Инфо Мацеф бр 173

Page 1

Број 173

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Август 2017

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Август месец, е карактеристичен со тоа што најмногу го користиме за годишен одмор, по можност на некој морски брег. Тоа се чувствува и во нашата работа, затоа што сме делумно присатни на своите работни места. На јавно наддавање (всушност се работи повеќе за “поддавање“ со намалување на реалната цена на трудот), ја добивме обврската да приготвиме Програм и План за Енергетска ефикасност на град Скопје, за наредниот тригодишен период. За да ги приготвиме потребните информации, веднаш започнавме со работа. Оваа сериозна обврска ќе биде наша основна задача во наредниот период. За да се задоволат потребите на енергетските контролори, на 15 и 16 септември го организираме Вториот циклус на обука за Усовршување на енергетски контролори.

Усовршување на енергетски контролори - услови Август го искористивме за приготвување на завршните извештаи од проектот мултЕЕ. Покрај наративниот дел, посебно ангажирање захтеваше подготовката на финансискиот дел од Извештајот. Нашата нацрт верзија успешно ја “помина“ првата контрола. Во меѓувреме работиме на освојување на нови вештини. Приготвуваме наши ексел програми за брза и ефикасна пресметка на определени делови од усвоените стандарди кои се однесуваат на подрачјето на енергетската ефикасност. Се надеваме дека септември ќе донесе освежување, а со тоа и поголем процент на реализација на работните задачи! До читање со следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Усовршување на Енергетски контролори – Втор циклус Вториот циклус за Усовршување на енергетски контролори, во согласност со најавениот интерес и потребите на учесниците, ќе се реализира на 15 и 16 Септември (петок и сабота).

Предавањата ќе започнат во 10 часот, за да можат учесниците кои не се од Скопје, да допатуваат на време, а и да се вратат дома. Основната Програма за Усовршување на контролорите, ја дополнивме со предавања кои се поврзани со пресметка на заштедите на енергија од мерки за енергетска ефикасност, според методата Одолу-нагоре. Оваа метода е и дел од Правилникот за енергетска контрола. При тоа претставени се 40 случаи (приготвени за потребите на земјите членки на ЕУ). Исто така прикажани се основите за користење на софтверската МВП Платформа, која треба да ја превземе Министерството за економија, а да ја користи Агенцијата за енергетика. Овој материјал (книга од 300 страни) се дава на учесниците во рамките на цената за обука. Со цел да ги прошириме информациите кои се однесуваат на практични решенија, дел од обуката ќе се реализира во лабораторијата (технички парк) на компанијата Енергосистем. (КД)

Учесници на првиот циклус на обука за Усовршување на енергетски контролори

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 173

Страница 2

Новости од Македонија Македонија не искористи 119,7 милиони евра од ИПА Република Македонија нема да ги искористи 119,7 милиони евра од европскиот инструмент ИПА 1, а Владата прави напори до крајот на годината да се искористат 30 милиони евра, бидејќи доколку не се реализираат проектите ќе треба да се финансираат со буџетските средства за 2018 година, информираа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за финансии Драган Тевдовски. Извештајот, посочија, ќе претставува главна основа врз која ќе се изгради нов мастер-план за реформа на ИПА-системот, но и за севкупните реформи во насока на зголемување на капацитетите на државната администрација за поголемо искористување на средствата од ИПА и поголемо приспособување со ЕУ-стандардите. - Од вкупно 614 милиони евра ставени на располагање на Македонија со ИПА 1 од 2007 до 2013 година склучени се договори за искористување на 437 милиони евра или преку 70 проценти. Меѓутоа Република Македонија ќе изгуби 150 милиони евра или околу 25 проценти од средствата што ѝ биле ставени на располагање и истите ќе бидат вратени на ЕУ - рече Османи. Тој додаде дека средствата во износ од околу 30 милиони евра распределени во ризични проекти се средства што треба да се искористат до крајот на декември оваа година, а со нив треба да се финансира изградбата на граничниот премин БелановцеСтанчич, пречистителната станица во Прилеп, реконструкцијата на пругата Битола-Кременица, како и систем за интероперабилност во МВР и МНР. - Овие проекти ги ставаме во ургентни приоритети што ги адресиравме со новиот мастер-план на кој треба да се стави посебен фокус од Владата и администрацијата. На дел од проектите веќе се работи. За граничниот премин БелановцеСтаничич постоеја правни проблеми што се надминати со потпишан протокол и од денеска се преземаат конкретни чекори. Истото се однесува и на другите проекти како тој во Прилеп - рече Османи и додаде дека токму затоа со планот се предвидуваат мерки за да се подобри апсорпцискиот капацитет за искористување на средствата. Според него, позитивно е искористувањето на 437 милиони евра од европските фондови што придонеле за подобрување и унапредување на стандардите на Македонија, а меѓу проектите што биле поддржани со овие средства се реконструкцијата на 10 железнички станици, подобрувањето на капацитетите на бројни институции како МВР, Заводот за статистика, Царината, УЈП. (СП) Повеќе... Законот за енергетика меѓу приоритетните за Македонија Европската енергетска заедница и препорачува на Македонија Законот за енергетика да биде меѓу приоритетните, препорача Владата на седница. По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледа Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година. На седницата вицепремиерот за економски прашања информирал за состанокот во Секретаријатот на Енергетска заедница во Виена, одржан на 9 август годинава. (СП) Повеќе... Воведување на дневна евтина тарифа за потрошувачите од групата домаќинства Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на 24 август 2018 година, одржа главна седница на која се измени Тарифниот систем за продажба на електрична енергија

на домаќинства и мали потрошувачи. Со измените на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи се воведува дневна евтина тарифа за потрошувачите од групата домаќинства, и тоа во периодот од 14:00 до 16:00 часот од понеделник до сабота. Како и досега, евтината тарифа ќе продолжи да се применува во текот на целиот ден недела. Регулаторната комисија за енергетика ја анализираше состојбата на пазарот на електрична енергија и имаше консултации со операторите на преносниот и дистрибутивниот систем (АД МЕПСО – Скопје и ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје), врз основа на што се заклучи дека може да се воведе дневна евтина тарифа за потрошувачите од групата домаќинства, и тоа во периодот од 14:00 до 16:00 часот од понеделник до сабота. Имено, со воведувањето на оваа дневна евтина тарифа за потрошувачите од групата домаќинства ќе се обезбеди изменување на обликот на кривата на траење на оптоварување во насока на помал сооднос на максималното оптоварување и останатите високи оптоварувања во текот на денот. Примената на дневна евтина тарифа за потрошувачите од групата домаќинства започнува со објавувањето на измените на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи во Службен весник на Република Македонија, по што операторот на дистрибутивниот систем ќе започне со процес на промена на тарифите кај секое броило на секое поединечно домаќинство. (СП) Повеќе... Во текот на ова лето градот Скопје ќе вложи 25,5 милиони денари за обнова на средните училишта Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 15.08.2017 година изврши увид во градежните работи за реконструкција на фасадата и на фискултурната сала на СУГС „Михајло Пупин“. Реконструкцијата на објектите на средните училишта е меѓу приоритетите на Град Скопје, за да се подобрат условите во кои учат средношколците и во кои работи наставниот кадар, за да се исполнат стандардите за енергетска ефикасност и за да се подобри функционалноста и изгледот на училишните објекти. Нашите екипи во текот на овој летен распуст изведуваат градежни работи за реконструкција на објектите и на спортските сали на 13 средни училишта на Град Скопје. За овие градежни зафати Градот Скопје ќе одвои вкупно околу 25,5 милиони денари. Значајно е да се нагласи дека Градот Скопје во изминативе години посветено работеше на обнова на училишните објекти и во периодот од 2010 до 2017 година за таа намена вложи околу 214 милиони денари или околу 3,5 милиони евра, а ги отстранивме и сите штетни азбестни покриви од училиштата што претходно беа покриени со азбестни плочи – изјави градоначалникот Трајановски. (СП) Повеќе... Во Охрид започна летната школа на Енергетската заедница Во Конгресниот центар во Охрид, започна со работа втората летна школа на Енергетската Заедница (Energy Community -EnC). Школата ќе трае до втори септември, a учествуваат 40 најуспешни учесници од 25 различни земји од Југоисточна Европа и од Европската Унија, како и експерти – предавачи за енергетика и климатски промени. Целта на Летната школа, е поддршка на енергетската транзиција кон нискојаглеродни технологии и интергација на земјите од Југоисточна Европа со зајакнување на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 173

Страница 3

учеството на младите во креирање на одржливи развојни политики. Летната школа ја организира Секретаријатот на Енергетската заедница во соработка со Вишеградскиот фонд, Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност (ORF-EE), спроведуван од Германската организација Deutsche Gesellschaft fur lnternationale Zusammenarbeit (GIZ) (Германско друштво за интернационална соработка). Првата летна школа на Енергетската Заедница (EnC) се одржа во Албанија во 2016 година. (БК) Повеќе...

Новости од светот Финансирањето на енергетската ефикасност за справување со енергетската сиромаштија во Западен Балкан: промена на модел? Западен Балкан претставува регион кој се состои од шест источно и централно европски земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Сите овие земји се појавија од советското време со високо интензивни економии, претставувајќи голем потенцијал за енергетската ефикасност. Инвентарот на домови во овој регион поголемиот дел се состои од енергетски неефикасни повеќе фамилијарни станбени блокови. Уделот на повеќе фамилијарни станбени згради во Централно Европските земји е сличен на останатиот дел од Европа. Она што ги разликува е значајната повисока стапка на сопственици на станови во зградите. Намалено е чувството за сопственост, како и немарноста во однос на реновирањето на енергетски нефикасните објекти. Енергетскиот интензитет кај овие згради е доста висок кај овие земји. Релативно ниските цени на електричната енергија ги обесхрабруваат домаќинствата да инвестираат во енергетска ефикасност. Сепак, субвенционирањето на потрошувачката на енергија нема да помогне во намалувањето на енергетскиот интензитет ниту пак ќе допринесе за решавање на проблемот со енергетската сиромаштија на долг рок. Подобрувањето на енергетските карактеристики на повеќе фамилијарните згради ќе помогне за постигнување на подобар квалитет на воздухот и подобрување на комфорот на лицата кои што престојуваат во зградите, а воедно индиректно се влијае на глобалната енергија, животната средина и климатските предизвици. (БК) Повеќе... Европската Регулатива поставува рамка за енергетското означување Оваа регулатива ги поставува рамките кои што се однесуваат на производите кои се поврзани со потрошувачката на енергија кои може да се најдат на пазарот. Обезбедува информации за етикетирањето на тие производи кои се поврзани со енергетската ефикасност, потрошувачката на енергија на производите како и дополнителни информации кои се однесуваат на нив. Со тоа на потрошувачите им се обезбедува можност да направат избор на енергетски поефикасни производи со цел намалување на својата потрошувачка на енергија. Новата регулативна рамка им овозможува на корисниците да бидат повеќе свесни за енергетската ефикасност и потрошувачката на енергија на своите уреди во домаќинството, што ќе им помогне во намалувањето на трошоците за енергија. Новата регулативна рамка цели да ги замени сегашните класи А+, А++,А+++ со скала од A до G. (БК) Повеќе...

Производителите го менуваат софтверот кај автомобилите на дизел гориво Кризните преговори помеѓу производителите и политичарите се завршени со компромисно решение за намалувањето на штетните гасови. Со тоа е договорено внесување на модифициран софтвер кај пет милиони автомобили на дизел гориво, а се со цел да се избегне забраната за користење на овие возила. Германските автомобилски компании ќе инсталираат нов софтвер со цел да се зголеми ефикасноста на системот за прочистување на штетните гасови и намалувањето на нивото на загадувањето од јаглероден диоксид за 25 до 30%, изјавува германската автомобилска асоцијација VDA. Со ова се сложиле Daimler, BMV, Volkswagen и Opel. Автомобилските компании исто така, прифатиле да дадат финансиски допринос кон фондот за „одржлива мобилност“, која би требало да помогне на германските градови во намалување на загадувањето на воздухот. (БК) Повеќе... Италија позајмува милијарда евра за воведување на паметни броила Согласно законодавството на Европската унија дистрибутерите на енергија се обврзани да го воведат новиот систем на паметно мерење, поради што Европската инвестициска банка (ЕИБ) одобрила инвестиција од 1 милијарда евра за воведување на паметните броила во Италија. Првата транша која е веќе потпишана помеѓу банката и Enel групата, изнесува 500 милиони евра. Италијанскиот дистрибутер на електрична енергија планира да инсталира околу 41 милиони на броила од новата генерација „2,0 броила“, кои што ќе заменат 32 милиони броила од првата генерација, додека остатокот ќе бидат искористени за ново приклучените потрошувачи на електрична енергија. „Втората генерација на електрични броила ќе отвори нови можности и услуги за домаќинствата, компаниите, трговските центри, комбинирајќи ја заштитата на потрошувачите и технолошката иновација. Тоа ќе претставува прав скок во однос на ефикасноста, што ќе ја постави Италија на врвот во делот на дистрибуцијата на електричната енергија“, нагласува извршниот директор на компанијата Enel. (БК) Повеќе... Компанијата Ivicom ќе гради ветерна електрана во БиХ Административната процедура во врска со издавањето на дозвола за изградба на првата ветерна електрана во Уносанскиот кантон, на локалитетот Теочак се при крајот и очекуваат инвеститорот на крајот на годината да започне со реализација на овој проект. Потврдува претседателот на комисијата за концесија Шефик Штулановиќ, кој истакнува дека во текот на изминатата година е комплетирана процедурата за доделувањето на концесија, која на крајот е доделена на компанијата Ivicom од Загреб. Концесиската дозвола се однесува на користењето на повеќе од 1000 хектари земјиште на споменатиот локалитет за изградба на осум мини ветерни електрани, чија што поединечна моќност би изнесувала до пет мегавати. Концесионерот го има добиено правото да изгради постројка која што би ја искористувала енергијата на ветерот претворајќи ја во електрична енергија, со тоа што вкупната инсталирана моќност на сите ветерни електрани би изнесувала највеќе 40 MW. Концесијата е доделена за период од 30 години, сметано од денот на пуштањето на ветерната електрана во употреба. (БК) Повеќе... Хрватската железница го подигнува нивото на енергетската ефикасност со помош на европски пари Компанијата Инфраструктура“ во состав на Хрватската железница, го обезбедила финансирањето на уште еден проект со помош на европски финансиски средства. Станува збор за оптимизирање на напојувањето со електрична енергија од преносната мрежа, се со цел да се зголеми нивото на енергетска ефикасност.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 173

Страница 4

Проектот е со вредност од 1,69 милиони евра, од кои што 60% се обезбедени од програмата Synergy (Connecting Europe Facility – CEF). Во проектот е предвидена изработка на истражувачка студија и спроведување на пилот проект, а реализацијата би завршила до 2019 година. Деталите ќе бидат прецизирани со изработката на студијата, но генерално оптимизацијата опфаќа вградување на нови броила, развој на модерен информациски систем за интелигентно управување на железничкиот сообраќај, набавка и инсталирање на опрема за компензација на реактивна електрична енергија и сл. Пилот проектот ќе овозможи дефинирање на индикатори за понатамошна примена на слични решенија не само во Хрватска туку и во регионот. (БК) Повеќе...

Занимливости

Биоразградлив автомобил Студенти од Универзитетот во Ајндховен Холандија (TU/e), конструирале лесен автомобил на електричен погон. Во возилото можат да седнат четири лица, а се постигнува брзина од 80 километри на час. Само тркалата на возилото не се од биоразградлив материјал. Целата структура на автомобилот има сличен однос на механичката цврстина и масата како материјалите од стаклени влакна. Прототипот е насловен „Лина“ и е со маса од само 310 килограми. Прототипот се уште ги нема поминато „crash“ тестовите, бидејќи материјалот при удари не се свиткува туку пука, но досегашната работа ветува, па се работи на подобрување и на овие својства. Планирано е првото пробно возење да се реализира кон крајот на годинава, кога се очекува моделот да добие одобрение од холандската администрација за возила. (БК) Повеќе... Научниците создадоа зелени соларни ќелии Научници од Холандија развиле процес за претворање на конвенционалните соларни панели во светло зелени, а истовремено работат на развивање и на останати бои на соларни панели. Со тоа што соларните панели се попривлечни, тие се надеваат дека повеќето корисници и бизниси ќе земат учество во инвестирањето во чистата енергија. Истражувачите од AMOLF осмислиле метод на втиснување на подготвени наношеми на соларните панели правејќи ги на изглед зелени. Преку процесот се намалува ефикасноста за 10 проценти, што претставува прифатлива размена доколку панелите се инсталираат на повеќето згради. Изјавува Verena Neder кој што е главен автор на трудот и е истражувач во AMOLF, „Црниот изглед на (конвенционалните) соларни панели не е привлечен за поголем дел на лица, а воедно е една од причините да не постават соларни панели на своите покриви. Правејќи ги соларните ќелии во боја им дава можност тие да се вметнат во архитектонскиот дизајн на домовите и градовите, но истовремено тие да бидат усогласени со животната околина.“ (БК) Повеќе... Стаклени блокови од револуционерно стакло кои произведуваат електрична енергија Истражувачи од Универзитетот Ексетер развиле нови стаклени блокови во кои што се вградени мали соларни ќелии. Не само што стаклените блокови произведуваат енергија, но тие исто така обезбедуваат топлинска изолација и овозможуваат влегување на сончевата светлина кај зградите. Наречени Соларен квадрат, блоковите за време на производниот процес се вградени со низа на оптички елементи кои што ја фокусираат сончевата светлина на малите соларни ќелии. Блоковите се така направени да се обезбеди максимална сончева апсорпција, дури

и во комплицираните урбани области. „Развојот на стандардната соларна технологија е ограничена од големата потреба од површина и негативното визуелно влијание,“ вели Др. Баиг од Институтот за животна средина и одржливост во Корнвол. „Ние сакавме да ги надминеме овие ограничувања со претставувањето на технологиите кои што станаа дел од обвивката на зградите. Сега ја имаме можноста да изградиме интегрирани, прифатливи, ефикасни и привлечни соларни технологии како дел од архитектурата на зградите, на места каде побарувачката на енергија е најголема, додека имаме минимално влијание на животната околина како и на квалитетот на животот.“ (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации CIS Downstream самит 4ти до 6ти декември 2017 Будимпешта, Унгарија CIS Downstream самитот ќе се состои од претставување на личните искуства, најновите префинети технологии, стратегии, операциски и менаџерски техники кои што овозможуваат на производителите да ги постигнат своите оперативни и финансиски цели. (БК) Повеќе... 2017 Производството на лопатки кај ветерните турбини 12ти до 14ти декември 2017 Дизелдорф, Германија Глобалната конференција е наменета за производството на лопатките кај ветерните турбини, композитното производство, перформансите и нивното одржување. (БК) Повеќе... 2017 Хидроенергијата на балканот 15ти до 17ти ноември 2017 Подгорица, Црна Гора Меѓународниот самит и саем Хидроенергијата на балканот – претставува професионална платформа, кој цели на едно место да ги собере министрите, главните инвеститори, донесувачите на одлуки за водечките хидроцентрали како и иницијаторите за инвестициските проекти, регулаторите. Усогласување на насочените трудови кон ефикасното спроведување на клучните проекти за конструкцијата и реконструкцијата на хидроцентралите на балканскиот регион. (БК) Повеќе... RENEXPO® BiH 2017 8ми до 9ти ноември 2017 Сараево, Босна и Херцеговина RENEXPO® БиХ претставува една од најзначајните платформи за собирање на инвеститори, донесувачи на одлуки, претставници на министри и локалните власти, како и бизнис лидерите во секторот на обновливата енергија, енергетската ефикасност, водата и секторот за животната средина. (БК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.