teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 111

0 о колонизацијата на Африка во девет­ С наесеттиот век биле создадени јавни училишта. Иако првичната намена им било обазбедување европски концепт на образование, такви инс­ титуции – како Нормалната школа Вилјам Понти (отворена од страна на Французите во Дакар, Сенегал, во 1913 година) или Театар на уме­ тностите (основан од британските предавачи Мартин Банам и Џефри Аксворти во 1958 година) на Универзитетот во Ибадан, Нигерија или Универзитетот на Гана во Легон, Акра, или Универзитетот во Дар ес Салам во Танзанија, меѓу другите – замале активна улога во про­учу­ вањето и поттикнувањето на тради­ционалниот африкнски театар. Богатсвото на пишана драма во последните децении – на англиски, француски, свахили, јоруба и други јазици – претежно било создадено на универзитетите. Нигерија долго време била во предниот ред на африканаската драма. Поглаварот Хјуберт Огунде ја почнал својата професионална кариера како драмски писател, продуцент и изведувач на јоруба драма и опера во 1944 година. Неговите турнеи на триесет и осум претстави што ги создал во текот на дваесет и осум години ја утврдиле неговата репутација како татко на нигерискиот театар. Следувале други јоруба - оперски друштва, особено Патувачкиот театар на Кола Огунмола, кој ја нудел многу популарната драматизација на романот на Ејмос Тутуола, Пијачот на палмово вино. Џон Пепер Кларк напишал голем број успешни драми на англиски јазик во шеесеттите години и Џејмс Ини- Хеншоу се истакнувал со натурализмот. Интернационално најпознатиот од сите африкански драмски писатели, нигерие­ цот Воле Сојинка, ја добил Нобеловата награда за литература во 1986 година. Меѓу големиот број негови драми, напишани на англиски се Танц на шумите (1963г.), Лавот и скапоцениот камен (1964 г.), Маките на братот Џеро ( 1964 г.), Лудаци и специјалисти (1971 г.) и Смрт и крал­ скиот коњаник (1975 г.). 0Водечките личности во театарот на Гана, и двете жени, биле здружени со Ганското драмско студио во Арка, кое Ефуа Теодора Сатерленд го основала во 1957 година. Драмски писател како и режисер, Сатерленд била неуморна во своите обиди да промовира национален театар во Гана.

Ама Ата Аиду е исто така драмски писател и има работено како секретар за образование на Гана. Иако е од Брегот на слоновата коска, драмскиот писател Бернар Дади е производ на училиштето на Вилијам Понти од Сенегал; една од неговите први драми изведени таму потоа била поставена на сцена во студиото на Елисејските полиња во Париз во 1937 година. Меѓу големиот број негови драми на француски јазик, Г-дин Опортунист (Monsieur Thogo-gnini, 1969 година) се смета за најдобра. Други важни западноафрикански драмски писатели што пишувале на француски се Шеик Алиу Надо од Сенегал, Сони Лаб’у Танси од Конго, Гијом Ојоно- Мбиа од Камерун и Катеб Јасин од Алжир. Иако Еме Сезар е од Мартиник на Карибите, тој силно се идентификува со африканскиот театар во својот избор на теми и вклучување на африкански поетски идиоми во својата употреба на јазикот; тој ја напишал Трагедијата на крал Кристоф (La Tragedie du roi Christoph, 1964 година), Едно годишно време во Конго (Une Saison au Congo, 1967 година) и “адаптација за црн театар” на Бурата на Шекспир, под наслов Une tempete (1969 година) 0Источна Африка имала помалку население од Западна Африка, но била погусто населена од Европејци. Покрај тоа, приватните театарски претстави и училишни драми на колонистите ос­танале поизолирани од домородните тради­ции. Размената била уште повеќе одложена од се поголемото насилство на источноафриканските борби за независност. Седумдесеттите години конечно го доживеале појавувањето на една ге­ нерација талентирани драмски писатели : Џејмс Нгуги и Кенет Ватене од Кенија, Џон Руганда и Роберт Серумага од Уганда и Дејвид Поунал од Замбија. Освен тоа, претседателот на Танзанија Џулиус Нјерере направил преводи на Шекспир на свахили. 0Претколонијалниот театар во Јужна Африка прифатил разновидни форми, меѓу кои и солонаративи на нгуни, пофални песни и хотентотски и бушмански здружувања на пантомима, музика и такц. Првиот европски театар бил изграден во Кејптаун во 1801 година за патувачки изведувачи од Англија. Африкаанс драми ( на холандски) почнале да се изведуваат на преминот на векот. Како што цутеле англиските и африкаанс- театри, број 74-75, 2010

111


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.