Infomacef br 168

Page 1

Број 168

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Март 2017

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+  Од уредникот  3    

Во овој број:

Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! За нас ударна вест е дека колешката Даниела успешно се породи и има втор син.

Даниела, нека е честито новороденчето, да биде живо и здраво, да порасне и ако даде Господ, да се приклучи на тимот на МАЦЕФ. Ова ти го пожелуваат вработените во МАЦЕФ и те очекуваме назад на работа после 9 месеци!

Како што привршуваат работите на нашите меѓународни проекти, така се зголемува времето кое го минуваме надвор од земјата, присуствувајќи на завршните договори и подготовка на финалните извештаи. Со посебно внимание на подготовката на финансиските документи. Иако очекувавме, сепак сме радосни дека на повикот од EBRD GEF проектот, конзорциумот во кој учествува и МАЦЕФ е избран (покрај 3 други козорциума) да приготви понуда за овој 5 годишен регионален проект. Составот на тимот е многу добро компониран и очекуваме победа! Вашето внимание го насочуваме кон завршните активности на нашите меѓународни проекти: Нашата редовна меѓународна активност, меѓународните проекти Streetlight EPC и multEE. Продолжуваме со успешната соработка во проектот GGF и во следните две години. Учество на МАЦЕФ на Саемот за градежништво и ЕЕ Врз основа на пријава на јавен повик за избор на правни лица за спроведување на обука за енергетски контролори и усовршување на енергетските контролори МАЦЕФ доби РЕШЕНИЕ за спроведување обуки на енергетски контролори за наредниот 3-годишен период! Поздрав до следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект Streetlight-EPC Во текот на изминатиот месец, на 22 и 23 март, во Брисел се одржа и последниот состанок на

партнерските организации од проектот Streetlight EPC чија главна цел е поттикнување на договори за енергетски карактеристики при проекти за реконструкција на улично осветлување. На овој состанок беа дефинирани задачите што треба да се спроведат во следниот период како дел од последниот – финален извештај. (ВП) Повеќе... Одржани се 2 работилници како дел од проектот мултЕЕ, одржани на 02-03.03.2017 во Хотел Русија Како дел од проектот мултЕЕ, се одржа работилница за собирање на податоци за потребите на развиените ОДДОЛУ-НАГОРЕ мерки. На обуката присуствуваа околу 30 претставници на државните институции, општини, приватни компании и невладини организации. После неколку работилници, финализирани беа мерките од методологијата ОДДОЛУ НАГОРЕ, како и податоците кои треба да се соберат, заедно со соодветните формулари. Проектот мултЕЕ, исто така одржа работилница за работниот пакет 3 – Подобрување на координативните механизми во Република Македонија. За потребите на работилницата, изработен беше и прашалник, кој присутните го пополнија, но истиот уште е достапен на нашата интернет страна: www.macef.org.mk. За резултатите од прашалникот, ќе ве информираме во наредните броеви на ИнфоМАЦЕФ! Повеќе Одржан состанок Германија

на

проектот

мултЕЕ

во

Берлин,

На 16-ти и 17-ти март 2017 година, во хотел Новотел Мите, во Берлин, Германија, се одржа состанок за проектот мултЕЕ. Активно учество на состанокот земаа тројца претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. На состанокот, најмногу се дискутираше за работниот пакет 2, односно МВП платформата и нејзиното претстојно префрлање на сервери кај земјите учеснички. Исто така, подготвена беше претстојната Финална Конференција, која ќе ја спроведе тимот на мултЕЕ, заедно со Енергетската Заедница и каде учество ќе земат засегнатите страни на проектот од регионот на западен Балкан. Покрај ова, на состанокот се планираа и преостанатите активности од проектот. Секако, работниот дел на состанокот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 168

Страница 2

беше заокружен со организирана прошетка на Берлин каде можеа да се видат новите достигнувања во областа на градежништвото и енергетската ефикасност.Повеќе Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружението МАЦЕФ во изминатите две години имаше доста плодна соработка со ХАЛКБАНК – банката преку која се спроведува кредитната линија Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund). Во изминатиот период енергетските консултанти на МАЦЕФ професионално беа вклучени како техничка поддршка во приближно 20 проекти – финансирани од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ – Фонд за зелен развој! Заради тоа, Здружението МАЦЕФ е по трет пат покането да биде техничка поддршка на ХАЛКБАНК при спроведување на ЕКО кредитната линија. За потсетување, Кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ – Фонд за зелен развој првата кредитна линија која започна да кредитира еко проекти. ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн, и воедно намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на СО2 за најмалку 20%. Кредитната линија е достапна во 19 земји низ Југоисточна Европа, Кавказ, Украина, Молдавија, Средниот Исток и Северна Африка. GGF е основано како јавно - приватно партнерство во декември 2009 година од Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, со финансиска поддршка од Европската комисија, германското сојузно министерство за економска соработка и развој, Европската банка за обнова и развој и Австриската развојна банка ОеЕВ. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) Саем за градежништво и енергетска ефикасност Овој саем ја промовира енергетската ефикасност. Агенцијата за енергетика заедно со проектот ИМЕ обезбедија простор на кој повеќе фирми ги претставија своите можности да помогнат во изборот на мерките за енергетска ефикасност при изградбата на зградите. МАЦЕФ, како лиценцирана организација за енергетски контроли и акредитирана институција за обука на енергетски контролори, настапи на 1-ви март со свои промотивни материјали и совети за заинтересираните страни. На овогодинешниот Саем за градежништво, МАЦЕФ ги понуди своите услуги од областа на енергетската ефикасност, но исто така на јавноста ѝ ги претстави можните мерки и придобивките од воведување на системи и методи за енергетски заштеди. Презентација на студија за централизирано снабдување со топлинска енергија На 2-ри март, во организација на Македонската енергетска заедница беше претставена студијата изработена од Машински факултет Скопје и МАЦЕФ со наслов: Дефинирање на техноекономски оптимална еколошкаи одржлива структура за греење и имплементирање на централизирано снабдување со санитарна топла вода на град Скопје. После обемна дискусија основниот заклучок е дека централното снабдување со енергија знатно придонесува кон зачувување на животната средина.

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

„City tree“ во Скопје!

По Тетово, на 21 март, НВО Екосвест и Германската амбасада на 22-ри март во Скопје го промовираа проектот за клима и заштита на климатските промени „City tree“ и му ги предадоа на градот зелените билборди - прочистувачи на воздух. „CityTree“ е вертикална структура од специфични видови мов со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон, и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно. На настанот се обратија германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и Ана Чоловиќ Лешоска од НВО Екосвест. Овој проект е овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, со што се финансира кампањата за подигнување на свесноста, а набавката на двата билборда, за Скопје и Тетово, ја овозможија Пакомак, Енерџи деливери солушнс, Еколог, Везешари, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Де Мед. Повеќе Берза на енергија за поголема конкурентност Разгледување на сите можни опции за формирање берза на енергија во земјава е целта на работилницата на тема „Воспоставување организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија“ што вчера се одржа во Скопје во организација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и „ТЕМА Консалтинг груп“. Работилницата, која се одржува во рамките на проектот „Техничка помош за воспоставување институционална рамка за национална/регионална берза на електрична енергија“ финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, ја отвори министерот за економија Дритон Кучи, кој порача дека темата е од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор во државата и додаде дека од работилницата треба да произлезат најдобрите можни решенија

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 168

Страница 3

за националниот енергетски пазар и пазарите во земјите на Југоисточна Европа. Повеќе...

Новости од светот

Петти март – светски ден на енергетската ефикасност Светскиот ден на енергетската ефикасност се одбележува секој 5-ти март. Овој датум е востановен во чест на првиот состанок на светските експерти од оваа област одржан во Австрија во 1998 година. Енергетската ефикасност подразбира намалување на потрошувачката на енергија за производство на стоки или услуги, без притоа да се наруши квалитетот на производот или услугата, животниот стандард или економската активност. Македонија и регионот имаат нерационална потрошувачка на енергија. Трошиме неколкупати повеќе енергија за идентичен производ или услуга во споредба со земјите од ЕУ. Повеќе Општината Тиват го одбележува Светскиот ден на енергетската ефикасност Оваа година општината Тиват во Црна Гора го прослави Светскиот ден на Енергетската Ефикасност, 5ти март преку неколку спроведени активности во рамките на трите дена. Во оваа прилика, средношколците ги претставија своите патенти, научниците ја претставија својата работа и компаниите го претставија своето портфолио во полето на енергетската ефикасност. „Општината Тиват ги промовираше вредностите на самооддржлив развој неколку години преку голем број на различни активности и е препознаена како локална власт којашто се стреми кон нови предизвици и цели кон чиста амбиција“, изјавува градоначалничката, г-ѓа Снежана Матијевич, на конференцијата за енергетска ефикасност организирана во однос на одбележување на Светскиот ден на енергетската ефикасност. На отворањето на конференцијата, „ГИЗ Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност“ проектниот менаџер г-ѓа Јасна Секулович спомна дека ГИЗ и обезбедил на општината Тиват софтвер за следење на потрошувачката на енергија. Исто така општинската администрација неодамна формирала Секретаријат за заштита на животната средина и енергетска ефикасност. „Ова е уникатен пример не само во Црна Гора но и пошироко, и зборува за посветеноста на општината да се осврне кон темата за енергетската ефикасност. Повеќе... Новата студија на IRENA е оптимистичка за отстранувањето на енергијата кој е поврзана со CO2 емисиите Глобалните емисии на јаглероден диоксид кои се производ на енергетскиот сектор до 2050та година можат да се намалат за 70% според новите истражувања кои се објавени од Меѓународната Агенција за Обновлива Енергија (IRENA). Студијата „Перспективите за Енергетската транзиција: Потребни инвестиции за Ниско јаглеродна енергетска транзиција“ претставена во Берлин на конференцијата Дијалог за енергетската транзиција 2017. Го претставува случајот на зголеменото распоредување на обновливата енергија и енергетската ефикасност во Г20 земјите и глобално може да се постигне намалување на емисиите кои се потребни за да се

одржи глобалното покачување на температурите на не повеќе од два степени Целзиусови, избегнувајќи ги тешките влијанија на промените на климата. „Парискиот договор рефлектираше со меѓународна одлучност без преседан да се влијае на климата. Фокусот мора да биде на декарбонизација на глобалниот енергетски систем кој е одговорен за скоро две третини од емисиите на стакленичките гасови“, изјавува генералниот директор на IRENA г-дин Аднан З. Амин. „Критично економскиот случај за енергетската транзиција никогаш не бил посилен. Денес ширум светот, се градат нови централи на обновлива енергија коишто ќе произведуваат електрична енергија за помалку трошоци за разлика од централите на фосилни горива. Во периодот до 2050та година, декарбонизацијата би можела да го движи одржливиот економски развој и да создаде повеќе нови работни места во областа на обновливата енергија. Ние сме во добра позиција да го трансформираме глобалниот енергетски систем но успехот ќе зависи од итни мерки, бидејќи одложувањето ќе ги покачи трошоците за декарбонизација“, додава г-динот Амин. Повеќе... Енергетска обнова на семејните куќи од 2018г? Од европските фондови Хрватска обезбедила 30 милиони евра за енергетска обнова на семејните куќи, сепак е тешко веројатно дека во текот на оваа година ќе биде објавен тендер, бидејќи се чека промена на регулативата со која би се овозможило на физичките лица да бидат корисници на средствата. Европскиот парламент, вели дека во Министерството за градежништво, регулативата би требала да се измени дури на крајот на 2017та година. Во претходните години енергетската обнова на куќите била финансирања од државата, но откако Фондот за енергетска ефикасност западнал во финансиски тешкотии, програмот е прекинат. Во очекување е промена на европската регулатива, а Министерството за градежништво во соработка со Министерството за регионален развој и фондовите на ЕУ, ги разработува алтернативните модели за распределба на финансиите. „Средствата би се доделиле на сопствениците на семејните куќи со воведување на посредник како подносител на ЕУ проект (на пр. единиците на локалната и регионална самоуправа и слично). Повеќе... Повеќе од 26 милиони евра инвестирани во енергетската ефикасност на Црна Гора Според Министерството за Економија на Црна Гора, повеќе од 26 милиони евра се инвестирани во подобрувањето на енергетската ефикасност на 50 јавни згради во Црна Гора. Програмата за Енергетска Ефикасност на Црна Гора, којашто започна во 2009та година, го финансираше приспособувањето на 11 здравствени институции, осум едукативни објекти како и еден кампус, со вкупна инвестиција од 7,6 милиони евра. Минатата година беа завршени техничките работи поврзани со топлинската изолација во повеќе здравствени центри во вредност од 121148 евра. Градежните работи на овие центри како и на здравствениот центар Мурино ќе продолжат и оваа година. Преку спроведувањето на првата и втората фаза од програмата за енергетска ефикасност во јавните згради, која започна во 2012та година, беа спроведени мерки за енергетска ефикасност во 28 основни и средни училишта, еден кампус и еден објект за претшколска возраст. Вкупната вредност на проектите изнесуваше 18.7 милиони евра. Втората фаза од програмата ќе биде завршена до крајот на 2020-та година. Во 2017та година

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 168

Страница 4

мерките за енергетска ефикасност ќе бидат спроведени преку реконструкцијата и приспособувањето на 10 згради – четири образовни и шест здравствени установи. Вредноста на планираните работи за оваа година изнесува преку 4.5 милиони евра. Повеќе... Зајакнување на глобалната нуклеарна безбедност На 27 март, на седмиот состанок на договорните страни на Конвенцијата за нуклеарна безбедност (CNS – Convention of Nuclear Safety) беше изјавено дека е направен значителен напредок во напорите за зајакнување на нуклеарната безбедност во светот. Генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергетика, г.Јукија Амано, го отвори состанокот со преглед на некои од иницијативите кои беа спроведени со цел да се зголеми безбедноста. Во овие беа вклучени и Акциониот план за нуклеарна безбедност изработен од Меѓународната агенција на нуклеарна енергетика, кој беше усвоен веднаш по несреќата во централата Фукушима Даичи во 2011, како и Виенската Декларација за нуклеарна безбедност од 2015 година. Тој нагласи и дека по несреќата во Фукушима, државите кои имаат програми за нуклеарна енергија превземале драстични чекори за повторна проценка на безбедноста, а некои од државите дури ги промениле нивните регулаторни системи. (ВП) Повеќе...

Занимливости Хемичарите од FAU развиле метод за искористување на азотните оксиди Хемичарите од FAU развиле процес во којшто азотните оксиди кои се произведени од индустриските процеси би можеле да се користат за производство на обојувачи и лекови. Користејќи го овој метод, во иднина би можело да се комбинира деконтаминацијата од издувните гасови со производството на нови супстанци. Азотните оксиди се главен загадувач на животната средина. Азотните и кислородните соединенија првенствено се формираат за време на согорувањето, како на пример во автомобилските мотори и централите на јаглен и гас. Методите на зафаќање на гасовите после согорувањето или катализаторско намалување – од кои и двата се релативно сложени и се асоцирани со соодветни недостатоци. Но азотните оксиди не претставуваат само несакани загадувачи. Всушност, скорешните истражувања покажуваат дека тие би можеле да се користат во хемиска синтеза за високо вредни производи. Повеќе... Франција донесува закон за зелени кровови Нов закон кој со сигурност ќе има големи придобивки за животната средина во урбаните центри, ќе наложува секоја нова комерцијална зграда во Франција да биде барем делумно покриен или со сончеви колектори или со растенија. Активистите за животна средина првично побарале овој закон да наложува 100% покриеност на крововите на сите згради, но Владата сепак го има ограничено овој закон само на комерцијални згради. Екологистите тврдат дека зелените кровови нудат повеќе придобивки, како на пример, делуваат како изолација за објектите со што и потребната енергија за греење и ладење се намалува, но и задржувањето на дождовната вода кое го намалува проблемот со истекување. Дополнително, зелените кровови го поттикнуваат

биодиверзитетот преку создавање на одлични услови за птиците во урбаните средини. (ВП) Повеќе... Во мај се очекува нов рекорд на емисии на јаглерод диоксид Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во глобални рамки лани имаше изненадувачки раст, а таа тенденција продолжи и од почетокот на годинава, поради што се очекува во текот на мај да биде достигнато рекордно ниво на загаденост, соопшти Британската метеоролошка агенција (Мет Офис). Според Мет Офис, во мај се очекува концентрацијата на јаглерод диоксид во Земјината атмосфера да достигне 410 честички на милион (ППМ), со што ќе биде надминат досегашниот неславен рекорд од истиот месец лани, кога таа изнесуваше 407,7 ППМ. Експертите проценуваат дека растот на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во глобални рамки се должи на зголеменото користење на фосилни горива и на уништувањето на шумите. Сепак, дел од тој вишок на јаглерод диоксид го впиваат растенијата и океаните, па измерената концентрација всушност е за 50 проценти помала од вистинската емисија на овој штетен гас, наведуваат експертите. Мината година беше прва откако се вршат овие мерења, во кои концентрацијата на јаглерод диоксид ја надмина психолошката бариера од 400 ППМ, достигнувајќи просечни 404,2 ППМ. Годинава се предвидува просечната годишна концентрација на јаглерод диоксид да се зголеми за околу 2,5 ППМ во однос на лани, и да изнесува 406,7 ППМ. Повеќе

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk http://reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.ase.org/ www.erc.org.mk www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.energy.eu www.sustenergy.org/ www.republiczeb.org www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција - Материјали, методи и технологии 2017 26-ти до 30-ти јуни 2017 Бургас, Бугарија Ова претставува меѓународна конференција на која што има учесници од повеќе од 30сетина земји ширум светот. Со организациско искуство од 25 години во областа на настаните од науката. Повеќе... Меѓународна конференција за енергијата и метеорологијата 27-ми до 29-ти јуни 2017 Бари, Италија Меѓународната конференција за енергијата и метеорологијата претставува добра можност за поврзување на енергетската индустрија и метеоролошкиот сектор, размена на знаења и взаемна соработка. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.