teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 132

ISTORIJA NA TEATAROT

Единствената просторија на штипската „сала“ која била во должина од 40-45 метри и ширина 15 метри завршувала со метар и пол крената сцена. Таму се проектирале филмови бидејќи хотелиерот Саво ја нашол закопаната апаратура во одлична состојба. Платното било поставено над влезот а од сцената механичарот Жак ја пуш­тал лентата, додека прочуениот мандолинист Тоде Симето ја приспособувал музиката за она што се прикажувало на екранот, најчесто молен од публиката да го свири валцерот „Тубер­ кулозата“. Салата по барање на градежна­та управа од Штип, Сава Тодоровиќ генерално ја реновирал и во неа и понатаму продолжиле да се проектираат филмови и да се изведуваат театарски престави. Имало и други забавно и спортско-гимна­ стички приредби: гостувале двапати Кубанските козаци, изведувајќи на рамништето зад старите касарни, џигитски атракции на своите коњи. Потоа одржал концерт и прочуениот хор „Донски ко­заци“, па студентскиот хор „Обилиќ“ од Белград чии член бил и Славко Нетков од Штип. Јуре Ткалчиќ, професор од загребскиот конзерва­ ториум, виртуоз на виолина, доживеал овации од бројната штипска публика. Многу успешно гостување било петнаесето­дневото гостување на скопскиот Народен театар, од 8 – 22 јуни 1923 година.26 За овој настан белградска Политика објавила: „ Денес во Штип ќе пристигне скопскиот народен театар. Меѓу граѓанството владее голема заинтересираност. Репертоарот ветува убави наслади: Воображениот болен од Молиер, Ревизор од Гогољ, Змија девојка од Чехов, Кар­ лова тетка, Шокица и Коштана, во насловната улога Ана Дорјан и други. Билетите се купуваат како да е јамата“27. И навистина гостувањето на скопскиот театар бил голем поттик за штипските аматери па веќе на 22 август 1923 година започнала првата театарска сезона на штипскиот театар. Она што сакам да го кажам како соп­ ствено видување е дека штипскиот театар во однос на другите театри во Македонија своите 26  „Политика“, 8 јуни 1923 година 27  Зборот„јама“ е карактеристичен за Штип,значи грабеж-разграбување, обично се користел во матните воени времиња кога во отсуство на адми­ нистративна власт, граѓаните просто разграбувале се што може да се земе од дуќаните и маазите и од напуштените домови и си носеле дома.

132

TEATARSKI GLASNIK   2010

актери ги регрутирал од сопствените редови со многу мал процент на актери дојдени од страна. Театарската дејност во Штип во периодот 1941-1944 Колку повеќе се ближеле бурните денови на Втората светска војна, толку повеќе културниот живот во Штип почнал да замира.Во време на воспоставуцање на бугарската администрација во 1941-1944 се правеле усилби за театарски живот но без успех. Биле доведени артисти од Бугарија да даваат приредби, но биле многу не квалитетни и населението не ги прифатило со кој знае каков интерес и симпатии. Единствено уметникот-војник, Анани Анев, артист од Софија успеал во првите месеци од административната власт на Бугарија, да собере еден дел од чле­ новите на бившиот театар и други граѓани љубители на театарот, и со нив да ја подготви „битовата пиеса“ Неразделни од Иван Вазов, бугарска верзија на познатиот љубовен роман за Ромео и Јулија. Но на тоа застанало се, не се успеало возобновување на градскиот театар. Подоцна, група студенти и ученици од градот ја извеле македонската драма „Печалбари“ од Антон Панов, во режија на студентот Владимир Манев. Оваа престава имала и добротворна цел, целиот приход од преставата му даден на еден студент без родители за да може да ги продолжи студиите во Бугарија. Во 1943 година учениците од гимназијата jа одиграле комедијата „Голе­ манов“ од бугарскиот комедиограф Ст.Костов. Делото било одлично подготвено и публиката многу убаво го примила. Во него учествувале: Блага Делибашова, Галба Џидрова, Дончо Арнаудов, Илија Пуздерлиев, Лазар Кескинов, Мијалче Коцев, Методи Николов, Ристо Џидров, Ристо Чепреганов, Светлана Чушкова, Станка Денкова, Тодор Трендафилов и др. Тоа бил целиот репертоар во тие години и обиди за обновување на Повластениот штипски театар немало.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.