S-Work Special Edition

Page 1

SWORK SPECIAL EDITION

ДЕКЕМВРИ 2013


Содржина I. Почитувани II. Интервјуа/Профили

SWORK

1. Sophia St. James 2. Сеќавање за Мерлинка 3. Од ескорт девојка до автор на бестселери 4. Ребека Дејкин 5. Хајди Флеис – Холивуд Мадам 6. Ирена Штабу - најпознатата проститутка на сите времиња 7. Паола Равениоти 8. Илона Сталер 9. Гордана Митровиќ: Прифатете се себеси и бидете свои! 10. Лаура Ангел 11. Лил Мунс: - “Јас сум сексуален работник и горд сум на тоа“

III. Политики и модели на сексуалната работа во светот 1. Европска мрежа за ХИВ и СПИ превенција и здравствена промоција помеѓу сексуални работници – мигранти во Европа 2. Истражувања и податоци за сексуалната работа во светот 3. Секс гаражи – Цирих 4. Резиме за сексуалната работа во Холандија од страна на Red Thread 5. Здрави сексуални работници 6. Сексуалната работа би требало да се легализира 7. Како сексуалните работници ги плаќаат своите даноци

IV. Историја на сексуалната работа 1. Фељтон - “Историја на сексуалноста” - од Рихард Левинсон Морус 2. Сексуалната работа во Скопје била легализирана 3. Илустрирана историја на проституцијата 4. Куќи и бањи на жените 5. Неколку важни историски револуции 6. Сексуалната работа во Њу Орлеанс од 1912-та година

V. Активизам 1. Отворено писмо од Мила к**вата 2. Изложба на тема - сексуална работа во Кавадарци 3. Одбележан 2 Јуни-“Меѓународниот ден на сексуалните работници“ во Скопје, Тетово, Охрид и Струмица 4. 17 декември – “Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници“ 5. Меѓународен повик за правда за Јасмин и Дора 6. 3-ти март, меѓународен ден за правата на сексуалните работници. 7. Протест за социјална правда и работнички права


Почитувани, Со огромно задоволство СТАР-СТАР во сопствено издание ви го претставува S-Work – Limited Edition. Идејата за еден ваков магазин се јави изминатата година, како медиум преку кој ќе се пренесе порака до пошироката публика, издвојувајќи теми поврзани со сексуалната работа и сексуалните работници кај нас и во светот. Во ова лимитирано издание се собрани до сега најинтересните и најчитаните статии и интервјуа од досегашните онлајн изданија на S-Work магазинот, но овој пат во печатена форма.

Здружение на граѓани СТАР-СТАР -


II. Интервјуа/Профили -

“Јас сум сексуален работник и горд сум на тоа“

- Лил Мунс


II. Интервјуа/Профили -

SOPHIA ST. JAMES -

II. Интервјуа/Профили Софија Сент Џејмс е поранешна стриптизета, сегашен квир фотограф, активист и секс едукатор. Се сретнавме со неа во NE Portland – феминистичка книжарница, каде Софија го поминува повеќето од своето време. За почеток, како ќе се опишеш самата? Ох ... Јас сум жестока, независна жена и посветен кариерист. Квир е многу индивиуализирана дефиниција. Јас самата се дефинирам како Квир, бидејќи ги сакам сите родови, но преферирам жени и транс лица. На кое поле си активна како сексуален работници? Јас сум ко-застапник на SWOP. Тоа е сосема ново во Портланд, но во САД постојат неколку такви организации. Што е SWOP ? SWOP (Sex Worker Outreach Project) зајакнува теренска работа за сексуални работници. Овој проект е основан во октомври 2003 година под раководство на Робин Фју, кој за жал неодамна почина по долга битка со ракот. Како сојуз на сексуални работници се залагаме за адресирање и решавање на локални и национални проблеми кои произлегуваат од насилството врз сексуалните работници, врз основа на нивниот криминален статус во оваа земја. Кои се некои од вашите должности или активности со SWOP? SWOP-PDX е се уште во фаза на формирање. Сепак SWOP на национално ниво е вклучен во 4 настани на годишно ниво. Тие настани се одбележување на 3 март – Меѓународен ден на права на сексуалните работници, ЛГБТ фестивал на гордоста, 20 ноември - Transgender Day of Remembrance, и 17 декември – Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Како се вклучивте вие во сексуалната работа? Јас почнав со стриптиз на мои 19 години па се додека не наполнив 24. На некој начин мојот живот е една интересна приказна, бидејќи во порнографијата влегов по мојата 31 година. Се започна во периодот кога лежев дома повредена, имав скршен лакт, и поголем дел од времето го поминував во сурфање на интернет . Преку интернет случајно наидов на статија за Медисон Јанг и Сид Блакович како биле исфрлени од црвениот тепих на некој настан бидејќи имале “родово – искривен“ изглед. Така дознав за Квир порнографија. Најголемата разлика меѓу мејнстрим и квир порното е перцепцијата т.е. презентацијата на телото. Мејнстрим порното се разликува од Квир порнографијата, каде во прв план е индивидуалноста на актерот. Но според мене не постои вистинска категоризација според физичкиот изглед. Кажи ми нешто повеќе за порнографијата? Имам работено со голем број на неверојатни и прекрасни луѓе од самото започнување на моето квир феминистичко порно патување. Најзначајни продуценти, режисери и талентирани изведувачи со кои имам соработувао се Марија Бити (Враќање на пост апокалипса Cowgirls), Блесок Луиз Хјустон (Уривање на Серија), Кортни Трабол(Fauxxx, Квир порно телевизија, бордел), Брин Рајдер, Џиз Ли, Дилан Рајан, и Сид Блакович. Со нетрпение очекувам на многу повеќе можности кои може да произлезат во иднина. Добивте и награда за вашиот прв филм, нешто повеќе за тоа? Да, тоа беше во 2011 год., феминистичка порно награда (Feminist Porn Award) за Twisted Getaway. Но да се биде номиниран е една работа, а да се победи е друга. Што е она што сте го слушнале за вас и вашата работа ? Сум слушнала и прочитала многу работи за мојата работа, како и разни погрдни зборови како чудак, изрод и сл. Но од друга страна пак наидувам на критики кои ме потикнуваат да продолжам со мојата работа, на луѓе кои ја смениле перцепцијата за Квир културата, и тоа е кул. Сакам луѓето да знаат дека Квир не е лоша работа. Сакам луѓето да прават разлика помеѓу сексуална работа и трговија со луѓе. Не сакам луѓето да бидат приморани да ги продаваат своите тела, но доколку некој има своја причина за тоа, и сам направил избор тогаш е во ред. Како мислиш дека економијата влијае на сексуалната работа ? Јас не го делам мислењето дека воопшто нешто би можело да има влијание на секс индустријата. Некој совет за сексуалните работници? Вие правете ги парите. Не дозволувајте парите да ве прават вас. Додека работев како стриптизерка, гледав девојки кои заработените пари ги трошеа за дрога, или оддеднаш тие имаа макро. Одете кон нештата со глава. Правете го тоа се додека можете, но имајте на ум дека никој не се пензионирал како сексуален работник. Секогаш ви треба резервен план.


II. Интервјуа/Профили -

СЕЌАВАЊЕ ЗА МЕРЛИНКА -

II. Интервјуа/Профили -

Првата позната трансвеститка во Србија, Мерлинка (Вјеран Миладинович), своето созревање и афирмација го достигнува во Белград, каде се доселува во септември 1977 година. Прв србин кој се облекува како жена, притоа вклучувајќи се во уличната проституција, за да заработи за живот. Неговото храбро однесување предизвикува внимание кај медиумите. Стекнувајќи самодоверба на улица, многу брзо се одлучува на најискрен начин да се претстави во јавноста, притоа без чувство на каење за својата одлука. Наспроти неговата отстапка од традиционалните стереотипи за машкост, Мерлинка била доста популарна. Во 1995 година ја добива главната улога во фимот “Dupe od Marmora“ на режисерот Желимир Жилника, каде Мерлинка се глуми самата себе. Во овој анти-воен филм, Мерлинка е претставена онака каква што е и во приватниот живот, проститутка која живее во Белградско предградие, Мерлинка која има разбирање за сите а која сонува за луксуз, или како што се наведува во описот на филмот таа го “пацификува Балканот“. Во овој филм во споредни улоги играат нејзините најдобри пријателки, Санела и Ликана. Филмот е прикажан на голем број фестивали, а на Берлинскиот филмски фестивал е награден од жирито во групата на филмови со ЛГБТ тематика. Мерлинка пишувала и своја автобиографија, или како што она сама изјавува во своето последно интервју -“Напишав книга која ја посветив на жената и курвата во мене“. Нејзината автобиографија наидува на многу реакции од јавноста и од ликовите кои се спомнуваат во самата книга. Во значаен дел од книгата Мерлинка пишува за Тибот-нејзината најголема љубов, човекот кој бил фактор за многу промени во нејзиниот живот, раскажува за улицата и животот, за своите клиенти, колешки ... Мерлинка својата кариера како сексуална работничка ја завршува симболично на последниот ден од НАТО агресијата врз Србија. Во самата автобиографија со премногу емоции го опишува животот поминат како курва, но и со гнев спрема луѓето, за човековата алчност и злоба. Своето последно интервју го дава за најпознатиот српски шоу магазин “Свет“, каде искрено зборува за ликовите кои ги споменува во нејзината автобиографија, за својата интима и своите идни очекувања. Мерлинка својот живот, испреплетен со многу сцени од разни жанрови, го завршува трагично. Таа е убиена на 22 март 2003 година. Нејзиното тело е најдено месец дена подоцна на 23 април. Во судскиот процес се откриваат детали околу убиството на сега веќе култниот лик Мерлинка. Вечерта на 22 март околу 21.00 часот на улицата Грге Андрејевич, по убиството одземен и е мобилниот телефон и накитот. Нејзиното тело е пронајдено месец дена по настанот во фаза на распаѓање, на истото место, во делот обраснат со трски. Во судскиот процес како извршители на убиството се Фаик Рамадани и неговиот малолетен роднина Р.Б. со кои Мерлинка и претходно се познавала. Афери и шпекулации ја пратеа Мерлинка и по нејзината смрт, и сите се прашуваа кој е мотивот за убиството, кој е вистинскиот убиец, зошто е убиена и сл. Но во судскиот процес, сведочењата и истрагата доведоа до банални причини за убиството на Мерлинка од страна на нејзините познаници Рамадани и Р.Б. Но хероите живеат засекогаш зарем не? Транссексуалната сексуална работничка од Белград која ја фасцинираше јавноста за време на најлошите 90-ти години е токму тааМерлинка. Денес, Квир филмскиот фестивал во Белград се нарекува токму по нејзиното им. За неа и нејзиниот живот сеуште може да прочитате по некоја статија во медиумите, а некои белграѓани се уште се сеќаваат на разговорите што ги имале со неа на Калемегданската тврдина, каде што таа често одела да ги нахрани уличните кучиња.


II. Интервјуа/Профили -

ОД ЕСКОРТ ДЕВОЈКА ДО АВТОР НА БЕСТСЕЛЕРИ! -

II. Интервјуа/Профили -

Трејси Куан е родена во североисточниот дел на САД, но порасната е во Канада. Нејзините родители емигрирале од Тринидад во САД. Таа говори Кинески, Африкански, Индијански и Холандски. Таа е американска писателка и поранешна ескорт девојка. Трејси Куан на свои десет години откако ја прочитала книгата на Хавиер Холандер “Среќна курва” решава дека сака да стане тоа. Нејзината аспирација да биде силна и независна жена која ќе биде и финансиски стабилна станува се посилна. Трејси работела како ескорт девојка во агенција за посредување на свои 19 години, а подоцна веќе станува независна и започнува да работи самостојно како придружничка и девојка на повик во Менхетен и Лондон, со своја листа на клиенти. Таа во своето интервју за списанието Canoe во 2005 година изјавила: “Јас никогаш не бев на улица, мојот пат беше релативно лесен... ” Таа поминува 15 години во сексуалната работа, меѓутоа балансирала помеѓу работата и пишувањето за сексуалната работа. Како писател, Трејси Куан прави сензација кога започнува со пишување на колумни “Дневникот на ескорт девојката од Менхетен ” објавувани во Salon.com. Комбинирајќи ги своите приказни за своите сексуални искуства, нејзиниот дечко и семејството , односите со своите редовни клиенти, сето тоа го објавувала двапати неделно во своите автобиографски колумни. Приказната понатаму продолжува и во романите која таа сама ги пишува, каде опфаќа емоционални аспекти од нејзините животни искуства, за нејзиното фиктивно пишување и постојаноста на нејзиното новинарство во насока на професионални коментари на теми за сексот. Таа е еден од првите сексуални работници-литерати. Трејси исто така била една од првите сексуални работници кои успешно ја преминале транзицијата во активисти за правата на сексуалните работници. Трејси е таа која говорела за правата на сексуалните работници во САД, претставувајќи ја организацијата PONY (Prostitutes of New York), или застапување на сексуалните работници. Таа е опишувана како “слободен борец” која се бори за декриминализација на сексуалната работа во САД. Оваа поранешна сексуална работничка веќе е автор на едни од најпродаваните книги во САД, пишува за Гардијан, Њу Јорк Тајмс, Кина морнинг пост (New York Times, Financial Times, South China Morning Post) и за неколку други магазини и веб сајтови. Ова се нејзинитe наслови на книги кои се продаваат во големи тиражи : - “Дневникот на омажената ескорт девојка“ (Diary of a Married Call Girl) - September 27, 2005. - “Дневникот на ескорт девојката од Менхетен“ (Diary of a Manhattan Call Girl) - April 22, 2003. - “Ориентлано: Секс во Азија“ (Orientalia: Sex in Asia) - October 1, 2003. - “Дневникот на една елитна ескорт девојка“ (Diary Of A Jetsetting Call Girl). - “Дневникот на една ескорт девојка: Од слободна девојка до вработена жена“ (The Call Girl Diaries: From Single Girl to Working Wife) - June 4, 2007.


II. Интервјуа/Профили -

РЕБЕКА ДЕЈКИН -

II. Интервјуа/Профили -

Ребека Дејкин со години била девојка за придружба, и наплаќала 800 евра за секс. Се имала изнаслушано секакви лаги од голем број на мажи а сега веќе ги подучува жените како да си ги задржат своите партнери. „Мажите ги изневеруваат своите девојки затоа што од нив добиваат помалку секс, или затоа што им станува досадно во брачните кревети. Исто така имаат афери поради недостатокот на самодоверба или затоа што не се осудуваат на својата постојана партнерка да и ги предложат своите фантазии,“ изјавила Ребека за “The Sun“. Taa тврди дека со советите кои ги црпи од сопственото искуство и за кои наплаќа 145 евра од час, спасила многу врски и бракови. Освен тоа што ги советува жените како да ги задоволат своите мажи, советува и мажи како да заведат жена која им се допаѓа. „Поминав девет години слушајќи ги мажите (од кои 60% биле женети) како постојано коментираат зошто им треба друштво и зошто им пропаднале браковите, и сега можам да делам совети. На мажите им треба секс, не можат без секс, и ако не го добијат дома, ќе го побараат на друго место,“ објаснила 37-годишната Ребека. Водичот за жени на Ребека Зошто мажите изневеруваат: - им станува досадно во брачниот кревет. - партнерката често не е расположена за секс. - долго време се надвор од дома (на пример бизнис патувања). - им недостасува самодоверба. - сакаат да си ги исполнат своите секс фантазии. Како да ги „надитрите“ мажите: - барем еднаш во 15 дена одвојте време само за вас двајца. - разговарајте за сексуалните фантазии, прифатете ги неговите. - давајте му комплименти. - бидете спонтани кога имате секс. - заведувајте го онака како кога сте го запознале. - нека ве почитува, немојте да бидете негова „лесна победа“.


II. Интервјуа/Профили -

II. Интервјуа/Профили -

ХАЈДИ ФЛЕИС ХОЛИВУД МАДАМ Хајди Лин Флеис (родена на 30 Декември, 1965), во Америка, е бивша Мадам, а сега работи како колумнистка која опфаќа теми поврзани со сексуалната работа. Работела сексуална работа во Лос Анџелес, и имала сопствен бордел и ја нарекувале “Холивуд Мадам“. Флеис е родена и израсната во Лос Анџелес, Калифорнија. Живеела во семејство на разведени родители со три деца, од кои сите биле посвоени, освен таа која е единственото нивно родено дете. На свои 22 години, започнала да се занимава со проституција заедно со познатата Мадам Алекс, која ја запознала преку својот дечко Иван Наги кој пак бил режисер на познатиот филм “Мадам 90210“ од 1987 год. Во шоуто на Лери Кинг, во нејзиното интервју, Флеис ја дала следнава изјава: “Односите со Мадам Алекс понекогаш беа многу напорни, некако како однос ќерка-мајка, време исполнето со многу љубов и нервози“. Во ова интервју, за првпат изјавила дека се занимавала со проституција некој одреден период. Во 1990 година, Флеис се одвоила од Алекс и започнала самостојно да работи, во сопствен ринг. Флеис вели дека ги заработила “првите“ милиони во првите 4 месеци откако започнала да работи како Мадам. Рингот на Флеис броел голем број на посети од познати и богати клиенти. Во едно интервју за една британска телевизија, била прашана дали може да открие некои од имињата на познатите клиенти, но таа само одговорила: “Тоа воопшто не е мој стил“. Во 1995, режисерот Ник Брумфилд снимил документарец за нејзината професија под наслов: “Хајди Флеис: Холивуд Мадам“. Во 2004 година, била снимена телевизиска емисија под наслов: “Подемите и падовите на Хајди Флеис“, во која Џејми Лин Сиглер ја глуми Хајди Флеис. Викторија Селерс, пријателка на Флеис уште од детството, продуцирала и снимила инструкционо ДВД насловено “Секс совети од Хајди Флеис и Викторија Селерс“ во 2001 година. Воедно Хајди е колумнистка која редовно пишувала за “Максим“ магазинот. Нејзините статии биле со наслов “Прашајте ја Хајди“. Во Јануари, 2010 година, Флеис била третата станарка која влегла во популарното реално шоу “Големиот брат“, меѓутоа не успеала да влезе во финалето. Во 2005 год, Флеис планирала да отвори сопствен бордел во Фарумп, Невада, под името: “Ергелата на Хајди Флеис“. Но во 2007 година отворила перална за облека “Нечиста облека“, бидејќи плановите да отвори сопствен бордел и се оддложиле поради некакви компликации.


II. Интервјуа/Профили -

II. Интервјуа/Профили -

ИРЕНА ШТАБУ НАЈПОЗНАТАТА ПРОСТИТУТКА НА СИТЕ ВРЕМИЊА -

“Ирена сакаше да биде убава жена и да биде слободна. Беше директна и молчелива како дете. Сакаше флерт повеќе од брак, а тензија повеќе од хармонија. Сакаше да копнее повеќе од што сакаше да биде задоволена. Далечината ја преферираше повеќе од блискоста. И така живееше... Ден за ден“ - ова е само дел од изјавата за девојката од Цирих - Ирена Штауб, што ја даде Розвита Хеик, жената што со слики го документираше животот на најпознатата проститутка на сите времиња. Нејзиното уметничко име е Лејди Шива. Ја нарекувале Мерлин Монро во Цирих, иако била значително поубава од неа. Во 1973 година се преселила од Лихтенштајн во Цирих, каде работела како проститутка се до својата смрт во 1988 година. Меѓу нејзините обожаватели биле и Дејвид Боуви, Роберт Палмер и Лучијано Кастели. Таа им служела како муза на многу режисери како Енди Ворхол и Даниел Шмид. Во 80-тите години, таа почнала да го губи својот сјај како резултат на преголемата употреба на опојни дроги. Загинала во Тајланд, во сообраќајна несреќа, брзо, онака како што и живеела. По нејзината смрт, многу мажи ги криеа солзите од своите жени...


II. Интервјуа/Профили -

ПАОЛА РАВЕНИОТИ -

II. Интервјуа/Профили -

Во 80-тите години, трансродовиот грчки уметник и сексуален работник Паола Ревениоти го објавува транс-анархистичкиот магазин “Kraximo“. Финансирана од сопствените приходи како сексуална работничка претставува пионер во борбата за геј и транс правата. Преку содржини од интервјуа со познати грчки интелектуалци и уметници до сопствени уметнички фотографии и организирани јавни настани низ улиците во Атина, таа и денес продолжува да работи како уметник и активист. Јас сум родена во 1959 година на грчкиот брег во Пиреја што претставува историско место. Сеуште се сеќавам на старите капетани и трговци од егејските острови кои се собираа околу големите пристаништа, додека пак од другата страна на градот беше Троуба квартот со своите стари бордели, кабареа и кина во кои играа еротски филмови по зајдисонце. Татко ми беше работник во фабрика, а мајка ми работеше во фризерски салон. Ако се сеќавате на ликот Таѓу од филмот “Смртта во Венеција“, токму така изгледав јас тогаш со мојата долга руса коса... Се сеќавам едно лето, мојата баба ми покажуваше едно парче земја, велеејќи “Ова ќе биде твое – мал двор, но шума во твоите очи“. Но за семејството јас не бев достоен за наследство. Јас бев педерот за нив, јас бев срамот за фамилијата. Сакав да бидам независен и тогаш одлучив да се приклучам на морнарицата. На моја 20-годишна возраст се преселив во Атина. Квартот каде што живеев беше оаза на сликари, поети, музичари и интелектуалци, со еден збор револуционерно соседство. Повеќето од пријателите ги стекнав токму таму, и заедно сакавме да го промениме светот. Добив и официјално вклучување во политиката- како прв трансвестит-кандидат на Алтернативната партија на екологистите. Започнав со водење на моето прво пиратско (нелегално) радио во Атина со пари од сексуалната работа. Одев на работа околу 21 часот и до 23 часот и имав по околу 25 клиенти, заработував доволно пари за да се вратам и да работам во радиото од 23 часот до 5 сабајлето. Секогаш имав проблеми со полицијата, бев уапсен двапати за радиото. Цела Атина ја слушаше лудата Паола. Добивав многу повици во живо, од психолошки разговори со слушателите до организирање на слепи состаноци преку радио. Бев избркан од мојот стан бидејќи секоја вечер доаѓаа по десет момчиња и правевме премногу бучава. Подоцна започнав со мојот магазин “Kraximo“ бидејќи ми требаше друг начин за да бидам слушната. Тоа беа тешки времиња, полицијата апсеше трансвеститки од забава. Во магазинот објавував извештаи за полициската бруталност. Се сеќавам дека во тоа време немаше интернет. Името на магазинот е сленг кој во превод значи - gaybashing и подразбира физичко и психичко насилство кон лица со поинаква сексуална ориентација. Во 80-тите години, обидите за геј парада беа неуспешни. Јас ја рестартирав повторно во 90-тите. Едно убаво утро заспаната и конзервативна Атина се разбуди со плакати на секој ѕид и бандера на кои пишуваше: “Miss Paola Presents“. На првата парада се вклучија голем број луѓе, иако во тоа време парадите не беа комерцијални како денес. Тие имаа друг аспект, присуствуваа уметници, аристократи, војници и стрејт луѓе и сите оние кои ме познаваа мене лично. Денес, ме плаши економската криза. Не сум песимист, но знам дека обично во мрачни времиња уметноста може да експлодира. Со мојот “Паола Проект“, правам филмови за миграцијата и политиката, или пак за машката проституција во Атина. Често патувам со мојот стар и искршен автомобил, но моите видеа се гледаат дури во Уганда, каде што хомофобијата претставува голем проблем. Правам филмови и за античката грчка историја и сметам дека сето тоа е изманипулирано од страна на “Златна Зора“, грчката нео-фашистичка партија. Понекогаш чувствувам страв бидејќи живеам веднаш до нивните канцеларии, но и истовремено се срамам од овие модерни нацисти, кои веројатно се необразовани психопати кои имаат проблеми со ерекцијата. Сега имам 54 години и сфаќам дека сум го живеела мојот живот на самиот раб. Но гледајќи ги моите слики сега гледам носталгија на сладок начин. Некои од нив се веќе починати, а некои имаат фамилии. Времето не менува сите нас. Јас се чувствувам полна со љубов, и имам големо сексуално искуство. Доколку можам да имам своја мала куќа, ќе бидам најсреќниот човек на светот.


II. Интервјуа/Профили -

II. Интервјуа/Профили -

ИЛОНА СТАЛЕР -

Илона Сталер - Ла Чичолина е италијански политичар, порно ѕвезда и пеjaчка. Таа е родена во 1951 година во Будимпешта, Унгарија. Во раните 70-ти години постигнала успех со една радио емисија, а потоа снимала неколку ниско буџетни филмови. Во 1978 Сталер била првата жена која што ги покажала своите гради на италијанската ТВ, во една епизода на C`era due Volte. Пет години подоцна таа настапила во нејзиниот прв хардкор порно филм. За време на снимањето, наводно практикувала зоофилија и бестијалност со коњ, но подоцна тоа било одречено. Во 1987 год. се појавила во филм со Џон Холмс. Филмот подоцна бил доста критикуван кога се открило дека Холмс бил ХИВ позитивен пред да започне со снимањето на филмот. Холмс починал една година откако ги снимил сцените со Илона Сталер. За време на 80-тите години Сталер се здобила со огромна популарност во Италија и во 1987 год. била избрана во италијанскиот парламент со 20 000 гласови. За време на својот пратенички мандат продолжила да снима порно филмови, и се прославила со држење на политички говори со едната града разголена. Откако Илона станала пратеник, редовноста на пратениците била зголемена. Пред почетокот на Заливската војна, Сталер му понудила на Садам Хусеин да има секс со него, а возврат тој да се согласи да ги ослободи странските заложници. Таа не добила втор мандат, но е единствената порно ѕвезда која што била избрана за пратеник. Сталер е една од основачите на политичкото движење Partito dell`Amore (Партија на Љубовта) која што се залага за апсолутна сексуална слобода и љубов за сите. Таа повторно му понудила партија секс на Садам во октомври 2002 год. кога Ирак се спротиставуваше на притисокот за инспекциите за нуклеарно оружје. Во 2006 година Илона истото му го понудила и на Осама бин Ладен.


II. Интервјуа/Профили -

ГОРДАНА МИТРОВИЌ: ПРИФАТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ И БИДЕТЕ СВОИ! -

II. Интервјуа/Профили На неодамнешниот Београдски Фестивал, српскиот краток документарен филм “Јас кога сум бил младо момче, всушност бев девојче“ ја имаше својата премиера во која игра Гордана Митровиќ заедно со своите пријатели во склоп на проектот за кабарето “Позади огледалата“. Овој филм својата светска премиера ја имаше оваа година во Берлин. По тој повод Гордана Митровиќ го дала своето прво интервју за дневниот весник “Ало“ и после долги години станала првата транс личност која се појавува јавно. Како се одлучи за храброста да дадеш свое интервју во дневниот весник “Ало“? Се одлучив првенствено поради тоа што посакував нешто повеќе од тоа што сум. Не си дозволив поради тоа што сум транс девојка да бидам изолирана. Ја сум нормална и комуникативна личност. Ако друштвото има проблем со тоа, сепак тоа е нивна перцепција на работите. Тоа воопшто не е мој проблем. На некој начин сакам да ја приближам мојата приказна до луѓето. Секако, Берлин беше најголемиот повод за тоа. Не сакам да се појавувам јавно по весници и да се рекламирам како транс личност, туку како личност која работи, која е креативна и талентирана. Прво се случи кабарето, па потоа премиера на филмот во Берлин. Како се одвиваше сето тоа? Сè се случи сосема случајно, кога јас и уште три мои другарки решивме да направиме нешто, да излеземе во јавност и да станеме видливи. Кабарето како кабаре помина фантастично. Претставата имаше дури осум изведби низ Србија и една во Македонија. Но филмот ми претставува ново искуство, но сепак ќе има повеќе кабареа во иднина. Бидејќи претставите ме привлекуваат и јас сум задоволна. Каква беше соработката со режисерот Иван Тодоровиќ, и како помина во Берлин? Овој документарен филм го снимавме година и осум месеци. Иван, постојано беше кај мене, и се се случи спонтано и не претпоставував каков ќе биде крајот. Иван сакаше да прикаже една друга приказна, посилна, на врвовите на маргините, да ги покаже транс личностите како дел од нормалниот свет. И така еден ден се случи и тоа. Иван ме извести за нашата премиера на Берлинале. На почетокот не бев свесна колкава е вредноста во сето тоа. Иако не добивме награда “Златна мечка“, сепак мојот филм беше добро посетен. Посетителите беа воодушевени, и излагаа од салите расплакани. Имавме премиера во четири репризи Како би ја опишала транс сцената во Берлин и транс сцената во Београд... Транс заедница во Београд не постои. Тоа не постои во Србија, премногу се фокусирани на сексуалната работа. Но, јас никого не обвинувам. И ја сум била некогаш дел од таквите заедници. Некои ќе кажат дека никој не е приморан за некои работи. Но, за жал, транс луѓето се приморани да бидат во заедница. Мене никој нема да ме вработи. Иако сум завршила трговско училиште, никој нема да ме вработи како продавачка. Јас не сакам да бидам Горан и не сакам да бидам дел од друштво во кое не сум јас-јас, и не сакам да бидам тоа што другите го посакуваат за мене. Дали општеството полесно прифаќа преминување од жена во маж, отколку маж во жена? Секако дека поприфатливо е кога жена сака да биде маж...а ние се сметаме како предавници на машкоста. Но, можам да кажам дека откако се појавив во јавноста како транс личност, ме прифатија и во друштвото. Притоа не се дружам само со луѓе од ЛГБТ популацијата, туку и со други друштва на најразлични профили. Поентата е во тоа што транс личностите се погрешно претставени пред општеството, дека претерано ја нагласуваат својата транссексуалност, својата женственост. Но да бидеш премногу нападен, не е добро. Проституцијата е исто така професија. Но мора да се има личен став, без разлика на сè. Какви реакции очекуваш на београдската премиера? Кабарето е многу слично со филмот. Исто така, претставува животна приказна, но само се претставува на друг начин. Оние кои доаѓаа до го гледаат кабарето не беа само геј ориентирани луѓе. Впечатоците беа преубави. Истото го очекувам и со филмот. Љубов? Хм, тоа е доста комплицирано. Но, за жал ситуацијата кај нас е таква што некогаш ќе мораме да прифатиме некои работи кои многумина никогаш не би прифатиле. Да речеме дека на ова поле сме хендикепирани во секој поглед. Многу ретко се случува некој да се откаже од своето семејство и да каже – “да ја сум со транссексуалец во врска“, тоа нема теорија. Која е твојата порака за сите други транссексуалци во Србија? Многу е битно да се прифатиме прво самите себеси. Ако се прифатиш себеси, потоа доаѓа сè друго, прво мораш да расчистиш со себе, кој си и што си и потоа да направиш план за остварување на поголеми цели. Колку си повеќе одлучен за овие работи така одиш се погоре. Она што го посакуваш, тоа прави го. Нема тука некоја голема мудрост.


II. Интервјуа/Профили -

II. Интервјуа/Профили -

ЛАУРА АНГЕЛ -

Лаура е родена во Чешка и е обожувана во целиот свет благодарение на нејзините страсни настапи, заоблено тело, долгa црна коса и интензивни очи. Во повеќе наврати нејзиниот изглед е споредуван со Анџелина Џоли. Од своето прво појавување на екраните во 1998 година таа стана ѕвезда во над стотина филмови, од кои многу ја карактеризираат како протагонист, a групните сцени се едни од нејзините најуспешни и најнезаборавни настапи. Освен нејзината работа во бизнисот за возрасните, таа е исто така позната како добар музички изведувач и танчерка во различни музички проекти. Лаура е полиглот, зборува англиски, француски, германски, чешки и словачки. Во 2002 година Лаура прави режисерско деби со филмот Ангелманиа (Angelmania), кој беше толку успешен па се снимија уште 5 продолженија. Добитник е на повеќе награди. Таа доби награда за најдобра европски актерка, во 2000 година на HOT d’Or филмскиот фестивал во Кан (Франција), најдобра актерка во Барселона на Еротскиот фестивал 2002 (Шпанија) и неколку Венера награди во Берлин (Германија 2000, 2002, 2003год.) во повеќе категории. Денес е омажена и преселена во Франција, и комплетно се повлекла од порно индустријата во 2003 година. Нејзиниот последен настап т.е. снимање беше заедно со познатиот порно глумец Антонио Адам, при што Лаура изјави дека овој нејзин последен филм го снима за нејзините фанови.


II. Интервјуа/Профили -

ЛИЛ МУНС: - “ЈАС СУМ СЕКСУАЛЕН РАБОТНИК И ГОРД СУМ НА ТОА“ -

Додека го пишувам ова ми се тресат рацете. Нервозен сум, па може дури да се каже преплашен. Како ќе реагира мојата околина? Дали моите идни работодавачи ќе прочитаат? Што е со законот? Незнам, меѓутоа со сигурност ќе дознаам набрзо. Не сакам да го кријам ова, едноставно не можам. Не гледам причина од што би се срамел што го работам ова. Јас сум сексуален работник, проститутка, или како и да ме дефинирате. Правам пари нудејќи секс и за мене тоа е сосема ок. Ете, кажав. Шокирани? Тоа е сосема во ред. Повеќето што ќе го прочитаат ова ќе ги кренат веѓите. Дури и да спиеш со некој развратен, зависник од секс и постар, исто така ќе бидеш маргинализиран. Ваквите предрасуди веднаш го истакнуваат проблемот. Но факт е дека не сите мои клиенти се развратни и насилни, туку повеќето се личности како мене и како сите останати со нормални природни потреби за интимност, сексуална привлечност и задоволство, а кои неможат да ги задоволат на вообичаен начин. Поради тоа, завршуваат со некој како мене. Факт е дека ни самиот себеси не се сметам за маргинализиран, туку напротив за здрава личност со сопствени амбиции и соништа. Сега сигурно ќе си го повторите она што го кажав погоре - “Луѓе како мене и како сите останати“. Но, да ви ја раскажам приказната на Пол. Пол е еден од тие кои не може да си ги задоволи сексуалните потреби на вообичаен начин. Пол е прекрасна личност која има цел, и е неуништлив. Но за жал пред 13 години му беше дијагностицирана мултипна склероза. МС ги намалува сите физички функции на телото, и претставува хронична и неизлечлива болест, и оваа болест го има врзано Пол за столица до крајот на неговиот живот. По неколку години размислување за тоа што не може повеќе да прави, Пол сега сака да се фокусира на тоа што всушност може. И секако, да биде итимно поврзан со луѓе е доста важно за него. Но Пол веќе 10 години нема допрено голо тело и ја нема почувствувано топлината на туѓото човечко тело, поради страшната болест. Но јас сепак можам делумно да му ја пополнам таа празнина. Јас и Пол се зближивме, а воедно бев привилегиран да се запознаам со неговите пријатели и семејството. Тие знаат зошто го посетувам Пол, и за нив тоа е сосема во ред. Зошто? Бидејќи го гледаат Пол колку е среќен, а и исто така и јас. И на крајот, сепак тоа е најважно. Она што сакам да го истакнам е тоа дека не сите мои клиенти се во колички. Моите клиенти не се развратни личности како што ги замислуваат сите. Секој клиент е различен и си има своја животна приказна. Ги има најразлични, од стрејт до геј, од адвокат до работник на патишта, од 30 годишна возраст па и повеќе. Тие доаѓаат во најразлични форми и големини. Понекогаш, едноставно сакаат само да се опуштат, понекогаш им недостига љубов во своите приватни животи. Понекогаш нивните мотиви се чесни, а секако има и такви кои сакаат хедонизам. Можеби е лесно да ги ставите сите во една иста кутија, но тоа не би било фер ниту пак вистинско објаснување за нив. Сè ова звучи слатко, но сигурно се прашувате зашто еден дечко како мене би ја работел оваа работа? Сигурно сакате да ги поставите овие прашања: `Дали се плашиш од иднината? Што би се случило доколку работодавецот дознае?` Да, ме плаши, но не треба тоа така да биде. Сепак имам стекнато вредно искуство од оваа работа. Можам да ја видам и онаа другата, скриената страна на општеството (прикриени желби, проблеми во врските,...) кои тешко се гледаат од прв поглед. Со оваа работа, научив како да се справувам со луѓето во деликатни ситуации. Ниедно психолошко истражување нема да може да собере толку информации и искуства, и ниедно табу не може да го негира ова искуство. `Дали ги фаќаш сите оние чудни болести? ` Не, доколку си добро информиран и се заштитуваш, можеш да ги избегнеш дури и најлошите СПИ. `Дали оваа работа е опасна? Што ако некој те повреди?` Тоа секогаш може да се случи, но не значи дека се поголеми шансите со оваа работа. Како што кажав, моите клиенти не се лоши, со лоши намери. Единствен проблем е тоа што никој не знае каде си, бидејќи неможеш отворено да има кажеш на пријателите или семејството кога имаш состанок, а тоа е многу важно за своја заштита. Но тоа само табуата поврзани со сексуалната работа ја прават опасна оваа работа. `Дали сеуште можеш да го вреднуваш сексот?` Сметам дека треба да бидеш пред сè силна личност. Но можам да кажам дека со оваа работа дека сум искусил повеќе од 1001 различен начин на секс и секој посебно сум ги разбрал. Ваквото искуство ми помогна дури и во мојата врска со партнерот, ми помогна да разберам како љубовта и сексот со него можат да бидат прекрасни. `Највероватно не сакаш да спиеш со постари мажи`, `Како си го дефинираш своето тело?` Да, искрено преферирам младо и мазно тело покрај мене. Но не го сметам ни спиењето со постари за валкано, инаку воопшто немаше да ја работам оваа работа. `Дали сексуалната работа е резултат на лошото минато?` Некои од ескорите што јас ги познавам имале лошо минато, но тоа не треба да претставува генерално правило. Јас бев израснат во просечно семејство, со двајца прекрасни родители. Би сакал да ви кажам зошто ова го правам. Многу е едноставно. Научив многу од сексуалната работа од социјален и сексуален аспект. Воедно за мене претставува и многу едукативно. Го сакам сексот и на ваков начин ги задоволувам своите потреби. Оваа работа ми отвара многу можности да се развивам како личност. Секако, не може секој да го работи ова, и секако дека постои ризик. Според мене мојата работа ме исполнува и ми го балансира приватниот живот. Сега за сега ништо не би сменил. Со голема благодарност до мојот дечко Џонатан и Пол.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

“Основата на сексуалната работа се состои во тоа што во либералната демократија како нашата, возрасните треба да го уживаат правото да одлучуваат дали би сакале или не да ги користат своите тела за да заработуваат пари.“ - Еусебиус МекКајзер, автор на бестселерот „Банту во мојот тоалет“.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

ЕВРОПСКА МРЕЖА ЗА ХИВ И СПИ ПРЕВЕНЦИЈА И ЗДРАВСТВЕНА ПРОМОЦИЈА ПОМЕЃУ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ – МИГРАНТИ ВО ЕВРОПА

-

ТАМРЕР претставува интернационална фондација која е основана во 1993 година како одговор на потребите на сексуалните работници-мигранти во Европа. Активностите на оваа фондација се насочени кон развој и зајакнување на заедницата, моделот на учество, сето тоа во рамките на еднаквост и човекови права. Воспоставување на основа за еднаков пристап до институции, поддршка и услуги за сексуалните работници-мигранти, истовремено обидувајќи се да им се даде глас на сексуалните работници-мигранти. Тамрер функционира и работи во 25 земји низ Европа и има за цел да дејствува како набљудувач во однос на динамиката на движење на мигрантите вклучени во сексуалната работа низ Европа. Нивниот фокус е проценка на ситуацијата и потребите на жените и трансродните сексуални работници кои доаѓаат од Централна и Источна Европа, Азија, Африка и Латинска Америка и развој на соодветни одговори за нивните проблеми и потреби. Проектот достигна бројка од повеќе од 80 различни националности. Некои од целите на проектот се : • Да се промовира сеопфатна стратегија низ принципите на почитување и вклучување на сексуалните работници. • Да се залага за унапредување на човековите и граѓанските права на жените и трансродните сексуални работници. • Да се олесни споделувањето на знаење, искуства и добри практики низ цела Европа, одговори на потребите и проблемите на сексуалните работници. • Развивање и имплементирање на ефикасен и иновативен метод за промоција на здравјето и превенција од ХИВ помеѓу сексуалните работници – мигранти. • Повеќејазична промоција на здравствени материјали во насока на теренската работа, врсничка едукација и културна медијација. • Одговор на правните, здравствените и социјалните потреби на сексуалните работници.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

ИСТРАЖУВАЊЕ И ПОДАТОЦИ ЗА СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО СВЕТОТ - 92% - 95% од сексуалните работници ширум светот сакаат да ја напуштат оваа работа, како причини за ваквиот став 99 % од испитаниците одговориле дека насилството, неприфаќањето од средините, законските регулативи се негативните страни на оваа работа. - Просечна возраст на која жените започнуваат со оваа работа е 14 години. - Британскиот весник за медицина укажува на тоа дека 93% од сексуалните работници искусиле насилство од клиенти. - Во големите европски градови 67% - 90 % од сексуалните работници се странци. Истите доаѓаат од помалите држави од југоисточна Европа. - Во 2000 год. во Холандија се легализираше сексуалната работа и сега претставува работа како и секоја друга. - Во Холандија само 10 % од сексуалните работници од женска популација се одлучиле да ја регистрираат легално својата работа. - Домашните видеа преку интернет направија бум во светот, и донесоа билиони долари годишна заработувачка насекаде низ светот.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

СЕКС ГАРАЖИ – ЦИРИХ Швајцарскиот град Цирих има за намера да отвори секс гаражи со цел да го ослободи градот од сексуалната работа на улица, но во ниеден случај да ја отстрани. Градоначалникот на Цирих одобрил преокт за градење на т.н гаражни кутии, со што ќе се овозможи дискретна локација на сексуалните работници и нивните клиенти да го спроведат својот бизнис, во Август наредна година. Лоцирани во една индустриска зона на градот, ќе се постават редица од гаражи – налик на кутии кои ќе имаат кров и ѕидови со цел да се запази приватноста, како и полесниот пристап за автомобилите. Градоначалникот на Цирих проценил дека околу 30 сексуални работници ќе можат да се наоѓаат со своите клиенти во овие т.н гаражни кутии, на принцип – кој прв дојде, ќе биде прв услужен. “Големата разлика е во тоа што до сега, сексуалната работа се одвивала на јавно место,“ изјавил Мајкл Херзиг од одделот за социјална помош за едно швајцарското радио. “Сега таа ситуација ќе се смени, со тоа што ќе им овозможиме на сексуалните работници приватен простор, во индустрискиот дел од градот.“ Отворањето на секс гаражите ќе се совпадне со реформата на законите за сексуалната работа во Цирих. Сексуалната работа ќе биде забранета во некои делови од Цирих, каде макроата ги превземаат активностите во свои раце и се виновни за малтретирање на жените на улица. Сексуалните работници кои ќе ги користат овие секс гаражи, исто така ќе мора да имаат здравствено осигурување и да плаќаат лиценца од 26 фунти за тоа што го работат. На крајот на денот, секој сексуален работник ќе треба да плати по 3, 30 фунти или 5 швајцарски франци во поставените автомати на гаражите, секоја вечер кога ќе се одјавуваат од работа. Херзиг изјавил дека со отворање на секс гаражите ќе се направи атракција на индустрискиот дел од градот, кој моментално е полн со старо железо и камења. “На овој начин жените ќе бидат заштитени од секаков напад, и секако ова ќе претставува и подобар бизнис за нив,“ објаснува Херзиг. “Исто така, жените кои ќе работат во овие гаражи ќе заштедат на време да патуваат од место до место, и ќе имаат можност за повеќе клиенти во денот. Овој бизнис модел е многу подобар од оној на работа на улица“. Градоначалникот на градот исто така верува дека со ваквиот тип на бизнис ќе се оствари бараната приватност и анонимност на клиентите. Но, постои само еден проблем поврзан со оваа работа, а тоа е како да им се објасни на сексуалните работници за предностите на секс гаражите. Повеќето жени кои работат на улиците во Цирих доаѓаат од земјите од Југоисточна Европа и само неколкумина знаат германски, и пристапот до нив е потежок, како и начинот да им се понуди промена на работното место.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

III. Политики и модели на сексуалната работа во светот Red Thread (de Rode Draad), претставува едукативен и информативен центар за сексуални работници, и ја опишува ситуацијата за сексуалната работа во Холандија за 2011 година. Овој извештај е базиран на прашања, совети, жалби од самите сексуални работници, клиентите, како и сопствениците на овој бизнис кои имаат склучено договор со Red Thread во текот на 2011 година. Воочено е дека претходно набљудуваните случувања продолжуваат и понатаму:

РЕЗИМЕ ЗА СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА ОД СТРАНА НА RED THREAD -

• Бројот на лиценцирани бизниси продолжува да опаѓа во 2011 година. • Бројот на салони за масажи се зголемува. • Експлотацијата со жени од Источна Европа претставува голем проблем, посебно со жените од Унгарија. • Употребата на Интернет игра важна улога во сексуалната индустрија. • Во политиката и во медиумите сеуште главен фокус се “примораната проституција“ или трговијата со луѓе. • Дебатирањето за криминализација на оние кои купуваат сексуални услуги, следејќи го Шведскиот Модел, проработе и во Холандија. Во Холандија во периодот од 2000-2011 година дошло до постојано намалување на бројот на лиценцирани клубови и приватни куќи (бордели) од 800 на отприлика 340. Вкупната бројка на борделите со излози исто така се намалила во последниве години. Една од причините за намалувањето на оваа бројка е покачувањето на кириите. Со опаѓање на бројот на клиенти на сексуалните работници кои работат во излозите, доведува да истите имаат потешкотии при плаќањето на кириите. Со зголемување на конкуренцијата доведува и до опаѓање на услугите. Покрај тоа пак постои пораст на платени сексуални услуги без користење на кондоми. По повеќе од десет години од укинувањето на забраните за борделите, сепак илегалните вработувања не се елиминирани од легалната секс индустрија. Има чести поплаки за практиките на бизнис операторите и за сиромашните работни услови. Сексуалните работници се жалат дека операторите се хаотични со плаќањата, приходите и договорите на нивна сметка. Постојат и поплаки за ненадејното покачување на киријата за излозите. Во повеќето случаеви сопствениците на овие бордели со излози бараат од сексуалните работници да го рентаат нивното работно место за подолг период од една недела или пак месец, што го прави финансиски невозможно за нив како и земањето на слободни денови. По клубовите и приватните куќи повеќе од операторите ја користат даночната шема “Opt-in” преку е_маил како алтернатива за платено вработување или самовработување. Преку овој систем обврската за плаќање на данок на сексуалните работници се одвива преку операторите, но како и да е, сопствениците немаат право да вршат власт врз оние сексуални работници кои работат со сопствен бизнис. Во овој договор не влага социјалнато осигурување, така што сексуалните работници неможат да ги уживаат бенефициите од социјалата за невработеност, здравствено осигурување, породилно или пензија. The Red Thread постојано прима повици од жени кои се бремени или пак им треба здравствена помош, и постојано сме загрижени дали сме во состојба да им ги покриеме трошоците. Покрај тоа, не сите оператори се придржуваат до нивните обврски според “Opt-in” шемата. На пример, некои од нив не смеат да постават фиксни работни саати за одредени работници, меѓутоа некои тоа го прават. Ситуацијата во лиценцираниот сектор е една од причините зошто повеќето сексуални работници работат преку Интернет. Постојат безброј веб-сајтови каде се нудат сексуални услуги. Многу често на овие сајтови се промовираат сексуални работници кои работат од дома, даваат услуги како независни ескорти, рентаат хотелски соби каде што ги примаат своите клиенти, или пак работат во заеднички простории (соби или апартмани) кои ги рентаат заедно со своите колеги. Сексуалните работници во лиценцираните клубови, приватните куќи, салоните за масажи и ескорт агенциите, исто така ги наоѓаат своите клиенти преку Интернет, а потоа договараат средби во своите лиценцирани локации. Повеќето прашања кои стигаат до The Red Thread се од жени кои сакаат да работат самостојно или пак да се гледаат со своите клиенти на свои приватни места. Секоја општина има своја политика во врска со проституција во нивните приватни домови, различни политики на толеранција, забрани, како и дозволи меѓутоа под строги услови. The Red Thread исто така прима секојдневно поплаки од сексуални работници кои работат за ескорт агенции, од нив се бара да потпишат договор спречувајќи ги да работат за повеќе агенции или самостојно. Покрај тоа, постојат поплаки и од трети страни како што се банките кои ги одбиваат сексуалните работници како клиенти, како и дискриминаторски третман од страна на персоналот на социјалните услуги и агенции.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

ЗДРАВИ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ -

Сексуалните работници често се обвинуваат за ширење на ХИВ/СИДА. Но постојат факти кои кажуваат спротивното. Отсекогаш, сексуалните работници биле тие што се посочувани од јавноста како преносители на СПИ. Но во повеќето земји во светот, фактите покажуваат сосема нешто друго. Повеќето сексуални работници многу добро ја познаваат здравата страна на сексот и меѓусебно си развиваат и споделуваат искуства поврзани со превенција од пренесување на СПИ. Сексуалните работници се доволно испраксирани да ги препознаат мислењата, однесувањата и ставовите на своите клиенти. И тоа ги прави идеални за практикување на безбеден секс. Во сенките на пандемијата на СИДА-та, голем број на сексуални работници се свесни за последиците од ширење на ова заболување, и не само по здравјето на своите животи туку и за здравјето на своите клиенти. Тие константно, деноноќно им даваат инструкции за побезбеден секс на своите клиенти пред воопшто да прифатат сексуален однос. Но сепак постојат и клиенти кои честопати се случува да протестираат на користењето на кондоми. Може да се каже дека сексуалните работници се најуспешни во едукација за практикување на безбеден секс, од било кои лекарски совети или рекламни кампањи во медиумите. На крајот, сепак најдобар начин да научиш е кога некој ќе ти покаже директно. И при тоа, сексуалните работници им овозможуваат на клиентите да сфатат дека и со користење на контрацепциски средства, сексот може да пружи огромно задоволство. Но сеуште во јавноста, сексуалните работници се перцепирани како преносители на ХИВ/ СИДА помеѓу општата популација. Уште на раните почетоци на појава на СИДА-та, се знаеше дека сексуалната индустрија ќе биде прва прегледана и нападната. Точно е тоа дека некои сексуални работници имаат незаштитен секс. Најчесто тоа го прават поради повеќе пари или кога ќе наидат на пијани клиенти. Многу често и самите сексуални работници се под дејство на алкохол или дроги. Постојат и такви кои и покрај тоа што се во алкохолизирана состојба и им се нудат екстра пари, сепак не прават ништо без заштита. Повеќето сексуални работнци имаат можност да бидат дел од голем број на организации за заштита на нивните прави и за сексуално и репродуктивно здравје. При тоа често се одржуваат едукативни работилници и им се нудат бесплатни здравствени прегледи и тестирања и секако имаат полесен пристап до кондоми. Но сепак, постојат економски и социјално неразвиени земји каде ситуацијата на сексуалните работници е потешка и немаат лесен пристап до кондоми. Во земји каде СИДА-та има оставено големо влијание врз сексуалната индустрија, постојат многу малку организации предводени од сексуални работници за нивна поддршка, при што треба самите да се организираат и да се едуцираат. Светската Здравствена Организација ја подржува оваа маргинализирана група: “Во однос на тоа да се намали ризикот од пренесување на СПИ, треба да се намали дискриминацијата на сексуалните работници, се со цел да се обезбеди нивно активно учество во напорите за превенција“.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

СЕКСУАЛНАТА РАБОТА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРА -

Јоханесбург – “Зошто мислиме дека е прифатливо да им кажуваме на возрасните луѓе што да прават со своите тела? Мислам дека е одлично тоа што Комисијата за родови односи на Јужна Африка ја поддржува декриминализацијата на сексуалната работа.“ Сексуалната работа едноставно претставува професија. Не постои ништо скандалозно во тоа телата да се користат како средства за обезбедување приход, па државата да мора да интервенира и да не спречи да го правиме тоа. Во што е проблемот? Државата треба да ги спречи луѓето да се повредуваат едни со други. Тоа е нејзината примарна задача во која државата не е особено добра. Таа треба да се занимава со овозможување на нивна сигурност. Државата во овие тешки времиња не треба да ги спречува луѓето да си ги продаваат насмевките и стенкањата. Но дозволете ми бавно да ги отпакувам социјалните и моралните негодувања кои многумина од вас ги имаат додека истурате дел од вашето прво утринско конзервативно кафе поради оваа прогресивна колумна. Основата на сексуалната работа се состои во тоа што во либералната демократија како нашата, возрасните треба да го уживаат правото да одлучуваат дали би сакале или не да ги користат своите тела за да заработуваат пари. За тоа постои основа во нашите уставни права. Тоа оди во прилог на нашата слобода и претставува морален терет врз државата која мора да ја образложи рестрикцијата на нашата слобода.Државата мора да образложи зошто таа сака да се меша во нашата слобода затоа што нашата автонимија е осигурана со Уставот. Поради правата загарантирани во Уставот, јас не смеам да ве удирам, подведувам, да извадам еден од вашите здрави бубрези без ваша дозвола, нелегално да ја ограничам вашата слобода на движење и.т.н. Слободата е највисоката вредност во либерално-демократското општество кое ние го имаме одбрано. Па, кои се аргументите кои ги користат противниците на сексуалната работа против нејзината декриминализација? Популарните негодувања имаат две страни: тоа е неморално, и доколку е неморално, тоа е експлотативно. Експлотативниот аргумент е ригиден. Доколку сексуалната работа е експлотативна, тогаш метата е експлотацијата. Домашната работа е експлотативна. Дали треба да ја криминализираме и неа? Поради тоа што сексуалната работа е нелегална, сексуалните работници не смеат да пријават злоупотреба во полиција, затоа што би биле приведени или би можеле повторно да бидат злоставувани. Па ако законот ја смета сексуалната работа за нелегална, на кој начин ќе можат сексуалните работници да побараат помош од полицијата за лошиот третман од нивниот макро, клиент или пак полициски службеник? Со легализирањето на сексуалната работа, државата ќе може да ја намали експлотацијата со тоа што сексуалните работници легитимно ќе можат да ги користат државните ресурси за своја заштита. Па, доколку ве загрижува експлотацијата на сексуалните работници, тогаш би требало да го поддржите повикот за декриминализација на Комисјата за род. Декриминализацијата е значаен чекор во намалувањето на експлотацијата. Моралните приговори против сексуалната работа се стари веројатно колку и самата сексуална работа. Но, тие се исто така заморувачки колку и самата сексуална работа. Пред сè, јас всушност и не верувам дека либералното општество е општество во кое ние не смееме морално да ги критикуваме личните избори. Секако дека смееме. Доколку некој сака да живее во ропство, тогаш има нешто што е морално проблематично во целата основа на автономијата која ни е дадена.Тоа подеднакво значи дека е потребна интервенција во оние случаеви во кои некоја жена инсистира дека мажот кој ја тепа, всушност ја сака. Либерализмот не значи „Рацете настрана“ и „Сè може да помине“. Тоа претставува бесмислен тип на морален и културен релативизам. Меѓутоа, досега не сум пронашол добар морален аргумент за интристичното морално зло кое го предизвикува трансакциониот секс. Ниту во филозофски текстови, ниту низ предградијата, ниту во градскиот транспорт. Голата вистина се состои во тоа што повеќето луѓе длабоко во себе имаат морални проблеми со плаќањето за секс.Зошто вашите чувства би биле основа на јавните политики? Зошто рестрикцијата на моето право, на мојот телесен интегритет да се базира на вашата потреба да повраќете поради начинот на кој го користам своето тело? Ова не е рационален пристап во дебатата за јавни политики. Тоа сигурно би можело да го задоволи бројното мнозинство. Но запаметете го ова: Тоа бројно мнозинство во Јужна Африка исто така би било задоволено доколку повторно ја воспоставиме смртната казна и доколку ги промениме нашите ставови за геј бракот. Конзервативците мораат да победат во дебатата за сексуалната работа. Едноставното жалењето не е доволно добро за да таа се добие. Доколку секако не ми платите да ве слушам. Еусебиус МекКајзер, автор на бестселерот „Банту во мојот тоалет“, колекција на есеи посветени на расата, сексуалноста и други непријатни теми во Јужна Африка.


III. Политики и модели на сексуалната работа во светот -

КАКО СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ГИ ПЛАЌААТ СВОИТЕ ДАНОЦИ -

III. Политики и модели на сексуалната работа во светот Сакате да дознаете како стриптизерите и сексуалните работници ги пријавуваат своите приходи? Разговаравме со бивша сексуална работничка и своевремено писателка, Мелиса Гира Грант да дознаеме повеќе за тоа како се плаќа данок за сексуалната работа во САД. Кои се практичните причини, поради кои сексуалните работници треба да плаќаат данок за сексуалната работа? Кои се причините да не плаќаат? Избегнувањето на пријавувањето даноци претставува неверојатна работа за сите. Особено оние сексуални работници кои водат бизнис со други сексуални работници, како BDSM клубови (места каде се исполнуваат фетиши на клиентите со садо мазо елементи), и порно сајтови со повеќе порно актери. Колку повеќе се вклучени во ваквиот бизнис, толку е поголема заработувачката. Доколку пак работите како независен ескорт, сепак треба да ги пријавите своите приходи. Ова на некој начин претставува размена. Колкав е процентот на сексуални работници за кои сметате дека плаќаат данок за сексуалната работа? Дури и да бев во службата за јавни приходи, нема да можам да дадам точни информации, бидејќи проституцијата е скоро секаде нелегална во САД. Покрај ова, повеќето сексуални работници, порно актерки, стриптизерки, се соочуваат со стигма од општеството и поради тоа, доколку плаќаат данок тогаш не ја пријавуваат сексуалната работа како професија. Иако сите ние ризикуваме да не бидеме уапсени, малтретирани, изолирани од општеството, сепак наша обврска е да плаќаме даноци за нашите приходи. Но колку од нив навистина плаќаат? Се зависи во која секс индустрија работат. Стриптизерите, хотлајн телефонските оператори, и порно изведувачите сметам дека пријавуваат данок, бидејќи работат во поформализирани работни места повеќе отколку ескортите и оние кои работат во салони за масажа. Дали сметате дека повеќето кои ја работат оваа работа плаќаат данок? Дали може да се одреди нивниот број? Оставаме многу пари во нашата економија, хотелски соби, патни трошкови, облека, такси превоз, секс шопови, за сите овие услуги сепак плаќаме данок. Идејата дека проституцијата е нелегална и сексуалната работа е дел од црната економија и поради тоа ние не плаќаме даноци, е сосема невистинита. Но што имаме ние за возврат од плаќањето даноци? Јас ги нарекувам “грешни даноци“, бидејќи сметам дека се на некој начин казна за порно и стриптиз клубовите, за сите оние кои се вклучени во секс индустријата и нивните клиенти. Во САД има случаеви каде стриптиз баровите се обврзани да плаќаат данок со цел да го зголемат буџетот за некои други владини програми што немаат никаква поврзаност со сексуалната работа. За оние кои плаќаат даноци, како ја пријавуваат сексуалната работа? Дали постојат одредени луѓе кои се специјализирани да прават ревизија на работата на сексуалните работници? И ова зависи од типот на работата, ако работите друга работа која не генерира финансиски документи (а со ова не сте на удар на секс економијата), и доколку работите независно тогаш не ви треба помош од финансиски супервизор. Што сексуалните работници можат да не пријават како данок? Ако работите на секс пазарот како независен договарач, како сите самостојни работници, можете да не пријавувате одредени трошоци. Особено кога не сте здравствено осигурани и ги немате сите бенефиции од своите работодавци. Ние сме самовработени, и некогаш неможеме да си дозволиме да го пријавуваме секој наш трошок, секој цент ни е важен. Едноставно создаваме унија на самостојни работници кои имаат свои барања. Ако сексуалната работа се легализира, дали сметате дека сексуалните работници ќе плаќаат повеќе данок? Секако, доколку полицијата, чија плата ја добиваат од платените даноци од сексуалната работа, престане да ги приведува и апси оние кои се занимаваат со проституција, тогаш со сигурност можам да кажам дека пријавувањето и плаќањето даноци ќе стане помалку горчлива обврска.


IV. Историја на Сексуалната Работа -

“-Дали ти посакуваш некоја? За тебе, Жико, сe ќе направам. Кажи која сакаш да ти ја повикам? Би сакал, велам, да ми ја повикаш горе онаа Роса, ако е будна. Сите тие имаат чудни имиња, доколку имињата им се нивни. А таа Роса беше олкава, бомба женска. И многу добро знаеше да се дупи, со сите марифети. Честопати бев нејзин муштерија. Добро, вели Трпко, оди горе.”

- Ивадок од романот “Знамиња“ на Мирослав Крлежа за јавната куќа во Скопје “Јанчев ан” за време на Балканските војни.


IV. Историја на Сексуалната Работа -

ФЕЉТОН - “ИСТОРИЈА НА СЕКСУАЛНОСТА” - ОД РИХАРД ЛЕВИНСОН МОРУС -

IV. Историја на Сексуалната Работа -

Ви пренесуваме извадоци од делото на Рихард Л. Морус (1894-1968), германски писател, новинар и културен хроничар. Своите трудови ги објавувал главно под псевдонимите Морус и Кампанела. Освен Историја на сексуалноста, други познати дела му се “Пророци и предвидувања“, “Историја на срцето“, “Животните“, “Човекот и митовите“. Сето она што посакувате да го дознаете за развитокот на сексуалноста низ вековите, ќе го најдете меѓу кориците на оваа книга. Таа е возбудлива хроника на најпикантните детали од животот на обичните луѓе, но и на великаните. Писатели и композитори, високи благородници и кралеви – сите биле обземени од демонот на сексуалноста. Сексуалниот нагон е најанималниот човечки нагон. Во природата постои само уште еден нагон кој по својот интезитет е еднаков на сексуалниот: потребата за храна. Тој секогаш успевал да најде начин да се манифестира, наспроти забраните на голем број владетели, наспроти строгите казни на инквизицијата и страдањето од полови болести. Се чини дека неговото задоволување им носи најголема радост и најголемо уживање на луѓето - од почетокот на нивното постоење. Во тој поглед ни цивилизацијата не можела многу да постигне, освен можеби малку да го култивира и да го смести, во некакви општоприфатени норми и граници ... Проституцијата во храмовите Колку што семејното право било построго уредувано, толку повеќе кај мажите се појавува стремеж за слободна зона во која тие без никакви дополнителни обврски би можеле да ги задоволуваат своите сексуални потреби. Нека жената ја наплати својата љубовна услуга, но таа нема понатамошни обврски кон својот гостин. Ако му се допадне, тој може да дојде повторно, но ниту честите, па дури ни редовните посети не повлекуваат по себе никакви правни последици. Сложениот однос меѓу мажот и жената, што ги инволвира бракот, а покрај него и конкубинатот, се надоместува со едноствана трампа. Така се исклучува грижата од последици, ако не физиолошки тогаш барем во морален и материјален поглед. Тука останува само сексуалниот акт, нескриена цел, без долги предговори, без поговори. Врз тоа екстремно задоволство на мажот се заснова проституција. Таа постои кај примитивните народи, а се појавува и во најстарите историски времиња како веќе востановена институција. Во третиот милениум пред нашата ера во државите од Истокот, кои се сметаат за најразвиените тогашни цивилизации, проституцијата веќе е во полн процут. Таа несекаде е јавна установа поврзана со храмовите, кои што пак од неа извлекуваат дел од своите приходи. Тоа што проституираните играат улога на божји службеници и што во современите текови се украсени со придавката свет, не менува ништо во трезвеноста на тоа трговско работење. Можеби и не е случајност што во најтрезвеното од тие ориентални кралства, во Вавилон, изворите за таа сексуална производна гранка се особено штедри. Некогаш владеело мислењето дека проституцијата во храмовите е специјалност на семитските народи. Всушност, најстариот храмски бордел за кој што постојат записи се наоѓа на подрачјето на несемитските Сумерци, во градот Урук, каде што се наоѓа светилиштето на врховниот бог Ану. Во овој храм проституираните биле посветени на блудната ќерка на Ану, Иштар. Проститутките од женски род овде живеат во посебна куќа, што се нарекува гагум, под водство на надзорничка. Постоеле три вида храмски проститутки: кизрети, сенхати и харимати, кои биле особено озогласени. Кога ќе паднел човек во нивните раце, бил изгубен, се вели во еден стар текст.


IV. Историја на Сексуалната Работа -

Она што важело за хариматите воопшто не се разликува од она што подоцна им се препишувало на проститутките: “Никогаш немој да се жениш со харимата, која има безброј мажи. Кога ќе те снајде несреќа, таа нема да ти помогне. Таа би сведочела против тебе во судска постапка поведена против тебе. Таа не знае што е тоа почит и покорност. Таа со сигурност ќе ти ја растури куќата, не примај ја во својот дом жената којашто своето внимание го посветува на трагите на туѓи мажи. Секоја куќа во која таа ќе влезе пропаѓа. Кој ќе се ожени со неа, тој нема да живее среќно и богато“. Со презирот кон проституцијата не се согласува една белешка на Херодот, според која во Меспотамија секоја жена пред бракот морала во храм да му се предаде на друг маж. Можеби тоа бил некаков заостаток од некое многу дамнешно време, забeлешката потекнува од средината на V век п.н.е кога земјата веќе била персиска. Впрочем, храмските бордели во тоа време веќе не биле единствените места за купување радост и уживање. Од периодот на владеењето на последниот голем халдејски крал Небукодоносор II – стотина години пред Херодот - пронајдени се договори од кои произлегува дека богатите граѓани во Вавилон од проституцијата на своите робинки имале значителни приходи. Еден од тие чесни луѓе, по име Набу-ахи-идин, ги пуштал своите слугинки да работат како блудници во куќата на некој сопственик на бордел, по име Калба, а за возврат добивал три четвртини од заработката. Во тој поглед, повеќе мораме да им веруваме на основните закони од Вавилон отколку на романтизираните приказни од грчкиот историчар за присилна проституција на чесните граѓански ќерки, кои

IV. Историја на Сексуалната Работа -

што во храмот мораат да му се продадат на оној кој што ќе им фрли малку пари – но само еден единствен пат, а по втор пат за ниту едно богатство на светот. Според толкувањето на Херодот, кон кое се приклучиле и многу современи научници, принудената проституција била чисто религиозен акт, жртва кон божицата. Нејзе секоја жена и припаѓала по една ноќ или барем по еден час. Божицата го бирала љубовникот за секоја одделно. Тоа било сосема анонимно спојување, мистично соединување со божеството кое на девојките, пред стапување во брак, им ја одземало невиноста. Пренупцијални обичаи од тој вид наоѓаме уште кај примитивните народи. Тие не изненадуваат во земја каква што е Вавилонија, каде на нормалното население, од наследни причини, сексуалниот живот му бил најстрого регулиран. Ако било онака како што пишува Херодот, тогаш морало да има безброј предбрачни породувања, зошто абортусот бил забранет. Какви биле социјалниот статус и наследното право на тие предбрачни деца, коишто биле зачнати во служба на божицата Иштар? За тие работи нема никакви податоци во никаков вавилонски извор. Херодот опишува и еден друг вид храмска проституција, некој вид проституција на највисоко ниво. Во славната вавилонска кула, обновена од кралот Набополазар, високо горе се наоѓало едно светилиште во кое имало една голема, богато украсена постела, а покрај неа златна маса. Во таа таинствена просторија секогаш преноќувала по една жена, која ја одбирал нивниот бог, најверојатно Мардук, за да ја мине ноќта со него. Дали таа жена се одмарала во божјите прегратки само во своите соништа, или пак него го заменувал некој обичен смртник, кралот или некој свештеник, тоа не ни е познато. Како и во сите оринтеални земји, така и во Месопотамија многу била раширена хомосексуалноста, која претставувала посебна гранка од проституција. Во големите храмови, како, на пример, во храмот на Иштар во Вавилон, проституираните мажи имале своја посебна јавна куќа, се разбира, исто така под закрила на религијата. Малку по малку, дворот – особено под асирска власт – се повеќе добива облик каков што подоцна наоѓаме во султаните на Отоманското Царство. На царската палата и припаѓа просторен харем, а на листата на дворските службеници има надзорник на харемот и шеф на евнусите. Но во суштина, Вавилон никогаш не бил грешен Вавилон, онаков каков што го опишува Библијата, книгата на неговите политички противници. Законодавците на Вавилон го создале семејното право, кое го одредувало правецот на сẻ во западниот свет, а чиишто траги можат да се докажат, чекор по чекор, дури и по четири илјади години. Тие се труделе да го одржат и да го зацврстат индивидуалното семејство, тежиштето да го стават на чување на потомството, во сексуалниот живот да ги усогласат слободата и обврските, тие на жената и осигурале права за коишто таа во некои земји дури и денес мора да се бори. Накратко, и покрај многуте чудни обичаи, Вавилон на тоа подрачје има многу заслуги за цивилизацијата, па моралистите имаат многу причини да му искажат почит на тој тешко оклеветен град.


IV. Историја на Сексуалната Работа -

СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО СКОПЈЕ БИЛА ЛЕГАЛИЗИРАНА -

IV. Историја на Сексуалната Работа Денес повторно се актуализира прашањето за легализација на проституцијата. А проституцијата во Скопје била легализирана уште во периодот меѓу двете војни. Таа била сконцентрирана во посебни маала и квартови во градот. Најмногу во поранешното Циган маало, на десната страна од реката Вардар, и во Старата чаршија. Јавните куќи носеле необични и егзотични имиња: “Марс”, “Венеција”, “Три вили”, “Фенерли ан”, “Океан”. Легализацијата значела водење, пред се, лекарска грижа за дамите на ноќта, но таа нудела и други погодности за да се заштити најстариот занает на светот. Но и државата имала полза преку плаќањето даноци. Постојат записи и уметнички текстови кои многу автентично ја сликаат атмосферата и спецификата на јавните куќи во Скопје, како и други, документарни кажувања, кои се трајни сведоштва. Најпознати кафеани - јавни куќи во Старата чаршија биле “Јанчев ан” и “Фенерли ан”. “Јанчев ан” се наоѓал на просторот кај денешното плато пред црквата “Св. Спас”, и тој објект сега веќе не постои. Иако денес многумина поминуваат покрај “Фенерли ан”, не знаат дека тој некогаш бил јавна куќа. Се наоѓа над дуќанот на клучарот Мирко, а пред познатото кафуле “Наргиле”. Ова е еден од објектите кои ја чуваат патината на старата архитектура од Чаршијата. Случајно или не, него и денес го краси еден стар фенер. Постојат многу анегдоти и необични ситуации сврзани со јавните куќи во Скопје. Проституките најчесто се криеле зад необични и звучни имиња: мадмоазел Лили, Црна Маца, Фифи, Роса, Лотосов Цвет. И околу Зеленото пазарче имало јавни куќи, а едната од нив го носела името “Рудник”. Еден од постарите жители од тој крај ми раскажуваше дека најпопуларна била мадмоазел Лили. Преку лето, таа со голи гради се сончала на прозорецот. А пред прозорецот имало врвулица од луѓе, љубопитници и почитувачи на дамата. Но не можел секој да влезе во јавната куќа, особено не сиромашните. Еден работник од Монополот смислил итрина - неколку денови во неделата не пушел цигари и јадел црн леб. Заштедата била доволна за една посета кај мадмоазел Лили. Кај денешната гимназија “Јосип Броз - Тито” некогаш имало две јавни куќи. Едната по име “Гостивар”, а другата “Хајдук Вељко”. Тамошните жители, тогаш деца или млади момчиња, денес во повозрасни години, се сеќаваат дека за време на војната добивале по еден лев од проститутките, ако им пронајдат муштерија. Ангажманот бил повремен и случаен, а заработувачката одлична за тогашните кризни времиња. На другиот крај на Скопје, во Маџир маало, и денес постои објектот на познатата кафеана и јавна куќа “Три вили”. По иронија на судбината, денес тука се сместени просториите на Народна кујна. Некогаш во првиот дел од зградата постоела фурна, а вториот дел бил кафеана. Еден од најстарите жители на маалото денес ми раскажува дека посетители на јавната куќа, поради близината на Аеродромот, биле главно воени лица. Сопственичка била некоја маркантна, дебела жена, а проститутките биле убави девојки што биле доселени во Скопје. А каква била атмосферата и клиентелата во скопските јавни куќи меѓу двете војни, извонредно сликовито ни ги опишува Д. Михајловиќ во романот “Чизмаши”. Еве еден интересен дел: “Сe си мислам, превртувам нешто во главата, каде ќе одам, што ќе правам, ајде, си велам, ќе појдам во јавна куќа. А тогаш во Скопје, близу до Станицата, една мала улица беше преполна со јавни куќи. Преку ден, тие изгледаа како секоја обична кафеана, само што се затворени, и никој не би помислил нешто друго. И девојките дење спијат, па не можеш ниту да ги видиш. А јас сум им постојан муштерија, сите ме знаат, ќе ме пуштат внатре... Така, со мене седна сопственикот на куплерајот, некој чичко Трпко. Нарачав шприцер и кафе за себе, нарачав нешто и за него. Разговаравме. Тој се жали дека работата во последно време не му оди добро. Мајката, си велам, може ли на проститутките да не ми оди добро? Дали девојките, велам, сe уште спијат? Мајчината им, вели тој, спијат. Само спијат и јадат, ништо друго не прават. Пет пари не даваат за гостите. Но сите еден ден ќе ги разбркам. Ќе доведам млади девојки од село, сe уште нерасипани, прсти да си излижеш. Потоа самиот си ги лиже прстите... Дали ти посакуваш некоја? За тебе, Жико, сe ќе направам. Кажи која сакаш да ти ја повикам? Би сакал, велам, да ми ја повикаш горе онаа Роса, ако е будна. Сите тие имаат чудни имиња, доколку имињата им се нивни. А таа Роса беше олкава, бомба женска. И многу добро знаеше да се дупи, со сите марифети. Честопати бев нејзин муштерија. Добро, вели Трпко, оди горе”. Мирослав Крлежа вака го опишува “Јанчев ан” за време на Балканските војни во романот “Знамиња”: “Најголемата општествената сензација овде среде Чаршијата е една меана, еден ан, еден ‘Јанчев ан’... Да го слушнеш само урнебесот од победоносните извици на гостите кои курвата ја сметаат за говедце”. По војната, нелегализираната проституција во Скопје е присутна во ресторанот на хотелот “Бристол”, а во седумдесеттите години таа се сели во кафената “Ново Скопје” на Бит-пазар.


IV. Историја на Сексуалната Работа -

IV. Историја на Сексуалната Работа -

КУЌИ И БАЊИ НА ЖЕНИТЕ Во доцниот среден век, како и за време на Старото Римско Царство, секој град си имал свој куплерај. Во германското јазично подрачје јавните бордели ги нарекувале “Frauenhäuser”, куќи на жените, па тоа неутрално и наивно име се одомаќинило и во другите земји. Куќата на жените , по правило, се наоѓала во некоја споредна уличка, и тоа покрај црква. На неа немало никакви ознаки за тоа што претставува, но секој знаел каде таа се наоѓа. Таа куќа, поретко отколку во старо време, била поврзана со крчма, но кон неа се придружила и една поинаква атракција. Тоа биле јавните бањи – не велелепни палати како во царски Рим, туку скромни пералници – дел од нив не биле ништо друго освен прикриени бордели. Во нив, наместо салон како место за јавни случувања, имало базен за капење, во кој имало место само за пет или шест луѓе – не за пливање, туку заради телесен контакт. Жените им се претставувале на гостите во костумот на Ева и љубезно ги воведувале во својата средина. За поинтимна забава на располагање имало големи кади, доколку клиентите за вистинската цел на својата посета не би посакале да се повлечат во некоја сува просторија. Во Париз, кој со своите 200.000 жители бил најголемиот град во Европа, на почетокот на XV век имало скоро триесет такви постановки. Покрај ова, во поголемите градови постоела и голема мрежа на улична проституција, со која полицијата никогаш не можела да излезе на крај. Најголемата грижа на властите во врска со тие претставнички на Венера- vulgivaga бил прописот за облекување: не само истите да се спречат од претерано изложување на своите облини на погледите, туку првенствено на тоа луѓето да не ги заменуваат со другите жени. И овде повторно се враќаме на еден пример од стариот Рим, каде што сексуалните работнички на улица смееле да носат само куса туника. Но овој проблем се комплицирал затоа што модата многу често се менувала, па така често морале да се менуваат и прописите за облекување. На пример, околу 1425 година на сексуалните работници им било забрането да носат златни појаси и широки здолништа, како и околувратници со крзнени украси. Особено строго се внимавало на тоа фустаните да не содржат премногу крзнени детали, затоа што токму тоа било во мода во доброто друштво.


IV. Историја на Сексуалната Работа -

IV. Историја на Сексуалната Работа -

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ИСТОРИСКИ РЕВОЛУЦИИ Првите разголени слики Пронајдени се камења од Горниот палеолит на кои се изгравирани тогашните секс играчки, а постојат и пештерските слики кои датираат од пред околу 40.000 години, за кои се верува дека се некои од првите уметнички дела од чисто сексуална природа. Иако извесен број на учени луѓе постојано зборуваат за некакви симболи на плодноста, сепак пронајдени се слики во Шпанија и на други места во Европа на кои е прикажан сексуалниот чин, не толку како биолошка функција туку како убав начин да се помине пладнето. Елементарните цртежи на некаков примитивен маж како има секс со примитивна жена и потоа како тргнува во лов на бафала, можеби не е баш најдобрата дефиниција за супер поминато време од денешна гледна точка, но пештерските цртежи исто така прикажуваат и чинови кои што можат да бидат создадени единствено благодарение на чудото на човечката уста. Првиот секс прирачник “Уметноста на љубовта” од Филенс од Самос претставува првиот секс водич. Се верува дека бил напишан околу третиот век п.н.е. и дека авторката била една од ретките жени која ја допреле таа тематика во тоа време, а воедно била сексуална работничка. Сведоштво за тој прирачник било најдено во Oxyrhynchus papyri, купче ракописи кои биле најдени во едно ѓубриште во Египет. Од делото се сочувани само фрагменти. Тоа дело било инспирација за Овидиј да ги пишува своите “валкани” приказни. Овој прирачник методолошки му пристапува на сексот, нешто во стилот “како да направите”, вклучувајќи и листа на пози, афродизијаци, правила како да бакнувате, дел посветен на козметиката и сл. Многу од ракописите биле најдени помеѓу рани религиозни текстови, така што претпоставуваме дека свештениците и калуѓерките ги пронашле први. Првите стриптизети Чинот при кој жената ги соблекува своите алишта за да го соблазни мажот веројатно датира уште од кога алиштата биле измислени. Што се однесува до чинот на намерно соблекување, има извесен број на литературни случаеви во кои што жените се соблекуваат, а тоа ние можеме да го видиме уште кај Сумерците, кои што имале мит за божица која што поминала низ седум порти на подземјето, отстранувајќи по едно парче облека од нејзиното тело пред секоја порта. Тоа претставува пример за рана инспирација за изведување стриптиз. Драмата на Оскар Вајлд - “Саломе”, напишана во 1893 година ни прикажува еден од првите примери на тоа што ние денес го сметаме за стриптиз. Штом првпат била изведена, делот во неа кој што се нарекува “танцот на седумте велови” станал стандард во бурлескните изведби. Во Париз, “Мулен Руж” и ”Фоли Бержер” биле кабаре претстави кои што започнале да се изведуваат во 90-тите години на 19 век. Истите прикажувале разголени сцени со цел да ја намамат публиката. Во Америка во тоа време се прикажувале голи изведби на трапез, кои изгледале доста атрактивно и револуционерно за тоа време. Првите порно списанија Првите порно списанија всушност биле цртежи со разголени мотиви цртани по ѕидовите на


IV. Историја на Сексуалната Работа -

IV. Историја на Сексуалната Работа -

пештерите уште пред 40 000 години, и секако сето тоа почнало да еволуира и да се рашири како што поминувало времето. Штом веќе еднаш била откриена фотографијата, веднаш биле откриени и разголени фотографии. А веќе во 80-тите години на 19 век фотографијата најпосле станала доволно евтина, што им овозможило на мажите да соберат еден куп вакви фотографии. Франција била земја каде што започнал првично целиот тој процес, и се појавиле бројни списанија во кои што имало фотографии на голи и полуголи модели, веројатно со неизбричени пазуви и други делови од телото. Бидејќи пуристичкиот свет не бил особено приемчив за порно фотографијата во сета своја црно-бела величественост , порно списанијата набргу почнале да се кријат себеси зад тврдењата дека станува збор за натуралистички или пак уметнички изданија. Сите сме свесни дека разголените луѓе се неизоставен дел од уметноста и човечкото тело. Едно од првите “натуралистички” списанија (H&E Naturalist), за прв пат било објавено во 1900 година и се уште се објавува. Првиот порно филм Најстариот порно филм во светот е аргентинскиот филм “El Sartorio”, во кој за прв пат биле прикажани еротски сцени во крупен кадар, и тоа вклучувајќи пенетрација, ејакулација и слично. Филмот започнува со тоа што три жени се капат во некоја река и започнуваат да водат љубов меѓу себе. Наидува ѓаволот и присилува една од жените на орален секс, а потоа се пари со сите три. Филмот бил снимен во 1907 година. Во 1910 година бил снимен германскиот филм “Am Abend”. Некој перверзен германец низ клучалката гледа некоја дама како се соблекува, и едноставно влегува и имаат секс. Веројатно тоа е првиот пример за интересно сценарио во историјата на филмот. Првата порно интернет страна Во 1994 година, интернет страната sex.com била регистрирана од страна на Гери Кремен. Можеби името и не било многу креативно, со оглед на различните наслови на порно сајтови во денешно време, но сепак се чини соодветно како за прв порно сајт на мрежата. Во првата година од неговото постоење, сајтот бил превземен од некој друг, и тоа на нечесен начин преку фалсификати и сл. Сајтот бил полн со фотографии од женски гради, полн со реклами, и ветувал уште многу такви содржини за во иднина, носејќи околу 25 милиони посети дневно. Новиот сопственик заработувал околу половина милион долари месечно, и веднаш по тој сајт почнале да се појавуваат многу нови порно сајтови. Во 2004 година, првиот сопственик на сајтот го тужел неговиот наследник, и добил оштета од 65 милиони долари, што јасно покажува колку многу пари можат да се заработат од водење на порно сајт.


IV. Историја на Сексуалната Работа -

IV. Историја на Сексуалната Работа -

ПРОСТИТУТКИ ОД ЊУ ОРЛЕАНС ОД 1912-ТА ГОДИНА По смртта на Е. Ј. Белок (1873-1949), поголем дел од неговата работа била уништена. Меѓутоа, подоцна колекција на негативи од фотографии биле најдени скриени во неговата софа. Истите тие негативи претставувале фотографии на проститутки кои работеле во легализирани бордели на Сторвил од 1912 година (Сторвил била улица на проституцијата во Њу Орлеанс, Лузијана во периодот од 1897 до 1917-та година). Некои од жените на овие фотографии биле голи а некои достоинствено облечени, а други пак позирале како ликови од некоја мистериозна приказна. Во 1971 година, дел од овие фотографии беа објавени во книгата насловена како “Сторвил Портрети“. Истите биле направени на посебни принтови од страна на Ли Фридландер, кој ги користел негативите на овие фотографии. Овие фотографии биле веднаш признаени за значајни портрети поради нивната уникатна трогателност и убавина.


V. Активизам -

“Кои права ги има сексуалниот работник? Еден човек кој одлучил да го продаде своето тело за пари? Но сексуалниот работник е прво човек, па потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како сите други.“

- Владите се обврзаа да обезбедат човекови права за сите, вклучувајќи ги и сексуалните работници, согласувајќи се со Декларацијата на обврски за ХИВ/СИДА на УНГАСС.


V. Активизам -

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МИЛА К**ВАТА -

V. Активизам Почитувани господа Тодор Петров и Нано Ружин (први пратеници во борбата за легализација на проституцијата) и Самка Ибраимовски, Иван Анастасовски и Есад Рахиќ (пратеници со сериозен обид да внесат предлог закон во Собранието за легализација на проституцијата). Се викам Мила. Сексуална работничка или народски кажано “проститутка” со фини облини, кежуал стил на облекување (иако знам дека ме замислувате во тесен црвен минич и 13ка црвен лак потпетица). Навидум и не сум толку кротка и мила. Општественото живеење полно со жигосувања, тепања, клевети, закани и уцени, ме направи да бидам остра, најчесто самокритична не само кон своето облекување, туку кон целото општествено однесување. И додека низ интернет пребарував да прочитам за било какви евентуално преземени чекори од страна на политичари, академици, професори, социолози, правници во однос на подобрување на општествениот статус на девојките како мене, Почитуван господине Ибраимовски, Вам Ви се обраќам! Ви се обраќам да Ви ја дадам целата поддршка која ја барате од Вашите колеги во Собранието за изгласување закон за легализација на проституцијата, изнесена преку текст со наслов “Трет обид за легализација на проституцијата” во дневниот весник Вест, на 24.08.2011 година. Почитуван г-не Ибраимовски, Додека Вашите колеги и јавноста со исмејување го прифатија Вашиот предлог, јас Ви се обраќам, јас Ве охрабрувам. Додека Вашите колеги и јавноста Ве исмејуваа, го исмејуваа и моето општествено постоење. Ме исмејуваа мене во обидот да го нахранам своето малечко девојче, да се нахранам себеси. Иако поддршката за реализација на вашата идеологија за општествено одговорна Македонија не дојде од онаму од каде што најмногу ја очекувавте, еве ја таа доаѓа со две години задоцнување. И доаѓа од вистинско место – Ви се обраќа проститутка. Проститутка која би сакала да се види на Вашите политички агенди. Почитувани Тодор Петров, Нано Ружин, Иван Анастасовски и Есад Рахиќ, Ви се обраќа Мила, проститутка од соседството. Ја поздравувам Вашата идеологија за општествено одговорна Македонија, за Македонија без насилство, за безбедна Македонија, за плодна Македонија со полни буџети. Ја поздравувам Вашата иницијатива, меѓутоа поздравувам и иницијатива за депенализација на проституцијата - иницијатива која ќе ме заштити од долгогодишното бесплатно пенетрирање на полицијата. Уморна сум веќе од тоа! Но, неуморна сум за да се откажам од професијата и да се преквалификувам во категорија која ниту ја сакам, и ниту во која се пронаоѓам. И, не сме ние жртви на трговија со луѓе! Пренесете им ја оваа порака на Вашите Собраниски колеги во чест на поддршката и поздравот кој што Ви го испраќам, Вам почитувани! И се восхитувам на Вашата идеологија, Ви честитам за напорите за вистинска цивилизирана Македонија, за улица на црвените фенери како што заслужува нашето Скопје. Многу луѓе го наоѓаат мирот таму. Многу лица со било каков облик на физички недостаток, своето право на сексуално изразување го наоѓаат токму таму! Единствено ние “дамите на ноќта” сме изгубени во незаштитеноста и нередието на калдрмата во центарот на Скопје! Ви се обраќам со најискрена желба дека Вашата високо развиена свест во блиска иднина ќе прерасне во заразен вирус низ македонската јавност за конечно да сфати дека луѓето во суштина се сите исти и никој, ама баш никој, не заслужува да биде роб на сопствениот избор, поради кој ќе биде стигматизиран и ќе трпи насилство. Ве поздравувам од студената Виена, престолнина во која многумина Австријци ги уживаат женските атрибути на “Македонско девојче”. Наскоро се враќам повторно на калдрмата!


V. Активизам -

V. Активизам -

ИЗЛОЖБА НА ТЕМА СЕКСУАЛНА РАБОТА ВО КАВАДАРЦИ Изложба со наслов “Спинтрии” на тема “Сексуална работа” беше отворена во музеј галеријата во Кавадарци. Авторка на изложбата е 24 годишната кавадарчанка Симона Манчева која неодамна магистрира на факултетот за ликовни уметности токму на оваа тема. - “Сакам да ја прикажам историјата на сексуалната работа која отсекогаш постоела. Има докази за тоа, на кои се прикажани разни секс пози, секс играчки и белези за постоењето на јавните куќи. Таа работа во минатото се наплатувала со посебни монети “спинтрии” кои најчесто биле изработувани од бронза или месинг, додека јас денес ги изработувам од калај. Тие со својот релјеф го прикажуваат сексуалниот живот на луѓето, со што сексуалниот дискурс привлекува внимание. На едната страна од монетите е прикажана сексуалната поза а на другата римски број на пример за кој се смета дека е цената на таа сексуална услуга. Се користеле во Римската империја, за надминување на јазичната бариера. На спринтиите преовладуваат претставите од маж и жена, но сепак се прикажани и хомосексуални претстави и сексуален чин со повеќе луѓе“ - појаснува Манчева која потекнува од познато и угледно кавадаречко семејство, а зад себе веќе има една годишна награда за уметност заедно со неколкумина свои колеги. Изложбата предизвика огромно внимание во Кавадарци, град кој живее со уметноста но сепак не е навикнат на вакви смели уметнички потези. Кавадарчани се воодушевени од храброста на својата сограѓанка на ваков начин да се стави крај на предрасудите кога е во прашање сексуалноста и да се детабуизира маргинализацијата на сексуалните работници или работнички. Манчева повикува на ослободување на сексуалноста кај луѓето. Покровител на изложбата се кавадаречкиот градоначалник и Советот на општината Кавадарци а организатор, локалниот музеј. Изложбата ќе биде претставена и во главниот град. Неодамна Симона Манчева ја исконтактира и нашата организација СТАР-СТАР за подетални информации за сексуалната работа во Македонија. По нејзината посета договорено е наредната кампања по повод одбележувањето на 17-ти декември-Интернационален ден против насилство врз сексуалните работници да биде одблежана со уште една изложба на тема “сексуалната работа“.


V. Активизам -

V. Активизам -

2 ЈУНИ -“МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ“ ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО, ОХРИД И СТРУМИЦА Опишана како најстара професија во светот, сексуалната работа за некои останува како темен предмет на омраза и желба. За многумина и голем број општества претставува симбол на експлотација на жени и мажи. Но треба да се запамети фактот дека многу жени и мажи се горди на оваа професија. Тие бараат да бидат прифатени во општеството и нивната работа да биде почитувана како и секоја друга професија, вклучувајќи ги своите права и привилегии. Здружението на граѓани СТАР-СТАР го одбележува 2-ри Јуни – “Меѓународниот ден на сексуалните рабтници“. Одбележувањето има една единствена цел а тоа е активисти, поддржувачи и сексуални работници да се обидат заедно да делуваат на промената на свеста кај општата популација, како и рушење на стереотипите за сексуалните работници и сексуалната работа. При тоа се дели промотивен материјал и се вршат едукации во 4 градови во Македонија, Скопје, Тетово, Охрид и Струмица, при тоа граѓаните имаат прилика да се запознаат со сексуалната работа од една поразлична и позитивна перспектива. Треба да сфатиме дека сексуалната работа не претставува активност која вклучува само продавање на секс, туку и остварување на родови односи, моќност, пари и секако претставува дефиниција за професија.


V. Активизам -

V. Активизам -

17 ДЕКЕМВРИ – “МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ“ 17-ти декември е Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Овој ден ги обедини сексуалните работници од целиот свет, заедно и здружени, гласно да говорат за ставот против дискриминацијата, и да ја подигнат свесноста кај пошироката популација која секојдневно пренесува насилство и агресија кон оваа маргинализирана група на луѓе. Сексуалните работници се соочуваат со закони кои не ја поддржуваат нивната работа и кои придонесуваат за нивно дискриминирање, криминализирање и изолирање од социјалниот живот. Истите оневозможуваат сексуалните работници да го пријавуваат насилството кое секојдневно го трпат, заедно со своите најблиски. Светот не треба да затвора очи пред вистината дека овие луѓе ги губат човековите права. Сексуалните работници подеднакво треба да ги уживаат човековите права, како и да бидат причина повеќе за донесување на закони кои ќе ги заштитуваат и ќе овозможат нивно вклучување во социјалниот живот. 17-ти декември за прв пат беше одбележан за да се обрне внимание на криминалните дејствија кои се вршат врз сексуалните работници низ целиот свет. Идејата за првичното одбележување на 17-ти декември произлезе од д-р. Ени Спринкл, со една единствена целподдршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Убиецот изјави: “Сакав да убијам колку што можев повеќе. Знаев дека никој нема веднаш да ги пријави за исчезнати, па дури можеби и никогаш нема да бидат пријавени. Собирав проститутки затоа што мислев дека можам да убијам колку што сакам од нив, при тоа да не бидам фатен“. Гери Лајон Ридвеј беше осуден на доживотна казна во висина од 10.000 долари за секоја убиена жртва на 18-ти декември 2003 година. Доколку законските регулативи ја декриминализираат сексуалната работа, сексуалните работници ќе бидат заштитени од насилство, тортури, уцени и убиства. Доколку се надминат дискриминирачките ставови, сексуалните работници ќе престанат да бидат злоупотребувани и силувани. 17-ти декември ги обедини сите сексуални работници од целиот свет гласно да кажат стоп на насилството.


V. Активизам -

V. Активизам -

МЕЃУНАРОДЕН ПОВИК ЗА ПРАВДА ЗА ЈАСМИН И ДОРА “Сексуалните работници не смеат да бидат мета на убијци” Меѓународниот комитет на правата на сексуалните работници во Европа – ICRSE, испрати повик до сите свои членови, организации, сексуални работници и нивни поддржувачи да се сплотат заедно и да го кренат гласот против неодамнешните убиства на Јасмин и Дора, насилниот напад врз Ела, и против сите напади врз сексуалните работници ширум светот. Изминатата недела за само неколку дена две сексуални работнички со живот го платија “гревот“ да се биде сексуален работник. Деновиве, Турција и Шведска се земјите кон кои се вперени очите, земјите во кои многумина сексуални работници се пронаоѓаа себеси, но денес повеќе тоа не е така. Не, после Јасмин и Дора, Ела... Повикот е испратен до сите пријатели и поддржувачи да протестираат против трансфобијата која резултира со насилство во Турција и во светот. Дора била трансексуална сексуална работничка која беше убиена во Кушадаси – Турција изминатата недела. Ела е трансексуална сексуална работничка во која беше пукано само неколку дена по убиството на Дора. Постои голема можност таа целосно да ја загуби подвижноста на раката. Дора е 31-та жртва на насилни и смртоносни напади во Турција од почетокот на 2008-ма година. Шведскиот модел пак со кого е регулирана сексуалната работа во Шведска и ги одзеде стрателството на Јасмин врз своите деца како родител кој се оддава на проституција и не обезбедува соодветна грижа кон своите деца. Социјалните работници и Шведската држава одбиваа да ја сослушаат Јасмин. Зошто да се сослуша проститутка која ни таа самата не знае што е добро за неа?! Старателството над децата беше доделено на нејзиниот сопруг. Пред неколку дена тој и го одзеде животот на Јасмин. Што направи Шведска денес? Ги предаде децата во рацете на убиец! Тој криминален систем Јасмин го плати со живот. Во сите Европски држава и пошироко низ светот се убиваат сексуални работници. Нивните животи се гледаат како помалку вредни. Државите ги оправдуваат стигмата, дискриминацијата и сите криминални акти насочени кон безвредните, безмоќните. На 19-ти јули се одвиваа мировни протести во многу земји ширум светот пред Турски, Шведски, Италијански и други амбасади. Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР како членка на Меѓународниот комитет на правата на сексуалните работници –ICRSE се придружи кон повикот и организира мировен собир во знак на солидарност кон сексуалните работници кои биле мета на убијци, пред претставништвото на Шведската амбасада во Скопје.


V. Активизам -

V. Активизам -

3-ТИ МАРТ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ПРАВАТА НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ. Кои права ги има сексуалниот работник? Еден човек кој одлучил да го продаде своето тело за пари? Но сексуалниот работник е прво човек, па потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како сите други. Владите се обврзаа да обезбедат човекови права за сите, вклучувајќи ги и сексуалните работници, согласувајќи се со Декларацијата на обврски за ХИВ/СИДА на УНГАСС. Сексуалните работници припаѓаат на социјално маргинализираните групи, соочувајќи се со силна стигма и дискриминација. Тие често се поврзуваат со криминални акти и се соочуваат со принудни мерки од државата, како што се произволни апсења, притвор или малтретирање. Несфатени и отфрлени од институциите и општеството, бастионот на љубовта е претворен во гето, не затоа што тие така сакаат, туку затоа што поинаку неможат. 3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, треба да биде мотив за размислување за сите нас. Светот е во стремеж за исполнување на Милениумските развојни цели, ветувајќи промовирање на родова еднаквост и зајакнување на жените и човекови права за сите, како ефективни начини за борба против сиромаштија, глад и болести.Сите цели меѓусебно се поткрепуваат, но дали овие цели навистина можат да се постигнат, со исклучување на сексуалните работници? Граѓанската иницијатива за промоција и заштита на правата на сексуалните работници, СТАР-СТАР со конкретни активности, се приклучува кон глобалното одбележување на денот на правата на сексуалните работници, стремејќи се да ја истакнат важноста и потребата за унапредување на нивните права. Со еднакви и достоинствени права за сите, само така светот би бил убаво место за живеење!


V. Активизам -

V. Активизам -

ПРОТЕСТ ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА И РАБОТНИЧКИ ПРАВА На 1-ви Мај, членовите на СТАР-СТАР се приклучија на протестот за Социјална правда и работнички права. “Да го кренеме гласот ЗАЕДНО против социјалната неправда и против кршењето и намалувањето на работничките права!“- беше заедничката порака испратена до сите синдикати. Најголемиот дел од синдикатите се запоседнати од страна на бирократијата кои соучествуваат со политичките елити во кратењето и кршењето на работничките права во Македонија. Тие се повеќе заинтересирани за своите фотелји отколку за правата на работниците, и многу малку придонесуваат за подобрување на правата на работниците. Состојбата на работниците е катастрофална. Наспроти објаснувањата на синдикалните лидери дека социјалниот дијалог дава резултат, сепак тој се користи само за да се креира илузија дека синдикалните лидери прават нешто за работниците. Ретките подобрувања за работниците се придружени со доста посуштински кратења на правата и многу често остануваат само празни зборови на хартија. Исто така, не може да се сокрие фактот дека работничките права се намалуваат или целосно се укинуваат, или пак како што е во случајот на сексуалната работа како секоја друга работа, која пак во целост се игнорира како од системот така и од општеството.


Во издание на: СТАР - СТАР Графички дизајн: Ѓорги Јаневски



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.