teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 145

бинирање, мешање и реструктуирање на еле­ ментите преземени од различните култури. Да се навратиме на почетниот извадок од Монографијата во кој се споменува составот на публиката, т.е. салепчиите и бозаџиите, обра­ зованата публика и дамите со шапки, кои иако ги заземаат за нив однапред одредените места во гледалиштето, сите заедно присуствуваат на претставата. Подоцна во Монографијата се поместува извадок од рецензијата на Илјами Емин во кој се нагласува „огромниот интерес на населението и барањата да се задоволат сите структури на публиката“. Овие два навидум небитни и речиси незабележителни детаљи во морето податоци со кои се сретнуваме, за мене се многу значајни. Прво - го изразуваат кон­ тинуитетот на репертоарската политика и второ - говорат за постојаната заложба да се води сметка за различните вкусови на публиката. Речено со модерен речник, репертоарот на Турскиот театар не ја познавал, а според наве­ дените податоци не ја ни познава, дис­крими­ нирачката граница помеѓу елитната и попу­­ ларната уметност, против која во 60-те години на 20 век се разбранува светската научна мисла и го донесе т.н. „знаење на реформаторите“ во името на демократијата. Дека овој концепт е концепт кој добива говорат и бројните гостувања на Турската драма во Турција, Бугарија, низ градовите од поранеш­на Југо­славија, но и наградите. Интересен е пода­ токот дека во 1967 година претставата „Коштана“ ја виделе 6600 гледачи на 17 претстави изведени низ градовите во Бугарија, а во 1968-та на гостувањето во Анкара со претставите „Хенри 4“ од Пирандело и „Гозба во кафеана“ од Курдет Аксл ја виделе 5 000 гледачи. Овие своевидни рекорди говорат за популарноста и успешноста на ансамблот на Турската драма, а повеќето награди на театарските игри „Војдан Черно­ дрински“, наградите „11 Октоври“и„ 13 Ноември“, само ја официјализираат оваа констатација. Вака погледнато, неминовно се поставува прашањето од каде потребата за создавање сте­реотипи, од каде потребата за поистоветува­ње на термините на европеизација и модернизација? Веројатно, како и секогаш, од потребата да се владее, да се наметне своето над туѓото, да се

апсорбира и асимилира. Процеси кои се сосем не можни од единствена и проста причина: во светот постојат места кои културната различност ја сметаат за своја предност, места кои се горди што можат да се пофалат со својата долговековна кул­турна хибридност. Иако такви места во светот нема многу, на пример Турската драма во Скопје е единствена на Балканот, ги има доволно за да го насочат движењето. Честитајќи Ви го големиот јубилеј - 60 години Турски театар во Макeдонија, посакувам многу успеси и многу плодни години. Благодарам за вниманието.

број 74-75, 2010

145


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.