Тро-месечен билтен на ЗНМ

Page 1

БИЛТЕН БРОЈ 7

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


ПРОТЕСТ НА НОВИНАРИ ПРЕД СКОПСКИОТ СУД

Судовите да дел по теркот на Страз Непосредна причина за ваквата реакција на новинарите беше тоа што дел од нивните колеги беа спроведени во судница со полициска придружба затоа што не се одѕвале на судските покани

Izdava: Zdru`enie na novinarite na Makedonija, Gradski yid blok 13, 1000 Skopje; Tel: (+3892) 3298-139; Faks: (+3892) 3116-447, E-mail: contact@znm.org.mk

2


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

лат правда збур

3


Новинарите ги поддржаа судиите кои совесно ја извршуваат функцијата, а оние што несоодветно ги третираат тужбите за клевета и навреда ги предупредија дека ќе ги соочат со судот на јавноста

С

4

о транспаренти „Душевната болка ја лекува вистината“, „Известувам значи гладувам“ и „Слобода на изразување“, стотина новинари во организација на ЗНМ, на 11 јуни напладне, протестираа пред Основниот суд 1 во Скопје за да изразат незадоволство од начинот како некои судии ги решаваат тужбите за клевета и навреда против новинари. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани пред медиумите потсети дека судовите се чувари на слободата на изразувањето и на сите човекови права и слободи. “Сакаме да ги поддржиме судиите што совесно и одговорно ја извршуваат судската функција и да ги повикаме другите да не изрекуваат високи надоместоци за клевета и навреда за да им се умилкуваат на политичарите за функции, туку да бидат европски судии и да судат според закон”, рече Селмани. Селмани рече дека големиот број тужби за клевета и навреда против новинари, високите надоместоци за нематеријална штета, долгите и неефикасни постапки, се резултат на лоша судска пракса. “Решението е едноставно, судиите да ја следат судската пракса од Стразбур. Не сакаме никого да амнестираме од одговорност, туку само бараме законот да важи за сите. Селективна правда е најдголема неправда. Не може новинарите да се спроведуваат со полиција во судница, а некои други да ги третираат како заштитени мечки”, исткна тој. Селмани порача дека судиите што нема да го слушнат гласот на новинарите ќе ги соочат со Судскиот совет и со македонската јавност. “Не може за лошата работа на мал број несовесни судии да се прокоцка довербата на целото судство”, додаде тој. Одлуката за протест пред Судот, Управниот одбор на ЗНМ ја донесе по предлог на Новинарскиот форум. Новинарите се незадолни што македонските судови ја продолжуваат лошата судска пракса за предмети против новинарите и покрај тоа што тра-

ат разговорите меѓу Здружението на новинарите и Владата за декриминализација на клеветата и навредата. Идејата на протестот беше да се бара од судовите поефикасно да ја применат судската пракса од Европскиот суд за човекови права и слободи додека не се најде соодветно решение. Непосредна причина за ваквата реакција на новинарите беше тоа што дел од нивните колеги беа спроведени во судница со полициска придружба затоа што не се одѕвале на судските покани.Тие не беа


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

против примената на ваквата мерка, но инсистираа таа мерка да биде спроведена неселективно. Тие уште еднаш сакаа да потсетат на големиот број тужби за клевета и навреда против новинари, кои се користат како средства за вршење притисок. За непропорционалните надоместоци за нематеријална штета, за долгите и неефикасни постапки, кои траат со години и немаат ефективна завршница, за неприменувањето на правилата за каскадна одговорност.

На протестот беше изразена поддршка на судиите кои совесно ја извршуваат судската функција почитувајќи го домашното и меѓународното законодавство и ги охрабрија да истраат на тоа без разлика на евентуалните притисоци. Беше пратена порака дека ако не се поправат работите, ЗНМ јавно ќе ги посочи со име и презиме судиите кои на несоодветен начин го применуваат домашното и меѓународното право.

5


ВЛАДАТА И ЗНМ ГО ДОГОВОРИЈА ЗАКОНОТ ЗА ГРАЃАНСКА ОДГО

ДЕКРИМИНАЛИ ДЕКРИМИНАЛИЗ за поголема слобода и одговорност

Н

6

а почетокот на јули Здружението на новинарите и Владата го усогласија текстот на законот со кој треба да се декриминализира клеветата и навреда. Законскиот текст е испратен на експертиза во Советот на Европа, по што ќе биде утврден во Владата и потоа ќе се пушти во собраниска процедура. Со договорот се исполнети сите барања на новинарите. Прво, ја нема казната затвор за клевета и навреда.Досега во Кривичниот законик постоеше казна затвор од 3 години за клевета, и една за навреда. Со декриминализацијата повеќе нема да се прават судски досиеја за новинарите и тие повеќе нема да се третираат како криминалци. Заради судските досиеја новинарите осудени за овие дела не можеа да се вработат во државната или јавната администрација и не можеа да патуваат во земји каде што се потребни визи. Второ, во текстот на законот предвидена е каскадна одговорност за клевета и навреда меѓу новинарот, удреникот и издавачот. Ваквото решение е предложено поради лошата практика тужбите да се поднесат само против новинари, но не и против уредниците и издавачите, иако тие се најодговорни за тоа што се објавува во медиумите. Новото решение воспоставува систем на одговорност и секој од актерите знае за кој дел од работата одговара. Новинарот за тоа што го напишал, уредникот зошто го одобрил, а медиумот за објавувањето. Трето, законот го ограничува највисокиот лимит за надоместок за нематеријална штета. За новинар 2 илјади евра, за уредник 10 и за издавачот 15 илјади евра. Според сегашнното решение во Кривичниот

законик, највисокиот надоместок за клевета и навреда може да биде до 1 милион и 800 илјади евра, а највисок надомест изречен од судовите е 35 илјади евра во случајот Црвенковски против Младенов. Четврто, со договорениот закон се запираат над 700 судски постапки за клевата и навреда, од кои над 320 тужби против новинари. Со оваа амнестија ќе се опфатат и сите правосилни пресуди, кои до денот на влегување во сила на законот не се извршени. Решението ги запазува принципите на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, надоместокот да биде пропорционален со предизвиканата штета, материјалната состојба на новинарот и да не се доведе во прашање постоењето на медиумот. Со законот новинарот и уредникот нема да одговараат за навреда и клевета ако: z се извинат на оштетената страна z ако навредата и клеветата е сторена под пртисок на уредникот/издавачот z ако му е оневозможено правото на слободен пристап до информации од јавен карактер z ако изнесува критики во заштита на слободата на изразувањето z ако заштитуваат јавен интерес z ако навредата од околностите нема значење на навреда z ако навредата не предизвикала значителна повреда на честа и угледот z ако не е изнесена со цел да се навредува z ако понижувањето со заснова на факти и ако имале основана прилика да поверуваат во фактите z ако се изнесува оправдана критика за поттикнување на дебата од јавен интерес z ако пренесуваат туѓи изјави од работата на


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ВОРНОСТ ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ЗАЦИЈА

законодавната, извршната и судската власт z ако клеветничките изјави се пренесени од службени документи или изразени во научно, книжевно или уметничко дело z ако ја докаже вистинитоста на фактите или ако докаже дека имал основана причина да поверува во нив z ако изразува критика при вршење на службена должност, новинарска професија, политичка или друга општествена дејност z ако пренесува изјави дадени за време на работата на законодавната, извршната, судската и локалната власт, како и изјави пренесени од службени документи или од јавни собири.

Со законот ќе се стопираат над 320 предмети против новинари за клевета и навреда и нема да се извршуваат пресудите што досега не се извршени

Тужителот нема да може да покрене постапка за надомест на нематеријална штета за клевета и навреда ако претходно не побара извинување или демант. Медиумите ќе го одбијат демантот ако сметаат дека текстот е издржан, ако тој е поднесен надвор од рокот, ако содржи клевети и навреди, ако се загрозуваат заштитени интереси на трети лица. Законот е посебно рестриктивен за носители на јавни функции. Тие нема да имаат право да покренат постапка во име на институција и ако се појавуваат како тужители на суд ќе мора да ги достават сите службени документи поврзани со наводната клевета за да се утврди фактичката состојба.

7


РАКОВОДСТВОТО НА ЗНМ ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНИТЕ ЦЕНТРИ

Поддршка за сработеното

Д

8

елегација на ЗНМ, предводена од претседателот Насер Селмани, во текот на јуни и јули ги посети новинарите од сите регионални центри со цел да го запознае членството со договорот со Владата за декриминализација и да ги повика колегите на поголема солидарност за што поуспешно справување со проблемите. На одвоените средби со колегите од Прилеп, Битола, Охрид, Куамново, Тетово, Штип, Кочани и Кавадарци, претседателот на ЗНМ Селмани ги информираше колегите за содржината на концептот на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Освен тоа, ги најави и следните теми на дијалогот со Владата, како што се владините кампањи, измените на Законот за радиодифузна дејност и реформата на МРТВ. Тој побара поголема солидарност меѓу новинарите за да може ЗНМ да издејствува позитивни решенија за сите проблеми, со кои се соочуваат новинарите. На сите средби Селмани потенцираше дека законот за декриминализација е заснован врз принципите на

На средбите редовните членови го обновуваа членството, а други новинари за прв пат станаа членови на Здружението во знак на поддршка на напорите на раководството и воопшто на новинарскиот еснаф да се справува со проблемите


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

о и почеста комуникација судската пракса од Европскиот суд за човекови права и слободи и дека ако се донесе во договорената форма ќе биде во интерес на новинарите и ќе ја унапреди слободата на изразувањето и на медиумите. Со тој закон тужбите за клевета повеќе нема да можат да се користат како средство за притисок против новинарите. Тој пред колегите тврдеше дека во новиот закон за декриминализација се опфатени главните барања на новинарите утврдени од највисоките органи на Здружението. За клевета и навреда нема да се оди во затвор, а со тоа нема да има повеќе судски досиеја за осудени новинари за овие дела, поради кои им се ускратуваат некои граѓански права. Во законот е вградена и каскадна одговорност за овие дела меѓу новинарот, уредникот и издавачот, како и се ограничени највисоките лимити за надоместоци за нематеријална штета, кои треба да бидат пропорционални и не треба да го загрозат постоењето на медиумите.

Според него, во законот постојат низа основи врз кои новинарите нема да одговарат за клевета и навреда и подвлече дека тој ќе амнестира над 320 активни тужби против новинари. Тој најави дека законот ќе биде подложен на експертиза од Советот на Европа пред да се утврди од Владата и потоа ќе биде проследен во собраниска процедура. На средбите редовните членови го обновуваа членството, а други новинари за прв пат станаа членови на Здружението во знак на поддршка на напорите на раководството и воопшто на новинарскиот еснаф да се справува со проблемите. Колегите ги поддржаа досегашните напори на раководството на ЗНМ за застапување на нивните интереси, но инсистираа на почести контакти за да бидат во тек со сите активности. Исто така, бараа Здружението да има поголемо разбирање за специфичните интереси на локалните медиуми.

9


ФО РУ М ФОРУМ

за меѓуетнички дијалог во МРТ

В

10

о почетокот на април, во Клубот на новинарите во Скопје, се одржа форум со претставници на јавниот сервис. Целта на овој форум беше да се промовира меѓуетнички дијалог во МРТ преку поттикнување соработка помеѓу редакциите во МРТ на полето на известувањето за чувствителни теми. Оваа активност беше спроведена во рамките на Проектот за поттикнување меѓуетнички дијалог во медиумската заедница, кој беше финансиран од УНЕСКО, а спроведуван од ЗНМ. Говорници на форумот беа: г-ѓа Милица Пешиќ од Институтот за различности во медиумите од Лондон, претставниците од Советот за радиодифузија г. Бранко Радовановиќ и г-ѓа Емилија Јаневска, членот на Управниот одбор на ЗНМ г-ѓа Фиљана Кока, како и претставникот од МРТ г. Фатос Муслиу. Посебни излагања во рамките на форумот имаа и новинарите Невена Поповска и Един Хајдарпашиќ, кои го презентираа нивното тимско работење во етнички мешани групи од по четворица новинари и покажаа дека тимското работење на новинарски продукти кои третираат чувствителни прашања носи позитивни резултати, модел што МРТ би можела да го користи. Од дискусијата произлегоа заклучоците дека:


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Посебни излагања во рамките на форумот имаа и новинарите Невена Поповска и Един Хајдарпашиќ, кои го презентираа нивното тимско работење во етнички мешани групи од по четворица новинари и покажаа дека тимското работење на новинарски продукти кои третираат чувствителни прашања носи позитивни резултати, модел што МРТ би можела да го користи

z Постои ниво на свест меѓу вработените во МРТ дека се потребни промени во работата на јавниот сервис и поголема соработка и меѓуредакциска интеракција. Потребно е да се стави поголем акцент врз продукцијата на образовна програма со мултиетничка и мултикултурна содржина. z Да се дискутира и изготви модел за формирање на заедничка редакција за новинарите од програмите кои работат на различни јазици во МРТ, како соодветно решение за подобра сора-

ботка меѓу различните редакции во МРТ. z За случаите на говор на омраза да се разговара не само во структурите во јавниот сервис, туку исто така и во комерцијалните медиуми. z Програмско реконструирање на јавниот сервис во насока на јакнење на неговата улога како важна институција од општествено значење. z Високите образовни институции треба да воведат предмети за студентите по новинарство за известување во однос на чувствителни прашања и говор на омраза.

11


Сопствениците на поддржуваат само

Р

12

аководството на ЗНМ во почетокот на јуни имаше работна вечера со сопствениците на електронските и печатените медиуми, на која се разговараше за потребата од самерегулација во медиумите. На средбата присуствуваа најголем број од сопствениците и директорите на електронските и печатените медиуми, кои изразија поддршка за саморегулацијата, со што ќе се зголеми кредибилитетот и довербата на јавноста во медиумите. Од печатените медиуми на средбата присуствуваа сопственикот на весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“ Орце Камчев, сопственикот на весникот „Коха“ Лирим Дулови, сопственикот на радиото Канал 77 Горан Гаврилов, како и дитректорите на телевизиите Канал 5 Иван Мирчевски, на Алсат-М Лирим Хајредини, на Телма Ристо Лазаров, на ТВ Алфа Младен Дамев, како и претставници на весникот „Нова Македонија“, на МРТВ и на ТВ 24 вести. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги информираше присутните за напорите на Здружението за формирање Совет за етика, кој ќе ги разгледува претставките на јавноста за евентуалните прекршувања во медиумите на етичкиот Кодекс на новинарите. Тој соопшти дека работната група има изготвено концепт за

На средбата присуствуваа најголем број од сопствениците и директорите на електронските и печатените медиуми, кои изразија поддршка за саморегулацијата, со што ќе се зголеми кредибилитетот и довербата на јавноста во медиумите

саморегулација, преточен во нацртстатут на Советот за етика. Според него, многу е важно медиумските актери, сопствениците на медиумите, уредниците и новинарите да демонстрираат единство и да работат заедно за формирање на вакво тело. Сите учесници ја поддржаа идејата за формирање на Советот и изразија подготвеност на почеток да биде финансиран од сопствениците и ЗНМ, додека во следниот период да се користат европските фондови. Беше заклучено, во меѓувреме да се достават забелешки на нацрт-статутот, по што ќе почнат консултациите за свикување основачко собрание.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

а медиумите орегулација

13


Филе ги поддржа Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кон средината на март, имаше средба со eврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој во Скопје дојде да го означи почетокот на дијалогот на високо ниво меѓу Владата на Македонија и ЕУ. На средбата, претседателот на ЗНМ го информираше комесарот Филе за текот на разговорите со Владата, ги објасни барањата на новинарите за подобрување на состојбата на медиумите и побара поддршка од Комисијата за постигнување на овие цели. Комесарот Филе покажа разбирање за барањето на ЗНМ за декриминализација на клеветата и навредата, со инсистирање

Орав: Најва`но е да има квалитетно решение за клеветата и навредата

14

Delegacija od ZNM na po~etokot na april se sretna so ambasadorot na Delegacijata na Evropskata unija g. Aivo Orav. Pretsedatelot na ZNM go informira{e ambasadorot Orav za tekovniot dijalog so pretstavnicite na Vladata za podobruvawe na mediumskata sostojba. Na sredbata be{e pozdraven napredokot okolu dekriminalizacijata na klevetata i navredata, no be{e konstatirano deka se potrebni dopolnitelni napori okolu utvrduvaweto na visinata na nadomestokot za nematerijalna {teta za kleveta i navreda. Pretsedatelot na ZNM napomena deka idejata za dekriminalizacija na klevetata i navredata e da se eliminira samocenzurata kaj novinarite i dokolku se utvrduvaat visoki iznosi celta nema da se postigne. Toj povtori deka ZNM poddr`uva implementacija na Evropskata direktiva za audio-vizuelni uslugi i site preporaki na Sovetot na Evropa vo Zakonot za radiodifuzna dejnost i deka sekoj drug predlog treba da se napravi vo konsultacija so novinarite i nevladiniot sektor. Ambasadorot Orav gi pozdravi naporite na ZNM i Vladata za podobruvawe na sostojbata na mediumite i prenese deka Evropskata komisija dava posebna va`nost na slobodata na mediumite na zemjitekandidati za ~lenstvo vo EU. Toj izrazi `alewe {to rabotnata grupa ne gi ispo~ituva rokovite za postignuvawe re{enie za dekriminalizacija na klevetata i navredata, no napomena deka iako rokovite se bitni, no najbitno e da se postigne kvalitetno re{enie koe }e bide prifateno od site.

ZNM na sredb Pretsedatelot na ZNM Naser Selmani na 12 juli vo Skopje se sretna so direktorot za pro{iruvawe na Evropskata komisija Stefano Sanino. Na sredbata, g. Sanino gi pozdravi naporite na rakovodstvoto na ZNM za postignuvawe dogovor so Vladata za dekriminalizacija na klevetata i navredata i pobara tie da ostanat vklu~eni do zavr{uvaweto na procesot. Sanino istakna deka za EU dekriminalizacijata, zaedno so izmenite na Zakonot za finansirawe na politi~kite partii i izmenite na Izborniot zakonik, }e bidat klu~ni pri ocenuvaweto na postignuvawata od dijalogot na visoko nivo. Toj informira{e deka gi ohrabril vladinite pretstavnici seriozno da gi


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

барањата на ЗНМ на ниски надоместоци. Тој истакна дека освен декриминализацијата, од суштинско значење е обуката на судиите и новинарите за судската пракса на Европскиот суд за човекови права и слободи од Стразбур. Филе се согласи со укажувањето на Селмани дека пред какво било донесување на нови закони или измени и дополнувања на постојни закони, Владата прво треба а обезбеди доследно почитување на постојните закони. Тој посебно ја истакна важноста на примената на членот 11 од Законот за радиодифузна дејност, со кој се санкционира конфликтот на интереси на носителите на јавни функции и медиумите.

Шлумбергер: Ќе ја охрабрувам Владата за конкретни резултати

ba so Sanino razgledaat komentarite na ekspertot na Sovetot na Evropa za zakonot za dekriminalizacija, bidej}i EU e spremna da poddr`i samo kvaliteten zakon, koj }e bide vo soglasnost so evropskite standardi. Pretsedatelot na ZNM Naser Selmani se zablagodari na g. Sanino za poddr{kata od Evropskata komisija za dekriminalizacijata na klevetata i navredata i veti deka novinarite } e ostanat vklu~eni vo procesot so cel da se donese kvaliteten zakon, koj }e pridonese za zajaknuvawe na slobodata na izvrazuvaweto. Selmani gi spomena i te{kotiite {to go sledat procesot, no istkna deka ako ima dobra volja od site vklu~eni strani, }e mo`at da se iznajdat pozitivni re{enija.

Delegacija na ZNM, predvodena od pretsedatelot Naser Selmani, kon sredinata na mart, se sretna so francuskiot ambasador N.E. @an Klod [lumberger. Na sredbata, ambasadorot [lumberger i negovite sorabotnici ja pretstavija francuskata praktika za akreditacija na stranski novinari, {to kako informacija be{e pobarano od ZNM vo kontekst na donesuvawe na zakonot za dopisnici. Ambasadorot uka`a deka francuskite propisi za akreditacija na dopisnicite se napraveni so cel da im ovozmo`at {to podobri uslovi za rabota na novinarite, bez da vovedat posebni ograni~uvawa. Na sredbata, delegacijata na ZNM pobara zemjite- ~lenki na EU intenzivno da se zalo`at Vladata da gi sprovede preporakite na Evropskata komisija, koi bea promovirani minatata nedela vo Skopje na po~etokot na pretpristapniot dijalog na visoko nivo. Kako kratkoro~ni zalo`bi se finalizirawe na procesot na dekriminalizacija na klevetata i navredata, so niski nadomestoci za nematerijalna {teta, kako i sproveduvawe na Zakonot za radiodifuzija. Ambasadorot [lumberger go pozdravi dijalogot na Vladata so ZNM, kako instrument za podobruvawe na sostojbata na mediumite i veti deka od blisku } e go sledi dijalogot i }e ja ohrabruva Vladata da ispora~uva konkretni rezultati.

15


Членарината на ЗНМ намалена на 300 денари Управниот одбор на ЗНМ во април донесе одлука со која годишната членарина се намалува од 600 на 300 денари. Дополнително, Управниот одбор донесе одлука да им овозможи на новинарите кои останале без работа, а кои ги исполнуваат условите за зачленување предвидени со Статутот, да ги ослободи од членарина. Колегите кои во 2012 година платиле членарина од 600 денари, членството по автоматизам ќе им се продолжи и во следната 2013 година. Одлуката е донесена за да им се излезе во пресрет на голем број новинари кои поради затворањето на неколку медиуми останаа без работа.

Бенeфиции за членовите на ЗНМ

16

Здружението на новинарите на Македонија обезбедува бенефиции за членството. Во моментов членовите можат да ги користат следниве бенефиции: z Правна помош за тужби за клевета или навреда и други правни услуги. z Членска книшка од ИФЈ која е признаена во повеќе од 120 земји низ светот и со неа се овозможуваат бројни попусти и пристап на новинарите во одредени институции и на настани.

z Попуст за авиобилети од 10 до 20 отсто од „Croatia Airlines“ . z Попуст од 2 отсто на билетите на „Руле турс“ за сите линии дома и во Европа. z „ЈП Градски паркинг“ овозможува бесплатно да ги користат паркинзите кога се на работна задача. z Попуст од 20 отсто за билетите на „Струмица експрес“. z Попуст од 10 отсто за купување книги од книжарницата KupiKniga.mk.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Промоција на прирачникот „Етиката во новинарството“

В

о рамките на Проектот за поттикнување меѓуетнички дијалог во медиумската заедница, кој беше финансиран од УНЕСКО, ЗНМ во мај го промовираше прирачникот „Етиката во новинарството“. Авторот на прирачникот Зоран Бојаровски рече дека во изразботката на прирачникот биле опфатени повеќе активности, меѓу кои и формирање група од искусни новинари да му асистира на Советот на честа на Здружението за градење на нивните капацитети во однос на нивните надлежности. Втората компонента предвидела соработка со факултетите на кои има катедри по новинарство, од каде дојдоа повеќе студенти кои поминаа двомесечна пракса во медиумите. „Новинарите треба да бидат постојано на штрек и постојано да учат, со цел да бидеме во кондиција да ги постигнеме големите цели, а тоа е етичко новинарство во една мултиетничка медиумска заедница“, рече Бојаровски. Тој подвлече дека новинарите во Македонија, без оглед на нивната етничка припадност, треба подеднакво одговорно да известуваат, да пишуваат и да соработуваат со која било друга етничка заедница во земјата. „Не треба да постои каква било разлика, привилегија или каква било дискриминација во однос на етничката припадност на новинарите или во однос на јазикот на медиумите за кои известуваат, а во кои работат одредени новинари“, рече Бојаровски. Според Назим Рашиди од ЗНМ, проектот им овозможи на студентите-новинари да согледаат дека и за најсензитивните теми може да се најде заеднички јазик кој нема да биде навредлив за другата заедница и да видат како размилсуваат колегите новинари од, како што вели, различните јазички редакции, без да ги дели по етничка линија.

Авторот на прирачникот Зоран Бојаровски рече дека во изразботката на прирачникот биле опфатени повеќе активности, меѓу кои и формирање група од искусни новинари да му асистира на Советот на честа на Здружението за градење на нивните капацитети во однос на нивните надлежности

17


Ovoj proekt e delumno poddr`an od Ambasadata na SAD. Mislewata, otkritijata, i zaklu~ocite, ili preporakite izneseni ovde se na avtorot(ite), i ne gi odrazuvaat onie na Stejt Departmentot na SAD.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.