Ljupco dimov, opstina karpos koristenje na oie vo sistemite za greenje i ladenje vo opstina karpos

Page 1

КОРИСТЕЊЕ НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО СИСТЕМИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Љупчо Димов октомври 2016, Скопје


ВОВЕД Во своите стратешки документи:  Стратегија за развој на Општина Карпош (2015-2019)  Програми за енергетска ефикасност  Годишни акциски планови и програми на Секторот за екологија и енергетска ефикасност, Општина Карпош ја дефинира определбата за замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија во системите за греење и ладење на административните објекти и објектите на училиштата и градинките во надлежност на Општината.


ВОВЕД Со одлуката за субвенционирање на енергетски ефикасни градби и примена на обновливи извори на енергија во новите градби од 2012 година, Општина Карпош е единствената општина во Република Македонија и регионот што ја поттикнува и стимулира градбата на енергетски ефикасни градби и примената на обновливи извори на енергија во системите за греење и ладење во индивидуални, колективни и јавни објекти изградени на територијата на општината. По овој основ, во периодот 2012-2015 година се изградени 68 објекти со А и Б енергетска класа, кои користат обновливи извори на енергија.


ВОВЕД Од објектите во надлежност на Општина Карпош во моментот се во функција следниве системи:  Систем за греење и ладење со термални пумпи вода/вода во административните бараки на Општината.  Систем за греење со термални пумпи - вода/вода во ООУ „Вера Циривири Трена“.  Систем за греење со отпадна дрвена маса - дрвен чипс во ООУ „Димо Хаџи Димов“. Во изградба се уште два нови системи:  Систем за греење и ладење на термални пумпи во новата административна зграда на Општината.  Систем за греење со термални пумпи во новата детска градинка во с. Бардовци. Исто така, Општина Карпош постави соларни вакум инјекторски системи за санитарна топла вода во објектите на градинката „Орце Николов“ (Карпош 2) и објектите на 5 основни училишта во општината.


Административни бараки во Карпош Административните бараки на Општина Карпош сместени во кругот на ООУ „Лазо Трповски“ имаат систем на ниско температурно подно ладење и греење со систем на термални пумпи вода/вода со грејна моќност од 160 kW. Објектите на административните бараки се енергетски ефикасни објекти со околу 900 m2 грејна површина и енергија потребна за греење Q<45 kWh/m2a (по квадратен метар на годишно ниво).


Административни бараки во Карпош Месечните трошоци за струја во режим на греење се помали од 600 евра или помалку од 4.000 евра во грејна сезона. Во режим на ладење трошоците се помали од 250 евра месечно (во режим на работа на термалните пумпи) или помалку од 50 евра месечно во режим на пасивно ладење (без вклучени пумпи).


ООУ „Вера Циривири Трена“ Од 2015 год. во ова училиште со грејна површина од 3.600 m2 и просечна годишна потрошувачка на енергија по квадратен метар од Q=53,8 kWh/m2a, пуштен е во употреба систем со термални пумпи вода/вода во високо температурен режим на работа од 50 ℃ со капацитет од 270kW. Системот е замена за централниот систем за греење со годишна потрошувачка од 13.000 до 14.000 евра за електрична енергија за работа на истиот, со што средствата со кои се плаќаше снабдувањето од централниот топлификационен систем на Скопје се намалени за 60%.


ООУ,,Вера Циривири Трена“

Капацитетот на системот е предвиден така што може да се вклучи и објектот на детската градинка „Орце Николов“ (Карпош 2) која е во непосредна близина на училиштето.


ООУ „Димо Хаџи Димов“ Ова е првото училиште што од годинава се грее со отпадна биомаса-дрвен чипс која досега се носеше на депонијата Дрисла, а сега со помош на чипс-машина се сече во дрвен чипс кој е суровина за котелската постројка од 267 kW и ги задоволува потребите на помалку од 4.000 m2 греан простор во училиштето и помошните објекти. Дрвената маса се собира по 3 основи:  Кастрени дрвја и гранки што граѓаните ги исфрлаат од своите дворови покрај контејнерите за комунален отпад.  Дрвена маса од одржување на зеленилото во Општина Карпош.  Дрвена маса од одржување на зеленилото од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.


ООУ „Димо Хаџи Димов“ Складираниот дрвен чипс во резервоар од 140m2 се грее преку подно греење од топлината на котелот за да се намали процентот на влага на дрвената маса и да се зголеми калоричната вредност на суровината. Бидејќи отпадната биомаса е бесплатна, трошоците за енергија само за сервисните пумпи и пневматиката би биле помали од 1.000 евра на годишно ниво, што е заштеда поголема од 95% споредено со досегашниот систем на централно греење.


ЗАКЛУЧОК  Досегашните искуства во примената на обновливите извори на енергија во објектите во надлежност на Општината ја оправдуваат определбата за континуирана масовна примена на овие системи во пракса во наредниот период.  Во недостаток на фонд за енергетска ефикасност и други поволни банкарски механизми за оваа намена, дури и со сопствено инвестирање повратните средства со заштедата ја оправдуваат ваквата реализација.  Праксата за субвенционирање (стимул за вградување) на ваквите системи се покажа како докажан метод за поширока примена кај инвеститорите на новите објекти со широка намена.  Крајните придобивки се намалени емисии на CO2 и позитивното влијание во ублажувањето на климатските промени.


БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.