Информатика

Page 41

Информатика за V одделение

Видео -проектор Видео-проекторот (projector) (Слика 2_36) се користи за прикажување на сликата од екранот на посебни платна или на ѕид. Дијагоналата на приказот може да биде до над 15 метри, на оддалеченост и над 20 метри. Затоа се користат при разни презентации и предавања пред поголем аудиториум.

Слика 2_36: Видео-проектор

Дигитализатор Дигитализаторот (digitizer) се користи за дигитализирање (конверзија) на графички репрезентации (планови, скици, цртежи итн.) во дигитални податоци. (Дигиталните податоци се податоци изразени со броеви.) Тој се состои од специјален уред на кој има покажувач и копчиња (Слика Слика 2_37: 2_37) за задавање команди, а со компјутерот е поврзан со посебен Дигитализатор кабел. Дигитализаторот се влече по рамна табла на која се наоѓа цртежот, а со притискање на соодветното копче се испраќа сигнал (координати) за точката над која се наоѓа. Вака внесените дигитализирани податоци во компјутерот можат понатаму да се обработуваат.

Прашања 1. Набројте ги перифериските уреди што ги познавате. 2. За што се користи тастатурата, а за што глувчето? 3. Што е графичка резолуција? 4. Какви видови на печатачи постојат и по што се разликуваат едни од други? 5. За што служи скенерот? 6. Која е улогата на модемот? 7. Кој перифериски уред е потребен за презентации пред повеќе гледачи?

35


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.