Инфо мацеф бр 175

Page 1

Број 175

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2017

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во согласност со статутарните одредби и расположливите ресурси, од овој број главен уредник на овој наш информативен билтен кој редовно излегува 14 години и 7 месеци е претседателот на МАЦЕФ, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац. Досегашниот уредник, проф. К. Димитров “делумно се повлекува во пензија“, иако ќе биде редовно присутен на овие наши страници. Колегата Ж. Илиевски во Измир (Турција) учествуваше на состанок на GGF техничката поддршка со учесниците од неколку земји. За да се задоволат потребите на енергетските контролори, во периодот од 14 до 16 декември ќе го реализираме Четвртиот циклус на обука за Усовршување на енергетски контролори. Ако потенцијалните кандидати имаат потреба оваа обука да се организира порано, заради датумите на важност на нивните овластувања, треба да ни’ се јават и да се договориме за промена на термините. Условите за пријавување за четвртиот циклус ќе ги најдете на нашата страница www.macef.org.mk Усовршување на енергетски контролори трет циклус – Програм и План за Енергетска ефикасност на град Скопје Стручно советување од проектот GGF во Измир Во меѓувреме, кандидатите кои ја следеа обуката за усовршување во МАЦЕФ, си ги подигнаа своите нови Овластувања од Министерството за економија. Сеуште сме во очекување да ја “видиме“ и првата нацрт-верзија на Законот за енергетика, а се надеваме дека тој ќе биде поделен во два назависни закони (за Енергетика и за Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија). Кога ќе ја добиеме верзијата на Законот/те, веднаш ќе ја објавиме и на нашиот веб портал и ќе ве поканиме да придонесете за негово оформување. Нашите очекувања (желби) се во него да се дозволи приватните лица да смеат да вградуваат на своите покриви фотонапонски колектори (со определен капацитет) при директно врзување со дистрибутивната мрежа. Со тоа ќе се намали висината на инвестицијата (нема потреба од акумулатори), а веруваме ќе се подобри и квалитетот на електричната енергија во дистрибутивната мрежа (напон) и сигурно ќе се намали и загадувањето на воздухот, ако електричната енергија од сонцето ги замени дрвата и телните горива.. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори

- мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Усовршување на Енергетски контролори – Трет циклус Третиот циклус за Усовршување на енергетски контролори, во согласност со најавениот интерес на мал број и потребите на учесниците, се реализираше во два дела и тоа на 20 и 21 октомври (петок и сабота), и во период од 25.10 до 2.11. Иако бројот на учесниците беше мал, ние, како сериозна организација, излеговме во пресрет на потребите на кандидатите Предавањата за првата група започнуваа во 10 часот, за да можат учесниците кои не се од Скопје, да допатуваат на време, а и да се вратат дома. За втората група учесници, сите од Скопје, обуката се организираше после завршувањето на нивното работно време почнувајќи од 17 часот. Основната Програма за Усовршување на контролорите, беше дополнета со предавања кои се поврзани со пресметка на заштедите на енергија од мерки за енергетска ефикасност, според методата Оддолунагоре. Оваа метода е и дел од Правилникот за енергетска контрола. При тоа, на обуката беа претставени 40 случаи (приготвени за потребите на земјите членки на ЕУ). Исто така, на обуката беа прикажани основите за користење на софтверската МВП Платформа, која треба да ја превземе Министерството за економија, а да ја користи Агенцијата за енергетика. Овој материјал (книга од 300 страни) беше даден на учесниците во рамките на цената за обука.Во практичниот дел за решавање на задачи, беа прикажани примери за пресметка на премин на топлина кон подови со различна конфигурација, како и премин на влага (дифузија на водена пара) низ ѕидовите на објектите. Овој дел не е опфатен со сегашниот Правилник за енергетски контроли, но сметаме дека е битен елемент при изработката на енергетските контроли. Иднината на секторот за електрична енергија за земјите од Југоисточна Европа до 2050 година - Извештај Проектот за електрична енергија на Југоисточна Европа (SEERMAP) разви сценарија за секторот на електрична енергија до 2050 година, со фокус на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Србија, Македонија, Косово, Црна Гора и Романија.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 175

Страница 2

Сценаријата за идниот развој на секторот за електрична енергија во регионот вклучуваат сценарио без цел, кое го одразува спроведувањето на постојните енергетски политики; Сценарио за "декарбонизација", кое ја рефлектира долгорочната стратегија за намалување на емисиите на CO2 во согласност со целите за намалување на емисиите на ЕУ за секторот на електрична енергија во целина; и "одложено" сценарио, кое вклучува првична имплементација на тековните национални инвестициски планови проследени со промена на насоката на политиката од 2035 година па наваму, што резултира со реализација на скоро истата цел за намалување на емисиите во 2050 година како сценарио за "декарбонизација". Трансформацијата повторно е поттикната од зголемената цена на CO2 и зголемената поддршка за ОИЕ од 2035 година па натаму. Регионот на SEERMAP ќе треба да замени повеќе од 30% од својот сегашен капацитет за производство на ел. енергија од фосилни горива до крајот на 2030 година, а повеќе од 95% до 2050 година. Ова преставува и предизвик за да се обезбеди рамка на политика која ќе поттикнува нови инвестиции и можност да го обликува секторот на електрична енергија на долг рок во согласност со пошироката стратегија за енергетска транзиција, без ограничувања од сегашното портфолио на производство на ел.енергија. Секторите за електрична енергија на земјите од Југоисточна Европа споделуваат заеднички предизвици: застарени капацитети за производство на електрична енергија, главно базирани на лигнит и потреба од нови инвестиции, чувствителност на потрошувачите од високи цени на крајните корисници и несигурни фискални услови на државните претпријатија. Но, постојат и заеднички можности. Регионот има голем потенцијал за производство од сончевата, ветерната и производство на ел.енергија од биомаса, голем хидропотенцијал за балансирање на системот и системот генерално е добро поврзан. Започнат во периодот на 23-тата седница на Конференцијата на партиите (COP 23) кон Конвенцијата на ОН за климатски промени (UNFCCC), Извештајот служи за навремено и информирање на политичките дијалози помеѓу засегнатите страни во националните и регионалните контексти. Додека националните поставувања се разликуваат, регионалниот патоказ зафаќа патувања до 2050 година без јаглерод, кои имаат огромни импликации врз достапноста, одржливоста и сигурноста на идното производство на ел.енергија. Извештајот открива дека е можно да се намалат емисиите на CO2 во регионот на електрична енергија во опсег од 93-99%, како што е целта на Европската унија, со искористување на потенцијалот за обновлива енергија во регионот. Во исто време, резултатите покажуваат дека електричните централи за јаглен и лигнит нема да бидат комерцијално одржливи на долг рок според Шемата за тргување со емисии на ЕУ, која се претпоставува дека ќе се спроведува од 2030 година во Западен Балкан. Природниот гас игра минлива улога за замена на дел од затворените електрани на јаглен пред да биде отстранет од електроенергетскиот систем до 2050 година. Земјите што пристапуваат во ЕУ ќе бидат изложени на заеднички процеси за либерализација на пазарот, интеграција и декарбонизација како резултат на усвојувањето на правото на ЕУ за енергетика. Либерализацијата на пазарот на електрична енергија и високиот степен на интерконекција подразбираат приближно еднакви големопродажни цени на електрична енергија во регионот и регионална конкуренција меѓу производителите. Планирањето на секторот за електрична енергија, според тоа, треба да се префрли од национално на регионално ниво за да се намалат трошоците за декарбонизација и да се зголеми безбедноста на снабдувањето. Проектот го спроведуваше меѓународен конзорциум предводен од Регионалниот центар за истражување на енергетските политики (РЕКК). Финансирањето на проектот беше обезбедено од австриското сојузно министерство за земјоделство, шумарство, животна средина и водостопанство и Европската климатска фондација. За Македонија регионален партнер беше здружението МАЦЕФ. Повеќе...

Програм и План за Енергетска ефикасност на Град Скопје

Во месец октомври започна реализацијата на проектот за подготовка на Програмот за енергетска ефикасност на Град Скопје кој го реализира МАЦЕФ. Во таа насока, тимот на МАЦЕФ почна активно да ги посетува објектите кои се во владеење на Градот. Планирани се во следните два месеца да се реализираат посети на 40-тина објекти од секторот образование, култура, спорт и секако јавни претпријатија. Заклучоците и забелешките од посетите ќе бидат внесени во енергетските контроли кои ќе бидат подготвени за секој објект, а следствено ќе бидат предложени и мерки за подобрување на работните услови и на потрошувачката на енергија. Сите мерки ќе бидат рангирани во Програмот и Акциониот план за енергетска ефикасност на Градот со што ќе се создаде приоритетна листа на мерки зависна од повеќе различни фактори. Во состав на посетите, ќе се извршат и термографски снимања на објектите со цел да се забележи топлинопредавањето на одредени делови од обвивката како и постоечки топлински мостови. Годишен состанок на GGF техничката поддршка На 19-ти и 20-ти октомври, во хотелот Свисотел во Измир, се одржа годишниот состанок на секторот за техничка поддршка на GGF фондот. На овој состанок учествуваа 20 учесници од земјите на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Централна Азија. На состанокот се анализираа досегашните резултати од работата на фондот, активностите кои ги изврши техничката поддршка на фондот, а се разговараше и за идните чекори за промоција на продуктите на оваа кредитна линија. Од присутните учесници беа дадени дополнителни совети за подобрувањето на услугата на фондот кои беа разгледани од страна на организаторите. Во прилог на состанокот беше извршена и посета на фабрика за изработка на ветерници,на URLA ветерната фарма како и на Технолошкиот парк во Измир каде лоцираните компании одржаа презентации на свои производи од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 175

Страница 3

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Целосната гасификација приоритет против загадувањето Во документот „Приоритети

за идниот развој на Македонија“ меѓу другото,

се укажува на потребата од инвестиции во инфраструктурата за зголемување на учеството на природниот гас и на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на енергија. Речиси за сите важни медиуми и аспекти на животната средина (води, воздух, отпад, мониторинг) се донесени национални стратегии со кои се даваат основните насоки за решавање на постојните проблеми и планирање на основните активности во иднина. Исто така, речиси за сите медиуми и значајни елементи од заштитата на животната средина се изготвени долгорочни и краткорочни планови за заштита на животната средина. Еден од најзначајните документи во оваа насока е изработениот прв и втор Национален акциски план за животната средина. Земајќи ги предвид сите податоци од извршените мерења, микрофизичките и хемиските процеси на загадувачките супстанции во воздухот, социоекономски фактори и анализи, ефикасноста на имплементацијата на донесените законски прописи и ефектите врз здравјето на луѓето и животната средина, потребно e да се имплементираат мерките за редукција на емисиите и заштита на квалитетот на воздухот, идентификувани во донесените плански документи, а заради подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и намалување на влијанието на загадувањето врз здравјето на луѓето и животната средина. Централните и локалните власти треба да бидат далеку поригорозни во контро- лирањето на состојбите во доменот на загадувањето на животната средина и во барањата за доследно почитување на регулативата - се вели во документот. Во него се додава дека недостигот од финансиски ресурси за заштита на животната средина може, барем донекаде, да се компензира и со средства од европските фондови или со средства што се добиваат на билатерална основа. Повеќе... Лабораторијата на МЕПСО прва сертифицирана за испитување на 10 својства на изолациски материјали Лабораторијата за испитување на изолациски материјали на МЕПСО стана првата сертифицирана лабораторија во државата за испитување на 10 својства на изолациски материјали што се користат во трансформатори и прекинувачи. Од компанијата велат дека лабораторијата добила акредитација согласно меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006 и оти сертификатот е издаден овој месец од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија.

Лабораторијата е сертифицирана за испитување на следните својства кај изолационите материјали: густина, талог, диелектрична цврстина, коефициент на диелектрични загуби, специфичен електричен отпор, содржина на вода, точка на палење, кинематска вискозност, земање примероци за изолациски масла и испитување на квалитет на СФ6 гас. Лабораторијата е дел од подружницата Оператор на преносната мрежа (ОПМ), во составот на МЕПСО. Основана е 2000 година за периодични испитувања на квалитетот на изолациските масла (трансформаторско масло и масло за прекинувачи). Во 2011 година опремена е и со инструмент за онлајн испитување на квалитетот на SF6 гас што се користи како изолациски медиум во прекинувачите. Годинава набавен е и гасен хроматограф за следење на состојбата на гасовите во енергетските и мерните трансформатори. Повеќе... Како Скопје се загрева во зима? Загадувањето на воздухот носи ризици по здравјето на сите граѓани на Скопје, но најмногу ги погодува ранливите категории – лицата со хронични заболувања, децата и највозрасните. Преземањето итни акции за намалување на загадувањето е од најголема важност. Загревањето на домаќинствата во Скопје е најголемиот извор на загадувањето на воздухот, со најмалку 30% од вкупните емисии на токсични честички. Истражувањето што го спроведе УНДП на примерок од 5044 домаќинства покажува дека само 21% од домаќинствата се приклучени на системите за централно греење, додека дури 45% од домаќинствата ги загреваат своите домови со огревно дрво. Согорувањето на огревното дрво е еден од начините на греење што најмногу загадува. Покрај дрво, сиромашните семејства, користат и други уште поштетни материјали за греење кои можат да предизвикаат респираторни заболувања. Од тие причини, многу е важно да се најдат алтернативни решенија за греење на домаќинствата за да се намали загадувањето и да се заштити здравјето на луѓето. Повеќе... Анѓушев: Новиот закон за енергетика согласно препораките на Енергетската заедница Македонија подготвува нов закон за енергетика во кој ќе биде имплементиран Третиот енергетски пакет на Европската унија и мерките препорачани од Енергетската заедница. Иднината во енергетиката ќе се базира на обновливи извори на енергија, преку рационален, одржлив и исплатлив концепт. Повеќе... Климатски промени: Македонија осма најзагрозена држава во светот Новиот климатски индекс на „Џерманвоч“ ја става Македонија на високото осмо место во светот според степенот на загрозеност од климатските промени во 2016 година. На самиот врв се Хаити, Зимбабве и Фиџи. Глобалниот климатски индекс 2018 анализира до кој степен земјите се погодени од последиците на временски непогоди (бури, поплави, топлотни бранови, и.т.н.). Генерално, степенот на загрозеност е далеку поголем кај помалку развиените земји во однос на развиените индустриски држави. Од „Џерманвоч“ велат дека индексот е предупредување за она што во иднина би можело да се случува како последица од екстремни временски непогоди и климатските промени. Во претходната анализа од 2015 година, земјата се наоѓала на, исто така, високото 18 место. Повеќе...

Новости од светот Цената на нафтата на највисоко ниво во 2 години Суровата нафта од типот „брент“ за првпат за повеќе од две години се тргува за над 60 долари за барел. Инвеститорите останаа доследни на вестите од Организацијата на земјите за извоз на нафта (ОПЕК) дека ќе продолжат да се држат до намалување на производството. Суровата нафта „брент“ се искачи на седум центи на 60,51 долари за барел, додека американската сурова нафта од типот „интермедиејт“ доби три центи, тргувајќи се за 53,93 долари. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 175

Страница 4

Подемот на петро-јуанот Кина има за цел да го собори американскиот долар како валута на избор за нафтениот пазар, потег што би можел да има далекусежни последици. Лансирањето на "петро-јуани" во Кина за два месеца звучи како смртоносен удар за доминацијата на доларот. Од 1970-тите, трговијата со нафта речиси целосно се одвива во американски долари, дури и кога купувачите и производителите не се американски. Разликите на трговијата со нафта деноминирани во долари се огромни: Бидејќи цената на нафтата е проценета во долари, има голема побарувачка за долари, кредитирање на американската економска и стратешка сила. Пекинг се надева дека ќе го оспори доларот со поставување на идните пазари со сопствената валута, јуанот. За таа цел, извештаите покажуваат дека Кина треба да воведе референт за нафта во јуани во следните неколку месеци. Повеќе... Русија оди нанапред за истражување на нафта на Арктикот Ниту санкциите ниту упорно ниските цени на нафтата не ги попречуваат амбициите на Русија или плановите за развој на нафтените ресурси во нејзините делови од Арктикот. Во април, нафтениот гигант Роснефт, контролиран од државата, почна да го буши најсеверниот бунар на руската арктичка плоча во лиценцираната област Катангски во Лаптевско море. Во јуни, Роснефт го откри првото нафтено поле во Источен Арктик со оваа лиценца. Претходно, нафтената компанија извести дека обновливите резерви на теренот надминуваат 80 милиони тони нафта, што е еднакво на околу 586,4 милиони барели. Според податоците на "Роснефт", геолошките податоци укажуваат на резерви на 298 милиони тони нафта или 2,184 милијарди барели, при што нафтата е со висок квалитет и ниско ниво на сулфур. Повеќе...

Занимливости Индија ќе ја засили својата обновлива енергија Гигантскиот нуклеарен објект што ќе биде нарачан оваа година во Индија, потенцијално би можел да стане најзначајниот обновлив извор на енергија во земјата. Брзиот реактор во стилот на одгледување ќе биде еден од еден вид со користење на специјални прачки за ториум. Реакторот од 500 MW се гради во градот Калпакам на брегот на Бенгалскиот залив. Тој е дел од масивната стратегија за нуклеарна енергија. Овој тип на реактори (FBR) се различни од конвенционалните нуклеарни централи. Тие генерираат повеќе атомско гориво отколку што консумираат додека работат. Повеќе... Иновативно решение за греење во Виена: Power – 2 – Heat Постројката “Power-2-Heat” функционира на тој начин што електричната енергија која не е потребна, а се испорачува во мрежата (на пример енергијата од ветерот), ефикасно да се претвори во топлина за греење на градот. Електричната енергија се претвора во топлинска преку електродни котли со вода со капацитет од 6500 литри. Водата се загрева и преку изменувачи на топлина се предава на топлификационата мрежа. Ова е добра поддршка за топлификационата мрежа, бидејќи на овој начин можат да се грејат околу 20.000 домаќинства. Инвестицијата чинела 3,5 милиони евра. Повеќе...

Програма Energy Wood III во Црна Гора – безкаматни кредити за одржливо греење Министерството за економија на Црна Гора ја започна имплементацијата на програмата Energy Wood III, која на граѓаните им овозможува да аплицираат за безкаматни кредити во износ до 3.500 евра, со период на отплата до 5 години за набавка и монтажа на системи за греење на модерни облици на биомаса (пелет и брикет). Се работи за трета фаза од програмата, откако во претходните две фази биле вградени вкупно 775 нови системи за греење низ целата земја. Средствата се обезбедени со поддршка на луксембуршката агенција за развојна соработка, како и преку грант од Владата на Кралството Норвешка. Целите на оваа програма се фокусиранаи на постигнување економски и енергетски заштеди преку воведување на високо – ефикасни технологии, како и придонес кон намалување на загадувањето. Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации Solar, Storage & Digitalisation 4ти до 6ти декември 2017 Минхен, Германија Сончева енергија, складирање и дигитализација, организирана од страна на SolarPower Europe, ќе се одржи од 4 декември до 5 декември 2017 година во BMW Welt во Минхен, Германија. Конференцијата ќе ги опфати областите како што е влијанието на дигитализацијата на пазарите на сончева енергија и складишта, нови бизнис модели и извори на финансирање. Argus European LPG Markets Conference 4ти до 6ти декември 2017 Лондон, Велика Британија Конференцијата ќе ги собере клучните учесници на пазарот во секторот за ЛПГ. Трговците, производителите, увозниците и компаниите за маркетинг и дистрибуција на ТНГ ќе имаат корист од екстензивно вмрежување и ќе слушнат за новости и случувања на пазарот. Присутните ќе добијат вреден увид од конференциска агенда на меѓународни студии на случај и интуитивни панел дискусии кои ги испитуваат трендовите на понуда и побарувачка на ТНГ.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.