ТТФ ИНФО бр. 3

Page 1

1

Информатор на Технолошко технички факултет Велес, број 3, февруари 2015 година

ТТФ ИНФО бр. 3


Уредници: 1. Вонр. проф. д-р Валентина Павлова - декан 2. Вонр. проф. д-р Анка Т. Петкоска – продекан за наука 3. Александар Савески – претседател на Студентски Парламент

ТТФ ИНФО : информативно издание кое претставува сублимат на сите настани, активности, новости на Технолошко технички факултет Велес и Студентскиот Парламент. ТТФ ИНФО се подготвува два пати во текот на една академска година односно по завршувањето на секој семестар.

2

техничка подготовка: Студентски Парламент ТТФ Велес

ТТФ ИНФО бр. 3


Прв академски час за студентите на II циклус студии

Во декември 2014 година во просториите на факултетот беше означен почетокот на академската година за третата генерација на студенти на II циклус студии при Технолошко технички факултет Велес. Пред студентите свое претставување имаа професорите кои се ангажирани во наставата на вториот циклус на студии, а исто така беа презентирани студиските програми и предметите кои студентите ќе имаат можност да ги слушаат и полагаат и со тоа да се стекнат со повеќе знаење од областите: квалитет и безбедност на храна и нутриционизам.

3

Во изминатиот период откако се активни студиските програми при вториот циклус на студенти се запишани околу 60 студенти.

ТТФ ИНФО бр. 3


Промовирани доктори на науки во 2014

Д-р Даниела Николовска Неделкоска е родена на 09.12.1971 година во Тетово. Дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1996 година при што се здобила со звањето дипломиран инженер технолог во областа прехранбено-биотехнолошко инженерство.

Доц. д-р Даниела Н.Неделкоска Во следните неколку години по дипломирањето се стекнала со практично инженерско искуство работејќи во секторите Контрола на квалитет и развој во неколку реномирани производни капацитети во земјава од областа на прехранбената индустрија. Од почетокот на 2004 година целосно се посветила на последипломските студии на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје. Воедно, била ангажирана во практичната настава на насоките Прехранбена технологија и Биотехнологија на ТМФ-Скопје и ги водела практикумите по предметите: Биолошки основи на суровините, Здрава храна и исхрана, Основни процеси на биотехнологија и Изолација и пречистување на биопродукти. Магистерскиот труд под наслов Модификација на -гликозидазите за синтеза на алкилгликозиди во монофазен органски систем го одбранила во 2008 година и се стекнала со звање магистар во областа биотехнолошко инженерство. Во октомври 2008 година се вработила како асистент на Технолошко-техничкиот факултет во Велес при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и била ангажирана во реализација на наставата на насоките Прехранбена технологија и биотехнологија, Процесно инженерство во прехранбената индустрија и Нутриционизам. Докторската дисертација на тема: „Антиоксидативен потенцијал на селектирани видови габи од подрачјето на Република Македонија и можност за нивна терапевска примена“, пријавена на Институтот по биологија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје ја одбранила во јули 2014 година и се стекнала со звање доктор по биолошки науки.

4

Покрај ангажманот во наставно-образовниот процес, д-р Даниела Николовска Неделкоска во континуитет е посветена и на научно-истражувачката дејност. Во рамките на научно-истражувачкиот проект „Ензимска синтеза на алкилгликозиди“ (2006-2009 година), ja проучувала ензимската синтеза на биоемулгатори и објавила повеќе научни трудови и конгресни соопштенија од областа.

ТТФ ИНФО бр. 3


Во периодот од 2009 година до денес, следејќи ги трендовите во науката за храна својот интерес во научно-истражувачката работа особено го насочува кон истражување на биоактивните својства на храната, односно нејзиниот антиоксидативен потенцијал и можностите за терапевтска примена. Резултатите од научно-истражувачката дејност, кандидатката ги има претставено пред научната и стручната јавност во облик на научни трудови објавени во научни списанија индексирани во респектабилни меѓународни бази, како и во форма на соопштенија презентирани на меѓународни научни манифестации.

Д-р Николовска Неделкоска има остварено учество во повеќе стручно-апликативни проекти. Имено, во периодот од 2007-2011 година таа учествувала во проектот за воведување на почисти технологии во Република Македонија, во рамките на UNIDO (United Nations Industrial Development Organization) програмата, како национален експерт за Почисто Производство. Во периодот од 2010-2013 година, дала значаен придонес во реализација на проектот Joint TEMPUS_158 714 „Improving academia – industry links in food safety and quality (FOODLINKS)“ преку подготовка на материјали и обезбедување на стручна помош при имплементацијата на системите за безбедност и квалитет на храна во неколку производни прехранбени капацитети на подрачјето на Република Македонија. Член е и на фокусната група од наставници, формирана во рамките на ERASMUS проектот “Improving Teaching Effectiveness in Chemical Engineering Education” (2013-2016), проект посветен на подобрување на курикулумите и начините на стекнување знаења при едуцирање на инженерски кадар. Перманентната определба на д-р Николовска Неделкоска за професионално и научно усовршување резултира во нејзино учество на низа стручни обуки. Последното учество, во јануари 2014 година, е во рамките на Biomedicine and Molecular Biosciences COST Action TD1104, кога учествува на Школата за примена на пулсирачко електрично поле во процесирањето на храната, во Сарагоза, Шпанија.

5

Д-р Даниела Николовска Неделкоска во септември 2014 е избрана во наставно-научно звање Доцент на Технолошко-технички факултет - Велес и е ангажирана во рамките на додипломските студиски програми на предметите: Принципи на прехранбено инженерство и биотехнологија, Процеси на подготовка на храна, Конзервирање на прехранбени производи, Суровини во прехранбената индустрија, Технологија на алкохолни ферментациони производи и Храна и култура, а учествува и во реализација на соодветни теми во наставата од II-от циклус студии на матичниот факултет

ТТФ ИНФО бр. 3


Активности на наставен кадар и студенти – NUTRICON 2014 Меѓународната Конференција за Квалитет и безбедност на храна, Здравје и Нутриционизам - NUTRICON 2014 се одржa на 27 и 28 ноември 2014 година во Скопје. Наставниот кадар при ТТФ Велес учествуваше на конференцијата, па во продолжение следи преглед на темите на истражувачките трудови и авторските тимови. 1. Vera Simovska, Vesna Antoska-Knights, Improving public health through nutrition education and research: support to proactive partnership to produce quality education standards for nutritionists. 1st Conference on Food Quality and Safety, Health and Nutrition – NUTRICON 2014. Topic: Education, Innovation and Knowledge Transfer. 27 &28 November, 2014, Skopje, Macedonia. Book of Abstracts, Skopje 2014:119-120. UDC 613.2:37.017(497.7). Journal of Hygienic Engineering and Design (JHED), Vol. 9. pp. (in press). 2. S.Martinovski, V.Simovska, Development of nutrition models of consumer behavior when buying food products, 1st Conference on Food Quality and Safety, Health and Nutrition – NUTRICON 2014

На Конференцијата учество зедоа и наши студенти кои се во завршните години на студии, но и дипломирани студенти кои своето образвание го продолжија на вториот циклус на студии на Технолошко техничкиот факултет Велес кои во соработка со своите професори резултатите од истражувачката работа ги презентираа на Конферецијата. 1. N. Ilievska, V. Pavlova, Determination of nutritional status with Darkfield microscopy live blood analysis, 1st Conference on Food Quality and Safety, Health and Nutrition- NUTRICON, Skopje 27 & 28 November 2014, 95-96.

2. A. Saveski, V. Pavlova, T. Kalevska, V. Stamatovska, M. Srbinoska, Measuring the quantity of anthocyanidins in frozen fruits, 1st Conference on Food Quality and Safety, Health and Nutrition- NUTRICON, Skopje 27 & 28 November 2014, 56-57.

6

3. A. Jordanov, A. Krstanoska Vasileska, V. Pavlova, Supplementation in sport nutrition in Republic of Macedonia, 1st Conference on Food Quality and Safety, Health and NutritionNUTRICON, Skopje 27 & 28 November 2014, 18.

ТТФ ИНФО бр. 3


4. M.Gjorgjiovska, V. Pavlova, Amygdalin – presence in food and health benefits, 1st Conference on Food Quality and Safety, Health and Nutrition- NUTRICON, Skopje 27 & 28 November 2014

5. A. Panovski, P. Todorovska, Nutrition of children at age 2 – 14 in municipality od Veles, 1st Conference on Food Quality and Safety, Health and Nutrition- NUTRICON, Skopje 27 & 28 November 2014, 18.

7

ГАЛЕРИЈА

ТТФ ИНФО бр. 3


Активности на наставен кадар Во септември 2014 год. во Франкфурт, Германија, се одржа конзорциум состанок на учесниците на проектот од ЕУ ФП7 рамковната програма: Dibbiopack - Development of injection and blow extrusion molded biodegradable and multifunctional packages by nanotechnology: improvement of structural and barrier properties, smart features and sustainability. Во рамките на овој настан се одржа и заедничка работилница помеѓу два ЕУ проекти на слична тема - нанотехнологии: Dibbiopack и NanoBarrier, каде двата проект-конзорциуми ги презентираа достигнувањата во рамките на своите проекти, како и нивни заеднички интеракции во форма на соработки или договори за идни ангажирања. Д-р Трајковска Петкоска, вонр. проф. од ТТФ-Велес, беше дел од настанот и имаше своја презентација на работилницата.

Слика 1. Д-р Трајковска Петкоска на митинг на учесници на проектот Dibbiopack во Франкфурт, Германија. Во месец октомври 2014 год. во Центарот за индустриски и технолошки развој во Андревље на Фрушка Гора (Р. Србија) се одржа конференцијата ROSOV PIN 2014: Refractory, Process industry and Nanotechnology, на кој што д-р Трајковска Петкоска одржа предавање по покана на тема: Surface engineering of polymers by using advanced nanotechnology. Овој настан беше во организација и покровителство на Винча Институтот за нуклеарни науки од Белград и Инженерската Академија на Србија.

8

Слика 2. Д-р Трајковска Петкоска на Конференцијата ROSOV PIN 2014 (Р. Србија), каде што одржа предавање по покана и постерска презентација.

ТТФ ИНФО бр. 3


Активности на наставен кадар Вонреден професор доктор Горица Павловска е дел од тимот на Технолошко технички факултет Велес од неговото формирање во 2008 година. Во моментот ја реализира наставата по предметите: општа и органска хемија, технологија на освежителни и безалкохолни пијалоци, аналитика на храна, инструментални аналитички методи, загадувачи во прехранбената индустрија на насоките прехранбена технологија и биотехнологија и нутриционизам од првиот циклус на студии. Покрај на прв циклус студии, проф. д-р Павловска реализира настава и на вториот циклус на студии.

Од самото формирање на факултетот, вонр. проф. д-р Горица Павловска ги извршува следните функции: Продекан за финансии и член на Сенатот при Универзитет Св. Климент Охридски – Битола. Во продолжение издвојуваме дел од истражувачката работа на проф. д-р Павловска односно нејзиното учество на Меѓународни научни конгреси во текот на 2014.

1. V. Jankuloska, G. Pavlovska, Analysis of raw and refined sunflower oil from Macedonia,8 th International

Congress

of

Food

Technologists,

Biotechnologists

and

Nutritionists,

Pro­ceedings, 75-81, Opatija, 2014

2. G. Pavlovska, V.Jankuloska, B. Temelkoska, Chemical treatment of water for steam boilers in Mining Power Complex “Oslomej” in Kicevo, Pro­ceedings, 79-84, 4th International Symposium on Environmental and Material Flow Management (EMFM- 2014) Bor 3. G.Pavlovska, E.Dukovska, V. Antoska, V.Jankulovska, Influence of temperature and time of storage on amount of vitamin C in strawberries, 1st Conference on Food Quality and Safety,

9

Health and Nutrition – NUTRICON 2014

ТТФ ИНФО бр. 3


Интервју со вонр.проф. д-р Зора Узуноска Учебник “ Основи на хумана анатомија” – автор, Вонр.проф. д-р Зора Узуноска Наставниот кадар, соработниците и вработените при ТТФ Велес континуирано вложуваат свој труд во развојот на факултетот. Во третиот број на нашиот информатор разговараме со вонр. проф. д-р Зора Узуноска. Проф. Узуноска на факултетот е ангажирана во наставата на прв и втор циклус, на насоката нутриционизам, а покрај тоа ги извршува следните функции: Раководител на прв циклус студии при ТТФ Велес и член на Универзитетскиот сенат. Повод за нашиот разговор е неодамна објавениот учебник “ Основи на хумана анатомија”, авторско дело на проф.д-р. Зoрa Узуноска. 

Неколку години сте дел од ТТФ Велес, дали сте задоволни од условите за работа и соработката со студентите?

Преселбата во адаптираниот простор на вила “Зора” овозможи подобри услови за студентите и наставниците, но неопходна е дополнителна финансиска поддршка од Владата на Република Македонија и бизнис заедницата за опремување на лабораториите, дополнителни помагала за кабинетите, библиотека, далечинско учење, скриптара, кафуле итн. На тој начин би се создале услови за продуцирање на поквалитетни научни трудови од страна на студентите во соработка со наставниците. За да еден човек квалитетно ја обавува својата работа, покрај адекватните услови, неопходни се огромни дози на љубов и посветеност. Љубовта кон пренесување знаења започна многу рано во мојот живот, уште како млад лекар. Студентите тоа го чувствуваат и извонредно реагираат. Мислам дека постои размена на позитивна енергија, искреност и отворен дијалог меѓу нас. Секако, треба и нив да ги прашате! 

Како дојдовте до идеја да објавите учебник по предметот Анатомија?

Идните нутриционисти, треба да ја познаваат хуманата анатомија, за да можат да ги разберат физиолошките и патофизиолошките процеси кај човекот, но во помал обем од медицинарите. Помислив, каква би била “идеалната книга” од која би сакала да го учам овој предмет? Добив снажна мотивација и инспирација, да создадам таква книга за моите студенти, така започна моето трагање по идеалниот модел! ТТФ ИНФО бр. 3

10

Одговорот на ова прашање има долга историја! Анатомијата беше баук, еден од најтешките и најобемните фундаментални предмети на медицината. Учевме од предавања, скрипти, српски книги и атласи и тоа беше материјал над 1000 страници. Особено тешко беше, истовремено, да читаме текст од материјалите и да ги гледаме илустрациите од атласите.


Беше ли лесно да се успее, како би го искоментирале патот од идеја до реализација?

Изреката “ Од трњето до звездите “ можда би била најадекватна за патот од идеја до реализација на ова дело. Во текот на две години, прегледав безброј нови странски книги за хуманата анатомија, пристапи, илустрации, техники, бои. Се трудев да избегнам опширни и монотони дескрипции, досадни бои, бледи илустрации. За мотото “Немам време да ти пишам кратко писмо“, беше потребно време за компилација на тој огромен материјал, што претставуваше најтешка фаза во моето творење. Поминав месеци заедничка соработка со професионалниот тим за техничка подготовка на книгата. Голем формат, илустрации во боја, квалитетна хартија е многу скапа инвестиција. Обесхрабрувачки беше фактот дека не добив финансиска поддршка ниту од Универзитетот, матичниот факултет, ниту од Министерството за образование (нема конкурси за издавање научни дела). На овие наши простори, спонзорите се “глуви” за финансиска поддршка на научно-образовното творештво. Можеби, мојата огромна желба ова дело да ја здогледа светлината на денот, беше причина што се појави издавач, кој прифати да го испечати учебникот, преку компензација со значаен процент од продажната цена на книгата. Значи, секој наставник, кој има желба да создаде корисен, модерен и актуелен учебник е осуден на тежок, макотрпен и трнлив пат до реализација на васков тип на проект. Можеби затоа, наставниците, потешко се одлучуваат да создадат ексклузивно издание на учебник, кое не се валидизира како да напишете два труда со импакт фактор.

Дали по објавувањето на учебникот материјалот?

студентите

полесно го совладуваат

11

Оглед учебникот е публикуван на крајот на 2014 година, мислам дека е рано да извлекувам дефинитивни заклучоци, но разменувајќи мислења со студентите кои ја набавиле оваа книга, резултатот е поволен. Тие изјавија дека начинот на кој е книгата напишана, значајно го фацилитира совладувањето на хуманата анатомија и дека се многу задоволни што имаат можност да набават ваква книга. Мислам, дека треба да ги прашате студентите. Секако, студентот кој не посветува доволно време на учење на оваа материја, нема да постигне завидни резултати.

ТТФ ИНФО бр. 3


 Порака за студентите “ Сега знам дека ништо не знам ”, рекол Сократ. Учењето е доживотен процес. Колку повеќе знаете, толку пошироки се вашите хоризонти. Обогатувајте ја вашата лична библиотека со оригинални научни книги, не со копирање. Интернетот, електронските изданија се драгоцени, но не можат да го заменат чувството кога ја држите оригиналната книга во раце. Ви го препорачуваам учебникот “Основи на хумана анатомија” и искрено се надевам дека тоа ќе биде вашата “идеална книга”, со која на најлесен начин ќе ги совладате тајните на хуманата анатомија. Учебникот можете да го подигнете во издавачката куќа, “Конгресен сервисен центар” улица Дебарца 10, во Скопје. Исто така, на сите студенти им препорачувам да ги користат и преводите на книгите од хумана анатомија (Проект на Владата на Република Македонија) достапни во трите града на дисперзираните студии по нутруиционизам. Ние сме тука, за вас. Ви пожелувам многу успех во студирањето!

Анкета на студенти - повод: учебникот „ Основи на хумана анатомија“

студент: Ирина Георгиева ТТФ Велес дисперзирани студии – Битола

12

„ Учебникот според мене беше повеќе од потребен за полесно совладување на материјалот бидејќи има сликовит приказ и не ни беше потребен атлас. Напишан на начин кој е лесно разбирлив, но и доволно едукативен за студенти кои за прв пат се среќаваат со анатомијата. Најважно од се фонтот текстот е во одлична големина во споредба со други книги “

ТТФ ИНФО бр. 3


студент: Мирјана Стојкоска ТТФ дисперзирани студии - Кичево „ Извонредно авторско дело на Хумана Анатомија,се разбира вложен огромен истражувачки труд од сите области на медицината,како и добиени информации за основни сознанија за анатомската структура на човековото тело. Единствена од ваков вид и карактер,олицетворение на авторот Др.Узуноска, која изобилува со нејзините вонсериски способности во истражување од областа на медицинските науки. Со нејзината перцептуална акцептираност ја прави оваа книга толку комплексна но воедно и едноставна за разбирање на секој почетник студент“

студент: Анита Сарџоска ТТФ дисперзирани студии - Кичево „Голема благодарност до нашата почитувана професорка Зора Узуноска која ни овозможи да учиме од оваа убава книга. Тоа е прекрасна книга полна со еден тон одлични информации и генерално дадена одлична слика на човечкото тело, со многу висок квалитет и многубројни детални и оригинални илустрации. Книгата претставува водич на студентите за основните анатомски структури (коските, мускулите, нервите и органите) на човечкото тело. Јас дефинитивно ја препорачувам книгата „Основи на хумана анатомија“ на сите студенти на кои им е потребна, затоа што оваа книга е неопходен ресурс на знаења. Оваа книга на нашата професорка заслужува само пофалби. “

студент: Љубица Трифунова ТТФ Велес

13

„Извондредна книга со енциклопедиски карактер кој го олеснува учењето на хуманата анатомија на секој студент. Преку визуелно асоцијативното учење се олеснува едукацијата на студентите за одредени градбени структури специфични за човекот. Оваа книга за нас претставува поттик за понатамошно едуцирање и проширување на знаењата од областа на анатомијата “

ТТФ ИНФО бр. 3


Интервју со Александра Николовска – втора награда за истражувачки труд

Александра Николовска дипломира со просек 9,74 на насоката нутриционизам на Технолошко технички факултет Велес , дисперзирани студии во Битола. На Универзитетскиот натпревар за најдобар истражувачки труд и есеј ја освои II (втората) награда во категорија – истражувачки труд. Истражувачкиот труд е на тема: „Употреба на јаглехидратите во исхраната на адолесцентите во регионот на Југозападна Македонија“. Николовска при истражувањето работеше под менторство на м-р Розита Спироска Васкоска и вонр. проф. д-р Валентина Павловa. 1. Што беше причината за учество на наптреварот за надобар истражувачки труд и есеј на нашиот Универзитет? Причината за учество на натпреварот беше мојата желба да изработам истражувачки труд првично за да научам како тоа се прави на едно повисоко ниво, а исто така и за време на студирањето бев заинтересирана за причините кои предизвикуваат отстапување од здравствените препораки во секојдневниот режим на исхрана на граѓаните на Македонија и имав дадено предлог за изработка на истражување, и со објавувањето на конкурсот добив шанса и да го изработам трудот како и да го презентирам на пошироката јавност. 2. На која тема беше Вашето истражување и на кој начин ја реализиравте истражувачката работа? Темата на истражувачкиот труд гласи: „Употреба на јаглехидратите во исхраната на адолесцентите во регионот на Југозападна Македонија“, а истражувачката работа беше реализирана преку составување на прашалник и спроведување на анкета на избраната целна група. 3. Како би ги искоментирале резултатите кои произлегоа од Вашето истражување?

4. Порака до нашите сегашни и идни студенти: Мојата порака би била секогаш да се „жедни“ за знаење и за надоградба и кога ќе им се пројави шанса за да исполнат некоја замисла да не се двоумат и да го направат тоа без разлика на потешкотиите кои ќе се појават на патот. ТТФ ИНФО бр. 3

14

Адолесцентите како една група на луѓе кои сега ги прават најважните одлуки во животот и ги креираат своите навики покажаа едно ниво на свесност за употребата на јаглехидратите како дел од здравата исхрана, но нивното знаење како и секојдневната употреба на јаглехидратите во вид на слатки и брза храна не соодетствува со нивната самоперцепција за здравата храна.


Интервју со Емилија Дуковска – студент на генерација

Дипломиран инженер технолог, насока нутриционизам Емилија Дуковска: дипломира на 03.09.2014 год. со просечна оцена 9,95 на Технолошко - технички факултет Велес дисперзирани студии Битола. Своето образование го продолжи на Втор циклус студии на Технолошко-технички факултет Велес, на студиската програма: Управување со Квалитет и безбедност на храна.

1. Ваш коментар по дипломирањето, колку сте задоволни од студиите и стекнатото знаење? Во текот на студирањето на Прв циклус студии ми беше чест и задоволство да присуствувам на предавањата од квалификуваниот стручен кадар, нашите професори со кои имавме одлична комуникација професор-студент, кои не водеа и ни ги трацираа патеките кон Нутриционизмот и не насочија како правилно и смело да ги поврземе Нутриционизмот и Прехранбената Технологија. На факултет стекнав добра основа, која секојдневно ја надградувам. Стекнатите знаења исто така ќе ни помогнат и нас, на студентите, да го направиме правилниот избор на здрава и вкусна храна која ќе ги задоволи потребите на нашиот организам и ќе биде чувар на нашето здравје. Знаењето кое го стекнав на факултет не го чувам себично само за мене туку секојдневно го споделувам со моите најблиски и со сите оние кои бараат стручна помош. 2. Вашата генерација се соочува со предизвикот да создаде можности за професијата нутриционизам, бидејќи сте единствени во Р. Македонија. Ваше размислување за иднината на професијата...

15

Мислам дека Р. Македонија напредува и се труди да биде во чекор со иновациите во светот. Идејата за отварањето на насоката Нутриционизам на Технолошко-техничкиот факултет е исто така една иновација која е поддржана од владата на Р. Македонија. Се надевам дека Ние како прва генерација студенти на насоката Нутриционизам ќе бидеме ценети, поддржани и барани како кадар. Мислам дека поединечно нема да успееме, туку спротивно, ние треба да се организираме и да создадеме Нутри-центри, каде луѓето ќе можат да ги добијат потребните совети за исхраната соодветни за нивната здравствена состојба и физичка активност. Исто така ги повикувам и компаниите од областа на Прехранбената индустрија во Нас да видат иновација и потреба за да произведат здрави производи и заедно да согледаме кон кој сегмент од пазарот треба да се насочат.

ТТФ ИНФО бр. 3


3. Какво е чувството да се биде студент на генерација? На ден 05.12.14 бев почестена да бидам дел од свеченоста по повод 8-ми декември Патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски” –Битола. Добив пофалница прогласен најдобар дипломиран студент на Технолошко-технички факултет Велес во академската 2013/2014, со највисока средна оцена 9,95. Чувството беше неописливо, бев горда на себе и почувствував потреба да продолжам да напредувам, да чекорам напред. Затоа и продолжив со студирањето на Втор циклус студии каде верувам дека ќе ја имам и поддршката од професорите и деканот на Технолошко-технички факултет Вонр. Проф. Д-р Валентина Павлова, кои ме поттикнаа да продолжам и несебично ми ги трасираа патеките. 4. Ваша порака за студентите... Студентите ги советувам да не се плашат од иновациите туку тие да ги поттикнат да дадат се од себе, бидејќи поддршка од кадарот на Технолошко-технички факултет имаат, само студентите треба да ја прифатат и да вратат со труд и знаење, бидејќи верувам дека знаењето е она што никој не може да ни го земи, а трудот секогаш ќе се цени.

Пет години – нутриционизам во Битола

На 25 декември 2014 година се одржа средба во просториите на дисперзираните студии по нутриционизам во Битола. Средбата беше по повод новогодишните и божиќни празници и јубилејот пет години нутриционизам. На средбата беа поканети студентите од сите студиски години и наставниот кадар. Организацијата на средбата беше одлична со што заинтересираноста на студентите од сите студиски години беше голема. На средбата присуствуваа проф. д-р Драган Дамјановски, асс. м-р Татјана Блажевска, претседателот на Студентскиот Парламент при ТТФ Велес Александар Савески и претседателот на Студентскиот Парламент при Универзитет Св. Климент Охридски Кристина Петровска.

16

Некои од студентите беа директно вклучени во организација на средбата. Оваа средба меѓу другото имаше и хуманитарен карактер, беше поставена хуманитарна кутија за донации и собраните средства се донираа за операција на студентка на нашиот универзитет која се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа. Студентите ја покажаја својата хумана страна. Со оглед на заинтересираноста на студентите за понатамошни дружења и средби од ваков тип, оваа предновогодишна средба сметаме дека ќе се одржува секоја година. Но покрај дружењето оваа средба ќе биде воедно и хуманитарна со што средствата што ќе се соберат ќе се донираат онаму каде што ќе бидат најпотребни.

ТТФ ИНФО бр. 3


Подготви: Катерина Темелковска ТТФ ИНФО бр. 3

17

ГАЛЕРИЈА


Патронен празник и 35 годишен јубилеј на УКЛО

Во рамките на одбележувањето на 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО и 35 годишнината од основањето, на 05.12.2014 година, се одржаа пригодни свечености за достоинствено чествување. На свечената седница на Сенатот, во присуство на академски делегации од земјата и од странство, личности од јавниот и политичкиот живот во Република Македонија, меѓу кои заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, поздравна реч одржа ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Тој се осврна на богатата едукативна дејност на УКЛО, континуираниот развој и неговиот придонес во високото образование и науката во Република Македонија. Традиционално, се доделени

и награди за најдобро дипломираните студенти и за

најдобрите остварувања на Конкурсот за истражувачки труд и есеј. По повод 35 годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на поединци и институции им се доделени плакети за поддршката на Универзитетот. Чествувањето на Патронот и јубилејот е заокружено со свечена Академија, на која покрај бројните гости и студенти, присуствуваше и Претседателот на Република Македонија, Н.Е Ѓорге Иванов кому му е доделена плакета во знак на благодарност за поддршката и придонесот во развојот на Универзитетот. Достоинственото одбележување беше збогатено со уметничка програма посветена на светителот Климент и настап на музичкиот етно состав Синтезис. Во рамките на чествувањето на Патрониот ден на УКЛО и значајниот јубилеј, положено е цвеќе пред споменикот на Св. Климент, во Ректоратот на Универзитетот.

Раководството на СПУКО и Ректорот проф. д-р Жоглев

18

на свечената академија присуствуваше претседателот на Р.М г-дин Ѓорѓе Иванов

ТТФ ИНФО бр. 3


19

Благодарница од ИАЕСТЕ - Македонија

ТТФ ИНФО бр. 3


Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес продолжува со реализација на активностите кои се во интерес на студентите. Изминатиот период можеме да истакнеме дека се направи чекор повеќе во однос на меѓународната соработка. На наше задоволство беа склучени меморандуми за соработка со наши колеги од Република Србија, за прв пат студентите беа дел од Меѓународниот конгрес за студенти по технологија организиран од страна на Студентската унија при Технолошкиот факултет од Нови Сад. Она што не очекува во овој семестар е учеството на научно спортските игри Технологијада 2015, а од страна на организациониот одбор за прв пат е упатена покана до нашата студентска организација за учество на ЕУРОИЈАДА 2015. Во зимскиот семестар беше организиран вториот студентски турнир во пинг понг во соработка со Студентските Парламенти при Универзитетот Св. Климент Охридски со материјална поддршка на нашите спонзори: Виталиа, Жито маркети, пекара „Златни класја“ и пекара „М“. Во текот на летниот семестар продолжуваме посветено да ги реализираме планиранит: традиционалната крводарителска акција која што ќе се организира по петти пат, обука за презентациски и вештини за вмрежување која што ќе се реализира во трите градови: Велес, Кичево и Битола, културно – забавни активности. Ќе следат и други активности за кои дополнително ќе Ве информираме. Почитувани студенти, Студентскиот Парламент постои за Вас...Ве очекуваме со сите Ваши идеи, барања, заедно како тим да работиме за наше добро, да бидеме единствени затоа што единството гради иднина.... Со почит, Претседател на СПТТФ Велес

20

Александар Савески

ТТФ ИНФО бр. 3


Потпишан меморандум за соработка со Студентските организации од Србија

Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес од 2012 година е дел од научно – спортските натпревари Технологијада. Контактите и пријателствата стекнати на овие натпревари почнаа да ги даваат очекуваните резултати. Во периодот од 4 – 5.11.2014 година на наше задоволство во Велес во улога на домаќини се дружевме со нашите гости до Р. Србија. Средбата имаше за цел потпишување на меморандуми за соработка, размена на искуства и согледување на можностите за заедничка работа на проекти во иднина. Студентскиот Парламент при ТТФ Велес потпиша меморандум за соработка со: 1. Студентскиот сојуз при Технолошки факултет – Белград, Р. Србија 2. Младинска иницијатива „ Сакам – можам“ – Доњи Милановац, Р. Србија Преку потпишувањето на меморандумот за соработка со младинската иницијатива се создава можност напи студенти да остварат посета на фабриката за преработка на пластични

21

материјали „ Hazplast “

ТТФ ИНФО бр. 3


22

Меморандум за соработка со Студентски сојуз при Технолошки факултет Белград

ТТФ ИНФО бр. 3


23

Меморандум за соработка со младинска иницијатива „Сакам – можам“

ТТФ ИНФО бр. 3


24

Покана за учество на ЕУРОИЈАДА 2015

ТТФ ИНФО бр. 3


II Студентски турнир во пинг понг

Одличната соработка на Студентскиот Парламент при ТТФ Велес со Студентскиот Парламент при УКЛО и Студентските Парламент на сите единици на Универзитетот ги дава очекуваните резултати. По II пат во Велес на 04.12.2014 година се организираше Студентскиот турнир во пинг понг. Развој на спортскиот дух, развој на свеста кај младиот човек да ги практикуваат здравите навики, дружење и нови пријателства се нашите цели. Од коментарите на учесниците може да се забележи дека целта е остварена. Турнирот беше реализиран во спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Учествуваа околу 50 учесници, а во продолжение ги претставуваме првите три места: 1 место – Андреј Габроски – Студентски Парламент Економски факултет Прилеп 2 место – Антонио Арсовски – Студентски Парламент ФИКТ

25

3 место – Боше Николовски – Студентски Парламент Технички факултет Битола

ТТФ ИНФО бр. 3


Голема благодарност до спонзорите за материјалната поддршка: Виталиа, Жито – маркети, Пекара „М“ и пекара „Златни класја“. По завршувањето на натпреварите, во просториите на Технолошко технички факултет Велес беше одржана свеченост каде што беа доделени: пехари, дипломи и пакет производи од Виталиа за прво, второ и трето место, благодарници за сите учесници и спонзори на турнирот.

Беше направен осврт на сите успеси на Студентскиот Парламент при ТТФ Велес во текот на 2014 година: освоено прво место на Универзитетската лига во футсал, прво место – Технологијада 2014, остварени соработки со колегите од Р. Србија, по прв пат учество на Меѓународен конгрес за студенти во Нови Сад...На сите студенти кои беа дел од активностите на Студентскиот Парламент им беа доделени благодарници. Дружењето продолжи со пригоден

26

коктел.

ТТФ ИНФО бр. 3


СПТТФ Велес на Меѓународен конгрес во Нови Сад

На наше големо задоволство за прв пат оваа година Студенскиот парламент при Технолошко-технички факултет-Велес беше поканет на Меѓународниот конгрес на студенти на технологија кој беше одржан по 9-ти пат во Нови Сад, Србија. Организатор на овој конгрес е Студенската унија на Технолошкиот факултет-Нови Сад. Околу 35 студенти пристигнаа од различни страни Лесковац, Тузла, Марибор, Загреб, Скопје и Велес.

27

Целта на овој настан е да се охрабрат младите студенти на научно-истражувачка работа, да се поврзат факултетите од регионот и да се воспостави комуникација помеѓу студенската популација. Поминавме 6 незаборавни денови во периодот од 16 до 21 ноември исполнети со многу дружење како и низа на интересни предавања, работилници и презентација на научноистражувачките трудови на учесниците.

ТТФ ИНФО бр. 3


Како највпечатливи би ги издвоиле предавањаето од проф. Татјана Вулић на тема: ,,Дали постоеле змејови?’’ и предавањто од др. Иван Ристић на тема: ,,Полимерни материјалипредизвик и перспектива’’. Исто така би ја издвоиле работилницата на AIESEC за пишување на CV, јавен настап и водење на состанок и преговори, како и исклучителната работилница предводена од проф. Владимир Пушкаш за сензорна дегустација на различни типови на вино.

28

Дел од агендата беше и посета на една од најсовремените пивари во регионот, Carlsberg Srbija во Челарево. Бевме топло примени од вработените, со обиколка низ целиот погон за производство, Музејот на пивото кој се наоѓа во склоп на пиварата каде добивме неколку совети за точење на пиво, а посетата ја завршивме со дегустација на пиво. На целата оваа организација нашите домаќини не потфрлија ниту со вечерните дружења кои ги поминавме во одлично друштво и со добра забава. Дома си заминавме со нови пријателства и желба сето ова да го повториме и следната година. Ни остана да им кажеме уште едно големо благодарам на домаќините.

ТТФ ИНФО бр. 3


Студентот Билјана Талеска го презентираше својот труд на тема „Влијание на хемиските средства употребени при преработка на зеленчук врз здравјето на човекот“, а студентите Марина Релушкоска и Сандра Петковска го презентираа трудот со тема „Ефекти од примената на органската храна“. Во текот на истражувачката работа и подготовката на трудот студентите работеа под менторство на вонр.проф. д-р Валентина Павлова, доц. д-р Татјана Калевска и демонстратор дипл. инж. Александар Савески. Ова се впечатоците на учесниците: Александар: Контактите кои беа остварени на научно спортските игри попознати меѓу нас како Технологијада веќе даваат резултати. Позитивното искуство, одличната организација и соработката помеѓу учесниците е она што го отсликува овој настан, кој треба да продолжи да се организира и претставува одличен пример за другите студентски организации.

Билјана: За прв пат учествувам на еден ваков настан и бев пријатно изненадена пред се од извонредната организација на Студенската унија. Иако ова беше наше прво учество бевме пречекани со насмевка и гостопримство, а се надеваме на покана и следната година.

Сандра: Меѓународнот собир на студенти е дефинитивно едно одлично поучно и позитивно искуство кое што ни помогна да ги увидиме своите грешки. Ни даде стимул за подобра понатамошна работа, да напраиме ретроспектива на нашите грешки и да пробаме да ги поправиме. Ова беше една одлична можност да добиеме мотивација од нашите колеги од сите држави што присуствуваа на собирот,како и од самите организатори кои што покажаа што е посветеност и напорна работа. Благодарение на овој собир остваривме вечни пријателства. Горда сум што бев дел од MSST 9.

29

Марина: МССТ 2014 е само дел од убавите искуства кои како студент имам можност да ги доживеам. Споделувањето различни мислења, дружбата, патот кон науката на еден млад човек кој се стреми да постане пример на своите професори се само дел од тоа што нашите колеги го споделија со нас. Пријатно изненадена сум од самата организација и го почитувам фактот што така млади луѓе успешно ја остварија својатa цел и да ги преминат сите препреки, а резултатот го видовме и самите. Мило ми е за сите нови познанства и претставува огромна чест да се биде дел од MSST.

ТТФ ИНФО бр. 3


„Значење на креативноста и иновативноста за развој на младиот човек“ предавање на д-р Игор Андреев – потпретседател на НАПАГ На 11.12.2014 година во просториите на факултетот во организација на Студентскиот Парламент во соработка со Националната асоцијација на академски престижни граѓани – НАПАГ беше реализирано предавање на тема: „Значење на креативноста и иновативноста за развој на младиот човек“. Предавањето го одржа д-р Игор Андреев – потпретседател на НАПАГ.

Предавањето го проследија околу 20 студенти и имаше за цел потикнување на младиот човек да ја искористи својата креативност, цврсто да чекори кон реализацијата на своите цели затоа што патот до успехот е „трнлив“. Пред студентите беше презентирана Националната асоцијација и можностите кои им се

30

нудат на студентите преку членството во истата. Повеќе информации на: www.napag.mk

ТТФ ИНФО бр. 3


Отворен инфо клуб за студентите на УКЛО

Сите потребни информации поврзани со можностите за дополнително образование, пракса и вработување, студентите на УКЛО ќе ги добиваат во новоотворениот Инфо клуб на Правниот факултет во Битола. На отворањето на Инфо клубот, на 24.10.2014 година присуствуваше и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој истакна дека ова е четврт Инфо клуб во државата и претставува една од активностите за доближување на сите релевантни информации за вработување на младите, да им се овозможи на брз и ефикасен начин успешно да ја започнат кариерата. Од името на УКЛО, отворањето на Ифо клубот го поздрави проректорот, проф. д-р Јованка Тутеска. Нагласувајќи ја важноста на иницијативата таа потенцира дека вакви проекти ќе се поддржуваат и во наредниот период зашто се во интерес на студентите. По повод настанот, проректорот, проф. д-р Јованка Тутеска потсети дека УКЛО со особена сериозност се грижи и за иднината на дипломираните, а Инфо клубот е меѓу алатките кои ќе даваат поддршка во насока на побрзо вработување. Таа истакна дека успех на секој универзитет е кога неговите студенти ќе станат професионалци во струките во кои се едуцирале.

Информациите во Инфо клубот ќе бидат достапни секој работен ден од 10 до 16 часот.

31

Инфо клубот на УКЛО е проект на Министерството за труд и социјална политика и УНДП.

ТТФ ИНФО бр. 3


Дипломирани студенти , септември - декември 2014 Насоки: прехранбена технологија и биотехнологија нутриционизам ВЕЛЕС

Презиме

Емилија

Станкоска

Дејан

Коцевски

Александра Петрулева Николина

Николова

Елена

Стојанова

Мирсада

Исмаил

Наташа

Бочваровска

Гане

Чанев

Анѓел

Јорданов

ТТФ ИНФО бр. 3

Дипломска работа

Одбранета на 4 22.12.2014 на

Исхр.на деца од год.возраст(Исхрана жени,спортисти и стари луѓе) Анализа на крв за ензими на пациенти (Биолхемија) Исхрана на девојчиња во адолесцентен период (Основи на диетотерапија) Редукциони диети(Основи на диетотерапија) Разлики во хем.својства на рафинирано и нерафин.сончогледово масло(Техн.на масти и масла) Употреба и значење на адитивите и додатоците во месната инд.(Техн.на месо,живина и јајца) Комп.анализа на ефектите кај храната од раст.потекло при спроведување на процес на сушење и смрснување(Конзервирање на прех.п-ди) П-дство на биофортицирани жита како алтернатива за подобрување на нут.карактеристики на п-ди од пченица(Биохемија) Суплементација на спотристи(Исхрана на жени,спортисти и стари луѓе)

Насока Нутриционизам

29.12.2014

Нутриционизам

22.12.2014

Нутриционизам

22.12.2014

Нутриционизам

29.12.2014

Прехранбена технологија и биотехнологија

29.12.2014

Прехранбена технологија и биотехнологија

29.12.2014

Прехранбена технологија и биотехнологија

22.12.2014

Нутриционизам

29.10.2014

Нутриционизам

32

Име


Александра Леова

Угоеност и недохранетост

14.10.2014

Нутриционизам

Загорка

Маневска

Нутриционизам

Марија

Улишева

Софија

Стојанова

Примена на ХАССП системот 20.10.2014 при преработка на водата во фабриката на ЈКП Дервен Велес ( Мониторинг на квалитетот на 20.10.2014 амбиенталниот воздух во Велес(Заштита на жив.средина) Процес на зреење на Барик вино 06.10.2014 (Техн.на алкохолни фер.п-ди)

Марија

Петреска

Наташа

Павловска

Славјанка

Петрова

Цветанка

Петрова

Бодан

Ѓорговски

04.12.2014

04.12.2014

Нутриционизам

24.09.2014

Нутриционизам

24.09.2014

Нутриционизам

19.09.2014

Нутриционизам

33

Исхрана на спортисти кои тренираат и се натреваруваат ви тимски спортови(Исхрана на жени спортисти и стари луѓе) Исхрана на бремени жени и доилки (Исхрана на жени спортисти и стари луѓе) Принципи на вегетаријанска исхрана и нејзина оправданост во практиката(Познавање на исхраната) Хумана нутриција и улогата на нутриционизмот во одржување на нутр.хомеостаза(Вовед во проф.нутриционизам) Примена на есенцијални нутриенти за фортификација на конзумни јајца (Антиоксиданси,витамини и минерали)

Прехранбена технологија и биотехнологија Прехранбена технологија и биотехнологија Нутриционизам

ТТФ ИНФО бр. 3


Студиска програма: прехранбена технологија и биотехнологија студент Елизабета Милошеска

Катерина Крстеска Надежда Штерјоска

Пецо Стојаноски

Предметментор Датум на насока дипломирање и Технологија на Ред.проф.д-р Драган 09.10.2014 алкохолни и Дамјановски од ферментациони Производи

Позитивни негативни аспекти примена сулфур диоксид во винарството Примена и улога на адитивите во мл.индустрија Оксидација на маргарин третиран при различни услови Хранливи својства и начин на преработка и конзервирање на рибите Одредување на квалитетот на вода наменета за ,, Жито Караорман,,

Технологија на Доц.д-р млекои мле. Калевска Производи

Татјана 13.11.2014

Технологија на Вон.проф.д-р масти и масла Горица Павлоска

Технологија на Доц.д-р месо,живина и Калевска јајца

12.11.2014

Татјана 13.11.2014

Технологија на Вон.проф.Валентина 21.11.2014 вода и отпадни Павлова води

34

Милена Богданоска

тема

ТТФ ИНФО бр. 3


БИТОЛА Студиска програма: НУТРИЦИОНИЗАМ

Дуковска Емилија

Определување на витамин Ц во јагоди чувани при Аналитика на Вонр. Проф. д-р различни услови храна Горица Павловска

Ѓорѓиоска Мартина

Амигдалин – присуство во храна и здравствени бенефити

Димоска Ирена

Трајкоска Кристина

Мрмачовска Кристина Митушевска Марија

Вонр. Проф. д-р 16.09.2014 Валентина Павлова

Биохемија

Мониторинг на Технологија на Доц. д-р Татјана 16.09. 2014 антибиотици и афлатоксини храна од Калевска во млечната индустрија животинско потекло Ред. Проф. д-р Квалитет и Драган 16.09. 2014 Хемиски контаминенти во безбедност на Дамјановски храната храна Квалитет Алергија и интолеранција безбедност на храна храна

и на

Определување на витамин Ц и железо во коприва Аналитика храна

Вонр. Проф. д-р на Горица Павловска 09.10. 2014

Ред. Проф. Драган Дамјановски

д-р 16.09. 2014

Перцепција на адолесцентите од Битола за Загадувачи во Вонр. Проф. д-р ГМ храна прехранбена Горица Павловска 09.10. 2014 индустрија

35

Чороловска Елена

03.09.2014

ТТФ ИНФО бр. 3


Огненоска Виолета

Вештачки засладувачи Загадувачи во Вонр.проф. д-р 09.10.2014 како контаминенти во прехранбена Горица Павловска храната индустрија

Николовска Александра

Следење на расипливоста на свежи Аналитика смокви преку вкупните храна шеќери

Вера Костовска

Особини на млекото и млечните п-ди од неконвенционални извори

Технологија храна животинско потекло

на Вонр.проф. д-р Горица Павловска

05.12.2014

на Доц. д-р Татјана од Калевска 26.12.2014

Минерални материи и Доц. д-р Татјана Виолета витамини во млеко и Технологија на Калевска 26.12.2014 Костадиновска млечни п-ди млеко и млечни п-ди

Трајческа Наталија

Улога на храната кај малигните заболувања и Имунологија инциденца на малигните заболувања во Прилепскиот регион

Вонр. Проф. д-р Зора Узуноска 26.12.2014

Подготвиле: 1. Референт по ЕКТС Бошко Петровски – Велес 3. Референт на студентски прашања Венцислав Бондиќов - Битола ТТФ ИНФО бр. 3

36

2. Референт на студентски прашања Виолета Спасеноска – Кичево


ВИТАЛИА Никола е фирма чија дејност е производство и трговија на производи од доменот на здравата храна. Нашата основна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена.ВИТАЛИА е основана во 1993 година од кога бележи брз и динамичен развој. Благодарение на високата професионалност и иновативност денес ВИТАЛИА е водечка фирма на Балканот и Источна Европа од доменот на здравата храна.

Од отворањето на првиот С.Т.Д. во Велес, во далечната 1988година па се до денес „Жито“ маркети располагаат со 45 супермаркети распределени во повеќе општини во Македонија: Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево. Со своите преку 600 вработени претставуваме препознатлив бренд во својата област.

37

Благодарност до: пекара „Златни Класја“, пекара „М“

ТТФ ИНФО бр. 3


Почитувани читатели, Вашите пофалби, критики и предлози ги очекуваме на e-mail: spttfv@gmail.com

38

Следниот број ќе излезе во јуни 2015 година.

ТТФ ИНФО бр. 3


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.