ТТФ ИНФО бр. 5

Page 1

Информатор на Технолошко технички факултет Велес и Студентски Парламент, број 5, февруари 2016 година


Уредници: 1. Вонр. проф. д-р Валентина Павлова - декан 2. Вонр. проф. д-р Анка Т. Петкоска – продекан за наука 3. Александар Савески – претседател на Студентски Парламент

ТТФ ИНФО : информативно издание кое претставува сублимат на сите настани, активности, новости на Технолошко технички факултет Велес и Студентскиот Парламент. ТТФ ИНФО се подготвува два пати во текот на една академска година односно по завршувањето на секој семестар. Техничка подготовка: Студентски Парламент ТТФ Велес

2


Прв академски час за втор циклус на студии

На 12 – ти декември 2015 година (сабота) беше одржан првиот академски час за студентите на втор циклус на студии при Технолошко технички факултет Велес. Во академската 2015/2016 година на вториот циклус на студии при Технолошко технички факултет Велес се запишаа 30-тина студенти на трите студиски програми:

-

Управување со квалитет и безбедност на храна

-

Нутриционизам (едногодишни и двогодишни)

На првиот академски час свое обраќање имаше Проректорот за студентски работи при Универзитет Св. Климент Охридски – Битола проф. д-р Виолета Маневска, Деканот на факултетот вонр. проф. д-р Валентина Павлова и наставниот кадар кој ќе биде вклучен во реализација на предвидените предавања и вежби согласно студиските програми. На првиот свечен час, на студентите на втор циклус студии им беа доделени индексите.

3


Д-р Марија Менкиноска

Д-р Марија Менкиноска е родена

на 29 Мај 1977

година, во град Гоце Делчев Република Бугарија. Примарното образование го стекнува во свето родно место каде потоа го завршува и средното образование. Во 1997 година, како стипендист на Македонската Влада од македонските малцинства кои живеат во соседните држави, таа

се запишува на

Универзитет “Св. Кирил и

Методиј” во Скопје на Технолошко - металуршки факултет.

Д-р Марија Менкиноска Своето образование понатака го продолжува со запишување на специјалистички студии по биохемија на Природно математички факултет во 2008 година. Специјалистичкиот труд под наслов ,,Антиоксидативни ензими кај пациенти зависни од алкохол и дрога,, успешно го одбранила во 2010, со што се стекнала со звање специјалист на биолошки науки. Во 2010 продолжува со постдипломските студии на истиот факултет, на Институт за биологија. Магистерската работа под наслов ,,Eфектите од третманот со фортифициран леб врз еритропоезата кај WISTAR стаорци,,

ја одбранила во 2011. Веднаш по

завршувањето на постдипломските студии и здобивањето со звање магистер на биолошки науки во 2011 започнува со изработка на докторската дисертација на Институт за биологија Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје. Во јули 2015 година се стекнува со научен степен доктор по биолошки науки со докторската дисертација под наслов: “Влијанието на храна добиена со почвено-фолиjарна 4


биофортификација со цинк и железо врз хематопоезата кај бел лабораториски стаорец,, одбранета на Природно математички факултет. Д-р Марија Менкиноска, се стекнала со работно искуство во повеќе македонски и странски фирми, а во моментот e вработена на Технолошко технички факултет во Велес при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Во годините наназад таа е активна и во полето на работа на научно-истражувачки и апликативни проекти со меѓународен предзнак. Имено, во периодот од 2010-2011 година таа учествувала во проектот ,,Биоакумулација на пeрфлуорирани супстанции- последната хемиска афера на минатиот век,, а во периодот од 2010-2013 година, учествува и во реализација на проектот Joint TEMPUS_158 714 „Improving academia – industry links in food safety and quality (FOODLINKS)“. Главна научна проблематика на која д-р Менкиноска работи е проучување на влијанието на фортифицирана и био-фортифицираната храна врз хемотопоезата на лабораториски стаорци. Исто така својот интерес во научно-истражувачката работа особено го насочува кон истражувања кои покрај фундаменталното значење ќе најдат и практична примена во однос на производството на функционална храна со висока содржина на витамини и минерали се со цел намалување на нутритивните недостатоци кај луѓето. Д-р Менкиноска е автор и коавтор на голем број на научни трудови објавени во странски научни списанија.

5


Научно – истражувачка работа на наставен кадар Од

научно истражувачката работа на вонр. проф. д-р Анка Трајковска Петкоска

издвојуваме:

Grant Agreement number: 280676 Project acronym: DIBBIOPACK Project title: Development of Injection and blow extrusion molded BIOdegradable and multifunctional PACKages by nanotechnology: improvement of structural and barrier properties, smart features and sustainability Funding Scheme: Large Scale integrating Collaborative Project, FP7-NMP.2011.LARGE.5 Period covered: from March 2012 to February 2015

Во септември 2015 год. во Атина, Грција, се одржа конзорциум состанок на учесниците на проектот од ЕУ ФП7 рамковната програма: Dibbiopack - Development of injection and blow extrusion molded biodegradable and multifunctional packages by nanotechnology: improvement of structural and barrier properties, smart features and sustainability. Д-р Трајковска Петкоска, вонр. проф. од ТТФ-Велес, во рамките на овој проект во соработка со останатите партнери беше дел од настанот и имаше свој допринос во дискусиите за подобрување на бариерните својства на бидеградабилниот полимерен материјал наменет за пакување на храна, козметика и фарамцевтски производи.

6


Научно – истражувачка работа на наставен кадар

Вонр. проф. д-р Валентина Павлова Пост-докторат во Грција

Во рамките на Basileus V проектот Erasmus Mundus Action 2 Lot 7-Western Balkans region, во периодот декември 2014 - мај 2015

Д-р. Валентина Павлова, вонр. проф. на

Факултетот реализираше престој на Alexander Technological Educational Institution of Thessaloniki (АТЕI),

Солун, Р. Грција. Постдокторското истражување од областа на

Прехранбена технологија и Нутриционизам е реализирано на Department of Food Technology под наслов: „Study of rheological properties of frozen and fresh dough systems using squeeze flow technique under lubricated conditions“ под менторство на проф. Д-р. Maria Papageorgiou and проф. Д-р. Stylianos Raphaelidies (Директор на одделот).

Посета на вработените на ТТФ-Велес на АТЕI-Солун (16.03.2015) Овој Оддел може да се пофали со одлична екипираност, еминентни професори, докторанти, магистранти и студенти од странство како дел од програмите за размена. Лабораториите се солидно опремени со инструменти, лабораториски прибор, хемикалии претежно набавени преку ЕУ фондовите од учество во многубројни проекти. Одделот за прехранбена технологија е меѓу водечките во Р. Грција за анализа на прехранбени производи, а во солиден развој е и Одделот за нутриционизам. Настава се изведува за 7


студенти од прв и втор циклус, а истражувања за изработка на дипломски, магистерски работи и докторски дисертации за студенти кои доаѓаат и од институции од Грција и странство со кои АТЕI има остварено соработка. Во делот на научно-истражувачката работа на постдокторатот проучувани се реолошките својства на прехранбени производи со посебен осврт на теста од грчки и македонски производители. Реолошките својства на прехранбените производи се важни за добивање на производи со висок квалитет и се клуч за успешно дизајнирање на процеси и операции. Употребата на замрзнати теста има предности како заштеда на време, место и трошоци за опрема. Анализите се извршени на Texture Analyzer TA.XT.plus (Stable Micro Systems Ltd., Godalming, UK).

Добиените резултати покажуваат значителни разлики во вискозните својства меѓу свежи и смрзнати теста. Отворена е и дискусија за предноста на грахам брашно во споредба со тип 400, 500 со оглед на подобрите нутритивни својства. Од истражувањето објавени се следниве публикации: 1.

V. Pavlova, M. Menkinoska, T. Blazevska, M. Papageorgiou, S. Raphaelidies,

Determination of rheological properties of frozen dough using squeeze flow technique under lubricated conditions, Ohrid 27-29 May 2015, 73-74. 2.

V. Pavlova, M. Papageorgiou, S. Raphaelidies, Texture analyzer used for investigation

flow properties of fresh and frozen dough, Workshop on food science, technology and nutrition, “Innovative technologies for advanced food processing and nutrition towards better health” Ohrid 29 & 30 May 2015, 44.

8


3.

V. Pavlova, M. Papageorgiou, S. Raphaelidies, Texture analyzer used for investigation

flow properties of fresh and frozen dough, Journal of Food Processing and Technology, Vol 6, Issue 8, Proceedings of 4th International Conference and Exhibition on Food Processing & Technology, London, UK, 10-12 August, 2015, 222. 4.

V. Pavlova, M. Menkinoska, Lj. Caneva, T Blazevska, M. Papageorgiou and S.

Raphaelidies, Rheological properties of graham bread dough from zinc biofortificated wheat, The 2nd International Conference on Rheology and Modeling of Materials, Miskolc-Lillafüred, Hungary, 5-9 October, 2015, 68. Не изостануваат и заедничките обележувања на Божиќните и Велигденските празници со останатите студенти и професори од (Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Србија, Италија..) на размена во Грција како и со координаторот на проектот проф. др. Тања Капики. (АТЕI, 17.12.2014).

9


Како јаготка на шлагот пред самиот крај на престојот организирана е еднодневна екскурзија до Sani Resort во посета на луксузни хотели со 5 ѕвезди и Афитос. (Халкидики, 21.05.2015).

Искуството е непроценливо богатство, обидете се и Вие да престојувате надвор од Македонија за стекнување нови знаење, искуства, пријателства!

10


Учество на конгрес во Бугарија Во организација на Факултетот за прехранбени технологии во октомври 2015 година во Пловдив Р. Бугарија се одржа Меѓународниот конгрес каде што учествуваа и наставниот кадар и студентите од Технолошко технички факултет Велес. Преглед на трудови и автори: 

SENSORY ANALYSIS OF RASPBERRY JAM WITH DIFFERENT SWEETENERS

Aleksandar Saveski, Viktorija Stamatovska, Valentina Pavlova, Tatjana Kalevska, Rozita Spirovska Vaskoska, Faculty of Technology and Technical Science – Veles, University “St. Kliment Ohridski”- Bitola, R.Macedonia 

INCIDENCE OF ANTHOCYANINS IN DIFFERENT TYPES OF FRUIT

Gjore Nakov - Department of Biotechnology and Food Technologies, University of Ruse “Angel Kanchev”, Branch Razgrad, Bulgaria; Viktorija Stamatovska, Ljupka Necinova - Faculty of Technology and Technical Science - Veles, University “Ss. Kliment Ohridski”- Bitola, Macedonia

11


Интервју со.... Билјана Марковска – трето место на натпреварот за најдобар истражувачки труд организиран од Универзитет Св. Климент Охридски Битола Тема на истражувачкиот труд: Влијанието на телесната тежина врз причините за стерилитет кај пациентки во Болница „Плодност“-Битола 1. Што беше причината за учество на натпреварот за најдобар истражувачки труд организиран од Универзитетот Св.Климент Охридски – Битола? Во текот на нашето образование се стекнуваме со знаење во повеќе области и добро е кога тоа знаење и вештини можеме и практично да ги примениме. Универзитетот Св.Климент Охридски – Битола со Натпреварот за најдобар истражувачки труд и есеј ни ја дава таа можност и тоа е еден вид на мотивација за секој студент и млад човек кој сака во иднина да се занимава со научно-истражувачка дејност. Бидејќи се работи самостојно, се оценува и нашата креативност и способност да изработиме нешто уникатно и атрактивно. Исто така, самата техничка изработка на истражувачкиот труд е како еден вид на подготовка за нас за тоа како треба да изгледа и еден научен труд понатаму. Јас, во мојот научно-истражувачки труд се обидов да направам една симбиоза од стекнатото знаење за време на студирањето и дел од работата која ја работам во болницата Плодност. 2. На која тема беше Вашето истражување и на кој начин ја реализиравте истражувачката работа? Темата на истражувачкиот труд беше Влијанието на телесната тежина врз причините за стерилитет кај пациентки во Болница „Плодност“-Битола. Тоа беше ретроспективна студија, спроведена кај жени подложени на ИВФ во Битола, во болница „Плодност“, од 1 јануари – 30 јуни 2014 год. За добиениот исход, деталите беа перспективно документирани, а по соодветен извесен период, беа ретроспективно анализирани.

12


За одредување на дебелината, употребени беа формулата за проценка на идеална телесна маса на De Mole и формулата за релативна телесна тежина, кои се употребуваат кај лица на возраст од 20 до 50 години. Според степенот на исхранетост, пациентките беа поделени во 6 групи. Исто така, поделени беа и според типот на стерилитет, кој беше претходно одреден со дијагностички испитувања. 3. Како би ги искоментирале резултатите од Вашето истражување? Според резултатите добиени во овој истражувачки труд, доаѓаме до заклучок дека телесната тежина нема клучна улога врз забременувањето, но сепак нејзината улога е значајна во тој процес. Значително е влијанието врз квалитетот на јајните клетки, како и врз приемчивоста на матката, односно врз создавањето на поволни услови за вгнездување и развој на оплодените јајце клетки. Наградата зборува дека сме на добар пат и дека и понатаму треба да продолжиме да се едуцираме и усовршуваме, со што би дале личен придонес за ова општество. Самиот чин на свечено доделување на наградата, исто така е поттик за да се стремиме кон успеси, зашто само успешни млади луѓе може да ја имаат честа да бидат присутни на исто место со најважните луѓе во образовниот процес.

4.

Порака до нашите сегашни и идни студенти !

Секој млад човек најпрво треба да биде сигурен во тоа дека образовната програма која ја избрал е вистинскиот и правилен избор за него. Така, секој би сакал да се посвети на тоа и со желба и ентузијазам би го поминал успешно периодот на едукација, а понатаму и би се усовршувал и надоградувал, со што и општеството би добивало професионалци од секоја област.

13


Интервју со.... Давор Данилоски – трето место на натпреварот за најдобар есеј организиран од Универзитет Св. Климент Охридски Битола Тема на истражувачкиот труд: „Како да се намали одливот на мозоци од Република Македонија“

1. Што беше причината за учество на натпреварот за најдобар есеј организиран од Универзитетот Св.Климент Охридски – Битола? Постојат неколку причини да бидам мотивиран да учествувам на натпреварот за најдобар есеј организиран од Универзитетот Св. Климент Охридски. Една од главните, онаа водечата, беше тоа дека би сакал да го заокружам моето четиригодишно додипломско образование со една диплома од универзитетот под чија капа е факултет на кој што дипломирав и моментално сум на мастер студии во класата на Управување со Квалитет и Безбедност на храна. Задоволен и среќен сум на резултатот и наградата која што ја добив. 1. На која тема беше Вашиот есеј и од каде инспирацијата да обработите една ваква тема? Мојот есеј беше на тема „Како да се намали одливот на мозоци од Република Македонија“. А, да инспирацијата... за да пронајдеме механизми за справување со одливот на мозоци, најпрво треба да проникнеме во мотивацијата која го движи овој процес. Притоа конструктивно е да погледнеме на сите оние екстерни варијабли на кои можеме да влијаеме, а притоа да можеме да ги измериме ефектите од нивното модификување. Во случајов, би ги занемариле интерните варијабли како традициите во семејството, кои исто така може да го стимулираат процесот на емиграција и ќе се фокусираме исклучиво на оние мотиви кои извираат од надвор, од крвта на организмот наречен општество.

14


2. Што претставува наградата за Вас? Есејот беше основан на поддржани факти, калкулации и бројки кои се потврдени и докажани. Резултатите говорат за младината во нашата земја, за студентите, за упорноста на младите дипломирани студенти во студиите и патот кон пронаоѓање на работа, за тоа како сите Македонци заедно да дадеме придонес во спречувањето на нас студентите кои до вчера игравме игри од типот „пат околу светот“ и „брза географија“, денес да креираме чипови и да создаваме вируси во САД, туку тоа да го правиме тука допринесувајќи за растењето на домашниот бруто домашен производ како и брендирање на нашата интелектуална моќ. Да ги спречиме странците, гладни за знаење, да ги цедат нашите генијални „мозоци“. 3. Порака до нашите сегашни и идни студенти ! Бидете упорни, сакајте, мечтаете. Имајте верба во она што го правите и правете да успеете во Вашите промени. Тие промени се само можни со проширување на вијугите, а не со намалување на бројот на клетки во мозочното ткиво. Трудете се да го оставрите онај посакуваниот “brain gain“, наместо досегашниот “brain drain“. Вие сте лидери на сопствениот живот и самите Вие ја креирате Вашата патека.

15


Најдобар студент на генерација

Дипл. Инженер технолог од насоката Нутриционизам Александра Николовска беше прогласена за најдобро дипломиран студент од Технолошко технички факултет Велес на свечената седница која што се одржа како дел од активностите за одбележување на Патрониот празник на Универзитет Св. Климент Охридски-Битола. Просекот кој што го постигна Александра Николовска во текот на своите студии е највисок просек на факултетот, но и на Универзитетот. Тоа беше причина за дополнителни награди за Александра Николовска. Inner Wheel Club Bitola, која е дел од најголемата светска клубска организација - Rotary International, во рамките на своите предвидени донаторски активности за 2015 година, побара да ја награди најдобро дипломираната студентка на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола од академската 2014/2015 година со највисок просек на дипломирање и со место на раѓање во Битола. Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола ја поздрави и се вклучи во резлизацијата на оваа активноста, при што како најдобро дипломирана студентка беше предложена Александра Николовска од Технолошкотехнички факултет - Велес, дисперзирани студии во Битола, на насока Нутриционизам, со просечна оценка 9,74. Наградата се состоеше во рачен часовник со изгравирана посвета на задната страна на која стои логото на Клубот, а ја додели Претседателот на Inner Wheel Club Bitola, г-ѓа Ирена Петличковска.

16


17


Трибини со Агенција за храна и ветеринарство во Кичево и Велес

Во октомври 2015 година во просториите на Технолошко технички факултет Велес и дисперзираните студии во Кичево се одржаа трибини во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, на тема: Означување на храна, Законски прописи за операторите со храна и

угостителите.

Покрај

студентите,

на

трибините

присуствуваа

претставници

од:операторите со храна и угостителите од Велес и Кичево со кои факултет има склучено договори за соработка за реализација на практична настава на студентите. Гостин на трибината: г-ѓа Светлана Колариќ, државен советник во Агенцијата за храна и ветеринарство

18


Соработка со Совет на млади на општина Велес На 30.09.2015 година во просториите на Технолошко технички факултет Велес се одржа работен состанок на кој присуствуваа: Деканот на ТТФ Велес вонр. проф. д- р Валентина Павлова, претседателот на Студентскиот Парламент при ТТФ Велес Александар Савески и претставниците од Советот на млади на општина Велес: претседателот на Советот Филип Спиркоски и потпретседателот Кире Јосифовски.

На работниот состанок пред Деканот на факултетот беше презентиран Советот, беше споделено искуство на факултетот и Студентскиот Парламент од реализацијата на големиот број едукативни, спортски и културни активности, остварени соработки со домашни и меѓународни организации. Претставниците на факултетот беа запознати со целите на Советот на млади при општина Велес и беа утврдени заеднички цели врз кои ќе се темели идната соработка помеѓу Советот на млади и Студентскиот Парламент при ТТФ Велес. Советот на млади на општина Велес како советодавно тело е конституиран на 14.07.2015 година и брои 9 членови. Студентскиот Парламент при формирањето на Советот предложи свој претставник – студентот Кире Јосифовски кој што беше избран за член на советот, а во наредниот четири годишен период ќе ја извршува функцијата потпретседател на Советот на млади на општина Велес.

19


Трет студентски турнир во пинг понг, 2015 Во организација на Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес и Студентскиот Парламент при Универзитет Св. Климент Охридски од Битола во соработка со Советите на млади при општина Велес и општина Битола на 24.11.2015 година беше реализиран третиот студентски турнир во пинг понг во Велес. На студентскиот турнир учествуваа околу 50 студенти од факултетите при Универзитет Св. Климент Охридски од Битола.

Целта на овие настани е промоција на спортот,

здравите животни навики, а покрај тоа овие настани се одлична можност за дружење помеѓу студентите и стекнување нови пријателства. Пехари и дипломи беа доделени на најдобрите тројца студенти: Прво место: Андреј Габроски – Студентски Парламент при Економски факултет Прилеп Второ место: Боше Николовски – Студентски Парламент при Технички факултет Битола Трето место: Антонио Арсовски – Студентски Парламент при ФИКТ Битола На сите учесници на турнирот им беа доделени благодарници.

20


ГАЛЕРИЈА

21


Учество на Х Меѓународен конгрес во Нови Сад Студентски Парламент при Технолошко технички факултет Велес учествуваше на 10-тиот Меѓународен конгрес за студенти по технологија 0106.11.2015 година во Нови Сад По покана на Студентската Унија при Технолошки факултет Нови Сад, Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес со свои претставници зеде учество на 10-тиот Меѓународен конгрес за студенти по технологија кој што се одржа од 01-06.11.2015 година во Нови Сад. На овој конгрес учествуваа повеќе студенти од Технолошко технички факултет Велес кои ги презентираа своите научни трудови: Билјана Талеска го презентираше својот труд на тема „Следење на квалитетот на воздухот во општина Велес“, студентите Марина Релушкоска, Александар Савески и Виктор Петковски го презентираа трудот со тема „Значење и свеста кај младите за квалитетна и безбедна храна“, а студентот Давор Данилоски го презентираше трудот на тема „ Определување на физички и хемиски параметри во млеко од македонскиот пазар“. Во рамки на конгресот беа организирани предавања на теми поврзани со бенефитите на храната за човековото здравје, производство на храна, генетски модифицирана храна. За учесниците на конгресот беа организирани: работилница за клучни вештини за младиот човек, посета на месна индустрија Carnex и работилница за дегустација на вино. Покрај овие активности студентите имаа можност за дружење, забава, посета на Петроварадинската тврдина и подземниот музеј. Учеството на овој конгрес за студентите има големо значење затоа што овозможи дополнителна едукација, стекнување на нови вештини но и остварување нови контакти кои се можности за нови соработки. Овој конгрес се реализираше под мотото „Јас сум технолог на иднината“, а учество зедоа околу 50 учесници од Факултетите за технолошко технички науки од: Велес, Скопје, Марибор, Загреб, Лесковац, Тузла, Косовска Митровица, Сараево, Ниш и домаќинот Нови Сад. Благодарност од студентите при Технолошко технички факултет Велес до Ректорската управа при Универзитет Св. Климент Охридски Битола за финансиската поддршка која што беше клучна за реализација на нашето учество на конгресот за студенти по технологија.

22


ГАЛЕРИЈА

23


Одбележан денот на македонските студенти На 11-ти декември во просториите на Технолошко технички факултет Велес беше одбележан денот на македонските студенти – 12 декември. Во рамки на одбележувањето на овој ден беше реализирана трибина: „Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки“ по иницијатива од Совет на млади на општина Велес во соработка со Совет на млади. Студентите имаа можност да ги дадат своите идеи од кои ќе произлезат следни активности на Студентскиот Парламент и Совет на млади. Гости на трибината: -

Дипл. Инж. Технолог Ѓоре Наков

-

Проф. д-р Бошко Караџов

-

Кирил Јорданов од Совет на млади на општина Штип

Свое обраќање на настанот имаа: Александар Савески – претседател на Студентски Парламент при ТТФ Велес и Филип Спиркоски – претседател на Совет на млади на општина Велес. ГАЛЕРИЈА

24


.

25


Соработка со Студентски Парламент при ФЗНХ - Скопје Почеток на нова соработка помеѓу Студентски Парламент при ТТФ Велес и Студентски Парламент при ФЗНХ – Скопје: на 15-ти декември 2015 година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа VII Смотра на млади истражувачи во организација на Студентски Парламент при ФЗНХ-Скопје. Од Технолошко технички факултет Велес учествуваа студентите: Елеонора Ристеска и Ана Роштанковска кои работеа под менторство на доц. д-р Татјана Калевска. На учесниците им беа доделени сертификати за учество.

◄ Елеонора Ристеска тема: Технологија на производство и својства на биеното сирење произведено во традиционални и индустриски услови.

◄ Ана Роштанковска тема: Компаративни показатели на квалитетот на кравјо сирење произведено во индустриски и домашни услови. 26


Мојата успешна приказна

Студентскиот Парламент при ТТФ Велес во соработка со КРЕДО Центарот при Универзитет Св. Климент Охридски од Битола реализираа настан „Мојата успешна приказна“ за студентите на дисперзираните студии по нутриционизам во Битола. Целта на овој настан е развој на креативноста, иновативноста и поттикнување на претприемачкиот дух кај младите инженери. Наши гости беа претставниците од Здружението „Се за храна“ од Битола кои ја презентираа својата успешна приказна на студентите по нутриционизам. Во изминатиот период се реализирани повеќе настани под мотото „Мојата успешна приказна„. За студентите во Велес во соработка со компанијата за здрава храна – „Виталиа“, а за студентите на дисперзираните студии во Кичево во соработка со пекара „Диме“.

27


Фудбалски натпревар Студентскиот Парламент при ТТФ Велес остварува одлична соработка со другите студентски организации во Р. Македонија, но и со студентски организации надвор од нашата држава. Можеме да истакнеме дека во изминатиот период е остварена одлична соработка со Студентски Парламент при Технички факултет – Битола. Потврда за тоа се заеднички реализираните спортски активности односно фудбалските натпревари. Во ноември 2015 година беше одигран фудбалски натпревар помеѓу екипите на СПТТФВСПТФБ. Победата им припадна на домаќините односно екипата на ТТФ Велес што е уште една потврда за освоените први места на Универзитетските лиги во футсал во 2014 и 2015 година.

28


Дипломирани студенти - Велес

Име

Презиме

Билјана

Ристеска

Сандра

Ивановска

Мерима

Каришиќ

Анѓелче

Пановски

Моника

Тодорова

Андреј

Симовски

Маргарита

Тумбова

Тони

Каранфилов

Ѓоре

Бочваров

Тема на дипломска работа

Одбранета на Биохем.основа на 07.07.2015 спорт.активност-исхрана на спортисти во спринтерски дисциплини и бодибилдери (Биохемија) Разладни постројки за 21.12.2015 прехрамбени производи (Основи на инженерска техника) Испитување на ризик за појава 22.12.2015 на дијабет тип 2 и предлог нутритивни мерки кај адултни лица (Основи на диетотерапија) Исхрана на деца од 2 до 14 09.12.2015 годишна возраст во општина Велес (Исхрана на жени,спортисти и стари лица) Анкетно истражување за начин 21.12.2015 на исхрана на лица над 60 год.воздраст од општина Велес(Исхрана на жени,спортисти и стари лица) Дистрибуција на индекс на 13.10.2015 телесна маса (BMI) и ризик фактори за развој на кардиовас.болести со начин на живеење кај население на град Скопје(Вовед во проф.Нутриционизам) Начин на исхрана кај пациенти 27.10.2015 заболени од воспаление на жолчка и жолчни патишта (Биохемија) Топлинска пресметка и биланс 25.11.2015 на тунелска сушара за сливи (Основи на инженерска техника) Методи на заварување со 07.07.2015 посебен осврт на WPS заварување (Основи на инженерска техника)

Насока Нутриционизам

Прехранбена технологија и биотехнологија Нутриционизам

Нутриционизам

Нутриционизам

Нутрицинизам

Нутирционизам

Прехранбена техноголија и биоетехнологија Прехранбена технологија и биотехнологија

29


Дипломирани студенти - Кичево Насока: прехранбена технологија и биотехнологија Име и презиме Назифа Туфекџиоска Соња Кочоска

Ментор

Тема

Датум на одбрана доц.д-р Весна Антоска Сушење на зеленчук во 23.12.2015 Knigth тунелска сушара Вон.проф Валентина Следење на квалитетот 23.12.2015 Павлова на воздух во Осломеј Кичево

Дипломирани студенти - Битола Насока: Нутриционизам Име и презиме Билјана Марковска Александра Крстевска Јасмина Сарафимоска Катерина Таневска Ирена Тодороска Ана Пројчевска Николче Лековски Давор Данилоски Живко Савески Глорија Тасеска

Датум на одбрана 11.12.2015 18.12.2015 07.10.2015 07.10.2015 13.11.2015 28.12.2015 18.12.2015 13.10.2015 11.12.2015 18.12.2015

30


31


Следниот број ќе биде објавен во јуни 2016. Ваши предлози очекуваме на : spttfv@gmail.com

32


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.