InfoMACEF br. 189

Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА Број 189

Декември 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во согласност со законските обврски, редовното Годишно собрание на МАЦЕФ се одржа на 17 Декември 2018 година, со почеток во 12 часот, во просториите на МАЦЕФ. И на овој начин членовите учествуваа и придонесоа со својата дискусија во натамошната работа на нашето здружение. МАЦЕФ и конзорциумот на проектот Ормак го потпишаа договорот со Фондот за иновации и технолошки развој, со што се очекува и официјалното започнување на работата на овој проект. Во тек е изработката на две програми за енергетска ефикасност, за општина Велес и општина Берово, додека во текот на месец декември, завршена беше програмата за енергетска ефикасност на општина Гази Баба Ве насочуваме кон следниве содржини: Изработка на програми за енергетска ефикасност на о. Велес и Берово Потпишан договор со Фондот за иновации и технолошки развој Програм и План за Енергетска ефикасност на град Скопје Нови ветерници во Богданци Пуштен во употреба првиот воз кој работи на водород Коментирањето на Нацрт законот за енергетска ефикасност заврши, и во очекување сме да почне јавната расправа за истиот. Конструктивните коментари се секогаш добредојдени и сите заедно можеме да придонесеме кон заедничката цел, корисен и квалитетен закон за енергетска ефикасност! И за крај, најбитниот дел од овој месец! МАЦЕФ Ви ги честита новогодишните и божичните празници и ви посакува многу успех во секое поле во претстојната 2019!

До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Годишно Собрание на Здружение МАЦЕФ за 2018 година Здружението МАЦЕФ на 17 декември го одржа своето четиринаесетото редовно Годишното собрание. Присуствуваа членови, симпатизери и соработници на здружението МАЦЕФ. Согласно дневниот ред, собранието го отвори претседателот, г-ѓата Јасминка Димитрова Капац, а потоа генералниот секретар на здружението г-ѓата Македонка Димитрова ги презентираше реализираните активности на МАЦЕФ во 2018 година. Членот на Претседателството проф. д-р Константин Димитров ги претстави годишниот финансиски извештај, финансискиот план и програмата за работа за 2019 година. На крајот од годишното собрание се отвори дискусија на повеќе теми меѓукои новините кои се предложени во новиот закон за енергетска ефикасност, целите и плановите на МАЦЕФ и неговите членоови и можностите за заедничко исполнување на истите. Присутните ја поздравија досегашната работа на здружението и упатија искрени желби следната 2019 година да биде успешна. СП Потпишан договор со Фондот за иновации и технолошки развој Проектот ОРМАК потпиша договор со Фондот за иновации и технолошки развој, со што и официјално почнува со работа и исполнување на своите цели и предизвици. МАЦЕФ е дел од конзорциумот кој ќе го спроведува проектот. Водач на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 189

Страница 2

проектот е компанијата Интербако ДОО Скопје, а освен МАЦЕФ, во проектот е вклучен и Машинскиот Факултет Скопје. Претставувањето на прифатените проекти од Фондот за иновации и технолошки развој се оствари на 26.12.2018 г. во Музејот на современа уметност. Нашиот претседател, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац присутвуваше на свечената церемонија, како претставник на МАЦЕФ. Со вториот инвестициски бран од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија, #ФИТР поттикна инвестиции од 2 милијарди денари во проекти кои ангажираат над 800 лица со просечна плата од 40.000 денари. Повеќе од 130 компании од Македонија добија грантови за кофинансирање на нивните проекти, што е доказ дека Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигна, туку и ја надмина зацртаната цел. Вкупниот износ на нови инвестиции во економијата само со втората група компании за финансирање е 824.828.614.00 денари. СП Подготовка на програми за енергетска ефикасност на опшина Велес -

Програма за енергетска ефикасност на општина Велес Во изминатиот месец беше направена анализа на потрошувачката на енергија за сите објекти кои се предмет на оваа програма за ЕЕ од Општина Велес, а за истите беа изработени и извештаи за енергетска контрола. За изработката на Програмата за енергетска ефикасност за Општина Велес е разгледуван 4 годишен период со кој се опфаќа потрошувачка на енергија (електрична и енергија за греење), како и мерки кои се превземени во тој период во секторите: јавни објекти, транспорт, јавно осветлување и транспорт. Оваа програма за ЕЕ е четврта програма на Општина Велес и може да се каже дека општината активно работи на подобрување на енергетската ефикасност, а тоа може да се види преку намалениот тренд на потрошувачка на енергија во текот на годините. Четвртата програма за ЕЕ на Општина Велес е за периодот 2019 – 2021 и во неа најголем дел од мерките за енергетска ефикасност се однесуваат за подобрување јавните објекти, во однос на намалена потрошувачка на енергија, а притоа да се сочува комфорот на постојаните корисници на објектите. Согласно динамиката на работа на тимот на МАЦЕФ програмата ќе биде предадена на општината во првата недела од месец јануари. ДТ -

Програма за енергетска ефикасност на општина Берово Изработката на „Тригодишната програма за енергетска ефикасност на општина Берово за период 20192021“ продолжи и во декември со несмален интензитет, при што на 10 и 11 беа извршени посети од страна на тимот на МАЦЕФ на културните установи и објектите од социјалната заштита во општината, како и на јавното претпријатие „Услуга“ од општина Берово. При посетата беше разговарано и со одговорните лица во објектите, а истите

беа снимани и со термална камера со цел да се забележат карактеристиките на објектите во поглед на предавањето на енергијата. На 10 декември се одржа и состанок со одговорното лице за оваа програма, г. Ѓорѓи Пеовски од општина Берово со кој што беа анализирани посточеките постигнувања и беа договорени следни активности. ЖИ WeBET проект Во месец декември активностите на проектот WeBETD се концентрираа на почеток на активноста на интернет порталот на мрежата на организации кои учествуваат во него. Исто така, беа промовирани и резултатите од конференцијата во Виена која се одржа во месец ноември преку видео материјали и заклучоци од настанот. Во исто време од страна на унгарските партнери беше изработен документот за кој ги анализира митовите кои се поврзани со користењето на обновливите извори на енергија, документ во кој учествуваа сите останати организации со свои предлози. Во овој период се завршени и периодичните наративни и финансиски извештаи. Влијанието на фосилните горива врз загадувањето на Битола На 21.12. се одржа јавна дебата во која проф. д-р К. Димитров учествуваше како еден од главните презентери. Основниот заклучок кој произлезе од дебатата е дека согорувањето на фосилните горива ја загадува животната средина. За да се смали/елиминира штетното влијание треба истовремено да се превземат неколку паралелни мерки и тоа: Смалување на потрошувачката на енергија преку мерки за енергетска ефикасност; Зголемена, интензивна примена на обновливи извори на енергија, како замена на фосилните горива; Паралелна итна изградба на топлификацискиот и гасификацискиот систем; Стимулативни мерки за купување на топлински пумпи, наместо користење на дрвото како гориво за греење, за да се намали емисија на канцерогени материи. Сметаме дека е корисно и предлагаме вакви јавни дебати да се организираат во сите градови, за да се подигне јавната свест кај крајните корисници. А пред се и кај надлежните органи. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 189

Страница 3

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Прилеп добива сигурно снабдување со електрична енергија за наредните 20 години МЕПСО вложува 1,1 милиони евра во трансформаторската станица “Прилеп 1” со чие модернизирање Прилеп и околината ќе добијат сигурно снабдување со електрична енергија за наредните 20 години. По тој повод на 12-ти декември во трансформаторската станица „Прилеп 1“ договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. На потшишувањето на договорот присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски како и хрватската амбасадорка Даниела Баришиќ и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски. Модернизацијата на трафостаницата вклучува вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нови системи за мерење електрична енергија и нов систем за релејна заштита а ќе се реализира за година и половина. В.З. Повеќе... Нови ветерници во Богданци Со инвестиција од 21 милиони евра ќе се заокружи проектот Парк на ветерни електрани Богданци. Во втората фаза ќе бидат изградени 6 ветерни турбини со вкупна инсталирана моќност од 13,8 мегавати. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од германската КфВ банка во износ од 18 милиони евра, додека три милиони евра се сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Договорите за заемот и за гаранцијата беа потпишани на 13-ти декември од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски, генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, германскиот амбасадор во Република Македонија Томас Герберих и директорот на КфВ банката за ЈИЕ и Турција Кристоф Тискенс. Со финализирањето на проектот Парк на ветерни електрани Богданци ќе зе зголеми уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија од АД ЕЛЕМ за околу 3% и ќе се намали емисијата на CO2 од околу 35.000 t/годишно. В.З. Повеќе...

Енергетската заедница усвои одлука со која целите на Македонија за учество на ОИЕ до 2020 се намалуваат од 28% на 23% Одлуката за намалување на целите за учество на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на енергија беше усвоена поради ревидирањето на статистичките податоци за употреба на биомаса во земјата. Податоците беа ревидирани до 2009-та година што значи дека учеството на ОИЕ во 2009-та година врз основа на кое беше утврдена првичната цел за 2020-та година, изнесувало 17,2% а не 21,9% како што се сметаше. Во 2016-та година, Македонија достигна учество на ОИЕ од само 18,2% во вкупната финална потрошувачка на енергија што е значително помалку од предвидениот просек од 24,6% за 2015 и 2016 година. Во 2017-та година Македонија имаше вкупен капацитет од 753 MW на обновливите извори на енергија, вклучувајќи ги големите хидроелектрани (585 MW), малите хидроелектрани (107 MW), капацитетите на енергија на ветрот (37 MW), соларни капацитети (17 MW) и биогас (7 MW). В.З. Повеќе... Претставен “Белиот документ” поврзан со поглавјата 15 и 27 На 29-ти ноември Центарот за истражување и креирање политики во Собранието на Република Македонија го претстави т.н. “бел документ” под наслов “Предизвиците и задачите во поглед на поглавјата 15 и 27 од правото на Европската Унија”. Преку патокази и јасни одредници се скицираат точните задачи и обврски кои стојат пред нашата земја со цел усогласување со правото на ЕУ, како и со останатите меѓународни документи на кои со потпис и ратификација е обврзана нашата земја. Поздравно обраќање имаше Јасна Секуловиќ, регионална проектна менаџерка на Отворениот регионален фонд на ЈИЕ за енергетска ефикасност при GIZ, по што свои излагања имаа Златко Симоновски од Центарот за истражување и креирање политики кои се осврна на потребните задачи и чекори во поглед на климатските промени и Илија Саздовски, координатор во Република Македонија од Отворениот регионален фонд на ЈИЕ за енергетска ефикасност при GIZ кој се осврна во делот на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Овој документ е изработен во рамки на проектот Регионална соработка и развој на вештините на пратениците и пратеничките од Југо-источна Европа во поглед на енергетската ефикасност, климатските прашања и одржливата урбана мобилност, спроведуван од Центарот за истражување и креирање политики, а финансиски потпомогнат од GIZ – Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност. В.З. Повеќе...

Новости од светот Пад на енергетската ефикасност и користењето обновливи извори на енергија во Европската Унија

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

Официјалната анализа објавена од страна на Европската агенција за животна средина (EEA) посочи дека зголемената потрошувачка на енергија, особено во транспортниот сектор, ја загрозува можноста Европската Унија да ги исполни


ИНФОМАЦЕФ 189

Страница 4

своите климатски цели. Потрошувачката на енергија во ЕУ почна да се зголемува во 2015-та година, а пресметките за 2017-та година укажуваат на тоа дека потрошувачката на примарна и потрошувачката на финална енергија ќе ги надминат проекциите за 2020-та година. Агенцијата, исто така, потврди дека обновливата енергија е застапена со 17,4% од вкупниот енергетски биланс во Европската Унија во 2017-та година, па сеуште постојат шанси да се постигне зацртаната цел во 2020-та година енергијата од обновливите извори да биде застапена со 20% од енергетскиот биланс. Но, сепак, трендовите за зголемување на потрошувачката на енергија го спречуваат порастот на учеството на обновливата енергија во однос на конвенционалните извори на енергија. Целите на Европската Унија до 2030-та година се: намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 40%, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија најмалку на 32%, и зголемување на енергетската ефикасност за 32,5%. В.З. Повеќе... Во 2019-та електричната енергија во регионот поскапа и до 40% Електричната енергија за стопанство оваа година поскапе во Хрватска, а за 2019-та најавено е зголемување на цените на електричната енергија во Србија за околу 20%, Босна и Херцеговина за околу 15%, додека големопродажните цени во Романија би можеле да се зголемат и до 40%. Снабдувањето на стопанството со електрична енергија во регионот е либерализирано, а државните претпријатија, кои сеуште се главни снабдувачи, го оправдуваат поскапувањето со зголемувањето на цените на берзите на електрична енергија. Со најавата за поскапување, во некои држави веќе се најавени и мерки за ублажување на ценовните шокови. Така, во Хрватска регулаторната агенција HERA одлучи да го намали износот што го наплаќаат операторот на дистрибутивниот систем HEP ODS и операторот на преносниот систем HOPS. Додека во Хрватска реакцијата следеше по поскапувањето, во Босна и Херцеговина се планира да се реагира во исто време кога цените ќе се зголемат. Електростопанството на БиХ предложи нови цени за пазарните купувачи кои, според компанијата, ќе бидат значително под пазарните и незначително поголеми од цените што овие клиенти ги имаа во 2018-та година. Од јануари цени повисоки за 20% го очекуваат и стопанството во Србија. Електростопанството на Србија како причина за поскапувањето го наведе усогласувањето на цените со референтните цени на европските берзи. Романските медиуми објавија дека големопродажните цени на електрична енергија во 2019-та ќе се зголемат и до 40%, што ќе влијае и на крајните корисници. В.З. Повеќе... LEGO ја достигна целта од 100% обновливи извори на енергија Данската компанија за детски играчки LEGO ја постигна зацртаната цел за 100% обновлива енергија три години пред предвиденото. После четири години и инвестиција од околу 800 милиони евра во две фарми со ветерници на море, компанијата ја оствари целта да со обновливи извори на енергија произведува онолку енергија колку што ќе потроши. LEGO го прослави овој успех со тоа што ја направи најголемата ветерна турбина во светот изградена од LEGO-коцки, благодарение на која стигна и до Гинисовата книга на рекорди. На својата интернет страна LEGO наведува дека се бори против климатските промени со тоа што се обврзува на намалување на емисиите на CO2, а соработуваат и со нивните снабдувачи за и тие да ги намалат емисиите. Покрај инвестирањето во обновливи извори на енергија, LEGO инвестира и во своите системи за производство и ладење, како и во енергетската ефикасност на своите згради, со цел да ја подобри својата севкупна енергетска ефикасност. Инаку, LEGO е член на RE100, глобална иницијатива на компаниите кои тежнеат да користат енергија целосно произведена од обновливи извори на енергија. В.З. Повеќе...

Занимливости

Пуштен во употреба првиот воз кој работи на водород Во Германија пуштен е првиот воз на водород. Возот, кој е од француско производство,секојдневно ќе ја поминува релацијата меѓу градовите Куксхавен (Cuxhaven) и Букстехуде (Buxtehude) долга 100km. Резервоарот и горивните ќелии на возот се сместени на покривот. Возот е погонуван од електрична енергија произведена со комбинирање на водород и кислород, а вишокот енергија се складира во Li-Ion батерии. За разлика од другите возови, водородниот воз наместо издувни гасови продуцира само водена пареа и течна вода. Тој е значително потивок од останатите, и има значително помали оперативни трошоци. Возот е дел од долорочната стратегија на Германија да го намали загадувањето на воздухот. Во најава е и употреба на вакви возови и во Велика Британија, Холандија, Данска, Норвешка, Италија и Канада – тврди производителот. В.З. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.rexus.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Четврта енергетска конференција на ЕУ и Норвешка на 5-ти февруари 2019 Норвешка е стратешки енергетски партнер на Европската Унија и е еден од главните снабдувачи на нафта, гас и електрична енергија. Домаќини на четвртата енергетска конференција на ЕУ и Норвешка ќе бидат. Мигел Аријас Канети, европски комесар за енергија и Кјел Борге Фреиберг, норвешки министер за нафта и енергија. Конференцијата ќе се одржи во Брисел. В.З. Повеќе... Horizon 2020 – Инфо ден за енергетска ефикасност, 22.01.2019, Брисел, Белгија Целта на Инфо денот за енергетска ефикасност на Horizon 2020 е да ги презентира можностите за финансирање според повикот за 2019 година, како и да привлече нови апликанти и потенцијални корисници и да поттикне соработка меѓу учесниците. Регистрацијата трае до 18-ти јануари 2019. В.З. Повеќе... 14th European Nuclear Energy Forum, Прага, 29-30 Април Европскиот форум за нуклеарна енергија (ENEF) е уникатна платформа за широка дискусија за можностите и ризиците од нуклеарната енергија. Овие дискусии се поврзани со енергетските предизвици со кои се соочува ЕУ и нејзините земји - членки, а особено за улогата на нуклеарната енергија во стратешката рамка за Енергетската Унија. В.З. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д. Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова, В. Захариев.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.