Руска реч Македонија

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

ЕКОНОМИЈА

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

стр.11

Руско резиме на 2012 година

www.rbth.ru

САБОТА - ПОНЕДЕЛНИК, 5-7 ЈАНУАРИ 2013

На повидок нова трговска војна помеѓу Русија и САД

БРОЈ 1

стр. 4-5

ВОЈСКА

Су-30СМ - ловец за невозможни мисии

стр. 10

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

МИА

Чекор поблизу

Во јуни 2012 година, во посета на Москва пристигна премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој за време на патувањето ги посети и Владимир, Нижни Новгород и Санкт Петербург

САМО НА RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

Oбемот на трговијата меѓу двете земји за периодот од јануари до јуни 2011 изнесувал 80 милиони американски долари и во однос на 2010 година пораснал за 106,4 отсто стр. 2-3 ПАТУВАЊА

Космополитизмот на московските божиќни панаѓури стр. 15

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

До нашите пријатели од Македонија Ценети читателки и читатели! Ни претставува особена чест и задоволство во време кога ја испраќаме старата и ја дочекуваме новата година, да ви го претставиме нашето првенче – Руска реч на македонски јазик, додаток на дневниот весник „Нова Македонија“. Овој подлисток го финансира еден од најчитаните и најтиражни весници во Русија „Росијскаја газета“, како дел од проектот Russia Beyond The Headlines (rbth.ru). Освен во печатена форма, можете да нѐ следите и на Интернет-порталот ruskarec.mk, каде секојдневно објавуваме куси вести од Русија, статии од различни области на животот кои се однесуваат на Русија и на руско-македонските односи, како и мултимедијални содржини, за кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. Некои од вас ќе прашаат зошто сме се решиле на ваков начин да ѝ се обратиме на македонската публика. Одговорот е мошне едноставен: денес од најразлични причини, објективни и субјективни, луѓето не можат да дојдат до директна информација, онака како што би требало да ја добијат. Нашата цел е да ве информираме за она што се случува во и со Русија, директно од нејзиното срце, од вековната престолнина на рускиот народ Москва. Сакаме до вас да допре и нашиот глас, да се слушне и нашето мислење, за да можете самите да го составите мозаикот и да бидете во тек со сите настани. Веќе неколку години вакви додатоци излегуваат во угледни светски весници како што се „Вашингтон пост“, „Њујорк тајмс“, „Зидојче цајтунг“, „Фигаро“, „Ла Република“ и во многу други дневни весници ширум светот. Ние сме присутни во 24 земји, на 16 јазика, во 27 влијателни печатени медиуми. Задоволство ни е што со дневниот весник „Нова Македонија“ отсега ќе можеме да им понудиме информација од прва рака на македонски јазик на десетици илјади македонски читатели. Русија и Македонија од дамнина се поврзани, пред сè преку сродните јазици, заедничката словенска култура, традициите и обичаите. Во последно време нашите две држави меѓусебниот дијалог го искачија на едно ново рамниште, каде со заеднички сили се обидуваме да ги придвижиме обете земји кон посветла и поперспективна иднина. Русија и Македонија ги интензивираат своите билатерални односи и на економски план, а за поздравување е и зајакнувањето на традиционално добрите врски во областа на културата и туризмот, што претставува добра основа за ние, луѓето, да можеме меѓусебно да комуницираме на едно сосема поинакво ниво. Затоа сакаме да ви се обратиме со молба и вие да комуницирате со нас, со нашата редакција. Ние сме достапни за коментари и сугестии, како за нашиот Интернет-портал, така и за нашето печатено издание. На крајот на сите наши читатели би сакале да им посакаме многу здравје, среќа, успеси и благосостојба во Новата година!

РУСКА РЕЧ

Русија и Македонија чекор поблизу Во август 1992 година претседателот на Русија, Борис Јелцин, потпиша указ за признавање на Република Македонија како независна држава, а во јануари 1994 г. беа воспоставени дипломатски односи на ниво на амбасади. Во 1997 г. беше потпишан договор за основање меѓувладина руско-македонска комисија за трговско-економска и научнотехничка соработка, а по една година Борис Јелцин и претседателот на Македонија, Киро Глигоров, во Москва ја потпишаа Декларацијата за пријателски односи и за соработка меѓу двете земји Михаил Вашченко

За Македонија, младата балканска држава, која се стекна со независност во 1991 година, исто како и другите републики од СФРЈ, до неодамна во Русија се знаеше многу помалку одошто за Србија, Хрватска, па дури и за Босна и Херцеговина. Сепак, уште во 19 век во градот Битола (Манастир), на територијата на современа Македонија работел конзулат на Руската империја. За време на Руско-турската војна 1877–1878 на страната на Русија се бореле голем број доброволци од Македонија. Сè до распадот на Османската империја Русија преземала чекори за подобрување на положбата на христијанското население на територијата на современа Македонија. Потоа руско-македонските контакти зависеа од политиката на државите што настанаа по Првата и по Втората светска војна: Југославија (најпрво кралска, а потоа социјалистичка) и Советскиот Сојуз. Сè до 1940 година СССР немал никакви дипломат-

ски односи со Кралска Југославија, а Советскиот Сојуз не сакал да се меша во темата за Македонија на никакво ниво за да не испровоцира усложнување на односите со Грција, Југославија и со Бугарија. Дури по стекнувањето на независноста на Македонија двете земји добиле можност да ги обноват односите, кои имаат долга историја. Веќе во август 1992 година претседателот на Русија Борис Јелцин потпиша указ за признавање на Република Македонија како независна држава, а во јануари 1994 беа воспоставени дипломатски односи на ниво на амбасади. Во 1997 беше потпишан договор за основање меѓувладина руско-македонска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, а по една година Борис Јелцин и претседателот на Македонија Киро Глигоров во Москва ја потпишаа Декларацијата за пријателски односи и соработка меѓу двете земји. Сè на сè, во првите десет години од соработката меѓу Русија и Македонија беа склучени повеќе од 40 меѓувладини и меѓуресорски до-

РИА Новости

2|

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, говори на отворањето на меѓународниот форум „мир и спорт“ во Краснаја Полјана, Русија, на 31 октомври 2012 година


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

|3

ИНТЕРВЈУ: ОЛЕГ ШЧЕРБАК, АМБАСАДОР НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонско-руските односи се во силен подем

Рускиот претседател Владимир Путин и македонскиот премиер Никола Груевски се сретнаа во Санкт Петербург на 21 јуни 2012 година

говори. Во мај 1999, во јуни 2003 и во октомври 2010 година Македонија ја посетија делегации на Државната Дума на Русија, во октомври 2001 година во работна посета на Москва беше вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски, а по две години премиерот и иден претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. Во 2007–2008 година се одржаа средби на Црвенковски со Владимир Путин и со Дмитриј Медведев. Сегашниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, ја посети Русија во јуни 2010. На крајот, во јуни 2012 во посета на Москва пристигна премиерот на Македонија Никола Груевски, кој за време на патувањето ја посети не само Москва туку и Владимир, Нижни Новгород и Санкт Петербург. Освен политичките, се развива и трговскоекономската соработка меѓу двете земји. Според податоците на федералната царинска служба на Русија, обемот на трговијата меѓу двете земји за периодот од јануари до јуни 2011 изнесувал 80 милиони американски долари и во однос на 2010 година пораснал за 106,4%. Притоа, рускиот извоз во Македонија се зголемил за 122,3% (на 35,6 милиони американски долари), а извозот од Македонија за 95,1% (на 44,4 милиони американски долари). Русија извезува во Македонија гориво и суровини, а Македонија во Русија лекови, резервни делови за автомобили, вино, тутун, зеленчук и овошје. Уште во 2010 година Ѓорге Иванов на средба со претседателот на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека Македонија е заинте-

ресирана за приклучување кон гасоводот „Јужен тек“. Така, во јули годинава во Нижни Новгород во рамките на шестото заседание на руско-македонската меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка беше потпишан нацрт-договор за приклучување на Македонија во изградбата на гасоводот. Според информациите на „Росијскаја газета“, потпретседателот на Владата на Македонија Зоран Ставрески изјавил дека „Јужниот тек“ ќе му даде нов импулс на понатамошниот развој на македонската индустрија, а на гасификацијата на Македонија ќе работат руски фирми и специјалисти. Се зголемуваат контактите меѓу двете земји и во областа на културата: во 2004-2005 се одржаа Денови на културата во Македонија и на Македонија во Русија. Во септември 2010 година во Македонија се одржаа Денови на руската духовна култура. Добри перспективи има и соработката во областа на туризмот: од 2010 година владата на Македонија за време на летниот период ги укина визите за државјаните на РФ. Иако туристичкиот обем од Русија во Македонија не е многу голем, динамиката на односите меѓу двете земји влева надеж дека руско-македонските контакти и понатаму позитивно ќе се развиваат, како во сферата на туризмот така и на други рамништа. Авторот е доктор по историски науки и виш научен соработник на Институтот за славистика при Руската академија на науки

Како ја оценувате динамиката на развојот на соработката меѓу Македонија и Русија? - Сметам дека нашите односи се развиваат прилично активно. Само во годинава што измина нашите земји потпишаа неколку документи за заемна соработка во различни сфери. Во завршна фаза се наоѓа и работата на уште неколку договори, меѓу кои и оние што се принципиелно важни, како спогодбата за основање културноинформациски центри во Скопје и во Москва и приклучувањето на Македонија кон проектот „Јужен тек“. Во кои области најбрзо се зацврстуваат нашите контакти? - По моја оценка во трговско-економската и во инвестициската област. Тоа е сосема нормално, зашто сега секоја држава се фокусира пред сè на надминување на последиците од глобалната финансиска криза. Но, ние не забораваме и на развојот на политичките, културните и хуманитарните врски. Што очекувате од прилогот „Руска реч“? - Реалноста е таква што досега најголем дел од информациите за Русија во Македонија не доаѓаа директно, туку преку странските медиуми, односно преку „посредници“. Вредноста на овој прилог е во тоа што тој ќе ја прикажува „живата“ слика, односно како самите Руси ја гледаат својата земја и светот воопшто. Што би им посакале на нашите читатели во 2013 година? - Би сакал да им го посакам истото она што си го посакувам себеси и на своите сонародници. На сите им посакувам мир, благосостојба, среќа, радост од успесите на нашите деца, добро здравје, љубов и верба!

„Нова Македонија“

МИА

Само лани нашите земји потпишаа неколку документи за заемна соработка во различни сфери. Во завршна фаза се уште неколку особено важни договори, како спогодбата за основање културноинформациски центри во Скопје и во Москва и приклучувањето на Македонија кон проектот „Јужен тек“, вели амбасадорот


4|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

РУСКА РЕЧ

Руско резиме на 2012 Дмитриј Кан

Во Русија 2012 година како ниту една друга беше исполнета со настани од стратешко значење. Москва се соочи како со глобални, така и со внатрешно-политички предизвици. ВЛАДИМИР ПУТИН СÈ УШТЕ БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА

Во бурната и стратегиски важна 2012-та видовме претседателски избори, нова активност на опозицијата, знаци на радикализирана борба против корупцијата (со најава дека таа може да добие статус на национален непријател) и видливо свртување на Русија од Европа кон Азија

ОПОЗИЦИЈАТА - ПОСТОИ НЕЗАДОВОЛСТВО, НЕ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ Уличните протести во исто време беа изненадувачки и неизненадувачки. За само неколку месеци на опозициската политичка сцена се појавија нови лица (како што е Алексеј Наваљни) кои успеаја да изнесат на улица десетина илјади луѓе, што претходно никому не му одело од рака. Аналитичарите токму со оваа појава го поврзуваат фактот што власта се решила на ублажување на изборниот закон и поедноставување на системот за регистрирање политички партии. До првиот инцидент дојде на самиот ден на парламентарните избори, 4 декември 2011, кога опозицијата, незадоволна од процесот на пресметување на гласовите, вечерта излезе на улиците на Москва. Веќе следниот ден на московските улици излегоа десетици илјади луѓе. Во текот на следните шест месеци опозицијата спроведе низа масовни акции кои имаа одек во јавноста: митинг на авенијата Сахаров, „бел прстен“ и фамозниот митинг на 6 мај, кој за-

РИА Новости

Претседателските избори во 2012-та секако беа главен настан во политичкиот живот на Русија. И покрај тоа што на нив, како и што предвидуваа аналитичарите, победата ја однесе Владимир Путин, сепак резултатите од гласањето донесоа низа изненадувања. Главното изненадување беше Михаил Прохоров, кој го зазеде третото место, иако како ново лице на политичката сцена го сметаа за аутсајдер. Аналитичарите го објаснија тоа како потреба на општеството за политичар од нов ков. Навистина, оваа потреба засега е актуелна само за жителите на големите градови. Популарноста на Путин малку опадна минатата година, но тој и понатаму е многу попопуларен од своите конкуренти. Минимумот на неговата популарност (37%) беше забележан во август, но веќе есента тој показател се врати на 45-50%. „Есенскиот пораст на популарноста на претседателот по привремениот пад е поврзан со ефектот на октомвриските изборни кампањи со кои Кремљ постигна успех“, објаснува Валериј Фјодоров, генерален директор на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), и додава дека мошне големо влијание на довербата на жителите има прекорот на претседателот упатен кон тројца министри, како и почетокот на борбата против корупцијата. На општеството сè уште му треба водач со „цврста рака“, заклучуваат експертите. А Путин засега е еден од малобројните политичари кои го исполнуваат овој критериум.

Сезоната на протести заврши: опозицијата ги загуби и претседателските и регионалните избори

врши со судири со полицијата. Благодарение на реформите веќе на октомвриските регионални избори, покрај четирите политички „грдосии“ како што се комунистите или Единствена Русија, учествуваа и десетина нови партии. Сепак, новите политички играчи засега не можат да ги задоволат потребите на избирачите, зашто опозицијата е сè уште разединета и нема јасна политичка програма. Во сите најважни градови и области опозицијата изгуби на регионалните избори, но експертите се уверени дека вистинската борба претстои. КОРУПЦИЈА - КРАДЕЊЕТО Е ПООПАСНО ОД ТЕРОРИЗМОТ „Ниту вооружените сили на НАТО со своите ракети, ниту меѓународниот тероризам, ниту се-

паратистичките тенденции за Русија не претставуваат толку голема опасност, колку корупцијата“, уверен е Константин Ремчуков, главен уредник на опозицискиот весник „Независимаја газета“. Навистина проблемот со корупцијата, како и секогаш, го зазема првото место на списокот негативни појави за кои опозицијата ја обвинува власта. Но, во 2012 година власта реагираше на корупцијата многу поостро одошто порано. Првпат во руската историја се случи неколку високи функционери да бидат сменети едно по друго заради корупциски афери. Најголем одек во јавноста имаше смената на министерот за одбрана Сердјуков, кого експертите отсекогаш го сметаа за еден од најпреданите соработници на Путин. Но, сепак, дури и тој остана без својата фотелја по аферата со кражба за време на распродавање-


РУСКА РЕЧ

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

|5

година

REUTERS/VOSTOCK-PHOTO

то на воениот имот. Според мислењето на експертите, Кремљ смета дека борбата против корупцијата може да стане нова идеја што ќе ја обедини нацијата. Освен тоа, во 2012 е сменет и Јуриј Урличич, генерален конструктор на системот ГЛОНАСС. Според зборовите на шефот на претседателскиот кабинет Сергеј Иванов, за време на реализацијата на овој проект украдени се 6,5 милијарди рубли (210 милиони евра). Не помина без афера дури ни самитот на Организацијата на азиско-пацифичката економска соработка во Владивосток, кој беше еден од најважните настани во 2012 година во Русија. Правосудните органи тврдат дека за време на подготовките на овој самит се украдени 93 милиони рубли (3 милиони долари) и дека во таа проневера е вмешан поранешниот заменик-министер за регионален развој Роман Панов. Крадци се откриени дури и во антикорупциската управа на московската полиција. Службениците на оваа управа Лев Глухов и Андреј Љавкин се обвинети за кражба на 3 милиони долари. НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА СВРТУВАЊЕ КОН ИСТОКОТ Претседателот недвосмислено даде на знаење дека помеѓу стабилната Кина и еврозоната, која е во криза, тој го избира азискиот партнер

Од претседателските избори најактуелно и најчесто поставувано прашање во експертските кругови е проблемот на геополитичкиот избор на Русија: Азија или Европа. Во изминатата половина година стручњаците ги анализираа претседателските посети, правеа прогнози, правеа економски пресметки за обемот на трговија со Европската Унија и со земјите од Азиско-пацифичкиот регион. Септемврискиот самит на Организацијата на азиско-пацифичката економска соработка, со кој претседаваше Русија потврди дека целта на Русија е зближување со Кина. Претседателот истакна дека преориентацијата кон источните партнери е ве-

Ниту вооружените сили на НАТО со своите ракети, ниту меѓународниот тероризам, ниту сепаратистичките тенденции за Русија не претставуваат толку голема опасност колку корупцијата Константин Ремчуков

Враќањето на Владимир Путин во Кремљ, секако, беше главен настан во 2012 година

ќе во тек и дека „не мора да се поттикнува по вештачки пат“. Тезата за изборот на азискиот вектор е потврдена и за време на октомвриското заседавање на дебатниот клуб „Валдај“. Претседателот недвосмислено даде до знаење дека помеѓу стабилната Кина и еврозоната која е во криза, тој го избора азискиот партнер. Во план за наредниве години е зголемување на размената на стока помеѓу Москва и Пекинг на 100 милијарди долари на годишно ниво и премин на пресметка во националните валути. Впрочем, зближувањето со Кина не е единствена ставка во азиско-пацифичката стратегија на Москва. Една од клучните цели на Русија е во што поголема мера да се реализира потенцијалот на земјата која претставува мост меѓи Далечниот Исток и Европа. „Огромен и засега секако недоволно искористен потенцијал на нашата земја, која зазема приближно една третина од Евроазискиот континент, се крие во нејзините транспортни и транзитни можности“, изјави Дмитриј Медведев наспроти Азиско-европскиот самит (АСЕМ) во Лаос. РУСИЈА И СТО - 19 ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ Првата пријава за членство во Светската трговска организација (СТО) Русија ја предаде уште во 1993, но беше примена дури во август 2012. Но, меѓу стручњаците сè уште не престанува спорот за тоа дали стапувањето во СТО е правилен потег. Експертите на Светската банка позитивно го оценуваат стапувањето на Русија во СТО. Спо-

ред нивните прогнози, во долгорочна перспектива руската економија може да забележи раст од 11%, за што пред сè ќе придонесе поголемата продуктивност и конкурентност на руските компании, зашто заради пониските тарифи ќе биде пониска и цената на нивните стоки и услуги. Најголема корист од стапувањето во СТО ќе почувствуваат металургијата и хемиската индустрија, додека загуби ќе има кај машинската и дрвната индустрија, како и кај индустријата за производство на лак. Во своите анализи експертите подвлекуваат паралели меѓу руското и кинеското искуство и апелираат до бизнисмените да не се плашат од играта според нови правила. И Москва и Пекинг се плашеа дека по стапувањето во СТО домашниот пазар може да биде преплавен од странски компании, поради што развојот во сферата на услугите и на „слабите“ економски гранки ќе биде запрен. Но, во Кина тоа не се случи. Напротив, оние сегменти од економијата што експертите ги третираа како слаби (на пример, осигурителните компании) дури и го зголемија уделот на домашниот пазар благодарение на поголемата куповна моќ на граѓаните. Уште еден позитивен фактор е подобрувањето на инвестициската клима, а со самото тоа и приливот на странскиот капитал во земјата. Така, обемот на директни инвестиции во кинеската економија по стапувањето во СТО е зголемен за 18%. Експертите констатираат дека тоа не се прашања што се решаваат за еден ден, но Русија може да го зголеми економскиот раст ако паметно го искористи кинеското искуство.


6|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

РУСКА РЕЧ

На Русија не ѝ е потребна „студена војна“ Евгениј Шестаков

„Законот Магнитски“ кој беше донесен од страна на Конгресот на САД, а кој воведува санкции за руските чиновници, кои, според мислењето на американските законодавци, имале врска со смртта на правникот на фондот „Hermitage Capital Management“ Алексеј Магнитски, е само капка во преполната чаша. Овој документ стана завршен акорд на цела серија непријателски политички чекори, преземени од страна на Западот кон Москва. На појавувањето на „Списокот Магнитски“, кој веќе предизвика размена на емоции од двете страни, му претходеа многубројни надворешнополитички конфликти, кои беше тешко да не се забележат. За двете најчувствителни работи за Русија – поставувањето на европскиот противракетен штит и укинувањето на визите за руските државјани кои патуваат во Европа, Кремљ доживеа пораз во 2012. Тоа стана особено видливо на фонот на позитивните процеси, кои се огледаа во развојот на односите меѓу Русија и Азија. Позитивното спроведениот самит на Азиско-Тихоокеанската економска соработка 2012 во Владивосток и почетокот на интеграциските процеси на постсоветските простори (формирањето Царинска унија и проектот Евроазиски сојуз) безусловно станаа успех, меѓу другото, и на руската дипломатија. Многубројните економски иницијативи, кои имаат за цел претворање на Русија во транзитна држава меѓу Азија и Европа, процесите поврзани со нафтата и со гасот, ориентирањето кон Истокот, добија поддршка од азиските партнери на Москва. Поинаква е ситуацијата со Европа. Од една страна во 2012 година започна реализацијата на долгорочните економски проекти, кои ја поврзуваат Русија со Стариот свет. Тука спаѓаат и изградбата на гасоводот „Северен тек“ по дното на Балтичкото море, и започнувањето на трасирањето на гасоводот „Јужен тек“ по дното на Црното море. Тие ќе ги соединат северот и југот на Европа со руските наоѓалишта. Но, на политичко ниво дијалогот помеѓу Москва и Европа стана понапрегнат, со минимални шанси за суштествено подобрување во 2013 година. На традиционалните „болни“ точки – необјективното, според Кремљ, набљудување на изборните процеси на постсоветскиот простор од страна на европските меѓународни организации, и кочењето на прашањето за безвизен режим за руските државјани со Европа, им беше додаден уште еден проблем.

Во 2012 година Русија не му објави на Западот „студена војна“ и нема намера да го направи тоа. Секој што мисли дека се случи тоа, претпоставувам дека ќе биде разочаран. Напротив, во новиот концепт за надворешната политика на земјата што се наоѓа во фаза на разгледување се зборува за „доверба“ и за „соработка“ врз база на „прагматизам“, кои Москва има намера да ги примени во однос на европските партнери. Сепак, настаните од годината што измина даваат повод за загриженост кај Русија, со што необјавената „студена војна“ сепак почна

Евгениј Шестаков

Во годината што измина Москва активно го критикуваше Западот за нарушување на човековите права. Пред сè, тоа беше поврзано со фактот за задушување на настапите на работниците во редица земји-членки на ЕУ, кои бараа зголемување на нивото на животот. За разбркување на демонстрантите, полицијата во Европа и во САД активно применуваше специјални средства, а десетици луѓе беа уапсени. Друга клучна област во заштитата на човековите права на кои Москва обрати поголемо внимание е правата на децата, кои социјалните служби не секогаш основано ги земаа од работничките семејства. Последниот преседан се случи во Финска, каде властите ѝ ги одзедоа четирите деца на една руска мајка, од кои едното беше доенче, без судска одлука, туку само врз основа на анонимни дојави. На ова треба да се додадат и големиот број случаи кога посвоени деца од Русија умираа во американските семејства, а нивните убијци, според мислењето на Москва, не секогаш беа сурово казнети. Но, критиките на Русија кон Западот во врска со заштитата на човековите права, предизвика отворена нервоза кај многу политичари, кои не се навикнати на вакви прекори од трети земји. Уште еден тренд на годината што измина се


ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Нијаз Карим

РУСКА РЕЧ

разликите помеѓу Москва и Западот по прашањето за семејните вредности. Во Европа и во САД нетрадиционалните семејни односи сè почесто се озаконуваат со државни акти или со донесување закони. Термините „мајка“ и „татко“ во официјалните документи беа заменети со обезличени – „родител еден“ и „родител два“ – тоа веќе се случи во скандинавските земји. Но, Русија е категорично против ваквиот приод. Законодавното собрание на Санкт Петербург донесе закон „За забрана на пропагирање на хомосексуалноста“. Овој документ стана причина за демонстративно откажување од страна на Милано од побратимството со Северната престолнина на Русија. Но, руските власти се уверени, и во овој процес јавното мислење е во целост на нивна страна, дека легализацијата на истополовите бракови во која било форма им противречи на традиционалните христијански и семејни вредности. Законот за забрана на пропаганда на хомосексуалноста кој беше донесен во Санкт Петербург, европските институции за заштита на човековите права го квалификуваа како нарушување на правата на човекот. Тие директно го поврзаа проблемот на истополовите бракови со давањето безвизен режим за државјаните на Русија во ЕУ. Како што е познато, во политичките документи на ЕУ се вели дека безвизен статус им се доделува само на оние

Друга клучна област во заштитата на човековите права на која Москва ѝ посвети поголемо внимание се правата на децата, кои социјалните служби не секогаш основано ги земаа од работничките семејства. Последниот преседан се случи во Финска, каде што властите ѝ ги одзедоа четирите деца на една руска мајка, од кои едното беше доенче, без судска одлука, туку само врз основа на анонимни дојави

|7

земји, кои ги почитуваат човековите права. Од своја страна, Москва не отстапи, што дополнително го усложни руско-европскиот дијалог на ментално ниво. Новиот надворешнополитички концепт на Русија не предвидува револуционерни измени во надворешната политика. Таа ќе остане традиционална и прилично конзервативна. Русија ќе продолжи да го брани своето сфаќање за принципите на меѓународното право и за решенијата на Советот за безбедност на ООН во меѓународните случаи, ќе реагира ситуационо на случувањата во „жешките точки“, и повторно ќе гради дијалог со земјите во кои се сменил режимот како последица на „арапската пролет“. Со ова, ќе ризикувам да претпоставам дека напрегнатоста во односите помеѓу Русија и нејзините партнери во Европа и во САД во следната година ќе биде засилена. Што ми дава повод за ваков заклучок? Како прво, незавршениот конфликт во Сирија, за кој Русија и Западот не можеа да донесат заедничко решение. Овој конфликт во својата орбита привлекува нови држави и веќе се претвори од локален во геополитички. Како второ, средбите за ваквите клучни прашања кои порано се случуваа минимум два пати во годината, како што се Советот на Русија-НАТО и Советот на Русија-ЕУ, ја загубија својата поранешна ефективност. На Запад Русија ја слушаат културно, но не сакаат да ја чујат. Одлуките се носат без да се земат предвид руските интереси. Таква беше тенденцијата минатата година, не постојат никакви основи да се смета дека тоа ќе се смени во иднина. Русија е подготвена за дијалог со Западот, што се огледа во нејзиниот надворешнополитички Концепт, но без да се изменат веќе постоечките приоди во внатрешната и во надворешната политика. Кремљ особено го загрижува немањето желба кај европските и кај американските партнери да ја земат предвид загриженоста на Москва во врска со прашањата поврзани за националната безбедност. Во ваква ситуација понатамошното влошување на односите помеѓу Русија и Западот станува неизбежно. Директно или индиректно ќе се прекинуваат или ќе добијат стагнациски карактер практично сите правци во соработката. Но, покрај ова, за почеток на нова „студена војна“ помеѓу Русија и Западот засега не станува збор. Двете страни сè уште имаат значителна резерва на цврстина во вид на заеднички иницијативи во областа на борбата против тероризмот, настани поврзани со борба против наркотиците, економски проекти. Оваа резерва засега нема да дозволи Русија и Западот да ја преминат црвената линија, по која враќањето кон добрососедските односи ќе боде мошне долг и сложен процес. Во годината што измина експертската јавност на Русија многу почесто дебатираше за тоа какви се перспективите на земјата во Азија, одошто за перспективите на Русија во европскиот контекст. Демонстративното одбивање на Западот на меѓународните форуми да ја земе предвид загриженоста на Москва и како одговор на тоа преземените демонстративно непријателски чекори на Русија, создадоа атмосфера на заемна недоверба. Таа се распространи во сите правци на соработка – од воените до хуманитарните прашања. Тешко е да се спори со изреката дека лошиот мир е секогаш подобар од добра кавга. И иако овие две политички сценарија не им одговараат на интересите на Русија и на Западот, ќе ризикувам да претпоставам дека во 2013 година сепак не вреди да се надеваме на нешто повеќе од лош мир.


8|

РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА

Тихоокеанска флота

Руска воена морнарица

Подводни сили:

Главна база: Владивосток Нуклеарни подморници со балистички ракети

Североморск, главна база на Северната флота Командант: контраадмирал Сергеј Јосифович Авакјанц

Балтиск, главна база на Балтичката флота Севастопол, главна база на Црноморската флота

Владивосток, главна база на Тихоокеанската флота

Астрахањ, главна база на Касписката флотила

Северна флота:

Подводни сили:

Површински поморски сили:

Главна база: Североморск

Командант: вицеадмирал Владимир Иванович Корољов

Команден брод: Тежок носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ (проект 1143,5) ВКУПНО 84

Нуклеарни подморници со балистички ракети

Тежок носач на авиони

Нуклеарни подморници со крстосувачки ракети

Тешки ракетни крстосувачи на нуклеарен погон

Повеќенаменски нуклеарни подморници

Ракетен крстосувач

Нуклеарни подморници за специјални намени

Големи противподморнички бродови

Главен командант на воената морнарица: адмирал Виктор Викторович Чирков

Мали ракетни бродови

Нуклеарни подморници со крстосувачки ракети

Повеќенаменски нуклеарни подморници

Дизел-подморници

Команден брод: ракетен крстосувач „Варјаг“ (проект 1164) ВКУПНО 73

Црноморска флота

Подводни сили:

Главна база: Севастопол Дизел-подморници

Артилериски корвети

Големи миноловци

Командант: контраадмирал Александар Николаевич Федотенков

Крајбрежни миноловци

Миноловец за внатрешни води

Дизел-подморница за специјални намени

Разурнувачи

Големи десантни бродови

Дизел-подморници

Мали противподморнички бродови

Десантни корвети

Команден брод: Ракетен крстосувач „Москва“ (проект 1164) ВКУПНО 44

Бродовите на Црноморската флота го обновија постојаното присуство во Средоземно Море Центар за анализа на светската трговија со оружје (ЦАМТО)

Во Севастопол е одржана проширена седница на Воениот состав на Црноморската флота, на која беа сумирани резултатите на делувањето на оперативно-стратешката група во завршната година од обуката, соопшти информативната служба на Јужниот воен округ. Седницата на Воениот совет ја отвори командантот на Црноморската флота, контраадмирал Александар Федотенков. Извештај за резултатите од работата за исполнување на планот во воената обука поднесе началникот на управата за воена обука на Црноморската флота, капетан од прва класа Александар Чесноков. Тој, меѓу другото, истакна дека бродовите на оваа флота во текот на 2012 година ги извршуваат своите задачи во Средоземно Море и фактички го имаат обновено постојаното присуство во неговите води. Црноморската флота има реализирано 6 далечни походи, од кои еден е извршен со одред бродови. Подморницата „Алроса“ го заврши редовниот сервис во Балтичката флота и успешно се врати во својата флота, пловејќи од Кронштат до Севастопол. Големиот десантен брод „Цезар Ку-

На проширената седница на Воениот совет на Црноморската флота во Севастопол е соопштено дека бродовите на оваа флота во текот на 2012 година ги извршувале своите задачи во Средоземно Море и фактички го обновиле постојаното присуство во неговите води

Големиот десантен брод „Цезар Куников“ ја претставуваше флотата во италијанската Месина, каде што во свечена атмосфера беше откриен споменикот на руските морнари што им дошле на помош на жителите на Сицилија по катастрофалниот земјотрес во 1908 година

ников“ ја претставуваше флотата во италијанската Месина, каде во свечена атмосфера беше откриен споменикот на руските морнари кои дошле на помош на жителите на Сицилија по катастрофалниот земјотрес во 1908 година, а големиот десантен брод „Новочеркаск“ по работната задача наминуваше во пристаништата во Грција и во Црна Гора. Хидрографскиот брод „Донузлав“ ѝ обезбеди учество на руската делегација на меѓународната хидро-

графска конференција во Монако. Во два наврати бродовите на Црноморската флота зедоа учество во активностите на Црноморската воено-морска група во оперативната акција „Blackseafor“. Одред бродови на Црноморската флота учествуваше во заедничката руско-италијанска воено-морска вежба „Јониекс-2012“, а изведена е и заедничка рускоукраинска воено-морска вежба „Пловен пат на светот – 2012“. Во моментов, одред на воените бродо-


РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА Балтичка флота

Површински поморски сили:

Подводни сили:

|9

Површински поморски сили:

Главна база: Балтиск Тежок ракетен крстосувач на нуклеарен погон

Ракетни корвети

Ракетен крстосувач

Големи миноловци

Големи противподморнички бродови

Крајбрежни миноловци

Дизел-подморници

Разурнувачи

Миноловци за внатрешни води

Големи десантни бродови Патролни бродови

Командант: вицеадмирал Виктор Петрович Кравчук

Мали противподморнички бродови

Десантни бродови на воздушна перница Десантни корвети

Мали ракетни бродови Разурнувачи

Мали противподморнички бродови

Големи десантни бродови

Десантни корвети

Команден брод: разурнувач „Упорен“ („Настойчивый“), (проект 956)

Ракетни корвети

Крајбрежни миноловци

ВКУПНО 58

Мали ракетни бродови

Касписка флотила

Површински поморски сили:

Површински поморски сили:

Главна база: Астрахањ Ракетен крстосувач

Големи миноловци

Голем против подморнички брод

Крајбрежни миноловци

Патролни бродови

Миноловци за внатрешни води

Мали противподморнички бродови

Големи десантни бродови

Мали ракетни бродови

Десантни корвети

Командант: контраадмирал Сергеј Гаврилович Алекмински

Патролен брод

Миноловци за внатрешни води

Ракетни корвети

Десантни корвети

ПОВРШИНСКИ БРОДА И ПОДМОРНИЦИ ИМА РУСКАТА ВОЕНА МОРНАРИЦА

Мали артилериски бродови

Артилериски корвети

Крајбрежни миноловци

ВКУПНО 26 Графикон: РИА Новости

ИТАР-ТАСС

Ракетни крстосувачи

Команден брод: патролен брод (фрегата) „Татарстан“ (проект 1166,1)

285

Крајбрежните единици и бродови на Црноморската флота во текот на 2012 година извршиле над 300 воени вежби

ви на Црноморската флота на чело со главниот брод на флотата, гардискиот ракетен крстосувач „Москва“, извршува задачи во Средоземно Море. Крајбрежните единици и бродови во текот на 2012 година извршија над 300 борбени вежби, изведени се две гаѓања со крстосувачки и над трие-

сет гаѓања со противавионски ракети, како и 170 артилериски гаѓања. Посадите успешно извршија над 60 стручни задачи и поминаа 6 стручни проверки во заеднички вежби. Главните резултати на обуката на Црноморската флота за 2012 година ги сумираше коман-

дантот на Црноморската флота, контраадмиралот Александар Федотенков. Тој им се заблагодари на припадниците на флотата за работата што ја завршија годинава и изрази надеж дека борбената обука и во следниот период на продолжи со исто темпо.


10 |

РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА

Су-30СМ - ловец за невозможни мисии Со набавка на овие модерни ловци-двоседи Военото воздухопловство на РФ има намера да ја зголеми својата борбена моќ и да подготви пилоти за управување со авиони од петтата генерација. Експертите велат дека суперманеварските способности на Су-30СМ отвораат нова ера во пилотирањето „Борбените способности на авионот Су-30СМ се повеќекратно зголемени кога станува збор за истовремено откривање и гаѓање неколку цели. Еден таков авион има потенцијал како два авиона од претходната генерација“, вели генерал-мајор Александар Харчевски. Повеќенаменскиот ловец Су-30СМ, чија испорака во армијата е во тек, му овозможува на Военото воздухопловство на Русија да решава задачи кои порано беа невозможни, изјави за РИА „Новости“ генерал-мајор Александар Харчевски, началник на воениот научно-наставен центар на Военото воз-

РИА Новости

Александар Коваљов, РИА Новости

Повеќенаменскиот модификуван ловец Су-30 за време на настапот на Меѓународната авиокосмичка изложба МАКС во Жуковски покрај Москва

духопловство на РФ „Воено-воздухопловна академија 'професор Н.Е. Жуковски и Ј.А. Гагарин'“. На 19 декември, Военото воздухопловство на Русија ги презеде од корпорацијата „Иркут“ првите два повеќенаменски ловци Су-30СМ. Со тоа започна реализацијата на договорот потпишан во март 2012 за испорака на 30 авиони Су-30СМ на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Со набавка на овие модерни ловец-двосед Военото воздухопловство на РФ има намера да ја зголеми својата борбена моќ и да подготви пилоти за управување со авиони од петтата генерација.

ЧЕТВРТИ КРАСНОЗНАМЕНСКИ ЦЕНТАР Харчевски со години беше на чело на четвртиот Краснознаменски центар за борбена подготовка и обука на летечкиот состав на военото воздухопловство „В. Чкалов“. Тука пилотите не учат само да летаат, туку и да војуваат: се откриваат борбените можности на новите летала, се разработуваат тактички маневри и се создава методика за обука на борци во воздух. Александар Харчевски има искуство со летање на авионот Су-30МКИ, со чиј понатамошен развој е добиен новиот ловечки авион на Военото воздухопловство на Русија. „Борбените способности на авионот Су-30СМ се повеќекратно зголемени кога станува збор за истовремено откривање и гаѓање неколку цели. Еден таков авион има потенцијал како два авиона од претходната генерација. Не е случајно што во школските воздушни борби на индиското и американското воено воздухопловство победуваа индиските пилоти со Су-30МКИ“, изјави Харчевски. Одговарајќи на прашањето во што, од гледна точка на пилот, се состои предноста на суперманеварските способности што ги поседува Су-30СМ, Харчевски рече: „Благодарение на суперманеварските способности, овој авион отвора нова ера во пилотирањето. Покрај стандардното хоризонтално и вертикално оптоварување, тој може да лета и со странично оптоварување. Ова му дава на пилотот нови можности за маневрирање во тродимензионален простор, што е неопходно за победа во воздушна борба. Од своја страна, појавата на суперманеварските авиони влијае врз новите методи на борба во воздух и на тактиката на воздушна битка“. Харчевски истакна дека воведувањето на Су30СМ во оперативна употреба е мошне важен настан за Военото воздухопловство на Русија. „Ова е нова етапа од модернизацијата на вооружувањето на Военото воздухопловство. Перформансите на ловецот овозможуваат да се зголеми борбениот потенцијал на нашата авијација. Военото воздухопловство на Русија досега немаше авион кој овозможува решавање задачи на олку високо ниво. Треба да се има предвид и тоа дека војската нема да добие само по еден авион, туку цели ескадрили од вакви авиони. Јас своевремено мечтаев да летам на ваков авион, а денес мечтата станува стварност за многу наши пилоти“, истакна генералмајорот.


РУСКА РЕЧ

ЕКОНОМИЈА

| 11

На повидок нова трговска војна помеѓу Русија и САД

РИА Новости

По усвојувањето на „Законот Магнитски“, Москва го забрани увозот на американското месо од животни одгледани со помош на рактопамин, а тоа значи – сѐ што Америка извезува во Русија. „Русија се обидува да ги реши политичките прашања со притисок врз нашите џебови“, велат во САД и тврдат дека со оваа одлука ги прекршуваат нормите на Светската трговска организација. Цените на фјучерсите за свинското месо паѓаат Екатерина Мерминска gazeta.ru

Од средината на декември, практично е прекинат увозот на месо во Русија од САД, Канада, Бразил и Мексико. Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола („Росселхознадзор“) забрани увоз на месо од животни одгледани со примена на рактопамин, распространет сточен адитив. На овие мерки најбурно реагираа САД, за кои Русија е важен пазар за извоз на месо (шести во светот), вреден околу 500 милиони годишно. Според податоците на Американската федерација на извозници на месо, за девет месеци во 2012 година, остварен е извоз на свинско месо од САД во Русија во вредност од 208 милиони долари, што е за 14% повеќе од истиот период во 2011 година. Испорачката на говедско месо во истиот период порасна за 25% и изнесува 242 милиони долари. Бета адренергинскиот агонист рактопамин, се користи како адитив во храната за свињи и крупна рогата стока. „Росселхознадзор“ тврди дека употребата на такво месо штетно влијае на кардиоваскуларниот систем. Русија всушност не воведува забрана за увоз на месо, туку бара да биде пропратен со документација која потврдува дека животните не се хранети со рактопамин. Меѓутоа, во САД не постои таков сертификат, па во однос на ваквото барање, значи прекин на извозот на производите, објасни портпаролот на Американската федерација на извозници на месо Џо Шиле, а неговите зборови ги цитира Wall Street Journal. За земјите во кои не се врши соодветна експертиза „Росселхознадзор“ најавува преоден период, приближно до крајот на јануари 2013 година. За тоа време, руските лаборатории сами ќе го проверуваат присуството на рактопамин во увезеното месо, контигентот во кој ќе биде пронајден, ќе биде вратен на произведувачот. „САД апелираат на Русија да ги укине новите ограничувања и повторно да овозможи увоз на свинско и говедско месо од САД“, се вели во заедничкото соопштение на министерот за земјоделие на САД, Том Вилсак и претставникот на САД Рон Кирк. Министерството за земјоделие на САД преговараше со

Сите животни од САД чие месо се извезува во Русија се одгледани со рактопамин

Рактопамин во бразилското месо „Роспотребнадзор“ на 6 октомври 2011 година прв пат јавно го изнесе ставот дека е недозволива примената на рактопамин во производството на прехранбените производи за рускиот пазар. Тогаш оваа служба изрази загриженост во врска со користењето на споменатиот препарат во бразилските компании кои испорачуваат месо во Руската Федерација. За надминување на овој проблем, делегација од Русија во текот на една година, неколку пати го посети Бразил. Последна таква посета беше есента 2012-та, со што руската служба соопшти дека за конечната одлука за обновување на увозот на месо од Бразил неопходно е да се проучат документите кои бразилската страна ги дала на увид. руската служба и притоа се повикува на „Кодекс Алиментариус“ – документ на Светската здравствена организација во кој се дозволува незначително мало присуство на рактопамин во месото. Документот во јули 2012 година го усвоија претставници на 186 земји, додека во Русија и Европската унија биле против неговото усвојување. Учесниците на пазарот и експертите веднаш ја поврзаа оваа одлука на „Росселхонадзор“ со политика. „Овие барања од руската страна се политичка освета за ‘Законот Магнитски’ кој го усвои сенатот на САД “, цитира агенцијата ИТАР–ТАСС неименувани аналитачари на Американската федерација на извозници на месо. „Апсолутно нема никакви дилеми дека тоа е токму така“ ја цитира агенцијата Ројтерс изјавата на Ричард Нелсон, шеф на

одделението за стратешка анализа на брокерската фирма Allendale Inc. „Мојата прва реакција на таа одлука на Москва беше обид да разберам колку е тоа поврзано со геополитиката и во која мера Русија пробува да ги реши поллитичките прашања со притисок врз нашите џебови“, истакна од своја страна Мајк Зузоло, претседател на компанијата Global Commodity Analytics & Consulting. Еден ден пред воведувањето на оваа забрана американскиот сенат со дури 92 гласа „за“ и само 4 гласа „против“ го усвои „Законот Магнитски“. Од овој акт голем број руски граѓани се загрижени за влезот во територијата на САД, како и финансиското оперирање во таа земја. „Росселхознадзор“ уверува дека „Законот Магнитски“ нема никаква врска со забраната. „’Росселхознадзор’ смета дека би било убаво да се потсетиме дека тој пред повеќе од една година укажал на неприфатливата примена на рактопамин во производството на прехранбените производи за рускиот пазар“, се вели во специјалното соопштение на оваа служба. Цените на фјучерсите за свинското месо на Чикашката берза на 11 декември паднаа за 1,4% и достигнаа двонеделен минимум. „За пазарот тоа се лоши вести“, вели Џон Клејст, висок аналитичар на брокерската компанија Ebottrading.com. „Кај нас (во САД) на пазарот ќе има повеќе од овие производи, но сепак нема да се појави вишок на свинско месо“, уверен е Стив Мејер, специјалист за пазарот на свинското месо од агенцијата Paragon Economics. „Ако Јапонија го прекине увозот, тогаш би настанал проблем“. Јапонија е најголем увозник на американското свинско месо, која од САД увезува четири пати поголемо количество свинско месо од Русија. На листата земји од кои Русија увезува свинско месо, САД се на четвртото место. Инаку, увозното свинско месо вкупно сочинува третина од рускиот пазар на свинско месо.


12 |

РУСКА РЕЧ

ПОГЛЕДИ

Зошто ЕУ го загуби правото Зошто Русија и земјите од Латинска Америка можат подобро да се приспособат и да опстанат во современиот свет отколку во старите и арогантни држави на Стариот свет? Дали „европскиот пат“ воопшто постои? Дмитриј Бабич

Жестоките расправи во Велика Британија во врска со придонесот на оваа земја кон Буџетот на Европската Унија, во Русија се согледуваат од сосема различен агол. Пред сегашната криза, а особено во текот на последните години од постоењето на Советскиот Сојуз, Европската Унија (некогашната Европска Заедница) беше мошне почитувана во сите држави источно од Полска. Со децении идејата „посветеност на Европа“ беше важен инструмент за прозападно ориентираните образовани луѓе и либералните медиуми. На тој начин тие настојуваа да ја придобијат Украина, Молдавија и другите поранешни советски републики (вклучувајќи ја и Русија) и да ги „ослободат“ од малигните и всушност измислени „московски контроли“. Советскиот Сојуз, по наводите на прозападните кругови, претставуваше олицетворение на овие „контроли“ сѐ до 1991 година, а подоцна оваа улога е доделена на вечно демонизираниот Кремљ. Денес ни станува јасно дека оваа црно-бела визија на Европа и „европскиот дух“ е всушност поедноставена и погрешна. „По нивните плодови ќе ги познаете“, стои во Светото Писмо. Ако дрвото на Европска Унија е навистина здраво, како е тогаш можно да раѓа вакви плодови? Неодамнешните случувања во внатрешноста на ЕУ, вклучувајќи ја и кризата во Грција и во неколку други европски земји, кај многумина разбудија сомнеж во старите евроцентрични вредности. На пример, Фјодор Луканов, главниот уредник на магазинот „Русија во глобалната политика“ и еден од коментаторите на радиото „Гласот на Русија“, отворено го постави прашањето: Дали „европскиот избор“ сè уште постои за поранешните европски држави? И дали феноменот на широко прокламираните „европски интеграции“ сè уште е привлечен за, на пример, Украина или Молдавија, како што беше за Германија или Франција во текот на педесеттите години од 20 век, или за Шпанија и Португалија во периодот на седумдесеттите? Да ги разгледаме на пример Шпанија и Португалија. Учесниците на Ибероамериканскиот самит, одржан неодамна во шпанскиот град Кадиз, дојдоа до изненадувачки заклучок: земјите членки на ЕУ, а особено Шпанија, веројатно повеќе им се потребни на државите БРИКС (на прво место Бразил и Русија) отколку што државите БРИКС ѝ се потребни на Европа. Овој заклучок е изведен врз основа на статистичките податоци претставени на самитот на 18 земји од Латинска Америка, Шпанија, Португалија и Андора. Покрај фактот дека Шпанија е на второ место по обемот на инвестиции во еконо-

Португалија и Белорусија имаат приближно ист број жители. И двете држави се соочија со финансиска криза во 2011 година. Меѓутоа, Белорусија ја девалвира својата валута, зеде заем помал од 3 милијарди долари од Русија и речиси успеа без последици да ја преброди кризата. Португалија не можеше да го девалвира „своето“ евро и позајми 97 милијарди долари - и сега мора уште да позајмува

мијата на латиноамериканските земји, Шпанците побараа помош од Латинска Америка, а не обратно. Шпански дневен весник „Еl Pais“ ги изнесе следните статистички податоци во врска со тие прашања: Шпанија со својата исклучително висока стапка на невработеност и заканувачкиот долг може само да им завидува на земјите од Латинска Америка, во која бројот на луѓе што живеат под границата на сиромаштијата се намали во текот на минатата деценија од 50% на 30%, така што повеќе од половина жители ѝ припаѓаат на средната класа. Додека економиите на Шпанија и Португалија ги покажуваат сите знаци на рецесија, се очекува економијата на „големите 20“ од Латинска Америка во оваа година да доживее просечен раст од 3,2%, а според некои оптимистички прогнози дури и 4%. Не е ни чудно што претседателите на латиноамериканските држави покажуваат дека можат да донесат одлука независно од Шпанија и Португалија, а понекогаш кон нив заземаат и покровителски став.


РУСКА РЕЧ

ПОГЛЕДИ

| 13

да држи лекции

Сергеј Јолкин

Претседателката на Аргентина не учествуваше на европскиот самит. Повеќе ѝ годеа самитите Мерокосур и Уносур - латиноамерикански варијанти на евроазиската унија што рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја формира со соседните земји на Русија

Ова не се однесува само на претседателите на Куба и Венецуела, Раул Кастро и Хуго Чавез, кои немаат навика да присуствуваат на Ибероамериканските самити. Овој начин го прифати и претседателката на Аргентина, Кристина де Кирхнер, која не учествуваше на самитот во Кадиз, бидејќи нејзиниот доктор ја советувал да не се заморува со летовите преку Атлантикот. Повеќе ѝ годеа самитите Мерокосур и Уносур – латиноамерикански варијанти на Евроазиската унија, која рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја формира со соседните земји на Русија. На самитот во Кадиз, Шпанците како домаќини и нивните португалски пријатели со своите некогашни колонии не држеа предавања за слободата, демократијата и за изборите. Крајно време е и другите држави на ЕУ да го заземат истиот став кон своите источни соседи – Белорусија, Украина и Русија. Поради тоа Белорусија има право да ги игнорира критиките на својот некогашен господар Полска, исто како што Бразил има право да ги игнорира покровителските ставови на својата „татковина“ – Португалија.

Со децении идејата „посветеност на Европа“ беше важен инструмент за прозападно ориентираните образовани луѓе и за либералните медиуми. На тој начин тие настојуваа да ги придобијат Украина, Молдавија и другите поранешни советски републики (вклучувајќи ја и Русија) и да ги „ослободат“ од малигните и всушност измислени „московски контроли“

Овие тврдења можат да се потврдат и со цифри. Португалија и Белорусија имаат приближно ист број жители (околу 10 милиони). Двете држави се соочија со финансиската криза во 2011 година. Меѓутоа Белорусија ја девалвираше својата валута, зеде заем помал од 3 милијарди долари од Русија и речиси успеа без последици да ја преброди кризата. А, Португалија во која луѓето со децении купуваа недвижнини земајќи кредити – доби 97 милијарди долари во пакетот со помош од ЕУ и ММФ, и сега бара уште. Причината е едноставна: бидејќи се откажа од својата финансиска независност при влезот во Еврозоната, Португалија сега не може да ја девалвира „својата“ валута – еврото. Сè што може да направи е да позајми уште пари. Дали е ова „европскиот пат“ за кој толку многу ни зборуваа? Таков пат нас не нè интересира и во иднина нема да трпиме да ни држат лекции. Во текот на 90-те години, кога Русија имаше должнички проблем кон државите на ЕУ (здружени во Лондонскиот клуб на кредитори), постоеше одредена основа дека ѝ се „држат лекции“. Но, ЕУ го направи својот избор: ништо не ѝ подари на Русија. Не ѝ скрати ниту најмал дел од долгот. Денес Русија доделува кредити на некои држави членки на ЕУ (вклучувајќи ги и Кипар, Ирска и некои други несолвентни „учители на демократијата“). Според тоа, зошто Русија би трпела покровителски став од западните земји? Можеби историјата со иронична игра на судбината ќе ги постави работите на свое место. Мултиетничките, нестрпливите и релативно младите држави – „проширувачи“ на Европа (некогаш САД, а денес Русија и земјите од Латинска Америка), можат подобро да се адаптираат и да опстанат во современиот свет – секако подобро отколку старите, непроменливи и крајно арогантни држави на Стариот свет. Дмитриј Бабич е политички аналитичар на радиото Гласот на Русија


14 |

РУСКА РЕЧ

ПАТУВАЊА

LORI/LEGIONMEDIA

Зимска московска бајка

Златните куполи на многубројните московски цркви и светкавиот снег како да се создадени едни за други Фиби Теплин

Снегот кој штотуку падна го разубавува секој пејзаж, го прикрива секој неред и ги омекнува острите црти на зградите. Мразот може да понуди разни задоволства: гледање во прекрасните шари на прозорците, лизгање, дури и едрење; од него се прават скулптури. А, во Русија некои го кршат мразот на реките за да се искапат. ПРЕДЕЛИ ОД БАЈКИТЕ Златните куполи на православните цркви, зимзелените дрвја, монументалните скулптури и дрвените куќички се дел од бајковитите слики на рускиот зимски пејзаж. Кога снегот ќе ги прекрие парковите во Кремљ и брегот на реката Москва, неговата магија, исто така, е присутна и на ѕвоното на Иван Велики и околните куполи на Вознесенскиот, Успенскиот и Архангелскиот храм. Овие древни градби во срцето на градот се симбол за Русија исто како и нејзината позната зима и заедно прават хармонична комбинација. Зимското лизгалиште и накитената божиќна елка пред бајковито осветлената зграда на ГУМ на Црвениот плоштад додава уште повеќе магичен прав на овој поглед. Во јужниот дел на градот, во близина на метро-станицата „Туљска“, се наоѓа древниот Даниловски манастир, чии ѕидови и виолетовата

црква-капија се окружени од разнолико множество цркви, на кои снежната прекрива им стои како излеана за нив. Светлината од свеќите од соборниот храм „Светиот отец“ ги осветлува древните икони и фрески. Отспротива, опкружен со елки, се наоѓа храмот „Света тројца“, изграден во неокласичен стил по проектот на Осип Иванович Бове, познатиот архитект што го изградил и Бољшој театар. Малата капела со златна купола подигната е во 1988 година, во чест на прославата 1000 години православие во Русија. Бидејќи овој манастир е официјална резиденција на патријархот, го чуваат козачки стражари во чизми и со крзнени шубари на главите. Кој бара сосема поинаква зимска приказна, може да оди на селскиот посед на Дедо Мраз во паркот Кузмињки, југоисточно од центарот на градот. Оваа група стилизирани куќички добива посебен шарм навечер, кога паѓа снег. СКИЈАЊЕ, ПЛИВАЊЕ И СКУЛПТУРИ ОД МРАЗ Не мора да одите надвор од Москва за да уживате во природа – совршено место е пространиот шумовит брег што се протега од Горки парк, па сè до долините на реката Сетуњ. Можете да ја разгледате низ стаклениот ѕид на метро-станицата „Воробјови Гори“ или панорамски од 22 кат

на ексклузивното кафуле „Sky Lounge“ на Ленинската авенија. Сноубордерите и скијачите до врвот на падината се превезуваат со жичницата на Воробјови гори. Постојат многубројни патеки за алпско скијање во одморалиштата, каков што е спортскиот парк „Волен“, но благите брановити букови шуми – чест дел од московскиот пејзаж – се многу поповолни за нордиско скијање. Во зима, за време на викендите, ридовите и езерата во парк-шумата Покровско – Стрешнево, во близина на метро-станицата „Војковска“, ги преплавуваат љубителите на санкањето, скијањето, воените игри и риболовот под мраз. Руските рибари обично седат врз замрзнатото езеро, а во борбата против студот сојузник им е најчесто само шише вотка. Некои од нив дури ни ракавици не носат, бидејќи така можат подобро да почувствуваат кога рибата ќе почне да гризе. Правењето големи отвори во мразот и пливањето во замрзнатите води е уште еден популарен екстремен спорт во Русија. „Моржи“ („Моржови“ – популарно име за луѓето што уживаат во зимското капење), тврдат дека тоа е добро за здравјето од повеќе причини. Ако се искапете на 19 јануари, кога се слави Богојавление и кога водата се осветува, можете да доживеете и духовен благодет. На островот Серебрјани бор се стигнува со автобус или со такси од метро-станицата „Полежаевска“ и, исто така, претставува место каде што во овој период од годината можете да видите капачи во замрзната вода.


РУСКА РЕЧ

Секако, можете и да им се придружите. Островот Серебрјани бор е едно од најдобрите места за зимска забава во Москва. Името го добил по шумата од сребрените борови. Љубителите на нордиското скијање овде може да најдат сè што им е потребно – од бројни локали за изнајмување опрема, долги патеки низ шуми и дрвени куќички прегрнати од боровите. Кога реката ќе замрзне, се претвора во патека за скијање или за прошетка. На самиот крај на островот се наоѓа кафуле со свилени перници, како и отворено лизгалиште на брегот на реката. Секоја зима, во рамките на Фестивалот на скулптури од мраз „Вјуговеј“, на неколку места во Москва се организираат изложби на отворено. Овогодишниот фестивал ќе се одржува од декември 2012 до март 2013 година, меѓу другото и во просторот на величествениот Серуски изложбен центар (ВДНХ), чии златни статуи и споменици, посветени на истражувањето на космосот, изгледаат прекрасно во снежниот амбиент. Професионалните скулптори од огромни парчиња мраз креираат сложени композиции и секоја година се одредува нова тема – патување во космос, светски знаменитости или бајки. Самата идеја за изработка на скулптура во мраз, која денес претставува уметничка форма прифатена ширум светот, зачната е во 18 век во Русија за време на владеењето на императорката Ана. Во периодот на нејзиното владеење главниот архитект, Петар Еропкин, направил една палата од мраз. На пространиот Парк на Победата исто така се подигаат градби и скулптури од мраз, а секоја година за време на зимскиот фестивал, уметниците го украсуваат Плоштадот на Револуцијата со споменици од мраз. За љубителите на спортот во природа постои подобра забава од пловидбата по реката. Тоа е „snowkiting“ или едрење на снег. Изгледа како скијање на вода, но се одвива на мраз и притоа може да се достигне брзина од околу 100 км/ч. Големото проширување на реката Москва кај метро-станицата „Строгино“ прави тој дел на речниот тек да потсетува на езеро, што е вистинско место за љубителите на овој спорт. Штом доволно застуди, во Москва почнуваат едно по друго да никнуваат лизгалиштата. Од Патријаршискиот рибник, познат по липите и бронзените скулптури, до замрзнатите поплавени патеки на Горки парк, кои се оддалечени 3 километри, Москва е лизгачки рај.

| 15

Ако некој сака сам да направи подарок за пријателите и за семејството, тоа ќе може да го стори во работилниците за изработка на украси за елка и за новогодишни декорации за на маса

PhotoXPress

Прочуените руски зими обично ги плашат туристите, но нема потреба од страв. Облечете се добро, искористете ги кафулињата, театрите и музеите за да се стоплите по прошетката и вистински ќе го запознаете духот на руската престолнина. Всушност, Москва е најпосетена кога во градот ќе почне да паѓа снег

ПАТУВАЊА

Космополитизмот на московските божиќни панаѓури Владимир Еркович

Варено вино, лижавче-петле, чоколаден Дедо Мраз и други детали кои ги најавија радоста и веселбата – сето тоа е составен дел од новогодишниот панаѓур. Во Москва беа отворени над стотина панаѓури, на кои посетителите можат во целост да ја доживеат атмосферата на Нова година и Божиќ, омилените празници во Русија. Веќе заврши украсувањето на градските фасади и улици, а од 23 декември беа отворени отворени и најзначајните панаѓури. Највпечатлив меѓу нив е „Стразбуршкиот панаѓур“ на Манежниот плоштад. На свеченото отворање на 23 декември присуствуваше и градоначалникот на Стразбур Ролан Рис, а панаѓурот се прикажа во сиот свој сјај дури во следните денови. На плоштадот под ѕидините на Кремљ беа подигнати дваесетина убави планински брвнари, како оние што обично ги гледаме на рекламите за „Кока-Кола“. Целта на организаторите е во целост да ја доловат атмосферата на традиционалниот европски божиќен панаѓур. Посетителите можат да купат подароци, сувенири, елки, играчки, француско печиво и многу други работи. Во Рускиот изложбен центар веќе е подигнато цело село – над педесет дрвени куќички со изрезбани прозорци. Во куќичките се сместени тезгиња со рачно насликани играчки, топли ракавици, медени колачиња со ѓумбир и останат традиционален новогодишен асортиман. Некои куќички се уредени како кафулиња, во кои посетителите можат да се напијат чај, варено вино со цимет или некој посилен алкохолен пијалак. Ако некој сака сам да направи подарок за пријателите и за семејството, тоа може да го стори во работилниците за изработка на украси за елка и за новогодишни декорации за на маса и сл. Организаторите покрај фонтаната „Пријателство меѓу народите“ направија големо лизгалиште со површина од десет илјади квадратни метри. Бидејќи температурите во престолнината веќе паднаа на -10, сите предуслови за ледената веселба се исполнети. За разлика од поголемиот дел други панаѓури, овој, во Рускиот изложбен центар, беше отворен уште на 24 ноември. Очигледно е дека за празнични радости никогаш не е премногу рано. Од 22 до 30 декември можевте да го посетите

Во Москва се отворија над стотина новогодишни и божиќни панаѓури, кои, освен варено вино, колачиња, елки, лизгалишта и разни други радости, го покажаа космополитскиот дух на руската престолнина: посетителите можеа буквално да прошетаат низ божиќната Европа божиќниот панаѓур во конгресно-изложбениот центар „Сокољники“. Организаторите сакаа да ја доловат атмосферата на европскиот Божиќ, потпирајќи се на искуството и традицијата на француските, германските, белгиските и австриските панаѓури. Посетителите имаа можност да купат производи од старите занаети и традиционални божиќни сувенири, но и кристали, крзно, па дури и модели на познати креатори. За посетителите на панаѓурот се одржуваа работилници за готвење, за везење, за изработка на цвеќе од керамика и сл. А, во изложбениот центар „Сокољники“ е отворен специјален „Фармерски кафе-ресторан“ кој нуди јадења подготвени од еколошки чисти намирници од фармите од околината на Москва. Еден панаѓур лесно можеше да помине незабележан, доколку посетителите не дознаеја за него навреме. Имено, тој траеше само два дена (22 и 23 декември). Станува збор за панаѓур што го организира магазинот „Season“ во паркот „Ермитаж“. И тој е инспириран од европската традиција и ќе се обиде што пореално да ја долови атмосферата на Стариот свет. Панаѓурот на магазинот „Season“ се одржува четврта година по ред и ја зазема сета површина на паркот „Ермитаж“. Подигнати беа над педесет тезги со најразлични играчки, украси и ракотворби. Посетителите уживаа во лизгањето, снежните топки и санкањето, а потоа и во кафулињата со варено вино и медени колачиња со ѓумбир. Навистина, за влезницата требаше да се издвојат 350 рубли, но влезот беше бесплатен за деца помлади од десет години.


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

РУСКА РЕЧ

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

ИТАР-ТАСС

Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Србија, Македонија и за Хрватска ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

НОВА ГОДИНА

ДЕДО МРАЗ И НЕГОВАТА ВНУКА СНЕЖАНКА Првите жители на Русија кај кои доаѓа Новата година живеат на Чукотка, на границата со Алјаска. До Санкт Петербург (на сликата) празникот патува низ 8 часовни зони. Таму на Дворскиот плоштад го пречекуваат Дедо Мраз со градскиот грб и рускиот придонес во овој обичај – неговата внука Снегурочка (Снежанка). Ќе биде потребен уште еден час за Новата година да ја обиколи сета територија на најголемата земја на светот и да стаса до најзападниот град – Калининград.

БОЖИЌ

ДРЖАВЕН И ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК

© 2012 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НИГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

ЈУЛИЈАНСКА НОВА ГОДИНА

ЧЕЛИЧЕЊЕ ЗА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА НА ПРАЗНИЦИ Како и Македонците, и Русите со задоволство ја пречекуваат Новата година двапати: ноќта од 13 кон 14 јануари започнува Новата година според Јулијанскиот календар. На овој ден традиционално завршува јануарската празнична сезона. Веселите членови на клубот „Морж“ од Владивосток ја испраќаат 2012 со силен дух и тело, подготвувајќи се со челичење во ледената вода за сите изненадувања што може да им ги донесе новата 2013 година.

РИА Новости

Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија * Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Руската православна црква, како и македонската, го одбележува Божиќ на 7 јануари. Морнарите на големиот противподморнички брод на Тихоокеанската флота „Маршал Шапошников“ го пречекуваат празникот во капелата на свети Андреј Первозвани во Владивосток.

РИА Новости

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.