teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 113

француско друштво. До 1912 година имал фор­ мирано трупа на арапски јазик и почнал долга ус­пешна кариера со носење турнеи низ арап­скиот свет на преведени европски класици. Активен се до педесеттите години на векот, тој останува значајна личност во утврдувањето на традицијата на сериозната легитимна драма. Придонесите на Абијад за калсичниот театар биле паралелни со постигнувањата на Нагиб ал- Рахини во ко­ медијата. Актер и менаџер чија кариера исто така почнала во првата деценија на XX век и траела четри децении, ал-Рахини станал познат по секојдневниот лик што го измислил и со кого секогаш бил блиску идентификуван во народниот ум: Кишкиш Беј. Кишкиш на Ал-Рахини бил со до­бро срце, но итра личност; неговите авантури во серија комични скечеви и подолги драми во основа содржеле негово искористување од страна на странци, но на крајот Кишкиш ги надмудрувал. Други важни трупи биле оние на Јусуф Вахби и актерката Фартима Ружди. Меѓу тројцата исклучителни драмски писатели на тој век, Тафик ал-Хаким се смета за татко на модер­ ната египетска драма. Тој студирал во Париз, се вратил во Египет во 1927 години, неколку години работел како јавен обвинител, и во триесеттите години почнале да ги изведуваат неговите драми. Меѓу неговите седумдесет драми се наоѓаат Дилемата на султанот (1960г.), првата драма на апсурд во Египет Искачувачот по дрво (1962г.) и брилијантно имагинативната философска драма Судбината на една бубашваба. Чеховото влијание е преплетено во општествено свесните драми на Нуман Ашур, меѓу кои Луѓето горе по скалите (1956г.) и Луѓето долу по склалите (1958г.). Можеби најисклучителниот од сеуште живите египетски драмски писатели, Рашад Ружди, се префрлил од своите рани драми на поетичен реализам како Пеперутка (1959г.) до политички свесните драми како Египет, љубов моја (1967г.). 0Нередите на Средниот Исток во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години го уназадиле развојот на театарот во повеќето арапски земји. Иако театарот под западно вли­ јание во Турција може да се сретне веќе во 1859 година , тој навистина процветал дури по про­ гласувањето република во 1923 година. Тој

период донел владина подршка и за тра­ди­ ционалните турски театарски форми и за модер­ ните драми на психлошки реализам, како и за отстранување на сите забрани против поја­ вувањето на турските жени на сцена. Модернот турски театар го достигнал својот врв во шестата деценија во XX век, пред опш­тествените про­ блеми да го земат својот данок од присус­ твувањето на театарот во живо. Во источен Ерусалим, првото професионално палестинско театарско друштво Ел- Хакавати привлекло некој израелски посетители на театарот со својот уматнички квалитет и виски идеали. Неговата мисија, според режисерот Франсоа Абу Салем е “да донесе повеќе разбирање не само меѓу Израелците и Пале­стинците, туку и меѓу Среднот Исток и Западот”. 0Британското освојување на Индија во 1818 година наметнало култура што ќе го остави своето влијание долго време по заминувањето на британците во 1947 година. Индијците почна­ле да го поставуваат Шекспир на сцена уште во 1831 година и наскоро ги преведувале драмите на бенгали. Од шеснаесетте големи индиски јазици, бенгали и марати најподготвено го апсорвирале англиското влијание. Некои индиски уметници работеле за синтеза на индиската и западната драм­ска форма, но најпосле ова било пресрет­ нато од еден обид да се оживее драмата на Санаскрит и различните традиционални форми на танцова драма. Без сомнение најголемата личност во литературата на модерна Индија бил Рабиндранат Тагоре, добитник на нобеловата награда во 1913 година. Тој напишал повеќе од шеесет бенгалски драми меѓу 1884 и 1939 година, од кои голем дел лично ги режирал особено кога се фасцинирал од создавањето на нова поетска форма на танцовата драма. Големиот филмски режисер Сатјаџит Рај бил еден од учениците на Тагоре. Во 1954 година индиската влада ја основала Sangeet Natak Academy ( Националната академија за музика, танц и драма), за да ја потпомогне таквата национална драмска умет­ ност. Сепак во Индија нема голема финансиска поддршка за театрите и има изненадувачки мал­ ку ко­мер­цијален театар. Само безбројните ама­ терски друштва што негуваат нови драмски писатели и ги обезбедуваат повеќето можности број 74-75, 2010

113


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.