teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 5

СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

Никола Ристановски

СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ – 27-ми март 2010 македонска порака

Актер, македонски народен театар, Македонија

Д

алеку од мојата земја - ме прашуваат за мојот театар. Никогаш не сум имал доволно дистанца од него, за да знам се за него... Ја немам ни сега. Но, сигурен сум, дека спецификата на тој Театар - е детерминира­на од поднебјето, од менталитетот, јазикот, насле­ дството, опште­ствениот момент… И се разбира - од поединци. - Индивидуи.. Некои Глумци, режисери... Живи луѓе. Во конкретниов случај - И со уште нешто - кое незнам како точно се нарекува - но силно го чувствувам. Нешто што не е правец - ниту вид. Нешто што не е систем - туку инстинкт. Нешто што не е естетика - туку антрпологија… Нешто што има свои подеми и падови. Но и свои длабо­ки корени. Тоа е мојот Театар. Вечерва повторно ќе бидам дел од него - и сосема - инстиктивно ќе ја оставам пред неговите врати - целата таканаречена култура што ја создава современиот поредок,- користејќи ги технолошките митови од една страна, и прин­ ципот на задоволување на физиолошките потреби - од другата. И повторно - како и секогаш - ќе ги затворам вра­­тите на сето она што го спречува - вистинско­то поимање на човековата суштина и инди­видуал­ ност. Ќе ги оставам надвор - сите слатки вистини - бранети со бедеми од лаги, и сето она - што коренито ги навредува - сеопфатните и разно­ бојни човечки искуства. Освен нив, во него ќе ги најдам - сите оние хумани вредностии - што сме ги подзаборавиле

5

патем - силувани од оние кои владеат со светот надвор - со законот на посилниот, со поредокот, со принуди и награди и со привидот на обра­ зованието. Тој Театар - силно ќе се спротистави на исто­ ријата - затруена со митологија, ќе ја воспостави – сегашноста - како единствена возможна рамка за вистинска љубов, и - суптилно, чувствено и разумно - ќе ја насети смислата на нашата иднина и идентитет. Мојот Театар - вечерва - повторно ќе се пре­ соблече во рувото на Дон Жуан, ќе ја отфрли бесмилата на апсурдот и погубноста на малогра­ ѓан­шти­ната. И по којзнае кој пат - ќе се обиде да ги напипа -принципите за човечката несреќа, како и изворите на неговата бесконечна сила. Ќе се обиде да го спротивстави - убавото на грдото. Да го просее доброто од злото. Помислу­ вам дека таквиот Театар би можел да биде - но­ва Но­ева барка…. Далеку од дома - си ја допуштам себеси оваа Илузија, зашто - конечно - без илузии - во ова време на “чисти сметки” и ”реални нешта“ - ние се повеќе нема да бидеме во состојба да живееме како човечки суштества, Можеби затоа - сеуште верувам во луѓето кои се во состојба да сонуваат преку Театарот. И да бидат негова суштина . Тие едноставно - понекогаш имаат талент - да го замислат оној Живот, - кој неличи - на животот што го живееме денес. И тие имаат моќ да го менуваат на подобро.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.