teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 163

Димитар Зози

Радмила Златковиќ

последниот театарски боем Починал на 26 септември 2010 Еден од најголемите театарски боеми - ак­те­ рот Димитар Зози почина на 58-годишна возраст. Актерот што колегите го познаваа како човек кој целосно и беше посветен на актерската про­ фесија, ја заврши Високата музичка школа во Скопје, отсек за драмски актери во класата на професорот Илија Џувалековски, а само една година по завршувањето на школата, во 1977, се вработи во Драмскиот театар Во почетокот на кариерата остави печат во остварувања наменети за деца, („Чук, чук Стоја­ нче“). Во проектите на вечерната сцена овој ак­тер се наметна со својот несомнен талент, со смислата за живи опсервации, со моќната сце­ нична појава и со изострено чувство за лично боење на текстот. Остави незаборавни оствару­ вања во претставите „Хамлет“, „Непокор“, „Чу­ до­то на Св. Ѓорѓија“, „Карамазови“, „Од првиот здив“, „Ревизор“ и др. Како една од неговите нај­добри улоги се спомнува неговата креација во монодрамата „Дневникот на лудиот“, а го паме­тиме и по неговите филмски улоги во фил­ мовите: „Македонски дел од пеколот“, „Јад“, „Тај­ната книга“, „Пресуда“. За својата креативност Зо­зи ја доби и Републичката награда на ама­ терски смотри. Р.С

Радмила Златковиќ, (10 мај 1925 – 29 април 2010) своите почетоци како актерка ги остварува во својот роден град Ниш. Во театарот ја вове­ дува нејзиниот постар брат Војислав Златковиќ( Ми­лојковиќ), кој во кралска Југославија глуми во разни патувачки театри меѓу кои и во „Боеми“ на Петре Прличко како и во трупата на Димче Трај­ковски. Својата предана работа како актерка во Р.Македонија ја започнува во Охридскиот теа­тар каде што како актерка професионално ра­боти во периодот од 1951 -1952 година. Во Народниот театар во Прилеп доаѓа во се­ зоната 1955-1956 година. Оттогаш се сели во раз­ни театри во Македонија така што во пери­ одот 1957 – 1959 работи во Народниот театар во Ко­чани, а од 1959-1961 во Градскиот театар во (Ти­тов) Велес. Својата кариера како актерка ја завршува во Наро­дниот театар во Куманово каде што работи од 1962 – 1965 за потоа да помине во Младинско – драмскиот театар во Скопје каде што до пензионирањето работи како суфлерка. Како актерка има остварено бројни и разно­ видни улоги меѓу кои се Тетка Савка во „Госпоѓа Министерка“, Цица во „Луѓе“, Таа во „Дали оттука по­ми­нал млад човек“, Леди Милфорд во „Интрига и љубов“, Г-ѓа Драга во „Др“, Фјокла во „Женид­ба“, До­ка во „Зона Замфирова“, Кручинина во „Без вина виновни“, Бела во „Длабоки корени“, „Анѓа во „Сомнително лице“, и други. Р.Б. број 74-75, 2010

163


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.