половина од патот натпреварувачите мора да наминат и да се одморат во Агадез, а потоа да ја „бркаат“ целта во Дакар и сето тоа во 20 дена, од 26 декември 1978 година до 14 јануари 1979 година. А километрите? Тие беа 10.000, без асфалт или земјен пат и не било каде, туку среде пустина и нејзините дини. Целта била „окупирана“ од 182 натпреварувачи, бројка од која организаторот бил исплашен и многу изненаден, воопшто не верувале дека ќе има толку многу пријавени. Карванот го сочинувале: 80 автомобили, 90 мотоцикли и 12 камиони. Да ги споменеме и првите носители на титулите, во класата на мотоцикли - Кирил Неве со „јамаха икс т 599“, кај автомобилите најбрз бил „ренџ роверот“ на Генстир, Терби и Леморд. Така започнало сѐ за и околу најпознатото рели на издржливост, а сонот на Тери Сабин станал јаве благодарејќи на неговата упорност и секако на неговиот


ли и кој уште не. Откако организаторот бил пријатно изненаден, но наедно и исплашен од преголемиот број ученици уште на првото рели, околу 200, за него второ изненадување било учеството на познати светски лица, а третото изненадување било кога по само три одржувања на релито, на четвртото издание на стартот се појавиле 382 возила, речиси за два и пол пати повеќе од првото во 1979 година. Ова најпознато рели во светот е познато по многу нешта, а дел од нив ќе ви ги пренесеме по хронолошки ред и ќе раскажуваме за згодите и незгодите на учесниците и на посетителите. Во 1982 година релито мина во знакот на „рено 4“ возено од браќата Маро, попознати меѓу колегите како „пустински лисици“. Една година подоцна големиот ас на Ф1 Џеки Икс е најбрз во класата автомобили. Познатиот пилот од Формула 1 се натпреварува и следната година заедно со неговиот лут соперник, исто така, од Ф1, Жан Пјер Жабуи. Таа година главниот на оваа пустинска бркотница Тиери Сабин ги прошири границите на релито вклучувајќи уште четири држави: Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Сиера Леоне и Мавританија. Во историјата на релито 1986 година ја нарекуваат црна. Таа година се случила катастрофа. Организаторот Тиери Сабин и уште четири лица го следеле релито и загинале во хеликоптерска несреќа. И покрај сѐ, замислете, релито продолжило и на крајот, како и секогаш, им биле поделени признанијата на победниците. По супериорната победа на Ари Ватанен со совозачот Бернард Жиро и нивното „пежо 205 т 16“ останува запомнета 1987 година. Сепак, едно нешто ќе се памети засекогаш, посебно кај големите љубители на автомобили. Двобојот меѓу светскиот шампион во рели и победник на Релито Дакар Ари Ватанен против Жан де Рој и неговиот „даф 95 турбо твин икс 1“ со над 2.000 коњски сили, исто така, носител на титулата на релито од 1987 година. Двобојот се случи во осмата етапа од релито кога Жан де Рој успева да го престигне големиот шампион Ари Ватанен со брзина од 230 км/ч (според проверките на снимките од холандските експерти). Пустински предел, непознат терен, а брзината е 230 км/ч – тоа го можат единствено искусни рели возачи што имаат претерано изострен осет за автомобилот и за подлогата каде што возат и секако доза на храброст. Жан де

40. 40

нераздвоен сопатник од 1977 година, пустината со нејзините пејзажи. Тери Сабин си ги исполнил и сонот и желбата, а Релито Дакар стана синоним за издржливост, упорност, умеење и кога сето ова ќе се зачини со среќа, резултатот е еднаков на титула. Присуството на ТВ-камерите му давале дополнителна популарност на настанот што се одржувал еднаш годишно. Професионалците си ја вршеле својата работа, а покрај нив учествувале и светски познати личности, на пример, ѕвездите од Формула 1, пејачи, фудбалери, скијачи, благородници во „пакет“ со нивните титу-

Рој не само што го престигна Ватанен, туку „му зема мерка“ и на Канкунен. Но непредвидливоста и суровоста на пределите и ова издание го претворија во трагедија. Вториот екипаж од тимот на Даф се преврти неколкупати, двајца беа тешко повредени и еден почина. Поради ова Жан де Рој и тимот се повлекоа од релито. Релито Париз – Дакар во 1989 година мина во знакот Либија и Либиската Пустина, како дел од Сахара. Тогаш Ари Ватанен си ја врати титулата, но беше забележано и возењето на Стефан Петерхансел, кој дојде на четвртото место на своето второ учество. Следната 1990 година релито се вози во седум земји: Франција, Либија, Нигер, Чад, Мали, Мавританија и Сенегал. Ватанен со совозачот Берглунд повторно е на врвот со „Пежо“, а италијанските тимови Перлини и Каџива првпат седнуваат на пустинскиот трон со возачите: Виља / Делфино / Винанте во категоријата камиони, а во категоријата мотоцикли запишано е името на Еди Ориоли. И повторно беше забележан Убер Ориол со неговиот едносед баги. И во 1991 година Либија беше на мапата од организаторот, а посетата на претседателот Гадафи беше големо изненадување и за организаторот и за учесниците. „Пежо“ се откажа и неговото место го наследи „Цитроен“. Големиот шампион Ари Ватанен, кој паралелно учествуваше и во Светскиот шампионат во рели и на

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


Релито Париз – Дакар, успеа по четврти пат да се искачи на пиедесталот. Таму се најде и мотоциклистот Стефан Петерхансел со првата титула в раце и Перлини со втората титула во класата на камиони. Не до Дакар, туку до Кејптаун во ЈАР и сега релито е Париз – Кејптаун. Таа 1992 година релито се возеше во 10 држави со вкупна должина од 12.427 км што требаше да се поминат од 25 декември 1991 до 16 јануари 1992 година со еден ден одмор во Конго. По двете победи со мотоцикл, Убер Ориол во класата автомобили пристигна прв на целта во Кејптаун заедно со навигаторот Филип Моне. Со тоа тој е прв што успеа да победи во две класи, мотоцикли и автомобили, а Стефан Петерхансел си ја завери титулата и постојано им е цел на фабричките тимови. Во класата камиони повторно Перлини е прв, третпат едноподруго. Во 1993 година организаторот ги вклучи деловите од пустината што изобилуваат со дини, а таму заглави Убер Ориол, односно една третина од учесниците таму го завршија релито, во дините на Мавританија. Бруно Саби во класата автомобили и Стефан Петерхансел трет пат во класата мотоцикли. Искачувањето на тронот на Стефан Петерхансел не е веќе во прашање, сега тој е еден од господарите на пустината. Потоа во 1995 година релито се пресели во Шпанија и карванот тргна од Гранада. Наредната 1996 година е значајна по тоа што Камаз првпат се искачи на највисокото место, Пјер Лартиг се закити со трета, а Еди Ориоли со четврта титула. Прва дама на Релито Дакар е Јута Клајншмит, која во 1997 година пристигна до петтото место и победи на една од етапите. С. Петерхансел е незапирлив, исто како Шинозука / Мање и Риф / Денхофер. Стефан Петерхансел ја освои шестата титула во класата мотоцикли во 1998 година кога релито прослави 20-годишнина. По оваа победа Петерхансел со голема доза на емоции изјави: „Десетте години минати на Релито Дакар се највпечатливите години во мојот живот.“ Најтрофејниот на релито, Јута Клајншмит, во 1999 година го замени мотоциклот со

Според кажувањата на Ари Ватанен на неговиот профил на Фејсбук, камионот на Де Рој имал околу 2.000 кс. На фотографијата Ватанен и Де Рој во Холандија за време на снимањето на документарниот филм за Релито Дакар и секако нивниот двобој.

автомобил, во еден дел од релито беше прва во генералниот пласман. „БМВ“ ја освои втората титула по пауза од 14, а „Рено“, со Жан Луи Шлесер, по пауза од 17 години. И следната 2000 година славеа „БМВ“ и „Рено“ со исти возачи, но сега наместо Татра, повторно Камаз е носител на титулата. Јута Клајншмит секогаш при врвот, но никако да биде прва. Среќата ѝ се насмевна во 2001 година и засега таа е единствената жена што победила на релито. Потоа на ред се Хироши Масуока и Фабрицио Меони со по две титули. При освојувањето на втората победа на релито Х. Масуока беше второпласиран во генералниот пласман, Стефан Петерхансел беше тој што речиси цело време беше прв, но во последната 16. етапа се откажува од релито и победата отиде во рацете на Масуока. Сепак упорниот Петерхансел се закити со титула во класата автомобили една година подоцна, во 2004 година. Ова е период кога Камаз, „Митсубиши“ и „КТМ“ ги „газат“ другите. Четврта титула за Камаз, три едноподруго. И четирикратниот победник Ари Ватанен се врати во Релито Дакар со тимот на Нисан, но без некој позабележителен успех. Тука некаде се појавува и големиот алпски скијач Лук Алфанд, специјалист

за дисциплината спуст, кој веднаш ги покажа своите возачки квалитети и е рамо до рамо со најдобрите. Негов најголем соперник е тимскиот колега Петерхансел со кого понекогаш имаа и несогласувања. Но Л. Алфанд покажа колку умее и што умее со своето возило и во 2006 година пристигна прв на целта, заедно со мотоциклистот Марк Кома и Камаз со возачот Владимир Чагин. Карлос Саинц, попознат како „ел матадор“ во релито, сега минува во Дакар и заедно со Де Виларс им е силна конкуренција на Петерхансел и Алфанд, но и натаму возачите на „Митсубиши“ доминираат со победа 1 – 2, Петерхансел прв, Алфанд втор. Поради терористичките закани 2008 година ќе биде запаметена по откажувањето на релито. Соочен со сериозен проблем, организаторот го пресели релито на друг континент и оттогаш релито го менува името само како Дакар. Јужна Америка стана домаќин на авантуристите, а тамошното население им врати 100 пати повеќе. Релито Дакар е светски познато и многу гледано, но да се има публика како на фудбалски натпревар, е такво нешто не виделе ни учесниците, а уште помалку организаторот. И самите не сонувале дека релито е толку многу популарно во Јужна Америка. Земји домаќини на Релито Дакар беа: Перу, Чиле, Боливија, Парагвај и Аргентина. Доминацијата на „Митсубиши“ заврши, но не и на Камаз. Карлос Саинц освои три титули со три различни тимови, со „Фолксваген“, со „Пежо“ и со „Мини“, а заклучно со оваа година Камаз има дури 17 победи и засега е неприкосновен на врвот. Ако некому не му е јасно како се вози Релито Дакар и со кои брзини, му препорачуваме да ги погледне видеоматеријалите од легендарниот дуел А. Ватанен – Жан де Рој. И да не заборавиме да ве потсетиме на брзината со која камионот што го вози Жан де Рој го престигнува тогашниот крал на релито Ари Ватанен – само 230 км/ч, но не на асфалт, туку во пустина каде што претходно нема стапнато човечка нога. • Жарко Атанасовски

44 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


Светско првенство во Формула E

ПОСЛЕДНОТО ШОУ ВО МАРАКЕШ ДОДЕКА ЕВРОПА ВЕЌЕ БЕШЕ ВО ПАНИКА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ФОРМУЛА Е ЈА ПРОДОЛЖИ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА ТУРНЕЈА СО ТРКАТА ВО МАРОКО.

O

ткако сезоната стартуваше со две трки во Саудиска Арабија, епизодите во Чиле и Мексико донесоа до првичен заплет кој резултираше со основа за големо шоу во Маракеш. Судбината сакаше ова да е последна извозена трка пред прекинот што уследи во средината на март и ги запре сите спортски активности на сите континенти. Победата на Мич Еванс во Мексико Сити беше пример дека и во оваа сезона на пиедесталот се менуваат лицата на возачите како и во претходните години: тој беше четврти по Сем Бирд, Александер Симс и Максимилијан Гинтер што го подигна побединичкиот пехар. Имајќи предвид дека и на последните че46 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

тири трки од минатата година се случија трки со различни победници, се добива низа од 8 трки во кои нема повторување на еден возач на највисокото место на пиедесталот. Оттука, за очекување беше заплет во кој повеќе возачи ќе се борат за почестите во Мароко, а тоа кулминираше со една од најизедначените квалификациски сесии видени досега. На тоа претходеа слободните тренинзи во кои Антонио Феликс да Коста и Мич Еванс се етаблираа како рани фаворити за пол позицијата, поставувајќи најбрзи времиња во подготовките. Но, во квалификациите на првите шест места се најдоа шест возачи од шест различни екипи, набиени во интервали од две десетинки. Гин-

тер со БМВ Андрети имаше време од 1:17.562, пред Лотерер, Мортара и да Коста, сите во иста десетинка, додека Мич Еванс кој владееше на последните квалификации, овој пат задоцни со започнувањето на кругот за помалку од половина секунда по што беше јасно дека ќе стартува од последниот ред. Таканаречената борба за супер пол позиција во која учествуваат само шестемина најбрзи од квалификациите, донесе уште една епска пресметка во која тројца возачи се подобрија за четири десетинки. На крајот, Антонио Феликс да Коста со време од 1:17.158 изби на првото место, а Гинтер беше зад него 69 илјадити делови од секундата, додека Лотерер се доближи на 95


НАЈУСПЕШНИТЕ ПРЕСТИГНУВАЧИ ГО ПРАВАТ ШОУТО

Лошата среќа на поранешниот шампион Лукас ди Граси направи тој досега да нема ниту една победа, но затоа ги соборува статистичките рекорди во престигнување. Само оваа сезона, за пет трки, тој има направено 37 успешни престигнувачки маневри, односно остварено подобри пласмани на крајот отколку на стартот од трката. Но, тој не е единствената сјајна ѕвезда. Мич Еванс со напредокот до 24 до 6 место во Маракеш беше вистинска сензација, но неговата екипа јагуар има слични постигнувања и со вториот возач Џејмс Каладо. Тој во два наврати оваа година имаше напредок од 13 места (втората трка во Саудиска Арабија) и 10 места (во Чиле). Досега, Еванс има 7 трки во кариерата на кои напредувал 10 или повеќе места, а Лукас ди граси и Жером Д`Амброзио се рекордери со по 8 трки од таков тип!

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СЕЗОНАТА 2019/2020

Менаџментот на оваа тркачка серија на 13 март го стопираше првенството откако првично беа откажани само трките во Кина, Јужна Кореја и Индонезија, но потоа дојдоа на ред и трките во Европа каде што се откажаа предвидените настани во Рим и Париз. Според сегашните прогнози, трките од светското првенство на Формула Е ќе се вратат повторно од 21 јуни кога на програмата е тркачкиот викенд во Берлин. За јули беа планирани три трки, од кои една во Њујорк и две во Лондон, но неизвесно е дали тие ќе се одржат воопшто, или по најавениот календар. Се очекува во средината на мај да биде донесена нова одлука, бидејќи кога беше објавен прекинот на 13 март, беше најавен како двомесечна пауза.

илјадитинки. За возачот на ДС Течита ова беше прва пол позиција со новиот тим, за што доби и 3 поени кои ќе му се најдат во генералниот пласман, а за што се чини треба да му заблагодари на Гинтер од БМВ Андрети, кој имаше побрзо време од него на средина од патеката, но поради блокирање на сопирачките во претпоследниот свиок се најде на втората позиција. Она што беше силна страна на возачите од ДС Течита во оваа сезона е дека во неколку наврати покажаа одлична брзина во трка и напредок од пониските кон повисоките позиции. Овој пат, со пол позицијата во негови раци, Антониот Феликс да Коста беше главниот фаворит за

триумф и тој успеа да им избега на ривалите веднаш по стартот, додека групата зад него остана по ист редослед како на квалификациите. Мич Еванс кој во Маракеш дојде како лидер во генералниот пласман по киксот во квалификациите имаше интересна трка во која напредуваше цели 18 позиции или од 24 до 6 место. Вториот возач на ДС Течита, Жан Ерик Верње, исто така, напредуваше од 12. место, па тие двајца го дадоа потребниот „штимунг“ на трката. Андре Лотерер прв испадна од водечката тројка, бидејќи беше престигнат од Ник де Вријс, но потоа Холанѓанецот доби казна за прекумерна употреба на енергија и падна на последната позиција. Во тој

период од средишницата, Верње кој беше шести успеа да го мине Себастијан Буеми, а веднаш потоа и Мортара и Лотерер, со што се искачи до третото место. Следуваше најдраматичниот дел од трката во кој возачите ги искористија своите адути скриени во активирањето на дополнителна енергија, односно уфрлија во таканаречен „напаѓачки мод“ кој им овозможува 35 киловати повеќе енергија. Лотерер го врати третото место од Верње, а Гинтер го престигна да Коста, па овој мораше да ја брани и втората позиција од забревтаниот Германец во болидот на Порше. Но, потоа следеше реванш, па возачите на ДС Течита активираа „атак мод“ и Антонио Фе04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


ликс да Коста се врати во водство пред Гинтер, а Жан Ерик Верње повторно го престигна Лотерер, па се доближи и до првите двајца и успеа да се протне на второ место. Сепак, на негова несреќа, енергијата од неговиот електромотор исчезна токму додека траеше последниот круг и тој мораше да го пропушти Гинтер и да се откаже од „еден-два“ победата за неговиот тим. На крајот Верње беше 12 секунди зад победникот и го сочува пласманот на подиумот пред Себастијан Буеми и Едоардо Мортара, додека Мич Еванс стигна од последното место до шестата позиција.

48 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

На овој начин се случи првите двајца на стартот да финишираат како прв и втор во трката, што е само деветти ваков случај во шест годишната историја на Формула Е, со вкупно 63 трки (или само една седмина)! Третопласираниот Верње кој оваа година за првпат се качи на подиумот, стана 11. различен возач во пет трки кој финиширал меѓу најдобрите тројца. Трката во Мароко беше прва по пауза од 20 трки на која не беше имплементирано возило за безбедност, па поради тоа беше постигнат нов рекорд во просечна брзина на победникот од 129,157 километри на час.

За Антонио Феликс да Коста ова е трета победа во кариерата со трета различна екипа, при што досегашниот лидер на тимот Верње има 8 победи за ДС Течита. Во пресрет на продолжението на сезоната, тој го презема водечкото место во генералниот пласман со 11 бода повеќе од Мич Еванс (67:56). Двајцата возачи на БМВ Андрети, Александар Симс и Максимилијан Гинтер се речиси изедначени во дуелот за третото место, при што Симс води за два бода (46:44). Лукас ди Граси од Ауди и Стофел Вандорн од Мерцедес ја чекаат својата шанса со по 38 бода.

Александар Табаковски


04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


Светско првенство во Формула 1

ИМА ЛИ НАДЕЖ ЗА ФОРМУЛА 1? СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА ГИ СТОПИРАШЕ СИТЕ СПОРТСКИ НАСТАНИ НА ПЛАНЕТАТА, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ФУДБАЛСКИТЕ ПРВЕНСТВА, СÈ ДО ЕН-БИ-ЕЈ ЛИГАТА И ОКТАНСКИТЕ СПОРТОВИ КАКО ФОРМУЛА 1 И МОТО ГП. ДОДЕКА ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВАТА КОИ ИМААТ СОЛИДЕН БРОЈ НА ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ПРОГЛАСАТ НЕКАКОВ ШАМПИОН, ВО ТРКИТЕ СÈ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ СЕЗОНАТА.

50 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


O

ткако првично беше најавено за втората половина на мај, почетокот на Формула 1 сега е неизвесен и за втората половина на јуни. Најрпвин Монако ја откажа трката која редовно се одржува во мај, а потоа и Азербејџан потврди дека нивното гран при планирано за 7 јуни нема да биде подготвено да ја отвори сезоната. Додека овој број на „Клуб Мобилити“ се подготвува за објавување, трае неизвесноста околу следната трка предвидена со календарот, а тоа е Големата награда на Канада во Монтреал. Она што го прави целиот случај да биде комплексен, е фактот што светскиот карван има потреба да ја пропатува цела планета и насекаде да направи шоу, во услови кога границите на многу земји се затворени. Последната изјава на спортскиот директор на првенството, Рос Браун, беше неодредена дека првенството би можело да започне во Европа и тоа без присуство на публика. За тоа да се случи, европските граници ќе мора да дозволат движење на екипите и нивната опрема. Во

ЕДНА ПАТЕКА СО ПОВЕЌЕ КОНФИГУРАЦИИ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОМАЌИН НА ПОВЕЌЕ ТРКИ? Преку социјалните мрежи беше даден и еден невообичаен предлог, кој го лиферуваше поранешниот делегат на ФИА за односи со дел од медиумите, поточно фотографите – Пат Бехар. Тој буквално „извади од нафталин“ една идеја на генијалниот Берни Еклстоун, кој нецели четири децении беше промотер на Формула 1 и од спортот направи врвно шоу и манифестација што сите организатори ја посакуваат. Идејата била дадена во времето кога Еклстоун ја купил патеката „Пол Рикар“ во Франција, а при нејзиното реновирање инвестирал во можности на овој автодром да се конфигурираат повеќе различни патеки. - „Додека да се испробаат сите конфигурации, цело првенство ќе помине“ - гласи еден од шегобијните коментари. Но, во услови на вонредна состојба, овој предлог е легитимен и нема да изненади ако во потера по повеќе трки, бидат возени барем по две на некои автодроми, со што би се исполниле дел од обврските кон сите кои треба да заработат во ланецот.

Формула 1 се натпреваруваат десет екипи, а во просек тие патуваат со најмалку 100 луѓе на секоја трка, при што кај одредени тимови таа бројка е двојно поголема. Оваа „европска опција“ е на располагање сè до септември, кога се планирани трки во различни предели на светот, како Сингапур и Јапонија на почетокот, а кон крајот се САД, Мексико, Бразил и Абу Даби. Но, она што е клучно во целата приказна е вкупниот број на трките, бидејќи согласно таа цифра се определуваат и многу други нешта, како што е на пример договорот за цената на ТВ преносите. Според информациите објавени во „Форбс“, на Формула 1 и требаат 15 трки, а во првата најава кога се откажаа сите настани до Монако, се веруваше дека може да има 18 трки. Како отпаднаа Монако и Азербејџан, канадското гран при е црвената линија. Тогаш Рос Браун најави дека дел од трките ќе бидат преместени за време на летната пауза во август, како и дека сезоната ќе трае малку подолго. ФИА во случајов не може многу да направи, бидејќи за разлика од други федерации како УЕФА, која преку две години има свое европско првенство, тука станува збор за натпреварување кое се одржува секоја година. Во случајот со фудбалот, поместувањето за една година не беше тежок чекор, а ослободи многу датуми за доигрување на националните првенства, кои натаму треба да дадат шампиони и учесници на европските купови за следната сезона. Извесно е дека државните првенства мора да завршат во периодот јуни и јули, бидејќи од август почнуваат натпреварите од следната сезона. Согласно таквите ситуации, секоја лига поединечно ќе пресуди како ќе ја прогласи сезоната, но јасно е дека новата сезона мора да почне во прецизно определен рок. Ако овој пример се пренесе на Формула 1, ФИА е во можност само да калкулира со датите од 2021 година, со цел да направи простор за 2020 година да добие подоцнежни датуми. Веќе бea соопштени вестите дека правилата кои требаа да стартуваат во 2021 година, ќе се пренесат на 2022 година, со што се остава и идната цела сезона за своевидно „снаоѓање во движење“. Одржувањето на првенството е битно поради тоа што со правилата на игра, парите од ТВ се делат на повеќе страни, а делот наменет за тимовите, натака се распределува според пласманот на конструкторите. Имајќи предвид дека голем број од екипите нема да имаат можност да наплатат од своите комерцијални партнери високи суми на име на спонзорствата кои биле предвидени, овие средства ќе им бидат и тоа како потребни за да ја дочекаат идната сезона. Она што е сигурно е дека каква и да биде сезоната под името 2020, ќе мора да заврши пред да почне 2021 и да има извесен расплет. Силверстоун е една од патеките која е во средина на сезоната и веќе притиска за конкретен датум, условувајќи дека и парите што тие треба да ги исплатат на име концесија за одржување на трката, ќе бидат под знак на прашалник. Оттука, за очекување е навистина да се случат предвидувањата на Рос Браун, и онаму каде што е можно, да се извозат првите трки без присуство на публика, за потоа да уследи финалната фаза. Ако Германија во официјалните прогнози вели дека очекува шпиц на епидемијата во јуни и затворени граници до септември, тогаш малку опции остануваат на располагање, но мора да се сочекаат официјалните потврди за таквото евентуално, засега најцрно сценарио. • Александар Табаковски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


MOTO GP

ЗА ДА УСПЕЕШ, ТРЕБА ДА РАЗМИСЛУВАШ ТАКА ВО УСЛОВИ КОГА НЕМА ВИСТИНСКА ТРКАЧКА АКЦИЈА, ГЛАВНИТЕ ПРОТАГОНОСТИ ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ ПРВЕНСТВА ИМААТ ТЕШКА УЛОГА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА БИДАТ ИНСПИРАЦИЈА ЗА МИЛИОНИ НАВИВАЧИ ШИРУМ СВЕТОТ.

52 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


И

талијанската екипа од најгламурозното светско првенство на две тркала, Дукати, испрати до светската јавност соопштение во кое ги нуди размислите на својот возач Андреа Довициозо на темата што го окупира светскиот интерес – пандемијата од коронавирусот. Популарниот „Дови“ како и секој друг човек кој е загрижен и за сопственото здравје, но и за останатите околу него, смета дека изолацијата во сопствениот дом е добра шанса за секој што се жалел дека нема време.

- Никој не очекуваше дека ситуацијата ќе се развие волку лошо, тоа е навистина чудно. Сега е од пресудно значење да се остане дома. Знам дека е тешко, но сите мора да разбереме дека надвор треба да одиме само ако имаме огромна потреба. Изгледа дека таа мерка помага и сите треба да продолжиме така. На почетокот и мене ми беше тешко. Мојата девојка и јас работевме низ куќата, но сега нештата малку се сменија бидејќи ни се придружи и ќерка ми, па имам обврски и околу неа. Но, исто така, можам да кажам и дека тренирам понапорно од кога и да било. Во нормални околности, имаме малку време, нашиот распоред е исполнет. Треба да тренираме, но треба и да одмараме бидејќи ни треба енергија за тркачкиот викенд. Сега можам да тренирам колку што сакам! Довициозо открива и дека сепак има и некои спортисти кои не мируваат, па ги следи некои мотокрос натпреварувања на други континенти, бидејќи и самиот е голем фан на овој спорт. - Се обидувам и самиот да возам мотокрос и да го следам. Во САД сè уште им е дозволено да се тркаат. Со задоволство гледам што прават, за мене тоа е еден вид на полнење на батериите. Осврнувајќи се на она што го очекувал од новата сезона во 2020 година, која требаше да започне на 8 март со трката во Катар, возачот на Дукати потсетува дека имале две тестирања пред почетокот од сезоната. - Сметам дека тие две тестирања не

се доволно, едноставно нашето тело не е подготвено за толку километри одеднаш во три дена едно по друго. Цело време испробуваме нови нешта, па мора да донесеме одлуки во кои треба да бидеме убедени, за да го продолжиме развојот. Затоа и не сум премногу брз на тестирањата. Сакам да ги испробам нештата во вистинско време и со извесен тип на пневматици, за да можам да дадам некаков повратен одговор. Познато е дека за оваа сезона тие на располагање ќе имаат и нови пневматици од Мишелин, за што Довициозо вели дека најпрво бил разочаран. - На почетокот ми личеше дека новите гуми не се адаптираат добро на нашиот возачки стил и на нашите карактеристики. Сепак, на крајот, можевме да го подобриме генералното чувство за моторот, додека тестиравме во Катар. Но, тоа не значи дека сè ќе биде во ред и на другите патеки. Задните пневматици се различни, имаат влијание и врз предните. Извозевме многу кругови, но на ниеден тест не можете да ги создадете истите услови како во трка. На крајот, Андреа Довициозо вели дека и покрај сè, неговите цели за сезоната нема да се променат. - Се разбира, во секоја нова сезона влегуваме со идеја да се бориме за титулата. Дали е тоа е можно ќе откриеме за време на сезоната. Никогаш не е лесно бидејќи има многумина што се брзи. Тешко е да си најдобар, но мора да размислуваш така за да станеш најдобар! • Александар Табаковски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


Интервју со Душан Борковиќ

РЕЛИ ТРКИТЕ СЕ МОЈ ГОЛЕМ СОН!

ДУШАН БОРКОВИЌ Е ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ ВОЗАЧИ ОД БАЛКАНОТ КОЈ УСПЕАЛ ДА НАПРАВИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПОЧИТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО НИВО И ДА СЕ ЕТАБЛИРА ВО САМИОТ ВРВ НА СЕКОЕ НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО КОЕ ШТО УЧЕСТВУВАЛ. Клуб Мобилити: Сезоната на трки во 2020 година всушност не ни почна, но се заканува да го растури системот на натпреварување и тоа на повеќе нивоа, како националните првенства, така и разните континентални и светски шампионати. Има многу сценарија за тоа што ќе се случува со трките во следниот период, а нас не интересира Вашето мислење, бидејќи на некој начин ова е спорт каде што ривалите се изолирани еден од друг... Душан Борковиќ: Токму така. Авто-мото спортот е поинаков од останатите. Можеби нема да имаме публика на трибините оваа 54 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

година, но убеден сум дека ќе видиме акција на патеката. Мислам дека сите календари ќе бидат одложени за крајот на годината и веќе гледаме некои примери како во рели првенствата каде што последната трка е префрлена во декември. Очекувам во некои пониски класи на натпреварување дел од трките да бидат сосема откажани, но автомобилската индустрија врти многу пари така што промоциите низ спортот ќе мораат да се одржат. Клуб Мобилити: Некогашниот светски првак на Формула 1, Жак Вилнев, предложи да не се прогласува

шампион за оваа сезона, туку да се организираат ревијални трки од типот на тениските грен слем турнири. Дали може само еден модел да одговара за сите потребни решенија во спортот, како што е предлогот на Вилнев? Душан Борковиќ: Ќе видиме! Ова дефинитивно е голем шок и промена за целиот свет, а не само за нашиот спорт. Ќе мора да се адаптираме на времето во кое живееме. Клуб Мобилити: Кои беа вашите тркачки планови за 2020 година пред да избие оваа криза? Душан Борковиќ: На почетокот од март, непосредно пред почетокот


на вонредната состојба ширум Европа, имав намера да објавам каде ќе се натпреварувам. Сепак, сфативме дека не е време за тоа со оглед на ситуацијата, па така таа објава ја одложивме за понатаму. Кога ќе го победиме овој вирус, дури тогаш можеме да најавиме нови спортски планови и победи. Клуб Мобилити: Можете ли да направите мала ретроспектива на вашата кариера: почнавте со картинг, но не продолживте кон трките со „едноседи“, во таканаречените конструкции со отворени тркала. Тргнавте по пат којшто е покарактеристичен за нашите подрачја, со ридско брзински трки, а потоа и кружни, и тоа подоцна на интернационално ниво. Душан Борковиќ: Мојата кариера е долга 25 години. Во 2011 година ми се укажа прилика да се обидам во интернационалните трки и тогаш ја донесов таа одлука. Во овој спорт пресуден фактор е буџетот, па од него зависеше што и кога можам да возам. Во 2011 година почнав во европскиот шампионат на ридски патеки, а кога станав шампион во 2012 година ми беше логично да прејдам во некој нов предизвик. Тогаш се префрлив на кружните патеки, но ми остана голем сон врзан за рели натпреварите. На тр-

ките на кружни патеки постигнав многубројни успеси, вклучувајќи ја и титулата во туринг шампионатот за 2015 година, а претходната 2014 имав вицешампионска титула на светското првенство, натпреварувајќи се против легендите како што е Себастијан Леб. Во 2019 година, по пауза од 10 години, имав голем успех и го освоив 52. рели Србија. Клуб Мобилити: После сите овие успеси дали денес може да се каже дека имате некоја неостварена желба или нешто друго за што сте мечтаеле како млад? Душан Борковиќ: Како што спомнав, релито е мој голем сон. Исто така, еден ден би сакал да се испробам во трките со ГТ автомобили и да возам една трка низ улиците на Монте Карло. Клуб Мобилити: Додека сме кај спомените, кои возачи ви беа пример? Ги паметите ли вашите херои од младоста и дали имавте шанса против некој од нив и да се натпреварувате? Душан Борковиќ: Најголем пример ми беше и остана Себастијан Леб. Со него се тркав 2014 година во светското првенство на ФИА со туринг автомобили. Никогаш нема да заборавам дека веќе на прва-

та трка во Мароко бев пред него, а на втората во Франција дека повеќе од половина трка се бранев и му одолевав на познатата патека „Пол Рикар“. Клуб Мобилити: Паралелно со тркачката кариера, градите и кариера во политиката. Дали може да се каже дека во овие тешки времиња сте ја пронашле вистинската комбинација? Како вие гледате на ваквиот спој бидејќи чинам дека ривалите ви завидуваат на снаодливоста? Душан Борковиќ: Искрено немам големи аспирации во врска со политиката. Пред сè јас сум спортист којшто ја разбира својата одговорност кон својот народ и кон навивачите на којшто сум им пример. Многу се залагам за безбедноста во сообраќајот и тоа го истакнувам на секој медиумски настап, како и преку моите профили на социјалните мрежи. Клуб Мобилити: Трките во ТЦР Европа се едно поглавје од вашата богата кариера. Како денес гледате на сè тоа што се случи таму? Дали е тоа мамец за една незавршена приказна или веќе имате други проекции за иднината? Душан Борковиќ: Во трките, исто така, има голема политика. Чинам дека е тоа поради големите вложе-

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


КЛУБ МОБИЛИТИ: Кој беше најтешкиот момент од вашата кариера и како го надминавте? Душан Борковиќ: Ги имаше многу. Секоја кариера е полна со подеми и падови. Она што е најбитно е после секој пад да се издигнеш уште посилен. Имав само десет години кога ги скршив двете раце и тоа ми падна многу тешко. Но два месеци подоцна, кога ми го извадија гипсот, повторно седнав да возам. Исто така, во 1999 година за малку ќе ја загубев раката бидејќи дланката ми беше повредена од тркалото на картингот. Тогаш во Србија беше бомбардирањето, а трката беше во Унгарија. За среќа, ми ја спасија раката и повторно успеав да продолжам да возам откако минав неколку болни месеци. Еден од најтешките периоди сепак беше кога моето семејство ги потроши сите средства вложувајќи во мојата кариера и кога морав да почнам да се борам сам, да најдам спонзори и да постигнам меѓународен успех. Но дефинитивно најтежок момент ми е ненадејната смрт на мојот татко во 2015 година, затоа што покрај него го засакав авто-мото спортот. ни суми во промоција на сите автомобилски фабрики и други спонзори. Јас сум борец и мојата борба постои и на патеката, но и надвор од неа. Клуб Мобилити: Кога се споредуваат ТВ преносите на мотоциклите и колите се добива впечаток дека е потребна поголема динамика. Дали сте поборник за класични долги трки или ги сакате новите жанрови како што се спринт трките? Душан Борковиќ: Лично ги сакам различните платформи. За секоја категорија има различна платформа и има луѓе коишто тоа го сакаат. Клуб Мобилити: Автоспортот е инте-

56 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

ресен, но и опасен. Луѓето коишто имаат тркач како идол го сакаат затоа што е брз и не се плаши, но исто така, врвните возачи се тука за низ кампањите да им порачаат на луѓето дека улиците не се место за трки и дека треба да се вози внимателно. Како вие се снаоѓате во овие две улоги? Душан Борковиќ: Веќе спомнав дека сум голем поборник за безбедност во сообраќајот. Во Србија сум заштитно лице на Агенција за безбедност во сообраќајот и во многу други индивидуални акции на разни компании што работат на тоа. Се трудам на моите фанови особено да им обрнам внимание на опасностите кои демнат од непрописното возење во сообраќајот.

Секој што сака да вози брзо треба тоа да го прави на тркачка патека. За жал, на Балканот немаме многу тркачки патеки каде што заинтересираните би можеле да изнајмат автомобили, или да се повозат со што би ја задоволиле својата желба за брзина. Но тоа не значи дека така ќе остане и во иднина. Клуб Мобилити: Поголемиот дел од возачите имаат некаква амајлија или веруваат дека извесен ритуал им носи среќа. Што вас ве чини опуштен и полн со самодоверба пред стартот на трката? Душан Борковиќ: Моето семејство и мојот тим. • Александар Табаковски


ПРЕД 20 ГОДИНИ КОГА СЕ ПОЈАВИ МОДЕЛОТ „ПЛАТИ ПА ГЛЕДАЈ“, ЛУЃЕТО СÈ УШТЕ ИМАА КВАЛИТЕТНИ ПОНУДИ НА РЕГУЛАРНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ. НАПРЕДОКОТ НА КАНАЛИТЕ СО ПРЕТПЛАТА ИМАШЕ ПРИМЕР СО БОРБАТА МЕЃУ ФЛОЈД МЕЈВЕДЕР И КОНОР МЕКГРЕГОР, КОГА ОБАЈЦАТА ВО ЕДНА НОЌ ЗАРАБОТИЈА 130 МИЛИОНИ ДОЛАРИ.

С

ветскиот непријател број 1, познат под кодното име КОВИД-19, извојува несомнена победа над нормалната секојдневица на речиси осум милијарди луѓе, но историјата досега покажала дека луѓето вообичаено добро се адаптираат на кризни ситуациии, а најмногу страдаат кога се препуштаат на сопствените каприци и не покажуваат грижа за пошироката околина. Но, кога светската интелигенција ќе се обедини, прашање на денот е кога непријателот ќе мора да го признае поразот. Верувам дека од оваа лекција ќе има многу извлечени поуки, како за светските лидери, нивните владини служби, како оние на кои ова им е основна работа (здравствените работници), но и оние кои во ова гледаат можност за дестабилизација на цела една држава и економија (ткн. Тајни служби). Меѓу оние што секако ќе мора да извлечат поука се и организаторите на трки. Целиот систем на авто-мото спортот сериозно зависи од публиката, како во живо, така и од онаа крај малите екрани. Од денешен аспект, сигурен сум дека поголемиот број од нив размислувал во смисла „па зарем е можно такво нешто во 21 век?“ или „нема шанси тоа нам да ни се

случи“. Но, несреќите не им се случуваат само на другите, ете доаѓа време кога секој ќе ја почувствува тешкотијата на сопствена кожа. Ако нема телевизија, нема ни спознори, ни пари од ТВ права. Она што во моментов ја прави телевизијата сè уште главен светски медиум е можноста во живо да емитува програма на едно врвно ниво, како што тоа е еден спортски пренос. Покриеноста со камери, можноста да се улови секој момент, да се репризира спорна ситуација, тоа е она што го одвојува просечниот ТВ производ од оној што е премиум. Можеби може да има повеќе телевизиски канали, ама не секој може да има премиум понуда. Трките се дел од таквата понуда, но исто така и голем број други настани чие што емитување во живо го предизвикува интересот на јавноста. На крајот се сведува дека ТВ каналите се своевидна берза за организаторите на настани кои ги отстапуваат ексклузивните права од своите настани. Но, зошто го пишувам сево ова? За време траењето на оваа криза, една од сториите која најмногу привлече внимание беше одржувањето на спектаклот наречен „ултимејт фајт“, каде што требаше да има и борба за светската титула. Првенствено настанот беше закажан за Њујорк, но организаторите најавија дека поради погоденоста на подрачјето од страна на вирусот, ќе најдат друга локација. И речиси успеаја во сè: најдоа локација близу Калифорнија, каде што из-

вес е н резорт (хотел со казино и придружни објекти) беше лоциран во меѓународни води, па најавија дека ќе закупат и посебен остров за да можат да ги сместат сите учесници и припадници на организациската постава. Тогаш уследи мешањето на политичарите и повикот да не се изложуваат луѓето на непотребен ризик, иако беа најавени стриктни медицински прегледи и протокол со високи стандарди на заштита. Кој е заклучокот? Пред 20 години кога се појави моделот „плати па гледај“, луѓето сè уште имаа квалитетни понуди на регуларните телевизии. Напредокот на каналите со претплата имаше пример со борбата меѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор, кога обајцата во една ноќ заработија 130 милиони долари. Пред нецели две години, промотерската куќа за организација на „ултимејт фајт“ борбите беше проценета на седум милијарди долари. За споредба, во речиси исто време, Либерти медија ја купи Формула 1 од претходните акционери за четири милијарди. Иднината на спортот е во овие канали, сакале ние да прифатиме или не, а со тоа ќе бидат репозиционирани и голем број на спортови по завршување на кризата. • 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk 57

57


WRC – Рели МЕКСИКО

ШЕСТКРАТНИОТ ШАМПИОН СЕ ВРАЌА ВО ИГРА

СО ГОДИНЕШНАТА ПОБЕДА НА РЕЛИТО ВО МЕКСИКО, СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ СЕ ИЗЕДНАЧИ СО СВОЈОТ СОНАРОДНИК СЕБАСТИЈАН ЛОЕБ ПО БРОЈОТ НА ПОБЕДИ НА ОВА РЕЛИ. ИАКО СЕГА И ДВАЈЦАТА ДЕЛАТ ПО ШЕСТ ПОБЕДИ, ШАНСИТЕ ЗА ПРЕВЛАСТ ВО ГОДИНИТЕ ШТО ДОАЃААТ СЕ НА СТРАНА НА ОЖИЕ.

58 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


П

рекриено со ограничувањето за патување заради глобалната закана од вирусот Ковид-19, годинешното рели на Мексико се одржа во скратен формат и заврши еден ден порано од предвиденото. Со заедничка одлука на тимовите, одговорните лица на FIA и организаторите на настанот беше донесена одлука релито на Мексико да заврши со одвозени 75% од вкупниот број на предвидени брзински испити. Скратениот формат беше нужен за да можат посетителите странци, персоналот на тимовите и официјалните лица да стигнат до своите матични држави и семејства сигурно откако многу држави ширум светот почнаа да воведуваат рестрикции за патување, но и да ги затвораат границите. Во еден ваков глобален стисок сепак релито на Мексико успеа да приреди возбудливи моменти кои ги освоија рели-фанатиците ширум светот. Победата отиде во рацете на Себастијан Ожие. Негова шеста победа на овој исцрпувачки тежок настан и за екипажите, но и за автомобилите и тимовите. Со победата во Мексико, Ожие се изедначи по бројот на победи на ова рели со својот сонародник деветкратниот светски шампион Себастијан Лоеб. Но, во прилог на Ожие, é што му преостануваат уште шанси да го победи Лоеб во овој интерен француски дуел. Како и да е шесткратниот светски шампион конечно успеа да извојува победа за својот нов тим годинава. Ова е трето рели за Ожие во тимот на Toyota и зад волан на Yaris WRC. Рели кое французинот со нетрпение го очекуваше како прв вистински рели настан од сезоната кој се вози на чакал и на кого ќе има прилика да го покаже своето возачко умеење во полно светло. Откако не успеа да го најде вистинскиот ритам на првите две релија од сезоната, специјализираните настани релито на Монте Карло, и релито на Шведска, Ожие дојде на свое во Мексико. Настан познат по големата надморска височина и високите температури кои ги исцрпуваат екипажите и ги ставаат на вистински тест автомобилите. Во изминатите две сезони токму Toyota

имаше големи проблеми со прегревање на моторот на Yaris WRC. Едноставно системот за ладење немаше доволно капацитет за да се избори со уништувачките температури на регионот Гуанахуато во Централно Мексико. Меѓутоа евидентно е дека за годинава инженерите на рели тимот на Toyota го решиле проблемот. Автомобилите функционираа беспрекорно и му помогнаа на тимот да поведе во шампионатот на производители. Благодарение на третата стартна позиција Ожие беше во поповолна положба од својот тимски другар Елфин Еванс кој како лидер во шампионатот за возачи стартуваше прв и буквално мораше да ги мете патеките од слободните камчиња чакал кои делуваат како лагери и ја ограничуваат тракцијата. Затоа на Ожие му појде од рака да прејде во водство од самиот почеток на релито и да не го испушти до крај. Несакајќи да ја ризикува стекнатата предност возеше умерено во текот на вториот натпреварувачки ден контролирајќи ја ситуацијата од врвот. Така стигна до својата толку посакувана победа за својот нов тим. Воедно победата го промовираше во нов лидер во шампионатот за возачи. Вистинска борба се водеше за второто место меѓу актуелниот шампион От Танак и возачот на M-Sport Ford, Тему Сунинен. Иако Сунинен успешно се бранеше во поголемиот дел од релито од нападите на Танак, сепак, попушти препуштајќи му ја втората позиција. Сунинен кој ги изгуби сопирачките на едно од тркалата на неговата Fiesta WRC во завршницата од релито беше искрен и призна дека и без пехот немал сили да се одбрани од налетот на Танак. Тимот на M-Sport Ford пливаше во проблеми на ова рели. Автомобилот на Есапека Лапи се запали на седмиот брзински испит и беше проголтан од пламените јазици. Запна и тимот на Hyundai. Проблеми со електриката ги сопреа Нувил и Сордо оставајќи го Танак сам да ја брани честа на тимот. Toyota беше единствениот тим кај кого сите екипажи успеаја да стигнат до целта. Еванс заврши четврти, а Кале Ровапера петти. Податок кој јасно говори за издржливоста на рели-автомобилот на Toyota. По релито во Мексико во генерален пласман меѓу возачите води Ожие со 62 бодови, зад него е Еванс со 54 бодови, а на трето место е Нувил со 42 бодови. Меѓу производителите убедливо води Toyota со 110 бодови пред Hyundai со 89 бодови и Ford со 65 бодови. Како ќе се одвиваат настаните во понатамошниот дел од сезоната засега не се знае. За сега релијата на Аргентина, Португалија и Сардинија кои се возат во месец април, мај и јуни соодветно се одложени заради глобалната закана од вирусот Ковид-19. • Љубомир Атанасовски

04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


ПРОДОЛЖЕТЕ ГО ВАШЕТО ЧЛЕНСТВО ON-LINE Ако во овој период изминува рокот на вашето членство, продолжете го од удобноста на вашиот дом и избегнете ги непотребното излегување и контакти: одете на веб-страницата на АМСМ (www.amsm.mk) од вашиот компјутер или мобилен телефон во делот Членство, како паѓачко мени, ќе го најдете делот ON-LINE Членство доколку првпат ја користите опцијата on-line ќе треба да се регистрирате со внесување на потребните податоци, а доколку и претходно сте купувале АМСМ членство on-line, потребно е само да се најавите со вашата е-адреса и лозинка изберете ја вашата АМСМ членска картичка и одете на КУПИ, при што имајте предвид дека за користење на on-line опцијата за зачленување добивате 10% попуст на избраниот членски пакет внесете ги вашите податоци и извршете го плаќањето. Вашата АМСМ членска картичка ќе биде испорачана по пошта на адресата што сте ја внеле при пополнувањето на податоците. Повеќе информации на тел. 02/3181-108

60 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62 04.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk


02.2020


FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”

2

0 .2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

0 .2020 3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

0 .2020


МОМЕНТ МАЛ

0 .2020 5


6

0 .2020


02.2020

7


“

8

0 .2020


0 .2020 9


0 .2020


0 .2020


%

0 .2020

10


2008

0 .2020


15%

0 .2020


0 .2020


02.2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.