Bilten znm nov dek 2013 mk

Page 1

БИЛТЕН БРОЈ 16

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


Издава: Здружение на новинарите на Македонија, Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје;

Содржина Интернет порталите не се регулираат со закон Нема потреба за закон за медиуми

Тел: (+3892) 3298-139;

ЕУ и САД: Напредок кон редовен дијалог со новинарите

Факс: (+3892) 3116-447,

ЕУ и САД помагаат за враќање на дијалогот со новинарите

E-mail: contact@znm.org.mk

Поддршка за формирање на Советот на етика

Дијалог после повлекување на медиумските закони

Совет на етика за поголема слобода и етика во медиумите

Гутиерез: Опаѓа слободата на говорот во Македонија Уставниот суд да се изјасни за бркањето на новинарите

6 8 10 12 14 16 18 20

ЕФН повикува на мобилизација на новинарите

21

Задоволство што Кежаровски се врати дома

22

Селмани: 2013 лоша година за слободата на говорот

24

Шурман: 2014 година на предизвици и можности

26

Новинарот Куќи не е член на ЗНМ

27

Назадува слободата на изразувањето во Македонија

28

Владата да прифати суштински забелешки на ЗНМ

30

Канаѓаните заинтересирани за случајот на Кежаровски

31

Поддршка за корекција за медиумските закони

32

ЕУ бара отчет за владините кампањи

33

Директорот на ЗНМ на консултативна средба во Брисел

34

Советот на Европа загрижен за слободата на медиумите во Македониј

2

3

35


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ДЕЛУМНА СОГЛАСНОСТ ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА МЕДИУМИ

ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИТЕ

Т А А Р И Л У Г Е Р Е НЕ С СО ЗАКОН

3


З 4

дружението на новинарите на Македонија на 20 декември после долги консултации посредувани од меѓународниот фактор постигна делумна согласност со Владата околу законите за медиуми. Во писмената согласност Владата се обврза да прифати три од седум забелешки на ЗНМ. “Владата и ЗНМ се согласни интернет порталите да се изземат од законот

И покрај согласноста, останаа разликите за медиумските закони меѓу ЗНМ и Владата околу регулацијата на печатените медиуми, законското уредување на владините кампањи, дефиницијата новинар и казнените одредби

за медиуми”, стои во писмената согласност. Втора забелешка околу што се согласија двете страни беше и преставувањето на новинарите во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тоа значи дека ЗНМ ќе член во новата Агенција за медиуми. Владата се согласи да го појасни членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги , кој се однесува на посебните забрани . “Секое ограничување на содржина во


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

медиумите да биде во согласност со судската пракса на Европскиот суд за човекови права”, стои во текстот на согласноста. Овие забелешки владата се обврза да ги спроведе веднаш преку амандманска интервенција по донесувањето на двата закана. “Измените по скратена постапка Собранието се очекува да ги усвои до крајот на јануари 2014 година”, се предвидува во согласноста. Во врска со Македонската радио-телевизија, владата прифати во период од шест месеци во консултации со ЗНМ да се изнајде решение за зајакнување на независноста на јавниот сервис. Тоа пред се однесува на обезбедување соодветно законско решение кое ќе овозможи независен и стабилен извор

на финансирање на Македонската радио-телевизија, што е предуслов за институционална автономија на јавниот сервис и соодветна структура на хиерархиска поставеност на органите на МРТ. И покрај делумната согласност, Владата и ЗНМ не успеаја да ги надминат останатите разлики околу законите за медиуми. “Владата и ЗНМ немаат согласност за делот на законот со регулацијата на печатените медиуми, законското уредување на владините кампањи, финансиската поддршка за националните радиодифузери за домашната играна и документарна продукција, дефиницијата новинар и казнените одредби”, стои во писмената согласност.

5


ЗНМ ОСТАНУВА НА ЗАБЕЛЕШКИТЕ ЗА МЕДИУМСКИТЕ ЗАКОНИ

З

6

дружението на новинарите на Македонија веднаш по објавувањето во јавност на содржината на делумната согласност со Владата за законите за медиуми објави соопштение во кое ја објасни содржината на согласноста. ЗНМ соопшти дека освен за трите прашања за кои има согласност, остануваат сите други разлики кои дотогаш постоеја меѓу ЗНМ и Владата. “ЗНМ останува на ставот дека нема потреба за донесување на закон за медиуми, иако драстично се намалени обврските за печатените медиуми само на потребата за објавување на импресум и сопственичката структура и заштита од порнографија. ЗНМ смета дека закон за медиуми во услови кога Македонија рапидно паѓа на ранг листите на реномираните меѓународни организации за слободата на медиумите е апсолутно неприфатливо“, соопшти ЗНМ. Здружението смета дека не може да се прифати печатените медиуми да имаат обврска да објавуваат импресум кога веќе тоа го прават речиси сите весници, како и дека не може владата да бара транспарентност за сопственичката структура на весниците кога таа самата нетранспарентно троши пари во медиумите. “Крајно непотребно е да им се наметнат обврски на печатените медиуми кога тие се соочуваат со сериозни предизвици за опстанок на пазарот“, оцени ЗНМ. Во соопштението ЗНМ нагласува дека не се согласува со концептот за формирање на Агенцијата за медиуми и со решенијата за Македонската радио-телевизија, посебно делот на предлагање на кандидати за членови на Советот на Агенцијата и на Програмскиот совет на МРТ, отсуството на одржливо финансирање и транспарентност во работата на овие институции . “Сметаме дека овие делови во законот не се во согласност со препораките и стандардите воспоставени од Советот на Европа и ние ќе продолжиме да ги спориме“, се додава во соопштението. ЗНМ, исто така, не го прифаќа објаснувањето на владата која одбива да расправа за регулирање на начинот како се трошат јавни пари за владините реклами. Со овој закон треба да се обезбеди транспарентност во трошењето на јавните пари,

Трошењето на нетранспарентен начин на јавни пари во комбинација со високи казни покажува дека власта кон медиумите применува политика на морков и стап, смета ЗНМ ќе се дефинира поимот што е кампања од јавен интерес и ќе се предвидат критериуми за распределба на кампањите. здружението се противи владата на членот 92 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои предвидува владата да издвои средства од буџетот за финансирање на домашна продукција за играна и документарна програма на националните телевизии “Ние сме убедени дека дополнителното трошење на јавни пари во приватните национални радиодифузери, е дополнителен механизам со кој владата ќе влијае на уредувачката политика на овие медиуми. Ако владата сака да ја поттикне домашната продукција, тие пари треба да ги даде во јавниот сервис, а не во приватни компании, кои секоја година остваруваат милионски профити“, стои во соопштението.

НЕМА ЗАКОН


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ЗНМ останува на ставот дека нема никаква потреба за дефинирање на професијата новинар бидејќи со тоа на заобиколен начин се лиценцираат новинарите. ЗНМ не се согласува со висината на казните за медиумите, кои се екстремно високи и непропорционални и со што негативно ќе се влијае на работата на медиуми и ќе поттикнуваат самоцензура. “Трошењето на нетранспарентен начин на јавни пари во комбинација со високи казни покажува дека владата во однос на медиумите применува политика на морков и стап. Послушните медиуми ќе ги наградува, а непослушните ќе ги казни. За ЗНМ ваквиот однос кон медиумите е крајно недемократска практика, со која се загрозува слобо-

дата на изразувањето и слободата на медиумите“, оценува ЗНМ. На крај Здружението потсетува дека го задржува правото да продолжи јавно да ги спори лошите решенија во законите и да бара од владата да ги подобри. “Одговорноста за лошите решенија во понудените закони е само на владата, а наша одговорност како Здружение е да предупредуваме за евентуалните негативни ефекти од нивната примена и да понудиме решенија за подобрување на текстот на законите. Ние ќе ја следиме примената на законите и за секој негативен ефект врз нивната работа ќе реагираме и ќе ја информираме домашната и светската јавност“, заклучува ЗНМ.

А ПОТРЕБА ЗА ЗА МЕДИУМИ

7


МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР СО ПОДДРШКА ЗА СОГЛАСНОСТА НА ВЛАДАТА И ЗНМ ЗА МЕДИУМСКИТЕ ЗАКОНИ

ЕУ И САД: НАПРЕДОК КОН РЕДОВЕН ДИЈАЛОГ СО НОВИНАРИТЕ

Д 8

ипломатските претставништва на Делегацијата на Европската комисија и на Соединетите американски држави во Македонија на 21 декември ја поздравија постигната делумна согласност меѓу Здружението на новинарите и македонската влада за медиумските закони, со кои владата се согласи да ги остави надвор од регулација интернет порталите и да обезбеди место за новинарите во Агенцијата за медиуми. Во заедничко соопштение Делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД ги поздравуваат ве-

стите дека Владата и новинарите постигнале согласност со цел да ги придвижат работите натаму во однос на нацрт-медиумските закони. “Ова следува по напорните консултации за овие законски акти. Се надеваме дека ова ќе го поплочи патот за редовен дијалог во однос на сите прашања кои ги засегаат медиумите, а кои се нагласени во Годишниот извештај на ЕУ и со тоа ќе придонесат кон создавање клима на доверба“, стоеше во заедничката изјава на делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД во Македонија ден по постигнување на согласноста.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ИНТЕНЗИВНИ КОНСУЛТАЦИИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕУ И САД

ДИЈАЛОГ после

повлекување на медиумските закони ЗНМ обновувањето на дијалогот со владата го услови со повлекување на медиумските закони од собраниска процедура и амнестија на новинарот Томислав Кежаровски

9


В

10

о текот на месец ноември и првата половина од декември 2013 година претставници на Здружението на новинарите на Македонија на неколку наврати се сретнаа со претставници на Делегацијата на Европската комисија во Скопје и претставници на американската амбасада со кои разговараа за забелешките на ЗНМ за медиумските закони и можноста за обновување на дијалогот на новинарите со Владата. На овие средби претседателот на ЗНМ Насер Селмани и директорот Драган Секуловски ги објаснуваа позициите и забелешките на ЗНМ за медиумските закони, кои во исто време беа и забелешки на меѓународните експерти, кои во името на Советот на Европа и на ОБСЕ изготвија експертиза за законот за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Претседателот Селмани инсистираше како предуслов за обновување на дијалогот, владата прво да ги повлече медиумските закони од собраниска процедура за да може во нормална атмосфера и без притисоци да се разговара за подобрување на текстовите на законите. Освен тоа, бараше и амнестија на новинарот Кежаровски, осуден со четири и пол години затвор за наводно откривање на идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство. Селмани тврдеше дека ако владата сериозно е заинтересирана да го обнови дијалогот со новинарите тогаш треба да ги повлече медиумските закони и треба да го амнестира Кежаровски. Со тоа ќе покаже дека има искрени намери и дека сака да го смени односот кон новинарите и медиумите и да работи на подобрување на состојбата со слободата на говорот и слободата на медиумите. Според него, секое обновување на дијалогот со владата без да се гарантира исходот на тие разговори ќе биде само губење време и ќе се наруши кредибилитетот на ЗНМ. Селмани им објасни на претставниците на ЕУ и САД дека последната верзии на двата медиумски закони содржат уште порестриктивни решенија од претходните. После долги консултации, претставниците на меѓународниот фактор побараа од ЗНМ да изготви нонпејпер каде ќе ги испорача главните забелешки во врска со медиумските закони, а тие ќе се обидат да ја убедат владата да ги прифати нив.

ЗНМ со осум забел Првата забелешка на ЗНМ беше можната позиција на Агенцијата за медиуми и нејзиниот состав кои не гарантираат независност, а членот 29 дополнително ја усложнува состојбата затоа што отвора можност на Агенцијата да се меша во работата на печатените и интернет медиуми, а со тоа да влијае и на нивната содржина. барањето на ЗНМ беше владата да го повлече законот за медиуми затоа што немам никаква потреба за регулација на печатените и интернет медиуми. Втората забелешка на ЗНМ беше околу казнените одредби кои во новата верзија на законот се предвидуваат фиксни казни за медиуми, од пет односно десет илјади евра до 10 односно 20 илјади евра. ЗНМ аргументираше дека казните се непропорционални и дека ако не се намалат постои опасност медиумите да ја омекнат уредувачката политика од страв дека ќе бидат казнети со високи казни поради евентуалните прекршоци. Освен тоа, ваквите касни можат да доведат и до затварање на помалите медиуми, кои не се во можност да плаќаат така драстични казни. Затоа ЗНМ побара казните да се намалат на пола и да нема најнизок износ на казна, туку да биде од нула до одреден износ. Со тоа Агенцијата и судот ќе имаат можност да изрекуваат соодветни казни соодветно на направениот прекршок и моќта на медиумот, а не законот да наметне унифицирани најниски и највисоки казни. Третата забелешка на ЗНМ се однесуваше на членот 48 од Законот за медиуми, во кој се утврдуваат основите, како


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

лешки за медиумските закони што се закана по националната безбедност, повикувањето на насилно рушење на уставниот поредок, повикување на агресија, повикување на дискриминација, интолеранција и говор на омраза врз основа на раса, сексуална определба, вера и националност, врз кои во иднина ќе може да се ограничат медиумски содржини. Интервенцијата на ЗНМ беше да се додаде нов став на постојниот член во кој ќе се појасни дека секое ограничување на медиумска содржина ќе може да се направи согласно праксата на Европскиот суд за човекови права. Бришењето на дефиницијата новинар беше четврта забелешка на ЗНМ за која нема никаква потреба, затоа што може да биде искористена за заобиколно лиценцирање на новинарите. Корекцијата на членот 11 од законот за медиуми кој му дава можност на владата да фаворизира одредено новинарско здружение при предлагање на членовите на Советот на Агенцијата за медиуми и за Програмскиот совет на МРТВ. Владата не само што не ги прифати забелешките на ОБСЕ во овој дел, туку во најновата верзија на законот отиде уште еден чекор понатаму со тоа што во членот предвиде основ за пребројување на членството на новинарските здруженија во обид да се утврди која од нив е мнозинско. ЗНМ аргументираше дека ваквата одредба е неуставна бидејќи му овозможува на владата да се меша во слободното здружување

на новинарите. затоа беше побарано овој член да биде избришан. Изборот на членовите на Советот на Агенцијата за медиуми и на Програмскиот совет на МРТВ со двотретинско мнозинство во Собрание беше шеста забелешка на ЗНМ. Ваквото решение НМ го правдаше со потребата да се постигне надпартиски консензус во Собранието на република Македонија, со цел да се поттикнат овластените предлагачи да номинираат во Советите докажани професионалци, прифатливи за најголем дел од парламентарните партии. Седмата забелешка на Здружението се однесуваше на начинот на финансирање на МРТ, особено се противевме јавниот сервис да се финансира од донации од владата. Место тоа се предлагаше МРТ да се финансира од радиодифузната такса, а преостанатиот дел од буџетот на Република Македонија. Регулацијата на владините кампањи беше последно барање на ЗНМ, со која инсистиравме да се донесе посевно законско решение со кое ќе се зголеми транспрентноста на трошењето на јавни пари во медиумите и ќе се предвидат критериуми врз кои ќе се распределат кампањите. ЗНМ објасни дека со јавни пари владата ја поткупува уредувачката политика на медиуми, ги наградува провладините, а ги казнува критичките медиуми.

11


РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗНМ СО АМБАСАДОРИТЕ НА Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека комуникација со Владата има, но проблемот е што не се разбираме затоа што е изгубена довербата меѓу нас

ЕУ и САД по на дијалог

П

12

ретставници на ЗНМ кон крајот на ноември во просториите на делегацијата на Европската комисија во Скопје се сретна со амбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Пол Волерс, на која беше разговарано за медиумските закони и можноста да се врати довербата меѓу новинарите и владата. Амбасадорите Орав и Волерс се понудија да организираат неформален ручек меѓу претставниците на ЗНМ и владата, на која ќе бидат поканети и претставниците на други новинарски и медиумски организации. Тие објаснија дека целта на неформалната средба би била да се обезбеди поволно опкружување во која ЗНМ и Владата во неформална атмосфера би разговарале за прашања од заеднички интерес, додека улогата на странскиот фактор би била само да ја набљудува дискусијата. Според нив, битно е дискусијата да биде инклузивна и тоа да се случи пред декемврискиот самиот на Европскиот совет, кога странскиот фактор има простор да влијае на владата сериозно да ги разгледа барањата на новинарите во врска со медиумските закони. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани искрено се заблагодари на напорите на амбасадорите Орав и Волерс да помогнат во подобрување на состојбата со слободата на говорот и на медиумите во Македонија. Селмани рече дека ЗНМ претставниците на ЕУ и САД во Македонија ги смета како искрени сојузници во битката за подобрување на условите за работа на новинарите и на медиуми-

те и во тоа никој во Здружението нема дилема. Селмани објасни дека нема никаков проблем да комуницира со претставниците на владата, туку очигледно е што во таа комуникација постои недоразбирање затоа што очигледно е што не постои доверба и има различни интереси меѓу нив. Тој со жалење констатираше дека ЗНМ не може да прифати таква неформална средба со претставниците на владата и со други новинарски и медиумски организации, без да се повлечат законите за медиуми од собраниска процедура за да може да се коригираат согласно забелеш-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

А ЕУ И САД

омагаат за враќање гот со новинарите

ките на новинарите и без да се амнестира новинарот Томислав Кежаровски. Селмани рече дека повлекувањето на законите и амнестијата на Кежаровски ќе помогне да се врати довербата меѓу ЗНМ и Владата и да го отвори патот на дијалогот. Претставниците на ЗНМ аргументираа дека ќе биде неможно да се прифати таква средба без да се дефинира кои се следните чекори потоа и кои се гаранциите дека таквата средба ќе донесе некаков напредок. Освен тоа, за ЗНМ беше неприфатлив и составот на учесниците на средбата бидејќи со тоа

не сакаа да го легитимира упадот на власта во организирањето и здружувањето на новинарите. Според нив, таквиот потег ќе ја поттикнеме владата во иднина да се меша не само во здружувањето на новинарите преку организирање на паралелни здруженија, туку постои опасност тоа да го применат и врз секое друго граѓанско здружување ако за тоа не им се допаѓаат нивните ставови соопштени во јавност. Двете страни се заложија да продолжат консултациите со цел Македонија да има медиумски закони според европски стандарди, кои гарантираат слобода на изразување и слобода на медиуми.

13


ФОРМИРАНО Е ПРВОТО ТЕЛО ЗА САМОРЕГУЛАЦИЈА ВО МЕДИУМИТЕ

СОВЕТ НА ЕТИКА ЗА ПО СЛОБОДА И ЕТИКА ВО

14

Основачкото собрание на Советот на етика се одржа на 19 декември 2013 година на која учествуваа над триесетина претставници на националните електронски, печатени и интернет медиуми и претставници на ЗНМ, МИМ, ССНМ и ЗПЕМ


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ОГОЛЕМА О МЕДИУМИТЕ

15


Н

16

овинарите, медиумите и невладините медиумски организации на 19 декември 2013 година го формираа првото саморегулаторно тело во медиумите, Советот за етика, кој треба да се грижи за почитување на професионалните стандарди и етика во новинарството. Одлуката беше донесена на Основачкото собрание на Советот на етика на медиуми на Македонија (СЕММ), на која учествуваа над триесетина претставници на националните електронски, печатени и интернет медиуми и претставници на Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт на медиуми, Новинарскиот синдикат како и Здружението на приватни електронски медиуми на Македонија, кое претставува над 60 регионални и локални медиуми. Во името на Иницијативниот одбор потребата за формирање на Советот на етика ја образложи претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и претседателот на Управниот одбор на Институтот за медиуми, Мирче Адамчевски. Селмани рече дека новинарите, уредниците и медиумите ја поддржуваат идејата за саморегулација во медиумите, како важен механизам за поголема слобода на медиуми преку почитување на професионалната етика и преку заштита на медиумите од сите видови на притисоци. Тој смета дека поради чувствителноста на прашањето за слободата на медиумите демократските земји место да ја регулираат работата на медиумите со закони инсистираат на изградба на саморегулаторни механизми за заштитата на јавноста од евентуалните злоупотреба на новинарската слобода. “За нас нема дилема дека без новинарска етика нема ни слобода на медиуми. слободата пред се значи одговорност. Колку повеќе ја применуваме професионалната етика, толку повеќе имаме право да се повикаме на новинарката слобода. Ова тело ќе ја заштити јавноста од евентуалните грешки, но ќе го штити и нашиот образ пред јавноста како професионалци“, истакна Селмани. Според него, телото за саморегулација ќе направи разлика меѓу медиумите што водат сметка за новинарската етика и оние што се залепени од сјајот на златниците. Саморегулацијата нема да ги реши сите проблеми во медиумите, но ќе биде јасен патоказ во кој правец треба да го бараме излезот.

Како до Советот за ет Идејата за формирање Совет на етика, кое ќе биде саморегулаторно тело во медиумите, ЗНМ го постави како приоритет во Стратешкиот план усвоен во Собранието на ЗНМ во 2011 година. Во изминатите години во ЗНМ беше формирана работна група за саморегулација, која за помалку од три години успеа ова идеја да ја реализира. Во рамките на активностите на ЗНМ прво идејата беше претставена пред новинарите во Скопје и во сите шест Регионални центри, како и пред сопствениците на медиумите и медиумските и новинарските организации. Во вториот круг на консултации работната група за саморегулација, пред новинарите и претставниците на националните и регионалните медиуми претстави конкретен модел за саморегулација, базиран на искуството на Жалбената комисија на Велика Британија, Норвешка и Босна и Херцеговина. “Овој систем ја зголемува транспарентноста на работата на медиумите и ќе не потсети дека отчет за нашата работа треба да дадеме на јавноста, не на политичките и економските моќници“, подвлече Селмани. Освен тоа, Советот за етика ќе помогне и да се подобри квалитетот на македонските медиуми затоа што ќе станеме свесни за нашите слабости, потсети Селмани. “Ако некогаш згрешиме, најпрофесионално е да го прифатиме тоа и во иднина да


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија тот за медиуми и член на иницијативниот одбор за формирање на Советот на етика, Мирче Адамчевски рече дека граѓаните, кои ќе се почувствуваат загрозени од одредено медиумско известување, ќе може да се пожалат во Советот за етика. Адамчевски потсети дека во рамките на советот ќе функционира и комисија за жалби во која ќе членуваат и претставници од граѓанскиот сектор. “Секој граѓанин, како поединец или пак компанија која ќе смета дека била мета на атак од неетичко и непрофесионално известување, ќе може да поднесе претставка до Комисијата за жалби која ќе ја разгледаме и објавиме и токму медиумот кој напаѓал ќе биде должен прв да ја објави“, изјави Адамчевски. После конструктивна расправа околу предложените кандидати за органите на Советот на Етика, Собранието ги избра членовите и замениците на Управниот и Надзорниот одбор предложени од медиумите и од Третата фаза заврши со барање поддршЗНМ како претставник на новинарите. ка од новинарите и медиумите за формиОд седум члена, во Управниот одбор како рање на Советот на етика, претставници на медиумите се избраа Марина На состаноците на работната група во Домазетовска од МПМ како претставник на печашесте регионални центри на ЗНМ притените медиуми, Билјана Трендафилова од МТВ, суствуваа над 260 новинари и сопственици Ивана Костовска од Телеграф како претставник на медиуми, а во Скопје беа организирани на интернет медиумите и Сашо Митановски од 23 состаноци со сопственици и менаџери ЗПММ како претставник на регионални медиуми. на национални електронски и печатени меПо предлог на ЗНМ, Собранието за членови на Упдиуми, како и со директорите и уредниците равниот одбор ги изгласа Исуф Кадриу од Алсат-М, на јавниот сервис, Македонската радиоКатерина Синадиновска од Капитал и Драган Антелевизија. Во рамките на проектот беше тоновски од интернет порталот Локално.мк. изготвен и статутот на Советот за етика и Собранието исто така ги избра и членовите се изработени осум нацрт-процедури за рана Надзорниот одбор на СЕММ во кој тројца члеботата на Советот. Формирањето на Совенови се од претставници на медиумите и двајца тот на етика беше помогнат од Норвешката од ЗНМ. Како претставници на медиумите во ова и Британската амбасада во Скопје, како и тело се избрани Горан Гаврилов од Канал 77, Соња од швајцарската агенција за развој, на кои Маџоска од Утрински и Семи Мемети од Алмакос, искрено им се заблагодаруваме за поддодека претставници на новинарите предложени дршката. од ЗНМ се Зоран Фиданоски од ТВ Алфа и Александар Димковски од Нова Македонија. Делегатите ги усвоија Статутот и правилнициотвориме четири очи да не ги повториме истите те за работа на СЕММ. Во наредниот период Упгрешки“, повика тој. На крај, Селмани рече дека колку посилни са- равниот одбор со консензус треба да ги избере морегулативни механизми во медиуми, толку по- членовите на Жалбената комисија која во иднимала законска регулација ќе имаме. “денеска са- на ќе одлучува за жалбите на граѓаните. Комисикаме да пратиме порака дека не ни треба закон јата ќе биде составена од седум членови од кои за медиуми затоа што ние самите сме кадарни двајца новинари ќе номинираат сопствениците на да ги средиме нашите односи и да воспоставиме медиумите, двајца ЗНМ а за изборот на тројцата претставници на јавноста ќе биде објавен јавен правила на игра во новинарството“, заклучи тој. Претседателот на Управниот одбор на Институ- оглас.

тика на медиумите?

17


СЕДНИЦА НА НОВИНАРСКИОТ ФОРУМ НА ЗНМ

Поддршка за формирањ

Членовите на Новинарскиот форум го повикаа раководството на ЗНМ да не преговара со владата додека таа не ја промени односот кон новинарите и медиумите

18

Новинарскиот форум на ЗНМ, во кој членуваат искусни и истакнати новинари и уредници кон средината на ноември одржа седница на која се расправаше за процесот на формирање на саморегулаторно тело во медиумите и постапката за донесување на медиумските закони. После плодна расправа Форумот ја поддржа идејата за формирање на Советот на етика во медиумите, како прво саморегулаторно тело, кое треба да се грижи за зајакнување на примената на професионалната етика и слободата на медиумите. членовите на форумот сугерираа да се води сметка за начинот на изборот на членовите на управните органи на Советот со цел да се обезбеди поголем легитимитет на телото. Освен тоа, форумот побара од раководството на ЗНМ да биде консултирано пред какво било разговори со владата. Во врска со подготовките за свикување на основачко собрание на Советот на етика, претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги информираше членовите на Форумот дека поддршката на медиумите за формирање на телото е големо, со Исклучок на некои национални медиуми. “Без разлика колку медиуми ќе го поддржат процесот, ние имаме обврска да го основаме Советот за етика за да ги заштитиме

медиумите од притисоци, но и граѓаните од неодговорни новинари“, подвлече Селмани. Тој оцени дека Советот треба да се формира што е можно побрзо за да се има подобри позиции во врска со медиумските закони. Мирче Адамчевски, изрази задоволство што ќе се формира Советот за етика, а посебно ја истакна поддршката што за ова тело ја дават Здружението на регионални електронски медиуми кои застапуваат над 60 регионални медиуми.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ње на Советот на етика

Александар Чомовски постави одредени дилеми околу начинот на формирањето и работата на идниот совет и ја истакна важноста во рамките на телото да се вклучи и јавниот сервис, без кој телото нема да го има потребниот кредибилитет. Новинарот Бранко Геровски сметаше дека во органите на Советот треба да се вклучат и газдите на медиумите за да може да се спроведат одлуките што ќе се донесат. Тој рече дека постои опасност медиумите што нема да го

подржат советот на етика да формираат паралелен совет. Некои од колегите побара да се објасни разликата меѓу Советот на етика и Советот на честа на ЗНМ, како и за финансирање на Советот. Претседателот на ЗНМ Селмани објасни дека Советот на честа на ЗНМ реагира на прекршување на етичкиот кодекс од новинарите, додека Советот на етика ќе реагира на прекршувањата од медиумите и медиумите ќе мораат да ги прифаќаат и објавуваат одлуките на советот. Таква обврска медиумите нема кон одлуките на Советот на честа на ЗНМ. Зоран Фидановски рече дека ја разбира потребата за брзање со формирање на Советот, но изрази сомнеж да не се направи грешка и да не им се даде алиби на одреди медиуми да го саботираат Советот. За претседателот на Новинарскиот форум Сашо Ордановски, брзањето е разбирливо затоа што притисоците врз медиумите ќе растат секојдневно и секое ново независно тело што би се занимавало со заштитата на стандардите во професијата е добредојдено. “Да не заборавиме дека ЗНМ е една од ретките организации која со својата упорност и принципиелност е реален проблем на власта во спроведување на лошите политики во медиумите“, рече Ордановски. Во дебата за постапката за донесување на медиумските закони претставниците на ЗНМ ги информираа членовите на форумот дека ЗНМ е изложено на секакви притисоци да го продолжи дијалогот со владата. “Имаме комуникација со владата, но нема договор за формата на дијалогот. Имаме идеја да разговараме со однапред утврдени точки“, соопшти Селмани. Членовите на форумот изразија поддршка на раководството на ЗНМ да истрае на досегашните позиции да не се преговара со владата додека не се промени нејзиниот однос кон новинарите и медиумите.

19


ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА НОВИНАРИТЕ НА

Гутиерез: опаѓа слободата

Г

20

енералниот секретар на Европската федерација на новинарите (ЕФН) Рикардо Гутиерез на 27 ноември пристигна на дводневна посета во Македонија на покана на Здружението на новинарите на Македонија и на Синдикатот на новинарите и медиумските работници. Целта на посетата на генералниот секретар на ЕФН Гутиерез беше да се информира за состојбите со слободата на говорот и слободата на медиумите во Македонија, како и за последните случувања околу донесувањето на медиумските закони и судскиот процес против новинарот Томислав Кежаровски. Тој дојде во Скопје да им изрази поддршка и солидарност во името на европските новинари за ЗНМ и ССНМ во напорите да се заштитат правата на новинарите. Освен тоа, Гутиерез дојде во Скопје да изрази поддршка на членките на ЕФН, ЗНМ и ССНМ во напорите да се заштитат правата на новинарите и правото на говор во Македонија. Во рамките на посетата, освен разговорите во ЗНМ и ССНМ Гутиерез имаше средба и вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Слободата на изразување во Македонија е во опаѓање и тоа сериозно не загрижува, порача генералниот секретар на Европската федерација на новинари на прес конференција по средбата со Бесими и Ивановски. „Забележуваме извештаи кои покажуваат дека опаѓа слободата во Македонија и многу организации се согласуваат со тоа, Европската унија, Стејт департментот, невладините организации Фридом хаус и Репортери без граници, како и нашите членки во земјава ЗНМ и ССНМ. Ситуацијата според извештаите напредува во Србија и во Хрватска, а во Македонија опаѓаат слободите. Владата треба и може да влијае на тоа. Таа може да изигра улога за да не се користи рекламирањето како алатка за цензура“, рече Гутиерез.

Генералниот секретар на ЕФН Рикардо Гутиерез смета казната затвор за Кежаровски е скандалозна, а владините реклами го загрозуваат плурализмот на медиумите


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ПОСЕТА ВО МАКЕДОНИЈА

на говорот во Македонија

Според него, одлуката на скопскиот суд со која Кежаровски беше осуден на четири и пол години затвор е неразбирлива и скандалозна. „Вчера се сретнав со новинарот Томислав Кежаровски, се разбира во неговиот дом. Забележав дека е многу силен и дека има верба и верувам дека е тоа така зашто знае дека е невин. Им кажав на министрите Фатмир Бесими и Иво Ивановски дека со такви обвиненија во Европа не би смеело да се затвори новинар. Ме изненади неговата силина и верба, верувам дека е тоа затоа што е невин “, рече Гутјерез. Гутиерез посочува дека Македонија и Турција се единствените земји во Европа во кои

има затворени новинари. Дополнителна точка за загриженост е недостигот на плурализам во Македонија, која се должи делумно и на владините кампањи. “Ги замолив Ивановски и Бесими да го споделат Извештајот што го напишаа и го доставија до Европската комисија за тоа каде се емитуваат владините кампањи. Таа информација не е само право на новинарите, туку и на сите граѓани на Македонија”, истакна Гутјерез. Тој ги критикуваше медиумските закони предложени од Владата, а министерот Иво Ивановски признал дека има простор за подобрување на медиумското законодавство. “Тоа не беше лесен разговор, но на крајот Ивановски призна дека се уште има простор за подобрување на законот за медиуми. Му кажав дека медиумските закони не треба да се пишуваат против новинарите, туку заедно со нив, со директно учество на новинарите. Министрите ја прифатија сугестијата дека може да се направат подобрување во законите, а Ивановски рече дека е спремен да разгледа конкретни идеи. Тој додаде дека прифаќа дека интернет медиумите и печатот треба да се саморегулираат, но истакна дека сопствениците не сакаат саморегулација”, рече Гутјерез. Тој збореше и за неспроведување на Законот за работни односи, што негативно се одразува на социјалните права на новинарите. „ Загрижени сме и за притисокот врз поедини новинари. Знаеме дека многу новинари во Македонија работат без договори, без осигурување, без платен годишен одмор, без право на боледување и сето ова мора да се промени,“ порача Гутиерез. Европската федерација на новинарите е најголема новинарска организација во Европа и претставува повеќе од 300 000 новинари од над 39 европски земји. Македонските новинари во ЕФН како членки ги претставуваат ЗНМ и ССНМ.

21


ЕДНА ГОДИНА ПО НАСТАНИТЕ ОД 24 ДЕКЕМВРИ ВО СОБРАНИЕ

Уставниот суд да бркањето на нови П

22

омина една година откако новинарите насилно беа спречени да ја следат собраниската седница на која се носеше буџетот за 2013 година, а Уставниот суд уште не расправал за иницијативата на ЗНМ во кое се бара интервенцијата на собраниското обезбедување против новинарите да го прогласи за прекршување на слободата на изразувањето. Една година потоа Здружението на новинарите изрази жалење што и покрај очигледното прекршување на уставот кој гарантира слобода на изразување и информирањето, а сеуште никој не понел политичка одговорност, ниту има правна разврска на случајот. “ЗНМ во февруари годинава поднесе иницијатива пред Уставниот суд, во кое побара од највисоката институција задолжена за заштита на уставниот поредок во земјата, да се изјасни дали со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија е повреден уставното начело за слобода и право на јавно изразување на мислата. И покрај тоа што изминаа десет месеци од поднесување на претставката, Уставниот суд уште не се изјасни”, потсети на прес конференција претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Селмани изрази верба дека Уставниот суд на една од наредните седници ќе ја разгледа иницијативата на ЗНМ и ќе донесе правична одлука. Тој рече дека Анкетната Комисија за расветлување на инцидентите од 24 декември во Собрание утврдил дека имало прекршување на уставот во случајот со новинарите, но пропуштил да утврди политичка одговорност за лицето кој нареди тие да се исфрлат од галеријата. Според него, веднаш после инцидентот ЗНМ по-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

а се изјасни за инарите

Претсетдателот на ЗНМ Насер Селмани оцени дека утврдување одговорност за инцидентот со новинарите од 24 декември ќе спречи идни прекршување на Уставот

бара од сите одговорни институции во рамките на нивните надлежности да утврдат одговорност за овој скандал, кој негативно влијаеше на имиџот на Македонија во светот. ”МВР се одгради од одговорност тврдејќи дека само ги спроведувал одлуките на спикерот на Собранието, а спикерот одговорноста за исфрлањето на новинарите ја префрли на собраниското обезбедување дека тоа било нивна проценка. Народниот правобранител се повика на Законот за народен правобранител, во кој се вели дека тој нема право да постапува против органот што го избира”, рече Селмани. Селмани потсети дека целиот државен врв изразил жалење заради исфрлањето на новинарите од галеријата, но сите наредни постапки на државните институции не го демонстрираа ова расположение. ”Ако државните институции избегнуваат да се соочат со нивната одговорност тогаш наместо да сноси одговорност оној што наредил исфрлање на новинарите, вината ќе се префрли на државата Македонија. Сметаме дека лоцирањето на конкретната одговорност во иднина ќе спречува прекршување на уставот и ќе ја зголеми довербата на граѓаните во уставниот поредок”, заклучи тој.

23


РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕЦНИЈА НА ЕФН ЗА СОСТОЈБАТА СО МЕДИУМИТЕ

ЕФН

ПОВИКУВА НА МОБИЛИЗАЦИЈА НА НОВИНАРИТЕ

О 24

д 21 до 23 ноември 2013, Европската федерација на новинарите (ЕФН) во соработка со украинскиот синдикат организираа конференција во Киев на која учествуваа новинарски организации од Источна Европа, Балканот и Турција. На конференцијата се зборуваше за проблемите со синдикалното организирање, условите за работа на медиумските работници, нивната безбедност како и за состојбите со слободата на медиумите. За состојбите на медиумите и проблемите

со новинарите во Македонија релациите со сопствениците, контролата на пазарот, условите во кои работат новинарите како и за случајот со новинарот на Нова Македонија Томислав Кежаровски говореа претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис и Горан Трпеновски, член на Управен одбор на ЗНМ. По дводневна расправа учесниците на конференцијата ги усвоија следните заклучоци: - Најдобар начин за заштита на правата на новинарите е преку организирање во силен независен новинарски синдикат и професионални здруженија,


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА И ТУРЦИЈА ВО КИЕВ

Нема слобода на новинарството се додека медиумските работници функционираат во услови на корупција, сиромаштија и страв, заклучија учесниците на Конференцијата - Новинарските организации треба да го регрутираат своето членство меѓу сите видови работни позиции во медиумската индустрија (фоторепортери, сниматели, монтажери, продуценти), - Синдикатите мораат истовремено да работат и на професионалните и на работните права на своите членови. Нема слобода на новинарството се додека медиумските работници функционираат во услови на корупција, сиромаштија и страв, - Новинарските организации мораат да лобираат и да се залагаат за регулирање

на медиумскиот пазар, транспарентност на сопственичката структура, независност на уредувачките политики и јавните сервиси. - ЕФН се спротивставува на секој обид влезот во професијата и правото да се биде новинар биде регулирано со законски дефиниции и регулативи Конференцијата заврши со прес конференција која се одржа на Меѓународниот ден против насилството врз новинарите 23 ноември и со мирен марш низ Киев во сеќавање на убиените новинари на задача.

25


РЕАКЦИЈА НА ЗНМ ЗА УКИНУВАЊЕТО НА ПРИТВОРОТ НА КЕЖАРО

Задоволство што

И К С В О Р А Ж дома КсеЕврати

О

сновниот суд Скопје 1 на 8 ноември 2013 година ја укина мерката притвор против новинарот Томислав Кежаровски, осуден на четири и пол години затвор за наводно откривање на идентитетот на заштитен сведок во случајот Ораше. Здружението на новинари на Македонија изрази задоволство што новинарот Томислав

26

Кежаровски е пуштен од истражниот затвор во Шутка и се врати во кругот на неговото семејство. “Одлуката на Основниот суд Скопје 1 за замена на мерката притвор со домашен притвор претставува чекор напред кон подобрување на судската пракса на македонските судови кога одлучуваат за примената на оваа мерка“, се вели во реакцијата на ЗНМ.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ОВСКИ

ЗНМ очекува Скопскиот суд да ја укине мерката домашен притвор, а Апелацискиот суд во Скопје да го прогласи Томислав Кежаровски за невин Здружението очекува Судот наскоро да ја укине и мерката домашен притвор и да донесе одлука Кежаровски да се брани од слобода. “Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин. Кежаровски со објавените текстови

не се огрешил пред законот, туку открил злоупотреба на институтот заштитен сведок. Јавноста има право да биде информирана за злоупотребите на институциите што претставува највисок јавен интерес во едно демократско општество“, се вели во реакцијата. ЗНМ потсетува дека, согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права од Стразбур (ЕСЧП), затворска казна против новинар е оправдана само во случаи на говор на омраза и поттикнување на насилство. “Во случајот на Кежаровски македонските судови имаат единствена прилика да ја воведат европската судска пракса кога постапуваат за предмети поврзани со слободата на изразувањето. Со тоа Судот ќе ја избегне опасноста овој предмет да падне пред ЕСЧП и Македонија да биде осудена за прекршување на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права“ се заклучува во реакцијата.

27


НАДЗОРНА РАСПРАВА ВО ПАРЛАМЕНТОТ ЗА МЕДУМСКИТЕ СЛОБОДИ

СЕЛМАНИ:

2013 лоша година за слободата на говорот

С

28

обранието на Република Македонија кон средината на декември 2013 година организираше надзорна расправа на тема: Анализа за почитување на уставното загарантираното право на пресумпција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразувањето и медиумските слободи и правото на изразување јавен протест. На ова расправа беа повикани да сведочат пред пратениците голем број на претставници на невладиниот сектор, уредници и новинари. Еден од нив беше и претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кој на неговото кратко сведочење оцени дека 2013 година била исклучителна лоша година за слободата на изразувањето и слободата на медиумите. “За жал, Македонија продолжи рапидно да паѓа на светските ранг листи каде подолго време сме третирани како земја со делумна слобода на изразување. На листата на Репортери без граници сме на 116 место, пред нас е Нигерија, а зад нас Венецуела. Се согласуваме сите дека не сме во пријатно друштво. Лошо оценка за медиумските слободи даде и Фридом Хаус, кој по однос на слободата на медиумите не стави групата на земји со транзиционо владеење и хибридни режими“, оцени претседателот Селмани. Тој рече дека некој може извештаи да ги

Претседателот на ЗНМ порача дека без европски медиумски закони и без слобода за новинарот Томислав Кежаровски нема да се подобри состојбата со слободата на говорот во Македонија

оквалификува како пристрасни, но не се само тие што дават негативна оценка за слободата на медиумите во Македонија, истото го прави и Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија во 2013 година. “Делот за слободата на медиумите е најлошиот извештај досега. Слични оценки имаат и американците. Како земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО, ваквите оценки треба сериозно да не загрижуваат“, предупреди Селмани. Селмани ги повика пратениците да се искрени и да и погледнат во очи на реалноста посочувајќи го инцидентот со новинарите во Собрание. “ Дали вие имате рационално објаснување


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

за бркањето на новинарите од собраниската галерија од 24 декември? Со овој инцидент свесно или не сами придонесовме за влошување на имиџот на земјата во светот за медиумските слободи. Како го затворивме тоа прашање, утврдивме прекршување, ама нема виновници, нема политичка одговорност. Сметате дека тоа е начинот како треба да се справиме со предизвиците“, истакна тој. Според него, во 2013 сме работеле напорно на наша штета губејќи цела година во надмудрување за потребата за донесување на нова медиумска легислатива, непочитувајќи ги европските стандарди и принципи. “Сакам да ве уверам, никој да нема тронка сомнеж, дека ако овие закони се донесуваат во ваква форма како што се предложени, рачунајте дека следната година на светските ранг листи по слобода на изразување ќе бидеме во уште понепријатно друштво“, предупреди Селмани. Тој рече дека ЗНМ е подготвена да и помогне на владата да донесе европски закони, согласно нашиот устав и европските стандарди и ги замоли пратениците да не брзаат и убаво да размислат пред да ги гласате овие закони, затоа што реално ќе направат дополнителна

штета.

На крај тој го спомна и случајот на Кежаровски, за кого рече дека не може да сфати на кого му требало тоа. “Се надевам дека конечно сфативме каква цена плативме како земја за несоодветна примена на правото во овој случај од страна нашите судски органи. Според него време е да се направи пресвртница, ако се сака да се менуваат работите на добро.

29


НОВОГОДИШЕН ПРИЕМ НА ЗНМ ЗА ЧЛЕНСТВОТО И ПАРТНЕРИТЕ

ШУРМАН: 2014 ГОДИНА НА П Холандската амбасадорка Мариет Шурман посакува 2014 да биде година кога Македонија ќе покаже дека може ако сака ако страните имаат добро здравје и лоша меморија

З 30

дружението на новинарите на Македонија на 18 декември 2013 година организираше новогодишен прием за новинарите, претставниците на новинарски и медиумски организации, како и претставници на дипломатскиот кор, со кои ЗНМ има одлична соработка. Овој настан во кој учествуваа над сто новинари и претставници на партнерски организации и дипломати беше организиран со помош на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Амбасадорката Мариет Шурман обраќајќи им се на присутните новинари рече дека 2013 не била добра година. “Нејзиниот почеток беше одбележан со таканаречениот „Црн понеделник“, и сеуште се справуваме со неговите последици: потполно гу-

бење на взаемната доверба. Благодарение на тоа, изгубивме премногу можности, премногу скапоцено време. Велам „ние“, затоа што на ова гледам како на взаемна одговорност, а оттука и личен неуспех“, истакна амбасадорката Шурман.. Таа смета дека 2014 година ќе биде исполнета со предизвици затоа што Европската унија ќе биде повеќе фокусирана кон внатрешната консолидација отколку кон проширувањето. “Македонија ќе мора, повеќе од било кога, да се потпре на себеси и сопствениот компас. Македонија ќе мора да седне во возачкото седиште“, порача Шурман. Таа се повика на изреката на Јохан Крауф, според која секој предизвик треба да се гледа и како


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ

можност, Македонија да се обедини околу заедничка визија, и да покаже одлучност да ја оствари, преку надминување на недовербата и разликите заради повисоките вредности. “Гледам особена можност за ова преку дијалогот помеѓу владата и медиумите. Вие можете да поставите светол пример за тоа што значи конструктивен дијалог. Модел кој треба да се следи во сите останати сфери на општеството, како и во сите држави кои се соочуваат со слични предизвици“, рече Шурман. Кога веќе има јасна цел, а тоа е слободни и плурални медиуми, како темел на демократијата, која мора да го помине тестот на слободата да се критикува.

“На сите вклучени страни им посакувам мудрост, трпение, издржливост, доверба и отворени уши и ум. Добро здравје и лоша меморија, како што советува Черчил. Со тоа, и со силната посветеност и ангажман од сите вас, убедена сум дека 2014-та ќе биде година во која Македонија ќе покаже дека може ако сака“, посака холандската амбасадорка. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани се заблагодари на холандската амбасадорка за убавите желби и за поддршката на новинарите и на слободата на изразувањето во Македонија, без која не може да се гради демократијата. Селмани на колегите им посака добро здравје, многу успеси и поголема солидарност меѓу колегите во новата година.

31


ДИРЕКТОРОТ НА ДИРЕКТОРАТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО ЗНМ

Владата да прифати суштински забелешки на ЗНМ

Р

32

аководството на ЗНМ кон крајот на ноември во просториите на Здружението го прими новиот директор на Директоратот за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон и со претставници на Делегацијата на Европската комисија во Скопје и американската амбасада. Разговорот меѓу претседателот на ЗНМ Насер Селмани и извршниот директор Драган Секуловски со директорот Даниелсон се фокусираше на медиумските закони, кои се на собраниска процедура. Претставникот на Европската комисија Даниелснон ги ислуша забелешките на ЗНМ за законите и изрази надеж дека владата сериозно ќе ги разгледа нив и пред гласање во Собрание ќе прифатени суштински забелешки на ЗНМ. Данилескон рече дека целта на ЕУ е Македонија да има европско законодавство кое ќе гарантира слобода на изразување и слобода на медиуми. Даниелсон ја поддржа идејата на амбасадорите на ЕУ и САД во Скопје Аиво Орав и Пол Волерс да се организира неформален ручек меѓу владините претставници и претставниците на новинарските и медиумските организации, каде на неформален начин би се разговарало за прашања од заеднички интерес. Тој објасни дека идејата на амбасадорите не била да се обнови дијалогот меѓу новинарите и владата, туку само да им се даде уште една можност на новинарските организации пред владините претставници и во присуство на странскиот фактор да ги претстават главните забелешки за законите. Тој предупреди дека позициите на новинарите околу законите може да бидат загрозени ако нивните претставници одбијат на било кој начин да разговараат со претставниците на владата, кои единствено можат да ги коригираат законите во согласност со забелешките на ЗНМ. Претставниците на ЗНМ се заблагодарија на претставникот на Европската комисија за интересот за забелешките на ЗНМ за медиумските закони и појаснија дека такви разговори се неможни до-

Данилескон рече дека целта на ЕУ е Македонија да има европско законодавство кое ќе гарантира слобода на изразување и слобода на медиуми. дека власта на дело не покаже дека го менува непријателскиот однос кон новинарите и медиумите. тоа значи дека треба да ги повлече законите за да создаде нормални услови за разговори и да го амнестира новинарот Томсилав Кежаровски, обвинет за наводно откривање на идентитетот на заштитен сведок. Претседателот на ЗММ Селмани рече дека раководството на здружението е заинтересирано за сериозни разговори со владата, кои на крај ќе завршат со конкретни резултати, а не само пред јавноста да се глуми дијалог без никаква гаранција дека владините претставници ќе прифатат клучни забелешки на новинарите. Според него, владата може да ги игнорира забелешките на ЗНМ, но одговорноста ќе биде нејзина за сите евентуални штети што ќе ги предизвика врз работата на медиумите примената на овие закони.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗНМ СЕ СРЕТНАА СО ИЗВЕСТУВАЧОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Советот на Европа загрижен за слободата на медиумите во Македонија

Британскиот парламентарец Роберт Валтер се интересираше за случајот на новинарот Томислав Кежаровски и за саморегулацијата во медиумите во Македонија На почетокот на декември делегација на Здружението на новинарите на македонија, составена од претстедателот Насер Селмани и извршниот директор Драган Секуловски, во Скопје се сретнаа со Роберт Валтер, бритснки парламентарец и известувач за Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Британскиот парламентарец Валтер во Македонија беше дојден во мисија зн процернка на состојбата со медиумите во Маскедонија и за собирање на инфортмации за ажурирање на извештајот на Советот на Европа објавен во јули 2013 година. На средбата Валтер рече дека за Советот на Европа слободата на медиумите во Македонија е постојана гриза и ги замоли претставниците на ЗНМ да ја споделат нивната оценка за ова прашање. Претседателот Селмани рече дека слободата на медиумите во Македонија е загрозена поради односот на владата кон медиумите, која ги користи сите инструменти да ја ограничува слободата на медиумите. Соговорникот од Советот на Европа исто така се интересираше и за случајот на новинарот Томислав Кежаровски, кој е осуден на четири и пол години затвор заради наводно откривање на идентитет на заштите сведок. На неговото директно прашање дали сметате дела слуајот на

Кежаровски е политички мотивиран, претседателот Селмани одговори подтврдно и објасни дека целта на владата и на судските органи не е само да го осудат Кежаровски за наводно прекршување на законот, туку да ги заплашуваат и застражуваат и другите новинари со цел да ги одвраќат од намерата да истражуваат за евентуални злоупотреби на владата. На неговото појаснување дека новинарите треба да сносаат одговортност за тоа што го пишуваат, Селмани објасни дека македонските новинари се подготвени да ја понесат одговорноста за нивната работа врз основа на праксата на Европсјкиот суд за човекови пракаса, која не дозволува говор на омраза и повикување на насилство во медиумите. Валтер и претставниците на ЗНМ разговараа и за процесот на саморегулација на медиумите во Македонија, во светло на случувањата во саморегулатоното тело на медиумите во Велика Битанија по скандалот на прислушување. Селмани објасни дека процесот за формирање на Советот на етика напредува добро и дека во скоро време се очеува тој да се формира со поддршка на сите медиуми во Македонија. Директорот Секуловски забележа дека во последниот извештај на Советот на Европа не е спомнат инцидентот со новинарите од 24 декември во Собрание и замоли во новиот извештај да се корегиира тоа. Секуловски истакна дека меѓунардоните донатори треба да има поодговрен однос кон локалните организации, да ги поддржат нивните акции со цел да има повидливи резултати на теренот, а не да се поддржат проекти кои суштински не придонесуваат за подобрување на состојата со слободата на медиумите во Македонија.

33


ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО НОВ НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ

Директорот на ЗНМ на консул Европската комисија изготвува прирачник врз основа на кој ќе го оценува напредокот во слободата на медиумите во земјите кандидати во Европската Унија

Н

34

а 7-8 ноември 2013 година се одржа консултативен состанок во Брисел меѓу претставници на генералниот директорат на ЕУ за проширување на Европската комисија и претставниците на новинарските и медиумските организации од земјите кандидати за членство во ЕУ. На консултацијата во Брисел ЗНМ беше претставено од Извршниот директор Драган Секуловски, каде даде активен придонес за изготвувањето на Прирачник според кој Европската Комисија ќе го оценува напредокот на земјите кандидати. Секуловски учествуваше во дебата за формулирање на главните точки на Прирачникот, а забелешките што ќе произлезат од него ќе бидат дел од Извештајот за прогресот на секоја земја што Европската комисија го објавува секоја година. Потребата од изготвување на овој прирачник е резултат на еден од заклучоците кои беше утврден на најголемата новинарска конференција со наслов Speak UPкоја се одржа во јуни 2013 година на која учествуваа неколку претставници на ЗНМ. Прирачникот прави шест годишна стратегија за следење на ситуацијата во медиумскиот сектор а истиот се очекува да биде усвоен од Европската комисија во текот на месец март 2014 година. Прирачникот кој се однесува на развојот на медиумите и медиумскиот интегритет во земјите кои се дел од планот за проширување на Унијата опфаќа три главни теми: 1) Создавање на поволна средина за слободата на изразување и медиумите. Оваа сеопфатна за-

дача се протега од донесување правилни закони за медиуми, подобрување на судските практики во согласност со член 10 од ЕКЧП како и решавање на економски, пазарни прашања во медиумскиот сектор. 2) Поттикнување и помагање на медиумите да се придржуваат кон принципите на добро владеење на индивидуално ниво (обезбедување на


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Е НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

лтативна средба во Брисел

транспарентност во финансирањето, промовирање на кодексите за етика, механизми да се справување со жалби од публиката – медиумска саморегулација, итн.) Со ова се очекува да се зголеми издржливоста на медиумите во врска со различни видови на притисоци. 3) Континуирано ангажирање и поддршка на медиумските професионални организации како

главни чинители на очекуваните промени (овозможување на основа за саморегулирање, градење на капацитети за дијалог со администрација, итн.) Процесот за консултации за овој документ беше поддржан и од Проектот за техничка поддршка на граѓанскиот сектор ТАКСО кој е поддржан од ЕУ.

35


СОВЕТОТ НА ЧЕСТА ЗА ПРЕТСТАВКАТА НА МВР ПРОТИВ АЛСАТ-М

Новинарот Куќи не е член на ЗНМ

С 36

оветот на честа при Здружението на новинарите на Македонија на 18 декември годинава ја разгледа претставката на Министерството за внатрешни работи против Телевизија АЛСАТ М и новинарот Валмир Кучи за прилог објавен на 19. ноември 2013 година. При разгледување на претставката Советот на честа ја разгледа содржината на претставката на МВР, како и за образложението што го дос-

тави Мухамет Зекири, главен и одговорен уредник на Телевизија Алсат М и донесе соодветен заклучок. “Според Правилникот за избор и работа на Советот на честа на ЗНМ, Член 1, став 4, Советот на честа разгледува случаи и покренува постапки што се однесуваат на членови на ЗНМ. А, Валмир Кучи, против кого е поднесена претставката, не е член на ЗНМ”, стои во одлуката на Советот на честа на ЗНМ.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

КАНАДСКИ АМБАСАДОР НА СРЕДБА ВО ЗНМ

Канаѓаните заинтересирани за случајот на Кежаровски

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека ако амбасадорите го посетат во затвор новинарот Кежаровски ќе помогнат за негово ослободување Раководството на Здружението на новинарите на Македонија кон средината на ноември се сретна со канадскиот амбасадор со седиште во Белград, Роман Васчук со кого разговараа за состојбата со новинарите и медиумите во Македонија. Амбасадорот Васчук се интересираше за писмото на ЗНМ испратено до дипломатскиот кор во кое се повикуваат амбасадорите акредитирани во Македонија да го посетат во затвор новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани објасни дека новинарот Кежаровски е неосновано обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок и затоа сметаме дека македонските судови треба да го ослободат. Селмани додаде дека Кежаровски не само што нема направени ништо лошо, туку тој со неговите објавени текстови од 2008 година открил злоупотреба на заштитен сведок во еден случај за убиство. Тој оцени дека случајот на Кежаровски не е вперен не само против него, туку против сите новинари со цел да ги застрашува. Освен тоа Кежаровски без никаква сериозна причина се држи во притвор. Според Селмани, повикот до амбасадорите да го посетат Кежаровски има за цел да се сен-

зибилизира меѓународната јавност за случајот на Кежаровски и повик странскиот фактор да помогнат за ослободување на Кежаровски и со тоа ќе се даде голем придонес за слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија. Еден начин како амбасадорите можат да помогнат е да го посетат Кежаровски во затвор, да разговорот со него и подобро да се информираат за неговиот случај. Освен тоа тие ќе имаат можност непосредно да се уверат со условите во кои тој е сместен во затворот, кои според тврдењата на Јавниот обвинител се неподносливи. Селмани објасни дека без менување на вкупната атмосфера во која работата новинарите и медиумите тешко е за веруваше дека било што ќе се менува на подобро поврзано со вкупната состојба со слободата на говорот и слободата на медиумите. Амбасадорот Васчук рече дека сериозно ќе го разгледа барањето да се посети во затворот во шутка и дека во иднина од блиску ќе го следи неговиот случај. Раководството на ЗНМ со канадскиот амбасадор разговараа и за други актуелни прашања од интерес за двете страни.

37


РАКОВОДСТВОТО НА ЗНМ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРКАТА НА ХОЛАНДИЈА ВО СКОПЈЕ

Поддршка за корекција за медиумските закони

38

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија лани на почетокот на декември се сретна со холандската амбасадорка Мариет Шурман, со која разговараа за прашања од заемен интерес. Амбасадорката Шурман се интересираше за ангажманот на двајцата холандски експерти кои дават консултантски услуги на раководството на ЗНМ за зајакнувањето на капацитетите на Здружението. претставниците на ЗНМ истакнаа дека ваквата помош е многу значајна со цел поуспешно лобирање за интересите на новинарите. Двете страни разговараа и за активностите на ЗНМ и на меѓународниот фактор за корекција на законите за медиуми согласно забелешките на новинарите. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани го повтори ставот на Здружението дека без повлекување на законите од собраниска процедура нема да има простор за обновување на дијалогот со претставниците на Владата. Амбасадорката Шурман уште еднаш го повтори ставот дека Европската унија не го бара законот за медиуми, туку само инсистира во постојните закон за радиодифузна дејност да се вгради Европската директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Двете страни разговараа и за улогата на меѓународната заедница околу донесувањето на законите за медиуми, за кои новинарите имаат сериозни забелешки. Двете страни се согласија дека странскиот фактор треба да ги хармонизира напорите и да изврши притисок врз владара да ги прифати забелешките на новинарите, а не да

Холандската амбасадорка Мариет Шурман и претседателот на ЗНН Насер Селмани се согласија дека меѓународниот фактор треба да врши притисок врз владара да ги прифати забелешките на новинарите за медиумските закони врши притисок врз ЗНМ да ги обвини разговорите со владата. Амбасадорката Шурман информираше и за активностите на холандската амбасада да ги поддржи независните медиуми преку финансиска помош во рамките на проектот за поддршка на новите медиуми. Таа објасни дека амбасадата ќе подржи неколку проекти без да се вмеша во содржината што медиумите ќе ја произведат откако ќе ја добијат помошта. Според неа, ова е скромен придонес на холандската влада да се збогати плурализмот на медиумите во Македонија.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија БЕЛГИСКАТА АМБАСАДОРКА НА ПОСЕТА ВО ЗНМ

ЕУ бара отчет за владините кампањи

Б

елгиската амбасадорка во Македонија со седиште во Софија, Аник Ван Келстер кон крајот на ноември го посети ЗНМ, каде со раководството на Здружението разговараше за актуелни прашања поврзано со состојбата со слободата на говорот и слободата на медиумите во Македонија . Белгиската амбасадорка Аник Ван Келстер се интересираше за постапката за донесување на новите медиумски закони, позициите на ЗНМ за законите како и општата состојба со правата и слободите на новинарите и медиумите. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги претстави забелешките на новинарите за медиумските закони и објасни дека ако власта не ги прифати нивните забелешки, тогаш законите нема да бидат во согласност со европските стандарди . Таквите закони, истакна Селмани би можеле да бидат злоупотребени за ограничување на слободата на говорот и слободата на медиумите во земјата. Амбасадорката Клестер објасни дека позицијата на Европската унија и земјите членки на Унијата е многу јасен. Тие од македонската влада бараат да ја имплементира Европската директива за аудио и аудиовизуелни медиумски

услуги и никогаш не барале донесување на нови закони за медиуми. Според белгискиот амбасадор,тоа што Европската унија јавно го бараше од македонската влада е да ги објави сумите и начинот како владата троши јавни пари во медиумите преку владините кампањи. Унијата инсистира владата да обезбеди транспарентна постапка на трошење на овие пари и да утврди критериуми за нивната дистрибуција затоа што во спротивно можат да бидат користени како средство за финансиски притисок врз медиумите со цел да се влијае врз нивната уредувачка политика. Амбасадорката Клатсер пројави интерес и за случајот на новинарот Зоран Божиновски, за кој македонските судови побараа од српските власти да го екстрадираат во Македонија поради наводната негова инволвираност во шпионска афера. Селмани оцени дека е несвојствено во демократски земји новинари да се обвинуваат за вакви дела и рече дека ЗНМ ќе инсистира судскиот процес против Божиновски да биде транспарентен. Тој изрази сомнеж дека процесот ќе биде правичен доколку тој се води без присуство на јавноста.

Белгиската амбасадорка Аник Ван Келстер објасни дека ЕУ од македонската влада не бара закон за медиуми, туку отчет за трошењата на јавните пари преку владини кампањи

39


Оваа публикација беше овозможенa во рамките на програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на ЦИРа и SDC


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.