Информатика

Page 95

Информатика за V одделение

Прашања: 1. Набројте неколку пребарувачи на Интернет. 2. На кои начини може да се врши барањето податоци? 3. Кога користиме напредно пребарување? 4. Која категорија би ја избрале за да најдете податоци од областа на образованието?

4.4. Електронска пошта

Електронската пошта или скратено е-пошта (e-mail) претставува популарен начин за испраќање и за примање на кратки пораки, писма и други податоци преку Интернет. За да се активира електронската пошта, потребно е корисникот да има електронска адреса, скратено е-пошта адреса. Таа е во следниов облик: корисничко_име@интернет_адреса каде што: корисничко_име го избира корисникот и најчесто е неговото лично име, или презиме, или комбинација од името и презимето, интернет_адреса е низа од зборови разделени со точки, која најчесто го означува името на организацијата која овозможува електронска пошта преку Интернет.

На пример, електронската адреса jana@ougd.edu.mk можно е да припаѓа на корисник со име Jana, а Интернет-адресата означува дека организацијата преку која корисникот е поврзан на Интернет има име или кратенка ougd и е од областа на образованието (edu) во Македонија (mk). Адресата jana@ougd.edu.mk се чита: јана ет оугд точка еду точка мк. (Честопати знакот @ се чита „мајмунче”.)

89


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.