Информатика

Page 163

Информатика за V одделение

Уметнички текст е текст со посебни ефекти, како: искосување, ротирање, сенка, различни стилови и големини на букви и слично. Постапката за вметнување уметнички текст во документот е следна:  Кликнете на менито Insert, а потоа на Picture и Word Art ..., Слика 6_24. Се отвора прозорецот Word Art Gallery, Слика 6_25

Слика 6_24

 Кликнете на стилот којшто треба да го има текстот, а потоа на копчето . Се отвора прозорец во кој се избира фонтот, стилот и големина на буквите со кои ќе се пишува текстот. На пример, напишете: ИНФОРМАТИКА, Слика 6_26,  Кликнете на копчето . Се добива уметничкиот текст од Слика 6_27.

Слика 6_25 Слика 6_26

Слика 6_27

Вежба: На претходно опишаниот начин напишете ги вашите лични податоци.

157


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.