teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 50

ФЕСТИВАЛИ

режија на Дејан Пројковски а во продукција на Драмски театар - Скопје, театар кој истиот текст го има поставувано веќе два пати во после­ дниве четири децении. И двете претходни инс­ ценации, се дел од драмската хронологија на фестивалот - на Слободан Унковски во 1978 го­дина и на Владо Цветановски во 1999 година. Свеченото отворање - концертот на Рускиот на­­ционален оркестар, диригент: Михаил Пле­ тњов (Русија), солист: Симон Трпчевски (Маке­ донија) - го режираше веќе проверениот двоец од „MACEDOINE, Одисеја 2001“, Иван Попов­ ски и Зоја Бузалковска. За крај, по полни единаесет години, фес­тива­ лот свечено се затвори со театарска претстава. Тоа е најдобрата претстава на МТФ „Војдан Черно­­дрински“,„Кавкаски круг со креда“ од Бер­ толт Брехт, во режија на Мартин Кочовски а во про­дукција на Народниот театар „Војдан Черно­ дрински“ - Прилеп. Така, историјата на Фести­ валот се заокружува со најзабележливата раз­ војна линија во македонскиот театар.

Театарските претстави на Охридско лето 2010 Српското Народно Позориште од Белград, со големо задоволство и радост ја прифати поканата да биде дел од театарската фамилија која ќе го слави јубилејот на Охридско Лето На 13 јули во 21-00 часот , еден ден после све­ченото отварање на ″Охридско лето″ се одигра првата претстава од драмската програма. После една цела декада од последното госту­ вање на Српското народно позориште од Бел­ град, тоа со големо задоволство и радост ја прифати по­ка­ната да биде дел од театарската фа­милија која го прослави јубилејот на ″Охрид­ ско Лето″. Пред охридската театарска публика се прет­ ставија со српската класика, комедијата „По­ кон­­дирена тиква“ од Јован Стерја - По­ повиќ во режија на еден од најдобрите српски режисери Јагош Марковиќ. Ексклузивитет за овој настан е што претставата специјално беше адаптирана за прекрасниот простор во предвор­ јето на црквата Св. Софија.

50

TEATARSKI GLASNIK   2010

Покондирена тиква

Во претставата, која е современа визија на класикот Стерја Поповиќ, играа звездите на срп­скиот филм, театар и теле­визија. Насловната улога на Фема - богатата вдо­ ви­ца ја одигра славната Олга Одановиќ – Пе­ тровиќ. Другите актери звезди се: Евица, неј­ зина ќерка - Хана Јовчиќ, Митар, брат на Фема - Дарко Томовиќ, Анчица, слугинка - Јелена Хелц, Јован, чи­рак - Михаило Лаџевац, Сара, додворувач на Фема - Александра Николиќ, Светозар Ружичиќ - Александар Среќковиќ, Василије - Бранислав То­машевиќ.

Премиера на „Хамлет“ на Охридско лето За да се постави ″Хамлет″ во еден репе­ ртоарски театар потребно најнапред да постои актерот кој би можел да го одигра овој круција­ лен лик од најголемиот драмски автор во исто­ ријата на светската драматургија. Потоа, потре­ бен е режисер кој ќе го препознае актерот и во својот светоглед ќе го изгради имагинарниот систем со своето уметничко кредо. Се разбира, како круна на оваа грандиозна идеја потребен е ан­самбл кој може да го понесе товарот и бремето на реализацијата на современиот ″Хамлет″ од Ви­лијам Шекспир. Драмски театар од Скопје, поставувајќи го ″Хамлет″ по трет пат во историјата на своето пос­то­ење, се потврдува како театар со тради­ ција, потсетувајќи не дека има волја и сила да го сондира времето во кое живееме.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.