Bilten znm juli avgust 2013

Page 1

БИЛТЕН БРОЈ 14

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


Издава: Здружение на новинарите на Македонија, Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје;

Содржина Протест на новинари за ослободување на Кежаровски Став на ЗНМ за медиумските закони

Тел: (+3892) 3298-139;

Амандмани на ЗНМ за законите за медиуми

Факс: (+3892) 3116-447,

Дебата на МИОА за законите за медиуми

E-mail: contact@znm.org.mk

Остри критики на ОБСЕ за законите за медиуми

Дебата за медиумските закони во Собрание

Став на ЕУ за медиумските закони

ЗНМ се солидаризира со ставовите на ОБСЕ Став на Артикл 19 за законот за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги Новинарските организации за случајот Кежаровски

6 8 11 14 16 18 20 21 24

Средба со евроамбасадорот за Кежаровски

26

ОБСЕ го осуди новиот пртивор за Кежаровски

28

Претстедателот на ЗНМ сведочи за инцидентите од 24 декември

30

Власта со притисок врз медиуми за членство на новинари во МАН

29

Совет на честа: Решена претставката на Уставниот суд Средба на ЗНМ со заменик амбасадорот на Германија Разговори со претставници на САД и ОБСЕ за состојбата со медиумите Иницијатива на регионалниот центар во Штип

2

3

32 33 34 33


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија НОВИНАРСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД СКОПСКИОТ СУД

Се бара укинување на притворот за

КЕЖАРОВСКИ

3


С 4

тотина новинари на 25 јули протестира пред Основниот суд во Скопје за да го изразат незадоволството за продолжување на притворот за нови 30 дена за новинарот Томислав Кежаровски, обвинет за откривање на идентитеот на заштитен сведок. Со свирчиња и транспаренти новинарите бараа од судските органи да ја укинат мерката пртивор и да му овозможат на колегата да се брани од слобода. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани пред новинарите рече дека одлуката за притворот на Кежаровски е скандалозна затоа

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани пред новинарите рече дека продолжувањето на притворот на Кежаровски за нови триесет дена е скандалозна, спротивна на Уставот и на законите

што е спротивна на Уставот и на законите. “Одлуката покажува дека во Македонија слободата на изразување е во милост и во немилост на арбитрарни одлуки од судот и од политиката. Ние денеска дојдовме тука да се солидаризираме со колегата и на овие институции да им кажеме дека ако имат намера да нè исплашат, не успеваат во тоа, не затоа што сме многу храбри, туку затоа што вистината и правдата е на наша страна и да им кажеме дека нема да престанеме, нема да не одвратат од намерата гласно и јасно да ги кажуваме работите во Македонија, дека слободата на


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

изразување е загрозена “, рече Селмани. Тој истакна дека судските органи добро знаат дека Кежаровски нема таква материјална состојба да избега и да живее надвор од земјава. “Оваа одлука, исто така, е и дрска затоа што сакаат од новинарите да направат монструми и тие кои вчера потпишаа одлука за пордолжување на притворот знаат дека Кежаровски, нашиот колега, нема да избега, затоа што ако сакаше да избега тоа можеше да го направи и во изминатите пет години. Ние новинарите, ниту, пак, Кежаровски, не сме монструми да ги оставиме нашите фамилии дома без егзистенција за ние да си ја спасиме сопствената кожа и да избегаме од земјава “, рече Селмани. Тој рече дека протестот е организиран со

цел да се повикат на разум судските власти и да се солидаризират со Кежаровски. Членот на Иницијативниот одбор за ослбодоување на Кежаровски, Зоран Димитровски, апелираше до него да го прекине штрајкот со за да се влошува неговата здравствена состојба. „Нам ни треба Кежаровски жив и . Судот, обвинителството, полицијата, органите на прогонот го прекршуваат законот ги прекршуваат овластувања и време е политиката да интервенира. Цело време се бориме за немешање на политиката во судството, но ова е момент кога владата, премиерот, претседателот, треба јавно да ги повикаат институциите да го почитуваат законот, рече Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник во Нова Македонија.

5


ЗАЕДНИЧКИ СТАВ НА ЕСНАФОТ ЗА МЕДИУМСКАТА РЕГУЛАТИВА

Законите за медиуми

НЕУСОГЛАСЕНИ 6

со европските стандарди


З

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

дружението на новинарите на Македонија, Самостојниот сидникат на новинари, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми, изградија заеднички став за медиумксиите закони , коишто кон средината на јули ги усвои Владата. Во овој усогласен став овие организации бараат повечкување на Предлог Законот за медиуми, а во Предлог законот за аудио и адуиовизуелни медиумкси услуги да се вградат сите забелешки на домашните и меѓунардните институции и организации. ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ сметаат дека наместо Закон за медиуми, кој не го бара ни заедницата, ниту Европската Комисија, Владата треба да понуди законско решение за владините кампањи и за донациите на медиумите за изборната кампања на политичките партии. “Предлог-Законот за медиуми и Предлог-Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не се во духот на европските стандарди. Владата не успева да ги вгради суштинските забелешки на домашните и меѓунардните институции“, изјави Насер Селмани, претстедател на ЗНМ, на прес конференција, на која го претстави заедничкиот став на овие четири организации. “И покрај поделбата на законот во два дела, останува решението Агенцијата за медиуми да ги регулира сите видови медиуми. Тоа е во спротивност со препораките на експертите на Советот на Европа и ОБСЕ, кои препорачуваат да се напушти идeјата во законот да има единствен регулаторен режим за сите водови медиуми. Поделбата на законот е само механичко одделување на одредбите, а не и суштинско раздвојување на третманот на печатените и електронските медиуми од радиодифузерите“, додаде Селмани. Тој ги повтори главните слабости на законите, кои предизвикуваат загриженост кај новинарските и медиумските организации, како што се дилемите околу независноста на регулаторното тело, Агенцијата за медиуми, решенијата за МРТВ, обидот да се дефинира новинарската професија и непропорционалните казни. “Иако има зголемување на учеството на цивилнииот сектор во предлагањето на членовите на Советот на Агенцијата, мнозинство од неговите челнови ги предлагаат политички институции, Собранието и ЗЕЛС. Не е прифатена сугестијата на експертот на Советот на Европа номинацијата и изборот на членовите на Советот од Комисиијата за избори и именувања да се врши со двотретинско мнозинство“, истакна Селмани. Според него, уште посилно политичко влијание има околу номинацијата на членовите на Советот на

ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ бараат од Владата да го повлече Предлог законот за медиуми, оти нема објаснување и потреба за него, а не го бара ни новинарската заедница, ниту ЕУ

Македонската радиотелевизија. “Од 13 членови на Советот, десет предлагат политички и јавни институции. Со тоа се намалуваат шансите МРТ да прерасне во вистински јавен сервис на граѓаните“, рече Селмани. Освен тоа, не е земена во предвид ниту забелешката за бришење на дефиницијата новинар, која според експертите може да има ограничувачки ефект врз слободата на изразувањето. „Не е регулирано прашањето за исправка и одговор согласно Европската директива за аудиовизуелни услуги, не е запазен принципот на пропорционалност во делот за казнените одредби, не е јасно определено во кои случаи која мерка ја изрекува Агенцијата и конечно, не е обезбедена судска заштита за сите дејствија на Агенцијата“, заклучи Селмани.

7


АМАНМАНИ НА ЗНМ ЗА МЕДИУМСКИТЕ ЗАКОНИ

Закон за медиуми

КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

8

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека ако владата во текот на преговорите за членство во ЕУ покаже дека ја почитува слободата на изразувањето тогаш нема да стравуваме од примената на овој закон


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЕМЕ З

дружението на новинарите на Македонија кон крајот на август во Собранието на Македонија достави амандмани за медиумските закони, кои влегуваат во второ читање во законодавниот дом. ЗНМ достави само еден амандман за Предлгозаконот за медиуми и пет за Предлог Законот за аудио и адуиовизулени медиусмки услуги. Овие предлози се доставени и покрај тоа што Владата никогаш не објасни зошто не ги прифати најголемиот дел од забелешките на ЗНМ за медиумските закони. “Ние сепак вчера во Собрание доставивме амандмани за овие закони, затоа што сме многу заинтересирани за целиот процес и сакаме да бидеме конструктивни“, соопшти Насер Селмани, претстедател на ЗНМ. ЗНМ за законот за медиуми достави само еден амандман, со кој се бара примената да се одложи до денот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. “Очекуваме пратениците да го прифатат овој амандман за да ги спречат евентуалните штети што овој закон би ги предизвикал врз работата на пе-

чатените и интернет медиумите, како и негативното влијание што ќе го има врз слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Со прифаќањето на овој амандман, пратениците ќе ги одбегнат и штетите по евоинтеграцијата на Македонија затоа што овој закон не го бара Европската унија, туку исклучиво само владата. Пратениците имаат идеална шанса пред македонската јавност да ги решат сите дилеми кај сите нас дека донесувањето на овој закон нема за цел да ја ограничи слободата на изразувањето и слободата на медиумите“, изјави Селмани. Селмани рече дека Владата тврди дека овој закон е усогласен со европските стандарди. “Ако е така тогаш ние немаме ништо против законот да се примени кога ќе станеме членка на ЕУ. Ако било која власт низ пристапните преговори ја убеди Европската Комисија дека во земјата се почитува слободата на изразувањето и слободата на медиумите, тогаш нема да стравуваме дека примената на овој закон ќе може да се злоупотреби за замолчување на критичните гласови во медиумите“, додаде тој.

9


За законот за аудио аудиовизуелни медиумски услуги ЗНМ достави пет амандмани, со кои се спречува политичко влијание при изборот на членовите на Програмскиот совет на МРТ и се обезбедува одржливо финансирање за јавниот сервис. “Останатите амандмани се однесуваат на Агенцијата за медиуми, со кои сакаме да ја зајакнеме институционалната независностана регулаторното тело и се обезбедува транспарентност во неговата работа. Истите барања ги имаат и експертите на ОБСЕ и на Советот на Европа“, објасни Селмани. Во образложението на амандманот за одлагање на примената на Законот за медиуми се потсетува дека ЗНМ инсистира на повлекување на законот за медиуми затоа што тој не гарантира слобода на изразување, туку воведува нови обврски и ограничувања за медиумите. Регулацијата на печатените и интернет

10

медиумите не може да се смета како европски стандард затоа што најголем дел од европските земји не ги регулираат овие медиуми затоа што тие имаат далеку помало влијание во формирањето на јавното мислење во споредба со радиодифузерите. “Во најголем број на земји печатените и интернет медиумите се регулираат со други закони кои се однесуваат на сите физички и правни лица“, стои во образложението. ЗНМ ги спори и високите непропорционални казни, кои можат да доведат до затварање на голем број на интернет медиуми. Освен тоа, дефиницијата новинар е

непотребна кое индиректно води кон лиценцирањена новинарството. “Падот на слободата на изразување во Македонија не е поради отсуството на регулатива, туку порад преголемо вмешување на владата во работата на медиумите“, се аргументира во образложението на амандманот. Освен тоа, регулацијата на овие медиуми не е барање на ЕУ, туку единствено на владата. „Европската комисија бара уредување на начинот како Владата троши јавни пари во медиумите“, се додава во образложението. Образложение ЗНМ понуди и за петте амандмани за предлог законот за аудио и аудовизуелни медумски услуги. Во еден од амандманите се бара Агнцијата за медиуми да работи на јавни седници. Образложението е дека основен прнцип на препораките на Советот на Европа за работата на регулаторните тела за медиуми е да бидат транспаретни. Освен тоа, постојниот закон за радиодифузна дејност обезбедува ваква транспаретност и исклучувањето на јавноста во работата на агенцијата ќе биде ретрограден чекор. Другиот амандман предвидува двотретинско мнозиство при изборот на членовите на Агенцијата за медиуми во Собрание. Ваквиот амандман е предложен да се ограничи политичкото влијание врз регулаторот. Овој предлог беше даден од страна на експертот на Советот на Европаа и без објаснување владата не го прифати. Третиот и четвртот амандман се однесува за изборот на членовите на програмскиот совет на МРТ и на финансирањето на јавниот сервис. Целта на овие амандмани е да се намали политичкото влијание при изборот на членовите на Советот како и да се обзбедува одржливо финансирање на сервисот. Четвртиот амандман предвидува решение за финансирањена МРТ во случај да не се собере радиодифузната такса. Последниот амандман забранува Агенцијата за медиуми да се финансира од радиодифузната. Со тоа ќе се зголемат приходите за МРТ, а иста препорака даде и експертот на ОБСЕ.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА МЕДИУМКСИТЕ ЗАКОНИ ВО СОБРАНИЕ

Селмани: Без добри закони за медиуми ќе станеме

НЕСЛОБОДНА ЗЕМЈА

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги предупреди пратениците дека ако не ги прифатат забелешките од странските и домашни експерти на Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонија опасно ќе се приближи кон земји без слобода на изразување

11


С

12

обраниската комисија за транспорт и врски во текот на август одржа јавна расправа за Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, на која учествуваа и претставници на новинаерските и медиумските организации како и новинари и уредници. Излагање пред пратениците имаше и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој ги повика пратениците да ги прифатат забелешките на странските експерти и на доашните новинарски организации. Селмани рече дека кога се носат медиумски закони не треба да се заборави дека Македонија е на 116-то место во индексот по слободата на изразување и заради тоа законите мора да бидат усогласени со европските стандарди затоа што добрите закони се добра основа за надминување на пробемите. “На подолг рок работите можат да се подобрат само со силна политичка волја од власта, која треба доследно и неселктивно да ги примени овие закони“, истакна Селмани. Тој го критикуваше пристапот на владата затоа што понудениот закон има порестриктивни решенија од постојниот Закон за радиодифузна дејност. “Сакам да предупредам дека ако се донесе овој закон без да се земат во предвид клучните забелешки на меѓунардоните и домашните институции, Македонија не само што не може да очекува да го подобри имиџот во светот, туку постои голема опасност да бидеме третирани како земја каде законодавството не гарантира слобода на изразување, а тоа ќе биде доволен аргумент да паднеме уште подолу на индкесот за слобода на изразување. Опасно се приближуваме кон групата на земји каде нема слобода на изразување“, предупреди Селмани. Според него, владата при пишување на законите ги напуштила усогласените ставови со ЗНМ од едногодишниот дијалог, а не постапувала ниту по барањата на Еврпската комисја, која единствено во овој дел бара да се имплементира Европската директива за аудивизуелни медиусмки услуги. Тој рече дека ЕУ забележува дека медиумите и регулаторното тело за медиуми работат под силен политички и економски притисок, а со законот владата уште повеќе го зајакнува тој притисок, особено при предлагањето на членовите на Агенцијата за медиуми. “ Суспендиран е скелести-

от мандат, кој го штити Советот на Агенциијата од арбитрарното вмешување на политиката. Целата моќ е концентрирана во рацете на директорот на Агенцијата, а за одлуките на регулаторот за одземање на дозволата на медиумот мора да се обезбеди судска заштита, што е основна одлика на секоја правна држава“, рече првиот човек на ЗНМ. Според него, законот не обезбедува ни независна уредувачка политика на МРТВ ниту одржливо финансирање на јавниот сервис. “Механизмот за избор и работа на Програмскиот совет на МРТ останува подлежен на политичко влијание затоа што од 13 челнови, 10 предлагат политички и јавни институции. Нема одговор што во случај да не се прибере радиодифузната такса“, констатира тој. Предупреди дека слобода на изразување може да се ограничи кога тоа преставува сериозна опасност за правата на другите, но при тоа


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

државата мора да се води од некои клучни принципи. “Ограничувањето мора да биде со закон, кој мора да биде јасен, недвосмислен, прецизно формулиран. Таа мора да докаже дека тоа е потребно и легитимно за заштита на други права и дека користи пропорционални средаства да ги заштит тие права и интереси. Спомнувањата на прашања поврзани со национална безбедност, потикнување на нетолеранција или омраза се многу нејасни и можат да бидат злоупотребени“, забележа тој. Селмани побара во законот да се регулира правото на одговор и исправка и да се запази принципот на пропорционалност во делот за казнените одредби. “Казните се значително големи и непропорциоанлни, недостасуваат растечки чекори, кои може да предизвикат самоцензура. Прво мора да има писмоено укажување, а после да се покрене прекшочна постапка. Одзе-

мањето на дозволата мора да биде крајна мерка и во исклучителни околности. Европскиот суд за ловекови права во Стразбур непропорционалните високи казни ги смета за тешко прекршување на слободата на изразувањето“, потсети тој. На крај ги повика пратеници добро да размислат пред да го гласат овој закон, Македонија со овој закон нема да напредува на патот на европските интеграции, а ќе направат огромна штета на демократскиот развој на земјата. Европоската унија нашата демократија ќе ја ценат според степенот на слобода на изразување и слобода на медиуми. Тоа јасно го кажа и Европкомесарот Филе, каква слобода на изразување, таква демократија“, предупреди Селмани и додаде дека пратениците од власта треба да се однесуваат како да се опозиција, затоа што не сака да се случи тешките последици од овој закон да ги видат тогаш кога нема да бидат власт.

13


ЈАВНА ДЕБАТА НА ВЛАДАТА ЗА МЕДИУМКСИТЕ ЗАКОНИ

14

ДАЈТЕ УНИФОРМИ ЗА НОВИНАРИТЕ!


Н

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Претседателот на ЗНМ од министерот за информатичко општество и администрација побара да го прифати барањето да се лиценцираат новинарите, а после ќе преостане уште униформи да се воведат за нив

а почетокот на август Министерството за информатичко општество и администрација организараше јавна дебата во Скопје за медиумксите закони, на која учествуваа и странските експерти од Советот на Европа, ОБСЕ и Европската Унија. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани во дебатата изрази незадоволство од начинот на кој Министерството за ифнрорматичко општество и администрација ја води јавната расправа за медиумските закони за што одговорност сноси и ресорниот министер Иво Ивановски. Селмани беше запрепастен од барањето на некои новинари кои бараат во Предлог законот за медиуми новинарите да се лиценцираат. “Запрепастен сум што новинари бараат да се лиценцираат.Ве молам да го прифатите овој предлог и после ние Ќе ви предложиме во законот да воведете и униформа за новинарите и по можност некоја трака со давидова звезда“, рече Селмани Тој му забележа на министерот за информатичко општество Иво Ивановски дека не е коректно да тврди дека новинарските организации кои ја бојкотираат расправата не доставиле забелешки за законот. “Изминатиов период наместо да се спорат нашите ставови бевме цел на напади, спинови, клевети, навреди. Сметам дека и вие министре, сносите одговорност за спинот што се шири дека експертите имаат различно мислење за законот. Министре, не е проблем законот, ние не дојдовме на ова дереџе поради законите, туку затоа што државата премногу се меша во медиумите. Овие јавни дебати се како лицитација на берза и како да се ценкаме купи-продај, а главното прашање е дали ќе ги почитуваме меѓународните стандарди или не“, рече Селмани. Според него, главните разлики, меѓу Владата и ЗНМ се состојат во дијагнозата зошто Македонија се наоѓа на ниско ниво со состојбата во медиумите. “Може да ги обвиниме странците, може да тврдиме дека е заговор, дека ни вршат притисок за името, но реалноста е поинаква. Тој што ги прочитал препораките знае кои се стандардите и дека прашањето е во тоа да ли ќе се гарантира слобода на изразување или не“, додаде тој. Според него е нејасно зошто владата упорано одбегнува да објави колку пари троши на рекламирање во медиумите.

15


ЕВРОПСКА КОМИСИЈА СО ЈАСЕН СТАВ

НЕ БАРАМЕ

закон за медиуми

Е 16

вропската комисија кон средината на август излезе со јавно соопштение во врска со дебатата за предлог законите за медиуми и аудиoвизуелни медиусмки услуги, што на13 август се одржа во Скопје, на која учествуваа и експертите на Советот на Европа, ОБСЕ и Европската Унија. Европската комисија вели дека подготовката на новото законодавство за медиуми, кое ќе го замени постојниот Закон за радиодифузија, почнало во

2011 година, на иницијава на владата, и не е на барање на Европската комисија. „Гарантирањето на слободата на изразувањето и на другите фундаментални права е услов за една земја да и се придружи на ЕУ, но за тоа кога и како точно да се реформира законодавството за медиуми во земјата одлучуваат националните власти и другите чинители“, стои во соопштение на Делегацијата на ЕУ во Скопје во името на Европската комисија.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Европската комисија вели дека во следниот годишен извештај за напредокото на Македонија освен медиумските закони ќе оценува и други, пошироки, важни прашања поврзани со медиумското опкружување во земјата

Во врска со процесот на донесување на законите, Европската комисија вели дека нивниот став секогаш бил јасен дека владата треба да си даде доволно време неопходно за да се осигура дека предложените закони се во согласност со европските стандарди и најдобрите практики, а консултациите со сите релевантни чинители да биде што е можно посеопфатен. „Покрај овие закони, следниот годишен

извештај на Комисијата ќе оценува и други, пошироки, важни прашања поврзани со медиумското опкружување во земјата“, стои во соопштението на Европската комисија. Таа потсетува дека ЕУ за делот на предложеното законодавство што се однесува на имплементација на Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиусмки услуги, на владата и обезбедила независна техничка експертиза во изминатите три години.

17


ОБСЕ СО СЕРИОЗНИ КРИТИКИ ЗА МЕДИУМСКАТА ЛЕГИСЛАТИВА

Мијатовиќ: Законит ограничат слобода

П

18

ретставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ кон крајот на јуни испрати писмо до министерот за Информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во кое ја изразува нејзината загриженост за содржината на овие закони. „Со оглед на сегашната состојба со слобода на медиумите во земјата, загрижена сум дека ова законодавство би можело да се искористи да се замолчат критички ставови и да се ограничи слободен говор. Иако многу регулативи се прифатливи, јас сум загрижена дека нивната формулација може да доведе до злоупотреба,“, пишува Мијатовиќ во писмото до Ивановски. Мијатовиќ во писмото ги повторува старите забелешки околу моќната улога на Агенцијата за медиуми и процедурите за нејзиниот состав, кои не гарантираат независност. Освен тоа, таа е загрижена дека нова надзорна функција на Агенцијата би можело да и дзволи да се меша во содржината на печатените и онлине медиумите. “Нема потреба да се дефинира кој е новинар во законот. Дефиницијата е излишна, а би можела да се искористи исто и за исклучување на некои медиумски работници и луѓе се бават со новинарство и затоа е непотребна“, пишува Мијатовиќ. Според неа, постоечките казни во законот се значително големи и непропорциоанлни, недостасуваат растечки чекори, кои може да предизвикат самоцензура. “Спомнувањата на прашања поврзани со национална безбедност, потикнување на нетолеранција или омраза се многу нејасни и можат да бидат злоупотребени“, предупредува Престатвникот на ОБСЕ. Таа препорачува да не се инсистира на учеството на “мнозинско новинарско здружение“ во Агенцијата за медиуми и Управниот одбор на МРТВ затоа што

постои ризик од создавање на тезнии меѓу здружениата. “Постои наводен притисок врз новинарите да станат членови на одредено здружение. Ова треба да се избегне“, препорачува Мијатовиќ. На крај ја поздравува соработката со власите во Скопје за законот и со нетрпение очекува да види постапување по забелешките со цел да се заштити слободата на медиумите и слободата на изразувањето.

Загрижена сум дека ова законодавство би можело да се искористи да се замолчат критички ставови и да се ограничи слободен говор, пишува Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ во писмото до министерот Иво Ивановски


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

те може да ја ата на говорот

19


ЗНМ СОГЛАСНА СО ОБСЕ ЗА МЕДИУМСКИТЕ ЗАКОНИ

Делови на законот можат да се злоупотребат

З

20

дружението на новинарите на Македонија, кон крајот на јули ја сподели загриженоста на Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, дека новото законодавство кое го усвои Владата може да се искористи да се замолчат критичните ставови во медиумите и да се ограничи слободата на говорот. ЗНМ го поздравува ставот на Мијатовиќ дека поедини делови на законот, иако може да се прифатливи, во контекст на актуелната состојба со слобдата на медиумите, можат да доведат до разни злоупотреби. “Се согласуваме дека повикувањето на националната безбедност и потикнувањето на нетолеранцијата и на говорот на омраза во законот се многу нејасни и можат да се злоупотребат. Исто така, спорни се и решенијата за Агенцијата за медиуми, дефиницијата новинар и казнените одредби, со кои се создава простор регулаторот да се меша во содржините на печатените и онлине медиумите и да се потикне самоцензура во медиумите“, се вели во реакцијата на ЗНМ. ЗНМ смета дека ставот на Претсавникот на ОБСЕ за законите уште еднаш потврдува дека ставовите на Здружението се издржани и дека негативниот впечаток во светот за слободата на изразувањето во Македонија нема да се смени со менување на законите, туку со промена на политиката на Владата кон работата на медиумите. “Ако владата сака да ја зајакне слободата на медиумите тогаш треба да престане да се меша во нивната работа и да ја раскине корупциската врска меѓу политиката и медиумите. Тоа ќе се постигне само ако владата предложи законодавсто со кое ќе се обезбеди поголема транспарентност во трошењето на јавните пари за владини кампањи и да утврди критериуми за начинот на распределба на кампањите во медиумите. Исто

ЗНМ го поздравува ставот на Дуња Мијатовиќ дека поедини делови на законот, иако може да се прифатливи, во контекст на актуелната состојба со слобдата на медиумите, можат да доведат до разни злоупотреби

така, битно е да се санкционира со закон можноста медиумите да ја финансираат изборната кампања на партиите преку политичкото рекламирање“, потсетува ЗНМ. За ЗНМ е важно што Мијатовиќ и сугерира на Владата да не се меша во организирањето на новинарите со цел да предизвика тензии меѓу новинарските здруженија.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

АРТИКЛ 19 ЗАГРИЖЕНА ЗА СОДРЖИНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

Усогласете го законот со

МЕЃУНАРДОНИТЕ СТАНДАРДИ Во писмото на Артикл 19 до министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, има 15 препораки како да се подобрува законот

21


Н

22

евладината организација Арткл 19, која се бори за заштита на слободата на изразувањето и слободата на медиуми и слободниот пристап до информации од јавен карактер, во текот на август испрати писмо на Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Иванововски, во кое ја изразува загриженоста за содржината на Предлог законот за аудио и адиовизуелни медиумски услуги. Во писмото ова реномирана меѓународна организација со седиште во Лондон, бара од минитсерот Ивановски да го усгласи законот со меѓунардоните стандарди за слобода на изразувањето. Прво, Артикл 19 е загрижена што во целите на законот не е предвидена промоцијата на правото на слобода на изразување. “Тоа е сериозен недостиг, затоа што и толкувањето и примената на какво било медиумско законодавство би требало да ги потврдат почитувањето и заштитата на правото на слобода на изразување“, се вели во писмото. Второ, организацијата е загрижена што во Предлог законот не се обезбедува инструменти за заштита на незавинсота на Советот на Агенцијата за медиуми, која нема одговорност да го штити правото на слобода на изразување. “Фактот што одлуките на собраниската Комисија за избори и именувања и на Собранието ќе се носат со обично мнозинство, Предлог-законот дозволува партијата што е на власт да има политичко влијание врз именувањето на членовите на Советот“, истакнува Артикл 19 и додава дека отсуствува транспаретност на процесот на номинирање на членовите на Советот. Исто така, скептични се дека Агенцијата со совет составен од седум членови, ќе може да се справи со толку многу различни прашања, како што се утврдувањето на постоење незаконска медиумска концентрација, плурализмот, заштитата на малолетните лица и лиценцирањето, и други прашања. Освен тоа, Предлог законот не нуди гаранција дека Агенцијата има одржливо финансирање, а нема ни механизми за заштита на незавинсота на директорот на Агенцијата, кој лесно може да биде разрешен. Од друга страна нема забрана за судирот на интереси на директорот ниту неспоивост за да се заштити од влијанијата на политичките и економските моќници. Директорот нема право на жалба против одлуката за разрешување и има нејасни надлежности, кои се идентични со надежностите на Советот.

Трето, според ова организација, законот пропишува широко поставени забрани, меѓу другото, „закана за националната безбедност“, „повикуваат на насилно рушење на уставниот поредок“, или „повикуват на воена агресија или воен судир“, кои мора да бидат пропишани со закон, да имаат законита цел и да се нужни и пропорциоанлни во согласност со Европската конвенција за човекови права. “Премногу широките забрани од Член 48 ќе имаат ефект на замолчување и ладење на медиумите и можат да доведат до арбитрарни ограничувања на легитимното изразување“, се констатира во писмото. Четврто, процедурата за лиценцирање во законот ги крши меѓународните стандарди за слобода на изразување затоа што отсуствуваат целите што Агенцијата треба да ги постигне при нивното доделување, како што е јавниот интерес или различноста на мислења, таа не гарантира отворени распити каде кандидатите ќе ги претстават пријавите и нема распит кога Агенцијата покренува постапка за одземање на лиценците. Петто, Артикл 19 забележува на отсуството на одржливо финансирање на МРТ за да може да ја остварува мисијата, а постапката за избор на членовите на Програмскиот совет на МРТ се врши со обично мнозинство и овозможува на партијата што доминира во комисијата и во Собранието и да го избере посакуваниот кандидат. “Предлог-Законот


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

не им забранува на вработените во МРТ да добиваат упатства и инструкции од надворешни лица или тела и не забранува априора контрола врз програмите на МРТ. Конечно, не се дефинирани критериумите за именување и разрешување на директорот на МРТ.“, стои во дописот на организацијата. Шесто, санкциите во предлог законот не обезбедуваат пропорционалност. ПРЕПОРАКИ: За да се отстранат овие пропусти, Артикл 19 му предлага на министерот Ивановски предлог законот да го крегира во правец: - Промоцијата на правото на слобода на изразувањето мора да биде наведена во целите на Предлог-законот. - Изборот на кандидати за членови на Советот на Агенцијата да се изврши со квалификувано мнозинство во Собранието; - Да им се забрани на членовите на Советот да добиваат овластувања или упатства од кое било лице или тело, за да се осигура нивната независност; - На медиумските организации и на граѓанското општество би требало да им се овозможи да номинираат кандидати за членови на Советот; - Интервјуата со кандидатите за членови во Агенцијата треба да бидат отворени за јавноста; - Агенцијата да биде одговорна за обезбеду-

вањето на заштитата на слободата на медиумите и слободата на изразувањето како дел од нејзините функции; - Предлог-законот треба да обезбеди одржлив извор на финансирање на Агенцијата што ќе биде доволен за да обезбеди нејзино целосно и независно функционирање; - Да се забрани судирот на интереси, да пропише правила за неспоивост на функциите на членовите на Советот на Агенцијата и да воведе барање интервјуата со кандидатите за позицијата директор да бидат отворени за јавноста. Разрешувањето на директорот треба да биде можно само во сериозни случаи и би требало да има можност да ја обжали одлуката за негово разрешување на суд; - Јасна разлика помеѓу надлежностите на Советот директорот, кој треба да биде надлежен само за дневното управување на Агенцијата; - Сите ограничувања на содржините се нужни и пропорционални на посакуваната цел, а со оглед на околностите на дадениот случај. - Да се пропишуваат критериуми за доделување на лиценците и разгледувањето на апликациите да биде отворено, а лиценците да можат да се одземаат само по одржан распит со учество на радиодифузерот чија лиценца може да биде одземена. - Треба да се гарантира одржливо финанисрање за МРТ кое ќе обезбеди доволен буџет што ќе овозможи исполнување на нејзината мисија и изборот на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ да биде со квалификувано мнозинство. - Да се забрани на вработените во МРТ да добиваат какви било упатства и инструкции од лица и тела надвор од организацијата и да забрани априори контрола над програмите на МРТ. Исто така, потребно е јасно дефинирање на критериумите за именување и разрешување на директорот на МРТ. - Агенцијата да го определува видот и големината на санкциите со оглед на специфичните околности во дадениот случај, кои мора да бидат пропорционални. На крајот на писмото Артикл 19 изразува подготвеност да и помогне на Министерството за информатичко општество и администрација да се усогласи Предлогот на законот со меѓунардоните стандарди за слобода на изразување.

23


НОВИНАРИТЕ ПОВИ ОСЛОБОДУВАЊЕ Н

24

И

ницијативниот одбор за ослободување на Томислав Кежаровски, кон средината на јули побара негово ослободување откако тој почна штрајк со глас по продолжувањето на мерката притвор за нови триесет дена.

„Длабоко сме загрижени од веста за штрајкот со глад на новинарот Кежаровски и бараме итно да биде пуштен да се брани од слобода. Потсетуваме дека условите за тоа се исполнети: заврши распитот на сведоците во случајот за кој е притворен нашиот колега, а дадена е и имотна гаранција“, реагира тогаш


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ИКАA НА НА КЕЖАРОВСКИ

новинарските и медиумските организации. ЗНМ, ССНМ и МИМсметаа дека штрајкот со глад на Кежаровски, во услови на негова кревка физичка и психичка состојба мора да биде аларм за надлежните кои веќе два месеца одбиваат да ги слушнат барањата на домашната и меѓународна медиумска

заедница. “Во спротивно одговорноста за состојбата на новинарот паѓа на судската и извршната власт и на сите државни институции кои одбираат да го игнорираат овој преседан во историјата на македонскиот журнализам“, предупредија овие организации.

25


ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КЕЖАРОВСКИ

ЕУ поенергично да ослободување на К Претседателот на ЗНМ од евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав побара поенргично залагање кај македонските власти за ослободување на Кежаровски

И 26

ницијативниот одбор за ослободување од притвор на новинарот Томислав Кежаровски, односно претставници на новинарските и медиумските организации на почетокот на јули се сретнаа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. На средбата претставниците на ЗНМ, ССНМ и МИМ на амбасадорот Орав му ја пренесоа нивнаа загриженост за случајот со новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани објасни дека мерката притвор против Кежаровски не може да се оправда со ништо затоа што распитот на сведоците е завршен и не постои опасност тој да ја напушти земјата. Селмани рече дека ако Кежаровски сакал да ја наушти земјата тоа ќе можел да го стори досега. Кежаровски останал во земјата и покрај тоа што на два пати бил испрашуван од Обвинителството и МВР пред да биде притворен. Селмани смета дека случајот на Кежаровски има застрашувачки негативен ефект врз слободата на изразувањето бидејќи може да послужи како инструмент за за-

плашување на сите новиари. Според него, Кежаровски е еклатантен пример за односот на власта кон слободата на изразувањето и слободата на медиумите.Тој ги повика европските иснтитуции да се заложат поенергично кај македонските


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

И НА СРЕДБА ВО ЕВРОПСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

а бара Кежаровски

ЕУ дека досега ги немаат коментирано судските случаи затоа што очекуваат судските органи да постапуваат согласно законите. Според него, претставниците на власта го знаат ставот на ЕУ дека слободата на изразувањето е највисок приоритет за оценување на напредокот на земјите кандидати за членство во Унијата. Тој најави дека ставот на ЕУ за случајот Кежаровски ќе го соопшти во годиншниот извештај за наредокот на Македонија во 2013 година. По средбата членот на Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски и уредник во весникот “Нова Македонија“, Зоран Димитровски, даде изјава за медиуми на која истакна дека целта била да се информира ЕУ за случајот Кежаровски бидејќи Македонија е кандидат за членство во Европската унија. “Ние сметаме дека притворот на колегата Томислав Кежаровски е неправедно одреден. Тие, се разбира не можат да се мешаат во судството, но со загриженост го следат случајот со притворениот новинар“, рече Димитровски. Двете новинарски здруженија од земјава и речиси сите интернационални организации кои се занимаваат со слободата на говор и човековите права, вклучително и претставникот на Обединетите нации, кој неодамна беше во земјава, остро реагираа за притворот на новинарот Кежаровски и побара од судот да му дозволи да се брани од слобода. И покрај тоа, Кривичниот совет по трет пат му го продолжи притворот за нови 30 дена власти Кежаровски да се брани на слобода. Амбасадорот Орав на претставниците на на Кежаровски, кој беше уапсен во акцијата ЗНМ, ССНМ и МИМ им соопшти дека ЕУ од блис- „Ликвидација“ под сомнение дека го открил ку го следи случајот со притворот на новинарот идентитетот на заштитениот сведок во слуКежаровски. Тој го соопшти начелниот став на чајот „Ореше“.

27


ОБСЕ СО ОСУДА ЗА ПРИТВОРАЊЕТО НА НОВИНАР ВО МАКЕДОНИЈА

Мијатовиќ бара Груевски да го ослободи Кежаровски

П

28

ретставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, кон крајот на август му упати писмо на премиерот Никола Груевски,во која укажува дека продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски во Скопје со нови 30 дена е неприфатливо. „Затворањето новинари за она што го пишуваат е неприфатливо во едно демократско општество. Ова е единствениот случај на држење новинар во затвор во очекување на судење во регионот Западен Балкан. Загрижена сум и заради неговото апсење и заради неговиот претерано долг притвор, бидејќи тие негативно влијаат на слободата на медиумите во Вашата земја,“ пишува Мијатовиќ. Мијатовиќ во писмото се повикува и на изјавата на Специјалниот известувач за правата на слобода на мислење и изразување на ОН, Френк ла Ру, кој во текот на престојот во Македонија побара исто така ослободување на Кежаровски.“Претераните мерки како неговиот продолжен притвор служат единствено како средство да се заплашат новинарите и длабоко ја повредуваат независноста на медиумите. Демократските општества никогаш не може да функционираат како што треба кога критичките гласови се замолчени.“, се цитира изјавата на Ла Ру. Томислав Кежаровски, истражувачки новинар од дневниот весник „Нова Македонија“ е во притвор поради напис што го напишал во 2008 година за магазинот „Репортер 92“ во кој го разоткрил идентитетот на сведок во случај на убиство. Претставникот на ОБСЕ веќе изрази загриженост за неговиот притвор во мај 2013 година. Кон крајот на јули Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, по втор пат го осуди осуди продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски. „Неприфатливо е новинар да биде притворен поради новинарско известување. Јас веќе интервенирав за овој случај двапати минатиот месец. Денес сум особено вознемирена што судот одлучи да го продолжи притворот за нови триесет денови „, рече Мијатовиќ. Мијатовиќ во изјавата ги повика македонските власти да ги послушаат апелите на граѓанското општество и да го пуштат Кежаровски да се брани од слобода.

„Уште еднаш, ја нагласувам важноста да им се овозможи на новинарите да прават истражувачки стории за прашања од јавен интерес, ослободени од заканата од затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори. Апелирам до властите во Скопје да се разгледа ова прашање како итно и сериозно. Продолжувањето на притворот за Кежаровски веќе има големо влијание врз слободата на медиумите во земјата,“ заклучи тогаш Мијатовиќ.

Затворањето новинари за она што го пишуваат е неприфатливо во едно демократско општество, забележува Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ во писмото до премиерот Никола Груевски


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ВЛАСТА ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ МЕДИУМИТЕ

Членство во МАН или нема владини реклами Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во почетокот на јули ги суспендираше сите контакти со властите сѐ додека не престанат притисоците врз новинарите и сопствениците на медиумите од претставниците на локалната и централната власт со цел да ги зачленат нив во Македонската асоцијација на новинари (МАН). ЗНМ од регионалните центри во Битола, Струмица и Штип беше известена дека сопствениците на неколку регионални медиуми бараат од новинарите да потпишат пристапница на Македонската асоцијација на новинари. “Новинарите биле условени да го сторат тоа, во спротивно сопствениците им се заканиле дека ќе ги отпуштат. Објаснувањето на сите сопственици коишто го вршат овој притисок врз новинарите е дека тоа мора да го прават зошто се уценети со реклами“, стоеше во реакцијата на ЗНМ. според ЗНМ, овие форми на притисок претставуваат груба злоупотреба на моќта на јавните функционери со кои имаат за цел да ги заплашуваат новинарите и директно ги кршат основните човекови права, правото на слободно здружување и слободата на изразување. “Ги повикуваме членовите на ЗНМ да не потклекнат на ваквите притисоци, а од претставниците на локалната и централната власт бараме веднаш да престанат со ваквите непримерни однесувања. Доколку овој вид на притисок против меди-

ЗНМ смета дека овие притисоци се груба злоупотреба на моќта на власта и го прекршуваат правото на слободно здружување

умите и новинарите не престане ќе покажат дека намерата на власта не е да ги решат проблемите со слободата на медиумите туку и да ја контролира слободата на здружување на новинарите“, се констатира во реакцијата. Ваквите притисоци врз новинарите од власта се поради ставовите на ЗНМ за сстојбата со слободата на изразувањето и со Нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни услуги. ЗНМ објасни дека во рамките на јавните дебати, но исто така и на неформални средби одржани со високи владини претставници, инвестираше огромни конструктивни напори заеднички да се подобри текстот на нацрт-законот за медиуми, постојано повторувајќи ги нашите препораки коишто се во согласност со оценките и анализите на Советот на Европа и ОБСЕ.

29


ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗНМ СВЕДОЧИ ЗА НАСТАНИТЕ ОД 24 ДЕКЕМВР

Не избркаа да го ск

НА ПРАТЕНИЦИТЕ За да не се повтори ова грубо пркршување на уставот некој мора да сноси одговорност пиштува во сведоштвото за Експертската комисија за расветлување на настаните од 24 декември, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

П 30

ретседателот на ЗНМ и новинар на весникот Вест, Насер Селмани во август, по барање на Екеспертската комисија за расветлување на настаните од 24 декември во Собрание, напиша изјава за настаните, во кое сведочи само за инцидентот со новинарите кога од собераниското обезбедување без никаков повод и без објаснување беа исфрлени од собраниската галерија, со што ги спречи нив да ја обават нивната професија, а на јавноста и го ускратија правото да биде информирана објакетивно за тие настани. Во сведоштвото Селмани објаснува објаснува како се обедел да го убеди собраниското обезбедување дека немаат никаков правен основ да ги ифрлат новонарите од галеријата. “Ги убедував дека никој нема право да не избрка од галеријата без одлука на Собрание со која ќе се затвори седницата за јавност. Реков дека ќе излеземе веднаш штом и пратениците ја напуштата салата, но додека пратениците се во салата, од опозицијата околу говорницата,

а од власта седнати на нивните места, ние сакаме да ја следиме состојбата за да можеме да известуваме за нашите редкации. Но ваквите укажувања обезбедувањето не сакаше да ги слуша“, пишува Селмани. Откако не успеал да го убеди обезбедувањето, Селмани се обидел да го реши спорот преку шефот на кабинетот на претседателот на Собранието, Марјан Маџоски, кого преку мобилен телефон го замолил да се симне во галеријата за да се разјасни ситуацијата, кој дал наредба новинарите да се ифрлат од галеријата. “Маџовски одби да дојде да се види со мене, туку почна да ми се жали дека дел од новинарите известувале непрофесионално околу седницата за буџетот. Јас му посочив дека ако Собранието има забелешка за известувањето на некој од колегите треба да ги демантира тие наводи, меѓутоа не може за еден новинар, да ги изфрлат сите новите од галеријата“, пишува Селмани. Како последен обид да се избегне инцидентот со новинарите, Селмани се обидел да го добие преку мобилен


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

РИ

кријат исфрлањето

телефон пратеникот Илија Димовски, за да го замоли да интервенира, но тој не му кренал. “Од галерија довикував и замовил друг пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да му пријде и да му каже на Димовски дека го барам за да му кажам нешто. Тој му пријде, препоставувам дека му ја пренесе пораката од мене, но тој не ја сврте главата за да чује што сакам да му кажам“, пишува Селмани во изјавата до Експертската комисија. Тој исто така го опишува и моментот кога новинарите беа исфрлени од галеријата. “Ми пријдоа пет припадници на обезбедувањето и насилно ме изнесоа од галеријата. На ист начин и други колеги беа изнесени од галеријата“, се потсетува на настанот Селмани. Кога обезбедувањето го зголеми притисокот врз новинарите да ја напуштат галеријата, на вратат на галеријата се појавил Мисовски, кој побарал од обезбедувањето да ги остават на мира новинарите. “Јас гласно му реагирав на пратеникот Мисовски дека не ни е потребна неговата помош и го замолив да си замине, по што тој навистина

се повлече“, се потсетува Селмани. Освен тоа, тој објаснува дека откако новинарите беа исфрлени од галеријата случувањата во салата не можеле да ги следат од прес центарот бидејќи на тамошните монитори не се пренесуваше ништо од случувањата во салата. “Во тоа лично се уверив бидејќи откако бев исфлен од галерија се упатив кон прес центарот за да видам дали ќе можам да следам што се случува во салата преку камерите, но тие не ја пренесува атмосферата внатре во салата“, се сеќава тој. Според него, единствената причина што новинарите беа исфрлени од галеријаа беше да не сведочат за насилното изфрлање на пратениците на опозицијата од салата за седнци. “Овој преседан не смее да стане правило во Македонија. Некој мора да сноси одговорност за тоа затоа што тој ден грубо беше прекршен уставот, која гарантира слобода на изразвање и информирање“, заклучува на крајот на неговото сведочење првиот човек на ЗНМ.

31


РЕШЕНА ПРЕТСТАВКАТА НА УСТАВНИОТ СУД

Прекршен е Кодексот во известувањето за педофилите

С

32

оветот на честа, во текот на јули го разгледа и се изјасни за претставката на судии на Уставен суд во врско со известувањето на неколку медиуми за оспорувањето на дел од Законот за регистар на педофилите. “Посочените написи и прилози за оспорувањето на дел од Законот за регистар на педофилите од страна на Уставниот суд на Република Македонија во неделникот Република, ТВ Сител, весникот Вечер и порталите Курир и Пресс24 кршат професионални стандарди во новинарството и го нарушуваат етичкото однесување. Има елементи и на злоупотреба на професионалната позиција на новинарот врзана со привилегијата на обраќање кон јавноста и формирање на јавно мислење“, се изјасни Советот на честа на ЗНМ. Во објаснувањето Советот на честа ги евидентира прекршувањата на Кодексот. Според нив, во текстот објавен во неделникот “Република“ бр.37 година II петок, 17 мај 2013 година, под наслов “Педофилите во тајност, судот на удар на целата јавност“ прекршени се чл.1, чл.5, чл.7 ст.1, чл.10, чл.11, чл.13, чл.15 и чл.16 од Кодексот на новинарите на Македонија. “Авторот ја искористува податливоста на темата која природно буди интензивна реакција и емоција, па го пренасочува негативното чувство по однос на самото кривично дело кон личностите на судиите а и Судот како институција, обидувајќи се да ги оцрни и во политичка конотација“, стои во мислењето на Советот. Сличен став Советот застапува и за известувањето на ТВ Сител и порталите Курир и Пресс 24. Овие медуми место да се занимават со темата имплицираат партиска инволвираност и влијание на судиите обелоденувајќи кој судија како гласал со намера да предизвика нивна јавна осуда. Медиумите непримерно се бавеле со личните биографии на одредени судии (семејни прилики, процес на номинација и избор за Судија на уставен суд, кој со кого е близок, во кое тело претходно членувал и сл), имплицирајќи дека тоа се причините

Советот на честа на ЗНМ констатираше прекршување на Кодексто на новинари во известувањето на неколку медиуми за оспорувањето на дел од Законот за регистар на педофилите зошто се тврди дека тие гласале на извесен начин. Во врска со известувањето на весникот “Вечер“ од 13 мај со наслов “Уставен ги (по)милува педофилите?“, Советот констатирал прекршување на чл.1, чл.5, чл.7 ст.1, чл.10, чл.11, чл.13, чл.15 и чл.16 од Кодексот на новинарите на Македонија. “И во овој случај важат сите претходно наведени аргументи. Написот повторно имплицира дека чинот на гласањето е врзан со наводната партиска инклинација на односните судии кои во написот се тврди дека гласале за покренување на постапка, и се занимава со личните семејни состојби и карактеристики, како и професионалните одлики, што води кон сомневање за намера да предизвика јавен револт и нетрпеливост кон тие лица и кон сомневање за намера да ги повреди нивниот углед и кредибилитет“, стои во обрзложението. На крај Советот дава вредносен суд и не покренува постапка поради тоа што авторите на посочените текстови не се членови на ЗНМ.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија СРЕДБА НА ЗНМ СО ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НА ГЕРМАНИЈА

Германците заинтересирани за медиумските закони

П

ретставниците на ЗНМ, претседателот Насер Селмани и диркеторот Драган Секуловски, во почетокот на август се сретна со земеник амбасадорот на Германија во Скопје, Ханс Хелге Зандер, на која беше разговарано за вкупната состојба со слободата на медиумите во Македонија. Германскиот дипомат покажа интерес за ставоовите на ЗНМ за медиумските закони како и за слуајот на новинарот Томислав Кежаровски, кој веќе трет месец е во притвор под обвинение дека во 2008 година објавил текст каде открил идентитет на заштитен сведок. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, ги објасни причините зошто новинарите имаат негативен став кон содржината на медиумските закони предложени од владата. Тој рече дека законотите не се во согласност со македонскиот устав и меѓунардоните стандарди. Според него, законите не гарантираат слобода на изразување и слободата на медиуми, туку одредени делови можно е да се злоупотребат за замолчување на критичните гласови во медиумите. Освен тоа, тој зборуваше и за најпроблематичлните делови на законот, кои се многубројни и можат да предизвикат огромни штети ако не се коригираат. Во врска со притворот на новинарот Кежаровски објасни дека нема никаква прилина за тоа и оцени дека тој случај може да има неативен ефект врз слободата на медиумите. спроед него, продолжувањето на притворот ппокажува за безчуствителниот однос на властите кон слободаа на изразувањето. Германскиот дипломат Зендер изрази подготвеност да се продфолжи соработката со ЗНМ со цел да се надминат постојните пробоеми со кои се соочуваат новинарите и медиумите во Македонија.

На гермаскиот диполмат Ханс Зандер претставниците на ЗНМ ги презентираа нивните ставови за медиумските закони и за случајот на новинарот Кежаровски

33


ЗНМ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА САД И ОБСЕ

Странците загрижени за медиумските закони

Н

34

а средбата со новиот советник на американската амбасада Валери А. Колби претседателот на ЗНМ Насер Селмани и директорот Драган Секуловски разговараа за состојбата со слободата на медиумите и слободата на изразувањето во Македонија, посебно за медиумските закони, кои се во собраниска процедура. Селмани и Секуловски оценија дека состојбата со слободата на изразување се влошува за што потврдуваат и последните законски проекти на владата. Според нив, овие закони не само шт не ги решават проблемите со медиумите, туку уште повеќе ќе ја влошат тоа. Според нив, најдобро решение би било Предлог законот за медиуми да се повлече, а Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се корегира согласно сугестиите и забелешките на домашните и странските организации и иснтитуции. Претставниците на ЗНМ ја изнесоа и нивната загриженост за случајот на новинарот Томислав Кежаровски, кој скоро три месеци е во притвор поради новинарски текст објавен пред пет годии, во кој наводно го откривал идентитетот на заштитен сведок. Тие тврдеа дека не сакат да го прејудицираат исходот од судскиот процес, но сметаат дека нема објаснува зошто новинарот Кеаровски треба да остане во притвор. Новиот советник се заблагодари за разговорот и се заложи блиската соработката со претставниците на ЗНМ да продолжи и во иднина. Во истиот период претседателот на ЗНМ, Насер Селмани имаше средба и со советникот на високиот претставник на ОБСЕ за слободата на изразувањето Дуња Мијатовиќ, Денис Јазиџи. Селмани и Јазиџи разговараа за најактуелните прашања кои ги засегаат новинарите и медиумите во Македонија, како што се медиумските закони и случајот со новинарот Кежаровски. Тој

Претставниците на ЗНМ во текот на месец август се сртнаа со советникот за односи со јавност во американската амбасада во Скопје, и со советникот на Претставникот за слободата на медиумите на ОБСЕ, Денис Јазиџи. се заблагодари на Дуња Мијатовоќ за досегашниот придонес за заштитатат на слобидата на медиумите во Македонија и изрази задоволство од досегашната сорабтка. Селмани рече дека ЗНМ не ги поддржува овие закони затоа што тие не ги решваат изворите на кризата во медиумите, а тоа се владините кампањи и донациите на медиумите за политичките партии за време на изборната кампања. Јазиџи ја изрази загриженоста на Мијатовиќ за содржината на законите за медиуми и за продолжениот притвор за Кежаровски. Таа рече дека ќе ги продолжат напорди да ја убедат маедонската влада да ги прифати забелешките на новинарите и да се одлободи од притов Кежаровски.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Иницијатива на Регионалниот центар од Штип

Н

а 13 јули 2013 во Виница на иницијатива на Регионалниот центар од Штип, во согласност со годишната програма на ЗНМ беше организиран настан на тема: „Подобрување на соработката помеѓу новинарите од регионалните и локалните медиуми со претставници на општитните“. На настанот учествуваа дваесетина новинари од штипскиот регион претставници на регионални и локални електронски и пишани медиуми но и неколку дописници на национални медиуми како и портпаролите на општините на Штип, Делчево, Кочани, Пробиштип и Виница. Средбата овозможи запознавање помеѓу новинарите и портпаролите кои неодамна се именувани од страна на градочалниците на тие општини. Новинарите на настанот го изразуваа своето задоволство но и незадоволство за соработката со одредени општини и беше разговарано како во иднина да се зголеми транспарентноста на работењето на општините и да се подобри взаемната соработка. Еден од заклучоците беше дека опш-

тините треба да имаат еднаков третман спрема сите медиуми кога станува збор за платени програми како што се кампањи и огласи. Многу е важно општините да немаат селективен пристап до одредени медиуми кога сакаат да комуницираат со граѓаните и да ги почитуваат сите новинари. На состанокот беше заклучено и дека ќе се формира работна група која ќе има за обврска да се сретне со градоначалникот на Делчево со цел да се надминат одредени недоразбирања кои постојат со дел од новинарите. Дел од присутните изразија желба во иднина ЗНМ да организира почесто едукативни настани и тоа на специфични теми како што се новинарска писменост, интернет медиуми и сл. На состанокот од ЗНМ присуствуваа Драган Секуловски, Директор на ЗНМ и Ердем Ахмет, Член на УО на ЗНМ а беше организиран со поддршка на Регионалниот координатор на Штип, Иван Бојаџиски. Во наредните месеци слични настани ќе се организираат и во останатите пет регионални центри.

35


Оваа публикација беше овозможенa во рамките на програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на ЦИРа и SDC


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.