Infomacef br 176

Page 1

Број 176

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2017

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! За да се задоволат потребите на енергетските контролори, во периодот од 14 до 16 декември ќе го реализираме Четвртиот циклус на обука за Усовршување на енергетски контролори. Ако потенцијалните кандидати имаат потреба оваа обука да се организира порано, заради датумите на важност на нивните овластувања, треба да ни’ се јават и да се договориме за промена на термините. Условите за пријавување за четвртиот циклус ќе ги најдете на нашата страница www.macef.org.mk. Во согласност со законските обврски, планираме редовното Годишно собрание на МАЦЕФ да се одржи на 12 Декември 2017 година, со почеток во 14 часот, во просториите на МАЦЕФ. И на овој начин членовите се поканети да учествуваат и да придонесат со својата дискусија во натамошната работа на нашето здружение. Ве насочуваме кон следниве содржини: Програм и План за Енергетска ефикасност на град Скопје Ставови на МАЦЕФ во однос на загадување на атмосферата во Скопје Сеуште сме во очекување да ја “видиме“ и првата нацрт-верзија на Законот за енергетика, а се надеваме дека тој ќе биде поделен во два назависни закони (за Енергетика и за Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија). Нашите очекувања (желби) се во него да се дозволи приватните лица да смеат да вградуваат на своите покриви фотонапонски колектори (со определен капацитет) при директно врзување со дистрибутивната мрежа. Со тоа ќе се намали висината на инвестицијата (нема потреба од акумулатори), а веруваме ќе се подобри и квалитетот на електричната енергија во дистрибутивната мрежа (напон) и сигурно ќе се намали и загадувањето на воздухот, ако електричната енергија од сонцето ги замени дрвата и течните горива. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Обука за корисници за оптимизација на системи за компримиран воздух Обуката за корисници за оптимизација на системи за компримиран воздух беше организирана од страна на УНИДО и Регионалниот центар за животна средина Македонија (РЕЦ) на 14-16 ноември 2017 во Хотел Порта, Скопје. Предавачи на обуката беа г. Том Таранто од Канада, водечки меѓународен УНИДО експерт за CASO и г. Шелдон Боде, Јужна Африка, меѓународен УНИДО експерт за CASO. Двајца претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ беа присутни на обуката. На обуката имаше повеќе од 60 присутни. Оваа обука беше дел од активностите за развој на пазарот на индустриска енергетска ефикасност на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија“, имплементиран од страна на УНИДО и заеднички извршуван од канцеларијата на РЕЦ во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и Македонска банка за поддршка на развој. Повеќе (СП) Изработка на Програма за енергетска ефикасност на Град Скопје Во ноември 2017г. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ започна со изработка на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје 2018-2020. Завршени се посетите на објектите за утврдување на промените и преземените мерки во изминатиот 3 годишен период, како и поголемиот дел од термовизиските снимања. Утврдено е дека Град Скопје е пример за енергетски ефикасен град и своите залагања во ова поле покажуваат добри практики за сите останати општини. (СП) Енергетска ефикасност - основна мерка за почиста животна средина Енергетската ефикасност како проблематика е една од основните дологорочни програми за ангажирање на МАЦЕФ како општествен чинител. Дел од стекнатите сознанија и предлози беа јавно искажани во Економскиот магазин на медиумот АЛСАТ. Нашите основни ставови се: * Главен загадувач на воздухот е енергетиката. * За нас се од битна важност мерки кои ќе го смалат локалното загадување, затоа што минорно учествуваме во глобалното загадување (со јаглен двооксид и придонес во климатските промени).

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 176

Страница 2

* Смалување на загадување ќе се овозможи со примена на мерки за енергетска ефикасност. * Со поголема примена на обновливи извори на енергија, освен дрвото, кое е доминантен загадувач на локално ниво. Со дозвола граѓаните да СМЕАТ да вградуваат фотонапонски колектори за производство на електрична енергија за сопствени потреби. * Со проширување на топлификациската мрежа кај што постoи економски оправдан топлински конзум, затоа што цената на енергијата е конкурентна на другите енергенти. * Со брза изградба на гасификациската дистрибутивна мрежа. * Со брзо внесување на електрични возила во јавниот соо браќај на градот. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Тевдовски: Зголемување на акцизата на нафтата, дизел горивата поскапуваат Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека и сега да се подготват законите, ќе нема време целата реформа да почне да се имплементира од јануари 2018 година. - Прогресивниот данок да не го воведеме на сила. Нашата намера е да почнеме од јануари 2019 година и постапката да биде целосно отворена. Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година - рече Тевдовски. Тој најави дека Владата од 1 јануари ја зголемува акцизата на нафтата за три денари. Со зголемување на акцизата и ДДВ, цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари. Причина за зголемување на акцизата, како што рече Тевдовски, се ЕУ препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Повеќе...

Од 1 јануари водните услуги по регулирана цена До 15 ноември Регулаторната комисија за енергетика ќе го изработи тарифникот за водни услуги што од 1 јануари идната година ќе мораат да го применувааат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители. Потоа се остава период јавните претпријатија да ги достават своите евентуални забелешки и надлежните да ја донесат одлуката за новите цени што ќе стапат на сила од почетокот на идната година. Со тарифникот, што е изработен во рамки на проектот „Реформа во водниот сектор на централно ниво“, финасиран од Европската унија, а имплементиран од консултантската куќа Нирас, ќе се определува просечната тарифа по која јавните претпријатија ќе можат да наплаќаат за сурова вода за пиење, за вода за пиење за водоснабдување, за собирање и одведување на отпадни води и за пречистување на отпадните води за оние општини каде има пречистителни станици или треба да се изградат во 2018 година. Вкупниот надоместок што ќе го плаќаат граѓаните за сите тарифи ќе биде во рамките на прагот на достапност, односно не повеќе од три отсто од приходот по глава на домаќинство. Повеќе... ЕЛЕМ планира нова модернизација на РЕК Битола АД ЕЛЕМ планира нова модернизација на најголемиот енергетски капацитет во земјава РЕК Битола и рестартирање на производството во ТЕЦ Осломеј. - Планирана е модернизација на Блок 1 во РЕК Битола. Претходните зафати за модернизација што беа направени во 2012/13 година на блоковите 2 и 3 практично ги намалија нивните производствени капацитети. Во моментов правиме анализа која е причината за тоа и како се случило наместо блоковите по интервенцијата да бидат помоќни, тие да ослабнат - вели генералниот директор и претседател на УО на АД ЕЛЕМ Драган Миновски. Тој потенцира дека е во план ТЕЦ Осломеј одново да почне да работи кон средината или најдоцна до крајот на месецов. - Во ТЕЦ Осломеј во тек се подготвителни активности за рестартирање на комбинатот и се прават напори да се ископа потребниот јаглен посочува Миновски. За ТЕЦ Неготино прецизира дека е во сопственост на државата, а АД ЕЛЕМ плаќа само годишен надоместок што го држи како ладна резерва. Повеќе... Технолошки паркови за поддршка на иновативните компании Фондот за иновации и технолошки развој го проширува фокусот на своето делување и ќе финансира и мали и средни претпријатија кои остваруваат годишен приход поголем од еден милион евра, најави директорот на Фондот Јован Деспотовски на работната сесија „Локалната самоуправа како предуслов за развој на МСП“ на одбележувањето на 12-от „Европски ден на претприемачот и Европската недела на МСП“. Досега, додаде, Фондот за иновации и технолошки развој финансираше само стартап и микро компании и компании што имаат помал приход од еден милион евра годишно поради што, како што рече, искористеноста на средствата е само девет проценти. - Нашата цел е фокусот во наредните година до две да го прошириме и продлабочиме со тоа што ќе им понудиме на малите и средните компании кои досега не биле толку многу таргетирани со активностите на Фондот да ја подигнеме нивната свест за финансиските можности кои ги нудиме за развивање и да го зголемиме нивниот капацитет за успешно да аплицираат и да добијат средства за воведување нов продукт, услуга или работен процес - рече Деспотовски. Посочи дека очекува наскоро значително да се зголеми финансискиот потенцијал со кој располага Фондот и додаде дека за 2018 година се планира да изнесува од 15 до 20 милиони евра. Повеќе... МЕПСО го подобри снабдувањето со струја во југозападниот регион МЕПСО пред почетокот на грејната сезона изврши модернизација во две трансформаторските станици во пелагонискиот регион. Со тоа, велат од компанијата, значајно се зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија за претстојната грејна сезона во југозападниот регион на земјава. Во целост, потенцираат, е модернизирана трансформаторската

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 176

Страница 3

станица „Сопотница“ во близина на Демир Хисар, а извршена е модернизација и во трансформаторската станица „Битола 1“ во делот на поврзувањето со „Сопотница“. Со тоа е подобрено снабдувањето со струја во реоните на Битола, Демир Хисар и Кичево. Повеќе... Македонија и Бугарија договорија соработка во енергетиката Македонија и Бугарија денеска во рамки на заедничката владина седница што се одржува во Струмица потпишаа два договора за соработка во енергетскиот сектор. Со нив се предвидува од почетокот на 2018 година воспоставување заеднички пазар за распределба на преносни капацитети меѓу електроенергетските оператори на двете земји. Тоа е регулирано во Договорот што го потпишаа бугарскиот Електроенергетски системски оператор ЕАД и македонскиот МЕПСО. Користењето на заедничка платформа ќе им олесни на сите учесници кои тргуваат со струја. Со новите пазарни процедури трговците од македонска страна ќе учествуваат заеднички со своите бугарски партнери на дневниот пазари што бугарскиот електродистрибутер ќе ги реализира од името на двата оператора. Повеќе...

Новости од светот Биодизелот произведен од отпадно масло дебитира на пазарот во Кина Горивото од биодизел направено од одпадно масло почна да се продава на бензинска пумпа со која управува нафтената компанија Sinopec во Шангај. Компанијата планира понатамошно проширување на производството и продажбата на биодизел. Дваесет санитарни возила исполнети со биодизел произведен од отпадно масло беа донесени во вторникот до бензинска пумпа во областа Фенгси, која има два нафтени резервоари од биодизел. Горивото се продава на 5,72 јуани (0,86 долари) за литар, во споредба со 6,02 (0,9 долари) за стандарден дизел. Sinopec сега се подготвува да започне со продажба на рециклирано отпадно гориво на друга бензинска пумпа во областа Пудонг. Овој потег го означи почетокот на биогоривото направено од отпадно масло. Повеќе... ЕЛЕНА обезбедува 1,7 милиони евра за енергетско реновирање на јавни згради во Словенија Преку програмата ЕЛЕНА на словенечкото министерство за инфраструктура му е доделено 1.7 милиони евра неповратна помош за проекти за реконструкција и реновирање на зградите во јавниот сектор. ЕЛЕНА (Европска локална енергетска помош) е заедничка иницијатива на Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Европската комисија во рамките на програмата Хоризонт 2020. Обезбедува грантови за техничка помош фокусирана на имплементација на енергетска ефикасност, дистрибуирани проекти и програми за обновлива енергија и урбан транспорт. Европската комисија претходно објави дека грантот од 1,7 милиони евра за словенечкото Министерство за инфраструктура ќе се користи за проекти за реконструкција на енергијата за објекти од јавниот сектор. Повеќе... ЗКФ проект на инвестиции во вредност од 100 милиони евра во Србија Зелениот климатски фонд (GCF) - Програмата на Европската банка за обнова и развој (EBRD) се очекува да поддржи околу 100 милиони американски долари инвестициски можности за високи перформанси за енергетска ефикасност и технологии за обновлива енергија во Србија. EBRD и GCF кофинансираа програма вредна 1,4 милијарди американски долари за да обезбедат финансирање до приватниот сектор на преку партнерските финансиски институции во 10 земји. ЗКФ, формиран од 194 земји кои се членки на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), ќе започне со финансирање на своите најголеми инвестиции до денес преку проекти во Ерменија, Египет, Грузија, Јордан, Република Молдавија, Монголија , Мароко, Србија, Таџикистан и Тунис. Повеќе...

Албанската влада ќе ги стимулира инвестициите во сончевата енергија Сончевата енергија е исклучително важен енергетски извор за Албанија, поради неговата географска положба и изложеност на сончева светлина, рече албанскиот министер за инфраструктура и енергија, г. Дамиан Ѓикнури, на отворањето на Работилницата за сончева енергија во Тирана. Министерот рече дека албанската влада ќе ги стимулира инвестициите во производството на енергија од соларни централи, се вели во соопштението од Министерството за инфраструктура и енергија. Работилницата во албанскиот главен град беше организирана заеднички кон крајот на октомври 2017 година од страна на министерството Ѓинкури и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Министерството за инфраструктура и енергија и ЕБОР потпишаа Меморандум за разбирање за стимулирање инвестиции во соларната енергија преку аукции во мај 2017 година. Овој Меморандум ја дефинира рамката за развој на проекти и инвестиции низ целата земја со цел да се достигне нивото на производство од 50 MW до 100 MW од соларни електрани. Изјава на ЕБОР вели дека банката има инвестирано повеќе од една милијарда евра во инфраструктурни и енергетски проекти во Албанија. Повеќе... Извештајот на Секретаријатот ја следи усогласеноста со Договорот за енергетска заедница На 6 ноември 2017, Секретаријатот го објави својот Годишен извештај за спроведување, кој дава сеопфатен преглед на напредокот постигнат од Договорните страни во Енергетската заедница во спроведувањето на acquis communautaire според Договорот за енергетска заедница. Шест од осумте договорни страни успешно го завршија транспонирањето на Третиот енергетски пакет. Во Босна и Херцеговина и Република Македонија транпонирањето е сеуште неуспешно. Што се однесува до реалната имплементација на acquis, во извештајот се заклучува дека постигнатото ниво варира во голема мера. Коментирајќи го Третиот енергетски пакет, Јанез Копач, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, рече: "Не треба да се потцени напорите потребни за транспонирање на Третиот енергетски пакет. Неговото успешно спроведување ќе продолжи да биде предизвик за Договорните страни, како и за Секретаријатот. На пример, многу земји допрва треба правилно да го спроведат раздвојувањето на операторите на пренос и дистрибуција, каде што можат да пројават различни интереси на националните играчи. Друг предизвик останува зајакнувањето на националните власти енергетските регулатори, енергетските агенции, конкуренцијата и властите за државна помош, кои немаат сила и независност да дејствуваат како ефективни и проактивни чувари на транспонираното acquis. Друга област каде напредокот се уште не е задоволителен е прекуграничната соработка и интеграцијата, вклучително и со соседните земји-членки на ЕУ. Бугарската забрана за извоз на електрична енергија претходно оваа година беше болен повик за будење за ова ". Повеќе... Секретаријатот го објавува Извештајот за мониторинг на електрична енергија од Западен Балкан Извештајот на Секретаријатот за мониторинг на електрична енергија на WB6 за електрична енергија, објавен на 15 ноември, го нагласува обновениот импулс во спроведувањето на националните и регионалните енергетски меки мерки по формирањето на новите влади во целиот регион WB6. На национално ниво, постигнат е напредок во однос на создавањето на национални размени на енергија и имплементација на правилата за одвојување во рамките на Третиот енергетски пакет. Црна Гора, каде што регулаторот донесе прелиминарна одлука за сертификација на операторот на преносниот систем, операторот на дистрибутивниот систем беше функционално раздвоен и новоформираната компанија дојде во првите редови во овој известувачки период. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 176

Страница 4

Деветти Форум за нафта Деветтиот Форум за нафта на Енергетската заедница, кој се одржа на 27 и 28 ноември 2017 година во Белград, се фокусираше на нафтените резерви како дел од безбедноста на снабдувањето со енергија, инфраструктурата на Енергетската заедница и предизвиците што претстојат, трендовите во петрохемиската и индустријата за рафинирирање, климатските промени и ниско јаглеродните стратегии, затоа што стандардите за квалитет на горивото се важни за Договорните страни во Енергетската заедница. Учествуваа осум клучни учесници, вклучително и претставници на влади, нафтени компании и инвеститори. На 9-тиот Форумот за нафта официјално беше отворен од страна на државниот секретар на Министерството за рударство и енергија, г-ѓа Мирјана Филиповиќ, која потврди дека нафтената безбедност, како дел од безбедноста на снабдувањето, е клучен приоритет за Србија и Енергетската заедница со оглед на виталноста треба да им гарантираат на потрошувачите континуиран пристап до нафтените продукти. Г-ѓа Филиповиќ, исто така, го претстави најновиот напредок на Србија во воспоставувањето на нафтените резерви, постигнувањата за квалитет на горивото, а особено напорите на Србија за изградба на акции во согласност со долгорочните, среднорочните и годишните програми на земјата. Повеќе...

Занимливости

Ирска енергетски се поврзува со континентална Европа Европската Унија ќе го забрза проектот за електроенергетско поврзување на Ирска и Франција. Се работи за проект под името Celtic Interconnector, кој е еден од 173 приоритетни енергетски проекти на Европската Комисија, но кој е од огромна важност за остварување на енергетската сигурност во Ирска, што станува уште поважно по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Овој подморски високонапонски кабел ќе има капацитет од 700 MW и би требало да биде довршен до 2025 година, а ќе го гради ирскиот оператор на електропреносниот систем RTE. Досега, ЕУ има издвоено значителни средства за потребните студии и проектна документација. Повеќе... Дефорестацијата е деловен ризик од 941 милијарда долари Според новиот извештај на Carbon Disclosure Project, компанијата која спроведува меѓународен, глобален проект за утврдување и управување на влијанијата врз животната средина, ризиците од дефорестацијата се монументални. Имено, меѓународното работење на компаниите ризикува вложувања од 941 милијарда УСД, доколку адеквато не бидат решени последиците од дефорестацијата. Анализата е спроведена на 201 компанија ширум светот, а фокусирана е на четири добра: производи од говедско месо, палмино масло, дрвни производи и соја. Повеќе... Mercedes – Benz арената е првиот LEED Platinum сертифициран стадион во САД Стадионот Mercedes -Benz и официјално стана првиот LEED (Leadership in Energz and Environmental Design) Platinum сертифициран стадион во САД. Новиот дом на тимот на Atlanta Falcons, од NFL (Националната фудбалска лига), е дело на архитектите од HOK, и доби 88 бодови при оценувањето за сертификацијата. Највпечатливиот дел од овој стадион е секако уникатниот подвижен покрив. Во целина, оваа арена е извонреден пример за одржлива градба и иновативност во перформансите. Проектот овозможува заштеда на вода и енергија во значителни количини. Имено, стадионот користи 47% помалку вода отколку

што тоа е случај со основните стандарди, како и модерен систем за собирање на дождовницата. Огромниот зелен простор околу стадионот, овозможува организирање на бројни настани во деновите кога не се играат натпревари. Електричната енергија за стадионот се обезбедува преку 4.000 фотоволтаици. Дури и посетителите на стадионот имаат можност да се грижат за одржливиот развој, бидејќи имаат на располагање 48 станици за полнење на електрични автомобили, паркинг за велосипеди и други содржини. Повеќе... Продажбата на електричните возила зголемена за 63 проценти Според Bloomberg, продажбата на електрични возила на глобално ниво, има забележано раст од 63% во третиот квартал од 2017, споредено со вториот квартал од годинава. Имено, во третиот квартал од годинава, продажбата забележала рекордно ниво, главно поради зголемената побарувачка во Кина, што е резултат на заострените законски одредби во оваа земја поврзани со заштитата на животната средина. Втор најголем пазар за електрични автомобили е Европа, додека на третото место е Северна Америка. Анализите упатуваат дека во оваа година бројот на продадени електрични возила ќе надмине еден милион. Пазарот на електрични автомобили бележи раст од година во година, а во добар дел тоа се должи и на забрзаниот развој на инфраструктурата односно станиците за полнење на овие возила. Во последниот период, многу градови и земји, најавија построги критериуми во врска со загадувањето на воздухот, па еден од можните потези во иднина е целосна забрана за продажба на автомобили на фосилни горива. Повеќе

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации International Conference on Heat Transfer and Fluid Flow (ICHTFF) 6ти до 7ти јануари 2018 Стокхолм, Шведска Конференцијата ќе ги опфати областите како што се сушење, складирање на енергија, животната средина и пренос на топлината, експериментален проток на флуид и пренос на топлина и многу повеќе. World Future Energy Summit 2016 15ти до 17ти јануари 2018 Абу Даби, ОАЕ WFES 2016 ќе привлече повеќе од 30.000 делегати од 170 различни земји, кои претставуваат експерти од индустријата, технологијата, финансиите и владиниот сектор.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.