teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 58

ФЕСТИВАЛИ

Сузан Агбелге, Осман Али, Филиз Ахмет, Не­ срин Таир и сите до еден од актерите не прави да се чувствуваме како да сме сведоци на играта на фантастичната актерска дружина која го посетува дворецот во Елсинор и ја игра совршената претстава за убиството на кралот Хамлет. Традицијата е столб на македонскиот идентитет Во 1978 година на репертоарот на драмската програма на ″Охридско лето″, меѓу останатите театарски претстави, се најдоа и два мега теа­ тарски проекти од двете најголеми македонски театарски институции. На 20 август се одигра претставата ″Хамлет″ од Вилијам Шекспир во режија на Слободан Унковски со Мето Јовано­ вски како Хамлет од Драмски театар од Скопје и на 16 јули претставата ″Суд″ од Коле Чашуле во режија на Љубиша Георгиевски од Маке­ донскиот народен театар од Скопје. Во 2010 година, на големиот јубилеј, 50 го­ дини од раѓањето на ″Охридско лето″ истите те­ми се нај­доа на репертоарот на драмската про­грама. На 16 јули ″Хамлет″ од Вили­јам Шек­ спир во ре­жи­ја на Дејан Про­јковски со Дејан

Лилиќ како Хам­­лет од истата театарска инсти­ туција, Драмски теа­тар од Скопје и на 14 август ″Суд″ од Коле Чашуле овој пат во режија на Љупчо Ѓорѓиевски пов­­торно од истиот театар во кој беше пос­тавена оваа претстава, Маке­дон­ скиот народен театар од Скопје. Овие две клучни теми од светската и маке­ донска класика одигрувајќи се на ″Охридско лето″ во временски скок од 23 години само ја потврдуваат стабилноста на македонскиот теа­ тар, односот кон големите дела и нивниот трет­ ман во најголемите театарски институции пов­ торно и повторно потврдувајќи дека традицијата е столб на македонскиот идеинтитет. Не залу­ дно ово­годишната тема на драмската програма е насловена како „Театарски ремини­сценции“. Во 1978 година Љубиша Гео­ргиевски го по­ ба­ра и го доби најдобриот кастинг од Македон­ скиот народен театар за реализација на ″Суд″ од Коле Чашуле. Се уште се зборува за ак­ терските остварувања на актерите на маке­ донскиот театар Ристо Шишков, Петар Теме­ лковски, Славко Нинов, Александар Џуровски, Ки­рил Пса­л­тиров и Владимир Светиев. Овие вели­кани на македонското глумиште темата на пре­дав­ството ја распослаа пред отворените очи на светците во црквата Света Софија кои будно

Суд

58

TEATARSKI GLASNIK   2010


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.