Инфо мацеф бр 172

Page 1

Број 172

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2017

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Иако месецот Јули е со предзнак како месец за годишни одмори, за да се одбегнат пеколните горештини, за нас овој месец беше “врел“ и заради значајните реализирани задачи. Во оваа насока ги потенцираме Меѓународната регионална конференција: “Заштеда на енергија – Обработка на податоци“, на која учествуваа 80 претставници од земјата и странство Реализираната обука за Усовршување на 27 енергетски контролори Вредно е да соопштиме дека е формирано и регистрирано Здружение на лиценцирани енергетски контролори ЗЛЕК. За претседател е избрана г-ѓа Жанина Стаменкова. Пристапот во ова здружение е отворен за сите правни лица лиценцирани енергетски контролори. Нашата желба за учество во прекуграничната соработка со Косово, пропадна неславно. На еден ден пред завршувањето на повикот, општината со која го приготвувавме и го приготвивме целосно материјалот, не’ извести дека се решиле да учествуваат со општината Крива Паланка. Иако ваква постапка ја оценуваме како крајно непрофесионална (и некоректна), сепак им пожелуваме успех и да бидат наградени за да реализираат тоа што го предложиле. Дел од Јули и цел Август ги користиме за приготвување на завршните извештаи од проектот мултЕЕ. Во Август планираме да искористиме и неколку денови за заслужен одмор, “полнење на батериите“, а до тогаш Дочитање со следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Регионална Конференција: Заштеда на енергија – Обработка на податоци На 6ти јули 2017 година во Скопје се одржа конференцијата „Заштеди на енергија – Обработка на податоци“, како дел од

Хоризонт 2020 проектот мултЕЕ, организирана од МАЦЕФ, ГИЗ и Агенција за енергетика на Република Македонија. Конференцијата се организира во време кога енергетиката зазема најважно место во агендите на земјите во светот, а за Македонија има особено значење бидејќи таа на енергетската ефикасност гледа како на ресурс и можност за намалување на зависноста од увоз на енергија. „Особено важно е што на денешната конференција учествуваат претставници од неколку ЕУ земји и Македонија како единствен претставник од Западниот Балкан што соработуваат во изнаоѓање на ефективни начини и механизми за креирање, спроведување и следење на политики за енергетска ефикасност.“- изјави др. Кристине Д. Алтхаусер, амбасадорка на Германија во Македонија. „Овој проект е одличен пример за пренесување на најдобрите пракси развиени од ГИЗ во Југоисточна Европа кон земјите на ЕУ од 2010 година наваму. Исто така, претставува сведоштво дека регионот на ЈИЕ може да допринесе со “know-how” кон решавање на комплексни енергетски предизвици.“- изјави на отворањето г. Џејмс Макбет, директор на Регионалната канцеларија на ГИЗ. Оваа конференција претставува медиум преку кој научените искуства ќе се споделат со земјите во регионот што немале директно учество во проектот, а за да се овозможи долгорочно планирање во доменот на енергетиката најважни се квалитетни и веродостојни информации за потрошувачката на енергија. Проф. др. Константин Димитров од МАЦЕФ заклучува дека „потребата од прецизни влезни информации и нивна поширока стандардизација и прифатеност во регионот и земјите на ЕУ е од суштинска важност затоа што 1 % грешка во влезни податоци може да предизвика и до 10 % грешка во резултатите. Сите стратешки и локални акциски планови за развој на енергетиката се базираат на овие податоци. Затоа проектот МултЕЕ се насочи кон групирање на влезните информации, дефинирање на методите и процесот на собирање, идентификување на соодветни тела за чување и обработка на податоците и потврдување на веродостојноста како и контрола на квалитетот на влезните информации. Оттука ја нагласи потребата од внесување на оваа ефективна алатка во законската регулатива во Македонија и обезбедување на финансиска и техничка поддршка за спроведување на истата.“ Г. Леонардо Заниер, претставник од Генералниот директорат за енергија на Европската Унија порача дека „еден од основните пристапи кон следење и управување со енергетска ефикасност на повеќе нивоа е преку добри пракси за регионална соработка, понатаму Урбаната Агенда (промовирана во мај 2016г.) која има задача да поттикнува партнерства за енергетска транзиција како и Повелбата на градоначалниците за развој на Акциски планови за енергетска ефикасност.“ На конференцијата земаа учество екперти и истражувачи во доменот на енергетиката од Хрватска, Србија, Босна и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 172

Страница 2

Херцеговина, Албанија, Косово, Грција како и претставници од Енергетската заедница и Генералниот директорат за енергија на ЕУ. Од домашните говорници се обрати м-р Антони Пешев, претседавач со Собранието на Стопанската комора на Македонија и м-р Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија кој воедно претседаваше и со панел дискусијата насловена „Управување со податоци за енергетски заштеди во ЕУ и регионот на ЈИЕ со која се заокружи денешната конференција. (СП) Повеќе... Обука за усовршување на енергетски контролори Во периодот од 27 до 29 Јули се одржа обуката за 27 учесници, спроведена од професорите Тодорка Самарџиоска и Константин

Димитров. Дел од обуката се спроведе во технолошкиот парк на компанијата Енергосистем, со увид во работата на котли на дрвени пелети, течни и гасни горива, топлински пумпи, сончеви колектори, системи за регулација, климатизациски системи, радијатори, фенкоил апарати и др. На учесниците им беше доделена и книга со 40 примери/равенки за определување заштеди на енергија со мерки за енергетска ефикасност (bottom up methodology) како и прирачник за користење на МВП платформата (300 страници материјал). ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Одржана 1. Wienerberger конференција за архитекти во Скопје со акцент на енергетска ефикасност Со свои обраќања конференцијата ја отворија директорот за продажба и маркетинг на „Винербергер-Тондах“ во Македонија, Владимир Златковски, како и претседателот на Комората на архитекти на Македонија, Миле Димитровски. На конференцијата се собраа повеќе од 250 архитекти и градежни инженери, индивидуални професионалци, како и членови на тимовите на архитектонските бироа низ земјава. На настанот беа презентирани најновите трендови во градењето, се зборуваше за тулата како најважен градежен материјал, за енергетската ефикасност на градбите и за предностите и разликите на косиот и рамниот покрив. (СП) Повеќе... Евтина тарифа само за социјалните категории за период од две години Европската енергетска заедница и препорачува на Македонија евтината тарифа за струјата да ја воведе само за социјалните категории и за временски период од две години. Директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Јанез Копач, кој имаше средба со членовите на собраниската Комисија за економски прашања, изјави дека деталите околу предлогот на македонската Влада за враќање на евтината тарифа за сите граѓани не му се познати, но оти исклучоци се можни само доколку тие се добро аргументирани, временски ограничени и направените трошоци при реализацијата да бидат платени од буџетот на државата. - Не знам точно каков е тој предлог. Слушнавме дека имало такво нешто во предизборната кампања, но деталите не ги знаеме. Исклучоци се можни, но мораат да бидат многу оправдани, консултирани со Секретаријатот, временски ограничени и направените трошоци да бидат платени од јавниот буџет, а не од други потрошувачи на електричната енергија, нагласи Копач. (ЖИ) Повеќе... Тивка војна за гасот на Балканот Русија и Западот водат тивка војна за гасот на Балканот, оценува францускиот неделник „Капитал“, специјализиран за економски прашања, додавајќи дека оваа борба за влијание се одразува на иднината на овој кревок регион на Југоисточна Европа. Според весникот, ако Европа има јасна предност во однос на инвестициите во локалните економии, Русија има предност на енергетската карта. Гасот претставува една четвртина од потрошувачката на енергија во Европската Унија. Сега, во 2016 година, рускиот „Газпром“ тврди дека обезбедува една третина од потрошениот гас во Европа. МИЕ пренесува дека, според „Капитал“, на Балканот зависноста од гас веројатно ќе се зголеми со намалување на производството на електрична енергија од јаглен, како што се бара од страна на Европската Унија. - Во поширокото прашање на борбата за влијание меѓу Русија и Западот, прашањето за енергија во регионот е дестабилизирачки фактор - изјави Тимотеј Лес, шеф на експертската група „Нова Европа“, која ги советува странските инвеститори во регионот. (ЖИ) Повеќе... Ветерници што поефикасно ќе го зауздат ветрот Ветерните електроцентрали во Богданци, една од најголемите инвестиции во обновливи извори на енергија во земјава, работат со голем интензитет. Од нивното пуштање пред три години досега ветерниците произвеле струја од над 300 гигаватчаса, што претставува натфрлање од 25% над планираното. - Секој час од ветерниците се добива електрична енергија која вреди 200 илјади денари. Во ветерниот парк е измерена просечна брзина од 7,2 метри во секунда. И поради тоа е во план да се инвестира во уште шест нови ветерници, за кои се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 172

Страница 3

потребни околу 24 милиони евра и тие треба да произведат 37 гигават-часа електрична енергија, колку што произведуваат и претходниве - истакна неодамна директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. Оттаму додаваат дека ветерниот парк работи со 30% од деновите во текот на една година, што е подобро од европскиот просек, кој се движи околу 25%. Според Вани Николов, градежен инженер, конструктор и иноватор, модерните ветерници не се единствено решение за енергетската ефикасност и дека вреди да се размисли во насока за развој на ветерните централи. Тој изминативе години изработил прототип на ветерница од нов тип за производство на електрична енергија, и како што вели, е многу поефикасна од поставените кај нас, но и во светот, а воедно е заштитена во Заводот за индустриска сопственост. (ЖИ) Повеќе... Поефикасно трошење за намалување на енергетската сиромаштија Нашата земја има околу три и пол пати поголем енергетски интензитет од просекот од земјите-членки на Европската Унија, додека троши околу два и пол пати помалку финална потрошувачка на енергија по жител во однос на просекот во Европската Унија. Драган Блажев, експерт за енергетска ефикасност, посочува дека неефикасно трошиме енергија, а сме енергетски сиромашни. Според него, зголемувањето на домашното производство на електрична енергија може да се направи само со разумно, одговорно, професионално и ефикасно работење и искористување на постојните производствени енергетски капацитети во државата и инвестиции во нивно одржување, рехабилитација и модернизација. Како што нагласува тој, производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија во последниве неколку години е во пораст во нашата земја, но тоа не може да ја замени базната потреба од електрична енергија во земјава, бидејќи не е доволно. - Количествата за финална потрошувачка на електрична енергија сѐ повеќе се покриваат од увоз на електрична енергија во последните неколку години. Увозот на електрична енергија е во постојан пораст. Ако сакаме да ја намалиме ваквата увозна зависност од електрична енергија, а притоа имајќи ги предвид зголемените потреби со проекциите за развој на енергетиката, Македонија мора да се концентрира на изградба на сопствени капацитети за производство на електрична енергија. (ЖИ) Повеќе...

Новости од светот

Провинцијата од Војводина ги охрабрува јавните институции за промена на греењето на биомаса Автономната провинција од Војводина го објавила повикот за ко-финансирање на проектите за греење на биомаса во јавните згради во оваа провинција во северниот дел на Србија. Повикот е отворен до 21 јули 2017та година, најавува Секретаријатот на енергија, градежништво и транспорт на Војводина. Целокупната вредност на грантовите изнесува 166000 евра, додека максималната висина по проект изнесува околу 33000 евра. Средствата ќе бидат распределени на проекти коишто целат на инсталација на енергетски ефикасна опрема за биомаса, намалување на зависноста од увозот на фосилните горива, зголемување на енергетската независност на јавните институции, намалување на емисиите на стакленичките гасови, како и потврдување на употребата на обновливите извори на енергија и подобрување на постоечките системи за греење во јавните институции. (БК) Повеќе... 49 проценти од енергетските заштеди постигнати по обновувањето на јавните згради во Црна Гора Годишната потрошувачка на енергија е намалена за 49 проценти во повеќето згради коишто се обновени под програмата за подигнување на нивото на енергетската ефикасност во јавните

згради, изјавува Министерството за економија на Црна Гора. Програмот за енергетски ефикасното прилагодување на 43 згради и следењето на постигнатите заштеди покажува дека се постигнати големи енергетски заштеди кај вкупно 39 згради. Обновувањето на 43 згради за зголемувањето на нивната енергетска ефикасност чини околу 34,5 милиони евра. Министерството за Економија изјавува дека има спроведено технички и социјален мониторинг со преглед на постигнатите заштеди во 28 училишта, два студентски домови како и девет болници за коишто биле достапни податоци за потрошувачката на енергија за барем една грејна сезона пред спроведувањето на реконструкцијата на зградите. Министерството изјавува дека прелиминарните резултати од социјалниот мониторинг покажува дека лицата коишто престојуваат и работат во ново реконструираните згради се позадоволни со условите кои ги нудат зградите и додаваат дека енергетската ефикасност не претставува само постигнати заштеди но истовремено и оптимална употреба на енергијата за подобрување на животниот стандард, заштита на животната средина и развој на економијата. (БК) Повеќе... Европската комисија предлага воведување на индикатори наречени „паметна подготвеност“ за згради Европската комисија ќе предложи воведување на индикатори наречени „паметна подготвеност“, кои би можеле да бидат подготвени до крајот на 2019та година, а сега започнуваат работите за развојот на тие индикатори и методологијата за нивно пресметување. Поттикот за развојот на тој вид на индикатори е недостатокот на квалитетни информации за својствата на зградите во Европа, како би се зголемиле напорите за намалувањето на потрошувачката на енергија во тој сектор. Со тоа информациите од сертификатот за енергетска ефикасност не се усогласени, исто така не постои универзално прифатена дефиниција што ја прави една зграда енергетски паметна. Индикаторот за паметната подготвеност ќе го мери капацитетот на зградата за примена на ИКТ решенија и електронски системи како би се оптимизирала функцијата и меѓусебната поврзаност со електроенергетската мрежа, а животот во зградите би бил поздрав и поудобен со примената на новите технологии. (БК) Повеќе... Нов ISO стандард за „јаглероден отпечаток“ кај постоечки згради Додека се уште се работи на измените на Директивата за енергетски перформанси на зградите 2010/31/EU, излезен е нов стандард ISO 16745 кој ја дефинира методологијата, пресметката и известувањето за „јаглеродниот отпечаток“ (carbon footprint) кај постоечки згради. Индустријата го поздравува новиот стандард, бидејќи тој ќе овозможи стандардизација на мерењата, а истовремено би можел да послужи и како водич за спроведување на национални стандарди во оваа област. Еден од начините за подобрување на енергетската ефикасност е искористувањето на големиот потенцијал за зголемување на енергетската ефикасност во станбениот сектор. (БК) Повеќе... Колку чини нискојаглеродната економија? Поголем број земји членки на ЕУ, немаат стратегија за пренасочување на јавните финансии и приватни фондови кон одржливи инвестиции, а со крајна цел транзиција на економијата кон т.н нискојаглеродна економија. Ова е заклучок од извештајот на Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА).

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 172

Страница 4

Единствено Белгија, Чешка, Естонија, Франција и до извесен степен и Германија имаат национална стратегија која би го следела инвестирањето во проекти поврзани со климатските промени и прилагодување на економијата. ЕУ проценува дека потребно е да се инвестираат околу 177 милијарди евра годишно во периодот од 2021 до 2030 година, со цел исполнување на климатските и енергетски цели. Тоа ќе значи удвојување на сегашното ниво на инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. (БК) Повеќе...

Занимливости

Фотоволтаични системи и за возила Компанијата Panasonic започнала со производство на фотоволтаични модули со моќност од 180W коишто се наменети за поставување на покриви од автомобилите. Компанијата уште во месец февруари 2017та година најавила дека првиот фотоволтаичен модул ќе биде поставен на Тојота Приус, која што е веројатно најпознатиот хибриден автомобил на светот. До крајот на април 2017та година компанијата Тојота на јапонскиот пазар продала 1350 автомобили приус со фотоволтаични модули на покривите, што изнесува околу 9% од вкупната продажба на тие возила во Јапонија во текот на тој месец. На основа на досегашните истражувања кои ги спровела автомобилската компанија Тојота, Приусите кои се опремени со фотоволтаични системи на покривите со напојувањето од сончевата енергија би можеле да поминат 2,9 – 6,1 km. (БК) Повеќе... Научниците дизајнирале сончева ќелија која што ја прифаќа енергијата скоро од целокупниот сончев спектар Истражувач од Универзитетот Џорџ Вашингтон помогнал во дизајнирањето и конструкцијата на прототипот за новата сончева ќелија којшто се состои од повеќето ќелии кои се наредени во една направа која е со способност за прифаќање на енергијата од скоро целокупниот сончев спектар. Новиот дизајн на сончева ќелија којшто директното сончево зрачење го претвора во електрична енергија со 44,5 проценти ефикасност, има потенцијал да стане една од најефикасните сончеви ќелии во светски рамки. Пристапот е различен во споредба со вообичаените сончеви ќелии коишто се поставуваат на покривите или на отворени полиња. Новиот уред користи концентраторски фотоволтаични панели кои со помош на леќи ја насочуваат сончевата светлина на микро мали сончеви ќелии. Поради нивните мали димензии – помалку од еден квадратен милиметар – сончевите ќелии кои користат софистицирани материјали можат да се развиваат на исплатлив начин. Наредените ќелии дејствуваат скоро како сито за сончевата светлина, такашто специјализираните материјали во секој слој ја прифаќаат енергијата на сончевата светлина, изјавува г-динот Matthew Lumb којшто е главниот автор на студијата и водечки научник при Факултетот за инженерство и применета наука. (БК) Повеќе... Иднината на урбаното земјоделство во Франција Француската архитектонска компанија „Ilimelgo“ се фокусира на идејата дека иднината е во урбаното замјоделство. Станува збор за еден вертикален комплекс кој треба да биде лоциран во Роменвил, предградие на Париз. Проектот го вклучува производството на земјоделски култури во урбана средина со употреба на стакленик со површина од 1000 квадратни метри и

максимално искористување на сончевата светлина со природна вентилација. Препознавајќи го недостигот на обработливо земјоделско земјиште во глобални рамки, проектот има за цел да овозможи задоволување на потребите од обработливи површини во урбаните средини. Од страна на градот Роменвил се поддржани предлозите за одржливи проекти од областа на земјоделството. Иако во минатата деценија се работело на инсталација на кровни градини, сепак проектот „Vertical Farm“ претставува олицетворение на сеопфатен пристап кон одржливоста, едукацијата и локалниот економски развој. Зградата ќе биде поделена на две крила кои ќе им помагаат на посевите да растат користејќи сончева светлина и други потребни услови. Органските градежни материјали како бамбусово дрво и изолација од дрвени влакна придонесуваат за одржливоста на самиот објект. Според својата форма „Vertical Farm“ е правоаголна призма со триаголна покривна линија, со намера и архитектонски и концепциски да се вклопи во околниот простор. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција 2017та за Енергијата и инженерингот 12ти до 13ти октомври 2017 Газиантеп, Турција Втората по ред конференција Енергијата и инженерингот цели на едно место да ги собере водечките академски научници и истражувачи за размена и споделување на своите искуства. Како и претставување на истражувачките резултати кои се поврзани со сите аспекти на инженерингот и енергетскиот менаџмент. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за Науката за животната средина и технологијата 19ти до 23ти октомври 2017 Будимпешта, Унгарија Меѓународната конференција за науката за животната средина и технологијата ќе го промовира и проширува знаењето коешто е поврзано со неколку теми и технологии кои се поврзани со Науката за животната средина и технологијата. (БК) Повеќе... Самит за ТНГ во Будимпешта 16ти до 17ти октомври 2017 Будимпешта, Унгарија Учесниците на самитот ќе бидат информирани за перспективите за доставите на ТНГ, мегусебната поврзаност и диверзификација во Централна и источна Европа, со особен фокус на развојот на северозападниот коридор на гасот. Самитот во Будимпешта исто така е насочен на тоа како да се поврзе регионалната побарувачка со меѓународниот синџир за доставување на ТНГ. (БК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.