Информатика

Page 127

Информатика за V одделение

Прашања: 1. Покажете со кои алатки се означува слика или дел од слика. 2. Објаснете ја постапката на означување. 3. Зошто служат контролните точки кои се јавуваат околу означениот дел? 4. Како може да го поместите означениот дел по работната површина? 5. Колку начини на означување постојат и од каде се избираат? Како се означува делот од сликата со првиот начин, а како со вториот? 6. Објаснете ја постапката за копирање дел или цела слика. 7. Објаснете ја постапката за отсекување дел или цела слика.

5.5. Боење на затворени површини. Пишување текст

Боење на затворени површини За боење на готови објекти и ограничени (затворени) површини се користи кофичката со боја од палетата со алатки. Одберете боја, кликнете на кофичката (како да ја полните), а потоа кликнете во затворената површина. Внимавајте! Aко површината не е сосема затворена, бојата ќе истече и ќе ја поплави целата работна површина. Вежба: Нацртајте мрежа од линии, а потоа затворените површини исполнете ги со различни бои. Вежба: Нацртајте го знамето.

121


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.