teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 93

ФЕСТИВАЛИ

режија на Клаудиа Бастари. Со филмот Еден, се претстави и нашиот млад режисер Вардан Тозија. Никола Ристановски ја толкува главната улога во филмот. Еден е мрачен и крвав филм, полн со тензични моменти кој ја истражува суштината на стравот и спротиставувањето на човекот на истиот. Студентите од Факултетот за драмски уметности од Белград се претставија со филмовите Јас веќе сум се она што сакам да го имам, Четврток и Плата. Рикошет во режија на Емир Капетановиќ и Тоа е наше дете, беа фил­мовите со кои се претставија студентите од Академијата за сценски уметности од Сараево. Сашко Мицевски од Факултетот за драмски уметности од Скопје, се претстави со филмот Деко. Се работи за документарна монографија на една личност која нуди голема специфика, одно­сно посебен избор на животниот пат. Фил­ мот е многу несекојдневен и зрачи со голема при­влечност. Во овие два дена се одиграа претстави по делата на Мигуел де Сервантес од студентите од Белград и се одигра претставата Жорж Данден од Молиер од студентите од трета и четврта година од Академијата за театар, радио, филм и телевизија од Љубљана. Во Офф програмата нашите студенти во кла­ са­та на проф. Елјаса Касо, ја одиграа претстава­та Жи­вко живее, не живее во режија на Азис Несин. Актерите ја исполнија својата задача, а тоа беше да ја активираат публиката и да ја воведат во закани кои се неочекувани. Претатавата про­ изведе многу смеа и забава, а говори за серио­ зните општествени проблеми. Вистинскo задо­ волство е да се види оваа крајна цел.

Последниот ден на пладне се одржа рабо­ тилница на тема Назад кон еден и Холивуд зад сцената. Ментор беше Мери Маерс Аве. Не­ секојдневна работилница, во која студентите научија нешто повеќе во врска со холивудскиот систем на аплицирање и правење филмови. Трст е наш во режија на Жига Вирц, Вистински маж во режија на Мина Бергант и Кралот Матијас во режија на Милан Урбајс, беа филмовите со кои се претставија студентите од Љубљана. Дарјан Пејовски со Бунило и Милан Јакшиќ со Спас за МЗТ со своите филмови, ги завршија филмските проекции за овие Скомрахи. Бунило ни го отсликува денешното општество кое се наоѓа во транзиција, нуди решение, односно ни покажува дека правдата може да се добие само по сопствена цена. Во Спас за МЗТ, се нагласува големата љубов на народот, односно навивачите со овој спортски тим и ја покажува потребата да се превземе чекор кон правдата кога таа е надвор од дофат на луѓето. Студентите во класата на проф.Ермин Браво и асистент Џана Пињо од Академијата за сценски уметности од Сараево, имаа чест да ги затворат овогодине­ шните меѓународни средби Скомрахи со прет­ ставата Тартиф од Молиер. Преку презентацијата на студентски претста­ви и филмови, средбите Скомрахи за оваа година завршија. Скомрахи успева да ги спои повеќето Академии од Балканот и пошироко, а со тоа помага во размената на искуства помеѓу сту­ дентите. Се надеваме дека повторно ќе бидеме сведоци на големиот квалитет што го носи фестивалот со себе.

број 74-75, 2010

93


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.