teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 110

0 езависното театарsко движење во Аргентина Н почнало со основањето на Народен театар (Teatro del Pueblo) во 1930 година и траело дури до шеесеттите години; меѓу исклучителните драмски писа­тели што ги создало се Роберто Арлт, Ос­ вал­до Драгун и Гризелда Гамбаро. Како што е за­бележано на друго место, голем број аргентин­ ски режисери и драмски писатели направиле ус­пешни кариери во Париз. Работата на драмскиот писател Кадо Костцер честопати е изведувана и на двата континента. Еухенио Гри­феро успешно режирал голем број свои драми во осумдесеттите. Развојот на уругвајскиот театар е тесно поврзан со оној на Аргентина; заедно тие се нарекуваат “театар Ривер Плата”. Познати меѓу уругвајските драмски писатели, по Фло­ренсио Санчез, биле Ернесто Херера, Винценте Мартинез Куитињо и Карлос Марисио Пачека. Познатиот бразилски режисер и драмски тео­ретичар Аугусто Боал работел во Театро Арена во Сао Паоло се доедка промелнивата политичка клима не ги забранила него и другите такви иновативни театри и го принудила Боал да оди во егзил. 0Чилеанскиот театар се развил побавно од одние во другите држави како последица на економските и политички проблеми. Главниот поттик дошол од основањето двете универзитет­ ски театарски групи: првата формирана во 1941 година и подоцна преименувана во Театарски институт на Универзитетот во Чиле (Instituto de Teatro de la Universidad de Chile ITUC), Експе­ риментален театар на Католичкиот универзитет – Teatro Experimental de la Universidad Catolica (TEUC, 1943). Меѓу драмските писатели од следната “генерација на педесеттите години ” има­ло и три жени, но тројцата најдобри чилеан­ ски пи­сатели цутеле во шеесеттите години : Луис Хајреманс, Егон Волф и Алехандро Сивекинг. Големиот поет Пабло Неруда напишал една драма пред својата смрт во 1973 година, годината на државниот удар кој почнал период на строга политичка и уметничка репресија во Чиле. Неруда се појавува како лик во Горливо трпение (Ardiente pacienca, 1982 година), длабоко тро­ гателна и топло хумористична драма на чиле­ анскиот драмски писател во егзил Антонио Скармета. Од 1984 година, на метностите во Чиле им била дозволена поголема слобода и

110

TEATARSKI GLASNIK   2010

театрот, соодветно на тоа,процветал. Венецу­ елскиот театар добил сила во триесеттите години; негови најдобри драмски писатели од педесеттите наваму се Сезар Ренгифо и Исак Хокрон. Театарот во Колумбија во последните години се одликува со колективното создавање и општествените проблеми; Експерименталниот театар на Кали (Teatro Ezperimental dr Cali, 1969) на драмскиот писател Енрике Буенавентура е познат меѓу приближно стотина такви групи. Перуанснкиот романсиер Марио Варгас Љоса напишал две драми во осумдесеттите. Исклу­ чителни централноамерикански драмски пи­ сатели се Тирана од Куба и Рене Маркез од Прторико. Во последните години има зголемен интерес за дефинирање на националниот иден­ титет преку театарот и распространувањето на театарски фестивали низ Централна и Јужна Америка. Веројатно дека овој дел на Земјината топка ќе создаде некои од најважните театри во дваесет и првиот век. 0В о Африка традиционално домородните ритуални изведби коегзистираат паралелно со поконвенционално напишаната драма што е пропагирана од страна на универзитетите откако различните нации ја добиле својата независност во педесеттите и шеесеттите години. Вештините на африканските пејачи, танчери, тапанари, вол­ шебници, акробати и раскажувачи што се прене­ сувале со генерации во текот на пет века ја создаваат основата на слободно структурална­та тра­диционалана забава. Таа се разликува од европскиот театар во многу погледи, најмногу во ак­тивната соработка меѓу изведувачот и глед­ачот. Скот Кенеди ја потенцира директната врска меѓу оваа традиционална музичка драма и секој­ дневниот живот на луѓето, како спротивност на театарската уметност само во име на уме­тноста. “Овие драмски изразувања поврзани со опш­ тествените ритуали или официјалните по­води и наративната драма, вклучувајќи дијалог, музика, танц и пантомима со повеќе спонтаност отколку формалност и сите движења од драмата со танц може да бидат добро познати и очекувани од страна на публиката”, пишува Кенеди. “ А оваа риту­ална идентификација на јавноста може со денови или седмици да ги вклучува гледачите без да им стане здодевно.”


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.