Соопштение за јавност обука 2 дек екос

Page 1

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ Скопје, петок 2 декември 2016 - Денес се соопштија резултатите од спроведувањето на кампањата ЕКОС – Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство со Презентација на Акциските планови за енергетска ефикасност и промоција на видео материјалот од процесот на спроведување на Енергeтските контроли во десетте пилот претпријатија. ЕКОС е кампања на Секторот за енергетика при Министерството за економија на Република Македонија, спроведувана од здружението МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија. Кампањата има за цел практично да укаже на големиот потенцијал за штедење на енергија кај малите и средни претпријатија и да ги информира останатите учесници во индустријата за придобивките од нивната примена. „Со оваа Кампања, Министерството за економија им помогна на десет деловни субјекти да ја оптимизираат потрошувачката на енергија, да загадуваат помалку и да ги намалат трошоците за производство при што ќе се создадат услови за нивна поголема конкурентност на пазарот. Од друга страна, придонесуваме кон националните цели за годишна заштеда на енергија преку спроведување на мерки за енергетска ефикасност во индустријата до 2018 година кои учествуваат со 14 % во вкупната потрошувачка на енергија во државата.“ – изјавија од секторот за енергетика при министерството. „Енергетските контроли беа приготвени за кус период на сметка на добрата соработка со претпријатијата. Пријавените компании Свисслион Агроплод (Ресен), ПИ Свисслион (Скопје), Дрога Колинска (Скопје), Раде Кончар – Контактори и релеи доо (Скопје), ДЕ Јуре (Скопје), Фротирка Компани АД (Делчево),  ДХУ Арка (Скопје), ЈПКД Огражден (Босилово), Електро Шарри (Желино) и   Унипалас (Кавадарци) во овој момент имаат на располагање Акциски планови за унапредување на потрошувачката на енергија во нивните капацитети. Општо гледано мерките за заштеда на енергија кои најчесто се застапени во Акциските планови се следните: - Воведување на Организациски мерки кои не бараат финансиски вложувања туку промена на начин на раководење со потрошувачката на енергијата - Набавка на опрема за редовно следење (real time) на потрошувачка на енергија - Примена на меѓународниот стандард за управување со енергија MKS ISO 50001 - Редовно сервисирање на опремата за избегнување на подолги прекини во работењето, додека од мерките кои бараат одредени финансиски вложувања чија инвестиција се враќа преку заштедите се следните:  Замена на гориво  Замена на котли и соодветно димензионирање за оптимални резултати  Искористување на отпадната топлина  Заштеда на електрична енергија (фреквентна регулација, заштеда на реактивна енергија, намалување на скапа тарифа максиграф)  Градежни мерки (топкинска изолација на подови, кров, замена на прозорци и врати)  ЛЕД осветлување  Искористување на обновливи извори на енергија  И воопшто воведување на нова технологија


Искрено се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите фирми од индустријата бидејќи резултати т.е. заштедите се гарантирани.“- рече Јасминка Димитрова Капац, сертифициран енергетски контролор од МАЦЕФ и раководител на кампањата ЕКОС. Лице за контакт: Даниела Димовска на 3090 178

За Уредниците: Факти за проектот ЕКОС – Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство ЕКОС е кампања на Министерството за економија на Република Македонија која има за цел практично да укаже дека има голем потенцијал за штедење енергија кај малите и средни претпријатија (МСП). Статистиката укажува дека потрошувачката на енергија особено кај производните МСП има голем удел во вкупните трошоци на ниво на претпријатие кои го намалуваат профитот и влијаат на конкурентноста на производот или услугата. Преку ‘домаќинско’ раководење со потрошувачката на енергија во фирмите може да се оптимизира потрошувачката на енергија, а со тоа да се намали загадувањето на животната средина и да се помогне во намалување на последиците од климатските промени. Кампањата доаѓа во вистинско време да одговори на повикот за заштеда на енергија согласно насоките на стратешкиот документ на ЕУ „Патоказ за придвижување кон конкурентно стопанство во услови на ниски јаглеродни емисии до 2050“.1 Една од клучните препораки се однесува на ефикасна потрошувачка на енергија на индустриската опрема, подобрена информираност на МСП за можностите за заштеда, енергетски контроли и воспоставување на системи за енергетски менаџмент. Оттука и националните стратешки документи ја уважуваат заштедата на енергија во индустријата како клучна мерка во севкупните активности за ефикасно користење на енергетските ресурси. Националните цели2 за годишна заштеда на енергија преку спроведување на мерки за енергетска ефикасност до 2018 година се проценуваат 90,45 ktoe1 , што претставува 14 % од вкупната потрошувачка на енергија во државата. Понатаму, оди и чекор понапред. Имено, предлог Акциските планови за ефикасно управување со енергија ќе претставуваат солидна основа за подготовка на документација за примена на Стандардот за раководење со потрошувачка на енергија 50001, при што енергетски ефикасното работење на организациите им помага во оптимално искористување на ресурсите и грижата за околината. Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ ја спроведе кампањата во периодот од јуни до ноември 2016 година. Здружението МАЦЕФ е еден од првите субјекти во Македонија што активно се занимава со енергетска политика и работи на зголемена употреба на мерки за заштеда и намалување на потрошувачката на енергија во сите домени на општеството. Повеќе за МАЦЕФ на www.macef.org.mk. Секторот за енергетска ефикасност при Министерството за економија оваа кампања ја реализира паралелно со повеќе слични активности во насока на постигнување на целите зацртани во стратешките документи наменети за зголемување на енергетска ефикасност во Република Македонија. Преку кампањата ЕКОС, Министерството за економија ја придвижува Македонија кон исполнување на националните цели за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во индустријата.

2


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.