S-Work No.89

Page 1

S-WORK Февруари 2020 | Број 89

1


Транс жените кои се занимаваат со сексуалната работа се нај ранливи лица, соочувај ќи се со сите форми на стигма и дискриминациј а

Алиева е транс-активистка и активистка за правата на сексуалните работници. Дајана Дајана потекнува од Киргистан, а моментално живее во Москва и работи како консултант и советувач за ХИВ и СПИ помеѓу трансродовите луѓе, сексуалните работници и мигрантите. Таа е член на Форумот за сексуални работници Coves. Во нејзиното интервју, говори за разликата помеѓу сексуалната ориентација и родовиот идентитет, зошто транс жените кои се занимаваат со сексуалната работа се најранливи и со какви проблеми таа лично се соочува како трансродова сексуална работничка и мигрантка. Дали сте доживеале внатрешна трансфобија, и доколку да, на кој начин се манифестирала? Се разбира дека сум се соочила со внатрешна трансфобија, како и на внатрешна хомофобија и бифобија. На крајот на краиштата, родовиот идентитет на една личност има тенденција да се менува, развива, стекнува различни форми и нијанси во текот на животот и тоа е сосема нормално. Поминав низ различни периоди од мојот живот, барајќи се себеси, се прашував: „Кој сум јас?“, „Кого сакам?„, „Дали сум нормална“? итн. На почетокот верував дека сум момче и дека сакам девојки, кога почнаа да ме сакаат мажи, мислев сум геј, а сепак девојките ми беа попривлчени, па сфатив дека сум бисексуалец. По некое време, проучувајќи стотици статии, брошури, комуникација и работа со ЛГБТИ организации, почнав да учам за трансродовите лица. Откако ги доживеав тие исти внатрешни и надворешни хомо-, би-, транс-фобии, дојдов до заклучок дека сексуалната ориентација и родовиот идентитет се меѓусебно поврзани, но сепак се сосема различни концепти. Дури и сега, откако тргнав на овој пат, можам да кажам дека сум девојка, транс девојка и сум во хармонија со себе, со мојот внатрешен и надворешен свет. Можете ли да објасните што е разликата помеѓу сексуалната ориентација и родовиот идентитет и зошто се мешаат овие два концепти? Не е изненадувачки што многу луѓе се збунети во овие концепти. Во ЛГБТИ движењето често ја гледаме кратенката SOGI - сексуална ориентација и родов идентитет. И дури и тука тие одат заедно, но, треба да се одделат овие концепти. За да може полесно да се разбере, можете да користите овие две прашања: „Кој сум јас?“ и „Кого сакам?“ („Кој ми се допаѓа?“). Односно, родовиот идентитет одговара на прашањето: „Кој сум јас?“, додека пак сексуалната ориентација - „Кого сакам?“. Дали повеќето транс луѓе се хетеросексуални? Ако е така, колку е пријатно за членовите на транс заедницата да бидат рангирани меѓу ЛГБТ заедниците? Па, не можам да кажам за сите транс луѓе, но знам со сигурност дека транс луѓето, како и сите други, можат да бидат хомосексуални, бисексуални, хетеросексуални, и сл., или пак можат да бидат потполно асексуални. Сексуалната ориентацијата, како и родовиот идентитет, може да се промени во текот на животот. Ако геј лицата се соочуваат со стигма и дискриминација само врз основа на сексуална ориентација, тогаш трансродовите лица со хомосексуална ориентација доживуваат стигма и 2


дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и врз основа на родовиот идентитет. Заедницата на трансродови лица се соочува со специфични проблеми и потреби, како што се менување лични документи, хормонска терапија, но има и проблеми кои се слични на ЛГБТИ луѓето, така што не е изненадувачки што сме дел од ЛГБТИ заедницата. Се верува дека многу транс жени се вклучуваат во сексуална работа, дали е ова вистина или стереотип? Не можам да одговорам на ова прашање, но можам да кажам со сигурност дека за повеќето транс девојки, сексуалната работа им претставува единствениот начин да заработат пари, да се обезбеди финансиска сигурност и да ги задоволат своите потреби, како за себе, така и за своите семејства и најблиски. Јас се занимавав со сексуална работа, но тоа беше мојот свесен избор, многу фактори влијаеја на овој избор: транзиција, миграција, финансиска компонента, психолошка состојба и така натаму. Мислам дека повеќето транс девојки немаат избор, или поточно, секогаш постои избор, но целиот овој хетеро-нормативен, бинарен, трансфобичен систем со сите последователни форми на стигма, насилство и дискриминација го турка патот што води кон сексуална работа. Всушност, не треба да се бориме со сексуалната работа, туку со системот, или барем да создадеме поповолни услови за живот за сите трансородви лица. Што претставува сексуалната работа за тебе? Како прво, оваа работа е сложена, со многу ризици, насилство, дискриминација и проблеми, како од клиентите, така и од општеството, полицијата и државата, но сепак е РАБОТА! И тука мислам на доброволна сексуална работа, која не треба да ја мешаме со трговија со луѓе. Сексуалните работници се работници кои постојано или периодично даваат интимни, сексуални услуги во замена за пари, производи или услуги и што е најважно, се идентификуваат себе си како сексуални работници. Според Вас, колку се вообичаени практиките за употреба на дрога во транс заедницата? Забележувам дека постои се поголема тенденција за употреба на психоактивни супстанции и практикување на хем секс (chemsex) кај транс лицата кои се вклучени во сексуална работа. Некои од нив користат дроги заедно со клиентите, некои ги користат за работа, за да можат да останат будни подолго време и да прифаќаат повеќе клиенти, а некои пак само за да се релаксираат.

3


Дали има мигранти во транс заедницата? Постојат повеќе причини за миграција, а некои од нив можам да ги именувам, врз основа на студијата во која неодамна учествував, а тоа се: потрага по побезбеден простор и слобода; изложеност на вознемирување и притисок од општеството во матичната земја и финансиски потешкотии поради кои трансродовите лица одлучуваат да го променат местото на живеење и да се преселат во економски поразвиени земји и градови. Ова се податоци од студијата: „Предизвици и бариери за миграцијата, како последици од економската ранливост на транс жените во Киргистанската Република“, спроведена од невладината организација „Киргиста Индиго“ во 2019 година. Кои се главните проблеми со кои се соочуваш? Најголем проблем ми претставува ознаката на пол, што не може да се промени во моите документи. Се уште, се појавуваат проблеми кога е потребно да се приложат лични документи. Почнувајќи од продавниците каде што треба да дадете лична идентификација за набавка на тутун и алкохол, па се до пасошка контрола на аеродромите. Некои со насмевка можат да ве пропуштат или да ви продадат некој производ, без да поставуваат прашања од лична природа, додека пак многу често се случува, да ве поканат во посебна канцеларија за идентификација, со сите процедури за испрашување. Дали сте имале проблем со полицијата во Москва, до сега? Фала Богу, до сега не. Иако сите мои документи, пасош, личната карта, миграционата карта се сé уште со „машки податоци“, до сега не сум имала некои поголеми проблеми со полицијата.

4


Како заклучок, би сакала да кажам дека не само во општеството како целина, туку дури и меѓу ЛГБТ заедницата, транс жените кои се занимаваат со сексуална работа се најранливи, со сите форми на стигма и дискриминација, како жена, како транс жена, како претставник на ЛГБТ заедницата и како сексуален работник. Посебно ако си мигрант, без образование, со низок приход, корисник на дрога, зависник, поранешен затвореник, со посебно физичко или ментално здравје, или ХИВ-позитивен, тогаш ова го зголемува степенот на стигма и дискриминација. Сето ова води кон потешкотии во социјализацијата и целосниот живот во општеството. Општо, во активизмот, не само кај ЛГБТ или транс активизмот, туку и во организациите кои ги штитат правата на сексуалните работници, луѓето кои користат дроги и програмите за превенција на ХИВ, вистинските проблеми на транс сексуалните работници честопати се игнорираат Навистина би сакала, организациите за човекови права (кои ги заштитуваат правата на жените, ЛГБТ луѓето, транс-луѓето, сексуалните работници, луѓето кои користат дроги), невладините организации за ХИВ услуги да вклучуваат транссексуални работници во нивните активности. Транссексуалните работници треба да имаат право на избор, да бидат вклучени во сите процеси на донесување одлуки, да споделуваат искуства и проблеми, да учат и секако најважно од сé - да имаат пристоен живот.

5


Како митовите поврзани со трговиј ата со луѓе за време на С упер Б оул 2 02 0 им штетат на сексуалните работници?

С

екоја година во пресрет на најочекуваниот спортски настан „Супер Боул 2020“, медиумите објавуваат бројни написи во кои се тврди дека фудбалскиот шампионат води кон зголемување на трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација. Ова не е вистина бидејќи нема доволно докази дека овој светски настан придонесува за порастот на трговијата со секс. Но, постојат докази дека митовите и урбаните легенди поврзани со трговијата со луѓе за време на „Супер Боул“ им штетат на маргинализираните луѓе, особено на лицата кои се вклучени во сексуалната индустрија. Големи светски настани како Супер Боул, Светскиот куп, Олимпијадата и други спортски натпревари привлекуваат голем број туристи, особено мажи заинтересирани за секс туризам. Тука на сцена настапуваат макроата и трговците со луѓе кои ги носат своите жртви во градовите кои се домаќини на настаните за да ги задоволат туристите. Всушност, оттука, започнува приказната за зголемување на трговијата со луѓе и се ангажира полицијата за навремено стопирање и апсење на овие лица. Mајами, како домаќин на Супер Боул-от, организираше и јавна кампања за брза ракција против трговијата со луѓе, со поставување реклами на билборди на јавни места со слоганот: „Купете секс. Бидете изложени“. Агенциите за спроведување на законот планираат да спроведат рации и да извршат апсења, како што направија во Атланта пред Супер Боул-от во 2019 година. Но, додека спроведувањето на законот продолжува во борбата против трговијата со луѓе, бројни истражувања со години укажуваат на тоа дека поголемите спортски настани не предизвикуваат трговија со луѓе и сексуална експлоатација. Корисничка на социјалната мрежа Твитер, која работела како сексуална работничка и стриптизерка во 2016 година на Супер Боул, вели дека тешко е да се заработи за време на големите спортски настани, бидејќи сите што одат таму ги трошат парите на настаните и во пабовите, за кои штеделе во текот на годината и не им останува доволно да платат за сексуални услуги. Иако, медиумите и службениците признаваат дека трговијата со секс за време на Супер Боул, не претставува проблем, но сепак се уште ги користат митовите со цел „да се подигне свеста“ за ова прашање, како што изјавија од „Поларис“, водечка организација против трговија со луѓе, дека настани како Супер Боул привлекуваат огромно внимание и е одличен начин да се искористи вниманието на јавноста кон фокусирање на овој проблем и во помагање на жртвите од трговијата со луѓе. „За жал, кога ќе се подигне свеста користејќи митови, всушност не им се помага на маргинализираните луѓе. Повеќето содржини на овие кампањи се погрешни и симплистички и имаат екстремни недостатоци кои доведуваат до опасен, а не корисен исход“, вели Александра Лутник, авторка на Домашна малолетничка трговија со луѓе. Лутник исто така изјавува дека наративот за трговијата со луѓе за време на Супер Боул ја наведува полицијата на спроведување на решенија за спроведување на законот, како 6


зголемени рации и апсења. Но, на Флорида, на пример, рациите што наводно се насочени кон жртвите на трговија со луѓе често во пракса доведуваат до апсење на голем број согласни сексуални работници. Апсењата се трауматизирачки и застрашувачки за сексуалните работници кои доброволно ја работата оваа работа. Уапсените лица завршуваат со криминални досиеја што им го отежнува наоѓањето други работи и затоа ги прави уште поранливи. Освен тоа, самите полициски службеници понекогаш таргетираат сексуални работници и ги злоупотребуваат, знаејќи дека тие не можат да се борат против нив. Некои од жените кои минатата година пријавиле насилство од службеници на должност, во полиција ги сметале за жртви на трговија со луѓе.

Наративот за Супер Боул „го позиционира спроведувањето на законот како спасувачи “, вели Лутник. Но, „луѓето кои се доброволно вклучени во сексуалната работа, вклучително и оние кои се жртви на сексуална експлоатација, немаат доверба во спроведувањето на законот и многумина имаат значително негативни искуства со службениците“. Средствата кои ги користи полицијата честопати значат злоупотреба на маргинализираните лица. Ваквиот начин на спроведување на законот воопшто не им помага на жртвите на трговија со луѓе, но постојат начини како би можело. „Во трговија на луѓе не спаѓаат само жртвите на сексуалната трговија со луѓе, за кои се претпостаавува дека се околу 4,8 милиони лица од 24,9 милиони лица вклучени во присилна работа. Другите 20 милиони жртви се принудени да работат под експлоатативни услови во домашна работа, градежништво, земјоделство и други индустрии. Доколку Флорида сака да им помага на жртвите од трговија со луѓе треба да ги земе предвид сите“, вели Кејт Д'Адамо, застапник за сексуални работници во Reframe Health and Justice. 7


Џил Мекракен, професор кој ги истражува прашањата за сексуалните работници на Универзитетот во Јужна Флорида, Санкт Петербург, вели дека постои уште еден важен чекор кој Флорида може да го преземе за да им помогне на жртвите од трговија со луѓе, а тоа е декриминализација на сексуалната работа. Ако сте градежен работник и некој ве принудува да работите без плата, можете барем да се надевате на помош од властите. Но, ако сте сексуален работник и некој ве принудува да работите без плата, одењето во полиција може да резултира со апсење поради вршење на проституција. „Криминализацијата на сексуалната работа претставува проблем затоа што сексуалните работници немаат заштита на трудот“, вели Мекракен. „Криминализацијата значи дека луѓето дури и не можат да работат заедно без да бидат обвинети за трговија со луѓе“. Декриминализацијат,а на пример, може да помогне во заштитата на сексуалните работници од насилство и експлоатација. Кога нивните услуги се криминализирани, работниците веројатно ќе бидат експлоатирани и тргувани. Со донесувањето на Законот СЕСТА во 2017 година, се забрани рекламирањето на услугите на сексуалните работници преку Интернет, а со тоа им се отежни на сексуалните работници да ги прегледуваат своите клиенти и ги принуди повеќето да се вратат на улица, и да работат во несигурни услови. За жал, тековната морална паника, поттикната делумно од официјалните претставници на Флорида, веројатно ќе ги прикрие вистинските криминални случаи на трговијата со луѓе, ќе им наштети на сексуалните работници и ќе го отежне гледањето и спречувањето на вистинската експлоатација и кога таа вистински се јавува.

8


Сексуална работничка убиена од претходно осуден убиец на условна казна

К

анада ги испитува условите што доведоа до условно ослободување на убиец на сексуална работничка, додека се залага за декриминализацијата на сексуалната работа како единствениот начин за обезбедување сигурност на сексуалните работници. Осуден убиец, кој неодамна бил ослободен поради примерно однесување, на кој му било дозволено да ги задоволи своите „сексуални потреби“ во еден еротски салон за масажи, потворно е обвинет за убиство на сексуална работничка. Мерилин Левеск (22) била пронајдена мртва во хотел во градот Квебек, во областа СинтеФој, минатиот месец. Според некои сведоштва, еротскиот салон за масажи во кој била вработена Мерилин, неодамна имал ставено забрана за посета на Еустачио Галес (51) кој имал историја на насилно однесување кон вработените девојки, сепак Мерилин, наводно се согласила да се сретне со него во хотелска соба. Полицијата го пронашла мртвото тело на Левеск, по кратко време откако Галес самиот се пријавил во локалната полиција на 23-ти јануари. Галес е обвинет за убиство од втор степен и приведен неколку дена по неговото пријавување. Галес, претходно бил осуден на доживотна казна затвор за убиство на својата партнерка во 2004 година, но минатата година добил ограничена слобода поради неговото примерно однесување. Управниот суд на Канада го проценил ризикот на негово можно повторување на делото од високо на умерено, потоа на ниско умерено и му дозволиле дневни излегувања на Галес. Минатата недела, Министерката за правда на Квебек, Соња Лебел, изјавила дека сака да знае како на насилен сторител како Галес му е изречена условна казна. Таа исто така се прашува дали работниците во случајот на Галес имаат доволно обука за да ги проценат ризиците од јавна безбедност и го повика Федералниот министер за јавна безбедност, Бил Блер да ја испита целокупната ситуацијата. Сандра Весли, сексуална работничка и застапничка на непрофитната организација „Стела“, организација предводена од сексуални работници, вели дека Управниот одбор на Канада не го измерил соодветно ризикот на Галес за повторување на делото. Во решението за условна казна, никој не го довел во прашање правото на Галес за користење на сексуални услуги, додаде Весли. Таа исто така смета дека сексуалните работници требало да бидат предупредени за насилното однесување на Галес. Весли вели дека луѓето не можат само да ја обвинат „несоодветната“ одлука на одборот за условно ослободување на Галес, за смртта на Левеск. „Очигледно е дека криминализацијата на сексуалната работа го олеснува насилството на овој човек“, вели Весли. 9


Продавањето сексуални услуги во Канада не е кривично дело, но во 2014 година, Владата донесе нови закони со кои се забранува рекламирањето и купувањето услуги на сексуалните работници. „Правните проблеми околу сексуалната работа ги спречуваат сексуалните работници да пријавуваат насилство и злоупотреба“, вели Весли, која работи на изготвување на препораки, вклучително и отстранување на сите федерални кривични одредби поврзани со сексуалната работа во Канада. „Секој што ќе му помогне на сексуален работник, ќе се гони за сторено кривично дело, па така ако сексуален работник пријави насилство во полиција, многу веројатно е сопственикот на салоните за еротски масажи каде што работи да биде уапсен“, вели Весли. „Доколку сексуалната работа не беше криминализирана, ќе беше полесно да се испрати Галес порано во затвор. Доколку сексуалната работа и понатаму се стигматизира, смртта на Мерилин нема да е последна. Ќе има и други жртви“, вели Весли.

10


Регулациј ата на сексуалната работа ќе го подобри ј авното здравј е

И

зјава на здравствен работник во областа на сексуалното и репродуктивното здравје за тоа како промените на законоите кои ги таргетираат сексуалните работници би придонеле кон подобрување на јавното здравје. Сексот е тема која предизвикува некои луѓе да се чувствуваат непријатно и затоа повеќето не сакаат да зборуваат за интимниот и сексуален живот. Темата за „сексуална работа“ ги прави луѓето да се чувствуваат уште понепријатно. Кога разговарам за ова со луѓето или со други здравствени работници, тие често ги искажуваат своите мислења врз основа на нивните морални или општествени погледи. Но, здравствените работници треба да се оттргнат од своите осудувачки ставови кога ги третираат своите пациенти, ниту пак треба да го дискриминираат нивниот избор на професија и начинот на живеење. Декриминализацијата на сексуалната работа е единствениот модел кој е поткрепен со докази што укажуваат на подобрувања на условите за работа и живот кај сексуалните работници. Декриминализацијата го подобрува здравјето, безбедноста и благосостојбата на сексуалните работници. Затоа, и самите сексуални работници сметаат дека декриминализацијата е најдобриот модел за регулација на нивната работа, а не затоа што тоа би им овозможило остварување на поголем профит.

11


Според законите во повеќе земји како Велика Британија и Канада, здружувањето на сексуалните работници, што пак тие често го практикуваат од безбедносни причини, се смета за кривично дело. Ако двајца или повеќе сексуални работници работат заедно, нивното заедничко место за работа се смета за јавна куќа и можно е да бидат уапсени заради посредување. Сексуалните работници честопати треба да изберат помеѓу работење во безбедни услови, ризикувајќи да бидат казнети за тоа или пак да работат во небезбедни услови. При посета на здравствени установи, повеќето сексуални работници не им откриваат на своите лекари за тоа што работат, затоа што се плашат дека би можеле да бидат пријавени во полиција. Други пак, воопшто не ни бараат медицинска помош доколку се физички нападнати или злоупотребувани од страна на своите клиенти или трети лица, плашејќи се да не бидат откриени дека работат како сексуални работници. Причините за вклучувањето на лицата во сексуалната индустрија се најразлични, а истите може да бидат предизвикани од сиромаштија, тежок семеен живот, употреба на дрога, намалување на финансиите, попреченост и/или високата цена на домувањето и образованието, но исто така не треба да се занемари фактот дека некои претпочитаат сексуална работа отколку некоја друга работа. Криминализацијата не ги менува материјалните услови на сексуалните работници, додека пак декриминализацијата значи дека работните места на сексуалните работници ќе бидат регулирани со Законот за вработување, овозможувајќи им на работниците да се здружуваат и да формираат синдикати - и што е најважно да работат и живеат во посигурни услови, без страв од насилство, малтретирање и злоупотреба.

12


Во издание на:

Поддржано од:

13


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.