teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 82

ФЕСТИВАЛИ

едвај да се артикулираат, од познатите полити­ чки конс­телации. 0Петар Темелковски и покрај се, на нему свој­ ствен начин, смело говори, апострофира, акту­ елизира, полемизира со сите можни, мали и големи, авторитети и автократни тутори на маке­ донското прашање. 0Засновувајќи ги своите сценски валоризирани и со документаристички елементи поткрепени сценски имагинации, Темелковски секако сметал и смета на својот појавен, интелектуален , богато валоризиран и признат/познат актерски капа­ цитет.Неговата имагинација и интерпретација стамено се движи од епското до лирското, од наративната пријатност до же­стоката и сар­ кастична прозивка на виновните и веропрео­ братниците. 0Создавајжи ги овие свои познати монопер­ форманси со историска конотација, Петар Темелковски не за првпат и не еднаш држи час, предавања по македонизам и себепочитување - македонско. Вториот ден: „Дневникот на лудиот“ (Македонија) 0Монодрамското претставување на текстот на еден од најголемите светски прозаисти Н. В.Го­ гољ со кого всушност и почнува вистинскиот реали­з ам во руската литература, од лите­ ратурната критика и теорија именуван како кри­ ти­чки реализам или уште и: руска натуралисти­ ч­ка школа, на битол­скиот монодрамски фести­­вал, преку продукцијата на веќе извесниот Мал драм­ ски театар (Битола), секако дека е досега, нај­ радикалното читање „Дневникот на лудиот“. 0На проследувачите на театарските случува­­­ња во сеќавање им „Дневникот на лудиот“и неговата постановка во Драмски (Скопје), а и интер­ претаците на ликот на Попришкин на еден од постарите актери на македонското глумиште Владимир Светиев, како и нешто поновото оства­­рување на овој лик на Бајруш Мјаку. 0Инаку минатата година овој текст, како моно­ перформанс се најде и на вечерта на свеченото отворање на скопскиот меѓународен театарски фестивал „Скупи фест“ (уметнички директор Сенко Велинов) во изведба на Националниот театар од Берлин (Германија).

82

TEATARSKI GLASNIK   2010

0 о сепак од се досега видено, останува Н впечатокот (со извесна доза на нелагодност) дека овој „Дневник на лудиот“ за кого во про­ грамчето (поделено пред претставата) стои потписот на младиот режисер Роберт Симо­ новски(од Куманово) а на истото тоа про­гра­ мче(ливче) ред погоре е и назначено: Дне­ вникот на Лудиот Монодрама на Здравко Стојмиров (дали оваа контрадикторна инфо­ рмација е само дел од познатите правописни потешкотии на овој Мал(со голема д) Драмски театар од Битола(?!). 0Д ека овој проект кого го следат особено радикални сфаќања и отворени прашања потврда е и она во истото тоа програмче извр­ тено (под смислата на една друга сентенца) и таму дадено во оваа форма: ... „до каде е грани­ цата на лудилото и од каде започнува уметно­ ста и дали е потребна нова преродба на уметноста.“ (крај на цитатот) (?!!). Дека во овој проект истотака, се работи за гранични нешта немала потврда е и самото садомазохистичко сечење и саморанување на актерот Стојмиров, со брич (пред очите на пу­ бли­ката, патем испикана во некои ризични под­ румски простори) – и сето тоа во името на уме­ тноста, на новиот Мал Драмски театар и не­говата преродба. Доволно.Зарем не?! „Приказна за мојот гулабарник“ (Германија) 0 второт на тажната „Приказна за мојот гула­ А барник“ Исак Бабел и припаѓа на самиот врв на онаа литература што во 20 век, времето на неговиот недолг живот и смрт, се именуваше со одредницата советско, зашто егзистираше и се создаваше во времето на тн. советска власт, како синоним за социјалистичкиот општествен систем. Таа советска власт, поточно нејзината врхушка предводена од немилосрдниот автократ Сталин и ќе го осуди на смрт Бабел без вина, него како и многимината од делот советски писатели Евреи. 0Идеологизираниот, но и слободољубив и сло­бодоумен И.Бабел ке и служи на идејата на социјализмот, прославувајќи ја и неа и себеси нај­повеќе со прозата именувана „Црвена ко­


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.