teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 81

ФЕСТИВАЛИ

без при тоа фестивалот да успее да ја искористи и можноста за повеќе претстави. 0Во секој случај за најзабележителна и најус­ пешна е годината на 10 годишниот јубилеј - 2008, кога фестивалот трае рекордни 6 дена, со 12 претстави и издавање на пригодна монографија „Десет години фестивал на монодрама“ од авторот, театарскиот критичар и медијатор на фестивалот Тодор Кузманов. 0По тие рекордни 6 фестивалски дена во 2008 година, најверојатно како резултат на економски­ ­те прилики (под влијание на општатата глобална криза), следните години почнува намалување на фестивалските денови, па така во 2009 фес­ тивалот се враќа на долговреме стандардните 5 дена, за токму во оваа 2010 година се случи редукција на 4 дена, број на денови со колку отпочна и се одвиваше во првите години на своето постоење, овој единствен ваков театарски фестивал во Република Македонија. Така дојдовме до изминатиот, овогодишниот Интернационален фестивал на монодрама кој во четирите фестивалски денови пред верната публика претстави 12 монодрами,а доколку допатуваше, во програмата застапениот за свеченото затворање на фестивалот , пер­ формансот „Камера обскура“ од Бугарија – ќе беа тоа рекордни 13 престави, во само 4 дена. 0Толку многуте претстави со тајминг од 17,00/ 18,00/ 18,30 до некаде 23,30 (со честото доцнење заради 4 проекти во тој интервал) бараше од ма­лу­бројната публика, и потврда на исклучи­ тел­на љубов кон монодрамата и самиот фести­ вал но и истотаква истрајност, издржливост и ене­ргија. Првиот ден: Денот на свеченото отвора­­­ње 12 Интернационален фестивал, во рамките на вкупниот свечен и протоколарен дел, протече во знакот на авторскиот (и вообичаено мошне соответен) проект на секогаш виспрениот Петар Темелковски „Деца на сонцето“ 0…Е уште една сценско-уметничка и што е особено значајно – уште една претрага на неј­ зиниот автор по далечното минато на ма­кедон­ ската древна земја, за којашто - тој ,очигледно - е антејски поврзан.

0 етар Темелковски, тој голем познавач, но и П интерпрет на македонската историја од искона до денешни дни, овој пат се зафаќа со би­ блиските времиња на македонската почва тој прв пристан и простор во кого ќе најдат при­ бежиште прогонетите од Ерусалим, христијански

Децата на сонцето

прво­апостоли – Павле со собраќата Тимотеј и Силуан. 0В сушност овој убедлив и инвентивно, со мерка сценски осмислен сценски приказ, ќе ни ги приближи толку топлите христијански слова на апостол Павле од неговите посланија до Солунчаните, каде тој многу јасно ги именува и луѓето и особеностите и состојбите со нивното вис­тинско име. Така, со силата на својот авто­ ритетен говор и јазик, Темелковски ќе ги пласира за многумина непознатите беседи на Св.Апостол Павле: „…Така што станавте образец за сите верници, оти од вас Македонците одекна словото Господово не само во Македонија…“ 0М онодрамските проекти од овој вид, кои прославија него и ширум Македонците по сите континенти, покрај историската проекција, кој во овој перформанс, всушност мотолошко епско пеење за нашата земја на сонцето, преку цитатот од Првото послание на Св.Павле, кој им вели на Македонците: „Никогаш нема да бидете во темница оти вие сте Синови на светлината и синови на денот!“, ќе го извлече насловот на проектот „Деца на сонцето“ за преку мноштво­ ­то сценско-ликовни (во камерните и скудни услови) ги актуелизира многуте нешта од истори­ ската меморија и совремие на македонскиот народ/нација – кои некои со големи стравови и

број 74-75, 2010

81


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.