Bilten znm maj juni 2013 mk

Page 1

БИЛТЕН БРОЈ 13

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


Издава: Здружение на новинарите на Македонија, Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје; Тел: (+3892) 3298-139; Факс: (+3892) 3116-447, E-mail: contact@znm.org.mk

Содржина Забелешки на ЗНМ за законот за медиуми и аудиовисузлени медиумски услуги

3

Анализа на британскиот експерт за законот за медиуми

6

Експертиза на Советот на Европа Експертиза на ОБСЕ

10

Заеднички став на новинарските и медиумските организации за законот

12

Изглагање на Директорот на ЗНМ во Европскиот парламент

14

Конгрес на Меѓунардоната федерација на новинари во Даблин

16

Конференција за слободата на изразување во Западен Валкан и Турција

18

Извештај на пратеникот на ООН за слободата на изразвањето во Македонија

20

Случајот со противорот на новинарот Томислав Кежаровски

22

Апел на претседателот на ЗНМ до новинарите Тркалезна маса за саморегулација во медиумите

2

8

26 28

ЗНМ бара итност во расветлување на инцидентот со новинарите

29

Средба на Раководството на ЗНМ со европски дипломати

30

Разговор со Таекс експертот и советникот во Амбасадата на САД

32

Норвешкиот амбасадор на средба во ЗНМ

33

Активности на директорот на ЗНМ

34


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ЗНМ ИЗГОТВИ ЗАБЕЛЕШКИТЕ ЗА НОВОТО МЕДИУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Владата да го повлече Нацрт законот за медиуми

М

инистерството за информатичко опшетство и администрација да го повлече Нацртзаконот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги затоа што концептот на законот е погрешен и ќе биде многу тешко да се подобри текстот на законот. Наместо овој закон, Владата треба да предложи измени и дополнувања на Законот за радиодифузна дејност, со кои ќе се имплементира Европската диреткива за аудиовизуелни медиумски услуги. Ова е заклучокот од забелешките на ЗНМ за Наврт законот за медиуми и аудиовизуелни медиум-

Здружението на новинарите на Македонија смета дека тесктот на Нацрт Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги не може да се подобри поради погрешниот концепт на самиот закон

ски услуги, кои кон крајот на април се доставени во Министерството за информатичко општество и администрација. Според ЗНМ, за потребата за нова медиумска регулатива треба да се отвори вистинска јавна дебата, која ќе даде соодветни одговори за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат медиумите и новинарите. Пишаните забелешки на ЗНМ се составени од три дела. Во првиот дел се спори потребата за донесување на законот, во вториот се содржани концептуалните пропусти и на крајот има има конкретни предлози каде треба да се мену-

3


4

ваат членовите на законот со цел да се подобри законскиот тескт. ЗНМ тврди дека понудениот Нацрт закон е во спротивност со сите договори постигнати во текот на дијалогот со Владата. Во изминатите две години ЗНМ и Владата постигна начелен договор дека во медиумското законодавство треба да се имплементира Европската директива за аудиовизуелни медиумски услуги и препораките на Советот на Европа. Понудиот закон има поширок опфат и соддржина која изглегуваат надвор од договорените рамки. Освен тоа Нацрт законот е во спротивност и со Патоказот за реализација на приоритетните цели за 2012 година усвоени на претпристапниот дијалог на високо ниво. Во делот за слободата на изразувањето владата ветува дека ќе ја разгледа можноста за законкси решенија согласно европските стандарди за транспарентно и отчетно трошење на буџетски средства во медиумите. Понудениот законкси текст нема решенија за владините кампањи, а отсуствува и анализа завлијанието на законот врз состојбите во општеството. ЗНМ аргументира дека законот не е усогла-

сен ниту со барањата на Европската Унија, која единствено инсистира на имплементацијата на Европската директива за аудиовизуелни медиумски услуги. Освен тоа законот се носи без отворена јавна дебата, кој не овозможува вклученост на сите заинтересирани страни. ЕУ забележува дека медиумите работат под силен политички и економски притисок, а во законот нема ниту еден член коишто го намалува овој притисок. Владините кампањи се нотирани во извештаите на Унијата, но законот не предвидува критериуми за владиното рекламирање во медиумите. ЕУ изразува постојана загриженост дека Регулаторното тело е под политичко влијание, а во законот не само што нема решенија за да се ослободи телото од ваквите влијанија, туку уште повеќе го зајакнува тоа. Унијата постојано констатира дека МРТ не ја исполнува мисијата на јавен сервис и оти нема одржливо финанисирање, нацрт законот не ги третира овие укажувања. Во концептувалните забелешки ЗНМ тврди дека законот не е усогласен со македонскиот устав и европоските стандарди затоа што се обидува да воспостави едиснтвен регулаторен режим


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

за сите медиуми, а не безбедува независност на регулаторното тело и на јавниот сервис, МРТ согласно препораките на Советот на Европа. Затоа се бара напуштање на идејата за регулација на печатените и интернет медиумите, да се дефинира слободата на изразувањето, а етичките норми на новинарството да не се нормираат со закон. Се спори дефиницијата новинар и обврската на медиумите кога известуваат за времеска прогноза да се повикат на официјлани информации и да мораат да објавуваат информации од државни институции во случај на воена состојба или големи природни непогоди. ЗНМ ги проблемаизира и дефинициите издавач на медиум и електонски публикации како и на обврската печатените и интернет медиумите да се регистрираат. Во последниот дел од забелешките се бара и се аргументира бришењето на проблематичните членови на законот или се понудени соодветни формулации за членовите коишто можат да се подобрат. Забелешките се резултат од јавната дебата што ЗНМ ја организираше со новинарите во текот на месец април и мај. Првата дебата со коле-

гите од Скопје беше организирана на 27 април во хотелот Романтик во Велес, каде учествуваа над 70 учесници, а втората дебата со новинарите од шест Регионални центри се одржа на 17 мај во Охрид, каде учествуваа над 80 колеги од Куманово, Тетово, Штип, Битола, Охрид и Струмица. Паралелно се дебатите, во ЗНМ беа формирани и три работни групи, составени од членови на Управните органи на Здружението, новинари, медиумски експерти и претставници на други новинарски и медиумски организации, кои требаше од различен аспект да го анализират текстот на законот. Првата група ги анализираше општите одредби на Нацрт-Законот, печатени и интернет медиуми, втората група беше задолжена за решенијата на законот за Јавниот сервис и Агенцијата за медиуи и последната група работеше на начинот на имплементација на Европската директива за адуивизуелни медиумски сервиси во законскиот тескт. Забелешките се збир на сите критиките и предлозите произлезени од јавната дебата и од консултациите во рамките на работните групи.

5


ЗНМ ОБЈАВИ АНАЛИЗА НА БРИТАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ

Законот е во спротивност со европските стандарди

З

6

дружението на новинари на Македонија кон средината на мај ја објави експертизата на британскиот медиумски експерт Питер Норландер за Нацрт законот за медиуми и аудивизуелни медиумски услуги, во која се тврди дека добар дел од решенијата на законот се во спротивност со европските стандарди воспоставени од Советот на Европа. Експертот ја спори идејата за регулација на печатените и интернет медиумите бидејќи единствен регулаторен режим за радиодифузните, печатените и интернет медиумите не може да се смета за европски стандард. Тој смета дека овие три форми на медиуми имаат многу различни карактеристики и во Западна Европа широко е прифатено правилото дека за нив треба да се применуваат различни стандарди. “Треба да се оспори мудроста на обидот да се создаде единствен регулаторен режим за сите медиуми и идејата треба да се преиспита“, вели експертот во анализата. Експертот тврди дека составот и ингеренциите на Агенцијата за медиуми не се во согласност со европските препораки, кои инсистираат дека регулаторите тела мора да бидат независни од политичките интереси. Тој смета дека предложеното решение овозможува политичките интереси лесно да ја контролираат Агенцијата и затоа тој дел од законот треба да се ревидира. Според него, Агенцијата не треба да има можност да затвара медиуми, туку само да може да покрене судска постапка. Таквата потреба е уште поизразена особено ако Агенцијата

Британскиот медиумски експерт Питер Норландер во анализата за Нацрт законот за медиуми и аудивизуелни медиумски услуги тврди дека дека добар дел од решенијата на законот се во спротивност со европските стандарди

биде контролирано од политичките интереси. За него е неприфатливо да се промени од корен радиодифузниот регулатор во време кога медиумската слобода во Македонија е во опаѓање. Трета сериозна забелешка на експертот е предложената структура на Советот на МРТВ, која, ризикува да биде тешко исполитизирано. Тој тврди дека ваквото решение е во директна спротивност со европските стандарди за управување со јавните медиумски сервиси. За МРТВ во анализата има сериозна забелешка и околу финансирањето. Според експертот, радиодифузната такса треба да биде реална и да е можно да се собере, ако се има предвид дека во минатото МРТВ имаше и има проблеми со обезбедувањето на одржливо финансирање. Правниот експерт го проблематизира и членот 4 од законот, кој наметнува неколку принципи на издавачите на медиумите, кои иако се базирани на легитимна цел, се широко дефинирани и можат да бидат подложни на злоупотреби. Пример, барањето на медиумите да ја заштитат приватноста, без да дозволат никаков исклучок за јавен интерес, воспоставена од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и слободи. Експертизата на британскиот експерт Норландер за нацрт законот беше направена по барање на Здружението на новинарите на Македонија, во рамките на техничката поддршка на Холандската амбасада за ЗНМ, за што сме многу благодарни.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЕКСПЕРТИЗА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ

РИЗИЧНО Е еден законот за сите медиуми

Регулацијата на сите медиуми во еден закон повлекува опасност од недоследности, прекуметрна регулација и отсуство на јасност на таков сеопфатен закон“, предупреди независниот консултант од Советот на Европа, Бернард Мовес

7


8

Обидот на македонската влада да воведе единствена правна рамка за сите медиуми е разблирлива, но е многу амбициозна и носи висок ризик. Нацрт законот за медиуми и аудиовизулени медиумски услуги е многу компексен и долг, оценува независниот консултант од Советот на Европа, Бернард Мовес во експертизата за Нацрт-Закон за медими и адиоизулени медиумски услуги, изготвен од Министерството за информатичко општество и администрација. “Регулацијата на сите медиуми во еден закон повлекува опасност од недоследности, прекуметрна регулација и отсуство на јасност на таков сеопфатен закон“, пишува во експертизата Мовес. Тој тврди дека постојат големи разлики меѓу печатените и аудивозуелните медиуми во формирањето на јавното мислење. Овие разлики бараат разлилен легислативен одговор, смета Мовес и предлага законот да се подели во два дела, едниот за печатените и интернет медиуми, а другиот за радиодифузерите. Сериозни забелешки во анализата има околу поставеноста на Агенцијата за медиуми и Програмскиот Совет на Македонската радиотелевизија. Спорно е проширувањето на надлежноста на Агенцијата над печатение и интернет медиуми, кое може да ја ограничи слободата на изразувањето загарантирано во Европската конвенција за човековите права и слободи, посебено делот за регистрација на овие медиуми. Според него, казните мора да бидат пропорционални и не смеат го доведат во прашање постоењето на медиумот. Препорачува Агенцијата за евентуачлните прекршувања на законите од медиумите, прв чекор да биде предупредување, а прекршочна постапка да започне само доколку медиумот исти прекршувања повторува во текот на иста година. “Правото на слободно и непречено објавување на медиумски содржини е основен елемент на слбодата на медиумите. Обврската за регистрација непотребно го оптоварува печатот и го прекршува принципот на пропорционалност. Истото се однесува и за издавачите на електорнските публикации“, потенцира експертот. Мовес забелешки има и за процесот на номинирање на членовите на Советот на Агенцијата за медиуми, кој не гарантира незавинсот на регулаторот од политичко влијание. Тој стравува дека власта може да има доминантно влијание во предлагањето на челеновите на Советот во Комисијата за избори и именувања и во изборот на челновите од Собранието. За да се избегне ова опасност, тој предлага номинацијата на членовите во Собраниската комисија за избори и именувања и изборот во Собранието да се изврши со двотретинско мнозинство. За поголема незавинсот на регулаторот, Мовес сугерира годишната програма за работата на Агенциијата да не се одобри од Собрабнието, туку само да се презентира, а пратениците може да дискутираат по него. За експертот нејасен и начинот на финансирање на Агенцијата особено можноста да се добиваат донации. Тој прашува дали такви донации може да даде и владата?.

Мовес: Нема разлика меѓу мојата и анализата на ОБСЕ

Здружението на новинарите на Македонија и Македонскиот институт за медиуми во почетокт на јуни организираше јавна расправа за нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медумски услуги, на која независниот консултант од Советот на Европа, Бернард Мовес, ги презентираше неговите забелешки за законот. Мовес негираше дека неговата анализа се коси со анализата на експертот на ОБСЕ. “Не сум сигурен дека има вистински разлики меѓу мојата анализа и онаа на ОБСЕ. Така што, веројатно е недоразбирање.“, појасни Мовес. Тој објасни дека има разлики околу толкувањето на челнот 4 од законот за користењето на членот 10 од Конвенцијата за човекови права.“ Доколку тие ограничувања единствено се повторат во македонскиот закон, без да се додава или одзема нешто, тогаш никој нема да може да каже дека биле спротивни на Конвенцијата. Друго прашање е дали ќе го ставите цел член внатре или ќе извадите мал дел од тој член“, истакна тој. Тој уште еднаш ги повтори забелешките од анализата. Предупреди на опасност со преголемиот опфат на законот да се дојде до преголема регулација и истакнува дека нема јасна разделба меѓу државната и саморегулацијата. Ја исткна отворената можност за политичко влијание врз Агенцијата за медиуми како регулаторно тело и препорачува поинакво конципирање на составот на членовите на Агенцијата, односно членовите во советот да се бираат со двотретинско мнозинство во парламентот, да се намали бројот на членови кои ги предлага Собранието, а да се зголеми бројот на членови кои ги предлага невладиниот сектор. Како проблем ја посочува и двосмисленоста на правната заштита која е регулирана со законот. Како забелешка ја наведе и разликата во казнената политика, односно дека 2 про-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

центи од годишен приход на медиум поради помал прекршок е висока казна наспроти казната од 3 проценти од истиот приход за незаконско медиумско концентрирање. Тој додаде дека одземањето на лиценцата е сурова казна. Михајло Лахтов од мисијата на ОБСЕ во Скопје истакна дека клучните забелешки од меѓународните организации и од домашните организации кореспондираат едни со други, особено околу најважните делови. „Клучните забелешки кои се повторуваат во поголем дел од анализите се дека законот е преобемен и прекомплексен, непотребноста на вклучувањето на печатените медиуми и интернет сајтовите во закон со аудиовизуелни медиумски сервиси, потоа проблематичниот дел околу номинирањето на членови во Агенцијата за медиуми и во Советот на МРТ“, рече Лахтов Членот на Управниот одбор на ЗНМ, Ердем Ахмети рече дека од првичните согледувања клучни забелешки во новата верзиија на законот не се прифатени. “Законот не треба да ги опфаќа сите видови на медиуми. Наше мислење е дека законот треба да ги опфаќа само аудиовизуелните услуги, а интернетот и печатените медиуми треба да излезат од овој закон. Тоа не е направено и тоа е наша суштинска забелешка и втората забелешка е агенцијата, која вака како што е конципирана би можела да биде под влијание на политиката“, рече Ердем Амет, ЗНМ. Ахмет рече дека забелешките на ЗНМ се на иста линија со оние на дел од домашните и странските експерти. „Мислам дека конечната одлука ќе треба да ја донесе Владата. Нашиот став е дека ако вака помине законот тоа сериозно ќе ја загрози слободата на изразување во Македонија“, додава Амет.

“Финансиската стабилност и одржливост се многу важни елементи за независноста на Агенцијата од политичко влијание“, констатира експертот. Одговорноста на членовите на Советот на Агенцијата треба да се ограничи само за намерни, груби и несовесни акти, додека месечниот надомест тој смета дека е превисок. Во Европа членовите на Советот на регулаторот примат една четвртина до една половина од просечна плата, плус патни трошоци. Агенцијата има преголеми надлежности која не може да ги исполни, смета експертот. Таа може да ги охрабрува и поддржи медиумите во исполнување на законските обврски, но на крајот е обврска на судот да утврди дали се остварени тие права. “Одземањето на дозволата за работа е многу тешка мерка. Агенцијата треба да го предупреди однапред писмено носителот на дозвлата во секој случај“, препорачува експертот. Инсистира и на судска заштита од администратвните одлуки, која се гарантира во секоја правна држава. Проблематичен е и делот на законот за изборот на членовите на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, кој е подложен на политички влијанија со тоа што драстично го намалува влијанието на граѓанскиот сектор. Тој предлага да се намали бројот на членовите што ги предлага Комисијата за избори и именувања и ЗЕЛС, а да се зголеми бројот на номинациите во Советот од цивилниот сектор. За експертот неприфатлив е и обидот да се озаконува новинарската етика и затоа сугерира тоа прашање да се остави на саморегулација, посебно за печатените и интеренет медиумите. За него превенцијата од медиумската концептрација е клучна за функционирањето на демократијата и за заштита на плурализмот на медиумите, но инсистира на помека легислатива за ова прашање. Според експерот погрешен е и пристапот за регулирање на прашањето на одговорот и исправката, за која предлагачот на законот се повикува на Законот за граѓанска одгвороност за клевета и навреда. “Ова претпоствка ќе биде погрешно. Присуството на клевета и навреда не е предуслов за постоењето на правото на одговор и исправка. Одлучувачки критериум е објавувањето на неточни факти од медиумите“,смета Мовес. Тој предлага да остане сегашното решение за одговор и иправка во Законот за радиодифузна дејност. Долгата листа на дефиниции се многу збунувачки , вели експертот и додава дека делумно дефинициите се базирани на постојните дефиниции во Европската директива за аудивизуелни медиумски услуги, но забележува дека во законот се користи различен вординг. Дефиницијата новинар е рестриктивна ако ги исклучува новинарите кои немаат договори со медиумски издавачи или фриленсерите,стои во експертизата и се додава дека тоа прашање треба да ги засега новинарските организации, а не законот. “Во Европа широко прифатена дефиниција за новинар не постои“, потсетува експертот.

9


ЕКСПЕРТИЗА НА ОБСЕ ЗА НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ

Закана за слободата Експертот на ОБСЕ Катерин Ниман Меткалф тврди дека во Нацррт законот за медиуми и аудиовизулени медиумски услуги се воведуваат многу ограничувања кои можат сериозно да ја ограничат слободата на изразувањето

О 10

рганизцијата за безбедност и сигурност во Европа изготви експертиза на Нацрт-Законот за медиуми и аудивизуелни медиусмки услуги, каде има сериозни забелешки за текстот на законот. Во него има многу ограничувања кои можат да ја загрозат слободата на изразувањето и слободата на недиумите. Експертот Катерин Ниман Меткалф во екпертизата тврди дека не постои потреба за регистрациијата на печатените и електорнските публикации, а други прашања од деловната сфера и заштитата на публиката, како што е клеветат, детска порнографија и повикување на насилство, се регулирани со друго закодоавство, како што е Кривилниот законик. “Барањето за регистрација може да влијае до некој степен кон пречки за публикациите и така да го намали плурализмот и слободата на медиумите“, тврди Меткалф. Таа смета дека законот вклучува премногу различни работи што го прави тежок за ракување и создава ризици за дополнителни огранилувања за некои видови на медиуми. Експертот се противи на дефиницијата новинар бидејќи таа можеда има ограничувачки ефект, а дефинициите медиумски издавач

и елетронска публикација е екстремно широка, односно прекомплесна и ризкува да вклучи премногу типови на веб портали, со што може да се ограничи слободата на изразувањето. Во врска со постапката за назначување на членовите на Советот на Агенцијата за медиуми, експертот забележува дека има премало вклучување на граѓанското општество. “Постои ризик Агенцијата да е преблиска до структурите на власта и затоа треба да се воведе задолжителна силна застапеност на граѓанското општество“, заклучува експертот. Истата забелешка и препорака се повторува и во случајот за назначување на членовите на Програмскиот совет на Македонската радиотелевија. Тој препорачува членовите на Советот на Агенцијата да се назначуваат постепено затоа што во спртивно сите членови ќе


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

на изразувањето

се бираат и ќе заминуваат истовремено. Експертот се противи радиодифузната такса да се користи за финансирање на регулаторното тело, а таксата место фикасна, треба да се пропише формула. Сериозни забелешки експертот има и за членот 4, кој не прави разлика меѓу цензура, која предвидува претходно одобрување на содржините пред објавување и легитимно ограничување на слободата на изразувањето. Спорно за експертот е и решението за одговорот и исправката, во кое се дава погрешен впечарок дека овие прашања одат заедно со клеветета. Според Меткалф, загрижувачки е и делот дека новинарите можат да го изразат нивното мислење затоа што во доемократски земји тоа е очигледно и се што не е забрането е дозволено.

Критики има и за казнената политика во која мора да се примени постепен начин на постапување, прво опомена, парична казна и на крај во екстремни случаеви се одзема дозволата. “Со санкциите треба да управува регулаторот со можност за нивно обжалување на суд“, вели Меткалф и додава дека улогите на регулаторот и судот мора јасно да се прецизираат. Казните треба да бидат реалистични и не претерани во контекст на стандардот на земјата. На крај, експертот вели дека законот ја замаглува разликата помеѓу саморегулацијата и формалната регулација и со тоа таа станува задолжителна. Ограничувањата за сопственост се многу детални и комплексни, кои иако имаат позитивна цел да обезбедат плурализам и да избегнат концентрација, поставуваат многу ограничувања, смета експертот.

11


ЗАЕДНИЧКИ СТАВ ЗА ВТОРАТА ВЕРЗИЈА НА НАЦРТ ЗАКОНОТ

Не се прифатени сушт

Н 12

овинарските и медиумските организации во Македонија на 18 јуни изградија заеднички став за втората верзија на Нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, кој беше споделен со домашните власти и странските претставници во Македонија. Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Македонски институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми изразија незадоволство што Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) не прифати ниту една нивна суштинска забелешка за Нацрт законот за медиуми. “Сметаме дека во новата верзија на нацрт законот има само козметички измени, кои суштински не ја подобруваат содржината на текстот на законот“, стои во документот на овие организации. Според нив, новата верзија на законот не е во согласност со Уставот на РМ и европските стандарди, кои гарантираат слобода на изразување. “Загрижува фактот што МИОА ги игнорира пре-

пораките на домашните и странските експерти, кои инсистираат да нема единствен регулаторен систем за сите медиуми и да се обезбеди независност на Агенцијата за медиуми и на Советот на македонската радио-телевизија. Во клучните три елементи како што се: составот, независноста, транспарентноста и овластувањата на регулаторот, опфатот на законот и инсистирањето под регулација да се стават интернет и печатените медиуми, како и самостојноста и функциите на јавниот сервис не се направени никакви измени“, забележуваат организациите. Тие велат дека нема да поддржат никаков текст на закон за медиуми, во кој нема да се вградат препораките на експертите на Советот на Европа и на ОБСЕ. “Ние немаме да правиме никакви компромиси што се однесува до европските стандарди воспоставени од Советот на Европа. Македонија, како полноправна членка на Советот на Европа, треба да ги исполни обврските и очекувањата на најстарата европска организација, која ги негува демократските принципи и ја промовира заштита


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЗА МЕДИУМИ И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

тинските забелешки ЗНМ, ССНМ, МИМ И ЦРМ сметаат дека во новата верзија на нацрт законот има само козметички измени, кои суштински не ја подобруваат содржината на текстот на човековите права и слободи. Впрочем, нашите внатрешни анализи и забелешки во голема мерка кореспондираат со забелешките на ОБСЕ и Советот на Европа“, потенцираат тие и додаваат дека посебно загрижува и фактот што во новиот Нацрт закон МИОА не нуди решение за владините кампањи, кои го нарушуваат медиумскиот пазар, и и обезбедуваат на власта можност да влијае на уредувачката политика на медиумите. Тие во писмениот допис потсетуваат дека за подобрување на медиумскиот амбиент во Македо-

нија е потребно и подобрување на правната рамка надвор од медиумската легислатива, која непосредно и посредно влијае на сегашните состојби во медиумите, како што се, Законот за работни односи, измени на Изборниот законик со што ќе се оневозможи медиумите да бидат донатори во кампањите на политичките партии, целосно спроведување на Законот за пристап до информации од јавен карактер и Законот за авторски права, и создавање на поволен амбиент за ефикасна саморегулација во медиумите.

13


ИЗЛАГАЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ НА ЗНМ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски на расправата во Европскиот парламент за медиумската слобода во Западен Балкан и Турција ги објасни причините за влошување на состојбата со слободата на изразувањето во Македонија

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧУВА 14

слободата на медиумите


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Д

иректорот на ЗНМ, Драган Секуловски, на покана на Европскиот парламент на 19 јуни во Брисел учествуваше на расправата во Подкомитетот за човекови права на тема: Легислативни аспекти на медиумската слобода во Западен Балкан и Турција. Секуловски во негово излагање истакна дека слободата на изразувањето станува вистиснки предизвик за земјата во нејзините напори да стане членка на Европската Унија. Иако законите за медиумите се во духот на европоските стандарди, но целосната и неселективната примена на законите не задоволува, потсетувајќи на негативните извештаи од Фридом хауз, Репортери без граници, каде Македонија во последните пет години од 35-то падна на 115 место. “На состојбата на медиумите во Македонија му е неопходно подобрување“, оцени Секуловски. Падот на индекстот за слободата на изразување тој го илустрираше со затварањето на критичните А1 и А2 Телевизија и на неколку дневни весници, со што се загрози плурализмот на медиуми, а со проширувањето на Советот за радиодифузија во 2011 година, се зголеми политичкото влијание на регулаторното

тело. И покрај промената на сопственоста на неколку медиуми, тоа не придонесе за поголема независност на медумите, рече Секуловски. Според него, проблематична е и состојбата во јавниот сервис, кој се финансира од буџетски средства, а владата преку медиумските кампањи, на натранспарентен начин троши околу еден посто од националниот буџет за да ја поткопа независноста на уредувачката политика на медиимите. „Овие кампањи го поткопуваат медиумскиот пазар и многу често наметнуваат политичка пропаганда“, заклучи тој. Секуловски го спомна и исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24 декември во Собрание, со што ги спречи нив да ја извршуваат нивната професија, а на јавноста и го огранили правото да биде информаирано за прашања од јавен интерес. Законот за медиуми предизвикува загриженост бидејќи освен имплементацијата на Евроската директива, власта сака да ги става под единствен регулаторен режим сите медиуми. “Понудениот концепт ќе создаде нови проблеми место да ги решавата постојните“, рече Секуловски и ја повика владата да ги прифати забелешките на домашните и странските организации со цел законот да биде во согласност со европските стандарди. За да се подобри состојбата тој смета дека владата треба да ги примени и другите закони кои имаат влијание врз работата на новинарите и медиумите, како што се Законот за работните односи, Законото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и да забрани медиумите да донираат за изборната кампања на политичките партии.

15


КОНГРЕС НА МЕЃУНАРОДНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА НОВИНАРИ

Конгресот на МФН побара слобода за Кежаровски

М

16

еѓународната федерација на новинари на почетокот на јуни во Даблин одржа конгрес на кој избра ново раководство. За претседател на МФН за наредните три години е реизбран Џим Бумела, кој со 13 гласа разлика го победи неговиот конкурент претставникот на белгиските синдикати, Филип Лерут, кој од делегатите доби 178 гласа. Бумела беше заеднилки претставник на британскиот и ирскиот новинарски синдикат и на ова функција се избира по трет пат. Од пребројување се откри дека во избирачките котии има четири ливчиња повеќе од делегатите што гласале. Претставниците на гермаскиот синдикат и дел од кандаските синдикати реагира на ова нерегуларност и побара гласањто да се повтори. Делегатите со гласање се изјаснија против повторувањето на гласањето, а колегите од Германија и дел од Канада го напуштија конгресот обвинувајќи ги организаторите на конгресот за фалсификат и за нарушување на угледот на организацијата. Конгресот избра и четворица заменици на Бумела, претставници на синдикатите на Мароко, Бразил, Хрватска и Германија, а беше обновен и 16 члениот Извршниот одбор. На официјалното отварање на конгресот зборуваше ирскиот претседателе Мајкл Хигинс, кој ја истакна важноста за зачување на плурализмот на медиумите за развојот на демократијата. „Плурализмот, вистинска разновидност и изборот се од клучно значење и никогаш не треба да сведе на погрешен избор помеѓу партиски медиуми облечени на идеолошка основа. Принципот на разновидноста и плурализмот кој е клучен за работата на медумите мора да биде заштитено ако сакаме да се промовира слободен проток на идеи и информации и да се зајакне остварувањето на слободата на изразување низ целиот свет.“, изјави претседателот

Хигинс пред 300 делегати во Кралската болница Kilmainham. Тој зборуваше и промените услуви за работа на новинарите во амбиент со концентрација на сопственоста, конвергенција на технологии и фрагментација на публиката. „Новинарите се обидуваат да истражуваат и да обезбедат информации за политичка и корпоративна корупција, кои можат да бидат спречени и заканувани од претставниците на монополите, вклучувајќи и употреба на насилни средства, што, ако успеат, ќе доведе до опасно лажно прикажување или дури и фалсификување на информации кои не би биле во интерес на граѓаните и очигледно ќе бидат штетни за општеството во целина „, предупреди Хигинс. Во текот на работата на когресот беше дебатирано за предизвиците со кои се соочуваат новинарите во целиот свет а посебно покрена-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Делегатите од конгресот веруваат дека судската одлука за притворот е директен напад не само врз Кежаровски, туку исто така и врз слободата на медиумите и слободата на говорот во Македонија

та темата за улгата на жените во синдикалното организирање. Освен тоа беше организиран и марш за слободата во сеќавање на убиените новинари во светот. Конгресот усвои и разни резолуции и барања со кои се осудуваат притисоците врз новинарите во разни делови на светот. Едно такво барање беше усвоена и за Македонија за случајот Кежаросвки по барање на претставниците на ССНМ и ЗНМ, кои учествуваа на конгресот. Во документот од македонските власти се бара итно да го ослободат од притвор новинарот Томислав Кежаровски, а се задолжи Извршниот комитет на МФН, да испрати итно барање до државните институции, Министерството за внатрешни работи и до Кривичниот суд и до Канцеларијата на Јавниот обвинител, одговорни за неговото приведување, да побараат негово ослободување. “Конгресот верува дека судската одлука за

притворот е директен напад не само врз Кежаровски, туку исто така и врз слободата на медиумите и слободата на говорот во Македонија“, се вели во итното барање од Конгресот. Делегатите дадоа целосна поддршка на новинарот Кежаровски и безусловно го поддржуваат неговото право да не ги открива изворите на информации. “Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари го реафирмира ставот дека заштитата на изворите е право загарантирано со европското законодавство и меѓународните стандарди и основен принцип на новинарството. Тоа право јасно е посочено во членот 16 од Уставот на Република Македонија“, стои во документот. Конгресот на МФН го осуди и приведувањето и притворот против Кежаровски за објавување на информација во 2008 година.

17


КОНФЕРЕЦНИЈА ЗА СЛОБОДАТА НА ЗИРАЗУВАЊЕТО ВО ЗАПАДЕН

Филе: Какви медиум таква демократија

С 18

лободата на изразувањето во земјите од Западен Балкан и Турција беше тема на еднодевната конферецнија “Спик ап“, која се одржа на 20 јуни во Брисел организаирана од Европаката Комисиија, на која учествува новинари и претставници на новинарски и медиумски организации. Еврокомесарот штефан Филе изкажа силна заложба за повисоки стандарди за слободата на изразивањето и медиумите не само во земјите кадндидати, туку и во земјите членки на Европската Унија. Зајакнувањето на демократијата е клучен предуслов за апсирантите за членство, а слободата на изразувањето е фундамент на демокатијата. “Ако сакате да знаете за демократијата во една земја, видете ја слободата на медиумите, ќе добието многу јасна слика“, рече Фуле. Нема двојни стандарди за земјите членки на ЕУ и земјите апсиранти рече Филе и изрази жалење што ЕУ нема единствео законодавство за слободата на изразувањето. Според него резултатот од првата конферецнија од 2011 година е воспоставената силна врска меѓу процеот на проширување и слободата на изразување како висок приоритет за ЕУ, која преку

финансиска и техничка помош ќе им помогне земјите кандидати да постигнат високи стандарди во ова област. “Ова значи дека не само да се донесат законите, но и да се имплематираат реформите и новите закони“, истакна тој. Насилството против новинарите, самоценцурата, злоушппотребата на власта против новинарите, нефункционирање на медиумскиот пазар, несоодветната работа на регулаторните тела и на јавните сервиси, саморегулацијата, се клучни проблеми со кои се соочуваат новинарите од Западен балкан и Турција, потсети Фуле. “Во многу земји каднидати, медумскиот пазар не функцинира добро. Регулаторните агенции одговорни за обезедуваљње на фер пазарни услув за работа, со многу мали исклучоци, не функционираат добро. Ова остава отворена врата за политичко влијание во работата на новинарите. Јавните сервиси во земјите од Западен Балкан се уште се зависни од годишните државни буџети за кои одлучлува политиката. Тие треба да бидат незавсини, политички неутрални и финансиски“, истакна Фуле. Претставикот на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ упати остри критики до владите на


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

БАЛКАН

ми, Дуња Мијатовиќ смета дека состојбата со слободата на изразувањето во Западен балкан се влошува поради отсуството на на политичка војла кај владите да се подобри сосотојбата земјите од западен балкан и Турција бидејќи последните две години состојбата со слободата на изразувљње таму се влошува, за што сведочат нејзините чести реакции за осуда на насилтвото против новинарите. “Ова треба да ги вклучи звоната на алармот во Виена, во Стрзбур и во Брисел, како што треба да има отрезнување и во главните градови на Западен Балкан и Турција“, алармираше Мијатовиќ. Досегашните напори не дале резултат заради отсуството на политичка војла на владите за да се подобри сосотојбата, кои дури го негираат постоењето на тие пробоеми, обвини Мијативиќ. „Изразувам силно несогласувљње. Негирајќи ги проблемите се создават нејаснотии и ги блокираат земјите да напредуваат. Многу често политичарите ги злоупотребуваат медиумите како оган за потпалување на страстите, како средство за политичко поткосурување, како средство за тргување. Ова е погрешно и мора да се промени. Медиуите и слободата на медиумите се заеднички вфредности. Тие се како чиста вода или како вздух што го го дишеме. Тие припаѓат на целото општество“, истакна Мијатовиќ и додаде дека ова прашање е предизвик за политичкото вод-

ство како и обврска на меѓунардоните организации да извршат притисок за да почитуваат овие права. Спомнувајќи ги насилните акти против новинарите во земјите од регонот, таа го издвои и притворот на новинарот Томислав Кежаровски за текст објавен пред пет години како и Нацрт-Законот за медиуми кој може да ја ограничи слободата на изразувањето. На конферецнија од Македонија збореше претседателот на ССНМ Тамара Чаусидис, која истакна дека слободата на изразувањето е заложник на нерешениот спор со името. Повика да се даде дадум за преговори како единствен начин да се потикне процесот на демократизација и интерграција. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, учествуваше во дебатат од првата сесија каде напомена дека најголеми проблеми на медиумите и новинарите во Македонија е нетранспарентното огласување на Владата и финансирањето на изброрната кампања на политичките партии од медиумите. Селмани го повика вицепремиеерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, владата да ја зголеми транспарентноста за треошењето на јавните пари во владини кампањи во медиумите.

19


ЖЕСТОКИ КРИТИКИ ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО ОД ОБЕДИНЕТИТЕ Н

Власта заплашува новина

С

20

пецијалниот пратеник на Обединетите нации за слободата на изразувањето, Франк Ла Ру изкажа серизони критики за македонската власт, која ја нарушува слободата на изразвањето и слободата на медиумите преку постојани притисоци и заплашување на новинарите. “Мојата општа констатација е дека законодавниот систем на Македонија е унапреден, но тоа не важи и за спроведувањето на законоте во пракса и политиките во реалноста. Мислам дека во Македонија загрижува атмосферата за заплашување на медиумите кои се критичлни, кои се занимават со специфични истаржувачка дејност или ги критикуваат актуелните владини функционери“, смета специјалниот пратеник на ОН, Ла Ру. Во прелиминарниот извештај, Ла Ру тврди дека произволното користење на правните инструменти за да се возменират критичките медиуми доведува до ризик од замолчување на важни гласови во земјата. Неистражената смрт на уредникот на Фокус, Никола Младенов и притворот на новинарот Томислав Кежаровски, за Ла Ру се добра илустрација за лошата состојба со слободата на изразувањето. “Ги повикувам власите да започнат телемлна истрага за овој случај со цел бргу да се распрсне облакот на сомнеж и страв што беше создаден со трагичната смрт на г-динот Младенов“, повика тој. Според него, мерката притвор Кежаровски за откирвање на заштитен сведок, е непропорциоанлна. “Жалам што властите го одбија моето барање да се сретнам со г-динот Кежаровски за време на мојот престој“, заклучи Ла Ру. Причина за загрижерност тој виде и во донесувањето на ново закондавство за медиуми и затоа ги повика властите да обезбедат отворена дебата за финализирање на законот. “Толку важен закон никогаш не смее да се изготвува и да се усвојува без соодветна консултација со граѓанското општество, особено со новинарските здруженија и организациите за човекови права“, истакна Пратеникот на ОН за слободата на изразување.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за слободата на изразувањето, Франк Ла Ру смета дека законите во Македонија се добри, но примената и политиката во реалноста е поинаква

Тој не заборави да ги спомне и владините кампањи со кои владата ги привилегира провладините медиуми. “Употребата на јавните средства во реклама мора да биде отворена за детален увид за да се избегне злоупотребата на овие средства во промоција на наклонетите медиуми и на штета на критичните гласови“, потсети Ла Ру. Затварањето на А1 Телевизиија заради обвиненија за даночно затајување, според пратеникот на ОН, е несразмера мерка од властите, со која беше елиминиран медиумскиот плурализам во земјата. И покрај декриминалзиацијата на клеветата и навредата, тој забележа дека обвинувањата за овие дела продолжуваат да се множат. “За судиовите е сосема несоодветно да разгледуваат тужби за клевета и навреда во врска со пренесување на изјави на државни функционери или трети страни“, предупредува тој. Според него, формулацијата на говорот на омраза и потикнувањето на омраза во Кривичниот законик е непрецизна и нејасна и има застражувачки ефект против слободата на изразувањето. Тој тврди дека слободата на изразувањето може


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

НАЦИИ

ари и притиска медиуми

да се ограничи кога претставува сериозна опасност за правата на другите, но при тоа треба да се почитуваат принципите, дека ограничувањето мора да биде пропишано со закон, кој мора да биде јасен, недвосмислен, прецизно формулиран и достапен за секого, државата мора да докаже дека мерката е неопходна и легитимна и дека средаставта за постигнување на целта се пропорционални. Специјалниот пратеник на ОН Ла Ру, во Македонија престојуваше од 18 до 21 јуни, со цел да направи целосна процена на состојбата со слободата на мислење и изразувањето. Во те-

кот на престојот Ла РУ се сретна со претставници на извршната и судската власт, како и со претставници на невладиниот сектор. Ла Ру се срертна и со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и директорот Драган Секуловски, кои на гостинот му предадоа папка со документи кои сведочат за состојбата на изразувањето во Македонија. Претседателот Селмани меѓу другото рече дека најголем проблем на медиумите во земјата е корупцијата, потикната од власта преку владините реклами во медиумите и донациите на медиумите за политичките партии за време на изборната кампања.

21


СЛОБОДА ЗА СЛУЧАЈОТ НА ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ

22


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

З

дружението на новинарите на Македонија најостро го осуди притварњето на новинарот на Нова Македонија Томислав Кежаровски за текст објавен во 2008 година, со која го открил идентитетот на заштитен светок. “ЗНМ реагира на непотребното демонстрирање на сила при приведувањето на новинарот Томислав Кежаровски и смета дека ваквиот начин на однесување на институциите е непропорционален за приведување на новинар осомничен за откривање на идентитет на заштитен сведок“, стоеше во реакцијата на ЗНМ. За ЗНМ е нејасно е што судот го приведува Кежаровски пет години по објавувањето на информацијата со која се открива идентитетот на заштитен сведок, кога сега не постои опасност да се предизвика штета за судскиот процес и кога сведокот повеќе нема таков статус. “Тие што биле Здружението најодговорни да го сокријат на новинарите идентитетот на заштитениот сведок потфрлиле во на Македонија својата работа. Новинарот се солидаризира имал основано сомнение дека се работи за злоупосо Томислав треба и затоа ја објавил Кежаровски информацијата со цел да што објавил заштити легитимен јавен интерес“, реагираше ЗНМ. информацијата Според нас, новинаризаштитувајќи те треба да ги почитуваат законите на државата, но јавен интерес етичкиот кодекс ги обврзува во нивната работа да водат сметка и за јавниот интерес. “Во член 5 (пет) од Кодексот на новинарите на Македонија се вели: новинарот ќе ги почитува законите на државата, но нема да објави или да сокрие што и да е во спротивност со јавниот интерес. Ваква одредба постои во сите кодекси на новинари во развиените демократски земји во светот. Ако не постоеше ваквиот професионален стандард, тогаш новинарите немаше да можат да откријат ниедна злоупотреба на власта. Слободата на изразувањето во демократски земји е правило, а секое ограничување е исклучок“, истакна Здружението.

КЕЖО

23


Писмо до амбасадорите со осло

24

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани во печетокот на јуни испрати писмо до амбасадорите акредитирани во Скопје во кое ја изразува загриженоста за приведувањето на Томислав Кежаровски, осомничен за откривање на идентитетот на заштитен сведок, во случај поврзан со убиство. Во писмото Селмани бара од амбасадори да се заложат да се разјаснат околностите околу и да се дознаат обвиненијата против него. Според него, нејасно е што судските органи покренаа постапка против Кежаровски, пет години откако ја објавил информацијата, кога евентуално можело да се предизвика штета на истрагата. “Сега таква опасност не постои затоа што заштитениот сведок повеќе нема таков правен статус“, пишува Селмани. Тој смета дека мерката притвор е неиздржана затоа што е во спротивност со членот 191 од Законот за кривична постапка, кој мерката ја одобрува со случај да постои опасност осомничениот да ја напушти земјата, да влијае на сведоците и да го повтори делото. “Според досегашните сознанија со кои располагаме и консултациите што ги имавме со правни експерти, ниту еден од овие услови не е исполнет за да се оправда

притворот против Кежаровски“, стои во писмото. Селмани изразува сомневање дека основна причина заради која е притворен новинарот е да му се изврши притисок да го открие изворот на информацијата. “Според нашиот Устав и меѓународните документи, изворот на информациите е заштитен“, се потсетува во писмото. Селмани на крај се солидаризира со Кежаровски да објави информацијата затоа што бранел легитимна цел, злоупотреба на заштитен сведок, во судска постапка за случај за убиство. МФН: Итно да се ослободи Кежаровски Конгресот на Меѓународната федерација на новинари, кој се одржува на почетокот на јуни усвои ургентно барање со кое од македонските власти бара итно да го ослободат од притвор новинарот Томислав Кежаровски. Во барањето се задолжува Извршниот комитет на МФН, да го просчледи документот до судските и обвинителските органи и полицијата. “Конгресот верува дека судската одлука за притворот е директен напад не само врз Кежаровски, туку исто така и врз слободата на медиумите и слободата на говорот во Македонија“, стоеше во итното барање од Конгресот.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ободување на Кежаровски Делегатите дадоа целосна поддршка на новинарот Кежаровски и безусловно го поддржуваат неговото право да не ги открива изворите на информации. “Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари го реафирмира ставот дека заштитата на изворите е право загарантирано со европското законодавство и меѓународните стандарди и основен принцип на новинарството. Тоа право јасно е посочено во членот 16 од Уставот на Република Македонија“, стои во документот. Ургентното барање беше поднесено од претставниците на ССНМ и ЗНМ, кои учествуваа во работата на Конгресот на МФН. ОБСЕ: Притворот за Кежаровски прекумерна мерка Вискиот претставник за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ мерката притворот за Томислав Кежаровски од македонските власти го оцени како прекумерна мерка. „Задржувањето на новинар во Скопје за една статија објавена пред неколку години е претерана и негативно влијае на слободата на медиумите“, смета Дуња Мијатовиќ. Според неа, задржувањето на Кежаровски испраќа негативен сигнал за состојбата на слободата на медиумите во земјата.

„На новинарите мора да им биде дозволено истражувачкото новинарство за прашања од јавен интерес, ослободени од закана затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори. „, истакнува Мијатовиќ. Таа смета дека мерката притвор и во случаи каде што се работи за прашања од доверлив карактер или за заштитени сведоци, мерката притвор за новинар е „прекумерна“. Репортери без граници побара ослободување на Кежаровски Невладината организација „Репортери без граници“ најостро го осуди апсењето на новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски, обвинет за откривање на идентитет на заштитетн сведок. “Бараме итно и безусловно ослободување на Томислав Кежаровски, кој се држи в затвор под лажен изговор. Неговото апсење и осудување очигледно имаат други цели кои властите мораат веднаш да ги разјаснат“, стоеше во соопштението. Репортерите потсетуваат дека заштитата на изворите е загарантирана со член 16 од Уставот и ја повика Делегацијата на Европската Унија во Скопје да се информира за случајот и јавно да побара итно ослободување на Кежаровски.

25


АПЕЛ НА ПРЕТСТЕДАТЕЛОТ НА ЗНМ ДО НОВИНАРИТЕ

ВРЕМЕ Е ДА ГИ СПЛ Претстедателот на ЗНМ Насер Селмани повикува новинарите да се приклучат на Здружението со цел посилно, погласно и поуспешни да се бранат нивните права и слободи

П

26

ретседателот на ЗНМ, Насер Селмани на почетокот на мај испрати апел до членовите и новинарите, во кое ја споделува загриженоста за секојдневното деградирање и понижување на професијата и оспорувањето на мисијата и функцијата на новинарството. Селмани ги повикува новинарите во акција за да се подобри состојбата со слободата на изразувањето. “Треба да имаме повеќе самодоверба и солидарност меѓу нас. Време е да ги сплотиме редовите и заедно да застанеме во одбрана на нашата професија и на нашите права и слободи“, вели Селмани во апелот. Тој вели дека раководство на ЗНМ е подготвено да ја водат битка, која не може да се добие без подршката на новинарите. “Не смееме да дозволиме да не совлада рамнодушноста и да не парализира стравот. Затоа Ве повикуваме да станете член на ЗНМ. Секој од Вас ни е важен. И само така ќе бидеме посилни, погласни, поодлучни и поуспешни во одбраната на нашите права и слободи“, повикува Селмани. Тој констатира дека новинарите се спречени од инститциите да ја извршуваат професионал-

но нивната работа, а новинарските стандард секојдневно се влошува и платите се најниски во регионот. “Состојбата нема да се подобри сама по себе затоа што политика покажаува јасна намера да ги замолчи медиумите и да го ограничи правото на јавноста да знае како Владата ја пркактикува власта“, потсетува тој.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЛОТИМЕ РЕДОВИТЕ

Нацрт-законот за медиуми, според него, е најнов атак врз новинарството и слобода, со кој се сака преку страв и да се завладее со медиумите. Во апелот Селмани потсетува и на постојаната кампања на власта и провладините медиуми против Здружение и раководството пласирајќи лаги и полувистини. “Сето тоа се прави со единствена цел да се

омаловажи нашата работа, и да се атакува врз угледот и довербата на Здружението. Крајната цел е да не спречат да ги оствариме нашите заеднички цели, да го заштитиме и промовираме професионалното и етичкото новинарство и слободата на изразувањето без што не може да има демократија“, заклучува првиот човек на ЗНМ.

27


ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА САМОРЕГУЛАЦИЈА ВО МЕДИУМИТЕ

Да се зајкнат професионалните стандарди на новинарите

А

28

ктуелните предизвици за создавање на прес совет во Република Македонија беа темелно дискутирани од страна на претставници на медиумските организации во земјата за време на тркалезната маса одржана во Скопје на 6 јуни 2013 година. Настанот беше во организација на Здружението на новинари на Македонија и Македонскиот институт за медиуми со поддршка од УНЕСКО и Југоисточна Европа Мрежа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ). Според македонските медиумски експерти, процесот на дигитализација и онлајн средината се повеќе ја предизвикуваат потребата за подобар медиумски професионализам. Петрит Сарачини, програмски директор на Македонскиот институт за медиуми, рече дека „професионалните стандарди на новинарите треба да бидат дополнително зајакнати во земјата следејќи ја дигиталната трансформација на медиумите и недостатокот на соодветно образование или обука меѓу медиумските професионалци на сите нивоа“. Во овој контекст, Здружението на новинари на Македонија во 2010 иницираше основање на Советот на етика за медиуми, трипартитно саморегулаторно тело составено од претставници на уредници и новинари, сопствениците на медиумите и претставници на граѓанското општество во Република Македонија. Во текот на 2012 година, ова Здружение одржа консултации со голем број на уредниците и сопственици на медиумите, како и со своите членови, за важноста на саморегулацијата и разновидноста на модели кои може да се применат во земјата. „Овие дискусии се пионерски чекори за медиумска саморегулација во земјата“, рече Тамара Грнчаровска, член на управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија. „Се надеваме дека наскоро ќе биде воспоставен Прес Совет и ќе ги вклучува и онлајн медиумите.“ Во прилог на медиумското саморегулирање, на тркалезната маса учесниците дискутираа за степенот и природата на говор на омраза во онлајн медиумите во земјава и како тоа може да се реши со медиумските механизми за одговорност. Настанот се одржа во рамките на ЕУ-УНЕСКО проектот, Медиумската одговорност во Југоисточна Европа, кој започна во јануари 2013 година.

“Овие дискусии се пионерски чекори за медиумска саморегулација во земјата”, рече Тамара Грнчаровска, член на управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЗНМ СО ОСУДА ЗА НАПАДИТЕ ПРОТИВ НОВИНАРИ

Казни за протестаните што напаѓаа новинари

З

дружението на новинарите на Македонија на почетокот на јуни најостро ги осуди нападите, вербалните закани и попречувањето на работата на новинарските екипи на протестот пред општина Центар во Скопје. “Загрижува појавата што на протести постојано се напаѓаат новинарите и снимателите при вршење на својата работа, додека полицијата која е во близина е само нем посматрач на овие груби повреди на слободата на јавното изразување, но и на нарушената безбедност на новинарските екипи. Исто така непримерно е граѓаните кои учествуваат во јавните протести гневот да го истураат врз новинарите, снимателите и фото-репортерите кои се на работна задача“, реагираше ЗНМ. Според ЗНМ постојаните физички напади против медиумските работници говори во каков амбиент работат тие. “Го повикуваме Министерството за внатрешни работи на Македонија во иднина да превземе мерки за да не се повторат напади и закани врз новинари во полициско присуство, а исто така очекуваме од МВР да ги обучи своите припадници за улогата на медиумите во демократско општество и каков лош имиџ на државата носат нападите врз новинарите, особено во присуство на полициски службеници“,

повика ЗНМ и изрази очекување дека МВР ќе ги открие протестантите кои се закануваа на новинари и да одговарат за тоа. “Одговорност за ваквите напади мора да сносат и организаторите на протестите“, истакна ЗНМ. СКАНДАЛОЗНО ШТО ГРЦИЈА ВРАЌА НОВИНАРИ ОД ГРАНИЦА Здружението на новинари на Македонија на почетокот на јуни најостро го осуди инцидент на македонско - грчката граница кога грчката полиција не и дозволи влез во земјата на новинарката од дневниот весник „Дневник“ Ивана Костовска. “Скандалозно е образложението на грчката полиција дека новинарката претставува закана за јавната и за внатрешната безбедност на земјата. ЗНМ јавно ја повикува Грчката канцеларија за врски во Скопје, Р.Македонија, да даде официјално објаснување за вчерашниот скандал на граничниот премин од грчка страна“, повика ЗНМ. Здружението го повика и македонското МНР, кое треба да застане во одбрана на граѓаните на кои неосновано им е нарушена слободата на движење. “ Повторната забрана за влез на македонски новинар во Грција е недоличен пример за една земја членка на ЕУ“, потсети ЗНМ.

29


СРЕДБИ НА ПРЕТСТАВНИЦИ СО ЕВРОПСКИ ДИПЛОМАТИ

Лобирање за европс законодавство за м Раководството на ЗНМ на средбата со претставници на Европската комисиија и белгиски дипломати побараа од нив да извршат притисок врз владата да го смени односот кон медиумите

П 30

ретседателот на ЗНМ Насер Селмани и директорот Драган Секуловски кон средината на мај се сретнаа со Дејвид Кулен, Раководител на Одделение во Генералниот директорат за проширување при Европската комисија. На средабата беше разговарано за консултативниот процес околу нацрт-законот за медиуми и аудивизуелни медиусмки услуги, како и за напорите за расветлување на инцидентот со новинарите од 24 декемвтри во Собрание. Преставникот од Европската комисија го поздрави вклучлувањето на ЗНМ во јавната дебата за нацртзаконот и изрази надеж дека институциите брзо ќе ја формираат Анкетната комисија и ќе го возобноват дијалогот со новинарите. Тој истакна дека Комисијата со големо внимание ги следи случувањата во Македонија и ги охрабрува сите страни да соработуваат со цел да се донесе законодавство кое ќе помогне да се подобри вкупната состојба со медиумите и слободата на изразувањето.

Претседателот Селмани и директорот Секуловски информираа за дебатите што ЗНМ ги организира со новинарите и медиумските експерти за нацрт законот, од кои произлегоа и забелешките за законот, што се доставени во Министерството за информатичлко општество и администрација. Тие очекуваат Владата да ги прифати забелешките на домашните организации, кои кореспондираат и со забелешките на Советот на Европа и на ОБСЕ, со цел законот да биде усогласен со европските стандарди. Спред ЗНМ, усогласен законодавство со европските стандарди е предуслов за подобрување на состојбата на слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија. Селмани го повторија ставот на ЗНМ дека се додека Анкетната комисија не го расветли инцидентот со новинарите од 24 декември во Собрание, нејзините претставници ќе се воздржат од директни средби со претставниците на Владата. Кон крајот на месец мај претставниците на ЗНМ имаа средба и со Заменик амбасадорот на Крал-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ско медиуми

ството Белгија, со седиште во Софија, Република Бугарија, Катрин Рејмакерс. Престедателот на ЗНМ, Насер Селмани го информираше заменик амбасадорот со нивото на слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија и со напорите на Здружението за подобрување на состојбите. Селмани рече дека мерките на владата не само што не придонесуваат за подобрување на состојбите, туку уште повеќе ги влошуваат односите во медиумите. Како илустрациија тој го исткна инцидентот со новинарите во Собрание, каде спротивно на Усптавот и законите новинарите беа исфрлени од собраниската галерија со што беа спречени во работата, а беше ускратено и правото на јавноста да биде информирано објективно за случувањата во Собрание. Тој рече дека ќе сметаме дека одност на власта кон новинарите и медиумите е сменет ако институциите смогнат сили да го расветлат инцидентот со новинарите, со цел такви инциденти во

иднина да не се повторат. Гостинот од Софија се заинтересира и за иницијативата на владата да донесе закон за медиуми, коишто наиде на неприфаќање од новинарите. Селмани повотори дека Нацрт законот за медиуми е во спротивност со Уставот и европските стандарди, кој не само што нема да ја подорби сегашната сосотојба во медиумите, туку уште повеќе ќе ја влоши. Тој ја повика заменик амбасадорката рејмакерс да го искористат нивното влијание врз владата да не се донесе законот во кратки рокови и да ги прифати забелешките од Советот на Европа, ОБСЕ и на домашните новинарски и медиумски организации. Таа вети дека ќе сторат се што е во нивна моќ во билатерлни односи со македонската владта но и во рамките на Европската Унија, ќе инсистираат слободата на изразувањето да биде предуслов за напредокот на земјата во процесот на интергација во ЕУ.

31


ЗНМ СЕ СРЕТНА СО ТАЕКС ЕКСПЕРТОТ ОД СЛОВЕНИЈА

Хрватин ја појасни позицијата за законот за медуми

Р

32

аководството на ЗНМ, претседателот Насер Селмани, членот на Управниот одбор Ердем Ахмети и директорот Драган Секуловски, кон крајот на мај во Скопје се сретна со Сандра Башиќ Хрватин, експертот по медиумскко право од Словенија, ангажирана од програмата на Европската комисија за техчнича помош (TAIEX) во Македонија со цел да и помогне на македонската влада да донесе закон за медиуми што ќе биде во согласност со европските стандарди. Средбата со експертот од Словенија беше во функција да се разјаснат нејзините ставови околу поедини решенија во законот, кои за ЗНМ се проблематични. Експртот Хрватин ги информира претставниците на ЗНМ дека нејзина улога во инструментот е да процени дали во Нацрт текстот на законот за медиуми коректно е вградена Директивната на ЕУ за аудивизуелни медиумски сервиси. Таа објасни дека верзијата на законот што таа го има рецензирано, значајно се разликува од првата верзија на законот што е објавен во јавноста. Таков закон не сум одобрил јас, беше јасна Хрватин. Претседателот на ЗНМ ги изнесе главните забелешки за нацрт законот, како што се инсистирањето на владата да воведе единстевн регулаторен режим за сите медиуми, обезбедувањето на независниост на Агенцијата за медиуми и на Јавниот сервис, македонската радиотелевизија, нејасните, збунувачки и непотребни дефиниции во законот, непропорционалните казни и обезбедувањето на судска заштита за одлуките на Агенцијата. Истите заелешки ги потврдија и експеертизите на Советот на Европа и на ОБСЕ. Хрватин објасни дека нејзината улога во процесот е соведодавен, да дава сугестии на владата, но од нив зависи дали тие забелешки ќе ги вградат во завршниот текст на законот. Според природата на TAIEX инструментот, експертот само дава совети и нема право да ги коментира одлуките на властите. Во истиот период претставници на ЗНМ има средба и со Ангела Агелер, Советник за односи со јавност на Американска амбасада во Скопје, со

Амбасадата на САД во Скопје ќе ангажира медиусмки експерт кој ќе го помогне раководството на ЗНМ околу законот за медиуми и зголемување на ефектите од работата која разговара за можноста за техничка и експертска помош за Здружението. Во разговорот Агелер го поздрави учеството на ЗНМ во јавната расправа за законот за медиуми и изрази уверување дека само со активвно учество новинарските организации во процесот може да очекуваат да се прифатат нивните забелешки, а со тоа и да се подобри текстот на законот. Таа изрази подготвеност американската амбасада да ја помогне ЗНМ со експертска помош преку ангажирање на американски медиумски експерт, кој ќе понуди консултанткси услуги на раководствто на ЗНМ со цел да се зголеми ефикасноста на работата. Неговата улога би била да се направи проценка на досегашните активности и да понуди конкретни чекори што ќе придонесат за постигнување подобри резултати во работата. Освен тоа, тој би се вклучил и со негови сугестии за законските предлози за медиуми и аудио и аудиовизуелни медиумси услуги.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија НОРВЕШКИОТ АМБАСАДОР НА СРЕДБА ВО ЗНМ

Норвешка ќе помогне за попрофесионални медиуми

Н

орвершкиот амбасадор со седиште во Белград, кој ја покрива и Македонија, Nils Ragnar Kamsvåg и неговите соработници, на почетокот на јуни го посети Здружението на новинарите на Макединија, каде се сретна со членовите на Управниот одбор Кристина Мачкич и Ердем Ахмет, и со директорот на ЗНМ, Драган Секуловски. На состанокот се разговараше за моменталната ситуација во медиумската сфера со особен фокус на законот за медиуми, како и за можноста за соработка на ЗНМ со Норвешката амбасада со цел да се зајакнне примената на професионалните стандарди во медиумите како и да се воспостават контакти помеѓу новинарите во Македонија и Норвешка. Во истот период Директорот на ЗНМ Драган Секуловски заедно со уште неколку претставници на граѓански организации кои работат на полето на заштита на човекови права се срет-

на со Шведскиот амбасадор во Скопје Lars Wahlund и неговите соработници. На средбата беше разговарано за последните случувања околу почитувањето на човекови права, но со посебен фокус на медиумската ситуација како и причините зошто Македонија постојано бележи пад во сите извештаи кои се однесуваат на медиумската слободата изработени од страна на релевантните интернационални институции.

Директорот на ЗНМ Драган Секуловски на средбата со шведскиот амбасадор во Скопје Lars Wahlund разговараше за причините за падот на слободата на изразувљње во Македонија

33


ДИРЕКТОРОТ НА ЗНМ УЧЕСТВУВАШЕ НА ДОМАШНИ И РЕГИОНАЛН

Регионална соработа на но Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, изразва подготвеност да помогне за да се подобри ситуацијата со слободата на медиумите

Н

34

а почетокот на јуни директорот на ЗНМ, Драган Секуловски имаше средби и учествуваше на разни настани организирани од разни домашни и странски организации, каде се разговараше за состојбата на медиумите. Така Секуловски се сретна со директорот на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, Ања Чимнек и со Регионалниот директор на оваа фондација Јан Боелтс. На состанокот се разговараше за предизвиците со кои се соочува медиумскиот сектор како и за можноста ова германска фондација може да го даде својот придонес со цел да се подобри ситуацијата. Беше разговарано за потенцијални заеднички проекти на ниво на Балканот каде фокус би се ставил на подобрување на професионалните стандарди на новинарите. Исто така, Секуловски учествуваше како панелист и на Национална конференција на тема односи меѓу верските заедници и државата, која се одржа во Битола, организиран од Центарот за евроопски студии и Фондацијата Конрад Аденауер. Настанот имаше за цел да се создаде свест кај учесниците за верската и етничката разновидност и да се работи на градење на толеранција, како и да придонесе кон процесот на демократизација на земјата преку промови-

рање на слободата на изразување, меѓуетнички и меѓурелигиски дијалог и плурализам. Целната група на семинарот се состоеше од претставници на верските заедници, новинари и претставници на граѓански здруженија. Освен тоа, Секоловски кон средината на јуни


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

НИ НАСТАНИ

овинарските организации

на покана на на ТАCSO канцелаrијата во Скопје учествуваше на работилница во Приштина, Косово, на тема: Поврзување на Линкови - Капацитети и односи меѓу граѓанските организации и медиумите. Овој настан беше организиран од ТАCSO, финансиски поддржана од Директоратот

за проширување при Европската комисија. На конференцијата зедоа присуство над 150 учесници претставници на новинарски и медиумски организации. Беа разгледувани можности за регионална соработка помеѓу организациите и медиумите учесници на настанот.

35



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.