Info macef br 169

Page 1

Број 169

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Април 2017

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! МАЦЕФ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ. Обврска за продолжување на овластувањата. За подетални информации јавете се на нашата електронска адреса. Нашите честитки се упатени до Јасминка Димитрова Капац, која се стекна со два сертификата и тоа за Управување со Енергијата во Индустријата (ИСО 50001) и како експерт за Парни системи. Обуката беше реализирана од страна на УНИДО, а организирана од РЕЦ Скопје. Април месец не’ изненади со бројните студени денови. Помисливме дека се вратил месецот Февруари. Како и секогаш вашето внимание сакаме да го насочиме кон нашите меѓународни активности. Но со завршувањето на три проекта во ЕУ програмата Интелигентна Енергија, активностите се смалија. Учество на обука (во Загреб) за администратори на софтверската алатка MVP како дел од проектот multEE. Подготовка на работен материјал за учество на работна средба за реализација на СЕЕРМАП проект. Учество на меѓународен воркшоп во Скопје заради дискусија по 3 члена од Директивата за Енергетска Ефикасност. Имавме средба со експертски тим формиран од Швајцарската амбасада, кои имаа за цел да согледаат кое подрачје од енергетиката е од особен интерес за Македонија, за да се формира програм, финансиран од Швајцарија. На 13.04. во просториите на МАНУ имаше дискусија за Националниот извештај за климатски промени. Се нафативме да организираме Меѓународна конференција Заштеди на енергија – Обработка на податоци, во која на регионално ниво ќе ги претставиме нашите достигнувања и ќе ги споредиме со другите земји во регионот. Стандардно, МАЦЕФ ја одржува својата традиција, секоја година да организира средби во рамките на “Неделата на енергетика“. Оваа конференција планираме да се одржи на 22 јуни. Се привршуваат активностите за регистрирање на Здружението на лиценцирани енергетски контролори. Поздрав до следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

UNDP, REC и GIZ- Советување за примената на поедини членови од ЕУ Директивата за енергетска ефикасност На 27 и 28 април се одржа дводневно советување за примената на членовите 7, 8 и 16 од ЕУ Директивата за ЕЕ. Во објаснувањето на примената на овие членови од страна на ЕУ земјите воведни излагања имаа експертот на УНИДО Марко Матеини и претставникот на Австриската Агенција за енергетика Грегор Тениус. Проф. К.Димитров (МАЦЕФ) имаше воведно излагање за нивото на спроведување на овие членови во Македонската пракса и законодавство. Оваа манифестација после спроведената обука, беше збогатена со промоцијата на експертите за енергетско управување во индустријата (ИСО 50001) и експертите за Парни системи. Јасминка Димитрова Капац, го збогати своето професионално портфолио и со овие два сертификата. (КД) Одржана обука за администратори на МВП софтверот во Загреб На 20 и 21 април 2017 година, претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Агенција за енергетика на Република Македонија присуствуваа на обуката за администратори на МВП софтверот за следење и потврда на енергетските заштеди одржана во Енергетскиот институт Хрвоје Пожар, Загреб, Хрватска, а организирана од проектот мултЕЕ. На обуката, освен наставата за администрирање на софтверот, значително време се посвети за најдобрите практики од Хрватска, земја која успешно го применува МВП софтверот во моментов. Овој софтвер се очекува да најде примена и во Македонија, и истиот треба да биде администриран од Агенцијата за енергетика па затоа обуката имаше големо значење за нашата држава. Ова е втора обука за МВП софтверот на ниво на Централна и Југоисточна Европа, после обуката во Скопје во месец ноември 2016 година. (СП) Повеќе... Средба со консултанти – развој на нов проект На барање на Амбасадата на Швајцарија, техничкиот оддел, во просториите на МАЦЕФ се одржа консултативна средба со Г-дин Дејан Зрмановски (AFConsulting, Skopje), Beat Mullet (AF-Consult Switzerland и Pascal Steingruber (European Energy Award Expert, Switzerland). Основна тема на средбата беше дефинирање на подрачје од секторот на енергетиката, што е од посебен интерес за Македонија, а да биде финансирано од страна на Швајцарската Амбасада. (КД)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 169

Страница 2

СЕЕРМАП проект Вo текот на месец април активностите од проектот СЕЕРМАП (‘South Eastern Electricity Roadmap” – SEERMAP) беа концентрирани на проверка и уточнување на податоците за производството на електрична енергија во нашата земја, како и внесување на податоци за застапеност на ОИЕ во нашиот енергетски сектор. Сите овие активности беа направени со цел да се добијат доволно податоци за креирање на повеќе сценарија за можностите за декарбонизација на производството на електрична енергија за периодот 2016 до 2050 година. Кога сценаријата ќе бидат моделирани и подготвени, истите ќе бидат претставени пред повеќе институции од енергетскиот сектор. Се очекува, финалните резултати да бидат добиени при крајот на мај 2017 година. (ЖИ) Повеќе... Присуство на обука – ТАКСО Од 4 до 6 април 2017 година во хотелот Континентал во Скопје се одржа обука за обучувачи на кој присуствуваше и Жарко Илиевски како претставник на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Обуката беше организирана од Ресурсниот центар на ТАКСО воден од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО. На оваа обука беа презентирани начините на комуникација при обуки и дискусии, презентирање на различни типови на материјали, водење на дебати. На оваа обука присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации од Македонија кои држат обуки на различни целни групи од населението. Оваа обука одлично ја реализираа г-ѓа Гонце Јаковлеска и г-ѓа Валентина Чичева од МЦМС. Во текот на трите дена учесниците имаа можност да ги подобрат своите комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини, како и да се здобијат со знаење за техниките и методите за обука. На самиот крај, наученото успеаја практично да го преточат во дизајнирање на една сесија од обука која ја спроведоа пред останатите учесници и предавачите. (ЖИ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Промовирана првата стратегија за климатски промени на Град Скопје Промоција на првата Стратегија за климатски промени на Град Скопје. Стратегијата е подготвена со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Стратегијата содржи сеопфатни анализи, препораки и акции за подобро справување со климатските промени, за нивно намалување и адаптирање, како и за јакнење на урбаната отпорност. Во Стратегијата се опфатени акциите за намалување на причините за климатските промени, базирани на изработениот Инвентар на стакленички гасови за 2008 и за 2012 година, пресметани за трите главни сектори: снабдување со енергија, згради и транспорт. Притоа, земени се предвид веќе преземените активности од Градот Скопје во различни области: енергетската ефикасност, јавниот транспорт, подобрувањето на условите за одвивање на сообраќајот, развивањето на алтернативниот сообраќај, заштитата на воздухот и на водите, комуналните услуги, јавното зеленило, заштитата на здравјето на луѓето, помошта за ранливите групи и лицата со посебни потреби и др. Акцискиот план на Стратегијата предвидува голем број активности во сите области, при што, највисок приоритет имаат превенцијата и заштитата од поплави и зелената инфраструктура. Висок приоритет е даден на: Воспоставување и унапредување на системот за предупредување; информирање и подигање на свеста, како и други институционални и организациски мерки, Урбанистичко планирање заради заштита од поплави, Заштеда на чиста вода за пиење, реупотреба, одведување на отпадни и атмосферски води, Формирање и рехабилитација на јавните зелени простори – изјавува градоначалникот Коце Трајановски. Според податоците во стратегијата, доколку не се преземе ништо во наредните години, емисиите на стакленички гасови ќе се зголемат за 25% во 2020 година. Но, доколку се имплементираат мерките кои се веќе планирани во стратешките документи и развојни планови на општините и на Градот Скопје, емисиите можат да се намалат за 22%. - Од големо значење е да се направи вистинскиот избор. Секоја година температурите стануваат се повисоки, а екстремните природни непогоди се повеќе се позачестени, јасно е дека итно треба да се засилат напорите за справување со климатските промени и подготовка за нивните последици. Скопје презема водечка улога на ова поле и ние го охрабруваме и градот и граѓаните да ги спроведат мерките коишто се предложени во новата стратегија – изјавува г-ѓа Луиза Винтон, претставник од УНДП. (БК) Повеќе... Производство на пелети од земјоделски отпад во Могила Искористувањето на слама од житни култури која што не се користи, за производство на пелети, е предвидено во проектот што го реализира Општина Могила во соработка со Македонското научно друштво (МНД) – Битола. Проектот е поддржан од ЕУ и изнесува околу 150.000 евра. Се очекува да се овозможи целосно загревање на општинската зграда со специјална пелетерка. Котли на пелети се поставени и во подрачното училиште во селото Беранци. – Со

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 169

Страница 3

употреба на пелетите од слама ќе заштедиме или ќе намалиме над 60 отсто од досегашните трошоци за електрична енергија. Со проектот се овозможи да се користи неупотребливата слама од житните култури, нивна преработка во пелети, а потоа енергетско искористување за потребите на општинската зграда, но и некои објекти од образованието, истакнува градоначалникот на Могила Стево Пивковски. Искуствата од проектот ќе бидат пренесени на фармерите кои ќе имаат можност да научат, изјавува Пивковски, како неупотребливите суровини да ги направат употребливи. – Ефикасно реализираниот проект ќе промовира нов пазар за отпадна биомаса од земјоделството, користење отпадна слама и склучување договори за нејзина набавка, изјавува проектниот менаџер од МНД-Битола Марија Димова. (БК) Повеќе... Завршен Твининг проектот за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии На 27.04.2017, со свечeна церемонија се затвори Твининг проектот финансиран од ЕУ: “Зајакнувње на административниот капацитет на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ЕУ”. Оваа Директива за интегрирано спречување и контрола на загадувањето пропишува правила за спречување или, во најмала рака, намалување на емисиите во воздухот, водата и почвата како и спречување на генерирањето на отпад. Целта е да се постигне високо ниво на заштита на животната средина преку ефективна постапка на издавање на индустриски дозволи која ќе се проследи со систем на мониторинг и инспекција. Исто така, Директивата обезбедува механизми на флексибилност кои во одредени случаи можат да се применат на индустриските инсталации. Со преку 150 големи индустриски “А-инсталации” и повеќе од 500 помали “Б-инсталации” индустриските активности во земјата претставуваат битен фактор кој влијае врз медиумите на животната средина, како што се воздухот и водата, но и врз човековото здравје. Ефективниот систем на издавање на дозволи може да помогне при контрола на релевантните емисии за да се обезбеди примена на високи стандарди на спречување на загадувањето. За да се обезбеди понатамошно зајакнување на издавањето на дозволи, Европската Унија преку Инструментот за пред-пристапна помош го финансираше овој Твининг проект кој што траеше 19 месеци (октомври 2015 год.април 2017 год.) и имаше буџет од 900.000 евра. Главниот корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање. Во активностите на проектот беа вклучени и ЗЕЛС заедно со неколку општини, Државниот инспекторат за животна средина, како и други институции/министерства, Стопанската комора и претставници од индустријата, НВО, констултантски агенции, итн. Главните партнери од земја членка на ЕУ беа Австриската агенција за животна средина и Галициското регионално министерство за животна средина (Шпанија). (СП) Повеќе... Одржана консултативна средба со граѓанските здруженија и иницијативи за предлог праговите за информирање и алармирање на ПМ 10 честичките Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети одржа работна средба со претставниците на граѓанските здруженија и иницијативи кои доставија забелешки до Министерството во однос на предлог Уредбата за дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за

гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели. Од страна на невладиниот сектор присуствуваа претставници на граѓанските иницијативи: О2 коалиција за чист воздух, Воздух сега, Ние сме Карпош 4, Стоп на загадувањето, Скопје смог аларм, Спас за Водно, Куманово бара чист воздух, Скопје бара чист воздух, Охрид СОС, како Здружението прва детска амбасада „МЕЃАШИ“, Еколошкото здружение – Движење ЕКО ГЕРИЛА – Тетово, Здружението за развој и активно делување и потикнување на граѓански сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ – Битола и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. На средбата, стручните лица на Министерството низ конструктивен разговор ги образложија предлог-праговите за информирање и алармирање на ПМ 10 честичките и ги сослушаа забелешките на јавноста во однос на предлог Уредбата. (СП) Повеќе... Нова сезона од едукативниот серијал Енергетска математика Главниот фокус во второто продолжение од едукативниот серијал „Енергетска математика – нова генерација„, вели ЕВН Македонија, е ставен на рационалното користење на енергијата и во објекти каде што трошокот за електричната енергија е на товар на некој друг. -Главните ликови, помладата генерација од семејството Јаневи што ги гледавме и во првата сезона, заедно со своите другари ќе нé водат на неколку различни локации, како ресторан, хотел, факултет, теретана, канцеларија, супермаркет и кафуле. Преку лични примери ќе ни кажат како и надвор од дома да се однесуваме одговорно и да бидеме енергетски ефикасни преку менување на нашите навики, се вели во соопштението. Во втората сезона на едукативниот серијал, покрај едукацијата за значењето на енергетската ефикасност, акцент се става и на заштитата на животната средина и намалувањето на стакленичките гасови во атмосферата, што индиректно се постигнува со намалување на потрошувачката на електрична енрегија. -Енергетската ефикасност значи да се направи повеќе со помалку енергија. Со подобрување на вашата енергетска ефикасност, ги намалувате трошоците, а не ја губите удобноста на вашиот дом или канцеларија. Со менувањето на нашите навики, заедно постигнуваме повеќе. Кога користиме помалку енергија, спасуваме драгоцени природни ресурси и го намалуваме загадувањето. Токму затоа, ЕВН и натаму ќе остане посветена на овој сегмент, бидејќи ефектите веќе се забележуваат, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Едукативниот серијал „Енергетска математика – втора генерација“ е дел од Платформата за енергетска ефикасност што ЕВН Македонија, заедно со Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Македонија, ја спроведува од 2012 година. Во нејзини рамки се одржаа низа едукативни активности за граѓаните, компаниите и за студентите, а целта е поголема примена на енергетската ефикасност во сите сегменти од современото работење и живеење. (СП) Повеќе...

Новости од светот

Велика Британија: Еден ден без производство на електрична енергија од јаглен Петок, 21.04.2017 беше првиот работен ден во кој Велика Британија не произведуваше електрична енергија од јаглен. Единствената термоцентрала која била во погон, била исклучена еден ден претходно. Во минатото, Велика Британија имаше повремени кратки периоди во кои енергетскиот систем беше снабдуван од „чисти“ енергенси, како природниот гас, обновливите извори на енергија и нуклеарната енергија, а истото беше постигнато со зголемување на нивното учество во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 169

Страница 4

енергетскиот микс. Најдолгиот период беше 19 часа – постигнат во викенд ден во Мај минатата година. Производството на енергија од јаглен е во значително опаѓање изминатите години и е вклучен со вкупно 9% во 2016 година, споредено со 2015 година кога овој процент бил 23%. Ваквото намалување се должи и на фактот дека во термоцентралите на јаглен сега се согорува биомаса како што е дрвениот чипс. Последната термоцентрала ќе мора да се затвори во 2025 година, одлука што е донесена како дел од владиниот план да престане со употребата на фосилни горива со цел Британија да ги исполни своите заложби кон спречување на климатските промени. (ВП) Повеќе... Еколошко пакување од озрачени нановлакна На целата планета, фрлените пакувања од храна ги загадуваат јавните површини и брзо ги пополнуваат јавните депонии. Препознавајќи ја штетата што ја предизвикуваат овие материјали врз животната средина, како и ограничувањата за нивно рециклирање, канадските научници спровеле истражување за ново биоразградливо, еколошко пакување добиено со помош на технологија со зрачење. Инаку, пакувањата изработени од природни полимери можат да помогнат во решавање на предизвиците кои произлегуваат од неразградливите пакувања за храна и можат да придонесат кон намалување на најголемиот причинител за загадување на животната средина. Производството на биоразградлив „активен“ материјал се врши преку комбинирање на суровите обновливи соединенија како што се скроб или протеини со наноцелулоза, којашто е всушност природен полимер што содржи наноцелулозни влакна, а потоа заедно се подлегнуваат на зрачење. На овој начин се добиваат материјали со подобрени својства во споредба со конвенционалните материјали, во однос на нивната долготрајност, биоразградливост и водоотпорност. (ВП) Повеќе... Европа се откажува од изградба на нови термоцентрали Европскиот енергетски сектор ја изјави својата намера да се откаже од јагленот како енергент и да се насочи кон производство на чиста енергија. Според Еурелектрик, која застапува 3500 компании од Европа со вкупен промет од 200 билиони евра, во моментов Европа е одлучна да ја превземе водечката улога во производството на чиста енергија за сите жители, а електричната енергија да стане основниот енергенс во ниско-јаглеродното стопанство. Дополнителната изјава на Еурелектрик исто така нагласува дека Европскиот енергетски сектор верува дека постигнувањето на целите за декарбонизација, како што е и наведено во Парискиот договор, е многу важно за обезбедување на одржливоста на глобалната економија. За да се остварат овие цели, Европа планира да ги прекине инвестициите во нови термоцентрали на јаглен по 2020 година. Сепак оваа намера не беше поддржана од страна на полските и грчките членки на асоцијацијата. (ВП) Повеќе...

Занимливости ЕБРД со грант ја финансира првата ветерна електрана во Србија Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) со грант во вредност од 50 милиони евра ја поддржува компанијата Electrawinds K-Wind од Србија која планира да го гради првиот ветерен парк во Србија. Проектот е проценет на 185 милиони евра за што се обезбедени комерцијални заеми во висина од 140 милиони евра. Ветерната фарма со моќност од 104,5 MW ќе биде сместена северно од градот Ковачица, 50 km североисточно од Белград а се состои од 38 ветерни турбини со моќност од по 2,75 MW. Србија 70% од потребите за енергија ги добива од јагленот, а 30% од хидроелектраните. Нејзина цел е да се постигне 27% од вкупната годишна потрошувачка на енергија

да биде од обновливи извори на енергија до 2020та година. (БК) Повеќе... Како Шварцарија ја искористува топлината на земјата за загревање и ладење Познатиот научник во секторот на геотермалната енерија и гостински предавач на многу универзитети ширум светот, професорот Ladislaus Rybach од Универзитетот ETH во Цирих, на 5ти април на Факултетот за инженерство и бродоградба одржа предавање за искуствата на Швајцарија во примената на геотермалните топлински пумпи. Професорот нагласува како примената на геотермалните топлински пумпи во Швајцарија имаат долга и успешна традиција со годишен пораст од 12%. Главниот дел на производството на топлинската енергија во Швајцарија доаѓа од геотермалните топлински пумпи со кои што се загреваат просториите, со околу 3,06 TWh. Од нив 86% (2626,1 GWh) се добиваат од изменувачот на топлина во вертикалните бушотини на земјата. Постојано е во пораст инсталацијата на геотермалните топлински пумпи кои што служат за греење или ладење. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конфренција за енергетскиот инженеринг и паметните материјали 7ми до 9ти јули 2017 Лион, Франција Целта на конференцијата е да се претстават најновите резултати и истражувања на научниците кои се поврзани со темите за Енергетскиот инженеринг и Паметните материјали. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за индустриски и интелегентни информации 11ти до 14ти јули 2017 Краков, Полска Целта на конференцијата е да се обезбеди платформа за истражувачите, инженерите, академиците како и за професионалците од целиот свет да ги претстават своите резултати од истражувањата и развојните активности во областа на индустриските и интелегентни информации. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за енергетското истражување и животната средина 17ти до 20ти јули 2017 Порто Ново, Португалија Во рамки на тридневниот саем РЕНЕКСПО ќе се одржи и конференцијата која се фокусира на најновите технологии кои се однесуваат на енергетското истражување и животната средина. (БК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.