InfoMACEF br 212

Page 1

Број 212

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2020

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина       

Во овој број: Од уредникот Активности на МАЦЕФ Истражувачки студии за енергетика Совети за конфорно живеење Новости од Македонија и светот Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани членови и симпатизери на МАЦЕФ, Измина уште еден тежок месец од оваа 2020 година. Негативните влијанија од пандемијата се чувствуваат во сите пори од животот, а семејниот буџет ја премина точката на топење. Во овие неизвесни економски услови надеж ми влева упорноста на приватниот сектор да опстои, проектите на развојните организации, и банките кои позитивно изненадуваат со нивните кредитни линии за зелен развој. Би споменала само неколку тековни иницијативи. УНДП, спроведува проект за унапредување на енергетската ефикасност во населбата Лисиче, Еко свест води кампања за намалување на климатските промени на социјалните медиуми, О2 го застапува народот во борба со градските урбани мафии, Пакомак иновира со делот на јавни-приватни партнерства и промовираше нова машина за собирање пластични шишиња во соработка со општина Центар, ГИЗ со поддршка на ЗЕЛС и Пакомак спроведуваат регионален проект за намалување на отпадот од стаклена амбалажа... Во ова предновогодишно издание на ИнфоМацеф би сакала широкоградо да ја поздравам засилената контрола на Инспекторатот за животна средина под водство на директорката Ана Петровска и да им посакам да издржат во оваа сизифовска битка за почиста Македонија. Секое добро,

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European Commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на консултантски организации - РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - Деловен совет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје Активности на МАЦЕФ Специјализирани мерења во котлари МАЦЕФ постојано инвестира во мерни инструменти за попрецизно утврдување на недостатоците во работењето на опремата во машинските сали и котлари. Последното мерење беше извршено во фабриката „Фротирка“ од Делчево на

количините на отпадни гасови емитирани од парниот котел кој е сместен во котларата што користи тешко течно гориво - мазут. Мерењата ги следеа следните параметри на отпадните гасови: вишок на воздух; ефикасност на котелот; количина на јаглерод диоксид CO2; јаглерод моноксид CO; азотни оксиди Nox; и сулфур оксид SO2. Резултатите покажаа дека сите емисии на штетни материи се многу помали од максимално дозволените емисии според Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанци во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот. За да се извршат мерењата, тимот на МАЦЕФ користеше

анализатор на согорување IMR 2800. IMR 2800 е пренослив анализатор на отпадни гасови за индустриски апликации. Овој анализатор на согорување може да биде опремен со 8 сензори. Неговата основна единица има сензор за кислород О2 , сензор за јаглерод моноксид СО, сензор за азотен оксид NO и сензор за сулфурен диоксид SO2. IMR 2800 ги мери и пресметува сите потребни параметри за да се изврши темелен тест на емисијата од отпадните гасови. Има интегрирана алатка за само-проверка и резултатите кои може да се прикажат преку единиците: ppm – mg/Nm3– mg/Nm3. С.П. Населбата Лисиче ќе стане една од енергетски најефикасните во 2021 година Во соработка во УНДП, на основа на долгогодишната експертиза на МАЦЕФ во спроведување на енергетски контроли, се направи увид на терен во 60-тина домаќинства во населбата Лисиче во Скопје. Активноста се спроведува во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, финансиран од Шведската агенција за развој и соработка – СИДА, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации-УНДП, во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот почнува овде бидејќи оваа населба има најкритично ниво на загаденост според официјалните мерења. Имајќи ги предвид местоположбата и карактеристиките на Лисиче, меѓу кои структурата на живеалиштата, близината на станицата за мониторинг на квалитет на воздух на МЖСПП, растојанието од индустриските капацитети и доминантниот начин на загревање на домовите со огревно дрво, проектот ја идентификуваше како пилот локација. Промена во квалитетот на воздухот може да се очекува само со оптимизација на потрошувачката на енергија, реновирање на обвивката на објектите, замена на опремата со нова, промена на медиумот за загревање и навиките на населението. За таа цел, во август 2020 г. УНДП објави повик за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 212

Страница 2

избор на домаќинства во населбата Лисиче кои, доколку ги исполнуваат условите, ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари со цел да се воведат мерки за зголемување на енергетска ефикасност во домовите и на таков начин да се придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот. М.Д. Подмладокот на МАЦЕФ со идеја за зелен бизнис Успешно заврши советувањето за генерирање на идеи за екобизниси, развој на бизнис модели и бизнис планови по принципите на кружна економија во рамки на проектот на ЕУ Smecomp Interreg Balkan – Mediterranean, каде М. Димитрова од МАЦЕФ, учествуваше во улога на експерт и ментор. Во текот на оваа фаза од проектот се спроведоа неколку обуки и менторски советувања, фотографијата е приказ од завршното претставување на бизнис идеите, информира раководителката на проектот проф. др. Марика Башеска-Ѓорѓиеска. Проектот поддржи развој на шест идеи за зелен бизнис на кој работеа повеќе од 35мина млади и претприемачи од цела Македонија.

Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ дава техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод диоксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн.

За повеќе информации обратете се во МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или електронската пошта macef@macef.org.mk. Д.Т. Програмата за ЕЕ за општина Аеродром Активностите за подготовка на Прогамата за енергетска ефикасност на општина Аеродром се завршени, се работи на анализа на потрошувачката и препораки за мерки за енергетска ефикасност и пресметки за трошковна ефикасност како и поврат на потребните инвестиции. Во следниот месец очекуваме евентуални коментари од општинските служби и од Агенцијата за енергетика. За деталите, имајќи предвид дека се работи за документ од јавен карактер, ќе известуваме откако програмата ќе биде одобрена од страна на Советот на општината. М.Д.

Но, за МАЦЕФ беше многу значајно што подмладокот зема активно учество во развој на идеја за зелен бизнис. Имено, Ана Марија Капац, студент на технолошкиот факултет, Андреј Димитров и Кристијан Оцевски, средношколци, работеа на развој на бизнис моделот „Дизајн на 22иот век“. Нивната идеја беше да основаат бизнис кој ќе се бори со консумеризмот и пораст на трендот “брза мода“ како и пресијата на модните трендови кои пласираат нов дизајн, боја и модни додатоци секоја сезона во годината. Тие проблемот го согледаа во фактите дека 10% во светот отпаѓа на текстилниот отпад, од кои 84% завршува на депониите или во инсинераторите, а 200+години се потребни за негово распаѓање.

Градежната индустрија во пресрет на нови трендови Проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање нови и подобри работни места“ на УНДП, ќе помага во развој на програми за образование на возрасни за неколку нови профили. Во рамки на истражувањето на пазарот спроведено од проектот, во кое Димитрова од МАЦЕФ беше вклучена, еден од профилите на иднината се однесува на занимањето техничар за ЛиДАР што всушност претставува технологија за мерење на далечина преку осветлување на целта со ласерска светлина.

Приказ на градежен објект со ЛиДАР технологија

Тие решението го бараат во повеќекратна и долготрајна употреба на облеката. Планираат продавница за откуп и/или собирање на свечена и облека за специјални прилики каде ќе вршат селекција, перење, лесни корекции на парчињата облека, во изложбен салон во Скопје и преку интернет со достава низ цела Македонија. Им посакуваме успех во реализација на идејата! Фотографијата погоре е дел финалната презентацијата на бизнис моделот. М.Д.

ЛиДАР се смета за технологија која наоѓа брза примена во градежната индустрија особено во делот на проектното работење при што придонесува за зголемување на продуктивноста на процесите и тимовите. Исто така, во голема мера ја подобрува безбедноста при работата. ЛиДАР, едноставно кажано работи по принципот на радар. Се користат електромагнетни бранови за мерење на растојанија. Еден ЛиДАР систем вперува до 1 милиони снопови во секунда во континуитет, и на основа на рефлектираната светлина т.е. брзината со која се рефлектира светлината се мери далечината на разните предмети на терен. Мерните површини се претставуваат дигитално во целосен преглед на теренот и/или објектот на основа на кои се планираат реновирања на објектите или нови градежни зафати. Процесот обезбедува прецизни 3Д мапи на скенираните површини како и детални пресеци на теренот и околината со што се овозможува планирање на теренот и процесот на менаџирање на градежните фази. Извор. М.Д.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 212

Страница 3

Истражувачки студии од енергетиката Климатски промени и енергетска ефикасност: интегриран пристап Во трудот „Прибирање на податоци преку структуриран и отворен пристап за навиките на потрошувачите во зградите“ на авторите Huebner и Mahdavi (2019), се тврди дека климатските промени не можат да бидат соодветно адресирани без подобрување на енергетската ефикасност во објектите во кои живееме и работиме. Стопанисувањето и градењето на објектите учествувало со 36% во светската потрошувачка на финална енергија и влијаела со 39% на јаглеродните емисии поврзани со енергија во 2017 година. Оттука декарбонизацијата на објектите игра клучна улога во намалување на климатските промени. Објектите, нивните корисници и енергетските оператори преку обвивката на зградата и контролните системи влијаат на потрошувачката на енергијата. Овие податоци кои не се јавно достапни и за кои нема системско решение, затоа има потреба од сеопфатен пристап за прибирање, систематизирање, анализирање и моделирање на овој вид на податоци. Примената би била од големо значење за регулаторите, политиките како и за корисниците во однос на превентивни интервенции во објектите, вградување на контролни системи за регулирање на потрошувачката на енергија како и договорни услуги за енергија и кредитирање на инвестиции во заштеда на енергија. Како такви, податоците можат да се прибираат со примена на повеќе методи, и тоа: сензорски системи, интервјуа, фокус групи, анкети, моделирање, набљудување и дневници за користење на енергија. Податоците би се однесувале на времето на користење на просториите, амбиенталната температура, користењето на прозорците, осветленоста на просторот, користењето на енергијата и други слични податоци. Впрочем, предлог рамката ги категоризира податоците во шест категории: станари, амбиентални услови, надворешни услови, контролни системи и уреди, опрема, енергетска потрошувачка. Секоја категорија има ѝ повеќе поткатегории. Но, еден од главните проблеми со кој се соочува овој пристап е во јавната достапност на податоците и нивната безбедност. Авторите охрабруваат засилување на моделот и придонес кон неговата валидација од истражувачите. Целта е да се усоврши моделот и истиот да се примени на повеќе објекти во иднина. Целиот напис е бесплатно достапен на следниот линк. М.Д.

4. Поновите прозорци предвидуваат летен и зимски режим на вентилација, два пати годишно прилагодите го режимот на сезоната 5. Доколку предвидените чекори не обезбедат посакувани амбиентални услови, повикајте снимател со термовизиска камера од МАЦЕФ, за да видите кој дел од прозорецот слабо затнува и кој дел од обвивката на живеалиштето пропушта топлина. Процесот е брз, а резултатите веднаш се достапни. На овој начин ќе имате увид во критичните местата кои треба да се поправат за да водите комфорен живот со помали трошоци за енергија. Термовизиската фотографија прикажува објект кои има одлична обвивка и прозорци каде топлинската пропустливост е минимална. М.Д. ----------------------------------------------------ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Huebner, G.M., Mahdavi, A. A structured open data collection on occupant behaviour in buildings. Sci Data 6, 292 (2019).

Корисни совети за комфорно живеење Пет препораки за одржување на застаклени површини во текот на целата година Одржувањето на застаклените површини во домот е од големо значење за обезбедување на квалитетни амбиентални услови. Прозорци кои добро затнуваат спречуваат навлегување на полен и загадување во просториите, непријатен мирис, а истовремено го контролираат навлегувањето на ладниот/топлиот воздух во однос на сезоната. 1. Водете дневник за живеалиштето и спроведувајте контрола на прозорците 2 пати годишно, направете електронски потсетник 2. Исчистете ги каналите за одвод на кондензацијата и течностите кон надворешноста, ако се затнати отстранете ја нечистотијата. Оваа постапка е клучна за спречување на појава на влага и мувла. Користете ефикасни средства за темелно отстранување на мувла доколку се појави 3. Проверете дали соодветно се поставени прозорците т.е. осигурете се дека нема застој на течности/капки по должината на хоризонталите, а особено на местата каде се сечат хоризонталите со вертикалите

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска општинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програмa и Акционен план за ЕЕ За членовите – бесплатни совети и помош!

Новости од Македонија ЕСМ инвестира во идните генерации машинци

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Машински факултет – Скопје, се распишува КОНКУРС за доделување 5 стипендии за студентите на Машински факултет – Скопје. На конкурсот можат да се пријават студенти кои студираат на Машински факултет – Скопје. Повеќе информации за конкурсот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 212

Страница 4

ФИРТ со фокус на кружната економија ФИРТ во своето портфолио досега финансирал во 50тина проекти од областа на заштита на животна средина и енергетска ефикасност со вкупен обем на инвестиции од над 7 милиони евра. Ја издвојуваме иновативната компанија НЕТАМ, која експериментира со примена на принципот на кружна економија во текстилната индустрија. При самиот производен процес останува отпад од текстилот, за чие отстранување се потребни финансиски средства. Дополнително, текстилниот отпад ја загадува околината, бидејќи претежно е неразградлив, и неговото отстранување е поврзано со многу проблеми. Од друга страна има сеуште употребна вредност. Во нивниот случај текстилниот отпад служи за изработка на градежни материјали за топлотна изолација. Нивниот проект чини околу 7,5 милиони денари, а од Фондот за иновации добиле 70 отсто од потребните средства. Повеќе... Скопските градоначалници ќе се борат заедно против загадувањето Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на 10-те скопски општини денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата. Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари ќе работат заеднички на заштита на животната средина и природата, за преземање мерки за заштита и спречување на загадувањето на водата, воздухот, земјиштето, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење утврдени во Законот за локална самоуправа. Целта е да воспостави ефикасна и независна инспекциска служба, целосно елиминирање на просторот за злоупотреби, со повеќе казни за оние што не го почитуваат законот и повеќе едукација за граѓаните во превентивна насока. Повеќе тука. Платформа за еколошко право ќе обезбеди научностручна поддршка и партнерство Беше промовирана Платформа за еколошко право чија цел е обезбедување на научно-стручна поддршка и партнерство помеѓу сите државни органи кои имаат надлежност да се справат со еколошките приоритети од една страна, и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), здруженијата на граѓани и експерти од другата страна. Платформата е значајна за воспоставување на добра законска регулатива која ќе го обезбеди со устав загарантираното право за здрава животна средина и прекршочна политика што ќе има одвраќачки ефект врз сторителите на прекршоци во животната средна. Центарот за правни истражувања и анализи во периодот од oктомври 2020 до март 2021 година го имплементира проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“ како дел од програмата Good Governance Fund, финансиран од UK Aid преку Владата на Обединетото Кралство. Повеќе тука.

Новости од регионот и светот Директна трговија со електрична енергија меѓу Македонија и Косово МЕПСО и КОСТТ, електропреносните систем-оператори на Македонија и на Косово, склучија оперативен договор за организирање аукции за закуп на расположливи преносни капацитети со што создадоа услови за директно тргување со електрична енергија меѓу двете земји. Аукциите во име на двата систем –оператори ги организира и спроведува аукциската куќа специјализирана за оваа дејност СЕЕ – ЦАО со седиште во Подгорица, Црна Гора. МЕПСО и КОСТТ се со-основачи на СЕЕ ЦАО заедно со систем-операторите од Црна Гора, Албанија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина и Турција. СЕЕ ЦАО организира годишни, месечни и дневни аукции за закуп на расположливи капацитети за пренос на електрична енергија меѓу овие земји. Оваа аукциска куќа е основана со цел од еден центар да се организираат аукции меѓу повеќе соседни електропреносни системи и со тоа да се намалат трошоците и да се овозможат фер услови за сите учесници на пазарите на електрична енергија на регионално ниво. Преносните систем-

оператори се гарант на функционалноста на единствен пазар на електрична енергија затоа што се надлежни и одговорни да овозможат стабилност и сигурност во управувањето со националните електропреносни системи што е клучен предуслов за да може да се воспостави и да профункционира единствен пазар на електрична енергија. Повеќе тука Европскиот зелен договор (European Green Deal) Европскиот зелен договор претставува акционен план за зајакнување на ефикасната употреба на ресурсите со преминување кон чиста, кружна економија, враќање на биодиверзитетот и намалување на загадувањето. Планот ги опишува потребните инвестиции и достапните средства за финансирање. Објаснува како да се обезбеди правична и инклузивна транзиција. ЕУ има за цел да постигне климатска неутралност до 2050 година. Тие предлагаат Европскиот закон за клима за да се претвори од политичка обврска во законска обврска. За постигнување на оваа цел ќе бидат потребни активности од сите сектори на економија, вклучително и инвестирање во еколошки технологии, поддршка на индустријата за иновации, искористување на почисти, поевтини и поздрави форми на приватен и јавен превоз, декарбонизирање на енергетскиот сектор, осигурување дека зградите се поефикасни во користење на енергијата, како и работа со меѓународни партнери за подобрување на глобалните еколошки стандарди. ЕУ, исто така, ќе обезбеди финансиска поддршка и техничка помош за да им помогне на оние кои се најмногу засегнати на трасата за постигнување зелена економија. Ќе се мобилизираат најмалку 100 милијарди евра во периодот 2021-2027 година во најпогодените региони. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.erc.org.mk www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/

www.ase.org/ www.rexus.com.mk www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации EU Industry Week 2021 Тематски области за 2021, 22-25 февруари 2021 Фокусот на сесиите ќе биде на спроведување на новата стратегија за индустриски развој на ЕУ во пост-Ковид економска реалност и општествени прилики. Секако, индустриските екосистеми поврзани со следните специфични цели: обликување на дигиталната иднина на Европа реализација на климатски-неутрална индустрија во Европа до 2050 конкурентноста на ЕУ во променлива глобална средина Повеќе... EU Green Week 2021 31 мај – 4 јуни, 2021 Акцискиот план на ЕУ за Нула загадување е клучна активност на Европскиот зелен договор. Треба да создаде услови за животна средина без токсини преку унапредено следење, известување, спречување и намалување на загадувањето на воздухот, водата, почвата и производите за консумација. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д. Трпкоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.