S-Work No.34

Page 1

S-WORK

NO. 34


Запознајте ја Клодет, интерсекс лице и сексуална работничка Ова е Клодет. Клодет е сопруг, дедо и наградуван велосипедист. Таа, исто така, е интерсекс лице и сексуална работничка. „Подобро ќе го продадам мојот задник отколку мојата душа; потешко е, но далеку почисто,“ - и рекла на фотографката Малика Годин Делрије набрзо откако се сретнале. Делрије се вљубила во приказната на Клодет, толку многу што одлучила да го документира нејзиниот живот преку фотографии. Таа ја направила фантастичната серија „Живот во рози“. Фотографиите даваат една хроника на секојдневниот живот на Клодет, од меркањето долна облека во излозите на продавниците до гушкањето на Андре, нејзината 52-годишна сопруга и мајка на нивните три деца. Родена истовремено со машки и женски гениталии, родителите на Клодет и доделиле машки пол кога била родена во Швајцарија во 1937 година, кога да се биде машко било очигледна предност. Низ нејзиниот живот, полот одиграл главна улога во идентитетот на Клодет, но не и дефинирачка улога. „Никогаш не се чувствував лошо што сум хермафродит, другите имаат проблем со тоа, не јас,“ и рекла Клодет на Делрије. „…Отсекогаш сум се чувствувала како девојка и сум живеела соодветно на тоа. Имам пол како ангелите, зошто би се срамела од тоа?“ За целосно да се поигра со можностите и последиците на родовите улоги, Клодет се свртува кон сексуалната работа. „Сексуалната работа станува извор на самодоверба, за луѓе кои ја гледаат во сексуалните работнички ултимативната женственост и кои ја присвојуваат оваа улога со среќа и чувство на олеснување.“ – објаснува Клодет. Иако нејзиниот неконвенционален родов идентитет и избор на професија се најчесто поврзувани со траума и срам, Клодет се носи со двата аспекти на својот живот со гордост и радост. Одбивајќи да биде сожалувана поради тоа што другите луѓе го сметаат за непријатно, Клодет ја покажува големата моќ која ја следи длабоката љубов за себе. Со искреност и храброст, таа креира живот за неа под нејзини услови, што и покрај повеќето неконвенционални детали на нејзиното постоење, е сочинет од универзалните компоненти: работа, семејство, спомени и љубов. „Клодет ги нервира некои луѓе бидејќи живее среќен и кохерентен живот одбивајќи го фундаменталното морално правило,“ – вели Делрије. 2


Во прилог погледнете некои детали од секојдневниот живот на Клодет. „Ова утро навршуваат 52 години откако кажавме „да“ една на друга доживотно.“ Клодет со нејзината сопруга, Андре. Поради тоа што родителите на Клодет ја запишале како машко по нејзиното раѓање, таа била во можност да се венча со љубовта на нејзиниот живот, Андре, со која има три деца и која отсекогаш ја сакала таква каква што е. „Родена сум со машки и женски гениталии, така што не било јасно дали сум момче или девојче кога сум се родила. Но моите родители ми дозволиле јас да одберам која сум и каков е мојот идентитет и покрај тоа што ме запишале како машко по раѓањето. Во 1937 година тоа било несоборлива предност.“ „Спортот секогаш бил важен дел од мојот живот. Велосипедизмот е една од моите пасии, сум го практикувала целиот мој живот и немам намера да запрам. На моја возраст сè уште победувам на натпревари и достигнувам рекорди за разлика од некои луѓе кои се дури и триесет години помлади од мене.“ „Многу сексуални работнички се заморуваат од работата после неколку години. Тие што остануваат најмногу во бизнисот се тие со различен родов идентитет, транссексуалци или хермафродити. Изгледот на маж се чувствува како потврда на сексуалниот идентитет што тие го одбрале. Од страна на другите овој изглед, што често е причина за страдање во секојдневниот живот, се гледа со желба по нивното тело, толку голема што се подготвени да платат за да го добијат.“ „Задоволството во сексуалната работа од добро завршената работа е неспоредлива. Кога клиентот е среќен, и јас сум исто така среќна. Тоа е социјална работа, како може некој да порекне дека ние ги усреќуваме луѓето, дека сме корисни? Во мојата работа јас сум сигурна дека тоа што го имам направено е правилно.“

3


4


Сексуална работничка објаснува како треба да се разговара со сексуалните работници

Минатиот викенд запознав некои нови луѓе. На еден од моите пријатели му соопштив дека работам како сексуална работничка и требаше да се запознаам со некои негови другари. Да беше животот вистински како во филмот „Убава жена“, пријателот би пробал да ме силува во истиот тој момент. Но не требаше да се грижам. Ако се создала некоја непријатност помеѓу нас, со сигурност јас сум ја донела. Неколку пати во текот на ноќта, сфатив дека „пријателот кој нема да ме силува“ навистина многу внимателно ги слуша сите мои одговори на неговите сосема обични прашања. Веројатно чекал очите да ми станат шарени, или пак мојот проблем со татко ми да излезе на виделина. Потоа сфатив: највероватно сум првата сексуална работничка која ја има запознаено приватно. Ова се случува многу често. Јас не кријам со што се занимавам и се дружам со најразлични луѓе. Би можела да бидам повнимателна, но многу пати со ентузијазам ми поставуваат дополнителни прашања кога на некој ќе му кажам дека сум готвачка. Сите сложени лаги ми оставаат грозен вкус во устата. Имам среќа да живеам во Њујорк, град кој е доволно голем за ако на некој не му 5


се допаѓа тоа што го работам, не морам да го видам повеќе во мојот живот. Она што не го очекував е тоа колку оваа работа не претставува проблем за другите. Меѓутоа не можам да кажам со сигурност, бидејќи се движам во кругови на луѓе кои се логични, или пак светот се има променето, но се повеќе реакциите за мојата работа се: „Аха, во ред“. Имам чувство дека многу компјутерски програмери во својата глава имаат некоја шифра со која би го оправдале ова однесување, и сигурно би верувале дека едноставно сама си го оптимизирам своето време. Но, за сите други, еве неколку работи на кои јас би посветила внимание доколку сум на ваше место кога би запознале некој кој работи во секс индустријата, без разлика дали е тоа во некој караоке бар, некој киоск или пак со нив ве запознае Ричард Гир. Смеете да поставувате прашања Би била глупава да не сфатам дека сексот и парите се фасцинантни теми. И вие би биле глупави кога не би сфатиле дека не сакам да служам на некоја детска забава. Ако стељубопитни, навалете! Обидете се да не навлагате во детали. Преправајте се дека се занимавам со успивање на животни - не затоа што таа професија е тажна, туку едноставно затоа што допира подлабоко до вас. Не мора да прашувате: „Дали чувствуваш кога душата на мачката го напушта нејзиното тело?“ - тоа е исто

6


кога на маса да ме прашуваш за полово преносливи инфекции. Искулирајте На светот секако постојат жени кои се жртви на трговија, кои се принудени на секс и се истрауматизирани. Доколку во друштво запознаете некоја таква личност, дајте сè од себе да и помогнете. Но, ако запознаете самодекларирана сексуална работничка (или стриптизета, или девојка пред секс камера), особено во поголемите градови, и доколу позади неа нема никој кој и држи пиштол, направете и услуга и сфатете дека таа сама си го контролира животот. Само претпоставете дека таа своите одлуки ги носи сама, потпирајќи се на своите анализи и избори, како и на последователниот финансиски исход. Направете и услуга и не претпоставувајте дека таа ја мрази својата работа, па дури и ако е слична приказната со некој друг кој исто така го познавате. Не бидете уверени дека ја знаете нејзината емотивна состојба. Ако е доволно кул и не и е грижа за стигмата поврзана со сексуалната работа, ја говори вистината. Веројатно е еднакво збунета, полна со маани и нефокусирана како и остатокот од вашите пријатели. И токму како вас ни таа не сака во секое време да зборува за работата. Доколку се жалам на својата работа, тоа е затоа што секој се жали на својата работа Понекогаш и јас имам тежок ден, поради разни причини. Понекогаш клиентите доцнат. Понекогаш има два клиенти еден по друг. Понекогаш сум со некој кој наместо емпатија за други има вишок сало, и го мразам, но тоа морам да го подголтнам. Дури понекогаш Gmail ќе ја зезне работата и јас ќе ја изгубам мојата работа, што најмногу ме нервира. Сепак иако се жалам на тие работи, и понатаму сум ОК. И понатаму сум добро. И вие сте добро. Сите се жалат на својата работа. Тоа не значи дека треба да се грижиш, или да започнеш „сериозен разговор“ за да ми бидеш добар пријател. Би било убаво доколку би испиле по една чаша вино, кога и ти би почнал да се жалиш за твојата работа. Нема да се изнервирам ако кажеш нешто лошо за сексуалната работа Ако раскажеш виц за некоја мртва курва во багажникот и умреш од смеа, тогаш си грозна личност. Но тоа би го помислисла за тебе без разлика што работам. Ако нешто случајно ти излета од уста, немој да се грижиш - веројатно нема тоа да си го сфатам лично. Тоа е исто кога би седел во кола и почнува некоја песна на Кание, а ти седиш покрај црнец и не ги пееш „оние“ стихови, но можеш да ги пееш сите останати. Тој и неговото изразување се дел од оваа култура. Ако не знаеш што да кажеш, постави некое охрабрувачко прашање и слушај Овој совет го давам од искуство. Го научив токму од мојата работа. Клиентите кои доаѓаат раскажуваат за своите лични проблеми, и затоа често се шегуваме дека ние сме терапевти. Поради тоа што моето време чини, и плус уште нешто треба да се случи, најчесто клиентите завршуваат со своите емотивни исповеди на половина. Без никаква позадина или било каков контекст, сепак морам правилно да изреагирам така што едноставно само слушам и ги поттикнувам да продолжат да зборуваат. На крајот се чувствуваат многу подобро, а тоа е всушност она што сите го посакуваат.

7


Врховниот суд во Америка дозволи геј бракови во целата земја Врховниот суд на САД неодамна го изгласа бракот од ист пол за уставно право и на тој начин овозможи геј паровите да се венчаат во сите 50 американски држави. За одлуката која практично ја укинува забраната за истополови бракови гласале вкупно 5 судии, додека пак 4 биле против. Одлуката е донсена врз основа на тужбата поднесена од страна на неколку истополови парови од Кентаки, Мичиген, Охајо и Тенеси, 4 од вкупно 14 американски држави кои до сега не дозволувале геј бракови. По донесената одлука, сите овие држави, кои воглавно се наоѓаат на јужниот и среднозападниот дел, морале да ја укинат забраната за истополови бракови, кои до сега биле дозволени во 36 држави, како и во Колумбија. Судијата Ентони Кенеди го изложи мислењето на повеќето колеги во однос на геј бракот и геј правата. „На истополовите парови им се скратени многу корисни елементи кои државата ги поврзува со бракот и тие се принудени да живеат во нестабилни услови кои повеќето хетеросексуални парови ги сметаат дури и за неподносливи“, напишал во својата образложена одлука.

8


Понижувачки е фактот да ги оставите истополовите парови надвор од нашето општество на ниво на државата, бидејќи и тие имаат право да ги уживаат сите предности на бракот. Ограничувањето на брачната заедница само на хетеросексуалните парови можеби подолго време делуваше како сосема природна и праведна работа, но денес сето тоа се одразува негативно врз суштинското значење на основното право на брак.“ Повеќето судии ги сметаат законите на поедини држави како ограничувачки во однос на слободата на истополовите парови, со што се руши принципот за еднаквост утврден од страна на Уставот. „Овие закони ја ограничуваат слободата на истополовите парови и ги кршат главните елементи на еднаквост“, напишал судијата Кенеди во својата одлука. „Законите за бракот во основа се нееднакви: на истополовите парови им е скратено сè она што им е дозволено на хетеросексуалните и на тој начин не можат да ги остварат своите основни права. Поради тоа, како и долгата историја за неодобрување на нивните односи, им нанесува штета и ги понижува гејовите и лезбејките.“ Во 14-от амандман од Уставот на Америка, усвоен 9


во текот на реконструкцијата после Граѓанската војна, се наведува дека во ниедна држава не може да се усвои или наметне закон кој ќе ја ограничува граѓанската слобода на американските државјани, или пак да се укинува еднаквата законска заштита на граѓаните. Судот одредил дека забраната за геј браковите ги крши токму овие принципи. „Овие мажи и жени ја почитуваат идејата за брак, во таа мера што сакаат и самите да ја исполнат. Тие се надеваат дека нема да бидат осудени на осамен живот, исклучени од една од најстарите цивилизации. Тие бараат еднакво достоинство во очите на законот. Уставот им го дава тоа право,“ пишува во одлуката. Претседателот Барак Обама неколку минути по објавувањето на одлуката, на својот Твитер профил напишал дека ваквиот потег е „голем чекор“ кон еднаквоста. * Во Р. Македонија склопувањето на брак според закон е исклучиво меѓу само една жена и само еден маж. На 26-тата редовна седница на Советот за човекови права на Обединетите Нации каде се дискутираше за усвојување на универзалниот периодичен извештај за Република Македонија, македонската влада децидно ги одби препораките 101.42 и 101.43 кои се однесуваат на воведување експлицитна законска заштита на ЛГБТ луѓето од дискриминација. Во Македонија за истополови заедници се залагаат некои невладини организации и припадниците на ЛГБТ заедницата. И заедницата на сексуални работници е преточена во дел од ЛГБТ популацијата, кои и покрај дискриминацијата за остварување на нивните човекови права, благосостојба и правото на работа, исто така се дискриминирани во однос неможноста за склопување на истополови бракови во Р. Македонија.

10


Кондоми кои можат да убијат ХИВ, ХПВ и херпес се најновите продукти на светскиот пазар Овие кондоми претставуваат нов чекор напред во начинот на кој се бориме против сексуално преносливите болести и истите може да ја променат нивната досегашна употреба. Во текот на следните неколку месеци, подетално ќе се испитува за производство на кондоми кои ќе можат да убијат ХИВ, ХПВ и да бидат лесно достапни на пазарот. Една Австралиска биотехнолошка компанија има развиено гел наречен VivaGel кој всушност се бори против сексуално преносливи болести. Овој производ се покажа како ефикасен во убивањето на дури 99,9% од вирусите кои се пренесуваат по сексуален пат.

До сега, овие кондоми имаат добиено одобрение за нивно лансирање во Австралија и одобрување за маркетинг во Јапонија, што значи набрзо ќе се најдат на полиците на маркетите и ќе бидат достапни за само неколку месеци. Австралиската фирма Starpharma го создала гелот во соработка со Ansell - голем производител на кондоми во истата земја.

Според Светскиот центар за контрола на болестите и превенција (CDC), 1.3 милиони луѓе живеат со ХИВ вирусот во САД, и една петтина од тие луѓе не се свесни дека го носат овој вирус во себе. И додека стапката на оваа вирусна инфекција останува стабилна во САД, други вируси се уште претставуваат главни закани по здравјето на луѓето. ХПВ останува најчестата СПБ во САД и најмалку еден на секои шест луѓе во САД се инфицирани со херпес, па затоа производството на овој кондом има голем потенцијал за подобрување на безброј животи во САД и во светот

11


Во издание на

Поддржано од

12


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.