Esenski muzicki svecenosti 2016

Page 1


2 ноември (среда) 20:00 часот - Гала оперски концерт „50 години уметничка дејност – Маестро Томислав Шопов“ - учестуваат: солисти, оркестарот и хорот на МОБ и гости: Академскиот хор „Мирче Ацев“, Камерниот хор „Франце Прешерн“, Камерниот хор “Моис Хасон“ при ЕЗРМ – Скопје - Салон на МОБ 4 ноември (петок) 20:00 часот- Концерт на Карсу Донмез (Karsu Dönmez) – Карсу Донмез (Karsu Dönmez) - пијано, вокал, Дејви Енди Хенкет (Davy Andy Henket) - тапани, Март Џенинга (Mart Jeninga) - бас гитара, Улрих де Јесус (Ulrich de Jesus) – гитара, Рендел Хеј (Randell Heye) – труба, Ефе Ердем (Efe Erdem) – тромбон – Турција (во соработка со Јунус Емре институт - Турски културен центар - Скопје) - Дом на АРМ 7 ноември (понеделник) 20:00 часот- Концерт на Бобан Мирковски – пијано - Музеј на град Скопје 9 ноември (среда) 20:00 часот- Концерт Славица Галиќ Петровска – сопран, Нада Талевска Спасовска – сопран, Андреј Наунов – пијано - Фоаје на МОБ 11 ноември (петок) 20:00 часот- Концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“ и промоција на книгата „Македонската песна на далечните меридијани со легендите Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски, Кочо Петровски“ од Роска Бадева - издавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје - Македонски народен театар 12 ноември (сабота) 20:00 часот- Џез концерт на „Артур Дуткиевич Трио“ Артур Дуткиевич (Artur Dutkiewicz) – пијано, Михал Барански (Michał Barański) – контрабас и Себастијан Кухчињски (Sebastian Kuchczyński) – тапани - Полска, (во соработка со Амбасадата на Република Полска) - Дом на АРМ 14 ноември (понеделник) 20:00 часот- Концерт по повод 135 години од раѓањето на Бела Барток учествуват: Виктор Рафајловски – пијано, Борис Петрески – пијано, Милош Спасиќ – пијано, Ева Богоевска – виолина, Христина Ангелова – пијано, Зоран Станишиќ – пијано, трио „Академико“ Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано (во соработка со Амбасада на Унгарија) - Музеј на град Скопје


15 ноември (вторник) 20:00 часот- Концерт на Тери Елен Роудс (Terry Ellen Rhodes) – сопран, САД и Елена Атанасовска – Ивановска – пијано, Македонија - Музеј на град Скопје (ФМУ) 21 ноември (понеделник) 20:00 часот- „Од страниците на творештвото на Стојан Стојков (кон 75 години од раѓањето)“ – Концерт на студентите на ФМУ – Скопје - Факултет за музичка уметност 22 ноември (вторник) 20:00 часот- Концерт во чест на Георги Божиков (1931 - 1986) и промоција на книгата „Жоро“ на Снежана Анастасова Чадиковска - Фоаје на МОБ 23 ноември (среда) 20:00 часот- Балетска претстава „Клеопатра“ - СВЕТСКА ПРЕМИЕРА Александра Мијалкова (Примабалерина) - 25 години уметничка дејност - Балет на МОБ - Салон на МОБ 30 ноември (среда) 20:00 часот- „Мојот музички пат“ - Концерт посветен на 30 - годишнината од уметничката дејност на м-р Страшо Темков - флејта - Фоаје на МОБ * На 26.11.2016 во 12:00 часот на ФМУ, ЕПТА посветува специјален концерт на Бела Барток * Дел од концертите ќе се одржат и во градовите низ Македонија, Битола, Кавадарци, Штип * Организаторот го задржува правото за измени и дополнувања на програмата * Влезот за концертите во Салонот на МОБ, Дом на АРМ, МНТ е регулиран со билети


2 НОЕМВРИ (СРЕДА)   САЛОН НА МОБ   20:00 ЧАСОТ

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2017 ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ 50 години уметничка дејност – Маестро Томислав Шопов солисти, оркестарот и хорот на МОБ и гости: Академскиот хор „Мирче Ацев“, Камерниот хор „Франце Прешерн“, Камерниот хор „Моис Хасон“ при ЕЗРМ – Скопје ПРОГРАМА: Georg Bizet: Увертира од операта „Carmen“- Оркестарот на МОБ W.A.Mozart: „REQUIEM“ - Dies irae, Tuba mirum,-солисти: Гонца Богоромова, Владимир Саздовски, Ирена Кавкалевска и Јане Дунимаглоски, Rex tremendae, Lacrimosa- Трите гостински хорови Трајко Прокопиев: - „Ја излези стара мајко“ од операта „Кузман Капидан“, солисти: Игор Ѓиновски, Дарко Нешковски и трите гостински хорови Александар Лековски: - „Живеј граде“ од кантатата „Елан“-Трите гостински хорови Carl Orff: „Carmina Burana“: - in Trutina, Tempus est iocundum, Dulcissime, солист: Нада Талевска, Ave formosissima, O Fortuna, Трите гостински хорови и хорот на МОБ ПАУЗА Giuseppe Verdi: „La Traviata“: Scena ed Aria Alfredo, солист: Зоран Сотиров, Scena ed Aria Germont, солист: Ристе Велков, Scena ed Aria Violetta – Finale AttoI, солист: Славица Петровска Галиќ Giuseppe Verdi: „Il Trovatore“: Aria di Manrico, солист: Никола Стојчески, Scena e duetto – Leonora e Conte, солисти: Весна Ѓиновска - Илкова и Борис Трајанов Giuseppe Verdi: „AIDA“ :Триумфална сцена – финале, солисти: Цветан Стојановски, Весна Ѓиновска - Илкова, Ристе Велков, Ирена Кавкалевска, Игор Дурловски и Владимир Саздовски, оркестарот и хорот на МОБ Диригенти: Томислав Шопов, Андреј Наунов, Иван Еминовиќ и Бисера Чадловска Сценарио и водител: Крсто Скубев Режија: Трајко Јордановски


ТОМИСЛАВ ШОПОВ роден е во Струмица. Средно музичко образование, главен инструмент калвир, втор инструмент-виолина, завршил во Скопје. Дипломирал диригирање на музичката академија во Љубљана, во класата на проф. Данило Швара. Специјализирал на Академијата „Санта Чечилија“ во Рим, кај проф. Франко Ферара. Уште за време на студиите диригирал со неколку симфониски оркестри во Љубљана, Трст, Загреб, Белград и Рим. Од 1970г. е диригент во Македонската Опера и Балет, каде диригира скоро во сите наслови од т.н. ,,железен репертоар“. Шопов се афирмира и како симфониски диригент (10 концерти со Македонската филхармонија и симфониски концерти во Белград, Загреб, Љубљана, Франкфурт). Огромен придонес има и во афирмирањето на македонското творештво, поставува и дири­ гира повеке музичко-сценски и вокално-инструментални дела од: Т. Прокопиев, Т.Скаловски, Г.Смокварски, К. Македонски, Б. Трајков, Т. Прошев, В. Николовски, Р.Аврамовски, М. Николовски и други. Неколку години е шеф диригент во оперските куќи во Анкара, Измир и Истанбул-Турција. Поставил повеке од 50 оперски и балетски дела. Диригирал преку 1000 оперски и балетски претстави, симфониски и гала оперски концерти, во земјава и надвор од неа. Има огромен придо­ нес и во афирмацијата на аматерските, пред сé, хорски ансамбли. Долги години работи со хорот на Македонската опера, кој под негово водство се консолидира и израсна во вистински професио­нален ансамбл. Со нив настудирал преку шеесет опери и неколку вокално-инструментални дела. Работел со хорот на МРТ, Академскиот хор „Мирче Ацев“, а ги формирал и сеуште работи со хоровите, „Франце Прешерн“, на истоименото словенечко здружение во Скопје и хорот „Моис Хасон“, на Еврејската заедница во Република Македонија.


4 НОЕМВРИ (ПЕТОК)   ДОМ НА АРМ   20:00 ЧАСОТ

КОНЦЕРТ НА КАРСУ ДОНМЕЗ (Турција) Карсу Донмез (Karsu Dönmez) - пијано, вокал Дејви Енди Хенкет (Davy Andy Henket) - тапани Март Џенинга (Mart Jeninga) - бас гитара Улрих де Јесис (Ulrich de Jesus) - гитара Рендел Хеј (Randell Heye) - труба Ефе Ердем (Efe Erdem) - тромбон


Kарсу Донмез е прекрасен пејач, пијанист, аранжер и композитор. Родена е во Холандија а по потекло е од Турција. Учествува на многубројни меѓународни фестивали и концерти во Амстердам „Concertgebouw“, Ротердам „North Sea Јazz Festival“, Истанбул, како и во светски познатиот „Карнеги Хол" во Њујорк. Карсу Донмез во 2015 година во Холандија е призната како една од 10-те највлијателни турски имиња во последните 50 години. „Confession“ – Исповед е нејзин прв студиски албум издаден 2012 година. „Colors“ – Бои нејзин последен албум издаден 2015 година. Двата албума се комплетно нејзино авторство. Основата на новиот студиски албум на Карсу, „Colors“ - Бои исто така се базира на џезот но овој пат малку поактивен и енергичен. Албумот го носи името „Colors“ – Бои, кое го отсликува мултикултурното потекло на Карсу, и воедно покажува дека нејзината музика е мешавина од различни музички жанрови. Како комплетен кантавтор на својот албум, Карсу за прв пат ги напиша и турските песни: “Остави ме мене вака“ и “Чекав“. Таа е посебен, импресивен и моќен пијанист, со прекрасни и весели композиции, и со енергичниот изглед за кратко време ја освојува меѓународната сцена и станува една од омилените уметници. Незјината музика збогатена со џез, фанк, соул, блуз и реге музика е примена со овации на многу места во светот од Бразил до Белгија. Покрај сопствените композиции, композициите “Лудо Заљубен”, “Реката Гелевера”, “Геси Гаглари“ “Доматес Бибер Патлиџан“, “Каде си ти“ останаа засекогаш запаметени, како ново толкување на старите турски хитови. Kaрсу Донмес оваа година, е првиот турски уметник добитник на најпрестижните музички награди Едисон џез / Свет 2016 во Холандија.


7 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)   МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ   20:00 ЧАСОТ

КОНЦЕРТ НА БОБАН МИРКОВСКИ - пијано ПРОГРАМА: Ф. Лист (1811-1886) - Унгарска Рапсодија бр. 6 Ф. Лист (1811-1886) - Унгарска Рапсодија бр. 11 Р. Шуман (1810 - 1856) - Токата Оп. 7 А. Хачатурјан (1903 - 978)- Соната А: Хачатурјан (1903 - 1978) - Токата Д. Имери (1960) - “Пајдушко“ (премиерна изведба)


Бобан Мирковски е роден на 1991 во Скопје. Основното и средното образование го заврши во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Даница Стојанова. Дипломира во 2013 година на Факултет за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Трпчески. Во 2015 год. ги завршува пост-дипломските студии на ФМУ Скопје во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија). Мирковски има остварено голем број концерти во Македонија и странство и има освоено голем број награди на домашни и меѓународни натпревари. Како поважни настапи се издвојуваат сите поголеми концерти на ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“ и на ФМУ Скопје; концерт во Босковице, Чешка Р. (2007 год.); концерт во Сан Даниеле, Италија (2007 год.); настапува како дел од неколку концерти на Симон Трпчески; концертот во Вашингтон, САД (2011 год.) по повод 20 годишнината од независноста на Р. Македонија; остварува повеќе солистички концерти низ Р. Македонија; два настапи како солист со Македонска филхармонија (2011 и 2012 год.) итн. Дел од наградите кои ги има освоено се: 2 први места и 1 Лауреат на Арс Косова, Приштина (2006, 2007 и 2008 год.); I-ва награда на меѓународниот натпревар “Даворин Јенко“ во Белград, Р. Србија; 3-та награда како и награда за највиртуозен учесник на меѓународниот натпревар “Музиката и земјата“ во Софија, Р. Бугарија, Лауреат на меѓународен натпревар “Македониум М“ во Скопје (2007 год.) итн. Исто така, пијанистот Мирковски е добитник на престижната награда на фондацијата “Климентина Рафајловска“ за најдобар музичар матурант. Во своето образование има посетувано и неколку меѓународни семинари кај еминентни професори од републиката и од странство како што се: проф. Ж. Захариева (Бугарија), Ј. Михајловиќ (Србија), Ф. Турисини (Италија), А. Леимони (Грција), Т. Каишиге (Јапонија), Б. Романов (Македонија) итн. Моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“ Скопје каде остварува успеси со своите ученици.


9 НОЕМВРИ (СРЕДА)   ФОАЈЕ НА МОБ   20:00 ЧАСОТ

КОНЦЕРТ на СЛАВИЦА ГАЛИЌ ПЕТРОВСКА – сопран, НАДА ТАЛЕВСКА СПАСОВСКА – сопран, АНДРЕЈ НАУНОВ – пијано

ПРОГРАМА: W.A. Mozart – “Le nozze di Figaro” (Duettino Sull’aria) Славица Петровска , Нада Спасовска G. Puccini – “La Rondine” (La Cancone di Doreta - Magda) Славица Петровска G. Verdi – “Luisa Miller” (Luisa Miller) Нада Спасовска Hugo Wolf – Er ist’s Славица Петровска F. Mendelssohn – “Denn in seiner hand ist…” Славица Петровска Nikolaj Rimski Korsakov – “Plenivsis rozoj, salavej” Нада Спасовска Sergej Rahmaninov – “Uz ti niva maja” Славица Петровска Charles Gounod – “Romeo Et Juliette” (Juliette) Нада Спасовска G. Meyerbeer – “Gli Ugonotti” (Margherita) Славица Петровска J. Strauss – “Frühlingsstimmen” Нада Спасовска J. Strauss – “Geschihten aus dem weiner wald” Славица Петровска Пијано придружба Андреј Наунов


Славица Г. Петровска, првенка на операта при МОБ, магистeр по соло пеење, концертен пејач и професор на Факулетот за музичка уметност во Скопје. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Коста Трпков. Магистерските студии ги завршува во класата на проф. Милка Ефтимова во Скопје. Веднаш по дипломирањето следува нејзиниот ангажман во Мариборскиот театар, по што следува специјализацијата во Санкт Петербург- Русија. Во Санкт Петербург беше на конзерваториумот “Римски Корсаков” во класата на проф. Татјана Николаевна- Лаврова. За време на специјализацијата била ангажирана во театарот “Рубинштајн” каде што аудиционата комисија и додели две улоги: Виолета во “Травијата” и Розина во “Севилскиот бербер”. Исто така во салата “Глазунов” одржува солистички концерт каде што за првпат изведува концерт за колоратурен сопран и оркестар од Глиер. Врз основа на аудиционата претстава “Травијата” од 1986 година, е во постојан ангажман во Операта при МОБ. На нејзиниот репертоар се наоѓаат следните улоги: Адина во “Љубовниот напиток”Доницети, Хана Главари во “Веселата вдовица”- Лехар, "Кармина Бурана"- Карл Орв, Оскар во “Бал под маски”- Верди, Неда во “Палјачи”- Леонкавало, Мизета во “Боеми”- Пучини, Розина во “Севилскиот бербер”Росини, Џилда во “Риголето”- Верди, Виолета во “Травијата”- Верди, Лучија во “Лучија од Ламермур”Доницети, Серпина во “Слугинка Господарка”- Перголези, Антонида во “Иван Сусањин”- Глинка, Дона Ана во “Дон Џовани”-Моцарт, Розалинда во “Љиљакот”- Штраус, Лиу во “Турандот”-Пучини. Настапува и како концертен пеач. Покрај многуте концертни солистички рецитали има реализирано „Концерт за колоратурен сопран и оркестар“ од Глиер, “Ексултате Јубилате”- Моцарт, Деветта симфонијаБетовен, Седма симфонија- Малер, Миса во Ц-дур од Моцарт, „Реквием“ од Верди, „Реквием“ од Моцарт, „Салве Реџина“-Перголези, „Стабат Матер“-Перголези. Голем број на солистички концерти а меѓу најдобрите концерти можат да се издвојат „Вечер на руска музика“ (Салон 19.19) и „Вечер на германски романтичари“ (Салон 19.19). Славица Г. Петровска особено го негува камерното пеење и член е во камерното трио “Скопје” кое полни 20 години активно учествува на сите фестивали како во земјава така и надвор. Во 2008 година беше одржан јубилеен концерт (15 години). Учесник е на сите фестивали, како Болдинска вечер во Нижни Новгорад, Охридско лето, Скопско лето, Битолско лето, Рацинови средби, Гоцеви денови, Крушевска република, Струшки вечери на поезијата. Треба да се истакне нејзината соработка со Македонската филхармонија, каде што имала извонредни креации.


Славица Г. Петровска гостувала во сите поголеми музички центри: Копенхаген, Нижни Новгород, Токио, Солун, Рим, Благоевград, Пловдив, Софија, Нови Сад, Белград, Риека, Осиек, Париз, Дизелдорф, Дортмунд, Љубљана и др. Славица Г. Петровска е и добитник на нашето највисоко признание. Тоа е наградата “11-ти Октомври” во 2002 година. Во 2009 година станува добитник и на наградата “Златна Лира” - награда за животно дело. Во 2014 година се закитува со уште една награда – 13 Ноември, награда што ја доделува Град Скопје за животно дело. Во 2002 година станува уметнички директор на Македонската Опера при МОБ до 2005. Од 2007 година Славица Петровска Галиќ е вонреден професор по соло пеење на Академијата за музички уметности - Скопје.

Нада ТалевскА СПАСОВСКА е родена во Скопје 1986 год. Со музика започнува да се занимава од своите 7 години. Завршува нижо музичко образование во Скопје, отсек пијано кај проф. Снежана Анастасова – Чадиковска и проф. Маријана Јованчевска. Потоа го продолжува своето образование во средното музичко училиште на отсекот по соло пеење во класата на проф. М-р Светлана Донковска. Своето музичко образование го продолжува на Факул­ тетот за музичка уметност во Скопје, каде што дип­ломира 2009год., дипломски испит оценет со 10 (десет) CUM LAUDE, во класата на проф. Марија Наумовска – Муратовска и магистрира со истата оцена 2011 год., во класата на проф. М-р Славица Галиќ - Петровска. Учествува на многубројни концерти во текот на своето нижо и средно образование, како и на Музичката академија. 2002 година учествува на Државниот натпревар на ученици и студенти по музика во Штип, каде што ја освои првата награда. 2003 година учествува на Државниот натпревар на ученици и студенти по музика во Скопје, каде ја освои специјалната прва награда. 2001 и 2002 година ги посетува семинарите по соло пеење кај професорите Мирелла Парутто и Антонио Боаје, каде што е оценета со исклучителни критики. На млади години учествува во претставата “Carmina Burana” – Carl Orff, како и во претставата “Aida” – G. Verdi во 2005 год. 2009 година ја реализира улогата на Кралица на ноќта во “Волшебната флејта” – W. A. Mozart (претстава за деца). Одтогаш почнуваат да се редат дебиата во солистичките улоги како во "Кармина Бурана", Џилда во "Риголето", Лучиа во "Лучиа од Ламермур", Олимпиа во Приказните на Хофман, и т.н. Покрај ангажманите во операта Талевска работи и на својата концертна дејност, како на сцената на МОБ, така и на културните случувања низ Републиката и надвор од неа.


Андреја Наунов е роден во Кочани. Дипломира на Факултетот за музичка уметност-Скопје на одделот пијано во класата на доцент-проф. Симон Трпчески, во чија класа е и на постипломски студии. Добитник е на неколку државни награди по камерна музика и пијано во Македонија и странство, а има и оставрено бројни солистички рецитали, настапи со Македонската филхармонија и оркестарот на Македоснката Опера и Балет. Еден од по значајните настапи се турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчески на територија на Р. Македонија. Дава свој придонес и во хуманитарните манифестации како концертни изведби, претстави и сл. Покрај пијанистичката кариера паралелно се реализира и во вокалните ансамбли. Еден од нив е ансамблот “Вокали” со кој настапува на Охридско лето, Скопско лето, ДММ, снимање на филмска музика. Исто така настапува и со вокалниот ансамбал “Хераклеа” на Дубровачките летни игри, Охридско лето, Вино фестивал-Нови Сад. Како корепетитор тој има инзвонредни можности да ги истакнува своите изведувачки вештини на пијано низ завиден број настапи во државата со различни ансамбли и солисти во Македонија како и во странство (Швајцарија, Австрија, Србија, Германија, Унгарија, Романија, Словенија). Како свои соработници во концертната –корепетиторска дејност има соработка со првенците на МОБ, како и најистакнатите инструменталисти во државата. Покрај пијанистичката, корепетиторската, вокалната кариера се реализира и во полето на диригирањето, поточно со хорот на црквата Пресвета Богородица од Скопје, со кој хор во 2012 и 2014година оствари извонрдни концерти во Виена, а во 2015 во Венеција, Рим и Бари, во најпознатите цркви како св. Марко, Сан Клементе, св. Никола... Во мај 2013 година беше член во жири за пијанисти на Меѓународниот фестивал за Славјанска музика во Москва, каде што и оствари неколку настапи низ Москва, вклучувајќи го отворањето на фестивалот. Вработен е како корепетитор во Македонска Опера и Балет, како и музички соработник на Факултетот за музичка уметност во Скопје.


11 НОЕМВРИ (ПЕТОК)   МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР   20:00 ЧАСОТ

ВО ЧЕСТ НА Васка Илиева Никола Бадев Александар Сариевски Кочо Петровски Концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “ТАНЕЦ” Со промоција на книгата „Македонската песна на далечните меридијани со легендите Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски, Кочо Петровски“ од Роска Бадева издавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје


Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец. Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. Од исклучителна важност се покажало формирањето на ансамблот чие прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на “Интернационалниот фестивал” во Велс. Членовите на Танец со изведбата на “Тешкото” ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда. Вредно за споменување е фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Како најдобар ансамбл, им било овозможено да го продолжат својот престој уште дваесет дена и да одржат концерти низ цела Англија. За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: “11 Октомври”, “Климент Охридски”, наградата од градот Скопје “13 Ноември” како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Р. Македонија. “Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи. Репертоарот на “Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и многу други бисери на македонското народно творештво. Во својата културна мисија ансамблот “Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција. На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: “Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и натпеан и надигран.” Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето. Со еден збор ансамблот “Танец” претставува подвижна енциклопедија на македонскиот народ.


12 НОЕМВРИ (САБОТА)   ДОМ НА АРМ   20:00 ЧАСОТ

КОНЦЕРТ на џез триото на АРТУР ДУТКИЕВИЧ – Полска

(во соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија)

Артур Дуткиевич (Artur Dutkiewicz) - пијано Михал Барањски (Michał Barański) - контрабас Себастиан Кухчињски (Sebastian Kuchczyński) - тапани Артур Дуткиевич трио е една од водечките џез групи во Полска. Неговиот стил е уника­тен и препознатлив: модерен, класичен џез со елементи на т.н. „world music“. Неговите последни албуми: “Hendrix Piano” првиот џез албум кој ја претставува музиката на Хендрикс во изведба на пијано џез трио и „Prana” – со композиции чиј автор е Артур Дуткиевич, беа сензационално прифатени од публиката и критиката. Артур Дуткиевич е познат „амбасадор на полскиот џез“ во изминатите неколку години. Наста­пил во повеќе од 50 држави, од САД, преку Европа, Азија до Австралија. Михал Барански – контрабас и Себастијан Кучински – тапани се извонредни музичари, со кои Дуткиевич настапува низ целиот свет. Во 2015 година групата имаше турнеја во Австралија и Нов Зеланд настапувајќи на големите интернационални фестивали во: Перт, Мелбурн, Бризбејн, Велингтон. Програмата вклучува дела од последниот албум на Артур Дуткиевич трио. Водечките композиции се одликуваат со Словенска лирика, ритам и импровизаторски идиом на современиот џез, со снажна експресија поделена со медитативни фрази.


Артур Дуткиевич е еден од најголемите полски џез пијанисти и композитор, роден во 1958 година во Пинцзов – Полска. Дипломирал со најголеми почести на музичката академија во Катовице – Полска. Тој беше финалист на Thelonious Monk Competition во Вашингтон – САД. Благодарејќи на честите концертни турнеи низ целиот свет, Артур Дуткиевич е познат како музичар во САД, преку Европа и Азија до Австралија и Нов Зеланд. Артур е водач на „Артур Дуткиевич трио“ кое исполнува модерен џез. Во 2010 година триото го сними албумот “Hendrix Piano” - првиот џез албум кој ја претставува музиката на Хендрикс во изведба на пијано џез трио. Следниот албум на триото „Prana” со композиции на Артур се реализираше во 2014 година. Тој исто така свири соло рецитали. Последен соло албум “Mazurkas” (2012) содржи негови современи композиции инспирирани од полскиот фолклор и музиката на Шопен, Шимановски, Барток. Дуткиевич учествувал на познати џез и музички фестивали во светот како што се: North Sea Jazz Festival - Хаг, Jazz Jamboree - Варшава, Festival Kleiner Bunchen - Берн, Jazz Ost West - Нирнберг, MIDEM - Кан, Music Oggi - Милано, Festival D`Europe Centrale – Париз,, Europe XXL- Виена, Sziget Festival - Будимпешта, Jazz Plaza Festival - Хавана, Tel Aviv Jazz Festival – Тел Авив, Glasgow Jazz Festival - Глазгов, Duesseldorf Jazz Rally - Дизелдорф, World Culture Festival - Берлин, Notturni in Palestro Festival - Милано, BJ Ninegates Jazz Festival - Пекинг, Kontu Festival - Хелсинки, Euro Jazz Festival – Мексико Сити, Melbourne Int. Jazz Festival - Мелбурн, Utsav Jazz Festival – Њу Делхи. Во јули 2011 година Артур Дуткиевич настапи на Олимпискиот стадион во Берлин во рамките на Светскиот фестивал на културата. Специјално за оваа прилика, тој аранжираше и отсвири дело за 30 пијана со пијанисти од целиот свет. Концертот, на кој присуствуваше триесет и петилјадна публика, беше израз на диверзитетот на културите и порака за мир во светот.


14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ  20:00 ЧАСОТ

Embassy of Hungary

The Embassy o КОНЦЕРТ in partnership with по повод 135 години од раѓањето на Бела Барток

Во соработка со Амбасада на Унгарија во Република Македонија

ПРОГРАМА:

has the honou jazz concert performed b Bágyi And dedicated to the 25th Anniver

Шест рoмaнски танци Tuesday, 28 of J Виктор Рафајловски – пијано, IX одд. ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Venue: Faculty of Fine проф. Катерина Кетковиќ Фидановска Allegro Barbaro Борис Петрески – пијано, VIII одд. ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, проф. Елена Костовска Два рoмaнски танци оп. 9б Милош Спасиќ – пијано, III год. ФМУ – Белград, проф. Лиљана Вукеља Шест рoмaнски танци за виолина и пијано Ева Богоевска – виолина, I год. ФМУ – Скопје, проф. Олег Кондратенко, Весна Ангелова Христов - пијано Сонатина Зоран Станишиќ - пијано Sean Michael Solomon (1945): Варијации на тема „Braul“ по Барток Трио „Академико“ – Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет, Наташа Трбојевиќ – пијано

* На 26.11.2016 во 12:00 часот на ФМУ, ЕПТА посветува специјален концерт на Бела Барток


Бела Барток (1881-1945) после Франц Лист е еден од најпознатите унгарски композитори и еден од најголемите ликови во музиката на XX век. Доста рано го покажува својот продуктивен и репродуктивен музички талент. Дипломирал на Високата музичка школа „Франц Лист“ во Будимпешта, каде потоа бил професор по пијано и композиција. Оставил богато творештво како фолклорист (собрал над 8.000 мелодии), музиколог и пред се како композитор. Во своите композиции користел елементи од фолклорот на својот народ и од народите на соседните земји. Покрај фолклорните елементи во музиката на Барток има белези од музичкиот јазик на XX век (битоналност, пентатоника и сл.). Барток бил извонреден и како пијанист, пред се на своите клавирски дела, кои се и најбројни (околу 300, групирани во 28 опуси) во многу што се негово најдобро огледало. Делото Микрокосмос е современа школа за пијано, како и многуте други Багатели, Романски танци, Етиди, Свита, Соната, Соната за двe пијана и челеста, 3 Концерти за пијано. Од камерната музика се издвојуваат 6 гудачки квартети, 2 сонати за виолина и пијано, соната за соло виолина, 2 концерти за виолина и оркестар, една опера, 2 балета, Чудесниот мандарин и вокалното дело Cantata profana.


15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК)   МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ  20:00 ЧАСОТ

Концерт на ТЕРИ ЕЛЕН РОУДС (Теrry Ellen Rhodes) – сопран, САД и ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА-Ивановска – пијано

ПРОГРАМА: Vincent Youmans (1898-1946) - Without a song Stephen Foster (1826-1864) - Beautiful Dreamer Shaker song arranged by Aaron Copland (1900-1990) - Simple Gifts Uzee Brown, Jr. (b. 1950) - This River Ernest Charles (1895-1984 - When I have sung by songs to you Samuel Barber (1910-1981) - Sure on this shining night John Duke (1899-1984) - Loveliest of trees Clara Edwards (1880-1974) - Into the night Rodgers (1902–1979) & Hammerstein (1895–1960), Jerome Kern (1885-1945), Stephen Sondheim (1930) – Medley of Broadway songs ************** George Gershwin (1898-1937) - A Gershwin medley


Д-р Тери Елен Роудс , е виш продекан за ликовна уметност и општествени науки на колеџот за уметност и наука при Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил. Таа е поранешна претседателка на Одделот за музика, и професор по музика. Додипломски студии завршила на UNC-Chapel Hill, а својотата магистратура и докторат ги стекнува на Eastman School of Music/ University of Rochester. Настапувала и држела предавања во САД, Латинска Америка и Европа во повеќе од дваесет земји со репертоар кој опфаќа оперска музика, ораториуми, соло песни и музички театар. Во 1993 година таа држеше предавања и концертираше како Фулбрајтов уметник на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е особено позната по својата работа на современата музичка сцена, премиерно изведувајќи бројни дела напишани специјално за неа. Во текот на летото Роудс држи предавања и настапува во Италија.

Елена Атанасовска - Ивановска спаѓа во редот на најуспешните пијанисти на својата генерација, уметник кој активно учествува во музичкиот живот на Македонија и надвор од неа, претставувајќи се со еднаков жар како солист и како камерен музичар. Музичкото образование го стекнува во ДМБУЦво класата на проф. Лепа Мрмевска и го дооформува на ФМУ Скопје, каде дипломира со cum laude и магистрира во класата на еминентниот професор Борис Романов. Добитник е на неколку Први награди на Државните натпревари, како и награди на меѓународни конкурси: I награда за Дуо и II награда за соло пијано во Сан Бартоломео, Италија; III награда на Шопеновиот натпревар во Нови Сад, Р. Србија; II награда во Софија итн. Настапува како солист со Македонската филхармонија и со камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Значајни се нејзините настапи на фестивалите во земјава- „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Битолско лето" и во странство: „Нимус“, „Гуарнериус“ (Р.Србија), „Festival de Musica Palacio Bolsa“ (Португалија), „Festival de Sant Pere de Rodes“ (Шпанија). Како солист и камерен музичар настапувала во Русија, САД, Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Бугарија, Србија, БиХ и Косово. „... Елена Атанасовска својата индивидуалност ја расплете преку пијаното наоѓајќи го вистинскиот пат кон звучната експресија во сите нијанси...“- Лили Иванова, Софија 2015


21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)   ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ   20:00 ЧАСОТ

“Од страниците на творештвото на Стојан Стојков“ Концерт на студентите на ФМУ – Скопје


Стојан Стојков , роден 1941 година, е истакнат македонски композитор и педагог. Музичкото образование го заокружува со завршува­ ње­т о на Музичката академија во Белград каде дипло­м ира на отсекот композиција. Неговиот творе­чки опус опфаќа дела од симфониското, во­ кално - инструменталното, сценското, вокалното, камерното, детското и други видови музичко творештво. Битието на македонскиот музички фолклор тр­анс­формиран во една универзална димензија, e основна творечка преокупација на овој истакнат македонски композитор. Карактеристично за него­ вото творештво е што фолклорниот идиом, и тоа оној кој потекнува од рустикалното пеење, тој го користи преку повеќе слојни акордски созвучја и полифоно водење на фактурата, што дава огромна можност за специфични хармонски созвучија. Како член на повеќе меѓународни организации и Форуми од областа на музиката, Стојков дава и огромен придонес за развојот и афирмацијата на македонската музичка култура. Неговите компо­ зиции се изведувани во повеќе од 20 земји во светот меѓу кои сите балкански и европски земји, САД, Канада и Русија и секаде предизвикувале посебен интерес. Познати домашни и светски хорови композициите на Стојков ги носат на својот постојан реперотар и за нивната изведба се наградувани на интернационално ниво. Сето ова Стојков како композитор го издвојува како еден од најпродуктивните и најпрепознатливите маке­ донски композитори кои својата афирмација ја градат не само на домашно туку и на светско ниво. Поголем број од неговото творештво е печатено и издадено на носач на звук. За општествената и стручната ангажираност на проф. Стојан Стојков му се доделени повеќе домашни и меѓународни награди и стручни признанија, меѓу кои и најголемата државна награда „11 Октомври“. Како редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Р. Македонија, своето стручно знаење Стојан Стојков го пренесувал на и десетици генерации студенти по музичка уметност.


22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК)   ФОАЈЕ МОБ  20:00 ЧАСОТ

Концерт во чест на Георги Божиков (1931 - 1986) и промоција на книгата „Жоро“ на Снежана Анастасова Чадиковска Отворање на изложба - изложбата ја подготвија: Димитар Божиков и Procure Solutions Skopje Промоција на монографијата „Жоро“ од Снежана Анастасова Чадиковска (промотори: Марко Коловски-музиколог и м-р Крсто Скубев-културолог)

*Kонцертот е дел од програмата на Собранието на Република Македонија за одбележување на значајни настани и личности

Програма: Тихомир Јакимовски - бас - Џ.Верди – арија на Атила од операта ,,Атила,, - Ш.Гуно – арија на Мефисто од операта ,,Фауст,, Владимир Саздовски - бас - Џ.Верди – арија на Банко од операта ,,Магбет,, - Џ.Росини – арија на Дон Базилио од операта ,,Севилски Бербер,, Борис Трајанов – бас-баритон - А. Бородин –арија на Галицки од операта ,,Кнез Игор,, -Т.Прокопиев – Смртта на Гоце – соло песна Игор Дурловски – бас - В. А. Моцарт – арија на Зарастро од операта ,,Волшебната Флејта" - П. И. Чајковски – арија на Гријемин од операта ,,Евгениј Оњегин" Пијано придружба – Елена Сиљаноска


Георги Божиков, бас, роден е во Петрич. Музичката академија во Софија ја завршил со одличен успех. По студиите бил член на Софиската опера, се до доаѓањето во Скопје, во 1963. Од 1966 год. до 1968 год. со голем успех настапувал во Загрепската опера. Лауреат е на највисоката државна награда, 11 Октомври, во 1969 год.. Како солист- првенец на Македонската опера ги толкувал сите главни улоги од басовскиот фах, околу 40 на број! Бил директор на Операта од 1977 до 1983 година. За време на неговото директорување, се отвори оперско студио од кое подоцна излегоа многу солисти, кои го понесоа идниот репертоар. Го дооформи хорот на операта, од 48 на 94 хорски уметници и стана најквалитетен хор на просторите на поранешна Југославија. Ги врати во Македонија Милка Ефтимова и Симеон Гугуловски, кои дотогаш настапуваа како солисти на Љубљанската опера. Настапувал и како концертен и ораториумски пејач. Пеел на сите југословенски сцени, а гостувал и во повеќе европски и светски оперски куќи. Концертно настапувал со дела од: Верди, Чајковски, Глинка, Мусоргски, Даргомижски, Глиер, Рахмањинов, Шуман, и македонските композитори, Зографски, Прокопиев, Богданов-Кочко, Скаловски, Бранџолица, Џамбазов, Гајдов, Аврамовски, Стојков и др. Воедно, за Македонското радио снимил околу 80 дела, од кои поголем дел на македонски автори, всуш­ ност ги снимил сите соло песни од македнски автори, напишани за низок глас. Настапувал на сцените во: Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Софија, Сиднеј, Мелбурн, Детроит, Торонто, Рим, Неапол. Во: Франција, Германија, Бугарија, СССР, Романија, Чехословачка, Полска, Канада, Швајцарија и др. Стручната критика секогаш во суперлативи го оценувала неговото уметничко делување, а публиката тоа го наградувала со искрени аплаузи.


23 НОЕМВРИ (СРЕДА) МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ  20:00 ЧАСОТ

Балетска претстава “КЛЕОПАТРА” СВЕТСКА ПРЕМИЕРА Во главните улоги: Клеопатра: Александра Мијалкова Цезар: Васил Чичијашвили (Грузија) Марко Антонио: Бобан Ковачевски Кореограф: Василиј Медведев (Русија) Музика: Нерија Голдберг (Литванија) Диригент: Бисера Чадловска Сценограф / Костимограф: Павол Јураш (Словачка) Асс. Кореограф: Станислав Фечо (Чешка) Либрето: Јана Темиз (Турција) НАСТАПУВА БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА МОБ Александра Мијалкова (Примабалерина) - 25 години уметничка дејност


Клеопатра - најмистичната жена во антиката; легендарната освојувачка на срца; саканата на Цезар и Марко Антонио; последната владетелка на Египет – повеќе од две илјади години инспирира поети, сликари, композитори и режисери. Нејзиниот лик бил многу пати претставен во сите видови на уметности, и денес, ние одново се навраќаме кон историјата на прекрасната и таинствената Клеопатра. На овој нов балет кој е создаден специјално за Македонската Опера и Балет работеше меѓународен тим на автори од пет различни земји. Ние замисливме една обемна, грандиозна поставка; колоритна претстава која, на некој начин, излегува од рамките на класичниот балет; претстава со кинематографски, фантастични звучни и светлосни ефекти, со користење на новите технологии. Се надеваме дека нашата претстава ќе биде достојна за императорката на која и е наменета. Ова е светска премиера за која познатата композиторка од Литванија – Нериа Голдберг (Чепајте) напиша прекрасна музика, а пистелката од Турција Јана Темиз создаде ново либрето. Диригентската палка ќе ја држи веќе потврдената Бисера Чадловска од Македонија. Кореографот со светско име - Василиј Медведев кој доаѓа од Русија познат е по своите поставки во Бољшој театар, Државниот балет во Берлин и на многу други сцени во светот. Медведев работи во духот на неокласицизмот и токму затоа неговите поставки најчесто не само што им се допаѓаат на балетските експерти и критичари но, исто така ја воодушевуваат многубројната публика. Негов постојан асистент е кореографот и педагог од Чешката Ребулика – Станислав Фечо. Важна улога во секоја претстава со историска тематика игра костимографијата и сценографијата на која работеше словачкиот уметник Павол Јураш: тоа се околу четиристотини рачно изработени костими и четиринаесет раскошни декорации. Во претставата ќе настапи оркестарот, хорот, кордбалетот (околу тристотини луѓе на сцена), мимансичари и артисти на циркус, фолклорни групи, дури и дресирани животни. Нема да ги откриваме сите тајни на претставата но, мислиме дека појавата на прекрасната Клеопатра во престолнината на Македонија нема да биде помалку раскошно и помалку спектакуларно од познатото нејзино покорување на Рим. И најпосле, неколку збора за нашата главна хероина – не за царицата на Египет, туку за онаа заради која се создаде оваа наша нова балетска претстава. Тоа е прекрасната балерина Александра Мијалкова. Оваа година таа одбележува дваесет и пет годишни на сцената во Македонската Опера и Балет и нашата претстава е посветена токму на овој јубилеј. Кореографот Василиј Медведев и Александра Мијалкова имаат и претходно соработувано и уште тогаш, за време на поставката на „Дамата со камелии“ ние добивме желба специјално за неа да создадеме нов, оригинален балет, затоа што и во светот има огромен број примери на балетски претстави специјално создадени заради прима балерината. Имавме многу идеи и варијанти за тематиката но, ја избравме Клеопатра – наследничката на Александар Македонски, чија славна убавина живее не со векови, туку милениуми.


30 НОЕМВРИ (СРЕДА) ФОАЈЕ НА МОБ  20:00 ЧАСОТ

МОЈОТ МУЗИЧКИ ПАТ Концерт посветен на 30-годишнината од уметничката дејност на м-р Страшо Темков – флејта ПРОГРАМА: К.В.Глук (1714 - 1787) - Танц на благословените души од операта ОРФЕЈ И ЕВРИДИКА со Марија Вршкова - пијано А.Пјацола (1921 - 1992) - Кафе 1930 од циклусот историја на тангото со Миле Каровски - гитара А.Пјацола (1921 - 1992) - ЕСЕН од циклусот годишни времиња трио АУРА со Ана Гацева -пијано и Марјан Милошевски - фагот Ж. Кастереде (1926 - 2014) : Флејти на одмор - весели флејти - лежерни флејти Македонска народна - Сербез Донка - арр. Дамир Имери Квартет флејти АУЛОС - Марија Јакимовска – прва флејта, Ангелина Катмерова – втора флејта, Тамара Џајковска – трета флејта, Богдана Бушевска – четврта флејта В.А.Моцарт (1756 - 1791) - Kвартет кв.285 -II став Adagio со Климент Тодороски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов - виолончело М.Арнолд (1921 - 2006) - Дувачки квинтет ТРИ КОЛИБИ - allegro con brio - allegretto semplice - allegro vivace со Тања Петрушевска – обоа, Игор Бакревски – кларинет, Марјан Милошевски - фагот Х. Манцини (1924 - 1994) - Пинк Пантер - арр.Владимир Димовски Н. Автовски (1922 – 1973) Кажи зошто ме остави -арр.Владимир Димовски Хор флејти со студенти од калсата на проф. м-р Страшо Темков : Ванчо Аревски, Маја Апостолова, Даниела Јовчиќ, Ангелина Катмерова, Катерина Бачевска, Марија Јакимовска, Ива Блажевска, Биљана Камчева, Елена Дојчинова, Ангелка Поповска Тамара Џајковска, Стефсни Марковиќ, Богдана Бушевска, Марко Дурдубаков, Александар Лолески, Христина Илиоска, Луиза Полифрова, Александра Чуруковска - контра бас


Страшо Темков е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата генерација чијашто многустрана дејност ја зацврстува традицијата на уметничката музика во земјава, промовирајќи ја интерпретацијата на дувачките инструменти толку карактеристични за ова поднебје. Музиката како животна определба тој ја сфаќа уште на најмлади години посетувајќи го основното музичко училиште во својот роден град Кавадарци, и натаму ги поминува сите скалила за долгото и макотрпно формирање на музичар-интерпретатор: средниот оддел на Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“, Факултетот за музичка уметност во Скопје, последипломските студии на Музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Во текот на студирањето Страшо Темков соработува со реномираните уметници и педагози од Македонија и Балканот: Никола Атанасов, Бети Станковска, Миодраг Азањац, Лидија Ошавкова. Одличната школа се потврдува со стекнување на бројни награди на републичките и сојузните – во рамките на поранешната СФРЈ – натпревари на млади уметници. За време на студиите Страшо Темков го остварува и првиот солистички настап со Македонската филхармонија. Од 1991 година неговата флејта станува своевиден „препознатлив знак“ на оваа институција: како прв флејтист на Филхармонијата тој редовно ги изведува впечатливите сола на светската оркестарска литература. Талентот и желбата за уметничкото реализирање го водат на концертните подиуми – како солист со повеќе оркестри (Македонска филхармонија, Француско-американскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија и др.), солист со рецитални програми, учесник на реномираниот Македонски дувачки квинтет и други камерни состави.


Страшо Темков настапува на познатите музички фестивали во земјава и странство: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, НИМУС – Србија и др., а се вбројува меѓу малкуте македонски уметници кои настапиле во Карнегихол – една од најпрестижните светски концертни сали. Репертоарот на Страшо Темков ги опфаќа периодите од Барок до современата музика, а забележлив е неговиот стремеж за промовирање на нови дела – како на светската литература за флејта, така и на домашното музичко творештво. Покрај уметничката дејност, Страшо Темков активно се бави со педагогијата. Повеќе години тој е професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ментор на студентите на додипломските и магистерските студии. Очигледни се резултатите на неговата педагошка дејност: Сега веќе неговите ученици освојуваат награди на натпреварите за млади музичари, а нивниот професор е редовно покануван да води семинари во образовните институции на соседните држави и да биде член на жири на меѓународни натпревари по флејта. Страшо Темков е на врвот на својата професија – зрел уметник со впечатлив индивидуален стил на интерпретацијата за што говори и предложениот компакт диск со кој се бележат 25 години на неговата уметничка дејност.


ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ

НАЈАВУВАМЕ 2017

Министерството за Економија на Република Македонија, по повод светскиот ден на туризмот, доделува Признание на Скопско лето за најуспешна Манифестација за 2015 година


Организатор: Дирекција за култура и уметност - Скопје: Мирко Стефаноски, Никола Глигоров, Ната Кецкаровска, Стамат Наумовски, Петранка Геогргиевска, Анче Кузмановска, Јасмина Марковска Издавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје, За издавачот: Мирко Стефаноски Дизајн на плакатот: Виолета Коцев, Дизајн на каталогот: Горан Јованов Печат: Дата Понс, Скопје

Дирекција за култура и уметност - Скопје Directorate of Culture and Arts - Skopje бул. „Св.Климент Охридски” 58 б пошт. фах 519 тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341 e-mail: skleto@unet.com.mk, www.dku.org.mk

Дом на арм


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.