4. Интернет
Вежба: Во полето за пребарување внесете го зборот Makedonija и кликнете на копчето
.
Јас добив 5.620.000 веб-страници во кои има документи со зборот Makedonija. Вежба: Најдете ги резултатите од европското првенство во фудбал во 2008 година. Можете да почнете со зборот football или подобро со фразата „Euro 2008“ и зборот football, т.е. „Euro 2008“ football. Јас добив 146.000.000 веб-страници во чии документи се содржи оваа фраза и зборот football, Слика 4_6.
Слика 4_6: Резултати од барањето
Категории - освен по клучни зборови и фрази, со пребарувачот Yahoo може да се пребарува и по категории (теми), кои понатаму се делат на поткатегории, Слика 4_7. Вежба: Кликнете на категоријата Education. Ќе ја добиете Слика 4_8.
Слика 4_8: Поткатегории на игрите Кликнете на некоја поткатегорија. Вежба: Обидете се да дојдете до табелата на освоени медали на Европското првенство во фудбал одржано во Австрија и Швајцарија во 2008 година. Вежба: Побарајте на Интернет некои од вашите омилени романи.
88
Слика 4_7: Категории во пребарувачот Yahoo