Информатика

Page 1

Ѓорѓи Јованчевски Зоранчо Алексов Татјана Иванова Елизабета Џонова Билјана Стојчевска

ЗА V ОДДЕЛЕНИЕ

СКОПЈЕ, 2009


Автори:

д-р Ѓорѓи Јованчевски, професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје д-р Зоранчо Алексов, професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје м-р Билјана Стојчевска, асистент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје Татјана Иванова, професор по информатика во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Елизабетa Џонова, професор по информатика во ОУ „Тошо Арсов“ во Штип

Техничко уредување: Александар Миленкоски, дипл. информатичар

Лектор: Симона Груевска-Маџоска, Институт за македонски јазик “Крсте Мисирков” во Скопје.

2


Информатика за V одделение

СОДРЖИНА Вовед 1. Основи на информатиката 1 1.1 Основни поими 1 1.2 Историја на компјутерите 3 Прашања 6 1.3 Видови компјутери 7 Прашања 9 1.4 Информатичко општество 10 Прашања 10 1.5 Етика и интелектуална сопственост 13 Прашања 16 2. Компјутери 17 2.1 Хардвер на компјутерот 17 2.2 Градба на компјутерот 22 Прашања 24 2.3 Меморија. Видови меморија 25 Прашања 28 2.4 Периферни уреди. Периферни уреди на основна компјутерска кофигурација 29 2.5 Други периферни уреди 33 Прашања 37 2.6 Софтвер на компјутерот 38 Прашања 43 2.7 Операции со икони и прозорци 44 Прашања 48 2.8 Организација на податоците 49 Прашања 53 2.9 Компјутерски игри 54 Прашања 59 2.10 Компјутерски програми 60 Прашања 66 Прашања 70 3. Мултимедија 71 3.1 Поим за мултимедија 71 3.2 Слики. Организирање и прикажување на сликите 72 Прашања 73 3.3 Музика. Слушање и снимање музика 74 Прашања 78 3.4 Видео. Windows Movie Maker 79 Прашања 82

3

i


4. Интернет 83 4.1 Компјутерски мрежи 83 Прашања 84 4.2 Разгледување податоци на Интернет 85 Прашања 88 4.3 Барање податоци на Интернет 89 Прашања 89 4.4 Електронска пошта 91 4.4.1 Електронска пошта преку програмата Outlook Express 92 Прашања 95 4.4.2 Електронска пошта преку пребарувачот Yahoo 96 Прашања 99 5. Основи на цртање 101 5.1 Програма Paint 103 Прашања 105 5.2 Цртање во боја. Цртање крива линија 106 Прашања 108 5.3 Цртање и боење на готови објекти 108 Прашања 110 5.4 Означување, копирање, отсекување 111 Прашања 113 5.5 Боење на затворени површини. Пишување текст 113 Прашања 117 5.6 Трансформации и специјални ефекти 117 Прашања 121 6. Обработка на текст 123 6.1 Уредувач на текст Microsoft Word 123 Прашања 128 6.2 Внесување на текст 128 6.3 Внесување текст. Правила на пишување 132 Прашања 134 6.4 Избор на големината на буквите 135 Прашања 139 6.5 Поставување стил на буквите. Порамнување на текст 140 Прашања 142 6.6 Означување на текст. Промена на фонт, стил и големина на буквите 143 Прашања 147 АЗБУЧНИК

ii

4

171


Информатика за V одделение

ВОВЕД @iveeme vo 21 vek - era na informati~koto op{testvo. Denes, celokupnata aktivnost na ~ovekot se odviva so pomo{ na elektronski uredi. Zatoa, sekoj, pa i ti, drag u~eniku, treba da se podgotvi{ za `ivot vo takvoto op{testvo. Centralen ured koj {to se koristi vo site oblasti na informati~koto op{testvo e kompjuterot. So negovite osnovni elementi i nekoi od mo`nostite na negovoto koristewe, }e se zapoznae{ preku ovoj u~ebnik. Na po~etokot }e nau~i{ {to e toa kompjuter, od {to se sostoi i kako raboti. ]e nau~i{ deka srceto na kompjuterot se narekuva procesor, dodeka mozokot se narekuva memorija. So rabotata na tie dva glavni dela upravuva kompjuterska programa nare~ena operativen sistem. ]e gi stekne{ po~etnite ve{tini so rabotata na najpoznatiot operativen sistem Windows. Ponatamu, }e razbere{ deka se {to izvr{uva kompjuterot se narekuva programa. Decata najmnogu gi sakaat programite koi pretstavuvaat kompjuterski igri. Preku niv najlesno se steknuvaat ve{tinite za rabota so kompjuterot. No, ima i drugi interesni kompjuterski programi, kako, na primer: programi za slu{awe muzika, za snimawe zvuk, za razgovarawe, za crtawe, za pi{uvawe itn. So nekoi od niv }e se zapoznae{ vo ovoj u~ebnik. Drugo {to sakame da te nau~ime so ovoj u~ebnik e koristeweto na Internet. Verojatno si slu{nal za nego. Ako ne znae{ mnogu, toga{ }e nau~i{ {to e Internet, kako da isprati{ pismo do nekoe drugar~e preku Internet kade bilo vo svetot, kako da razgleda{ nekoi od najnovite kompjuterski igri, a i da gi igra{, kako da gleda{ crtani filmovi ili modeli od modnite pisti, kako da razgovara{ po telefon so drugarite i drugi raboti. Mo`e{ da najde{ i mnogu podatoci {to te interesiraat. Na primer, rezultatite od poslednite natprevari vo ko{arka, vo avtomobilski trki, vo skijawe; rezultati od olimpiskite natprevari vo razni disciplini itn. Izdvoivme poseben del vo koj }e stekne{ znaewa i ve{tini za izrabotka na crte`i so pomo{ na kompjuterot. Programata so koja }e go postigne{ toa dava mo`nosti da crta { i da boi{ so razli~ni molivi i ~etki vo boja, da izraboti{ svoja posetnica ili nalepnica, pa duri i da napravi{ umetni~ki sliki. Slikite koi nie gi izrabotivme neka ti slu`at samo za primer. Preku sodr`inata vo posledniot del od u~ebnikov, }e stekne{ ve{tini i znaewa za pi{uvawe na doma{nite raboti na kompjuter. Vo nego }e izu~ime edna od najkoristenite kompjuterski programi za pi{uvawe i ureduvawe tekst, so koja mo`e{ da go napi{e{ i tvojot prv raskaz ili prvata pesni~ka. Smetame deka so ovoj u~ebnik }e stekne{ osnovni poimi, znaewa i ve{tini za nekoi od mo`nostite za koristewe na kompjuterot. A toa ni e i celta. Ako uspeeme, }e bideme gordi i nie, a sekako i ti.

Авторите

5

vi

iii


iv

6

iii


Информатика за V одделение

1. ОСНОВИ НА ИНФОРМАТИКАТА

1.1.Основни поими

Компјутерите ги среќаваме насекаде околу нас: во домовите, во училиштата, во продавниците, во рестораните, во фирмите, во болниците итн. Со помош на компјутерите се учи, се забавува, се пишува, се црта, се телефонира, се слуша музика, се гледаат филмови, се истражува, се комуницира и се прават многу други работи неопходни во нашето современо секојдневие. Значи, компјутерите се користат за најразлични потреби на човекот. произведуваат различни компјутери за различни намени.

Затоа се

Што е компјутер?

Компјутерот е електронска направа која извршува четири видови на дејства: 1. Ги прифаќа податоците што ги внесуваме (Input); 2. Врши пресметување и обработка на податоците со компјутерски програми (Processing); 3. Ги прикажува резултатите (Output); 4. Чува податоци (Storage).

Компјутерот се состои од два дела: хардвер и софтвер. Хардвер (hardware) се нарекуваат физичките делови на компјутерот, кои се гледаат и можат да се фатат со рака. Софтвер (software) се нарекуваат компјутерските програми кои ги извршува компјутерот.

1


1. Основи на информатиката

Кои се главните својства на компјутерот? Брзината - односно времето на извршување на операциите, кое се изразува во микросекунди. На пример, за една микросекунда тој може да собере неколку милиони броеви, што е многу, многу побрзо од човечкиот мозок. Меморијата - во која може да се запамети огромен број податоци и програми. На пример, во меморијата на компјутерот можат да се сместат податоците за сите ученици во едно училиште, податоците за сите жители на една земја, податоците за сите песни на светот, или дури податоците за целата историја на човештвото. Автоматското работење на компјутерот се состои во извршување на некоја компјутерска програма без учество на човекот. Така, компјутерот може да пресмета плата за илјада вработени, извршувајќи ја автоматски секогаш истата програма. Точноста е својство кое се искажува со зборовите: компјутерот никогаш не греши. Ако некогаш се случи грешка, бидете сигурни дека виновник е човекот, а не компјутерот. Според својствата на компјутерот, може да се каже дека компјутерот е машина способна да памети голем број податоци, да памети голем број различни програми и истите автоматски да ги извршува со огромна брзина и без грешки.

2

\* Mergeformat


Информатика за V одделение

1.2. Историја на компјутерите

Компјутерот претрпел многу промени додека да стане таков каков што го познаваме денес. Идеjата за компјутерот започнува со желбата на луѓето да најдат полесен начин на сметање на броеви. Абакус е прва позната направа за сметање во вид на плоча која ја користеле Вавилонците уште 2400 години пред нашата ера. Вилхем Шикард (Wilhelm Schickard) во 1623 година го измислил првиот механички калкулатор (дигитрон), којшто астрономот Јохан Кеплер (Johannes Kepler) го користел во своите истражувања. Чарлс Бебиџ (Charles Babbage) во 1823 година ја дизајнирал својата т.н. „диференцијална машина“, а 10 години подоцна и својата „аналитичка машина“, која имала и програма и меморија. Херман Холерит (Herman Hollerith) во 1890 година конструирал електро-механичка машина која користела дупчени картички за внесување на податоците и програмите. Машините како Atanаsoff–Berry Computer и ENIAC користеле дупчена хартиена лента за внесување на податоците. (ENIAC тежел 30 тони и зафаќал површина од 150 м2.) ENIAC (1946)

Развојот на компјутерите по 50-тите години може да се класифицира во неколку генерации: I генерација – до 1959 година, користела магнетни ленти за паметење на податоците и програмите. II генерација – до 1964 година, биле компјутери со помали димензии, но сè уште биле прескапи за масовна употреба. III генерација – до 1969 година, е наречена генерација на миникомпјутери, чија цена била достапна за користење во многу фирми. IV генерација – започнала во 1970 година и е наречена генерација на персонални

3


1. Основи на информатиката

компјутери (Personal Computer - PC), бидејќи во 1975 година е направен првиот персонален компјутер. Тие се наменети за индивидуална работа на едно лице. По 80-тите години почнале да се произведуваат персонални компјутери онакви какви што ги познаваме денес.

Прашања 1. Што е компјутер? 2. Што е хардвер, а што софтвер? 3. Кои се главните својства на компјутерот? 4. Објаснете што подразбирате под поимот автоматско работење. 5. Што користеле компјутерите од I-та генерација за чување на податоци? 6. На која генерација ~ припаѓаат мини-компјутерите? 7. На која генерација припаѓаат персоналните компјутери?

4

\* Mergeformat


Информатика за V одделение

1.3. Видови компјутери Постојат повеќе видови компјутери, и тоа: -

микрокомпјутери,

-

мини-компјутери,

-

големи компјутери,

-

суперкомпјутери.

Микрокомпјутери Микрокомпјутерите се најзастапениот вид на компјутери во секојдневната работа на луѓето. Микрокомпјутери се сметаат сите персонални компјутери, без разлика на големината. Во оваа класа на компјутери спаѓаат:  Десктоп компјутери (од анг. desktop computer, што значи компјутер за на работна маса) – се персонални компјутери за индивидуална употреба, кои можеме да го сместиме на работната маса. Формата на кутијата на компјутерот може да биде вертикална или хоризонтална. Постојат и компјутери кај кои мониторот и компјутерот се ставени во една кутија. Десктоп компјутерите се постојано поврзани со напојување на електрична енергија. Десктоп компјутер

5


1. Основи на информатиката



Лаптоп (од анг. laptop, што значи компјутер кој се превиткува) или ноутбук (од анг. notebook - тетратка) се преносни компјутери со тежина помала од десет килограми. Се приклучуваат на електричната мрежа преку адаптер, а можат да користат и батерија. Нивниот монитор е изработен со посебна технологија и се нарекува LCD монитор. Лаптоп компјутерите се способни за извршување на истите работи како и десктоп компјутерите. Лаптоп компјутер

 Taблет компјутери (од анг. tablet PC) - се мали преносни компјутери кои се користат во услови кога обичниот лаптоп се покажува непрактичен или недоволно функционален. Имаат монитор кој е осетлив на допир. Командите наместо со тастатура и глувче се задаваат со специјално моливче т.н стајлус.

Tablet PC

 Персонален дигитален асистент (од анг. Personal Digital Assistant - PDA или pocket computer) – се мали, преносни, џепни компјутери, кои се користат за: пишување кратки белешки, кратки пресметувања, имаат календар, Интернет, компјутерски игри и друго. PDA  Smartphone - се мобилни телефони кои имаат вградени функции на преносен персонален компјутер. Најчесто имаат мала тастатура и екран осетлив на допир.

Laptop

6

Tablet PC

PDA

\* Mergeformat

Smartphone


Информатика за V одделение

Мини-компјутери Овие компјутери се користат во помали фирми за работа на неколку десетици вработени. Тие се со големина на помал орман, со цена достапна за помала фирма, а имаат поголема моќ од персоналните компјутери.

Големи компјутери Овие компјутери се наменети за истовремена работа и на стотици корисници, а можат да обработуваат многу податоци, брзо и прецизно. Со текот на времето нивниот мемориски капацитет и брзина растеле, а димензиите на хардверските делови се смалувале. Се користат и денес во големи фирми како: банки, авиокомпании, министерства и друго.

Суперкомпјутери Најбрзите и најскапите компјутери се нарекуваат суперкомпјутери. Најчесто ги купуваат големите компании, научните институти, владините служби и други.

Прашања: 1. Набројте ги видовите на компјутери. 2. Која е основната разлика помеѓу десктоп и лаптоп компјутер? 3. За што се користат PDA компјутерите? 4. Каде се користат суперкомпјутери?

7


1. Основи на информатиката

1.4. Информатичко општество

Денес светот може да се замисли како глобус испреплетен со жици, преку кои се пренесуваат разни податоци, како: текстови, слики, музика, филмови, телевизиски емисии итн. Тоа е овозможено благодарение на широката примена на компјутерите и информатичките технологии. Компјутерската техника и информатичките технологии заземаат трајно место во животот на современиот човек, бидејќи можат да се користат за најразлични намени во сите области на човечкиот живот и работа: образованието, медицината, индустријата, науката, бизнисот и многу други области. Затоа денес честопати можеме да го слушнеме терминот информатичко општество или е-општество.

8

\* Mergeformat


Информатика за V одделение

Компјутерот е составен дел на голем број апарати во медицината. Нивната примена во голема мера влијае на успешното лекување на многу болести. Современото индустриско производство користи компјутеризирани машини. Некои производствени процеси се комплетно автоматизирани, а сè почесто компјутерот и роботот го заменуваат човекот во ситуации кога неговото присуство е невозможно или опасно за неговото здравје.

Науката се развива со незапирлива брзина благодарение на способноста на компјутерите да прават работи за кои човекот со векови само сонувал.

Во бизнисот компјутерот се користи за чување и обработка на огромна количина податоци. Благодарение на компјутерите, информатичките технологии и Интернетот, се појавуваат нови бизниси.

9


1. Основи на информатиката

Компјутерите и информатичките технологии во образованието сè повеќе се применуваат во сите наставни предмети:  во биологијата - за да можеме подобро да видиме и да разбереме што се случува во живите организми,  во хемијата - за да навлеземе во структурата на молекулите и атомите,  во математиката - за компјутерот да пресметува побрзо и поточно наместо нас,  во географијата - за да ги видиме планетите и местата на Земјата каде би сакале да отидеме,  во историјата - за да истражуваме низ минатото, итн. Компјутерот станува неопходен скоро секаде - за да имаме неограничени можности за напредок.

Прашања:

1. Набројте неколку области на работата и животот на човекот каде се користи компјутерот. 2. Зошто е неопходна примената на компјутер во индустриското производство? 3. Во кои наставни предмети најмногу ви е потребен компјутерот? Опишете што сте работеле на компјутер на некој ваш училиштен час.

10

\* Mergeformat


Информатика за V одделение

1.5. Етика и интелектуална сопственост

Што е етика? Едноставно, тоа е како се однесувате: правилно или погрешно. Постојат ситуации кога се двоумиме како да постапиме и мораме да донесеме одлука, да откриеме што е добро, правилно, т.е. да направиме етички избор. Што би направиле?  Дали би ѕирнале во споменарот на вашата сестра?  Дали без дозвола би земале нешто што не е ваше?  Дали би му помогнале на некој беспомошен? За моралните вредности учиме од семејството, пријателите, наставниците. Етиката не е закон, туку избор на правилно однесување.

Етиката поврзана со работата на компјутер и Интернет се нарекува компјутерска етика. Важноста на компјутерската етика се зголемува со растењето на Интернетот. Се појавуваат компјутерски технологии кои го ставаат во прашање етичкото користење на компјутерот. Кои се најчестите причини за прекршувања на етичките норми? Основна причина е тоа што кога човек работи со компјутер тој добива чувство на надмоќност. Тоа може да поттикне некои неетички активности, како на пример: правење и пуштање компјутерски вируси, нелегално копирање на туѓи компјутерски програми, недозволено користење на туѓи компјутери и др. При овие активности сторителот на прекршоците најчесто се чувствува безбеден покрај својот компјутер, многу често не размислувајќи за можните последици од сопствените постапки. Последиците од неетичкото користење на компјутерите можат да бидат многу штетни и опасни, како за поединци, така и за општеството во целина.

11


1. Основи на информатиката

Има различни правила за компјутерската етика. На пример, Институтот за компјутерска етика од Вашингтон поставил повеќе правила, меѓу кои:  Не користете го компјутерот за да повредите други луѓе.  Не отворајте документи во туѓи датотеки.  Не користете го компјутерот за да крадете.  Не користете го компјутерот за давање лажни докази.  Не копирајте и не користете компјутерски програми кои се сопственост на други луѓе без нивно одобрение или плаќање на соодветен надоместок.  Не користете туѓ интелектуален производ. Постојат четири основни области во компјутерската етика и тоа:  софтверско пиратство - недозволено користење и копирање на туѓи компјутерски програми,  сопственост - почитување на сопственоста,  кражба на софтверски производи и услуги,  кражба на податоци. Типични нарушувања на компјутерската етика се:  користењето туѓи компјутерски програми и податоци,  користењето компјутерски вируси и други компјутерски програми кои можат да го оштетат компјутерот,  испраќање материјали со вулгарни и навредливи содржини по Интернет,  користење компјутерски програми без дозвола. Корисниците на компјутерите се должни да ја почитуваат компјутерската етика и да не ги злоупотребуваат компјутерите. Најчести злоупотреби се: Користењето на туѓи лозинки за недозволен пристап до туѓи податоци е едно од најтешките нарушувања на компјутерската етика. Испраќање на компјутерски вируси претставува втора најтешка злоупотреба на компјутерите.

12

\* Mergeformat


Информатика за V одделение

Постојат огромен број компјутерски вируси кои се пренесуваат на најразлични начини. Некои од вирусите не се уништувачки, но постојат и такви што се исклучително опасни. Корисниците треба да знаат што претставуваат вирусите и не треба да ги пренесуваат до други компјутери. Испраќајќи вирус до други компјутери и активирајќи го дејството на вирусот, корисникот ја остварува својата надмоќност над компјутерот, без да размисли за последиците што ги предизвикува таа негова постапка за другите.

Голем број деца кои користат компјутер се приклучуваат на пријателски разговори (chat) преку Интернет. При тие разговори станувате анонимен – учествувате во разговорот не под свое име, туку под прекар (псевдоним). Таа анонимност дозволува некои од учесниците во разговорот да користат непристојни, па дури и вулгарни зборови, кои инаку никогаш не би ги употребиле во обичен разговор. Едно од најраспространетите прекршувања на компјутерската етика се јавува со нелегално копирање на авторизирани компјутерски програми, што и кај нас е одомаќинет начин на однесување. Но, сите треба да сфатат дека на тој начин, всушност, се прави кражба, т.е. се користи услуга која не е платена.

13


1. Основи на информатиката

Постои т.н. слободен софтвер – бесплатни програми кои може секој слободно да ги користи за свои потреби, но не и да ги продава за да заработува на нив.

Прашања: 1. Што е етика, а што компјутерска етика? 2. Набројте ги правилата за компјутерска етика. 3. Кои се најчестите злоупотреби на компјутерот? Дискутирајте за вашите лични искуства со некои случаи на вакви злоупотреби на компјутерот. 4. Набројте неколку области на работата и животот на човекот каде се користи компјутерот. 5. Во кои наставни предмети најмногу ви е потребен компјутерот? Опишете што сте работеле на компјутер на накој ваш училиштен час.

14

\* Mergeformat


Информатика за V одделение

2. КОМПЈУТЕРИ

2.1. Хардвер на компјутерот

Секој компјутер се состои од:  хардвер и  софтвер. Хардвер е име за сите физички делови на компјутерот, а доаѓа од англискиот збор hardware, што значи „железарија“. Софтвер е име за сите програми што компјутерот ги извршува, а доаѓа од англискиот збор software, што нема конкретно значење, туку претставува нешто спротивно на hardware. Физичките делови на компјутерот се поврзуваат во една целина наречена компјутерска конфигурација.

Компјутерска конфигурација Во зависност од елементите и од нивните карактеристики, постојат разни компјутерски конфигурации. Основната компјутерска конфигурација (Слика 2_1) е составена од: компјутер, монитор, тастатура, глувче, звучници и микрофон.

Компјутер Компјутерот е сместен во кутија, Слика 2_0. Димензиите и обликот на кутијата зависат од бројот и од димензиите на елементите што треба да се сместат во него. Најчесто се користат:  хоризонтални кутии и  вертикални кутии.

15


2. Компјутери

Хоризонталните кутии можат да бидат и тенки (slim), а вертикалните можат да бидат:  ниски (mini tower),  средни (midi tower) и  високи (full tower).

Вертикални кутии

Хоризонтални кутии

Слика 2_0: Кутии за компјутер

16


Информатика за V одделение

Monitor (Monitor) slu`i za prika`uvawe na: komandite, podatocite koi se vnesuvaat i rezultatite od izvr{enite komandi, koi mo`at da bidat vo vid na broj, na tekst, na slika ili na videoanimacija.

Zvu~nik Kompjuter (Computer)

Tасtatura Mikrofon (Microphone) - slu`i za vnesuvawe zvuk vo kompjuterot.

(Keyboard) - slu`i za tekstualno zadavawe komandi i za vnesuvawe podatoci, so ot~ukuvawe.

(Loudspeaker) slu`i za emituvawe na zvuk.

Gluv~e (Mouse) - slu`i za vizuelno ozna~uvawe tekstualni i grafi~ki elementi na ekranot i za zadavawe komandi so pritiskawe na negovite kop~iwa.

Слика 2_1: Основна компјутерска конфигурација

17


2. Компјутери

На предната страна од кутијата се наоѓаат вратнички за разни делови на компјутерот (Слика 2_2). Има вратнички и под нив индикатори (светилки) за дискетната единица, единицата за компактен диск (CD), единицата за дивиди диск (DVD), копчето за вклучување (и за исклучување) на компјутерот, копчето за ресетирање на компјутерот и други светилки – индикатори кои покажуваат активност на компјутерот или на некоја од вградените единици.

Единица за kompakten disk

Единица за дивиди disk

Дiskетна единица Копче за вклучување и исклучување

Копче за ресетирање

Слика 2_2: Предна страна на компјутерот

18


Информатика за V одделение

На задната страна на компјутерот (Слика 2_3) се наоѓа отвор за приклучување на компјутерот на електрична мрежа. Исто така, бидејќи сите други елементи од компјутерската конфигурација се приклучуваат на компјутерот, постојат отвори за приклучување на мониторот, на тастатурата, на глувчето, на звучниците, на микрофонот и на други уреди. Посебни отвори постојат за приклучување на компјутерот во компјутерска мрежа.

Приклучок на електрична мрежа

Приклучок за монитор на електрична мрежа

Приклучок за монитор

Приклучок за глувче

Приклучоци за звучници и микрофон Приклучок за печатач

Приклучок за компјутерска мрежа

Слика 2_3: Задна страна на компјутерот

Прашања 1. Набројте ги компонентите на основната компјутерска конфигурација. 2. Опишете што гледате на предната, а што на задната страна на кутијата?

19


2. Компјутери

2.2. Градба на компјутерот Во кутијата на компјутерот (Слика 2_4) се наоѓа:  матичната (основна) плоча,  единица за диск,  единица за дискета,  единица за компактен диск,  единица за дивиди диск и  електричен трансформатор. Edinici za kompakten i diвиди disk

Elektri~en transformator

Edinici za disk i disketa

Mati~na plo~a

Слика 2_4: Внатрешност на компјутерот

20


Информатика за V одделение

Матичната плоча (Слика 2_6) е прицврстена на долната страна или на една од вертикалните страни на кутијата. На неа се наоѓаат двата главни елементи за работа на компјутерот:  процесорот и  меморијата. Процесорот, меморијата и сите помошни електронски кола кои се поставени на матичната плоча се изработени во т.н. чипови (Слика 2_5). Слика 2_5: чип Во посебни лежишта на матичната плоча т.н. слотови, се ставаат картички со контролери на единиците на компјутерската конфигурација. Преку посебни отвори т.н. портови на картичките (на задната страна од кутијата на компјутерот) се приклучуваат останатите единици од компјутерската конфигурација.

Procesor

Le`i{ta

Le`i{ta Porta Vnatre{na memorija

Слика 2_6: Матична плоча

21


2. Компјутери

Процесор Процесорот е „мозокот“ на компјутерот, Слика 2_7. Тој ги извршува сите пресметувања со податоците. Главна карактеристика на процесорите е фреквенцијата. Фреквенцијата се изразува во единицата херц (Hertz, скратено Hz.). Најчесто се користат поголеми единици од херц, и тоа: килохерц (1KHz), мегахерц (1MHz) или гигахерц (1GHz). Фреквенцијата на денешните процесори е над 2 гигахерци. Постарите процесори имале помали фреквенции. Така, фреквенцијата на првиот процесор за персонални компјутери била 4.77 мегахерци. Слика 2_7: Процесор

Прашања

22

1.

Набројте ги деловите сместени во кутијата на компјутерот.

2.

Која е улогата на процесорот и која е неговата главна карактеристика?


Информатика за V одделение

2.3. Меморија. Видови меморија

Кога се зборува за меморијата на компјутерот, се мисли на внатрешната меморија, Слика 2_8. Таа се нарекува и работна меморија или оперативна меморија, или е позната како RAM -меморија.

Слика 2_8: Мемориски чипови

Во RAM–меморијата се наоѓаат програмите кои во тој момент се извршуваат и податоците кои се обработуваат, како и програмите кои ја контролираат работата на компјутерот. Со исклучување на компјутерот од електричната мрежа, сите податоци и програми што се наоѓаат во оваа меморија се бришат, т.е. неповратно се губат. Големината на меморијата се изразува во бајти или во поголеми единици од бајт, и тоа:  килобајт (1KB=1024B),  мегабајт (1MB=1024KB),  гигабајт (1GB=1024MB) или дури  терабајт (1TB=1024GB). Капацитетот на RAM-меморија во денешните компјутери е 256 MB, 512 MB, 1GB, 2GB и повеќе.

Бидејќи со исклучување на компјутерот од електричната мрежа се брише RAMмеморијата, а податоците и програмите треба да се чуваат за подоцнежна употреба, се користат надворешни мемории. Надворешните мемории се изработени на магнетни или оптички медиуми. Најчести надворешни мемории се:  магнетен диск,  компактен диск,  дигитален видео-диск,  мемориско стапче (стикче),  магнетна дискета и  магнетна лента.

23


2. Компјутери

Магнетен диск Магнетниот диск, или се нарекува и тврд диск (hard disk), е неопходен кај секој компјутер, и затоа е вграден во кутијата. На него се чуваат сите програми и податоци, и по исклучување на компјутерот од електрична енергија. Вкупната количина податоци која може да се чува на дискот се нарекува капацитет на дискот. Денешните дискови имаат капацитет до неколку стотици гигабајти - 80,100, 160, 250 и повеќе. Слика 2_9: Магнетен диск

Компактен диск (CD) Компактниот диск (Compact Disk – CD) е со ласерско читање и запишување на податоците. Постојат повеќе видови компактни дискови и тоа: CD–ROM, CD–R, CD–RW. Слика 2_10: Компактен диск Кратенките означуваат: ROM – само за читање, R – за еднократно запишување кориснички податоци, RW – за читање и запишување податоци повеќе пати. Капацитетот на овие дискови е 650 или 700 MB. Компактните дискови се посебно погодни за запишување и читање на непроменливи податоци како: речници, литературни дела, програми, игри, музика и друго.

24


Информатика за V одделение

Дигитален видео-диск (DVD) За чување и пренесување на поголеми количини податоци се користат дигитални видео дискови – DVD (Digital Video Disc – DVD). Тие имаат капацитет од 4.7 и 17 GB. Поради големиот капацитет, тие се користат за чување на енциклопедии, Слика 2_11: филмови, музика со висок квалитет, географски атласи и Дигитален видео-диск други податоци. DVD – дисковите можат да бидат: DVD–ROM, DVD–R и DVD–RW.

Мемориско стапче (Memory stick) Денес најпопуларни се USB мемориските стапчиња (Слика 2_12) кои се многу едноставни и практични за користење и затоа се многу популарни, а и нивниот капацитет е доволно голем. На пазарот постојат мемориски стапчиња со различни форми и со капацитет од 32 MB до над 4 GB.

Слика 2_12: Мемориски стапчиња

Магнетна дискета

Магнетната дискета (floppy disk или diskette) е постар медиум за пренос на податоци кој веќе се исфрла од употреба поради малиот капацитет. Нивниот капацитет е 1.44 MB. Пред да се користи нова дискета, таа треба да се форматира, т.е. да се подготви за користење.

Слика 2_13: Магнетна дискета

25


2. Компјутери

Магнетна лента Магнетната лента прва се појавила како надворешна меморија на компјутерите. Најчесто се користи за чување на големи количини податоци поради нејзиниот капацитет од неколку стотици гигабајти, Слика 2_14. На големите компјутери постојат посебни уреди во кои можат да се стават и до десетина ленти, така што на нив може да се запише огромна количина на податоци. На персоналните компјутери се користат ленти со помала димензија и со помал капацитет, Слика 2_15.

Слика 2_14: Магнетна лента

Слика 2_15: Магнетна лента

Прашања

1. Која е улогата на внатрешната меморија? 2. Дали RAM – меморијата е наменета за трајно чување на податоци? 3. Набројте ги мерните единици за меморија. 4. Кои надворешни мемории ги знаете? Објаснете што знаете за секоја од нив.

26


Информатика за V одделение

2.4. Периферни уреди.Перифериски уреди на основна компјутерска конфигурација

Компјутерот е машина за обработка на податоци. На пример, ако сакаме да направиме ранг-листа на ученици по успех, претходно треба да ги внесеме податоците за секој ученик: број во дневникот, име и презиме, и успех. И внесувањето на податоците и подредувањето на учениците според успехот се прави со програма. Значи, претходно треба да имаме програма со која ќе ги внесеме податоците во компјутерот и ќе ги подредиме. Какви било да се податоците кои треба да се обработат, броеви, текстови, цртежи, слики, музика итн. мора да се користи соодветна програма. Сите програми се чуваат на дискот (или на други надворешни мемории). Кога сакаме да извршиме некоја програма, истата ја стартуваме. Притоа, програмата се пренесува од надворешната (најчесто дискот) во внатрешната меморија и почнува да се извршува. И внесувањето на податоците во компјутерот се врши со програми. Зачуваните програми и податоци на надворешна меморија не се бришат со исклучување на компјутерот од електричната мрежа и затоа можеме да ги користиме секогаш кога компјутерот е во работна состојба.

За да може компјутерот да ги обработи податоците со извршување на соодветни програми и да ги прикаже резултатите, потребни се уреди преку кои ќе се внесат податоците (и програмите) и уреди на кои ќе се прикажат резултатите. Сите уреди за внесување на податоци и за прикажување и/или пренос на резултатите се нарекуваат перифериски уреди. Значи, освен компјутерот, другите елементи на основната компјутерска конфигурација од Слика 1_6: монитор, тастатура, глувче, звучници и микрофон се перифериски уреди. Перифериските уреди преку кои се внесуваат податоци (тастатура, глувче, микрофон) се влезни перифериски уреди, а оние преку кои се прикажуваат резултатите (мониторот, звучниците) се излезни перифериски уреди.

27


2. Компјутери

Перифериски уреди на основната компјутерска конфигурација

Тастатура Најчесто користена влезна перифериска единица кај персоналниот компјутер е тастатурата (keyboard), Слика 2_16. Funkciski kop~iwa Numeri~ki kop~iwa

Alfabetski kop~iwa

Слика 2_16: Тастатура

На тастатурите постојат три главни групи копчиња, и тоа: алфабетска група (се наоѓа во средината на тастатурата и ги содржи буквите од абецедата, арапските цифри и специјални знаци), нумеричка група (најчесто е на десната страна и содржи копчиња со цифри и аритметички операции) и група на функциски копчиња (на горниот или на левиот дел, означени со буквата F и број). Секое од останатите копчиња е со специјална намена. На некои копчиња има по два знака, а на некои е напишана командата што се задава со нивно притискање. Стандардните тастатури имаат 102 копчиња, а има тастатури и со 130 и повеќе копчиња. Постојат и ергономски тастатури обликувани според поставеноста на рацете при работата со компјутерот. Постојат и безжични тастатури.

28


Информатика за V одделение

Глувче Глувчето (mouse), Слика 2_17а е втората најкористена влезна единица. Глувчето се движи по рамна површина (или специјална подлога наречена пед (pad), Слика 2_17б. Неговото движење се регистрира со помош на топче (механичко) или со помош на светлина (оптичко) што се наоѓа од долната страна (Слика 2_17в), а се манифестира преку движењето на посебен покажувач – обично стрелка по екранот. Кога стрелката ќе се најде над некоја команСлика 2_17а: Глувче Слика 2_17в да која сакаме да ја зададеме, се кликнува со едно од копчињата кои се наоѓаат на горниот дел од глувчето. Компјутерот може да разликува едно кликнување (брзо притискање и отпуштање на копчето) или двојно кликнување (два пати брзо притискање и отпуштање на копчето). Секое кликнување на копчето предизвикува одредена акција. Глувчето е поврзано со компјутерот преку кабел, но постојат и безжични глувчиња.

Слика 2_17б

Денешните глувчиња на горната страна имаат т.н. скрол тркалце (scroll) кое служи за брзо континуирано движење напред и назад низ документи. Денес се многу популарни безжичните глувчиња.

Монитор Мониторите се разликуваат по димензиите на екранот. Според начинот на прикажување на сликата постојат два вида монитори:  монитор со катодна цевка и  монитор со течен кристал. Мониторите со катодна цевка (Слика 2_18) сликата на екранот ја формираат исто како и телевизорите. Сликата на екранот се прикажува со точки. Целиот екран е поделен како мрежа од многу ситни квадратчиња со големина на точки. Бројот на точки на екранот се нарекува графичка резолуција.

Слика 2_18: Монитор со катодна цевка

29


2. Компјутери

(Стандардна графичка резолуција кај денешните монитори е 1024 хоризонтални и 768 вертикални точки. Има и поголеми и помали резолуции од оваа.) Една графичка точка се нарекува пиксел, Слика 2_19. Мониторите со течен кристал (Liquid Crystal Display – LCD) наречени LCD–монитори (Слика 2_20), сликата ја формираат на друг начин.

Слика 2_19: Дел од екранот

Слика 2_20: LCD–монитор Звучници Стандарден елемент на компјутерската конфигурација се звучниците, Слика 2_21. Денешните звучници се со различна моќност и даваат стерео звук, а имаат и додатоци за ниски тонови.

Слика 2_21: Звучници

За играње компјутерски игри многу популарни се слушалки со микрофон, Слика 2_22.

Слика 2_22: Слушалки со микрофон

Микрофон Микрофонот, исто како и звучниците, е задолжителен елемент на речиси секоја компјутерска конфигурација. Со него се внесува звук во компјутерот (најчесто говор или музика), кој со соодветни програми се дигитализира (се претставува со броеви) и се запишува на мемориите. Потоа, може да се обработува и слуша.

Слика 2_23: Микрофон

***

Досега ги објаснивме елементите на основната компјутерска конфигурација: компјутерот (процесорот, внатрешната меморија и надворешните мемории), перифериските уреди за внесување податоци (тастатурата, глувчето и микрофонот) и перифериските уреди за прикажување на резултатите од работата (мониторот и звучникот). Постојат многу други перифериски уреди, како за внесување, така и за прикажување на податоци во бројна, текстуална, графичка или звучна форма. Во следниот поднаслов ќе се запознаеме со некои од нив.

30


Информатика за V одделение

2.5. Други периферни уреди Печатач Печатачот (printer) се користи за претставување на резултатите од работата на хартија. Според принципот на работа и според начинот на оставање отпечаток врз хартијата, печатачите се делат на ласерски, млазни, матрични, термички и линиски. Најквалитетни и најкористени печатачи денес се ласерските печатачи, Слика 2_24. Карактеристично за нив е тоа што тие одеднаш печатат цела страница без оглед на нејзината содржина. Печатењето се изведува со помош на ласерски зрак и специјален прав (тонер). Постојат ласерски печатачи кои печатат црнобело и во боја. Млазните печатачи, т.н. инк–џет (ink–jet) (Слика 2_25) денес се користат сè повеќе, бидејќи се доста квалитетни и релативно евтини. Кај нив печатењето е со капки од мастило, кои излегуваат од минијатурни шприцеви со дијаметар на влакно од коса и со голема Слика 2_24: Ласерски печатач брзина. Квалитетот на печатењето се приближува до квалитетот на печатењето на ласерските печатачи, но не се толку брзи. Главна предност над другите печатачи е што печатат во боја, а се поевтини од ласерските. Затоа денес се користат како куќни (домашни) печатачи. Постојат уште и матрични печатачи, термички печатачи и линиски печатачи, кои помалку се користат.

Скенер

Слика 2_25: Млазен печатач

Скенерот (scanner) е уред кој се користи за копирање на некоја слика, цртеж, скица, документ и слично од хартијата и директно внесување на копијата во компјутерот. Копијата може веднаш да се обработи или пак да се зачува на некоја надворешна меморија за подоцнежна употреба. Постојат рачни скенери (Слика 2_26) и лежечки скенери (Слика 2_27), со кои се скенира во боја.

31


2. Компјутери

Слика 2_26: Рачен скенер Слика 2_27: Лежечки скенер

Палка Палката за игра (joystick) е најпопуларна кај љубителите на видео-игрите, Слика 2_28. Денешните компјутерски игри се најчесто интерактивни, што значи дека играчот активно учествува во акциите. Затоа се изработени многу совршени и прецизни палки, со кои во секој момент може да се одреди положбата на некој објект.

Дигитален фотоапарат Дигиталниот фотоапарат (Слика 2_29) е понов влезен уред кај сметачите. Тој има меморија во која можат да се запаметат многу слики. За паметење на сликите се користат посебни мемориски картички (memory card) со голем капацитет. Преку вградениот екран со дијагонала од неколку инчи, сликите можат да се гледаат, а со посебни команди да се бришат или преуредуваат. Фотоапаратот може да се поврзе на компјутерот со посебен кабел, преку кој може да се пренесат сликите и потоа да се обработуваат. Притоа мемориската картичка се појавува како посебна надворешна меморија, т.е. пренослив диск (removable disk).

32

Слика 2_28: Палка

Слика 2_29: Дигитален фотоапарат


Информатика за V одделение

Видео-камера Видео-камерите (Слика 2_30) спаѓаат меѓу најновите хардверски додатоци на компјутерот, а се користат за внесување на видео снимки. Нивната употреба стана неопходна при пренос на слики преку Интернет. Слика 2_30: Видео-камера

Трекбол Трекболот (trackball) е влезна единица чија намена е иста како и глувчето и го заменува во случај кога на масата покрај тастатурата нема доволно место за движење на глувчето. Трекболот, Слика 2_31, по конструкција е сличен на наопаку свртено глувче, така што топчето е од горната страна. Движењето на стрелката по екранот се постигнува со ротирање на топчето со прстите. Трекболот наоѓа примена во преносните компјутери и најчесто е вграден на самата тастатура или пак се прикачува од страната. Графичка табла

Слика 2_31: Трекбол

Графичката табла (graphic table) е многу популарна кај децата, бидејќи може да се користи за директно цртање на неа и внесување на цртежите во компјутерот. На таблата (Слика 2_32а) се црта со посебен молив наречен стајлус (stylus). Моливот е поврзан со компјутерот (Слика 2_32б) и во секој момент може да се определат координатите на положбата на врвот од моливот. Денес се користат и безжични моливи.

Слика 2_32а: Графичка табла

Светлосно перо Слика 2_32б: Графичка табла Слика 2_33: Светлосно перо

Светлосното перо (light pen) се користи за покажување и за задавање команди преку екранот, Слика 2_33. Тоа се користи исто како и глувчето, со таа разлика што селектирањето на објект на екранот се врши со директно покажување со перото.

33


2. Компјутери

Модем Меѓу перифериските уреди на компјутерскиот систем, кои денес имаат сè поголема важност е модемот (Слика 2_34). Тоа е уред што овозможува предавање и примање податоци меѓу два физички оддалечени компјутери преку обична телефонска линија. Кога ги предава податоците од компјутерот на кој е поврзан, прво ги преведува во сигнали и ги испраќа преку телефонската линија. Кога прима податоци од друг компјутер, тогаш тој ги прима сигналите од телефонската линија, ги претвора во податоци и ги внесува во компјутерот.

Слика 2_34: Модем

Денес модемите најчесто се интегрирани на матичната плоча на компјутерот. Постојат и модеми како посебни уреди кои се приклучуваат на компјутерот. Брзината на пренос на податоците со модем се изразува во битови во секунда–b/sec, и денес (стандардно) изнесува 56000 b/sec, т.е. 56 Kb/sec (килобита во секунда).

Цртач Цртачите (plotter) се наменети за брзо и прецизно цртање на сложени технички цртежи. Има неколку типови цртачи, и тоа: цртач со перо т.н. пен-цртач, млазни и ласерски. Кај пен-цртачите се користат повеќе пера со различна дебелина и различни бои, а цртањето го контролира компјутерот. Бидејќи се наменети само за цртање линии, испишувањето букви на хартијата е бавно и не е многу убаво, а практично не е можно боење на површини. Кај млазните и ласерските цртачи цртањето се сведува на печатење на цртежот. Млазните цртачи (Слика 2_35) се многу побрзи од пен-цртачите. Ласерските цртачи можат да исцртаат десетина страници во една минута.

34

Слика 2_35: Цртач


Информатика за V одделение

Видео -проектор Видео-проекторот (projector) (Слика 2_36) се користи за прикажување на сликата од екранот на посебни платна или на ѕид. Дијагоналата на приказот може да биде до над 15 метри, на оддалеченост и над 20 метри. Затоа се користат при разни презентации и предавања пред поголем аудиториум.

Слика 2_36: Видео-проектор

Дигитализатор Дигитализаторот (digitizer) се користи за дигитализирање (конверзија) на графички репрезентации (планови, скици, цртежи итн.) во дигитални податоци. (Дигиталните податоци се податоци изразени со броеви.) Тој се состои од специјален уред на кој има покажувач и копчиња (Слика Слика 2_37: 2_37) за задавање команди, а со компјутерот е поврзан со посебен Дигитализатор кабел. Дигитализаторот се влече по рамна табла на која се наоѓа цртежот, а со притискање на соодветното копче се испраќа сигнал (координати) за точката над која се наоѓа. Вака внесените дигитализирани податоци во компјутерот можат понатаму да се обработуваат.

Прашања 1. Набројте ги перифериските уреди што ги познавате. 2. За што се користи тастатурата, а за што глувчето? 3. Што е графичка резолуција? 4. Какви видови на печатачи постојат и по што се разликуваат едни од други? 5. За што служи скенерот? 6. Која е улогата на модемот? 7. Кој перифериски уред е потребен за презентации пред повеќе гледачи?

35


2. Компјутери

2.6. Софтвер на компјутерот

За да изврши компјутерот каква било работа, потребно е да му се зададе команда со која се стартува и се извршува соодветна програма. Сите програми што ги извршува компјутерот, со едно име, се нарекуваат софтвер на компјутерот. Најважна програма на компјутерот е оперативниот систем. Оперативниот систем ја поставува врската меѓу корисникот и персоналниот компјутер. Тој управува со целокупната работа на компјутерот и ги контролира сите операции што се изведуваат. За работа на персоналните компјутери постојат повеќе оперативни системи, а најпознати и најкористени денес се оперативниот систем Windows и оперативниот систем Linux. Во овој учебник ќе го обработиме оперативниот систем Windows. Апликативните програми се користат за извршување одредена работа – апликација, како на пример:  подготовка на некоја книга,  уредување на некоја слика,  изготвување на плата,  презентирање при некое предавање,  пребарување низ компјутерска мрежа,  примање и испраќање факс,  организирање на лични задолженија,  компјутерски игри и друга забава,  допишување, разговарање итн.

36


Информатика за V одделение

Оперативен систем Windows Најважни влезни уреди со кои се задаваат командите при работата со компјутерот под оперативниот систем Windows се глувчето и тастатурата. Затоа нив ќе ги објасниме пред да започнеме со објаснување на работата со компјутерот под Windows.

Основни операции со глувчето При работата со глувче, левото и десното копче служат за задавање команди, додека скрол-тркалцето најчесто служи за поместување на содржината на документите нагоре и надолу по екранот. Најчести операции што се извршуваат со глувчето се следниве: Позиционирање е операција што се состои во доведување на покажувачот на глувчето на некое место на екранот (слика, мени, ознака, празно место итн.) со поместување на глувчето по подлогата. Кликнување е брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето (било левото, било десното). Двојно кликнување е двапати едноподруго брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето. Влечење претставува влечење на некој објект (слика, дел од текст и др.) по екранот. Претходно се доведува покажувачот на глувчето врз објектот што сакаме да го влечеме, се притиска копчето од глувчето и се држи притиснато, а потоа се влече глувчето по подлогата, со што објектот се влече по екранот. Кога ќе се доведе објектот на саканата позиција, се испушта копчето од глувчето.

Лevo kop~e

Дesno kop~e

Сkrol-kop~e

Слика 2_38: Копчиња на глувчето

37


2. Компјутери

Основни операции со тастатурата Копчињата на тастатурата се групирани, и секоја група или специјално копче има точно одредена функција, Слика 2_39.

Svetle~ki indikatori

Numeri~ka tасtatura so cifri i aritmeti~ki operatori

Kop~iwa so strelki Specijalni kop~iwa koi se koristat pri ureduvawe dokumenti Kop~e Enter -

Kop~iwa so bukvi

se pritiska otkako }e se zadade komanda preku tасtaturata

Kop~e Space -

Specijalni t.n. funkciski kop~iwa

za prazno mesto vo tekstot

Kop~e Shift se dr`i pritisnato za da se napi{e golema bukva ili za da se napi{e gorniot znak na kop~e so dva znaka.

Слика 2_39: Поважни копчиња на тастатурата

38


Информатика за V одделение

Вклучување на компјутерот Компјутерот се вклучува со притискање на прекинувачот кој може да биде означен: со ON/OFF или со 1/0 или со Power или со некој знак на копчето. По вклучување на компјутерот, на екранот од мониторот се испишуваат повеќе пораки на англиски јазик. Овие пораки ги издава оперативниот систем Windows. Напомена: Додека се испишуваат пораките на екранот, не треба да се притиска на копчињата од тастатурата или од глувчето. Потоа се појавува знакот-логото на оперативниот систем (Слика 2_40), и по него екранот за најавување (логирање) на корисникот, Слика 2_41. На Слика 2_41 е претставен екран преку кој корисникот може да се најави под името „Јас“, или под името „Guest“. За го да се најавиме, покажувачот од глувчето поставуваме во полето за корисничко име, кликнуваме, ја внесуваме лозинката (ако има поставено), и притискаме Enter.

Слика 2_40: Лого на оперативниот систем Windows Потребно е извесно време додека оперативниот систем го доведе компјутерот во работна состојба. За тоа време не треба да се притискаат копчиња од тастатурата или од глувчето. Исто така, самиот оперативен систем се штити од несакани прекини со тоа што кога извршува некоја операција која не смее да се Слика 2_41: Екран за најавување на прекине, до покажувачот од глувчето додава корисникот сликичка со песочен часовник. За тоа време не може да се зададе никаква команда. Ако до песочниот часовник има и стрелка, значи дека операцијата чие извршување е во тек дозволува задавање и на друга команда. По доведување на компјутерот во работна состојба, на екранот од мониторот (Слика 2_42) се прикажува:  работната површина (desktop),  сликички, наречени икони (icons).

39


2. Компјутери

Напомена: Работната површина на секој компјутер може да биде различна, но најчесто ги содржи иконите: My Computer, My Documents, Recycle Bin, и други. Најдолу на екранот се наоѓа Ако кликнеме со

копчето, во т.н. Старт-лента.

левото копче од

глувчето врз копчето отвори Старт-менито, Слика 2_43.

,

ќе се

Ако се движи покажувачот низ менито, ќе се затемнува името врз кое ќе се најде стрелката од глувчето. Притоа, доколку десно од некое име се наоѓа знакот , се отвора друго мени, односно подмени. Старт-менито и подменијата се затвораат со кликнување со глувчето каде било надвор од нив.

Слика 2_43: Старт-мени

Исклучување на компјутерот

Постапката за исклучување на компјутерот е:  Кликнете на копчето

.

Ќе се отвори Старт-менито, Слика 2_43. Слика 2_42: Копчиња за исклучување на компјутерот  Кликнете на командата Turn Off Computer.  Ќе се појави Слика 2_42.

40


Информатика за V одделение

 Кликнете на средното копче Turn Off. Потоа не треба да го притискате копчето за исклучување на компјутерот, бидејќи тој сам ќе се исклучи, туку само исклучете го мониторот. Прашања 1. Што е оперативен систем? 2. Во кој оперативен систем работат компјутерите во вашиот кабинет? 3. Што е сместено на работната површина на Windows? 4. Опишете ја постапката на вклучување и исклучување на компјутерот.

41


2. Компјутери

2.7. Операции со икони и прозорци

Операции со икони Со иконите можни се следните операции:    

покажување на икона, означување (избирање) икона, пренесување икона на екранот и отворање на икона.

Покажување на икона Покажувачот се поставува врз иконата со движење на глувчето по подлогата без притиснато копче. Означување икона Се покажува на саканата икона и се кликнува со левото копче од глувчето. Иконата се затемнува, т.е. велиме дека се означува. Пренесување икона по екранот Иконата се пренесува по екранот со влечење. Отворање икона  Означете ја иконата.  Притиснете го копчето Enter од тастатурата или двојно кликнете со глувчето врз иконата. Иконата се отвора.

42


Информатика за V одделение

Операции со прозорци Секоја икона може да се отвори во прозорец (window) со двојно кликнување врз неа. Прозорецот има облик на правоаголник кој зафаќа цел екран или дел од екранот. Секој прозорец има Лента со наслов. Во неа се наоѓа насловот на прозорецот. На пример, ако се отвори иконата My Computer се добива прозорец како на Слика 2_44. Со прозорците можат да се извршуваат разни операции, како:       

Слика 2_44: Прозорецот My Computer пренесување, менување на големината, собирање на повеќе отворени прозорци, раширување, затворање, подредување, поместување на содржината, и други.

Пренесување прозорец Поставете го покажувачот на глувчето врз Лентата со наслов на прозорецот. Влечете го прозорецот до саканото место.

Менување на височината и на широчината на прозорецот  Поставете го покажувачот на глувчето на горната, на долната, на левата или на десната страна на прозорецот. Покажувачот добива облик менување на широчината.

за менување на височината, или облик

за

 Притиснете го левото копче од глувчето и влечете го по подлогата, додека страната на прозорецот се поместува горе-долу или лево-десно. Кога ќе ја постигнете саканата височина или широчина на прозорецот, отпуштете го копчето од глувчето.

43


2. Компјутери

Истовремено менување на височината и на широчината на прозорецот  Поставете го покажувачот на глувчето во еден од аглите на прозорецот. Тој ќе ја добие следнава форма

.

 Влечете го глувчето по подлогата со притиснато лево копче. Се менуваат двете страни на прозорецот што се спојуваат во избраниот агол.  Откако ќе ја постигнете саканата големина на прозорецот, отпуштете го копчето на глувчето. Ширење на прозорецот на цел екран Прозорец може да се рашири на цел екран со кликнување на копчето од групата копчиња горниот десен агол на прозорецот.

која се наоѓа во Слика 2_45: Ресториран прозорец

Враќање (ресторирање) на раширениот прозорец на претходната големина Оваа операција се извршува со кликнување на копчето

од групата копчиња

. Собирање отворен прозорец во икона на Старт - лентата Со кликнување врз копчето прозорецот се затвора, а името на прозорецот се појавува како посебна икона во Старт-лентата. Ако се кликне врз иконата на прозорецот од Старт-лентата, прозорецот повторно се отвора.

Слика 2_46: Старт-лента Затворање на прозорецот Прозорецот се затвора со кликнување врз копчето .

44

од групата копчиња


Информатика за V одделение

Подредување на прозорците на екран На екранот истовремено можат да бидат отворени повеќе прозорци. Активен прозорец е оној кој се наоѓа над останатите. Со кликнување со глувчето врз некој друг прозорец, тој станува активен. За подобра прегледност при работа со повеќе прозорци, тие можат да се подредат. Ако се кликне со десното копче од глувчето врз Старт-лентата, ќе се појави листа со повеќе команди, меѓу кои и следниве: Cаscade Windows (каскадно подредување, Слика 2_47), Tile Windows Horizontaly (хоризонтално подредување), и Tile Windows Verticaly (вертикално подредување, Слика 2_48).

Слика 2_47: Каскадно подредување

Слика 2_48: Вертикално подредување

Поместување на содржината на прозорецот Ако не се гледа целата содржина во прозорецот, тогаш на десната и на долната страна се јавуваат Ленти за поместување на содржината на прозорецот. Секоја лента има по две стрелки на краевите и лизгач во средината. Со кликнување врз некоја од стрелките содржината на прозорецот се поместува по малку во спротивна насока од нејзината. За постепено (континуирано) поместување на содржината, треба да се влече лизгачот по лентата. Лизгачот ја менува својата должина зависно од широчината/височината на Слика 2_49: Ленти за поместување прозорецот. на содржината на прозорецот Ако се гледа целата содржина на прозорецот по широчина или по височина, тогаш соодветната Лента за поместување на содржината на прозорецот не се покажува.

45


2. Компјутери

Стартување на програма Програма која има своја икона на екранот се стартува со двојно кликнување врз иконата. Во случај кога програмата нема икона на екранот, тогаш таа се стартува преку подменито All Programs од Старт-менито. Вежба: Стартувајте ги програмите Solitaire и Calculator преку соодветниве подменија: Start All ProgramsAccessoriesGamesSolitaire Start All ProgramsAccessoriesCalculator. Вежба: Отворете ја папката My Documents и обидете се да ги извршите сите овие операции врз отворениот прозорец. Потоа отворете ги My Computer и Recycle Bin и подредете ги трите отворени прозорци на сите можни начини.

Прашања: 1. Како се отвора една икона? 2. Кои се можните операции со отворен прозорец? 3. На колку начини можат да се подредат прозорците и кои се тие начини?

46


Информатика за V одделение

2.8. Организација на податоците Рековме дека податоците во компјутерот се чуваат на надворешните мемории, најчесто на дискот. На пример, како се чуваат податоците за ученици од едно одделение? На Слика 2_50 е даден дел од списокот на учениците. Списокот на ученици содржи податоци за учениците, и тоа: број во дневникот, име 1 M arina Atanasova

4,27

mn. Dobar

primerno

2 M aja An~evska

4,52

odli~en

primerno

3 Stojan Lanev

2,15

dovolen

dobar

...

...

...

... ........................... 13 Jovanka \or|ievska

5,00

odli~en

primerno

... ...........................

...

...

...

34 Emilija ^o~kova

4,78

odli~en

primerno

Слика 2_50: Список на ученици и презиме, просечна оценка, општ успех и поведение. За да се зачуваат овие податоци во компјутерот како една целина, им се доделува име. На пример, Список А-3. Вака именуваното множество од податоци се нарекува датотека (file). Датотеките што содржат податоци се нарекуваат податочни датотеки. Датотеките што содржат програми се нарекуваат програмски датотеки или програми. Секоја датотека има единствено име. Датотеките имаат и тип. Постојат повеќе типови датотеки, Слика 2_51. Пред името на датотеката има икона, по која се препознава типот на датотеката - дали се работи за слика, текст, музика и.т.н. Програмите во Windows се нарекуваат апликации и се од типот Application. Работата на компјутерот на екранот симулира работна маса (desktop). Замислете дека на вашата работна маса имате компјутер (My Computer), папка со ваши документи (My Documents), како и други папки и документи, а и кошница за отпадоци (Recycle Bin).

Слика 2_51: Имиња на датотеки и типови

47


2. Компјутери

Кога ќе кликнете на My Computer, тој ќе се отвори и ќе се види дека во него има единици за надворешни мемории и папки со документи. Единиците за надворешни мемории имаат имиња и ознаки и тоа: 

3.5 Floppy (A:) е за дискетната единица;



Local Disc (C:) е тврд диск со ознака C;



CD-RW Drive (D:) е единица за компактен диск со ознака D.

За полесно наоѓање и работа со документите кои се чуваат на надворешните мемории, тие се сместуваат во папки (folders). Секоја папка има свое име и икона пред името. Сите папки се подредени како на Слика 2_52, т.е. велиме дека имаат структура на дрво. Во секоја папка може да има други папки и датотеки. Доколку во квадратчето пред папката стои знакот: , во неа има и други папки; , во неа нема други папки освен прикажаните. Вообичаено, датотеките со некоја заедничка особина се чуваат во иста папка. На пример, програмите (апликациите) се наоѓаат во папката Program Files.

Слика 2_52: Структура на дрво на папките

48


Информатика за V одделение

Ракувањето со вака организираните папки е едноставно, лесно, ефикасно и прегледно. Тоа се прави со програмата Windows Explorer. Таа се стартува преку Старткопчето. Start All ProgramsAccessoriesWindows Explorer, Слика 2_53.

Слика 2_53: Стартување на програмата Windows Explorer Ќе се отвори прозорецот Windows Explorer, Слика 2_54.

Слика 2_54: Прозорецот Windows Explorer

49


2. Компјутери

Во левиот дел на прозорецот се наоѓаат сите папки. Кога ќе се кликне на некоја од нив, во десниот дел од прозорецот се прикажува нејзината содржина. Вежба: Во отворениот прозорец на Windows Explorer кликнете во сите квадратчиња пред папките со знак +. Потоа, враќајќи се наназад, кликнете во сите квадратчиња пред папките со знак - . Отворање нова папка Како се отвора нова папка во папката My Documents? 

Кликнете на копчето



Кликнете на папката



Ќе се отвори прозорецот My Documents.



Кликнете на File, поставете го покажувачот на New, па на Folder, и кликнете на

. .

Folder. 

Внесете име на вашата папка на местото На пример:



.

.

Кликнете надвор од името на папката или притиснете на копчето Enter од тастатурата. Во папката My Documents ќе се прикаже папката со име Moja Papka, Слика 2_55.

Слика 2_55: Креирана папка Moja Papka

50


Информатика за V одделение

Вежба: Во папката My Documents креирајте папка Uciliste, во неа папка V_odd, а потоа во неа креирајте папка со вашето име и презиме. Во папката со вашето име и презиме креирајте папки за вашите омилени наставни предмети.

Прашања: 1. Што е датотека? Какви видови датотеки постојат? 2. Која програма ја користиме за организација и ракување со датотеките и папките?

51


2. Компјутери

2.9. Компјутерски игри

Посебна популарност од апликативните програми кои се користат на компјутерот имаат програмите за компјутерски игри и друга забава. Тие се посебно популарни кај децата, меѓутоа, не ретко и возрасните го сметаат за добра забава играњето некоја компјутерска игра. Привлечноста на игрите доаѓа оттаму што тие го вклучуваат гледачот како активен учесник, а не само како послушен исполнувач на барањата од компјутерот. Денес постојат и тродимензионални игри од т.н. виртуелна реалност, кои се играат со специјални кациги и/или очила. Кај компјутерските игри доаѓа до израз креативноста и способноста за логичко размислување на играчот, како и способноста и усогласеноста на неговите сетила да реагираат на одредена ситуација. Секоја компјутерска игра има:  своја цел,  правила за играње, и  одредени просторни, временски и други ограничувања кои треба да се почитуваат за да се дојде до саканата цел. Според правилата и според начинот на игра постојат повеќе видови компјутерски игри, и тоа:  логички,  симулациски, и  стратегиски,  боречки (аркадни). На компјутер што работи под оперативниот систем Windows има неколку компјутерски игри, кои се наоѓаат во подменито со игри Games. До подменито се доаѓа со низата подменија: Start All Programs Games и се кликнува на некоја од игрите, Слика 2_56. Игрите пред кои стои зборот Интернет можат да се играат само ако сте приклучени на Интернет, бидејќи тие не се наоѓаат на вашиот компјутер. Во продолжение ќе ја разгледаме играта Solitaire. Слика 2_56: Игри

52


Информатика за V одделение

Играта Solitaire Како се стартува играта Solitaire? ·

Во менито за игри Games кликнете на нејзиното име .

Се отвора прозорец во чија Лента за наслов стои името Solitaire, Слика 2_57. Под Лентата со наслов е прикажано т.н. Главно мени со две подменија Game и Help. Подменијата содржат команди за играта. Прозорецот на играта се состои од поле со седум колони во кои се распределени 28 карти. Во првата колона има 1 карта, во втората 2 карти итн. Последната карта во секоја колона е отворена. Слика 2_58: Подменито Game

Kup~e od karti

Osnovni }elii

Слика 2_57: Прозорецот Solitaire

Во горниот лев агол се наоѓа купче од преостанатите 24 карти на шпилот.

Целта на играта е картите од 7-те колони и од купчето во горниот лев агол на прозорецот да се подредат по вид и тоа:

лист,

баклава,

срце и детелина. Подредувањето се врши во базните ќелии, по големина, почнувајќи од најмалата карта - единицата (кец). Правила на играта Solitaire

Слика 2_59: Почеток на играта

 Затворена карта се отвора со кликнување врз неа.  Картите се пренесуваат по екранот со влечење до саканото место.  Во играта, картите се подредуваат на 2 начина. Подредување на картите во колоните Картите во колоните се подредуваат од поголема кон помала и притоа двете карти мора да бидат со различна боја (црвена на црна или обратно). Целта на ова подредување е да се ослободуваат покриените карти во колоните, за да може да се пренесат во базните ќелии.

53


2. Компјутери

Подредување на картите во базните ќелии Картите од ист вид во базните ќелии се подредуваат од најмалата до најголемата.  Може да се пренесуваат само отворени карти.  Отворена карта се пренесува во базна ќелија со влечење или со двојно кликнување на неа.  Од една во друга колона може да се пренесе и цела низа од неколку подредени карти, при што се фаќа најдолната карта од подредените.  Доколку во некоја подредена низа карти најдолната карта е крал, а некоја од колоните е празна, тогаш целата низа може да се пренесе со фаќање на кралот и влечење во празната колона.  Последната карта од некоја колона или отворената карта од купчето се помесСлика 2_60а тува во базна ќелија само ако таму формира растечка низа со останатите карти од ист вид. Ќе наведеме дел од една игра. На почетокот картите случајно се распоредуваат и по првите три поместувања е добиена следнава ситуација, Слика 2_60а. Картите од третата и од четвртата колона не се отворени, а првата колона е празна. Ако кликнеме на последните картите во колоните 3 и 4, тие се отвораат. Бидејќи во колоната 7 Слика 2_60б имаме подредена низа која почнува со крал, таа може да се пренесе во првата празна колона. Се добива ситуацијата прикажана на Слика 2_60б. Откако сите карти од колоните ќе се отворат, играта продолжува со отворање на картите од купчето во горниот лев агол на прозорецот. Ако се користи опцијата да се отвораат по три карти, на купчето се кликнува пред да се отворат картите во полето за игра. На тој начин се дава можност да се видат и другите опции за игра, што може да ги зголеми шансите за победа. По секое успешно подредување на картите во базните ќелии ќе бидете наградени со убава глетка на арки направени со скокање на картите, Слика 2_61. Слика 2_61

54


Информатика за V одделение

Играта Minesweeper Цел на играта Minesweeper е да ги откриете, колку што е можно побрзо, сите мини во просторот за игра без да активирате некоја од нив. Како се активира играта Minesweeper?  Во менито за игри кликнете на

Се отвора прозорец со две менија: Game и Help.  Кликнете на менито Game, а потоа на опцијата New (F2).

Прозорецот на играта содржи: 

часовник,



бројач на мини и



простор за игра со одреден број квадратчиња.

Најнапред, определете ја големината на просторот за игра. Од менито Game изберете ја опцијата Custom. Се отвора прозорец во кој се определува големината на просторот за игра (бројот на квадратчиња во вертикална и хоризонтална насока), како и бројот на поставените мини.

55


2. Компјутери

Правила на играта 

За да отпочне играта, кликнете на некое квадратче од просторот за игра.



Со тоа се активира и часовникот за мерење на времето.



Квадратче се отвора ако кликнете на него. Притоа, ако откриете мина, ја губите играта.



При отворање на квадратче, во него се појавува број којшто покажува колку мини се наоѓаат во 8-те соседни квадратчиња, или се открива мина и играта е изгубена.

На пример, ако во отвореното квадратче се појави бројот 2, тоа значи дека во неговите 8 соседни квадратчиња се наоѓаат две мини. 

За да не го отворите туку само да го означите квадратчето за кое мислите дека содржи мина, кликнете на него со десното копче на глувчето.



Ако не сте сигурни дали некое квадратче крие мина, означете го со прашалник, двапати кликнувајќи со десното копче на него.

Подоцна, квадратчето со знак ? можете да го означите како мина ако кликнете на него со десното копче на глувчето или да го отстраните означувањето од него со двојно кликнување со десното копче на глувчето.  Ако сте ги означиле сите мини околу нумерирано квадратче, тогаш можете да ги отворите останатите соседни квадратчиња ако кликнете врз нумерираното квадратче со двете копчиња на глувчето, едновремено, или ако ги отворате едно по едно.  Ако не сте ги означиле сите мини околу нумерирано квадратче, туку ако кликнете врз нумерираното квадратче со двете копчиња на глувчето едновремено, тогаш останатите соседни неозначени квадратчиња ќе ја променат осветленоста. Означете ги квадратчињата на сликата под кои се крие мина.

56


Информатика за V одделение

Прашања 1. Кои видови на компјутерски игри постојат? 2. Кои компјутерски игри се содржат во папката Games? 3. Која е вашата oмилена компјутерска игра? Опишете како ја повикувате и како се игра.

57


2. Компјутери

2.10. Компјутерски програми

2.10.1 Калкулатор (дигитрон) Калкулатор е компјутерска програма за едноставни математички пресметувања. Со неа се симулира работата на стандардниот џебен калкулатор познат и како дигитрон. Стартување: Start  All Programs  Accessories  Calculator (Слика 2_62). Слика 2_62: Стартување на Calculator

Се отвора прозорец со истото име (Слика 2_63). Разликуваме два вида калкулатори:  стандарден (Standard), Слика 2_62б и  научен (Scientific), Слика 2_62а.

Во Главното мени на програмата има три подменија: Edit, View и Help. Изборот на видот на калкулаторот е преку подменито View. Слика 2_63а: Научен калкулатор

Слика 2_63б: Стандарден калкулатор

Со калкулаторот можат да се извршуваат повеќе операции, меѓу кои и четирите основни аритметички операции: собирање, одземaње, множење и делење.

Притоа, се користат следниве знаци за одделните аритметички операции: за собирање за множење

за одземање за делење

Вежба: Помножете ги броевите 123 и 5,69 на следниов начин: Внесете го првиот број 123. Кликнете на копчето со знакот Внесете го вториот број 5,69.

.

Кликнете на копчето со знак или притиснете на копчето Enter од тастатурата. Се добива резултат: 699,87.

58


Информатика за V одделение

Броевите и знаците за операциите можат да се внесуваат со кликнување врз соодветните копчиња со цифри на калкулаторот или преку тастатурата. Негативен број се внесува така што прво се внесува позитивен број, а потоа се кликнува на копчето со знак +/- . Копчето Копчињата

служи за бришење на последната внесена цифра. и

служат за бришење на последниот внесен број.

Вежба: Откријте која е разликата меѓу овие две копчиња. За да се зачува некој број во меморијата се кликнува на копчето Со копчето се брише меморијата, а со копчето содржината на меморијата на дисплејот.

. се прикажува

За да се додаде број на бројот зачуван во меморијата, се кликнува на копчето Во празното копче, над копчето буквата

, лево од копчето

, се прикажува

секогаш кога има запаметена вредност во меморијата.

Вежба: Производите на бројот 175 со броевите 5, 6, 7 и 8 ќе ги добиете ако прво 175 го ставите во меморијата (внесете 175 и кликнете на копчето

), а потоа множете

така што секогаш кога треба да го внесете бројот 125, ќе кликнете на копчето

.

Во стандардниот калкулатор ги има и функциите: – квадратен корен, – реципрочна вредност на бројот х и – процент. Вежба: Колку е 12% од 10,000? Внесете го процентот 12. Кликнете на копчето . Внесете го бројот 10000. Кликнете на копчето

.

Ќе добиете 1200.

59


2. Компјутери

2.10.2 WordPad Постојат повеќе програми за пишување и уредување на едноставен текст. Една од нив која се користи под оперативниот систем Windows е WordPad. Програмата се стартува со: Start  All Programs  Accessories  WordPad (Слика 2_64). Се отвора основниот прозорец, Слика 2_65 со следниве елементи:  Лента со наслов – на неа е испишано името на документот. При стартување на WordPad името на документот е Document.

Слика 2_64: Стартување на WordPad

 Главно мени – со шест подменија, и тоа: File, Edit, View, Insert, Format и Help.  Лента со алатки.  Лента за форматирање.  Простор за пишување.

Glavno meni

Poka`uva~

Prostor za tekst

Слика 2_65: Прозорецот WordPad

60


Информатика за V одделение

Како се пишува текст Во горниот лев агол на полето за пишување во прозорецот на WordPad трепка вертикална цртичка | , која покажува на местото од каде што ќе почне испишувањето на текстот. Пред да започнете со пишување треба да знаете дека: Празно место помеѓу зборовите се остава со притискање на најдолгото копче најдолу на тастатурата, т.е. копчето Space. Голема буква се пишува со држење притиснато на копчето Shift и притискање на копчето со буквата. Во нов ред се преминува со притискање на копчето Enter. Првиот ред во параграфот се вовлекува со притискање на копчето Tab. Ако започнете со пишување, ќе забележите дека пишувате латиница, односно со буквите од англиската абецеда, Слика 2_66.

Слика 2_66: Почеток на пишување За пишување на македонски јазик притиснете ги копчињата Alt и Shift истовремено и пуштете ги, односно, држете го притиснато копчето Alt и притиснете го и веднаш пуштете го копчето Shift, а потоа пуштете го и копчето Alt.

На десниот крај од лентата Старт ќе се покажат буквите МК Ако продолжете со пишувањето, ќе видите дека текстот ќе биде на кирилица.

.

За да пишувате на латиница, повторно притиснете ги копчињата Alt и Shift истовремено.

На десниот крај од лентата Старт ќе се покажат буквите EN. (Ова е овозможено бидејќи оперативниот систем Windows ја поддржува и македонската азбука.)

61


2. Компјутери

Распоредот на буквите од македонската азбука на тастатурата се дадени на Слика 2_67. ~ Ѝ !

! @ „

#

`

% % ^

‘ & & *

*

(

(

)

)

_

_ + +

| Ж

1 2

3 3 4 4

5

5

6 7

8

9 9

0

0

-

-

\ ж

Q Љ W Њ Е Е R

Р

T Т Y Ѕ U У I И O О P П { Ш } Ѓ

ѝ 1

2

“ $ ‘

6

7 8

= =

[ ш ] A А S С D Д

F Ф G Г H Х J

Ј K К L Л

;

Ч

Ќ

;

ч

ќ

Z З X Џ C Ц V В B Б N Н M М <

;

>

:

?

?

,

,

.

.

/

/

ѓ

Слика 2_67: Распоред на буквите од азбуката на тастатурата Напомена:

Буквата ~ (со апостроф) ја нема во Windows XP, туку во Windows Vista.

Буквата è ја има во двете верзии на Windows, а се пишува со командата Ctrl+`,e. Оваа команда се задава со држење притиснато копче Ctrl и притискање на копчето со апостроф ` (под копчето Esc), а по испуштање на двете копчиња се притиска буквата е. Вежба: Напишете го дадениот текст, Слика 2_68.

Слика 2_68 При првото стартување на WordPad можно е да се појави следниов проблем: (Слика 2_69) целиот текст е во еден ред и се поместува налево.

62


Информатика за V одделение

Слика 2_69: Проблем на поместување на текстот во еден ред За да се гледа целиот текст, постапете на следниов начин:  Кликнете View  Options... Слика 2_70. Ќе се отвори истоимениот прозорец, Слика 2_71.  Во прозорецот Options кликнете во крукчето пред Wrap to window.  Кликнете на копчето ОК.

Слика 2_70 Слика 2_71 Текстот ќе се преуреди и ќе биде испишан во повеќе редови, Слика 2_72.

Слика 2_72: Ограничување на должината на редовите

63


2. Компјутери

Вежба: Напишете го текстот од претходната вежба, само на македонски јазик. Почнете од нов ред и повлечете го првиот ред десно (со тоа што ќе го притиснете копчето Tab), Слика 2_73.

Слика 2_73: Вежба

Прашања: 1. За што се користи програмата Calculator? 2. За што служи и како се повикува програмата WordPad? 3. Опишете го изгледот на основниот прозорец на WordPad. 4. Како при пишувањето преминуваме од латиница во кирилица?

64


Информатика за V одделение

2.10.3. Oперации со документи во WordPad Како да го зачувате напишаниот текст? Постапката за зачувување на документот на некоја надворешна меморија е следна:  Кликнете на иконата

.

 Во прозорецот Save As, во полето File name, внесете име на документот. На пример, Prv dokument, Слика 2_74  Кликнете на копчето Save. Во Лентата со наслов ќе се појави името на документот.

Slika 2_74: Prozorecot Save As

Како да започнете нов документ?  Кликнете на иконата

.

 Во прозецот New за избор на типот на документот изберете (кликнете на) Rich Text Document.  Кликнете на копчето ОК. Како се затвора бележникот WordPad?  Кликнете на подменито File  Изберете ја командата Exit. Како се отвора некој од зачуваните документи?  Кликнете на иконата

.

 Во прозорецот Open ќе се гледаат зачуваните документи, (Слика 2_75).  Кликнете врз документот кој сакате да го отворите.  Кликнете на копчето Open. Текстот на документот ќе се покаже во прозорецот WordPad.

Slika 2_75: Prozorecot Open

65


2. Компјутери

Како се прават измени во текстот на некој готов документ? Прво, документот треба да се отвори преку иконата

.

За уредување на текстот се користат неколку копчиња и команди. Со копчето Delete (или Del) од тастатурата се брише знакот по покажувачот. Со копчето  или  (наречено Backspace, кое се наоѓа над копчето Enter) се брише знакот пред покажувачот.

Движење низ документот Низ документот може да се движиме на повеќе начини. Наједноставно е со копчињата со стрелки од тастатурата (, ,  и ) и со копчињата PageUp (PgUp), PageDown (PgDn), Home, End, Ctrl од тастатурата. Забелешка: При задавање на команди со две копчиња (Ctrl+Home, Ctrl+End), се држи притиснато првото копче и се притиска второто копче.

Edn o mesto levo

   PgUp

Edn o mesto desno

PgDn Home

Eden ekran nadolu

End Ctrl + Home Ctrl + End

Edna redica podolu Edna redica pogore Eden ekran nagore Na po~etokot na redicata Na krajot na redictaa Na po~etokot na dokumentot Na krajot na dokumentot

Слика 2_76: Копчиња за движење низ документот Уредување на документот Уредувањето на текст најчесто ги опфаќа следниве операции со текст: порамнување на текстот, промена на стилот на буквите (задебелување, искосување, потцртување), проме -на на големина на фонт, на нивната боја или на бојата на позадината. Иконите за овие операции се наоѓаат во Лента со икони наречена Formatting под Главното мени.

Како се порамнува текстот? При порамнувањето текст се порамнува цел параграф (пасус), а не еден ред, со следнава постапка:  Кликнете каде било во параграфот.  Кликнете на една од икониве:

66


Информатика за V одделение

за порамнување со левата граница, за порамнување со десната граница или за центрирање.

Како се задебелува, искосува или потцртува дел од текстот?  Означете го зборот или дел од текстот.  Кликнете на една од икониве: за задебелување, за искосување или за потцртување.

Како се менува големината на буквите? Означете го текстот или дел од текстот.  Кликнете на знакот на десниот крај од Полето со големини на букви. Ќе се отвори Листа со големини на букви. Слика 2_77:

 Кликнете на саканата големина.

Големини на букви

Како се поништува последната извршена операција? Ако сте погрешиле и сакате да ја поништите последната операција што сте ја направиле во документот, кликнете на иконата поништи претпоследната операција итн.

. Ако повторно кликнете на иконата, ќе се

Вежба: Проверете колку команди можат да се поништат на ваков начин.

67


2. Компјутери

Вежба: Прво напишете го, а потоа уредете го следниов документ:

Слика 2_78: Документот пред уредување

Слика 2_79: Документот по уредување Прашања: 1. Опишете ги постапките на зачувување и повторно отворање на документ. 2. Кои видови на порамнување на текст се можни? 3. Објаснете што можете да измените во врска со изгледот на буквите и како би го направиле тоа. 4. Како се поништува последната извршена операција?

68


Информатика за V одделение

3. МУЛТИМЕДИЈА

3.1. Поим за мултимедија

Информациите се претставуваат (запишуваат) со податоци во форма разбирлива за човекот, и тоа: текст, слика, звук и видео (анимација). Овие форми на податоци се нарекуваат медиуми. Податоците запишани со повеќе медиуми се нарекуваат мултимедијални (мултимедиумски) податоци. Областа што се занимава со претставување, обработка и пренос на мултимедиумски податоци се нарекува мултимедија. Поимот мултимедија сè повеќе се среќава во секојдневниот живот. Честопати слушаме за некоја мултимедијална претстава, изведба, концерт и слично. Тоа значи дека во таквите претстави, изведби и концерти се користи текст, слика, звук (музика, говор) и видео (анимација). Мултимедијата во информатиката се среќава во форма на мултимедијални компјутерски апликации и документи. Мултимедијалните апликации се способни за истовремена обработка и за презентирање на мултимедијални податоци, додека, пак, мултимедијалните документи (датотеки) се оние кои содржат мултимедијални податоци. Мултимедијални апликации и документи Мултимедијалните апликации се компјутерски програми. Тие, најчесто, се: игри, енциклопедии, речници, образовни програми итн. Поради големината, мултимедијалните документи и апликации се чуваат на поголеми надворешни мемории, како: тврди дискови, компактни дискови (CD), дигитални видео-дискови (DVD) и слично. Најголема библиотека од мултимедијални содржини е Интернет. Хардверски барања на мултимедијалните апликации Мултимедијалните апликации бараат поголема компјутерска меморија и побрзи процесори затоа што обработката и презентирањето на звучните и на видео-податоците бара поголема меморија. Мултимедијалните компјутери треба да имаат тврд диск со голем капацитет, квалитетни графички и звучни картички, единица за компактен или дигитален видеодиск, палка за играње, звучници, микрофон, видео-камера и други дополнителни елементи (посебни очила, кацига итн.).

69


3. Мултимедија

Windows XP има вградени апликации за обработка на слики, за снимање и за слушање музика, за гледање филмови, за креирање сопствени филмски инсерти, за играње игри на сопствениот компјутер или преку Интернет итн. 3.2. Слики. Организирање и прикажување на сликите

Windows XP располага со големи можности за внесување слики од скенер, од фотографски апарат, од видео-камера или за преземање од Интернет.

За чување на сликите во Windows постои посебна папка наречена My Pictures, Слика 3_1. По потреба, секој корисник на компјутерот може да си отвори своја папка за слики. Најчесто користени начини на прикажување на сликите во папката се: Filmstrip - сликите се појавуваат во една редица во минимизирана форма, Слика 3_2. Thumbnails - сликите се прикажуваат во минимизирана форма, доволно голема за да може да се препознае секоја слика, Слика 3_3.

Слика 3_1

Слика 3_2 Слика 3_3

70


Информатика за V одделение

Движењето (преминот) од една на друга слика го правиме со стрелките од тастатурата за налево и за надесно. Ако кликнеме на некоја слика, таа ќе се прикаже во зголемени димензии над другите слики, Слика 3_2. Со копчињата сликата лево или десно од тековната, додека со копчињата завртува надесно или налево.

се прикажува зголемената слика се

Со двојно кликнување на сликата таа ќе се отвори во некоја програма за уредување слики.

Преземање слики од скенер или од дигитална камера За да внесеме слики од скенерот или од камерата, претходно тие мора да бидат вклучени (поврзани) на компјутерот. Во My Computer кликнуваме на Control Panel (Слика 3_4) и од неговата содржина кликнуваме на иконата Scanners and Camerаs. Истото се постигнува и со следнава постапка: 

Кликнуваме на копчето Start,



Избираме: SettingsControl Panel,



Двојно кликнуваме на Scanners and Camerаs.

Слика 3_4

Потоа ги следиме упатствата за преземање слика од скенерот или од камерата. Постојат и се користат и други начини на преземање слики.

Прашања: 1. Која папка во Windows се користи за чување на слики? 2. Кои се можните прикази на датотеките со слики? 3. Објаснете ја постапката за прикажување минимизирани слики. 4. Како се движиме низ сликите во Filmstrip изгледот? 5. Изберете една слика и ставете ја како заднина на екранот. 6. Објасни ја постапката како се преземаат слики од скенер или од дигитална камера. Дали знаеш друг начин на преземање. Објасни ја постапката.

71


3. Мултимедија

3.3. Музика. Слушање и снимање музика Слушање музика Постојат повеќе програми кои компјутерот го претвораат во музички систем за слушање музика. Една од најчесто користените е Windows Media Player. Стартување: Start  All Programs  Accessories  Entertainment  Windows Media Player (Слика 3_5), при што се отвора основниот прозорец, Слика 3_6.

Слика 3_5: Стартување на Windows Media Player Со Windows Media Player можеме да слушаме повеќе типови музички (аудио) датотеки. Тие се препознаваат по иконата што стои пред името на датоте-

Слика 3_6: Прозорецот на Windows Media Player

ката. Во папката My Documents се содржи папка , во која, вообичаено, се чуваат музичките датотеки, но можеме да слушаме музика и од CD или DVD. За да вклучиме песна, постапуваме на следниот начин:  Од подменито File ја задаваме командата Open.  Во прозорецот што ќе се отвори (Слика 3_7) ја наоѓаме папката и кликнуваме на музичката датотека - песната. (Слика 3_8)  Кликнуваме на копчето Open. Во долната лента на прозорецот Windows Media Player (Слика 3_9) се наоѓаат копчиња за стандардните операции со музички систем, и тоа: Play, Stop, копчињата за избор на наредна или претходна песна, како и покажувачот за менување на јачината на звукот.

72

Слика 3_7: Прозорецот Open за избор на дискот, CD-то или папката


Информатика за V одделение

Слика 3_9: Копчиња за операции со музичкиот систем Слика 3_8: Избор на музичка датотека

Снимање музика Дали компјутерот може да се користи како магнетофон? Односно, дали на компјутерот може да се снима музика, говор и каков било звук? Одговорот на ова прашање е позитивен. Постојат многу програми за снимање музика, меѓу кои наједноставна е програмата Sound Recorder. Програмата Sound Recorder работи под оперативниот систем Windows. Со неа може да се снима и да се слуша звук. За да се користи оваа програма, потребно е на компјутерот да има приклучено микрофон и звучници. Програмата се стартува со: Start  All Programs  Accessories  Entertainment  Sound Recorder (Слика 3_10) Се отвора прозорец со истото име, Слика 3_11. Под Лентата со наслов на прозорецот се наоѓа Главното мени со четири подменија: File, Edit, Effects и Help. Со командите од овие подменија се извршуваат сите операции со звучните датотеки. Слика 3_10: Стартување на Sound Recorder

Слика 3_11: Прозорецот на Sound Recorder

73


3. Мултимедија

Како се снима звук?  Кликнете на менито File и потоа на командата New, Слика 3_12.  За почеток на снимањето кликнете на копчето

.

 За крај на снимањето кликнете на копчето

.

Слика 3_12: Командите во подменито File

За да слушнете што сте снимиле кликнете на копчето

.

Ако сакате да ја прекинете звучната снимка, кликнете на копчето

.

Со кликнување на копчето

се враќате на почетокот од звучната снимка.

Со кликнување на копчето

се префрлате на крајот од звучната снимка.

Како да се зачува звучната снимка како датотека на диск?  Кликнете на подменито File, а потоа на командата Save или Save As . . .  Се отвора прозорец Save As.  Во полето File наме (Слика 3_13) внесете име на датотеката под кое сакате да ја зачувате снимката на дискот.  Кликнете на копчето Save. Јaс ја зачував снимката под име Pesna Prva. Друга звучна снимка може да зачувате во датотека под друго име.

Слика 3_13: Зачувување на звучната снимка

74


Информатика за V одделение

Како се отвора некоја од зачуваните звучни датотеки?  Кликнете на подменито File, а потоа на командата Open. Се отвора прозорецот Open (Слика 3_14) со датотеките со звучни снимки што сте ги зачувале.  Кликнете на некоја од нив.  Кликнете на копчето Open.

Како се додава звук во звучна датотека?

Слика 3_14: Отворање на зачувана звучна датотека

 Отворете ја звучната датотека.  Со глувчето поместете го лизгачот на местото од каде што сакате да ја додадете (вметнете) другата датотека, Слика 3_15.  Зададете ја командата Edit  Insert File Слика 3_16.  Во прозорецот што ќе се отвори најдете ја датотеката што сакате да ја вметнете и кликнете двапати на неа.  Зачувајте ја датотеката под друго име. Слика 3_15: Додавање звук во звучна датотека

На овој начин можете да додавате звук во која било звучна датотека, кој претходно сте го снимиле во посебна звучна датотека. Слика 3_16: Подменито Edit

Вежба: Со помош на наставникот пуштете неколку песни – нaставникот ќе ви ја каже папката каде се зачувани.

Вежба: Обидете се да го снимите сопствениот глaс и да вметнете некоја звучна датотека во вашата снимка.

75


3. Мултимедија

Прашања: 1. Која програма ја користиме за слушање музика? 2. Како ќе ја вклучите саканата песна? 3. Која програма ја користиме за снимање музика? 4. Како се снима звук и како се зачувува звучната снимка? 5. Како се додава звук во звучна датотека?

76


Информатика за V одделение

3.4. Видео. Windows Movie Maker Постојат голем број апликации за обработка на мултимедијални датотеки. Преку дополнителните хардверски уреди тие овозможуваат внесување на слики, на аудио и на видео секвенци, како и други податоци. Во оваа потточка ќе ја разгледаме апликацијата за креирање филмови Windows Movie Maker. Апликацијата Windows Movie Maker Апликацијата може да ја користиме за работа со аудио и видео содржини во компјутерот. Таа располага со можности за уредување и за гледање филмови на компјутерот. Стартување на Windows Movie Maker Стартувањето на Windows Movie Maker се врши на следниов начин:  Кликнуваме на копчето Start.  Избираме Programs, Accessories.  Кликнуваме на Windows Movie Maker. Се појавува прозорецот од Слика 3_17. Основен прозорец на Windows Movie Maker Основниот прозорец на Windows Movie Maker се состои од четири дела: ленти со алатки, област за колекции, монитор и работна лента, Слика 3_17.

Мonitor Лenta so alatki Гlavno meni

Оblасt za kolekcii

Рabotna lenta

Слика 3_17

77


3. Мултимедија

Ленти со алатки Лентите со алатки се користат за брзо извршување на команди, како замена на командите од главното мени.

Област за колекции Областа на колекции се користи за организирање на аудио, видео и неподвижни слики.

Монитор Мониторот е простор во кој се дава приказ на видеото. За управување со приказот, на лентата под мониторот има копчиња за стандардните функции за прикажување: почеток, прекин, пауза и движења напред/назад.

Работна (филмска) лента Работната лента се користи за уредување на филмовите кои ги креираме, Слика 3_18. Работната лента овозможува два начина на приказ на филмот: storyboard и timeline. Преку првиот начин – storyboard можеме да го гледаме подредувањето на видеоинсертите во проектот и повторно да ги преуредиме. Исто така, може да ги гледаме и избраните инсерти на мониторот или сите инсерти во проектот. Вториот начин – timeline, пак, најчесто се користи кога сакаме да го измениме времетраењето на инсертите во проектот.

Zumirawe i snimawe naracija

Слика 3_18

78


Информатика за V одделение

Снимање филм Филмот се снима од видео-инсерти - клипови кои се ставаат во посебна колекција. Постапка за отворање нов проект:  File, New  Project (Ctrl+N) - Слика 3_19.  Кликнуваме на десното копче во рамката Collections.  Внесуваме видео-инсерти со снимање со камера (Record…), или со внесување зачувани видео-датотеки (Import…), Слика 3_20.

Слика 3_19

Видео-датотеките кои се внесуваат треба да се пронајдат преку прозорецот Select the File to import (Слика 3_21) и да се внесат. Тие веднаш се покажуваат во прозорецот, а последната ќе се прикаже на мониторот, Слика 3_22.

Слика 3_21

Слика 3_20

Слика 3_22

Спојувањето на видео-инсертите во филм е со пренесување со глувчето на работната лента по соодветен редослед. За да го видиме така добиениот филм, ја задаваме командата Play, Play Entire Storyboard/Timeline. Видео-инсертите од работната лента (Слика 3_23) можат да се бришат, да се додаваат нови, да се менува редоследот, да се менува времетраењето, почетокот и крајот на клипот итн.

79


3. Мултимедија

Слика 3_23 Со кликнување врз микрофонот, на филмот може да му се додаде говор (нарација). Зачувување на филмот Проектот можеме да го зачуваме како филм на компјутерот и да го репродуцираме по желба. Тоа се постигнува со командите Save Project (Ctrl+S) или Save Project as… (F12) од подменито File. Во прозорецот кој притоа ќе се отвори го внесуваме името на филмот.

Прашања: 1. Која апликација за правење филмски инсерти ви е позната? 2. Како се стартува Windows Movie Maker? 3. Опишете го основниот прозорец на апликацијата Windows Movie Maker. 4. Објаснете ја постапката на правење филм од видео-секвенци. 5. Како се гледа една видео-секвенца, а како цел филм? 6. Внесете неколку видео-секвенци и од нив направете филмови со различно подредување на секвенците. 7. Дали може на филмот да му се додаде говор и како? 8. Зачувајте ги направените филмови под различни имиња.

80


Информатика за V одделение

4. ИНТЕРНЕТ

4.1. Компјутерски мрежи

Множество од компјутери кои меѓусебно се поврзани со цел да се пренесуваат податоци од еден на друг компјутер се нарекува компјутерска мрежа, Слика 4_1.

Слика 4_1: Компјутерска мрежа Компјутерите во компјутерските мрежи најчесто се поврзани со кабли, а можно е и без кабли, т.н. безжично поврзување. Ако компјутерите во компјутерската мрежа се наоѓаат во една или во неколку блиски простории, таквата мрежа се нарекува локална компјутерска мрежа. Ако компјутерите во компјутерската мрежа се наоѓаат на голема оддалеченост, таквата мрежа од компјутери се нарекува глобална компјутерска мрежа. Најпозната глобална компјутерска мрежа е Интернет. Интернет е множество од огромен број поврзани компјутерски мрежи низ целиот свет. Со Интернет се овозможува брз пренос на податоци преку постоечките телефонски и сателитски линии.

81


4. Интернет

Денес Интернет поврзува неколку стотини милиони компјутери од речиси сите држави во светот, а се смета дека во секој момент услугите на Интернет ги користат над 100 милиони луѓе. На компјутерите поврзани на Интернет се наоѓаат огромен број најразлични податоци. Затоа Интернет претставува богат извор на информации од најразлични области: образование, уметност, спорт, наука, бизнис, политика и слично. Интернет им овозможува многу корисни услуги на луѓето во секојдневниот живот. Меѓу најпознатите услуги на Интернет спаѓаат: разгледувањето податоци и електронската поштa.

Прашања: 1. 2. 3. 4. 5.

82

Што е компјутерска мрежа? Опишете ја компјутерската училница и компјутерската мрежа во вашето училиште. Како се делат компјутерските мрежи според просторот на кој се наоѓаат? Како се поврзани компјутерите во компјутерската мрежа? Што претставува Интернет?


Информатика за V одделение

4.2. Разгледување податоци на Интернет

Компјутерите во Интернет се поврзани преку телефонски линии. Таквата мрежа личи на пајажина. Затоа е наречена пајажина распространета низ светот, или, на англиски, World Wide Web, скратено WWW. Со www се означува најголемиот сервис за информации на Интернет, кој овозможува да се гледаат текст, слики и видеоанимации, да се слушаат звучни датотеки, како и да се најдат и разгледуваат разни други типови документи. Сите документи, слики, видеоанимации и други податоци се поставени во датотеки на компјутерите низ цел свет и се нарекуваат веб-документи. Множество веб-документи се нарекува веб-страница. Веб-страниците содржат и мултимедијални документи, т.е. документи кои содржат текстови, слики, звучни инсерти, видеоанимации, па дури и цели филмови. Веб-страниците се поставени на некој компјутер, чија веб-локација (Web-Site) е определена со неговата електронска адреса. На пример, www.disney.com е електронската адреса на веб-локацијата на компјутерот disney.com, додека www го означува сервисот преку кој се овозможува пристап до веб-страниците во таа локација. За разгледување на веб-страниците низ Интернет се користат посебни програми наречени разгледувачи. Најпознати разгледувачи се Mozilla Firefox и Internet Explorer. Разгледувачот Internet Explorer  Кликнете на копчето

.

 Поставете го покажувачот врз менито  Кликнете на програмата

.

.

Се отвора прозорецот на разгледувачот Internet Explorer, Слика 4_2. Во полето Address најчесто е напишано: внесува веб-адресата на страницата која сакаме да ја посетиме.

. Во ова поле се

Доколку имате поставено домашна страница, таа се отвора при секое стартување на разгледувачот.

83


4. Интернет

Слика 4_2: Прозорецот Internet Explorer Разгледување на веб-локација 

Во полето Address напишете ја, на пример веб-адресата: http://www.yahooligans.com



Кликнете на копчето , кое се наоѓа на крајот од полето Address, или притиснете на копчето Enter од тастатурата. Се добива првата страница на внесената веб-локација, Слика 4_3.

Од неа, преку посебни т.н. хиперврски може да се пристапи до други страници. Хиперврската е најчесто текст означен на посебен начин - со подвлечени или искосени букви, или пак во друга боја, но може да биде и слика, или копче. Хиперврската содржи адреса на некоја веб-страница. Кога покажувачот од глувчето ќе се доведе врз хиперврска, тој го менува обликот во дланка од рака со испружен показалец.

Hipervrski

Со кликнување врз хиперврската се отвора вебстраницата чија адреса ја содржи хиперврската. Ако го доведете покажувачот од глувчето врз хиперврската Games и кликнете, ќе се отвори нова страница како на Слика 4_4.

84

Слика 4_3: Страницата Yahoo-ligans


Информатика за V одделение

Изберете некоја игра. Преминувајќи од една на друга веб-страница, може да се „шетате“ низ Интернет. Тоа „шетање“ се нарекува сурфање. Вежба: Со сурфање низ Интернет посетете ги и разгледајте ја содржината на следниве страници.

Слика 4_4: Страница со игри

www.disney.com

www.amazon.com

www.nba.com

www.barbie.com Копчиња кои најчесто се користат за отворање на веб-страници и „сурфање“ низ Интернет се: Враќање на претходно посетената страница. (Forward) Преминување на следната страница која сте ја посетиле при „сурфањето“. Повторно вчитување на отворената страница.

85


4. Интернет

( Home)

Отворање/вчитување на домашната страница.

(Stop)

Прекинување на вчитувањето на страницата.

(History)

Прикажување на листа од последните посетени страници на Интернет.

(Favorites)

Прикажување на листата на омилени веб-страници на Интернет.

Вежба: Посетете ги следниве веб-страници: www.microsoft.org

www.hp.com

www.amazon.com

www.vreme.com.mk

www.gocmar.com.mk

www.football.co.uk

www.nba.com

www.cars.org

www.vlada.gov.mk

www.nasa.gov

www.cyberkids.com

www.wikipedia.org

Прашања: 1. Што овозможува сервисот WWW? 2. Што е веб-страница, а што веб–локација? 3. Која програма – разгледувач ја користите во училиштето? 4. Објаснете ја улогата на хиперврските. 5. Набројте ги копчињата за „сурфање” и објаснете ја нивната функција.

86


Информатика за V одделение

4.3. Барање податоци на Интернет

Интернет претставува најголема библиотека на светот на датотеки од различен тип: текстови, слики, музика, видео, анимации итн. Честопати се бараат податоци или информации од некоја област, но не е позната веб-адресата на која се сместени. Во ваков случај се користат т.н. пребарувачи (најчесто Интернет-адреси) кои ја олеснуваат работата. Такви се: Yahoo (www.yahoo.com), Altavista (www.altavista.com), Lycos (www.lycos.com), Google (www.google.com) и други.

Пребарувачот Yahoo Во полето Address на прозорецот Internet Explorer внесете ја адресава: http://www.yahoo.com. Се добива домашната страница на пребарувачот Yahoo, Слика 4_5. Неговата база содржи над 500.000 веб-адреси, распоредени во над 25.000 категории (теми). Барањето податоци може да се врши по:  Клучни зборови  Категории. Клучни зборови - зборови или цели фрази кои се содржат во веб-документите на Интернет. Клучните зборови и фразите се внесуваат во полето за пребарување - Search. Доколку бараме слики, потребно е во левиот горен дел на прозорецот да кликнеме на Слики (Images) за да добиеме слики како резултат на пребарувањето.

Слика 4_5: Домашната страница на пребарувачот Yahoo

За уште подетално и поконкретно наоѓање на некоја информација на Интернет, можеме да употребиме повеќе зборови или фраза во врска со бараната информација. Ваквиот тип на пребарување се нарекува Напредно пребарување (Advanced Search) и се наоѓа десно од полето за пребарување. При барањето, ако ја пишувате целата фраза, таа се става во наводници. На пример: Makedonija, foodball, „World Cup“, „computers and kids“ итн. Притоа не мора да се води сметка за мали и за големи букви. По внесувањето на зборовите и на фразите се кликнува на копчето

, десно од полето Search.

87


4. Интернет

Вежба: Во полето за пребарување внесете го зборот Makedonija и кликнете на копчето

.

Јас добив 5.620.000 веб-страници во кои има документи со зборот Makedonija. Вежба: Најдете ги резултатите од европското првенство во фудбал во 2008 година. Можете да почнете со зборот football или подобро со фразата „Euro 2008“ и зборот football, т.е. „Euro 2008“ football. Јас добив 146.000.000 веб-страници во чии документи се содржи оваа фраза и зборот football, Слика 4_6.

Слика 4_6: Резултати од барањето

Категории - освен по клучни зборови и фрази, со пребарувачот Yahoo може да се пребарува и по категории (теми), кои понатаму се делат на поткатегории, Слика 4_7. Вежба: Кликнете на категоријата Education. Ќе ја добиете Слика 4_8.

Слика 4_8: Поткатегории на игрите Кликнете на некоја поткатегорија. Вежба: Обидете се да дојдете до табелата на освоени медали на Европското првенство во фудбал одржано во Австрија и Швајцарија во 2008 година. Вежба: Побарајте на Интернет некои од вашите омилени романи.

88

Слика 4_7: Категории во пребарувачот Yahoo


Информатика за V одделение

Прашања: 1. Набројте неколку пребарувачи на Интернет. 2. На кои начини може да се врши барањето податоци? 3. Кога користиме напредно пребарување? 4. Која категорија би ја избрале за да најдете податоци од областа на образованието?

4.4. Електронска пошта

Електронската пошта или скратено е-пошта (e-mail) претставува популарен начин за испраќање и за примање на кратки пораки, писма и други податоци преку Интернет. За да се активира електронската пошта, потребно е корисникот да има електронска адреса, скратено е-пошта адреса. Таа е во следниов облик: корисничко_име@интернет_адреса каде што: корисничко_име го избира корисникот и најчесто е неговото лично име, или презиме, или комбинација од името и презимето, интернет_адреса е низа од зборови разделени со точки, која најчесто го означува името на организацијата која овозможува електронска пошта преку Интернет.

На пример, електронската адреса jana@ougd.edu.mk можно е да припаѓа на корисник со име Jana, а Интернет-адресата означува дека организацијата преку која корисникот е поврзан на Интернет има име или кратенка ougd и е од областа на образованието (edu) во Македонија (mk). Адресата jana@ougd.edu.mk се чита: јана ет оугд точка еду точка мк. (Честопати знакот @ се чита „мајмунче”.)

89


4. Интернет

Областа на која ~ припаѓа фирмата која овозможува електронска пошта се означува со следниве кратенки: edu - образовна институција,

mil - воена установа,

org - здружение или организација,

gov - владина установа,

com - комерцијална компанија,

net - компјутерска мрежа.

Секоја држава во светот има своја Интернет-ознака. На пример: Австралија - au, Велика Британија - uk, Јапонија - jp, Македонија - mk, Словенија - si, Хрватска - hr, Франција - fr итн. 4.4.1 Електронска пошта преку програмата Outlook Express Постојат повеќе програми за примање, за испраќање и за пишување на електронските пораки. Најпозната е програмата Outlook Express. Постапката за стартување на програмата Outlook Express е:  Кликнете на копчето

.

 Отворете го подменито

.

 Кликнете на програмата Outlook Express.

Се отвора прозорецот Outlook Express, Слика 4_9. Во горниот дел од прозорецот се прикажани Лентата со наслов, Главното мени и повеќе Ленти со алатки за задавање команди. Прозорецот е поделен на повеќе рамки. Левата рамка ги содржи следните папки: Inbox - папка со примени пораки (наречена поштенско сандаче), Outbox - папка со пораки подготвени за испраќање,

90

Слика 4_9: Прозорецот Outlook Express


Информатика за V одделение

Sent Items - папка со испратени пораки, и Deleted Items - папка со избришани пораки. Во втората рамка во горниот десен дел на прозорецот се прикажува содржината на избраната папка, т.е. се прикажуваат пораките кои се наоѓаат во папката. На сликата 4_10 е прикажана содржината на папката Inbox. Во третата рамка, во долниот десен дел на прозорецот, се прикажува содржината на пораката што е означена во горната рамка на прозорецот. Вежба: Стартувајте ја програмата Outlook Express и разгледајте ја содржината на папките: Inbox, Outbox, Sent Items и Deleted Items.

Слика 4_10: Горна рамка со пораки и долна со содржина на означената порака

Пишување и испраќање електронска порака  Стартувајте ја програмата Outlook Express.  Кликнете на алатката за пишување нова порака. Се отвора прозорецот New Message (Слика 4_11) во кој треба да се пополнат неколку полиња, и тоа: Mail To: - поле за електронската адреса на примачот, Subject: - поле каде што се пишува за што се однесува пораката, и Најголемото поле најдолу - полето во кое се пишува пораката.  Кликнете на алатката за испраќање на напишаната порака . Притоа, се затвора прозорецот New Message (во кој ја напишавте пораката) и се покажува прозорецот Outlook Express. Во него, во папката Outbox ( се покажува колку пораки има за праќање.  Кликнете на алатката

)

.

Ќе се отвори прозорче во кое се симулира испраќањето на пораката. Испратените пораки се чуваат во папката Sent Items.

Слика 4_11: Прозорецот New Message

91


4. Интернет

Примање електронска порака

 Кликнете на алатката

.

Ако има пратени пораки до вас, тогаш на екранот се појавува прозорец во кој се симулира примањето на пораките, Слика 4_12. Сите примени пораки се чуваат во поштенското сандаче (папката) Inbox. Слика 4_12: Примање електронски пораки Отворање на примените пораки  Отворете го поштенското сандаче Inbox. Во десната горна рамка на прозорецот се појавува списокот на примени пораки. Неотворените пораки се задебелени.  Кликнете на пораката што сакате да ја отворите. Во долната рамка ќе се појави нејзината содржина.

Слика 4_13: Читање на примените пораки

Одговарање на примената порака  Кликнете на пораката од сандачето Inbox, на која сакате да одговорите.

 Кликнете на алатката пораката.

за одговарање на

Се отвора прозорецот како при испраќање нова порака.

Слика 4_14: Одговарање на примената порака Притоа полето Mail To: автоматски се пополнува со адресата на испраќачот, а полето Subject: со назнаката RE: и со предметот на примената порака.

92


Информатика за V одделение

Препраќање на примената порака  Кликнете на пораката од папката Inbox која сакате да ја препратите.  Кликнете на алатката

за препраќање порака.

Се отвора истиот прозорец како при испраќање нова порака.  Во полето Mail To: напишете ја адресата на примачот. Во полето Subject: автоматски се испишува Fw: и предметот на пораката.

 Кликнете на алатката пораката.

за праќање на

Слика 4_15: Препраќање на примената порака

Прашања 1. Што е електронска пошта – и-меил? 2. Кој облик обично го има една електронска адреса? 3. За што служи програмата Outlook Express? 4. Во која папка се чуваат примените, а во која испратените пораки? 5. Со која икона се започнува пишување на нова порака? 6. Како се одговара на добиена порака?

93


4. Интернет

4.4.2 Електронска пошта преку пребарувачот Yahoo Овде ќе ја објасниме постапката за креирање на електронска адреса преку пребарувачот Yahoo. Најпрво отворете ја страницата на пребарувачот Yahoo со внесување на неговата адреса www.yahoo.com. Потоа кликнете на иконата Mail, Слика 4_16. Се појавува прозорецот за најавување, Слика 4_17.

Слика 4_16 За креирање на електронска адреса кликнете на копчето Sign Up. Во следниот прозорец (Слика 4_18) внесете ваши податоци: име и презиме, пол, датум на раѓање, држава и друго. На крајот кликнувате на копчето

.

Ако ве врати назад, значи дека некои полиња не се Слика 4_17 правилно пополнети (означени со црвено), па треба повторно да ги внесете/изберете податоците и пак кликнувате на Create My Account. Потоа добивате прозорец со порака дека успешно сте ја креирале електронската адреса и кликнувате на Continue. Сега сте пријавени на Yahoo преку вашата електронска адреса и го гледате своето „поштенско сандаче“, Слика 4_19. Во папката Inbox се содржат примените пораки. Во папката Sent се чуваат пратените пораки. Во папката Draft се чуваат пораки што сте ги напишале и зачувале непратени. Ако по зборовите Inbox и Draft има заграда со број во неа, тоа значи дека во папката има толкав број на непрочитани пораки и на неиспратени зачувани пораки, соодветно. За да проверите дали имате добиено нови пораки, кликнете на Check Mail. Непрочитаните пораки во папката Inbox се прикажани со задебелени букви.

94


Информатика за V одделение

Слика 4_18

Слика 4_19

95


4. Интернет

За да отворите примена порака, кликнете на неа. За да напишете и пратите нова порака, кликнете на копчето Compose. Во прозорецот што ќе се отвори (Слика 4_20), пополнете неколку полиња. E-mail адреса на оној на кој испраќате

Наслов на пораката

Текст на пораката

За зачувување непратена порака во Draft.

За откажување на праќањето на пораката

Слика 4_20 За испраќање на напишаната порака, кликнувате на Send.

Ако сте отвориле примена порака можете веднаш да одговорите со копчето Reply, или истата порака да ја препратите на некој друг со Forward. За да се одјавите, кликнувате на Sign Out (горе десно на прозорецот). Не го заборавајте своето корисничко име (user name) и својата лозинка (password)! Електронската адреса кажете им ја на другарчињата со кои сакате да се допишувате, а лозинката не кажувајте ја никому.

Вежба: Креирајте сопствена електронска адреса преку пребарувачот Yahoo. Разменете си ги електронските адреси со другарчињата. На неколку од нив пратете им по една кратка порака и одговорете на пораките што ќе ги примите.

96


Информатика за V одделение

Прашања: 1. Објаснете ја постапката за креирање електронска адреса преку пребарувачот Yahoo. 2. Во која папка се чуваат примените, а во која испратените пораки? 3. Со која икона се започнува пишување на нова порака? 4. Како се одговара на добиена порака?

97


4. Интернет

4.5. Разговарање преку Интернет

Програмата Skype Преку Интернет може да се разговара во писмена форма, т.е. со истовремено пишување. Постојат повеќе програми кои го овозможуваат тоа, а најпознати се Instant Messenger и Skype. Во продолжение ќе се запознаеме со програмата Skype. Програмата најчесто се инсталира на компјутерот, а на работната површина се поставува нејзината икона. Таа се стартува со двоен клик со глувчето врз нејзина -та икона. Се отвора прозорецот (Слика 4_21) за најавување. Внесувате име и лозинка и кликнувате на Sign In. Ако првпат ја користите програмата Skype, тогаш потребно е да отворите свое т.н. Skype-име. Слика 4_21 Постапка за пријавување на Skype 1. Кликнете на Don’t have a Skype Name? Ќе се отвори прозорецот од Слика 4_22. 2. Во полето Full Name внесете го вашето име и презиме. 3. Во полето Choose Skype Name изберете и внесете име кое понатаму ќе го користите во комуникацијата со Skype-програмата. 4. Во полето Password внесете лозинка. 5. Во полето Repeat Password повторно внесете ја истата лозинка. 6. Кликнете во квадратчето пред Yes, I have read... за да означите дека се сложувате со условите. 7. Кликнете на Next.

98

Слика 4_22


Информатика за V одделение

Во следниот прозорец (Слика 4_23) внесувате дополнителни податоци: 1.

Во полето E-mail ја внесувате вашата електронска адреса.

2.

Во полето Country/Region избирате: Macedonia.

3.

Во полето City го избирате вашиот град.

4.

Доколку сакате автоматски да бидете најавени кога ќе го стартувате Skype, вклучете ја опцијата: Sign me in when Skype starts

5.

Кликнете на Sign In.

Слика 4_23

Со тоа завршува постапката на пријавување на Skype. Се појавува прозорецот со вашето Skype -име (Слика 3_24) и потоа можете да разговарате со вашите другари и пријатели со пишување пораки или разговарање преку микрофон и слушалки. Со користење на веб-камера можете и да се гледате со соговорникот.

Додавање на контакт 1.

Во листот Contacts кликнете на иконата Add.

2.

Внесете го Skype-името (или само името) на лицето кое го барате. Кликнете на Find.

3.

Од понудената листа го избирате името.

4.

Кликнете на Add Skype Contact.

Слика 4_24

99


4. Интернет

Во вашиот прозорец ќе се појави додаденото име. Знакот лево од името ни покажува дали соговорникот е вклучен или не, дали е достапен, зафатен... Зеленото облаче значи дека е достапен. Ако изберете име од контакт-листата, се отвораат можности за: контакт, разговор и порака. За да започнете разговор, кликнете на зелената слушалка и чекајте повикот да биде прифатен. За да испратите порака, кликнете на синото текст-облаче, при што се отвара нов прозорец за разговарање. По секое внесување на текст-порака притискате Enter, а кога вашиот соговорник ќе го направи истото, вие веднаш ја добивате пораката во истиот прозорец, Слика 4_25. Разговорот го завршувате со едноставно затворање на овој прозорец. Во разговорот можете да вклучите и други лица, со кликнување на копчето Add more people to this chat!, Слика 4_25. Во тој случај сите лица кои учествуваат во разговорот ќе ги гледаат меѓусебно своите пораки.

Слика 4_25

Праќање на документ (датотека)  Од главното мени изберете Send, Send file.  Изберете го документот (датотеката) за праќање.  Кликнете на Open. Се отвора прозорец со приказ на тековната состојба на преносот на датотеката, Слика 4_26. Во листот Contacts со опцијата Search можете да пронајдете Skype-корисници и притоа, покрај името на лицето што го барате, можете да внесете и држава, град, јазик, пол, возраст...

Слика 4_26

Со кликнување на зеленото облаче во долниот лев агол (Слика 4_25) можете да го смените својот статус:  Online - достапен,

100


Информатика за V одделение

 Skype Me - расположен за разговор,  Away - отсутен,  Not Available - недостапен,  Do Not Disturb - „не вознемирувај“,  Invisible - „невидлив“,  Offline - исклучен. Преку подменито View од главното мени (Слика 4_24) можете да ги вклучувате и исклучувате листовите и лентите во прозорецот. Ако сакате да ја смените поставената слика, да додадете видео, позадина или да го смените звукот на ѕвонење – тоа можете да го направите преку подменито File, Personalise и избор на соодветната опција, Слика 4_27. На пример, за промена на сликата изберете Change your picture и потоа изберете една од понудените слики, Слика 4_28.

Слика 4_27

Слика 4_28

На крај, не заборавајте да се одјавите со File, Sign Out пред да го затворите прозорецот на Skype. Уште еден совет: Не разговарајте на Skype доколку не добиете одобрување од вашиот наставник! Вежба: Пријавете се на Skype, додајте неколку нови контакти на ваши другарчиња од одделението и започнете разговор со нив.

101


4. Интернет

Прашања: 1. Кои програми за разговор сте ги користеле? 2. Опишете ја постапката за пријавување на Skype. 3. Како се додава контакт? 4. Како се започнува разговор? 5. Кои видови на статус ви се понудени?

102


Информатика за V одделение

4.6. Образовни портали

Ако во адресната линија на некој Интернет-разгледувач ја внесете адресата www.schools.edu.mk, ќе пристапите до образовниот портал за основни и средни училишта во Република Македонија. Преку порталот на наставниците и учениците бесплатно им е овозможено креирање и користење е-пошта, дискусиони форуми, блогови, размена на искуства и споделување на образовните ресурси, како и бесплатно креирање и сместување на училишните Интернет-страници.

Слика 4_29 4.6.1 Електронска пошта преку образовен портал Во оваа потточка ќе се запознаеме со електронската пошта преку образовниот Портал на основни и средни училишта.

Отворање на нова електронска адреса За да отворите нова електронска адреса преку образовниот портал, треба да кликнете на линкот Е-пошта… Ќе се појави прозорец за најавување (логирање), Слика 4_30. .

103


4. Интернет

Слика 4_30

Слика 4_31 На долниот дел на прозорецот ќе видите линк: „Немате е-пошта? Кликнете тука и пополнете го електронскиот образец“. Кликнете на него и ќе се појави следниов формулар: На соодветните места внесете го името, татковото име и презимето, потоа изберете пол и година на раѓање, означете дека сте ученик и кликнете на копчето Испрати. Во следниот прозорец што ќе се појави ќе добиете порака за вашата нова адреса и лозинка, но и информација дека ќе можете да ја користите дури по 24 часа.

Најавување (логирање) За да пристапите до вашето електронско сандаче, потребно е да се најавите. Од почетната страница на порталот кликнете на Е-пошта.... Во прозорецот за најавување внесете го вашето Корисничко име и Лозинка и кликнете на копчето Најави се, Слика 4_32.

104


Информатика за V одделение

Слика 4_32

Слика 4_33 Ќе се појави следниов прозорец, Слика 4_33. Пожелно е при првото најавување да ја смените почетно доделената лозинка. (На секоја новокреирана електронска адреса автоматски се доделува лозинка.) Тоа ќе го направите со кликнување на копчето ЛОЗИНКА (на горниот дел од прозорецот, Слика 4_34) и со пополнување на полињата во Промена на лозинка. Ја внесувате старата лозинка (Стара Лозинка), новата лозинка (Нова Лозинка) и повторно новата лозинка (Потврда за новата лозинка). Потоа кликнете на копчето Измени.

Слика 4_34

105


4. Интернет

Сите операции за работа со електронските пораки, како: пишување, читање, испраќање итн. се потполно исти како што се кај електронската пошта преку разгледувачот Yahoo. За да се одјавите од сервисот за електронска пошта, кликнете на копчето ОДЈАВИ СЕ. 4.6.2 Електронски курсеви. Форуми Една од едукативните услуги што ги нуди образовниот портал се електронските курсеви. За да пристапите до нив, треба да ја изберете опцијата Е-курсеви..., а потоа ITКурсеви (IT е кратенка од англискиот израз Information Technology), или Хемија. Ако изберете IT-Курсеви, ќе го добиете следниов прозорец:

Слика 4_35 На подвижната лента на долниот дел на екранот можете да изберете некој од постоечките курсеви. На пример, ако сте го одбрале курсот за Corel Draw – апликација за цртање, ќе се отвори нов прозорец, Слика 4_36. На горниот дел на прозорецот постојат копчиња за секоја посебна тема, а во десниот дел се прикажува анимиран опис за темата. Темата ја избирате со кликнување врз нејзиното име. Ако, наместо да читате, повеќе сакате да гледате и да слушате, може да изберете анимиран приказ, со што започнува презентација на избраната тема од курсот, Слика 4_37.

106


Информатика за V одделение

Слика 4_36 Анимацијата можете да ја прекинете со Х излез (горе десно) и повторно да ја пуштите со кликнување на иконата

.

Слика 4_37 За да излезете од IT курсот, едноставно го затворате отворениот прозорец.

107


4. Интернет

Форуми Форум е сервис поставен на Интернет-мрежата кој во себе ги чува дискусиите кои меѓусебно ги водат посетителите на истата. Секој посетител може да започне дискусија на одредена тема или да одговара на веќе поставените теми од другите посетители на форумот, со цел да се дојде до квалитетна размена на идеи и ставови. За да го користите форумот за ученици, изберете Форум, Ученици, а потоа зачленете се.

Слика 4_38

Со помош на вашиот наставник, креирајте корисничко име и лозинка, кои понатаму ќе ги користите за најавување на форумот. Потоа ја внесувате и адресата на која ќе ви пристигнуваат понатамошни упатства.

Слика 4_39

Слика 4_40

По најавувањето со корисничкото име и лозинката, кликнувате на Најави се, ја барате темата за дискусија што ве интересира, ги читате сите дискусии, а можете и да одговорите, како што е прикажано на следниве слики. Темите за дискусија постојано се менуваат, дополнуваат и се бришат. Самиот образовен портал постојано се развива и го менува својот изглед и содржина. Затоа можеби следниот пат кога ќе му пристапите, некои постапки ќе изгледаат поинаку. Прашања: 1. Која е веб-адресата на училишниот образовен портал кај нас? 2. Набројте некои можности и содржини на образовниот портал. 3. Набројте неколку операции со електронски пораки. 4. Наведете ги постапките за користење на форумот за ученици на образовниот портал.

108


Информатика за V одделение

4.7. Компјутерски вируси Компјутерот е корисна машина, меѓутоа човекот успеал да пронајде начин како да му наштети, односно како да ја оневозможи неговата работа. Бидејќи компјутерот не разликува добри од лоши програми, луѓето се досетиле да напишат и такви, што ќе им пречат на добрите програми при извршувањето или ќе ги оштетувааат, ќе ги бришат и слично. Тие програми се наречени компјутерски вируси. Компјутерските вируси се кратки програми, способни да се залепат на други програми или датотеки, да се пренесуваат заедно со нив, да влезат во меморијата и да се активираат. Тоа се случува незабележливо за корисниците на компјутерот и затоа се нарекуваат вируси (според биолошките вируси кои ја имаат истата способност на незабележливо пренесување). Датотеките на кои има залепено вируси велиме дека се „заразени”. Компјутерските вируси можат да се кријат во датотеките и да се активираат при нивното отворање. Некои од нив се безопасни, а некои можат да предизвикаат оштетувања на програмите кои работат, најчесто на оперативниот систем и апликативните програми. Има голем број компјутерски вируси, а повеќето од нив имаат интересни имиња, како на пример: VBS/LoveLetter@MM, Adware-Gator, W32/Pretty.worm, BackDoor-G, Worm.ExploreZip, W97M/Melissa, Concept, Parity_Boot, Empire.Monkey, Peter II, Yankee Doodle, Michelangelo итн. Најновите типови вируси се пренесуваат преку Интернет со електронска пошта и разговарање. Постојат повеќе типови вируси. Компјутерски црви - (worms) - се многу слични на вирусите, а се манифестираат така што се лепат на документите пратени по електронска пошта. Откако ќе се пренесат на друг компјутер, сами праќаат електронски пораки на адресите кои ќе ги најдат во компјутерот, залепувајќи своја копија. Можат да ги оштетат датотеките, дури и да ги избришат. Тројански коњи - тројанци – се програми, кои наликуваат на корисни, услужни програми, или програми за надградба. При стартување на заразена програма, таа се извршува сосема поинаку. Овие вируси не се копираат сами себеси како вистинските вируси, ниту се пренесуваат преку мрежите. Логички бомби - се вградуваат во некоја програма и се извршуваат само ако се исполнети одредени услови. На пример: точно одреден датум или време, во одредени месеци или часови, при постоење на одредена датотека и слично. При активирање на логичките бомби може да дојде до сериозни оштетувања, како: бришење на датотеки, на цели дискови итн. Има многу познати логички бомби чие време на активирање е познато. Заштитата од вирусите се врши со посебни антивирусни програми, кои можат да

109


4. Интернет

ги пронајдат познатите вируси и да ги избришат. Понекогаш, за да се отстрани најдениот вирус, неопходно е да се избрише цела инфицирана датотека. Попознати антивирусни програми се: McAfee VirusScan, Kaspersky Anti-Virus, Vurex, Dr Solomon’s AntiVirus, PCcillin, Norton AntiVirus и други. Посебно треба да се внимава на компјутерските вируси при купување или набавка на Слика 4_41: Од програмата McAfee софтвер кој не е оригинален. При користење на која било антивирусна програма, потребно е таа редовно да се надградува со најновите антивирусни дефиниции, бидејќи нови вируси се појавуваат секојдневно.

Слика 4_42: Програмата Kaspersky Anti-Virus

Прашања: 1. Што е компјутерски вирус? 2. Како се пренесуваат компјутерските вируси? 3. Набројте неколку компјутерски вируси. 4. Како се заштитуваме од вируси? 5. Зошто е потребно антивирусните програми редовно да се надградуваат со најновите антивирусни дефиниции?

110


Информатика за V одделение

5. ОСНОВИ НА ЦРТАЊЕ

5.1. Програма Paint Постојат повеќе програми за цртање. Една од нив е програмата Paint на фирмата Microsoft. Таа е дел од оперативниот систем Windows.

Стартување на програмата Paint Кликнете на копчето Start, а потоа на низата подменија: ProgramsAccessoriesPaint. На екранот се отвора прозорецот на програмата за цртање Paint. Тој содржи: 

Лента со наслов,



Палета со алатки,

 Палета со бои.



Работна површина,

Главно мени,

Лenta so nасlov Гlavno meni

Пaleta so alatki

Рabotna povr{ina

Пaleta so boi

Слика 5_1: Прозорецот на програмата Paint

111


5. Основи на цртање

Цртање и боење Цртање со молив

За слободно цртање се користи моливчето и четката

од палетата со алат-

ки. Ако сакате да цртате со моливче, кликнете на него. Покажувачот добива форма на моливче со кое можете да цртате врз работната површина. Ако сакате да цртате со четка, треба да кликнете на четката, при што покажувачот ќе добие форма на четка. Притоа под палетата со алатки се отвора рамка од која може да изберете дебелина со која ќе ја цртате линијата.

Бришење грешки при цртањето За бришење на евентуалните грешки при цртањето на сликата се користи алатката гумичка

.

Ако кликнете на неа, под палетата со алатки се јавува рамка од која можете да ја изберете големината на гумичката.

Поништување на извршената операција Поправката на грешката при цртањето, освен со бришење со гумичката, може да се направи и со командата Undo од менито Edit. Со неа може да се поништат последните 3 извршени операции. Ако, пак, се предомислите и операцијата што сте ја поништиле сакате да постои, тогаш со командата Repeat од менито Edit истата ќе се обнови.

Вежба: Користејќи ги алатките моливче, четка и гумичка нацртајте ги следниве цртежи.

112


Информатика за V одделение

планини

природа

Прашања: 1. Покажете како се стартува програмата Paint. 2. Објаснете ги елементите од прозорецот на програмата Paint. 3. Кои алатки се користат за цртање со слободна рака? 4. Од каде се избира дебелината на линијата за цртање со четка? 5. Колку големини има гумичката за бришење? 6. Со која команда се поништува извршената операција? 7. Колку најмногу извршени операции може да се поништат? 8. Дали некоја поништена операција може да се обнови и со која команда? 9. Како ќе излезете од програмата Paint?

113


5. Основи на цртање

5.2. Цртање во боја. Цртање крива линија Цртање во боја Ако кликнете на моливчето или четката за цртање, а потоа на некое обоено квадратче од палетата на бои, тогаш ќе можете да цртате со таа боја. Вежба: Нацртајте цвеќе во боја

Kliknete na nekoe oboeno kvadrat~e za da ja smenite bojata na moliv~eto.

Вежба: Нацртајте ја картата на Македонија и означете ги градовите и реките што ги знаете. Границата нацртајте ја со црвена боја, градовите означете ги со кафеава боја, а реките и езерата нацртајте ги со сина боја.

Зачувување на сликата што сте ја нацртале  Кликнете на командата Save или Save As од подменито File, Слика 5_2. Ќе се отвори прозорецот Save As.  Во полето File name запишете го името под кое сакате да се зачува сликата на дискот. На пример, Prva slika  Кликнете на копчето Save.

114

Слика 5_2


Информатика за V одделение

Отворање на слика зачувана на дискот  Кликнете на командата Open од подменито File, Слика 5_4. Ќе се отвори прозорецот Open, Слика 5_5.

Слика 5_3  Кликнете на папката во која се наоѓа сликата.  Се појавува содржината на папката.

Слика 5_4

 Означете го името на сликата што сакате да ја отворите.  Кликнете на копчето Open.

Вежба: Отворете ја последната слика која сте ја нацртале.

Цртање крива линија

Слика 5_5

За цртање крива линија се користи алатката Aко кликнете на неа, под палетата со алатки се појавува рамка од која можете да ја изберете дебелината на линијата. Постапката е следна:  Кликнете во една точка на сликата каде сакате да почне линијата.  Со притиснато копче на глувчето повлечете линија.  Отпуштете го копчето.  Поставете го покажувачот врз линијата каде што сакате да има испакнување или длабнатинка.  Со притиснато копче од глувчето влечете во саканата насока, сè додека не се добие саканиот лак.  Отпуштете го копчето, кликнете уште еднаш и со притискање на копчето во саканата насока додека да добиете уште еден лак.

115


5. Основи на цртање

Вежба: Нацртајте ги следните криви линии:

Прашања: 1. Од каде се избира бојата на моливчето или четката? 2. Објаснете како ќе ја зачувате нацртаната слика во Вашата папка на дискот. 3. Со која команда ќе отворите во Paint некоја слика која сте ја зачувале на диск? 4. Како изгледа алатката за цртање крива линија? 5. Објаснете ја постапката за цртање крива линија.

5.3. Цртање и боење на готови објекти

Готови објекти се цртаат со алатките: правоаголник, многуаголник (полигон), круг (елипса) и заоблен правоаголник. Aко кликнете на некоја од овие алатки, под палетата со алатки се појавуваат три видови на готови објекти што можете да ги користите, и тоа:  со првиот вид се црта само границата на објектот,  со вториот вид се црта границата на објектот, а се брише неговата внатрешност,  со третиот вид се бои внатрешноста на објектот, без граница. Постапката за цртање објект е следна:

116


Информатика за V одделение

 Кликнете на алатката за цртање готов објект.  Кликнете на видот на готовиот објект во рамката под палетата со алатки.  Кликнете на местото каде што сакате да започне објектот.  Влечете го глувчето држејќи го притиснато левото копче, сè дури не ја постигнете саканата големина на објектот. Напомена: Постапката за цртање многуаголник (полигон) се разликува од останатите по тоа што треба да се повторува процесот кликни – влечи – пушти за секоја линија од полигонот.

Вежба: Нацртајте неколку слики користејќи ги горните готови објекти.

Вежба: Нацртајте коцка и пирамида со различно обоени страни.

117


5. Основи на цртање

Зголемување (зумирање) на сликата За подобро да нацртате, да избришете или да промените некој детаљ од сликата, потребно е да ја зголемите. Тоа се постигнува со алатката лупа

.

Кликнете на лупата за да зголемите дел од сликата. Под палетата со алатки се појавува прозорче од кое избирате колку пати да се зголеми сликата.

Вежба: Зголемете го за двапати (2) делот на цртежот на Македонија околу Скопје и нацртајте го подобро градот. Вежба: Зголемете ги шест пати (6х) очите на Мики Маус и дотерајте ги. За да ја вратите сликата на вистинската големина, кликнете повторно на лупата, а потоа на 1.

Прашања: 1. Какви готови објекти може да нацртате и со кои алатки? 2. Од каде се избира видот на готовиот објект? 3. Објаснете го секој од четирите вида на готови објекти. 4. Како попрецизно ќе нацртате некој детаљ од сликата? Која алатка се користи?

118


Информатика за V одделение

5.4. Означуваење, копирање, отсекување

 Кликнете на една од алатките

.

 Со првата алатка се означува произволен, а со втората правоаголен дел од сликата.  Кликнете на местото од каде што сакате да започне селектирањето.  Влечете го глувчето држејќи го притиснато левото копче, дури не го означите саканиот дел од сликата. Околу означениот дел се појавува испрекинат правоаголник со осум контролни точки. Контролните точки на средините на страните служат за менување на висината или ширината на означениот дел, а на темињата за истовремено менување и на висината и на ширината. Означениот дел може да го пренесете по работната површина ако покажувачот го доведете врз него и со притиснато лево копче го движите глувчето. Копирање слика или дел од сликата  Означете ја сликата или делот од сликата што сакате да го копирате.  Од менито Edit зададете ја командата Copy.  Од менито Edit зададете ја командата Paste. (Копираниот дел се појавува во горниот лев агол од работната површина, а оттаму можете да го пренесете каде било на работната површина). При означување на слика со алатките се појавуваат два начини на означување.

под палетата со алатки

Aко го изберете првиот начин (горниот), тогаш заедно со сликичката се означува и нејзината позадина, додека ако кликнете на вториот начин, тогаш се означува само сликичката, без 1 позадината. На пример, копијата 1 е направена со означување според првиот начин, а копијата 2 со означување според вториот начин.

2

119


5. Основи на цртање

Отсекување на дел од сликата  Означете ја сликата или делот од сликата.  Од менито Edit зададете ја командата Cut. Означениот дел исчезнува од екранот.  Од менито Edit зададете ја командата Paste. (Отсечениот дел се јавува во горниот лев агол од работната површина, а оттаму можете да го пренесете каде било на вашиот цртеж).

Вежба: Со копирање и смалување на цртежите од левата страна, направете ја сликата од десната страна.

Вежба: Нацртајте ја куќичката (1), а потоа со отсекување направете ги прозорците и вратата (2).

1

120

2


Информатика за V одделение

Прашања: 1. Покажете со кои алатки се означува слика или дел од слика. 2. Објаснете ја постапката на означување. 3. Зошто служат контролните точки кои се јавуваат околу означениот дел? 4. Како може да го поместите означениот дел по работната површина? 5. Колку начини на означување постојат и од каде се избираат? Како се означува делот од сликата со првиот начин, а како со вториот? 6. Објаснете ја постапката за копирање дел или цела слика. 7. Објаснете ја постапката за отсекување дел или цела слика.

5.5. Боење на затворени површини. Пишување текст

Боење на затворени површини За боење на готови објекти и ограничени (затворени) површини се користи кофичката со боја од палетата со алатки. Одберете боја, кликнете на кофичката (како да ја полните), а потоа кликнете во затворената површина. Внимавајте! Aко површината не е сосема затворена, бојата ќе истече и ќе ја поплави целата работна површина. Вежба: Нацртајте мрежа од линии, а потоа затворените површини исполнете ги со различни бои. Вежба: Нацртајте го знамето.

121


5. Основи на цртање

Вежба: Нацртајте мачешка фамилија.

Вежба: Нацртајте дрво.

Вежба: Нацртајте риби во аквариум.

Боење со спреј Спрејот ефекти.

е алатка за прскање со која се постигнуваат специјални

Постапката за користење е следна:  Изберете ја алатката спреј.  Бојата на спрејот изберете ја од палетата со бои.  Поставете го покажувачот на местото каде што сакате да боите со спрејот, а потоа со притиснато лево копче на глувчето прскајте. Формата и големината на млазот спреј се избира од рамката која се јавува под палетата со алатки.

122


Информатика за V одделение

Вежба: Нацртајте дете.

Вежба: Нацртајте цвеќе.

Вежба: Нацртајте мече.

Вежба: Нацртајте дрво.

Нацртајте цртеж како дадениот и обојте го со користење на алатката спреј.

123


5. Основи на цртање

Пишување текст Текст се пишува со помош на алатката

.

 Кликнете на местото каде што сакате да го напишете текстот. Се појавува правоаголна рамка со испрекинати линии. Таа може да се проширува преку контролните точки во средините на страните и на темињата.  Напишете го текстот во рамката. Формата, големината и стилот на буквите изберете ги од прозорецот Fonts, кој се отвора автоматски по внесување на рамката за текстот, Слика 5_6.

Слика 5_6 Пример:

Вежба: Направете си налепница и посетница

Вежба: Напишете текст под некој од направените цртежи. Претходно отворете ја сликата. Вежба: Направете покана за забава.

124


Информатика за V одделение

Прашања: 1. Со која алатка се бојат ограничени поршини од сликата? 2. Објаснете ја постапката на боење. 3. Објаснете како се ракува со алатката со спреј. 4. На која алатка треба да кликнете за да можете да напишете текст во сликата? 5. Кои карактеристики можете да ги зададете на текстот и од каде?

5.6. Трансформации и специјални ефекти

На слика или делови од сликата можат да се вршат следниве промени: 

превртување или ротирање (Flip/Rotate…),



издолжување или искосување (Stretch/Skew). Слика 5_7

Командите се задаваат од менито Image, Слика 5_7. Пред да се зададе некоја команда, треба да се избере (означи) објектот (дел од цртежот, фигура итн.) над кој ќе се извршат промените.

Издолжување и искосување По задавање на командата Stretch/Skew… од подменито Image, се отвора истоимен прозорец, Слика 5_8. Издолжувањето може да биде хоризонтално или вертикално и се изразува во проценти од 0 до 100. Искосувањето може да биде хоризонтално или вертикално за одреден агол. Слика 5_8

125


5. Основи на цртање

Вежба: Нацртајте масичкa и столчe. Вежба: Направете сенка на дрвото.

Вежба: Нацртајте аквариум со риби.

Превртување и ротирање Со командата Flip/Rotate… се отвора истоимениот прозорец, Слика 5_9. За да ја изберете операцијата, кликнете на крукчето пред неа. Превртувањето може да биде хоризонтално или вертикално. Ротирањето може да се врши за 90, 180 или 270 степени. Слика 5_9

126


Информатика за V одделение

Вежба: Нацртајте четвртина од знамето на Aлександар Македонски. Потоа со копирање и превртување направете го целото знаме.

Вежба: Нацртајте аквариум со риби кои се движат. Применете ги ефектите: искосување, издолжување, превртување и ротирање.

Вежба: Со копирање и превртување направете две симетрични пеперутки.

127


5. Основи на цртање

Вежба: Нацртајте дрво и неговата слика во вода. Инвертирање на боите Инвертирање на боите претставува промена на сите бои на целата слика или само на селектираниот дел истовремено. Тоа се постигнува со командата Invert Colors од подменито Image, Слика 5_10.

Слика 5_10 Вежба: Исполнете ја позадината на пеперутките од горната слика со сина боја, означете една од нив и зададете ја командата Invert Colors. Ќе ги добиете следниве слики:

128


Информатика за V одделение

Прашања: 1. Какви промени (трансформации) може да се направат со сликата или со дел од неа? 2. Со која команда ќе ~ ги зголемите димензиите на некоја слика? 3. Какво може да биде издолжувањето и во што се изразува тоа? 4. Aко сакате некоја слика да ја завртите наопаку, како ќе го направите тоа? 5. Aко сакате да ротирате некоја слика, колкав може да биде аголот на ротација? 6. Што се овозможува со командата Invert Colors? 7. Опишете ги операциите што треба да ги извршите за да ја издолжите целата слика вертикално за 50%. 8. Aко над некоја слика ги примените следните команди по наведениот редослед: Image, Stretch/Skew, Stretch Horizontal (70%), како ќе се промени сликата?

129


5. Основи на цртање

130


Информатика за V одделение

6. ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ Веќе видовме дека компјутерот има најразлични намени. Но, дали со компјутерот може да се пишува и уредува текст, односно дали компјутерот може да се користи како машина за пишување? Одговорот е позитивен. На компјутерот може да се пишуваат цели книги. И оваа книга е напишана и уредена на компјутер. За да може на компјутерот да се пишува и уредува текст, се користат посебни програми, познати под името уредувачи на текст. Најпознат уредувач на текст, кај нас, е уредувачот Word на фирмата Microsoft. Затоа, често се среќава под името Microsoft Word. 6.1. Уредувач на текст Microsoft Word

Стартување на уредувачот Microsoft Word

Уредувачот Word се стартува во неколку чекори: Поставете го покажувачот на копчето Старт.

Слика 6_1

131


6. Обработка на текст

Поместете го покажувачот на копчето All Programs  

Кликнете на

На екранот ќе се појави прозорецот на програмата Microsoft Word.

Слика 6_2

Ѕ D A

Б В

Г

И

Ѓ Е Ж

З

Слика 6_3

132


Информатика за V одделение

Поодделните букви ги објаснуваат значењата на елементите што ги содржи прозорецот на програмата Word: A

Лента за наслов на документот

Б

Лента со менија за избор и задавање команди

В

Ленти со копчиња за избор и задавање команди

Г

Хоризонтален линеар

Д

Лента за форматирање

Ѓ

Вертикален линеар

Е

Начини на прикажување на документот

Ж

Статусна лента

З

Хоризонтален лизгач и Хоризонтална лента за поместување

Ѕ

Вертикален лизгач и Вертикална лента за поместување

И

Покажувач за пишување текст

Во Лентата за наслов на прозорецот се наоѓа името на документот. Доколку се работи за нов документ кој нема име, програмата Microsoft Word запишува Document 1 – Microsoft Word. Во десниот агол на Лентата за наслов се наоѓаат копчињата:

Со притискање на копчето:

 документот се губи од екранот, а во Старт-лентата се појавува копче со името на документот. Со кликнување на ова копче, документот повторно се отвора преку целиот екран.

 документот се смалува, а копчето го менува изгледот, т.е. наместо два правоаголника, на него се појавува само еден. Со кликнување на ова копче, документот се зголемува и повторно го зазема целиот екран.

133


6. Обработка на текст

 документот се затвора и се излегува од програмата Microsoft Word.

Белата површина на прикажаната слика е Работната површина на документот. Можеме да замислиме дека таа ни претставува бел лист хартија на којшто сакаме да запишеме некој текст. Над работната површина се наоѓа Хоризонталниот линеар, а од нејзината лева страна Вертикалниот линеар. Со Хоризонталниот линеар се одредува ширината на текстот на страницата, а со Вертикалниот линеар неговата висина. Мерките на линеарите можат да бидат во сантиметри или инчи. (Инч е англиска мерка за должина и таа изнесува 2,54 см.)

Отворање на нов документ Освен со стартување на програмата Microsoft Word, нов документ или нова празна работна површина можеме да отвориме и во текот на работата со уредувачот Word. Постојат два начини за отворање на нов документ. I начин: Кликнете на менито File. 

Изберете ја опцијата New ...



Од прозорецот што ќе се отвори изберете опција: празен документ.

II начин: Кликнете на алатката за нов празен документ

Слика 6_4

(New Blank Document ) од лентата со алатки. Притоа ќе се отвори нов документ на кој уредувачот автоматски ќе му зададе име Document1.

134


Информатика за V одделение

Затворање на документ Откако ќе завршите со работата на документот во Word , истиот го затворате на следниве начини: I начин:  Кликнете на менито File.  Кликнете на командата Close. II начин: Кликнете на алатката за затворање на документот-прозорецот

.

И во двата начини ќе се прикаже прозорецот од Слика 6_5, во кој треба да кликнете на копчето Yes за да го зачувате документот под зададеното име, а на копчето No за да не го зачувате документот. Aко се предомислите и сакате да продолжите со пишување во документот, треба да кликнете на копчето Cancel.

Слика 6_5

Излегување од Word За излез од програмата Word кликнете на копчето прозорецот, или

во горниот десен агол на

 Кликнете на менито File.  Кликнете на командата Exit. И при задавање на овие команди, ако сте пишувале нешто во документот, ќе се појави прозорчето од Слика 6_5. За почеток, доволно е само да ги научите овие команди, а ќе ги применувате откако ќе научите да пишувате во Word.

135


6. Обработка на текст

Прашања 1. Како се нарекуваат програмите со кои може да се пишува и уредува текст? 2. Набројте ги имињата на сите такви програми за кои си слушнал или кои си ги користел досега. 3. Опишете како се стартува уредувачот на текстови Microsoft Word. 4. Опишете го прозорецот на уредувачот Microsoft Word. 5. На колку начини можат да се задаваат команди во Microsoft Word? 6. Со која команда ќе отворите нов документ? 7. Која е намената на командата Close од менито File? 8. Со која команда ќе излезете од уредувачот Word?

6.2. Внесување на текст

Текстот во документот се внесува со помош на тастатурата, почнувајќи од местото на кое се наоѓа покажувачот. Пред да почнеме со внесување на текстот, покажувачот се наоѓа во горниот лев агол на работната површина. При запишување на текстот, т.е. при внесување на секој нов знак, покажувачот се поместува за едно место во десно. Секој знак што се внесува преку тастатурата се појавува на местото на покажувачот. Притоа, текстот ќе биде пишуван со мали букви на латиница. На пример:

Слика 6_6

136


Информатика за V одделение

Како да пишувате на кирилица? На кирилица се пишува со т.н. македонска поддршка, која ја објаснивме во бележникот WordPad. Рековме дека со наизменично задавање на командата Alt+Shift преминуваме од англиска во македонска поддршка и спротивно. Распоредот на буквите од абецедата на тастатурата се дадени на Слика 6_7. Забелешка: Потсетете се како се пишува буквaта è. ~ Ѝ ! ! @ „ # “ $ ‘ % % ^ ‚ & & * * ( ( ) ) _ _ + + | Ж ` ѝ 1 1 2 2 3 3 4 4 5 5 6 6 7 7 8 8 9 9 0 0 - - = = \ ж Q Љ W ЊE Е R Р T Т Y Ѕ U У I И О О P П { Ш} Ѓ [ ш ] ѓ A A S С D Д F ФG Г H Х J Ј К К L Л : Ч “ Ќ ; ч ‘ ќ Z З X Џ C Ц V В B Б N Н M М < ; > : ? ? ,

,

. . / /

Слика 6_7: Распоред на буквите од азбуката на тастатурата Во Word може да се пишува на многу јазици: англиски, руски, македонски, германски, француски итн. За секој јазик постојат по неколку множества на букви со различен изглед на буквите, наречени фонтови. И за македонската азбука постојат повеќе фонтови. За да пишувате на македонски јазик треба да изберете еден од македонските фонтови.

137


6. Обработка на текст

Избор на фонт Копчињата за избор на фонт се наоѓаат во Лентите со копчиња, Слика 6_8.

Слика 6_8 Постапката за избор на македонскиот фонт МAЦ Ц Тимес се состои во следниве чекори:  Во Лентите со копчиња за избор и задавање команди кликнете на стрелката од копчето Се отвора Листата со фонтови, Слика 6_9.  Кликнете на стрелката

од Лентата за

вертикално поместување. Забележувате дека Листата со фонтови се поместува нагоре.  Кликнувајте сè додека не здогледате фонт со име МAЦ Ц Тимес.  Кликнете на фонтот МAЦ Ц Тимес. Потоа почнете да пишувате со македонската кирилица.

Слика 6_9

Но како да пишувате со кириличната азбука, кога на копчињата од тастатурата се напишани буквите од англиската азбука? Каде се наоѓаат буквите од македонската азбука? Македонските букви што ги нема во абецедата се наоѓаат на копчињата со специјални знаци од тастатурата, и тоа: буква ѓ знак

|

Ѓ

ж

Ж

ѕ

\

`

@ Y

Ѕ

љ

Љ

њ

Њ

ќ

Y

q

Q

w

W }

Ќ

ч

×

џ

Џ

ш

Ш

]

~

^

X

X

{

[

Слика 6_10 Забелешка: Распоредот на буквите од македонската азбука при пишување со поддршка и при пишување со некој македонски фонт не е ист.

138


Информатика за V одделение

Како се пишува голема буква? За пишување голема буква треба да се држи притиснато копчето Shift. На пример, за да ја напишете големата буквата A, држете го притиснато копчето Shift од тастатурата или копчето со знакот  и притиснете го копчето со буквата A. Вежба: Текстот од претходниот пример (Слика 6_6) напишете го со кириличен фонт и голема почетна буква.

Слика 6_11 Како се пишува само со големи букви? Ако сакате да пишувате само со големи букви, претходно треба да го притиснете копчето Caps Lock. Притоа, на тастатурата ќе засвети светлосен индикатор кој покажува дека е притиснато копчето Caps Lock. Aко пак притиснете на копчето Caps Lock, ќе продолжите да пишувате со мали букви. Вежба: 1.

Напишете ги малите букви од македонската азбука и притиснете Enter.

2.

Напишете ги големите букви од македонската азбука и притиснете Enter.

3.

Напишете ги сите букви од македонската азбука на следниов начин: аAбБвВгГ … и на крајот притиснете Enter.

4.

Притиснете го копчето Caps Lock од тастатурата и напишете го вашето име. Што се случува?

139


6. Обработка на текст

6.3. Внесување текст. Правила на пишување Како се брише последната буква од напишаниот текст? Притиснете на копчето од тастатурата на кое пишува Backspace или на копчето со знакот . Што се случува ако притиснете повеќе пати на Backspace? Како да избришете еден знак во текстот? Со помош на глувчето или со копчињата за движење од тастатурата поставете го покажувачот до знакот којшто сакате да го избришете. Aко покажувачот е поставен зад знакот, притиснете на копчето Backspace, додека, пак, ако покажувачот е поставен пред знакот, притиснете на копчето Delete. Вежба: Напишете го наведениот текст:

Слика 6_12

Потоа, поправете ги направените грешки. Како се остава празно место меѓу зборовите? Поставете го покажувачот помеѓу зборовите во текстот и притиснете на најдолгото копче (наречено бланко), што се наоѓа на средината на долниот дел од тастатурата. Вежба: а) Напишете го името на вашето училиште само со големи букви без да го користите копчето Shift. б) Напишете ги имињата и презимињата на неколку ваши другарчиња со големи букви без да го користите копчето Shift. Името и презимето на секое другарче запишете ги во посебен ред.

140


Информатика за V одделение

Веќе нагласивме дека со пишување на текстот, т.е. со внесување на секој нов знак, покажувачот се поместува за едно место надесно. Кога ќе стигнете до крајот на редот, тој автоматски преминува во нов ред, а кога ќе стигнете до крајот на страницата, тој автоматски преминува на нова страница.

Како ќе преминете во нов ред пред да дојдете до крајот на редот во кој пишувате? Притиснете на копчето на кое пишува Enter или Return или на копчето на коешто се наоѓа знакот .

Како ќе оставите еден или повеќе редови празни? Со притискање на копчето Enter или Return еднаш или повеќе пати.

Како ќе се движите низ текстот? За движење низ документот може да ги користите глувчето и тастатурата. Кога се користи глувчето, едноставно, покажувачот се поставува на одредената позиција и се кликнува со левото копче на глувчето. Исто така, низ текстот се движите и со копчињата за движење од тастатурата, означени со стрелките:  (налево),  (нагоре),  (надолу) и  (надесно), кои ја означуваат насоката на движењето.

Како да го започнете параграфот, така што првиот ред да биде повлечен надесно? Притиснете еднаш на копчето од тастатурата на кое пишува Tab. Покажувачот ќе се помести за една т.н. Tab-позиција надесно. Параграф или пасус претставува дел од текст помеѓу два нови реда. Нов параграф/ пасус се отвора со кликнување на копчето Enter. Вежба: Напишете две строфи од најновата хит-песна, првата строфа лево, а втората строфа десно, како во две колони.

141


6. Обработка на текст

Прашања: 1. Како се нарекуваат множествата од букви со кои можеме да пишуваме текстови на различни јазици? Набројте ги имињата на неколку такви множества. 2. Кој фонт ќе го изберете за да пишувате на македонски јазик? 3. Како ќе напишете голема буква? 4. Како ќе ја поправите последната буква што сте ја напишале? 5. Како ќе го избришете последниот збор што сте го напишале? 6. Со кое копче се остава празно место во текст? Како ќе оставите повеќе празни места меѓу два збора? 8. Со кои копчиња од тастатурата може да се движите низ текстот? 9. Објаснете со зборови како ќе го напишете следниов текст?

142

Николова Соња

Крстевски Горан

Ристовска Елена

Димитровски Игор

Новеска Снежана

Велков Ристе


Информатика за V одделение

6.4. Избор на големината на буквите Вежба: Напишете го следниов текст:

Слика 6_13 Забележувате дека сите мали букви имаат иста големина. Исто така и големите букви имаат иста големина.

Може ли да се пишува со различна големина на буквите и како да ја изберете големината на буквите? Постапката за избор на големината на буквите со кои пишуваме се состои во следниве чекори:  Во Лентите со копчиња за избор и задавање команди кликнете на стрелката од копчето

.

Ќе се отвори Листата со големини на буквите. Листата се поместува нагоре со кликнување на стрелката та за вертикално поместување, а надолу со кликнување на стрелката

од Лента.

 Кликнете на саканата големина. Сега, буквите од текстот што го пишувате ќе бидат со избраната големина.

Вежба: Напишете ги следниве реченици со соодветната големина на буквите:

143


6. Обработка на текст

Оваа големина на буквите е 9.

Оваа големина на буквите е 11.

Оваа големина на буквите е 16.

Оваа големина на буквите е 20. Вежба: Напишете го следниов текст:

Слика 6_14 Забележувате дека во текстот сите зборови и знаци се напишани со кириличниот фонт.

Како да напишете некои зборови на латиница? Промена на фонтот Еден од фонтовите со којшто се пишува текст на латиница е англискиот фонт Times New Roman. Тој се избира пред да почнете да внесувате латиничен текст. Потоа, за да продолжите пак да пишувате со македонската кирилична азбука, треба да го изберете фонтот МAЦ Ц Тимес. Вежба: Напишете го текстот од Слика 6_14 правилно, како на Слика 6_15.:

144


Информатика за V одделение

Слика 6_15 Упатство:  На крајот од првата реченица притиснете на копчето Enter.  За да ги вметнете наводниците и Microsoft Word променете го фонтот во Times New Roman и притиснете на соодветното копче од тастатурата.  За останатиот текст повторно изберете го фонтот МAЦ Ц Тимес. Вежба: Напишете ја вашата адреса, така што улицата ќе ја ставите во наводници. Вежба: Направете список на лектирите од минатото полугодие, ставајќи ги насловите на книгите во наводници. Вежба: Најдете ги на тастатурата и внесете ги како текст следниве специјални знаци: ~ @ # $ % ^ & ` ‘ “ + - * / = \ | < > ! ? ; : () [] {} Вежба: Напишете ги следниве математички изрази: 3/5=0,6 ;

3x+2y-5z=0 ;

(5a-7b)[2a-(a-3b)]=?

(a+b)(a-b)=a^2-b^2 ;

(a+b)^2=a^2+2ab+b^2 ;

{a-[5-4b(a+c)]+[1: (2a-3b)]}

145


6. Обработка на текст

Како да го зачувате текстот што сте го напишале на компјутер? Во Microsoft Word можат да се напишат различни текстови: писма, раскази, песни, соопштенија, договори, изјави, молби, записници итн. Тие се нарекуваат документи. Документите се запишуваат и чуваат на дискот на компјутерот како посебни датотеки. Бидејќи секоја датотека има име, значи и секој документ има свое име.

Зачувување нов документ на диск  Кликнете на менито File.  Изберете ја опцијата Save As...  На екранот ќе се појави дијалог-прозорецот Save As... за зачувување на нов документ на дискот, Слика 6_16.  Во полето Save in: е предложено име на папката каде што би се сместил новиот документ. Листата на папки каде што може да се запише се отвора со кликнување на стрелката

.

 Во полето File name напишете го името под кое ќе го зачувате документот. На пример, Prv dokument..  Кликнете на копчето Save.

Слика 6_16

146


Информатика за V одделение

Прашања: 1. Објаснете како и од која листа се избира големината на буквите. 2. Колку големини на буквите има во фонтот МAЦ Ц Тимес? 3. Со кој фонт пишувате латиница? 4. Објаснете го начинот на промена на фонтот од кирилица на латиница и обратно. 5. Aко немате креирано своја папка, во која папка, вообичаено, се чуваат документите?

147


6. Обработка на текст

6.5. Поставување стил на буквите. Порамнување на текст Отворање постоечки документ За измена или дополнување на документ којшто е зачуван во некоја од папките на дискот, истиот треба да го пронајдете и да го отворите. Тоа се прави на следниов начин:  Кликнете на менито File.  Кликнете на командата Open.  Се отвора дијалогпрозорецот Open, Слика 6_17.

Слика 6_17  Користејќи го копчето за листање на папките од дискот, што се наоѓа во десниот дел од полето Look in:, ја барате и ја отворате папката во која е запишан бараниот документ.  Кликнете на документот што сакате да го отворите. На пример, Prv document.doc.

Слика 6_18

 Кликнете на копчето Open или само притиснете Enter од тастатурата.

148


Информатика за V одделение

Поставување стил на буквите Стилот на буквите во текстот може да биде:  задебелени букви

(Bold - B),

 коси букви

(Italic - I) и

 подвлечени букви

(Underline - U).

Тој се избира со кликнување врз следните копчиња:

.

Aктивниот стил се препознава по тоа што соодветното копче е означено (осветлено). Aко повторно се кликне врз копчето, стилот се исклучува. Вежба: Напишете го следниов текст: Пред да го напишам текстот со задебелени букви, треба да кликнам на копчето B и сè што ќе пишувам понатаму ќе биде задебелено. За буквите да бидат и коси, кликнувам на копчето I и текстот понатаму ќе има два стила: задебелени и коси букви. За да го исклучам стилот задебелени букви кликнувам на копчето B со што останува само стилот коси букви. Со кликнување на копчето U го вклучувам стилот подвлечени букви. Со кликнување на I и U, ги исклучувам двата стила.

Порамнување на текстот Можни се четири начини на порамнување на текстот на левата и десната страна со кликнување на следниве копчиња:

Levo poramnuvawe

Centrirano

Desno poramnuvawe

Dvostrano poramnuvawe

Забележувате дека активен е стилот  двострано порамнување. Секој пасус може различно да се порамни. Овој пасус е порамнет на левата страна. Притоа, доколку последниот збор не го собира во редот, тој ќе се префрли целосно на левата страна, т.е на почетокот на наредниот ред.

149


6. Обработка на текст

Овој текст ќе го центрирам, така што пред да почнам да го пишувам ќе кликнам на копчето за центрирано порамнување.

Овој текст е порамнет на десната страна, а за да преминам во следниот ред притискам на копчето Enter.

Најчесто, текстот во документите се порамнува на двете страни, така што претходно се кликнува на копчето за двострано порамнување. Може да забележите дека целиот учебник е направен со двострано порамнување. Обидете се и вие да направите неколку пасуси со различно порамнување на текстот. Напишете го секој пасус во различен стил.

Прашања: 1. Како се отвора постоечки, т.е. претходно напишан документ? 2. Колку стилови на текст можат да се користат во Word  документите? 3. Како се вклучува и исклучува некој стил на текстот? 4. Може ли истовремено да бидат активни два или три стила? 5. Кои стилови треба да ги вклучите ако сакате текстот да биде со коси и подвлечени букви? 6. Набројте ги начините на порамнување на текстот!

150


Информатика за V одделение

6.6. Означување на текст. Промена на фонт, стил и големина на буквите Вметнување текст во документот  Кликнете на местото каде што сакате да вметнете текст.  Напишете го текстот. Со кликнување на секој нов знак, постоечкиот текст ќе се поместува десно од покажувачот. Вежба: Вметнете го името на вашето училиште во следниов текст: „Јас сум ученик од V одделение и учам во училиштето . . . “ Означување дел од текст Означување со тастатура  Кликнете на местото од каде што сакаш да го означиш текстот.  Држете го притиснато копчето Shift, а со стрелките од тастатурата за горе, долу, лево и десно, движете се во саканиот правец и текстот ќе се затемнува – означува. Означување со глувчето  Кликнете на местото од каде што сакате да го означите текстот и држете го притиснато левото копче од глувчето.  Влечете го глувчето лево, десно, горе или долу и текстот ќе се затемнува – означува. Специјални делови од текстот се означуваат на следните начини: Ред  поставете го покажувачот на левата страна од редот, надвор од границата на документот (покажувачот се трансформира во стрелка со насока горедесно) и кликнете еднаш; Збор  два пати, брзо и едноподруго, кликнете со глувчето врз зборот; Параграф - исто како и за означување ред, но кликнете два пати, или кликнете три пати врз параграфот;

Цел документ - држете го притиснато копчето Ctrl и притиснете го копчето со буквата A од тастатурата.

151


6. Обработка на текст

Вежба: Означете го зборот училиште и името на вашето училиште во текстот од претходната вежба. Бришење текст  Означете го текстот што сакате да го избришете.  Притиснете го копчето Delete или Del. Вежба: Избришете го означениот текст од претходната вежба.

Поништување на последната извршена операција  Кликнете на копчето

или

 Кликнете на менито Edit и на командата UndoTyping.

Со повеќекратно кликнување на копчето ледно извршени операции наназад.

, можат да се поништат повеќе пос-

Вежба: По бришењето на текстот во претходната вежба, притиснете на копчето . Што се случи?

Измена на фонт, големина и стил на фонт во означен текст Измена на фонт  Означете го текстот или дел од текстот.  Кликнете на стрелката во десниот дел на копчето Font, Слика 6_19. Ќе добиете листа од различни фонтови.  Изберете фонт и кликнете на него.

152

Слика 6_19


Информатика за V одделение

Измена на големина на фонт 

Означете го текстот или дел од текстот.



Кликнете на стрелката во десниот дел на копчето Font Size.



Ќе добиете листа од различни големини на фонтот.



Изберете големина на фонт и кликнете на неа.

Измена на стил на фонт 

Означете го текстот или дел од текстот.



Кликнете на некое од копчињата за промена на стилот на фонтот

Вежба: Во текстот напишан во претходната вежба изменете го фонтот, големината и стилот на фонтот. Вежба: Напишете го следниов текст: Јас изгледа сум слеп за многу нешта за што високо би го ценел твоето појаснување и мудри совети како постар Aсхаровец! Looking forward to meeting you, soon. Yours faithfully. а) Поставете стил задебелени и коси букви на делот од првата реченица: „за што високо би го ценел твоето појаснување и мудри совети“. б) Изменете го фонтот на втората реченица во латиница. Можете ли да пишувате со друга боја? Избор на бојата за пишување  Во Листата со копчиња кликнете на стрелката десно од копчето

, Слика 6_20.

Ќе се отвори палета со бои.  Кликнете на една боја и почнете да пишувате. Текстот што ќе го пишувате понатаму ќе биде со избраната боја.

Слика 6_20

153


6. Обработка на текст

Вежба: Напишете го следниов текст: Во Македонија има три езера: Охридско, Преспанско и Дојранско. Најголемо и најдлабоко е Охридското Езеро. Најплитко е Дојранското Езеро. Заменете ги боите во горниот текст: сината со црвената, црвената со зелената. (Упатство: Означете го текстот и од палетата за бои изберете ја бојата што тој треба да ја добие.) Промена на бојата на позадината на текстот  Означете го текстот чија позадина треба да се обои.  Кликни на триаголничето надолу десно од копчето

.

 Ќе се отвори палета со бои, Слика 6_21.  Кликнете на бојата за позадина. Вежба: Напишете го следниов текст:

Најдолга река во Македонија е Вардар. Слика 6_21

Најголем град во Македонија е Скопје. Пелагонија е најголемата житница на Македонија. Направете го следниов список: СПИСОК НA УЧЕНИЦИТЕ ОД V-3 ОДДЕЛЕНИЕ

154

1. Aна Ристевска

одличен

2. Валентина Крстевска

добар

3. Горан Илиевски

многу добар

4. Ило Трајковски

одличен

5. Соња Наумова

добар

Вежба:


Информатика за V одделение

Прашања: 1. Како ќе вметнете текст во готов документ? 2. На колку начини може да се означи дел од даден текст? Објаснете ги. 3. Објаснете го начинот на означување на збор, ред, пасус и цел документ. 4. Како се брише дел од документот? 5. Како ќе ги измените фонтот, стилот и големината на буквите на насловот? 6. Како ќе постапите доколку во даден текст сакате да ги внесете следните букви: a, b, c? 7. Провери колку операции може да поништите во вашиот уредувач? 8. Како ќе постапите доколку сакате повторно да извршите неколку поништени операции? 9. Која команда ќе ја примените доколку не сте ја пополниле тековната страница, а сакате да преминете на нова?

155


6. Обработка на текст

6.7. Вметнување графички симболи и форми, цртеж, звучен и видео-инсерт Дали може да се црта во документот? Цртање фигура во документот

Слика 6_22 Во документот можете и да цртате. Копчињата за цртање се наоѓаат, најчесто, на долниот дел на прозорецот на Word, во т.н. Лента за цртање, Слика 6_22. Бидејќи цртањето го изучивме во Paint, овде ќе се задржиме само на тоа како да вметнеме графички симболи, звучни и видео-инсерти. Вметнување графички симболи и форми Понекогаш е потребно во Word документот да се внесе некој графички симбол или форма, како следниве:

Тоа се постигнува со следнава постапка:  Кликнете на менито Insert, а потоа на Picture и AutoShapes.  Се отвора прозорецот AutoShapes со неколку палети на графички симболи.  Кликнете на некоја палета, а потоа на симбол во палетата.  Кликнете во документот на местото каде што сакате да го поставите симболот или формата.  Држете го притиснато левото копче од глувчето и влечете го по подлогата додека не ја постигнете саканата големина на симболот или формата.

156

Слика 6_23


Информатика за V одделение

Уметнички текст е текст со посебни ефекти, како: искосување, ротирање, сенка, различни стилови и големини на букви и слично. Постапката за вметнување уметнички текст во документот е следна:  Кликнете на менито Insert, а потоа на Picture и Word Art ..., Слика 6_24. Се отвора прозорецот Word Art Gallery, Слика 6_25

Слика 6_24

 Кликнете на стилот којшто треба да го има текстот, а потоа на копчето . Се отвора прозорец во кој се избира фонтот, стилот и големина на буквите со кои ќе се пишува текстот. На пример, напишете: ИНФОРМАТИКА, Слика 6_26,  Кликнете на копчето . Се добива уметничкиот текст од Слика 6_27.

Слика 6_25 Слика 6_26

Слика 6_27

Вежба: На претходно опишаниот начин напишете ги вашите лични податоци.

157


6. Обработка на текст

Вметнување цртеж, звучен и видео-инсерт  Го поставувате покажувачот на местото во документот каде сакате да внесете слика.  Кликнувате на менито Insert, а потоа на o Picture  Clip Art - за внесување Clip Art  From File - за внесување цртеж од компјутерот, Слика 6_28.  Ако сте избрале Clip Art, во десниот дел на работниот екран се отвора прозорецот ClipArt, Слика 6_29.  Во полето Search for: внесувате што сакате да вметнете.  Од паѓачкото мени Selected media file types одбирате категорија o Clip Art o Photographs - за цртеж или за слика o Movies – за видеоинсерт o Sounds - за звучен инсерт. 

Потоа кликнувате на копчето



.

Во отворениот прозорец ќе се прикажат пронајдените објекти.

Слика 6_28



Ја одбирате сликата која ви треба и кликнувате на стрелката на десниот раб на сликата.



Кликнете на Insert.

Забелешка: Полето Search for може да се остави празно.

158


Информатика за V одделение

Доколку сакате да избришете слика, тогаш постапувате на следниов начин: 

Означете ја сликата .

 Притиснете на копчето Delete од тастатурата.

Вежба: Вметнете неколку сликички од категоријата Animals и од категоријата Cartoons.

Слика 6_29

Прашања: 1. Која низа од команди треба да се примени доколку во даден документ треба да внесеме некој графички симбол или графичка форма? 2. Набројте неколку категории од цртежи од кои можете да го изберете цртежот што ќе го вметнете. 3. Која низа од команди треба да се зададе за да напишете уметнички текст? 4. Објаснете како ќе избришете внесен уметнички текст или цртеж.

159


6. Обработка на текст

6.8. Копирање и вметнување текст и фигури Копирање и вметнување текст  Означете го текстот кој сакате да го копирате.  Кликнете на копчето

.

 Кликнете на местото каде што сакате да го вметнете текстот.  Кликнете на копчето

.

Ќе се појави означениот текст. Еднаш ископираниот текст можете да го вметнувате повеќе пати и на различни места со кликнување на копчето

.

Вежба: Напишете ја омилената песна, така што рефренот ќе го напишете само по првата строфа, додека по останатите строфи ќе го вметнете со копирање.

Копирање фигура  Означете ја фигурата која сакате да ја копирате.  Кликнете на копчето

.

 Кликнете на местото каде што сакате да ја вметнете фигурата.  Кликнете на копчето

.

Фигурата ќе се покаже означена со 8 точки.  Со копчињата со стрелки од тастатурата донесете ја фигурата на саканото место.  Кликнете надвор од фигурата за да се изгуби означувањето.

Вежба: Нацртајте круг исполнет со боја и копирајте го повеќе пати. Потоа со вметнување и пренесување со помош на копчињата со стрелки, направете го следниот цртеж.

160


Информатика за V одделение

Пренесување текст  Означете го текстот кој сакате да го пренесете.  Кликнете на копчето

.

Означениот текст ќе го снема.  Кликнете на местото каде што сакате да го пренесете текстот.  Кликнете на копчето

.

Текстот ќе се појави. Вежба: Напишете: Јас учам Word, а потоа пренесете го зборот „Јас“ по зборот „учам“. Jас u~am Word

u~am Jас Word

Пренесување фигура 

Означете ја фигурата.

 Кликнете на копчето

.

Фигурата ќе ја снема.  Кликнете на местото каде што сакате да ја пренесете фигурата.

161


6. Обработка на текст

 Кликнете на копчето

.

Фигурата ќе се покаже означена со 8 точки.  Со копчињата со стрелки од тастатурата донесете ја фигурата на саканото место.  Кликнете надвор од фигурата за да се изгуби означувањето. Забелешка: Друг начин за пренесување на означен текст или фигура е со едноставно влечење со глувчето. Вежба: Од фигурава

со пренесување, да се добие следнава фигура:

Прашања:

162

1.

Објаснете ја постапката на копирање текст.

2.

Кои копчиња се користат при копирање текст?

3.

Како се копира нацртана фигура?

4.

Кое копче се користи и при копирање и при пренесување текст или фигура?

5.

Која е разликата помеѓу копирање и пренесување текст или фигура.

6.

Како ќе го изгубите означувањето на фигурата кога копирате или пренесувате фигура?


Информатика за V одделение

6.9. Набројување Како се набројува? Набројувањето претставува уредување на текстот во вид на листа од повеќе редови, при што пред секој ред се користи број или некој знак. Набројувањето се користи кога сакаме изгледот на текстот да биде подобар и попрегледен. Можат да се користат два начини на набројување:  Бројно набројување, и  Знаковно набројување. Бројното набројување најчесто се користи кога ни е битен редоследот при набројувањето, за разлика од знаковното набројување, каде не ни е важен редоследот по кој ќе бидат наброени податоците во листата. Слика 6_30 Primer za brojnо nabrojuvawe.

Primer za znakovno nabrojuvawe.

Raspored na ~asovi za sreda:

Prirodni nauki:

1. Makedonski jazik



Matematika

2. Informatika



Fizika

3. Matematika



Biologija

4. Angliski jazik



Hemija

5. Istorija



Geografija

За бројното набројување кликнувате на иконата Numbering . При секое преминување во нов ред со притискање на копчето Enter автоматски ќе се внесе следниот број.

За знаковно набројување кликнувате на иконата Bullets -

.

За прекин на набројувањето повторно се кликнува на истата икона, или два пати се притиска копчето Enter.

163


6. Обработка на текст

Растојанието од знакот до почетокот на текстот се подесува со лизгачот арот, кој со глувчето може да се поместува лево -десно.

во лине-

Вежба: Со набројување напишете го распоредот на часови за понеделник и вторник. Каков вид набројување треба да користите? Вежба: Со набројување напишете ги имињата на неколку влезни уреди кои можат да се поврзат на компјутерот. Каков вид на набројување може да користите? Вежба: Уредете го следниов текст: Текст 1: Периферните единици се делат на: влезни, излезни, влезно-излезни. Најчесто користени влезни единици се: тастатурата, глувчето, микрофонот. Најчесто користени излезни единици се: монитор, печатач, звучници.

Текст 2: Периферните единици се делат на: 

влезни,



излезни,



Влезно-излезни.

Најчесто користени влезни единици се: 

тастатурата,



глувчето,



микрофонот.

Најчесто користени излезни единици се:

164

1.

монитор,

2.

печатач,

3.

звучници.


Информатика за V одделение

Преглед на документот пред печатење Пред да се печати документот, пожелно е да се направи преглед на документот пред печатење, т.е. да се види како ќе изгледа документот во печатена форма. Ова е потребно за да се направат измени или да се поправат грешките пред да се испечати документот. Постапката е следна:  Зададете ја командата File, Print Preview.  Ќе се отвори истоимениот прозорец, Слика 6_31.  Со копчињата Page Down и Page Up можете да го прелистате документот.  Кликнете на копчето Close за да го затворите прозорецот.

Печатење документ Ако сакате отворениот документ да го испечатите на хартија изберете: File > Print и ќе се појави прозорецот од Слика 6_32. Слика 6_31: Поглед на документот

Изберете име на печатач

За печатење на: - цел документ – сите страници, - тековната страница, - само страниците чии броеви ќе ги внесете. Пример: 3,7,10-15. Број на примероци/копии За еднострано или за двострано печатење.

Слика 6_32

165


6. Обработка на текст

За двострано печатење прво избирате Odd pages (непарни страници), а потоа на истите листови од другата страна – пак повикувате Print и избирате Even pages (парни страници). Потоа кликнувате на OK. Пред да ја зададете наредбата за печатење, треба да проверите дали е приклучен печатачот и дали има хартија.

Прашања: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10.

166

Што е набројување на податоци? На колку начини може да се набројуваат податоци според знаците кои се користат? Како ќе постапите ако текстот е напишан, а треба да се преуреди со набројување Објаснете како можат да се променат знаците на набројување! Кога се користи бројно набројување? Со која команда може да се погледа документот пред печатење? Објаснете го прозорецот Print и елементите на него. Како се задава кои страници од документот сакаме да се испечатат? Како се задава колку копии од документот да се испечатат? Како се печати документот двострано?


Информатика за V одделение

6.10. Креирање табели во Word. Менување на карактеристики на табела Една од позначајнте можностите на програмата Word е креирањето на табели во документите што ги уредувате. Секоја табела содржи одреден број редици и колони. Секој поединечен правоаголник, кој претставува пресек на една редица и на една колона од табелата, се нарекува ќелија на табелата. Во ќелиите се внесуваат податоците: броеви, текст и други видови податоци. Ќелија

Постапка за вметнување табела во документ  Кликнете на почеток на нов ред каде што сакате да вметнете табела.  Изберете ги опциите Insert  Table од менито Table. Се добива дијалог-прозорецот од Слика 6_34. Слика 6_33  Внесете ги бројот на редици и бројот на колони.  Кликнете на ОК. На означеното место во документот ќе ја добиете бараната табела.

Внесување на текст во табела

Слика 6_34

понеделник

вторник

Кликнете во некоја од ќелиите на табелата и почнете да внесувате текст. Ако сакате да поминете во друга ќелија, користете го копчето Tab или копчињата со стрелки од тастатурата, или кликнете на друга ќелија.

среда

167


6. Обработка на текст

Додавање нова редица во табела  Означете ја редицата каде што сакате да додадете нова редица.  Од менито Table изберете ја опцијата: Insert  Rows Above ако сакате да вметнете нова редица пред означената, или InsertRows Below ако сакате да вметнете нова редица по означената редица.

Додавање нова колона во табела  Означете ја колоната каде што сакате да вметнете нова колона.  Од менито Table изберете ја опцијата: Insert  Columns to the Left ако сакате да вметнете нова колона пред означената, или Insert  Columns to the Right ако сакате да вметнете нова колона по означената колона.

Како се брише содржината на ќелија, ред или колона во табела?  Означете ја ќелијата, редицата или колоната чија содржина се брише.  Од менито Едит изберете ја опцијата Delete или притиснете на копчето Delete од тастатурата.

Бришење на редица или колона во табела  Означете ја редицата или колоната што сакате да ја избришете.  Од менито Table изберете ја опцијата: Delete  Columns ако сакате да ја избришете означената колона или Delete  Rows ако сакате да ја избришете означената редица.

168


Информатика за V одделение

Менување на височината на редиците и на широчината на колоните во табела 

Означете ја редицата или колоната чија височина, односно широчина ја менувате.



Од менито Table изберете ја опцијата Table Properties.



Се отвора дијалог-прозорец од кој може да се избере дали ќе се менува височината на редицата или широчината на колоната.

На Слика 6_35 може да се види дека се менува широчината на колоната, која изнесува 3 см.

Слика 6_35

Спојување на ќелии

 Во дадена табела означете го блокот соседни ќелии што сакате да ги споите.  Од менито Table изберете ја опцијата Merge Cells.

Слика 6_36

169


6. Обработка на текст

Како се дели ќелија или блок од ќелии на повеќе редици и колони 

Во дадена табела означете ја ќелијата или блокот соседни ќелии што сакате да ги поделите во одреден број редици и колони.



Од менито Table изберете ја опцијата Split Cells …



Во дијалог-прозорецот што се отвора внесете на колку редици и колони ќе ја поделите ќелијата или блокот ќелии.

Слика 6_37

Прашања:

170

1.

Како се вметнува табела во документ?

2.

Вметнете табела со 6 редици и 5 колони во документот.

3.

Како се вметнува нова редица и нова колона во табелата?

4.

Во вметнатата табела додајте 2 редици и 1 колона.

5.

Како се брише редица, а како колона во табелата?

6.

Во табелата избришете 1 редица и 2 колони.

7.

Како се менува висината на редиците и ширината на колоните во табелата?

8.

Зголемете ја висината на третата редица и широчината на 4-тата колона.

9.

Со која наредба се спојуваат ќелии?

10.

Спојте ги сите ќелии од првата редица.

11.

Како се делат ќелии?

12.

Поделете ја првата редица на 2 ќелии.


Информатика за V одделение

АЗБУЧНИК

A abakus aplikacija AutoShapes Accessories adresa agol aktivirawe alatka All Programs antivirusna programa aplikacija B bajt boja

3 77 156 46 83 100 109 119 132 110 106

23 31

V veb veb-lokacija veb-stranica video-insert video-kamera video-proektor virus video vrska

83 83 83 156 33 35 110 23 87

G gluv~e golemi kompjuteri grafi~ka tabla Games gigabajt gluv~e Google grafi~ka rezolucija

39 5 33 46 23 27 87 29

171


Азбучник

D datoteka difitalen fotoaparat digitalizator disketa dividi disk dup~eni karti~ki dvojno kliknuvawe

47 32 35 20 20 3 29

E elektronska po{ta (i-meil) ENIAC ekran elektronska adresa elipsa Enter З zvu~nik zgolemuvawe zumirawe zvuk

172

89 3 133 83 116 139

30 118 118 30

I ikona informati~ko op{testvo internet Internet Explorer iskosuvawe Inbox informacii informati~ko op{testvo izdol`uvawe

42 8 9 83 66 90 82 8 125

K kalkulator kapacitet kliknuvawe kompakten disk kompjuterska etika kompjuterska konfiguracija kompjuterska mre`a kompjuterski igri kompjuterski virusi kop~e

3 7 29 48 11 15 19 30 109 133


Информатика за V одделение

kilobajt krug L Linux lента linija link

23 116

36 133 34 104

M magneten disk magnetna disketa magnetna lenta mati~na plo~a memorija memorisko stap~e mikro kompjuteri mikrofon mini kompjuteri modem monitor Mozilla Firefox MS Paint MS Word multimedija multimedijalni podatoci megabajt meni My computer My documents

23 23 23 21 23 23 5 15 5 34 39 83 111 130 69 69 23 52 71 72

N nabrojuvawe 163 nadvore{na memorija naredba naslov

26 170 43

O obrazoven portal operativen sistem izdol`uvawe objekt obrazoven portal operacija operativen system Outbox ozna~uvawe

103 39 125 116 103 112 39 90 119

173


Азбучник

174

P palka papka paragraf pe~ata~ periferiski uredi podatoci poramnuvawe pozicionirawe prebaruva~ prevrtuvawe procesor programa prozorec paleta Password Paste piksel poka`uvawe pокажувач poraka portal pravoagolnik prenesuvawe prepra}awe prikaz procenti

32 46 61 31 27 2 66 37 87 125 21 27 43 153 96 119 30 33 35 91 103 116 160 93 100 125

R rabotna povr{ina razgleduva~ rotirawe Recycle Bin

111 83 125 40

S simboli skener Skype sloboden softver slotovi softver Sound Recorder stil na bukvi super kompjuteri surfawe svetlosno pero Search

156 31 98 14 21 15 73 149 5 85 33 87


Информатика за V одделение

Send skener slotovi slu{alki softver Sound Recorder sprej start status Stretch/Skew

100 31 21 30 110 73 122 131 100 125

T tastatura trekbol tekst terabajt

84 33 131 23

U umetni~ki tekst

157

F font forum frekvencija forma

66 103 22 156

H hardver hipervrska

1 84

C crta~ Clip Art Calculator Copy crta~ crte`

34 158 46 119 34 120

W Windows Windows Explorer Windows Media Player Windows Movie Maker WordPad WWW

39 49 72 77 137 83

Y Yahoo 84

175


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.