Факти за проектот екос f

Page 1

Факти за проектот ЕКОС – Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство ЕКОС е кампањана Министерството за економија на Република Македонија која има за цел практично да укаже дека има голем потенцијал за штедење на енергија кај малите и средни претпријатија (МСП). Статистиката укажува дека потрошувачката на енергија особено кај производните МСПима голем удел во вкупните трошоци на ниво на претпријатие кои го намалуваат профитот и влијаат на конкурентноста на производот или услугата. Преку ‘домаќинско’ раководење со потрошувачката на енергија во фирмите може да се оптимизира потрошувачката на енергија, а со тоа да се намали загадувањето на животната средина и да се помогне во намалување на последиците од климатските промени. Кампањата доаѓа во вистинско време да одговори на повикот за заштеда на енергија согласно насоките на стратешкиот документ на ЕУ „Патоказ за придвижување кон конкурентно стопанство во услови на ниски јаглеродни емисии до 2050“.1 Една од клучните препораки се однесува на ефикасна потрошувачка на енергија на индустриската опрема, подобрена информираност на МСП за можностите за заштеда, енергетски контроли и воспоставување на системи за енергетски менаџмент. Оттука и националните стратешки документи ја уважуваат заштедата на енергија во индустријата како клучна мерка во севкупните активности за ефикасно користење на енергетските ресурси. Националните цели2 за годишна заштеда на енергија преку спроведување на мерки за енергетска ефикасност до 2018 година се проценуваат 90,45 ktoe1,што претставува 14 % од вкупната потрошувачка на енергија во државата. Понатаму, оди и чекор понапред. Имено, изготвените Акциските планови за ефикасно управување со енергија претставуваат солидна основа за подготовка на документација за примена на Стандардот за раководење со потрошувачка на енергија 50001, пришто енергетски ефикасното работење на организациите им помага во оптимално искористување на ресурсите и грижата за околината. Во вакви услови на работење, многу полесно се постигнува поголема конкурентност на производите и/или услугите. Потрошувачката на енергија, увид во енергетските и производните системи, како и дијагностички мерења за потребите на Акциските планови беа спроведени во претпријатијата: Свисслион Агроплод (Ресен), ПИ Свисслион (Скопје), Дрога Колинска (Скопје), Раде Кончар (Скопје), ДЕ Јуре (Скопје), Фротирка Компани АД (Делчево), ДХУ Арка (Скопје), ЈПКД Огражден (Босилово), Електро Шарри (Желино) и Унипалас (Кавадарци). Општо гледано мерките за заштеда на енергија кои најчесто се застапени во Акциските планови се следните: 1

Преземено од ‘Roadmap for moving to a competitive low carbon economy by 2050’. Достапно на: http://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:52011DC0112&from=EN 2

Втор Национален акциски план за енергетска ефикасност, Министерство за економија, 2010


-

-

Воведување на Организациски мерки кои не бараат финансиски вложувања туку промена на начин на раководење со потрошувачката на енергијата Набавка на опрема за редовно следење (real time) на потрошувачка на енергија Примена на меѓународниот стандард за управување со енергија MKS ISO 50001 Редовно сервисирање на опремата за избегнување на подолги прекини во работењето, додека од мерките кои бараат одредени финансиски вложувања чија инвестиција се враќа преку заштедите се следните Замена на гориво Замена на котли и соодветно димензионирање за оптимални резултати Искористување на отпадната топлина Заштеда на електрична енергија (фреквентна регулација, заштеда на реактивна енергија, намалување на скапа тарифа максиграф) Градежни мерки (топкинска изолација на подови, кров, замена на прозорци и врати) ЛЕД осветлување Искористување на обновливи извори на енергија И воопшто воведување на нова технологија

На фирмите по завршување на кампањата ЕКОС, на понатамошно располагање им се ставени следните алатки: -

-

Прашалник и упатство за утврдување на актуелната енергетската состојба во претпријатијата на македонски и на албански јазик Обучени лица во претпријатијата за следење на енергетските параметри, како полесно би можеле да се утврдат загуби и брзо да се реагира за нивно отстранување Акциски план, на основа реализирана Енергетска контрола од странна на серфифицирани енергетски контролори, со предлог основни и напрени мерки за заштеда и рационализација во потрошувачката на енергија Видео материјал од сите активности, со акцент на заштедите на енергија, како студија на случај за поттикнување на останатите деловни субјекти да преземаат активности во оваа насока.

Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ ја спроведе кампањата во периодот од јуни до ноември 2016 година. Здружението МАЦЕФ е еден од првите субјекти во Македонија што активно се занимава со енергетска политика и работи на зголемена употреба на мерки за заштеда и намалување на потрошувачката на енергија во сите домени на општеството. Повеќе за МАЦЕФ на www.macef.org.mk. Секторот за енергетска ефикасност при Министерството за економија оваа кампања ја реализираше паралелно со повеќе слични активности во насока напостигнување на целите зацртани востратешките документи наменети за зголемување на енергетска ефикасност воРепублика Македонија. Преку кампањата ЕКОС, Министерството за економија ја придвижува Македонија кон исполнување на националните цели за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во индустријата.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.