Wp2 03032017 data collection process

Page 1

Процес на собирање податоци Следење со методата “Од доле-нагоре“

Austrian Energy Agency (AEA)

Thisproject has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No 649829.


Автори Nina Pickl,Austrian Energy Agency (AEA) Reinhard Jellinek, Austrian Energy Agency (AEA) Bettina Reidlinger, Austrian Energy Agency (AEA) Christoph Ploiner, Austrian Energy Agency (AEA) Adrian Zelalic, Austrian Energy Agency (AEA)

Во соработка со: Benjamin Struss, Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) Christos Tourkolias, Centre of Renewable Energy Sources and Savings (CRES) Marko Bišćan, Energy Institute Hrvoje Požar (EIHP) IvarsKudrenickis, Institute of Physical Energetics (IPE) Michal Németh, Slovak Innovation and Energy Agency (SIEA) Project Manager Slovak Inovation and Energy Agency


Содржина I. Вовед

2

II. Дефинирање на соодветните мерки кои се предмет на следење

5

III. Дефинирање на бараните детални податоци одделно за секоја мерка IV. Утврдување на методите за собирање на податоците

7 12

Анкети

12

Мерење

13

Моделирање

13

Административни извори

14

V. Идентификување на соодветни тела за прибирање на податоци

17

VI. Дефинирање на процесот на прибирање на податоци

21

VII.

Потврдување и контрола

24

VIII.

Заклучоци / Препораки

31

IX. Референци

1

32


I.

Вовед

Проектот multEE - Управување за енергетска ефикасност на повеќе нивоа, е финансиран од програмата Хоризон 2020, има цел да ја подобри доследноста и квалитетот на планирањето на политиката за енергетска ефикасност и спроведување на различните административни нивоа во земјите кои се вклучени во проектот. Поточно, проектот multEE има намера да воведе нови планови за следење и потврдувања кои ќе се темелат врз основа на податоците наведени во методологијата Оддоле-нагоре. Ова е со цел за да може со сигурност да се наведе дека добиените резултати од мерките за енергетска ефикасност се правилно оценети и корисни за понатамошни планови во полето на енергетската ефикансост. Од друга страна, спроведувањето на проектот ќе придонесе кон подобрување на вертикалната координација помеѓу административните нивоа, искористување на целокупниот потенцијал на интегрираните планови за следење и потврда и подобрување на севкупниот квалитет на планирањето на енергетската ефикасност и спроведувањето (CRES, EIHP). Целите на програмите за енергетска ефикасност кои се од поголем размер, како тие на Директивата за енергетска ефикасност 2012/27/ЕУ на Европскиот парламент и на Европскиот совет, формираат збир на обврзувачки мерки кои имаат за цел да и помогнат на Европската унија до 2020 година да ја достигне зацртаната цел од 20% поголема енергетска ефикасност. Со оваа Директива од сите држави членки на ЕУ се бара поефикасно искористување на енергијата во сите фази на веригата - енергетска вредност почнувајќи од производството па сѐ до финалната потрошувачка. Земјите членки на ЕУ се обврзани редовно да поднесуваат извештаи за постигнатата заштеда на енергија. Обврската на Земјите членки на ЕУ за редовно известување на постигнатите енергетски заштеди, во прв план треба да гарантира споредливи резултати, со цел да ги прикажат нивните напори за подобрување на енергетската ефикасност, како и соодветен процес за следење и потврда. Процесот на следење во остварување на зацртаните цели за енергетска ефикасност на локално, регионално или национално ниво, бара оценување на влијанието на политиките и мерките за енергетска ефиканост врз енергетската заштеда, а со тоа и нивниот придонес кон исполнување на зацртаната цел. Оценувањето на влијанијата подразбира собирање на различни податоци за спроведените мерки. Со намера да се постигне доследност и висок квалитет, на носителите на енергетските политики треба да им се обезбедат соодветни податоци за спроведените мерки.

2


Целта на овој основен документ е да даде насоки за тоа како треба да биде структуриран процесот на собирање на податоците. Врз основа на примерите за најдобро спроведени практики, ќе биде опишан еден идеален процес за собирање на податоци, како и неговите различни фази. Слика 1: Собирање на податоци за процесот на следење Оддоле-нагоре

Извор: Австриска агенција за енергетика Состојбата на статус кво во земјите кои ќе бидат вклучени ќе биде земена во предвид во секоја различна фаза од процесот на собирање на податоците а ќе зависи од влезните податоци во приложените извештаи на земјите. Битните механизми за координација во однос на процесот за собирање на податоците ќе бидат накусо објаснети во овој извештај и детално ќе бидат објаснети во извештајот: „Синтетизиран/Збирен извештај за областите за подобрување на механизмот за координација“, кој во скоро време ќе биде спроведен во рамки на проектот multEE. Во голем дел од земји членки на ЕУ, како релевантни извори на податоци се земаат податоците од Државниот завод за статистика, националните бази на податоци и меѓународните бази на податоци. Процесот на собирање на податоци се спроведува од страна на владино тело, агенција, регулаторот на енергија или тело кое претставува комбинација од споменатите/надевените тела.

3


Овој документ нема намера да биде референтен прирачник за енергетска статистика ниту пак за показатели за енергетска ефикасност. Главниот фокус е кон собирањето на податоци потребни за следење и потврда на мерките за енергетска ефикасност. Процесот на собирање на податоци кој е предложен во овој документ треба да се смета како водечки принцип, без да се тврди дека предложениот процес е универзален метод за собирање на податоци. Потребно е да се нагласи дека не постои универзален рецепт за собирање на овој тип на податоци. Процесот завис од потребите, моменталната состојба, време и средтства кои се на располагање.

4


II.

Дефинирање на соодветните мерки кои се предмет на следење

Програмите за енергетска ефикасност кои се од поголем размер, како тие од Директивата за енергетска ефикасност 2012/27/ЕУ на Европскиот парламент и на Европскиот совет, бараат од сите држави членки на ЕУ поефикасно искористување на енергијата во сите фази на веригата на енергетска вредност

почнувајќи

од

нејзиното

производство

па

сѐ

до

финалната

потрошувачка. Заштедите на енергија можат да се постигнат со спроведување најразлични мерки за енергетска ефикасност, како што се реновирање и подобрување на карактеристиките на топлинските системи или со користење на поефикасни уреди во сите сектори, без разлика дали е тоа во станбениот сектор, индустријата, комерцијалниот сектор или секторот транспорт. Според тоа, заштедата на енергија влијае врз голем број на економски фактори, како што се домаќинствата, услужни институции, производство итн. Земјите членки на ЕУ нема да ги остварат своите зацртани цели преку спроведување на мал број мерки за енергетска ефикасност. Овие програми за енергетска ефикасност можат да бидат успешни единствено преку постојано спроведување на мерки за енергетска ефикасност во сите сектори, а се со цел да се опфати голем процент на енергијата која се користи. Од суштинско значење за добро следење на мерките за енергетска ефикасност е барањето за јасно дефинирање на мерките кои ќе бидат спроведени за да се постигнат зацртаните цели за штедење. Само доколку ова е јасно дефинирано, тогаш земјите членки на ЕУ ќе можат да ги измерат и оценат крајните резултати и да направат контрола на севкупните превземени активности во текот на целиот период од поставувањето на целта се до проценката. За мерење на националните заштеди на енергија може да се користат двете методи Одгоре-надоле и Оддоле-нагоре. При користење на методот Оддоленагоре, се користат заштедите на енергија на одделните мерки, додадени на резултатите за заштеда на енергија од останатите конкретни мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Методот за пресметка Одгоренадоле има за цел да се разбере дека како почетна точка за пресметување на нивото на заштеди на енергија се користат збирните заштеди за секој сектор пооделно, одредени на национално ниво или пак во поголеми размери. Иако, очекуваниот резултат од мерките за енергетска ефикасност во индустрискиот сектор, во заедниците или во секторот големи згради ги оправдува сите вложени напори за мерење и/или обемно собирање на податоци, сепак поттикот за мерење и собирање на податоците во индивидуалните домаќинства не соодветствува со очекуваните заштеди. За да се обезбеди рамнотежа помеѓу цена/придобивка, од голема помош е

5


користењето на стандардизираните и индивидуални мерки. Стандардизираните методи со однапред утврдени цели за заштеди (овие заштеди се однапред проценети со помош на стандардна методологија) ќе придонесат за намалување на трошоците. Вообичаените вредности истотака може да се користат во случај мерките за енергетска ефикасност да водат до хомогени (идентични/еднородни) заштеди. Во случај да не постои стандардна методологија, заштедите на енергија може да се пресметаат поединечно, но тоа бара многу повеќе ресурси. Откако ќе бидат утврдени мерките кои ќе бидат предмет на следење, потребно е за секоја мерка детално да се опишат бараните податоци. Како да се дефинираат бараните податоци ќе биде дискутирано во следното поглавје.

6


III.

Дефинирање на бараните детални податоци одделно за секоја мерка

Во овој дел накусо е објаснета методологијата за одредување на вредностите на енергетските заштеди за секоја мерка оделно. Како што е веќе напоменато во минатото поглавје можните влијанија кои ги имаат енергетските политики и мерки, од една страна можат да бидат проценети со методологијата Одгоре-надоле. Поточно, потрошувачката на енергија во едно домаќинство може да се процени врз основа на факторите кои преовладуваат, на пример со помош на специфични показателипотрошувачка на енергија во домаќинствата за греење по m2. Од друга страна, таканаречената Оддоле-нагоре методологија може да се користи за да се процени влијанието кое го имаат поединечните мерки за енергетска ефикасност. Системите за следење кои се засноваат главно врз статистички податоци за енергија, наместо врз податоци добиени од спроведените проекти во кои е користена методологијата Оддоле – нагоре, неможат да дадат јасна слика за мерките за енергетска ефикасност кои се спроведени во различните административни нивоа и за нивната ефективност и ефикасност на трошоците. Потребно е да се нагласи дека добрата оцена во методологијата Одгоре-надоле најмногу зависи од добро утврдените статистички податоци за енергијата. Пресметките кои се прават со помош на методологијата Оддоленагоре даваат подетална слика за влијанието на мерките за енергетска ефикасност, но затоа пак се многу поскапи и потребно е повеќе време во однос на пресметките со методологијата Одгоре-надоле. Заради горенаведените причини, се препорачува да се користат методите Оддоле-нагоре за да се утврди влијанието на поединечните мерки за енергетска ефикасност. Со овие методи се овозможува оценување на поединечните мерки не само во однос на енергетски заштеди, туку и од аспект на нивната економичност, т.е влијанието кое го имаат финансиските трошоци врз енергетските заштеди (EUR/kWh). Енергетските заштеди добиени со спроведување на една мерка за енергетска ефикасност можат да бидат сумирани со цел да се проценат вкупните заштеди на енергија во одредена област (на пр. греење).

7


Во рамки на проектот multEE, е изработен сеопфатен извештај со различни методи за пресметување на заштедата на енергија од една единствена мерка за енергетска ефикасност. Овој извештај дава насоки за оценка на влијанието на мерките за енергетска ефикасност со користење методите Оддолу-нагоре. Извештајот содржи многубројни мерки за енергетска ефикасност за кои се развиени Оддоле-нагоре методи за пресметка на енергетските заштеди, т.е. развиена е конкретна формула за пресметка. Комплетниот извештај може да се превземе од следната интернет страна: multEE website. Со цел да се применуваат овие методи за пресметка, во секоја земја учесник треба да се дефинираат специфичните вредности за пресметка (вообичаени вредности) (default values). На пример како основа за пресметка на енергетските заштеди од обновување/реновирање на постоечки згради, може да се користи просечната потребна енергија за греење на просторот од постоечкиот фонд на згради во даден период во некоја конкретна земја.

Овие ткн. методи Оддоле-нагоре се движат во рангот од меки мерки како што се промена на навиките и подигнување на свеста на јавноста, па се до повеќе технолошки мерки како што се мерење на влијанието на енергетските заштеди од обновување/реновирање на обвивката на постоечките згради, поефикасни системи за греење, поефикасни уреди, поефикасни индустриски мотори и автомобили и др. Извештајот содржи 48 мерки; секоја мерка е детално објаснета и вклучува формула за пресметка на заштеда на енергија. На Слика 2 е прикажана формулата за методот „Воведување на градежни правила за новите станбени и терцијален згради“, а притоа се назначени вредностите кои се користени во формулата и појаснување за основните вредности.

8


ะกะปะธะบะฐ 2: ะ ะดะดะพะปะต-ะฝะฐะณะพั ะต ั ะพั ะผั ะปะฐ ะทะฐ ะผะตั ะพะดะพั โ ะ ะพะฒะตะดั ะฒะฐั ะต ะฝะฐ (ะบะพะดะพะฒะธ) ะณั ะฐะดะตะถะฝะธ ะฟั ะฐะฒะธะปะฐ ะทะฐ ะฝะพะฒะธั ะต ั ั ะฐะฝะฑะตะฝะธ ะธ ะทะณั ะฐะดะธ ะทะฐ ั ะตั ั ะธั ะฐั ะฝะธะพั ั ะตะบั ะพั โ ะคะพั ะผั ะปะฐ ะฟะพ ะ ะดะดะพะปั - ะฝะฐะณะพั ะต ะผะตั ะพะดะพะปะพะณะธั ะฐ1 ะ ะฟั ะธั ะฐ 1: ๐ ๐ น๐ ธ๐ = ๐ ด โ ๐ ๐ ป๐ ท๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ โ ๐ ธ๐ น๐ ๐ ๐ โ ๐ ๐ ป๐ ท๐ ๐ ๐ ค๐ ๐ ๐ ๐ โ ๐ ธ๐ น๐ ธ๐ ๐ ะ ะฟั ะธั ะฐ 2: ๐ ๐ น๐ ธ๐ = ๐ ด โ

๐ ๐ ป๐ ท๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ป๐ ท๐ ๐ ๐ ค๐ ๐ ๐ ๐ โ ษณ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ษณ๐ ๐ ๐ ค

ะ ะตั ะธะฝะธั ะธั ะฐ TFES:

ะ ะบั ะฟะฝะธ ะทะฐั ั ะตะดะธ ะฝะฐ ั ะธะฝะฐะปะฝะฐ ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ [kWh/a]

A

ะ ะฐะณั ะตะฒะฝะฐ ะฟะพะดะฝะฐ ะฟะพะฒั ั ะธะฝะฐ ะฝะฐ ะฝะพะฒะธ ะธะทะณั ะฐะดะตะฝะธ ะพะฑั ะตะบั ะธ [m2]

SHDinicode

ะกะฟะตั ะธั ะธั ะฝะฐ ะฟะพั ั ะตะฑะฐ ะฝะฐ ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะฝะฐ ะฟั ะพั ั ะพั ะพั ะทะฐ ะพะฑั ะตะบั ะธ ะธะทะณั ะฐะดะตะฝะธ ั ะฟะพั ะตะด ะฟั ะฒะธั ะฝะธะพั ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด ะฒะพะฒะตะดะตะฝ ะฟะพั ะปะต YYYY ะธะปะธ ั ะฟะพั ะตะด ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด ะบะพั ั ั ะพ ะต ะฒะพ ั ะธะปะฐ ะฒะพ YYYY [kWh/m2/a]

SHDnewcode

ะกะฟะตั ะธั ะธั ะฝะฐ ะฟะพั ั ะตะฑะฐ ะฝะฐ ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะฝะฐ ะฟั ะพั ั ะพั ะพั ะฝะฐ ะพะฑั ะตะบั ะธะทะณั ะฐะดะตะฝ ั ะฟะพั ะตะด ะฝะพะฒะธะพั ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด ะฒะพ ั ะฟะพั ั ะตะฑะฐ ะพะด YYYY [kWh/m2/a]

EFRef

ะคะฐะบั ะพั ะฝะฐ ะฟะพั ั ะพั ั ะฒะฐั ะบะฐ ะฝะฐ ั ะธั ั ะตะผ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะฒะพ ะทะณั ะฐะดะฐั ะฐ ั ะฟะพั ะตะด ะฟั ะฒะธั ะฝะธะพั ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด

EFEff

ะคะฐะบั ะพั ะฝะฐ ะฟะพั ั ะพั ั ะฒะฐั ะบะฐ ะฝะฐ ั ะธั ั ะตะผ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะฒะพ ะทะณั ะฐะดะฐั ะฐ ั ะฟะพั ะตะด ะฝะพะฒะธะพั ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด

ษณ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐ ๐

ะ ั ะธะบะฐั ะฝะพั ั ะฝะฐ ะณะพะดะธั ะฝะฐั ะฐ ะฟะพั ั ะพั ั ะฒะฐั ะบะฐ ะฝะฐ ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ ะฝะฐ ั ะธั ั ะตะผะพั ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะทะฐ ะทะณั ะฐะดะธ ะธะทะณั ะฐะดะตะฝะธ ั ะฟะพั ะตะด ะฟั ะฒะธั ะฝะธะพั (inicode) ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด

ษณ๐ ๐ ๐ ค

ะ ั ะธะบะฐั ะฝะพั ั ะฝะฐ ะณะพะดะธั ะฝะฐั ะฐ ะฟะพั ั ะพั ั ะฒะฐั ะบะฐ ะฝะฐ ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ ะฝะฐ ั ะธั ั ะตะผะพั ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะทะฐ ะทะณั ะฐะดะธ ะธะทะณั ะฐะดะตะฝะธ ั ะฟะพั ะตะด ะฝะพะฒะธะพั (newcode) ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด

ะ ั ะฝะพะฒะฝะธ ะฒั ะตะดะฝะพั ั ะธ2 ะกะฟะตั ะธั ะธั ะฝะฐั ะฐ ะฟะพั ั ะตะฑะฐ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะฝะฐ ะฟั ะฒะพะฑะธั ะฝะธะพั ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด ะบะพั ะฒะฐะถะธ ะพะด ะณะพะดะธะฝะฐ YYYY ะธะปะธ ะต ะฒะพะฒะตะดะตะฝ ะพะด ะณะพะดะธะฝะฐ YYYY . ะ ะพ ั ะปั ั ะฐั , ะดะฐ ะฝะตะผะฐะปะพ ะฒะฐะถะตั ะบะธ ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด ะฒะพ YYYY, ะพั ะฝะพะฒะฝะฐ ะฒั ะตะดะฝะพั ั ะต ะฟั ะพั ะตั ะฝะฐั ะฐ ะฟะพั ั ะตะฑะฐ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะฝะฐ ะฟั ะพั ั ะพั ะพั ะฝะฐ ะพะฑั ะตะบั ะธ ะธะทะณั ะฐะดะตะฝะธ ะฒะพ YYYY. ะ ะพ ั ะปั ั ะฐั ะบะพะณะฐ ั ะพ ะผะตั ะบะธั ะต ะพะฑั ะตะบั ะพั ั ะต ะฟะพะดะพะฑั ั ะฒะฐ ะฟะพะฒะตั ะต ะพะด ะพะฝะฐ ั ั ะพ ะต ะดะตั ะธะฝะธั ะฐะฝะพ ะฒะพ ะณั ะฐะดะตะถะฝะธะพั ะบะพะด, ั ะพะณะฐั ะณะพะดะธั ะฝะธั ะต ะทะฐั ั ะตะดะธ ะฝะฐ ั ะธะฝะฐะปะฝะฐ ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ ั ะต ะฟั ะตั ะผะตั ั ะฒะฐะฐั ะฒั ะท ะพั ะฝะพะฒะฐ ะฝะฐ ั ะฐะทะปะธะบะฐั ะฐ ะฝะฐ ั ะพะพะดะฝะพั ะธั ะต ะฟะพะผะตั ั ั ะฟะตั ะธั ะธั ะฝะฐั ะฐ ะฟะพั ั ะตะฑะฐ ะพะด ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ะฝะฐ ะฟั ะพั ั ะพั ะธ ะตะฝะตั ะณะตั ั ะบะฐั ะฐ ะตั ะธะบะฐั ะฝะพั ั ะฝะฐ ั ะธั ั ะตะผะพั ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต - ะทะฐ ะฟั ะฒะธั ะฝะธะพั ะณั ะฐะดะตะถะตะฝ ะบะพะด ะธะปะธ ะบะพะดะพั ะฒะพะฒะตะดะตะฝ ะฒะพ ะณะพะดะธะฝะฐั ะฐ YYYY ะธ ะพะฑั ะตะบั ะพั ั ั ะพ ั ะต ั ะฐะทะณะปะตะดั ะฒะฐ. ะ ะบะพ ะณั ะฐะดะตะถะฝะธะพั ะบะพะด ั ะพะดั ะถะธ ะฑะฐั ะฐั ะฐ ะทะฐ ะตะฝะตั ะณะตั ั ะบะฐ ะตั ะธะบะฐั ะฝะพั ั ะทะฐ ั ะธั ั ะตะผะพั ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต, ั ะพะณะฐั ะธ ั ะธะต ั ั ะตะฑะฐ ะดะฐ ะฑะธะดะฐั ะฒะบะปั ั ะตะฝะธ. ะ ั ะตะดะฝะพั ั ะฐ ะทะฐ ั ะฟะตั ะธั ะธั ะฝะฐ ะฟะพั ั ะตะฑะฐ ะฝะฐ ะตะฝะตั ะณะธั ะฐ ะทะฐ ะณั ะตะตั ะต ั ั ะตะฑะฐ ะดะฐ ั ะต ะบะพั ะตะณะธั ะฐ ั ะพ ั ะพะพะดะฒะตั ะฝะธั ะต ั ะพะฟะปะธะฝั ะบะธ ั ั ะตะฟะตะฝ ะดะตะฝะพะฒะธ.

ะ ะพะตะดะฝะพ,1 ะฒะพ ะดะพะบั ะผะตะฝั ะพั ั ะต ะดะฐะดะตะฝะธ ะพะฟั ะตะถะฝะธ ะธะฝั ะพั ะผะฐั ะธะธ ะทะฐ ะฟะพะดะฐั ะพั ะธั ะต ั ั ะพ Ibidem, ั ั ั ะฐะฝะฐ 67. 2 ั ั ะตะฑะฐ ะดะฐ ั ะต ั ั ั ะฐะฝะฐ ั ะพะฑะธั ะฐะฐั ะทะฐ ะดะฐ ั ะต ะฟั ะตั ะผะตั ะฐะฐั ะตะฝะตั ะณะตั ั ะบะธั ะต ะทะฐั ั ะตะดะธ. ะ ั ะฒะตะฝ ั ะพะฐ Ibidem, 66. ั ั ะพ ะฒะพ ะธะทะฒะตั ั ะฐั ะพั ะต ะฝะฐะทะฝะฐั ะตะฝะพ ะดะฐะปะธ ะพะฒะธะต ะฒั ะตะดะฝะพั ั ะธ ะผะพะถะต ะดะฐ ะฑะธะดะฐั ะฒะพะพะฑะธั ะฐะตะฝะธ ะฒั ะตะดะฝะพั ั ะธ ะธะปะธ ั ะธะต ั ะต ั ะฐะทะปะธะบั ะฒะฐั ะฐ ะทะฐ ั ะตะบะพั ะฟั ะพะตะบั ; ะธะทะฒะตั ั ะฐั ะพั ั ะพะดั ะถะธ ะธ ั ะตะพะฟั ะฐั ะฝะธ ะฝะฐั ะพะบะธ ะทะฐ ะธะดะตะฝั ะธั ะธะบะฐั ะธั ะฐ ะฝะฐ ะผะพะถะฝะธั ะต ะฒะพะพะฑะธั ะฐะตะฝะธ ะฒั ะตะดะฝะพั ั ะธ.

9


Слика 3: Потребни податоци за пресметка на заштеди за методот „Воведување на (кодови) градежни правила за новите станбени и згради за терцијарниот сектор “ Вредности: Животен век на мерката во години (стандардно или специфична вредност за проект) Загревна бруто подна површина (стандардно или специфична вредност за проект) Специфична потреба на енергија за греење на просторот на објектот изграден според првичниот градежен код (стандардно) Специфична потреба на енергија за греење на просторот на објектот изграден според новиот градежен код (стандардно) Фактор на потрошувачка на систем за греење во зградата според првичниот градежен код (стандардно или специфична вредност за проект) Фактор на потрошувачка на систем за греење во зградата според новиот градежен код (стандардно или специфична вредност за проект) Ефикасност на годишната потрошувачка на енергија на системот за греење за згради изградени според првичниот градежен код (стандардно или специфична вредност за проект) Ефикасност на годишната потрошувачка на енергија на системот за греење за згради изградени според новиот градежен код (стандардно или специфична вредност за проект)

Сепак, потребно е да се напомене дека заштедите кои се пресметани со методите Оддоле-нагоре воглавно се теоретски, особено кога се користат вообичаените вредности наместо вредности од конкретни проекти, т.е. за погоренаведениот пример, за пресметка на заштедите би се земале вредности кои се однесуваат за конкретната зграда која е во фаза на обновување/реновирање. Заштедите пресметани со овој метод се нарекуваат „теоретски/претпоставени“ заштеди кои се разликуваат од измерените заштеди. Измерените заштеди од одредена мерка се утврдени според реално намаленото користење на енергијата, земајќи ги во предвид дополнителните фактори кои може да влијаат врз потрошувачката, какошто се: моментален број на лица во зградата, производствени линии и временски услови (European Commission 2012, p35). Други форми за пресметка на влијанието на методот оддоле-нагоре на мерките за енергетска ефикасност се со користење на нормирани заштеди и заштеди добиени преку анкети. Нормираните заштеди се засновани врз инженерски проценки, додека пак заштедите добиени преку анкети се засновани врз одговорите на потрошувачите. „Теоретски/претпоставени“ заштеди и нормираните заштеди се најчесто користени методологии (ENSPOL 2016). Препорачливо е државите –членки на ЕУ да ги објавуваат информациите за начинот на одредување на „теоретски/претпоставените“ заштеди и нормираните заштеди и колкав процент од заштедите се припишува на различните индивидуални мерки, како и овие информации да бидат јавно достапни. Посебно, постепените заштеди треба да се дефинирани „врз основа на национално утврдени методологии и стандарди од страна на квалификувани и акредитирани експерти“. За останатите мерки, вредностите за заштедите на енергија ќе

10


треба да се пресметаат или да се одредат преку анкети (ENSPOL 2016). Во следното поглавје ќе биде даден подетален опис на различните методологии за собирање на податоци. Австриската агенција за следење разви голем број/широк спектар на Оддоленагоре методи за пресметка на енергетски заштеди од мерките за енергетска ефикасност кои се спроведени од страна на различни тела/сектори кои се задолжени за ЕЕ Директивата. Притоа, агенцијата постојано развива дополнителни Оддоле-нагоре методи, ги надградува постојните методи, исто така ги дефинира националните вообичаени вредности во консултација со релевантните засегнати страни. Во Хрватска се развиени методологии Оддоле-нагоре за 20 различни мерки за енергетска ефикасност и се поставени на ИТ – алатката наречени ССМП (Систем за следење, мерење и потврда за заштеди енергија). Оддоле-нагоре постапката за следење и методологијата се развиени во соработка со повеќе релевантни институции и се изработени врз веќе постоечки правилник.

11


IV.

Утврдување на методите за собирање на податоците

При дефинирање на процесот за собирање на податоци потребно е да се внимава на методите кои се користат. Во ова поглавје е даден преглед на можните методи за генерирање на податоците. При изборот на најдобриот метод за собирање на податоци, неопходно е да се обрне внимание на типот на информациите кои се потребни; валидноста и доверливоста на методот; ресурсите/средствата кои се на располагање, како што се: вработени, време, финансиски средства. При собирање на податоците, треба да се запазат следните 3 главни критериуми за квалитет: 

Полноважност: дали методот на собирање навистина го мери тоа што го тврди дека го мери, или не

Доверливост: дали добиените податоци се усогласени и повторливи, или не

Непристрасност: дали методот е ослободен од било каков вид на пристрасност, или не.

Методологиите кои најчесто се користат може да се групираат во 4 главни категории: 

Анкети

Мерења

Моделирање

Административни извори

При изборот на најсоодветна методологија за собирање на податоци за конкретна мерка или проект треба да се земат во предвид потребите, околностите, трошоците, времетрањето итн. Во продолжение, се подетално опишани четирите методологии кои се наведени погоре, вклучувајќи и соодветни примери за можности и предизвици на кои треба да се обрне внимание.

Анкети Главна цел на анкетите е да се вклучи следење на употребата на енергијата во текот на времето, да се оцени ефективноста на програмите и политиките, да се направи надополнување со останатите иницијативи за собирање на податоци и воспоставување на одредници за енергетска ефикасност.

12


Анкетите треба да се однесуваат на репрезентативен примерок. Обработката и квалитетот на обезбедување на податоците може да биде скапо и да одзема доста време. Дополнителни предизвици кои треба да се земат во предвид се пристрасност на истражувачот, голем број на неодговорени прашања и недостиг од квалитетни одговори (нецелосни или недоследни анкети). Анкетите може да обезбедат влезни информации на алатки за моделирање со кои ќе може да се направи проценка за следните години, кога веќе нема да се спроведува анкетата. Спроведувањето на анкетите за собирање на податоци може да биде проследено со високи трошоци.

Мерење Во реално време активноста може да се следи со помош на соодветна опрема. Ова може да вклучува наплата и контроли. Мерењето може да се изведе во репрезентативни периоди и да се донесе заклучок за конкретни случаи на примена. Мерењето може да биде вклучува шеми и насоки во текот на подолг временски период, во споредба со анкетата која се спроведува во еден временски период. Воедно, мерењето може да биде помалку оптоварувачки во однос на анкетата. Сепак, на контролорите во одредени моменти може нема да им биде дозволено да извршат мерење. Во многу случаи, мерењето може да ги надополни анкетите кои се спроведуваат или да ги моделираат постапките.

Моделирање Моделирањето претставува симулирање на активности врз основа на дадени модели и податоци. Може да се користи за да се процени голем број на различни информации, на пример за проценка на потрошувачката на енергија на објекти во завосност од типот на услугата или разновидноста и потрошувачката на енергија на канцелариската опрема. Во принцип, потребно е во техниката моделирање да се направи спој на податоците од останатите типови на методи за собирање на податоци. Во продолжение, моделирањето може да се користи за вметнување или извлекување на податоци кога определени податоци не се достапни. Моделирањето може да биде скапо, во зависност од тоа колку е сеопфатен и софистициран моделот, но тоа би можело да биде поевтино отколку собирањето на податоци. Предизвиците кои се поврзани со моделирањето се однесуваат на проблемите со контрола на квалитет, недостаток од влезни податоци и потребата од дефинирање на претпоставките. Од посебна важност е да се потврдат резултатите од моделирањето, на пример енергетските баланси врз основа на потрошувачката енергија, националниот попис на стакленички гасови или во однос на достапните анкети.

13


Административни извори Во повеќето земји, има релевантни податоци собрани од административни извори. Базите на податоци кои се обезбедени од страна на националните статистички служби од речиси сите европски држави вклучуваат: енергетски биланси, анализа на енергијата по сектори (за секторите индустрија, домаќинства, сообраќај и услужниот сектор) како и определени статистички податоци за обновливите извори на енергија. Овие податоци се лесно достапни и се поевтини во однос на податоците кои се добиени со спроведување на анкета, бидејќи за одредени активности тие веќе се собрани. Сепак, претставува потешкотија да се создадат нови или прилагодат елементи на податоците, бидејќи тие се дел од постоечки затворен систем на податоци. Таквите административни следново:

извори

на

податоци

го

вклучуваат

Детални информации за возилото за нови и користени возила (датум на регистрација, работна зафатнина на моторот, тип на гориво, бруто тежина, моделот)

Информации за данокот за бензинот

Потрошувачка на гориво (меѓу другото, таквите податоци може да се користат за националното снабдување со нафта и статистички потреба)

Сметки за комунални услуги

Попис

Агенции за животна средина

Предизвиците со административните извори вклучуваат непотполни податоци, проблеми со доверливост, и потребно е да се добие согласност од учесниците. За разлика од националните податоци, многу подостапни се меѓунационалните бази на податоци од каде што може да се добијат доста релевантни податоци. МЕА енерегетска статистика Меѓунационалните бази на податоци вклучуваат податоци кои се генерирани и/или објавени од страна на Меѓунационалната агенција за енергетика (МЕА). Земјите членки на МЕА се обврзани да поднесуваат извештаи со податоци. Постојат доста различни бази на податоци и публикации кои се достапни на следната интернет страна http://www.iea.org/statistics/. Базите на податоци на МЕА обезбедуваат податоци и показатели за снабдување со енергија, потрошувачка, енергетска ефикасност, емисија на CO2, политики и мерки, итн.

14


Во базата на податоци се опфатени повеќе од 30 земји членки на ОЕЦД и повеќе од 100 земји на светско ниво кои не се членки на ОЕЦД. Во земјите членки на ОЕЦД податоците ги собираат официјални органи (најчесто државниот завод за статистика во секоја земја), како и компании, владини агенции и индустриски организации; собраните податоци се поднесуваат во МЕА, притоа се внимава да се користат унифицирани прашалници од МЕА за да може да се обезбеди меѓунационална споредливост на податоците. Во земјите кои не се членки на ОЕЦД, податоците се собираат директно од владата и индустриски контакти, како и од националните публикации. ODYSSEE-MURE ODYSSEE е проект долго време финансиран од европската комисија за следење на насоки и мерки за енергетската ефикасност во Европа. Општата цел на проектот е да обезбеди сеопфатно следење на насоките за потрошувачката на енергија и енергетската ефикасност, како и оценување на мерки за политики за енергетска ефикасност по сектори за земјите членки на ЕУ и Норвешка. Конзирциумот на проектот е мрежа од 33 партнери од сите земји учеснички, најчесто тоа се национални агенции за ефикасност. ODYSSEE-MURE се состои од две интернет бази на податоци кои меѓусебно се надополнуваат: ODYSSEE, која е насочена кон енергетската ефикасност и CO2 показателите, вклучувајќи детални податоци за потрошувачката на енергија, активностите кои се превземаат и СО2 емисијата (приближно 1000 серии на податоци од една држава) и MURE која ги нагласува мерките на политиката за енергетска ефикасност, вклучувајќи ја и нивната процена на влијанието секогаш кога тоа е возможно (во моментов се опфатени 2000 мерки). Двете бази на податоци се http://www.odyssee-mure.eu/.

достапни

на

следната

интернет

страна

Сепак, целосен пристап до базата на податоци на ODYSSEE имаат само министертствата на ЕУ, Здружената акција на EED, членките на комитетот на EED, универзитети од ЕУ и истражувачки центри за некомерцијална употреба, а останатите корисници треба да се претплатат за да можат да ја користат оваа база на податоци. Додека пак, базата на податоци MURE е достапна за сите корисници во форма на интернет алатка. Оригиналноста на проектот се состои во тоа што се стреми да ги опфати сите сектори и крајните корисници преку еден хомоген и усогласен пристап, како и да обезбеди една целокупна слика за насоките и мерките за секој сектор пооделно. Исто така, проектот има развиено конкретни податоци за олеснување, преку прикажување на прегледот на клучните показатели за различните земји и временски серии. Овие показатели вклучуваат, на пример, специфична потрошувачка на енергија во главните сектори, специфична потрошувачка по возило (на пр. просечен возен парк, нови автомобили), потрошувачка по живеалиште и по m2, потрошувачка на енергија по вработен, итн.

15


Еуростат Еуростат истотака има развиено разбирлив и усогласен систем за енергетска статистика. Собирањето на податоци се врши на годишно, полугодишно и месечно ниво, а се опфатени земјите членки на ЕУ, земјите кои се кандидати за членство во ЕУ: Албанија, Црна Гора, Србија, Македонија и Турција, како и Ирска и Норвешка. Енергетската статистика на Еуростат вклучува податоци за производство и потрошувачка по видот на гориво и по сектор. Базата на податоци е достапна на следната http://ec.europa.eu/eurostat/web/energy/data/database.

интернет

страна

Во Австрија вообичаените вредности најчесто се дефинираат со учество на сите заинтересирани страни за соодветните мерки за енергетска ефикасност. Заинтересираните страни (на пример претставниците на индустријата) често можат за секторот кој го претставуваат да обезбедат специфични вредности за одредени методи за енергетска ефикасност. Со помош на методот за потврда Одгоре-надоле може да се испита ведостојноста на предложените заштеди. Најчесто посакувани се методите за пресметка во кои се користат вредности добиени од конкретни проекти (т.е. се земаат реалните резултати од мерката) за оценување на придобивките од енергетската ефикасност. Меѓутоа, во случај кога нема достапни податоци кои се поврзани со конкретните мерки или доколку е прескапо да се користат вредности добиени од конкретни проекти, тогаш може да се користат други извори на податоци кои се потребни за пресметка на резултатите од ефикасноста.

16


V.

Идентификување на соодветни тела за прибирање на податоци

Поради тоа што политиките за енергетска ефикасност се применуваат во различни крајни сектори, во креирењето на енергетските политики се вклучени повеќе министерства. Како и да е, во најголемиот дел од разгледуваните случаи, различните одговорности за креирањето на овие политики за енергетска ефикасност и нивно спроведување се јасно распределени помеѓу инволвираните владини слоеви. Ова поглавје претставува краток преглед на сите тела кои се одговорни за прибирање и обработка на податоци согласно со Директивата за енергетска ефикасност 2012/27/EU за секоја држава – партнер на проектот multEE. Детален преглед може да се најде во документот: „Консолидиран извештај за најдобри Европски практики за политиките на мониторинг и верификација и механизми за координирање“. Австрија Австриската агенција за енергетика беше избрана за национална агенција за мониторинг од страна на Австриското Федерално Министерство за наука, истражување и економија во Мај 2015 година (www.monitoringstelle.at). Оваа национална мониторинг агенција е одговорна за подготовка на процесот на прибирање на податоци како и за известување на сите засегнати страни за работи поврзани со овој процес. Главни актери засегнати од процесот на прибирање на податоци енергетските снабдувачи кои се предмет на обврзувачки политики енергетска ефикасност, и федералните тела. Овие се обврзани пријавуваат мерки за енергетска ефикасност до националната агенција мониторинг, на годишно ниво. Но, исто така и компаниите можат предлагаат и креираат мерки за енергетска ефикасност и истите да пријават.

се за да за да ги

Хрватска Одговорна организација за мониторинг и прибирање на податоци е Националниот орган за ЕЕ, кој е дел од Центарот за мониторинг на деловни активности во секторот Енергетика и Инвестиции (www.cei.hr), основан од Министерството за Економија. Хрватска има развиено платформа за мониторинг и верификација (M&V) во форма на IT – алатка наречена SMIV (System for Monitoring, Measurement and Verification of Energy Savings). Извештајот се прави врз основа на анализата на податоци од SMIV, на годишно ниво. Сите засегнати учествуваат во оваа Хрватска M&V платформа, на сите нивоа (локално, регионално, национално) – јавниот сектор, домаќинства, индустрија и транспорт. Сепак, спроведувањето на планираните мерки е задолжително за приближно 200 субјекти што е наведено во

17


Националниот Акционен План за Енергетска ефикасност преку конкретни мерки. Данска Данската агенција за енергетика (www.ens.dk) има дефинирано пакет на методи за следење и документирање, а во исто време е и одговорна за контрола на истите. Целта е да се осигура вклученост на компаниите за пренос и/ или дистрибуција (на електрична енергија, природен гас, централно греење и нафта) во остварувањето на повеќе енергетски заштеди. Секое тело е одговорно за прибирање на податоци што се однесуваат сопствените енергетски заштеди. Потоа овие податоци се доставуваат Данската агенција за енергетика еднаш годишно, откако претходно оствариле предвидените енергетските заштеди и целата документација комплетира.

на до се се

Република Македонија Административен орган на програмата за следење и верификација (M&V) е Агенцијата за енергетика на Македонија (www.ea.gov.mk). Агенцијата за енергетика податоците ги собира преку годишните извештаи поднесени од локалните самоуправи и истите ги користи за дефинирање на националните вредности. Државниот завод за статистика пак, е одговорно тело за прибирање на податоци. Во секој случај, за статистичките податоци кои се однесуваат на енергетика, одговорноста за прибирање на податоци и поднесување извештаи ја имаат локалните самоуправи. Периодот за поднесување на извештај поврзан со програмата за следење и верификација е една година. Грција Министерството за животна средина и енергетика (www.ypeka.gr) е одговорно за спроведување на Европските директиви за енергетска ефикасност и за штедење на национално ниво, потоа за креирање, олеснување и следење на спроведените мерки за енергетска ефикасност, како и за воспоставување, управување и координирање на програмата за следење и верификација. Министерството за животна средина и енергетика во соработка со грчкиот Завод за статистика е одговорно за координирање и спроведување на процесот на прибирање на податоците. Латвија Работата на системот за следење на енергетската ефикасност е обезбедена од страна на Министерството за економија. Министерството е одговорно за правење на точна пресметка на енергетските заштеди и е обврзано да ги собира податоците за енергетски заштеди остварени на годишно ниво, за претходната година. Основен извор на податоци кои се потребни за следење на спроведените мерки за енергетска ефикасност се објавените податоци од субвенционирани

18


–Европски како и национални фондови (на пр. Програма за зелени инвестиции). Најголемиот дел од податоците потекнува од соодветните, одговорни институции за спроведување на мерките, како и од тела кои учествуваат во процесите на планирање и спроведување на мерките за енергетска ефикасност. Исто така, податоци обезбедува и државниот завод за статистика - Централно статистичко биро на Латвија. Што се однесува до податоците за следење со методологија одгоре-надолу, се користат податоците од базата на ODYSEE или од Дирекцијата за безбедност на сообраќај на патиштата (Транспортен сектор). Литванија Министерството за енергетика е одговорно тело за креирање и управување со програмите за следење и верификација, но истото ја има задолжено државната Агенција за енергетика (www.ena.lt) во најголем дел да ги извршува административните задачи и понатамошното координирање. Основните извори на податоци од следењето на спроведените мерки за енергетска ефикасност се: Националниот завод за статистика и другите национални бази на податоци. Најголемиот дел од податоците ги доставуваат институциите во кои се спроведени мерки, како и субјекти кои се вклучени во планирањето и спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност. Словачка Словачката Агенција за иновации и енергетика (SIEA, www.siea.sk) е одговорно тело за управување и координирање со процесот на следење на енергетската ефикасност. Во минатото, прибирањето на податоци се вршело од страна на Министерството за економија, но од Ноември 2015 година, оваа обврска е пренесена на Агенцијата за иновации и енергетика. Агенцијата за иновации и енергетика е обврзана да ги провери, обработи и анализира сите добиени податоци поврзани со целите за енергетска ефикасност. Исто така, таа треба да обезбеди информации потребни за годишниот извештај за енергетска ефикасност, како и податоци за изработка на националните акциони планови за енергетска ефикасност. Според препораките дадени во документот „Консолидиран извештај за најдобри Европски практики за начините на следење и верификација и механизми за координирање“, важно е јасно да се одредат задачите помеѓу одговорното Министерство, можните придружни институции и давателите на податоци. Овие одговорности вообичаено се дефинираат истовремено со донесувањето на примарно и/или секундарно законодавство. Во Австрија, Агенцијата за енергетика во Мај 2015 година, беше назначена за национална агенција за следење од страна на Министерството за наука, истражување и економија, по спроведување на национална тендерска постапка. Австриската Агенција за енергетика е национална агенција за следење, како што е пропишано во федералниот закон за енергетска ефикасност.

19


Во Хрватска, согласно законот за енергетска ефикасност, за Национален орган за енергетска ефикасност е назначен Хрватскиот центар за следење на деловните активности во секторот на енергетика и инвестиции (CEI). CEI е одговорен за развој, надзор и управување со програмата за следење и потврдување.

20


VI.

Дефинирање на процесот на прибирање на податоци

По одредувањето на важните чекори, како што се одредувањето на мерките што треба да се следат, потоа каков тип на податоци се потребни за секоја мерка, начините за идентификување на соодветни извори на податоци и одговорни тела, во ова поглавје, нагласок ќе се стави на описот на оптималниот процес на прибирање на податоци. Ова поглавје го опишува процесот на прибирање на податоци поврзани со мерките за енергетска ефикасност и ги истакнува оние аспекти на кои треба да се посвети посебно внимание, со што се обезбедува правилно собирање на податоци што се однесуваат на овие мерки. За да се собере материјал со високо-квалитетни податоци, потребно е да се користи соодветно IT – решение, кое одговара на дефинициите на различните барања. Во рамките на проектот multEE, една од целите е да се формира база на податоци која ќе соодветствува на сите партнерски држави, со можност за развој на ова IT решение за оние држави кои ќе пројават понатамошен интерес. Оваа база на податоци треба да послужи како централна база која јасно ги има дефинирано процедурите за собирање на податоците. За да може да се користи соодветно IT решение, треба да се одговорат следните прашања: 

Кои субјекти и колку од нив се должни или имаат дозвола да внесуваат податоци во IT апликацијата?

Кои вредности кои се добиени врз основа на методологијата оддолу– нагоре за пресметка на мерките за енергетска ефикасност и информации за контакт треба да се внесат?

Дали е потребна посебна обука за користење на оваа IT – апликација?

На кој начин податоците ќе се користат за известување и проценка (евалуација)?

На кој начин ќе се обезбеди приватноста на податоците?

Колку често треба да се пријавуваат нови податоци?

Со цел да се обезбеди внесувањето на податоци во IT програм само од авторизирани субјекти, неопходно е да се одредат специфични групи на луѓе. Во зависност од специфичните обврзувачки системи во соодветните држави, пристап до овој програм треба да имаат повеќе страни. Овие можат да бидат компании за снабдување или дистрибуција на енергија кои се должни да спроведуваат мерки за енергетска ефикасност согласно со Член 7 од

21


Директивата за енергетска ефикасност, како и други субјекти кои не се должни, но кои потенцијално сакаат (доколку имаат дозвола) да пријават мерки за енергетска ефикасност. Понатаму, претставници на јавните тела од различни административни нивоа (национални, регионални, општински), многу често, треба да имаат пристап до овој програм. Овие органи можат, на пример, да дополнуваат мерки за енергетска ефикасност кои се поврзани со државните субвенции. За да се спречи дуплирање на податоци, многу е важно да се постават јасни граници помеѓу јавните и приватните тела. Исто така, за спречување на дуплирањето на податоци, важни се обврзувачките правила што се однесуваат на назначувањето и поделбата на мерките за енергетска ефикасност. Иако во Австрија единствена задолжена страна од јавниот сектор е федералната влада, сепак недостатокот од правни регулативи доведе до одредени недоследности што се однесуваат на пријавувањето на мерки за енергетска ефикасност од страна на регионалните и националните административни нивоа. Федералната влада има обврска да заштеди вкупно 151 PJ до крајот на 2020 година, но сама по себе федералната влада не може да го осигура ова големо количество на енергетски заштеди без притоа федералните држави да ги остварат своите поединечни енергетски заштеди. Ова ја истакнува важноста од законски прописи во соодветната национална држава кои ќе се базираат на Директивата за енергетска ефикасност и кои ќе ги дефинираат обврзаните (приватни и јавни) субјекти, нивните обврски и прибирањето на податоци, итн.: 

Кој всушност е обврзан?

Од што поточно се состои обврската?

Кои се релевантни временски периоди?

Кој и каков тип на податоци во однос на мерките за енергетска ефикасност треба да пријави?

Која е функцијата на телото за следење?

Деталните законски прописи обезбедуваат транспарентност во однос на обврските за секоја задолжена страна како и за податоците што треба да се пренесат. Австрија има воспоставено онлајн база за прибирање и пресметка на енергетските заштеди кои произлегуваат од мерките за енергетска ефикасност според методологијата оддолу–нагоре за исполнување на барањата на Директивите за енергетски заштеди и за енергетска ефикасност, но исто така е можно да се споделуваат и докази/ сертификати за завршена обука од страна на енергетските контролори, со што и енергетските контролори имаат потреба од пристап до ова IT решение (АЕА, 2016b). Понатаму, многу важен елемент претставува безбедноста на податоците. Имајќи во предвид дека IT алатката содржи доверливи податоци, компаниите

22


треба да се осигураат дека личните податоци и податоците што се однесуваат на мерките за енергетска ефикасност се безбедни и дека пристап до нив во IT алатката имаат само овластени лица. Во Австрија, IT алатката е одржувана од страна на „Unternehmensserviceportal (USP)“, кој е всушност централизиран веб портал на Австриската Федерална Влада кој на дејностите ѝм служи за исполнување на нивните законски обврски онлајн. Оваа веб страна поседува високи стандарди во однос на безбедноста на податоци, а истовремено на корисниците ѝм нуди можност самите да ја ограничат пристапноста до информациите (на пр. еден вработен има дозвола само за пристап до податоците поврзани со мерките за енергетска ефикасност, додека друг вработен може да пристапи и да ги менува податоците во алатката). Друг важен аспект е обезбедувањето на корисничка поддршка за сите засегнати страни со цел да се постигне соодветно користење на алатката во однос на пријавувањето на мерките за енергетска ефикасност. Како поддршка на процесот на прибирање на податоци може да се применат различни инструменти кои воедно ќе придонесат за прифаќање на ваквата IT – алатка за прибирање на податоци. Овие инструменти ги опфаќаат директните телефонски линии наменети за обврзани или необврзани страни, упатство за користење како и зголемување и подобрување на пристапот до IT – програмот. За подобрување на квалитетот на предадените податоци, корисна алатка што може да се примени е одржување на информативни настани и тренинг курсеви за обврзаните страни, на пример, за енергетските снабдувачи или за претставници на локалните власти. Како што е наведено претходно, во зависност од шемата на обврзување, некои држави е можно ова IT решение да се користи не само за мерките енергетска ефикасност, но исто така може да се користи за пријавување и други материјали (на пр. енергетски контроли, дипломи и сертификати енергетските контролори).

во за на на

Пњериодите на известување во најголема мера се регулирани со законите на Европско како и на национално ниво во државите – членки на Европската Унија. Директивата за енергетска ефикасност ѝм наложува на сите земји членки да поднесат национални акциони планови за енергетска ефикасност на секои три години, почнувајќи од 2017 година. На национално ниво, прегледот и пријавувањето на мерките за енергетска ефикасност најчесто се прави на годишно ниво. Националните извештаи ѝм користат на обврзаните и на необврзаните страни како важна алатка во процесот на формирање на одлуки, но и како извор на информации што ги опфаќа целите за енергетски заштеди и мерки за енергетска ефикасност. Во текот на целото времетраење на обврзувачкиот период, во Австрија, обврзаните страни треба да ги пријават мерките за енергетска ефикасност од разгледуваната година најдоцна до 14 Февруари следната година.

23


VII.

Потврдување и контрола

За подобрување на ефективноста на процесите на потврдување и контола, како и на програмите за следење и потврдување во целост, неопходен е развој на интегриран информатички систем. Во Австрија, неопходните податоци поврзани со спроведените мерки за енергетска ефикасност се собрани во една централна онлајн база на податоци. За потврдување на пријавените податоци добиени со помош на оддолу – нагоре методологијата за пресметка, потребно е да се обезбедат повеќе компоненти. Барањето на овие податоци е објаснето со едноставен пример за ефикасно осветлување во индустриски објект во Австрија, за кое е земен во предвид извештајот со општите формули за пресметка по методологијата оддолу – нагоре. Во табелата во продолжение се прикажани типовите на податоци што се потребни за пријавување на оваа мерка (AEA, 2016, стр. 108). Tабела1: Пример за потребни податоци од поставување на енергетски ефикасно осветлување во индустриски објект во Австрија

Институција која ја пријавува мерката

Мерка за енергетска ефикасност

Доказ

Контакт информации

Датум на спроведување

Фактура од набавка на енергетски ефикасната опрема.

Адреса

Локација каде што е спроведена мерката (Доколку адресата на субјектот не е иста со онаа каде што е спроведена мерката)

Договор за предавање на мерки за ЕЕ

Статус

Тип на ефикасен систем за осветлување Број на модернизирани системи за осветлување Моќност на единечен уред за осветлување Субвенција

Извор: Австриска Агенција за енергетика

Треба да се забележи дека за различни типови на мерки за енергетска ефикасност се потребни и различни видови на докази. Што се однесува до мерката за ефикасно осветлување, можеби доказот кој што е наведен погоре е доволен, но доколку станува збор за мерки кои подразбираат промена на

24


однесувањето на корисниците, тогаш се потребни различни видови на докази, на пример, потпишан записник за примени совети, сертификати за завршен курс, доказ дека обучувачот е квалификуван. Кога се работи за стандардизираните мерки за енергетска ефикасност, вообичаените вредности се одредуваат преку соодветно тело или агенција во државата. Обврзаните страни не се должни да ја докажат вредноста на енергетските заштеди што се поврзани со вообичаените вредности. Во ваков случај, обврзаните страни имаат обврска само да го докажат фактичкото спроведување на мерките за енергетска ефикасност. За некои мерки за енергетска ефикасност може да се користат вредности кои се специфични за проект. Вредностите специфични за проект треба да бидат потврдени преку обврзаните страни, на пример, поголем број на годишни работни часови во споредба со стандардните вредности (АЕА et al, 2016, стр. 109). Во овој случај обврзаните страни треба да приложат докази за фактичкото спроведување на мерките за енергетска ефикасност како и за вредностите специфични за проектот, на пример, зголемен број на работни часови. Во зависност од обврзувачката шема што постои во државата, можно е да се појави потреба од приспособување на барањата за потребните вредности и податоци. Во Австрија, на пример, снабдувачите со енергија се должни да пријават мерки за енергетска ефикасност на годишно ниво и тоа врз основа на количеството на продадена финална енергија на крајните потрошувачи за претходната година. Согласно со ова, во Австрија IT програмот би требало да го содржи и количеството на финална енергија која енергетските снабдувачи ја продаваат на крајните потрошувачи. Големина на примерок и репрезентативност Членот 7 од Директивата за енергетска ефикасност бара... „поставување на систем за контрола во кој е вклучено и независно потврдување на значаен статистички дел од мерките за подобрување на енергетската ефикасност“ (Европска Комисија, 2012, стр. 17). Вообичаено бројот на мерки за енергетска ефикасност кои детално се проверуваат е многу мал процент од едноцифрениот опсег на вкупно пријавени мерки за енергетска ефикасност. Препорачливо е да се процени бројот на мерки за енергетска ефикасност кои ќе бидат проверени со цел да се обезбедат доволни средства за самата постапка. Се разбира дека е препорачливо и да се вклучат и аспекти што се однесуваат на статистичкиот примерок при одредувањето на големината на примерокот, иако сепак треба да се нагласи дека во реалноста некогаш не е возможно да се контролира статистичкиот примерок за мерките за енергетска ефикасност од причина што се ограничени структурните ресурси или кадар, или пак договорниот орган има дефинирано посебни цели.

25


Во следната табела е прикажана големината на примерок за неколку нивоа на целно население, кое е статистички важно земајќи во предвид различни сценарија за нивото и интервалот на доверливост. Табела2: Големина на примерок на целното население ЗНАЧАЕН ПРИМЕРОК Број на население (вкупен број на пријавени мерки за енергетска ефикасност)

Ниво на доверливост = 95%

Ниво на доверливост = 99%

Интервал на доверливост

Интервал на доверливост

10%

5%

1%

10%

5%

1%

100

49

80

99

63

87

99

500

81

217

475

125

286

485

1,000

88

278

906

143

400

943

5,000

94

357

3,288

161

588

3,845

10,000

95

370

4,899

164

624

6,247

50,000

96

381

8,057

166

657

12,486

100,000

96

383

8,763

166

661

14,267

500,000

96

384

9,423

166

665

16,105

1,000,000

96

384

9,513

166

665

16,369

SIGNIFICANT SAMPLE

Извор:Грчки Центар за обновливи извори на енергија и заштеди

Интервалот на доверливост повлекува позитивни и негативни отстапувања, кои се дозволени за примерокот во однос на добиените резултати. Нивото на доверливост го означува процентуалниот дел од населението кое што е вклучено во рамките на Интервалот на доверливост. Доколку сакаме да го контролираме значајниот примерок на мерки за енергетска ефикасност што се заснова на вкупниот број на население од на пример 10,000 пријавени мерки со ниво на доверливост од 95% и интервал на доверливост од 5%, тогаш големината на примерокот е 370. Проверка на точноста Важно прашање претставува кои од мерките ќе се контролираат и потврдуваат. Бидејќи постои голема разлика во големината на податоци што треба да се контролира, одговорното тело е задолжено да одреди во која фаза пријавената мерка за енергетска ефикасност ќе биде контролирана и потврдена. Во Австрија, на пример, единствена проверка на мерките се прави веднаш по нивното пријавување од страна на обврзаната страна, на пр. снабдувач со енергија. Целта на проверката на точноста во однос на пријавување на мерки за енергетска ефикасност е всушност правење на груба пресметка и преглед на

26


вкупниот број на мерки за енергетска ефикасност кои се внесени во IT алатката. Сите податоци кои се наведени од страна на обврзаните страни се проверуваат со оваа постапка. Процесот на поверка на точноста се врши автоматски со помош на истата IT aлатка. Во рамките на проверката на точноста, можни се различни проверки на мерките што се базирани на стандардни вредности, на пример: 

Дали сите задолжителни полиња се правилно пополнети?

Дали постојат погрешни комбинации или пак отстапки од вообичаените вредности?

Дали се остварени целите за енергетски заштеди за обврзаната страна?

Дали обврзаната страна воопшто има пријавено мерки за енергетска ефикасност?

Дали истата мерка за енергетска ефикасност е пријавена два пати?

Дали бројот на мерки за енергетска ефикасност по категорија за една држава е воопшто можна?

Дали се вредностите на специфични мерки во проектот реални?

Проверка на точноста за мерките што се засновуваат на вредности специфични за проект, се спроведува со помошни статистички средства, на пример екстремно големи заштеди на енергија споредени со слични мерки за енергетска ефикасност. Одреден примерок на мерки за енергетска ефикасност ќе биде потврден од страна на одговорно тело и тоа преку спроведување на детални проверки на маса (desktop checks) и повремено преку теренски посети. Вкупниот примерок треба да содржи воочливи мерки за енергетска ефикасност кои се утврдени со проверката на точност, надворешни сугестии и со случаен примерок на мерки за енергетска ефикасност, како што е прикажано на Слика 4. Постојана комуникација со обврзаните страни, договорниот орган и сите засегнати страни води кон добивање на надворешни препораки во однос на контолата на поедини мерки за енергетска ефикасност. Мерките за енергетска ефикасност избрани по случаен избор ќе бидат земени како примерок во сооднос со бројот на население. Слика 1: Состав на примерокот

Извор: Австриска агенција за енергетика

27


За да се осигура спроведување на ефективен и ефикасен процес на контрола, потребни се неколку средства: 

Информатичко решение за начинот на пријавување на мерките за енергетска ефикасност.

Оддолу – нагоре методи кои го поедноставуваат начинот на пријавување на мерки за енергетска ефикасност.

Работен кадар со завршено соодветно образование (информатички технологии, познавање од областа на статистички проценки, итн.).

Правни уредби со кои се дефинираат обврските на задолжените страни и можноста за санкционирање со казни.

Во Хрватска, измерените заштеди на енергија се потврдуваат преку соодветни алгоритми во SMIV – системот за следење и потврдување. Целите што треба да се постигнат за секоја мерка според SMIV се идентични со оние предвидени во хрватскиот национален акционен план за енергетска ефикасност. Информации поврзани со деталната проверка се: 

Општи информации: Дали информациите за компанијата се точни (на пример адреса, продажба на енергија, итн. се точни?

Процес на потврдување: Дали е точен резултатот од пресметките? Дали при тоа се употребени соодветните вредности за пресметката по оддолу – нагоре методологија? Дали вредностите специфични за проектот се транспарентни?

Процес на проверка: Дали за мерката за енергетска ефикасност е искористен соодветен метод на пресметка? На пример, можно е обврзаната страна да го искористила методот Ефикасно осветлување во згради за домување наместо Ефикасно осветлување во индустриски објекти.

Доказ: Дали документите докажуваат дека постоењето на оваа мерка е доволно и точно? На пример, дали со фактура се потврдува пријавената количина на ефикасното осветлување и дали потврдата е веродостојна?

За да се обезбеди континуиран процес на контрола во однос на ваквите брзи проверки, потребно е да се дефинираат чекорите за проверка. Во следната табела е прикажана една предлог – структура за извршување на проверката.

28


Табела 3: Дефинирани чекори за проверка Чекори за проверка за мерки за енергетска ефикасност Општи информации: датум, идентификациски број, испитувач, итн.? Причина за проверката? Опис на проверката? Резултат од проверката? Проверки специфични за држава?

да

не

информации од проверката

двојно броење

документ за потврдување

побаран е документ за потврдување

прашања специфични за државата

коментар

Извор: Австриска агенција за енергетика

Теренски проверки Од друга страна, теренските проверки се многу корисна алатка која служи за потврдување на мерките за енергетска ефикасност и тоа детално на самата локација на компанијата што ги има спроведено, а истовремено го зголемува присуството на надлежниот орган. Како и да е, треба да се забележи дека ваквиот тип на проверка одзема многу средства и понекогаш е невозможно да се направи теренска проверка на мерките на пр. бидејќи мерките се спроведени во приватни домови. Ваквите мерки може да се контролираат со детални пресметковни проверки. Целата постапка за контрола може да се резимира на следниот начин: Секоја пријавена мерка за енергетска ефикасност најпрво поминува низ проверка за точност која што најчесто се прави автоматски; секоја сомнителна мерка понатаму ќе биде вклучена во делот за детална проверка. На овој начин грубо се проверуваат сите пријавени мерки за енергетска ефикасност. Потоа, делот за детална проверка содржи мерки за енергетска ефикасност кои се пријавени од надворешен извор, но и од мерки кои се избрани по случаен избор. Деталните проверки се прават во два чекори: проверка на документацијата и теренска посета. Ваквата постапка обезбедува ефикасен преглед на на сите пријавени податоци.

29


Слика 2: Процес на контрола на податоци

Извор: Австриска Агенција за енергетика

Исплата на надоместок и административни казни За успешно спроведување на мерките за енергетска ефикасност, сите земји членки треба да дефинираат правила за исплата на надоместок како и административни казни кои предвидуваат превземање на соодветни акции во случај на неисполнување на обврските. Ова би требало да се регулира со закон со цел административното санкционирање да се направи присилно. Во Австрија, доколку снабдувачот со енергија не обезбеди доказ за исполнување на соодветната мерка за енергетска ефикасност, доспева долг за исплата на надоместок од 20 ЕУР центи за kWh. Понатаму, Законот за енергетска ефикасност предвидува парични казни во опсегот од 10.000 ЕУР до 100.000 ЕУР, во зависност од типот на прекршок извршен од страна на енергетскиот снабдувач. Поточно, казните во висина до 100.000 ЕУР може да се наметнат на оние снабдувачи кои не ги исполниле сопствените заложби за постигнување на енергетски заштеди, или пак доколку навремено не исплатат надоместок. Во Австрија оваа административна казна се изрекува од страна на засегнатиот административен орган поради прекршување на регулативите.

Во Хрватска во Законот за енергетска ефикасност се предвидени казни кои се однесуваат во случај кога нема предвидено мерки, или не се внесени спроведените мерки во СМИВ, но нема казни за неуспешно спроведени мерки.

30


VIII.

Заклучоци / Препораки

Клучен елемент во процесот на следење на влијанијата од спроведувањто на политики и мерки за енергетска ефикасност, а кои се однесуваат на остварување на енергетски заштеди претставува добро дефинираниот процес на прибирање на податоци. Кога се планира текот на прибирање на податоци, неопходно е да се обрати внимание на многу прашања: Кој сè треба да биде вклучен? Кои се законските аспекти што треба да се променат? Кои правни основи треба да се формираат? Какви средства ќе бидат потребни? Итн. Пред да се започне со дефинирање на процесот на прибирање на податоци, земјите членки треба да имаат темелно разбирање за она што точно треба да се следи. Така, во првиот чекор земјите членки треба да дефинираат кои мерки треба да се следат и потврдуваат. Само тогаш може да се пристапи кон понатамошна разработка на соодветните податоци за мерките за енергетска ефикасност што треба да се следат и потврдуваат. Во текот на планирањето на процесот на прибирање на податоци, секоја земја членка треба да одлучи дали за добивање на потребните информации може и дали ќе бидат користени постоечки извори на податоци или пак, податоците ќе се собираат дополнително. Потоа се пристапува кон назначување на соодветни тела за процесот на прибирање на податоци, како и дефинирање на самиот процес. Целосно испланиран процес за прибирање на податоци ѝм овозможува на земјите членки да ги следат нивните политики за енергетска ефикасност и да ги потврдат постигнатите цели за енергетски заштеди. Земјите членки треба да имаат јасна структура која ги означува посакуваните резултати, потребните средства и активности кои се потребни за да се остварат овие резултати, како и детална листа на специфични мерки што ќе бидат превземени. Откако ова ќе се обезбеди, може да започне процесот на прибирање на потребните податоци. Со ова, земјите членки имаат можност да ги следат своите цели за енергетска ефикасност и редовно да пријавуваат издржани и квалитетни податоци. Добар процес на следење овозможува олеснување на оценувањето од страна на земјите членки. Исто така, земјите членки имаат можност да ги проценат резултатите и вредноста на нивните мерки, но и да означат кои делови од истите треба да се променат или подобрат.

31


IX.

Референци

Austrian Energy Agency, National Energy Efficiency Monitoring Agency. 2016b. http://monitoringstelle.at/index.php?id=702, last visited 8.6.2016 AEA, EIHP, GIZ, LEI, MACEF. 2016. Document with general formulae of bottom-up methods. http://multee.eu/system/files/multEE_Report_D.2.1_FINAL.pdf, page 108. CRES. 2016. Policy recommendations on M&V schemes in EU http://multee.eu/content/policy-briefs-no-1-policy-recommendations-monitoringverification-schemes-eu CRES, AEA, RUC, IPE, EIHP, LEI, MACEF, SIEA, GIZ. 2015. Synthesis report on M&V schemes and coordination mechanisms in EU countries. http://multee.eu/content/synthesis-report-mv-schemes-and-coordinationmechanisms-eu-countries. CRES, EIHP. 2015b. Analytical framework for mapping and analysis of the existing M&V schemes and coordination mechanisms http://multee.eu/system/files/D%201_1_Analytical%20framework%20for%20mapping %20and%20analysis.pdf. ENSPOL. 2016.http://www.article7eed.eu/index.php/technical-key-issues-a-guideto/methods-for-calculating-energy-savings, last visited 16.06.2016 European Commission (2012) DIRECTIVE 2012/27/EU OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCILof 25 October 2012on energy efficiency, amending Directives 2009/125/EC and 2010/30/EU and repealing Directives 2004/8/EC and 2006/32/EC. http://eur-lex.europa.eu/legalcontent/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:32012L0027&from=EN , Annex V, page 35. Reichl J., Kollmann A. (2008).Strategic Homogenisation of Energy Efficiency Measures. Energie Institut Johannes Kepler Universität Linz. http://www.energyefficiency.at/dokumente/upload/Strategic%20Measure%20Homoge nisation_9e1f2.pdf. Unternehmensserviceportal (USP),Austrian Federal Government's centralised web portal. 2016.https://www.usp.gv.at/Portal.Node/usp/public/content/en/startpage.html?templa te=microsite, last visited 13.6.2016

32


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.