Руска реч на македонски (#30)

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 21-22 НОЕМВРИ 2015 ГОДИНА

Издание на

Ненаучена лекција стр. 4-5

Како да ги научите децата да водат сметка за парите

БРОЈ 30

Девет најнеобични згради во Москва стр. 12-13

стр. 6-7

стр. 2-3 ИНА СУСЛИНА, ГОЛМАН

Македонија го сака ракометот со сето свое срце стр. 12-13 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 39 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“

Анатолиј Медвед / Росијскаја газета

Терористички напад: приказните на последниот лет


2|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Терористички напад: прик Авионот Ербас А321 на компанијата „Когалимавиа“ полета од Шарм ел Шеик и требаше да стаса на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург во 12.20 по локално време. Во него се наоѓаа 224 лица, вклучувајќи дваесет и пет деца и седум членови на екипажот. Со овој чартер-лет од египетското одморалиште патуваа туристи државјани на Русија од 13 региони на РФ, како и државјани на Украина и на Белорусија. На нивните профили на социјалните мрежи се ставени фотографии во егзотичен источен амбиент и радосни коментари: „Ура! Одиме да се сончаме“; „Летот доцни, но со мислите веќе сум таму“; „Никогаш не претпоставував дека Египет во мене ќе предизвика толку позитивни чувства“. Веќе во 11 часот во салата за пречек на патниците на аеродромот „Пулково“ почнаа да пристигнуваат луѓе чии членови на семејството и пријатели летаа со овој авион од Египет. Сите не дознаа веднаш што се случило. Оние што веќе имаа слушнато нешто стоеја настрана покрај таблото со информации и не знаеја што да прават и кому да му се обратат. Плачеа и со надеж го погледнуваа распоредот на летови. Пишуваше дека авионот доцни. Половина час пред предвиденото време на слетување на авионот од таблото исчезна информацијата за статусот на оваа авионска линија, но луѓето и понатаму се обидуваа да воспостават телефонска врска со своите и до последен момент веруваа дека не се случило она најлошото.

ГЛАВНИОТ ПАТНИК

Приватна архива

Дарина Громова

Авионската несреќа што беше предизвикана од експлозивна направа на небото над Египет однесе 224 животи. Веднаш по официјалната вест дека станува збор за терористички напад рускиот претседател Владимир Путин изјави: „Убиството на нашите луѓе во Синај спаѓа во редот на најкрвавите злосторства според бројот на жртви. Ние нема да ги бришеме солзите од нашите души и срца. Но, тоа нема да нѐ спречи да ги најдеме и да ги казниме злосторниците. (…) Ќе ги најдеме на која било точка од планетата и ќе ги казниме“

„Главниот патник“. Подоцна оваа фотографија ќе стане симбол на овој злокобен лет. Речиси милион луѓе ја презедоа оваа фотографија во знак на сеќавање. „Никој од нив не знаел дека оваа порака ќе биде последна во нивниот живот“; „Немам зборови...“, пишуваа потресените луѓе на Интернет. Татјана и Алексеј се венчале во август минатата година. На нивната свадбена видеоснимка тие танцуваат валцер, а мајката на Алексеј ги брише своите солзи-радосници. „Му благодарам на сопругот за оваа година, за ќерката, за грижата и љубовта!“, напишала Татјана. Покрај свадбената видеоснимка објавена е уште една: „Тања и Љоша. Како започна сè...“ На неа се прикажани нивните фотографии од детството, а потоа и заедничките. Татјана последен пат била на социјална мрежа на 15 октомври, на денот кога заминале во Египет.

СИ ОДИМЕ ДОМА Јура и Настја Шеин

Меѓу патниците имаше многу семејства со деца, млади и заљубени двојки, како и такви што со душа го чекале својот заслужен одмор на море. „Руска реч“ раскажува неколку животни приказни на луѓето за кои летот Шарм ел Шеик-Санкт Петербург беше последен во животот

Приватна архива

Екатерина Синељшчикова

Пред поаѓањето од Египет родителите на десетмесечната Дарина Громова ја фотографирале својата ќерка како преку стаклото на аеродромот ја гледа пистата. Мајката Татјана на социјалните мрежи ја објавила фотографијата на малата Дарина со потпис

Во оваа несреќа настрада и семејството Шеин. Последните снимки ги направиле во самиот авион, неколку минути пред полетувањето. На нив се Ољга, нејзиниот сопруг Јура, синот Жења (11 години), ќерките Валерија (10 години) и тригодишната


ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

|3

Настја. „Здраво за Петербург, се проштеваме од Египет. Си одиме дома“, напиша Ољга Шеин. Ова било нивно прво семејно патување во странство, каде што Ољга и Јуриј на 27 октомври ја прославиле годишнината од својата свадба. Тоа биле последните две недели од нивните животи. „27.10.2005 година. Тоа е денот кога се сретнавме и засекогаш се засакавме. Потоа поминаа неколку години, на 27.10.2011 се венчавме. Сега сме среќни и прославуваме годишнини...“, напишала Ољга. Нејзиниот син Жења тренирал фудбал и пливање, ќерката Валерија исто така се занимавала со пливање и на натпреварувањата освојувала многу медали и пофалници. На профилот на Јуриј е поставена видоснимка од помладата ќерка Настја: нејзините први чекори и „првото колаче“, каде што се гледа како детето не може да се одвои од него.

ПРВА УБАВИЦА

Екатерина Мурашова

Приватна архива

казните на последниот лет

и нејзиниот сопруг Михаил и десетгодишната ќерка Кристина. Екатерина Мурашова, која исто така настрада во несреќата, непосредно пред смртта на својот профил постирала песна која се вика „Знам дека повеќе нема да се вратам“. Имала 32 години, била прва убавица на Псков - победничка на изборот за мис. Нејзината ќерка Катја има 8 години. Екатерина сакала да се одмори пред роденденот, ја оставила својата ќерка во Русија и заминала во Египет со мајка си. „Рече: Ксјуша, одам да се одморам, а јас и ти ќе се видиме на 1 ноември и ќе ти кажам каде ќе го прославиме роденденот“, се сеќава нејзината пријателка. „Сега, наместо тоа, одам на нејзиниот погреб“.

то така имал лошо претчувство и поверувал во него. Тоа и го спасило. Требало да лета на 31 октомври со тој авион. Но, две недели пред несреќата неговиот татко сонувал дека ќе се случи авионска несреќа и дека неговиот син ќе загине. „Олег, дај отказ“, му рекол татко му. Неколку дена пред злокобниот лет стјуардот дал писмен отказ по сопствена желба. Постоеле неколку причини, вели тој, а една од нив била инсистирањето на татко му. Но, Олег Ермаков не ги убедувал своите колеги да не летаат, ниту се повикувал на сонот на татко си. Во „Пулково“ атмосферата е сè уште тешка. Во зградата е необично тивко, а платото пред влезот е преполн со цвеќиња и со свеќи. На загинатите деца луѓето им носат бонбони, кекс, колачиња и цртежи од други деца. „Цвеќињата на аеродромот, па дури и пораките на Фејсбук - сето тоа помага [да се ублажи болката]“, напиша на својот профил на Фејсбук сестрата на загинатата Ана Тишинска. Таа и понатаму се обидува да ѝ се јави на телефон на сестра си: сè сфаќам, но секој пат ми застанува здивот и чекам да слушнам сигнал. Но, сигналот го нема. Во моментов корисникот е недостапен. Ми годи како луда да верувам тоа ‘во моментов’“.

Ана Тишинска

Светлана Крилова Пред половина година постарата сестра на Светлана Крилова се занимавала со хиромантија, па кога ѝ гледала на сестра си на рака, видела дека нејзината линија на животот не преминува половина од дланката. Светлана само се насмеала - не поверувала дека ќе почине рано. Имала само 30 години и мошне впечатлив живот исполнет со многу патувања. Уште нестасана во Египет, таа веќе го планирала своето патување во Кина. Во авионот биле

Освен патници, во несреќата настрадаа и членови на екипажот. Тој се бараше себеси. Се обиде да се најде на земја, но рече дека не може без авијацијата и дека го сака небото“, вели Ана, сопругата на стјуардот Станислав Свиридов. Тие имаат ќерка и син. Пред телевизиските камери гласот на Ана трепери. Неколку недели пред авионската несреќа Станислав бил повнимателен и поблаг од вообичаеното, како да претчувствувал дека наскоро ќе загине. „Јас му велам: ‘Штом стасаш јави се’. А, тој постојано се шегува: ‘И ти си стјуардеса, што ќе ти е тоа...? Ако се случи нешто ќе слушнеш на вести’“. Се чини дека тој сакал да биде подготвен за животот, но и за смртта. Постојано гледал и проучувал авионски несреќи од сите агли, се сеќава неговата сопруга. Еден друг стјуард, Олег Ермаков, ис-

Приватна архива

Приватна архива

ЛОШО ПРЕТЧУВСТВО

Повеќе информации за авионската несреќа на Ербасот А321 во Египет, како и за истрагата прочитајте повеќе на нашиот сајт со тегот http://mk.rbth.com/tag/ авионска несреќа А321


4|

ПОГЛЕДИ

Жан Жулиен

Ненаучена лекција


ПОГЛЕДИ Георгиј Бовт Сите оние што во последно време зборуваа за пропустите на египетските разузнавачки и безбедносни служби, кои беа причина терористите да успеат да подметнат бомба во рускиот патнички авион во Шарм ел Шеик, сега мораат да признаат дека и цивилизирана демократска држава каква што е Франција, чии разузнавачки и безбедносни служби се исклучително добро обучени и опремени, не може во целост да спречи терористички напади. Таква стопроцентна безбедност би била можна доколку би се изменило целото општество, режимот и политичкиот систем. Своевидната воена состојба стана вообичаен начин на живот. Дури ни тогаш никој не би можел да гарантира стопроцентна безбедност. Терористичките напади не се само „висока цена“ која човештвото ја плаќа поради својата различност, туку се, пред сè, последица на тоа што денешниот меѓународен систем на економски и на политички односи не е во состојба да го искорени тероризмот ниту во определени држави, голем дел од кои станаа жртви на „увезената демократија“, ниту на глобално ниво. Денес, кога сиот свет сочувствува со граѓаните на Франција, треба повторно да се потсети на неопходноста од заедничка борба против тероризмот, кој стана глобална закана. Колку пати сме го чиле ова по 11 септември 2001 година? А, каде се резултатите? Многумина тврдеа дека Ал каеда е уништена по убиството на нејзиниот водач Осама бин Ладен, но таа како да се крена од пепелот и како да стана уште пофанатична и уште побрутална. На Блискиот Исток е формирана терористичка квазидржава, токму онаму каде што пред „великодушните“ планови божемната тиранија на Садам Хусеин или на Башар ал Асад требаше да биде заменета со изборна демократија. Но, поголемиот дел од „избирачите“ на арапските улици гласаше за терор против западната цивилизација, а од западните земји илјадници доброволци заминуваат да се борат во редовите на ИДИЛ. Тие веруваат дека се борат за нов светски поредок, а тоа е поредок што сакаат да го создадат варвари и убијци. Нивната „правда“ се засновува на божемно поправање на сите неправди на современиот капитализам и на неостварените идеали на

Големата француска револуција, која пропагираше „слобода, еднаквост и братство“. Во последно време беше очигледно дека повторно се подготвуваат масовни терористички напади во Европа. Најпрво цел беше рускиот патнички авиони, по чиј пад многумина злорадо говореа дека е тоа „одмазда за авантурата на Путин во Сирија“. Потоа пред неколку дена беше извршен двоен терористички напад во шиитска населба во Бејрут во која загинаа неколку десетици луѓе. Ова беше очигледна одмазда на ИДИЛ или на некоја слична терористичка организација зашто шиитскиот Хезболах во Сирија се бори на страната на силите на Башар ал Асад. Светската јавност го изрази

Терористите од ИДИЛ изјавија дека петок, 13 ноември за Франција ќе биде новиот „11 септември“. „Терористичката интернационала“ веќе докажа дека може да изведе низа истовремени терористички напади во мегаполисите и на местата каде што масовно се собираат луѓе: на улици, на стадиони, во концертни сали. Иако во Франција носењето оружје е забрането, излезе дека на терористите, покрај „вообичаениот“ експлозив, им биле достапни дури и калашникови своето негодување и својата осуда, но одекот од терористичките напади во Бејрут беа многу послаби од овие по трагичните настани во Франција. Неодамнешните напади, сепак, беа изведени „во некојси таму Бејрут“, на периферијата на „цивилизираниот свет“. Истиот тој свет остана речиси нем кога еден ден пред терористичките напади во Па-

|5

риз одекна експлозија во шиитска џамија во Јемен. Но, повторно излезе дека сите ние сме „периферија“, дека сите живееме на првата линија на фронтот на која се одвива борбата против тероризмот. Со оглед на тоа дека Франција неодамна ѝ се приклучи на антитерористичката коалиција која се бори против ИДИЛ, за време на нападите од петокот вечерта во Париз екстремистите извикуваа: Ова ви е за Сирија! Не би требало да се заборави дека слични терористички акции би можеле да се случат и во Велика Британија, која сè уште ги нема придружувано САД во воздушните напади во Сирија. Сосема е очекувана првата реакција на многу европски земји, а пред сè на Франција, да биде затворање на државните граници и преземање максимални мерки за безбедност. Сега многумина ќе се сетат на неодамнешните предупредувања дека во Европа доаѓа бран бегалци од Блискиот Исток меѓу кои има и многу млади, силни мажи што патуваат без семејства, дека меѓу милион бегалци што стасаа во Европа има и околу 25.000 исламистички борци. За оваа закана неодамна зборуваше шефот на кабинетот на претседателот на Руската Федерација, Сергеј Иванов, а претседателот Путин за овој факт потсети во својот говор на Генералното собрание на ОН, зборувајќи за Блискиот Исток. Претседателот Путин во таа пригода ги запраша западните лидери: Сфаќате ли што направивте? „11 септември“ навистина се повтори. Сиот цивилизиран свет мора да ги согледа сите пропусти во борбата против тероризмот во последниве 15 години и да пронајде нови, поефикасни облици на соработка во таа борба. Меѓу другото, Русија и Западот мораат да ги отфрлат сите досегашни несогласувања, не само кога станува збор за Сирија туку и за Украина, иако ова некому може да му се стори како неприфатливо. Но, токму ситуацијата во Украина ја потенцира политиката на двојни стандарди, поради кои многумина заборавија дека сите ние ѝ припаѓаме на истата христијанско-јудејска цивилизација, која во овој момент со соочува со најголемиот предизвик во најновата историја. Мора да се признае дека терористите во својот фанатизам се многу повеќе единствени одошто таканаречениот цивилизиран свет во борбата против нивните смртоносни напади.


6|

ЕКОНОМИЈА

Како да ги научите децата Марина Образкова Министерството за финансии на Руската Федерација во 2016 година ќе ја претстави националната стратегија за унапредување на финансиската писменост на населението. Националната агенција за финансиски истражувања (НАФИ) спроведе истражување на финансиската писменост на населението во Русија, според кое се гледа дека е таа на прилично ниско ниво. Задолжувањето е многу почеста појава од штедењето. Луѓето имаат многу малку информации за финансиските услуги. Згора на тоа, во Русија не постои ниту една програма за финансиско образование. Министерството за финансии на Руската Федерација од 2011 година во соработка со Светската банка го реализира проектот „Поддршка за унапредување на нивото на финансиска писменост на населението“. Во рамките на овој проект досега се изработени прирачници за учениците и за нивните родители. Додека овие учебници не станат дел од училишната програма, експертите формулираа неколку едноставни правила што ќе им помогнат на родителите во финансиското воспитување на децата, а кои ќе влијаат и на родителите да се дисциплинираат во овој поглед. За тоа како можете да ги научите децата да водат сметка за парите за „Руска реч“ зборува Ирина Лобанова, раководител на Одделот за истражување на банкарскиот сектор при НАФИ.

Во поголемиот дел руски семејства не постои обичај буџетот да се планира заедно со децата, ниту, пак, со нив да се разговара за прашања поврзани со парите. Оваа навика доведува до тоа поголемиот дел од возрасните и од тинејџерите да се финансиски неписмени. Експертите осмислија неколку едноставни правила кои на новите генерации ќе им помогнат да ги избегнат старите проблеми

биде договорено според определени правила со цел детето да биде подготвено за живот како возрасна личност и за да може да сфати дека ќе добива пари за нешто, но дека и за некои други работи може да ги изгуби. Така ќе може да прави и свои „финансиски“ планови.

КОЛИЧЕСТВО ПАРИ Џепарлакот не треба да ги покрива сите потреби на детето. Тоа треба да биде мотивирано и нешто да заработи. На пример, може да се понуди можност да заработи пари со тоа што ќе направи нешто за семејството. Подот и правта, да кажеме, може да ги брише за определена сума пари, но за миењето на автомобилот може да добие и мала „напојница“.

ЏЕПАРЛАК

ПЛАНИРАЊЕ

Децата треба да имаат и свои пари што редовно ќе ги добиваат. Треба да се потрудите на вашето дете да му давате барем малку пари. На пример, доколку не постои друга можност, по купувањето на детето треба да му го оставите кусурот откако ќе испазари. Но, најдобро би било тоа да биде мала сума пари што ќе ја добива редовно.

Во следната фаза детето треба да научи да планира. Треба да има нотес во кој ќе ги запишува сите финансиски трансакции. Најдобро е да му објасните дека така прават сите возрасни и дека би било добро и тоа да го прави истото. Мошне е важно на детето да не му се врши притисок и да не се бара од него парите да ги троши според ваша желба. Детето треба да сфати дека овие процеси ги контролира самото тоа, а не неговите родители.

ТРЕБА ДА СЕ ЗАРАБОТУВА Со детето треба да се работи на систем за мотивација: да му се објасни за која работа ќе добива пари и под кои услови ќе ги добива. Најважно е парите да не се даваат и да не се одземаат без никаков ред, туку сè треба да

РАЗГОВОРИ ЗА ПАРИ Со детето треба да се разговара за прашањата поврзани со парите. Пари на детето можете да му давате од неговата четврта година. Добро е на оваа

возраст веќе да држи пари во рацете и да создаде некаква претстава за нив.

СЕМЕЕН БУЏЕТ Од десеттата година детето треба постепено да се вклучува во планирањето на семејниот буџет. Треба да му се покаже какви приходи и какви расходи има семејството и да му се понуди заедно со вас да го пресмета буџетот, а во исто време да му се објасни зошто не добива повеќе пари. На детето треба да му се покаже што се случува кога ќе измоли играчка што не е во планот. Треба да му се покаже дека за некоја работа треба најпрво да се заштеди.

РАБОТА НА ГРЕШКИТЕ Доколку детето постојано штеди и доколку ги планира финансиските цели, тогаш можеме да знаеме дека тоа нешто научило. На пример, доколку сака да купи нов скап таблет и доколку видиме дека во текот на неколку месеци детето штедело, а претходно веќе успеало да постигне неколку вакви цели, можеме да заклучиме дека кај него започнува да се формира навика. Но, дури и во тој случај не треба да заборавиме на неговите финансиски грижи. Еднаш во неколку месеци со детето треба да се разговара за паричната состојба. Доколку нешто не му тргнува од рака, треба да се види какви грешки прави. Може да се смета дека ситуацијата е успешна кога детето не само што успешно управува со своите пари туку и почнува да сфаќа дека може да придонесе за своето семејство.


ЕКОНОМИЈА

|7

Shutterstock

да водат сметка за парите?

Младите ги заобиколуваат обичаите Во нашата култура е непристојно во семејството да се разговара за буџетот, за трошоците и за изворите на примањата. Поголемиот дел возрасни во Русија имаат проблем со финансиската писменост. Руските семејства не го планираат дури ни годишниот буџет, а финансиски проценки се прават само за неколку месеци. Во најдобар случај трошоците се планираат до летниот одмор. Рекламите на банките, пак, ги поттикнуваат на неодговорен однос кон парите, објаснува директорката на Центарот за применети економски истражувања при универзитетот „Висока школа за економија“, Татјана Абакина. - Но, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека и студентите почнуваат да заработуваат пари, а исклучок не се ниту учениците - додава таа.


8|

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Меѓународен форум „Отворени иновации“ на Изложбата на економски достигнувања во Москва

Викторија Завјалова

Прес-фото

ПАМЕТНО ДЕТСКО КРЕВЕТЧЕ ИНТЕГРИРАНО СО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Кон крајот на октомври и на почетокот на ноември во Москва се одржа форумот „Отворени иновации“. „Руска реч“ за своите читатели ги избра петте најперспективни разработки претставени во рамките на овој форум Конструкторите на платформата за паметното детско креветче Baby Feel од Сколковскиот институт за наука и технологии допреа до страдањата на младите родители. - Мошне често ним им е сложено да го сфатат расположението и состојбата на детето, тие започнуваат да се советуваат со секого. Креветот ќе може да го анализира таканаречениот бебешки јазик, кој им е познат на педијатарите, да ги определи емоциите и да даде совет - објаснува за „Руска реч“ Дмитриј Тетерјуков, раководител на лабораторијата за роботехника на „Сколтех“. Креветчето ќе им испраќа на родителите преку телефон пораки за емоционалната и за физиолошката состојба на

Александар Рујмин / ТАСС

Пет најперспективни разрабо „Отворени иновации“


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

|9

отки на шоуто на технологии детето, ќе прави фотографии од него и ќе ги избира најдобрите. Се предвидува интеграција со апликациите WhatsApp, Инстаграм, Фејсбук и со други социјални мрежи. Засега конструкторите имаат направено само тридимензионален модел, но ветуваат дека во текот на следниве месеци ќе излезат со прототип.

КОМПЛЕКС ЗА БЕЗБЕДНО СЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНИ

жува регулирање на неговата моќност, со оглед на тоа што тие го апсорбираат неутронското зрачење. Кога тие се распаѓаат, треба да се сменат. За тоа треба да се исклучи реакторот. Доколку обичните таблети работат една година, нашите траат 2,5 пати подолго - објаснува за „Руска реч“ Аљберт Гатаулин, директор на Центарот за развој на нуклеарниот кластер на Димитровград.

Уредот од новото поколение ја проценува состојбата на пистата наменета за авионот, што е особено потребно во екстремни услови. Авторите на оваа технологија се од Санктпетербуршкиот државен електромеханички универзитет. Според нив, сега во Русија се користат или застарени уреди, или многу скапи, чија цена надминува 132.000 американски долари. - Цената на нашиот уред е неколку пати пониска, околу 38.000 американски долари - вели за „Руска реч“ Анастасија Стоцкаја, еден од конструкторите на овој проект. Уникатна е и самата технологија, која се засновува на целосна автоматизација на режимите на електромеханичкиот систем за кочење. Конструкторите размислуваат и за излегување на светскиот пазар. - Најпрво треба да се тестира технологијата во Русија. Во блиска иднина планираме да ја поставиме на аеродромите - забележува Стоцкаја.

Прес-фото

ТАБЛЕТА ЗА РЕАКТОР

Новите таблети за безбедност на нуклеарните реактори се разработка на екипата од компанијата „Атомтехсервис“ од Уљјановската област. За нив веќе се заинтересираа Кинезите. Таблетите од карбид на бор се произведуваа и претходно, но руските иноватори го зголемија нивното траење за двапати, благодарение на новата технологија на плазмено стврднување. - Таблетите се ставаат во реакторот, со што се овозмо-

Првиот комерцијален конвертоплан ЕРА-100 (ЭРА-100), според конструкторите, има голем број предности во однос на обичните беспилотни летала. - Тој лета на многу пооддалечени растојанија - на илјадници километри, има подобро маневрирање и е поекономичен - објаснува Владимит Спинко, оперативен директор на стартапот „Аероксо“. Компанијата е основана во 2014 година, но веќе има добиени инвестиции од капиталниот фонд I2BF Global Ventures во износ од 500.000 американски долари. Конвертопланот може да се користи на мониторинг на инфраструктурните и на земјоделските објекти, за забава и за други цели. Според Спинко, за оваа технологија се заинтересирани купувачи од арапските земји.

Прес-фото

Прес-фото

БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО СО ВЕРТИКАЛНО ПОЛЕТУВАЊЕ

АНТИОКСИДАНС ОД СОВЕТСКИ АЛГИ Авторите на новиот антиоксиданс ги искористиле советските колекции на микроалги и американската технологија. Како што објасни Денис Кузмин, генерален директор на компанијата-конструктор Solix, нивните препарати го содржат еден од најсилните и највредни антиоксиданси во фармацевтската индустрија - астаксантин. - Светскиот пазар на астаксантин се оценува на неколку милијарди долари - вели Кузмин. Според него, поголемиот дел од компаниите го синтетизираат по хемиски пат, а руско-американската компанија успеала да го добие од микроалги. Во светот активно се вршат истражувања за потрага по микроорганизми кои треба да растат брзо и да собираат големо количество од оваа материја. - Ние без сомнение имаме конкурентна предност: работиме со најголемите колекции на вакви микроорганизми забележува Кузмин. Колекциите микроалги, кои се собрани уште во времето на СССР, долго не беа изучувани поради немање на потребната опрема. Основните сили на Solix се наоѓаат во централата на компанијата во Колорадо.


10 |

КУЛТУРА

Прстите в уста и си свир Исидора Данкан, Мајако Толстој во животот на Е

. Lori / Legion-Media

Оваа година се одбележува 120-годишнината од раѓањето на Сергеј Есенин, незаборавниот поет од рускиот Сребрен век. „Руска реч“ ви открива неколку интересни факти за него, како и за неговиот однос со други култни личности од руската уметничка историја

Ина Парфенова РУСИЈО МОЈА, ОД ДРВО СЕТА! САМО ЈАС СУМ ТВОЈ ПЕЈАЧ И ГЛАСНИК Есенин е роден во селото Константиново во Рјазањската област. Низ прозорецот од неговата куќа се отвора поглед кон ридестиот брег на реката Ока и на една црква. На сето

ова тој често се сеќава во своите стихови. Започнал да пишува поезија како дете, а штом го завршил школувањето се упатил во Москва, во освојување на „литературниот Олимп“. Набрзо ги објавил своите први стихотворби. Во потрага по слава тој се сели во Петербург, каде што редакциите и литературните салони ги посетува облечен во руска народна носија, во национална

плетена облека од кора од дрво или од пресувана волна, а своите стихови, пак, ги носел завиени во селско марамче. Со овој имиџ, кој во современиот свет се нарекува „самопромоција“, го свртел вниманието кон себе. Така, „селскиот“ самоук поет со густи златни кадрици станал исклучително популарен. Во 1916 година добил можност да настапува пред семејството на императорот Николај Втори.


КУЛТУРА

кам сал: вски, сенин

РИА Новости

***

МНОГУ ЖЕНИ МЕ САКАА, А И ЈАС САКАВ МНОГУ Љубовната лирика е втората најчеста тема во творештвото на Сергеј Есенин, кој бил миленик на жените. Од различни врски имал четири деца. Неговата прва невенчана жена Ана во 1914 година го родила неговиот син Јуриј, но Есенин го напуштил семејството и заминал во Петербург. Сина си ретко го гледал. Во 1917 година се венчал со актерката Зинаида Рајх, која била позната по својата убавина. Од неа тој ги добил ќерката Татјана и синот Константин. Две години подоцна се развеле, а Зинаида набргу потоа се омажила за прочуениот режисер Всеволод Меерхољд и станала една од најпознатите московски актерки. Втората официјална жена на поетот била американската танчарка Исидора Данкан. Таа била 18 години постара од него и не зборувала руски, додека Есенин не знаел англиски. Нивниот брак бил преполн со скандали и траел околу две години. Поетот ја следел својата сопруга на турнеите низ Европа и Америка, каде што тој настапувал на литературни вечери. Софија, третата сопруга на Есенин, била внука на Лев Толстој. Поетот се

Човек како мене вака се забавува: Прстите в уста и си свиркам сал. За мене почна да се зборува, Оти сум хулиган и цар за скандал. Ах, колку смешна загуба, воопшто не е строга! Од такви нешта во животот не се бега. Срам ми е што бев верувал во Бога. Горко ми е, што не верувам во него сега.

ЗА МЕНЕ ПОЧНА ДА СЕ ЗБОРУВА ОТИ СУМ ХУЛИГАН И ЦАР ЗА СКАНДАЛ Есенин имал репутација на кавгаџија. Активно учествувал во литературниот живот и често провоцирал други поети. Негови најпознати литературни двобои се оние со познатиот поет Владимир Мајаковски. Есенин со својата љубов кон пространствата на родната Русија не ја прифаќал револуционерно-индустриската лирика на својот колега. На една јавна поетска вечер Есенин му рекол на Мајаковски дека нема да му ја даде својата Русија: „Русија е моја! А, ти си Американец!“ На ова Мајаковски иронично му одговорил: „Земи ја слободно! И касни си ја со леб!“

| 11

Златни далечини мали! За тоа да платам морам. И бев хулиган и правев скандали Со цел посилно да горам.

оженил со неа неколку месеци пред смртта. Тоа, исто така, не бил среќен брак. - Тука е сѐ преполно со „големиот старец“, а тоа ме гуши - се жалел Есенин, кој живеел во куќата на Софија. Токму таа има направено многу за зачувување на наследството на поетот и ги има забележано своите спомени за него.

СРЦЕ ГЛУПАВО, НЕ ЧУКАЈ... Револуцијата од 1917 година поетот ја дочекал со воодушевување, надевајќи се дека тоа ќе донесе промени во Русија. Но, наскоро го видел гладот, уништувањето и теророт, така што започнал да опишува апокалиптични слики на Русија - „градина на черепи“ и „бесен сјај од трупови“. Во поемата „Пугачов“ за познатиот самозванец и водач на буната, кој во 18 век го започнал масовното селско востание против царицата Екатерина Велика, Есенин се врти кон темата на спротивставувањето меѓу власта и народот. Продолжение на оваа тема наоѓаме во поемата „Земја на арамии“. Во 1924 година (една година пред смртта) во песната „Враќање во родната грутка“ тој прикажува бедно, пропаднато село, трошни колиби во кои наместо икони на ѕидот виси портрет на Ленин од календар. Гледајќи во него идеолошка и културна опасност, власта наложила негово следење, започнала против него неколку кривични постапки, кои во секој момент можеле да прераснат во политички. Нервното растројство, склоноста кон алкохолот и притисокот од страна

Дарот на поетот е да ласка и да шкраба, Има тој печат судбоносен и клет. Белата роза со црната жаба Сакав да ги венчам јас на овој свет. И нека не се остварија, безбели, За розови дни замислите. Но, ако ѓаволот во душава ми се всели Значи во неа живееле ангелите. Со моите весели и дрски крикови Одејќи во другиот свет, со време, Сакам во последните мигови Да ги замолам тие што ќе бидат крај мене, За сите мои гревови тешки, За благодатот во кој не верувам Да ме стават во руска кошула, ќешки Под иконите да умирам. 1923 Препев: Емил Ниами на власта во 1925 година го однела Есенин во психијатриска клиника. Еден месец подоцна тој бил пронајден обесен во ленинградскиот хотел „Англетер“. Претходната вечер Есенин со сопствената крв ја напишал последната песна „До гледање, друже, до гледање...“ Официјално се смета дека причина за смртта на Есенин е самоубиство, но во последниве децении се изнесени голем број алтернативни верзии. Најпозната е онаа според која неговото убиство го организирале советските власти. Повеќе за руската литература, за писателите и за нивното творештво дознајте повеќе на нашата веб-страница на тагот http://mk.rbth.com/tag/книжевност


12 |

ПАТУВАЊА

Девет најнеобични згради во Москва Георгиј Манаев

Елена Почетова

ЗГРАДАТА-БРОД, УЛИЦА „БОЉШАЈА ТУЉСКАЈА“ 2

Москва е дом на некои навистина чудни и ексцентрични згради: мрачни палати, кои како да доаѓаат директно од готски романи; зданија изградени од градежен отпад и куќа-јајце. „Руска реч“ ви ги претставува деветте најимпресивни градби во Москва и ви ги презентира најинтересните детали за секоја од нив ЗГРАДАТА НА АРСЕНИЈ МОРОЗОВ (ПРИЕМЕН ДОМ НА РУСКАТА ВЛАДА), УЛИЦА „ВОЗДВИЖЕНКА“ 16

Lori / Legion Media

Изградена во 1981 година од советското Министерство за нуклеарна индустрија, оваа зграда е една од ретките во Москва што можат да издржат нуклеарна експлозија. Раководителот на објектот го поминува целиот свој живот во изградба на нуклеарни реактори - факт кој оставил свој белег на оваа зграда. За да не се запали во случај на експлозија, во оваа сеизмолошки издржлива зграда нема агли од 90 степени - само 87 и 93 степени (должина 400 метри, висина 50 метри) и кружни балкони кои личат на палуби.

Lori / Legion Media

КУЌАТА-ЈАЈЦЕ, УЛИЦА „МАШКОВ“ 1/11

Москва отсекогаш била позната по својата ексцентричност и смели манири, вклучително и во архитектурата. Еден од најбрилијантните и најскандалозни примери за тоа е Куќатајајце. Првичниот план бил зградата да биде изградена во Витлеем како породилно одделение, но на крајот била подигната во Москва. На изглед таа наликува на гигантска копија на Фаберже-јајце. Ова е единствената ваква куќа во светот.

Ова здание е изградено во 1899 година по нарачка на младиот милионер, гроф и наследник на трговската фамилија, Арсениј Морозов, врз парцела што ја добил од мајка си како подарок за 25 роденден. Уште додека се градела куќата, подигната во мавритански стил, кој дотогаш не бил виден во Москва, била предмет на потсмев и критики. Се вели дека кога била завршена, мајка му му рекла на Арсениј: „Само јас знаев дека си будала, но сега ќе разбере цела Москва!“.

ТРГОВСКИ ЦЕНТАР „НАУТИЛУС“, УЛИЦА „НИКОЉСКАЈА“ 25 На почетокот од минатата деценија овој трговски центар се претвори во нова „зграда на Морозов“ во Москва - вака го нарекуваат сите поради својата вулгарност. Претенциозната постмодернистичка архитектонска структура стрчи на една од најстарите улици во Москва. Тука во минатото се наоѓале Владимировите порти на Китајгородскиот ѕид, како и параклисот св. Панталејмон - згради, кои, исто така, изобилуваат со раскошни архитектонски детали. Освен тоа, оваа населба


| 13

Lori / Legion Media

Lori / Legion Media

ПАТУВАЊА

не може да изведе секој архитект: авторот на „Китеж“ Дмитриј Буш веќе многу години во Русија гради стадиони и арени за лизгање.

Lori / Legion Media

Изграден на територијата на „Златна милја“, историски најскапиот дел од Москва, оваа триделна станбена зграда со 20 стана беше вброена во колекцијата најдобри згради за 2003-2004 година од страна на Московскиот музеј на архитектурата. Таа претходно е обложена со патентирани бакарни плочи и е една од најскапите згради во Москва.

„Стољник“ се наоѓа на старите улички на Арбат, каде што се зачувани зданија кои сѐ уште го помнат Пушкин. Овој станбен комплекс од стакло и метал буквално експлодира во архитектурната средина. Сепак, во неа има нешто класично. Станува збор за триделниот симетричен план и мотивот на „коринтската колона“.

Lori / Legion Media

„СТОЉНИК“, МАЛА ЛЕВШИНСКА УЛИЦА, 5

ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР „КИТЕЖ“, КИЕВСКА УЛИЦА, 3-7 Овој бизнис-центар, поради сличноста со морски брод, е наречен „Титаник“. Уникатната форма изискува и сложеност на внатрешната конструкција: многу јазли за комуникација и многу скали во зградата се накосени и извиени. Ваков проект

Оваа станбена зграда, во која има само еден стан, за своето семејство ја изградил големиот советски архитект-авангардист Константин Мељников, а денес таа е споменик на архитектурата од федерално значење. Таа е уникатна според формата - два цилиндари, споени со по една третина од радиусот еден во друг и со шестаголни рамки кои се нижат во должина на целата зграда. Има 60 прозорци и 130 отвори на ѕидовите тие се направени од тула и од градежен шут (по завршувањето од градилиштето не е изнесена ниту една количка шут!), но тие можат да се отворат и да се направи нов прозорец во кој било дел од ѕидот. Мељников ги проектирал овие прозорци на сите ѕидови со цел во неговата работилница сенката од раката никогаш да не паѓа на скиците. Големината на внатрешноста е скромна - само 250 квадратни метри. Потомците на Мељников до денешен ден живеат тука.

Lori / Legion Media

СТАНБЕНА ЗГРАДА COPPER HOUSE, БУТИКОВСКА УЛИЦА, 3

ЗГРАДАТА НА МЕЉНИКОВ, КРИВОАРБАТСКА УЛИЦА, 10

ОДДЕЛ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЗОКОТ ПРИ НАУЧНИОТ ЦЕНТАР ЗА НЕВРОЛОГИЈА НА РУСКАТА АКАДЕМИЈА НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ, УЛИЦА „ОБУХ“, 5-7

Lori / Legion Media

отсекогаш била центар на трговијата, поради што присуството на трговски центар тука е мошне соодветно. Којзнае - можеби во иднина „Наутилус“, исто како и зградата на Морозов, ќе се претвори во типичен пример за класична московска архитектура.

Оваа зграда на Евангелистичката болница за сиромашни била изградена во 1914 година, во епохата на модерната. Во советско време тука се сместил Институтот за мозок, кој, меѓу другото, се занимавал со истражување на мозоците на починатите истакнати државни и општествени дејци Ленин, Мајаковски, Ландау, Сахаров, Мичурин, Горки и други. Од сите згради во Москва, оваа е најблиска до мрачните замоци од готските новели или од романите за вампири, особено кога времето е тмурно. За тајните на московското подземје дознајте повеќе од статијата„Што се крие под Москва?„ на сајтот http://mk.rbth.com/41865


14 |

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ИНА СУСЛИНА, ГОЛМАН

ЕРА

Ина Суслина го брани голот од нападот на Радмила Петровиќ за време на женскиот шампионат во ракомет на полуфиналето помеѓу Вардар и Будуќност минатата година во Будимпешта

Македонија го сака ракометот со сето свое срце Емил Ниами Како се случи да дојдете во Македонија? Која беше мотивацијата да ја оставите успешната кариера во Русија и да му се приклучите на тимот на ЖРК Вардар СЦБТ? - Да бидам искрена, понудата на господин Самсоненко е една од оние што не се одбиваат. Неговата желба за создавање добра екипа, прекрасните услови од договорот, понатамошната перспектива на клубот...

Најверојатно јас едноставно имав желба да сменам нешто во својата кариера и во својот живот, исто така. Започнувањето од нула за мене отсекогаш било мотивација! Нова земја, нов јазик, нов клуб, нови луѓе околу мене... тоа е секогаш интересно и сложено, но јас никогаш не сум се плашела од тешкотии, така ми е поинтересно во животот. Какво беше вашето доаѓање во Македонија? Со какви предизвици се соочивте? Кои беа пречките за вклопува-

ње во македонското секојдневие? - Пред да дојдам во Скопје имав определени недоумици, претходно имав дојдено неколку пати и ги паметев и минусите и плусовите. Дојдов четири дена порано за да ја видам својата „тригодишна“ иднина (договорот веќе беше потпишан на период од три години) и - се восхитив. Одеднаш некако сѐ ми се допадна. Знаете, јас живеам со срцето, затоа за мене е најважна душевната состојба, таа го определува расположението и докол-


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ку во душата има мир и спокојство, сѐ останато добива само позитивни бои. Скопје ми се допадна уште од првиот ден. Мошне бргу се навикнав, го учев јазикот со задоволство, така што можам да кажам дека воопшто немав проблеми! Вистински предизвик за секој човек е да се започне нешто ново, а вие тоа го направивте во Македонија, станавте дел од тукушто формиран ракометен клуб. Каква беше потрагата по заеднички јазик со соиграчите и со менаџментот? - Убаво велите, јас бев дел од почетокот на еден голем проект под назив „Вардар“, тоа секогаш мами насмевка на моето лице. Себеси се чувствував како дел од нешто важно и ценето. Тоа чувство трае до денешен ден. Тренерите, директорите, администраторите, новите играчи и целиот административен дел на клубот исто така се формираа пред моите очи, така што проблеми како такви немаше, беше почеток и сите заедно учевме. Учевме да се разбираме и да работиме како еден колектив. Вие сте докажан член во светот на ракометот. Од ваша перспектива, колку македонскиот ракомет се разликува од рускиот и каков е воопшто односот кон спортот во Македонија и во Русија? - Македонија го сака ракометот со сето свое срце, тоа се чувствува од секојдневноста, не само од салата за време на мечот. Најверојатно тоа и е огромната разлика во споредба со мојата земја, во која, за моја огромна жал, ракометот е популарен само во два-три града. Тука, пак, имам бесконечна мотивација! Тоа ме радува како активен спортист. Имаме интернационална екипа и затоа ми е тешко да зборувам токму за разликата меѓу рускиот и македонскиот ракомет. Колку успеавте да ја запознаете Македонија за сето ова време? Што е она

што ви се допаѓа, што ви недостасува од Русија? - Она што е потребно да го знам за Македонија, го знам доволно добро. Луѓето, менталитетот, местата што ми се допаѓаат, рестораните во кои готват убава храна (се смее). Ми се допаѓа климата, ми се допаѓаат насмеаните луѓе, дури и збогувањата на улица некако ми се допаѓаат (ха-ха-ха). Прашувате што ми недостасува од Русија? Знаете, понекогаш ми недостасува самата Русија. Публиката е мошне важен дел од спортските настани. Какво е Вашето мислење за македонските навивачи во споредба со руските? - Навивачи! Фанови! Тоа е одделна тема за интервју и за долг разговор. Благодарение на нив јас сум среќна

по секоја победа, благодарение на нив јас чувствувам дека правам нешто важно во животот, и, секако, благодарение на нив се вознемирувам. Македонската публика е неверојатна. Не може да се спореди, едноставно никаде на друго место не постојат такви навивачи. Какви се Вашите идни планови? Ќе застанете ли тука? Каде се гледате себеси по десет години? - Ништо и никогаш не планирам. Живеам и се насладувам со она што го имам. Сега и тука сум среќна. Не се плашам од промени, не се плашам од нови работи, затоа сѐ што ќе се случи во мојот живот и каде ќе биде тоа, ќе покаже времето. Единствено можам да кажам дека по десет години веќе ќе престанам да играм ракомет. Иако... да бидам долго во спортот на високо ниво е нешто ново и од тоа не се плашам (се смее). Времето ќе покаже! Ина Евгењевна Суслина е родена во Ташкент, Узбекистан. Таа е заслужен мајстор на спортот на Русија. Дипломирала на Ростовскиот државен педагошки универзитет. За руската репрезентација има одиграно повеќе од 150 натпревари. Во 2012 година доаѓа во Македонија, каде што почнува да игра во новоформираниот ракометен клуб Вардар. Таа игра на позицијата голман.

Приватна архива

Во Македонија сѐ почесто среќаваме руски спортисти што играат за македонските клубови и ги претставуваат националните репрезентации на меѓународните спортски арени. Македонија веќе долги години се гордее со својот ракомет, а ова особено важи за неговиот женски дел. „Руска реч“ овој пат на своите читатели им нуди ексклузивно интервју со миленичката на македонската ракометна публика, секогаш насмеаната и необично привлечна Ина Суслина

| 15


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Почит за жртвите од авионската несреќа

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Луѓе на служба за загинатите во падот на рускиот авион на Синајскиот Полуостров, одржана во храмот св. Исак во Санкт Петербург на 8 ноември 2015 година. Ербасот А321 на руската авиокомпанија „Когалимавиа“ под брендот „Метроџет“ се урна на 31 октомври кусо по полетувањето. Авионот леташе на маршрутата Шарм ел Шеик - Санкт Петербург. Во несреќата загинаа сите 224 лица во авионот

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ВСЕВОЛОД ПУЉА главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, уредник ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА уредник АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

Средба Обама - Путин

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник

Американскиот претседател Барак Обама разговара со својот руски колега Владимир Путин за време на паузата на самитот на Г-20 во Анталија, Турција, 15 ноември 2015 година. Покрај разговорите за глобалната економија, лидерите на нациите се фокусираа и на сириската криза, на бегалците, како и на заканите од терористички напади

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 39 прилози во 30 земји со вкупна месечна публика од 27 милиони луѓе, а исто така одржува и 22 сајта на 18 јазика. Предадено во печат на 19.11.2015 г.

ЕРА

© 2015 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Почит за загинатите во Париз Положување цвеќиња и свеќи покрај француската амбасада во Москва на 14 ноември 2015 година, во спомен на загинатите во терористичкит е напади во Париз

Михаил Синицин / Росијскаја газета

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 4, Москва 125993, Россия.

Пјотр Коваљов / Ројтерс

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.